Issuu on Google+

ШОПИНГ ЦЕНТАР ВО КОЈ СТЕ КАКО ДОМА МАРТ 2012 ГОДИНА I

БРОЈ 1

ТОПЛИ КАФЕНИ БОИ ЗА ТРЕНДИ ПРОЛЕТ И ЛЕТО

Доволно е само одлучно да го дефинирате својот сопствен стил и да тргнете во потрага по одевните парчиња на вашите нови модни детали... СТРАНА 5

Caliope Fiory Group Gant Golden Point Koton Lacoste Liu Jo Marella Mother Care Motivi Oltre Paul & Shark Polzela Sixx PM Springfield Y LONDON


НЕОДОЛИВО

ГУРМАНСКО

ЗАДОВОЛСТВО

Ако сте љубител на јадења со месо, овој сенвич сигурно е во вашето омилено мени. Едноставно, неговиот препознатлив мирис веднаш го буди апетитот. Совршено обмислен во форма на неодолива закуска, турскиот донер претставува и нешто повеќе од само “богат оброк” и добро искористена прилика за семејна дружба при вашиот ручек или вечера. Познатиот сендвич со за сите препознатливо име dönerkebabı, во својата форма крие мајсторлак кои се пренесувал преку традицијата стара повеќе столетија. Историчарите кои се интересирале за темата за потеклото на овој сендвич, се согласни дека ова вкусно издание на традиционална турска секојдневна исхрана потекнува уште од далечното минато, и тоа како рецепт изработуван од гурмани-мајстори од провинцијата Ерзурум во Р. Турција. Податоците од историјата зборуваат дека познатиот донер тогаш бил достапен единствено во форма на оброк послужен во чинија полна со месо, сосови и гарнир од ориз. Донерот низ времето ја примил целовкупната идеја на турската култура, модерен начин на живот и квалитет на храна - и полека но сигурно го променил визуелниот изглед и рецептот за вклучени состојки во сега веќе познатиот, богато наполнет сендвич со питалеб, сецкани зеленчуци и сосови и ситно и внимателно исецкано месо – од сè по нешто и тоа во изобилство... така добил форма и

2

содржина на брза храна. Се уште не е сосема разјаснето оригиналното потекло на идејата за сечење месо на тенки, па дури и провидни парчиња со цел да се истакне вкусот и арома на месото при обработка, но сепак според некои научници ваквиот начин на приготвување е забележан уште кај старите персиски воини, кои се сетиле својот ручек од тенки парчиња месо исечени со помош на острите персиски сабји да го приготвуваат на отворен оган. Срамежливото пробивање на овој вид на храна (која уште при самото спомнување ви буди голем апетит) во рамките на европските земји не е забележано сè до 1960 година. А потоа приказната добива сосема нови димензии... Преку формирањето на

турската дијаспора во европските држави, која зема замав токму во 60-те години од минатиот век, вкусниот турски донер станува дел од секојдневната исхрана на европјаните, особено во Германија. Имено, според некои податоци, денес само во Германија се трошат 122.000 тони месо годишно за изработка на турскиот донер. Дека донерот е дел од главната исхрана на Германците, сведочи и бројката од забележани 16.000 донер-продавници во земјата, бројка која е постојано во пораст. Што значи да го вкусите донерот кој сега веќе претставува и културен симбол на турската традиција во светот? Всушност, самиот почеток на обработка и процесот кој води до послужување на ваши-


Секоја недела појадок-мени и часови по танц Рамстор мол ви подготви интересно изненадување за целиот месец март. Секоја недела претпладне повелете на појадок во некој од рестораните во вашиот омилен трговски центар. Сите ќе имаат за вас подготвено специјално неделно мени, а потоа за љубителите на музиката и на танцот ќе имаат несекојдневна можност да ги следат бесплатните часови по зумба, за кои ќе бидат задолжени инструкторите од клубот „Fit One“ и музичарот Ацо Конга. Ова е одлична прилика, вообичаениот шопинг да го надополните со уживање и интересна програма за целото семејство. от денешен ручек - е глетка за уживање на секој самонаречен и вистински гурман. Доживувањето кое води до „полн стомак и задоволна насмевка“ на вашето лице почнува со внимателно редење и надодавање на квалитетно обработеното и милиметарски исеченото месо на вертикално поставен ражен, кој ротира близу внимателно тајмирана и топлотно прилагодена скара. Она што впрочем го гледате пред вас – кога стоите во ред за вашиот турски донер и го чуствувате примамливиот мирис и арома на она што наскоро ќе го уживате како јадење, се наредени тенко исецкани парчиња испржено крцкаво месо групирани во еден визуелно примамлив куп на протеинска квалитетна храна. Кога на сето ова ќе ја додадете и брзината на повторно – вертикалното сечење на испеченото месо од страна на специјализираниот мајстор, тогаш нетрпеливо и со отворен апетит преоѓате на одлука за различните додатоци во донерот, секако зависно од вашиот индивидуален вкус (било да е тоа луто, солено или кисело...) Мммммммммм... остатокот од вашата индивидуална приказна на секој посебен залак од донерот кој ја отскликува турската богата кулинарска традиција - ви го препуштаме вам. Во Рамстор квалитетно изработен традиционален донер можете да јадете во ресторанот „Смајли“. Имајте богат апетит!

УДИРАМ НА КОНГИТЕ

и танцувам

Привлечноста и позитивната енергија на Зумба забавите од подиумот се префрлува во трговскиот центар „Рамстор“ каде секоја сабота во наредните четири недели посетителите ќе може да уживаат во заводливите ритми. Доказ за заинтересираноста се 900 членови и 7-8 места во Скопје каде оживува духот на овој интересен вид на танцувачки аеробик. Во временски рок од два часа интензивно вежбање, професионалните инструктори и ритамот на конгите на Ацо Конга го прават ова доживување двојно позабавно. Оние што прв пат посетуваат ваков тип вежбање и танцување на вистински начин ќе можат да ја искусат атмосферата која никој нема да остави рамнодушен и со тоа да се придружат на заразниот ритам и да бидат дел од танцувачкото лудило.

Кога дојдовте во допир со Зумба аеробикот? Kонтактот со Зумба дојде по понудата за соработка од основачите на клубот „Fit One“. Тие познавајќи ги моите афинитети кон латино музиката ми понудија на професионално ниво да учествувам во нивниот проект. Овие инспиративни луѓе поседуваат лиценца што е во склоп на светската зумба асоцијација каде се работи по специјална програма и секоја музичка нумера е посебен ремикс во кој преовладуваат доста аеробик и латино елементи. Инаку овој правец кој постои веќе десет години, кај нас е присутен речиси две и пол години со шест лиценцирани инструктори и јас како музички презентер. Секој месец добиваме нов материјал со кореографии и музика на која членовите вежбаат и се забавуваат...

СТР. 4

3


Имајќи предвид дека имате организирано веќе неколку Зумба забави каков е одѕивот на посетителите ? Одзивот е огромен, има поголем број на танчерки од танчери но ова е растечки тренд. Само во Скопје има осум локации каде се вежба зумба. Асоцијацијата брои околу 900 членови што во секој случај не е цифра за потценување. Инаку во самата програма на забавите учествуваат сите танчери од „Зумба Македонија“ што имаат подготвено свои точки. На овие собирања нема ниту ограничување во годините , на пример

најстариот член има 65 год. И навистина супер игра ...Прогамата се состои од околу 20 песни поделени на неколку блока и во секој блок групите имаат настап презентирајќи пред другите својата кореогафија предводени од инструкторите. Навистина се прави една весела атмосфера која вреди да се види, тешко е да се опише. Колку Ацо Конга практикува Зумба? Кај мене е сето тоа испреплетено , јас покрај тоа што удирам на конгите додека другите танцуваат и јса самиот играм, се разбира колку ми дозволува самата песна. Ние работиме

како тим и таа енергија се чуствува... Како всушност Ацо од Богдановски стана Конга? На мојот прв настап во 1984 година во Шпанија водачот на бендот му беше тешко да го изговори моето презиме па ме нарече мистер Ацо Kонга и од тогаш до денес ми остана како бренд а и не ми пречи воопшто дури напротив мислам дека по мене и многумина се преставуваат токму со додавката Конга.....

ВКУСОТ НА ТАЈЛАНД ОТСЕГА ВО РАМСТОР МОЛ

Првиот Бокадо ресторан во Македонија неодамна беше отворен во Рамстор мол. Оригиналната тајландска кујна отсега ќе можеме да ја вкусиме и во нашата земја. Главната цел на тимот на Бокадо, како што велат сопствениците, е да ја подигне свеста на луѓето во однос на исхраната. Посочуваат дека во нивниот ресторан секогаш може да најдете продукти со врвен квалитет, свежа и здрава храна со висока хранлива вредност, нови и иновативни концепти на послужување и секогаш здрав пристап на подготвување. Ресторанот нуди мешавина на азиската и на медитеранската кујна поради најдобриот баланс на ароми и поради хранливоста на

4

состојките. Целта им е да бидат избор број еден за сите кои сакаат да добијат брз, но здрав оброк. Храната во Бокадо-барот се готви исклучиво на сусамово масло. А за да оброкот биде навистина здрав и уникатен, се користи хималајска сол. Сево ова прави вкусот да биде автентично тајландски. Првиот Thai WOK-бар во Македонија е визија на двајца партнери од Македонија и од Шпанија. Нивната желба е во комуникација со посетителите да креираат мени кое ќе биде истовремено верно на традицијата на тајландската кујна, но ќе одговори и на потребите и на желбите на македонските љубители на здрава и квалитетна храна.


��одните трендови забележани, како во минатото, така и во денешницата ја диктираат целовкупната генерализирана перцепција за модата воопшто. Модната индустрија, предводена од светски познатите брендови, од познатите креатори, како и од оние помалку познати вредни дизајнери, кројачи, фабрики, манекени и новинари - ја претставува симбиозата на сложениот процес на дефинирање на трендови за она што би требало да си купите сезонава. Модно будни или не, мора да признаеме дека сме опколени и бомбардирани од куп информации и модни совети кои ни овозможуваат нашиот целовкупен изглед да го воведеме во најдобар ред. Доволно е само одлучно да го дефинирате својот сопствен стил и да тргнете во потрага по одевните парчиња на вашите нови модни детали, гардероба, обувки и козметика –кои во целост ќе го надополнуваат вашиот надворешен изглед, додека истовремено ве прават среќни и задоволни одвнатре. Затоа, опуштете се... истакнете го својот сопствен индивидуален имиџ кој вас ве прави онакви какви што сакате остатокот од светот да ве перцепира. Едноставно, појдете во

Рамстор мол и пуштете ја вашата креативна енергија на слобода! Секако, притоа имајте ги предвид и советите од светски познатите модни брендови за она што е ин (особено во поглед на боја на гардеробата која ја посакувате) за сезоната пролет / лето 2012. Согласно мислењето на голем број видни модни експерти, оваа пролет и лето ќе

РАМСТОР МОЛ ВИ ПРЕПОРАЧУВА – ИЗГЛЕДАЈТЕ САМОУВЕРЕНО, МОДЕРНО, ТРЕНДОВСКИ И УБАВО бидат одбележани во топлите тонови на кафената боја. Дека кафената боја е боја на аристократијата, а како таква е сосема пожелна и во денешницата, говорат честите навраќања на дизајнерите кон детали или

2012

ТОПЛИ КАФЕНИ БОИ ЗА ТРЕНДИ ПРОЛЕТ И ЛЕТО

комплетирање на целосниот аутфит токму во овие тонови. За оние – похрабрите, кои секогаш посакуваат да отскокнуваат од групата, дизајнерите препорачуваат вплотување на фино парче моден детал во вашата гардероба кој пак, отскокнува од тонирањето на бои на она што го носите, и тоа во екстремно јако црвена, сина или зелена боја. Малку поразлично од ова е објавената статија на Пантон инсититутот од Америка, како институт специјализиран за креирање на стандарди кога се во прашање боите на сезонските модни трендови, и тоа со посебно нагласување на портокаловата боја. Според проценките и очекувањата на институтот – бојата на мандарините, стручно одбележана со Пантон 17 – 1463, е вистинската боја која ќе ја нагласи вашата егзотичност и заводливост за топлите месеци годинава. Рамстор мол ви препорачува – изгледајте самоуверено, модерно, трендовски и убаво во аутфит од боја која најубаво ви прилега, и тоа како никогаш досега. Во нашите бутици и продавници ќе можете да најдете се што ви е потребно за да го креирате вашиот стил согласно модните трендови, но пред се, согласно вашите желби и вкусови.

5


КОЦКИТЕ

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КРАЛСТВОТО НА

Идејата за развивање на производ од типот на Лего-коцки претставува повеќе од интересна сторија преполна со авантури и доживувања. Првично оформена како мала занаетчиска работилница во данскиот град Билунд во 1916 година, компанијата Лего започнала со производство на мебел од квалитетно дрво како основен материјал за изработка. Малубројната но посветена екипа на вработени експедитивно го совладала занаетот за изработка на мебел, па своите дејности компанијата ги проширува и кон дизајн и изградба на дрвени куќарки. Се чини дека предодреденоста на вредниот тим вработени да се фокусираат на еден сосема нов и поразличен концепт на дејност бил судбински предодреден, а клучен бил пожарот кој ја уништил малата работилница. Така, за да прерасне во успешна компанија која денес забележува годишно производство на Лего-коцки по број сосема доволни и до пет пати да ја заобиколат земјината редводе а топка, Лего-групацијата – тогаш предводена од својот основач г.динот Оле Киркк Кристијансен, вложила повеќе од само напор и верба во процесот на развивањето на различни концепти кои на крајот резултираа со совршена пилот-идеја.

6

Дека креативното размислување и пионерскиот дух на основачот играат суштинска улога во понатамошниот врвен развиток на компанијата, сведочат р и бројните успеси кои го каракупацијата... теризираат историјатот на Лего-групацијата... Со неуморен дух и верба во своитее способности, Кристијансен отвора нова (овојпат поголема) работилница и започнува со дополнителна изработка на мали макети од мебелот и дрвен дрвените куќи кои ги изработува работува. Така, доаѓа до идејаа за пос поседување на реален капацитет за изработка и на една нова форма на дејност, а тоа е производствоо на мали, средни

и големи дрвени играчки за децата. идејата за проОна што е најинтересно еидејата мена на производството од дрвена играчка цип на меѓусебно до дрвена коцка со принцип поврзување на една коцкаа со друга, како идеја која компанијата ја води кон револуција тно фокусирани од светски рамки. Комплетно птуална идеја да ја кон обидот својата концептуална его-групацијата го претворат во реалност, Лего-групацијата ото име - кое од дефинира и корпоративното дански јазик (leg godt) во слободен превод означува “играј добро”. По Втората светска војна, т.е. по достапноста на пластиката како материјал за обинската преродба работка, започнува и вистинската упена на компанијата. Првата купена машина за астика впрочем го обработка на калап од пластика о означи и производството на првото Легооја може да се камионче – играчка која ва. расклопува и склопува. егоВо 1963.та година, Легоардизира групацијата го стандардизира ство начинот на производство реба на играчките со употреба јали за на единствени материјали изработка, како материјалии од ниту еден аспект штетни по здравјето на децата. Пет годиегони подоцна неуморните Легор претставници го отвораат и Леголе парк во грапрвиот Леголенд дот кој ги носи корениенита. те на компанијата. От матски Отворениот тематски па вклучувалл илјадници и парк ил ени Лего- коцилјадници споени ки кои севкупно но претставуваат слика на минијатурен ен град, поставен на површина од 12.000 метрии квадратни. Дека концептот за “добрата игра” станал сеопшто прифатен од јавноста говори и факт за неверојатната бројка на тот посетители во Леголенд, и тоа


КВИЗ

Најголем избор на Лего сетови можете да најдете во продавницата Крш во Рамстор

Првата работилница на „Лего“ е отворена во... А. Данскиот град Копенхаген. Б. Данскиот град Билунд В. Норвешкиот град Осло

над 600.000 само во првата година на неговото постоење. Што е впрочем Лего-коцката? Овие совршени коцки од различни типови и големини претставуваат еден универзален систем на производство и намена. И покрај нивната различност во дизајн и големина, секоја посебна Лего-коцка на свој начин е компатибилна со сите останати Лего-коцки кои постојат досега. Секоја индивидуална Лего-коцка мора да биде совршено математички и прецизно произведена во димензија, со цел овозможување на нејзино

лесно склопување и расклопување со било која друга коцка. Најважно од сè е дек дека основната идеја за осмислување на Лего Лего-коцКристијанс па ката –уште од времето на Кристијансен досега, е моќта која оваа играчка ја поседува да асистира во позитивниот рразвиток на психата и моторотиката кај деца децата. Употребувана во секоја обр образовна институција наме наменета за децата, Лего-коц Лего-коцката сеуште претстав претставува симбол за безоп безопасна, општокорисна за забава за вљубен вљубениците во играт играта од најразли најразлична возраст. ЛЕГО коцките ддури имаат и ссвое посебно место во Гинисо Гинисовата книга на рекорди, и тоа за изгра изградба на најголем Легозамок од вкупно 400.000 спо споени коцки. Кој е личниот рекорд на вашето дете во бр број на употребени ЛЕГО коцки во последната уникатна креац креација?

Контакт телефон:

Одговори:

2.

Лего-коцката ја измислил... А. Оле Кирк Кристијансен Б. Оле Гунар Солшер В. Ханс Кристијан Андерсен

2. Оригиналните лего-коцки може да се купат во „Рамстор мол“? А. Да. Б. Не.

3.

Пополнете го купонот со трите точни одговори на нашиот квиз „Кенгурче“, напишете ги вашите податоци на купонот, исечете го, ставете го во коверт и испратете го на нашата адреса Мито Хаџивасилев Јасмин бб - Скопје. Најсреќните ќе добијат подарок пакет со лего-коцки на 1 април.

Име и презиме:

1.

1.

3.

СРЕЌНО!

7


Рамстор мол ја награди љубовта

Дури 543 вљубени натпреварувачи пријавија своја фотографија во натпреварот за најромантична фотографија што го организираше Рамстор мол по повод денот на љубовта. Тие своите фотографии ги постираа на фан страната на Рамстор мол на Фејсбук, а потоа нивните „најромантични мигови“ беа објавени и на нашиот Ѕид на љубовта. Ѕидот десетина дена беше вистинска атракција. Илјадници посетители на Рамстор застануваа за да си се пронајдат себеси или некои од своите познати на ѕидот преплавен со фотографии. Возбудливата трка за наградата – романтично патување во Истанбул заврши со победа на младите и шармантните Антонио Радески и Викторија Гавровска. Поклрај патувањето, тие освоија и два ексклузивни модели на Есприт рачни ч��совници.

27.000

ЛАЈКОВИ ОД НАШ НАШИТЕ ШИТЕ ФАНОВИ

Бројката од над 27.000 регистрирани лајкови за само една недела за фан-страницата на Рамстор мол покажа дека ваи фановите го ја споделуваат желбата на Рамстор мол да ја награди највеличествената емоција.

Им благодариме на нашите сесрдни пријатели Делфина турс и Мај тајм за наградите, додека пак со нетрпение ги исчекуваме Тони и Вики по нивното враќање од ИстанБосфо бул – градот на Босфорот, за да ги слушнеме гол нивните големи импресии од наградите. Што се однесува до вас – драги наши корисници, уште едно големо благодарам за поддршката на орган ганизираниот натпревар. Рамст мол ви посакува Рамстор мн уште мнооогу убави и љубовни денов месеци и години секунди, часови, денови, поминати со вашиот партнер, додека ние и понатаму остануваме симболично да го означуваме центарот на љубовта.

ПОСЕТЕТЕ НЕ НА НАШАТА НОВА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА

www.ramstoremall.mk Адреса: Мито Хаџивасилев Јасмин бб, Тел: +389 2 3178030, +389 2 3178070, Факс: +389 2 3109020

8


Ramstore Mall News - март 2012