Issuu on Google+

vrabotuv

број 1 јануари 2011

РЕПЛИКА ЕСРА

списание за аудиовизуелни уметности


ТИМ Џабир Доко Ивана Ристич Томи Џуровски Сања Костанчева Матеа Киселичка Илија Цветковски Александра Михајловска УРЕДНИК Елена Бојаџиева насловна: скица од театарска претстава на Питер Брук (1970г.) КОНТАКТ ул. Никола Русински бр. 1 1000 Скопје, Македонија тел: +389 2 3061543 факс: +389 2 3067609 info@esra.com.mk www.esra.com.mk

ПАРИЗ

СКОПЈЕ

ЊУЈОРК


Е СРА СОДРЖИНА

04 Светот во Македонија Македонија во светот 05 ИНТЕРВЈУ: Ректор Јордан Плевнеш

20 Топ 5 сцени 25 Да се збогуваме со Дизни бајките?! 26 Аниматорска шапка

06 Питер Брук 28 Фотогалерија 07 Фестивали 30 Ингмар Бергман 08 Doctor Honoris Causa 34 Фотогалерија 10 ИНТЕРВЈУ: Проф. Рисима Рисимкин 14 Skopje Dance Academy 16 ИНТЕРВЈУ: Александар Ѓоргиески 18 Меѓу имагинарното и реалното

36 Чарли Чаплин 42 Ејзенштејн за неговата аудиовизуелна соработка со Прокофјев 46 Најубавите театарски градби низ светот


УВОДНИК ВО СПИСАНИЕТО ,,РЕПЛИКА”

СВЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА - МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ Првиот број на списанието ,,Реплика“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-СкопјеЊујорк,претставува прва слободна научно- истраживачка и уметничка трибина во доменот на аудиовизуелните уметности во Југо – Источна Европа , кои предизвикаа вистинска ,,тивка револуција“ во модерната историја на човештвото во почетокот на III милениум . Впрочем и самата историја на човештвото ,може да биде раскажана како аудиовизуелна атракција со која во духот на еден средновековен апокриф се вели дека ,, Сегашноста е тука , иднината е непозната ,единствено што е непредвидливо е минатото !” ,,Реплика” ќе треба да го пронајде својот заштитен знак во фигурината која беше откриена неодамна од македонските археолози, токму во годината 2007 , и основањето на нашиот Универзитет ,закопана повеќе или помалку од 3000 години, во ова парче Земја што се вика Република Македонија. Фигурината потсетува дека митскиот татко ,,,сонувач и архитект“ Дедал и митскиот ,,син и летач’’во Непознатото Икар,летајќи од Крит кон Сицилија,се соединети во Уметноста без граници,што античкиот трагичар Есхил ја нарече ,,Ќерка на сеќавањето ,бидејќи во куќата Мајка на сознанието,Аристотел напишал уште тогаш : Сликите се основа на мислата”. Големиот мислител и теортичар на мистеријата на човекот во Универзумот, Жак Лакан во шеесетите години на XX век,основа ревија под име Scilicet што значи (дозволено е да се знае ), но кон крајот на својот живот во осумдесетите години,зажали што не се вика Videlicet или (дозволено е да се види). Деновиве во Франција , излезе книгата на Емануел Хуг ,,,Нулта година на меморијата” во која тој го објавува новото образовно пледоаје што се однесува на сите образовни системи во светот во однос на аудиовизуелната меморија која ја прави историјата на светот секогаш присутна низ четирите екрани низ кој се одвива животот на планетата : ,,екранот на

телефонот, екранот на компјутерот, ТВ екранот и филмскиот екран”. Списанието Реплика, ќе ги отвора хоризонтите кон универзалното спознание на интернет просторот што исто така го обединува светот , обидувајќи се да ја открие тајната на историјата на цивилизацијата која е пренесена во секој индивидуален екран пред секое човечко битие. Нашите професори и студенти ,нашите пријатели од петте континенти пишувајќи на страниците на ,,Реплика‘’ ќе можат да го растајнуваат бескрајот на музиката како митска, звучна матрица во нервниот систем на меридијаните. Ќе можат да пишуваат за иконографија и за анимацијата, за камерата и за монтажата но и за фотографијата и за танцот што според Фридрих Ниче го доближува човекот до боговите , за сценографијата и за костимографијата во интернационалниот Глоб како што ја нарече Вилијам Шекспир својата сцена во која херој и статист се безбројните изчезнати или бесмртни духови и сите близу седум милијарди поединци расфрлени по планетата Земја. Во годината кога првата генерација на нашиот Универзитет , по двете години поминати во Македонија, се наоѓа во Франција, догодина во Њујорк,образовните мостови веќе нé водат со нашите активности кон Ротердам, Прага,Москва и Токио, остварувајќи го на тој начин стихот на големиот македонски поет Ацо Шопов ,напишан во далечниот Дакар , бидејќи моите африкански пријатели ми велат ,,Дури и Господ спие во Сенегал,, а тој стих гласи ,,Светот во Македонија,Македонија во светот’’,.

Јордан Плевнеш Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Академија ЕСРА Париз- Скопје-Њујорк


1. Ректоре, кај се наоѓате во моментов, Париз или Скопје? Штотуку се вратив од Москва и Санкт Петерсбург, каде што беше промовирана мојата драма “Р” и мојот роман Осмото светско чудо. Сега во овој момент се наоѓам во моето родно село Слоештица кај манастирот Св. Никола Топлички од 11 век којшто е под директна јурисдикција на Ерусалим. 2. Додека бевте отсутен а сепак присутен, заедно со студентите подготвивме списание. Ќе се вика РЕПЛИКА. Имате ли да додадете некоја реплика на оваа идеја? Прекрасна идеја, тоа ме потсетува на мојата младост бидејќи точно пред дваесет години го покренав првиот независен дневен весник во Македонија “Република”, којшто предизвика вистинска духовна и политичка револуција во државата. Тој траеше само 163 дена и сите 163 дена Македонија се плашеше од самата себеси. Дај боже од “Република” до мојата фасцинација од “Реплика” таа да биде вечна. 3. Концептот на РЕПЛИКА е дека не постои концепт, само револуционерна идеја и мисла... Дали постои тема која би била доволна провокација за да бидеме цензурирани? Една од најдлабоките европски политички максими е дека:

демократијата е секојдневен државен удар. Бидејќи “Реплика” излегува месечно, вие повикувајте на државен удар еднаш месечно и тогаш нема да ве цензурираат! Значи, правете што сакате, имате одврзани раце! 4. Замислете дека имате 18 години ... Вашиот избор е ЕСРА... Што би избрале? Па јас би избрал оддеднаш се, и режија и анимација и драматургија и филмска музика и фотографија и продукција... бидејќи најомилениот учител на Св. Кирил и Методиј солунските браќа, цариградскиот патријарх Фотиј од 9-ти век напишал книга со наслов Мириобиблион во која ги навел насловите на сите негови непрочитани книги. Мојата денешна желба и бескрајна духовна тага е што неможам да ги дочитам сите книги напишани изминативе илјада години и особено што неможам да ги видам филмовите, композициите и нет – револуциите што ќе се случат следните илјада години. Значи да имав 18 години, повторно ќе се запишев на ЕСРА – Париз – Скопје -Њујорк. 5. За крај на разговоров, и почеток на списанието, би Ве замолила за една РЕПЛИКА! Бидејќи мене од Република ме сведоа на Реплика, внимавајте да не ве сведат вас од Реплика на Ремарка.


ПИТЕР БРУК ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ЗА 2011 ГОДИНА И новиот Doctor Honoris Causa на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности ЕСРА Париз - Скопје - Њујорк


ФРАНЦУСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД Во 2008 година Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности ЕСРА Париз - Скопје Њујорк, копретседателот на фестивалот Макс Азуле, ректорот Јордан Плевнеш заедно со почесниот претседател на фестивалот Ив Буасе ја започнаа одисејата на Францускиот Филмски Фестивал во Охрид на кого во трите изданија присуствуваа над педесет исклучителни имиња на француската кинематографија. култниот француски и светски режисер, оскаровецот Клод Лелуш прв добитник на Златната маска на францускиот филмски фестивал во Охрид

Илија Плевнеш (париски кореспондент на францускиот филмски фестивал во Охрид ) и легендарниот кинопроектор на канскиот филмски фестивал Жак Лемуан

Макс Азуле - претседател на групацијата ЕСРА

АРХЕОЛОШКИТЕ ЗНАЦИ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕРИЈА ОД 20 ВИДЕОСТОРИИ, СЕКОЈА ОД ПО 6 МИНУТИ ЗА НАЈВАЖНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ТОЧКИ НА МАКЕДОНИЈА КОИ ШТО ЌЕ КОРЕСПОНДИРААТ СО ТРИТЕ ТОМОВИ НА АРХЕОЛОШКАТА МАПА НА МАКЕДОНИЈА ИЗДАДЕНА ОД МАНУ, ПОТОЧНО ОД УПРАВАТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО. ЗОШТО ВАКОВ ПРОЕКТ? Архелошката наука вели дека Македонија поседува околу 7081 недвижен споменик, од кои повеке од половината се археолошки локалитети. Во музејските галерии има повеке од 500 000 експонати пронајдени низ многуте археолошки локалитети низ Македонија, кои имаат големо историски и цивилизациско значење.

ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА ЗА ХАНСЕЛ И ГРЕТЕЛ Анимираниот филм на македонскиот режисер Гоце Цветановски работен во копродукција со ЕСРА Париз Скопје Њујорк ја доби специјалната награда на филмскиот фестивал во Белград Балкан Анима. Светската премиера беше на интернационалниот фестивал Анима Мунди во Сао Паоло - Бразил

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ "АКТЕРОТ НА ЕВРОПА" Осмото издание на интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”, кој во 2010 година имаше исклучително богати содржини, полека но сигурно се трансформира во театарска манифестација која зближувајќи ги трите земји и трите јазици на Преспанкото езеро поделено меѓу Грција, Албанија и Македонија, ја претвори митската убавина на Преспа во сценски простор во кој што беа остварени врвни уметнички презентации на 11 претстави, кои што се вистински мостови на зближувањата Бранислав Мичуновиќ Жапа - министер за култура на Црна Гора и почесен претседател на советот на Актерот на на театарските традиции на Балканот со Европа и целиот свет. Европа основан во 2003 година што го организира ЕСРА и невладината организација Езеро без граници.


Doctor Honoris Causa

на Универзитетот ЕСРА

Лилјана Плевнеш го презентира македонското издание на книгата на Шарл Азнавур за време на церемонијата

Шарл Азнавур - легендата на светската

музика и филм.

Мануел Де Оливеира - исклучителен филмски режисер, моментално најстариот активен режисер во светот.


Рави Шанкар - легендарен индиски

композитор.

Боро Драшковиќ - уникатен режисер, сценарист и драмски писател

Јиржи Менцел - чешки и светски

филмски и театарски режисер.


INTERVJU / Prof. m-r Risima Risimkin /

По настапот на 17.12.2010 годИНA Професорке дали вредеше напорот кој го вложивте во нас изминатие три месеци, откако започна академската учебна година на СДА? - Драга Матеа, сметам дека целиот напор кој го вложував во остварување на овој проект, отворањето на СДА, во изминативе две години, на некој начин се потврди како добро вложено време и напор, според резултатите кои ги дадовте и напредокот кој како наши студенти го постигнавте за само три месеци. Дали сте задоволни од нашата работа и од тоа како напредуваме? - Да задоволна сум, со тоа што сметам дека ви треба време во целост да го прифатите системот на работа, кој сепак е по европски терк и ви треба време да разберете дека некои нормативи општо прифатени кај нас, не се прифатливи за нашите студенти, т.е. ние бараме повеќе, бараме комплетна професионалност, посветеност и истрајност, за да се постигне крајниот резултат - европско обучени танчери.

Како ќе ја оцените нашата изведба за време на презентацијата која се одржа на 17.12.2010 година? - Претставата помина на високо професионално ниво, сметам дека покажавте дека можете и знаете како да настапувате. Се разбира очекувам тие ваши кавлитети во иднина да се развиваат и да постигнувате уште поголеми резултати. Какво беше чуството да ја гледате вашата прва генерација на студенти на сцена и што си помисливте додека гледавте? - Бев многу горда што успеавме заедно да направиме една добра програма и да ја презентираме пред публиката, која беше навистина одбрана и на исклучително високо ниво. Си помислив дека би било прекрасно кога вакви резултати би постигнувале постојано и се надевам дека и вие ќе продолжите да се равивате во тој правец.

На наше големо задоволство имавме гости танчери од РДА, Холандија кои настапија со нас. Какво е вашето мислење за нивната спретност и техника во однос на нашата? - Студентите гости од РДА, беа од трета година, што значи на цели три нивоа пред вас, така да и беше нормално да се види една поголема техника на сцената во нивната изведба. Јас сум сигурна, дека доколку сите вие продолжите со ова темпо на развој, за три години ќе имаме навистина прекрасни играчи на македонската танцова сцена. Како се почуствувавте откако заврши настапот и сите тие напорни денови? - Доста уморна, но и задоволна. Секој напор кој резултира со успех, се претопува со задоволството кое не исполнува. Искрено се надевам дека и сите вие сте задоволни и ви препорачувам да продолжите така понатаму, заедно да работиме и да создаваме и да успееме да станеме дел од европската танцова сцена на ниво, кое ќе не изедначи со сите оние престижни компании кои имаме можност да ги видиме на ТАНЦ ФЕСТ.

Текст: Матеа Киселичка


INTERVJU / Prof. m-r Risima Risimkin /


Буто танцот е стил кој се јавува кон крајот на 50-те години од минатиот век, поточно во 1959 година и во изминативе 50 години достигнува голем подем, се распространува скоро низ целиот свет и има свое влијание врз комплетната слика на развој на современиот танц, театар и другите изведувачки уметности.


NASTAN / tanc /

Skopje Dance Academy Skopje Dance Academy започна со својата програма во септември 2010, како дел од Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, иницијатива на Интерарт културниот центар. Наставната програма на СДА се изведува во соработка со престижната Ротердамска танцова академија, Rotterdam Dance Academy , дел од Универзитетот КОДАРТС во Ротедрам,

Холандија. Овој проект се реализира со пддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Создавањето на првата академија за современ танц во Македонија (и регионот) претставува вистински исчекор во едукацијата за современ танц и отворање на сосема нови хоризонти, перспектива за развој на современиот танц во Македонија и

негово поставување на значајно место на европската мапа на современиот танц. Партнерството со една од најдобрите светски академии (кое го обезбеди Интерарт културниот центар) е потврда за квалитетот и извонредната можност за едукација на студентите на европско ниво во вистинска смисла на зборот. Ние како прва

генерација студенти: Љупчо Атанасов, Матеа Киселичка, Андријана Атанасова, Татијана Адам и Тамара Кртолица, имаме можност да се развиваме преку соработка со врвни професорски и кореографски имиња. Целата програма е дел од остварувањето на идејата за создавање на реална инфраструктура за развој на современиот танц кај нас и не води еден чекор


поблиску до создавањето на првиот Танцов театар во Македонија. Во петокот на 17.12.2010 година во просторот ЗЕБРА се одржа промоција на Skopje Dance Academy со присуство на гости од Холандија од Ротердамската танцова академија, уметничкиот директор Каролин Хардер, и студенти со кои изведовме заедничка програма. Со овој настан

се промовираше новиот сценски простор во Скопје – сцената ЗЕБРА, која во иднина ќе претставува наш дом во кој ќе се едуцираме, ќе создаваме и ќе настапуваме. Програмата која ја презентиравме е рузултат на нашата соработка со гостите професори и кореографи, кои во периодот од започнувањето на акдемската година во септември 2010 работеа

со нас на СДА: Анка Мајхер, Марио Камачо, Игор Киров, Николае Виеру, Нил Вердорн, Катцура Кан. Минатата недела гости-професори на СДА беа Луис Франк и Бојана Отрин кои ни посветија големо внимание и присуствуваа на сите наши проби и на настанот кој се одржа во чест на отворањето на нашата академија. Со нас на сцената настапија и гостите студенти од

РДА, Наиме Сомакал и Куентин Данхај, со дует во кореографија на Нил Вердорн, “Танго“. Целиот настан беше режиран од нашата професорка и ментор Рисима Рисимкин, а наш рептитор беше стручниот соработник Ирена Лозинска.

Текст: Матеа Киселичка


TEATAR / PRUSTOV PRA[ALNIK

Никој неможе да ми забрани да уживам во она што сакам Александар Ѓорѓиески е дипломиран актер, во класата на професор Ѓорѓи Јолевски и е дел од првата генерација актери излезени од нашата академија. Впечатлив по својот сценски израз веднаш по дипломирањето започнува со професионални ангажмани и градење на својата кариера. За нас го одговори познатиот Прустов прашалник. Овој прашалник фигурира со најразлични варијации и го одговараат во своите интервијуа многу имиња ширум светот. Прашалникот го носи името на познатиот Марсел Пруст, не поради тоа што самиот го создал, туку затоа што неговите одговори биле многу невообичаени и уникатни. Еве како Алек ги одговори истите прашања.

1. Која е твојата идеа за потполна среќа? Класна војна, бидејќи сметам дека таа војна би ставила крај на сите други војни, и би имало мир меѓу луѓето 2. Најнепријатниот миг во животот? Кога приметив дека кондомот се скинал откако завршив... :)) 3. Од што најмногу се плашиш? Од непознатото. 4. Како се опушташ ? Божјата "Херба" и блуз музиче 5. Што те депримира? Том Круз и Џулија Робертс 6. На која личност најмногу и се воодушевуваш ? Орландо Блум, човекот паднал од 3-ти спрат и си го искршил грбот. Докторите му рекле дека никогаш повеќе нема да прооди, а типов по 2,3 недели пешачејки излегол од болницата. ( не толку добар актер btw ) :) 7. Што презираш кај другите ? Нивното его 8. Кој аспект од својата личност

најмногу го мразиш ? Мрзелив сум у п**ку... 9. Која навика кај себе најмногу ја сакаш ? Немам навики 10. Што би избрал за бал под маски? Чубака - Војна на Ѕвездите :)) 11. Кое е твоето најсилно забрането уживање ? Никој неможе да ми забрани да уживам во она што сакам, поготово во најсилното 12. Што или кој е најголемата љубов на твојот живот? Мојата девојка 13. Најздодевно ти било кога ....? Кога сум сам 14. Доколку може да се патува назад низ времето, каде би заминал ? Било кое време пред настанокот на човекот 15. Откри ни тајна ....? До 7-мо одделение го мокрев креветот :)

Текст: Александра Михајловска


NASKORO!

Filmski festival na Jugo - Isto~na Evropa!

SEE

- organiziran od Univerzitetot za Audiovizuelni Umetnosti 12 - 17 APRIL 2011 Pariz


RECENZIJA / imaginarno / KAFKA

Во месец март 2010 година во Скопје премиерно беше прикажан филмот на младиот македонски режисер Константин Плевнеш насловен како „Имагинарно пријателство во градот на Кафка“. Овој филм на Плевнеш, изработен во соработка со Марија Стојчевска, а во продукција на Универзитетот на аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-СкопјеЊујорк, е снимен на 02 јануари оваа година, за време на неговиот престој на Чешката филмска академија ФАМУ во Прага. Низ својата документарна призма филмот на едно сосема лично ниво расправа за тоа дали е можно пријателство Д-р Ана Мартиноска, меѓу Македонец и Грк. Институт за македонска литература За да одговори на ова Универзите�� исклучително актуелно „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје прашање, Плевнеш го

ME\u

imaginarnoto

i

realnoto

поставува пред својата камера 35-годишниот Грк Нектариос, кој живее во Прага каде работи како професор по грчки јазик. Нивната заедничка прошетка по улиците на градот на Кафка е истовремено и метафора за едно метафизичко патување низ Европа, патување низ младешките ставови за културниот универзум и идејата за Европската унија, за предностите на неограничената слобода на движење во големата земја без граници, за европската младина како единствена целина наспроти концептот на издвоени национални младински групи, за заедништвото и за разликите меѓу нациите... Веројатно една од најсилните поенти на филмот е дека младите европјани, и посебно младите балканци имаат отворени умови, и

дека сеедно кои се и од каде, тие веруваат во универзалноста на човековата природа, споделуваат исти интереси, слушаат иста музика и читаат исти книги, имаат слично однесување и менталитет... Тие веруваат дека проблемите помеѓу луѓето не постојат на индивидуално ниво и дека е апсурдно тоа што политиката и владите создаваат јаз помеѓу нив. „Обичните луѓе немаат проблеми едни со други“ вели Гркот, а Македонецот тврди дека и „Кафка ќе го одобреше нашето пријателство“. Но она со што филмот не се бави директно, а за жал, мора да се земе предвид, е дека проблемите се раѓаат во обидот личното да стане колективно, кога малиот, обичен човек и неговата интимна приказна сакаат да станат поголеми од политичките


елити, кога се обидуваме да одговориме што е потребно за ваквиот принцип да не биде само исклучок, туку правило. Останува горливото сознание дека ако сакаме процесот на универзализација да не значи истовремено и обид за негирање на националниот или културниот идентитет, пред се ни е потребен исчекор вон границите, и оние територијални, уште повеќе и оние во главите, за да се оствари таа „средба на трето место“, како што велеше Зоран Милутиновиќ во своите истоимени постколонијални прилози. Прашката средба на Плевнеш е сепак и многу повеќе од обична имаголошка приказна која треба да ги разбие конструираните претстави за Другиот, што го потврдува и македонскогрчката дискусија пред ѕидот на Џон Ленон каде расправаат дали имагинацијата може да стане реалност. Па и ние се прашуваме зошто реалното пријателство е наречено имагинарно, и зошто сите не ја прифатиме таквата реалност за слободно да ја изразиме нашата имагинација? Па во духот на идејата на Ленон да запееме „Imagine all the people living for today... Imagine there’s no countries, it isn’t hard to do, nothing to kill or die for… living life in peace“, идеја чие остварување всушност авторот ја пронаоѓа реализирана токму во идејата за ЕУ. Но, филмот тука повторно проблематизира каква е всушност таа изреализирана имагинација, дали

сега таа држава е онаа посакуваната или и во неа не болат проблеми како на пример насилството кое наоѓа свое место во ова наше време, кое е потполно неприфатливо и тажно кога ќе се види кај младите луѓе. Значи, новиот предизвик е оној вечниот - љубовта, инспирација да се сакаме едни со други, мотивација да ги запознаеме за да ги засакаме своите соседи дури и ако ни се политички неистомисленици, и сите заедно да ја сакаме Европа... Да ги отвориме умовите и да ги прошириме хоризонтите, и само така да успееме да се издигнеме над скепсата која ја крие и самиот наслов на филмот. Ваквиот оптимизам и алтруизам прилегаат на младоста на Константин Плевнеш, но посебно е важно што тој истовремено делува и сосема зрело во однос на режисерската артикулација, која критиката честопати ја доведува во врска со големиот Буњуел со кој ја споделуваат страста за избор на теми кои вистински ги допираат и кои на платното ги транспонираат речиси инстинктивно. „Имагинарното пријателство во градот на Кафка“ користи едноставен визуелен израз со посебен акцент на нарацијата и со мноштво крупни кадри од лицето на главниот лик (и по некој неконвенционален приказ на добро одбраните, живописни локации), со што се инсистира на антропоцентричноста на сторијата и уште

повеќе се доловува нејзината пластичност и автентичност. Квалитет плус е и користењето на т.н. партиципирачки модул, имено концептот на документарец во кој и самиот режисер станува истовремено и еден од субјектите на својот филм, карактеристичен и за неговите претходни филмови „Планета Баир“ и „Заборавените“. Имајќи ги токму нив в предвид појдовме во разоткривањето на новата филмска авантура на Плевнеш со не мали очекувања, но тој не само што успеа да ги надмине, туку и успеа уште попрецизно и посигурно да не убеди во сопствената доследност во презентацијата на

отворен и критички општествено политички став, но и во сопствениот стремеж кон надвишување над тенката линија меѓу имагинарното и реалното.

Константин Плевнеш и Марија Стојчевска во Прага за време на снимањето на филмот


FILM / ART / itn

...

ТОП

5 СЦЕНИ [ и филмовите од кои се инспирирани ]

5. Jack Nicolson "The Shining“ Речиси и да не постои миленик на филмот кој не знае за оваа сцена. Џек Торанс и неговото семејство се грижи за една гостилница на планина и по неколку месеци Џек е под влијание на зли сили во гостилницата и станува ментално нестабилен. Во еден момент тој ја зема секирата и го напаѓа своето семејство почнувајќи со забивање на секирата во вратата. Една од причините поради која оваа сцена е една од најпопуларните е секако познатата “Here’s Johnny“ (тука е Џони) реченица изведена од незаборавниот Џек Николсон. Оваа секвенца остана како една од најпознатите сцени и реплики во историјата на хоророт.

Текст: Илија Цветковски

Големите мајстори и автори се качуваат и паѓаат, инспирирајќи безброј други режисери. Еден од најчестите начини на кои режисерите оддаваат почит за нивното влијание е да цитираат дел од нивните омилени филмови во своите. Без разлика дали е тоа пресликан карактер, тип, локациија, начин на уредување па дури и цела сцена, модерните режисери го оживуваат минатото низ ова рекреирање. Понекогаш влијанијата се суптилни, понекогаш многу груби, но сепак оставиле огромен белег во историјата на кинематографијата. Еве 5 добри примери на познати сцени инспирирани од предходните дела.

Инспирација: "The Phantom Carriage“ Снимен во 1921, овој филм заедно со “Nosferatu“ и “The Cabinet of Dr. Caligari“ важи како еден од најмаркантните хорор филмови во немиот период. Основа за многу од режисерите, особено за Ингмар Бергман кој наводно го гледал овој филм секоја година, “The Phantom Carriage“ е пионер во користењето на некои специјални ефекти а посебно во наративните флешбекови. Сличната приказна а посебно тема во овој филм е главната инспирација да големиот Стенли Кубрик направи рекреација за неговиот “The Shining“.

Џек Николсон во “The Shining“

“The Phantom Carriage“


4. Bruce Willis “Pulp Fiction“ Со сигурност еден од најдобрите и најважните филмови во 90тите години и филм со кој Квентин Тарантино го редефинира американското кино. Со незаборавните карактери, неверојатниот дијалог и креативната употреба на нелинеарните приказни, “Pulp Fiction“ стана културна сила која треба да се почитува. Но луѓето имаат тенденција да забораваат дека една од најголемите предности на овој филм е уживањето во апсурдните приказни кои тој ги прикажува. Во една од најпознатите и непредвидливите сцени во овој филм е Брус Вилис во улогата на Буџ Кулич. Бегајќи од градот, односно од својот шеф, Буч случајно застанува на семафорите. Наспроти сите можности го сретнува својот шеф Марселус и бидејќи нема излез и е во паника го прегазува и се обидува да избега. субјективна камера на Буч, сретнувајќи го својот шен на крстосницата

Инспирација: “Psycho“

“Psycho“

Овој филм е запаметен поради многу иновативни сцени за филмот дотогаш. Повеќето од нив се повеќе или помалку заборавени, но и тоа како се памти сцената на почетокот на филмот. Марион Крејн (Џенет Ли) кради 40 000 долари со цел да ги искористи да се омажи за своето момче. Бегајќи од градот, Хичкок вметнува неколку елементи да ја зголеми тензијата. Секако, не исклучувајќи ја сцената каде таа е застаната од полицијата како и сретнувањето на својот шеф на семафорите кога таа се обидува да побегне. И сето ова ја носи Мерион само до еден провинцијалски хотел. Тарантино одсекогаш бил познат по тоа што ги рекреира сцените од своите омилени филмови, но никаде во целата неговата кариера тоа не е толку очигледно како што е во оваа сцена.


FILM / ART / itn

...

3. Clint Eastwood “A Fistful of Dollars“ Во 1964, италијанскиот режисер Серџо Леоне и актерот Клинт Иствуд ги сменија правилата на вестерн филмовите со нивниот “A Fistfull of Dollars“. Сакајќи да направат филм кој цврсто ќе застане во остар контраст со досадните конвенции на вестерн филмот во Холивуд, Леоне создал филм кој е насилен но сеуште актуелен и покрај спонтаното исчезнување на вестерн филмот. Но, можеби најважниот придонес за вестерн филмот има Клинт Иствуд, познат како Човекот Без Име. Во една од најзапаметените сцени во филмот, Иствуд убива голем број на криминалци низ улиците на градот така што пред тоа порачува повеќе ковчези, уверувајќи не и нас гледачите дека криминалците ќе умрат а тој ќе преживее.

Клинт Иствуд против сите

Инспирација: “Yojimbo“

Овој филм на Акиро ��уросава е сигурно еден од најдобрите и најважните самурајски филмови во историјата на кинематографијата. Легендарниот Тошир сам се соочува со криминалците во градот разделен од две криминалски групи. “A Fistful of Dollars“ е всушност неофицијален римејк на овој филм на Куросава, адаптирајќи ја неговата приказна во “вестерн“ амбиент. Иако Леоне подоцна има проблеми со законот поради копирањето на оваа сцена, сепак заслугите ги става на негова страна, иако елементот на копирање најмногу се забележува во делот кога Иствуд нарачува ковчези за група гангстери за кои сигурен дека ќе ги убие, уште пред да ги видиме на екранот.

Херојот на Акиро Куросава во “Yojimbo“


2. Harrison Ford “Indiana Jones and the Raiders of the Lost Ark“ Постојат многу сцени од овој филм кои подоцна прераснуваат во култни сцени и пример за филмовите од овој жанр. Сцена која најмногу се издвојува е потерата по Индијана со камион, борејќи се против група нацисти во конвој. Целата сцена е збогатена со напнати и тензични моменти, а тоа најмногу се забележува кога Индијана е принуден да се влечи по земјата, доколку сака да остане жив. Харисон Форд за време на снимањето на филмот

Инспирација: “Stagecoach“

Една од најпознатите борбени сцени

Класичниот вестерн на Џон Форд е пресуден за историјата на овој жанр. Тогаш за прв пат еден вестер филм е подобро и солидно оценет. Различните карактери, нивното патување до “Ново Мексико“, дијалогот и секако нивната борба со Апачите придонесуваат за одличната репутација на овој филм. Секвенцата каде што целата кочија се бори против Апачите е една од најважните сцени за авантуристичките филмови, особено поради динамиката која ја внесува во филмот.


FILM / ART / itn

...

1. Odessa scene “The Untouchables“ Сцената во која се судираат криминалците на Ал Капоне и бандата на “Недопирливите“ во овој филм на Брајан де Палма е една од најдобро рекреаираните сцени во кинематографијата. Сцена која изобилува со раскошна сценографија и сцена која остава без здив. Всушност жената која го испушта своето бебе кое е во количка и е веднаш потоа убиена, придонесува за емотивноста и длабочината на оваа сцена. Одличен римејк на она што некогаш големиот Езенштајн се обидел да го илустрира.

Одлично рекреираната “Одеса“ сцена во “The Untouchables“

Инспирација: “The Battleship Potemkin“ Во еден од највлијателните филмови, “The Battleship Potemkin“ (1925) сцената со мајката која го испушта своето бебе е повторена повеќе пати, со цел Езентштајн посилно да ја пренеси пораката на филмот. Заедно со брзиот ритам на монтажата, овој филм пишува една историја во кинематографијата.

Сцена која останува во историјата


ANIMACIJA / DIZNI

Da se zboguvame so Dizni bajkite?! Текст: Ивана Ристич

Сега ние ќе треба да очекуваме поплава од нови филмови со zakon devојки херои кои храбро ги спасуваат момчињата од опасност, вклучувајки ја моќта на убавината за вршење на сите видови акции и преземање ризици ,задачи и предизвици!? Eпа не! Филмското студио кое се прослави со "Снежана" и "Пепелашка" - се откажува одснимањето на бајките и потенцирањето на женските ликови! Волт Дизни и нивните соработници Пиксар соопштија дека ќе го прекинат снмањето на бајките, бидејќи тие веќе не се во мода. Се откажаа две кои требаше веќе да се снимаат па последна бајка која се чека да излезе во кино салите ќе биде приказната Испреплетено што може да се очекува во почетокот на 2011 година. Иако Дизни ја започна својата слава со "Снежана" и други

Децата остануваат без Дизни бајките - студиото сака да направи повеќе момчешки авантури и пиратски акции!

приказни за принцези, последната приказна за "Принцезата и жабата" доби лоши резултати,како во кино салите,така и во касата на Дизни,па понатамошните проекти од бајковиден стил сметаат дека веќе не се исплатливи. Наместо тоа,заработка се бара во проекти како "Пиратите од Карибите" и "Приказна за играчките". Neкои феминистки, најверојатно, ќе се пофалат со откажувањето од традиционалната приказна за принцезите да чекаат својот принц да ги спаси. Сепак, наместо модернизирање на класичните принцези, Дизни се одлучи да ги исфрли женските херои надвор од приказните!

Не само што женските ликови се споредни во "Приказна за играчките"и слични филмови, но и во новиот анимиран филм Испреплетено женскиот лик наречен како Златокоса дури и на самиот крај е во заден план! Филмот во првичното сценарио е наречен 'Rapunzel ", односно. Златокоса, но студиото е загрижено дека момчињата нема да ги привлече ваков наслов на филм, па затоа измислија неутрален наслов како Испреплетено. Се чини дека акцијаиграчките се продаваат повеќе од барбиките,па тоа најверојатно било пресудно и за романтичните приказни...


ANIMACIJA /

Crte` / Iluzija

Текст & илустрации: Томи Џуровски „ Како успеваат да ги направат овие цртежи да се движат? Како го прават ова? Како им успева? Дали е трик, илузија или вистина? “, се прашања кои ги поставувале луѓето кои ги гледале првобитните анимации. Прашања кои би му ги поставиле на магионичар нели?

Па вака да ви кажам. И аниматорите имаат шапка како и магионичарот, односно илузионистот, во која секогаш можат да ја бутнат раката и да извадат, “зајак”. Секој аниматор има своја посебна шапка што самиот ја прави и при тоа внимателно одбира материјал и техника со која ќе ја изработува. Со тек на време оваа шапка се зголемува, со секое кликање, цртање, фотографирање... Таа расте и расте... И со секое зголемување на шапката се зголемуваат и можностите. Поголема шапка, посложени и поубави трикови. Но немој да се излажете и да помислите дека тоа не е илузија. До илузијата наречена анимација доаѓа заради постоњето на нешто што се вика перзистенција на видот. Ова го искористиле првите аниматори и се користи до ден денес. Односно тие ги направиле првите шапки и потоа техниката на изработка се пренесувала и усовршувала низ генерациите, па така во денешно врме може да се каже дека аниматорите имаат прилично големи шапки и работат во групи.

Аниматорите секогаш меѓусебе добро комуницирале, при тоа луѓето од страна баш и не можат да ги разберат. “ Стави keyframe овде, стави keyframe онде... Мрдни vertex тука, додади таму, не е убаво да имаш тројки, петки... При тоа пази на “флоуто” и флуидноста. “ Ахх... Не ме разбирате? Епа добро тогаш да ви објаснам: Ја ставате раката во шапката и... Правите се она што ви дозволува имагинацијата и вашето искуство во аниматорските техники, односно правите се она што ви дозволува вашата шапка. Не се секирајте вие само работете на неа и таа ќе расте и расте, се додека еден ден не ви овозможи да станете бог на сопствената имагинација. Ќе можете да направите се. За крај, многумина би ви рекле дека нема зајак во вашата аниматорска шапка, но не се секирајте, само потрудете се, сигурен сум дека ќе го најдете на дното.


GAL LERY

CURIOSITY Илија Цветковски

ON THE ROAD Илија Цветковски


DAYDREAMING Илија Цветковски


FILM / TEATAR / pome|u

...

INGMAR

BERGMAN Помеѓу филмот и театарот Текст: Џабир Доко

Театарот е како верна жена. Филмот е скапа авантура, исто како љубовница.

Од неговите први театарски постановки во почетокот на 40тите, па се до неговиот последен игран филм од 1983 година, Ингмар Бергман паралелно работел и творел и во двете уметнички полиња, и во театарот и во филмот. Не е коинциденција тоа што уште во 50тите години тој театарот ќе го спореди со „верна жена“, а филмот го дефинира како “скапа љубовница„. На тој начин тој укажува на важноста и неопходноста и на двете уметнички полиња. Неговото активно учество и во театарот и во филмот резултира позитивно во неговото творештво. Но жално е тоа што досега нема многу студии каде што паралелно се истражува неговиот труд и во театарот и во филмот. Бидејќи

филмските теоретичари ја занемаруваат неговото дејство во театарот, а истото го прават и театарските критичари за неговиот филмски опус. Ретки се истражувањата кои прават формални или стилистички анализи. Меѓу теоретичарите постои консензус дека неговата работа во театарот “негативно„ влијаел врз неговите филмови, попречувајќи ги со “литературни“ дијалози, “конвенционална“ драматуршка структура, статична и смирена естетика на кадарот. Но според истите теоретичари Бергман постепено ќе ги намали овие влијаниа во своите филмови и ќе добие “пофилмичен“ стил Ние со овој текст ќе се

обидеме на некој начин да претставиме едно дијаметрално спротивно мислење, имено, Бергман не само што не ги има “ослободено“ своите филмови од театарски елементи, туку дека тој низ целата своја кариера бил посветен на идеата да ги спои театарот и филмот. Во неговиот ТВ филм “По Пробата“ снимен во 1984 година интересна е една реплика која гласи “Секое нешто претставува нешто, ништо не е нешто“. Тој во овој филм на некој начин ја сумира својата активност во уметноста и театарот. Според театарскиот режисер Ерланд Јосефсон, Бергман со оваа мисла сака да ја потенцира претставувачката димензија на театарот. Сепак ова е нешто што и самиот Бергман го потврдил на повеќе интервјуа, каде зборува за различни аспекти на своите театарски постановки. Бергман вели дека магичен е моментот кога актерите се спремни да влезат на сцена и да почнат со претставата. Ова го приметил еднаш кога бил во циркус. Тој пред па почне циркускиот перформанс примет��л како изведувачите се спремаат да излезат на сцена и како тоа дава некоја уникатна атмосфера со мала доза на притисок, како тие се концентрираат да излезат на сцена и да си ги покажат своите квалитети, притоа тоа да го прават само заради гледачите кои


се таму присутни, кои реагираат на чувствата од изведувачите. Исто така Бергман ќе каже дека тоа е најмагичниот момент во театарот. Чекор од секојдневното во извонредното. Тоа е исто како кога да еден симфониски оркестар ги наштима своите инструменти. Бергман тој магичниот чекор стално ќе го користи во своите претстави. Во 1955 година во општинскиот театар на Малме, Бергман ќе експериментира со додавање на пантомимички пролог на Молиеровиот Дон Жуан. На тој начин Бергман публиката ја претвара на информиран сведок на континуиран процес на демаскирање на ликот на Дон Жуан. А тоа е и јадрото на неговиот концепт. Но исто така Бергман го добива тој магичен чекор во претставата и самиот премин низ границата е акцентирана. Овој метод Бергман ќе го користи и

во своите подоцнежни постановки. Во 1995 година во Молиеровиот Мизантроп, тој повторно ќе се одлучи за претстава пред претстава. Кога раскошната сина завеса на Кралскиот Драмски Театар се подигнал, се открила уште една црвена завеса. Неколку минути на сцената стоел еден кловн облечен во бело и гледал кон публиката. После од десното крило се појавува уште еден кој отвара едно прозорче во завесата и погледнува дали публиката е седната. На тој начин се крева и втората завеса и почнува претставата. Така Бергман гледачот постепено го внесува во претставата. Бергман овие свои методи ги користел во најразлични варијанти. Понекогаш актерите уште пред па почне претставата биле седнати меѓу публиката. А на моменти пак самата публика станува дел од актерската екипа. На тој начин тој ја постигнува својата цел за промена

на улогите актер- гледач. Бергман успеал истиот ефект да го постигне и преку сценографијата. Поставувал на сцена различни огледала и на тој начин визуелно играл со мизансценот а ги менувал и улогите на актерите и гледачите. Овој елемент на воведување Бергман го користел и во своите филмови. Тоа се гледа уште во неговиот прв филм Криза (1946) каде што имаме еден подолг вовед со наратор. Во филмот Гола Ноќ (1953) Бергман на почетокот од филмот користи еден флешбек. Овој флешбек служи како игра пред игра. Бидејќи оваа секвенца и како естетика тотално се разликува од остатокот на филмот. Сликата е преекспонирана, нема дијалог и содржи експресионистичка естетика која исто така наликува на немите филмови. Со оваа формална разлика на почетокот тој сака да

ја повика публиката на внимание и свесност. На некој начин оваа секвенца служи како еден краток филм кој вели драги гледачи после мене вистинската претстава може да почне. Овие повикувања на публиката се повеќе ќе се среќаваат во подоцнежните филмови на Бергман. Еден таков пример може да се види во филмот Тишина (1963). На почетокот се појавува едно дете кој станува нараторот на приказната и гледачот го воведува во овој магичен свет на филмот. Истото дете во слична улога ќе се појави и во филмот Персона (1966), кој овој пат се врти кон камерата, со рацете како да ја покажува публиката, притоа тој својот поглед го свртува кон големиот бел осцилирачки екран и на тој начин соодветно тргнува и приказната Ваквите режисерски интервенции паралелно се појавуваат и во неговите претстави и во неговите филмови. Тоа е само еден мал доказ за уметничкиот пристап и комуникацијата со публиката на големиот Бергман. Исто така во театарски методи на Бергман спаѓа и тоа што дозволува актерите да ја гледаат сцената додека чекаат да почне нивната улога. Тие се на сцена и цело време ја имаат улогата на набљудувач, па кога доаѓа моментот да кажат текст тие се претвораат во актери. Пример за тоа е постановката на Крал Лир од 1986 година каде што актерката Лена Олин е и актерка и гледач. Истото го повторува и на неколку драмски текстови на


FILM / TEATAR / pome|u Стриндберг. А треба да се напомене дека истиот метод го среќаваме и во Хамлет, каде што Офелија има сличен пристап Ваквите набљудувачи често пати се појавуваат и во филмовите на Бергман. Може да сретнеме голем број на ликови кои се кријат и се претвараат во тајни набљудувачи. Најдобар пример е сонувачката секвенца од филмот Диви Јагоди (1957). Стариот Исак Борг се наоѓа во еден коридор од своето детство и почнува да се движи низ своето минато. Свртен е со грбот накај камерата и со тоа фактички е надвор од филмот и добива некоја димензија на гледач. Тој како да се наоѓа пред театарска сцена и се претвора во воајер и иронично останува надвор дури од сопствениот сон. Битно е да се сфати естетиката на Бергман, која естетика секогаш гледачот го сместува во центарот на вниманието и тоа е основна појдовна точка. Исто така треба секогаш да се направи една паралела меѓу неговата театарска и филмска дејност, и сето тоа да се зема како една неделива целина.

...


GAL LERY A Томи Џуровски


По стапките на... Томи Џуровски {Heavy} Metal Томи Џуровски


FILM / GENIJ / ^^

^ARLI

^APLIN

“За да можеш вистински да се смееш, треба да бидеш способен да ја ослободиш својата болка и да си играш со неа!” - Ч.Ч.

Текст: Илија Цветковски Ние сме деца на ера каде што сме спремни секогаш да бараме повеќе и на крај да останеме незадоволни ако сето тоа не е совршено. Кога гледаме филм од немиот период секој поединец наоѓа негови неизговорени зборови според сопственото сваќање на дејствието на филмот. Секој си наоѓа свое објаснување и со тоа секој поединец е задоволен од прикажаното. Но кога самиот актер зборува преку своето интерпретирање тогаш и тоа како ке бидеме задоволни и изненадени посебно кога станува збор за Чарли Чаплин. Познат на публиката од целиот свет, “малиот скитник“ е универзално познат карактер кој успеа да докаже дека дијалогот е самата публика. Чарли Чаплин не го користи звукот за да комуницира со публиката во неговите филмови. И покрај фактот што во поголем дел од неговите филмови не постои говорниот


јазик, Чарли Чаплин бил сензационален и публиката го обожавала. Тој е првиот гениј на киното и е највлијателниот уметник во историјата на подвижните слики.

денес импресионираат со содржина и динамичност. Всушност кој друг би можел да ја претстави глупавоста и неспретноста на човекот а во истовреме да ја натера публиката да се смее и веруваа во истите.

кој навистина верувал во моќта на комуникацијата и на кој воопшто не му се потребни зборови за тоа. Неговите дела се секогаш потсетник на едни од наједноставните но најмоќните нешта – љубов, насмевка и

може еден уметник да направи за филмот. Актер, режисер, сценарист, продуцент, па дури и композитор. Идеал на секој американец, Чарли Чаплин претставува и револуција за Американскиот шоу бизнис и инспирација за секој Американец да го оствари својот сон. Тој има огромно влијание врз животот на Американците за време на светските војни и тешките времиња на криза успевајќи да ги насмее после долго време и да ги натера да го сменат начинот на кој тие го гледале светот и покрај сопствените проблеми. Иако комедија во црно бело, неговите филмови внесуваат боја во сечиј живот. Меѓутоа, либералните гледања на Чаплин се причината што тој е протеран од Америка, завршувајќи со изреката:

"Ден без насмевка е изгубен ден." Чарли Чаплин

Независно од клоунадата, Чаплин своите филмови ги користи како коментар на државата за модерното општество, покажувајќи како индустријализацијата и модернизмот ги претвараат луѓето во автомати, така што оние кои не можат да го издржат тоа или остануваат на улица, молат за храна или пак завршуваат во затвор. Kомедијата на Чарли Чаплин оди чекор понапред, така што неговите филмови и

Тој се смета за еден од најпознатите ѕвезди на раните денови на Холивуд, кој живеел интересен живот и во неговите филмови и зад камерата. Чарли Чаплин е препознатлив како икона на немиот филм, поврзувајќи го најчесто со неговиот “мал скитник„ карактер: со неговата позната мала “дерби“ капа, мустаќи, големи чевли,широки панталони, тесна јакна и секако неговото препознатливо одење. Сигурно еден од ретките вистински забавувачи

добрина. Тој создал еден свет во кој зборовите се застарени и залажувачки а емоциите преку движење на телото е главна атракција и вистински израз на душата. Слободно, без претерување може да се каже дека Чарли Чаплин во поголемиот дел од минатиот век е еден од најпрепознатливите личности на планетата и дефинитивно еден од највлијателните луѓе и уметници во минатиот век. Тој направил се што

„Јас останувам тоа што сум и ништо друго, а тоа е кловн! Тоа е она што ме носи повисоко отколку политичарите“. Со овој коментар Чарли Чаплин сака да истакне дека технологијата може да донесе мизерија и и уништување, но дека сепак не треба да стравуваме од неа, туку напротив, треба да го прифатиме нејзиниот напредок како прогресија за човечкиот род. Во периодот пред да се појави звучниот филм, Чарли Чаплин строго се


FILM / GENIJ / ^^

“Ние мислиме премногу а чувствуваме премалку.” Чарли Чаплин

противи на озвучување на филмовите. Неговиот страв дека мистеријата и романтичноста на “малиот скитник“ ќе бидат нарушени и ќе ги разочарат фановите од неанглиските говорни територии е главната причина што Чарли Чаплин не сака фамозниот лик да преговори. Сепак иднината на филмовите на Чаплин понатаму ќе го стигнат периодот на “звучниот филм“ и покрај ликот на “малиот скитник“. Иако, како и обично, “малиот скитник“ нема дијалог, неворојатно интелегентната употреба на софистицираните музички ефекти ги прават неговите филмови динамични и интересни за гледање. Чарли Чаплин е еден брилијантен сатиричар. Во разгледувањето на неговите филмови,

сепак едно е јасно и едноставно. Неговата ненаклонетост за дехуманизацијата на луѓето во индустрискиот свет е исто така често неприфатлива како и неговото неприфаќање на капитализмот. Со идеата неговите филмови да бидат комедија, Чарли Чаплин успева да го оправда значењето на немиот филм во однос на другите филмови кои подоцна се појавуваат. За време на немиот филм нашите умови се поактивни, затоа што се исклучени од било каков дијалог и се трудиме да замислиме што можат да кажат ликовите. Тој го посветил својот живот на своите филмови. Човек кој секогаш се стремел да се види себеси во подобар дух. Дух кој ќе го промени светот со насмевка и во најтешките времиња.

Доколку погледнеме длабоко во неговиот свет ќе видиме едно дете полно со енергија и љубов за светот и покрај безбројните борби и успеси. Човекот “насмевка“ кој вистински ја освои публката низ целиот свет. Ретки се оние кои би ја оспориле извонредната комедија на Чарли Чаплин, еден од најголемите филмски уметници на 20тиот век. Во реалниот живот скромен и соодветен маж, на екранот Чарли Чаплин речиси секогаш се наоѓа во неволја и во непријатна ситуација, а истовремено со таа искра на пркос што гори во него.


DreamWorks Animation влегува во светот на “Сенките” Текст: Ивана Ристич

DreamWorks планира да снима филм со интересен наслов "Јас и мојата сенка" Овој проект е интересен за фактот дека DreamWorks првпат во еден филм комбинира и компјутерскa и рачна анимација. Главниот јунак на филмот ќе биде Shadow Stan кој е олицетворение на темната страна на Stanley Grubba кој е нај досадното суштество во светот. Фрустриран од карактер на Stanley, Shadow Stan го прекршува општото правило во светот на сенките и ја превзема контролата на Stanley. Светот на сенките ќе биде работен со рачна анимација а компјутерска техника ке се користи за конструкција на реалниот свет. Steve Bencich и Ron Friedman ја напишаа првата верзија на сценариото кое сега го обрабтуваат сценаристите на комедиите "Get Smart", Tom Astle и Matt Ember. Режисер ке биде Mark Dindal (Жолта минута), а премиерата на филмот е закажана за март далечна 2013.


For Who Bell Tol


om the lls


MUZIKA / ZVUK

ЕЈЗЕНШТEЈН ЗА НЕГОВАТА АУДИОВИЗУЕЛНА СОРАБОТКА СО ПРОКОФЈЕВ Текст: Сања Костанчева

Ејзенштејн гледа на киното како заедничко средство за изразување, што и било неговата практика на соработка, одредено „давење и земање“ кое се покажало како доста плодно во неговата соработка со Прокофјев во филмовите Александар Невски и Иван Грозни. Кога Прокофјев, подоцна пишува за соработката со Срегеј Ејзенштајн, тој споменува за големата почит кон музиката која ја имал, до степен да е спремен да направи промени во монтажната замисла само да се зачува интегритетот на музичкиот фрагмент. Според Сергеј Ејзенштејн, тој и Прокофјев, секогаш правеле договор многу време пред да се одлучи кој би го превземал првиот аудиовизуелен чекор. Ова било избор помеѓу тоа композиторот да мора да ја напише музиката пред да го види филмот или од кога Ејзенштејн ќе го измонтира. За првиот избор би значело дека режисерот ќе треба да ја развие монтажата на веќе постоечка музика, а со вториот, обратно. Вториот избор значи дека композиторот треба да создаде одредена конструкција со користење на техники на компонирање врз

основа на режисерскиот „архитектонски“ план. Од друга страна, за првиот избор, Ејзенштејн го смета како основен креативен проблем, изборот на ритмичката структура. Оваа опција го вклучувала изготвувањето на композиторскиот „архитектонски“ план кој подоцна би одредил како би се водела монтажата. Ејзенштејн детално ги опишува комплексностите на интерните механизми на оваа процедура. Кога тој треба да создаде монтажа на одредено готово дело од Прокофјев, ги истакнува следните чекори:

1 2

Ова се однесува на различни ситуации: ⃝ Текстура на објект или пејзаж кои би се споиле со одредена музичка боја; ⃝ Можноста за синхронизација на серија од close-ups со одреден ритмички модел; ⃝ Спојување на музиката со кореспондирачка секција на визуелна репрезентација, создавајќи интерна хармонија, неискажана во рационална смисла.

Оваа листа на аудиовизуелни преписки е секогаш ограничена, како во поглед на самата соджина на музиката и филмот така и во целата креативна намера. За Ејзенштејн постојат и други потешкотии во овој процес на комбинација: ⃝ Визуелниот дел да е сеуште хаотично реализиран; ⃝ Она што Ејзенштејн го опишува како „душа на комбиниција“ која лебди над еден „хаос на репрезентација“ сепак зависи од законите за музичкото развивање; ⃝ Умот на режисерот на фимот мора да

. Мора во вашата меморија да ја имате менталната снимка на целиот немонтиран филм, „пластичниот“ материјал секогаш може да се измени и со него да се манипулира. . Слушајте ја постојано музиката се до моментот кога ќе можете да замислите серија на слики кои кореспондираат со музиката или дел од музика кој може да кореспондира со замислена секвенца. скока на различни делови од неговиот немонтиран филм, што би претставувало една ментална вежба за тоа како филмската монтажа би кореспондирала на одредена музика; ⃝ Монтажата на филмот исто така треба да ги следи и своите правила, инаку истото не би се остварило визуелно.


Ејзенштејн забележува дека овој аудиовизуелен процес многу наликува на методот со кој тој ја создавал монтажата за немите филмови. Основната разлика е во тоа што наместо избор на монтажни парчиња на постоечка музика, тој го имал на ум она што го опишува како „партитура“ или „внатрешна мелодија“ на кои што ги уредувал снимките. Објаснува дека на моменти таа мелодија е толку моќна што целиот ритам на неговите дејства е детерминиран однапред, за време на деновите кога ги монтирал сцените кои кореспондираат на овие звуци. Подолжува да дава примери за типот на вознемиреното однесување кое го доживеал за време на монтирањето на различни секции од The Battleship Potemkin. За време на монтирањето на „Mist“ и „Mourning for Vakulinchuk“ тој ги извршувал секојдневните активности во она што го опишува како „снеможен ритам“ во спротивност на ненадејното и агресивно однесување изложено во секојдневните активности додека монтирал секвенци од масакрот на Odessa Steps. Ова е многу слично на синестетичкото однесување кое Ејзенштејн го опишува додека бил вовлечен во „некои апстрактни проблеми“. Овде постои аналоген пренос и суперпонираност на еден збир од перцепции и емоции со еден друг, неповрзан збир, на навидум произволен начин. Тој дава пример за Михаил Чехов кој глумел улога на вознемирен

човек во театарот во доцните часови, а во утрата и низ целиот ден дома, паѓал од столици и вонемирено кршел чаши и садови. Ејзенштејн признава дека навистина не знае како композиторскиот внатрешен просец се одвива, но се обидува да го разбере она што мисли дека се одвивало во умот на Прокофјев за време на нивните аудиовизуелни соработки. Она што конкретно го импресирало за Прокофјев било способноста да го долови, после гледање на сцената од филм два или три пати, емоционалниот ефект, ритам и структура. Како резултат од оваа дарба, композиторот може да го заврши веќе следниот ден целосниот scoring на „музичкиот еквивалент на визуелната претстава“. Како пример за Прокофјевиот аудиовизуелен талент, Ејзенштајн опишува како композиторот достигнал комплексно „преплетување на акцентите на дејство и музика“ во Иван Грозни. Исто забележал дека Прокофјев само ретко ги синхронизирал визуелните акценти со музичките акценти, и дека овие, споени, биле единствено условени од монтажата и од развивањето на дејството во одредена сцена. Како Прокофјев постигнал толку брзо таква беспрекорна аудиозиуелна комбинација, на која не и требале никакви измени, ниту на филмот ниту на музиката? Ејзенштејн го нашол одговорот на ова прашање на изненадувачки

секојдневен начин, кога се сетил како композиторот го искажал својот нов телефонски број кога му го побарал. Тој веднаш сфатил дека гласот на Прокофјев внимателно го следел моделот на фигурите во неговиот нов број, во динамичка (тивко/гласно) смисла и ритамот на комбинираните имиња на броевите искажани во емотивно изменет начин. Ејзенштајн го демонстрирал Прокофјевото искажување на неговиот нов број кој гласел „k 5-10-20, extension 35 “ со користење на начинот на поетите Велимир Кхлебников и Тристан Цара: K5! 10!! 20!!! Extension 30!!! 5 Композиторот, очигледно го запомнил моделот на зголемување на првите четри броеви, постигнувајќи музички климакс на „30“, пред финалниот број кој го повторува истото звучно ниво со првиот. Ова е начинот на еден музичар да запомни нов телефонски број. За Ејзенштејн оваа техника е клучот за Прокофјевата способност да ги преведува прецепциите на визуелната слика директно во музичка форма. Ова го посочува како талент за „создавање слики во музика“. Ејзенштајн го изложува тоа што мисли дека е композиторската аудиовизуелна техника:

1 2

Вториот дел на овој аудиовизуелен процес води до трето дејство, што Ејзенштејн го објаснува како начин во кој аудиовизуелната формула е „постигната сензуално“. Ова е начинот на кој Прокофјев го преведува бројот во интонативен модел, што Ејзенштејн ја нарекува „мелодијата“ на говорот, едно од темелите на музиката. Затоа во третиот и последен дел од овој аудиовизуелен композициски процес, „формулата“ која е емотивната интерпретација на најдениот модел, е преведена од композиторот во музичка смисла. За него овој процес е својствен за Прокофјевата меморизација на новиот број како и способноста да преточува слики во музика (важен е индивидуалниот мисловен процес). Тој вели дека дека техниките можат да варираат од првенствен процес на асоцијација до нешто покомплексно. Како пример, Ејзенштејн споменува како серија од зборови кои треба да се запомнат, се поврзани со дејство и соджина за да создадат „конкретна слика“ во нечија меморија. Ова тврдење може да биде разбрано како процес кој е аналоген на Прокофјевата аудиовизуелна композициска техника. Серијата на зборови кореспондира на серијата

. Наоѓање на шаблон на она што првенствено делува како „хаос на репрезентација“; . Додавање на емотивна интерпретација на веќе најдениот шаблон.


MUZIKA / ZVUK

на слики во монтиран или немонтиран филм. Овие се потоа поврзани со некој најден шаблон, што Прокофјев го преточува во музичко дело, односно во вербалниот еквивалент

на Ејзенштејновата „конкретна слика“. Без оглед на ацосијативниот процес кој содржи слики, зборови или музика, композиторската техника која вклучува комбинација на

меморија, емоција и пренос од еден медиум во друг, е иста. Ејзенштејн дава конкретен пример од тоа како Прокофјев му демонстрирал гледиште на неговата

композициска техника. Композиторот му ги покажал аудиовизуелните врски кој ги имал во песна за морето, што била изведена за снимање и предвидена за во филмот Иван Грозни.


Прокофјев му ги посочил деловите во музиката што асоцирале на бранови, морска длабочина, чувство на бура. Тој исто така говори за неговото набљудување на Прокофјев додека

композиторот го работел првиот дел од аудиовизуелната техника (наоѓањето на шаблон за првичниот хаос). Од треперливото светло на екранот, забележува како прстите на композиторот

потчукнуваат на неговото столче додека гледал веќе измонтирана секвенца на слики. Заклучува дека Прокофјев, со неговата висока свест, не го троши времето залудно, туку веднаш ги мери структурите на должина на време и темпо на монтираните делови. Во еден момент композиторот извикува со задоволство дека „гледа дело со полифона конструкција на три движења кои не се поклопуваат во ритам, темпо и насока соодветно на она што се одвива во филмот. Овде Прокофјев ја доживува Ејзенштејновата визуелна полифонија инстантно како музика. „Следниот ден тој ќе ми испратеше музика која одговара со слична звучна полифонија“. Ова води до тоа дека композиторот ги доживувал темпото и визуелниот ритам на монтираната секвенца, синестетички. Ејзенштејн го открва ова кога го опишува како „инзвонредна синестетичка синхронизација на звуците со сликата“. Исто така тоа значело и дека Прокофјев веднаш ја слушал музиката во глава. Сергеј забележува дека не е паметно да се прекине Прокофјев во овој кративен процес, композиторскиот ум не соодвествувал на секојдневно ниво, туку на ниво каде синестезијата е присутна и умствена состојба каде емоцијата и мислата стануваат идентични.


Национален Театар Тарас Шевченко Киев, Украина

Театро Амазонас, Мануас, Бразил Сместен е во шума во Амазонија

TEATAR / Najubavite

teatarski gradbi niz svetot

Избор: Џабир Доко


Национален Театар Штутгарт Германија

Театро ла Скала Милано, Италија


Театро Солис Монтевидео, Уругвај

Палацио де Беллас Артес Мексико Сити, Мексико

TEATAR / Najubavite

teatarski gradbi niz svetot


Целестински Театар Лион, Франција

Марински Театар Ст. Петерсбург, Русија


www.esra.com.mk


REPLIKA