Issuu on Google+

ПРОБИШТИП ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

www.probistip.gov.mk | info@probistip.gov.mk | facebook.com/probistip

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР ЈУНИ 2014 / БРОЈ 34 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА “ЈАКИМ СТОЈКОВСКИ” страна 3

50ТА ГЕНЕРАЦИЈА МАТУРАНТИ СОУ “Н.Н. БОРЧЕ” страна 7

ДОСТОЈНА ЗАВРШНИЦА ЗА О.К. ПРОБИШТИП страна 19


2 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

содржина 3 РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА

5 СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА УЛИЦАТА “5ТА”

6 ПАРК НА МЛАДЕНЦИТЕ

7 50 ГЕНЕРАЦИЈА НА МАТУРАНТИ ТА

10, 11 МАСКЕНБАЛ 2014

14 ОДБЕЛЕЖАН 3ТИ АПРИЛ

17 ДОСТОЈНА ЗАВРШНИЦА ЗА ОК ПРОБИПТИП

19 ЗЕЛНИКОТ НА БАБА

Издавач: Општина Пробиштип За издавачот: Тони Тоневски Главен уредник: Радослав Илиевски Лектор: Бранка Арсовска Графички дизајн: Мише Милановски Печати: ЕВРОПА 92 Кочани

www.probistip.gov.mk info@probistip.gov.mk facebook.com/probistip

Воведник Почитувани сограѓани, После долго време, еве не повторно со низа на настани, активности и проекти кои го одбележаа изминатиов период. Годинава имавме претседателски и вонредни парламентарни избори. Од таа причина и го задоцнивме изданието на општинскиот информатор, 34 по ред. За тоа дали се движиме во права насока е добиената потврда од Ваша страна, убедливата победа на изборите не само што ја потврди довербата во она што го работиме, туку не обврзавте со уште поголемо темпо да работиме во функција на Вас, почитувани, а се со цел Пробиштип и сите населени места во општината да ги направиме поубаво и попристојно место за живеење, а во нив да живеат среќни луѓе. Како што реков на почетокот, Ве информираме за неколку убави проекти кои што Општина Пробиштип или ги реализираше или се во фаза на реализација. Ќе имате можност да прочитате за направените улици во село Добрево, за водоводот во село Бунеш, за изградената улица „5“, а и за отпочнување со реконструкција на улицата „Јаким Стојковски“.

Во овој период се одржаа манифестациите „Зелникот на баба“, „Пробиштипскиот маскенбал“ и „Велигденскиот хепенинг“. Општината започна со изработка на Стратегија за образование, која ќе биде насока во кој правец ќе се движи образованието во општината. По повод 22 март, а на иницијатива на Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, во Пробиштип изникна паркот на младенците, единствен во Република Македонија. Нашите спортисти, односно нашите одбојкари постигнаа голем успех, играа во финалето кое се одржа во Пробиштип со екипата на Струмица, а младите одбојкари од СОУ „Н.Н. Борче “ се вратија од Гимназијадата која се одржа во Охрид со освоено второ место. Ќе прочитате и за младиот билдер, Манасиевски. Се надевам дека ова е голем предизвик да го прочитате целиот информатор, каде секој ќе си најде по некоја интересна тема. Уживајте! Тони Тоневски


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 3

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ЗАПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ПРОБИШТИП

Главната улица, главната артерија во центарот на градот, улицата „Јаким Стојковски“ која што е моше руинирана конечно ќе се се реконструира. Општина Пробиштип за реализирање на овој проект обезбеди финансиски средства преку заем со потпишаниот договор помеѓу општината, македонската влада и Светската банка . Со зафататот ќе се обнови постоечкиот коловоз во должина од 1220 метри ќе се постави атмосферска канализација долж целата траса, ќе се изведат нови пешачки патеки, нова урбана опрема, хортикултурно уредување, енергетски ефикасни светилки и ќе се постави хоризонтална и вертикална сигнализација. Вкупната инвестиција за овој проект е 29 милиони денари. Во присуство на Зоран Ставревски, Министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Mакедонијa и

нашите сограѓани, заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев и државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, првиот човек на општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски пред присутните не ја криеше среќата од отпочнувањето на овој мошне значаен проект за Пробиштип. Со реконструираната улица, граѓаните ќе можат да се движат по убава, модерна, но пред се безбедна улица, а во склоп со тротоарите и уличното осветлување, хоризонталната и вертикалната сигнализација, центарот на градот ќе добие еден нов урбан лик. Да се надеваме дека за шест месеци ќе се собереме повторно на истото место за да присуствуваме на свечениот чин на пуштање на улицата. Аирлија! Р.И.

ДОБРЕВЧАНИ ДОБИЈА НОВИ УЛИЦИ Деновиве заврши изградбата на улици во село Добрево. Општина Пробиштип преку Агенцијата за подршка на земјоделието и руралниот развој во ова село изгради нови четири улици во должина од еден километар. Сега добревчани имаат можност да одат по прописно направени улици, а проблемите со калта и со лошиот и стрмен терен на кој се простира селото е минато. Потпретседателот на Владата и Министер за финансии, Зоран Ставревски, во рамки на посетата на Пробиштип го посети и село Добрево за да види како се направени улиците на чие отпочнување со изградба лично присуствуваше. Заедно со градоначалникот Тони Тоневски ги поминаа новоизградените улици некриејќи го задоволството од добро завршената работа. Месното нааселение задоволно од изградените улици со носталгија коментираше „Ех, кај ќе беше селото да ги имаше овие услови пред 20-30 години“. Со ова општината им овозможи на жителите на Добрево, подобри услови за живот, со што ја

потврди заложбата на првиот човек за рамномерен развој, на градот, но и на сите населени места во општина Пробиштип. Р.И.


4 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ВО СЕЛОТО БУНЕШ ОПШТИНАТА ЌЕ РЕАЛИЗИРА УШТЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН ПРОЕКТ

Во село Бунеш во вторникот, на 25 февруари свечено отпочна реализацијата на проектот „Систем за водоснабдување во село Бунеш“. Општина Пробиштип аплицираше со проект за водовод во село Бунеш до Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој, од каде што имаше разбирање за големиот проблем со кој се соочува ова село и го одобрија на општо задоволство и на општината, но највеќе на мештаните на ова село. Предвидено е со проектот да се изгради водовод во село Бунеш во должина од 2 километри. Пред голем број на насобрано месно население, но и гости за значењето на овој проект говореше градоначалникот Тони Тоневски, кој истакна дека после долги години ова

село за само неколку месеци доби два значајни проекти, асфалтиран пат до селото и водовод, со што ќе се решат двата горливи проблеми во селото. На свеченоста се обрати и заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, кој истакна дека оваа генерација на политичари не треба да ги следи претходните генерации кои што ништо не вложиле по селата, туку напротив прават и создаваат работи кои што допрва луѓето кои живеат во селата ќе ги почувствуваат како значајни придобивки. Изведувач на работите е реномираната фирма „Жикол“ од Струмица, а вредноста на проектот е 3.500.000 денари. Р.И.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЖАРНИКАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Со свечено постројување и показна вежба пред граѓаните на Пробиштип, ТППЕ го одбележа Денот на пожарникарите во Република Македонија. Пожарникарите на градскиот плоштад инпровизираа сообраќајна несреќа, при што од хаварисано возило ја вадеа жртвата, односно со сечење на кровот и вадење на вратите на возилото успешно ја извлекоа

жртвата на несреќата. Сето тоа беше проследено со бурен аплауз од страна на учениците кои што радознало го голтаа секој миг од вежбата. Овде на плоштадот дојдоа и дечињата од Детската градинка „Гоце Делчев“, кои со цвеќиња им го честитаа празникот на нашите пожарникари, посакувајќи им од срце што може да имаат помалку работа.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 5

СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНАТА УЛИЦА „5“ ВО МЕСТОТО ВИКАНО “ЛИСА ГАРА”

Во понеделник, на 17 февруари, гостинот, министер без ресор, Неждет Мустафа, претседателот на Совет на општина Пробиштип, Ранко Давитков и градоначалникот Тони Тоневски свечено ја пуштија во употреба улица „5“- та. Газењето на кал и сите други непријатности кои што со години ги чувствуваа месното население едноставно се минато. Сега сите граѓани кои што живеат во овој дел на градот и официјално се дел од градот, односно се движат по прописно направена улица. Општина Пробиштип аплицираше со проект за бетонирање на оваа улица до Министерството за транспорт и врски, од каде што имаа разбирање за големиот проблем со кој се соочуваат овие жители и преку „Декадата на ромите“ го одобрија на општо задоволство и на општината, но највеќе на мештаните од овој дел од Пробиштип. Со проектот е опфатена улицата петта, во должина од 180 метри и ширина од 3 метри. Вредноста на проектот е осумстотини илјади денари. Не криејќи го задоволството од реализирањето на како што рече „на улицата на само педесетина метри од

мојот дом “, градоначалникот Тоневски меѓу другото рече дека општината се залага со сите сили да создаде услови за достојно и урбано живеење на пробиштипјани. Министерот задолжен за „Декадата на ромите“ со задоволство беше дел од луѓето кои ја пресекоа лентата, а главна причина е тоа што тој беше најголем лобист за да се изреализира овој проект. Заедно со Градоначалникот претходно го посетија подрачното училиште во село Ратавица, каде разговараа со дечињата кои учат таму, но и со персоналот на училиштето, од каде си заминаа со ветување дека министерот ќе се потруди да обезбеди средства за реконструкција на училиштето, а Градоначалникот да постави детски реквизити во училишниот двор за разонода на учениците, но и на сите дечиња од ова живописно село. Ја посетија и населбата „Драч“, каде живеат роми и каде што се обврза министерот Мустафа да излобира средства за изградба на неопходната улица која ќе ги поврзува сите куѓи во населбата. Р.И.

ОДБЕЛЕЖАН 9-МАЈ - ДЕНОТ НА ЕВРОПА Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, секоја година општина Пробиштип го одбележува со низа на настани. Годинава во чест на празникот учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ го изведоа цветниот марш низ центарот на градот, каде со знамиња на Република Македонија и на Европската унија положија цвеќе на спомен бистата на Јаким Стојковски. Во спортската сала „Софија Петрова“, се одржа спортски настан на кој дечињата од Детската градинка преку спортување порачаа дека и ние сме дел од Европа. На овој ден од страна на Општина Пробиштип започна со реконструкција главната артерија на Пробиштип, улицата „Јаким Стојковски“, а во село Добрево беа пуштени во употреба новоизградените улици. Р.И.


Општински информатор − 6

ПОСАДЕНИ ПРВИТЕ РОЗИ ВО ПАРКОТ НА МЛАДЕНЦИТЕ ВО ПРОБИШТИП Во рамките на акцијата „Македонија земја на розите“, во паркот пред градскиот пазар во Пробиштип кој воедно е именувам и како „Парк на младенците“ во чест на празникот „Младенци“ беа засадени 40 садници рози. Во акцијата учествуваа брачни парови од општината Пробиштип кои минатата 2013 година и до 20 март 2014 година склучиле брак. За тоа како одекна оваа идеја кај новите брачни парови зборува тоа штоза младенците кои во моментот се надвор од Пробиштип, во нивно име розите ги засадија нивните родители. На манифестацијата присуствуваа државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и идеен творец на овој убав настан, Соња Лепиткова и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. - Акцијата „Македонија земја на розите“ е успешно реализирана во речиси сите градови и помали места во државата. „Како Министерство кое ја покрена акцијата мошне сме задоволни и очекувамне дека истата ке биде прифатена и понатаму од граѓаните на Македонија“, истакна Лепиткова.

Садниците, како што рече градоначалникот Тоневски, ги обезбеди опоштината и неколку локални фирми. – „Ова е убава можност секој од брачните парови-младенци од општината да си има своја садница од рози со што симболично ја одбележување нивната свршувачка“, додаде тој. Ова е првиот парк на младенци во Република Македонија. Секоја наредна година, сите младенци ќе дојдат на овој ден и ќе ја засадат својата роза, со што не само што ќе се разубави центарот на Пробиштип, туку и ќе ја овековечат нивната љубов. Лично тие ќе можат кога ќе посакат да си ја негуваат својата роза и да се сеќаваат на убавите почетоци од нивниот заеднички почеток. Манифестацијата ја збогати поззнатиот македонски сликар Живко Поповски - Цветин, кој на младенците, а и на останатите присутни на лице место им нацрта и и подари по една своја цветна слика. Акцијата Македонија - земја на розата успешно беше реализирана во Пробиштип, се садеше на сите јавни површини, а општинските училишта и Детската градинка во нивните дворови засадија околу 400 рози.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 7

ПЕДЕСЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ ЈА ПРОСЛАВИ МАТУРСКАТА ВЕЧЕР СО ДЕФИЛЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД, ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГИ ПРОМОВИРАШЕ МАТУРАНТИТЕ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА 2010 - 2014

Четврта година по ред, Општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Промоција на матурантите на градскиот плоштад“. Пред огромен број на посетители на градскиот плоштад, матурантите продефилираа низ централната бина. Ним им се обратија директорот на училиштето, Ванчо Арсов, класната раководителка Елвира Јакимовска и првиот човек во општината, градоначалникот Тони Тоневски. Чесатитајќи им ја матурската, не го криеја задоволството од присуството на убавината и младоста на градскиот плоштад. Пред сите присутни беше прогласен ученикот на генерацијата , Марио

Тачевски, а присутните со громогласен аплауз го потврдија изборот. Од страна на Градоначалникот и годинава на сите матурантки им беше дарувана по една црвена роза, а традиционалниот огномет секако е пропратен елемент на дефилето на матурантите кои се упатија кон местото каде ќе ја прослават најубавата, највозбудливата ноќ и ноќта која ќе ја паметат цел живот. Среќна матурска вечер драги матуранти и среќно и успешно полагање на матурскиот испит, нешто што ќе ви овозможи да се запишете на посакуваниот факултет и ќе ја изберете својата идна професија.

ПОСЕТАТА НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА НИКОЛА КАРЕВ Градоначалниците на општините Пробиштип, Кочани и Чешиново-Облешево го посетија спомен-обележјето на Никола Карев во месноста Свиланово, с. Рајчани, по повод 109-годишнината од неговата смрт. Градоначалниците на трите општини што гравитираат кон овој крај упатија пораки за мир и обединување – во духот на Крушевскиот манифест. Тие најавија зафати со кои ќе го подобрат спомен-обележјето посветено на Карев и содржини што ќе привлечат повеќе туристи и излетници.


8 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

НА ПОЛИГОНОТ ВО ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ СЕ ОДРЖА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР „ДЕТСКИ СЕМАФОР“ И „СООБРАЌАЈНО ТЕХНИЧКА КУЛТУРА“ 2014

Имајќи ги во предвид лошите состојби во безбедноста на сообраќајот и високиот степен на загрозеност на децата како учесници во сообраќајот, неминовна е потребата од одржување на сообраќајно - воспитни манифестации. Од таа причина ОСБСП - Пробиштип настојува да има што повеќе вакви манифестации со цел едукација на најмладите и нивна безбедност на улица. Во вторник на 15 април на полигонот на кошаркарското игралиште пред ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа сообраќајно воспитна манифестација - општински натпревар „Детски семафор“. Се натпреваруваа учениците од ООУ „Никола Карев“, ООУ „Браќа Миладиновци“ , од Пробиштип и ПУ „Кирил и Методиј“ од Злетово. Учениците се натпреваруваа во неколку категории, мала група женски, мала група машки и голема група. На натпреварот учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ беа убедливи победници, односно во категоријата мала група - женски победија

Моника и Теона Денчевски, двете од VI одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“. Кај малата група - машки, победници се Кемал Ибраимов, ученик во VI одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ и Никола Јованов, ученик исто така во VI одделение при ПУ „Кирил и Методиј“ од Злетово. Кај големата група, првото место го поделија Елеонора Богатинова, ученичка во VIII одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ и Давид Коцевски, осмооделенец од ООУ „Никола Карев“, Пробиштип. Од средното училиште во рамки на Сообраќајно техничка култура кај младите на регионалниот натпревар во Штип, кој се одржа на 25 април, достојно го претставија Пробиштип, Марио Јаначковски, Никола Тоневски и Јорданчо Добревски, се вратија со освоено прво место, a од Републичкиот натпревар Марио Јаначковски го освои првото место. Р.И.

НАГРАДА ЗА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ НА МЕЃУНАРОДНАТА АКАДЕМИЈА НА УЧИЛИШТА ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА Oпштинското основно училиште,, Никола Карев,, од Пробиштип како дел од мрежата на Академијата на централно европски училишта во Европа (АЦЕС) се врати со освиоена награда за успешно завршен проект,,Пријатели засекогаш,, со партнери од Бугарија и Унагарија од местата Краинитси и Колоска. Инаку во раките на оваа академија членуваат основни и средни училишта од 15 држави со седиште во Виена, Австрија. На самата манифестација свое учество зедоа преставници од Министерствата за образование од 15

држави членки мегу кои и од нашето минитсерство, заменик минитерот за образование на Словачка, како и амбасадори од земјите-членки меѓу кои и нашиот амабасадор г-дин Ангел Филипов. Тука не се застанува, веке наредната година во рамките на оваа академија ООУ „Никола Карев“ продолжува со нови проекти со училишта - пратнери од земјите членки на АЦЕС....Се надеваме дека од идната година во овој проект ке се вклучат и другите општински училишта од општина Пробиштип.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 9

“ЗЛЕТОВСКИТЕ РУДАРЧИЊА” ПОБЕДНИЦИ НА ЗЛЕТОВСКИОТ МАСКЕНБАЛ 2014

На 25 Март, во спортската сала во Злетово, се одржа петиот по ред „Злетовски маскенбал 2014“. Шаренило од маски го карактеризираа и овогодишниот маскенбал во Злетово. Маскенбалот се одржа во спортската сала, којашто се покажа како прикладно место, меѓудругото и за манифестации од ваков вид. Трибините беа малку за да ги примат сите посетители кои дојдоа да ја проследат оваа веќе традиционална манифестација. Маскенбалот започна со дефиле на маскираните мали јунаци од детската градинка и од основното училиште од Злетово, додека пак учениците од шесто до осмо одделение една по една си ги претставуваа своите маски кои беа во натпреварувачкиот дел. Уште

еднаш злетовчани се покажаа како мошне креативни. Сите маски кои што ги понудија во конкуренција за настап на пробиштипскиот маскенбал беа мошне интересни и убаво осмислени. Третото место им припадна на “VOCA People”, односно на учениците од осмо одделение, второто место го освои маската “Лудите жаби”, а првото место, воедно маска која измами и најголем аплауз, им припадна на учениците кои беа маскирани во маската „Злетовски рударчиња“. Специјални гости беа „Шах ен пасан“, минатогодишните победници на злетовскиот и пробиштипскиот маскенбал, кои и овојпат измамија огромни аплаузи. Трите победнички маски ќе бидат дел од Пробиштипскиот маскенбал 2014.


10 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

“ЗЛЕТОВСКИТЕ РУДАРЧИЊА” И “ПЕТАР ПАН И ЅВОНЧИЦА”

СЕ ПОБЕДНИЦИ НА ПРОБИШТИПСКИОТ МАСКЕНБАЛ 2014

На 31 март, а по повод 1 април, Денот на шегата, Општина Пробиштип го организираше Пробиштипскиот маскенбал, петти по ред, на кој учество земаа учениците од пробиштипските општински училишта, но и гости од Прилеп, Велес, Кочани, Штип, Чешиново - Облешево и од Пехчево. И годинава имаше повеќе стотини маскирани учесници кои продефилираа низ улиците на Пробиштип. Главното случување беше на повеќенаменското игралиште во центарот на градот каде пред двеилјадна публика сите маски се претставија со дваипол часовна програма. Маските се натпреваруваа во две категории, гостинска групна маска, домашна групна маска и најинвентивна маска. Кај гостите третото место и припадна на маската Минионс која ни дојде

од Прилеп, второто место го освои маската на веселите животни кои ни дојдоа од селото Соколарци, од општината Чешиново - Облешево и победник од гостинските маски на Пробиштипскиот маскенбал 2014 е маската Петар Пан и Ѕвончица, кои ни дојдоа од соседната општина, Штип. Годинава најинвентивна беше маската Домино подготвена од учениците од VIA одделение од ООУ „Никола Карев“. Во категоријата пак на најдобра домашна групна маска третото место и припадна на маската Пиратите од Карибите од ООУ „Браќа Миладиновци“ во изведба на учениците од VIВ одделение, второто место го освоија учениците од VIБ одделение од ООУ „Никола Карев“ со маската Клеопатра и египјаните и по трет пат првата награда оди во рацете на учениците од Злетово, овој пат тоа се учениците од VI1 одделение од ПУ „Кирил и Методиј“, Злетово кои се преставија со маската Злетовските рударчиња. И годинава општ впечаток е дека оваа манифестација од година во година расте, се надоградува и полека но сигурно станува препознатлив белег за Пробиштип во регионот и пошироко. Р.И.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 11


12 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ДЕТСКИОТ МАСКЕНБАЛ ВО ЧЕСТ НА 1ВИ АПРИЛ

Во рамки на Пробиштипскиот маскенбал, трета година по ред општина Пробиштип го организира и детскиот маскенбал кој се одржува токму на 1 април, на Денот на шегата. Годинава и детскиот маскенбал започна со програма слична на онаа која се случува на 31 март, односно со претставување на групни маски. Претходно улиците беа преплавени од маскирани дечиња кои весело пеејќи одеа кон местото на настанот - повеќенаменското игралиште во центарот на градот. Општинските училишта со максимална посветеност

приредија мошне убава програма пред околу седумстотини посетители. И како што кажа симпатичниот водител Пиратот од Карибите, ја разубавивме пролетната убавина со шаренило од бои, прекрасни костуми, убава музика и добра кореографија. А кој беше најдобар... секако најдобри беа сите овие мали убави цветчиња, принцези, ликови од бајките, од цртаните филмови. Така на најубав начин го одбележивме денот на шегата на задоволство и на учесниците, но и на големиот број на посетители. Р.И.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 13

ЛУДОТО СТАДО И ОВЦИТЕ СО НАГРАДА ОД ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ 2014

Неколку години по ред наградените од пробиштипскиот маскенбал ја претставуваат општина Пробиштип на еден од реномираните македонски карневали. Годинава тоа беа минатогодишните победници „Шах ен пасан“ и „Лудото стадо и волците“ кои настапија на Прилепскиот карневал, а додека најинвентивната маска „Марионети“, општината ја претставуваше на Струмичкиот карневал. Како резултат на сериозниот пристап кон манифестацијата „Пробиштипски маскенбал“ од година во година пробиштипјани имаат се поубави и поквалитетни маски, а кога се има сериозен пристап и посветеност, неизбежно е и добивањето на награди. Така и оваа година од Прилеп маската „Лудото стадо

и волците“ се врета со освоена трета награда во категоријата современа маска. Пробиштипскиот маскенбал полека но сигурно израснува во еден сериозен бренд во овој регион по што сме општо препознатливи, а маските кои што настапуваат на карневалите и кои ја претставуваат нашата општина се забележани и наградени. Ова претставува мотив повеќе уште посериозно да пристапиме кон изработка на убави и пред се оригинални маски кои што ќе бидат не само дел на нашиот маскенбал, туку и надвор од општината ќе бидат еден репрезентативен дел кој достоинствено ни ја претставува општината. Р.И.

ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СОЛИДАРНОСТА Неделата на солидарноста општина Пробиштип во соработка со Општинската организација „Црвен крст“ ја одбележаа преку хуманитарната акција под мотото„Подаруваме, даруваме од срце“. Хуманитарната акција беше наменета за социјални ранливи категории на лица од руралните срединини, во конкретниот случај, жители на с.Драч. Благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во оваа хуманитарната акција и помогнаа на семејставата од ова населено место донирајќи им облека, детски играчки и се друго што може да се помогне на семејство кое живее во тешки услови. И ова нека биде пример за останатите кога се во можност да бидат хумани да донираат и да се вклучат во идните хуманитарни акции наменети за социјалните семејства.


14 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ОДБЕЛЕЖАН НАЈГОЛЕМИОТ ВЕРСКИ ПРАЗНИК

Празникот на празниците, Христовото воскресение Велигден, годинава е одбележан на поинаков начин. Заради лошите временски услови Велигденскиот хепенинг кој неколку години се организира во центарот на градот, а на истиот присуствува огромен број на посетители, годинава беше дисперзиран по општинските училишта и во Детската градинка. Училиштата и градинката изработените велигденски јајца ги изложија во своите холови. Во богата

програма и продажна изложба можеа да уживаат сите посетители. Сите шарени велигденски јајца беа продадени, а уберените средства беа употребени за потреби на училиштата и градинката. Од наредната година повторно велигденскиот хепенинг го враќаме на отворено во центарот на градот, секако со надеж дека ќе имаме убаво и пријатно време. Р.И.

ОДБЕЛЕЖАН 3ТИ АПРИЛ - НАПАДОТ НА РУДНИЦИТЕ ЗЛЕТОВО Општинската организациона единица на Организацијата на резервните офицери на Република Македонија од Пробиштип на ден 03.04.2014 година го одбележа денот на општинската организација и денот кога е извршен нападот на рудниците за олово и цинк „Злетово’ од Пробиштип во 1944 година од страна на Третата македонска народноослободителна бригада и Косовскиот одред. Организатор на одбележувањето беше ООЕ ОРОРМ од Пробиштип, а како главен покровител беше градоначалникот на Општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски. На прославата беа присутни резервните офицери и подофицери од Пробиштип, Злетово и соседните општини, претставници на Сојузот на борците на Република Македонија од Пробиштип, Претставници на Одделението за одбрана за регион Штип, истакнати политички и деловни лица, членови на Советот и на општина Пробиштип, претставници од сите политички партии од општината и претставници од општинските јавни гласила. Традиционално одбележувањето започна со изведување на марш од гратскиот плоштад во Пробиштип до месноста Солиште и назад во вкупна должина од 15 км. На маршот учествуваа 59 лица од Пробиштип и 21 лице од соседната општина Кратово. Централната прослава се одржа во спомен-паркот „Братство и единство“ во Пробиштип со полагање на свежо цвеќе, поздравни говори и културно уметничка програма што ја приредија нашите најмлади, Музичката група на народни инструменти од

нижото музичко училиште при ООУ „Браќа Миладиновци“ и нашата сограѓанка Ливанта Нанева. Пред сите присутни се обрати Претседателот на ОРОРМ проф. д-р Ѓорѓи Малковски кој меѓу другото истакна дека Организацијата на Резервните офицери на Република Македонија и понатаму ќе продолжи да ги одбележува значајните датуми од нашата историја, а Претседателот на ООЕ ОРОРМ од Пробиштип г-дин Злате Анчов во своето обраќање истакна дека во темелите на нашата држава се вградени голем број на знајни и незнајни македонски синови, во што свој прилог има дадено и општината Пробиштип, со четириесет и деветте паднати борци чии млади животи згаснаа на борбените позиции на патот кон слободата, а со сите развојни карактеристики на Македонската држава се роди, растеше и се развиваше и опоштината Пробиштип, општина на докажани рудари и вредни земјоделски производители, а Злетовските рудари со илјадниците тони ископана оловно-цинковна руда го дадоа својот голем придонес во изградбата на просперитетот на нашата заедница. Значењето на ова одбележување го зголеми и присуството на заменик министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Емил Димитриев кој меѓу другото ги запозна резервните офицери од Пробиштип со претстојните организациски и вежбовни активности на резервните сили на РМ.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 15

КУД “ВЕСЕЛИ ПЕНЗИОНЕРИ” НА ГОСТУВАЊЕ ВО СРБИЈА

На покана од Здружението на македонците од “Даме Груев” во Србија членовите на “КУД” Весели пензионери” беа на тридневно гостување во малото рударско градче Рудник каде работат над 30 рудари од добревските рудници. Повод за гостување, според зборовите на претседателот на Здружението Славе Груевски е желбата да се зачува македонштината, македонските песни, ора и обичаи кај македонците кои живеат во регионот на Поморавјето. На двочасовниот концерт, кој се одржа на градскиот плоштад покрај “Веселите пензионери” од Пробиштип настапија и КУД “Типопластика” од Горњи Милановац и пеачката група од Рудник. Колажот од македонски и српки песни и ора предизвикаа голем интерес кај присутните, особено кај македонците кои дојдоа дури од Чачак, Горњи Милановац, Крушевац и Војводина. Многу емоции, многу топлина, многи убави зборови упатени за настапот на друштвото на пензионери од Пробиштип. На заедничката вечера, продолжи и дружењето меѓу друштвата и мештаните преку песни и ора кои дојдоа спонтано, но со голеии емоции. На овој прием претседателот на ЗП Пробиштип Груица Манасиевски се заблагодари за поканата и нашето гостување, а се обрати и претседателот на Македонската заедница Славе Груевски, кој не го криеше задоволството од незаборавниот настап

на пензионерите од Пробиштип, изразувајки желба за уште вакви гостувања. Во званичната делегација од ЗП Пробиштип беа и секретарот Ангел Коцев и Илија Петров, а од домакините со своето присуство не удостоија директорот на Центарот за култура во Горњи Милановац Драган Арсиќ, кој потсети дека во 2012 година меѓу нивната општина и Пробиштип е потпишана, Повелба за културна соработка .Стоица Јованов, рудар од Пробиштип, кој повеќе години работи во рудникот во Рудник искажувајки го своето задоволство за извонредниот настап на КУД “Весели пензионери”, потсети и на соживотот на нашите рудари и мештаните во Рудник. Еден ден од престојот беше искористенен за средба со директорот но рудникот Аца Илиќ, кој не ги штедеше зборовите за да ги пофали нашите рудари као вредни и искусни рудари, кои се многу одговорни и организирани. Престојот беше искористен домакините да не запознаат со убавините на овој крај. Ги посетивме манастирот Враќеница, Атомската бања каде спонтано се запеа, се заигра, а во оро се фатија и пациентите кои претстојуваат во бањата. На враќање беше посетена и Врањачка Бања. Се во се, беше тоа едно патување за паметење и стекнати пријателства кои долго ќе траат.


16 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ОРКЕСТАРОТ ЗА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ ПО ВТОР ПАТ ГОСТУВА ВО КРУШЕВО

Празникот на празниците, Христовото воскресение Велигден, годинава е одбележан на поинаков начин. Заради лошите временски услови Велигденскиот хепенинг кој неколку години се организира во центарот на градот, а на истиот присуствува огромен број на посетители, годинава беше дисперзиран по општинските училишта и во Детската градинка. Училиштата и градинката изработените велигденски јајца ги изложија во своите холови. Во богата

програма и продажна изложба можеа да уживаат сите посетители. Сите шарени велигденски јајца беа продадени, а уберените средства беа употребени за потреби на училиштата и градинката. Од наредната година повторно велигденскиот хепенинг го враќаме на отворено во центарот на градот, секако со надеж дека ќе имаме убаво и пријатно време. Р.И.

ОД СРЦЕ ДАР ЗА МАМА ДЕЧИЊАТА ЗАЕДНО СО ТАТКОВЦИТЕ ИЗРАБОТУВАА ПОДАРОЦИ ЗА 8 МАРТ Во чест на 8 март, меѓународниот ден на жената, во трите објекти на Детската градинка „Гоце Делчев“ се реализираше еко работилницата „Подарок за мама“, каде дечињата во присуство на голем број на татковци и дедовци изработуваа подароци со кои ќе и го честитаат Денот на жената на нивните мајки. Подароците се изработуваа од отпадна хартија која може да се реупотреби. На овој начин Детската градинка во рамки на овој празник го интегрираше еколошкото

образование, со што дечињата освен на креативност од мали нозе и еколошки се образуваат. Присутните родители заедно со дечињата не го криеја задоволството од можноста на ваков начин да и го честитаат празникот на мајката сопругата. Но секако најсреќни и најзадоволни се тие на кои овие подароци и им се наменети. Среќен празник драга мајко, сопруго и да си среќна, весела и задоволна во животот.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 17

ДОСТОЈНА ЗАВРШНИЦА ЗА ОК “ПРОБИШТИП”

Финале Куп на Македонија: ОК Пробиштип – ОК Струмицa 0:3 (18:25,23:25,20:25) Спортска сала: “Софија Петровска”, гледачи: 700 Пробиштипските одбојкари достојно се простија од одбојкарската сцена оваа сезона. Во финалниот натпревар каде што гостите од Струмица беа апсолутни фаворити како за освојување на лигата така и во купот ја однесоа победата со резултат од 0:3, сепак одлично расположение и големо славје владееше во Пробиштипската екипа која ова го смета за одличен успех како за клубската историја во својата

прва сезона така и општо во спортската историја на градот Пробиштип. Чиста “5-ка” за организацијата на финалните натпревари и за одличната Пробиштипска публика која ја имаше во огромен број и која покажа дека Пробиштип како град знае спортски да живее како и многу пати така и овој пат докажа дека е храм на спортот. Во женското финале пак составот на Форца Волеј беше подобар од екипата на Јанта Волеј и го однесе трофејот со максимален резултат од 3:0.

МАШКАТА ОДБОЈКАРСКА ЕКИПА ОД СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО НА РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР „ГИМНАЗИЈАДА 2014“ Републичкиот натпревар „Гимназијада 2014“, кој се одржа во Охрид од 9 -11 мај, ги собра сите најуспешни спортски екипи од Република Македонија, кои до таму дојдоа преку претходна селекција, односно, одржани регионални натпревари. Од Пробиштип на Гимназијадата заминаа две спортски екипи, кошарка - жени и одбојка - мажи. Во голема конкуренција и многу силни спортски екипи младите одбојкари го зазедоа второт место, односно сребрениот медал играјќи во финалето со екипата на Струмица, од која зажал загубија. Иако пробиштипските одбојкари во очи на Гимназијадата ги следеа неколку несреќни случаи, односно им се повредија

клучни играчи, сепак смогнаа сили и дојдоа до овој голем успех, а на Струмичани им порачаа - во некое друго време и на друго место ќе се реваншираме. Нашите спортски херои во својот кабинет ги прими и првиот човек на општината, давајќи им благодарница за достојно претставување на општина Пробиштип на државен натпревар, а на истите им следува парична награда која ќе ја добијат на свечената седница по повод 28 август. Искрени честитки за постигнатиот успех, со што се потврди дека Пробиштип е расадник на млади спортски таленти, особено во одбојката. Р.И.


18 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ОПШТИНСКИОТ КРОС НАТПРЕВАР РЕЗУЛТИРАШЕ СО ОСВОЕНИ ПЕТ НАГРАДИ НА РЕПУБЛИЧКИОТ КРОС НАТПРЕВАР ВО СКОПЈЕ

Општинските училишта конечно начекаа убав сончев ден за да го одржат општинскиот крос натпревар, на кој настапија околу илјада ученици. Од трите општински училишта учениците од трето одделение, па се до четврта година во средното училиште, секако вљубеници на овој спорт се натпреваруваа во повеќе категории. Се трчаше на 400 метри, но и на 500, 600, 800, 1000, 1200 и 1500 метри. Паралелно се натпреваруваа и учениците од Злетово, кои на фудбалското игралиште исто така се натпреваруваа во категоријаа машки и девојчиња, почнувајќи од 400, па се до 1000 метри. На убавото време, звукот на детската радост се слушаше како одек од тропотот на детското трчање, а учениците полни со верба за успех на овој крос натпревар, од срце трчаа и се натпреваруваа за да бидат дел од првите места кои ги водат на републичкиот крос натпревар во Скопје. А таму во конкуренција со претставници од скоро сите градови од Македонија нашите Сара Тасевска, ученичка во прва година

во СОУ „Н.Н. Борче“ во категоријата до 800 метри го освои третото место, Со освоено трето место се врати и Јулијана Пешевска ученичка во трета година во категоријата до 1000 метри, а Дарко Трајановски, ученик во втора година во истото училиште на 1200 метри го освои второто место. Од ООУ „Никола Карев“ уште двајца натпреварувачи се закитија со медаљи. Ненад Нешовски, ученик од осмо одделение го освои второто место, а Јован Пешевски, ученик во второ одделение се врати со освоено трето место. Честитки за овие извонредни таленти, а честитки и до сите учесници зошто впрочем победија, младоста, убавината, желбата, енергијата и љубовта кон спортот, кон трчањето, кон натпреварувањето, кон забавата. Барем за момент на еден позитивен и мошне корисен начин ја потрошивме младешката енергија. Догодина општинскиот кросот ќе биде во поорганизирана форма, така што ќе направиме класичен спортски празник во месец мај. Р.И.

��О ПРОБИШТИП СЕ ОДРЖА ВЕЛОСИПЕДСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ Со цел промоција на велосипедизмот и подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот , на 23 мај ОСБСП во соработка со Општина Пробиштип и општинските училишта ја реализираше велосипедската манифестација „Сите на велосипед“. Ова е завршница на низата на активности кои што ОСБСП ги имаше во текот на месец мај, одбележувајќи го месецот на велосипедистите. Околу двеста ученика од сите општински училишта возеа велосипеди низ улиците на Пробиштип, кон Злетово и назад, поминувајќи 15 километри. На овој начин упативме една голема порака - Користете го велосипедот, затоа што не само што е здраво, туку и е еколошки корисно. Инаку во текот на месецот во општинските училишта се делеа едукативни флаери за тоа како да се однесуваат кога возат велосипеди. На класните часови беа одржани едукативни часови за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, на јавни места беа истакнати плакати за одбележување на мај, месец на велосипедисти. Од страна на полицијата во текот на цел месец мај се врши сообраќајна поука на велосипедистите и на корисниците на мопедите, а до Советот на општина Пробиштип ќе се покрене иницијатива откако ќе биде реконструирана улицата „Јаким Стојковски“ на сите раскрсници при хоризонталното обележување да се обележи и велосипедски премин. Исто така ОСБСП, пробиштип, ќе

покрене иницијатива за изградба на велосипедска патека долж патот кој што го поврзува Пробиштип со Злетово, преку т.н. место Леговец. Р.И.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 19

ЗЕЛНИКОТ НА БАБА ПРЕРАСНА ВО МАНИФЕСТАЦИЈА ОД РЕПУБЛИЧКИ КАРАКТЕР

Трета година по ред, а веќе препознатлива манифестација за Пробиштип. И годинава „Зелникот на баба“ помина со голем број на учесници и многу посетители. Највеќе што радува е што на градскиот плоштад во Пробиштип немаше само посетители од Пробиштип, туку имаше посетители кои организирано дојдоа од повеќе места од Македонија за да ја видат манифестацијата. А кога се прават вакви убави манифестации дури и господ помага, времето беше прекрасно, идеално за вакво случување. Од минатата година започна, а годинава продолжи со гости од речиси сите краеви на Македонија. Имаше учесници од 15 града, а ним им се придружија и дваесетмината ракотворци кои исто дојдоа од толку места од државата. Заедно со невладините организации од Пробиштип, „Весели пензионери“, ОЖ на Пробиштип, „Slow food“ - Осогово, „Етно жените“ и „Злетовчанки“ кои

од самиот почеток се составен дел од манифестацијата, на градскиот плоштад имаше преку 200 учесници, а нив ги следеа повеќе од илјада посетители. На овој начин „Зелникот на баба“ полека, но сигурно си го завзема своето место во низата препознатливи манифестации во Македонија. И годинава на градскиот плоштад се сукаа зелници и се печеа под вршник, а останатите зелници се продаваа на парче. Уберените средства ќе се дадат во хуманитарни цели. Целата манифестација беше проследена со богата културно уметничка програма. На овој начин на денот на пролетта Пробиштип пулсира во знакот на „Зелникот на баба“, а веќе со секоја наредна година прераснува во традиционална манифестација која е општо прифатена и за која се бара место повеќе и за учество и за посета на истата. Р.И.



Opstinksi informator 34