Page 1

ПРОБИШТИП

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР НОЕМВРИ 2013 / БРОЈ 32 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ГРАДСКИ ПАЗАР

МОДА, УМЕТНОСТ, МУЗИКА

ПРОФЕСТ 2013

Свечено пуштен во употреба еден од најсовремените градски пазари во Македонија СТРАНА 4

Несекојдневен настан во Пробиштип.

Златниот воденичен камен на 35 фестивал „ПРОФЕСТ 2013“ му припадна на Спасе Петров од Струмица СТРАНА 19

Модна ревија и настап на Пламенка Tрајковска String quartet

СТРАНА 17


Општински информатор − 2

содржина 3, 4 ГРАДСКИ ПАЗАР

6 РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. ЈАКИМ СТОЈКОВСКИ

8 МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

9 ИЛИНДЕН 2013

10, 11 28 АВГУСТ

12 КОНЦЕРТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

17 МОДА, УМЕТНОСТ, МУЗИКА

19 ПРОФЕСТ 2013

Издавач: Општина Пробиштип За издавачот: Тони Тоневски Главен уредник: Радослав Илиевски Лектор: Бранка Арсовска Печати: ЕВРОПА 92 Кочани Графички дизајн: Мише Милановски

Воведник

Почитувани сограѓани, Еве го и новиот општински информатор, 32 по ред во кој вообичаено Ве информираме за активностите кои што ги има општина Пробиштип во изминатиот период. На Пробиштип му се случи една мошне убава работа. По долги години на очекување и искажана потреба, конечно дојдовме до нов, современ и пред се соодветен градски пазар. Советниците во Советот на општина Пробиштип донесоа повеќе одлуки, значајни за граѓаните на општината. Во подрачното училиште во Злетово, преку проект на УСАИД и општината ги променивме старите и мошне руинирани подови. Патниот правец Пробиштип - с. Ратавици, преку месноста Леговец, најфрекфентниот општински пат го довршивме, односно го доасфалтирафме и проширивме преостанатиот дел од овој пат кој по последната реконструкција остана недовршен во должина од 930 метри. Сега овој патен правец е и удобен, но и безбеден за патување. Неодамна имавме еко акција на која учениците го чстеа сметот низ Пробиштип и Злетово. По повод 5 октомври, светскиот ден на учителот беа прогласени најистакнатите учители од општинските училишта и детската градинка. Низа на убави манифестации и одбележувања на празници се карактеристични за овој период, а имаше и многу спортски турнири. Но да не ви откриваме се уште на самиот почеток. Се надевам дека со ова Ве примамивме да ги прочитате сите содржини во овој информатор и се надеваме дека ќе се согласите со нас дека во овој период ни се случија низа на убави работи, но впрочем ние сме и за тоа, да ви приредуваме убави работи, да ги решаваме урбанистичките проблеми, да Ви служиме вам, почитувани, а се со една цел да ги подобриме условите за живот во нашата убава општина Со почит Тони Тоневски

www.probistip.gov.mk info@probistip.gov.mk facebook.com/probistip


Општински информатор − 3

ОД РАБОТАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Во изминатиот период се донесоа низа на одлуки кои се од значај за граѓаните од нашата општина од кои побитни се следните: На 7 мата седница на Советот на општина Пробиштип се донесе Одлука за доизградба на патот Рајчани – Пантелеј во рамките на Програмата за развој на планските региони , во која партнери се општина Кочани и општина Пробиштип како значајни фактори за развој на регионот, и нивното финансиско учество во овој проект ке изнесува 15% а останатитре 85% ке се обезбедат преку Бирото за развој на планските региони. Овој патен правец како прв приоритет на Центарот за развој на источниот плански регион ке се реализира во 2014 година. Општина Пробиштип , како прва општина во државата донесе Одлука за подршка на проектот „Регионална програма за социјална заштита и превенција од трговија со луѓе “ во соработка со Германското друштво за интернационална соработка, (ГИЗ) , а заради реализација на овој проект општината од 01.10.2013 година ке отвори канцеларија во општинската зграда во која граѓаните најдиректно можат да ги изнесат своите социјални проблени и други проблеми опфатени со проектот , со цел таквата појава да се превенира и елиминира.

Овој проект ке се реализира во наредните 2 години. На 8-мата седница општина Пробиштип прифати Иницијатива за добивање регистарски таблички за сите моторни возила со ознака на општината , односно за возилата на нејзината територија да имат посебна ознака соодветно на иметот на градот. Оваа иницијатива беше подржана од сите советници и заклучокот за нејзино прифаќање ке биде доставен до Министерството за внатрешни работи бидејки согласно законот за возила тоа е надлежно за определување на ново регистрационо подрачје. Советот на општина Пробиштип на 9 - та седница ја надополни програмата за спроведување на активностите на спортските друштва и одржување на спортската инфраструктура во општина Пробиштип за 2013 година, со изградба на објект Snow board - park во СРЦ „Пониква“ и го утврди како објект кој е од јавен интерес за развој на спортот во општина Пробиштип и донесе Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие со општина Кочани за управување со Ски центар „Пониква“, со што се создадоа услови веќе од оваа зимска сезона СРЦ „Пониква“ да биде надополнет со нови атрактивни содржини. Н.Н.


Општински информатор − 4

Градски пазар

СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЕДЕН ОД НАЈСОВРЕМЕНИТЕ ГРАДСКИ ПАЗАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, заедно со Претседсателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, Вицепремиерот Зоран Ставревски и заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев по повод 28 август, со свечено сечење на лента го пуштија во употреба новоиградениот затворен пазар, еден од најсовремените во Република Македонија. Пред сечењето на лентата градскиот пазар беше осветен од Поглаварот на македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски господин, господин Стефан, кој во придружба на Митрополитот бегалнички, господин Иларион и повеќе свештенослужители го изврши чинот на осветување на објектот. Долги години овој објект беше толку многу посакуван од страна на пробиштипјани, но конечно се реализира и оваа потреба на нашите сограѓани стана реалност. Особено радува

фактот што објектот и партерното уредување се на простор кој беше мошне запуштен, а од причина што е веднаш до регионалниот пат кој води кон Штип, Кратово, Крива Паланка, кај минувачите оддаваше впечаток на „пустелија“, а со тоа добиваа впечаток дека Пробиштип е пуст град. Со решавањето на овој простор освен изградбата на пазарот и паркинг просторот, се оплемени самиот простор, истиот доби една целина и воедно градот доби репрезентативен влез во центарот на градот. Изградбата на пазарот е инвестиција вредна 71 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип, истиот ќе се простира на површина од околу 8000 метри квадратни од кои бруто покриена површина изнесува 2300 квадрати, нето површината изнесува 2100 квадрати. Од оваа површина 1600 квадрати се наменети за земјоделски производи, 260 квадрати за продажба на


Општински информатор − 5

текстил, 124 квадрати за продавници за сирење, јајца и млечни производи согласно ХАСАП системот, простор за млечен ресторан, јавни тоалети, 3 430 квадрати простор за партерно уредување во кое е вклучена целата површина која е поплочена со бехатон коцки и хортикултурно уредена површина и на која е поставена урбана опрема за одмор на граѓаните. Направени се паркиралишта на просторот од 3600 квадрати. Изведувачи на градежниот дел на пазарот е фирмата „Промонтинг“ од Скопје,

Паркинг просторот и улиците ги асфалтира фирмата „Коле транс“ од Штип, „Изгрев“ од Велес е фирмата која ја поплочи сервисната улица и пристапните патеки од улиците „Х.Т. Карпош“ и „Јаким Стојковски“ на површина од 550 квадрати, а осветлувањето го изведе фирмата „КОД инженеринг“ од Скопје. Од сега па натаму пробиштипјани ќе можат да пазаруваат во услови кои ги заслужуваат граѓаните на 21 - от век. Р.И.


Општински информатор − 6

Се потпиша Договор за реконструкција на ул. „Јаким Стојковски“ во Пробиштип Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски во присуство на Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставревски, со претставник од Светска банка, Малгожата Маркиевиц Богов, денеска потпишаа заем за реконструкција на ул. „Јаким Стојковски“ во градот Пробиштип. Заемот изнесува 500.000 евра со кои општината ќе ја реконструира улицата „Јаким Стојковски“ во должина од 1.220 метри. Со реконструкцијата ќе биде опфатено поставување на нов асфалтен слој, нови тротоари и ново улично осветлување. „Ова ќе значи многу за реализирање на сообраќајот и движењето на пешаците на оваа главна сообраќајница во Пробиштип“, истакна градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја истакна заложбата на Владата на Република Македонија за изградба на повеќе инфраструктурни објекти во Пробиштип, но и во Источна Македонија. Тој при тоа ги посочи подготовките за изградбата на автопатот Скопје – Штип, со што општините од Источна Македонија ќе добијат современа сообраќајница. Вицепремиерот Ставревски во рамки на посетата на Пробиштип имаше средба со бизнис секторот од општината.

ПРОБИШТИП ДОБИ УШТЕ ЕДЕН СПОРТСКИ ТЕРЕН На 19 октомври во присуство на голем број, посетители - љубители на спортот, градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски вицепремиерот и министер за финансии г-дин Зоран Ставревски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Александар Пујовски и пратеникот г-дин Владимир Ѓорчев свечено го предадоа во употреба новоизграденото повеќенаменско маалско игралиште од проектот „100 повеќенаменски маалски игралишта“. Изградбата на игралиштето е во вредност од 7 милиони денари. Игралиштето содржи терен за мал фудбал, ракомет и кошарка. Инвеститор е Агенцијата за млади и спорт, изведувач на работите е фирмата „ПСТ Холдинг“Бугарија, претставништво Скопје. Присутните не го криеа задоволството од новоизградениот објект, не само од причина што граѓаните на Пробиштип добија уште едно место за спортување, туку и од тоа како еден запуштен простор сега си доби своја намена, а ликот на центарот на градот се менува на подобро.


Општински информатор − 7

РЕКОНСТРУИРАНИ И ПОСЛЕДНИТЕ 930 m2 ОД НАЈФРЕКФЕНТНИОТ ПАТ ВО ОПШТИНАТА На најфрекфентниот пат во општина Пробиштип, кој ги поврзува Пробиштип со с. Ратавица, се реконструираа и последните 930 м2, оние кои останаа нереконструирани при последната реконструкција на овој патен правец. Сега овој пат доби своја целина, со што не само што се подобри удобноста при превоз на патници, туку во значителна мерка се подобри и нивната безбедност. Средствата за рконструираниот дел од патот општина Пробиштип ги обезбеди преку Европската инвестициона банка, а изведувач на работите е градежната фирма „Бетон“ од Скопје. Р.И.

П

РОМЕНА НА ПОД ВО УЧИЛИШТЕТО ВО ЗЛЕТОВО ПУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ЗЛЕТОВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ЈА ЗАПОЧНА СО НОВИ ПОДОВИ

„Поставување на ПВЦ подови во подрачното училиште во Злетово“, е наслов на проектот кој се реализираше во Злетово, а кој е во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Со средства на УСАИД во износ од 1.200.000,00 денари се промени подот во училниците и административните простории на училиштето, а со средства од Општина Пробиштип во износ од 300.000,00 денари се променија подовите во трите хола на училиштето и просторијата на техничкиот персонал. Поставен е нов под со вкупна површина од 1350 метри квадратни. Со овој проект, ова училиште добива една целина, од причина што после долги години, во ова училиште имаше низа на реконструкции. Преку УСАИД и Општина Пробиштип во училиштето беше променет кровот, а со средства од Владата на Република Македонија училиштето доби нови енергетски ефикасни прозорци и нова фасада. Старите и мошне руинирани подови сега се заменети со нови ПВЦ подови кои освен убавиот изглед, ќе придонесат кон подобрување на хигиената во училиштето, ќе бидат и побезбедни за движење на учениците. Од Општина Пробиштип велат дека нивна намера е целосно преку проекти и сопствени средства да ги изреновираат сите училишта и да им овозможат подобри услови на учениците и на наставниот кадар. Во само неколку изминати години се случија низа на реконструкции, градби или промена на парни котли, промена на кров и сл. Во сите училишта во општината. Р.И.


Општински информатор − 8

Пробиштип се вклучи во Еко - акцијата

„Македонија без отпад 2013“

По повод реализирање на проектот „Македонија без отпад 2013“ на 4 октомври, во општинските училишта од страна на учениците и наставниците се реализираа одредени активности во училиштата, училишните дворови и определени улици-локациии низ градот. Задача на учениците беше собирање на стара хартија и еколошко уредување на дворот и улиците во градот.Учениците при доаѓање на училиште носеа стара хартија и пластика и ја депонираа на определени локации во училиштата. Кон акцијата се приклучија, граѓани, граѓански здруженија, општина Пробиштип и дел од владините подрачни министерства и дирекции. Целата аккција беше успешно реализирана во координација со Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“, кое беше задолжено за депонирање на собраниот смет.

ОДРЖАН ВТОРИОТ ФОРУМ НА ГРАЃАНИ за Проектот за управување со речен слив на Брегалница

На 27 септември 2013 година во хотел „Црешово Топче„ се одржа вториот, последен Форум на граѓани во рамките на проектот за управување со речен слив на Брегалница. Проектот е финансиран од Швајцарскиот Државен Секретаријат за економски работи (SECO), а финансискиот грант е максимум CHF 50’000 за еден проект со најмалку 16,7% локално учество во пари. На овој втор Форум работната група за изработка на Предлог проектните концепти ги презентираа пред граѓаните проектите со Piower Point презентации, а потоа се пристапи кон гласање, доделување на бодови по работни маси за секој проект посебно. Проектот за кој граѓаните сметаа дека е најприоритетен за реализација доби најголем број на бодови, а тоа е проектот „Изградба на колектор во Злетово – крак 6„, втор по бодови е проектот „Санација на колекторски систем во Злетово – десен крак„, потоа следува проектот „Доизградба на канализациона мрежа во туристичко – рекреативниот центар Лесново„ и најмалку бодови доби проектот „Реконструкција на затворен базен во ООУ Никола Карев„. За проектот „Изградба на колектор во Злетово – крак 6„ ќе биде изработена апликација која ќе се поднесе до Швајцарскиот Државен Секретаријат за економски работи (SECO) за доделување на грантот. Останатите три проекти кои не се изгласаа ќе се достават до Градоначалникот како препораки од страна на граѓаните за она што тие сметаат дека е најнеопходно да се изгради во областа на мали водни инфраструктурни проекти. Н.С.


Општински информатор − 9

Со низа на свечености се одбележа

„Илинден“ 2013

Традиционално Општина Пробиштип верскиот празник„Илинден“ го одбележува во Злетово. На тој ден сите патишта водат кон Злетово, а таму во раните утрински часови со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата на паднатите борци во центарот на Злетово, со обраќање на градоначалникот Тоневски и читање на реферат за значајот на празникотзапочна овогодишното одбележување на празникот. Во чест на празникот беше свечено пуштен во употреба новоизградениот пат Драч - с. Бунеш. Во вечерните часови се одигра финалниот натпревар во мал фудбал „Васе Миленов“, кој традиционално се одржува со години на назад, а во чест на рано починатиот фудбалер од Злетово, Васе Миленов. Ден пред тоа се одржа турнирот во Streetball, за вечерта да финишира со концерт на КУД „Злетово“ и концерт на македонските фолк ѕвезди Татјана и Новица. Р.И.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА 2013/2014 ГОДИНА Училишното ѕвоно, точно во 7 часот и 30 минути се огласи да ги повика 1575 - те ученика за првиот училишен час. Летниот распуст заврши и со полни батерии и учениците и наставниците го дочекуваат стартот на новата учебна година. Годинава во двете општински основни училишта вкупно се запишани 1138 ученика или во однос на 1151 ученика запишани минатата година се за 13 ученика помалку, од нив 126 се првачиња, кои во однос на првачињата од минатата година се за 4 повеќе, односно има позитивен раст на првачињата. Во средното училиште наставата ја започнаа вкупно 435 ученика, кои во однос на 468 - те ученика од минатата година помалку се за 33 ученика, а во прва година во три гимназиски, една спортска и една рударско - геолошка паралелка се запишани 97 ученика. Градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски новата учебна година ја започна со присуство на свеченоста по повод приемот на првачињата во ООУ „Браќа Миладиновци“, каде што на првачињата честитајќи им го првиот училишен ден им даде пригодни подароци. Р.И.


Општински информатор − 10

И ГОДИНАВА ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН 28 АВГУСТ - ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, ДЕН НА РУДАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДЕН НА ПРОБИШТИП Со низа на спортски и културни настани и годинава Општина Пробиштип достоинствено го одбележа 28 Август - Голема Богородица, Ден на рударите и Ден на Пробиштип. Традиционално во чест на празникот се организираат низа на спортски турнири, а последната недела изобилува со спортски и културни настани. Од општината беше подготвена програма за одбележување на овој многу значаен датум на пробиштипјани. Огромен интерес побуди турнирот во мал фудбал кој секоја вечер привлекуваше илјадна публика. Не помал интерес привлекоа и другите спортски турнири, а особено турнирот во баскет, кој традиционално се одржува на 27 август. Голем број посетители го посетија и турнирот во одбојка. На 28 август одбележувањето започна во раните утрински часови со свечена литургија во градската црква „Успение на пресвета Богородица“, а која чиноначалствуваше

поглаварот на македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан. На свечената седница по повод празникот, свое обраќање до присутните имаше првиот човек во општината, градоначалникот Тони Тоневски. Подоцна делегации од Општина Пробиштип, Совет на општина Пробиштип, политички партии и невладини организации полоажија свежо цвеќе пред спомен бистата на Јаким Стојковски во центарот на градот, за да потоа отидат на еден мошне свечен миг, свеченото пуштање во употреба на новоизградениот градски пазар, еден од најсовремените во Република Македонија. Вечерта, по финалето на турнирот во мал фудбал на повеќенаменското игралиште во центарот на градот, на градскиот плоштад беше одржан концерт на една од најголемите ѕвезди во Македонија, Владо Јаневски. Р.И.


Општински информатор − 11


Општински информатор − 12

Концертот на Владо Јаневски пробиштипјани долго ќе го паметат Вечерта, на 28 август одбележувањето на празникот, Општина Пробиштип го заокружи со концерт на градскиот плоштад на една од најголемите музички ѕвезди во Македонија, чаирскиот романтичар Владо Јаневски. Никогаш плоштадот во центарот на градот не бил повеќе исполнет. Неколку илјадна публика, од Пробиштип, но и од регионот од самиот почеток на концертот, па се до неговиот крај играше во ритамот на музиката и ги пееше неговите незаборавни хитови. Започна со Не зори зоро, а хитовите како река течеа, Чаирска романса, Од овој ден, Повторно се заљубувам во тебе, Булки, Компас, Старо тиквешко, Ако не те сакам , Што и да е ќе помине, И тогаш

некоја будала, Ваков или таков, Десет девојки, Нусе, Нусе и многу, многу други. Повеќе од два часа се пееше и се играше на градскиот плоштад и дури ни не забележаа кога помина толку време. Публиката не ги штедеше дланките за да ја награди ѕвездата. Концертот заврши, а сите задоволни потпејнувајќи продолжија во некој од угостителските локали во градот празнично до раните утрински часови. На крајот младите обожуватели на ѕвездата имаа можност да се сликаат и да се дружат со него , а Владо Јаневски беше задоволен од публиката која заедно со него ги испеа сите негови хитови. Р.И.


Општински информатор − 13

Општина Пробиштип го одбележа 8 септември И годинава општина Пробиштип го одбележа Денот на независноста на Македонија, но и Ден на ослободувањето на Пробиштип. Одбележувањето започна ден пред тоа, со концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, за да продолжи на денот на празникот со полагање на свежо цвеќе и одигрување на спортски натпревар, односно мал фудбал на повеќенаменското игралиште во градскиот парк на членовите на здруженија на слепи лица и лица со оштетен вид во Република Македонија и турнир во одбојка - жени. Во чест на празникот беше организиран турнир во шах, на кој учество земаа шахисти од Пробиштип, но и од регионот,

а и пошироко. Одбележувањето резултираше со свечена промоција на делата произлезени од „Лесновската ликовна колонија 2013“ во аулата на Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип. Општина Пробиштип се придружи кон иницијативата на ниво на Република македонија да се одбележи празникот на поинаков начин, односно преку разни спортски натпревари ширум сите спортски терени траеше цела недела одбележувањето на двојниот празник, преку манифестацијата „Седум дена сите на тераса“. Р.И.


Општински информатор − 14

Општина Пробиштип го одбележа 5 Октомври, СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ Со свеченост во хотелот „Црешово топче“ општина Пробиштип го одбележа светскиот ден на учителот. Пред просветните работници за значајот на денот зборуваше раководителот на Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип, Радослав Илиевски. Свое обраќање и честитки за денот им упати првиот човек, градоначалникот Тони Тоневски. По повод Денот на учителот, Општина Пробиштип распиша конкурс на тема учителот - наш патоказ кон иднината, на кој беа избрани трите најдобри песни , а за најдобрите Градоначалникот обезбеди соодветни подароци. Творбите беа прочитани пред присутните, а свој мини концерт имаа учениците од нижето музичко училиште при ООУ „Браќа Миладиновци“, кои ја негуваат старата изворна музика. Неколку години по ред сите општински

училишта и Детската градинка, на распишаниот интерен конкурс од страна на Општина Пробиштип избираат најистакнати наставници за изминатата учебна година. Годинава тоа признание го добија Младенка Никова од ООУ „Браќа Миладиновци“, Славица Тасевска од ООУ „Никола Карев“, од СОУ „Н.Н. Борче“ Вера Ѓоргиева и од ЈОУДГ „Гоце Делчев“ Ката Андова. Градоначалникот на сите им додели Благодарници за особен придонес во развојот на образованието, а присутните ги наградија со огромен аплауз. Со одбележување на Денот на учителот во ваква форма општината започна пред четири години, а оваа манифестација полека но сигурно станува препознатлив белег на нашата општина зошто сме единствени во регионот, но и пошироко што на ваков начин го одбележуваме овој убав празник.

ТЕСТИРАН ПРВИОТ ТОП ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ НА ПОНИКВА На падините на Пониква, на горниот дел од ски-лифтот број 3, беше донесен и испробан првиот топ за правење на вештачки снег кој ќе треба во иднина на недостиг на снежни врнежи да прави снег кој ќе се користи за дневно и за ноќно скијање. Според најавите на ски-лифтовите број 3 и број 1 ќе бидат поставени неколку такви топови, со кои ќе се гарантира подолга скијашка сезона. Ваквиот потег ќе наиде на одобрување на љубителите на зимските спортови, посебно на скијачите бидејќи во иднина тие ќе можат да скијаат во секое време од деноноќието.


Општински информатор − 15

Петта година по ред волонтери од Мировен корпус од САД се подготвуваат за престој во Македонија На 21 септември во Пробиштип дојде петтата група по ред која во наредните два и пол месеци ќе престојува во нашиот град, а воедно ќе учи јазик и ќе се подготвува за да престојува следните 2 години во Македонија. И годинава дојдоа волонтери на различни возрасти кои ќе престојуваат во семејства, ќе бидат дел од нив и така ќе учат за Македонија и за македонците. Тие ќе посетуваат настава, односно брз курс на македонски јазик во ООУ „Никола Карев“ , а по завршувањето на тие дваи пол месеци ќе бидат подготвени за да волонтираат во некое училиште, општина или невладина организација низ државата, каде ќе помагаат на овие институции, преку изработка на проекти и споделување на искуство што го носат од Америка. Годинава на волонтерите срдечно

добредојде им организираа семејствата, секако со помош на општината и општинската установа Домот на културата, каде беа пречекани со пригодна програма, се запознаа со македонскиот фолклор, а на кратко беа запознаени и со карактеристиките на нашата општина, односно на местото каде што ќе престојуваат наредниот период. Таму се запознаа со семејствата каде ќе живеат и веќе неколку дена интензивно го учат македонскиот јазик. Пробиштип и пробиштипјани имаат позитивно искуство од воспоставената соработка на Мировниот корпус Македонија и Општина Пробиштип, а со самото тоа што петта година по ред оваа соработка трае секако позитивното искуство е на двете страни, односно во секој случај и тие се задоволни од истата.

Страшко Милошевски – лауреат на петтиот меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ Пробиштипскиот актер Страшко Милошевски е годинешен лауреат на петтиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој започна во недела на 15 септември во Центарот за култура во Крива Паланка. За особен придонес во македонската театарска уметност и култура, градоначалникот Арсенчо Алексовски на Милошевски му ја врачи плакетата на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Милошевски, кој има одиграно големи и најзначајни улоги во светската драматургија, истакна дека ова признание му е особено драго и дека за него претставува особена чест и гордост, да го добие во градот каде се родил, каде го вдишил првиот воздух, го голтнал првото залче. За неговото творештво зборуваше театарскиот критичар Трајче Кацаров и професорот Тихомир Стојановски.


Општински информатор − 16

Свечено промовирани делата од 22 Лесновска ликовна колонија На денот на независноста 8-ми Септември во галерискиот простор на Домот на култура „Злетовски рудар„ во Пробиштип беше свечено отворена Ликовната изложба ЛЕСНОВО-2013, каде беа изложени и промовирани делата на ликовните уметници од Хрватска, Бугарија, Србија и Р Македонија, учесници на 22 по ред Лесновска ликовна колонија 2013 год. кои во текот на седумдневниот престој во Лесново ги создадоа овие прекрасни дела. Посетителите на изложбата беа воодушевени од ликовните дела, но имаа и посебна чест да се запознаат со дел од уметниците кои беа присутни на отворањето. Годинава во организирањето на Лесновската ликовна

колонија , освен Домот на култура, се вклучи и Општина Пробиштип, преку формирање на координативно тело и одвојување на средства , со што заедно со предвидените средства од страна на Министерството за култура, значително придонесе за да се издигне на поголемо ниво оваа наша традиционална манифестација, која резултираше со најголем број на учесници. Токму и тоа беше целта на градоначалникот Тони Тоневски, оваа манифестација да добие третман каков што заслужува, односно во организациски аспект значително да се подобри, а сметајѓи по позитивните реакции и успеа во тоа. Р.И.


Општински информатор − 17

Несекојдневен настан во Пробиштип, три во едно

„мода, уметност, музика“

На 26 август во вечерните часови на платото пред Домот на култура „Злетовски рудар“ во организација на Општина Пробиштип, во чест на одбележување на 28 август, но и во соработка со Министерство за култура преку проектот „Топол културен бран“ се одржа несекојдневен културен настан. На едно место беа споени три работи.... уметноста, модата и музиката. Пред делата на младата ликовна уметничка Андријана Радевска од Скопје и пред преполното плато со посетители се случи промоција на Техничко технолошкиот факултет кој веќе неколку години е дел од образовниот систем во Пробиштип и со кој Пробиштип се гордее, зошто стана дел од факултетските

градови во Македонија. Од овој факултет ни приредија една мошне убава модна ревија, која ја подготвија самите студенти, а истите беа манекенки. Посебна убавина на настанот му дадоа малите манекенки од Детската градинка „Гоце Делчев“ кои во соработка со факултетот во Пробиштип носеа преубави креации направени од платно, најлон и рециклирана хартија. Преубавиот звук на виолините на квартетот на Пламенка Трајкова беше врв на оваа убава вечер. Преубаво изведените композиции допреа до срцата на сите присутни, а неподелено беше мислењето дека вакво нешто за прв пат се случува во нашиот град.


Општински информатор − 18

Спортските турнири во Пробиштип привлекоа ем учесници ем посетители

Огромен број на посетители и голем број на учесници имаше на овагодишните спортски турнири, кои ги организираше Општина Пробиштип. Години наназад општината во чест на 28 август и 8 септември организира низа на спортски турнири по кои сме веќе препознатливи не само во рамки на нашата општина, туку и пошироко. Најпосетен и најмасовен е турнирот во мал фудбал на кој учествуваат екипи од регионот, истиот се игра на отворено, на повеќенаменското игралиште во центарот на градот, а за време на утакмиците скоро секоја вечер има илјадна публика. Не помалку има интерес за турнирот во street boll, на кој се натпреваруваат во женска и машка конкуренција. Во истата категорија се натпреваруваат и на турнирот во одбојка. Во чест на 8 септември беше организиран и турнирот во шах кој исто така ги привлече љубителите на шахот од регионот. Но за тоа што се случуваше на турнирите најдобро зборуваат приложените фотографии, а општината и понатаму ќе продолжи со организирање на овие и на други спортски турнири се со цел унапредување и афирмирање на спортот, спортската култура и задоволување на потребите на љубителите на спортот од нашата општина. Р.И.


Општински информатор − 19

ОЛИМП ОСВОЕН ОД ПРОБИШТИПСКИ ПЛАНИНАР

Најдобриот и со највеќе освоени врвови во 2012-та планинар од Пробиштип, Жика Милошовески, не застанува со своите подвизи. Овојпат во организација на планинарскиот клуб “Македон” беше освоен врвот Олимп во Грција со 2.918 метри. Освојувањето траеше 13 часа. Жика Милошевски е прв планинар од СПД “Плавица” кој се искачува и го освојува Олимп.

ЗЛАТНИОТ ВОДЕНИЧЕН КАМЕН НА 35 ФЕСТИВАЛ „ПРОФЕСТ 2013“ МУ ПРИПАДНА НА СПАСЕ ПЕТРОВ ОД СТРУМИЦА На 22 октомври, а во чест на Денот на Македонската револуционерна борба „23 Октомври“ во кино салата во пробиштип се одржа Јубилејниот 35 - ти републички фестивал на пеачи аматери „ПРОФЕСТ 2013“ Организатор и реализатор на фестивалот е ОУ Дом на култура ,,Злетовски рудар,, од Пробиштип. На овогодинешниот фестивал учество земаа пеачи аматери од Пробиштип, Радовиш. Штип, Кратово, Скопје, Свети Николе, Македонска Каменица, Делчево, Демир Капија и Струмица. Концептот на Профест 2013 година беше посветен на потсетување и заблагодарување на водителите кои во изминатите 35 години учествувале во реализација на овој фестивал. Гости на вечерта во ревијалниот дел беа Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Влатко Миладиновски и Групата Амајлија од Пробиштип. Победници на фестивалот: според одлуката на жирито првото место му припадна на Спасе Петров од Струмица, а според публиката Јане Славов од Кратово, додека второто место според жирито го освои Ивана Наумовска од Штип, а третото место и припадна на Катерина Димова од Демир Капија.


Mакедонските фолклорни виртуози ги воодушевија пробиштипјани

После долги години, националниот ансамбл за народни игри и песни повторно имаше незаборавен настап пред пробиштипјани. Овојпат во рамки на топлиот културен бран, проект кој општината го реализира во соработка со Министерството за култура, но и по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија и Ден на ослободување на Пробиштип. Пред повеќе од илјада посетители на повеќенаменското игралиште во центарот на градот, овие виртуози ги демонстрираа

своите вештини. Демонстрираа фолклор, традиција, оригинални носии, демонстрираа убавина. Концертот го започнаа со „Тешкото“, а го завршија со „Повардарие“, кога атмосферата кулминираше, а присутните не ги штедеа дланките, поздравувајќи ги овие „мајстори“ на уметноста. Неподелено беше задоволството од гостувањето на Танец. Полн погодок на општината за одбележување на двојниот празник. Р.И.


Informator 32  

Opstinski informator 32 Opstina Probistip 2013

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you