Page 1

општински

ИНФОРМАТОР БРОЈ 29 / МАРТ 2013 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО СЕЛО ПИШИЦА

БРАНАТА KНЕЖЕВО ВО ФУНКЦИЈА,

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ

„ХИДРОСИСТЕМ ЗЛЕТОВИЦА“

КОНЕЧНО ФИЛТРИРАНА ВОДА ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП www.probistip.gov.mk | info@probistip.gov.mk | facebook.com/probistip


СОДРЖИНА 3 страна Филтер станица 4-5-6 страна Интервју со Тони Тоневски 7 страна Брана Кнежево 14страна Меморандум за соработка 17 страна Профест 2012 20 страна Водици 2013

Тони Тоневски

Градоначалник на општина Пробиштип

ВОВЕД Почитувани сограѓани,

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

29

Издавач:

Општина Пробиштип

За издавачот: Тони Тоневски

Главен уредник: Радослав Илиевски

Уредува:

Трајче Строимановски

Лектор:

Бранка Арсовска

Печати:

ЕВРОПА 92 Кочани

Графички дизајн: Мише Милановски

Полека изминаа сите традиционални наши, православни празници, кои Општина Пробиштип традиционално ги одбележува. Овде да ги спомнеме Нова година, Бадник, Божиќ, Василичен коктел, Водици..... убави празници, а ние се потрудивме и со убаво чувство да ги поминете. Низ улиците на Пробиштип, но и низ поголемите месни заедници помина Дедо Мраз во придружба на кловнот Нини. Беревме бадникови гранчиња кои беа дел од бадниковата трпеза. На хуманитарниот „Василичен коктел“ собравме парични средства кои ги дадовме на неколку наши сограѓани на кои во моментот им беа најнеопходни. На Водици пак во водите на Злетовска Река ги гледавме како се капат младоженците, а во градскиот базен се радувавме со триесетмината кои се капеа во потрага по светиот крст. Во месецот на празници верувам дека најголема радост кај сите нас предизвика свеченото пуштање на браната „Кнежево“ воедно и завршување на првата фаза од проектот „Хидросистем Злетовица“, но и свеченото пуштање во употреба на Филтер станицата, историски момент во Пробиштип. Конечно се реши проблемот со водоснабдување на пробиштипјани, но и квалитетот на водата за пиење, нешто на што сум посебно горд. После асфалтирањето на улици во двете приградски населби и во Злетово, асфалтиравме и улици низ село

Пишица.Во градскиот парк започна изградбата на тениски игралишта, а со Рудниците за олово и цинк „Индо минерали и метали“ потпишавме меморандум за соработка, односно за заедничка изградба на музеј на ретки рударски минерали, кој ќе биде лоциран во строгиот центар на градот и кој ќе претставува вистински украс на градот. Во Информаторот Ве известуваме и за проектите кои ги реализираа општинските училишта и детската градинка. Заедно со општина Кочани во моментот го реализираме проектот за развој на туризмот на СРТЦ Пониква финансиран од Швајцарската агенција за Развој и Соработка од Програмата „Форуми во заедницата„. И во овој Информатор се застапени спортската рубрика, но и рубриката „Од трето доба“, каде ќе имате можност да прочитате за активностите на луѓето од третото доба. Би сакал да Ви кажам дека и понатаму ќе Ве информираме за се она што се случува во нашата општина, а како и досега ќе продолжиме со реализирање на убави проекти, значајни за Ваше подобро и поквалитетно живеење, за што впрочем сме тука и за што ја добивме Вашата доверба. Со почит, Тони Тоневски


информатор 29

ПРОБИШТИП СО МОДЕРНА ФИЛТЕР СТАНИЦА

На 26 јануари 2013 година, на висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски, амбасадорот на Република Словенија во РМ Бранко Раковец, амбасадорот на Јапонија во Виена Шигео Иватани, државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани на свечен начин беше означен крајот на завршните работи на новата Филтер-станица во Пробиштип. Во Филтерстаницата, на месноста Кала, водата ќе се прочистува на најсовремен начин, по пат на ултра филтрација, засега единствена со ваков метод пречистителна станица во Републикава и на Балканот. Филтер-станицата во Пробиштип располага со најсофистицирана технологија која се применува во најразвиените земји. Нејзината изградба е вредна 1,4 милиони евра, средства кои беа неопходни за конечно да се реши деценискииот проблем со водата за пиење во Пробиштип, рече во своето обраќање премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. - Со тоа, додаде премиерот Груевски, се решава повеќедеценискиот проблем за околу 16.000 жители во Пробиштип и околните населени места кои благодарение на ХС „Злетовица“ и новата Филтерстаница отсега ќе добиваат чиста вода за пиење, проблем кој за пробиштипјани посебно во минатото стануваше актуелен во летните месеци од годината. Во обраќањето до своите сограѓани

градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, потенцира дека ова лето жителите на општината Пробиштип за првпат после долго време ќе имаат нормален доток на чиста и квалитетна вода за пиење, а со тоа и нормални услови за живот какви што заслужува секој граѓанин. - Средствата за овој проект се обезбедени преку донација од словенечката Влада, односно 480 илјади евра, 800 илјади евра се кредит од јапонската агенција „Џајка“, а остатокот се сопствени средства од буџетот на општината, изјави градоначалникот Тоневски. Капацитетот на новата Филтер-станица во Пробиштип е 75 литри прочистена вода во секунда со минимална или беззначајна употреба на дополнителни реагенси во процесот на ултра филтрација. Методот за прочистување на водата по пат на ултра филтрација е еден од најсовремените начини за пречистување со помош на мембрана. Ултрафилтрационите мембрани ги отстрануваат од водата сите честички и бактерии на физички начин без употреба на хемиски препарати. Водата по ултра филтрирањето е чиста, бистра, без честички и бактерии, односно е микробиолошки исправна. - Водата по ултра филтрацијата е 100 проценти чиста. За проверка на квалитетот на водата одредени параметри се мерат во самиот објект, а Заводот за здравствена заштита редовно зема мостри за дополнителни испитувања, изјави Људвит Мекуќ од словенечката фирма „Спригс“, задолжена за вградување на опремата во филтер станицата во Пробиштип.

3


Ќе останеме силно посветени на реализација на стратешките приоритети. Дека ние го остваруваме она што го ветуваме зборуваат нашите дела, кои се најсилната гаранција дека она што сме го ветиле и сме го реализирале, и дека она што сега ќе го ветиме повторно ќе го оствариме. Затоа што стоиме на дадениот збор.

Разговор со градоначалникот

Тони Тоневски 1. Господине Тоневски, изминаа четирите години од доверениот мандат на граѓаните. Од позиција на актуелен градоначалник би ве замолил да направете една куса ретроспектива за функционирањето на Општина Пробиштип во изминатиот период? - Во четиригодишниот период бевме исправени пред многу предизвици. Во 2009 година кога дојдов на функцијата Градоначалник генерално состојбата во која се наоѓаше општината беше повеќе од сериозна. Од финансиски аспект општината имаше долг од 72 милиони денари, блокирана општинска сметка, дозволен судски лимит од само 1.800 000 денари. Општината беше една од 11-те општини во државата кои не беа влезени во Втора фаза на фискална децентрализација. Ова значеше дека во тој период бевме лимитирани во секој поглед. Речиси да немаше никакави инвестиции во општината. Судскиот лимит беше доволен само за плата на администрацијата и покривање на основните трошоци. Простор и средства за инвестиција не постоеше. Состојбата

4

на локалната инфраструктура беше повеќе од катастрофални, скоро 20 години во Пробиштип се немаше асфалтирано улица, не беше поставено тротоар, водовод ... Моите сограѓани ги немаа основните услови за нормално живеење. Немавме пречистителна станица за вода за пиење, немавме градски пазар, и не само тоа туку ние како општина имавме сериозни проблеми со водата за пиење во летниот период. Се случување со месеци жителите да немаа вода за пиење и за останатите секојдневни потреби. Од денешна гледна точка беше навистина предизвик да ги решиме сиве овие проблеми, но успеавме да ја спроведеме амбициозната реформска агенда и доследно и посветено ги реализиравме ветените проекти во сите области значајни за општина. Со голема посветеност, со многу работа, со вистинска визија сите заложби резултираа со виден напредок на локалната самоуправа.... Успеавме во одблокирање на општинаскта сметка, во целост враќање на долговите и влез во Втората фаза од фискалната децентрализација, кои беа и неопходни услови за да можеме да ги оствериме ветувањата! Ние практично во 2009 и 2010 година се раздолжувавме, а вистински работевме само


2011 и 2012. За овие две години Ние успеавме да направиме голем исчекор во секој поглед. На 26 Јануари во присуство на Премиерот, Министерот за финансии, словенечкиот амбасадор , јапонскиот амбасадор и многу други поканети и присутни ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење, во вредност од 1.500 000 евра, единствена од ваков тип во државата. На мое големо задоволство моето прво ветување и мојот прв приоритет, зацртан и во Програмата за работа, го остварив. Во завршна фаза на изгрдаба е градскиот пазар, повторно еден од моите 10 приоритети дадени какоо изборно ветување во 2009 година. Во моментов се изведуваат градежните активности на тениско игралиште кое ќе биде готово до пролет, во моментов се гради ново детско игралиште во центарот на градот, во тендерска постапка е изгрдба на уште едно игралиште во населба Камењар. Се изврши реконструкција на патниот правец Пробиштип-Ратавица, преку Леговец, во должина од 3.720 м., со широчина од 5,5 м , поставени тротоари во должина од 150 метри. Вкупната инвестиција изнесува 450 000 евра. Ветивме и со поддршка на Владата ги изградивме локалните патишта кон с.Стрмош - с. Дренак, во вредност од 9.056.998 денари, Пробиштип – с.Плешенци, во должина од 3.291метар со вкупна инвестиција од 225.000 евра, Турско Рудари – Пантелеј , со инвестиција од 120. 000 евра. Во изминативе 4 години се асфалтираа локални улици како никогаш пред тоа. Нашите сограѓани речиси заборавија како изгледа да се поставува нов асфалт, нови тротари, нови светилки. За овие години асфалтирани се локални улици во градот и во населените места во должина од над 20 км. Асфалтиравме над 25 локални улици. Им го вративме достоинството на луѓето кои повеќе од 20 години ги подмириле своите давачки спрема општината а за возврат не добиле ништо. Тие пред 4 годири газеа кал, живееја во темница. Ние го остваривме нашето ветување дека ќе поставиме асфалт секаде каде се исполнети условите за тоа. Не се потребни многу раскажувања и зборувања, за тоа зборуваат резултатите, зборуваат жителите на Калниште, жителите на селото Пробиштип, на Злетово, Пишица, Дренак, Плешенци ... Секој ден во нашиот град никнуваат нови објекти, се градат нови деловни простори, се случуваат нови инвестиции и тоа од приватниот сектор. Преку успешното менаџирање, со државното неизградено земјиште, ние ги натеравме нашите бизнисмени да инвестираат токму тука. Локално да се развиваат, и токму тука да отвораат нови работни места. Жителите на Пробиштип 20 години немаат видено кран, немаат видено градба на некој објект, зграда... Денес тоа е реалност, секојдневно никнуваат нови објекти. Можам само да заклучам дека она што го зацртав, како мој приоритет и цел, го остварив. Но,

пред нас се наоѓа еден нов период кој секако носи уште поголеми предизвици, нови проблеми, нови приоритети.

2. Ако сакате да извоите некои од најгорливите проблеми со кои се соочува општината во своето тековно работење? -Покрај инфраструктурните и комуналните проблеми, кои се секогаш присутни, сметам дека најгомеиот проблем со кој се соочува општината е невработеноста. Во минатото речиси и да немаше невработен член на фамилија, но во транзицискиот период, кога замреа рудниците и фабриката за акомулатори, најголемите индуструски и економски капацитети во општината, имавме драстично зголемување на процентот на невработени. Изминативе години некако тој тренд се намали но, до ден денес последиците од напуштањето на над 2000 работници, се чувствува. Луѓето немаа излез од ваквата ситуација. Никој не сакаше и немаше верба да инвестира во Пробиштип, и тоа од повеќе причини. Едно е што на бизнис заедницата не им се нудеа никви услови за работа, градежни парцели. Едноставно не беа стимулирани да инвестираат во градот. Пробиштип. Се немаше економска стратегија.

3. Каде е местото на Општина Пробиштип денес, во поглед на инфраструктурната развиеност и можностите за економски развој, споредбено со онаа од пред 4 години? -Напредокот, развојот и просперитетот на Пробиштип се видливи. Имаме резултати кои се базираат на факти, на реализрирани проекти, асфалтирани улици, изградени капитални објекти, спотрски сали, игралишта. Зголемен е обемот на трансфери и донации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпожарната заштита. Покрај издвојувањето на 3% од средствата од персоналниот данок на доход, сега се одвојува 50% повеќе средства од ДДВ за општините, односно од 3% на 4,5% од прибраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот, платен од граѓаните, повторно се враќа директно во буџетот на Локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби. Со измените на Законот за експлоатација на минерални суровини, со кој приходите на општината се зголемија за неколку пати, сега тие претставуваат еден од основните извори на финасирање на општината. Од 1- ви јули 2011 година правото на управување со државно градежно земјиште беше предадено на управување на општините. За нас општините, управувањето со градежното земјиште е одговорност кон идните генерации со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и подобрување на економската

5


Разговор со градоначалникот

Тони Тоневски благосостојба. Донесовме детални урбанистички планови за развој на индустриските зони. Во едната од зоните сите парцели се распродадени, веќе на нив никнуваат новите стопански објекти. Ние бевме една од првите општини која се стекна со правото да менаџира со градежното земјиште. Бевме една од првите општини кои продадоа градежна парцела во центарот на градот. На овој начин ги поддржавме локалните бизнисмени да инвестираат токму тука. Сето ова ми дава за право да кажам дека Пробиштип се движи во вистински правец. Резултатите се видливи и верувам дека општината со сигурни чекори се движи во нагорна линија.

4. Господине Тоневски, која е основата на Вашата програма и секако планираните проекти, со кои ќе ја побарате довербата на граѓаните на претстојните мартовски локални избори? - Во мојата нова програма за работа се претставени над 300 нови проекти. Сите од нив се прецизно објаснети со конкретени рокови на реализирање, со испланиран буџет и извори на финансирање. Сите наведени проекти ќе бидат мој приоритет и моја цел. Дел од тие проекти ќе бидат: 1. Реконструкција на постоечкиот плоштад и изградба на нов, секундарен плоштад; 2. Реконструкција на постоечкиот градски парк, негово проширување и изградба на фонтани, нови зелени површини, спортски комплекси; 3. Реконструкција на ул. “Јаким Стојковски“, преку поставување на нов асфалтен слој, поставување на тротоари и енергетски ефикасни светилки. 4. Булеварско уредување на влезот на Пробиштип (од страната на Штип), со поставување на нов слој на асфалт, уредување со дрвореди, осветлување и сообраќајно обележување; 5. Економски и индустриски развој на Пробиштип. - Како главни чекори кои ќе бидат преземени во оваа насока се развивање на постоечките и отворање на нови индустриски зони. За таа цел е предвидена изработка на ,,Стратегија за привлекување на инвеститори,, предвидено е довршување на постоечката индустриска зона со комплетна инфраструктура, поставување на нов асфалтен слој, инсталирање на водовод и канализација и

6

енергетско ефикасни светилки, донесување на нови детални урбанистички планови. Во исто време општината силно ќе продолжи со поддршка на заинтересираните фирми за добивање концесии за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на минералните суровини.

5.Господине Тоневски, која е пораката што како кандидат за градоначалник ќе им ја испратите на своите сограѓани?

- Јас можам да ветам дека и во оваа програмата за работа, ќе останеме силно посветени на реализација на стратешките приоритети во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комуналните и инфрастуктурните проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, промоција на општината и културат, транспарентна и ефикасна работа на општината и јавната администрација ... ...Дека ние го остваруваме она што го ветуваме зборуваат нашите дела, кои се најсилната гаранција дека она што сме го ветиле и сме го реализирале, и дека она што сега ќе го ветиме повторно ќе го оствариме. Затоа што стоиме на дадениот збор. Т.С.


БРАНАТА КНЕЖЕВО ПОЧНА ДА СЕ ПОЛНИ

Со сечење на црвената лента на 26 јануари 2013 година и официјално беше означен крајот на работите за изградба на објектите предвидени со проектот за градба на Првата фаза од повеќенаменскиот Хидросистем Злетовица. Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во своето обраќање до присутните на свечениот чин, кој се одржа на круната на каменонасипната брана Кнежево, изјави дека со оваа инаку најголема инвестиција во последните сто години во овој Источен регион, кој во минатото беше далеку од реалноста, конечно е изграден. Со неговата изградба ќе се надмине проблемот со водоаснабдување на 120. 000 граѓани од овој дел на државата. - За овој хидросистем со децении наназад се зборуваше, се дискутираше, се анализираше, се бараа финансиски средства, се ветуваше дека ќе се изгради, се ветувало, ветувало и така со години. За сметка на ваквата состојба населението од Штип, Карбинци, Лозово, Свети Николе и Пробиштип со генерации наназад, во 21 век, мака мачеа со недостиг од вода за пиење. Денес, по шест години од почетокот на првите градежни работи на овој објект, овој капитален објект го ставаме во функција. Ние ветивме и си остануваме на ветувањето, истакна премиерот Никола Груевски. Паралелно со изградбата на браната изграден е водозафат и цевковод за водоснабдување на Пробиштип, а со посебен водозафат и цевковод во должина од 85 километри ќе се водоснабдуваат и жителите од општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, додека за Кратово цевководот е компактибилен и изграден пред почетокот на изградбата на браната во 1988 година. Овој капитален хидроенергетски објект, како што го нарече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, посебно го истакнува геостратешкото значење на водата во секојденвието на животот на населението. - Водата преставува значаен фактор во стратегијата за унапредувањето на производството и преориентацијата

на земјоделските производители во капацитети кои ќе бидат од големо значење во производството на храна, која во наредниот период ќе биде од голема важност. Без разлика дали станува збор за мал или голем објект, изградбата и ревитализацијата на сегашните хидромелиоративни системи, се меѓу приоритетите и целите на Министерството, односно на Владата на Република Македонија, -изјави министерот Димовски. Во изминатите години во Првата фаза од ХС Злетовица се инвестирани 110 милиони евра, од кои 82 милиони се од Јапонската кредитна помош за Република Македонија, а останатите пари ги обезбеди Владата на Република Македонија. Соработката на Јапонија со Македонија, во доменот на економскиот развој, започна во 90-тите години по стекнувањето на независноста на Републиката и воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу овие две земји.Соработката, како што истакна господинот Шигео Иватани, амбасадор на Јапонија за Македонија, започна како хуманитарна помош, која набргу прерасна во конкретна помош за обновување и развој на социјалната инфраструктура, но и за поддршка на економскиот развој на Република Македонија. Првата фаза од Хидрисистемот Злетовица се изгради токму со кредитната јапонска линија, како помош за ,, Проектот за подобрување на искористувањето на водата од басенот на реката Злетовица“. Во својот говор на свеченоста, за успешното завршување на изградбата на браната Кнежево, амбасадорот на Јапонија за Македонија, Шигео Иватани, изјави: - Убеден сум дека оваа повеќенаменска брана, освен што ќе овозможи издржливо водоснабдување на населението, ќе има позитивни ефекти и врз локалната економија. Исто така, покрај тоа што на овој датум се одбележува официјалното завршување на Првата фаза од изградбата, се надевам дека во иднина браната Кнежево ќе биде искористена и за широк спектар на други намени, од услужување на локалното земјоделство до производство на електрична енергија,- додаде Иватани. Со завршувањето на работите на објектите од првата фаза заврши и користењето на парите од доделениот јапонски кредит. Браната Кнежево е камено насипна со асфалтно јадро, висока 75 метри, во основата е широка 300 метри, со должина на акумулацијата од 4 километри. Од ЈП ХС Злетовица изјавија дека веќе се створени сите услови акумулацијата Кнежево да почне да се полни до максималниот капацитет од 23,5 милиони кубни метри вода, со која количина ќе се надминат и проблемите во водоснабдувањето во општините во Регионот, особено изразен во текот на летните месеци. Т.С.

7


РАЗГОВОР СО МИЛАН ТЕРЗИЌ

ДИРЕКТОР НА ЈКП НИКОЛА КАРЕВ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕТО СО НОВОИЗГРАДЕНАТА ФИЛТЕР СТАНИЦА ЗА ВОДА ВО ПРОБИШТИП По едномесечна работа и анализа на мострите од прочистената вода во почетокот на месец февруари 2013 година Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ и официјално на граѓаните во градот и неколкуте приградски населени места почна да им испорачува чиста и квалитетна вода, добиена по пат на ултра филтрација во новоизградената Филтер станица. - Господине Терзиќ, по свечениот чин на сечењето на црвената лента на која присуствуваше висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги почнавте и подготовките за водоснабдување на населението од овој нов комунален објект. Која е придобивката од овој објект? М.Т. - По анализите на водата, кои се извршени во периодот од 28 јануари до 2 февруари, и по добиените резултати од Јавната здравствена установа „Јавно здравје“ од Скопје, првите количини на вода од Филтер станицата кон граѓаните ги пуштивме на 3 февруари, кој ете ќе се земе и ќе се памети како официјален датум на кој почна да се испорачува водата од овој новоизгреден и најмодерен комунален објект не само во Пробиштип туку и пошироко на овие простори на Република Македонија, бидејќи според информациите ваков начин на филтрирање на вода не е вграден во вакви објекти во Република Македонија.. - До сега населението со вода го снабдувавте од пумпната станица во близина селото Ратавица. Со изградбата на Филтер станицата почна да се врши дотур на вода за водоснабдување на населението од новиот водозафат од горниот тек на Злетовска Река со кој стопанисува ЈП ХС Злетовица. Дали договорот за преземање на оваа вода е веќе потпишан со ЈП ХС Злетовица?

8

- Дали со преземањето на Филтер станицата ќе побарате и зголемување на цената на водата? М.Т. - Сегашниот систем на водоснабдување мошне долг период ни преставуваше сериозен проблем токму во делот на целокупното работење на дејностите во ЈКП. Ни одземаше пред се големи парични средства. Сега првите калкулации покажуваат дека со новата филтер станица ќе имаме намалување на трошоците, така што не станува збор за скорешно зголемување на цената на водата. Инаку да биде појасно, цената на водата се формира по веќе определена методологија. За нас единствен проблем ќе ни преостане зголемувањето на цената на енергенсите, нафтата, електричната енергија кои би можеле да ни попречат во првичното работење во новата Филтер станица. Но, јас сум убеден дека покачување на цената на водата во текот на оваа 2013 година нема да има. - Добивте на стопанисување нов современ објект. Дали ЈКП Ниокола Карев располага со соодветен стручен кадар за нејзино користење и стопанисување? М.Т. - Задоволен сум од соработката која во изминатите неколку месеци ја имавме со стручниот тим на словенечката компанија Искра системи која работеше на изградбата и вградувањето на опремата за ултра филтрација на водата во станицата за прочистување на водата во Пробиштип.Од самиот почеток расположливиот кадар, како инженерски така и средно техничкиот персонал во ова јавно комунално претпријатие, ја следеше имплементација на овој проект. За одбележување е што беше вклучен и во самото вградување на опремата во објектот, така што изминатиот период и за нив преставуваше период на запознавање и вклучување во самиот процес на работа со монтираната опрема. Би додал дека стручниот тим на Искра системи кој и ја заврши мошне квалитетно својот дел од работата со ангажираните вработени од ЈКП никола Карев ќе останат и во наредните три месеци и ќе продолжат да го следат процесот на прочистување и испорака на водата, но и да ја надгледуваат работата на нашите луѓе.

myMagazine

М.Т. - Да, во изминатиот период додека траеше изградбата и монтирањето на опремата во Филтер станицата се изврши поставување на цевководот и приклучување на водозафат 1 на Злетовска Река, наменет за водоснабдување на населението со сирова вода во Општина Пробиштип, кој е во сопственост на ЈП ХС Злетовица. Договорот со ова претпријатие веќе е потпишан. Тоа беше и една од нашите обврски кои ги преземавме уште пред почетокот на градбата на Филтер станицата. Сега кога зборуваме за водоснабдување на населението со квалитетна и чиста вода мислам на водата која веќе ја добиваме од водозафатот 1 изграден во горниот тек на Злетовска Река. Во оваа прилика само би додал дека Општина Пробиштип засега е втора општина, по Свети Николе, која почна да ја користи водата што ја испорачуваат од ЈП ХС Злетовица. За конечно преземање и почетокот на стопанисување на Филтер станицата е потребно да се дорегулират одредени формално правни работи кои во месец февруари ќе бидат изрегулирани по што ќе побараме и употребна дозвола, така што офицајалното стопанисување на ЈКП Никола Карев со станицата за прочистување на водата ќе почне од средината на месец февруари.


- Дали тоа значи дека ЈКП Никола Карев нема да има потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар за работа во процесот на прочистување на водата во новата филтер станица? М.Т. - Со оглед на фактот дека станува збор за Филтер станица во која е вградена најсовремена опрема за прочистување на водата по пат на ултра филтрација во самиот процес ќе бидат ангажирани машински и електро инжинерски кадар како и среден технички кадар кој веќе го имаме на располагање во претпријатието. Т.С.

Нови тениски игралишта во градскиот парк Од неодамна евидентно е присуството на градежни машини во градскиот парк и тоа на местото каде беше поставено тенискотo игралиште. Општина Пробиштип од Агенцијата за млади и спорт ќе добие два нови тениски терени, еден на постоечкото игралиште, а другиот веднаш до него. Во тек е изградба на игралиштата, а со почеток на пролетта веќе пробиштипјани ќе имаат два нови тениски терени, со стандардни димензии, се надеваме на опшо задоволство на љубителите на тенис, кои ќе имаат можности да играат, да тренираат и да се натпреваруваат на стандардни тениски терени. Терените ќе ја имаат сета придружна опрема, а на истите ќе се постави и осветлување, па така ќе се овозможи и во вечерните часови терените да бидат достапни. Овие два терена заедно со детското игралиште, со повеќенаменското игралиште и со уште едно повеќенаменско игралиште за кое се надеваме дека ќе биде изградено во најкус временски период ќе ја сочинуваат целината од спортскиот комплекс кој полека изникна во градскиот парк во Пробиштип. Се надеваме дека ќе претставуваат место каде што сите љубители на спортот редовно ќе го посетуваат. Р.И.

Селото Пишица со нови асфалтирани улици

Празникот Свети Климент Охридски-Чудотворец Општина Пробиштип го одбележа со свечено пуштање во употреба на новоизградените улици, во село Пишица, со што се официјализираа новите асфалтирани улици низ селото. Едно од поживите села во општината доби асфалтирани улици низ селото во должина од 1000 метри. На свеченоста по повод пуштањето во употреба на асфалтираните улици пред голем број на присутни, претежно мештани или луѓе што потекнуваат од ова село градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски поздравувајќи ги рече дека она што го има ветено за ова село и го остварува, а секако соработката со Општина Пробиштип нема да застане тука. Месното население е презадоволно од овој потег на Градоначалникот, секако најголемото задоволство е што нема повеќе да газат кал. Оваа инвестиција ја чинеше општината 100 000 евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Пробиштип.

9


ГОРАН СТОИЛКОВСКИ И ПАУНКА ДАНОВА СЕ ОВАГОДИШНИТЕ БАДНИКАРСКИ КУМОВИ Деветта година по ред како Општина Пробиштип ја реализира манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“, а во пресрет на нашиот најголем верски празник, Христовото раѓање, Божиќ. Од минатата година кон оваа убава манифестација се придружија нашите драги соседи од Кратово, односно Општина Кратово и заеднички на местото наречено „Жгури“, токму на границата помеѓу овие две општини со музика, оро и песна се најавува раѓањето Христово. Манифестацијата започнува во раните утрински часови во ресторанот „Кај Чомбе“, каде што бизнисмените од Пробиштип со греана ракија си ги честитаат празниците. Свештениците од црквата Успение на Пресвета Богородица ја благословуваат погачата во која има паричка за потоа да се подели помеѓу присутните претставници од бизнис секторот. На оној на кого ќе му се падне паричката е кум на манифестацијата за наредната година и тој заедно со општината е организатор на настанот. Оваа година паричката се падна на Горан Стоилковски, сопственик на фирмата „Мима комерц“, кој од градоначалникот Тони Тоневски доби златник со ликот на Пресвета Богородица. Месноста „Жгури“ масовно беше посетена и од страна на граѓаните на Пробиштип и од граѓаните на Кратово. Заеднички со голема посна трпеза, со греана ракија, вино, со музика и песна и со берење на бадникови гранчиња се одбележа оваа манифестација за која од година во година има се поголем интерес. И таму се делеше погача во која имаше паричка, а среќата и се насмевна на Паунка Данова од Пробиштип, која од градоначалникот Тоневски доби сребреник. Бадникарскиот оган, богатата трпеза и убавата музика не воведоа во убавите денови кои следат, а се надеваме дека дадовме еден мал придонес во чувствата на нашите сограѓани......... се надеваме пријатни. Р.И.

СЕ ОДРЖА ПЕТНАЕСЕТИОТ, ЈУБИЛЕЕН „ВАСИЛИЧЕН КОКТЕЛ“ Во преполната сала на хотелот „Црешово топче“, на 14 јануари, на верскиот празник Василица, се одржа традиционалниот „Василичен коктел“. Петнаесет години по ред во организација на Општина Пробиштип, а под покровителство на првата дама се одржува овој хуманитарен настан, кој предизвика големо внимание кај нашите сограѓани. И годинава имаше голема побарувачка на влезница повеќе. Вообичаено, со ангелите од Детската градинка „Гоце Делчев“, надополнети со учениците од нижото музичко училиште при ООУ „Браќа Миладиновци“, групата која го негува традиционалниот фолклор и со детскиот хор на учениците од двете основни училишта кој ја исполни Божиќната песна, програмата предизвика бура од аплаузи. Василичарите пак со своите маски ги растераа злите духови и најавија една убава нова година. Веселите пензионери и овој пат му го дадоа препознатливиот лик на настанот и со песна и оро ја започнаа оваа весела вечер. Музичката група „Амајлија“, традиционален подржувач на настанотсо својата музика не го оставија рамнодушен ниту еден од посетителите на настанот. И годинава не изостана делењето на погачата, а најсреќна

10


myMagazine

од сите присутни беше Дафинка Гаврилова, сопруга на сопственикот на компанијата „Црешово топче“ на која и се падна паричката и која доби златник на дар од првата дама. Од причина што овој настан е од хуманитарен карактер, а се одржува петнаесет години по ред, овде мораме да ги споменеме традиционалните поддржувачи на настанот, Советот на општина Пробиштип, Детската градинка „Гоце Делчев“, хотелот „Црешово топче“, пекарницата „Вкус“, слаткарницата „Младост“ и културните и образовните установи при Општина Пробиштип. Големо благодарам и до сите правни и физички лица, сите овие години кои излегоа во пресрет и го помогнаа овој хуманитарен настан. Оваа година се собраа околу 70 000 денари, кои ќе бидат наменети за тројца наши сограѓани, на кои во моментот им се повеќе од неопходни. Знаеме и свесни сме дека со ова нема во целост да им го решиме проблемот на нашите сограѓани на кои им е неопходна помош, но среќни сме што ги мотивиравме сите хумани луѓе, наши драги сограѓани да ја искажат својата хуманост на дело. Нека е честит јубилејот и да се множат вакви или слични акции кои зрачат со хуманост, кои значат помагање, кои даваат љубов. Р.И.

Градоначалникот Тоневски на новогодишни средби со граѓаните Откако дојде на функција во 2009 година, градоначалникот Тоневски воспостави една убава пракса, на крајот на годината да дава отчет за сработеното во изминатата, а воедно да ги информира граѓаните што планира за нарената година. Па така на поединечни средби со бизнис секторот, со пензионерите во Пробиштип и во Злетово и со претседателите на Месните заедници од општината во пресрет на Нова година им го презентира сработеното и плановите за наредниот период. Овој начин на работење на Градоначалникот наиде на позитивен прием кај граѓаните од општината, па затоа тие средби масовно се посетени. Воедно најмалите, дечињата од Детската градинка „Гоце Делчев“ и децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби редовно пред Нова година го посетуваат Градоначалникот честитајќи му ја Новата година. Овој гест настана како резултат на континуираната соработка на Градоначалникот со овие дечиња и помагање од негова страна во текот на целата година, па на крајот во знак на благодарност овие дечиња доаѓаат и му ја честитаат Новата година, немуј како што вели му е најдрагата честитка. Р.И.

11


myMagazine

ВО ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“ ЗАПОЧНА СО РЕАЛИЗАЦИЈА ПРОЕКТОТ„ЗАЕДНО ВО ТРАДИЦИИТЕ И ИДНИНАТА“ Започна со реализација проектот “Заедно во традициите и иднината” во вредност од 97. 869,26 евра по втората покана за проектни предлози во рамките на програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2007-2013 од Инструментот за претпристапна помош. Партнери во проектот се: ОУ “Св. Кирил и Методиј” и Читалиште “Братство - 1869” од Ќустендил, Република Бугарија и ООУ “Никола Карев” од Пробиштип, Република Македонија. Главната цел на проектот е да се создаде одржлива и плодна соработка меѓу прекуграничните партнери преку спроведување на активности за запознавање и анализа на културните ресурси во регионот, вклучување на младите во локалните традиции и достигнувања и активирање на нивните напори за подобрување на квалитетот на живот во родниот крај. Целта ќе се постигне со изградба на паралелни клубови за етнографија, народно усно творештво, драма, применета народна уметност, и новинарство во двете училишта, како и клубови за народни песни и

танци на читалиштето. На 7 декември .2012 година во ОУ “Св. Кирил и Методиј “- Ќустендил, Република Бугарија се реализира заеднички час. Заедничка училница во кој мешан бугарско-македонски клас од групите за применета народна уметност работeа на споредување на фолклорни традиции од двата региона, и размена на креативни идеи. Соработката помеѓу наставниците и учениците од двете училишта ќе има значаен придонес во зголемување на можностите за личен развој и збогатување на социјалните способности, создавање на вештини за активна комуникација, како и пријателства за цел живот.

СВЕЧЕНО ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ОБЈЕКТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ПРЕКУГРАНИЧНА ОБРАЗОВНА МРЕЖА ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ“ Со пригодна свеченост во ООУ „Браќа Миладиновци“ беше пуштен во употреба проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“. Проектот опфаќа изградба на пристапна патека, лифт во училиштето и санитарен јазол за деца со посебни потреби. Од име на општина Пробиштип присутните ги поздрави раководителот на Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип, Радослав Илиевски, а голема благодарност за реализираниот проект изрази директорот на ООУ „Браќа Миладиновци“, Павле Гишев. Од име на инвеститорот на проектот, од Центарот за развој на Источен плански регион, на присутните се обрати и го презентираше реализираниот проект, директорката Драгица Здравева. Во присуство на голем број на гости, меѓу кои беа и децата и родителите од „специјалната“ паралелка во ова училиште и децата и персоналот од Дневниот центар за деца со посебни потреби , претседателот на Советот на општина Пробиштип, Ранко Давитков во придружба на Директорката на Центарот за ИПР и Директорот на училиштето со сечење на лента и официјално ги пуштија објектите изградени во рамки на овој проект. Со проектот се опфатени општините Пробиштип, Штип, Кочани и Виница, од кои во Штип се набавени надгледни средства и опрема за децата со посебни потреби, а во останатите три општини се извршени инфраструктурни зафати. Проектот се уште трае, а ќе заврши на пролет, идната година. Р.И.

12


ПРВО МЕСТО ЗА ИЗРАБОТЕНАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА Кога персоналот во една установа, а во конкретниот случај тоа е детската градинка „Гоце Делчев“ е вреден и креативен, тоа не останува незабележано. На конкурсот распишан од фирмата ЕКО ПАК – ХИТ од Кочани за избор на изработки направени од отпадни материјали, детската градинка Гоце Делчев го освои првото место за изработената новогодишна елка од пластични шишиња и доби награда дигиталаен фотоапарат и диплома. Со ова од Детската градинка покажаа како може да се употреби отпаден материјал во креативни цели и во конкретниот случај во збогатувањето на новогодишното украсување на дворот на објектот „Цветови“ во Пробиштип. Секоја чест за креативниот тим на чело со нивната успешна директорка. Како резултат на посветеноста при едуцирање и на дело реализирање на повеќе еколошки проекти во градинката од неодамна се добитници на зелено знаме од страна на здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО. Инаку зеленото знаме оваа година од вкупно 51 градинка во Република Македонија, го добија само четири градинки, меѓу кои е и ЈОУДГ „Гоце Делчев“ Пробиштип. Ова значи влезна виза за многу еколошки проекти кои ќе ги добие оваа градинка, а секако и парични средства кои ќе ги употреби за енергетска ефикасност во градинката. Р.И.

ОДРЖАНИ ВКУПНО ЧЕТИРИ ФОРУМСКИ СЕСИИ ОД ПРОГРАМАТА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА„ Во последните неколку месеци помеѓу општините Пробиштип и Кочани има интензивна соработка. Имено станува збор за проектот за развој на туризмот на СРТЦ Пониква финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка од Програмата „Форуми во заедницата„ каде општина Пробиштип е носител на проектот, а општина Кочани е партнер општина. Досега се одржаа четири заеднички форуми со граѓаните од Пробиштип и Кочани, така што две се одржаа кај нас во Пробиштип во хотел „Сан Нико“ и две во Кочани во ООУ „Кирил и Методиј“. Следната петта форумска сесија ќе се одржи во Пробиштип, а додека последната шеста форумска сесија ќе се одржи во Пониква. Граѓаните од Пробиштип и Кочани избраа вкупно шест проекти во текот на четирите форуимски сесии и тоа: -Изградба на повеќенаменски објект за култура и спорт; -Изградба на инфраструктура за алтернативен туризам и промоција на Пониква; -Изградба на резервоар за вода и доизградба на главна цевководна линија во СРТЦ Пониква; -Третирање на цврст и органски комунален отпад на Пониква; -Доизградба на главната сообраќајница низ СРТЦ Пониква и шеталиште; -Етно производи во урбана опрема; За овие шест проекти беа изработени Предлог проекти со предмерпресметки кои ќе бидат разгледани на Програмскиот одбор во Швајцарската агенција за развој и соработка во Скопје. На петтата форумска сесија која ќе се одржи во хотел „Сан Нико„ во Пробиштип, во месец февруари 2013 година, граѓаните треба да гласаат за еден проект од гореспоменатите кој ќе биде финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка со 3.400.000 денари и 3.400.000 денари учество од двете општини, односно по 1.700.00 денари од секоја општина и уште 10 % сопствено учество од секоја од општините. Н.С.

13


П РОБИШТ И П СКОТО Л О В Н О Д РУ ШТ ВО ГИ ЗБОГАТ УВА ЛО В Н И Т Е Т Е Р Е Н И Во текот на замските месеци раководството на ловното друштво „Пролов“ од Пробиштип на ловните терени, за кои ја доби и концесијата за стопанисување, за дивечот изврши редовен дотур на храна. -Во реализирањето на ловните активности имаме голема поддршка од членството, односно од ловците кои веќе се членови на ловното друштво. Досега се издадени над 260 членски книшки, но сепак мора да се каже дека бројот е со тенденција на постојано зголемување, вели Зоран Георгиев, претседател на ловното друштво „Пролов“ од Пробиштип. Во текот на месец декември е набавен подмладок од околу десетина диви прасиња, кои се пуштени на ловиштето број еден. Ова е период на прилагодување на пуштениот дивеч и очекуваме пуштениот дивеч целосно да се прилагоди и вклопи во новата природна средина, додаде Георгиев. Во„Пролов“ најавија дека во наредните месеци, а веројатно тоа ќе се случи во месец мај, на дел од ловните терени ќе бидат пуштени и поголема количина со прелетен дивеч. -Во тек се подготовките, пред пуштањето на фазанскиот дивеч, да организираме хајки за чистење на терените. Со фирма која работи на производство на фазанска дивеч веќе е постигнат договор да ни биде испорачан одредена количина фазани, кои наскоро ќе бидат пуштени на ловните

терени 2,3 и 4,- вели секретарот на „Пролов“,Јакимче Монев. Со добиената можност да го организираат ловот и заштитата на ловните терени, со кои стопанисуваат во ова пробиштипско ловно друштво, веќе е подготвен календарот и за останатите активности кои ќе бидат организирани и реализирани со расположливото членство. - Во месец март во план сме да извршиме целосна реконструкција на ловната куќичка во околината на село Шталковица, која во изминатите години беше запуштена, од која се останати само надворешните ѕидови. Во периодот на пролетните месеци, на дел од земјоделските површини во низинскиот дел на општината, ќе почне и подготовката за засејување на поголема површина под сончоглед на кои во летните месеци ќе се лови прелетен дивеч, велат раководителите на „Пролов“. Ова ловно друштво, со добиената документација од Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство, во наредните 10-20 години ќе стопанисува со четири ловни терени во подосогоските планини, како и во делот на рамночарскиот дел на територијата на општина Пробиштип. Т.С.

Општина Пробиштип и индо минерали и метали потпишаа меморандум за соработка Општина Пробиштип и комапнијата Индо минерали и метали, која стопанисува со рудниците Злетово и Тораница кај Крива Паланка, потпишаа Меморандум за соработка со кој е предвидено во Пробиштип да се изгради Музеј на ретки рударски минерали. Во духот на долгогодишната соработка меѓу општина Пробиштип и компанијата Индо минерали и метали – ДООЕЛ Пробиштип – рудници за олово и цинк Злетово и Тораница, во Пробиштип на 26 јануари 2013 година беше промовиран неодамна потпишаниот меѓусебен меморандум за соработка. - Со компанијата ИММ се договоривме во Пробиштип да изградиме Музеј на ретки минерали, кој ќе биде единствен од овој тип во Република Македонија и на Балканот, изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во музејската просторија ќе бидат изложени експонати од ретки мнрерали кои ги има на просторот на целата територија на Република Македонија. Музејот ќе биде изграден во централното градско подрачје на Пробиштип со кој ќе се придонесе за поголема афирмација на оваа значајна стопанска дејност на подрачјето. Целта е да се покаже дека рударството на овие простори има далечни корени. Во музејот, покрај минералите, ќе бидат изложени и ретките зачувани кожени торби и дрвени рударски алатки, користени пред повеќе векови а пронајдени во јамските простории во рудниците во овој крај. Очекувам дек, сместувањето на сегашната минералошка збирка во една ваква трајна поставка, ќе

биде интересна и за туриститите но и како едукативен центар за сите млади генерации, а пред се учениците и студентите кои се имаат одлучено рударството и геологијата да им бидат нивна животна професија со што ќе придонесат рударството да стане уште поинтересно со што ќе се постигне и главната цел рударењето да стане значајна гранка за развој на општините од источниот регион на државата, - изјави градоначалникот Тоневски. На средбата со новинарите преставникот од компанијата Индо минерали и метали, Иван Јованоски, изјави: - Задоволство и чест ми преставува што компанијата ИММ, заедно со општина Пробиштип, ќе почнат со градба на еден ваков Музеј на ретки минерали. Ова е мал чекор кон афирмацијата на минералното богатство кое го имаме на располагање во рудниците во овој дел од Република Македонија. Вредноста на проектот е проценета на околу 120 000 евра, со тоа што половина од парите ќе ги обезбеди компанијата ИММ а остатокот Општина Пробиштип од сопствени буџетски средства. Тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи на Музејот за ретки минерали е веќе започната. Според најавата, првите градежни работи се очекува да започнат во месец април. Рокот за изградба е 4 месеци. - Тоа значи дека кон средината на летото во Пробиштип ќе имаме нов Музеј на ретки минерали, додаде градоначалникот на Општина Пробиштип, -Тони Тоневски.

14

Т.С.


СИЗП

Систем за идентификација на земјишни парцели Од почетокот на проектот за евидентирање на обработливите површини во системот за идентификација на земјоделските парцели, во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Пробиштип евидентиран е имотот на половина од земјоделците во општината. Преостанатите ќе треба да ги пријават нивите со земјоделски култури до март. Евидентирањето на парцелите е еден од условите што треба да ги исполнат земјоделците за да добијат субвенции. На овој начин ќе се има увид во земјоделското земјиште кое се обработува, ќе се знае со кои парцели земјоделецот конкурира за субвенции. Локацијата на земјишните парцели се утврдува со присуство на земјоделците, а по завршувањето на проектот за евиденција, ќе се знае реалната површина што земјоделците ја обработуваа, изјави Марјан Арсов, стручен соработник во ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Пробиштип, задолжен за спроведување на СИЗП. Господине Арсов што е СИЗП? М.А. СИЗП - Во тек е националната кампања ”Систем за идентификација на земјишни парцели – СИЗП” Во изминатиот период дистрибуирани се лифлети за информирање на земјоделците за воспоставување на Системот за идентификација на земјишни парцели – СИЗП. Печатени копии од лифлетите можат да се најдат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – МЗШВ и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството- АПРЗ. Системот за идентификација на земјишни парцели е систем со кој се идентификува земјоделското земјиште што тековно се обработува. Системот користи прецизни авионски снимки, на кои е прикажана реалната состојба на земјиштето и неговата употреба. Со помош на СИЗП, графички се исцртуваат земјишните парцели и автоматски се пресметува точната површина на земјиштето Кој го воспоставува и спроведува СИЗП? М.А. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) е одговорно за воспоставување и спроведување на системот за идентификација на земјишните парцели СИЗП Каква корист имаат земјоделците од СИЗП? М.А. Користа од процесот на регистрација на обработливото земјоделско земјиште најмногу го имаат самите земјоделци. Со регистрацијата на Вашето земјиште во СИЗП системот ги добивате следниве придобивки и тоа: - Право за добивање на субвенции во иднина; - Нема мерење на парцелите на терен, бидејќи тие се гледаат на авионските снимки (ДОФ); - Ќе знаете кое земјиште и со каква искористеност на земјиштето (култура) може да го пријавите во иднина; - Процесот на пријавување на земјиштето во иднина ќе биде поедноставен и побрз, бидејќи од година во година само треба да регистрираат и измерат измените. Ги повикуваме сите евидентирани земјоделски стопанства кои досега имаат добивано финансиска помош-субвенции да дојдат во ПЕ Пробиштип на МЗШВ надоцна до 28 Фебруари за да се исцртат нивните обработливи парцели со цел да можат да аплицираат за субвенции оваа година. Како ќе се исплаќа финансиската помош и кога? М.А. Финансиската поддршка субвенциите ќе се исплаќа на истиот начин како и досега но со таа разлика што сите кои аплицираат за субвенции ќе мора да бидат регистрирани во СИЗП. Кои документи треба да ги понесат земјоделците со себе при регистрирањето во СИЗП? М.А. Пред сè, треба да имате листа на сите парцели што ги поседувате и обработувате. Ако имате какви било документи за сопственост, треба да ги понесете на состанокот. Овие документи може да бидат: имотен лист, договор за купопродажба/ закуп или било кои други документи во врска со Вашето земјиште. Колку ќе ве чини регистрирањето во СИЗП? М.А. Целиот процес на регистрација на земјоделското земјиште во системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП) е бесплатен. Каква поврзаност има Фарм регистерот (ЕРЗС) со СИЗП? М.А. Фарм регистарот содржи информации за повеќе од 100.000 земјоделски стопанства во РМ или 1500 земјоделски стопанства во ПЕ Пробиштип. Податоците кои се веќе внесени во Фарм регистарот претставуваат основа за имплементирање на СИЗП. Понатаму преку СИЗП сите информации за користењето на земјоделското земјиште.ќе бидат редовно ажурирани . Т.С.

15


Потпишаниот меморандум не е само на хартија На иницијатива на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Здружението на пензионери од Пробиштип потпиша Меморандум за соработка со Општинската организација на Црвен крст-Пробиштип кој успешно се инплементира и ги даде потребните резултати. Соработката е во делот на едукативното советување и хуманитарните активности. Во текот на оваа година се реализираа многу такви проекти. Вклучувајки се во одбележувањето на Неделата на грижа за старите лица, беа одржани две предавања од областа на здравствената заштита, кои не само што беа масовно посетени туку предизвикаа голем интерест кај пензионерите со желба вакви и слични средби со докторите да има почесто од причина што тие се мошне корисни за оваа популација. На првото предавање Д-р Марија Андоновска од приватната здравствена установa “Д-р Мијалче Андоновски“ говореше за ракот на дебелото црево, причините, превентивата, предвременото откривање и навременото лекување. Имајки предвид дека оваа болест е чума на 21-от век, пензионерите покажаа голем интерес и поставуваа бројни прашања. Второто предавање се однесуваше токму на повозрасната популација каде Д-р Татјана Анастасовска се определи да говори за дијабетисот или шекерната болест која се повеке зазема замав а нејзини причинителите се многу. Таа се наврати за причините за појавата на оваа, како што ја нарече, тивка но подмолна болест и другите заболувања кои се резултат токму на дијабетисот. Потоа се пристапи кон бесплатно мерење на шекер во крвта и мерење на крвниот притисок. Предавањата и бесплатните мерења беа организирани во соработка со Општинската организација на Црвениот крст каде споменатите докторки се повекегодишни волонтери и активисти. Во пресрет на 3-ти Декември Светскиот ден на лицата со хендикеп Здружението на пензионери заедно со Црвен крстПробиштип организираа собирна акција за облека и обувки кои беа наменети за штитениците во Специјалниот завод во Демир Капија. За кус временски период беа собрани над илјада парчиња облека кои им беа подарени на лицата со хендикеп, сместени во заводот .

16

При посетата донаторите беа примени од директорот на заводот Г-дин Петре Николовски кој им ја престави сликата за оваа установа, ги запозна со личната карта на Заводот, со активностите кои се организираат од страна на дефектолозита, медицинскиот и другиот персона, се со цел да им се овозможи на штитениците целодневен организиран престој, бидејки тие тука престојуваат повеке години и се лица со тежок инвалидитет.Беше организирана и средба со дел од овие лица распоредени во повеке павиљони. Како што ни беше речено тука престојуваат и свое засолниште нашле 260 лица од 6 па до 30-40 години. Оваа донација беше потпомогната и од хуманитарната организација “Помош за Македонија“ од Холандија. Пред извесно време во посета на установата беше и Јесика Готенбос, преставничка на федерацијата, која целосно беше информирана како фукционира истата и со какви проблеми се соочува. Госпогата Готенбос вети дека заедно со Здружението на пензионери и Црвениот крст од Пробиштип ке се заложи во наредната година од Холандија да донира поголема помош за Заводот во Демир Капија. Сето ова говори дека потпишаниот меморандум не остана само на локално ниво, се прошири пошироко па дури и надвор од нашата земја. М.З.


МИКИ КОЦЕВ ОД ПРОБИШТИП Е ПОБЕДНИКОТ

НА 34 ФЕСТИВАЛ НА ПЕЈАЧИ АМАТЕРИ„ПРОФЕСТ“ 2012 Мики Коцев од Пробиштип за песната „Ако згрешам нека изгорам“ е победникот на 34 Фестивал на пеjачи аматери „Про фест“ 2012, кој во петокот на 16 ноември, во организација на Домот на култура „Злетовски рудар“ се одржа во киносалата во Пробиштип. Во полната сала пред присутните се претставија 14 натпреварувачи кои со своите интерпретации се натпреваруваа за една од наградите, бронзен, сребрен и златен воденичен камен. Младите пејачи со убавиот глас ги воодушевија присутните во салата, кои не го штедеа аплаузот за да ги наградат. Со заокружување на кандидатот кој најмногу им остави впечаток на гласачкото ливче, публиката за најдобар на „Про фест“ 2012 го прогласи Дејвид Стојков од Пробиштип, кој ја испеа песната „Лихнида кајче веслаше“. Стручната жири комисија третото место и го додели на натпреварувачката од Делчево Елена Стојчевска, за песната „Абре чичо“, а второто место му го додели на Антонио Додевски од Крива Паланка за песната „Розо моја“. И годинава имаше млади и талентирани пејачи пред кои допрва е иднината, а еден од наградените ќе има можност да настапи на најреномираниот музички фестивал во земјата „ Фолк фест “, Валандово 2013. Посебен тон на манифестацијата и даде водителот, професионалниот актер Сашко Коцев, еден од најдобрите стенд ап комичари во земјата, кој свен оној официјалниот водителски дел до солзи ја насмеа публиката, која пак му возвраќаше со бурен аплауз. Во музичкиот дел гости беа минатогодишните победници и гостинката од Ќустендил, Република Бугарија, Слава Соколова, која дојде во придружба на момче и девојче, млади интерпретатори, мошне надарени, кои предизвикаа посебно внимание кај присутните во киносалата. Наредната 2013 година се надеваме дека по повод јубилејот 35 години најстариот фестивал во Република Македонија, Фестивалот на пејачи аматери „Про фест“ ќе биде со поголем број на учесници од цела Македонија, но и со голем број на гости. Р.И.

17


ДЕДО МРАЗ ИМ ЈА ЧЕСТИТА НОВАТА ГОДИНА НА ДЕЧИЊАТА ОД ОПШТИНА ПРОБИШТИП Дедо Мраз во придружба на кловнот Нино, и годинава ги обиколи најголемите месни заедници во општината, каде на дечињата и месното население им делеа бонбони, честитајќи им ја Новата година. Дечињата од Злетово и Пробиштип исто така со восхит ги дочекаа и заедно со нив пееа, играа и се радуваа на деновите што следат. Секако се фотографираа и во траен спомен ја зачуваа оваа средба со саканите ликови. Општина Пробиштип и годинава се потруди на своите најмлади, но и на повозрасните сограѓани да им ги разубави

празничните денови, односно дочекот на новата 2013 година. На градскиот плоштад беше организиран дочек, а новите мигови на Новата година блеснаа со прекрасниот огномет. Секако вовед на празниците беше токму посетата на Дедо Мраз и кловнот Нино кои ги наговестија убавите и весели денови што следат, а со тоа од општината на чело со градоначалникот Тоневски на сите свои сограѓани од срце им ја честитаа Новата година. Р.И.

БОЖИЌНИ СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СОГРАЃАНИ Од минатата година заедно во соработка со црквата „Успение на Пресвета богородица“ од Пробиштип, градоначалникот Тоневски во придружба на страешината на црквата ги посетуваат социјално најзагрозените сограѓани во пресрет на нашиот најголем христијански празник „Божиќ“ и им даваат социјални пакети во кои има прехрамбени артикли и средства за хигиена, кои ќе им послужат празниците што следат да ги поминат поубаво и подостоинствено. Беа опфатени 34 семејства и 6 граѓани кои се самци и се тешки социјални случаи. Ова е еден убав гест на добра волја и разбирање и за оваа категорија на граѓани кои во одреден момент од животот се нашле во една таква состојба. Со вакви или слични гестови се потврдува дека градоначалникот Тоневски е Градоначалник на сите граѓани во општината. Р.И.

18


ПРОБАСКЕТ З

а кошаркарите од пробиштипски КК ,, Пробаскет,,зимската пауза заврши на 9 февруари. Во спортската сала на ОУ „Браќа Миладиновци“ пролетната полусезона кошаркарите на Пробаскет ја започнаа со одложениот натпревар од 6 коло од есенската полусезона. Според календарот на КФМ на 16 февруари започнуваат натпреварите од пролетниот дел на првенството во Третата кошаркарска лига во Македонија.

СО ВОЗИЛАТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ОД ПРОБИШТИП САМО ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 2012 ГОДИНА ТРАНСПОРТИРАНИ ОКОЛУ 1000 ПАЦИЕНТИ, ОД КОИ 180 ИНТНИ СЛУЧАИ

Со 2230 услуги, реализирани во втората половина од ланската 2012 година, Итната медицинска помош ово Пробиштип е една од најпосетуваните служби во Јавната установа Здравствен дом ,,Нада Михајлова,, во Пробиштип. - Покрај повиците за итна помош, службата работи и на домашни посети како и за време на викендите, ноќните смени и празничните денови. Што се однесува до повиците на дежурниот телефон 194, на итната, односно Брзата помош, се користи постојано, во секој период од денот. За последните 6 месеци се регистрирани околу 300 јавувања, изјави доктор Јагода Ристеска, директор на ЈЗУ Здравствен дом ,,Нада Михајлова,, во Пробиштип. Ваквите бројки најдобро покажуваат за оправданоста од формирањето на оваа служба, која постои од септември 2010 година. Пациентите од подрачјето на општина Пробиштип со пофални зборови и за обновениот возен парк на оваа здравствена установа, која кон крајот на 2012 година, кога со донација на Владата на Република Македонија, преку Министерството за здравство и на пробиштипскиот здравствен дом беше доделено ново амбулантско возило наменето за службата за Итна помош. Покрај донираното возило од Владата, Итната помош во Пробиштип, располага и со уште 4 други исто така нови возила, од кои 3 се набавени со сопствени средства а едно е донација од владата на Јапонија. Службата за Итна помош е екипирана со 5 доктори и 5 медицински сестри како и со возачи за опслужување на возилата за транспорт на пациентите.

19


ИЛЕ ПЕТРОВСКИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ И МЛАДОЖЕНЕЦОТ ИЛЕ ИЛИЕВСКИ СЕ НАЈСРЕЌНИТЕ НА ОВАГОДИШНИОТ ВЕРСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ И годинава верскиот празник Водици предизвика голем интерес кај Пробиштипјани и Злетовчани. Кога си присутен на местото на настанот го имаш чувството како целиот народ да е дојден за да биде дел од оваа наша убава традиција. Се фрлаше светиот крст во водите на Злетовска Rека и во базенот на Аква паркот во Пробиштип. Интересот за капење во ладните води беше голем. Во Злетово традиционално во раните утрински часови, се капеа младоженците, кои стапиле во брак во изминатата година. По крстот се фрлија десетина, а најсреќниот, кој го фати е Иле Илиевски. Во Пробиштип манифестацијата започна во 11 часот, каде прво до присутните се обрати првиот човек во општината, градоначалникот Тоневски, за потоа свештениците од црквата „Успение на пресвета Богородица“ да пристапат кон чинот на осветување на водата и фрлање на светиот крст во градскиот базен, по кој се фрлија над триесет наши сограѓани. Четврти пат по ред, односно во далечната 1993, па во 1995, 2010 и годинава среќниот пронаоѓач на крстот е Иле Петровски, професор по физичко во СОУ „Н.Н. Борче“, кој не го криеше задоволството од тоа што и годинава е „најсреќниот“. Градоначалникот на општина Пробиштип на двајцата Илевци им дари по еден златник со ликот на Пресвета Богородица, како траен спомен од овој убав свет ден. Нека е за многу години. Р.И.

Општина Пробиштип, тел: 032/483-131 email: info@probistip.gov.mk | www.probistip.gov.mk | facebook.com/probistip

Opstinski informator 29  

Probistip - Opstinski informator 29

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you