Issuu on Google+

BESPLATEN ПРИМЕРОК

Работна Задача = Проектна Задача Цел за секој млад претприемач [5]

Трендот за изучување проектен менаџмент е мотивиран од конкуренцијата [2]

ПРЕТПРИЕМАЧ.МК Некомерцијално издание

Година 1 Број 9

Излегува еднаш месечно

Август 2010

Д-р Сашо Арсов, вонреден професор на Економскиот факултет, универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ ВО

МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

h Чарлс Дарвин, зборувајќи за еволуцијата на видовите, рекол дека низ историјата на светот не опстанале оние видови што биле најголеми и најсилни, туку оние што биле најмногу способни да се приспособуваат кон постојаните промени. g

Бидејќи ваквиот амбиент на постојани промени е карактеристичен и за малите и за средните претпријатија, нивните менаџери и претприемачите мораат да бидат свесни за неопходноста од реализација на голем број проекти, како и да се обучуваат во правец на нивно успешно управување. Ова го истакнуваме од причина што проектниот менаџмент не е идентичен со секојдневниот менаџмент на компаниите. Најпрво е потребно временски да се разграничат основањето на претпријатието, инвестирањето, екипирањето, сé до почетокот на редовната работа на претпријатието. Овој комплекс на активности претставува проект и тој е временски заокружен. По него, почнува редовното функционирање на претпријатието, кое има свој континуитет и не е временски ограничено, поради што за него важат принципите на општиот менаџмент. Со оглед на тоа што претприемачите обично го менаџираат целокупниот процес од создавањето на идејата за сопствен бизнис до нејзината реализација и почнувањето на животот на претпријатието, може да се каже дека тие стекнуваат одредено искуство (но тоа не значи и доволно знаење) од областа на проектниот менаџмент.

како одговор на појавата на две ситуации: проблеми и можности. Проблемите се решаваат преку реализација на проекти, а можностите се искористуваат на истиот начин. Првата специфичност кај малите претпријатија се јавува уште во доменот на организацијата на претпријатијата, а со тоа и организацијата на проектниот тим. Чистиот проектен тип на организација (организирање издвоени проектни тимови) тука речиси и не е применлив поради ограниченоста на ресурсите и просторот. Ова, секако, не важи за претпријатијата што по природата на својата дејност

Кој треба да ги менаџира проектите? Често во улогата на проект-менаџер во малите претпријатија ќе го сретнеме главниот менаџер на претпријатието, обично неговиот сопственик, претпр­ иемачот. Доколку претпријатието реал­ изира проекти одвреме-навреме, тоа може и да се прифати. Доколку, пак, проектите се чести, а обемот на работа на компанијата е голем, ваквата ситуација ќе доведе до преголем ангажман на менаџерот, а со тоа и до негово исцрпување, пропусти и неквалитетно менаџирање. Поради тоа, неопходно е

На крајот на овој краток осврт само би истакнале дека тука се изнесени само мал број елементи на проектниот менаџмент во малите претпријатија, додека за негова успешна реализација е неопходна постојана обука од оваа област, бидејќи општите принципи на оваа дисциплина важат и тука.

Не смее да се заборави дека проектниот менаџмент денес најмногу се опишува како управување со стејкхолдерите (засегнатите лица). Кај малите претпријатија тоа е олеснето поради помалиот број вработени и помалкуте нивоа на управување. Тоа ја нагласува важноста на управувањето со тимот, но и со надворешните стејкхолдери. Практиката покажала дека најефикасно е управувањето со тимовите составени од помалку од 10 лица, потоа доколку членовите на тимот се лоцирани на мало растојание, доколку членовите му одговараат директно на проект-менаџерот итн. Сево ова е најчесто присутно кај малите претпријатија, така што може да се каже дека тие претставуваат поволен амбиент за реализација на проекти. Проектите се јавуваат и во текот на функционирањето на претпријатието,

технолошка структура на проектот (WBS– Work Breakdown Structure), може да се примени матрица на одговорностите, во која активностите од кои се состои проектот се претставени во колони, а во редовите се членовите на проектниот тим. Наместо мрежно планирање, сосема соодветно е да се користи старата, но сé уште широкоприменувана техника на гантограми. Наместо пристапот на реализирана вредност (Earned Value Analysis), при мониторингот можат да се користат поедноставни извештаи за реализацијата на активностите. Особено треба да се истакне значењето на последната фаза од секој проект - неговата завршна евалуација. Кај малите претпријатија тоа ќе обезбеди создавање корпус од знаења, кој ќе овозможи идните проекти да бидат менаџирани од страна на другите менаџери во компанијата, а со тоа и растоварување на главниот менаџер.

имаат проектен тип на организација (консултантски куќи, маркетинг-агенции, проектантски бироа). За малите бизниси најмногу одговара матричната организација на проектите (формирано јадро на тимот, со користење на услугите на другите функции во претпријатието) или чистиот тип на функционална организација, доколку во претпријатието постои таква структура. Споменатата специфичност наметнува нов проблем. Поради ограничената расположливост на кадрите во претпријатието, реализацијата на проектите во ваков амбиент ќе доведе до поголема оптовареност кај одредени клучни лица, но и до можно незадоволство кај нивните функционални менаџери поради делумната или целосна загуба на услугите на овие лица во одреден период. Оттука, дополнителниот ангажман на луѓето треба внимателно да се планира и соодветно да се награди, водејќи сметка при тоа да не страда основната дејност на претпријатието.

да се сфати потребата од создавање едно јадро од проект-менаџери, како лица што се обучени да ја преземат таа улога во одделни проекти. Понекогаш во малите претпријатија се практикува, наместо назначување формален проектменаџер, да се дефинира координатор на проектот, додека донесувањето на поважните одлуки се врши од страна на тело составено од менаџментот на компанијата, на неговите редовни состаноци. Оваа практика може да создаде проблеми поради отсуството на дефинирана одговорност за проектот, отсуството на фокусираност кон проектот, недоволната централизираност на сите информации за проектот и сл. Доколку се работи за помали проекти (што е релативно, бидејќи се работи и за помали претпријатија), некои од техниките што се применуваат во проектниот менаџмент можат да бидат поедноставени. Така, наместо детална организационо-

ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏЕР ТРЕБА ДА ИМА ЕКСПЕРТСКИ ПОЗНАВАЊА ЗА ПРОЕКТОТ ШТО ГО ВОДИ

2

РАБОТАТА НА ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏЕР Е КАКО НА СПОРТСКИОТ ТРЕНЕР

4

ПРАКТИЧЕН ПРОЕКТМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ

6

ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏМЕНТ СЕКОЈДНЕВНО РАСТЕ!

8

ОБУКИ ЗА СОВРЕМЕНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ ВО СЕМОС-ЕДУКАЦИЈА

8


2

Број 9 | Август 2010

Сашко Целаковски, раководител на деловен развој во ИТгма

Славица Илиеска, “Моменти” - агенција за планирање и за организација на настани

Трендот за изучување проектен менаџмент е мотивиран од конкуренцијата

Проектниот менаџер треба да има експертски познавања за проектот што го води 4.

1. Што во основа претставува проектниот менаџмент и кое е вашето искуство во оваа област?

конкурентноста, како на софтверските комп­ан­ии со нивните ривали на пазарот, така и помеѓу вработените, односно проектните мен­­аџ­ери, на пазарот за вработување.

Проектниот менаџмент претставува планирање, организирање и управување со ресурси за да се спроведе успешно некој проект, или, пак, да се постигнат одредени цели. Примарна задача на секоја метода за проектен менаџмент е исполнување на сите цели на проектот во дадените услови и зависности. Проектите секогаш се од привремен карактер, односно имаат почеток и крај, поради тоа типични зависности што се јавуваат кај проектниот менаџмент се времето на спроведување на проектот, содржината на проектот и буџетот на проектот.

Дополнително, ваквиот тренд е забрзан и од самата природа на софтверската индустрија, која е многу динамична и во постојана промена. Методологиите за управување со проекти се менуваат и мора постојано да ги пратите, што повлекува постојано учење и надградување. Денес практично не можете да соработувате со софтверска компанија од Запад доколку не сте ги совладале модерните техники за проектен менаџмент, т.н. агилни методи како што е Скрам на пример.

4. Која е потенцијалната целна група Моето лично искуство со проектен менаџмент е заинтересирана за обучување во проектен во контекст на софтверската индустрија, поточно менаџмент: големи, мали претпријатија или, пак, менаџирање софтверски проекти, изработка на поединци? софтверски решенија за поефикасно менаџирање про­екти, како и кратки предавања/обуки на идните Сметам дека поединците, независно дали се студенти или, пак, вработени во некоја од софтверските проектни менаџери. компании, треба сами за себе да се грижат за 2. Можете ли да ни кажете кога се појавува обучување во проектен менаџмент – барем оние што сакаат да се занимаваат со менаџерска работа во кај нас во Македонија потребата од активно ��зучување и употреба на проектниот менаџмент нивната кариера. во софтверската индустрија?

Многу веројатно проектниот менаџмент е застапен уште од самиот почеток на софтверската индустрија во Македонија. Сепак, може да се забележи дека нивото на практикување е многу ниско. Ретко кога проектниот менаџер во некоја софтверска компанија од Македонија е едуциран и поседува соодветен сертификат за некоја од методите за менаџирање софтверски проекти. Исто така, проектниот менаџмент не е доволно застапен и во високото образование. Практично, во наставната програма на техничките факултети не се посветува доволно внимание на оваа тема.

Компаниите, од друга страна, независно дали се мали или големи, ќе имаат бенефиција доколку овозможат едукација на нивните менаџери, но и одредено пониско ниво на едукација за техничките (инженерските) позиции, кои ќе бидат многу поефикасни доколку ги разбираат и организацијата и извршувањето на проектните планови. 5. Кои други способности е корисно да се развијат покрај теоретското познавање проектен менаџмент, дали можеби е потребно да се изучуваат и некои од соодветните алатки?

Добар проектен менаџер е амбициозен и се труди да ги постигне примарните цели на проектот преку најоптимална алокација и интеграција на ресурсите. Затоа е потребно повеќе од познавање на методите и на техниките за проектно менаџирање, потребно е да сте одличен комуникатор, лидер, да можете да работите со луѓе, да го познавате доменот на проблемите на проектот итн. Секако, неопходно е да 3. Колку во изминатиов период во кој Вие познавате некоја од софтверските алатки за проектно работите ја чувствувате динамиката на пораст на менаџирање. Кај нас, како и во светот, многу раширена е Microsoft Office Project, но на Интернет може да се овој тренд? најдат многу слични алатки, кои имаат и придружни Пораст има дефинитивно, сега повеќе од кога модули за колаборација, следење дефекти и сл. n било порано. Најверојатно тоа е мотивирано од Имав шанса да одржам неколку кратки предавања на државните и на приватните факултети во Скопје токму на теми за проектен менаџмент и развој на софтверски производи. Можам да кажам дека студентите се редовно заинтересирани и предавањата се многу посетени. Можеби би требало да се модифицира наставниот курикулум за да ја прифати оваа заинтересираност.

1.

Што за вас претставува проектен менаџмент?

Управување и следење на реализацијата на строго дефинирани задачи и временски рокови на сите дир­ ектни и индиректни учесници во проектот. 2.

Сметате ли дека проектниот менаџмент може да се примени во малите претпријатија?

Проектниот менаџмент може да се примени и на индивидуа во форма на “to do” листа за задачи, кои треба да се завршат во одреден рок. Во мали претпријатија со неколку вработени проектниот менаџмент подразбира организација на работните обврски, на начин во кој еден од вработените (оној со најмногу предзнаења од конкретната област) ја презема улогата на тим-лидер, кој според барањата на клиентот ги идентификува, делегира и ја следи реализацијата на задачите во конкретни временски рокови. 3.

Колкав процент од вашата работа се сведува на проекти?

h

Околу 90 проценти од работата на “Моменти” се проекти. Секоја дадена услуга на клиент, која вклучува ангажирање повеќе од еден менаџер на настани и надворешен соработник, ја сметаме за проект. Преостанатите 10 проценти се однесуваат на услуги на посредување при ангажирање надворешна фирма/соработник.

g

Какво е вашето искуство со работа на проекти?

Како и секоја start-up фирма, така и “Моменти” во проц­есот на развој се соочи со потребата од развивање начин на меѓусебна комуникација меѓу самите вработени за да се направи распределба на задачите, за да се осигури покривање и на најситниот детаљ, за да се спречат преклопување и извршување на иста задача од двајца учесници и, најважно, да се одреди едно лице што ќе ги има сите информации од сите вклучени, во секој момент и ќе може да ги координира, следи и да им дава насоки. Едноставно кажано, почетоците на проектниот менаџмент за “Моменти” беа во форма на испечатени обврски на лист хартија закачена на табла видлива за сите, при што на крајот на денот секој даваше информации до каде стигнал со реализацијата на зададените задачи и кои се обврските за следниот ден. Откако увидовме дека овој начин е функционален почнавме со користење едноставни „to do” листи, онлајн-достапни и видливи за сите вклучени во проектот, со можност за нивно менување и додавање забелешки. Во моментов тестираме неколку онлајн-софтвери за проект-менаџмент, истовремено и “Microsoft Project”, за да најдеме едно решение што ќе ни одговара на сите, кое ќе биде прегледно, лесно за употреба и дополнително ќе ни ги олесни работата и следењето на напредокот. 5.

Дали проектниот менаџмент го применувате арбитрарно, или, пак, имате развиено соодветна методологија, фази по кои се раководите?

Со текот на времето и стекнато професионално иск­ уство развивме една методологија специфична за организација на настани. Доколку сметаме дека фазите на реализација на проект се слични за голем број проекти и вообичаено вклучуваат подготвителна фаза, фаза на реализација и фаза на оцена и извештај за сработеното. При планирањето настани, пак, би ги поделила фазите на: подготвителна фаза (креирање тим, собирање информации и идент­ ификување партнери/доставувачи/ресурси); пром­ от­ивна фаза (запознавање на јавноста со проектот и лобирање за зголемување на свеста); фаза на реализација (супервизија, логистика, протокол); фаза на постреализација (собирање на оцените од сите вклучени учесници, подготовка на извештај за реализираниот проект и насоки на следни активности). 6.

Кои се карактеристиките што според вас се многу важни да ги поседува еден проектен менаџер?

Најважни карактеристики на проектниот менаџер е одлично менаџирање со време, што вклучува добро планирање на времето потребно за извршување на предвидените задачи и почитување крајни рокови; способност за делегирање задачи на вистинските професионалци за конкретната област; лидерска способност за мотивирање на сите вклучени за успешна реализација на проектот. 7.

Дали сметате дека проектниот менаџер треба да биде експерт во својата област?

Сметам дека треба да има основни познавања од проектен менаџмент и придобивките од неговото користење и, секако, да има експертско знаење за про­ектот што го води, односно неговото знаење да вклучува разбирање на задачите што сите други учесници во проектот ги извршуваат, за да може без проблем да го следи текот на проектот и брзо да интервенира при евентуален застој.n

Џоан Гилман, школа за бизнис при Универзитетот во Висконсин

Најважно е да се види големата слика

Мојата задача за овој месец е проектен менаџмент. Мислам дека ми е дадена огр­ омна тема, за која е потребна цела книга за да се покрие, а јас тоа треба да го направам на приближно една страница. Ете тоа е проект. Но јас ќе се обидам и ќе ја покријам најдобро што можам.

Прво, што е тоа проектен менаџмент? Тоа е добродефиниран сет на вештини што се вклучени во постигнување комплексни цели и кои вклучуваат повеќе луѓе, значително времетраење и значителни фин­ансиски ангажмани. Проектниот мен­ аџер најчесто ја има најмалата улога во дизајнирањето на проектот, но е одговорен за распределба на ресурсите во рамките на една организација и надвор од неа, за да осигури дека целите се постигнати навреме и во рамките на буџетот. Едноставно кажано, проектниот менаџер е “сообраќаен полицаец”. Вие морате да управувате со вниманијата во групата и да бидете сигурни дека тие одат во правата насока, избегнувајќи падови. Мислам дека еден од најважните делови на проектниот менаџмент е да се види поголемата слика. Каде овој проект се вклопува во целокупната визија и мисија на компанијата или организацијата? Не треба само вие како проектен менаџер

да го видите ова, туку и лицето на кое му поднесувате извештај, оние што вие ги надгледувате треба да ја разберат важноста на визијата и, на крајот, тој што ќе го употребува, купувачот, треба да имаат потреба од завршениот проект. Купувач може да биде некој друг оддел или лице во компанијата, или, пак, традиционален купувач што го бара резултатот. Разбирате ли како овој проект се вклопува во текот на работата на компанијата, вашиот тек на работа, работата на вашата група? Премногу проекти се доделени без да се гледа на големата слика. Во денови на голема компетитивност секој мора да додава проекти што можат да се завршат додека истовремено продолжува работата на компанијата. Немој да кажеш “ДА” за додавање проект сé додека ги немаш алатките што ти се потребни за да го завршиш проектот. Во кутијата за алатки јас ги гледам потребната опрема, кадровските барања, имањето на правите

луѓе за завршување работа и подршката од претпоставениот (доколку вие не сте шефот). Поставувањето разумен рок и добивање согласност од сите инволвирани е многу важно. Сите сакаат работите да бидат завршени уште претходниот ден. Што е песната на Битлси „Вчера помина”? Ова е најчесто тешко, бидејќи постојано посто�� притисок. Подобро е да воодушевите со завршување на работата ден порано, отколку да разочарате со доцнење од денови, недели, месеци. Подгответе се и бидете сигурни дека рокот е изводлив. Поделете го на управливи делови. Што ќе можете да направите вие и вашиот тим овој месец, оваа недела, денес? Можам ли да ги добијам навреме материјалите и луѓето што ми требаат? Гледам многу проекти што ја играат играта побрзај па забави. Тоа е многу фрустрирачки. Роковите, календарите, алатките за пратење и листите за проверка се одлични средства, употреби

ги, сподели ги, тие му помагаат секому да управува со очекувањата и, најважно, да ги исполни обврските сигурно и навремено. Добивајте повратни информации често! Проверувајте го често проектот од крајот до врвот. Правете проверки секојдневно со оние што ја вршат работата, а со претпоставените неделно. Ова се надеваме ќе направи да се избегнат изненадувањата што можат да го попречат проектот. Како менаџер денес вие сте мајсторжонглер. Вие сте често одговорни за неколку проекти, додека истовремено ја одржувате вашата секојдневна работа да се одвива правилно. Вие морате да ги држите сите топки во воздух, и кога често другите ви додаваат нови. Најважно е да развиете ефикасен, сигурен, повторлив систем. Често овие системи мора да бараат натпреварувачки предизвици. Вие морате да работите со другите ефикасно на сите нивоа. Добрите вештини на луѓето се многу важни. И на крајот вие мора да се носите со емоционалните барања, како со вашите така и со на другите. Преоптоварен проект е огромен проблем, особено денес. Земи си време за да размислиш, планираш и земи здив! n


3

Број 9 | Август 2010

Бојана Стојменовска, проектен координатор во www.mladiinfo.com

Проектниот менаџмент сам по себе е динамичен процес, кој поставува пречки и отвора врати Заиочни го швојош бизнис денес!

yy Имаш бизнис идеја? yy Разработен бизнис план? yy Немаш простор за започнување со бизнисот?

- добиваш? Шшо Комплетно опремена канцеларија за само

(Цената се однесува на метар квадратен и во неа не е вклучен ДДВ)

Поаѓајќи од ова верување www.mladiinfo.com во изминатиот период од две години постоење се разви од локална студентска иницијатива во глобален студентски сервис. Земајќи го предвид широкиот спектар на информации што порталот ги објавува, би рекла дека неговата содржина и популарност се во пораст поради неколку причини. Пред сé, www. mladiinfo.com како студентски сервис се адаптира кон потребите на своите корисници; секој посетител е во потрага по реализација на својата амбиција. Притоа, порталот станува олицетворение на секој индивидуален посетител, осврнувајќи се кон него и црпејќи го својот развој од индивидуалните потреби, што на крајот создава простор за колективно остварување успех. Виртуелниот успех на www.mladiinfo.com во моментов се насочува и кон креирање физички простор за редовни образовно-информативни конс­ ултации и услуги што ќе бидат бесплатни и достапни за сите што имаат потреба и/или интерес. Овој аспект на проектното менаџирање е најголемиот тест за секој проектен работник- способноста да ја примени својата

основна идеја во друга форма, но со предизвикувачки концепт. Кредибилитетот за успешното проектно менаџирање расте додека успехот се дуплира. Секако дека ризикот е присутен, но неспоредлива е иницијативата за ваков вид потфат со статус квото во “играњето на сигурно”. Во проектниот менаџмент не смее да има пасивност, тоа е динамичен процес, кој сам по себе поставува пречки и отвора врати. Со гордост изјавувам дека www.mladiinfo.com досега надмина многу пречки, но и го премина прагот на уште повеќе отворени порти додека трпеливо им ги придржуваше вратите отворени и на сите свои следбеници. За крај би истакнала дека најголемиот успех се состои во тоа што нашиот сервис не е само виртуелен простор замислен за привилегирани поединци, напротив нашата замисла е да обезбедиме апсолутна достапност до сите образовно-информативни содрж­ и­­ни за секого, бидејќи за нас образованието и инф­ орм­ацијата не се само бизнис - тие се вредност. Ние едноставно им служиме на амбициите на нашите посетители, а во проектното менаџирање намерата и емпатијата према клиентите се мерливи и проценливи.

- да Која е иредносша изнајмиш канцеларија во бизнис инкубашорош?

yy многу ниска цена за месечна кирија yy редовни консултации со експерти во одредена област yy организирани обуки, тренинзи и семинари по бенефицирани цени yy голема промоција на твојата компанија yy остварување контакти со сите компании во инкубаторот и многу други

- ќе на Информирај се иове

rg.mk www.yesincubator.rioem ac.mk

www.pretp www.gew.com.mk

Секоја проектна идеја препуштена на менаџирање е создадена и се содржи од луѓе што по природа се љубопитни и желни за успех - внимателно следете ги нивните движења и вашиот проект секогаш ќе се развива во вистинска насока, кога тие ќе успеат тогаш ќе знаете дека и вие сте успеале. www.mladiinfo.com секогаш ќе ве повикува на заеднички успех, вашата реакција е нашиот мотив за успешен проектен менаџмент.n

design: www.koma.com.mk

За многумина во земјата и во регионот проектната работа претставува привремено решение за добар хонорар или, пак, можност за еднократно остварување идеја; за тимот на www.mladiinfo.com проектната работа и менаџирање претставуваат дисциплина. Успешноста на проектното менаџирање не се состои во способноста да генерирате идеја, да лоцирате спонзор и да го имплементирате замисленото. Умешноста се состои во одржувањето на таа идеја во живот и развој на нејзината примарна замисла.

-илицирај А - а за швој рија! а л е ц н а к 6€

Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет - Скопје

Воведувањето на насоката за индустриско инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет - вистински потег!

1

Зошто сметате дека е важно да се изуч­ува проектниот менаџмент? Проектното работење денес е секојдн­ евност, а познавањето на принципите на ваквиот начин на работење станува неопходност. Тоа се согледува постојано, и на професионален, но и на приватен план, почнувајќи од училишните проекти со кои децата се запознаваат уште од првото одделение, па сé до комплексните проекти, кои вклучуваат изградба на автопати, организација на мега-концерти, или пак во семејни услови – планирање и реализација на годишен одмор.

менаџмент, кој како посебна научна област, односно систематизирано знаење, во светски рамки се појавува во педесеттите години од минатиот век. Иако зачетоците на проектниот менаџмент некои научници ги наоѓаат уште во древните времиња (изградба на пирамидите, колосеумот во Рим и сл.), сепак, современиот проектен менаџмент се базира на работата на Хенри Гант од почетокот на 20 век, кој со своите методи и техники на распоредување на активностите, ресурсите и времето ги постави темелите на оваа наука. Оттогаш, менаџерите ги користат овие техники за поефикасно да ги остварат своите проектни цели, притоа оптимизирајќи го искористувањето на сите видови ресурси.

2

Во сите случаи, некаде несвесно, а на друго место разработено во многу детали, се користат принципите на проектниот менаџмент: потреба од остварување одред­ ена цел за некој определен временски период, со дадени ограничувања од аспект на расположливи информации и (најчесто) лимитирани финансиски, човечки и други материјални ресурси. Притоа, потребно е проектот да заврши со исполнување на некои пропишани стандарди (квалитет, на пример) и функции, а и да предизвика задоволство кај корисниците на резултатите (излезот) од проектот. Денес, секојдневното работење се базира на горенаведените принципи, кои всушност и ја опишуваат суштината на проектниот

Кога ја согледавте потребата да се воведе ваков предмет, токму на Машинскиот факултет? На Машинскиот факултет уште од седумдесеттите години од минатиот век на одделот за организација на производството, при Институтот за производно машинство, постоеја неколку предмети кои обработуваа делови од проектниот менаџмент. Така, во рамки на предметот операциски истражувања изучувавме голем број техники и методи кои се алатки во проектниот менаџмент. Се сеќавам, во 1991 година и мојата дипломска работа беше во рамките на овој предмет, а требаше да изработам поддршка за експертски систем, кој ќе помага при донесувањето на одлуки на менаџерите и кој базираше на еден софтверски пакет кој тогаш го користевме – Super Project Expert.

3

Со реконструкцијата на наставната програма во 1996 година одделот за организација на производството прерасна во катедра за индустриско инженерство и менаџмент, односно на Машинскиот факултет се отвори и насока со истото име. Тогаш се воведоа многу нови содржини, несвојствени за класичното машинство, како што се менаџмент на човечките ресурси, маркетинг, деловно право и договарање, сметководство и финансии, инженерска економика, како и проектниот менаџмент, кој на некој начин интегрираше во себе елементи од многу научни дисциплини. Воведувањето на насоката за индустриско инженерство и менаџмент се покажа дека е вистинскиот потег, што се потврди и со фактот дека интересот за студирање на оваа насока е исклучително голем. Меѓутоа, вистинското признание дојде и се уште доаѓа од веќе диплом��раните инженери, кои 5-10 години по завршувањето на студиите и стекнатото работно искуство кажуваат дека многу научиле за време на студирањето, лесно нашле работа во многу различни сектори како во индустријата, така и во услужниот сектор. Досега стотици машински инженери дипломираа во областа на проектниот менаџмент.

Колку лесно студентите ја совладуваат материјата по овој предмет и колку ја сметаат релевантна за својата идна професија? Дали наставата опфаќа практичен дел? Со оглед на фактот дека проектниот менаџмент во себе интегрира поголем број области и научни дисциплини и така е предаван од наша страна, да биде директно поврзан со практичната примена, сметам дека за студентите ова е еден од најинтересните предмети. Во принцип, проектниот менаџмент се состои од два главни дела, планирање и имплементација. Во наставниот процес ние сме повеќе фокусирани кон првиот дел – изработка на квалитетен проектен план, кој во себе ќе ги интегрира сите елементи потребни за негова ефикасна реализација. Често како примери обработуваме проекти кои се пократки од 1 месец и може да се реализираат и за време на еден семестар, и тогаш многу е присутна и практичната компонента. Се се работи преку компјутер во специјализиран софтвер за проектен менаџмент, а така на крај се полага и испитот. Студентите треба во 2 часа да подготват детален проектен план за, на

пример, свадба, концерт, монтажа на некоја машина или постројка и сл. Тука е вклучен и деталниот распоред на активностите и задачите, алоцирање на ресурси, човечки, финансиски и друг вид материјали, и сето тоа треба да се испланира во зададениот временски период. Сметам дека освоените знаења, студентите потоа во целост ги применуваат на своите работни места, и тоа е најголемата придобивка која ја добиваат од овој предмет. А примената е во сите сегменти од човековото работење и живеење. Секаде треба да се „менаџира времето”, „да се сработи побрзо”, „да се распоредуваат ресурси”, да се направи „повеќе со помалку”, „да се даде поголем квалитет кон клиентите за помалку пари” и сл. Сите овие аспекти ги покрива проектниот менаџмент.

4

Кои се специфичните алатки и методологии што се изучуваат и како тие им помагаат на студентите при нивната практична работа со проекти? За време на часовите ги обработуваме сите класични методи на проектниот менаџмент, како што се „методата на критичен пат”, „ПЕРТ-методата”, методи за оптимално распоредување на ресурсите, „што-ако сценарија”, оптимизација на трошоците и многу други. За среќа, сега постојат огромен број софтверски алатки, кои сето ова го интегрираат и за проектниот менаџер претставуваат моќна алатка за планирање и имплементација на проекти. Сметам дека проектниот менаџмент е област која треба да се изучува на што е можно повеќе факултети. Примерот со Машинскиот факултет тоа го потврдува. n


4

Број 9 | Август 2010

Милица Наумовска, проект менаџер во СРЦ системска интеграција

Работата на проектниот менаџер е како на спортскиот тренер Проектниот менаџер е лицето кое во крајна линија е одговорно за успехот или неуспехот на одреден проект. Про­ ектн­иот менаџер ги дефинира рамките и содржината на проектот, го поставува планот за реализација, ги координира различните учесници во проектот, го мониторира и контролира извршувањето на работниот план се до комплетирањето на проектот. Секако, проектниот менаџер не работи сам, но напротив, работата се базира на лицата кои се дел од тимовите учесници во проектот и чија работа е координирана од страна на проектниот менаџер. Како најважни карактеристики кои про­ ектн­иот менаџер е потребно да ги поседува се способноста за посредување и решавање на конфликти, лоцирање на несигурностите и претпоставките во проектот како и рано идентификување на сите можни ризици и разработување на план за нивно решавање. Милица Наумовска во ИТ областа започнала да работи пред 10 години; прво како веб дизајнер потоа како дел од тимот на веб развојните проекти, тимски водич како и присејлс менаџер (техничка подршка на прод­ажба). Како проектен менаџер работи веќе пет години и вели дека искуството кое го стекнала на претходните работни места е од голема полза за нејзината моментална позиција. Она кое секогаш најмногу ја привл­екувало е токму организацијата на работата, методологијата и изнаоѓањето на поефикасни нови решенија за оптимално остварување на целите. 1. Кои се Вашите искуства како проектен менаџер? Од најголема вредност за мене како проектен менаџер беше практичното искуство кое го стекнав работејќи на пов­ еќе интернационални проекти, со примена на различни пристапи во оваа област и различни организациски модели кои се користат од страна на големите светски корпорации. Моментално работам како проектен менаџер во компанијата СРЦ Системска интеграција. Како фирма можам да ја пофалам дека има слух за проектно работење, има јасно утврдена и по стандарди водена, проектна методологија; а најважно од се, проектната организација има голема поддршка од страна на топ менаџментот во фирмата. СРЦ е фирма која пред се се занимава со развој и воведување на деловни решенија и документациски системи за деловните субјекти и јавната администрација во регионот што за мене претставуваше поинакво методолошко искуство и затоа голем предизвик. 2. Која е улогата на проектниот менаџер? Работата на проектниот менаџер може сликовито да се спореди со работата на еден спортски тренер. Тој мора целосно да ги познава правилата на игра, добро да ги знае сите играчи и нивните силни и слаби страни, да ги знае термините и роковите и со умешност да ги комбинира сите фактори и ресурси до победа и одржување на висока позиција на табелата.

Наспроти традиционалното сфаќање за обврските на проектниот менаџер кои ротираа околу улогите на планер, организатор, контролор и интегратор на работата се повеќе стануваме свесни дека проектниот менаџмент подразбира и многу други обврски што во голема мера го одредуваат успехот или неуспехот на еден проект: способноста за пренесување на визијата на фирмата до членовите на тимот, градење и одржување на тимски дух, поставување и негување на заеднички цели, умешен пристап при разрешување на конфликти и спротиставени интереси. Како проектни менаџери секогаш треба да сме свесни дека сме целосно одговорни за одлуките кои ги донесуваме, како и за оние кои не сме ги донеле; за акциите кои ги превземаме но и за оние што не сме ги превзеле како и за сите последици од нив. 3. Кои се бенефитите од примена на проектен менаџмент во една компанија? Првиот мотив зошто менаџментот се одлучува за воведување на методологија на проектно работење е секако намалување на трошоците. На прв поглед ова може да звучи контрадикторно. Поставувањето на организација за поддршка на проектното водење за фирмата значи дополнителни трошоци. Тие најмногу се однесуваат на ангажирање на соодветен кадар и инвестирање во соодветна едукација и развој. Но, гледано долгорочно, а секако извлечено од праксата која ја имаат големите компании, најголемите придобивки од практикувањето на проектното работење во една компанија можат да се сведат на следните области: }} Избегнување на непредвидени трошоци кои понекогаш можат да бидат огромни. Раното идент­иф­ икување на ризиците и креирање стратегија за нивно избегнување или амортизирање; свесноста за буџетот и временските рамки на проектот и нивната заштита, како и оптималното користење на расположливите рес­урси, се фактори кои највеќе придонесуваат за тоа. Како за пример, сите сме свесни колку голем товар за фирмата претставува каснењето на

некој проект макар за еден месец, а камоли целосно откажување на проект заради доцнење, лош квалитет или низа други фактори. }} Порамнување на проектите со корпоративната стратегија. Ваквото усогласување на проектите со цел­ ите на фирмата ја зацрвстува сам­ата стратегија на фирмата и ја систем­ атизира и олеснува работата за идн­ ите проекти. }} Подобрување на квалитетот на услуг­ ите. Се гради имиџот на фирмата. Вредностите поставени на одделни проекти се постулати за следните и се вредности кои ја застапуваат фирмата на пазарот и го креираат и одржуваат брендот. Меѓутоа, морам да нагласам дека сето ова не смее да се сфати линеарно. Назначувањето на проектен менаџер за реализација на веќе направен лош договор, не мора да значи дека ќе обезбеди успех на тој проект. Она што може да го обезбеди е рано согледување на ризиците и проблемите и креирање на стратегија за намалување на негативните последици. 4. Применуваат ли макед­онск­ите фирми проектен менаџмент, дали се финансиски и едукациски подготвени за овој тип менаџмент? Одговорот на ова прашање пред се зависи од индустријата во која одредена компанија функционира како и степенот на организираност и зрелост на компанијата. Во областа на ИТ, компаниите поради типот на работата во помала или поголема мера го поддржуваат и практикуваат проектното работење. Кај поголемите компании во оваа област веќе имаат официјална методологија на проектно работење, што е основниот чекор кон согледување на ��начењето и важноста на овој систем на работа. Надлежноста и одговорноста кои се даваат на проектните менаџери, исто така зависи и од организациската поставеност на фирмата. Така во организациите каде има фунциска систематизација на работни места, проектите најчесто се водат од страна на проектни координатори, односно извршители. Тие се надлежни за координација и реализацијата на одделни проекти, но не им е дадена формална моќ за самостојно решавање и донесување на поголеми одлуки. Овој принцип на работа најчесто е застапен во склоп на јавната администрација кај нас. Проектниот менаџмент најдобро функц­ ион­ира во организациите кои имаат матрична систематизација, каде како паралелна структура со функциската хиер­ архија постои и проектната организација и во склоп на кои проектните менаџери имаат целосна надлежност над проектите за кои се задолжени. Реорганизацијата на фирмата со цел да поддржи ваков тип на работење побарува одредена финансиска моќ, во која спаѓа и постојана едукација на проектниот кадар. Секако дека сеуште е присутна разликата помеѓу фирмите на запад и македонските фирми во однос на практикувањето на

Адора инженеринг

Добар проектен менаџер ги завршува работите без загуба Проектниот менаџмент е клучен сегмент во работењето на една добра компанија. Успешниот проектен менаџер треба да има проект, да го направи, да состави тим за извршување на задачата и да го заврши тој проект. За предизвиците на проектниот менаџмент зборуваат од „Адора инженеринг”. Што значи дисциплината проектен менаџмент? - Проектен менаџмент е одговорно лице на компанијата за дадена проектна задача, тоа значи целокупна организација на човечки и финансиски ресурси. Исто така да го заврши доделениот проект во даден рок и да го реализира успешно целите на проект, покрај тоа и да испорача врвен квалитет се со цел да се задржи нивото на квалитет компанијата што го нуди.

Кој е главниот предизвик на овој концепт? - Главен предизвик за секој проектен менаџмент е да постигне да го заврши проектот пред истекување на динамичкиот план и да оствари поголема ефикасност во работата. Исто така, имплементација на нови стандарди за квалитет во градежништвото што „Адора инженеринг” ги следи во однос на другите европски држави и воведување нови технологии и трендови. Кои се задачите на проектниот менаџер во една компанија? - Проектниот менаџер е должен да состави тим и да го запознае истиот со условите и критериумите од договорот за проектот, да ги распредели обврските на тимот и секојдневно да го контролира, со цел

да има детална слика околу напредокот на проектот. Пред почеток на проектот тимот го разгледува предвидениот буџет и одредува дали предвидената методологија за изведба на проектот може да се вклопи во буџетот, притоа се согледуваат и други методи на работа со кои би се заштедило на време и ресурси, а со самото тоа би се зголемил и можниот профит. Некогаш се случува предвидениот буџет да се промени поради берзантските цени на материјалите, па добар проектен менаџмент се смета и тој што ќе успее да го реализира проектот без загуба. Зошто е важно фирмите да применуваат проектен менаџмент? - „Адора инженеринг” е меѓународна сертифицирана компанија и лидер во квалитетна висока градба во Р.

проектниот менаџмент во работата и значењето кое се дава на оваа област, меѓутоа се движиме во правилна насока. Свесноста на фирмите, но и на самите институции на државата во секој случај е поголема споредено со претходниот период. 5. Дали се потребни посебни квалификации за да се работи како проектен менаџер? Самата формулација на прашањето укажува на недостигот од соодветна систематизирана формална едукација за подготвување на ваков тип на кадар во Македонија. Проектниот менаџмент секако побарува доста знаење во однос на методологијата и техниките во проектното работење како и практични искуства во нивната примена. Освен формалните познавања, како многу важни во проценката на проектните менаџери се земаат и таканаречените „меки” вештини т.е. способностите за вербална и пишана комуникација, спос­обн­ остите за посредување и координирање, лидерството и свесноста за културните и други разлики. Често кај нас се случува да се користи принципот на „хало-ефект” кога како проектни менаџери се назначуваат враб­ отените во фирмите кои особено се истакнуваат во нивната експертиза. Ова иако често се покажало функционално, може да претставува и голем ризик за фирмата доколку не се организира и соодветна едукација за премин на новата позиција. Од една страна го губиме вработениот како експерт во неговата област а од друга страна ставаме одр­ еден проект во ризик поставувајќи го вработениот на таа позиција недоволно обучен и спремен за одговорностите на функцијата. За среќа, моментално и во формалното образование кај нас почнува да се изучува проектниот менаџмент, со што ќе се подготват многу нови кадри во оваа сфера. 6. Неодамна сертификатот. повеќе за тоа?

го зедовте ПМП Кажете ни нешто

ПМП (Project Management Professional) сертификатот се издава од страна на Институтот за Проектен Менаџмент, чие главно седиште се наоѓа во САД. Овој сертификат, особено во САД е поставен како стандард во областа на проектниот менаџмент. За жал кај нас многу малку проектни менаџери го имаат и само неколку фирми се овластени да спроведуваат сертифицирани обуки но нема можност за полагање на испитот во Македонија. Овој сертификат пред се се разликува од другите кои може да се земат во областа на проектниот менаџмент по ригорозноста на процедурата за сертификација. Односно, освен што е потребно истиот да се полага врз основа на одредена официјална програма од институтот, за добивање на право да воопшто се полага, потребно е да се обезбедат и дополнителни предуслови како што се претходното искуство токму на функцијата проектен менаџер и број на години во професијата, задолжителна

претходна едукација во областа со одреден број на обуки според стандардите на оваа институција и тн. Главниот личен мотив за стекнување на овој сертификат беше пред се потребата за континуирано образование – но и за да ја оптимизирам мојата ефикасност во работатата затоа што проектната методологија на фирмата во која работам – СРЦ системска интеграција, е порамнета со ПМИ стандардите на работа. 7. Соработувате со компанија од ПСМ бизнис инкубаторот во врска со проект менаџмент едукација. Кажете ни нешто повеќе за тоа? Секоја професија има своја уметност. Никоја одлука не може да се базира само на интуиција и никоја работа само на сопствената пракса. Тоа е арогантост која може да не влече само надолу. Најголемата мудрост во креирањето на сопствениот стил на работа на секој поединец е во неговата способност да учи од праксата на другите и синтезата на теоријата во сферата на неговата работа. Морам да кажам дека она што сметам дека е особено важно во оваа професија е постојаната едукација. Она што го имаме пред себеси како обврска е да се осигураме дека сме во тек со најновите трендови во во работата, и да се обидеме барем од време на време да добиеме поинаква перспектива и да ги ревидираме нашите начини и методи на работа. Како недостиг кој е највпечатлив кај нас се високите цени на обуките што се нудат во оваа област. Така е практично невозможно проектните менаџери индивидуално да посетуваат одредени обуки а тоа да не биде финансиски помогнато од фирмата во која работат. Започнавме соработка со фирмата Аксон која е членка на Бизнис Инкубаторот на ПСМ Фондација во однос на организирање на неформални обуки во областа. Заради намалување на трошоците, обуките ќе бидат спроведувани онлајн со помош на едукативниот софтвер кој оваа фирма го има развиено. Тој софтвер ги покрива сите функционалности потребни за целосно изработување и спроведување на овие обуки. Тие ќе бидат наменети за сите идни проектни менаџери, но и за надградба на оние кои веќе работат на таа функција. Моето учество во проектот се состои во ревизија на наставните планови и контрибуција во одредени теми. Голем предизвик е за мене, она кое го знам и она кое го умеам, како пракса или теоретско знаење, да го пренесам во форма од која ќе имаат бенефит голем број на луѓе и компании, особено во Македонија. Постојаната надградба е основа за професионалност во било која струка која поединецот ќе ја избере за себе и ќе го заснова својот работен живот врз неа.n

Ф.М.

Македонија. За таа цел проект менаџерот е битен елемент за организирање еден целокупен проект. За разлика од поголемите компании, кои се принудени да користат проектни тимови од причина што физички е невозможно да се контролираат сите проекти, или поедноставено големите компании мораат да функционираат децентрализирано, секако постојат тела и методи за контрола врз проектите. Како конкретно се води еден проект во компанија? Кои се методите и фазите? - По донесена одлука за одреден проект, менаџментот на компанијата назначува проект менаџер кој е должен во најкраток можен рок да состави проектен тим, да го согледа буџетот и рокот за завршување на проектот и да поднесе извештај до м��наџмент. Од самиот почеток, па се до конечното завршување на проектот компанијата го контролира целиот процес, преку контрола на напредокот на проектот според динамичкиот план и буџетот, а преку останатите служби се грижи за запазување на сите законски рамки и стандарди за квалитет.

Колку во Македонија се применува ова? - Во Македонија сме соочени со голем процент на помали компании, кои во целина функционираат како еден проектен тим, додека „Адора инженеринг” со порастот што го направи во последните неколку години достигна да биде на 86 место за најуспешна компанија во РМ, а тоа доведе до проширување и се јавува потребата за децентрализација, односно поделба на проектите по проектни тимови. n


5

Број 9 | Август 2010

Сашо Трајкоски, консултант, ИТЦ-групација

РАБОТНА ЗАДАЧА = ПРОЕКТНА ЗАДАЧА - Цел за секој млад претприемач }} Да планира

Штом понудата биде составена, проектниот циклус може да почне и претприемачот може лесно да води контрола – како се развива тој проект:

}} Да делегира задачи }} Да менаџира со ресурсите }} Да води контрола на процесите, времето и квалитетот }} Да предвидува ризици }} Да умее да евалуира - правилно да вреднува

3

Реализација на понуда реализ­ација на проект

-

Конкретно – како би можел да се применува менаџментот со проектен циклус преку највообичаената бизнис-процедура – доставување понуда, односно реализација по понуда.

Какви придобивки може да се остварат доколку проектниот мен­аџм­ент се применува во секојдн­евното вод­ење на бизнисот

про­ектен циклус, може да се извлече многузначна корист во работењето.

„Каде сме - каде сакаме да бидеме” – една од одредниците поврзани со методолошкиот концепт на водењето про­ ектен циклус или менаџмент со проектен циклус, всушност претставува и основна одредница во секојдневното работење на која било компанија.

Најпрво, секој млад претприемач, покрај потребата да ги развива класичните претприемачки вештини – водење и управување со бизнисот, треба да стекне и пошироки познавања за техниките на проектниот менаџмент. Генерализирано кажано – менаџирањето со проекти подр­ азб­ира нивно поставување, водење, реал­ из­ација, контрола и евалуација.

1

Особено доколку се работи за млада претприемачка компанија - тогаш нејз­ ин­ото позиционирање - внатрешното (кон градењето на личното портфолио и капацитет) и надворешното (кон клиентите, конкуренцијата и воопшто на пазарот), почнува и се развива преку постојаното одговарање на прашањето „каде сме каде сакаме да бидеме” . Всушност, ако се земат предвид и другите клучни принципи што произлегуваат од методологијата на водење – менаџирање

2

Како да се постигне тоа?

Или во практиката, претприемач значи:

тоа

за

еден

}} Да ги познава личните и клучните способности на вработените }} Да има чувство за потребите и за очекувањата на клиентите и за микро и макроопкружувањето }} Да развива идеја - да проектира цели, да остварува резултати

}} Достава на понудата, време на на прифаќање - време на почетокот и време за завршувањето на проектот }} Следење на извршување на сите поединечни задачи што произлегуваат од понудата }} Следење на рокот за реализација преку поставување временска рамка и систем на извештаи /документи за достава, прием, рекламации/ }} Буџетска евиденција: дали цената е соодветна на потрошеното време, ресурси и очекувани резултати

Прво, претприемачот треба во една паралелна постапка да ги утврди потребите на клиентот и да провери дали може да ги реализира во согласност со портфолиото на неговите продукти (услуги) и капацитети и можностите на неговите вработени. Исто така претприемачот треба да знае што секоја една понуда, очекувана зделка, ќе значи за неговата компанија од, за вработените, за позиционирањето на пазарот, за одржувањето на финансиската стабилност или обезбедувањето на препт­ ост­авениот развој.

}} Контрола: евалуација - вреднување - дали сите чинители во тој проект навремено, на утврден начин и со соодветен квалитет ги извршиле поставените задачи.

Понатаму, со самиот чин на дефинирање на одредниците во понудата - тој дефинира – цели, продукти (услуги), фази, рокови и начин на испорака, гаранции, квалитет и износ.

}} какви се можностите за да се прават заштеди во време и ресурси

Со сето тоа тој всушност ги определил и клучните принципи на проектниот менаџмент: Идеја - цели, резултати, раб­ отни задачи - кој што и во кое време треба да заврши, потребни ресурси, процедури за контрола на квалитет – рокови, гаранции и буџетот.

За да се постигне заокружување на проектниот циклус потребно е врз основа на ситуациите и резултатите од секоја понуда-зделка да се направат анализи за тоа: }} како вработените се поставуваат и работат - јакнење на проектниот тим

}} какви ризици или неочекувани ситу­ ации се појавуваат и кои постапки се применуваат за успешно справување }} какви се финансиските аспекти и која е нивната импликација во секојдневното работење на компанијата и друго

Бенефиции Преку овој систем на евалуација - вредн­ ување и носење заклучоци по секоја пон­ уда, се градат внатрешните капацитети за системско подобрување и по прецизно поставување, водење, реализација, контрола и евалуација на следни слични понуди – проекти. Исто така, ваквите принципи на работење оставаат простор за порационално корист­ ење на капацитетите и овозм­ож­ув­ање повеќе проекти да се водат во исто време со правилен менаџмент и контрола на ресурсите. Проектниот менаџмент, освен што може да се ползува за воспоставување подобар, контролиран квалитет кон клиентите, може да се користи и за поставување и развој на внатрешни проекти: проект за развој на нови продукти-услуги, водење маркетингстратегија, подобрување на капацитетите преку проект за обуки, поставување систем за квалитет, воспоставување партнерства или интеграции со други компании и ред други проектни активности. Или, пак, воведувањето на практиката низ секојдневното работење да се користат принципите на проектниот менаџмент може да изгради такви капацитети со кои компанијата ќе поставува и друг вид проекти со кои може да аплицира во рамките на најразлични фондови, фондации, грантови или да учествува во реализација на ЕУ или проекти на други донатори - Светка банка, УСАИД, УНДП, ГТЗ и други. Затоа, драги млади претприемачи, направете чекор повеќе во вашата организација на работењето и почнете да го применувате проектниот менаџмент. n

Бисерка Конеска, продукт менаџер во Сивус и Никола Георгиев, директор за проектен менаџмент во Сивус

“Seavus Project Viewer” ја живее својата успешна приказна 1.

Што претставува за вас проектен менаџмент?

Проектниот менаџмент претставува планирана дејност за групна работа, која зависи од многу фактори да се изведе квалитетно, навремено, во рамките на планираниот буџет и спроти околностите што имаат тенденција да ги нарушат однапред поставените цели. Проектите по дефиниција се дејности што се ограничени во секој поглед (време, ресурси, опсег, квалитет итн.). Нарушувањата можат да бидат минимални на дневна база, но кумулативно можат да предизвикаат големи проблеми, па дури и пропаст на проектот. За таа цел проектниот менаџмент мора да биде практика на секоја посериозна групна работа. 2.

Колку е битно проектното менаџирање во секојдневната работа на компаниите и колку мислите дека нашите компании го имплементираат свесно како алатка?

Идеалниот профил на проектен менаџер е многу тежок. Од една страна, тоа мора да биде одговорен човек, визионер со способност за предвидувања, но од друга страна мора да биде многу детален, педантен и комуникативен. Некои од овие карактеристики се во контрадикција и навистина е тешко да се погоди човек со правиот склоп на карактеристики. Оптимизмот, вишокот самодоверба и недоволниот осет за детали често резултираат во потценети предвидувања и ризици, кои на крајот се манифестираат или во зголемени трошоци, или во слаб квалитет, или во пробиени рокови или во некоја комбинација од сите три. Добриот проект-менаџер треба да биде проактивен, детален и во секој момент да ги држи сите конци во своите раце. Од друга страна, бидејќи образовниот процес до пред неколку години воопшто не ја третираше оваа категорија во редовниот курикулум, луѓето кај нас многу повеќе знаат да исполнуваат специјалистички задачи отколку да организираат, менаџираат и комуницираат ефективно.

Генерално, во нашите компании постои свест за потребите од проектен менаџмент, меѓутоа има многу простор за подобрување. Специфичниот карактер и систематскиот приод што добрите проект-менаџери мора да ги имаат не се воспоставуваат во образовниот процес, ниту, пак, се изразена компонента во општествената култура. Затоа, нашите компании знаат да ги ценат добрите 5. проект-менаџери и инвестираат во развојот на овие практики и методологии. 3.

Дали сметате дека проектниот менаџер треба да биде експерт во својата област?

“Seavus” го креира Project Viewer. Кажете ни нешто повеќе за придобивките од овој софтвер!

Ние ја имавме таа среќа да ни се случи одличен и вистински “школски” пример за идентификување потреба. Имено, во 2003 година се појави “Волво” со конкретно дефинирано барање да заштеди на користење софтвер, поточно на “Мајкрософт проџект” (Microsoft Project), од кој реално немале потреба сите вработени. Така задоволувајќи потреба на огромен број вработени, кои не се менаџери во компанијата, со само дел од функционалностите на “Мајкрософт проџект” е најдено решение не само за тој клиент туку и за огромен број на компании што се соочуваат со истиот проблем. 7.

Колкава е заинтересираноста за „Project Viewer”?

„Seavus Project Viewer” ја живее својата успешна приказна веќе 6 години.

Следниве се навистина звучни имиња и наши задоволни клиенти, што ни е особено драго: „Airbus”, „Volvo”, „Chevron”, „Skoda”, „Marks and Spencer”, „Lloyds”, „Bank of England", „Deutche Telekom"; „BMW", „Michelin"; „Renault” и уште многу други. „Seavus Project Viewer” го користат повеќе од 2 милиони корисници во 200 компании од Forbes 1000 листата. n

Кои се карактеристиките што, според вас, се многу важни да ги поседува еден проектен менаџер?

w op: w w.ex.m sh e

6.

Сосема нормално на пазарот во изминатиов период се појавија бесплатни вакви решенија, кои земаат речиси 30% од овој пазар. Остатокот го делиме со 2 посериозни играчи, но слободно можеме да кажеме дека сме лидер, како со квалитетот и изгледот на производот, така и со застапеноста во сериозни компании.

Колкав процент од вашата работа се сведува на проекти?

Кај ИКТ-компаниите, вклучувајќи и кај нас, проектите се доминантна категорија. Дури и некои специфични активности како продуктен менаџмент, апликативен менаџмент претставуваат специфична и проширена форма на проектен менаџмент, или се составени од редица помали проекти, кои се надоврзуваат еден на друг. Поради тоа и главната оперативна структура на ниво на дивизии е базирана на проектни офиси со сопствено портфолио. Кај некои други компании и индустрии линиската поделба е примарна (поделба на маркетинг, продажба, производство, дистрибуција), додека проектната структура е секундарна, има фузиона и крос-функционална улога. 4.

Проектниот менаџер мора да има знаења во областа во која дејствува за да може да врши аргументирана полемика со клиентот, подизведувачите и со членовите од тимот. Поради тоа, искуството во конкретната област е нужно потребно. Кога проект-менаџер менува индустрија, за очекување е дека „работна температура” ќе постигне дури по една дена работа на таа проблематика.

Ðàáîòíî âðåìå 24/7

k

.mk .mk

Âèäåòå êàäå êóïóâààò äðóãèòå!

Ïëààœå ñî

www.ex.mk www.ex.mk

Áðçà èñïîðàêà Îíëà¼í ïëààœå Øèðîêà ïàëåòà íà ïðîèçâîäè

Êóïóâàœåòî íèêîãàø íå áèëî ïîëåñíî... Äîñòàâà äî äîìà íèç öåëà Ìàêåäîíè¼à

02/3103 663 info@ex.mk


6

Број 9 | Август 2010

Роџер Каудри, интернационален консултант од Англија

Практичен проект-менаџмент за

претприемачи 1.

Проектниот менаџмент стана една од “црните магии” на бизнисот благодарение на развојот на методологиите, асоцијациите, софтверот и квалификациите. Сето ова има создадено изобилство од експерти за проект-менаџмент што зборуваат на чудните јазици на ГАНТ, ПЕРТ и ЦПА! Поголемиот дел од нив се појави во последните 60 години и произлезе од проекти како што беше оној за развојот на нуклеарната ракета Поларис! Ако сте биле во тек со сиот публицитет, ќе се прашате како воопшто кој било проект бил направен пред 1950 година! Како и да е, огромни историски згради биле изградени и големи инженерски работи биле изведувани. Меѓутоа, овие луѓе немале

сертифициран проект-менаџер со лаптоп со последниот софтвер инсталиран на него; во ваквите случаи инженерот-претприемач или архитектот го менаџирале целиот проект. Па така, за претприемачите што не можат или немаат потреба да вработат скап проектен менаџер, јас се обидов да конц­ ип­ирам неколку клучни точки што треба да се запазат кога се имплементира некој проект. Со други зборови, не вел­ ам дека на претприемачите не им е потребен проект-менаџмент, туку дека им е потребен процес што одговара на потребите на малите претпријатија наместо оној кај мултинационалните компании.

7.

Проектот е секогаш различен. Тоа е Погрижете се да нема конфликти привремено парче работа со јасни цели и меѓу човечките ресурси и кој било што има јасен почеток и крај. го менаџира проектот да има прифатено сопственост врз него. Не е добро да се развива план што би вклучувал некој со 2. Првата голема грешка што луѓето ја конфликтни работни притисоци. прават кога почнуваат некој проект е тоа дека заборават јасно да го дефинираат 8. проектот уште во самиот почеток. Ако не се Кога еднаш ќе се произведе планот, направи тоа, тогаш тие завршуваат трагајќи треба да се прегледа и да се постават по цел што постојано се поместува. прашања дали можете да си го дозволите проектот и дали тој може да премине кон имплементација. 3. За да се дефинира јасно проектот во почетната фаза, многу е важно да се 9. документира не само доменот на проектот, Кога проектот ќе почне да се односно обемот, туку и временските и имплементира, најважно е постојано да ресурсните ограничувања. Исто така, добра се надгледува и оценува. Многу е важно идеја е да се документираат и добивките да се препознае кога проектот излегува што се очекува да произлезат од проектот. од рамките и да се преземе корективна акција онаму каде што е можно. Исто така е важно да бидете способни секогаш да 4. Имајте на ум дека процените што проверите дали проектот е сé уште можен се направени во почетокот можат да и релевантен. бидат поместени во секоја насока. Затоа, потребно е да се прави постојана проверка, 10. како и ревизија на планот. Кога проектот ќе биде готов, важно е да се оцени како е направен. Дали ги 5. Кога еднаш ќе се дефинира проектот, остварил своите цели? Кои лекции се планирањето е следно што треба да се научени за следниот пат? направи. Треба да се идентификуваат Секако, дури и големите компании можат задачите, да се документираат времетр­ понекогаш да погрешат. Една од областите аењето и процената на ресурсите и да каде што постои поголема склоност кон се дефинираат меѓузависностите помеѓу правење грешки е индустријата на информ­ активностите. ационите технологии. Тие можат да ги про­ изв­едат најскапите грешки што би биле Во овој момент веќе би требало да избегнати доколку претходно наведените можете да ја одредите вашата критична чекори би биле следени. патека. За оваа цел, претходно треба да се одреди кои задачи се зависни од други. }} Во 1993 година лондонската берза го Ова ќе ви покаже кои активности не можат напушти Таурус, нивниот систем за да почнат додека други активности не се трансфер на комуникација од онаа на завршат, па така ќе можете да го пресметате хартија во автоматски, по 10 години на минималното време за завршување на развивање. Оригиналниот буџет беше проектот. Да се надеваме дека нема сите 6 милиони фунти, но проценето е дека активности да се најдат на критичната имало трошоци од 800 милиони фунти патека, доколку сакате да спиете навечер. кога го стопираа.

6.

Васил Крстевски, претседател на БЕСТ - Скопје 2007/2008

Мотивацијата на лидерите - поттикната од личното соживување со визијата и мисијата на организацијата нив ја правеше, како на пример, дури и да присуствува на еден редовен состанок или работна група во неделата. Дотогаш за мене беше очекувано дека на сите БЕСТ ќе им биде на прво место во дневниот распоред - признавам, ми требаше време да се соземам. Совет 1: Бидете благодарни и вредн­ увајте го секој час што членовите ќе го издвојат за организацијата и проектите. Од илјадниците студенти, само неколкумина се проактивни и подготвени да го инвестираат своето време и бидете среќни што сте имале можност да ги запознаете токму нив!

Како изгледа водењето проекти во студ­ ентска организација?! Па, пред се, напорно со многу предизвици, но и забавно! Ми требаше подолго време да сфатам дека сите студенти работеа волонтерски и го инвестираа своето слободно време за потребите на организацијата - тие не беа вработени. Тоа самото по себе е голем предизвик: од 20 до 30 активни студенти од различни факултети при УКИМ со различни распореди, ангажмани при студиите, различни испитни сесии и личен живот, а сепак една организација, еден распоред, исти проекти. Дури при крајот на мојот мандат како претседател на БЕСТ - Скопје почнав да ја сфаќам жртвата што секој од

Друг предизвик беше балансот меѓу делегирањето на задачите и засукувањето на ракавите и напорната работа. Тука постојат две крајности. Едната е водачот на проектот да се постави над сите, само да делегира и да не очекува дека и тој треба нешто да сработи. Другата крајност е водачот да мисли дека целиот проект зависи само од него и тој треба да ја заврши целата работа. Природно, секој прибегнува кон едната или кон другата страна, но што побрзо се лоцираме во кој правец се стремиме и убаво размислиме како да ги балансираме делегирањето и фактичката работа, подобро ќе биде за целиот тим и за проектот. Најчесто, во БЕСТ - Скопје се очекуваат пожртвувани главни организатори и претседатели кои се подготвени да излезат во пресрет на предизвиците, но и свесни да отстапат место на поновите членови кои со голем ентузијазам чекаат да сработат нешто и да бидат корисни.

Совет 2: Бидете свесни дека секој проект и задача се одлична можност за учење и стекнување искуство и нови способности за сите членови. Затоа, бидете мудри и промислено распределете ги задачите за секој да добие предизвик од кој ќе може да научи и да напредува.

добие и групна порака од координаторот со благодарност до сите вклучени во проектот, како и дали главната цел е постигната и што значи ова за иднината на организацијата. Ова е одличен импулс за следниот проект.

Совет 3: По успешно завршениот про­ ект, охрабрете ги клучните луѓе и пред­ извикајте ги да водат некој од следните Само што заврши настанот - дали да проекти. се одморите и да прославите или да направите ревизија на организацијата и да Вистина е дека најактивните студенти, ги прегледате позитивните и негативните водачите на организацијата и проектите, критики? Прослава, макар и мала, секогаш често имаат мотивација поттикната е добредојдена и е многу корисна. Исто, од личното соживување со визијата и многу е убаво кога следниот ден ќе се мисијата на организацијата. Кога има такво совпаѓање, тоа е најголемиот движечки погон во посветеноста и верноста кон работата на организацијата. Но и тука би сакал да ве предупредам, поучен од личното искуство, да не го заборавате и светот околу вас, како и другите улоги кои ги имате во тој период. Вие тогаш сте се уште дете на Особено за студентските вашите родители, пријател на другарите од маало или претходното училиште, колега организации - уште во на факултет и можеби посебна личност почетокот бидете свесни во животот на некој близок до вас - не заборавајте да посветите доволно време дека сепак сте студент за да ги одиграте и овие улоги како што за одредено (кратко) треба. Запоставувањето на светот околу вас секогаш пројавува последици на подолг време од само неколку рок.

h

години. Потоа следат други предизвици!

g Со среќа!n

Како и да е, многу други значајни проекти исто така не успеале да научат од основните лекции на проектниот менаџмент. Но сепак, што значат милијарда или два меѓу пријатели? }} Тунелот под каналот Ла Манш помеѓу Англија и Франција беше буџетиран на 7 милијарди долари, а се реализира за 13 милијарди. }} Дури и европскиот Дизниленд на крајот чинеше 4 милијарди долари иако беше предвидено да биде само 2,25 милијарди.

h

Грешките на претприемачите како резултат на недостигот од соодветен проектменаџмент можеби нема да ги достигнат овие бројки, но можат да бидат исто толку штета на свој начин. Така што трошоците од неспроведување на процесот на проектменаџмент можат да бидат дури и поголеми од трошоците за негово спроведување. g

Голема регионална конференција за борба против корупцијата во ноември Во рамките на проектот „Одговорно претприемништво за млади: креирање култура на антикорупција во приватниот сектор”, фондацијата ПСМ најавува голема конференција во ноември, за време на Глобалната недела на претприемаштво. Конференцијата е од регионален карактер и предвидено е учество на гости и спикери од сите земји инволвирани во проектот: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Конференцијата ќе биде завршниот настан на проектот, каде што покрај резултатите од активностите, ќе бидат презентирани и повеќе аспекти во борбата против корупција и нејзиното влијание. Имено, во рамките на проектот веќе се одржаа 25 трибини во пет земји од регионот, а во текот на септември и октомври планирани се уште 10 трибини во Србија и во Црна Гора. Проектот вклучуваше и големо истражување за перцепцијата за нивото на корупција во регионот кај младите претприемачи, а резултатите можете да ги погледнете на www.beresponsible.biz. Исто така, во тек е и изработката на регионален извештај, модул и брошура за одговорно претприемаштво за млади.n


7

Број 9 | Август 2010

Нина Павловска, претседателка на граѓанското здружение “Младите можат”

Проект е алатка што идејата ја претвора во реална акција, која менува, развива и дава резултати мене добра забава со пријателите значи: добро друштво, добро место, добра храна, добра музика, добро проведување. За да се случи ова треба да ги направам следните активности во одредена временска рамка: }} Да им се јавам на пријателите што планирам да ги поканам и да ги поканам една недела однапред }} Да обезбедам доволно храна и пијалак за одредениот број луѓе – 2 дена претходно да отидам во купување по материјали Терминот проект често го среќаваме во нашето секојдневие во различни контексти. Проекти постојат во дом­ енот на архитектурата, уметноста, наук­ата, бизнисот итн. Постојат голем број дефиниции за овој поим, но една од поедноставните вели дека проект претставува индивидуална или колаборативна задача, која е внимателно испланирана и дизајнирана да постигне одредена цел. Всушност, проектот е алатка што ја користите за својата идеја да ја претворите во реална акција, која менува, развива и дава резултати што придонесуваат кон вашата поставена цел. Процесот на користење на оваа алатка претставува проектен менаџмент. Проектниот менаџмент претставува еден комплексен процес, кој се случува во даден временски, просторен и социјален контекст, за кои многу автори напишале многу изданија и книги. Сепак, тој процес ние свесно или несвесно го доживуваме секој ден. Всушност, колку и неверојатно да звучи тоа, реализирањето на еден проект може да се доживее и како подготвување забава за вашите пријатели. Потсетете се кога последен пат сте го сториле тоа и дали сте поминале низ следните фази:

}} Да го исчистам и средам/декорирам мојот стан соодветно за забавата }} Да приготвам вечера/јадење (пр. руска салата и кифлички) – ден однапред }} Да подготвам музика што ќе свири во текот на вечерта – ден однапред }} Да ги известам соседите – ден однапред }} Да одржам забава во мојот стан, која ќе трае од 21ч. до 24ч. – Д-денот }} Да исчистам денот потоа Откако сте ги испланирале вашите активн­ости, следува самиот процес на реализација или имплементација на вашиот проект. Во овој момент доаѓа до израз менаџментот на ресурсите што ви се на располагање т.е. време, пари, луѓе итн. Токму тогаш имате можност да ги употребите вашите вештини, техники и алатки за менаџмент, но само доколку

Идеја. Се почнува од инспирација и раѓање на идеја. Во овој случај вашата инспирација можеби би била потребата за социјализација со вашите пријатели, или поводот да одбележите некоја пригода. Оттука ќе можете да ја препознаете и вашата цел. Да поминете пријатна вечер со вашите пријатели. Планирање: ОК, значи за да ја постигнете вашата цел потребен ви е план чии активности ќе придонесуваат кон реализација на целта. Во овој случај - за

следите колку ефективно ги проведувате задачите ќе имате можност да се усовршувате. Токму тоа ја претставува и последната компонента на проектниот менаџмент: евалуација и следење (мониторинг). Преку рефлексија на процесот на реализација и следење дали се се одвива според планот можете да увидите колку сте успешни во менаџирањето на вашиот проект. На крајот ќе можете и да го евалуирате целиот ваш труд преку реакцијата на вашите пријатели и доколку денот потоа или на крајот на вечерта споделат со вас како си поминале. Веројатно е од љубезност да не ви кажат што не им се допаднало, но некогаш тие работи се чувствуваат и следниот пат ќе знаете како да се подобрите како домаќин.

Промоција на претприемаштво меѓу млади жени

Бесплатни обуки за почнување бизнис во Битола, Тетово и во Струмица во организација на “ПСМ-фондација”

Важно е да се напомене дека сите фази се важни! И внимавајте да не го загубите видот од целта поради пречките во реализација. Затоа што може да ја поминете убаво вечерта со пријателите и доколку вашето озвучување се расипе во последниот миг. Обидете се да го пренесете горенаведениот процес во бизнис-секторот или во јавниот сектор, ќе увидите дека во суштина фазите не се разликуваат. Се менува содржината, но формата останува иста. Затоа верувам дека секој може да биде проектен менаџер, почнете од сега, од денес! Но не заборавајте да растете лично и професионално низ процесот затоа што проектот не е сон... ...но сон што се остварува може да е проект!n

Претприемачки сервис за млади „ПСМ-фондација” е во тек со имплементирање на про­ ект­от Промоција на претприемаштво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија. Преку бесплатни обуки за почнување бизнис, „ПСМ-фондација” ги поттикнува младите жени да размислуваат проактивно и ги поддржува да основаат нови бизниси. Целта на проектот е издигнување на свеста и мотивацијата на млади жени за почнување свои бизниси, бидејќи процентот на жени што почнуваат бизнис во Македонија е 17 проценти, наспроти 83 проценти мажи. Проектот почна со обуки во Скопје, на кои учествуваа повеќе од 30 млади жени. Од септември 2010 г.следуваат обуки и во Битола, Тетово и во Струмица. Како дел од проектот, по завршување на обуките, се организира и натпревар во бизнис-планови, на кој најдобрите ќе бидат наградени. За повеќе информации контактирајте со нас на info@yes.org.mk.n

Делегација на студентите од Dauphine University од Париз го посети бизнис-инкубаторот

Студентите од бизнисадминистрација при Американ колеџ-Скопје во посета на бизнисинкубаторот

Н

а 28 јуни во посета на бизни��инкубаторот беа студентите од Американ колеџ Скопје – студенти од втора и трета година, од департман бизнис-администрација. „ПСМ-фондација” одржа кратка през­ ентација за начинот на функционирање на бизнис-инкубаторот, неговите услуги и можности за младите луѓе што сакаат да почнат сопствен бизнис. Студентите при посетата имаа можност да се запознаат и со фирмите-станари во инкубаторот.

На 7 јули, во просториите на “ПСМ-фондацијата” во Скопје, пристигна делегација на студенти од Dauphine University - Париз, за студентите да се запознаат одблиску со начинот на кој функционира еден бизнис-инкубатор, кои услуги ги нуди, какви компании можат да се најдат во неговите рамки, какви се условите и работната атмосфера. Средбата беше иницирана од страна на Американ колеџ Скопје, како партнер во мултилатералниот истражувачки проект CERECA, чиј носител е Универзитетот од Париз.

Целта на средбата беше да се претстави улогата на “ПСМ-фондација” во зајакнување на претприемаштвото и издигање на свеста за самовработување помеѓу младите луѓе во нашата земја. Како што можеа другите присутни на средбата да забележат, студентите покажаа голем интерес за работата на инкубаторот, поставуваа многу прашања и беа пријатно изненадени од работната атмосфера и од улогата на инкубаторот во потпомагање на почетните бизниси.n

Во рамките на настанот, една од најновите компании во инкубаторот – New Media MK - одржа презентација на тема „Од идеја до реализација”, за до студентите да се приближи реалната слика за младите луѓе за почнување на нивниот бизнис и кои се придобивките што тие ги имаат во бизнисинкубаторот.n


8

Број 9 | Август 2010

Јордан Ѓорѓиевски, проектен менаџер во УНДП

Интересот за проектниот менаџмент секојдневно расте! обезбедување на планираните продукти во предвидените временски рамки. 2. Постои ли проектен менаџмент во македонското стопанство или во администрацијата? Ако го има дали е на задоволително ниво? Слободно можам за заклучам дека во последно време за разлика од порано многу почесто го слушаме терминот „проект”, меѓутоа притоа недоволно обрнуваме внимание каков е карактерот на проектите за кои зборуваме, која е управувачката структура зад нив и која е методологијата на управување со проектите. Иако овој термин во нашата средина звучи по малку модерно, јас би се навратил накратко на поновата историја на проблематиката и притоа би го поделил со вас следново:

Јордан Ѓорѓиевски е дипломиран електр­ оинженер од Скопје. Работи како проектен менаџер во канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во Скопје (УНДП) од 2005 година. Работел и како соработник за информатичка технологија во Министерството за култура на Република Македонија во периодот 2001-2005 год­ина, но и како тренер во повеќе тренинг-центри во областа на про­ектниот менаџмент и информатичките технологии. 1. Која е улогата на проектниот менаџер? Најнапред би сакал објаснам накратко што е проектен менаџмент, а потоа и да прозборам за улогата на проектниот менаџер. Основна дефиниција е дека про­ект претставува циклус активности во кои во определена временска рамка потребно е да се постигнат одредени цели. Управувањето на проектите се нарекува проектен менаџмент. Постојат повеќе методологии за проектен менаџмент, во основа се применува онаа која најмногу одговара кон фреквенцијата на продуктите кои произлегуваат од извршувањето на проектите. На пример, еднократен резултат/продукт, долгорочни парцијални продукти, продукти во континуитет итн.

Потребата од современа методологија во управување со проекти е идентификувана во педесеттите години од минатиот век, секако оттогаш дисциплината проектен менаџмент има значително еволуирано. Во текот на осумдесеттите години од минатиот век, при повеќе анализи на дотогаш изведени капитални проекти, утврдено е дека несоодветно е изведено планирањето на потребното време и ресурси, како и честопати отстапување на крајниот исход од дизајнираната спецификација. Управување со човечки и материјални ресурси; предвидување, управување и справување со ризици; моделирање на технички спецификации на набавки, на пр. тендерирање; изготвување реални и оптимални работни планови; управување со контролата на квалитет, како и да не заборавиме - известување за прогресот. Вештините кои се потребни да се мотивираат и да се развиваат кај проектниот менаџер се, пред се когнитивните способности, вештини за преговарање, решителност, чувство за навременост, објективност и секако одговорност. Секојдневните ситуации со кои се справуваат проектните менаџери, пред се тесно се поврзани со навременоста во

- Проектниот менаџмент е област од корпоративното управување, која е потребно да биде посебно применета. Постојат јасно и прецизно развиени метод­ ологии на проектен менаџмент, кои е потр­ ебно да се владеат и да се применуваат од страна на сите засегнати од проектите кои ги нарачуваме или извршуваме. - Проектен менаџер не е занимање, туку професија. Работните организации, без разлика дали се профитни организации, или органи на управување, потребно е согласно со своите можности да прим­ енуваат проектен менаџмент во своето работење, со тоа ефектот од работењето е далекусежно поголем. Тоа е добро познат факт и треба да се прифати како таков. - Не е прифатлив аматеризам при дизајн­ ирањето и извршувањето на проектите со назначување на дел од персоналот да ја преземе улогата да се грижи за одреден проект, а со тоа и да симулира функција на „проектен менаџер”. Исто така не е прифатливо делумно применување на некоја методологија. За жал, честопати и тоа се случува, а би требало во идн­ ина да се размислува посериозно на оваа проблематика и посеопфатно да се предвидуваат и работни места за проектни менаџери и во стопанството и во администрацијата.

3. Што добиваат компаниите или инст­ ит­уциите кои применуваат проектен мен­аџм­ент? Предизвиците на современото живеење меѓу другото ја наметнуваат и потребата за секојдневно постигнување повисоки цели во пократки временски рокови. Притоа, честопати, нарачателите/извршителите на тие услуги, забораваат на превенцијата од ризици, кои произлегуваат од наметнатото темпо без разлика дали тоа е бавно или брзо. Замислете си колкава би била штетата од дизајнирање нов продукт за кој не се плански извршени анализите за состојбите на пазарот, техничкотехнолошкиот дизајн на продуктот, фин­ анс­иско-материјалните предиспозиции од/ за идното производство итн. Веројатно, ако овие фази не се правилно изминати, би можеле да очекуваме производот не биде атрактивен, нема да има доволен квалитет или функционалност, или, пак, ќе биде со несоодветна цена на чинење. Важноста на проектниот менаџмент е битна поради причини што организациите, било мали или големи, порано или подоцна, се соочуваат со имплементирање новитети. Овие новитети можат да бидат различни, на пример, развој на нов производ или услуга, воспоставување нова производствена линија, изградба на нов компјутерски корпоративен систем, развој на промотивна кампања, или, пак, капитален развоен проект. Ако во 80-тите години од минатиот век главен предизвик беше квалитетот, во 90-тите - глобализацијата, во изминатава декада секако дека тоа е брзината на достапност и количество, а проектниот менаџмент придонесува до остварување на сите овие примати. 4. Какви се Вашите искуства како проектен менаџер во Македонија? Искуството секако дека е богато. Во изминатите години можам да заклучам дека е постигнат поголем напредок и во идентификувањето на потребата, но и во примената на проектниот менаџмент во земјата. Интересот е подеднакво голем и во јавната администрација и во стопанството. За разлика од интересот, правилната примена на проектниот менаџмент е повеќе

карактеристика на поголемите компании, како и компаниите од ИТ-индустријата. За жал, се уште многу малку може да се зборува за постоење на проектни канцеларии во рамките на компаниите и јавните установи. Сепак, искуството пост­ ои и верувам дека во иднина, зависно од можностите, поголемо внимание ќе се обрне на востановување постојани капацитети за проектен менаџмент во организациите. Дополнително, секојдневно слушаме за потребата од „аплицирање со проект” и од страна на поединци пред различни финансиски авторитети. Значи, битно е да се примени правилно знаењето за проектниот менаџмент и во фазите на дизајн и во фазите на имплементација на најразличните типови проекти. 5. Правите обуки за проектен менаџмент во соработка со компанијата „Triple S Learning”. Има ли интерес кај наш­ите фирми за овој тип менаџмент? Академското изучување на оваа област е во поголема мера од важност за научно-истражувачките цели и секако може да придонесе за унапредување на постојните или пак создавање на некоја нова методологија на управување во проекти. Имајќи го предвид степенот на развој на нашето општество, би советувал методологиите за проектен менаџмент (пр. PRINCE2, PMI...) да се изучуваат во центри за неформално образование. Тоа е најдобриот приод во градењето на овој тип кадар и унапредување на постојниот во корелација со потре��ите на организацијата, како и обезбедување на компатибилност во работењето со своите деловни партнери, особено на странските пазари. Интересот во Македонија за проектниот менаџмент секојдневно расте, поголемите компании, како и компаниите од ИТ-индустријата секако дека се повеќе пројавуваат интерес за стручен кадар во оваа област. Компаниите во развој пак размислуваат за својот пораст, а во таа смисла и за соодветна примена на проектниот менаџмент.n Ф.М.

Игор Пота, менаџер за развој и стратегиско планирање, СЕМОС-едукација

Обуки за современо управување со проекти во организација на СЕМОС-едукација арди, публикации, хостирање тренингсеминари, како и развој на нивоа на сертификација. Од нив највисоко светско признаена е ПМП-проект манаџемент профешнал.

1. Што претставува Институтот за проектен менаџмент? Институтот за проектен менаџмент претст­ авува непрофитна организација која има за цел напредување и поддржување на дисциплината проектен менаџмент. Да бидам појасен, Институтот за проектен менаџмент е одговорен за развојните станд­

чов­­ечки ресурси). Во Македонија Телцосекторот е најразвиен во поглед на проектно планирање и стандардизирано водење проекти. Проектното менаџирање пред се е наменето за мидл манаџемент, кој е одговорен за спроведување на стратегијата 2. Колку е битно проектното менаџирање на организацијата. Менаџирањето на про­ во секојдневната работа на компаниите и ектите во останатите сектори претежно е на колку мислите дека нашите компании го ниво на интерни процедури и како главна алатка се користи Microsoft Excel, кој не имплементираат свесно како алатка? секогаш може да одговори на потребите на проектот. Да појасниме за проектниот менаџмент. Од научна гледна точка, менаџментот има една гранка која се нарекува оперативен 3. СЕМОС е центар за обуки за проектен менаџмент, кој е одговорен за ефикасното менаџмент. Што вклучува еден ваков и ефективното користење на ресурсите тренинг? на организацијата при создавањето на резултат, производ или услуга. Во самиот оперативен менаџмент има посебна гранка планирање и контрола, каде што се наоѓа дисциплината проектен менаџмент. Според анализите, Институтот за проектен менаџмент речиси 50 отсто од операциите на организацијата претставуваат проекти или проектни задачи. Проектниот менаџмент пред се е наменет за секторските раководители, гледано според функционалната поделеност (финансии, сметководство, интернет-технологии,

Семос-едукација во соработка со Центарот за проектен менаџмент–ЦПМ организира курсеви пред се современо управување со проекти – почетно и напредно ниво, кој во 70 отсто од курсот се работи на практични ситуации и вежби. СЕМОС-едукација нуди и приспособена обука на барање на клиентот, каде што нашите консултанти задно со тимот работат на дадениот проект и притоа слушателите ги добиваат и официјалните тренинг-часови.

последните две години, пред се од се поочигледната потреба за стандардизирано и професионалното водење проекти. Речиси 50 отсто од проектите се соочуваат со пробиени рокови или со неефикасна употреба на ресурсите. Дополнителен услов за контрола на квалитетот, се разбира, е и сертифицираниот кадар кој се добива со полагање на горенаведениот испит. 6. Која е процедурата доколку некој би сакал да се стекне со овој сертификат?

4. Дали обуките се сертифицирани и кои се придобивките? Прва работа е кандидатот да посетува официјален сертифициран курс при што би Сите обуки во областа на проектниот се стекнал со минимум број часови кои би ги менаџмент се сертифицирани со задоволиле стандардите за полагање. Втор таканаречените ПДУ-унитс што услов е бројот на работни саати поврзани со претставуваат тренинг-часови. За да се проектното планирање, кој не би требало да добие правото за полагање ПМП-проект е под 4.500 саати и 35 официјални тренингманаџемент профешнал испит, кандидатот часови. Сите информации за кандидатот мора да има минимум 35 официјални се пополнуваат и се испраќаат и се чека сертифицирани тренинг-часови. околу 30 дена по што се добива писмо за согласност, со што кандидатот се стекнува 5. Колку луѓето и компаниите се со право да полага за проект манаџемент заинт­­­ер­есирани за вакви обуки? профешнал. n Мора да признаам дека интересот за проектен менаџмент нагло порасна во

Фондација ПСМ Ул.Архимедова бб (реон 60) Тел 3103 660 Е-пошта: info@yesincubator.org.mk

www.pretpriemac.mk www.yesincubator.org.mk www.gew.com.mk Дизајн на изданието: кома лаб.


Pretpriemac br.9