Page 1

хортикултура

ТОПИЈАРИ

54

ПОРТА

3

23 септември 2011


хортикултура опијарењето претставува хортикултурна практика на обликување на растенијата по пат на кроење на нивните листови и гранчиња. Зборот потекнува од латинскиот „topiarus” што значи украсен пејзаж. Оваа техника на оформување била многу актуелна во времето на големите императори на Римското царство. Се смета дека Римјаните ја презеле од старите Грци. Оваа техника била особено популарна во ренесансниот период. Во XVI век, по европската преродба, топијарите биле составен дел од сите партери и тераси во градините на европската елита. Многу градини од тој период и натаму ја негуваат оваа дисциплина, а една од најпознатите е Версајската градина во Франција.

Т

ВИДОВИ ПОГОДНИ ЗА ТОПИЈАРИ Растенијата што би се користеле за топијарење, пред сè, треба да се зимзелени со што формата на топијарот би била задржана во текот на целата година. Тие треба да имаат мали листови или иглички, и да продуцираат богата и компактна лисна маса. Во зависност од тоа дали ќе користиме брзорастежни или спорорастежни видови, ќе зависи и динамиката на одржување. Со брзорастежните видови за пократок временски период би ја добиле посакуваната форма, но затоа кроењето и одржувањето ќе биде почесто. Видови кои се погодни за топијарење се : Buxus sempervirens, Taxus spp; Thuja spp; Ligustrum spp; Ilex spp; Laurus nobilis, Lonicera nitida, Cupressus sempervirens и многу други.

НАЧИН НА ОБЛИКуВАЊЕ И НЕГА Топијарите со своите форми можат да постигнат најразлични ефекти во градината. Формата што може да се постигне со топијарењето не познава граници. Потребно е да ја преточите вашата визија и имигинација во однос на растението. Традиционалните облици кои се среќаваат се топки, пирамиди, спирали, конуси, најразлични животни, херои од минатото, како и цели сцени од филмови или воени битки.

МАКЕДОНИЈА Архитектонски топијарите вклучуваат форми како лавиринти, тунели и ѕи-

дови. Наједноставна форма на топијарење, која е многу често присутна во градините во Македонија, претставува класичната жива ограда. Начинот на создавање на обликот може да биде рачно „од око”, доколку за тоа имате дарба, трпение и искуство. Друг начин е со помош на веќе изготвени рамки. На готов облик е потребно почесто кроење во текот на сезоната. Геометриските облици бараат почесто кроење. Најдобро е да се „шиша” новиот раст веднаш штом обликот ќе стане нееднаков. Кај спорорастежните видови ( пр. тисата, шимширот... ) кастрењето треба да се повторува еднаш до двапати во текот на годината. Одржувањето е исто како и кога станува збор за одгледување на обично растение, а тоа значи дека и

полевањето и ѓубрењето би се обавувало вообичаено во зависност од потребите на видот. Најголем проблем на кој треба особено да се обрне внимание е заштитата на топијарите во текот на зимскиот период, во подрачја каде што има големи врнежи на снег. Најдобро би било за таа цел да се постави мрежа или трска со што би се заштитиле топијарите, но условите секогаш не го дозволуваат тоа, па во тој случај треба снегот постојано да се чисти за да не дојде до нарушување на формата на топијарот. Во текот на зимата доколку температурите се под нулата подолг временски период, може да дојде до создавање на изгореници по виталните делови од растението, кои подоцна се сушат. Оштетените ливчиња на пролет ќе бидат заменети со нови, поради што е неопходно претходно исушените да се отстранат, но треба да се внимава да не се наруши основниот облик на топијарот. Филип ФиЛиПоСКи, дип. шум.инж 23 септември 2011 ПОРТА

3

55

Topijari  

topijari, hortikultura