258

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

258 ЈУЛИ 2017

Охридското епицентрално подрачје се активира Пожарот во Grenfell Tower во Лондон опоменува Акустичкиот дизајн инспиративна задача

90 ДЕНАРИ


Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии

ПОРТА ПОРТА

Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 258 ПЕТОК 28.7.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Летниве горештини по правило носат во медиумите теми кои би требало да се читаат на плажа, но времето и настаните не можеме да ги бираме. Па така и во овој број на „Порта 3“ ви нудиме актуелни четива кои, се надеваме, ќе го привлечат вашето внимание. Пожарот во Grenfell Tower во Лондон што се случи во средината на јуни, а во кој официјално загинаа најмалку 80 лица, опоменува според својата катастрофа во секој поглед. На маргините на катастрофата може да се каже дека таа не е само поттик за преиспитување на градежната регулатива во Обединетото Кралство, туку и низ светот. Во овој контекст и надлежните служби во Република Македонија треба да извлечат соодветни поуки од оваа трагедија и да го насочат своето дејствување кон зголемување на противпожарната заштита на постоечките и новоизградените објекти. На врвот на Водно се гради Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Република Македонија. Локациските услови, сложеноста на објектот, неговата важност и природните услови за изградба и експлоатација, несомнено го позиционираат во групата на најкомплексни инженерски објекти во нашата држава, па и пошироко во регионот. Во еден од преходните броеви на нашето списание опишувавме за дел од технологијата на

тој систем. Овој пат го задржуваме вашето внимание на дефинирање на влијанието на дејство на ветер врз Антенскиот систем на Водно, со испитувања направени во реномирани странски институции. Охридското сеизмичко подрачје се активираше минативе недели. Со оглед на разните изјави, толкувања, па и предвидувања кои се појавија во медиумите, група еминентни експерти на ресорно задолжени институции од областа сеизмика, сметаат дека им е обврска, но и должност да ги споделат релевантните и научно поткрепени сознанија со кои располагаат. Информациите што ги доставуваат во текстот се описно и генерално презентирани за читателите од пошироката јавност. Градењето на новата зграда на Македонската филхармонија во Скопје беше предизвик за градежниците. Акустичкиот дизајн на Големата сала на филхармонијата исто така била предизвик, но и инспиративна задача. Проектираната градежна конструкција на салата, која беше изградена пред почетокот на работата на акустичкиот дизајн, внесе некои ограничувања со својот волумен и специфичниот облик. Заради тоа е посветено посебно внимание на бројните детали во ентериерот, кои требаше да ги минимизираат негативните ефекти на почетните градежни услови. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СКОПЈЕ

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

ПРОЕКТ НА ЕНТЕРИЕР „СТРАБАГ“ АГ

8

НАУКА 12

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ЕНТЕРИЕР 22 30

42

АРХИТЕКТУРА 30

EКСПЕРТ 42 ПОЖАРОТ ВО GRENFELL TOWER ВО ЛОНДОН ОПОМЕНУВА

ИЗЛОЖБА НА 120 ЦРТЕЖИ ОД РАФАЕЛ КОЈА СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ

РЕПОРТАЖА 58 ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ СИНО

Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

НОВ ПРИСТАП ВО ПЛАНИРАЊЕТО НА ИНДИВИДУАЛНОТО ДОМУВАЊЕ

УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН 52

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ОХРИДСКОТО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ СЕ АКТИВИРА

ЕКОЛОГИЈА 46

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

ГРАДЕЖНИШТВО 8

ЗЕМЈА ШТО ЈА МРАЗИ ПЛАСТИКАТА И ГИ ВРАЌА ПАМУЧНИТЕ ПЕЛЕНИ

ЈУЛИ 2017

Акустичкиот дизајн инспиративна задача

ПОТВРДЕНА ПОТРЕБАТА ОД ИСПИТУВАЊА НА КОМПЛЕКСНИ ИНЖЕНЕРСКИ ОБЈЕКТИ

АКУСТИЧКИОТ ДИЗАЈН ИНСПИРАТИВНА ЗАДАЧА

258

Охридското епицентрално подрачје се активира Пожарот во Grenfell Tower во Лондон опоменува

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Филип ФИЛИПОСКИ

52

48

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


инфо

MASE

ȾȽɄɆ ȾɊɍɒɌȼɈ ɇȺ ȽɊȺȾȿɀɇɂɌȿ ɄɈɇɋɌɊɍɄɌɈɊɂ ɇȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ

MACEDONIAN ASSOCIATION OF STRUCTURAL ENGINEERS Partizanski odredi Skopje P. Box 560, 1001 Macedonia

mase@gf.ukim.edu.mk mk e http://mase.gf.ukim.

ɜɪɡ ɨɫɧɨɜɚ ɧɚ ɫɬɪɭɤɬɨɪɢ ɧɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ, ɲɬɜɨɬɨ ɧɚ ɝɪɚɞɟɠɧɢɬɟ ɤɨɧ ɝɨɞɢɲɧɨ ɩɪɢɡɧɚɧɢɟ ɡɚ ɧɚ ɚʃɟ ɟɥɭɜ ɉɪɟɬɫɟɞɚɬɟɥɫɬɜɨɬɨ ɧɚ Ⱦɪɭ ɞɨɞ ɡɚ ɨɬ ɧɚ ȾȽɄɆ ɢ ɉɪɚɜɢɥɧɢɤ ɨɞɪɟɞɛɢɬɟ ɧɚ ɋɬɚɬɭɬɨɬ ɨɫɬɜɚɪɭɜɚʃɟ,ɪɚɫɩɢɲɭɜɚ ɧɚʁɞɨɛɪɨ ɤɨɧɫɬɪɭɤɬɨɪɫɤɨ ɍ Ɋ ɋ ȳ Ⱥ ȼ ȿ ɇ Ʉ Ɉ ɇ Ʉ ɊɍȼȺȵȿ ɁȺ ɇȺȳȾɈȻɊɈ ɈɋɌȼȺ ɊɂɁɇȺɇɂȿ ɇȺ ȾȽɄɆ ɁȺ ȾɈȾȿɅɍȼȺȵȿ ɇȺ ɉ ȾɂɇȺ ȽɈ ɂ ɈɊɋɌȼɈ ȼɈ ȿɀɇɈɌɈ ɄɈɇɋɌɊɍɄɌ ȼɈ ɈȻɅȺɋɌȺ ɇȺ ȽɊȺȾ ɫɟ ɞɨɞɟɥɭɜɚ ɟɠɧɨɬɨ ɤɨɧɫɬɪɭɤɬɨɪɫɬɜɨ ɚɪɭɜɚʃɟ ɜɨ ɨɛɥɚɫɬɚ ɧɚ ɝɪɚɞ ɨɫɬɜ ɢɢ: ɨ ɨɛɪ ɟɝɨɪ ɧɚʁɞ ɤɚ¬ɬ ɡɚ ɬɪɢ ɟ ɢɟɬɨ ɉɪɢɡɧɚɧ ʁɚ ɨɞ ɫɥɟɞɧɢɬ ɨɞɧɨɫɧɨ 2016ɝɨɞɢɧɚ,ɡɚ ɫɟɤɨ 5, ɧɚ ɞɟɥɚ ɡɚɜɪɲɟɧɢ ɜɨ 201 ʃɟ ɧɚ ɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢɢ; ɭɜɚ ɪɚɠ ɢɫɬ ɧɨ ɬɚɥ ɦɟɧ -Ɍɟɨɪɢɫɤɨ ɢ/ɢɥɢ ɟɤɫɩɟɪɢ ɢ ɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢɢ, -ɉɪɨɟɤɬɢɪɚʃɟ ɧɚ ɧɨɫɟɱɤ ɫɬɪɭɤɰɢɢ. -Ƚɪɚɞɟʃɟ ɧɚ ɧɨɫɟɱɤɢ ɤɨɧ ɞɨɞɟɥɭɜɚ-ʃɟ ɧɚ ɜɤɚɬɚ ɧɚ ɩɪɟɞɥɨɡɢɬɟ ɡɚ ɢɨɬ ɤɨɧɤɭɪɫ ɢ ɩɨɞɝɨɬɨ ȳɚɜɧ ɢ Ɉɞɥɭɤɚɬɚ ɧɚ ɭ Ɇ ɨɤɨɥ ȾȽɄ ɬɟ ɧɚ ɨɫɬɢ ɨɬ ɞɢɧ ɧɢɤ ɜɢɥ ɉɨɟ Ɇ ɫɟ ɪɟɝɭɥɢɪɚɧɢ ɫɨ ɉɪɚ ȾȽɄ ɧɚ ɟ ɦɨɠɚɬ ɞɚ ɫɟ ɢɟ ɧɢɬ ɡɧɚɧ ɫɢɪɚ ɩɪɢ ɬɟɪɟ ɨɬɨ ɡɚɢɧ ɧɚʁɜɢɫɨɤ ɚɰɢɢ, Ɂɚ ɫɢɬɟ ɩɨɬɪɟɛɧɢ ɢɧɮɨɪɦ Ɇ. ȾȽɄ ɧɚ ɬɨ ɫɬɜɨ ɚɬɟɥ ɉɪɟɬɫɟɞ ɨ ɧɚ ȾȽɄɆ. ɨɛɪɚɬɚɬ ɞɨ ɉɪɟɫɟɞɚɬɟɥɫɬɜɨɬ ɧɚʁɞɨɛɪɢ ɧɚ ɉɪɢɡɧɚɧɢɟɬɨ ɡɚ ɩɪɟɞɥɨɡɢ ɡɚ ɞɨɞɟɥɭɜɚʃɟ ɚ ɞɨ 30 ɨɰɧ ɬɟ ɧɚʁɞ ɟɧɢ ɢ ɝɨɬɜ ɚɜɟɧ ɩɨɞ ɞɨɫɬ ɧɨ ɚɬ ɛɢɞ ɚ ɞɚ Ʉɨɦɩɥɟɬ ɞɟɠɟɧ ɜɨ 2015ɢ 2016ɝɨɞɢɧɚ ɬɪɟɛ Ƚɪɚ ɚʃɚ ɢʁɚ, ɚɪɭɜ ɟɞɨɧ ɨɫɬɜ Ɇɚɤ ɪɫɤɢ ɧɚ ɢ ɭɤɬɨ ɤɬɨɪ ɤɨɧɫɬ¬ɪ ɲɬɜɨ ɧɚ ɝɪɚɞɟɠɧɢɬɟ ɤɨɧɫɬɪɭ Ⱦɪɭ ɫɚ: ɚɞɪɟ ɧɚ ɧɚ ɝɨɞɢ 7 1 ɩʁɟ. ɋɤɨ ɚɜɝɭɫɬ 201 , 100 ɧɫɤɢ ɨɞɪɟɞɢ 24,ɉ.Ɏɚɯ 560 ɮɚɤɭɥɬɟɬ -ɋɤɨɩʁɟ,ɉɚɪɬɢɡɚ Ⱦ Ƚ Ʉ Ɇ ɤɨɧɫɬɪɭɤɬɨɪɢ Ⱦɪɭɲɬɜɨ ɧɚ ɝɪɚɞɟɠɧɢɬɟ ɢʁɚ ɟɞɨɧ Ɇɚɤ ɧɚ

ПОРТА


градежништво

ИСПИТУВАЊЕ ВО АЕРОДИНАМИЧЕН ТУНЕЛ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ДЕЈСТВО НА ВЕТЕР ВРЗ АНТЕНСКИОТ СИСТЕМ НА ВОДНО

Потврдена потребата од сеопфатни испитувања на комплексни инженерски објекти Од обемните експериментални истражувања лесно може да се воочи дека влијанието на геометријата на објектот, топографијата на теренот, како и природните услови од аспект на ветер, имаат значително влијание за дефинирање на дејството на ветерот врз напонско деформациската состојба на објектот

8

ПОРТА

28 јули 2017


Ивона СТЕФАНОВСКА, дипл. град. инж. Ирена СМИЛЈАНОСКА, дипл. град. инж.

Л

окациските услови, сложеноста на објектот, неговата важност и природните услови за изградба и експлоатација, несомнено го позиционираат Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Република Македонија во групата на најкомплексни инженерски објекти во нашата држава, па и пошироко во регионот. Лоциран на врвот на планината Водно во Скопје, на надморска висина од 1034 m, повлекува огромна листа на влијанија, Тунел во Центарот за истражувачки работи на Универзитетот за Аеродинамика на конфази и аспекти кои се вклучени и се земени струкциите и Инженерство на ветер во Прато, Италија предвид при изработката на проектот и негова реализација на терен. Притоа, лесно може да се дојде до едноставен заклучок дека ветерот како периодична природна појава на врвот на една планина и неговото влијание на напонско деформационата состојба на конструктивниот систем е навистина одлучувачки фактор за кој е неопходен сериозен пристап и знаење. Предмет на проблематика: При проектирање на Антенскиот систем и дефинирање на дејството на ветер, наидено е на две пречки. Прва која се јавува е непостоењето на регистрирани метеоролошки услови на самата локација за минимален период од 10 години, неопходни за теоретско предвидување на дејството на ветерот за повратен период

Внатрешност на тунелот од 50 години, согласно важечките регулативи во Република Македонија. Втората, како поголем одлучувачки фактор, претставува сложената топографија која има големо влијание при определување на карактеристиките на ветерот, а истата не е соодветно третирана во нашите правилници. Грубата поделба за разгледување на објектите во две групи (објекти на надморска височина од 0-1000 м и објекти над 1000 м) доведуваат до несоодветно дефинирање на пресметковната почетна брзина. Понатаму, истата помножена со факторот на топографијата, земен од Европските прописи ја зголемува неа за максимум 1,6 пати. Од 28 јули 2017

ПОРТА

9


Модел на Антенскиот систем поставен за испитување во аеродинамичкиот тунел

наведеново, доколку се разгледаат два објекти на 990 м надморска височина и на 1034 м, се добива разлика од 44% во основната брзина, а за само 44 м разлика во надморската висина. Од овие две главно наведени причини, а во согланост со препораките дадени во Еврокодот 1 (дел за дејство на ветер), пристапено е кон моделско испитување на Антенскиот систем во аеродинамичен тунел како додаток на теоретските постапки дадени во техничката регулатива за дефинирање на притисок на ветерот кој се предава на конструкцијата, почитувајќи ја топографијата и надморската висина на локацијата. Испитување во тунел Аеродинамичкиот тунел CRIACIV со гранични слоеви, каде е извршено испитувањето, се наоѓа во Центарот за истражувачки работи при Универзитетот за Аеродинамика на конструкции и Инженерство на ветер во Прато, Италија. Тунелот е од типот на тунел со отворено циркулирање. Лонгитудинална должина на тунелот е 22 м, попречните пресеци варираат од 2,20 х 1,60 м до 2,40 х 1,60 м. Атмосферскиот граничен слој се развива во еден сегмент со должина од околу 10 м и го следи делот за тестирање. Моторот дозволува да се добие максимална брзина на ветер од 28-30 м/сек (реалната максимална брзина на ветер зависи од опремата која е инсталирана за генерирање на турбуленција). Излезот од тестовите, пак, се состои од временски записи на коефициенти за аеродинамичен притисок. Извршител на експерименталните испитувања е „Ingenieurgesellschaft Nieman & Partner GbR“, спроведени од страна на проф. д-р Ханс Ниман, реномиран експерт во светски рамки во полето на аеродинамиката. Цел и тек на експерименталната анализа: Истражувањата се состојат од две испитувања. Првото испитување е мерење на притисоци на тридимензионалниот модел на Антенскиот систем изложен на атмосферски ограничен 10

ПОРТА

28 јули 2017

слој на проток на ветерот, а второто, мерење на силите на издвоен модел на рог изложен на рамномерно и турбулентно дејство на ветер. Моделот на Антенскиот систем кој е збир од повеќе конструктивни делови (темел, стебло, антенска решетка со антена, платформи и рогови) е направен во размер од М=1:120 и е изработен од пластични материјали користејќи ја техниката на тридимензионално принтање, иновативна техника на производство која овозможува изработка на физички модели со определени физичко-механички карактеристики и високо ниво на прецизност, избегнувајќи го притоа човечкиот фактор за грешка. Вториот модел на сегмент од роговите со својата специфична геометрија е направен во размер М=1:40, а изработен од дрво со вметнато цврсто јадро од цевка изработена од карбонски влакна. Моделот на Антенскиот систем е инструментиран со 192 сензори за мерење на притисок, поставени на 10 нивоа по неговата висина, со напреден 64 канален систем за аквизиција и обработка на податоците. Целта на аеродинамичките експерименталните испитувања на физичкиот модел на Антенскиот систем е да се дефинираат вредностите на притисокот на ветерот кој се предава на стеблото, платформата и роговите, како и соодветните сили од позитивниот и негативниот притисок на ветерот. Со оглед на сложената геометрија на објектот и топографијата на теренот, влијанието на ветерот е истражувано за 40 правци хоризонтално ротирајќи околу оската на конструктивниот систем на физичкиот модел поставен во аеродинамичкиот тунел. Врз основа на извршените експериментални истражувања, со примена на методот “корелација на одговорот на товарот” - LRC (Load Response Correlation) добиени се еквивалентни статички притисоци со кои понатаму е извршена анализа на Антенскиот систем, односно армирано бетонското јадро, роговите, платформата и темелната


ветерот е вклучен и факторот на топографијата. Заради овие причини, повторена е постапката за дефинирање на влијанието на дејството на ветерот. Од мерењето во аеродинамичкиот тунел добиени се притисоците на ветерот на површината од конструкцијата во функција од нејзината висината Z, во вид на коефициент кој вклучува геометрија на конструкција и топографија на локација и како таков се множи со притисок на ветерот дефиниран согласно одредбите на стандардот што е на сила во Република Македонија со што е добиена најнеповолна комбинација на товарење која ја дефинира напонската и доформационата состојба на консткцијата. Заклучок: Од обемните експериментални истражувања лесно може да се воочи дека влијанието на геометријата на објектот, топографијата на теренот, како и природните услови од аспект на ветер, имаат значително влијание за дефинирање на дејството на ветерот врз напонско деформациската состојба на објектот. Со тоа се потврдува потребата од детални и сеопфатни лабораториски испитувања со цел прецизно дефинирање на влијанието на ветер, особено во случај на комплексни инженерски објекти. n

Модел на сегмент од конструктивен елемент т.н. рог поставен за испитување во аеродинамичкиот тунел конструкција во 8 правци: север, исток, југ, запад, североисток, југоисток, југозапад и северозапад. Моделот на рогот е изработен со цел да се дознае Рејнолдсовиот ефект и влијанието на правецот на ветeрот. Рејнолдсовиот ефект е испитуван на влијание од 0 и 90 степени. Врз основа на извршените експеримнтални истражувања добиени се вредностите на силите кои дејствуваат на пресекот на рогот како и доказ за стабилноста на роговите под дејство на ветер. По извршените испитувања и аналогија со прописите на Швајцарија и Австрија, констатирано е дека за објекти лоцирани на терени повисоки од 1000м, во вредноста на основната брзина на 28 јули 2017

ПОРТА

11


наука

Охридското епицентрално подрачје се активира

Сеизмичка опасност со осврт на сеизмичката активност во Охридското епицентрално подрачје во периодот јунијули 2017 година

В

о периодот јуни-јули 2017 година, охридското епицентрално подрачје манифестираше сеизмичка активност изразена преку серија слаби до умерени земјотреси, чие траење и повторување предизвика вознемиреност кај локалното население и туристите. Со оглед на разните изјави, толкувања, па и предвидувања кои се појавија во медиумите, сметаме дека ни е обврска, но и должност да ги споделиме релевантните и научно поткрепени сознанија со кои располагаме како експерти на ресорно задолжени институции од областа. Информациите што ги доставуваме во овој напис се описно и генерално презентирани за читателите од пошироката јавност. Територијата на Југоисточна Европа (Слика 1), на која припаѓа и Македонија, е еден од сеизмички најактивните региони на континентот и консеквентно територија со највисока сеизмичка опасност и ризик во Европа. Македонија како дел од Балканскиот Полуостров (Слика 2), во изминатите векови била погодена од повеќе деструктивни земјотреси, кои резултирале со значителен број на човечки жртви и материјални загуби. Од овие земјотреси по значењето можат да се издвојат земјотресот од 1904 година во епицентралното подрачје Пехчево-Кресна (еден од најголемите по магнитуда случени

12

ПОРТА

28 јули 2017

Слика 1. Европско-медитерански каталог на земјотреси за изминатите 1,000 години Превземно од: Грунтал & Валштром, Списание за сеизмологија (2012)

земјотреси на територијата на Европа) и секако земјотресот од 1963 година кој го погоди главниот град Скопје, резултирајќи со значителни материјални штети и човечки загуби (1070 загинати; 3300 сериозно повредени; предизвикана штета 15% од бруто националниот производ на ФНРЈ за 1962 година). Мора да се напомене дека земјотресите во неинстументалниот период (пред 1900 година) се одредени врз основа на макросеизмички податоци и нивните параметри (магнитуда, интензитет, локација и други) се со различен степен на точност во зависност од бројот и квалитетот на расположивите макросеизмички податоци. Живеејќи во сеизмичко активно подрачје, каде земјотресите се честа природна опасност, после завршувањето на Втората светска војна е

започнато со темелни истражувања во полето на геологијата, тектониката, сеизмологијата и другите сродни дисциплини со цел веродостојно одредување на сеизмичката опасност и преземање на сеопфатни мерки за ублажување на сеизмичкиот ризик. За таа цел од средината на минатиот век се формирани две институции со примарна мандатна дејност следење на сеизмичката активност и истражувања поврзани со параметрите на сеизмичноста на територијата на Македонија (Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет на УКИМ во Скопје, 1957 година) и истражување и развој на методи и техники за намалување на сеизмичкиот ризик (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС од Скопје, 1965 година).


Слика 2. Деструктивни земјотреси на подрачјето на Македонија и нејзина непосредна близина (МL≥6.0) Изработиле: Шалиќ и Милутиновиќ, Податоци: Сеизмолошка обсерваторија (УКИМ-ПМФ)

a) Важечка карта изразена во МSK-64 степени на интензитет, за повратен период од 500 години и средни почвени услови.

Врз основа на моментно расположивите геолошки, тектонски, неотектонски, сеизмолошки, сеизмотектонски и други релевантни информации, од средината на минатиот век е започнато и со мапирање на сеизмичката опасност за територијата на Македонија. Мапирањето за првпат е направено во 1948 година како карта на сеизмичко зонирање на ФНРЈ, која била составен дел на тогашните први технички прописи за проектирање на згради (ПТП-2). Оттогаш во повеќе наврати и тоа во 1950, 1967, 1979, 1982, 1987 (Слика 3а) како резултат на развојот на науката, техниката и новите сознанија, официјалните карти на сеизмичката опасност перманентно се ревидираат и уточнуваат, сѐ до последните најнови карти изработени во 2016 година (Слика 3б) според барањата на стандардот МКС EN 1998-1:2012 Еврокод 8: Проектирање на конструкции отпорни на земјотрес, Дел 1: Општи правила, сеизмички дејства и правила; којашто по усвојувањето на Националниот анекс МКС EN 19981:2012/НА:2014 (13-та седница на Техничкиот комитет ИСРМ ТК 40 - Еврокодови и Национални анекси, одржана на 19.06.2017 г.) станува

нормативна. Територијата на Македонија претставува комплексна геолошка, тектонска и сеизмотектонска средина каде е доста сложено да се дефинираат и карактеризираат сеизмичките зони на ниво со голема веродостојност. Територијата на Македонија и блиските простори на Бугарија и Грција и денес се наоѓаат во режим на таканаречена јужна екстензија (Слика 4а). Резултатите од GPS мерењата на брзините (Слика 4б) покажуваат дека целата територија на Македонија се движи кон југ-југоисток со брзина од 2 до 4 mm годишно. Ваквата ориентација и брзината на движење на екстензијата е потенцијал за ослободување на акумулираната енергија преку активирање на постари или формирање на нови наложени исток-запад до североисток-југозапад гравитациони раседни структури кои се жаришта на сегашните, и можат да бидат жаришта на идни посилни земјотреси (Слика 5). Заради промена на тектонските напрегања во западниот дел на Македонија, сеизмички активните зони го менуваат предоминантниот правец на протегање во север-југ до северозапад-југоисток.

б) Нова карта изработена според барањата на стандардот МКС EN 1998-1:2012 – Еврокод 8, изразена преку максимално забрзување на тлото (PGA) за повратен период од 475 години и почвени услови тип А. Изработена од: Сеизмолошка асоцијација на СФРЈ, 1987. Автори: Милутиновиќ, Шалиќ и соработници.

Слика 3. Карти на сеизмичко зонирање за Македонија

а) Генерализирана тектонска мапа на б) Резултати од GPS мерења за Македонија поширокиот Балкански регион (Бурчфил и соработници, 2006) (Думурџанов и соработници, 2005) Слика 4. Екстензионен тектонски режим на територијата на Јужен Балкан 28 јули 2017

ПОРТА

13


Легенда: 01) Ќустендил-Крива Паланка-Куманово-Скопје-Гостивар-Маврово-ДебарЕлбасан-Валона; 02) Кресна-Пехчево-Виница-Штип -Стоби-Велес; 03) Валандово-Гевгелија; 04) Кичево; 05) Битола-Преспа-Демир Хисар; 06) Ниџе-Мрежичко-Демир Капија -Серта-Радовиш; 07) Охрид-Струга; 08) Пештани-Корча; 09) Призрен; 10) Урошевац.

Слика 5. Потенцијално активни раседни зони како резултат на тектонските екстензиони процеси (Прикажаните земјотреси се со МL≥6.0) (Превземено од: Думурџанов, Милутиновиќ и Шалиќ, 2016) Оттаму, на територијата на Македонија и во нејзина непосредна близина, генерално се издвојуваат десет потенцијално активни сеизмички зони со варијабилен потенцијал за генерирање на деструктивни земјотреси. Описно, по позначајни топоними, прикажани се шематски на Слика 5. Напоменуваме дека овие зони се карактеризираат со зголемен потенцијал за акумулирање на енергија која во различни временски периоди, а во зависност од карактеристиките на зоната, се ослободува во вид на сеизмичка енергија предизвикувајки земјотрес. За жал, заради непостоењето на доволен број историски податоци, повторливоста на земјотресите во поголем дел од овие зони не може да се одреди со доволно голем степен на веродостојност и покрај постоењето на различни математички модели за прогностика. Поширокиот регион на Охридското Езеро се поврзува главно се две епицентрални подрачја: (1) Пештани-Охрид-Струга и (2) Јужен дел на Охридско Езеро. Епицентралното подрачје Пештани-ОхридСтруга е претставено со охридската котлина, која тоне помеѓу околните соседни терени кои се типични хорстови издигнати на повеќе од 1500-2000 метри. Ова епицентрално подрачје е испресечено со тектонски активни раседи најчесто ориентирани приближно долж правците североисток–југозапад и исток–запад. Некои од овие раседи се целосно или во делови изразени во релјефот. Сеизмичката 14

ПОРТА

28 јули 2017

активност на ова епицентрално подрачје е условена од повеќе раседи: ПештанскоПетринските раседи кои се протегаат по источниот раб на охридската депресија, Јабланичкиот расед, по западниот раб на оваа депресија, и раседите Дримски и Сатески, северно од оваа депресија. Сите овие раседи се вкрстуваат со попречни секундарни раседи (Слика 6б). Вертикалните поместувања вдолж длабоките Пештанско-Петринските раседи и Јабланичкиот расед изнесуваат до 1500 метри. Освен вертикалните поместувања кои се главни носители на сеизмичноста на овие раседи, констатирани се и латерални (хоризонтални) поместувања од десна насока

во субмеридијален правец. Најсилните случени земјотреси (Табела 1; Слика 6, а и б) во ова епицентрално подрачје во периодот пред 1900 г., и во периодот 19012016 г. се од 527 г. со ML=6.1 и епицентрален интензитет I0=IX степени; 1905 г. и 1964 г., со магнитуди ML=5.3 и ML=5.0, со епицентрални интензитети I0=VII степени според Европската макросеизмичка скала EMS-98. Активноста на јужните делови на ПештанскоПетринските раседи и Јабланичкиот расед го одредува епицентралното подрачје Јужен дел на Охридско Езеро. Ова подрачје се одликува со висока сеизмичка активност (чести земјотреси со магнитуди под и над ML=4.0), каде во минатото се случиле повеќе силни земјотреси. Најсилните случени земјотреси во ова епицентрално подрачје во периодот пред 1900 г., и периодот 1901-2016 г. датираат од 1896 г. со магнитуда ML=5,6 и епицентрален интензитет VIII степени, 1906 г. со магнитуда ML=6.0 и епицентрален интензитет VIII степени, 1911 г. со магнитуда ML=6,7 и епицентрален интензитет IX степени и 1912 г. со магнитуда ML=6,0 и епицентрален интензитет VIII степени според Европската макросеизмичка скала EMS-98, соодветно. Според расположивите податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-УКИМ, сѐ до 18 јуни 2017 г., сеизмичноста во епицентрално подрачје Пештани-ОхридСтруга беше карактеризирана со појава на земјотреси со слаби магнитуди и ретка појава на земјотреси со умерени до умерено силни магнитуди, соодветно. Случените земјотреси се карактеризираат со длабочини до околу 25 km (горен, гранитен слој на земјината кора), а најчесто до околу 15 km. По земјотресот од 527 г. кој е оценет со магнитуда 6,1 па сѐ до денес немаме случен земјотрес со иста или поголема магнитуда. Овој земјотрес може да се смета како најсилен случен земјотрес во епицентралното подрачје Пештани-ОхридСтруга за период од 2000 години.

Табела 1. Најсилни земјотреси во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга пред и по 1901 год.


Слика 6. Епицентри на земјотресите во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга Изработиле: Черних и Дрогрешка, Податоци: Сеизмолошка обсерваторија (УКИМ-ПМФ)

Според последните истражувања за оцена на сеизмичката опасност на територијата на Македонија (Слика 3б) може да се очекува дека ова епицентрално подрачје ќе биде изложено на макросеизмичко дејство од VII-VIII степени според EMS-98 за повратен период од 95 години (PGA=0.15g) или IX степени според EMS98 за повратен период од 475 години (PGA=0.30g). На 18 јуни 2017 година во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга започна серија на тектонски земјотреси (Слика 7). Најсилниот од нив се случи на 3 јули 2017 г., во 13 часот и 18 минути по локално време, а, како што беше одредено од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ-УКИМ, истиот имаше локална Рихтерова магнитуда ML=4,9 со епицентрален интензитет околу седум степени според EMS-1998. Епицентарот на овој земјотрес се наоѓаше на 10 km источно од градот Охрид, во непосредна близина на с.Скребатно. Земјотресот предизвика паника меѓу жителите на Охрид, Струга и Ресен како и на околните села. За време на неодамнешната серија на земјотреси во Охридско, медиумите беа преплавени со информации и за појава (реактивирање) на вулкан кај село Косел. Случените земјотреси никако не можат да се поврзат со појава на вулкан, туку во овој случај се работи за појава на избивање на ладни подземни гасови во неколку дувла (Слика 7). Во последно време, но и од поодамна, само поради малите содржини на H2S појавата е означувана како вулканска солфатара, односно „вулкан“. Тоа е погрешно, бидејќи според дефиницијата солфатара е изрон на површина на вулкански гасови составени од водена пареа и претежно H2S, SO2 , CO2 , со температури од 90-250°C. Исто така, кај с.Косел и вдолж целиот расед нема никави траги од вулкански карпи, што дополнително потврдува дека не се работи за вулкан. Избелувањето и

распаѓањето (алтерациите) на површина кои се јавуваат во околните палеозоиски шкрилци и другите карпи, се предизвикани од слабите содржини на H2S кој во контакт со дождовната вода создава слаба сулфурна киселина која ги разјадува и изменува околните карпести маси. Оттаму дувлата кај с.Косел не претставуваат појави поврзани со вулканска активност туку тоа e простор каде од повеќе места излегуваат гасови од длабочината со досега непознато потекло. По составот на гасовите кои имаат доминантна содржина на CO2 и занемарливо присуство на H2S, како и ниските температури на гасовите, појавата повеќе одговара на мофета - изрон на сув CO2, од различно

потекло, со температура до 100°C. Можно е овие гасови да се поврзат со дијапирските гипсени маси на планината Дешат (Дебар) каде се наоѓаат изворите на геотермална вода со слаби содржини на H2S (бањите Косоврасти и Дебарска Бања). Охридското епицентрално подрачје, заедно со Скопското, Дебарското, Гевгелиското и Пехчевското се подрачја со највисока сеизмичка опасност во Македонија (Слика 3б). Бидејќи современата светска наука, до ден денешен не утврдила прецизен метод за предвидување на земјотреси, за истите никој не може со сигурност да каже кога ќе се случат и со колкава магнитуда. Она што денеска успеала науката е да развие бројни математички модели базирани на статистички пресметки со кои се одредува сеизмичката опасност за одреден регион/локација преку дефиниран степен на веројатност од случување во одреден временски период. Свесни за постоењето на сеизмичката опасност и нејзината големина, она на што треба интензивно и перманентно да се работи е преземањето на мерки и активности за намалување на сеизмичкиот ризик преку градење на сеизмички отпорни конструкции и општество спремно да се справи со предизвиците што се последица на сеизмичката опасност. Во таа насока, во Сеизмолошката обсерваторија и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при УКИМ, перманентно се работат

Слика 7. Епицентрите на земјотресите во епицентрално подрачје Пештани-ОхридСтруга во периодот 18 јуни–12 јули 2017 г., заедно со механизмот на жариштето на земјотресот ( BeachBalls) Изработиле: Черних, Дрогрешка и Пекевски, Податоци: Сеизмолошка обсерваторија (УКИМ-ПМФ) 28 јули 2017

ПОРТА

15


наука

Слика 7. Дувло како резултат на мофета во с.Косел Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/Косел научно-истражувачки и инженерско-апликативни проекти со цел стекнување на нови сознанија за сеизмичноста и однесувањето на конструкциите, а со цел преземање на соодветни мерки за намалување на сеизмичкиот ризик. Конкретно, за проучување на сеизмичките карактеристики на охридското епицентрално подрачје, механизмите на пропагирање на сеизмичките бранови, влијанието на површинските депозити врз фреквентно-амплитудната модификација на регионалните сеизмички движења и одговорот на конструкциите, уште во далечната 1976 година ИЗИИС инсталираше 3D (тридимензионална) мрежа со 19 трикомпонентални сензори за следење на силни земјотреси во реално време, прва од овој вид во Европа и една од првите во светот (8 сензори во бушотини со длабочина од 9÷125 m; 4 сензори на тло и 6 во селектиран десетокатен станбен објект и 1 сензор на слободна локација на стена). Охридската 3D мрежа за регистрација на силни земјотреси, надоградена и модернизирана во 2009 година, беше еден од највизионарските, меѓутоа и најскапите проекти на ИЗИИС. Од три параметри кои ја квантифицираат прогнозата на земјотресите (локација, јачина и време), населението, како и медиумите најчесто и ексклузивно се заинтересирани да добијат информација кога ќе се случи силен земјотрес. Иако наведената информација е корисна за преземање на определени системски превентивни мерки како и подигање на готовноста на системите за заштита и спасување, за економијата на државата и инженерската пракса, времето како прогностички параметар ја нема таа ексклузивност. Имено, системска, технички конзистентна и економски одржлива заштита на населението и создадените вредности од силни и катастрофални сеизмички влијанија, започнува непосредно по скопскиот земјотрес, односно во септември 1963 година (сеизмички прописи на СРМ ), кои во септември 1964 се заменети со федералните прописи, односно Привремените технички прописи за градење во сеизмички подрачја. Во јуни 1981 година, прописите од 1964 година се заменуваат со посовремени, кои со незначителни измени и дополни, сѐ до денес се, а до воведувањето на 16

ПОРТА

28 јули 2017

Европрописите, ќе бидат важечки. Заеднички именител на наведените прописи е дека за максимално очекувано (не максимално можното) сеизмичко дејство, објектите се проектираат да претрпат каков било вид и интензитет на оштетувања, но не и рушење, со оглед на тоа што рушењето на објектот предизвикува жртви и смртоносни повреди. Овој концепт, кој впрочем е вграден и во сите светски прописи за проектирање и градење во сеизмички подрачја е познат како „заштита (безбедност) на животот“, во Македонија се имплементира од септември 1963 година. Разликата помеѓу наведените прописи е нивото на кое, а во зависност од типологијата на објектите, оштетувањата се појавуваат и градиентот со кој се зголемуваат со зголемувањето на сеизмичките сили. Спрегнати, двата критериуми, го дефинираат техничкоадминистративното ниво на национално прифатливиот сеизмички ризик со кое државата и општеството се бранат од сеизмички катастофи. Пропишаното ниво на национално прифатливиот сеизмички ризик е минимум, под кој ни еден проектант и изведувач не смеат да проектираат, односно изведуваат. Меѓутоа, она што прописите го дозволуваа, го дозволуваат и стимулираат, е дискреционото право на секој инвеститор/сопственик да инвестира во кој било степен на сеизмичка заштита поголем од нивото на национално прифатливиот, односно пропишаниот сеизмички ризик. Еден од неодамна позитивните чекори преземени од Владата на Македонија во доменот на заштита на населението и создаденте вредности, односно намалување на сеизмичкиот ризик, се измените во Законот за градење од 2013 година со кои значително е зајакната контролата на процесот на проектирање и изградбата на

објектите. Имено, од 2013 година, задолжителен документ за издавање на Одобрение за градење е позитивното мислење за механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата како и позитивното мислење за изведениот степен на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, кое секој инвеститор мора да го поседува пред да започне со експлоатација на изградениот објект. Прогностичките параметри, локација и јачина на очекуваните сеизмички дејства им се познати на надлежните институции во Македонија. Врз основа на тоа се изработувани и се ажурираат карти на сеизмичко зонирање (Слики 3) кои се основен документ со кој се дефинира сеизмичката проектна сила, односно реализира националната стратегија на прифатливиот сеизмички ризик и заштита на населението и создадените вредности од сеизмичките влијанија. Имајќи ја предвид дискутираната стратегија, времето на настанување на земјотреси, како прогностички параметар станува неважно со оглед на тоа што со ефикасна технички конзистентна и економски оправдана заштита на објектите од сеизмички дејства, заштитена е и нивната содржина, вклучувајќи го и човекот како најголема етичка вредност. n проф. д-р Зоран МИЛУТИНОВИЌ , Даниел ТОМИЌ, доц. д-р Радмила ШАЛИЌ Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Проф. д-р Никола ДУМУРЏАНОВ Рударско геолошки факултет во Штип м-р Катерина ДРОГРЕШКА д-р Вера ЧЕЈКОВСКА д-р Драгана ЧЕРНИХ АНАСТАСОВСКА д-р Лазо ПЕКЕВСКИ м-р Јасмина НАЈДОВСКА Сеизмолошка опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје


ПОРТА


сеќавање

ПАВЕЛ БАЛАБАНОВ (1942-2017)

Создавач на архитектура со трајни вредности Лилјана ЈОНОСКА ...Ако не небото постои проектирање, ти ќе го создадеш најубавиот небесен град. Не ги заборавам годините исполнети со ентузијазам, идеи и можност да учам од тебе, за што сум ти вечно благодарна...

Б

еше скромен во барањата и потребите за себе, но за среќа нескромен во споделувањето на идеите и знаењето, вложувајќи се максимално во сè што работи. Беше тивок во однесувањето и комуникацијата, но оние што многу го почитуваа можеа да го препознаат секој негов крик и врисок обвиен со тишина. Преполн со разбирање, толеранција, трпение... како само ретките допрени од возвишената енергија можат да бидат, и да останат такви, во времиња и невремиња, успевајќи секој нов ден да го започне со нов стремеж и поттик за нови дела. Архитект Павел Балабанов е роден 1942 година во Охрид. Почина на 19 мај 2017 година. На Архитектонскиот факултет во Белград, во ателјето на професор Станко Мандиќ, дипломирал во 1969 година. Од 1970 до 1992 година работел во Завод за урбанизам и архитектура - Охрид, како самостоен и главен проектант, раководител на проектантски и работни тимови, при проектирање на сите видови објекти. Проектите за двете осумгодишни училишта „Климент Охридски“ и „Христо Узунов“, ја најавиja појавата на едно значајно име во македонската архитектура во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. Во 1980 година Павел Балабанов ја добива републичката награда за најуспешно архитектонско остварување во Македонија за основното училиште „Климент Охридски“ во

18

ПОРТА

26 мај 2017

Охрид. Со добивањето на сојузната награда за архитектура во Југославија на весникот „Борба“ за 1980 година, за истиот објект, се потврдило создавањето на архитектура со трајни вредности, архитектура која храбро се наметнала на охридското поднебје. Во тоа време, во Белград, со неверување била примена

веста дека наградата за архитектура е доделена на архитект чие име не кружело во орбитата на успешните. Во архитектонска смисла, вредноста на ова училиште е во добрата организација на сите простори кои им служат на учениците, но и во одлична диспозиција на ниски волумени исткаени од цигла, камен, лим, дрво и керамика,


ОУ „Климент охридски“

во односот на бело и темно, во ритамот и звучноста на масите што на наједноставен начин го градат и преградуваат просторот. Архитект Балабанов сигурно владее со просторот и знае што може да се добие со примена на долги и кратки низи, ниски и полни архитектонски творби. Тоа чувство за мерка, пропорција и

висина, намерно, како да се стекнало на едно место, како би можело да прејде на околината, планините во заднината и езерото во долниот дел. Во специфичните услови на стариот град како културно наследство, разложената конфигурација на теренот и панорамските вредности на градот, објектот е успешно

интегриран во просторот. - Задачата имаше своја убавина, но криеше и опасност. Просторот што го користев е традиционално врзан за наука, култура и образование. Тука работел просветителот Климент Охридски. Се трудев да не ги копирам старите форми и материјали, но сепак да остварам континуитет со традицијата. Сметам дека само формите и материјалите не нè врзуваат за наследството. Треба да се насети самата содржина, духот на поднебјето, да се искористи душата на местото, филозофската порака на околината. Објектот сам по себе не е ништо. Дури во интеграцијата со просторот станува корисен за луѓето – рекол Балабанов за весникот „Борба“. Во долгата листа на изработени и изведени објекти на кои работел архитект Павел Балабанов, спаѓаат проектите за деловната зграда на фабриката „Агроплод“ во Ресен, проектот за кампот „Ливадиште“ во Струга, кампот „Крани“ во Преспа, понатаму следат зградата на Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, стоковната куќа „Билјана“ во Охрид, стоковната куќа „Отекс“ во Охрид. За ресторанот и дискотеката „Парк“ во Охрид, го добива специјалното признание на Биеналето на Македонската архитектура за 1989 година. Бил член на повеќе комисии за оцена на конкурсни трудови. Во 1992 година, заедно со двајца најблиски колеги, Балабанов ја основа архитектонската работилница „Балабан и партнери“, во која се ангажира до 2012 година со различен број соработници. Основна дејност на компанијата е проектирање, инженеринг и изградба, а опстојува со реализација на преземени обврски во проектирање, ревизија, надзор и изградба. Со негово советодавно и менторско учество помладите колеги имаа можност да учествуваат при проектирање на повеќе бензински станици, основни училишта, повеќе колективни станбени згради, резиденцијални комплекси, голем број индустриски хали, угостителски објекти, изложбено-продажни салони и огромен број семејни куќи. Запрашан за најомилено свое архитектонско „чедо“, го издвојува ресторанот „Парк“, од причина што креативниот процес бил највозбудлив. - Професијата архитект сама по себе е предизвик, а реализацијата на која било зададена програма предизвикува силни чувства, од болка до радост. Но во последниве години 28 јули 2017

ПОРТА

19


Стоковна куќа „Отекс“

Деловна зграда „Агроплод“

Ресторан „Парк“ Завод за урбанизам Охрид предизвик и преокупација ми е одржувањето на кондицијата на компанијата, отворена за млади архитекти и инженери – остварувањето на нивните креативни пориви и чување на реномето на архитектонската и инженерската професија ќе рече архитект Балабанов пред неколку години, објаснувајќи ги личните долгогодишни искуства за тоа што значи да се биде архитект, не заборавајќи во ниеден момент дека, пред сè, треба да се биде и остане човек. n 20

ПОРТА

28 јули 2017


ПОРТА


eнтериер

ПРОЕКТ ЗА ЕНТЕРИЕРОТ НА ГОЛЕМАТА САЛА НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ВО СКОПЈЕ

Акустичкиот дизајн

Проектираната градежна конструкција на салата, која беше изградена пред почетокот на работата на акустичкиот дизајн, внесе некои ограничувања со својот волумен и специфичниот облик. Заради тоа е посветено посебно внимание на бројните детали во ентериерот, кои требаше да ги минимизираат негативните ефекти на почетните градежни услови. 22

ПОРТА

28 јули 2017


инспиративна задача

„Македонијапроект“, со тендерска документација заверена од страна на Министерството за култура на РМ и со проектна задача на инвеститорот со препорака за дизајн на акустика. Проектот за ентериерот е изработен паралелно со проектот за акустика со заедничко усогласување. Проектот на ентериерот и изведбата на работите во Големата сала ги извршуваше стручен тим на фирмата „Страбаг“ АГ. Надзор вршеше екипа од ГИМ Скопје и активно соработуваше. Површината на салата со придружните простории е околу 1000 m². Зоран ГАКОВИЌ, дипл.инж.арх. Проект на ентериерот: Страбаг АГ

П

роектот на ентериерот на Големата сала е направен во согласност со Главниот проект на Филхармонијата во Скопје, кој го изработи фирмата

ФУНКЦИОНАЛНОСТ Во салата има четири влезови за публика, по два на првиот и вториот кат, како и два влеза на сцена со кои се пристапува од нивото на првиот кат. Сите влезови се позиционирани кон јавните простори, фоајето и галеријата на ниво на првиот кат. Аудиториумот се состои од 26 редови со ширина од 90 см, со исклучок на редовите 5 и 19 кои се со ширина од 170 см и тоа на

местата на влезот. Денивелациите на редовите се 10, 20, 30 и 40 см. Бројот на фиксни седишта во аудиториумот е 893, а на мобилните 74. На ниво на вториот кат се наоѓаат две галерии со 17, односно 15 фиксни седишта. Вкупниот број на гледачи во Големата сала е 999. Во делот на сцената, како и во делот на аудиториумот, предвидени се ревизиони отвори за пристап кон просторот под акустичкиот под. Во подовите се наоѓаат дифузори за вметнување на чист воздух од внатрешниот простор – пленум во просторијата Голема сала. Сцената се состои од дел за оркестар и дел за хор. Се предвидува дополнителна поделба на нивоата со мобилни практикабли. Сцената, исто така, е пристапна од нивото на аудиториумот со фиксни скали, како и хорски редови. Акустичкиот плафон над аудиториумот и сцената е специјано обликуван, според ентериерското решение и акустичките пресметки, така што дистрибуцијата на звукот во салата се врши рамномерно до сите редови на аудиториумот. 28 јули 2017

ПОРТА

23


24

ПОРТА

28 јули 2017


Плафонот во однос на ѕидната облога има шлиц од 30 см со цел функционирање на вентилацискиот систем за извлекување на воздухот. Во овој простор се предвидени технички патеки со цел ремонт и замена на осветлувањето, сценската техника и останатата опрема. Овој технички простор во однос на челичната конструкција е одвоен со противпожарен плафон според проектот за заштита од пожар. На сите ѕидови од Големата сала се поставени мобилни апсорпциони банери (специјални дупли завеси) за постигнување посебни акустички ефекти. На фронталниот ѕид е оставен простор за оргули кои дополнително ќе се постават. Столиците се на фирмата Figueras Carmen 128, специјално редизајнирани за овој проект. Управувањето со системите се извршува од режиската соба, по потреба командната конзола може да се префрли во салата на предвиденото место во 19 ред, и тогаш управува директно од просторот. Осветлувањето се состои од осветлување на гледалиштето со помош на лед траки, лед рефлектори и сценско светло со хојст и скриено од бочните ѕидови, се користат лед, халогени рефлектори и моторизирани рефлектори.

28 јули 2017

ПОРТА

25


Со комбинација на свис системи за осветлување, бел и RGB, се добиваат и специјални ефекти по потреба.

ЕНТЕРИЕР Просторијата на Големата сала ентериерски е осмислена во склад со современите трендови за ваков тип објекти, меѓусебно усогласен со проектот за акустика, со повеќе повторувања. Подовите во Големата сала, во делот на аудиториумот и сцената, се од паркет цреша со дебелина од 2,9 см, положен врз повеќеслојна водоотпорна иверица. Потконструкцијата е дрвена и премачкана со ПП премази со заштита од 90 минути. Паркетот е лакиран со мат лак со водоотпорни карактеристики според стандардите EU/DIN. Во подовите се вградени дифузери за вентилација. Потконструкцијата на салата – ламинирано дрво, потпрена е на Silomer, и така е одвоена од бетонската конструкција и на тој начин изолирана од структурална бучава. Предната страна на трибината и скалите, обложена е со повеќеслојна водоотпорна шперплоча со паркет цреша. Лакирањето е како и кај подната облога. Предната старна на сцената е обложена со повеќеслојна водоотпорна шперплоча и фурнирани MDF плочи од американска црна цреша. Лакирањето во склад со подната облога. Редовите во аудиториумот и самата сцена се лачни со два реда за минување на публиката. Влезот во салата е од ниво на 5. ред – први кат, и 19. ред – втор кат. На тие места премините се одвојуваат од аудиториумот полн со огради, со облоги исти како на страните на сцената. На делот на спојот со подот се предвидени подни лајсни. Целата подна површина во обработката се третира како монолитна површина обложена со дрво во сложена форма. Ѕидовите и плафоните се обложени со акустички панели на потконструкцијата, кои ги задоволуваат барањата за пресметка со цел остварување на задоволителна акустика во салата. Акустичките панели со дебелина од 3 см се тешки 37 кг/м² што е пропишано во тендерската документација. Видливата страна од панелот е обложена со дрвен фурнир, тип американска цреша, и лакирана со мат лак со водоотпорни карактеристики според стандардите EU/DIN. Фурнирот е посебно избран и аранжиран за секој елемент од ентериерот. Панелите на бочните ѕидови од салата 26

ПОРТА

28 јули 2017


во пониската зона, се со расцепкана поделба и денивелирани со цел остварување на соодветни акустички резултати. Во горните зони се наоѓаат лачни површини кои исто така овозможуваат рамномерна дистрибуција на звукот кон гледалиштето, а исто така служат и како маска за сценската техника. Обликот на плафонот е одреден од условите, проектот за акустика и според решението за ентериерот. Во делот на аудиториумот, скалесто се спушта кон кабината за режија, додека во делот над сцената, поделен е на поситни елементи според барањата на акустиката. Делот од плафонот над бината, по потреба се отвора

– кога се активира звучниот систем (се спуштаат звучници).

АКУСТИЧКИ ДИЗАЈН Проектирањето концертни сали е една од најделикатните задачи на акустичкиот дизајн. Во него се поставуваат неколку битни барања: да се постигне очекуваната естетика на звучната слика што ја добиваат слушателите во салата, изведувачите на бината да имаат звучен амбиент што им овозможува леснотија во заедничкото музицирање и на секој поединечно му помага подобро да се изрази музички, но и да се постигне сето тоа во просторот што ги задоволува високите критериуми на

визуелната естетика. Акустичкиот консалтинг во рамки на дизајнот на салата на Филхармонијата е доверен на стручниот тим на Лабораторијата за акустика на Електротехничкиот факултет од Белград, кој го води професор д-р Миомир Мијиќ и професор д-р Драгана Шумарац Павловиќ. Ревизијата на дизајнот за акустика го направи Akustik Buch GmBH. Акустичкиот дизајн на Големата сала на Македонската филхармонија беше инспиративна задача, бидејќи требаше во просторот со однапред зададен геометриски облик и големина да се истражат сите можности и да се анализираат разни интервенции кои можат да дадат очекувани резултати. Бидејќи салата првенствено е наменета за живи музички изведби, основна задача е да се зачува расположливата енергија на природните извори на звукот и да ѝ се овозможи разиграност по просторот. Заради тоа сите материјали во ентериерот на салата се масивни и посебно внимание е посветено на нивниот избор. Проектираната градежна конструкција на салата, која беше изградена пред почетокот на работата на акустичкиот дизајн, внесе некои ограничувања со својот волумен и специфичниот облик. Заради тоа посебно внимение е посветено на бројните детали во ентериерот кои требаше да го минимизираат негативниот ефект на почетните градежни услови. Најважните интервенции во салата се воведување на релјефни детали на бочните ѕидови во пределот на бината и на делови од плафонот. Во процесот на нивниот дизајн се користени лабораториски испитувања на физичките модели на делови од ентериерот за да се предвиди влијанието на предложените варијанти на релјефните форми во звучното поле на салата. Седиштата внимателно се одбрани, така што претставуваат дополнителен дифузен елемент во салата со кој се збогатува текстурата на акустичкиот одзив во салата. Како резултат, постигната е неопходна дифузност на звучното поле и изедначена е гласноста на звукот по површината на аудиториумот. Акустичкиот квалитет на концертната сала се вреднува со објективните параметри како што се индекс на бинарен квалитет, текстура на одзив, привидна ширина на звучниот извор и латерална енергија. Со објективни мерења и субјективни оценувања, утврдено е дека овие цели се постигнати. n 28 јули 2017

ПОРТА

27


архитектура

КУЌИТЕ Подготви: Студио„ РАДО ИНЖИНЕРИНГ “, Скопје оследново време се карактеризира со интердициплинарно поврзување на општествените, хуманистичките и природните науки, и сè се поактуелни полемиките кои се однесуваат на подрачјето на културата на новите медиуми, технологии и значајни визуелности. Во конкретниов случај, се работи за изработка на техничка документација за викенд населба од 12 единки, секоја од 9001200 м2 површина и дефинирање на можностите за локацијата, која се наоѓа на 16километри од Скопје, на 525 метри надморска височина со комплетна инфраструктура, пристапни патишта, вода, електрика. Локацијата овозможува живот во природа, која се наоѓа во непосредна близина на градот и која овозможува да уживате во чист воздух, мирис на вегетација и звуци на птици и животни, кои таму живеат. Документацијата е изработена од страна на „Радо Инжинеринг“, водена од авторите архитектот Ѓоко Радовановиќ и дизајнерот Стефан Матески. Проектираните објекти се со димензии од 32 до 96 м2 и сите имаат сопствена атмосфера и приказна. Местопозицијата на

П

28

ПОРТА

28 јули 2017


БИРААТ локацијата ги потврдува научните истражувања за извонредните здравствени придобивки на животот во шума, што овозможува зајакнување на имунолошкиот систем, намалување и целосно спречување на стресот, регулирање на крвниот притисок. Проектирањето според конкретен корисник, треба да е длабоко вкоренето во процесот на просторно создавање. Се почнува со проучување на психолошките, материјалните и просторните аспекти, ширејќи ги идеите на просторот во служба на надворешно изложување на културниот идентитет на корисникот. Денес сè се врзува со начинот на животот на индивидуата и се добива одлика на отворени можности и избор на самиот корисник - време на радикален индивидуализам. Конкретниот корисник на просторот има можност да бира која егзистенцијална карактеристика му е важна, но не на штета на семејството, групата или заедницата во непосредна близина. Барањето да е подруго во однос на останатите, подразбира сопствен систем на вредности со јасни ставови. Индивидуализамот инсистира на тоа интересот на личноста, која е дел од системот, на најдобар начин да биде задоволен и во архитектонска смисла, со максимална слобода на избор, кој се нуди во предложените решенија. Овој пат, 12-те куќи чекаат сопственици. Куќите бираат. 28 јули 2017

ПОРТА

29


архитектура

ИНДИВИДУАЛНА КУЌА ВО КУМАНОВО

Нов пристап во планирањето на индивидуалното домување

UEB architects team - Урим ЛАТИФИ м.и.а.,Елвис МУСЛИЈИ м.и.а., Буњамин АДЕМИ м.и.а.

О

бјектот е лоциран во периферен дел на градот Куманово. Поставеноста на објектот во парцелата е резултат на изработен детален урбанистички план со конкретна маркица. Базирајќи се на урбанистичките услови кои произлегуваат од деталниот план, е направено решение кое ги сублимира барањата на инвеститорот, од една страна, и се придржува на урбанистичките параметри и правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, од друга страна, како предуслов за градење. Објектот е замислен како индивидуална станбена куќа за потребите на петчлено семејство. Барање на инвеститорот беше куќата да се состои само од приземен 30

ПОРТА

28 јули 2017


ТИП НА ОБЈЕКТ: ИНДИВИДУАЛНА СТАНБЕНА КУЌА / П+1 ЛОКАЦИЈА: КУМАНОВО/ Р.М ИНВЕСТИТОР: фам. ЗЕНДЕЛИ ПРОЕКТАНТ: UEB architects ИЗВЕДБА: во тек СТРУКТУРА: АРМИРАНО БЕТОНСКА КОНСТРУКЦИЈА ПОВРШИНА НА ЛОКАЦИЈА: 525м2 ИЗГРАДЕНА ПОВРШИНА: 220м2

дел, но по направените консулатации и просторни анализи за тоа како ќе изгледа идната куќа, дојдовме до решение во кое поголемиот дел од просториите на објектот се простираат во призмниот дел, додека само дел од ноќните простории се планирани на катот. Основата на објектот наликува на буквата Г, од која едниот крак е планиран за дневните простории како кујна,

трпезарија и дневен престој, додека во другиот крак се распоредени ноќните простории – спални соби (вкупно 3) како и помошните простории, бања и технички простор. Местото на поврзување на двата краци е планирано за влезниот простор вертобранот. Поголем акцент е даден на дневниот престој кој е отворен спрема трпезаријата и кујната. Планираните 28 јули 2017

ПОРТА

31


големи отвори - прозорци по целата куќа овозможуват дел од приодата во партерот да навлегува во внатрешноста на просториите. Нивото на приземјето од партерот е +30 см, со што се овозможува директен пристап од куќата во партерот. Партерот, освен планираното ниско и високо зеленило, се збогатува и со планираниот отворен базен кој ќе им служи на идните станари. Со помош на вертикалните комуникации скали се пристапува во ходникот на првиот кат, каде се распоредени две спални соби, бања и тераса која ја опфаќа поголемиот дел од површината на катот и е планирано да се изведе како зелена тераса. Куќата, како во основа така и во надворешниот изглед, претставува нов пристап во планирањето на индивидуалното домување. n

ПОРТА


ПОРТА


архитектура

ОБНОВА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОКОВНАТА КУЌА „ЈАВОР“ ВО БИТОЛА

Нов модел на архитектонски концепт

Брзиот развој на новото општество како реалност на денешницата, новите човекови потреби, особено оние во однос на социјалните навики, поточно „животен стил“, се одразуваат врз обновата и организацијата на постоечките архитектонски објекти и бараат воспоставување на нови архитектонски концепти – појава на нови програмски содржини – функции и нивно просторно редефинирање

М

м-р Ивона МИЛОШЕВСКА дипл.инж.арх. агистерскиот труд со наслов СИТИ МОЛ (CITY MALL) - обнова и организација, работен од кандидатот Ивона Милошевска под

34

ПОРТА

28 јули 2017

менторство на професор д-р Иванка Кировска, со новата обнова и организација на објектот (стоковна куќа „Јавор“ во Битола) формира еден нов модел на архитектонски концепт – трансформација на постоечката морфосинтакса на објектот во нов контекст кој го подразбира современото општество. Брзиот развој на новото општество како реалност на денешницата, новите човекови

потреби, особено оние во однос на социјалните навики, поточно „животен стил“, се одразуваат врз обновата и организацијата на постоечките архитектонски објекти и бараат воспоставување на нови архитектонски концепти – појава на нови програмски содржини – функции и нивно просторно редефинирање. Особени трансформации се случуваат кај трговските центри – објекти кои често го менуваат и збогатуваат својот програм и кои постојано подлегнуваат на моменталните трендови и промените во општеството, останувајќи сепак во трите есенцијални рамки: трговија, услуга и угостителство. Во новообновените и реорганизирани простори се дефинираат нови и трендовски концепти (што подразбира формирање на нови програми – функции), кои ги следат барањата и потребите на граѓаните. Постоечкиот архитектонски објект, стоковната куќа „Јавор“ во Битола, е дел од колективната меморија кај


населението од овој град, и е централен сегмент во ланецот на стоковни куќи изградени во Битола во почетокот на ХХ век (1975 год.) и припаѓа на модерната архитектура. Со својата местоположба во централното градско подрачје, во непосредна близина на старата битолска чаршија, објектот претставува значаен јазол во кој се преплетуваат многу културни слоеви и времиња, и е изграден аналогно на другите стоковни куќи во тоа време. По својата надворешност објектот е олицетворение на модернизмот, а низ него се чувствува и влијанието на објективизмот, кој како начин на мислење го негира таканаречениот „формален модернизам“, правец кој се борел против прекумерната употреба на современите градежни материјали и технички откритија. Објектот има вкупно пет нивоа – катови: подрум, приземје, прв и втор кат како и трет кат кој денес не функционира. Во својата внатрешност објектот е поделен на два дела: трговско-услужна дејност и административнотехнички дел, кои се наоѓаат на сите нивоа, освен третиот кат кој е недостапен. Во своето долгогодишно постоење објектот доживеал повеќе функционални организации на просторот – од отворен пејзажен карактер, до денешната расцепканост – поделеност на повеќе инцидентно изведени локали со трговска и угостителска дејност, кои се парцелизирани со преградни паравани кои и функционално и естетски го нарушуваат амбиентот на внатрешната организација на

просторот. Со новата обнова и организација објектот ќе претставува синтеза на старото и новото, имплементација на нови содржини во веќе даден постоечки простор. Целта е подобрување на функционалноста, запазување на естетскиот момент и тенденции на осовременување кои ги носи новото време, односно да прерасне во СИТИ МОЛ (CITTY MALL), како денес се нарекуваат овие типови на големи трговски објекти. Според својот концепт, ваквиот тип на објекти може да биде организиран во склоп на една или повеќе просторни површини

поделени на единици, поточно продажни места со разновидни содржини – од трговски, услужен и угостителски карактер. На овој начин, овие градби постануваат атрактивни места за човекот во кои тој може да задоволи повеќе свои потреби и квалитетно и релаксирано да го помине своето време. Потрошувачите денес можат во еден единствен затворен простор, таканаречен ,,голема кутија“ со многу привлечни продавници да пронајдат сè што им треба, без да бидат изложени на надворешните временски услови. Со многуте содржини овие објекти прераснуваат во мултифункционални

28 јули 2017

ПОРТА

35


современи објекти, а содржините со кои се исполнети се со намена и можност за остварување на групно домување, образование и наука, социјализација, сервиси, кина, менувачници, експозитури, центри за убавина и здравје и др. Вака осмислени тие отвораат нов современ социјален и урбан живот. Предложеното идејно архитектонско решение се темели на креирање на објект со интегриран карактер, а новите програмски содржини одговараат на новиот формален израз на новото време, како идеален начин на решавање на објекти од ваков тип. Неопходната програма за функционирање на објектот се развива по нивоа – катови, од кои два се со помал габарит (подрум и приземје), а катовите (еден, два и терасата) се со поголем габарит (односно ист ). Програмата е распоредена на следниот начин: во подрумскиот дел се лоцираат супермаркет, продажба на бела техника и неопходните помошни простории. Во приземјето се влегува преку три влеза за посетители и еден влез за дотур на стока. Приземјето е програмски поделено на повеќе различни намени (локали) претежно од трговско-услужна дејност. На 36

ПОРТА

28 јули 2017

првиот кат се локали од трговски карактер (бутици) и угостителски локал. Вториот кат го заземаат локали со трговски карактер – наменети за деца, потоа игротека, како и угостителско катче. Како најзначајна промена во објектот се јавува пренамената на непроодната тераса на третиот кат, во ексклузивен ресторан. Денес ваквите атрактивни простори во светски рамки познати како „rooftop“ даваат една нова димензија и атрактивност на објектот. Локациската поставеност на објектот овозможува прекрасен поглед кон градот, кој ги опфаќа познатата Саат кула, Безистенот и Старата битолска чаршија.Од ова произлегува дека најинспиративна е обновата и организацијата на третиот кат каде се предвидуваат ресторан, кафетерија и тераса од типот „rooftop“, со сите неопходни придружни помошни простории. Во објектот неопходните помошни простории (скали, лифтови - персонален и теретен, санитарии, администрација, магацински простор и др.) се развиваат по сите нивоа. Површините што се непрограмирани – холови, даваат можност за организирање на повремени продажби и други случувања, како

и развивање на комуникација помеѓу различните корисници, односно го создаваат социјалниот контекст (како најесенцијален). На крај, овој тип на објекти се создава за да биде исполнет со луѓе и да ги задоволува нивните активности од најразличен карактер, поточно кажано, ја одразува нивната „култура“ на живеење, а објектот со нив станува „жив организам“. Поради рапидното зголемување на градовите и нивното претворање во мегаструктури, потребата за обнова и организација на објекти од минатото станува неопходна потреба. Потребата за обнова и организација на објекти од минатото се јавува, исто така, и како релевантен архитектонско-урбанистички фактор во борбата за зачувување на животната средина и намалување на екстремното урбано ширење на градските ткива (простори). И сосема на крај, секако, обновата и организацијата на постоечките објекти кои се надвор од употреба претставува хуман процес, бидејќи на овој начин се третира и моментот на архитектонското културно наследство. n

(Одредени делови од текстот се преземени од магистерскиот труд)


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


дизајн

Д

изајнерот: ... но господине, мојата работа е да Ви помогнам да дојдеме до решение. Решението ќе ни покаже дали Вам навистина Ви е потребен мебел во таков облик каков што баравте од нас.

! ! ! л е б е м м а р г о л Ки

КЛИЕНТОТ: ... од каде Ви е таа одважност и тој безобразлук. Па јас сигурно знам што најмногу ми одговара мене и на мојата фирма! Дизајнерот: ... секако дека Вие знаете што Ви треба, Вам и на Вашата фирма. Но би сакал да ме сослушате, па самите ќе сфатите дека зборуваме за исти работи и на ист начин, само гледаме од различни агли. Замислете дека сте ангажирале архитект за уредување на својот стан. Елементи на Вашиот стан се подови, ѕидови, санитарии, керамика, осветлување, боја, отвореност на станот – прозрачност, динамика на движење, ... итд. Тоа се работи за кои Вие не сте размислувале одделно, но тоа умеете да го опишете во форма на севкупниот впечаток на просторот. Колку пати некој ќе оформи мислење за нешто, а притоа и сам не знае точно да дефинира кој од елементите во просторот најмногу влијае врз него и неговото мислење. Во неможноста тоа точно да го дефинира, или, уште подобро кажано, од непотребноста да се задлабочи во концептот на просторот, човекот доаѓа до заклучок „убаво е, ми се допаѓа“ или „не сум задоволен, не ми се допаѓа“. Клиентот: ... со тој факт се согласувам, бидејќи, заради своите обврски, никој нема време да се задлабочува, а што е уште поинтересно, нема ни потреба. На крајот на краиштата секој треба да си ја работи својата работа. Дизајнерот: ... хммм! Некој што се занимава со анализа, проектирање и уредување на просторот, во таа работа вложува прилично време да открие комбинации на материјали и елементи во просторот за да добие најдобри резултати за самиот простор. Низ сето тоа ќе ја потврди својата струка, а ќе добие и задоволен клиент, се сложувате? Клиентот: ... не погрешивте, во потполност се сложувам. Меѓутоа, опремувањето на просторот со себе влече и други работи. Што 38

ПОРТА

28 јули 2017

е со економскиот аспект? Некој што се занимава со проектирање и уредување на просторот, обично ја предвидува, слободно можам да кажам, најважната работа – БУЏЕТОТ...!? Дизајнерот: ... баш ми е драго што го спомнувате ова. Тоа само потврдува дека, сепак, зборуваме за исти работи. Со анализа на решението, ќе дојдеме до формата на елементите во просторот, било да зборуваме за статичните елементи (ѕидови, подови итд.) или за мебелот. Со формата ќе ја дефинираме идејата за тоа „која ни е целта и што ќе постигнеме во просторот“. Ќе ги

дефинираме материјалите, ќе видиме што е тоа што во најголема мера нè приближува кон целта. И така ќе знаеме што треба понатаму да негуваме. Имајќи предвид „што е тоа што ни треба“, ќе сфатиме без што се може, и што можеме да трансформираме во нешто малку поинакво, бидејќи, очигледно, како такво и нема некој значаен ефект, за кој можеби претпоставуваме дека ќе има. Тука самите себе си создаваме услови, не само што го имаме предвид економскиот аспект на проектот, туку и да влијаеме на решението така што ќе го почитуваме БУЏЕТОТ, а сепак да дојдеме до својата цел. Клиентот: ... зарем не мислите дека


би сакал да ја омаловажувам туѓата работа и струка, но сепак мислам дека три работни места се исто како и сто и три работни места. Не гледам тука место за некоја филозофија ...

правиме слон од мравка ...? Дизајнерот: ... извинете, не разбирам? Клиентот: ... не ме сфаќајте погрешно, не

Дизајнерот: ... Ве разбирам за што зборувате. Да речеме вака: вашата работа од Вас бара автомобил за да се довезете до работа. Решението е да најдете автомобил со економична потрошувачка, лесен за одржување, погоден за градско возење, а сепак и да ги задоволи потребите за удобно возење. А што е со емотивниот дел, сопствениот и во Вашето опкружување? ... Скоро сум сигурен дека сега Вие мене ќе ме разберете; трите работни места ја дефинираат просторијата, канцеларијата. Тогаш слободно можеме да кажеме дека секој од тие вработени во тој простор учествува со своите 33,33%, и физички и со

својот говор, размислување итд. Ќе забалежите дека во просторот од 103 работни места, во случај сите да се во една просторија во форма OPEN-SPACE (отворена канцеларија, без прегради), секој учествува во просторот со 0,97% физички и во секоја друга смисла. На секој од нив ќе му биде обезбедена иста квадратура, бидејќи 33,33% помала канцеларија може да биде исто како и 0,97% поголем простор. Меѓутоа, начинот на кој ќе комуницираат вработените во двата случаи ќе биде тотално различен. Фолозофијата на просторот со три и со 103 работни места не е иста. Забележавте дека го користам зборот ФИЛОЗОФИЈА, тоа не се филозофски теории, туку ставки кои емпириски се применувани со векови, бидејќи се знае до кои резултати доведуваат... Тоа е она за што некој што се занимава со тоа води сметка. Тоа е она што му дозволува да ги држи во рамнотежа ЦЕЛТА и БУЏЕТОТ. Тоа е „елемент“ кој не го гледате, а кој и тоа како влијае на целокупниот впечаток. Клиентот: … добро, претпоставувам дека, сепак, многу од тоа е под површината. Дизајнерот: … да се вратиме на Вашиот стан. Вие сигурно сте знаеле кој под ќе го ставите, кои бои ќе ги користите, изборот на мебел, но сте ангажирале некој да Ви направи решение бидејќи не сте сакале да предимензионирате нешто, да ставите нешто непотребно, да нарачате помалку, да ставите боја која нема да го постигне бараниот ефект, да купите гарнитура која изгледа убаво во САЛОНОТ, но во Вашиот стан 28 јули 2017

ПОРТА

39


изгледа поинаку, да ставите прејако осветлување – можеби премалку светло... И да ја знаевте квадратурата на Вашиот стан, сепак се консултиравте за паркетот, плочките ... итд. Клиентот: … па да, сепак јас ја работам својата работа, и немав време да се занимавам со тоа. А и како што велите, веројатно сето тоа не би изгледло како што мислев дека треба ... Дизајнерот: … Вашата работа и доведе до позиција сега да го средувате просторот, и 40

ПОРТА

28 јули 2017

тоа е добро. Но Вашата потреба нема да го задоволи само бројот на работните места. Тие работни места ќе имаат свои потреби за меѓусебна интеракција па можеби и интеграција. Тоа секако ќе Ви заштеди одредени средства, а ќе го подобри и самото работење во иднина. Клиентот: … во својот стан сам барав свое решение, тоа сепак е моја куќа. Па добро, ако зборувам искрено, мојата компанија е моја втора куќа, ... хммм. Што препорачувате?

Дизајнерот: ... Седнете да поразговараме за Вашиот простор и за Вашите потреби. Прво, би сакал да Ви се заблагодарам на времето што сте го издвоиле за да дојдете кај нас. А пред сè, би Ви рекол, добре дојдовте во DELIGHT! n


ПОРТА


eксперт

НА МАРГИНИТЕ НА ЕДНА КАТАСТРОФА

Пожарот во Grenfell Tower во Лондон опоменува

Катастрофата не е само поттик за преиспитување на градежната регулатива во Обединетото Кралство, туку и низ светот. Во овој контекст и надлежните служби во Република Македонија треба да извлечат соодветни поуки од оваа трагедија и да го насочат своето дејствување кон зголемување на противпожарната заштита на постоечките и новоизградените објекти. 42

ПОРТА

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (В.Британија)

С

реда, 14 јуни 2017 година ќе биде запомнета како еден од најцрните денови во поновата историја на Лондон и Обединетото Кралство. Неполни 351 година од Големиот пожар во Лондон (The Great London Fire, од 2 до 5 септември 1666 година), пред очите на светската јавност се одвиваше човечка трагедија од ретко видени размери. Мајка која го фрла бебето


во надеж дека некој ќе успее да го прифати за да ја преживее огнената стихија, жители кои се простуваат од своите најблиски по телефон, повиците за помош од очајните жители, кои по одредено време стивнуваат и се заменети со тишина, и звукот на безмилосниот оган, а сè пред очите на безгласните и беспомошни избегани, ургентинте служби, минувачите, медиумите и светската јавност. Сево ова, иако наликува како во филм за катастрофи, всушност се случува во живо во петтата најбогата земја во светот според номиналниот бруто национален приход, каде само проценетата вредност на станбените објекти во

Лондон е поденаква на годишниот бруто национален приход на Бразил од 2,2 трилиони долари. Месец дена по оваа трагедија која ја зафати 67 метри високата 24-катна Гренфел кула (Grenfell Tower) во Лондон, изградена во 1974 година со 129 станови, за повеќе години сме оддалечени од завршувањето на официјалните истраги и објавувањето на причините за оваа катастрофа. Дел од преживеаните секојдневно се прашуваат дали причините, воопшто, наполно ќе се разјаснат. Во моментов официјалниот број на загинати е околу 80, но се очекува дека вистинскиот број ќе биде обелоденет дури во 2018 година, за да се даде доволно време на форензичните екеперти да ја завршат својата работа. Исто така, сè уште не се утврдени причините за најголемиот пожар во Обединетото Кралство од почетокот на дваесеттиот век па до сега. Само се знае дека пожарот отпочнал во комбиниран фрижидер со замрзнувач на четвртиот кат, и дека противпожарната бригада отпочнала со својата интервенција по само шест минути, но дека пожарот се проширил со неверојатна брзина по фасадата на објектот. На над 200 пожарникари со 70 противпожарни возила од противпожарните станици во Лондон им биле потребни 60 часа за да го изгансат овој пожар. Оттука, големо внимание во моментов е посветено на реконструкцијата на фасадата на објектот завршена во 2016 година. Таа била направена за да се подобри енергетската ефикасност на објектот. Како резултат на ова, постојната фасада од 25 см дебел префабрикуван армиран бетон, според наводите во британските медиуми, била обложена од надвор со 15 см дебели цврсти термоизолациони плочи од

полиисоцијанурат (Polyisocyanurate), пред кои се наоѓал 5 сантиметри воздушен простор и 3 мм завршна обработка од сендвич алуминиумски обложни плочи меѓусебно споени преку полиетиленско јадро. Полиисоцијанурат е еден вид пластичен термоизолационен материјал во пенеста форма којшто се лие во термоизолациони табли, најчесто обложени од двете страни со алуминиумска фолија. Станува збор за материјал кој гори и испушта потенцијално токсични гасови при согорувањето. Од презентираните информации во медиумите не е јасно дали во рамките на фасадата биле поставени задолжителните противпожарни бариери, коишто би требало да се постават најмалку хоризонтално однадвор на ниво на меѓукатната плоча и вертикално во линија на ѕидот која ги дели становите. Со оглед на тоа што реконструкцијата била изведена, се очекува дека градежната инспекција ги одобрила градежните работите врз основа на предвидени противпожарни бариери во рамките на новопроектираната фасадна конструкција. Овие бариери се исклучително важни во спречувањето на пренесувањето на пожарот од една во друга противпожарна зона. Вообичано, бариерите се направени од негорлив материјал како камена или минерална волна која со анкери од не’рѓосувачки челик се поставува, во овој случај, на оргиналната негорлива конструкција на објектот од армиран бетон. Преку нивното поставување се прави дисконтинуитет во запаливата термичка изолација на фасадата. Во случај на фасадна облога од плочи задолжително треба да се обезбеди вентилација на овие плочи од внатрешната страна, која дополнително го комплицира спречувањето на пренос на пожар од една во друга противпожарна зона. Имено, во вакви 28 јули 2017

ПОРТА

43


случаи противпожарната бариера треба да биде композитна, каде основниот дел е направен од анкерисан негорлив материјал, но кој од надвор треба да има интегрална лента од интумесцентен материјал којашто во случај на пожар ќе експандира и ќе го затвори воздушниот простор зад фасадната облога. Вакви композитни противпожарни бариери се наоѓаат на пазарот на 44

ПОРТА

28 јули 2017

градежни материјали и тоа најчесто во две верзии за да затворат воздушни простори од 25 или 50 мм, но најголемиот број од нив обезбедуваат противпожарна заштита од само 30 минути, а многу поретко од 60 минути. Оттука, може да се постави прашањето дали и најдобриот материјал ќе овозможи соодветна сепарација во случај на пожар особено кај повисоките објекти, каде и еден час

противпожарна заштита, веројатно, нема да биде соодветна. Според најновите информации, се потенцира дека линијата на прозорците била сменета во рамките на реконструкцијата на фасадата. Тие оргинално биле лоцирани во рамките на 25 см дебелите ѕидови од префабрикуван армиран бетон. При реконструкцијата на фасадата, тие биле релоцирани и заменети со нови во линијата на новопоставената термозилоција. Преживеаните посочуваат дека димот почнал да влегува во становите од внатрешната страна на прозорците, што наведува на можноста за постоење на мали отвори помеѓу оргиналниот армирано-бетонски ѕид и новопоставената термичка изолација, кои послужиле како медиум за пренесување на чадот. Ова е навистина необично, со оглед на тоа што според британските градежни прописи околу отворите на фасадите треба да се постават противпожарни бариери кои ќе ги заштитат прозорците од евентуален пожар. Дополнително се наведува дека објектот бил приклучен на локалната гасоводна мрежа и дека цевките за гас оделе по фасадата на објектот. Тие требало да бидат заштитени со обвивка од потешко


запалив материјал, но со оглед на тоа што вакви инсталации за водење на цевки за гас мора да бидат вентилирани, најверојатно иситите имале вентилациони отвори. Дали и во која мера ова придонело за пожарот, допрва ќе треба да се утврди. Постојниот објект, изграден пред 43 години, потенцијално имал свои слабости како резултат на важечките прописи од тоа време. Па така кулата има само едни скали и нема противпожрни скали. Становите биле заштитени кон скалишниот простор со 30-минути отпорни противпожарни врати, но се спомнува дека некои од станарите можеби ги имаат заменото со ПВЦ врати или пак дури и со застаклени врати, коешто доколку е навистина точно, можеби има дополнително придонесено за ширењето на чадот и пожарот низ објектот. Се разбира, ова се само некои од аспектите свразни со овој објект и чиешто потенцијално влијание врз пожарот допрва ќе треба да се разјасни. Она што е застрашувачко во сето ова, е дека ова се има случено во една од најразвиените земји во светот со релативно строги градежни прописи и градежна инспекција која ги проверува клучните аспекти на објектот. Ваквата катастрофа не е само поттик за преиспитување на градежната регулатива во Обединетото Кралство, туку и низ светот. Во овој контекст, надлежните служби во Република Македонија треба да извлечат соодветни поуки од оваа трагедија и да го насочат своето дејствување кон зголемување на противпожарната заштита на постоечките и новоизградените објекти. Во изминатиот период, сведоци сме на загрижувачки промени: облагање на постоечки фасади со негорлива конструкција со запаливи термоизолациони материјали, честопати без соодветни противпожарни бариери, креирање на воздушни простори зад горлива изолација без механизми за спречување на преносот на пожарот; дополнително оптоварување на фасадите со декоративни облоги и сл. Сите како по малку да забораваме дека слободниот капацитет во носивата конструкција придонесува за зголемување на противпожарната отпорност на објектот. Вратите во становите сè почесто се заменуваат со противпровални врати. Дали сте провериле кои

противпожарни карактеристки ги имаат овие врати, или можеби и немаат? За разлика од становите во Британија, каде секоја соба треба преку противпожарна врата да излезе на противпожарно заштитен коридор кој води кон вратата од станот, ние немаме слични прописи во Македонија, како резултат на тоа само становите помеѓу себе би требало да бидат заштитени од пожар, но не и евакуационата рута во рамките на станот. Притоа, не треба да заборавиме на нивото на изграденост, особено во централните градски подрачја со ограничен пристап за противпожарните возила и недоволен простот околу објектот за тие да можат да бидат ефективно ангажирани. Во минатото, во повеќето објекти ги немаше противпожарните црева за да можат да се

приклучат на хидрантите. Исто така се разлабавија урбанистичките прописи преку кои се дозволи градење на објекти повисоки од 8 ката, лимит којшто беше воспоставен во Скопје преку измените и дополните на урбанистичкиот план во 80-тите години, а со цел висината на објектите да се лимитира на висина на која противпожарната скала може да достапи до највисокиот кат на објектот. Дополнително, голем дел на постојните обејкти преку надградбите ги имаат изгубено алтернативните евакуациони рути коишто преку терасите ги поврзуваа различните влезови во еден објект и сл. Истовремено, сведоци сме на сè поголема примена на фасадни облоги и панели коишто до колку не се соодветно испроектирани и изведени, веројатно можат да го зголемат ризикот од пожар. Ризикот од пожар дополнително може да се зголеми преку спроведувањето на гасификацијата, особено со оглед на тоа што Македонија се наоѓа во сеизмички регион. При пожарот во Гренфел кулата, на над 200 пожарникари и 70 противпожарни возила им требаше 60 часа да го изгаснат пожарот во оваа 24катна станбена кула лоцирана во престолнината на една од најразвиените земји во светот. Веројатно треба сите да се размислиме и реално да процениме во која мерка противпожарните служби во Република Македонија би биле во можност да одговорат во случај на повеќе пожари, да речеме, во случај на некој посилен земјотрес! n 28 јули 2017

ПОРТА

45


екологија

АВСТРАЛИСКО ЕКОЛОШКО ИСКУСТВО

Земја што ја мрази пластиката и ги враќа памучните пелени во мода

атмосферата. Исто така, зeмјата постепено воведува и реформи што ќе опфатат и големи инвестиции во обновливи извори на енергија, кои треба да резултираат во намалување на емисиите на штетни гасови за 160 милиони тони до 2020 година, што е еднакво на отстранување на 45 милиони автомобили од патиштата. Досега само Нов Зеланд и Европската унија презедоа слични мерки за намалување на емисиите на штетни гасови. Но, сепак, треба да знаеме како е да се живее во оваа земја и кој е реалниот придонес на граѓаните и на локалните власти за подобрување на еколошките навики. СЕ ВРАЌААТ ПАМУЧНИТЕ ПЕЛЕНИ ВО МОДА И РЕТКО СЕ УПОТРЕБУВА ПЛАСТИКА Првенствено, насекаде има канти за отпадоци за различен тип отпад и граѓаните се многу внимателни во однос на првичната селекција, секогаш ѓубрето е фрлено на соодветно место, а во случај ако нема простор за селекција, Австралијците имаат навика да го носат отпадокот со себе додека не најдат соодветно место. Тие, исто така, имаат навика да не фрлаат догорчиња на земја, а многу важен момент е што имаат навика да носат стаклено шише или пластично шише за вода без БПА што го дополнуваат по потреба, така што не е вообичаено да се користат обични пластични шишиња и да се расфрлуваат насекаде. Значајна навика на тамошните жители е носењето домашно приготвена храна на

Значајна навика на Австралијците е носењето домашно приготвена храна на работа или во училиште, спакувана во амбалажа за повеќекратна употреба, употребата на стаклени шишиња за вода, кои се дополнуваат, со што се намалува отпадот, а и финансиската исплатливост е поголема и, секако, најважното, примената на здрава исхрана.

С Соња ТАНЕСКА

поред истражувањата на Европската унија, Австралија, заедно со САД, со години се вбројува во земјите со најголема количина испуштен јаглероден диоксид и тоа, во просек, од 190 гр/км. Токму поради тоа австралискиот 46

ПОРТА

28 јули 2017

парламент со тесно мнозинство, пред две години, го изгласа Законот за спречување на загадувањето, со кој им се налага на сите фабрики и други производители што користат јаглен како погон да плаќаат посебен данок, а тој е само дел од планот за заштита на природата и за намалување на последиците од климатските промени. Сите производители во иднина веќе плаќаат по 24 долари за секој тон јаглероден диоксид што ќе биде испуштен во

работа или во училиште, спакувана во амбалажа за повеќекратна употреба, со што се намалува отпадот, а и финансиската исплатливост е поголема и, секако, најважното, примената на здрава исхрана. За пазарење тамошните жители речиси секогаш користат платнени торби, а во поново време родителите ги враќаат во мода памучните пелени, место тие за еднократна употреба.


можност за нејзино рециклирање, а тоа што е значајно, сѐ повеќе од компаниите нудат можност за електронска сметка или кореспонденција со цел намалување на употребата на хартија.

СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ И ДОМА И НА РАБОТА Речиси секој дом има можност за селекција на отпадот и тоа во посебни канти за пластика, хартија, стакло, алуминиум, домашен отпад и градинарски отпад, a на одредени места има и канти за компост. Еднаш или двапати во годината локалната заедница организирано собира отпад како што е бела техника, компјутери и сл. Во големите маркети се селектираат батерии, каде што има место и за селекција на пластични кеси, обвивки од храна и од пијалаци. Овие мерки се применуваат и на работните места, а бенефициите ги имаат сите и не е само за заштита на околината, туку и за заштеда на енергија преку производство од обновливи извори, но и отворање нови работни места и еколошки професии, кои стануваат популарни во оваа земја. Дополнително компаниите имаат и посебни контејнери за селекција на хартија со

ДЕЦАТА КОРИСТАТ ТЕРМОСИ МЕСТО ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА Тоа што е значајно за Австралија е што еколошките навики стануваат дел од секојдневието од најмала возраст, почнувајќи од дома, потоа во градинка, па и во училиште. Кај децата уште од мали се создава навика, на пример, да се употребуваат термоси за течност место да се купуваат сокови или вода во пластична амбалажа. Селекцијата на отпадот е значаен едукативен процес за секое дете што посетува образовна институција. ЗЕМЈА НА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ И НА ВЕТЕРНИЦИ Во земјата постојат два најприменувани алтернативни начина за производство на енергија, едниот е со употреба на соларни панели, а другиот е искористувањето на ветерот со изградба на ветерници во голем дел од областите на Австралија. Тоа што е интересно, покрај употребата на соларната енергија за загревање на вода, за производство на топлинска енергија или, пак, за напојување светилки, во оваа земја може да се забележи и употреба на соларната енергија за напојување сообраќајни знаци.

Австралија на 10. место како потрошувач на ресурси во светот Според Светската фондација за зачувување на природата (WWF), Австралија е меѓу првите 10 најголеми потрошувачи на ресурси во светот, за споредба, Македонија е на 16. место, позиција што е одредена со тоа што се земени предвид продуктивниот капацитет на земјиштето во споредба со големината на населението и потрошувачката по жител. Подетално, овој еколошки отпечаток на секоја земја ги споредува информациите за тоа на колкава површина се одгледуваат полјоделски култури, кои се употребуваат за исхрана и во индустријата. Колкава површина е под шуми што може да го апсорбираат јаглеродниот диоксид од употребата на фосилни горива. На колку земја се одгледува стока, колкава површина е покриена од човечка инфраструктура и колку шумите се користат за снабдување на дрвната индустрија и за производство на хартија, а колку за огрев. Тоа што е интересно овие денови во Австралија е употребата на апликацијата на Светската фондација за зачувување на природата за лично мерење, односно придонесот на секој поединец како потрошувач на ресурси и, според тоа, и совети како да се намали овој процент.

28 јули 2017

ПОРТА

47


најчудни градби

Њујорк докажа дека и во пирамида може да се живее Драган РИСТОВ

V

IA 57 West е официјално име на станбена зграда која веќе една година успешно стои на западниот дел на Менхетен во Њујорк. Дизајнирана е од данската гардежна фирма „Бјарке

48

ПОРТА

28 јули 2017

Ингелс груп“ и неофицијално е позната под името „Пирамидата“. Овој објект е со височина од 142 метри и има 35 катови. Се наоѓа на западната страна на Менхетен, каде еден дел од нејзините страни претставува и влез кон долен Менхетен по 57. улица. Данското дизајнерско студио ги започнало преговорите за конструкција на „Пирамидата“ со њујоршкиот магнат Даглас Дарст уште во 2000-та, кога тој со сопругата бил гостин во Данска. По десет години се вратил и ги посетил канцелариите на групацијата, по што и официјално почнала соработката. Како што


Орстад колеџ

Карактеристики: Алтернативни имиња: Пирамида, Тетрахедрон Почеток на градбата: 2013 год. Статус: Завршена во 2016 год. Тип: Доминантно станбен простор Стил: Модерен Град: Њујорк, САД Височина: 467 стапки (142 метри) Врв: 355 стапки (108 м/2) Материјал: Бетон Број на катови: 35 Паркинг: 285 места Основа: 830,995 sq ft (77,200 m/2) Лифтови: 11 Дизјан и конструкција: Bjarke Ingels Group (BIG) Инвеститор: The Durst Organization Инжинер: Thornton Tomasetti Награди и признанија: 2016 CTBUH Tall Building Awards: Најубава висока зграда за 2016

ПОРТА


кажал и самиот, тој е голем поддржувач на слободниот ум, на невообичаеното заради што без двоумење одлучил да му довери важен градежен проект на ова студио. Пролетта 2010 година, објавен е повик за дизајнерски изглед на новиот резиденцијален објект кој ќе го гради Дарст, а веќе во 2011-та данското студио отворило канцеларија во Њујорк од каде директно ќе ги надгледува работите за изградба на VIA 57 West или

50

ПОРТА

28 јули 2017

„Пирамидата“ која била победник на конкурсот. За три години веќе имале 50 вработени, а во 2015-та над 150 работници работеле на реализација на овој проект. Денес Њујорк е меѓу ретките градови во светот кој може да се пофали со триаголна, пирамидална зграда како што тоа е случај со Лас Вегас. Објектот е фантастичен и има навалена фасада од северната страна, што ја прави посебно убава и несекојдневна. Самите


автори зградата ја опишуваат како хибрид на европскиот периметарски блок и традиционалните облакодери на Менхетен. Со аголните тераси кои се втемелени во интегрираниот зелен плоштад, блокот се поврзува со пристанишниот дел и паркот крај реката Хадсон. Иако едната страна е искршена, сите станари имаат одличен поглед, а вревата е минимизирана. Зградата има основа на пирамидата со корисен простор од 77.000 м2, а другиот дел во зависност од катот е концентриран на станови, додека кафулињата, рестораните и деловниот простор се во основата. Најгорниот дел, 35. кат или врвот на пирамидата, има корисна површина од 108 м2. Северната фасада вклучува поголем број тераси кои се под агол од 45 степени кои ова данско студио ги има градено и инкорпорирано во многу други нивни објекти. Објектот има 11 лифтови и 285 паркинг позиции. Официјално е пуштен во функција на крајот на минатата година, а неговата убавина доаѓа до израз со комплетирањето на надворешниот слој од фасадата со бела боја, која прави уникатен објект на брегот на реката Хадсон. Инаку, во 2016 година ја доби американската награда за најубава висока зграда. n

ПОРТА


уметност и дизајн

ИЗЛОЖБА „РАФАЕЛ: ЦРТЕЖИ“ ВО ОКСФОРД, АНГЛИЈА

Изложба на 120 цртежи од Рафаел која се случува еднаш во животот

Студија за трите грации, 1517-1518

Oва лето најстариот музеј во Обединетотот Кралство, музејот „Ешмолиан“ (Ashmolean Museum) во Оксфорд, организира изложба на цртежи од Рафаел која се случува „еднаш во животот“, порачуваат кустосите.

Н

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ а изложбата се претставени 120 дела на големиот мајстор на ренесансата, Рафаел Санцио де Урбино или Рафаел Санти (1483-1520), од меѓународни збирки. Педесет цртежи се од музејот „Ешмолиан“ – најголема и најзначајна колекција на Рафаеловите цртежи на светот – а свои дела позајмија Британскиот музеј,

52

ПОРТА

28 јули 2017

британската Кралска колекција, Уфици од Фиренца и виенската Албертина, каде ќе биде прикажана изложбата оваа есен. - Уште од 1983 година кога беше изложбата во Британскиот музеј, не сме имале вакво исклучително јавно собирање на Рафаеловите цртежи. Дарежливоста и поддршката на другите институции, ни овозможи на луѓето да им понудиме прилика која се случува еднаш во животот: да ја искусат визуелната и емотивната снага на Рафаеловите раце и да ја разберат неговата генијалност - истакнал директорот на музејот. Бидејќи цртежите се многу осетливи на светлина и температура, после 500 години од постоењето, ретко се изложуваат дури и во матичните колекции. Сто и дваесет експонати ја покриват целата брилијантна но кратка кариера на Рафаел, од деновите кога бил чирак во Умбрија, преку радикално креативните години во Фиренца, до периодот во Рим кога бил на врвот на славата. Цртежите покажуваат како овој уметник во текот на својата кариера активно трагал за нови можности на изразот, далеку посуптилни и


Мајка и дете,1512

Студија за Адам, 1508-1510

Студија за Богородица, 1518

што Рафаел ја внесувал во нив. Секако дека не ја негираме врската помеѓу неговите цртежи и слики, но тоа не се само работни скици, тоа се уметнички дела од посебен вид – рекла Анѓела Марија Ачето, една од организаторките на изложбата. На изложбата е и студијата на глави и раце на двајцата апостоли, за која се верува дека настанала само неколку недели или дури неколку дена пред неговата смрт, на 6 април

Млад човек го носи постариот на грб, 1513-1514

Студиии за фигурите на Исус Христос, околу 1507

поавантуристички отколку што биле на конечните слики. Дури и на врвот на кариерата и славата во Рим, кога бил главен уметник во служба на папата, Рафаел го користел цртежот како начин на изразување и истражување, а често завршените цртежи ги поклонувал на важни личности како војводата Alfonsо D'Este или колегата Albreht Direra. - Бидејќи вредно работел и направил многу дела кои се, наизглед, така ноншалантно а совршено направени, се стекнува погрешен впечаток дека неговите цртежи се прагматични, обични подготвителни работи за сликите. Ние, меѓутоа, ги повикуваме посетителите уште еднаш одблиску да ја видат радоста и страста

Портрет на момче (Автопортрет?), 1500 ПОРТА


Краток живот и блескава кариера

Двајца апостоли 1520

Двајцата апостоли на сликата „Преображение“ во Ватикан 1520 год., а која е наречена најубавиот цртеж на светот. Многумина го сметаат за поубав и од завршената слика во Ватикан „Преображение“, која ја завршиле учениците на Рафаел после неговата смрт. Рафаел уште како тинејџер е нарекуван маестро, а умрел на само 38 години. Тој бил голем гениј како Микеланџело, но пофин: „Кај него уметноста и карактерот одеа рака под рака“, ќе каже Џорџо Вазари. Изложбата „Рафаел: Цртежи“ е отворена до 3 септември. n 54

ПОРТА

28 јули 2017

Рафаело Санти, познат како Рафаел, бил голем италијански сликар. Заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело, го чинат фантастичното тројство на ренесансниот период. Најпознат е по своите Мадони, а запазен е и заради јасноста на обликот и способноста со помош на слика да ја прикаже величественоста, убавината и совршенството. Роден е на 6 април 1483 година во италијанскиот град Урбино. Татко му бил сликар на дворот, а по неговите стапки тргнал и Рафаел. Стекнал широко образование на полето на уметноста, книжевноста и општествените науки, а тоа му овозможило со леснотија да се движи во општествените кругови, што влијаело и на развојот на неговата блескава кариера. Бил многу поснаодлив од Микеланџело во отменото друштво, а се сметало дека неговиот уметнички стил бил попрестижен од Микеланџеловиот. Не бил креативен како големите сликари со кои го споредувале, но неговите слики зрачеле со највисока грациозност. Се занимавал со класично толкување на совршенството, но и традицијата на Фиренца влијаела врз неговото сликарство. Стекнал репутација на извонреден сликар веќе во 1501 година, а набрзо му се доделени многубројни почесни признанија. Од 1504 година живеел во Фиренца, која била центар на развојот на ренесансната уметност. Таму ги запознал Леонардо и Микеланџело, со кои имал многу спорови и со кого константно го споредувале. Папата Јулије II го повикал во Рим во 1508 година, со желба да наслика неколку простории во Ватикан. Со оглед на тоа што Микеланџело во исто време ја сликал Сикстинската капела, Рафаеловата работа била во сенка, но сепак неговите слики во Ватикан се сметаат за најпрефинетите дела на европската уметност. Неговата тамошна работа вклучува и едно од неговите ремек-дела, сликата „Атинска школа“. Последните 12 години од својот живот ги поминал во Рим, и за тоа време неговата кариера процветала. Неговите најзначајни и најпознати дела се „Три грации“, „Распнување“, „Св. Ѓорѓе го убива змејот“ и „Мадона Конестабиле“. Мадоните што ги сликал во Рим го означиле пресвртот во неговиот дотогашен стил. Наместо озбилност и нежност, кои биле приметни во неговите рани дела, почнал да ја нагласува вредноста на движењето и големината. Освен што бил извонреден сликар, Рафаел се истакнал и како наставник кој можел да ги инспирира своите ученици во голема мера. Ја водел една од тогаш најголемите школи на уметноста во Рим, која ја сочинувале повеќе од 50 ученици. Благодарение на неговиот ентузијазам и талент, школата станала позната како место во кое уметноста многу се цени. Се занимавал и со архитектура, цртање и гравирање. Умрел на истиот ден кога и се родил, 6 април, 1520 година во Рим. Зад него останало огромно и квалитетно наследство, а за разлика од многу уметници, бил ценет и за време на својот живот.


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


хортикултура

ШТЕТНИЦИ КАЈ ДЕКОРАТИВНИ РАСТЕНИЈА Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж. (БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје)

Туја Најважниот услов за задржување на градината во топ форма во текот на целата година претставува тековното одржување. Тоа не подразбира само полевање на растенијата, туку во голема мера претставува и умешност за справување со големиот број штетници кои се јавуваат во различен период од годината. Во денешно време има многу штетници кои во минатото не биле присутни на нашето поднебје. Се претпоставува дека дел се донесени со увоз на егозотични растенија од странство, а дел мигрирале поради климатските промени кои се случуваат во послените години. Еден таков вид кој во поново време многу често се среќава кај нас е Cydalima perspectalis или познат како шимширов молец. Станува збор за инсект кој ги напаѓа видовите од родот Buxus spp. - зеленика, а може да се сретне и на Еuonymus japoonica, како и на некои видови од родот Ilex spp. Во 56

ПОРТА

28 јули 2017

Штети od Didymascella thujina


Ларва на шимширов молец

Штети od argiresthia thu последните години во некои градини кај нас има предизвикано катастрофални штети на многу репрезентативни растенија од родот на зелениките. Многу често се среќава и во шумите, пред сè во парк шумата Водно каде што неконтролирано прави штети врз зелениката. Лептирот има бела боја и распон на крилата околу 4 см, но правата штета кај зелениката ја извршуваат неговите ларви. Тие се со зелено-жолта боја и црна глава. Најчесто се хранат само со горната страна од листот. Овој молец има до три генерации годишно, па затоа мора редовно да се прави контрола затоа што не може со точност да се одреди кога би направиле штети. Контролата претставува длабинска инспекција на поголемите садници затоа што најчесто ларвите ја зафаќаат внатрешноста на зелениката. За сузбивање наједноставен метод е механичко отстранување, а доколку станува збор за напад од поголем обем потребно е повеќекратно третирање со соодветен инсектицид. Оштетените гранки најдобро е делумно да се закројат за повторно да се оформи густа зеленика, но во случај доцна да се реагира, ниту оваа мерка нема да е од помош. Како еден од најатрактивните видови на декоративни садници во последните години се среќава Thuja occidentalis smaragd. Таа претставува вид кој има широк спектар на примена во хортикултурното уредување, со што се користи и како солитерно растение или во групи, најчесто за формирање на зелена ограда. Многу често култиварот

Сушење на зеленика шимширов молец

смарагд заболува, најчесто од габични инфекции, а доколку не се третираа соодветно физиолошки ослабените растениjа може да бидат и нападнати од страна на инсекти и обратно. Кај повозрасните единки заболувањата може да причинат сушење на одделни делови, и во тој случај се препорачува освен третирање со соодветен фунгицид и сечење во целост на заболените гранки. Кога е во прашање овој вид, многу често се случува поради нередовно полевање на енормно високи температури кои се сè почеста појава кај нас во летниот период, растението физиолошки да ослабе со што претставува лесна мета за многу штетници. Phloeosinus thujae претставува еден од најголмите штетници на тујите. Во суштина тој напаѓа само физиолошки ослабени стебла, со

тоа што прави канали во стеблото на растението што доведува до негово целосно пропаѓање. Со оглед на тоа што се работи за вид кој напаѓа во внатрешноста на стеблото, за идентификација е потребна постојана контрола на растенијата, а како симптоми може да се забележи смола и пилевина во деловите каде што има оштетување. Argirestia thujellа или познати како молци минери, за разлика од претходниот штетник не предизвикуваат изумирање на растението во целост, но знаат и тоа како да го нарушат естетскиот изглед на туите. Габични инфекции најчесто причинува Didymascella thujina која предизвикува пегавост на избојците на тујите. Симптомите на оваа болест се бела прашина на горната страна од листот, каде во понатамошна фаза се формираат темноцрни точки кои претставуваат плодишта. Како основна мерка на заштита кај тујите е одржувањето на хигиената и користењето на здрави резници при нивна репродукција. Под одржување на хигиена се подразбира редовно чистење на исушените делови и превентивно третирање со контактни и системични инсектициди и фунгициди. n

ПОРТА


МАЛТА 08.09 - 11.09 авионски аранжман

350 € MAРОКО 03.10.2017 авионски аранжман

650 € +389 2 32 32 234

Педесет нијанси сино

ШАФШАУЕН, МАРОКО

Ш Даниела МЛАДЕНОВСКА

афшауен, или синиот град како што уште го нарекуваат, е веројатно едно од ретките места кое од тотална анонимност до пред дваесетина години, одеднаш станува една од главните 58

ПОРТА

28 јули 2017

Тврдината од 15 век се уште не е бојадисана во сино


репортажа

дестинации на глобалната туристичка мапа. Се наоѓа во Мароко, во близина на познатите градови Фес и Тангер, и има богата историја, извонредно архитектонско наследство и вонвременска живописност. Но, зошто градот е син? Постојат различни теории за тоа. Шафшауен е основан во 1471 година од страна на Евреите што тука се доселиле од Шпанија. сТврдината што датира од овој период била изградена со цел локалното население да се одбрани од нападите на Португалците, и таа постои до денес. Во 1920 година, градот бил заземен од Шпанија, и останува под шпанско владение до независноста на Мароко, односно до 1956 година. До пред дваесет години, само еден дел од градот бил обоен во сино – делот во кој живееле Евреите. Сината боја во тој дел од градот се појавила уште во 15 век, а

појавата добива на интензитет во текот на 30-тите години од минатиот век, кога Еврејската заедница во местото станала побројна како резултат на нивниот егзодус од Европа под налетите на нацизмот. Поединци се уверени дека сината боја е избрана како некој вид света боја (асоцијација за небото, рајот и Господ) на Евреите и Муслиманите (кои подоцна се доселиле во градот), други пак дека е избрана како одбрана од комарците (да се задржат во заливот и да не одат кон градот), но сигурно е дека синилото со кое е обвиен градот е во прекрасен склад со боите на Медитеранот. Освен тврдината стара над 500 години, местото е домаќин и на најстарата пештера во Африка (Kef Toghobeit Cave), џамии и други знаменитости од средновековјето. Но, се чини дека тоа не било доволно за да

722 метра - најдлабоката пештера во Мароко

28 јули 2017

ПОРТА

59


ги привлече туристите. Барем не во толкав огромен број како денес. Огромниот пресврт кој се случил пред дваесетина години е заслуга на жените од градот, кои се досетиле да го обојат во сино целиот град. За кратко време, гратчето, што било познато како попатно одморалиште за караваните што оделе за Фес или Тангер, се претвора во вистинска туристичка Мека. Бојата се обновува три пати во годината, а таа работа продолжуваат и натаму да ја прават жените, најчесто ноќе кога целиот град спие. Ѕидовите се бојосани најчесто до ниво до кое оној што бојадисува можел да достигне со рака, па постои вистинска разноликост по однос на бојосаниот дел и остатокот од ѕидот. Но, не се бојадисуваат само ѕидовите, туку и скалите и улиците и тоа според одредено правило. Онаму каде патеките се сини, тоа значи дека таа патека завршува со слепа улица. Сончевите зраци на отворениот и изложен простор, од една страна, и сенките во тесните улички, од друга страна, постојано си поигруваат со различните нијанси на сина која се менува од арктичка до сафирна, индиго и морнарско модра. Бројни рачни изработки од волна се популарни кај туристите како и домашното козјо сирење. Инаку, овој крај е познат и како најголем одгледувач на канабис во 60

ПОРТА

28 јули 2017

Мароко, па треба да се признае дека најверојатно и достапноста на канабисот, но исто така и на хашишот за странските туристи придонеле за популарноста на местово. Но, несомнено дека туристичкиот бум му носи и просперитет на гратчето. Својата атрактивност ја покажа и во рекламата што овде е снимана за Армани

во 2011 година, а многу лица од светот на шоу бизнисот бараат овде да купат куќа. Денес Шафшауен има околу 200 хотели, и веќе со години е етаблиран на сите листи на напјпопуларни градови во боја во светот. Згора на тоа, Шафшауен е бездруго еден од најфотогеничните и најживописните градови воопшто. n


И ова е Скопје

Најновата конкуренција на Скопје 2014

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Дa му дадеме на светот малку боја www.zorkacolor.com


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.