Issuu on Google+

алберто камПо баеза:

Архитектурата треба да не` надмине ИКЕА комфорен етос или идеологија

90 денари / БРОЈ 185 / ПЕТОК 15.06.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Орбита - симбол

на благосостојба и подем


рубрика

2

3

ПОРТА

15 јуни 2012


ГОДИНА Viii

БРОЈ 185 ПЕТОК 15.06.2012 драги читатели,

Редакција:

неколку куќички со текот на времето проникна во софистицирано етносело. Архитектонската фондација „Филип Ротије“, ова мало село го окарактеризира како најдоброто архитектонско достигнување во Европа во последните десет години. „Иднината ќе биде таква како што ќе ја трасираме“, вели архитектот, урбанист Александар Андовски. Неодамна промовираната книга „Јавниот простор во урбаниот пејзаж“ е повод за разговор со него. Таа всушност го претставува неговиот докторат, труд на кој Андовски почнува да се посветува уште за време на неговиот студиски престој во Франција. ИКЕА - комфорен етос или идеологија. Шведската компанија за мебел ИКЕА денеска брои 326 продавници во 38 земји, со заработка од 23 билиони долари во изминатата година. Бил Могриџ, раководител на музејот за дизајн Cooper-Hewitt, ја нарече ИКЕА „естетски глобален функционален минимализам“.

од редакцијата

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ARCELoRmiTTAL oRbiT, ЛОНДОН АЛБЕРТО КАМПО БАЕЗА:

Архитектурата треба да не` надмине ИКЕА комфорен етос или идеологија ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 185 / ПЕТОК 15.06.2012 година VIII

Во овој брoј на списанието Ви нудиме уште едно ексклузивно интервју со светски познат автор. За „Порта3“ говори шпанскиот архитект Алберто Кампо Баеза. Меѓу другото, архитектот ни раскажа и зошто не ја сака архитектурата на архитектонските ѕвезди (stararchitects), како дедо му влијаел на него, колку ја познава архитектурата на Балканот. Во Британија е промовирано највисокото уметничко дело - Орбита, симбол на благосостојба и подем. Олимписката Орбита Arcelor Mittal е 114,5 метри висока скулптура на уметникот Аниш Капур и инженерот Сесил Балмонд во соработка со инженерското биро „Аруп“. Како резултат на својата локација и висина се очекува оваа градба да овозможи извонредни погледи до одалеченост од дури 32 километри и да стане своевидна атракција. Дрвенград - помеѓу традицијата и имагинацијата. Изграден неодамна во близината на Мокра Гора, Дрвенград претставува традиционално село од 19 век во Златиборската област, обмислено и изградено од реномираниот српски режисер Емир Костурица. За кратко време, концептот прерасна во реалност и од

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Орбита - симбол

фоторепортер: Кире ПОПОВ

на благосостојба и подем

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Автори: аниш каПур И сесил белмонд

16

ГРАДЕЖНИШТВО 10

НАЈБАРАНА БИЗНИС ВЕШТИНА

ИНТЕРВЈУ 16

АЛБЕРТО КАМПО БАЕЗА: АРХИТЕКТУРА - ТВОРЕШТВО КОЕ ТРЕБА ДА НÈ НАДМИНЕ

РЕПОРТАЖА 20

ДРВЕНГРАД - ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ИМАГИНАЦИЈАТА

20 38

ИКЕА - КОМФОРЕН ЕТОС ИЛИ ИДЕОЛОГИЈА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани

УРБАНИЗАМ 28

АЛЕКСАНДАР АНДОВСКИ: ИДНИНАТА ЌЕ БИДЕ ТАКВА КАКО ШТО ЌЕ ЈА ТРАСИРАМЕ

24

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 38

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

МАТКА - МИСТИЧЕН ДОМ НА ЖЕНСКИТЕ БОЖЕСТВА

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКСПЕРТ 48

ОРБИТА - СИМБОЛ НА БЛАГОСОСТОЈБА И ПОДЕМ

ЕКОЛОГИЈА 52

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

АРХИТЕКТУРА 24

ПРОМЕНА НА ПАРАДИГМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

48

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


рубрика

4

3

ПОРТА

15 јуни 2012


АТЛАНТИК ЛИФТОВИ

ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk atlantikliftovi@yahoo.com

тел.: +389 78 339 704; 70 480 999

3

15 јуни 2012 ПОРТА

5


инфо

Продадени уште две парцели

„Никофон“ и „Макоил“ ќе градат катни гаражи

Ф

ирмата „Никофон“ е новиот сопственик на парцелата кај „Автомакедонија“ каде што треба да се гради уште една барокна

катна гаража. За изградба на катната гаража, за која постои отворена можност 15 отсто од објектот да се искористи и за други намени, освен за паркирање, како комерцијални, деловни и трговски единици, се продадени 1.245 метри

квадратни. Почетната цена за продажба на парцелата беше 1.850 денари за квадрат. Деталниот урбанистички план на оваа парцела предвидува висината на катната гаража да достигне до 29 метри. Објектот ќе се гради според претходно изготвено идејно решение, како компилација од повеќе труда, бидејќи на конкурсот на Министретсвото за транспорт и врски не е доделена прва награда. Освен оваа парцела продадена е и таа во центарот на градот зад „Сити галери“ на паркингот кај Стопанска банка каде исто така ќе се прави катна гаража. Парцелата е од 465 квадрати, а изгледот на фасадата сè уште не е утврден. Сопственик на оваа парцела каде ќе се гради објект висок 12 метри е фирмата „Макоил“.

Осветени темелите на новата црква Св. Јован Крстител во Аеродром

С

6

3

ПОРТА

о церемонија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ и Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан во новиот парк „Аеродром“ беа осветени темелите на новата црква посветена на св. Јован Крстител. Црквата ќе се гради со целосна донација на градежната компанија АДОРА Инженеринг - Скопје. Целта на ктиторот Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер на АДОРА Инженеринг, е да се подигне храм за верските и духовни потреби и празнични прослави на жителите од православна вероисповед во Аеродром и во Скопје. Црквата се очекува да се изгради за околу седум месеци и да биде осветена на патрониот празник Св. Јован Крстител, 20 јануари 2013 година.

15 јуни 2012


инфо

Дваесет и пет години „Синтек“

И невозможното е возможно!

П

ретпријатието за изведба на специфични работи во градежништвото и производството „Синтек“ го одбележа својот 25-годишен јубилеј. По тој повод мноштво гости се слеаја на платото пред уште еден работен успех на компанијата, Јавните царински складишта Синтек. Станува збор за објект

на површина од 15.000 квадратни метри, од кои 8.000 се под покрив. Модерното здание е проектирано од студиото „Тетрактис“. Навлегувањето на „Синтек“ во нетрадиционална за него област, јавни царински складишта, се објаснува со желбата компанијата да прерасне во една од водечките компании во таа бранша. „Синтек“ е основана во 1987 година и нејзино мото е „Невозможното е возможно,

нерешливото е решливо, неостварливото е остварливо“. Во изминатите 25 години, компанијата, според нејзините основачи Добре Тасевски и Драган Манаилов, во континуитет успева високо да се котира и да го одржува нивото меѓу најуспешните фирми во нашата земја. Минатата година „Синтек“ оствари вкупен приход од 240 милиони денари, а годинава таа има стотина вработени.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

7


скопје

Се подготвува терен за подземен булевар

Тунел меѓу Старата железничка станица и заборавени градилишта Со уривањето на објектите зад Старата железничка станица, почна да се расчиструва теренот за новиот булевар под земја кој ќе го гради фирмата „Лимак“ од Турција за да може над него да изгради објект, додека веднаш до него стојат градилишта кои требаше да бидат готови пред две години

Б

агери и друга механизација, градежен шут, расфрлано ѓубре е сликата што може да се види кај Старата железничка станица. Повеќе ги нема кафулињата што некогаш беа сврталиште на илјадници скопјани. Повеќе ништо не е исто околу Старата железничка станица, а се одбројуваат и деновите до кога пероните и вагоните ќе сведочат дека таму некогаш се наоѓал центарот на железницата во Скопје. На мета на багерите е и приватниот објект што е лепенка со Старата железничка станица. Објектот бил дивоградба и нема да се вклопува со новите измени на деталниот урбанистички план за таа локација, каде што е предвидено да

Катерина Спасовска Трпковска се догради срушениот дел од Старата железничка станица. Одговорни за оваа чистка се општинарите од Центар, кои имаат за цел да го подготват теренот за реализирање на Деталниот урбанистички план, кој на тоа место предвидува изградба на комерцијален објект и објект со намена за култура. Дел од парцелата што е во државна сопственост ја има купено турската компанија „Лимак“ која ќе го гради комерцијалниот објект кој ќе се наоѓа над подземната сообраќајница. Компанијата „Лимак“ ќе ја изгради новата сообраќајница под земја, на длабочина од шест метри. Булеварот ќе биде долг 800 метри и ќе има по три коловозни ленти во секоја насока. Прво ќе се гради булеварот,

а потоа и објектите што ќе никнат над него, и тоа објекти за колективно домување, трговски и деловни центри и хотели. Градските власти при потпишувањето на договорот со Турците ветија дека со овој договор практично почнува реализацијата на проектот за Јужен булевар во Скопје и дека ќе почнат да се прават проекти за продолженијата на подземната сообраќајница и нејзиното поврзување со булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Врз Јужниот булевар ќе се гради, но до него, на плацеви продадени пред половина деценија и на кои официјално е почната работата пред четири години, и понатаму остануваат да зјаат две заборавени градилишта - за хотел и за трговски центар. Градежните работи на огромниот

Годишна изложба на студенти од „Американ колеџ“

Парк за сите религии и ново скопско маало

Е

дно поинакво Скопје, поинакво Дебар Маало, поинаква Струмица, различни решенија на постоечки згради, музеи, трговски центри и паркови погледнавме на годишната изложба на студентите по архитектура и дизајн од „Американ колеџ“, која неодамна беше претставена во Музејот на град Скопје. Редици љубопитни лица пред секоја изложена макета и цртеж, па за да стигнеш до секое изложено парче треба трпеливо да почекаш. Има и зошто. Пред нас, младите студенти презентираа интересни архитектонски решенија за различни намени и простори. Како би изгледало едно ново скопско

8

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Кате АНТЕВСКА


скопје

заграден простор меѓу булеварот и улицата Железничка почнаа во август 2008 година, во два дена едноподруго, кога беа удрени камен-темелниците со многу помпа и со големи свечености на кои присуствуваше државниот врв. Така, прво на 26 август беше означен почетокот на изградбата на трговскиот центар, најавен како британска инвестиција вредна 45 милиони евра, со која треба да се направи објект од вкупно 30.000 квадратни метри, и да се отворат околу 500 нови работни места. Како што тогаш објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, зад инвестицијата стои реномираната британска фирма „Елан Пропертис“, сопственик на најголемите и најпознати трговски центри во Романија и

во Бугарија, од чие доаѓање се очекуваше да ја подобри бизнис-климата во Македонија. Таа го купи земјиштето од 5.338 квадратни метри на јавно наддавање, за 400 евра по квадрат. За самата изградба беше напоменато дека ќе се ангажираат околу 500 градежни работници, кои треба да изградат објект со приземје, два ката и четири подземни нивоа, во кој ќе се сместат 70 дуќани, 66 локали и 411 паркинг-места. Според тогашните најави, самата изградба требаше да трае 18 месеци, а за две години се очекуваше оние што го поставија камен-темелникот да присуствуваат на големото свечено отворање. За два месеца ќе се навршат четири години од овој настан. Не е изграден ниту еден кат на објектот.

Веќе следниот ден, истиот државен врв ги удри темелите и на хотелот, кој иако се наоѓа практично на истото градилиште, беше најавен како инвестиција од 68 милиони евра, но на друга британска компанија, „Херитиџ Лондон енд Хановер“. Таа требаше да изгради хотел со пет ѕвезди од синџирот „Радисон САС“, еден од врвните светски брендови. На површина од 4.400 квадратни метри требаше да се направат приземје, пет ката, две поткровја и четири подземни нивоа, во кои ќе се сместат над 200 двокреветни соби, пет апартмани, 20 помали сали за состаноци и една голема конгресна сала. И овој објект требаше да се изгради за две години, но сè уште ништо не ѕирка над тарабите на градилиштето.

маало со десет станбени острови, парк за сите религии во охридскиот Св. Наум, сценска поставка на еден драмски текст, ентериерно уредување на Трговскиот центар, куќи за во природа, се само дел од понудените решенија кои беа изложени пред многуте присутни. Проектите беа направени на тој начин да презентираат домови на различни категории луѓе, па можеа да се видат конструкции на студентски домови, павилјон за настава на деца од предшколска возраст, згради за луѓе во трето животно доба и други градби. Се на сè, одличен пресек на сработеното, младешки ентузијазам и творечки потенцијал на идните архитекти и дизајнери од „Американ колеџ“.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

9


градежништво

Проект - менаџмент конференција за градежништво

Најбарана бизнис вештина Програмата на оваа конференција им помогна на учесниците да научат како можат да ги надминат лошите проектни резултати, како што се неисполнувањето на задачите, прекумерното трошење финансии и задоцнувањата. Исто така, таа имаше за цел да ги подготви менаџерите, проект-менаџерите и раководителите за поефикасно водење на проекти и водење на бизнисот, како и за постигнување високо ниво на продуктивност. м-р Златко Зафировски,

асистент на Градежен факултет во Скопје

Сузана Џепиќ, специјалист за тренинг и обуки, АД ЕуроКомпјутер Системс - ЕЦС

П

роцесите што се одвиваат во рамките на реализација на проектите во областа на градежништвото, често имаат специфични барања кои единствено можат да се исполнат со ангажирање на стручни лица со соодветни познавања или сертификати, референтни стручњаци или експерти од поединечна потесна стручна област. За успешна реализација на еден проект посебно внимание треба да се посвети на клучните процеси кои се неопходни, а се однесуваат на: процесот на подготовка за сите фази од проектот, процес кој се однесува на обемот на работа, процеси кои се однесуваат на време и трошоци, процеси на комуникација, процеси на ризици, процеси за набавка ...Сето ова е работа на проектниот менаџер. А, што всушност претставува проектен менаџер? Проектен менаџер или лидер на проектот или раководител, претставува личност која управува со проектот и која

10

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Џими Чар е одговорна за успешно завршување на проектот. Најкратката дефиниција за проектен менаџер е: одговорно лице за реализација на проектот, а поширока дефиниција би било, дека тоа е личност која ги распределува ресурсите, одредува временски рокови, управува со комуникацијата во тимот, го контролира буџетот на проектот, го анализира ризикот, доделува работни задачи. Што и да се случи со проектот, единствена личност која е одговорна за конечниот исход е лидерот на проектот. Оттука проект-менаџментот во денешно време е најбарана бизнис вештина која се применува во различни бизнис области и професии како градежништво, ИТ, финансии, телеком, производство итн. Проектите се важни за успехот на секој вид организација. Тие претставуваат активности од кои се добиваат нови или изменети производи, услуги, опкружување, процеси и организација. Проектите ја зголемуваат продажбата, го зголемуваат задоволството

на коминтентите, ги намалуваат трошоците, ја подобруваат работната средина и резултираат со други придобивки. Колку типови на проектни менаџери постојат? Кои се стандардите на проектниот менаџмент? Како да се одбере тип на проектен менаџер во согласност со потребите на проектот? На овие, а и на други прашања поврзани со проектниот менаџмент, одговори можеа да се слушнат на еднодневната Проект менаџмент конференција наменета за градежните компании, која неодамна се одржа во просториите на Градежниот факултет во Скопје, во соработка со АД ЕуроКомпјутер Системс - ЕЦС Скопје, SKILLS Бугарија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Конференцијата беше отворена од страна на деканот на Градежниот факултет во Скопје, проф. д-р Милорад Јовановски, од заменик претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери проф. д-р Миле Станковски, како и професорката Валентина Жилеска Панчовска. На конференцијата имаше повеќе презентери меѓу кои беше и Џими Чар, сертифициран проектен менаџер (PMP), со повеќе од 30 години работно искуство, кој професионално има водено и обучено многу тимови вклучени во спроведувањето на големи и комплексни проекти. Како сертифициран проект менаџер, тој активно води обуки и тренинг за проектен менаџмент (PMI ® Project Management Institute) во Романија, каде што е и активен член на управниот одбор и заменик-претседател за обука и едукација. Исто така, тој е основач и претседател на PMI во Либан и претседател на SKILLS Ltd, Бугарија. Тој на конференцијата детално го објасни „Светот на PMI“, односно ги образложи


градежништво стандардите на проектен менаџмент во градежништво. Детално беше објаснето што претставува PMI, методологија и организација, а беа презентирани и можностите за зачленување во PMI. Стефан Малиновски, сертифициран проектен менаџер (PMP ®) акредитиран од PMI ® - магистер во управување со проекти и програми при Универзитетот во Ворвик, Велика Британија, и проектен менаџер во компанијата SKILLS Ltd, Бугарија, во својата презентација целосно и детално ги образложи проектните процеси и фази (Project Integration Management, Project Scope Management, Project Time Management, Project Cost Management, Project Quality Management, Project Human Resource Management, Project Communications Management, Project Procurement Management, Project Safety Management, Project Environmental Management, Project Financial Management, Project Claim Management). Дочка Василева, магистер по менаџмент на европски градби во Велика Британија, и магистер по градежништво на Универзитетот по архитектур��, градежништво и геодезија во Бугарија. Таа е европски инженер и член на разни меѓународни професионални здруженија, како FEANI, PMI, VDI и CIWEM, со преку 12 години меѓународно работно искуство во областа на водење на проекти за изградба и градежништво и давање на консултантски услуги. Во својата презентација, Василева подетално ги објасни делот на Project Claim Management во рамките на градежништвото. Благодарение на своето големо искуство во овој домен, таа заедно со учесниците обработија неколку „case study“ вежби

Милчо Миронов, Миле Станковски, Стефан Малиновски, Џими Чар и Дочка Василева

Валентина Жилеска Панчовска и Милорад Јовановски

за Claim Management - управување со побарувањата во градежништво, кои значително им помогнаа на учесниците за подобро разбирање на истото. Градежниот инженер Милчо Миронов, со повеќе од 19 години искуство во управувањето на големите градежни проекти, во моментов е извршен директор на Галчев Инженеринг Груп АД, раководи со изградба на објекти и инфраструктурни проекти за повеќе од 30 милиони евра и член на АДИНГ Македонија. Врз основа на своето долгогодишно искуство во безбедност во градежништвото, Миронов ги образложи целите, потребите, побарувањата, големата важност и неопходноста од безбедносни стандарди во управување со проектите, а особено во

областа на архитектура и градежништво. Програмата на оваа конференција им помогна на учесниците да научат како можат да ги надминат лошите проектни резултати како што се неисполнувањето на задачите, прекумерното трошење финансии и задоцнувањата. Со помош на оваа конференција, тие се стекнаа со знаење како да ги усовршат алатките за планирање, менаџмент-техниките и вештините на меѓучовечките односи, кои понатаму ќе им овозможат успешни проекти. Со научените специфични принципи тие ќе можат секогаш да ги завршуваат проектите на време, согласно предвидениот буџет и спецификациите. Конференцијата за Проект - менаџмент, исто така, имаше за цел менаџерите, проект-менаџерите и раководителите да ги подготви за поефикасно водење на проекти и водење на бизнисот, како и за постигнување високо ниво на продуктивност. На конференцијата беа присутни повеќе од 80 учесници, проект менаџери, инженери, консултанти, директори, луѓе кои се вклучени во управување со проекти во областа на градежништво, студенти - заинтересирани да ги разберат основите на управувањето со проекти. Сите учесници се здобија со сертификати за учество и материјали кои ќе им користат во водењето на идните проекти. Благодарение на огромниот интерес за Проектен менаџмент, планирани се идни активности во овој домен. Имено, во средината на месец септември 2012 година е најавена петдневна обука за проектен менаџмент акредитирана од PMI, на која подетално ќе се анализираат практиките за успешно водење на проекти.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

11


градежништво

Втора меѓународна конференција за патна и железничка инфраструктура - CETRA 2012

Нема развој без патишта и железници Меѓународната конференција беше можност за научните и стручните работници од областа на патишта и железници, преку своите научни и технички документи да ги анализираат проблемите што се присутни во секојдневната инженерска практика, и да се понудат можни решенија за ефикасно планирање, проектирање, изградба и одржување на патишта д-р Александар Главинов,

В

тората меѓународна конференција за патна и железничка инфраструктура - CETRA 2012 во Дубровник, „бисерот на Јадранот“, на едно место ги собра научниците и експертите за да ги презентираат своите истражувања и знаења во областа на транспортната инфраструктура. Иако патната и железничката инфраструктура се многу поврзани, многу ретко на организираните научни и стручни собири двете области се вклучуваат истовремено. Развојот на едно општество, особено неговиот економски развој, денес е незамислив без развиена транспортна инфраструктура, посебно без патишта и железници. Затоа на конференцијата се расправаше за многу теми од тие области, кои сега имаат сè поголема улога. На CETRA 2012 присуствуваа претставници од 39 земји, кои учествуваа на конференцијата со 152 научно-стручни трудови. Во нив беа опфатени теми како што се планирање и моделирање на сообраќајот, инфраструктурни проекти, долен и горен строј на патишта, транспортна инфраструктура во урбаните средини, изградба на транспортната инфраструктура, одржување на транспортната инфраструктура, возила, материјали за рециклирање, бучава и вибрации, следење на градежништвото, нови материјали и технологии, безбедност на сообраќајот и образование. Претседавачи на конференцијата беа професорите Жељко Koрлает и Стјепан Лакушиќ. Во меѓународниот истражувачки комитет учествуваа експерти

12

3

ПОРТА

15 јуни 2012

доцент, потполковник, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

и професори од повеќе универзитети, меѓу кои и професорот Зоран Кракутовски од Универзитетот „Св.Кирил и Методи“. Одржувањето на меѓународната конференција беше можност за научните и стручните работници од областа на патишта и железници, преку своите научни и технички документи да ги анализираат проблемите што се присутни во секојдневната инженерска практика, и да се понудат можни решенија за ефикасно планирање, проектирање, изградба и одржување на патишта. Планирањето и изведбата на патната инфраструктура се комплексни проекти кои се од интерес за голем број субјекти. Особено е интересно теориското истражување за носењето одлуки за реализација на проектите за патиштата, уредување на просторот за потребите на одбраната и примената на мултикритериумски анализи во процесот на носење одлуки за проекти од патната инфраструктура. Авторите: д-р Александар Главинов, д-р Зоран Кракутовски, м-р Слободан Огненовиќ, и м-р Катерина Митковска Трендова, го презентираа трудот „Примена на мултикритериумските анализи за избор на алтернативи во проектите за патната инфраструктура“. Во трудот авторите ги разработија методите на мултикритериумското донесување одлуки за да може да му се помогне на „донесувачот на одлуки“ да го идентификува најдоброто компромисно решение. Во трудот се прикажани и подобрените техники за карактеризирање на приоритетите и нивно инкорпорирање во анализата за одлучување. Направена

2nd International Conference on Road and Rail Infrastructure 7–9 May 2012, Dubrovnik, Croatia www.grad.unizg.hr/cetra

Organizer University of Zagreb Faculty of Civil Engineering Department of Transportation

е анализа на патната инфраструктура и предложена е методологија за примена на мултикритериумските анализи при носење одлуки од областа на патиштата. Примената на мултикритериумската анализа како поддршка при носење одлука во избор на проекти од патната инфраструктура има потреба од идентификација и земање предвид на преференците на засегнатите субјекти во процесот на носење одлука. Процена на важноста на критериумите во носењето одлука за проекти од државната патна мрежа, земајќи ги предвид и потребите на одбраната, направена е со помош на анкетен прашалник. Субјектите што беа вклучени во анкетата беа од


градежништво Претставници на ITA-AITES

министерствата и самостојните органи на Владата од највисоко ниво до раководител на сектор, од високообразовните институции, професори, истакнати експерти и раководители од советодавните тимови и логистички експерти. Прашалникот за анкетата е структуриран во два дела. Во првиот дел се претставени шест основни критериуми. Во вториот дел се дефинираат поткритериуми за секој од наведените шест основни критериуми во анкетните прашања, и можните мерки за нив. Предложени се 4 поткритериуми за сообраќајниот критериум, 3 поткритериуми за просторниот критериум, 8 поткритериуми за економскиот критериум, 4 поткритериуми за градежниот критериум, 6 поткритериуми за критериумот заштита на човековата околина и 6 поткритериуми за одбраната. Од добиените одговори и доделени тежински коефициенти од спроведеното истражување може да се забележи дека тие се во согласност со делокругот на интерес и компетенциите на субјектите што ги даваат оцените за посочените критериуми во прашалникот. За да се избегне доделување на 100% коефициент за еден критериум, во методологијата за пополнување на прашалникот е даден условот максималниот износ на оцената за даден критериум да не преминува 60%. Со ова ограничување секој анкетиран субјект (експерт од дадена област) покрај оцената за критериумите поврзани со сопствената компетенција, треба да определи и да даде преференца и за листата од другите критериуми. Од добиените резултати може да се констатира дека најголема оцена, односно тежински коефициент од испитаниците е даден за четвртиот критериум, односно за „Економски и финансиски критериуми“ и истиот изнесува 26,10%, додека најмал тежински коефициент е за критериумот „градежни критериуми“, и истиот изнесува 6,20%. Вака добиените резултати се применети на апликативен пример кој се однесува на три варијанти од проект за патишта и потребно е да се одреди најпосакуваното варијантно решение. Потребните податоци (тежински коефициенти) на критериумите и поткритериумите ќе се земат од оцените дадени во направената анкета. За анализите ќе ги користиме следните методи: 1. методи со целосна агрегација на конечниот резултат, и тоа методот на сума на оцените (WSM – Weight Sum Methode); 2. методата на аналитички хиерарски процес (AHP – Analytic Hierarchy Process) и 3. методата со парцијална агрегација, односно метода ELECTRE 1. Карактеристиките на трите варијанти за кои треба да се направи споредување според седум критериуми и даде оцена за избор на проект за инвестирање, направена е мултикритериумска матрица која е прикажана на табела број 1. Табела број 1. Мултикритериумска матрица

КРИТЕРИУМИ ПрК

ОК

експлоатациони трошоци1

С1 (ПГДС)

Т1 (%)

Е1 (103 €)

Е2 (103 €)

Ч 1 П 1 О 1 (описно) (описно) (описно)

Варијанта пат 1

6210

3,010%

67,2

601,2

90%

80%

100%

Варијанта пат 2

6910

3,200%

70,3

572,3

80%

100%

90%

Варијанта пат 3

7020

3,400%

68,1

594,7

100%

90%

80%

0,06

E1 = 0,17, 0,13 E2 = 0,09 Е = 0,26

0,12

0,22

интензитет сообраќај

ВАРИЈАНТИ

Т Е Ж И Н С К И 0,21 КОЕФИЦИНЕТИ Извор: Сопствени пресметки

максимални наклони на нивелетата

инвестициони трпшоци

поврзување одбранбени правци

ЕК

поврзување населени места

ЕФК

загадување на атмосверата

ТГК

на

СК



3

15 јуни 2012 ПОРТА

13


градежништво

Според методот (Weight Sum Methode) за споредување на варијантите е со сума на тежинските вредности по одделните критериуми, односно по методот на глобален збир. Бидејќи вредностите на секој од критериумите се изразени во природните мерни единици или описно, и се различни во зависност од критериумите, за да може да се направат споредбите најпрвин треба да се направи сведување на вредностите за секој критериум на бездимензионална големина и да се формира бездимензионалната матрица, односно да се премине кон постапка позната во литературата како нормализирање на мерките на критериумите. Ова нормализирање се врши со трансформација на разните атрибути зададени за секој критериум и секоја варијанта во размер кој може да биде споредлив и воедно се одредува преференцата за секој критериум дали најпосакувано решение е највисоката или најмалата мерна вредност (Табела 2).

2nd International Conference on Road and Rail Infrastructure 7–9 May 2012 Dubrovnik, Croatia ▸ 44 countries ▸ 168 accepted papers ▸ scientific and technical workshops

Табела број 2. Бездимензионална матрица според WSM Варијанта

▸ points for professional training

Критериуми С1 (+)

Т1 (–)

Е1 (–)

Е2 (–)

Ч1 (+)

П1 (+)

1

0.8846

1

1

0.9519

0.900

0.800

1

2

0.9843

0.9406

0.9559

1

0.800

1

0.900

1

0.8853

0.9868

0.9623

1

0.900

0.800

0.21

0.06

0.17

0.09

0.13

0.12

0.22

3 Тежина

О1 (+)

извор: Сопствени пресметки conference organizer: Department of Transportation Faculty of Civil Engineering University of zagreb

14

3

ПОРТА

www.grad.unizg.hr/cetra 15 јуни 2012


градежништво Одредувањето на глобалниот резултат за секоја од трите варијанти е следниот:

Според оваа пресметка, најдобра вреднувана варијанта е варијантата В1, и покрај тоа што резултатите од пресметките покажуваат мала разлика во сумарниот резултат. Аналитичкиот хиерархиски процес (АНР) е уште една метода на мултикритериумска анализа која овозможува да се моделираат комплексни проблеми во хиерархиска структура која ги претставува релациите помеѓу критериумите, поткритериумите и можните варијанти. Кај овој метод тежинските коефициенти се мерат и се доделуваат како соодноси помеѓу критериумите, а не како зададени, односно проценети тежински коефициенти за секој критериум. И според оваа пресметка најдобро вреднувана варијанта е варијантата В1, со тоа што разликата во добиените резултати е поевидентна отколку во претходната метода WSM. Посочените методи за процена на проекти од патната инфраструктура се применливи и треба да бидат составен дел од еден процес на вреднување на варијантите. Многу важно е да се опфатат сите заинтересирани субјекти од проектот во телото за следење на проектот, кои преку свое учество ќе дадат придонес во оцената на најпосакуваниот проект. Во ова истражување беше земен предвид критериум кој ги оценува варијантите и од аспект за потребите на одбраната. Резултатите покажуваат дека добиените глобални резултати од евалуацијата на трите варијанти се доста блиски и затоа треба да се направи анализа на осетливост на резултатите кога се менуваат влезните параметри за атрибутите на варијантите. Еден пробабилистички приод во одредување на влезните параметри, би бил пообјективно прифатлив концепт за примената на мултикритериумските анализи. 

3

15 јуни 2012 ПОРТА

15


интервју

алберто камПо баеза

Архитектура -

творештво кое треба да не` надмине Погледот на Баеза кон архитектурата најдобро го опишуваат зборовите: време, светло, форма, историја, поезија и сеќавање. Тој тежнее кон архитектура која ја препознава во едноставноста на големите историски градби и нивните димензии и пропорции. Спознавајќи ја вистината во архитектурата, тој вешто интерпретира со средствата и правилата во времето во кое создава. Архитект, творец и поет на архитектурата, создава со идеја дека архитектурата мора да ги задоволи не само потребите на клиентите туку и да биде она што во својата бит е - творештво кое треба да нè надмине. м-р Ѓорѓе ЈоКиќ,

дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

О

ва интервју е посебно не само заради фактот што за „Порта3“ говори познатиот шпански архитект Алберто Кампо Баеза, туку и заради тоа што е резултат од неколку наши разговори. Првиот пат, Баеза одговараше на прашањата за „Порта3“ во холот на белградскиот Дом на синдикати во текот на манифестацијата „Денови на Орис“, додека одговорите на уште некои прашања како и поединечни свои текстови ги проследи дополнително. Во текот на нашиот разговор архитектот ни раскажа зошто не ја сака архитектурата на архитектонските ѕвезди (stararchitects), како дедо му влијаел на него, колку ја познава архитектурата на Балканот. Во наредниот контакт, архитектот Баеза беше љубезен да одговори на уште некои дополнителни прашања од ова интервју, како и да испрати два свои текста за поезијата и сеќавањето во архитектурата, кои го дополнуваат разбирањето на архитектонскиот пристап на овој творец од Шпанија.

16

3

ПОРТА

15 јуни 2012


интервју

Саја Granada Savings Bank

Господине Баеза, вашиот пристап кон архитектурата би можел да се сфати првенствено како едноставен и есенцијален, а не минималистички. Рековте дека не го сакате изразот минималистичка аехитектура?

било присутно во нивната меморија. Најдобрите архитектонски дела во животот на архитектот по кои ќе го паметат се оние што се направени во зрелото доба на неговото творештво. Зрелите остварувања, кои не мора да бидат само доцни дела на уметникот, со длабоко сфаќање за времето и сеќавањето, денес се многу ретки. Архитектурата е поезија. Би сакал мојата архитектура да е поезија во најдлабокото значење на тој збор. Мислам дека архитектурата не настанува од ненедеен импулс ниту во налет на екстаза. Добрата поезија е и како добрата архитектура - незапирливо прецизна. Тоа не бара само идеја, што сакаме да кажеме, но таа идеја е изразена со многу одбрани зборови кои се претпазливо сместени во однос на другите во стихот. Еднаш така направена, покрај она што претставува нејзино значење со најголема природност, прецизноста на песната мора да го разбуди срцето. Таква е поезијата, но и архитектурата. Иако постојано слушам за минимализмот во архитектурата, верувам дека тешко ќе се најде некој да ја опише поезијата како литературен минимализам. Кога ја споредувам или идентификувам архитектурата со поезијата, тоа го правам од причина да го одбранам она што го викам есенцијална архитектура. Јас во многу случаи сум ја цитирал шпанската писателка Марија Замбрано, која кажала дека поезијатa е „збор во хармонија со бројот“. Која е подобра дефиниција за архитектура од оваа? Тоа е материјал во хармонија со мерките. Сакам убавината што ја предвидувам во моите дела да  Центар за наука во Ланзароте, Канарски острови

 Не само што не сакам да ме сметаат за архитект на минимализмот, јас не сум минималист. Се трудам мојата архитектура да биде есенцијална, основна, а тоа е потполно поинаков пристап. Што се однесува до употребата на бои, скоро направивме еден проект со црна боја на Канарските острови. Пробав повеќе пати да работам со бои, но кога работам ќе сфатам дека ако не можам нешто тогаш тоа не го работам. Ако не можам да зборувам српски тогаш не зборувам, така исто и со боите. Не е случајно што двајцата големи творци на модерната архитектура, Ле Корбизје и Мис ван дер Рое, имале фотографии од Партенон каде што гордо се сликале. Тие тоа дело никогаш не го копирале, но тоа секогаш

3

15 јуни 2012 ПОРТА

17


интервју биде рефлексија на вистината од која доаѓа како идеја и која води кон нејзина материјализација. Тие две работи, убавината и вистината, се нераскинливи, a во архитектурата секогаш ќе се остварат со помош на човечкиот разум. Она што некои од нас архитектите го сака е само една работа, есенцијално, поетско творештво кое ќе биде во состјоба да нè надмине. Природно, во моите дела, некогаш очигледно а некогаш не, сеќавањето на историјата се појавува повторно и повторно. Во седиштето на банката Каха Гранада (Саја Granada Savings Bank) четири големи столбови имаат иста висина, обем и меѓусебна дистанца како и колоните на Катедралата Диего де Силое во Гранада. Тоа преубаво камено дело на ренесансата е подигнато пред пет века, а неговиот „колега“ е од бетон. Сепак, двете дела се поврзани со способноста да не раздвижат кога сме пред нив и кога сме во н��в. Во Историскиот музеј на Андалузија, исто така во Гранада, доминира елиптично двориште со кружна рампа. Во старт одлучив да користам димензии и пропорции од кружното двориште на палатата на Карло Пети во Гранада. Таа палата сум ја посетил многу Музеј на сеќавање на Андалузија, Гранада, Шпанија

18

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Саја Granada Savings Bank

пати, и таму открив како покрај стилските вредности постои и физичка компонента на просторот. Пропорциите и димензиите на просторот се такви што од секоја точка целокупниот простор е во видното поле. Сеќавањето како инструмент е неопходно за архитектите што сакаат да создадат нова архитектура на нашето време, на новиот милемиум. Архитектот без сеќавање би бил како поетот што никогаш не ги прочитал делата на своите претходници ниту пак

знае нешто за тоа. Делата на такви творци се осудени на заборав и избегнување.

Каква е денес состојбата на архитектурата во Шпанија?

 Од една страна е фантастична, а од друга е страшна. Ова е еден многу тежок период на криза, мене ми е жал затоа што гледам дека младите архитекти имаат големи проблеми да дојдат до работа. Во Шпанија постои голема група на Музеј на сеќавање на Андалузија, Гранада, Шпанија


интервју многу добри млади архитекти. Школата ЕТСАМ во Мадрид е една од најдобрите во светот, но проблемот е во тоа што нема доволно пари за проекти. Тоа се случува во поголемиот дел на Европа, каде постојат добри млади архитекти кои прават архитектура со врвен квалитет. Иако не е баш „моја“ архитектура, таа ми се допаѓа, радикална е, доста е поинаква од тоа како јас ја гледам, но има многу квалитети. Заради тоа сум многу задоволен и можам да бидам оптимист. Јас имам мало студио во кое работат само тројца вработени.

Guerrero house, Кадиз, Шпанија

На конференцијата „Денови на Орис“ го споменавте архитектот Алваро Сиза и неговото влијание, Едуардо Соуто де Моура и Мис ван дер Рое. Можете ли да ни кажете како ја гледате нивната архитектура?  Објаснив дека Алваро Сиза и Едуардо Соуто де Моура се поети, творци и истражувачи, тоа е нешто на што јас се одушевувам. Во споредба со многу познати архитекти, Сиза и Соуто се многу повеќе прецизни и строги, и тоа е она што ми се допаѓа.

Колку ја познавате архитектурата на Балканот, имате ли планови да градите на овие простори?

 Ја познавам по малку, ја знам архитектурата на господинот Подрека кој е присутен на конференцијата. Архитектурата на Балканот, по мое мислење, има доста влијание од Ориентот. Го паметам мостот што го видов во Мостар во Босна и Херцеговина. Таму јасно се гледа тоа влијание. Би сакал да работам овде, Белград и целиот овој простор е Историја и Култура, а тоа е прекрасно!

На Интернет може да се прочита дека вашиот дедо бил архитект. Дали тој влијаеше на Вас?  Влијанието на дедо ми беше апсолутно. Јас никогаш не го запознав својот дедо. Тој

имал осум ќерки од кои една е мајка ми. Умрел пред да се родам, но преку мојата мајка го примив тој „отров на уметност“. Таа ми ја „инјектираше“ архитектурата. Не се сеќавам кога одлучив да бидам архитект затоа што никогаш не се двоумев. Архитектурата е мојата судбина. На почетокот од мојата кариера го сретнав Алехандро де ла Сота (Alejandro de la Sota) кој беше мој учител и многу повеќе од тоа. Тој ми ја вбризга архитектурата како многу логично прашање. Архитектура во која причината, односно целта станува главен инструмент. Така тргна тоа ...

Рековте дека предавате во Цирих. Кажете ни нешто повеќе за тоа и како работата со студенти влијае на Вас?

 Јас предавам на ЕТХ (Технички универзитет во Цирих) како вонреден професор веќе дваесетина години. Дури

од скоро почнав да живеам и да работам во Мадрид. Минатата година ја поминав на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Од септември ќе предавам и во Вашингтон. Верувам дека предавањето е како подарок. Кога предавам јас повеќе учам отколку што само предавам, тоа е како да ги острите своите скалпери кои ви овозможуваат да оперирате подобро. За мене предавањето е апсолутно неопходно за да можам да градам со најострите инструменти.

Споменавте дека не го сакате поимот Star-architects?

 Архитектурата не е филм, едноставно, тоа не ми се допаѓа. Филмот е една работа а архитектурата е нешто сосема друго. Нашето општество е такво што повеќе ја цени Лејди Гага отколку Сесилија Бартоли. Ѕвезди-архитектите се Лејди Гага архитектура, а јас повеќе ја сакам Бертоли која го пее Моцарт.

Olnick Spanu House во Гарисон, Њујорк

Можете ли да ни кажете на што моментно работите?

 Во овој момент работиме на конкурс за спортски комплекс во Цирих, и се надеваме дека ќе победиме. Покрај тоа предавам на Техничкиот универзитет во Цирих (ЕТХ), работам и размислувам за архитектурата многу. Во моментов работиме и на проектот на Канарските острови. Во прашање е научен центар кој се наоѓа на врвот од брдото што гледа на океанот. Тоа е еден црн објект од причина што земјата е со темна боја на овој вулкански остров. Формата на објектот е хоризонтална платформа која го нагласува присуствотот на океанот. 

3

15 јуни 2012 ПОРТА

19


архитектура

ИКЕА - Продавање филозофија и мисија

Комфорен етос или идеологија Со потенцирање на редуктивни форми, употребливост и недекоративност, ИКЕА ги задржува естетските идеали на дизајнот на 50-тите години. Зад нивниот бренд не стои талентот на индивидуални дизајнери, туку е заснован на идеалите на националниот дизајнерски дух. Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

Ш

ведската компанија за мебел ИКЕА денеска брои 326 продавници во 38 земји, со заработка од 23 билиони долари во изминатата година, што е за 7,7 насто повеќе од претходната година. Таа е дизајнер на домашно секојдневие, кој со својата сеприсутност не само што се обидува да го рефлектира туку и да го обликува нашиот начин на живеење. Бил Могриџ, раководител на музејот за дизајн Cooper-Hewitt, ќе ја нарече ИКЕА „естетски глобален функционален минимализам“. Продуктите на оваа компанија се дизајнирани да функционираат како во Осло така и во Рејкјавик. Во 1953 година, во малото село Алмут, во јужниот дел на Шведска, основачот Ингвар Кампрад ја отвора нејзината прва продавница. Мотото од нејзините сами почетоци е lista, што во превод би значело „да се прави“. Со отворање на нивната прва мегапродавница во Стокхолм во 1965 година, ИКЕА станува најомилена шведска компанија за мебел. Оваа прототип

салон-продавница од 45.800 квадратни метри вклучува детски центар, ресторан, банка и голем паркинг простор. Со отворање на продавниците во останатите европски држави, Азија и Северна Америка, таа станува најпроминентен продавач на мебел во светот. ИКЕА има издадено 197 милиони каталози изминатата година, на дваесет и девет јазици и шеесет и една едиција. „Како материјал за читање каталогот на ИКЕА е помалку популарен само од Хари Потер“, вели дизајнерката и новинар Лорен Колинс.

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ЖИВОТЕН СТИЛ Утописката ниска на компанијата потекнува делумно од шведската традиција. Во триесеттите години на дваесетиот век, социјал-демократското движење ја воведува идејата за folkhemmet (дом на луѓето), кој го употребува домот како метафора на визијата на хармонична и бескласна Шведска. „Она што ИКЕА го направи тогаш е комерцијализирање на таа идеја“, вели Сила Робах, куратор на Националниот музеј во Стокхолм. Со потенцирање на редуктивни форми, IKEA fashion

Каталог со најголема дистрибуција во светот 20

3

ПОРТА

15 јуни 2012


архитектура

употребливост и недекоративност, ИКЕА ги задржува естетските идеали на дизајнот на 50-тите години. Зад нивниот бренд не стои талентот на индивидуални дизајнери, туку е заснован на идеалите на националниот дизајнерски дух. За истражувачот на нордиската култура Урсула Линдквист, продавница на ИКЕА е прослава на националниот дизајн: „...жива архива во која вредностите и карактеристиките што се идентификуваат единствено како шведски, се доставуваат до потрошувачите во светот преку своите

нордиско-идентификувани производствени линии, со организирани правци на движење и националистичка наратива“. Сепак, дистинктивниот маркетинг на ИКЕА има паралела со брендовите на 60-тите години каков што е лондонскиот „Хабитат“ на Теренс Конран - соединување на продуктите во кохерентен ансамбл или „тотал дизајн“ кој се проширува од своите продавници на своја маркетинг стратегија и печатење на каталози. Стимулирањето на посакуван животен стил, за разлика од промоција на поединечни

функционални продукти на „Хабитат“, е успешно усвоен во системот на ИКЕА. Со отворање кон конзумеризам и градење на бренд, демократскиот дизајн на Компрад е свртен кон потрошувачи од средна класа кои се стремат кон прогресивни социјални идеи и продуктивен животен стил кој е едноставен и подреден. Со оглед на тоа што брендот ги нагласува нивните ниски цени, тука е и предлогот за дизајн за најширока можна публика. Во последните години, ИКЕА ја додава на своите идеали и  ИКЕА уметност - „Единица за живеенје“ на Андреа Зител

3

15 јуни 2012 ПОРТА

21


архитектура задолжителната енвиронменталистичка реторика. Во својот есеј „Евтино: високо чинење на дисконт - култура“, Елен Рупел Шел наведува дека ниските цени и квалитетот на мебелот во ИКЕА ќе наметнат нови енвиро��менталистички, естетски и социјални трошоци.

ИКЕА СИСТЕМ

Синџирот на продавници на ИКЕА не се само изложбени салони за мебел туку комплетни дестинации, вклучувајќи ресторани, маркети, банки и простори за чување на деца. Просторната организација ИКЕА град-прототип, Strand East, Лондон

22

3

ПОРТА

15 јуни 2012

на нивната основа, според професорот на Центарот за виртуелна реалност на универзитетот во Лондон, Алан Пен, е психолошка замка за купувачите. Според неговата теорија, потрошувачот што ја следи неправилната патека помеѓу изложените елементи на шведски мебел до единствениот излез на продавницата е подложен на импулсивно купување. Паралелно со нејзината репутација за добар и евтин дизајн, дистинктивниот лавиринт на ИКЕА е успешен во сите нејзини продавници. „Стратегијата на ИКЕА е слична со шопинг-центрите што

се наоѓаат на периферијата од градовите, дизајнирани да привлечат купувачи и да ги задржат внатре што е можно повеќе време“, вели професорот Алан Пен. За да задржи ниски цени, бизнис-моделот на оваа компанија зависи од префрлање на дел од трошоците на самите клиенти. Купувачот трба да обезбеди сопствен транспорт и сам да го склопи купениот мебел. Овој „самопослужувачки“ етос на компанијата, според истражувањата, е една од главните недостатоци на оваа компанија.

ПРЕФАБРИКУВАНА УТОПИЈА

Монтажната куќа BoKlok која е лансирана во Шведска во 1996 година (во соработка со компанијата Skanska) е новата граница на дизајнерската амбиција на ИКЕА. Наместо единствено продавање на мебел, компанијата се обидува да направи нешто уште посмело - производство на „спакувана“ куќа, дури и цели соседства, кои се опремени со ИКЕА мебел и се произведуваат според истите дизајнерски принципи. Куќите се мали модернистички единици, префабрикувани и масовно


архитектура произведени за да се намали нивното чинење, и се организирани за максимална интеракција помеѓу жителите. Оваа година ИКЕА дизајнираше и град-прототип. Во 2013 година, таа ќе отпочне со изведба на овој проект во источен Лондон, наречен Strand East. Градот за 6.000 жители е организиран според скандинавски модели на урбанистичко планирање, со станбени згради и куќи, големи шопинг-центри и општествени згради. Иако непогодно на секоја локација, дизајнот на овие унифицирани домови е долгорочна мисија на шведската ИКЕА. „Ваквата утопија е погрешна бидејќи различни опкружувања бараат различни солуции. Да за Стокхолм, но не и за Тимбакту“, вели Рут Итон, архитектонски историчар и автор на „Идеални градови: утопизам и (не)изградена средина“.

КОН ГЛОБАЛНАТА ИДЕОЛОГИЈА „Ние не продаваме само стол или маса, ние продаваме филозофија и мисија“, вели Ингвар Кампрад. Едноставноста, Монтажни куќи „БоКлок“

како најзначаен термин на ИКЕА, достигнува подалеку и од естетиката. Во манифестот на Кампрад таа е основата за морална филозофија, демократија, рационалност и отворен однос кон модерниот живот. Во таа смисла, каталогот на ИКЕА станува ефикасен водич за стандардите на секојдневното живеење, а амбицијата на ИКЕА да го „опреми светот“ не е само евтин маркетинг. Но од поинаква перспектива, најпродаваните производи на ИКЕА, „Били“, „Иван“ или „Систем 210“ не ја презентираат корупцијата на секојдневието, туку го формализираат она што е веќе присутно потребата за заеднички системи и начини на однесување. Каталогот на ИКЕА само ја прави тенденцијата кон униформност поочигледна. Критиката насочена кон масовната продукција на ригидни, симплифицирани модели и фетишизмот на основни бои на ИКЕА, не критика на вообичаените форми на секојдневието, туку кон нивното пасивно прифаќање. Многубројни проекти на шведските уметници Андерс Видоф и Стиг Сјолунд се

однесуваат критички кон мебелот на ИКЕА и неговото глобално влијание. Новиот критички жанр „ИКЕА уметност“ како дел од проектите „Кутија за живеење“ на Андре Зител, „Шведска еротика“ на Џејсон Родс или скулптуралните форми на Клеј Кетер се одговор на политичките и метафизичките аспекти на продуктите на оваа компанија. Можеби рутинираното насилство креира чувство на слобода во однос на глобалната идеологија на ИКЕА. Каталогот го диктира генерелниот изглед на секојдневното живеење, но секогаш ние, купувачите, сме оние што ги склопуваме сите елементи во едно. ИКЕА, ако ѝ се пристапи правилно, наместо глобална униформност нуди нешто сосема спротивно - форма на „направи сам“ индивидуализам. Во „Нели е одлично да бидеш Швеѓанец“, писателот Р. Фукс ја појаснува оваа идеја: „Животот е како составување на ИКЕА мебел - тешко е да разбереш која е поентата, не си во можност да ги составиш елементите, некои есенцијални делови секогаш недостасуваат и резултат не е секогаш она што го очекуваш“.  ИКЕА „тотал дизајн“

3

15 јуни 2012 ПОРТА

23


репортажа

Дрвенград

помеѓу традицијата и имагинацијата Архитектонската фондација „Филип Ротије“, ова мало село го окарактеризира како најдоброто архитектонско достигнување во Европа во последните десет години

И

зграден неодамна во близината на Мокра Гора, Дрвенград претставува традиционално село од 19 век во Златиборската област, обмислено и изградено од реномираниот српски режисер Емир Костурица. Покрај краткиот животен век, Дрвенград има неколку

24

3

ПОРТА

15 јуни 2012

верзии (митови) за неговиот настанок. Сепак, сигурно е дека се започна со неколку дрвени куќички, кои беа изградени како локација за снимање на филмот „Животот е чудо“ од Емир Костурица. Набрзо, концептот за изградба на нешто невообичаено прерасна во реалност и од неколку куќички со текот на времето проникна во софистицирано етно-село.

Лоциран е на падините на брдото Мечавник крај идиличната Мокра Гора, и со својата автентичност буди пријатни чувства кај посетителите потсетувајќи ги на едноставниот живот на село. Самиот Костурица за својата креација вели дека сакал да создаде место каде што ќе се собираат вљубеници во уметноста од целиот свет и каде ќе се организираат


репортажа

александар ЧЕрЕпНалКоСКи, дипл.инж. по дрвна индустрија

семинари за филм, музика, ќерамика, сликарство. Негов сон е да создаде место со културен диверзитет, кој се противи на светската глобализација. При влезот во селото, веднаш се чувствува топлината на дрвото употребено скоро секаде, па дури и на скалите и шеталиштата. При првите чекори и погледи, вчудоневидува едноставноста и 

3

15 јуни 2012 ПОРТА

25


репортажа

убавината на градбите и обзема чувство на добредојденост. Со влегување низ влезните порти како да влегувате во свет на фантазија. Преку централниот плоштад, направен од дрвени коцки пресечени од дрва користени за возни пруги, се издига мала црква посветена на св. Сава. Во околината се забележуваат стари мали дрвени куќички донесени од околните села, кои ја претставуваат автентичната архитектура на околината. Архитектонската фондација „Филип Ротије“ ова мало село го окарактеризира 26

3

ПОРТА

15 јуни 2012

како најдоброто архитектонско достигнување во Европа во последните десет години. Улиците, градбите и малите плоштади носат имиња на познати и признати уметници, режисери, писатели, спортисти, кои со своите идеи и достигнувања оставиле длабока трага во човечката историја. Киносала „Стенли Кјубрик“ (која патем речено е опремена со најнова технологија за слика и звук), библиотека „Меша Селимовиќ“, неколку куќи кои отсликуваат примери од книгата на Иво Андриќ „Мостот на

Дрина“, фризерски салон „Анџела“, ресторан „Лотика“, главната улица „Иво Андриќ“, а постојат и улици „Никола Тесла“, „Федерико Фелини“, „Ингмар Бергман“,„Ернесто Че Гевара“, „Диего Марадона“, „Миодраг Петровиќ Чкаља“, па дури и со новото име во светот на славните - Новак Ѓоковиќ. Локалниот амфитеатар е именуван по Ноам Чомски, еден од најголемите и највлијателни американски интелектуалци на нашето време. Оттука, може да се забележи дека


репортажа

селото е олицетворение на животните ставови на Костурица, изразувајќи ги неговите вредности за животот, пријателството, и се разбира неговите политички и критички ставови. За разлика од други етно-села или музеи на отворено, со проближување кон самракот, ова место е полно со живот. И во доцните вечерни часови може да се забележи разиграност и распеаност, исто како да живеат луѓе во селото. Гостите што доаѓаат во селото можат да преспијат во овој комплекс,

и да се запознаат со традиционалните кулинарски рецепти на регионот. Од 2008 година во Дрвенград се одржува филмскиот фестивал „Кустендорф“. Првичната идеја за овој фестивал била да се направи еден некомерцијален настан посветен на филмските вљубеници со собирање на светски признати филмски работници и студенти на седмата уметност. На третиот фестивал по ред, како специјален гостин на отворањето бил пречекан Џони Деп, кој изненаден од едноставноста и убавината на

селото изјавил: „Јас сум шокиран, бидејќи не ни можев да замислам колку убаво и магично место може да биде еден дом на филмски фестивал. За разлика од другите фестивали, тука луѓето навистина можат да се запознаат и да разберат повеќе едни за други. Навистина сум импресиониран“. Дрвенград претставува необично и п��екрасно доживување, тоа е гратче кое ги зближува и разнежнува посетителите со неговите романтични пејзажи, интересни дрвени градби и навистина пријатни домаќини. 

3

15 јуни 2012 ПОРТА

27


урбанизам

Интервју со Александар Андовски

Иднината ќе биде таква како што ќе ја трасираме Континуитетот во развојот на јавниот простор во 20 век во Скопје го препознаваме само во одредени фрагменти од градот, како што е оската што оди од Старата железничка станица сè до Стара чаршија и Бит-пазар. Зајакнувањето на оваа оска како еден од најважните јавни простори на денешно Скопје, треба да претставува приоритет при формирање на една слободна и непрекината пешачка оска која би се вклопила во една поголема пешачка зона во централното јадро. Фото: Александар Андовски

П

овод за разговор со архитектот и урбанистот Александар Андовски е неодамна промовираната книга „Јавниот простор во урбаниот пејзаж“. Таа всушност го претставува неговиот докторат, труд на кој Андовски почнува да се посветува уште за време на неговиот студиски престој во Франција. Таму ја започна својата магистерска теза поврзана за јавниот простор, за потоа да се врати во Македонија „заразен“ со проблемот, и да се потруди да одговори на прашања испровоцирани од овдешниот простор.

Неодамна беше промовирана вашата книга „Јавниот простор во урбаниот пејзаж“, каде што го истражувавте историскиот развој на урбаниот пејзаж на јавните простори. Која е причината да се зафатите токму со оваа тема?  Архитектурата е научна дисциплина којашто отсекогаш се занимава со креирање на нов, квалитетен простор кој треба да задоволи што повеќе човекови потреби обединети под еден заеднички кров. Но, при оваа општа дефиниција, во создавањето нови простори, во актуелниот македонски контекст, отсуствува чувство 28

3

ПОРТА

15 јуни 2012

за негување на јавниот простор. За жал, и многу мои поискусни колеги урбанисти не можат да ја согледаат потребата од неизградениот, заеднички и јавен простор кој припаѓа на сите нас. Овој простор кој треба да ги обедини изградените содржини, кај нас дури и да постоел како таков, многу често станува жртва на нашата алчност за повеќе изградени квадратни метри. Надградбата на моето високо образование ја продолжив во Лил (Франција), каде што всушност јавниот простор во контекст низ една урбанистичкоисториска призма беше тема на мојата магистерска теза. При ова истражување,

фрапантни беа контрастите помеѓу Македонија и Франција при перцепирањето на еден урбан пејзаж во определен јавен простор. Всушност, разликите помеѓу „нашиот“ и „нивниот“ јавен простор ме мотивираа да продолжам, после пет години истражување и на македонска почва на истата тема. Можеби главната причина за отсуство на потребата да го негуваме јавниот простор кај нас е сè позасиленото отуѓување помеѓу луѓето, засилената трка по задоволување исклучиво на материјалните потреби, занемарувајќи сè што е хумано, човечко и социолошки одржливо за еден заеднички простор.


урбанизам Мојата цел е повторно да се јави чувството за негување на јавните простор кај нас, коишто во минатото стихијно или свесно, сепак се создавале на наша територија.

Често пати имаме спротивставени и контрадикторни размислувања за тоа што еден простор го определува да биде дефиниран како јавен? Каде започнува приватниот, а каде јавниот простор?

 Во принцип, јавниот простор е место кое обединува луѓе поради задоволување на исти или слични потреби на едно заедничко место. Постојат повеќе причини зошто понекогаш приватниот простор е јавен, а јавниот простор некогаш станува приватен простор. Денешните големи трговски центри претставуваат затворен јавен простор, кој е од приватна сопственост. Тие денес стануваат место кое освен главната трговска содржина се повеќе се комбинира со културно-забавни, рекреативни содржини. Всушност, приватните сопственици на јавниот простор, поодамна го имаат разбрано новиот магнет на луѓето

во новото потрошувачко општество. И така, преку главната комерцијална содржина, денес во светот се додаваат и културнорекреативни содржини кои на некој начин балансираат со новите пореби.

Од кога може да се зборува за јавен простор во контекст на Македонија и што е тоа што го издвојува како специфичен во однос на останатите. Кои се тие карактеристики?

 Логично е секој народ, земја да има свои локални каратеристики. Нашиот македонски контекст на јавниот простор има една карактеристика во борбата за негов континуитет, преку често негирање на тој ист континуитет. Навидум оксиморон, но всушност тоа е можеби и највпечатливата особеност на нашиот контекст. Негирање на претходниците, без притоа да разбереме дека и тие преходници имале свои претходници и така во недоглед. Чистиот континуитет се добива исклучиво како разбирање на логиката на респект на претходниците и наоѓање на пат кој ќе го продолжи претходникот, но при тоа да се

проткаат новите потреби кои се отсликани со секоја нова епоха. Низ историјата, за македонскиот народ најчеста потреба која требало да за задоволи била безбедноста. Тоа и го утврдува типот на јавниот простор којшто често е и „невидлив“ од едноставна безбедносна причина. За жал, нашиот простор многу ретко бил управуван од Македонци, па сликата на јавниот простор е проектирана од соодветниот окупатор. Но, тоа не треба да биде причина да се откажеме од турските анови и амами, византиските утврдувања и римските терми и форуми. Тоа е всушност прекрасниот мозаик на јавен простор кој уште од наколните неолитски живеалишта, па до ден-денес ја формираат целосната слика на континуитетот на јавниот простор на Македонија. Инаку, локалните навики, потреби од случајни и неслучајни средби, потреби од уреден зелен простор во урбан контекст и конечно потребата од естетски квалитетно обликуван јавен простор се нештата коишто како проектна програма го дефинираат 

Нереализирана градска порта од проектот на Кензо Танге за Скопје

Старо Скопје

Кале

3

15 јуни 2012 ПОРТА

29


урбанизам

Лил

заедничкиот простор. Колку поизразени се одредени локални навики и потреби, толку поуникатен е и јавниот простор. Во таа смисла, локалното обележје кај нас е врзано, најпрво, за реетаблирање на овие простори, па понатаму може полесно да се увидат и специфичностите.

Во вашата книга, развојот на овдешниот јавен простор го поделивте во неколку хронолошки фази. Дали можеме да зборуваме за некаков си континуитет, или главно се работи за прекини, турбуленции кои ја определиле денешната слика на јавниот простор во Скопје?

 Средишно место во мојата книга посветив на мојот роден град, град кој и ме инспирираше да ја обработувам главната тема во книгата. Скопје прераснува во пол на админстративнополитички активности дури во почетокот на дваесеттиот век. Со поделбата на Македонија на три дела во 1913 година, Скопје се модифицира од погранична турска касаба во регионален центар на Кралството СХС. При формирањето на нациите во 18 и 19 век во Западна Европа, балканските народи најмногу доцнат во ова национално созревање. За жал, македонскиот народ ќе чека до средината на 20 век да го реши своето национално прашање. И така, во рамки на Кралството СХС, Скопје за прв пат почува да се „европеизира“ на десната страна од реката Вардар после петвековното ориентално ропство од турската империја. Поделбата на градот со реката Вардар на ориентален и оксидентален, се чувствува и до денешни денови. За жал, континуирано се зголемува поларитетот на овие два дела на градот, поделба која не придонесува многу за квалитетот на јавниот простор. Зошто, квалитетен јавен простор претставува и 30

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Во нашиот контекст отсуствува чувство за негување на јавниот простор. За жал, и многу мои поискусни колеги урбанисти не можат да ја согледаат потребата од неизградениот, заеднички и јавен простор кој припаѓа на сите нас.

мултиетнички простор, каде што не се гетоизираат одредени етнички заедници. Континуитетот во развојот на јавниот простор во 20 век во Скопје го препознаваме само во одредени фрагменти од градот, како што е оската што оди од Старата железничка станица сè до Бит-пазар и Старата чаршија. Зајакнувањето на оваа оска како еден од најважните јавни простори на денешно Скопје, треба да претставува приоритет при формирање на една слободна и непрекината пешачка оска која би се вклопила во една поголема пешачка зона во централното јадро. Но, тука не завршува „приказната“...Потребни се нови простори кои ќе го децентрализираат главниот пол на активности на македонската метропола и формирањето нови центри!

Колку земјотресот во 1963 година фатално влијаеше врз развојот на јавниот простор во градот, имајќи го овде предвид ангажирањето на меѓународната експертска јавност за нов развој на градот?

 Катастрофалниот земјотрес од 1963 во Скопје направи една нова етапа во развојот на јавниот простор. Победничкиот труд на Танге на повиканиот меѓународен конкурс за централното подрачје на Скопје (значи тој план не предвидува како ќе се шири Скопје!) ја трасира новата слика која за жал не се реализира во целост. Фактот што во тој момен�� се размислувало само за централното подрачје, имено е и причината на денешната преоптовареност на центарот на градот. За жал, тогашните градски власти не биле во состојба да предвидат дека градот пет пати ќе го зголеми својот обем

West Kowloon Arts and Cultural Ротердам District


урбанизам Лисабон

нашето и нивното размислување за јавниот простор. Посебно кај нас, ние архитектите забораваме дека човекот како краен корисник на изградениот простор е тој што треба да каже како се чувствува во него, притоа да бидат вметнати неговите потреби во тој простор. Архитектот ја има можеби најкомплексната задача, преку низа дебати со професионалци од различни профили, да ги согледа вистинските правци како да се обмисли јавниот простор. Да ги анализира и да ги примени желбите на корисниците на новопредвидениот простор, и да ги вметне во една функционално-естетска целина.

Со оглед на сегашната ситуација во развојот на Скопје, дали можете да ни кажете каква е иднината на урбаниот пејзаж на нашиот град?

за само две децении! И во тие две децении после земјотресот, не се размислуваше за формирање на нови центри во функција на „привремените населби“. Овие населби формирани по земјотресот денес станаа општини со десетици илјадници жители и се поголеми од многу македонски градови. Значи, не претставува толкав проблем нереализирањето на планот на Танге, колку што претставува проблем отсуството за планско ширење на градот. Немаше иницијативи за формирање на нови јавни центри во новите населби. Тоа резултураше со изградба на т.н. „спални соби“ во кои населбите освен домување и присуство на најбазични распрскани мали центри немаат никакви други содржини.

општества знаат позитивно да ја искористат дебатата во која било смисла. Кај нас, имањето различно мислење се толкува како формирање на непријателски став кон другиот. Воопшто не се размислува да се преиспитаат сопствените ставови кога ќе се соочат со некој што мисли поинаку. Секако, Холанѓаните и споменатата дебата на ротердамските граѓани за тоа како тие, а не архитектите, ги оценуваат објектите што ќе се градат или што се изградени, ја отцртува радикалната разлика помеѓу

 Според мене, најважниот чекор, што верувам ќе се примени во новиот ГУП на Скопје, е формирањето на новите јавни центри во градот. Освен нив, потребно е зголемување на пешачките зони во сите делови на градот, посебно во строгиот центар на метрополата. Јас верувам дека е потребна голема посветеност во работата во сите општествени сфери за да се развие една долгогодишна стратегија за развој на градот Скопје. Иднината ќе биде таква како што ние ќе ја трасираме и долгорочно предвидиме. Ако сакаме успешна иднина, потребни се сериозни, смели и демократски обмислени решенија, со кои ќе овозможиме вистински пат за развој на градот и јавните простори. 

Во книгата велите дека граѓаните на Холандија честопати се прашувани што мислат и како се чувствуваат по прашање на извесни архитектонски градби, независно дали пред нивната изградба или потоа. Според вас, какво е нашето искуство во овој поглед?

 Недостатокот на демократска традиција е можеби најболната точка на Македонецот и најслабата алка во нашето општествено живеење. Тоа отсуство на дебатирање како квалитет при формирање на каков било завршен мисловен или физички производ, значително го ослабува и просперитетот на естетиката на изградениот простор кај нас. Урбанизмот и архитектурата се мултидисциплинарни гранки и тие мора да допираат области како социологија, географија, екологија итн. Посовремените

Лисабон

3

15 јуни 2012 ПОРТА

31


признанија

Врачено признанието „Инженерски прстен“

Привилегија и поттик за поголеми успеси Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов минатиот викенд им ги врачи признанијата на најдобрите 12 дипломирани од инженерските факултети

Н

ајдобрите 12 дипломирани студенти на инженерските факултети го добија признанието „Инженерски прстен 2012“. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов минатиот викенд им ги врачи признанијата на платото пред Св.Климентовиот храм - Св. Пантелејмон на Плаошник. - Македонските умови се барани и успешни во светските центри. Преку нив ние сме дел од светското знаење, кое треба да се врати и да се искористи за доброто на нашата земја - нагласи шефот на државата. Иднината на најдобрите студенти, смета дека треба да биде во Република Македонија. - За таа цел треба да обезбедиме респектибилни институции, компании, центри во кои младите луѓе ќе можат да ги искажат своите знаења и квалитети - подвлече претседателот. Човечките ресурси, нагласи

32

3

ПОРТА

15 јуни 2012

тој, се клучниот фактор за побогата и попросперитетна Република Македонија и во нив мора постојано да се вложува. Добитници на ова престижно признание за 2012 година се: Петар Крстевски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Ева Думкова од Техничкиот факултет во Битола, Тина Коцова од технолошко металуршкиот факултет, Таско Смилески од Машинскиот факултет, Ирена Ристовска од Архитектонскиот факултет, Сања Величковска од Шумарскиот факултет, Бојан Пеливаноски од Градежниот факултет, Никола Трајковски од Факултетот за земјоделски науки и храна, Јорданка Никиолова од Факултетот за рударство, геологија и политехника – Штип, Стојанче Панов од Факултетот за информатика – Штип, Теа Бошковска од Факултетот за дiзајн и техноилогии на мебел и ентериер и Бојана Котевска од Факултетот за информатички науки

и компјитерско инженерство. Наградените студенти истакнаа дека признанието е привилегија и поттик да продолжат со напорна работа за поголеми успеси. Иднината на еден инженер со квалитетни предиспозиции, дипломецот Бојан Пеливаноски од Градежниот факултет ја гледа не само во задоволување на инженерските задачи, туку и во личност која ќе отвoра нови бизниси. - Желбата пред се е да и се помогне на Македонија, но не значи ако работиме надвор нема да можеме да и помогнеме на државата - рече тој. Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ се одржува по деветти пат, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Таа претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.


Вратите во јавните објекти

В

ратите во јавните објекти треба да одговараат на редица барања. Голем предизвик за проектантите на аеродромот Schönefeld бил наоѓањето на техничко решение за исклучително тешките врати, кое истовремено би одговарало на високите норми за сигурност и безбедност, за минување низ нив на големи групи луѓе удобно и без проблеми и за заштита од неавторизиран достап. Во случај на неопходност да обезбедува слободни излези за евакуација и да биде дел од системот за природен одвод на чад и топлина на аеродромот, при пожар

вратите да се отвораат за да обезбеди свеж воздух и да бидат отворени дури и при прекин во електричната заштита. Оптимално решение кое ќе ги задоволи сите барања истовремено, специјалистите најдоа во еден производ - дизајнерскиот GEZE Slimdrive EMD Invers – направа која ја автоматизира работата на вратите со шарки преку електричен погон. Одговара и за еднокрилни и за двокрилни врати, со синхронизатор на редослед на затворање на крилата. Благодарение на само 7 cm висина на операторот, може да биде поставена на исклучително широк спектар на профилни системи. Автоматските лизгачки врати се

најпопуларниот избор на архитектите за влезови во јавните објекти кои бараат удобност, безбедност и функционалност. Стилската автоматска лизгачка врата GEZE Slimdrive SL WK2 е создадена специјално за влезови на објекти со високи барања за безбедност и естетика, на пример за банки, бижутерии, продавници со голем обрт или за скапи и луксузни стоки, бензински пумпи и сл. Моделот е совршен за стаклени фасади со тесни профили на конструкцијата. Ништо во елегантниот надворешен изглед на оваа автоматска врата не сугерира дека таа всушност има high-end на заштита од кражба WK2, според германскиот стандард DIN V ENV 1627 - 1630.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

33


светско културно наследство

Десет најубави историски места Листата на светско наследство на УНЕСКО брои 936 локации кои го сочинуваат составниот дел на културното и природното наследство и за кои Комитетот за светско наследство смета дека имаат исклучително универзална вредност. На листата се 725 културни објекти, 183 природни локалитети и 28 места кои се комбинација од овие две. Познатото списание National Geographic ги избра десетте најубави и ги објави во книгата "The 10 Best Of Everything". Да го погледнеме нивниот избор: 1. Венеција и нејзините лагуни, Италија

2. Археолошки парк Angkor, Камбоџа

34

3

ПОРТА

15 јуни 2012


светско културно наследство 3. Ватикан

4. Дворец Schönbrunn, Австија

5. ОстровоТ Lord Howe , Австралија

3

15 јуни 2012 ПОРТА

35


светско културно наследство 6. Историски центар „Чешки Крумлов“, Република Чешка

7. Театар Drottningholm, палата и кинески павилјон, Шведска

8. Abu Simbel, Египет

36

3

ПОРТА

15 јуни 2012


светско културно наследство 9. Дворец Fontainebleau, Франција

10. Стари��т град на Ерусалим, Израел

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 15 јуни 2012 ПОРТА

3

37


културно наследство

Матка

мистичен дом на женските божества

Овој крај, одалечен само шеснаесет километри од центарот на Скопје, изобилува со места и топоними кои го потврдуваат, пред сè, женскиот карактер на најраните пагански и словенохристијански култови Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност

езеро Матка и црквата „Св. Андреја“

М

атка, изолирана од скопскиот метеж, отсекогаш била дом на гладните за мир. Матка е кањон, Матка е пештера, вода, бездна, карпа, Матка е матка. Животодавна и топла, а истовремено мистична и сурова. Која е нејзината симболика? Зошто овој предел се вика токму така? Значењето на матката е секогаш поврзано со создавањето, плодноста на природата и на духовното обновување. Митот за Мајката Земја е во блиска релација со матката, подземните светови, пештерите, бездните или пропастите. Во некои региони во светот се верува дека изворите потекнуваат од матката на земјата. Рудниците се исто така матки од кои се вадат созреаните плодови, со методи преземени од породилиштата. Престојот во матката е една безвременска состојба од која потекнуваат сите раѓања, пишува во индиските текстови. Ведската матка,

38

3

ПОРТА

15 јуни 2012

пак, е апстрактен извор но и прибежиште на бесмртноста, празнина на космичкото тркало. Европските и кинеските алхемичари верувале дека враќањето во матката е предуслов за регенерација, за бесмртност. Следејќи ја етимологијата на зборот матка, може да се забележи дека во некои од јазиците со словенско потекло матка всушност значи мајка. На полски и на чешки јазик мајка значи матка. Симболиката на мајката е поврзана со симболиката на водата и земјата, бидејќи и двете се „матки“ на животот. Матријархалните култови во Матка се негуваат во континуитет од антика до среден век. Истражувањата покажуваат дека овој предел изобилува со места и топоними кои го потврдуваат, пред сè, женскиот карактер на најраните пагански и словенохристијански култови. Култните места на Старите Словени и нивната паганска религија биле куќата и местата во природата, кои можеле да се адаптираат согласно обредите

што биле изведувани. За изведување на ритуалите во култовите што се однесувале на женските божества, се одбирале места во природата кои наликуваат и го симболизираат женскиот дел од кругот на создавањето. Во најголем дел, тоа се процепите во карпите, влажните пештери, долините или клисурите. Токму таков природен амбиент е Матка. Според некои научници, голема е веројатноста култот на женското словенско божество Мокош, да се негувал близу пештерата Мечкина дупка, за подоцна да биде пренесен на св. Богородица и на истоимениот манастир што се наоѓа близу оваа пештера, до течението на реката Треска. Во околината на Матка се негува и култот кон света Петка. Местото наречено Света Петка се наоѓа над Долна Матка. Денес, на оваа локација нема црква, но постои веројатност во минатото да имало сакрален објект посветен на оваа светителка. Според тоа, може да се претпостави дека во Матка се негувал


културно наследство езеро Матка и црквата „Св. Андреја“

црквата „Св. Недела“ на Марков Град

Богородица од Благовестие, црква „Св. Андреја“

култот кон женските словенски божества, а потоа, нив да ги замениле христијанските светителки. Како што веќе споменавме, Матка е преполна со топоними кои имаат женски имиња. Не случајно овој предел има места кои се викаат: Мечкина дупка, Св. Петка, Петковица, Горица, Загорица, Коачница и многу други. Почитувањето на женските божества во Матка почнува уште во античко, паганско време, за што сведочи еден антички релјеф, вграден во источниот ѕид на нартексот на црквата „Св. Тројца“, којашто се наоѓа на култниот простор Свети Спас, близу Горна Матка. Судејќи според облеката, ставот и движењето на фигурата, релјефот ја претставува божицата Артемида. Освен Артемида, св. Петка и св. Богородица, во Марковиот Град, високо на карпите под Осој, се почитува уште една светителка - св. Недела. Остатоци од средновековната црква што и била посветена и денес се наоѓаат на оваа исклучително убава и изолирана локација.

црквата „Св. Богородица“ близу реката Треска

поглед кон кањон Матка од Марков Град

3

15 јуни 2012 ПОРТА

39


записи

Мојот дом

С

оби има разни, ги има секакви, но најповеќе оние празни младешки, пееше Здравко Чолиќ во својата песна „Хотел Балкан“. Куќата или станот во некоја зграда е нашиот дом. Домот се состои од една или повеќе соби со различна намена. Собите во кои живееме се само подови и ѕидови прекриени со нашите одрази - одрази на она што сме, или пак што сакаме да бидеме! Собите се места каде што се случуваат најразлични работи од нашиот секојдневен живот. Тоа се места за нашите мисли и чувства. Една или повеќе соби го сочинуваат нашиот дом, а тој е место на нашата радост, место на секојдневни задоволства, некогаш место на тага, место на нашиот секојдневен живот. Домот е место на радост затоа што списокот на неговите добри страни е бесконечен. Тој е место на тага, затоа што списокот на лошите страни, понекогаш е можеби уште подолг! Всушност, домот е инструмент на радост и на тага, во зависност од тоа кој го опремил и кој

40

3

ПОРТА

15 јуни 2012

живее во него. Се обидуваме во станот што го имаме да го направиме нашиот дом, но тоа секогаш не ни успева! Домот е спој на нашето минато, но и на нашата иднина. Домот е сцена каде што се реализира нашата сегашност, тој е правопис на многу наши интими добиени со нашето раѓање: радост, тага, меланхолија, задоволство, нервоза, замисленост, осаменост, другарување, разделба, смрт! Домот е наше засолниште од непријателствата што доаѓаат од надворешниот свет. Тој е љубовно гнездо на брачната двојка, место за живот на семејството, или пак на група луѓе. Велат дека домот е царство на жените, дека е замена на мајчината утроба? Домот е прекрасна илузија на секое човечко суштество! Секој, каде и да оди, сака да си дојде дома. Всушност, домот е место од каде понекогаш се заминува, но тој е уште повеќе место каде што сите копнеат да се вратат. Каде и да одиме, најдобро се чувствуваме кога се враќаме дома. Но, внимание! Во очекуваното враќање понекогаш се крие разочарување! Што ако

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

не се најде она што сме го очекувале? Во домот може да има убави или неубави нешта! Може да се приспособи и да биде удобен или неудобен, а на крајот на краиштата, може да се трансформира во наша судбина! Домот може да биде огромен, сличен на пренатрупан ранец, во кој се наоѓаат многу потребни, но и непотребни работи, кои натежнуваат врз нашиот грб, не давајќи ни слободно да се движиме! Домот е центар за дружба, но и на осаменост, нашиот најдобар центар за медитација, нашето засолниште од надворешниот свет. Тој е најчесто мерило за тоа колку сме успеале во животот, показател за тоа што сме, или пак што сакаме да бидеме! Тој е своевиден патоказ за нашиот успех или неуспех во животот. Домот понекогаш може да биде како кутија, во која ги чуваме нашите најубави спомени. Но, може да биде и место каде што ги складираме погрешно избраните парчиња мебел, како и безвредните остатоци од многу нешта, како и место на складирање на безвредните спомени! Понекогаш домот наликува на железничка


записи

станица; експлозивен или релаксирачки, во зависност од намерите и правецот што сме го одбрале. Тој е место на „предвидливиот“ живот, одвреме навреме на оној „вистинскиот“ живот, но за жал и место на... ! Природата, реалноста, одглуменото живеење, нашите желби и фрустрации, уште повеќе доаѓаат до израз кога домот го опремуваме со разни современи машини, трансформирајќи го од дом на минатото, во дом на иднината. Како објект, домот е нем сведок. Тој наликува на сцена преполна со играчки за радост и тага! Тој е нашиот приод кон фикцијата за домаќинство преполно со електрични пегли, машини за перење, ЛЦД телевизори, миксери, компјутери, фрижидери, музички системи, столици, плакари преполни со облека, полици за шишиња, чинии и чаши, телефони, часовници, уметнички слики, разни вазни, шкафчиња со разни средства за одржување на хигиената и уште многу нешта. Тој, понекогаш наликува на каталог на нашето поимање за тоа како би требало да живееме. Тој е книга на нашата животна поезија, икона на современиот живот, список на нашите барања, амбиции и фалби! Најпосле, меѓу нас и складиштето за нашите кристални чаши лежи архитектонскиот проблем кој треба ние архитектите да го решиме?! Ах, колкава мака, но и колку големо задоволство е кога сето тоа ќе се реши!

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk

3

15 јуни 2012 ПОРТА

41


дизајн

i SALoni 2012, милано

Празник за очите Сандра ДоНЧЕва ТЕоХарова (специјално за Порта3 од Милано)

В

о минатиот број пишувавме за биеналните изложби, бањите и кујните, а во овој број ќе пишуваме за дневни, спални и детски соби. Дневниот престој како простор за одмор и дружење е во блиска поврзаност со кујната, по стилот и обликувањето. Гарнитурите за седење се пространи, најчесто во „Г“ форма, од кожа или ткаенина, со дрвени или хромирани ногарки и со додатоци за весници, телефони, ајпод и сл. Најчесто се во светла боја со изразени шарени перничиња, а фотелјата е неизоставен елемент на секоја дневна соба и секогаш е во друга боја и форма од гарнитурата. Боите што доминираат во намештајот во дневните соби се бела, сива и кремаста во комбинација со фурниран медијапан, дрво или пак со јаки бои како сина, жолта (која оваа година е навистина во тренд), зелена и црвена боја. Комодите се со едноставна форма дополнети со детали

42

3

ПОРТА

15 јуни 2012

од метал или стакло, додека кај полиците има динамика, игра на празно и полно, и се надополнуваат со елементите од кујната. Клупските маси се со правоаголни, квадратни или заоблени форми, изработени од дрво, стакло, како и сè почестата употреба на мермерот во комбинација со дрвени или хромирани ногарки. Во склоп на секој дневен простор е сместена подна ламба со мошне големи димензии, додека во полиците и комодите често се јавуваат скриени светла од лед диоди. Детските соби се разиграни во поглед на употребата на повеќе од две бои, шари од стрипови, надополнети со полици во необични форми и интересни дизајни на рачки на плакарите, кои и даваат особена живост на собата. Она што е интересен елемент кај спалните соби, тоа е потпирачот за перници што воедно претставува и основа за фиксирање на „лебдечките“ комоди, а ламбите многу често „излегуваат“ од ѕидовите над комодите или пак се употребуваат лустери спуштени

од плафоните ниско до комодите. Масичките за шминкање се неизоставен елемент во спалните, како и плакарите со голема длабочина поставени по цела должина, целосно стаклени врати и беспрекорно наредена гардероба во внатрешноста, која е во потполност транспарентна. Одлично решение за соби каде има простор за тоа. И тука се присутни живите бои, меѓутоа поголема е употребата на дрвени дезени, а сјајниот медијапан сè поретко се употребува. Во склоп на саемот имаше и 4 павилјони наменети за љубителите на стилскиот намештај. Посетата на саемот претставуваше вистински спектакл за очите на секој посетител, а оној што првпат ќе го посети неизбежно е да ја согледа неговата монументалност и изобилството од изложените предмети. Останува до година повторно да се воодушевуваме во терминот од 9 до14 април заедно со биеналните изложби Осветлување и Канцелариски намештај.


дизајн

3

15 јуни 2012 ПОРТА

43


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

44

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

15 јуни 2012 ПОРТА

45


технологии

Социјални мрежи

Неетичноста, сенка која се движи низ Интернетот Дали навистина да веруваме дека се што е бесплатно на Интернет е и поеднакво искрено и етично? Понекогаш не е одвишно да подразмислиме за тоа какви мети претставуваме додека чекориме безгрижно по Интернетот. Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

А

х, таа неетичност, таа сенка која тивко се движи низ Интернетот, која демнее зад социјалните мрежи и зад се што носи признак web 2.0. Дали навистина да веруваме дека се што е бесплатно на Интернет е и поеднакво искрено и етично? Сигурен сум, не. Помина само еден месец од иницијалната јавна понуда на акции, а Facebook веќе изгуби 30% од својата вредност. Нешто над 30 милијарди долари испарија во неповрат. Малите старт-ап бизниси од сферата на Информатичката технологија (ИТ), обвинија дека поради фијаското со предводникот на третата генерација на ИТ компании во светот - Facebook, инвеститорите и бизнис ангелите ја изгубија довербата и интересот за инвестирање во ИТ. Во тој контекст, Wall Street Journal го спореди Facebook со Enron, банкротираниот гигант од Хјустон и го обвини за неетичност. Во право се, но пропуштиле да ги обвинат и барем половината интернет сервиси. Google, т.н. заштитник на правото на пристап до информации, ни го направи животот исклучително богат и интересен. И сето тоа бесплатно. Па каде е мотивот тука? Каде се парите што го движат светот? Не се во огласите, да не паѓаме на таа финта, туку 46

3

ПОРТА

15 јуни 2012

во базата на информации за корисниците. Сте забележале ли дека Google упорно ве бомбардира со огласи, чија тема била предмет на ваше пребарување во скоро време? Јас да. И ужасно ми пречи фактот што сум изложен на неуромаректинг. Секој мој/наш чекор се следи како во шпионски трилер. Тоа е цената за она бесплатното.

Facebook е обвинет за неетичност во справувањето со акционерите, Google за неетичност во следењето на активностите на корисниците. Уште „не знаеме“ кој стои зад Stuxnet и Flame, моќните вируси кои ја имаат честа да бидат запаметени како воините што ја започнаа cyber војната (и го разоружаа нуклеарниот Иран), инаку


технологии

и него/нив ќе ги обвиниме за неетичност. И конечно, неетичност поради интернет измамите на е-криминалците. Иако овие измами заземаат драстични размери, сепак нивниот потенцијал и природа е различен од оној на претходно спомнатите

недостатоци на социјалните сервиси, односно интернет апликациите. Деновиве, наш познат и истакнат деец од областа на архитектурата, доктор на науки патем, беше жртва на интернет измама позната како phishing. Во електронска порака која изгледа дека е пратена од неговата меил адреса, злонамерникот претставувајќи се лажно со украдениот идентитет, испратил порака во која наведува дека бил ограбен во хотел во Велика Британија, по што останал

на зборот fishing (рибарење). Phishing претставува акт на замаскирање, лажно претставување како веродостојна личност или компанија со цел измамнички да се стекнат чувствителни информации, како лозинки и детали од кредитни картички, при што жртвата може да смета дека е логично да ги даде на таков ентитет. Тоа е форма на т.н social engineering (социјален инженеринг), систем на техники кои се користат за да ги измамат корисниците и за да ја искористат ранливоста на веб технологиите кога

компании и сервиси. Дури и можеме да се заштитиме од нив, барем некое време, а сето без да апстинираме од Интернетот. Претпазливоста не се однесува само на нашите приватни, социјални активности на интернет, туку и на оние професионалните. На 6 јуни годинава, најпопуларната професионална мрежа LinkedIn објави дека податоци на 8 милиони свои корисници се пробиени при хакерски упад. Компанијата испрати порака до оние корисници кои се оштетени итно да ги заменат лозинките. Засега нема конкретни информации за штета, но мотивите за нападот сигурно не се поради пубертетот или здодевноста на младата генерација. На површина испливуваат сериозните безбедносни

без пари, па бара да му се испратат околу 2.600 фунти за да може да се врати назад. И се ќе беше во ред, ако пораката не беше на англиски јазик и не беше веќе видено клише, без разлика што злонамерникот се потпишал со вистинското име, титула и мобилен телефон на жртвата. Верувам никој не наседнал на трикот, но би сакал да напоменам дека криминалот преку Интернет зема невидени пропорции и секој мора да внимава. Никој не е имун на ваквите појави. Дури и да немате профил на социјалните мрежи, сосема е можно некој друг случајно или намерно да објави информации за вас, како име и презиме, слика и слично. Сосема доволно за „демначите“. Во конкретниот случај, станува збор за измама од типот phishing, термин добиен преку преиначување

станува прашање на безбедноста. Неетичноста на интернет комуникациите не завршува тука, но овој текст да. Завршува во надеж дека нè пот тикнал да подразмислиме за тоа какви мети претставуваме додека чекориме безгрижно по Интернетот.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

47


експерт

Промовирано највисокото уметничко дело во Британија

Орбита -

симбол на благосостојба и подем Олимписката орбита ArcelorMittal е 114,5 метри висока скулптура на уметникот Аниш Капур и инженерот Сесил Балмонд во соработка со инженерското биро „Аруп“. Како резултат на својата локација и висина се очекува оваа градба да овозможи извонредни погледи до одалеченост од дури 32 километри и да стане своевидна атракција. д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Д

одека организаторите на претстојните Олимписки и паралимписки игри Лондон 2012 ги одбројуваат последните 50-ина дена до почетокот, и олимпискиот факел се пренесува од носител на носител 48

3

ПОРТА

15 јуни 2012

низ земјата, Лондонската корпорација за развој на олимписката оставнина (London Legacy Development Corporation) се подготвува да ја преземе најновата градба во рамките на Олимпискиот парк и да ја подготви за претстојните игри. Олимписката орбита ArcelorMittal е 114,5 метри висока скулптура на

уметникот Аниш Капур (Anish Kapoor) и инженерот Сесил Балмонд (Cecil Balmond) во соработка со инженерското биро „Аруп“ (Arup). Со завршувањето на оваа склу��тура, Орбитата стана највисокото уметничко дело во Британија. Таа е лоцирана на Орбит сиркус (Orbit Circus) во јужниот дел на Олимпискиот парк, помеѓу


експерт

Олимпсикиот стадион и Аква центарот. Како резултат на својата локација и висина се очекува оваа градба да овозможи извонредни погледи до одалеченост од дури 32 километри вклучително со оние од Олимпискиот стадион, Олимпискиот парк, Лондон и пошироко. А секако, се очекува и Орбитата да стане најновата туристичка атракција во Лондон. Иницијативата за создавање на трајно уметничко дело во рамките на Олимпискиот парк била покрената од Канцеларијата на градоначалникот на Лондон. Како резултат на тоа, над 30 уметници со меѓународна репутација биле поканети да ги понудат своите идеи за скулптура со висина до 180 метри. По подолг процес на селекција била избрана Орбитата на интернационалниот уметник и носител на Тарнеровата награда за уметност Аниш Капур. Навистина е тешко Орбитата да се објасни само со зборови без да се види барем на фотографија или цртеж. Станува збор за лесна челична решетка, изработена од кружни профили, која континуирано се врти под влијание на некоја невидлива сила и се има извитоперено во некоја нова статички стабилна форма способна да ја носи кружната платформа која се наоѓа нешто подолу од врвот на скулптурата. Според официјалното толкување на Лондон 2012, станува збор за „спирална црвена структура која успешно го претставува и Лондон и Обединетото Кралство, и истовремено ги рефлектира

петте олимписки кругови“. Предложеното решение за Орбитата било изготвено во соработка со еден од водечките светски градежни инженери Сесил Балмонд од „Аруп“. Капур и Балмонд соработувале на низа проекти во изминатата деценија. Изградбата на Орбитата почна во ноември 2010 година и заврши во април оваа година, по цена од 22,7 милион фунти, од кои 19,6 милиони фунти биле донирани од страна на глобалната компанија за прозиводство на челик „АкролМитал“, која исто така е и спонзор на Олимписките и параолимписките игри, а преостанатите 3,1 милион фунти биле од Лондонската агенција за развој. Во изградбата на оваа скулптура биле употребени 560 должни метри црвено обоен челик со кружен профил. При ова 60 проценти од 2.000 тони употребен челик биле од рециклиран материјал со цел да се нагласи дека челикот е еден од матријалите што лесно може да се рециклираат. Орбитата, која е 22 метри повисока од Статуата на слободата во Њујорк, не е осмислена само како репер и скулптура. Таа исто така е осмислена и како туристичка атракција и како доживување. Откако ќе поминат низ малиот и интимен влез на орбитата, посетителите ќе се упатат кон стаклениот лифт кој само за 30 секунди ќе ги искачи до платформата-видиковец што се наоѓа 85 метри над нивото на влезот. Од таму посетителите ќе имаат можност да ги доживеат спектакуларните погледи на Олипискиот парк и Лондон кон надвор или пак кон подножјето на скулптурата, при што последното се препорачува само за оние со „силни нерви“! За да го завршат доживувањето, посетителите ќе имаат можност да се симнат пеш низ спиралните скали со 455 скалила кои водат кон излезот, а кои се вртат околу скулптурата, со што ќе им се овозможи да почуствуваат дека тие орбитираат околу скулптурата симнувајќи се по неа. Орбитата ArcelorMittal веќе има предизвикано доста контраверзни реакции и опречни мислења помеѓу оние што се за или пак против скулптурата – дури некои ја споредуваат и со „трн во око“. Исто така, не помалку контравезрни беа критиките упатени од стана на авторот Аниш Капур до ораганизацијата задолжена за управување со објектот заради високата влезница која ќе се наплаќа на посетителите од 15 фунти (околу 18 евра) по лице. Станува збор за мошне скапа влзеница за 30-минутно доживување. Според планираното, се очекува максималниот капацитет на Орбитата да биде околу пет илјади посетители на ден,

односно 400 до 600 посетители на час вклучително со полн пристап за лицата со посебни потреби. Долгорочните проценки се дека Орбитата како туристичка атракција ќе биде во можност да генерира приход од околу 10 милиони фунти годишно и да обзебеди создавање на 50 нови работни места од кои 85 проценти се очекува да бидат пополнети од локалното население. Орбитата е отворена за посетителите до завршувањето на Олиписките и параолимписките игри кога времено ќе се затвори до карјот на 2013 или почетокот на 2014 година за да се завршат дополнителните работи на скулптурата, што ќе ја овозможат нејзината трајна намена на туристичка атракција и место за изнајмување во кое ќе можат да се организираат настани. Дополнителна атракција за Орбитата ќе претстатвува додавањето на 250 индивидуално контролирани светилки во различни бои, а со цел да се добие дигитална комбинација на статичко и анимирано 15-минутно осветлување кое секојдневно ќе се презнтира секоја вечер по завршувањето на игрите. Според градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, „оваа 114,5 метри висока атракција која ги надвишува ривалите низ светот е визит карта за инвестирање во источен Лондон. Таа е симбол на благосостојба и подем, поддржана од еден од најдобрите деловни лидери во светот, кој испорачува силна порака дека овој дел на Лондон е отворен за бизнис по децении на запоставеност“.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

49


екологија

Светски ден на океаните

Да ги спасиме морињата Заштитата на светските океани и на крајбрежните зони ќе биде меѓу приоритетите на Самитот на Обединетите нации за одржлив развој (Рио+20)...

Сашо Кузмановски

Н

а пет континенти аквариумите, научните центри, училиштата и невладините организации на 8 јуни го одбележаа Светскиот ден на океаните. Денот ги слави океаните и животот што го поддржуваат, во водата и на копното, а наменет е да ги поттикне обичните луѓе и официјалните лица да преземат мерки за нивна заштита. Темата на прославата за оваа година е „Младост: новиот бран на промени“. Одбележувањето на денот во 50 земји ширум светот вклучи акции за чистење на плажите, натпревари на најдобри фотографии и видеа од морскиот свет, игри,

50

3

ПОРТА

15 јуни 2012

уметнички работилници и предавања. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) уште минатата година предупреди, меѓу другото, дека повеќе од 40 вида риби во Средоземното Mоре може да исчезнат во наредните неколку години. Во слична позиција се наоѓаат и другите светски мориња, како резултат на загадувањето на морската вода, влијанието на климатските промени и прекумерниот и неконтролиран риболов. Најголемата меѓународна организација посветена единствено на заштита на океаните, заштита на морските екосистеми и на загрозените видови „Oceana“, пак, неодамна

го објави својот извештај „Да ги спасиме океаните - да го нахраниме светот“ во кој се нагласува дека заштитата на светските океани може да помогне да се прехранат 9 милијарди луѓе, што се претпоставува дека ќе живеат на Земјата до 2050 година. „Може да го решиме светскиот проблем со недостиг на храна преку обновување на риболовот. Само 25 земји во светот обезбедуваат дури 75 отсто од морскиот улов и се дом на речиси половина од 925те милиони ненахранети луѓе во светот. Решенијата за недостигот на храна по правило се бараат во земјоделството, но продуктивноста во оваа гранка


екологија

- да го нахраниме светот

... што ќе се случува во Бразил, кон крајот на овој месец. Светските организации нагласуваат дека токму во заштитата на океаните и на светските мориња лежи решението на проблемот со недостигот од храна во светот.

деновиве е турната до самата граница на можностите. Океаните имаат неискористен потенцијал како извор на храна“, се вели меѓу другото во нивниот извештај што може поопширно да се прочита на http:// oceana.org/en/news-media/publications/ reports/save-the-oceans-feed-the-world Од организацијата на Светскиот ден на океаните посочуваат неколку придобивки што планетата Земја ги има од океаните, а поради кои треба да го прославуваме овој ден и да ги заштитиме океаните: - овие водни басени го генерираат најголемиот дел од кислородот што го дишеме;

- ни помагаат да се прехраниме; - ја регулираат светската клима; - ја прочистуваат водата што ја пиеме; - ни нудат широка лепеза на потенцијални лекови; - нудат неограничена инспирација. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во својата порака по повод Светскиот ден на океаните, истакна дека човештвото треба да направи многу повеќе за заштита на светските океани. „Заштитата на светските океани и на крајбрежните зони е меѓу приоритетите на Самитот на Обединетите нации за одржлив развој (Рио +20) што ќе се случува

во Бразил, кон крајот на овој месец. Рио +20 мора да ги мобилизира Обединетите нации, владите и другите партнери да го подобрат раководењето и заштитата на океаните преку иницијативи да се намали прекумерниот риболов, да се подобри заштитата на морските екосистеми и да се намали загадувањето на океаните и влијанието на климатските промени“, констатира Бан Ки-мун во своето обраќање. Светскиот ден на океаните годинава го одбележува својот неформален 20-годишен јубилеј, а под капата на Обединетите нации се прославува како глобален настан од 2008 година.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

51


екологија

Реставр��ција на реки

Промена на парадигмата за управување со речните екосистеми При планирањето на реставрациите треба да се оцени на кој начин и до кој степен се изменети процесите во сливот, па во согласност со тоа да се дефинираат реставрациските цели и да се развие соодветен пристап м-р Димитрија Сековски, дипл.инж.на жив.средина

Економските потенцијали и заштита од штетното влијание на реките – причина за модификација и деградација на реките

Реките отсекогаш биле предмет на човечки интервенции заради управување со нивните води, заштита од поплави, обезбедување на премини, искористување на хидропотенцијалот итн. Но, модификациите на реките, мотивирани во најголем дел од обезбедувањето на краткорочна економска корист, многу малку ги вклучувале во себе прашањата околу нарушувањето на животната средина. Потецијалните ефекти од овие промени, вообичаено, не биле соодветно проценувани, станувајќи на тој начин главна причина за деградација на речните екосистеми. Не постои хармонична врска помеѓу природната состојба на реките и потребата од нивно искористување од страна на човекот. Тоа всушност е главниот мотив

за спроведувањето на низа структурни мерки насочени кон приспособување на оваа природна „нерамномерност“ кон одредени општествени или економски цели.

Структура, функции на реките и промени од антропогените влијанија

Еден речен екосистем се состои од сите биотички и абиотички компоненти на средината поврзана со реката, вклучувајќи ги и луѓето. Тој не ги опфаќа само водните живеалишта во речното корито, туку и сите други елементи на речниот слив. Реката се карактеризира со своја хидрологија, режим на нанос, морфологија и биотички заедници и како таква претставува интегрална целина на сите процеси во рамките на сливот. Поради ваквата структурна и функционална поврзаност на одделните биотички и абиотички елементи, секоја надворешна интервенција која придонесува кон промена на некој од тие елементи, неминивно ќе предизвика нарушување

Сл 1. Приказ на елементите на речниот систем и нивната структурна поврзаност 52

3

ПОРТА

15 јуни 2012

на природно воспоставената рамнотежа на екосистемот. Светското, но и нашето искуство покажува дека многу реки и сливови се значително деградирани од интензивното влијание на човекот. Активностите поврзани со контролата на поплавите, стопанисувањето со шумите, изградбата на патишта и железници, изградбата на брани и акумулации, земјоделскиот развој, рударството и урбанизацијата можат да имаат значителни ефекти врз геоморфологијата и хидрологијата во сливот, како и квалитетот на водите. Доколку притисокот од овие влијанија го надмине „носечкиот капацитет“ на екосистемот, тогаш доаѓа до нарушување на неговата структура, природни функции и вредности.

Реставрацијата како управувачки пристап

Здравите и самоодржливи речни системи обезбедуваат многу важни еколошки и општествени функции и услуги од кои зависи и самиот живот на луѓето. Во идеален случај со реставрацијата, деградираната река и соседните екосистеми треба да се вратат во нивната првобитна состојба. Ова вклучува обновување на природните услови за обезбедување на потребниот квалитет на водата, седиментите и режимот на течење, геометријата на речното корито, автохтоните водни организми и крајбрежниот терен. Сепак, целта на реставрацијата треба да се разбере како посакувана состојба, и визија, бидејќи таа ретко може да биде постигната во целост. Причини за тоа се иреверзибилниот карактер на некои од деградациите, како и колизијата со други општествени цели кои во моментот повисоко се вреднуваат. Поради тоа активностите и мерките планирани со реставрацијата мора да бидат флексибилни, така што ќе одговараат на индивидуалниот речен систем, зависно од неговиот еколошки статус, како и изворите и големината на главните притисоци.


екологија

Сл 2. Типичен пример на продлабочено корито кое го изгубило контактот со својата природна поплавна рамнина

Разлики помеѓу реставрацијата и конвенционалната речна хидротехника

индустриската револуција, која паралелно со технолошкиот развој ја развиваше и идејата дека природата може да се „освојува“ и експлоатира за потребите на човештвото. Градежништвото, а со тоа и речната хидротехника беа гледани чисто како инструменти и прекурсори за економски развој. Хидроинженерите ги користеа новите

и преградување на реките, со цел да ги користат поплавените рамнини, да ги наводнуваат полињата, да генерираат електрична енергија или да ги подобруваат условите за пловидба. Хидротехничкото инженерство беше базирано единствено на механиката на флуидите и практичното искуство во хидрауликата на наводнувањето, одводнувањето, пловидбата и сл. Во тие услови на реките се гледаше како на „дезорганизирани системи“ кои треба да се симплифицираат со цел да можат да се анализираат со рамките на достапните математички равенки и модели. „Доказите“ против конвенционалниот пристап беа обезбедени од две научни дисциплини кои стандардно беа исклучувани од практиките на речната хидротехника. Тоа се флувијалната геоморфологија (наука за формирање и еволуција на реките), која се развиваше скоро независно од речната хидротехника и екологијата. Сиот овој развој всушност лежи во основата на појавата на реставрацијата на реките како пристап. Главните разлики помеѓу двата управувачки пристапи се претставени во следната табела.

Зголемувањето на интересот за реставрација на реките во поново време е резултат на фундаменталната промена на начинот на кој општеството ги вреднува реките и нивните сливни подрачја. Управувањето и реставрацијата на реките на начин кој ќе овозможи одржување на нивните еколошки функции, сè повеќе го зазема местото на поранешниот пристап базиран исклучиво на искористување на речните ресурси. Во такви услови, развојот на инженерската професија чија главна цел е да придонесува кон достигнувањето на општествените цели, сега го има за главен предизвик изнаоѓањето на баланс и надминувањето на конфликтите Сл 3. Најефективните проекти за реставрација лежат во пресекот на двете парадигми - речната на трите примарни оски на успех (општествен и еколошки успех и хидротехника и реставрацијата. придобивки за научниот развој) Основата на претходниот пристап на „неограничено“ искористување сознанија на науката за да развиваат методи на речните ресурси може да се бара во за контрола, пренасочување, канализирање  Табела 1. Сумарен приказ на главните разлики помеѓу пристапите на речната хидротехника и речната реставрација

Разлики помеѓу речната хидротехника и речната реставрација Речна хидротехника (инженеринг) Речна реставрација - единствена намена - повеќекратни цели - инженерска експертиза - интердисциплинарна експертиза - фокус на структурни/градежни мерки - континуирани интервенции - на ниво на речен потег/делница - на ниво на речен слив - хидрауличка временска рамка - геоморфна временска рамка - мониторингот е „надворешна“ активност - мониторингот е составен дел - ограничена одговорност и отчетност - долгорочна посветеност и одговорност - одржувањето не е дел од проектот - одржувањето е управувачка активност

3

15 јуни 2012 ПОРТА

53


екологија И покрај очигледните концепциски разлики на двата пристапи, во практика е потребно да се изнаоѓаат допирни точки, со цел да се проектираат интегрирани и избалансирани технички решенија, кои ќе можат да одоговорат како на економските потреби, така и на заштитата на животната средина.

еколошки базирана реставрација

Изборот на реставрациските мерки е секогаш различен и се базира на типот и големината на оштетувањето, начинот на користење на земјиштето во рамките на сливот, големината и поставеноста на реката, но и потребите и целите на засегнатите страни. Дури и во случаи на изразени ограничувања, секогаш постојат алтернативи кои се повеќе или помалку еколошки одржани. На следната табела се прикажани четири примери за еколошки прифатливи наспроти помалку прифатливи реставрациски алтернативи. Табела 2. Примери за ефективни и неефективни управувачки решенија

Пример

Еколошки ефективно решение

Еколошки неефективно решение

1.

Зголемување на поплавите поради урбанизација

Создавање на водни живеалишта (wetlands) во поплавената рамнина за задржување на површинското отекување и загадувачките материи и подобрување на инфилтрацијата

Заштита на инфраструктурата со примена на чисто инженерски решенија како ѕидови од бетон и камен или рипрап

2.

Недостаток од дрвна маса во речното корито и дрвја на бреговите поради нивно искористување

Соодветно управување во шумарството со што ќе се дозволи да се развие крајбрежната дрвна вегетација како извор за дрвна маса во речното корито

Внесување на дрвна маса со помош на механизација која може да направи трајни штети на крајбрежната вегетација

3.

Прекината врска помеѓу речното корито и поплавената рамнина

Приспособување на наклонот на коритото, пробивање или проширување на насипите

Периодично продлабочување (прокопување) на коритото (скапа, еколошки неефективна мерка поради нар��шувањата и потребата од одржување)

Нарушувања од прегради и брани и повлекување на вода

Имитирање на природниот хидрограм на протокот (со тоа се обезбедуваат услови за мрестење на рибите, високи протоци за регенерирање на нутриентите и одржување на коритото и поврзаност со подземните води)

Обезбедување единствено минимален проток

4.

ограничувања за Примена на реставрацискиот ПристаП

Успехот на реставрациските проекти зависи од разбирањето на поширокиот контекст и процесите. Тоа би значело дека при планирањето на реставрациите, прво е потребно да се оцени на кој начин и до кој степен се изменети процесите во сливот, па во согласност со тоа да се дефинираат реставрациските цели и да се развие соодветен пристап. Функционалните реки придонесуваат кон квалитетот на живот на луѓето преку неколку димензии вклучувајќи ги естетската, интелектуалната, општествената, физичката итн. Сепак, основниот концепт кој сè уште преовладува при управувањето со реките е економскиот поглед кој се залага за постојана и експанзивна конверзија на природниот капитал во монетарна вредност. Овој поглед всушност ги диктира и сите ограничувања за реализација на реставрациските проекти чија цел е подобрување на еколошките функции на системот. Спроведувањето на реставрациските проекти, особено оние од поголем обем е невозможно, а со тоа и неоправдано без обезбедување на широка поддршка од страна на сите засегнати страни. Примената на овие сознанија во нашиот контекст е од непроценлива важност, доколку заедничката цел е избегнување на деградацијата на екосистемските вредностите. Одлуката за интервенција во кој било речен систем треба да биде резултат на опсежни интердисциплинарни анализи, кои ќе ги земат предвид хидролошките, геоморфолошките и еколошките аспекти. Ова е особено важно ако се има предвид зголемениот притисок врз речните екосистеми кај нас, како резултат на потребите од развојот. Концептот на реставрација и интегрирано управување со реките на ниво на сливно подрачје нуди можност за изнаоѓање на избалансирани решенија.  54

3

ПОРТА

15 јуни 2012


екологија

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!

ОХРИД О ХРИД - Билјанини Билјанини Извори Би Извори

СКОПЈЕ - Под Водно

– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

СТРУМИЦА - Парк

- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

Деловни простории - Имотен ен лист ли

СКОПЈЕ -Ново Лисиче

- АДОРА А Инженеринг-Скопје според пропишаните услови проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, услови на прое овозможува да бидете сопственик на Ви овозм ви високо-квалитетен функционален стан изграден по св светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стаб стабилност. -А АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.

СКОПЈЕ -Карпош

СКОПЈЕ- 50 Дивизија ја

СКОПЈЕСКОПЈЕ- Ново Лисиче СК

- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.

СКОПЈЕ - Аеродром

СКОПЈЕ -50 Дивизија

СКОПЈЕ-Црниче

- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!

Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 02 3093 200, 02 5215 215, 072 204 024, 070 365 738, 075 240 003 Охрид 075 244 244 Струмица 034 523 335, 072 228 026

sales@adora.com.mk info@adora.com.mk

15 јуни 2012 ПОРТА3 www.adora.com.mk

55


хортикултура

ПРВ САЕМ ЗА ЦВЕЌЕ И ХОРТИКУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

BITOLA IN THE BLOOM Филип Филипоски, дипл.шум.инж.,

П

о првичното одложување на датумот на одржување, конечно дојде денот на долгоочекуваниот саем за хортикултура во Битола. Се работи за прв ваков настан кај нас кога е во прашање развојот на хортикултурата и нејзините идни и развојни претпоставки. Така, во организација на „Божиловиќ продукција“, во дворот на Офицерскиот дом се појавија повеќе домашни фирми кои се занимаваат со хортикултурно уредување, производство, увоз и извоз на цвеќе и декоративни садници, семенски материјали и механизација. Пеколно жешкото време не ги спречи посетителите на 9 и 10 јуни да уживаат во сите изложени експонати, да се запознаат од поблиску со компаниите што изложуваат, со што се докажа уште еднаш дека во Македонија луѓето едноставно го обожаваат цвеќето и декоративните растенија. Посебна свежина на саемот дадоа големиот број на дечиња од градинките „Мајски цвет“ и „Естреја Овадија Мара“, кои својата непосредна радост и среќа ја пренесоа на сите посетители. Исто така, треба да се спомене дека беа презентирани нови техники на изработка на оригами и канзаши, кои претставуваа вистинска атракција. Како изложувачи се јавија десетина учесници, меѓу кои расадник „Христовски“ од Могила, гарден центар „Хоста“ од Битола, ЈП „Комуналец“ - Битола, расадник „Вукадиновиќ“, потоа „Хорти Експерт“, „Евгениј семенара“ и одличната фарма за цвеќе „Китка“ од Скопје. Иако овој саем се случува за првпат на овие простори, тој претставуваше одлична можност за презентација на нашите фирми кои се занимаваат со оваа дејност, едукација за посетителите, како и можност за деловни соработки. Како резултат од овој саем, можеме да констатираме дека на Македонија и се потребни ваков тип на манифестации бидејќи има луѓе и фирми кои се заинтересирани да го развиваат овој убав бизнис и хоби, па затоа се надевам дека овој саем ќе прерасне во традиција, а во иднина и бројот на изложувачи би се зголемил повеќекратно.

56

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Биро Проект ДОО, Скопје

Грбот на Битола изработен од цвеќе поставен на влезот од градот


хортикултура

3

15 јуни 2012 ПОРТА

57


екологија

IZIIS SAGA-B Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b

58

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

3

ПОРТА

15 јуни 2012

Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163


АРЕНА „ПИНЕЈКЛ БЕНК“, Небраска, САД

спортски храмови

Сала со многу можности

Н

ебраска наскоро ќе добие нова модерна спортска арена. Локалниот колеџ кошаркарски тим од Линколн, конечно ќе може да се пофали со нова арена со зголемен капацитет до 16.000 места, лоцирана во една од комерцијалните области во градот,

Сашо Кузмановски во близина на еден стар и запуштен центар каде биле лоцирани повеќе складишта. Вредноста на новата спортска убавица во Небраска ќе надмине 180 милиони долари, а отворањето на новиот објект е најавен за летото 2013 година. Просторот на кој се гради арената „Пинејкл Бенк“ (тоа е името на новиот објект) остава место

за изградба на уште една помала арена, но сега-засега таа не е во плановите на проектот. Ако биде опфатена изградба и на втората арена, цената на целиот проект ќе стигне и до 340 милиони долари, што засега е преголема инвестиција за Линколн. Во непосредна близина на арената е оставен простор за изградба на два хотели, административни објекти со отворен канцелариски простор, но и станбени објекти. Исто така, во доработката на проектот е опфатена изградба и на мал бејзбол стадион. Во деталите на проектот стои дека капацитетот на седишта за следење на настаните во новата арена „Пинејкл Бенк“ ќе се менува во зависност од настаните. Најголем капацитет ќе има за кошаркарски средби (16.000), за одбојкарски настани максимум до 15.300 места, за хокеарски средби до 12.700 места. За концертни и бокс спектакли, капацитетот ќе се движи околу 14.600 места. По примерот на НБА арентите, и оваа арена во Линколн ќе има 36 ВИП апартмани, како и два приватни клуб локали. Инвеститор е градот Линколн, додека со објектот ќе стопанисува групацијата СМГ од Пенсилванија.

ФАКТИ за АРЕНА „ПИНАКЛ“ - Линколн, Небраска Капацитет: 16.000 места Период на изградба: 2009 - 2012 Цена на градба: 180 милиони долари Придружни објекти: 36 ВИП апартмани, 2 приватни ��луб локали, можност за изградба на помала арена Дизајн: DLR Group, BHN (ArENA Exterior) Инвеститор: Град Линколн, САД

3

15 јуни 2012 ПОРТА

59


совети

СОБА ВО СОБА

Нашата дневна соба, со димензии 5,20 x 4,20 м, треба да биде и дневна и спална соба. Дали е можно двете функции да се организираат во овој простор, а воедно во него да се овозможи и сместување на гардеробата и многуте други употребни и лични предмети? Семејство Симоновски, Скопје

Г

лавна карактеристика на една ваква соба би била флексибилноста на две целини. Всушност, дел од дневната соба се одделува за гардероба опремена со полици, фиоки и закачалки. Во нишата што е воедно и преграда се сместува лесен, комфорен двосед со две намени - дење за удобно седење а ноќе за спиење. Во гардеробата се влегува лево и десно од двоседот. Отворите се маскираат со декоративни завеси. Освен расклопниот двосед, собата е опремена со уште две седалки, клупска масичка и оригинален, едноставен, функционален ѕиден систем (бели полици на бела површина на ѕидот) за книги, телевизор и украси. Декоративните завеси, перничиња, килимот и големата слика над двоседот го нијансираат изгледот на просторот. Собата во целост е дефинирана со природни бои и природни материјали. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх., bsavic@porta3.com.mk

60

3

ПОРТА

15 јуни 2012


најчудни градби

МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС НА ВИСОЧИНА ОД 1200 МЕТРИ

П

остојат многу примери за изградени верски или религиозни објекти, кои можат да бидат дел од оваа рубрика, со оглед на умешноста на изградба, но од аспект на пристапноста и опасноста, можеме на прсти да преброиме објекти низ светот кои можат слободно да влезат во оваа листа. Во Турција, во провинцијата Трабзон, во долината Алтиндере се наоѓа манастирот Сумела, што во превод значи Света, а всушност станува збор за синоним за сакрален обjект изграден во чест на мајка Богородица. Изграден е во 386 година, во времето на Императорот Теодосиј Први. Легендата вели дека заслужни за неговата изградба се двајца свештеници кои во пештерското вдлабнување пронашле чудотворна икона на Богородица. Манастирот се наоѓа на височина од 1200 метри и надворешните ѕидини на објектите гледаат директно кон подножјето, кое е под агол од 90 степени. Во шести век манастирот бил проширен од страна на генералот Блеисариус и посветен на Јустинијан, но својата сегашна форма ја добил во 13 век. Најважно е што по освојувањето на отоманскиот султан Мехмед Втори во 1461 година, добил статус на заштитено национално богатство за кое султанот дал средства за обнова и реставрација. Во целата своја историја, манастирот бил напуштен само еднаш, во 1923 година,

Драган Ристов

по руско-турската војна од 1916 година. Сепак, монасите ја спасиле легендарната икона и успеале да ја вратат подоцна. Денес манастирот служи како туристичка атракција, заради религиозната важност но и заради атрактивноста на објектот, изграден на самиот раб на карпите. Во 2010 година била дозволена православна литургија, која со децении не била оддржана во манастирот, а оваа година турските власти одвоиле нови финансии за нова реставрација на манастирот Сумела. Главни елементи на објектот се камената црква, неколку капели, кујна, соба за студенти, гостинска соба, библиотека и светилиште во кое сè уште работат православни грчки свештеници. Главниот аквадукт се наоѓа на влезот и тој обезбедува вода во манастирот. Тој се наоѓа веднаш до самиот раб на објектот. Влезот во манастирот е преку тесни и стрмни скалила до кои се наоѓа стражарница. Од таму скалилата се спуштаат во внатрешниот двор. На левата страна, веднаш пред влезот во пештерата, има неколку манастирски објекти, а главната црква се наоѓа всушност во пештерата. Десно од неа е библиотеката. Големата просторија која има балкон и се наоѓа над потпорниот ѕид била спална соба на монасите, а од 1840 година се користи и за гости. Иако станува збор за христијански објекти, со реставрациите Турците се обиделе да и додадат и некои исламски елементи, но тоа е минимално. Надворешниот и внатрешниот

ѕид на главната капела содржат многу стари фрески кои датираат од времето на Алексеј Трети. На одредени делови се откриени дури и три слоја, што укажуваат на три периоди на фрескосликарството во овој манастир. Голем дел од нив се оштетени, а тематиката на фреските зборува за Богородица и Христос.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

61


арт инфо

ИЗЛОЖБА НА ФРЕСКИ ОД СТОБИ

Глодачот од Стоби, пророкот Данаил Поставката прикажува дел од ѕидното сликарство на Епископската базилика со... Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност

уникатна сцена на стаорец како демне глувче, доцен IV или ран V век

Христов монограм со венец, втора половина на IV век

Исцеление на немиот (детаљ), втора половина на IV век

мермерниот кантарос во кој се вршело крштевање, ран VI век

И

мате чувство како да сте во црква, а не во изложбен простор. Како да се враќате векови наназад, во првите години од христијанството. Вака ја доживеаја оние што ја погледнаа изложбата на фрески од Епископската базилика во Стоби во просториите на Народна банка на Р.М., која е отворена за посета. Фреските што биле

62

3

ПОРТА

15 јуни 2012

декорација на Епископската базилика во Стоби, а кои биле насликани во неколку фази, имаат сцени карактеристични за ранохристиjaнството, но и некои специфични претстави. Се работи за исклучителни парчиња, ако се земе предвид од каде тие потекнуваат. Градот Стоби во IV век станал епископско седиште, а со тоа и жариште на христијанската мисла. Освен големата епископска базилика, биле

изградени повеќе цркви, кои биле места од каде што се примало новото учење, а коишто пренесувале порака за спасение. Такви се темите од мозаичните декорации, а слични се и оние од фрескосликарството. Претставата со двете јагниња околу изворот, која потекнува од втората половина на IV век, а која била декор на источниот ѕид на базиликата, е всушност претстава на катехумените, оние што ќе ја примат


арт инфо

и Матеј пред очите на јавноста ... уникатни сцени, меѓу кои претставата на стаорец кој демне мало глувче декорација од јужниот ѕид на базиликата, втора половина на IV век

христијанската вера. Пиејќи од крстената вода тие си обезбедуваат вечен живот. Пророкот Данаил во лавовската јама, пак, е слика на моќта на верата. Пророкот поради својата вера бил фрлен кај бесните лавови, но со молитва успеал да се ослободи. Меѓу изложените фрески има и еден мозаик со претстава на кантарос со винова лоза и потпис на епископот Евстасиј, оној што ја обновил црквата. Мошне интересна е претставата на глодач (стаорец) кој демне мало глувче, која била нaсликана на западниот пиластер од базиликата, на преминот од IV во V век. Историчарката на уметност Елизабета Димитрова

сцената ја објаснува како единствена во ранохристијанската уметничка продукција, додавајќи дека „налутениот стаорец“ отвора нови хоризонти во проекцијата на симболичните визуелни пораки. Меѓу сликите има и сцени од Христолошкиот циклус и еден голем сад-кантарос во кој се вршело крштевање. Оваа изложба, која ја организираа Националната установа Стоби и Народна банка на Р.М., се реализира во рамки на 20-годишнината од монетарната самостојност на Народна банка на Р.М. Таа е финален резултат на проектот „Конзервација и реставрација на Старата епископска базилика во Стоби“.

3

15 јуни 2012 ПОРТА

63


излог

i SALoni 2012, милано

4 5

3

64

3

ПОРТА

15 јуни 2012


излог 1

1. Неправилни коцки во функција на масичка или комода која дава различно чувство во зависност од аголот на гледање. Материјалот е фурниран медијапан. Дизајнирана е од Front за фирмата Porro. 2. Софата giulia е направена од метални ногалки и тапацирана ткаенина. Нејзиниот дизајнер ilia Potemine е познат по асиметричните форми. 3. Подна ламба од иверка, претставена од Chilean design. 4. Иновативна масичка направена од два независни дела кои можат да се одвојуваат, полиетилен и цемент како база на масичката. Дизајнот е на Alma design. 4. Масичка чандигар од doshi Levien за moroso. Ногалките се обоен метал, а основите комбинација на мермер и стакло.

подготви: Сандра ДоНЧЕва ТЕоХарова, дипл.инж.арх.

2

3

15 јуни 2012 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 64/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА СО ПРАТЕЧКИ ОБЈЕКТИ“ КО ГОРНО И ДОЛНО ОРИЗАРИ, ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА “ЛЕСНА НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА“ КО БАШИНО СЕЛО, ОПШТИНА ВЕЛЕС ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС – БЕТОЊЕРА СО ПРАТЕЧКИ СОДРЖИНИ ЗА КО ДОБРОШАНЕ, ОПШТИНА КУМАНОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА КАПАЦИТЕТ ЗА “ПРОИЗВОДСТВО СУВИ МАТЕРИЈАЛИ – ЛЕПИЛА“ КО ОКТИСИ – ВОН ГР.Р. ОПШТИНА СТРУГА ОБЈАВА БР. 1 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАК��ДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА БРОЈ 8 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 65/2012

ОБЈАВА БР. 01/2012 (22.05.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ, СТОВАРИШТА ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 67/2012

ОБЈАВА 02/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 7 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БР. 1/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

ПИШУВАЈ

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ СЕ!

Т ОМО ОДР ЛИКИ“ Р Е А Р ВЕ ЛИК се В А џамија ќе АНД СО НО ШУар С ЌАенатиате генерации К Е К Л дн Ии ВАва за „А за ПРчу ДСК Марио Бота БРОЈНЕРИ Д О НТЕ ИЈА Преку јазикот просторот,и КО ЕДОН т насветлината н МАК е та О В би геометрија

ам рв лив ниот в р о лат овт Неп под з

КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО

ина VII 21.10.2011 год

ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО ТЕ АРХИТЕКТУР ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А АРХ ОГИЈ Л ЕКО

ам комуницирата со публик

168 / ПЕТОК

1 годи на VII

www.porta3.com.mk

4.11.2 01

15 јуни 2012

90 денари / БРОЈ

3

ПОРТА

VII

66

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

„Л ЗАСОЛ ИНА“ НИШТ О Е

120531_


рубрика ГЕЦЕ ГмбХ - Германия | ТП, ул. Пирински Проход, No.61 | Вх.Б, ет.4, офис 5 | София, 1680 | Тел: +359 2 470 4373, Факс: +359 2 470 6262 |

СИГУРНОСТ ПРИСТАПНОСТ

GEZE Автоматски системи за врати - Неограничени можности за вашите решенија за врати Опсег на лизгачката врата Slimdrive: Минимализмот и перфекцијата се блиски пријатели. Малата висина на конструкцијата овозможува речиси невидлива интеграција со фасадата. GEZE е германски производител со престижниот наследство на иновативни системи за врати и прозори. GEZE е основана во 1863 година и е фамилијарен бизнис.

Технологија на врати | Системи за автоматски врати | RWA и системи за вентилација | Сигурносна технологија | Системи за стакло

BEWEGUNG MIT SYSTEM

3

15 јуни 2012 ПОРТА 120531_AD_Slimdrive EMD-F_235x285.indd 1

67

31.05.2012 16:27:49



Порта3 број 185