Issuu on Google+

ОД ЦРН ПЕТОК ПРЕКУ САЈБЕР ПОНЕДЕЛНИК, ФРЕНЕТИЧЕН ПЕТОК И ПАНИЧНА САБОТА ДО БОЖИЌ

90 денари / БРОЈ 173/174 / ПЕТОК 30.12.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

БРАНИСЛАВ МИТРОВИЌ

Целиот живот е проткаен со мали копнежи за некои работи кои не се случиле

Револуционерна пролет во архитектурата СРЕЌНА НОВА 2012 година


www.porta3.com.mk

Ј А

В У В

Ј А

! Е

У С Т Ш И О И Т Б А А П Р ПЛ 0 0 О Т С Е 8 и

р на

де

а т ла

п т е

Р П

на

пр

ш и д

ОТ РОМКИ“ Д О АЕР Р ВЕЛИ ЛИК ДА НОВ рАената џамија ќе се Н СА ШаЌ СО рации К Е А КУ КИидните гене „АЛ за С ПРчВувОаДза Марио Бота РИ БР ОД НТЕЈНЕИЈА Преку јазикот т, КО ЕДОН на просторо та К на ли т А ет н св метријатаи М ВО бие гео

го

м в ив а иот вр л р о латн овт Неп под з

КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО

ина VII 21.10.2011 год

ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО УР КТ ТЕ И РХ ТЕ А ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А Соработувајте АРХ ОГИЈ Л ЕКО

промотивна цена за студенти 800ДЕН.

на VII

за повеќе информации 11 годи

porta3@porta3.com.mk

.11.20 9 / ПЕТ ОК 04

а VII дин 1 го 201

жиро сметка: 300000001995035 Комерцијална банка АД Скопје

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани... Ве очекуваме!

168 / ПЕТОК

90 денари / БРОЈ

уплати на:

рам комунициката со публи

КИ

мир НИКОЛОВС проф. д-р Тихо

а

от Закон з

ВА!

02 3109 311

www.porta3.com.mk

„Л ЗАСОЛ ИНА“ ОД ПР НИШТЕ ИР КАТАС ОДНИ ТРОФ И


БРОЈ 173/174 ПЕТОК 30.12.2011

ГОДИНА VII Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, целата енергија и да имам морална и човечка обврска и желба мојот објект да биде на повисоко ниво отколку што е мојата цена“, вели архитектот Бранислав Митровиќ, професор на Архитектонскиот факултет во Белград. Во центарот на најголемиот град во Финска, Хелсинки, се наоѓа најпрометниот плоштад во земјата, Наринка, низ кој илјадници луѓе поминуваат секојдневно. Во срцето на овој плоштад се гради мала капела која има за цел да понуди, барем накратко, мир во мислите на минувачите што ќе ја посетат. Токму затоа е наречена Капела на тишината. Како основен материјал за конструкцијата, фасадата и ентериерот е избрано, секако, дрвото. Според Мајкл Соркин, кој го воведува терминот генерички урбанизам, и Колхас кој го креира терминот „генерички град“, градот станува генерализиран. Начинот на кој се градат аеродромите, насекаде се исти, без идентитет, без центар, без историја... Колхас се обидува на својот делумно ироничен, делумно циничен начин да го види ослободувачкиот потенцијал на ваквите градови. Тоа е вмрежен град, технолошки град, односно град со кој владее логиката на капитализмот. Скопје е генерички град.

ГРАДЕЖНИШТВО 12 ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК И ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА

Насловна страница: ГОЛЕМИОТ ЧАСОВНИК ВО МУЗЕЈОТ ОРСЕЈ, ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Весна КОСТОВСКА

ОД ЦРН ПЕТОК ПРЕКУ САЈБЕР ПОНЕДЕЛНИК, ФРЕНЕТИЧЕН ПЕТОК И ПАНИЧНА САБОТА ДО БОЖИЌ

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 173/174 / ПЕТОК 30.12.2011 година VII

Годинава што изминува е карактеризирана со големи протести, најпрво започнати од продавачот на овошје во Тунис, а потоа проширени низ целиот арапски свет, за да кулминираат со големите бунтови во земјата симбол на античката и модерната демократија - Грција, родното место на овој политички систем и на Соединетите Американски Држави, место признаено по антономасија, каде многумина го окупираа Вол стрит. Сега дури и еврозоната е во ризик. И архитектурата сега треба да се соочи со еден голем проблем - недостиг на извори, но во исто време таа е и машина која мора да продолжи да оди понатаму, сигурно не може да умре на ваков начин, затоа што е дел од човечките потреби. Можеме ли да зборуваме за потребата од револуционерна пролет во архитектурата? „Архитектурата мора да биде високо етична, морална и принципиелна. Таа мора да биде тврдоглава до одредени граници ако го брани базичниот квалитет. Јас не сум да војуваме со инвеститорите и да им помогнеме сами да си го соберат она што го произведуваат. Професијата треба на прав начин да му помогне на инвеститорот, мора да постои заедничка согласност. Јас не правам куќа за да живеам во неа, туку некој што ја нарачал куќата да биде во неа. Потребно е да ја потрошам

БРАНИСЛАВ МИТРОВИЌ

Целиот живот е проткаен со мали копнежи за некои работи кои не се случиле

Револуционерна пролет во архитектурата СРЕЌНА НОВА 2012 година

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Aлександра ШЕКУТКОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Леонида Пенка БАША Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.

18

ИНТЕРВЈУ СО БРАНИСЛАВ МИТРОВИЌ 18 ЦЕЛИОТ ЖИВОТ Е ПРОТКАЕН СО МАЛИ КОПНЕЖИ ЗА НЕКОИ РАБОТИ КОИ НЕ СЕ СЛУЧИЛЕ

26

ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ 26

30

КАПЕЛА НА ТИШИНАТА

АРХИТЕКТУРА 30

РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПРОЛЕТ ВО АРХИТЕКТУРАТА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани

МУЗЕИ И ГАЛЕРИИ... 34

ОБНОВЕНИОТ МУЗЕЈ ОРСЕЈ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

АРХИТЕКТУРА И СОЦИОЛОГИЈА 42

52

СОЦИЈАЛНИ МОРФОЛОГИИ

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk

ЕКСПЕРТ 52

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

ОД ЦРН ПЕТОК ПРЕКУ САЈБЕР ПОНЕДЕЛНИК, ФРЕНЕТИЧЕН ПЕТОК И ПАНИЧНА САБОТА ДО БОЖИЌ

жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

42

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


рубрика

4

3

ПОРТА

16 декември 2011


инфо

6

3

ПОРТА

16 декември 2011


Големата награда за архитектура за Споменкуќата на Тоше Проески

С

помен-куќата на Тодор Проески на Гумење во Крушево, од авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски е најуспешнoто реализирано архитектонско дело во 2011 година во Република Македонија Нагрaдата на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија што се доделува по 17-ти пат, на свеченоста во Македонската опера и балет им ја врачи Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој е традиционално покровител на оваа манифестација. „Архитектурата е огледало на степенот на развој, на културното и на цивилизациското постигнување во секоја

држава, кај секоја нација. Македонската архитектура е, секако, одраз на вековни традиции, вредности, стремежи, идеи на македонскиот народ. Оттука, секоја генерација архитекти има обврска да ја чува, но и да ја усовршува и збогатува сликата на македонската архитектура. Пред сè, одговорноста е пред идните генерации, бидејќи тие ќе бидат консументи и судии на она што ние сме им го оставиле како архитектонско наследство“, порача претседателот Иванов. Претседателот на жири-комисијата Мимоза Томиќ Несторовска, образложувајќи ја одлуката истакна дека Спомен-куќата на Тодор Проески ја

потврдува отвореноста на современите сфаќања за поимот монумент со надминување на досега познатите идеолошки условувања во однос кон програмaта и значењето. „Објектот претставува современа концептуална разрешена просторна композиција многу блиска до спиритуалноста на скулпторскиот простор отколку до функционалните аспекти и формалните закономерности на архитектонската структура.

Уметничката компонента во пристапот се препознава во ликовноста и внатрешната поетика на архитектонсктата форма симболична, но истовремено ненаметлива како посредник во индивидуалната комуникација на посетителот со меморијалната функција на обкетот“, рече Томиќ Несторовска. Добитниците се едногласни во однос на значењето на оваа награда која се смета за најважна во областа на архитектурата, како поттик за идни постигнувања.

Преку Проект на уСаИД И ХабИтат МакеДонИја

Енергетската ефикасност „влегува“ во домовите

М

акедонските граѓани, преку проект на американската агенција УСАИД и невладината организација Хабитат Македонија, ќе ја подобруваат енергетската ефикасност во нивните домови. Проектот чини 1,5 милиони долари, опфаќа 26 станбени згради во Карпош, Струга, Струмица, Тетово, Куманово, Велес и Прилеп, а предвидува да се постави изолација на фасадата и на покривот на зградите и замена на прозорците и вратите со енергетски ефикасни модели. Ова беше истакнато на презентацијата на проектот на која присуствуваше и министерот за економија Ваљон Сараќини. Во рамки на проектот, кој ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство во договор со општините, ќе бидат спроведени активности за подигање на јавната свест за енергетската ефикасност во колективните станбени објекти и за подобрување на нивното управување. Се предвидува и поттикнување на инвестиции, претприемништво и создавање работни места во секторот за енергетска ефикасност. „Луѓето не се доволно свесни дека со малку промени може да се заштеди многу енергија. Во домаќинствата најмногу се троши енергија за греење и тоа 57 отсто, а во моментов кога цените на електрична енергија и на топлификација растат,

Зоран Костов, Лилјана Алчева, Ваљон Сараќини, Роберт Вурц

единствениот спас е во заштедата“, истакна директорот на Хабитат, Зоран Костов. Тој нагласува дека во Македонија релативно мал процент од зградите имаат добра енергетска ефикасност и за поголем дел од нив може да се каже дека се енергетски неефикасни. Целна група во проектот се семејствата со ниски примања. „Сакаме да воспоставиме механизам за одржливо финансирање, кој ќе го користат заедниците на сопственици, кои сега се правни лица. Тие ќе може да се задолжуваат за фасади, покриви, а начинот на учество е со аплицирање“, изјави Марга Атанасова Липкова од

УСАИД. Директорот на УСАИД Македонија, Роберт Вурц, рече дека со проектот за подобрување на енергетската ефикасност на колективните станбени објекти се подобрува животот на нивните станари. „УСАИД во 2010 година ги поддржа македонските невладини организации со 700 илјади американски долари, а во 2011 за таа намена се дадени 3,4 милиони долари. Планираме поддршката да продолжи и во наредните пет години“, рече Вурц. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, истакна дека енергетската ефикасност не е врвен приоритет само за

јавниот сектор и за индустријата, туку и за домувањето. „Владата енергетската ефикасност, како дел од енергетиката, ја става меѓу приоритетите во економијата, зашто има капацитет да создава нови работни места, да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и да го намали увозот на енергија“, додаде Сараќини. Заменик директорот на Хабитат, Лилјана Алчева за „Порта3“ изјави дека во разговорот со шест градоначалници од избраните општини наишле на огромен интерес за соработка во овој проект. „Градоначалниците посебно се радуваат на тоа што ќе има обука на куќните совети, со што ќе се променат навиките на луѓето наследени од поранешниот систем“, рече Алчева. Хабитат Македонија веќе реализира пилот-проект во неколку македонски општини за подобрување на енергетската ефикасност на колективни станбени објекти. „Пилот-проектот беше „демонстративен проект“, кој ќе покаже дека преземените мерки за енергетска ефикасност во станбената зграда ќе дадат ефекти во заштеда на топлинска енергија. Преку овој пилот-проект се потврди дека домаќинствата заштедуваат од 20 до 30 отсто енергија која ја трошат за загревање или ладење на своите домови“, изјави Алчева. (В. К.) 30 декември 2011 ПОРТА

3

7


Скопје новИ ПреДлог-ИзМенИ за СтрогИот центар на граДот

Црквата се сели, тркалото Вардар ќе го краси

Н

овиот пешачки мост на Вардар на кој ќе биде поставено панорамското тркало и преместувањето на црквата од плоштадот Македонија за сметка на државен објект, се најновите измени во планот „Мал Ринг“. Пешачкиот мост е предвидено да се гради меѓу новиот Музеј на ВМРО од левата страна на Вардар и зградата на МЕПСО од десната. Авторката на измените во планот, Силвана Вановска од ИНПУМА, вели дека во делот на пешачкиот мост е предвидена „површина со инфраструктура“, на која се предвидува да се постави тркалото, без конкретно да објасни колкава површина е предвидена за таа намена и без други детали. Црквата, пак, како што се шпекулираше во изминатиов период во јавноста, дефинитивно е избришана од плоштадот. Маркицата постои, но за објект наменет за државна институција. И за него, како и за црквата, дозволената висина е 29 метри, односно ќе може да се изгради зграда до девет ката. „Црквата сега е преместена на просторот меѓу Феудалната кула и Домот на АРМ. Површината на парцелата е 2.766 метри квадратни, а површината за градба е 2.403 квадрати. И во овој план остануваат катните гаражи, зградата на Министерството за финансии, а се

потврдува и надградбата за два ката на зградата на Министерството за транспорт и врски“, дополнува Вановска. Таа информира дека во оваа верзија на планот се испланирани и две клучки, едната кај мостот Гоце Делчев и другата на раскрсницата на Партизански одреди и ВМРО, кои, всушност, се дел од решенијата за планираната подземна улица што ќе води до Комплекс банки. Нови споменици, освен се уште неизградените, а планирани, не се предвидуваат. Според планерот Вановска, новина со овој план е тоа што се изготвени нови конзерваторски заштитни основи.

Почна реалИзацИјата на уште еДен Проект

Аеродром ќе добие милионски Парк на езерата Н

ово рекреативно катче почна да се гради во општината Аеродром, кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар. Тука ќе се направи Парк на езерата, за кој се планира да се потрошат околу еден милион евра. Според проектот, паркот ќе има четири езера и ќе се простира на површина од околу 11.015 квадратни метри, од кои 1.800 квадратни метри ќе бидат водена површина. Во централниот простор, на подигнато плато ќе биде сместено најголемото езерце кое се простира на околу 900 квадратни метри, со две фонтани во централниот дел кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина ќе има метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром, а во најмалото езерце - украсно соларно дрво со светлечки ефекти. Во останатите две езерца ќе се изградат водопади, мост и гејзери. Езерата ќе се полнат со вода од три сопствени бунари, а тревниците ќе се полеваат од автоматски систем за наводнување. Околу 5.420 квадратни метри ќе бидат хортикултурно уредени со тревни површини со висока и ниска вегетација. Осветлувањето на паркот ќе биде со амбиентално светло, а површини ќе бидат уредени и со жардиниери, шеесетина клупи и друга урбана опрема. Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон. Најавено е паркот да биде готов за четири месеци. К.С.Т. 8

ПОРТА

3

30 декември 2011

За разлика од планот во 2010 година, овој има три целини, објекти кои се прва категорија: Камениот мост, Даут-пашиниот амам и црквата „Свети Димитрија“. Некои од објектите од втор степен за заштита се наоѓаат на улицата Македонија, а некои се во западниот дел на „Мал ринг“, објаснува Вановска. Измените на планот „Мал ринг“ до крајот на овој месец беа изложени во Месната заедница „Мирче Ацев“, а граѓаните што ги погледнаа не беа задоволни од понуденото, како и во сите претходни случаи. Реакциите беа дека постојано се градат високи објекти и се затвора розата на ветрови, која еднаш веќе е сопрена во

времето кога се градеше според планот на Кензо Танге. Незадоволни од планот се и од Асоцијацијата на архитекти, кои веќе по трет пат реагираат на измените. Според архитектите, планот, кој, како што велат, го третира не центарот на Скопје туку епицентарот на државава, се крои со оскудни презентации и во несоодветни услови. „Недопустливо е без студија да се ставаат објекти на ваков начин. Во име на подигнување на ниската јавна свест, апелираме за подолги и поиздржани јавни презентации на плановите што се однесуваат на централното градско јадро. Недопустливо е презентирање на ваков важен документ во извонредно бедни услови, во просторија 3 на 3 метри. Неопходна е широка јавна дебата за интервенции во најрепрезентативниот дел на земјава“, вели Даница Павловска, претседател на ААМ. Архитектите, како што истакна еден од присутните, реагираат и на начинот на кој надлежните се однесуваат спрема забелешките на јавноста. Имено, тие сметаат дека забелешките во јавните анкети не се испочитувани. Надлежните комисии, реагираат од Асоцијацијата, без издржани образложенија ги отфрлаат предлозите и сугестиите на граѓаните. К.С.Т.


урбанизам


градежништво

Реализација на пРоектот за поддРшка на пРогРамата за Регионални и локални патишта

Вистински предизвик и позитивни искуства Неџат БАЈРАМИ, Магдалена СТОЈАНОВА, Игор МИТРЕНЦЕВ, Сашка БОГДАНОВА

Во моментов е завршена реконструкција на 82 локални патишта во 45 општини во вкупна должина од 180 км

Р

епублика Македонија се одликува со добро развиена патна мрежа во вкупна должина од 13.940 km, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор VIII (исток - запад) и Коридор X (север - југ). Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Согласно важечката легислатива, Агенцијата за државни патишта е орган одговорен за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во Република Македонија. Финансиските средства главно се обезбедуваат од буџетот на Република Македонија, како и преку заеми од меѓународни финансиски институции. Во изминатите 15 години поголеми инвестиции и внимание беа посветени на меѓународните патни коридори и магистралните патишта, што не беше случај со регионалните и локалните патиш��а, на кои не е преземено позначително инвестиционо одржување, што доведе до нивно постепено оштетување. Со оглед на големата густина на сообраќај на регионалната и локалната патна мрежа и влошената состојба на овие патишта, Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за државни патишта, пред три години започна Програма за поддршка на проектот за регионални и локални патишта во Република Македонија, за период 2008-2012, финансиран со средства преку заеми од Светска банка (СБ) во висина од 70 милиони евра и Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 50 милиони евра.

12

ПОРТА

3

30 декември 2011

Во рамките на оваа Програма, опфатена е реконструкција и рехабилитација на 290 км регионални патишта и 440 км локални патишта (со заемот од СБ) и 165 км регионални патишта и 201 км локални патишта (со заемот од ЕБОР). Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 13.940 km, од кои 251 km се класифицирани како автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3.771 km регионални, а 9.258 km се локални патишта, прикажано во табела 1. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата. Како во другите земји, така и во Република Македонија, патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз доминира над железничкиот превоз. Вo основа, постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет. Магистралните патишта, особено автопатиштата се во подобра Тип на патишта

Автопатишта* Магистрални патишта Регионални патишта Локални патишта ВКУПНО

состојба отколку оние што се од второстепено значење. Како најлоши можат да се проценат условите во кои се наоѓаат регионалните патишта со помал интензитет на сообраќај, кои немаат соодветни геометриски, вознодинамички, конструктивни и сообраќајни карактеристики и не ја оправдуваат класификацијата како регионални патни правци.

ЗАЕМ ОД СВЕТСКА БАНКА Република Македонија се одликува со релативно добро развиена патна мрежа, но сепак состојбата на еден значителен дел од регионалните патишта е далеку под европските стандарди. Некои од регионалните, но и локалните патишта се изградени пред околу 20-30 години и оттогаш на овие патишта не е преземено никакво посериозно инвестиционо одржување. Во Националната транспортна стратегија која е донесена пред околу 4 години се укажува на неопходноста од инвестирање во патната мрежа, пред сè во насока на подобрување на комуникацијата, економскиот развој и безбедноста во сообраќајот. Овие инвестиции, покрај изградбата на нови патишта, треба да се насочат во одржувањето и реконструкцијата на

Вкупна Според видот на коловозот должина (км) Асфалт и коцка Макадам Земјани и непросечени 251 911

826

/

85

3.771

2.842

441

488

9.258 13.940

4.355 8.023

786 1.227

4.117 4.690

*) Должината на автопатишта е вклучена во должината на магистрални патишта. табела 1. Национална патна мрежа

постоечката инфраструктура. Токму ова е една од причините што Владата на Република Македонија отпочна инвестициски циклус преку повеќегодишен проект за подобрување и модернизација на регионалната и локалната патна мрежа. За таа цел, потребните финансиски средства ги обезбеди преку заем од Светска банка во висина од 70 милиони евра. Идејата и главната цел на овој проект е реконструкција и рехабилитација не само на регионалните патишта кои се во надлежност на државата, туку и подобрување на локалните патишта, за кои половина од овие средства се наменети токму како поддршка на општините. Со реконструкција/рехабилитација на регионалните и локалните патишта ќе се намалат трошоците за пристап до пазарите и услугите за општините опслужувани преку овие патишта. Проектот е предвидено да се реализира во период од пет години, односно да биде целосно завршен во 2013 година. Улогата и одговорноста на Агенцијата за државни патишта е севкупен проектен менаџмент и мониторинг, спроведување на јавните набавки, вршење надзор за време на изведување на работите и финансиски менаџмент. Пред започнување со реализација на проектот беше изработен стратешки документ за животна средина од кој произлезе дека за секој регионален и локален пат согласно Законот за животна средина е потребно да се изработи елаборат за животна средина кој содржи план за управување и мерки за ублажување на влијанијата врз животна средина. Во рамки на проектот се дефинирани три компоненти: Првата компонента се однесува на рехабилитација и реконструкција на најоштетени делници од 11 регионални патни правци во вкупна должина од 290 км, за што се предвидени 34 милиони евра. Обврска на Агенцијата за државни патишта е избор на патни делници, техничка подготовка и спроведување на јавните набавки. Втората компонента се однесува на реконструкција на локалните патишта кои се во надлежност на општините, но поради недостаток или ограничените извори на финансиски средства овие патишта се прилично запоставени. Од овие причини преку оваа Програма Владата обезбеди 34 милиони евра како поддршка на локалните самоуправи. Обврска на


а

градежништво

во Република македонија

180 км.

ЗАЕМ ОД ЕБОР Со средствата обезбедени од Европската банка за обнова и развој планирано е да се реконструираат/рехабилитираат дополнителни 7 регионални патишта и околу 200 локални патишта. Градежните активности на терен започнаа оваа година, и за регионалните и за локалните патишта.

сл.1 Состојба на коловоз после стругање Агенцијата за државни патишта е прегледување, одобрување на проектите доставени од општините и подготовка на тендерска документација. Третата компонента се однесува за институционална поддршка на Агенцијата за државни патишта за што се предвидени 2 милиони евра.

РЕКОНСТРУКцИјА НА РЕГИОНАЛНИ ПАТИшТА Во текот на 2008 година беа отпочнати постапките за избор на изведувач за реконструкција на 11 најоштетени регионални делници. Постапката се реализираше во 11 посебни лотови, при што беа избрани три градежни компании за изведување на работите. Градежните активности на терен отпочнаа на почетокот на 2009 година. Листа на регионални патишта опфатени со Проектот финансиран со средства од заем од СБ: Р – 104 Илинден – Калуѓерец Р – 105 Ржаничино – Св. Николе Р – 107 Лакавица – Неготино Р – 110 Давидово – Раброво Р – 206 Страцин – Пробиштип Р – 418 Струга – Дебар Р – 505 Макази – гран. со Грција Р – 513 Прилеп – Мак. Брод Р – 516 Прилеп – Кривогаштани Р – 527 Превалец – Смојмирово Р – 604 Струмица – Дојран

19,0 35,5 33,5 13,5 26,3 24,2 37,5 37,0 22,0 13,6 24,7

км км км км км км км км км км км

Во моментов е завршена реконструкција на сите 11 регионални патишта. Графички приказ на активности на Р –

сл.2 Крпење на ударни дупки по извршено стругање 105 Ржаничино – Свети Николе:

РЕКОНТРУКцИјА НА ЛОКАЛНИ ПАТИшТА Преку овој проект како поддршка на општините за развој на локалната патна инфраструктура, се обезбедени средства на износ од 34 милиони евра. Како што е споменато погоре, состојбата на локалните патишта не е на некое завидно ниво. Имено, сè уште постојат голем број земјани патишта по кои, особено во зимскиот период, движењето е ограничено, а на одредени места и скоро невозможно. Имајќи ги предвид лимитираните буџети на локалните самоуправи, очигледен е фактот дека е неопходна инвестиција за подобрување на локалната патна инфраструктура. Формулата за распределба на средствата од заемот на Светска банка по општини е усвоена во согласност со ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа) и за секоја општина средствата се алоцирани согласно следниве критериуми:  број на население (со 35 %)  површина на општината (со 35 %)  број на населени места (со 20 %)

 должина на локалната патна мрежа (со 10 %) Во Агенцијата за државни патишта досега се доставени вкупно 300 проекти од 82 општини. Радува фактот што за овој проект постои голем интерес кај општините, особено поради тоа што со распределените средства навистина ќе може да се подобри состојбата на значителен дел од локалната патна мрежа. Но, треба да се напомене дека не може да се очекува реализација на сите доставени проекти, бидејќи праксата покажува дека некои од проектите се изработени неквалитетно, со што не се исполнуваат потребните критериуми или пак на општината не и преостануваат средства за оваа намена доделени од Светска банка. Доколку општините не можат да ги реализираат своите проекти со заемот од Светска банка, а имаат доставено соодветни проекти, нивната реализација ќе биде овозможена преку заемот од ЕБОР. Во моментов е завршена реконструкција на 82 локални патишта во 45 општини во вкупна должина од

сл.3 Прскање на коловозот со битуменска емулзија

Листа на регионални патишта опфатени со Проектот финансиран со средства од заем од ЕБОР: Р- 418 Струга - Дебар 27,0 км Р-606 Радовиш - Конче - Лубница23,0 км Р-610 Ангелци - Вељуса 4,0 км Р-509 Маково - врска со Р-109 (Манастир) 16,0 км Р-109 Витолиште - Мајден - мост на р.Бистрица- - Св. Петар - Мрежичко Мушов Гроб 30,0 км Р-109 Демир Капија - Крњево - Мушов Гроб 20,0 км Р-108 Кавадарци - Мушов Гроб 16,5 км При реализацијата на проектите преку заемите од СБ и ЕБОР, посебно внимание се посветува на спроведувањето на Законот за животна средина и Постапката за оцена на влијанието на проектите врз животната средина. Согласно барањата на банките, но и националната законска легислатива, за секој поединечен регионален и локален пат беше спроведена постапка за оцена на влијанието врз животната средина и изработка на соодветен документ – Елаборат за заштита на животна средина одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги содржи потребните информации и мерки (План за заштита на животна средина и Мерки за ублажување на влијанието врз животната средина). Предложените активности се преземаат за време на изведување на градежните работи со цел намалување 

сл.4 Асфалтирање на патот со АБ 11s, d=4,0 cm

на

30 декември 2011 ПОРТА

3

13


градежништво влијанието од реконструкцијата/рехабилитацијата на патиштата врз животната средина.

ИСКУСТВА Имплементацијата на целокупниот проект за нас претставува вистински предизвик и позитивно искуство, особено во делот на реконструкција на локалните патишта, со оглед на тоа што тие не се во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Генералната слика од досегашната реализација на проектот е позитивна, но сепак во текот на работата констатиравме дека има одредени недостатоци, особено при имплементацијата на втората компонента – реконструкција на локалните патишта. Во таа насока посебно треба да се нагласи дека прв чекор за отстранување на недостатоците е подобрување на квалитетот на изработка на проектите. Уште на самиот почеток, односно при аплицирањето со проектите беа констатирани голем број недостатоци

кои главно се однесуваа на нереални предмер-пресметки, што од една страна, во следните фази на реализација е мошне значајно за самите општини во смисла на планирање на средствата за проектите што следуваат, но од друга страна е битен фактор за квалитетно изведени градежни работи. Притоа, се доби впечаток дека можеби проектантот и воопшто не излегол на терен при изработката на проектната документација од причина што значителен дел од проектите не соодветствуваа со реалната состојба на терен – поради ова се препорачува задолжително да се изврши теренски увид на трасата уште пред да се започне со подготовка на техничката документација. Втор сегмент на кој треба во иднина да се обрне поголемо внимание е навременото планирање на активностите на општините. Тука се мисли на усогласување на нивните други планирани проекти кои се поврзани со изведбата на градежните

работи на локалните патишта. Во одредени општини се соочивме со ситуации каде самите градоначалници бараа да се пролонгира динамиката на изведба на нивните проекти, од причина што во тој период поставуваа канализација и водоводи на локациите кај локалните патишта. Овие се можеби најбитните фактори кои придонесуваат за целокупното пролонгирање на динамиката на реализација на проектот. Препорака е да се зголеми капацитетот на помалите општини во однос на човечки ресурси, односно да се има барем по еден вработен од сите области на техниката и градежништвото. Имајќи го предвид горенаведеното, за реализација на заемот преку ЕБОР е ангажиран консултант, кој врши детална проверка на доставената техничка документација. Со спроведувањето на законите, активностите и мерките во делот на животната средина, посебно со реализација на овие проекти, беше

воспоставена практика на третирање на оваа проблематика и подигнување на свеста на сите чинители во овој сектор за континуирано следење на состојбата и влијанието на активностите на патиштата врз животната средина. Неџат БАЈРАМИ, Магдалена СТОЈАНОВА, Игор МИТРЕНЦЕВ, Сашка БОГДАНОВА неџат бајРами дипл.град.инж., Агенција за државни патишта, Даме Груев бр. 14, Скопје, Република Македонија e-mail: nexhatb@roads.org.mk магдалена Стојанова дипл.град.инж., Агенција за државни патишта, Даме Груев бр. 14, Скопје, Република Македонија e-mail: magdalena@roads.org.mk игор митРенцев дипл.град.инж., Агенција за државни патишта, Даме Груев бр. 14, Скопје, Република Македонија e-mail: igorm@roads.org.mk Сашка богданова дипл.инж.жив.сред., Агенција за државни патишта, Даме Груев бр. 14, Скопје, Република Македонија


Покрај естетиката и функционалноста, значаен е и правилниот избор на соодветни градежни материјали ДивнаЈАНЧЕВА, дипл.инж.арх.

Друштвото за производство, градежништво, промет и услуги “ПРОТОТИП”- Скопје, како име во градежништвото на овие простори, е активен субјект повеќе од 30 години во областа на изведбено - завршните работи во високоградбата.

Г

лавни насоки на нашата фирма се: континуирани инвестиции во идни унапредувања, амбициозни развојни планови со перманентно вовдување на новите технологии, опреми и машини, обезбедување на високопрофесионален кадар, а се со основна цел: поголема продуктивност, афирмација и лојална конкуренција. Сете овие компоненти условија фирмата да прерасне во една од позначајните градежни фирми во Република Македонија, но и надвор од неа. Опсег на нашата дејност првенствено е изработка на : - челични конструкции - производство и изведба на алуминиумска и ПВц столарија - стакларски работи - фасадно облагање - покривачки работи - светлечки реклами - проектански услуги Мораме да истакнаме дека една многу важна компонента од основните принципи на работа на „Прототип“ е и долгогодишното искуство и перманентна соработка со сите проектантски куќи, а се со цел да се достигнат високите европски стандарди за квалитет на брза и ефикасна градба. Нашата долгорочната соработка со реномирани проектантски куќи, како и признати производители на градежни материјали, произлегува од причина што како изведувачи со подолга референтна листа, секогаш имаме заедничка цел со секој проектант, односно инвеститор, а тоа е најдобро техничко решение, кое во целост ќе ги оправда вложените финансиските средства. Најчесто, нашиот инженерски кадар ова го остварува со активно учество во самото создавање на изведбените проекти, каде заедно со проектантите ги наоѓаме најрационалните решенија, кои произлегуваат од долгогодишното искуство, постојаната едукација и следење на светските новитети во современото градежништво. Во архитектурата, покрај естетиката и функционалноста, многу значаен сегмент преставува и правилниот избор на соодветни градежни материјали како и познавањето на техничките карактеристики на секој избран материјал. Соочувајќи се истовремено со огромните архитектонски барања и актуелни трендови во високоградбата, „Прототип“ тесно соработува со еминентни странски имиња и брендови на производители на градежни материјали, кои непрестано развиваат нови системски решенија и технологии, а се со цел да се решат и подобрат стандардите за квалитет на финалниот производ. Денес во архитектурата е изразена доминацијата на: фасадните стакла (за кои имавме свој осврт во минатите броеви на „ПОРТА 3“), алуминиумот, пластиката, челикот, иноксот (неʼргосувачкиот челик) и композитните панели, материјали кои имаат подолга традиција и претставуваат модерно и широко применувано решение, како во западните земји, така и кај нас. Последниве години во Македонија, со акцент на Скопје, се реализирани поголем број на современи конструктивни и фасадни решенија, кои преставуваат извонредни визуелно - естетски остварувања и се главен показател за нашето присуство на сцената на македонското градителство. Фасадата е лицето на секој објект. Една од главните и покомплексни задачи на секој архитект е токму обликувањето на самата фасада, облик по кој самиот објект ќе се презентира и распознава, облик во кој ќе се преслика идејата на творецот. Изгледот на фасадата најчесто е и еден од најважните фактори за привлекување на внимание на крајниот корисник - инвеститорот. Добро дизајнираната фасада истовремено асоцира на квалитет и добри технички карактеристики. 16

ПОРТА

3

30 декември 2011

Ви претставуваме некои од поновите изведени објекти, како и дел од објектите што се моментално во градба, каде што вградивме дел од понудата на системи и материјали со кои долгогодишно соработуваме:

*,,МЕГИ,, - Бизнис Центар- Скопје Од архитектонски аспект, фасадата е решена во комбинација од асиметрични стаклени површини пресечени со полни вертикални површини обложени со црвен композитен панел како и повеќе еркерно испуштени натстрешници со распони >8м. Овде е применета класична и структурална алуминиумска фасада систем Tecnowall 150. Кај структуралната фасада се појавуваат поситни растери со три различни висини, во кои се вградени три вида на структурално стакло. Со ова се постигнува ефект на сложувалка на фасадата. Застаклувањето е со термноизолационо сигурносно стакло GUARDIJAN HP SILVER 35 lami glass, со карактеристики: трансмисија LТ=35%, соларен фактор СФ=26%, топлинска проводливост U=1.1 W/m2 K и GUARDIJAN HP NEUTRAL 61 со карактеристики: трансмисија LT=61%, соларен фактор SF=40%, топлинска проводливост U=1.1 Њ/м2 К, со кое е постигнат термички коефициент к=1,1. Во кровната површина има лантерна со кружна форма со дијаметар 13м, застаклена со сигурносно ламинирано стакло...

*,,ХИПЕРИУМ,, Бизнис Центар- Скопје На овој објект изведена е полуструктурална фасада, систем С 85 тип CFS од системите на реномираниот бренд Schuco, со полуструктурални крила тип SK 102 (TOP HANGE). Slyding отворачките крила се од термоизолирани профили систем АДС 65 ,исто така на производителот Schuco. Изведена е и кровна лантерна систем AUF SATZ construction 50+ Schuco. Внатрешната столарија е изведена во систем М50, а порталските позиции систем Office 100, Alumil. Застаклувањето е изведено со термоизолирано стакло Guardian Sun Guard HS Super Neutral 51 lami glass d=4.4.2+16+6mm Float Clearсо следниве карактеристики: топлински фактор UK=1.1W/m2, трансмисија LT>45%, соларен фактор по SFEN>28%, звучна изолација Rw=40dB. Изведено е и системско решение на производителот Alcan на вентилирана фасада од касети со композитен панел Alucobond со d=4mm(0.5+3+1.5) комбиниран во три бои. *Меморијален Центар ,,ТОШЕ ПРОЕСКИ,,- Крушево Една несекојдневна смела проектантска замисла, прерасна во модерна архитектонска творба со примена на една од поновите термоизолирани SCHUCO фасади која овозможува одводнување во три рамнини. Стаклениот кров во форма на стаклена призма кој треба да егзистира на специфичните климатски услови во Крушево, бараше проверено системско решение, па затоа применивме систем SCHUCO FW 50+HI,


поставена врз челична носечка конструкција. Стаклата се термопакети од производството на GUARDIAN, со вкупна дебелина од 40мм на кровните и 30мм на ѕидните површини, а комбинацијата е со HP NEUTRAL 61 и HP GREEN 61 Карактеристично е тоа што на едно од стаклата во термо пакетите, како за кровните така и за ѕидните површини, се појавуваат мотиви на листови, според мотивите од албумот на Тоше. Користени се структурални китови од програмата на DOW CORNING.

*бизнис центар ,,МИДА“ Објектот во кој применивме алуминиумска фасада во класична изведба од системите на SCHUCO: FW 50+ со авионско крило како украсно калапче по хоризонталата и FW 50+SG во класична изведба со структурални рамки. Прозорските низови се од термоизолиран систем AWS/ADS 60, шибер вратите се од систем ASS- 50 AWS/ADS . Застаклувањето е со термоизолационо стакло каде првото стакло е Guardian HS Super Silver Neutral 51 Iami glass во административниот дел и Guardian Clima Guard Solar Iami glass за изложбениот дел. Овие стакла од семејството на нискоемисиони и високоселективни, имаат извондредни перформанси кои во термопакетот со аргонското полнење даваат одличен термофактор K=1,1 W/m2. Интересно решената фасада, каде ефектот полно-празно се остварува со наизменична примена на стакло и композитен панел, кој е со една несекојдневна пластика, го прави овој објект репрезент на проектантската замисла.

*,,УСТАВЕН СУД, ДРЖАВЕН АРХИВ И АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ,, -Скопје Објектот, во завршна фаза на изградба, е типичен пример на спој на најразлични материјали. целата обвивка на објектот е замислена и изведена како структурална фасада, систем Tecnowall, застаклена со термопакет каде надворешното стакло е Guardian Sun Guard HP Bronze 40/27 lami glass 3.3.1, а внатрешното е Guardian Float glass clear д=4мм во транспарентната зона, а во зона на мкк е каленоемајлирано стакло. Пакетот со аргонско полнење овозможува одличен термофактор K=1,1 W/m2. Изборот на стаклото беше условена од поставеноста на мермерните столбови пред фасадата, со што се доби ефект на длабочина. Различните склопови на применетите материали на овој објект како: стаклото, мермерот, бакарот, челикот и алуминиумот, даваат интересен архитектонски склоп.

*административен објект ,,ГРИНГО,,- Скопје Објект во кој на фасадата се појавува комбинација од класично изведена фасада и вентилирана фасада обложена со ХПЛ плочи или т.н. „Треспа“ изработени од целулозни влакна и термички изолирани смоли од срцевина на дрво, а завршниот слој на панелот е пигментирана смола електростатски обработена. ХПЛ плочите се со текстура на дрво. На јужната фасада во делот на алуминиумската стаклена фасада се изработува фасадата со структурална изведба тип Tecnowall 150 и е застаклена со Guardian HP Silver 35 lami glass d=3.3.1+15Ar+4 extra clear, а на северната фасада изведбата е класична фасада со нагласени хоризонтални и вертикални калапчиња, со пескарени стакла во парапетна зона.

*,,МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ,,- Скопје Комплексно архитектонско остварување кое беше голем предизвик. Изведена е алуминиумска фасада во структурална изведба со систем на профили кои ги задоволија барањата на инвеститорот, класификација спрема UNI 7979. Застаклувањето беше со термопакет со следниве карактеристики: UV=0.1%, трансмисија tv=34%, соларен фактор по g=24.8%, топлотен фактор Ug=1.1W/m2.

Покрај топлата врска (мостот) изработена од челична носечка конструкција, сите заштитни огради и гелендери како и натстрешници, беа изработени од инокс. Облагањето на полните фасадни полиња е изведено со специјален алуминиумски композитен панелен сендвич Алуцор, катиран од сите четири страни со д=20мм, изработено од алуминиумско саке д=15мм и плоча од природен полиран гранит со д=5мм. Панелите се бесени на специјална носечка потконструкција. Исто така, дел од полните полиња се облагаа со патиран цинков лим со одлични механички карактеристики

*деловен центар ,,Кеј 13Ноември,, -Скопје Еден од најновите објекти кој е во завршна фаза на изградба, е деловниот објект „Кеј 13 Ноември“. Објект на кој вградивме системски решенија на Schuco како класична и структурална фасада FW 50+ I FW 50+ SG и стакло Guardian Sun Guard HP Neutral Silver 43 i HP Neutral 61, а во парапетна зона калено и емајлирано. Облагањето на фасадата, сите подгледи и венци е со композитен панел д=4мм, а фасадното облагање, односно вентилираната фасада е од плочи од природен гранит д=20мм, кантирани и полирани со висок сјај, а поставени на своја алуминиумска потконструкција. Од разиграната асиметрична форма на фасадата, доаѓаат до израз склоповите на најразлични материјали, применети на овој грандиозен објект *Аеродром ,,Александар Велики,, Скопје Учествувајќи во изградбата на новиот комплекс на аеродромот „Александар Велики“, изведувајќи работи на новата зграда за администрација, зградата на ПП одделението, Каргото и главната Терминална зграда, применивме повеќе различни системски решенија. Во целост е извршено покривање со кровен панел Kingspan KS 1000 HD, огноотпорен, термички изолиран U=0.27W/m2K и коефициент на акустика Rw=26Db. Монтирани се Kingspan SF 80 ѕидни панели, огноотпорни и поликарбонатни панели Thermoklic д=40мм со посебни перформанси. Алуминиумската фасада е во класична изведба, и е застаклена со термопан изолациско стакло на Guardian; d=4.4.2 Sun Guard Solar +16Arg+6.6.2 lami glss low E со следниве карактеристики: Lt=63.9%, SF=39.2%, U=1.1W/m2K, Rw=47Db, а се поради функцијата и местоположбата на самите објекти. * СПОРТСКИ САЛИ НА АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ Во наши понови реализации, мораме да ги споменеме и спортските сали кои ги изведуваме низ Македонија, каде што покрај носечката челична конструкција, вградуваме покривни и ѕидни панели од реномираниот производител CORUS. За ѕидни панели се употребени сендвич панели со д=10 см и коефициент на толпотна проводливост U=0,21 W/m2 K, составени од пластифициран челичен лим и исполнета со полиуретан, кои се самогасиви, а се поставени на носечка челична конструкција, минизирана и противпожарно заштитена. Должина на панелите од 12м. Додека пак за покривање употребивме кровни сендвич панели составени од два челични пластифицирани лимови со коефициент на топлотна проводливост U=0,20 W/m2 K, исполна од полиуретан со д=10 см, исто така самогасив и со должина од 15м. Сите додатни елементи од кровот, опшивки, лајсни, банци, олуци и слемиња, се изработени спрема системските вградени детали. 30 декември 2011 ПОРТА

3

17


интервју

Целиот живот е проткаен со мали копнежи за некои работи кои не се случиле м-р Ѓорѓе ЈОкИќ, дипл.град. инж на што моментално работи студиото митаРХ? Момемнтално завршуваме со две индивидуални куќи во белградската населба Дедење. Тие се во завршна градежна фаза, а ние ги следиме сите куќи кои ги проектираме. Очекуваме да почне реконструкција на една вила во Виена од 16 век по наш проект. Покрај ова, работиме и на главниот проект за деловниот објект Хидроелектрана на Дрина во Вишеград. Оваа работа ја добивме на меѓународен конкурс кој го организираше УНЕСКО, бидејќи зоната околу мостот на Дрина е под заштита на оваа организација. n колку е тешко да се организира едно архитектонско студио во време кога кризата го потресува градежниот сектор? Многу тешко, ние сме мало биро од десетина луѓе. Во нашиот тим се и шест млади архитекти кои се со нас веќе неколку години. Tие дојдоа директно од факултет и ова е период на архитектонско созревање низ целиот процес на проектирање, следење и изведба, од создавање на идеја до реализација. Со оглед на тоа што во овој момент има многу малку нарачки, ние сме на граница на можноста да се одржиме во овој состав, да не застанеме или да не се разделиме. Сите сме помалку во проблем и сите помалку се откажуваме од нешто затоа што се обидуваме да одржиме еден континуитет и атмосфера која успеавме да ја создадеме досега. Ние многу работиме конкурси, и бидејќи во Србија не се организираат многу, почнавме да работиме и меѓународни конкурси. Пред еден месец добивме 18

ПОРТА

3

30 декември 2011

Бранислав Митровиќ е роден во 1948 година во Бар, и детството го поминал на црногорското приморје. Гимназијата ја завршил во Подгорица, а Архитектонскиот факултет во Белград во 1974 година кај професорите Урош Мартиновиќ и Иван Антиќ. Како студент работел во Институтот за архитектура и урбанизам на Србија. Од 1977 година работел во„Србијапроект“, а од 1986 година во Институтот ЦИП. Од 1990 година почнува да работи како професор на Архитектонскиот факултет во Белград. Студиото МитАРХ го основал во 2005 година.

Хотел во Нови Сад


интервју Деловната зграда на „Цептер“ во Белград

откупна награда за една гаража во Хонгконг. Тоа се сите елементи за создавање атмосфера во студиото и одржување на континуитетот. Многу бироа низ градот се затвораат, но ние не се даваме, ќе успееме да се одржиме сите на број. n Според Вас, како влијае општествената и политичката транзиција врз архитектурата и улогата на ахитектот? Жалам, но мора да бидам негативен. Не мислам дека транзицијата афирмативно влијаеше на архитектурата. Сепак, ако професијата е зрела мора да биде подготвена на сите удари од страна на општеството и лошата атмосфера. Се плашам дека се

е помалку распаднато. Распаѓањето на општеството и системот неизбежно води кон распаѓање на сегментите на тоа општество, а нашето проектантско дејствување е еден многу инволвиран сегмент во животот на опшеството. Се плашам дека во однос на времето што го паметам, време кое можеме да го викаме комунистичко во позитивна или негативна конотација, работите станаа понеуредни. Во тоа време владееше атмосфера која почитувањето спрема професионалецот го искажуваше на поинаков начин. Како последица на архитектонското дејствување, таа ситуација беше далеку поуредна. Ние денес имаме неуредна ситуација на полето на проектантското дејствување,

легислативата, законите и стандардите. Како да исчезнал средниот век на архитектурата, и сè се заборавило. Ги заборавивме класичните знаења и сега сме во најексплицитниот мрак на средниот век. Може да се каже дека ние живееме еден професионален полуживот. Државата не се труди да го поправи тоа, сите имаа една деценија на исцрпување од менталниот ресурс на професијата. Секако, има и светли примери во архитектурата, архитекти кои се борат, но сметам дека последиците се катастрофални за професијата. Јас ова го говорам како професор, затоа што многу ми е тешко кога ќе помислам дека овие млади луѓе полни со ентузијазам, енергија и потенцијал ќе бидат обесхрабрени со атмосферата без разлика колку и да се добри. n Како ја гледате српската архитектура во контекст на регионот? Каде се наоѓа Србија денес? Јас можеби ќе изречам ерес, за жал, не можам да бидам задоволен како некој кој партиципира во архитектонското творештво, но ми се чини дека Србија има далеку поголем архитектонски потенцијал отколку што тој потенцијал искажува резултати. Нашиот резултат е далеку под она што би можеле да бидат нашите можности. Ова го зборувам како професор кој има увид во новите генерации кои излегуваат со години од факултетот. Многу наши луѓе кои заминаа оттука, го покажуваат тоа. На пример колегата Васа Петровиќ кој живее и работи во

Љубљана. Сметам дека општеството и во Словенија и во Хрватска на еден далеку поразумен и почувствителен начин разбра дека архитектурата е еден многу значаен сегмент во општеството, и ако архитектурата го следи она што се случува во опкружувањето, тогаш правиме еден сопствен градителски контекст, кој тогаш на еден поафирмативен начин говори за можностите на таа средина. Мислам дека во овој момент во Словенија и во Хрватска се случува на поширок план подобра архитектура. Во Србија постојат поединечни успеси, а професијата прави компромиси со општеството и со себе, со финансиските можности и со примитивизмот на еден голем број нови инвеститори. Србија има потенцијал, има и градежен замав. Сè уште се гради на разни локации, на Дедиње, Неимар, на Вождовац се гради голем станбен комплекс. За жал, нашиот ресурс се упропастува, а тоа го прават луѓе кои се дел од нашата професија. Јас овде гледам едно лицемерие на професионалци кои декларативно се за голема архитектура и добра архитектура, а прават компромиси со инвеститорите и учествуваат во пропаѓањето на нашата професија. Да бидам буквален, кога некој ќе направи една соба од шест, седум квадрати со ќошиња и ја промовира во соба, и произведе нешто што не е употребливо во иднина, тој не може да ја верификува оваа средина како средина која има еден добро изграден ресурс. Денес имаме ситуација кога становите што се градени во 70-тите, 80-тите години, како и оние пред војната или помеѓу двете војни, се единствени станови за кои ние можеме да разговараме како за прифатлив ресурс, каде можеме да интервенираме ако на семејсвото му е потребна промена или корекција во затечената структура. Ова што е градено последниве години, вклучувајќи ги и таканаречените елитни станови, не одговара ниту на минималните стандарди кои некогашната ЈНА ги имаше во своите прописи. Тоа е парадокс помеѓу новопроектираните екслузивни станбени зони, она што тие го носат внатре како структура, употребната вредност и архитектонскиот квалитет, и станбените згради кои се градени пред триесет и повеќе години. Архитектурата мора да биде високо етична, морална и принципиелна. Таа  30 декември 2011 ПОРТА

3

19


интервју

Станбена зграда на улица Кумановска во Белград мора да биде тврдоглава до одредени граници ако го брани базичниот квалитет. Јас не сум да војуваме со инвеститорите и да им помогнеме сами да си го соберат она што го произведуваат. Професијата треба на прав начин да му помогне на инвеститорот, мора да постои заедничка согласност. Јас не правам куќа за да живеам во неа, туку некој што ја нарачал куќата да биде во неа. Потребно е да ја потрошам целата енергија и да имам морална и човечка обврска и желба мојот објект да биде на повисоко ниво отколку што е мојата цена. Ние денес сè помалку препознаваме таква архитектонска професија. n дали имате соработка со колегите од македонија и колку ја познавате македонската архитектонска сцена? Пред две години престојував во Скопје на Салон за архитектура, благодарејќи на колегите од Сојузот на архитекти на Македонија. Тоа беше прв контакт после, за жал, подолго време. Мене ми е многу интересно да следам што се случува на просторите од нашиот регион преку часописи, на основа информации гледам дека има интересни млади тимови. За жал, освен неколку лични контакти со луѓето од Сојузот на архитекти и колегите од факултет, други контакти немам. Сметам дека Македонија е многу интересен простор, и ми се чини дека тие дијалози помеѓу просторите што некогаш беа заедно се многу значајни. Потребно е меѓусебно да се помагаме и да комуницираме, затоа што тоа го 20

ПОРТА

3

30 декември 2011

зголемува квалитетот на сите наши средини. Јас имав среќа како млад да учествувам на конкурси ширум бивша Југославија, тоа беше размена на поинаква атмосфера, традиција и сензибилитет, што влијаеше многу афирмативно врз унапредување на архитектурата и поместување на квалитетот во сопствените средини. Во овој момент комунакцијата е слаба и верувам дека е многу важно на овој план да се случува нешто повеќе. n како би го дефинирале вашиот пристап кон архитектурата? Тешко е да се каже, секојпат кога малку ќе се обѕрнете имате чувство како на час по анатомија да се сецирате сами себе од минатото и гледате што би можело да биде корисно за некои идни чекори. Израснав на приморје, чинам тие први доживувања на просторот, ѕидот, каменот прилично влијаеле на мене, на мојата ликовност и однос спрема формата. Можеби моите први објекти повеќе се потпирале на архетипската, примарната градежна форма и со време еволуирале во осамостојување на формата и потрага по поинаков облик, правејќи го тој просторот како

многу значаен сегмент на вкупната структура на објектот. Мислам дека поместувањето на некои технички унапредувања водеше кон раслојување на архитектонската опна како композиција на архитектонската форма, за да во последно време низ материјали кои денес ги имаме на располагање повторно се вратат во примарната форма. Јас секогаш цртам детски цртеж како инкарнација на најсилното доживување за детска куќа. Мислам дека таа моја детска маѓепсаност со формата на објектот во кој живееме, се менуваше низ времето и низ архитектонските влијанија, за да можеби во овој момент тежнее кон една сведена форма скоро до дизајн на елементите. Ако зборувам за моите објекти како примери, Ликовната академија е крај на еден десетгодишен период со најразвиена форма на таа моја прва архетипска фаза, преку деловната зграда на „Цептер“ или станбениот објект во Кумановска улица во Белград, каде се отвораат некои други просторни и обликувани форми, до можеби Хотелот во Нови Сад и

последните индивидуални куќи, каде што употребувајќи го технолошкиот елемент во архитектурата обезбедуваме во исто време транспаретност на формата и кубичност. Можеби тој технолошки исчекор ми дава потврда за размислување и просторна спекулативност во правец на потполна сведеност на архитектонската форма до облик на геометриско тело. Низ целото архитектонско дејствување мојот архитектонски развој одеше чекор по чекор, секогаш следниот чеко�� го усвојуваше претходниот, го анализираше и потоа го афирмираше или елиминираше и конечно правеше платформа за следниот чекор. За разлика од мојата личност која не е така сталожена, на архитектонскиот пат можеби инстиктивно сум чувствувал да бидам претпазлив во следниот чекор и сериозен во освртот назад. Тоа е една секвенца која е подлога за еден континуитет во развојот, имав среќа некои објекти да се случат како аголни пресеци во архитектонското определување. Бае и показател на експериментите што се правени во тој


интервју момент. Секогаш е важно да се препуштите, контекстот на некој начин да ви обезбеди простор, и реакцијата на контекстот со своите архитектонски идеи во таа корелација ја обликува и ја дава резултантата во формирањето на еден архитектонски објект. Контекстот ги менува некои од моите скоро усвоени канонски платформи. Контекстот е тој што помалку ја менува архитектурата што ја носам со себе, архитектурата во која верувам, архитектурата или структурата што морам да ја поставам во однос на програмско-функционалните барања. n како професор на факултет постојано сте во контакт со студентите. колку влијанието на студентите и нивните идеи влијаат на вашето творештво? Кога се дружите со некого, ако тоа е искрено секогаш резултантата помеѓу вас говори за вашите односи. Тој што ќе каже дека не се менува, мислам дека не говори искрено. Поради таа причина полесно се определив да дојдам на факултет. Кога работев во ЦИП со архитектите Станојевиќ и Лазаревиќ водевме група од петнаесетина луѓе, и тоа беше прв контакт со една така квалитетна атмосфера. На факултет атмосферата, сослушувањето и неоптоварувањето што го носат студентите со себе може многу да влијае на вас. Професорите што умеат да гледаат, да ги приспособуваат своите предавања и да реагираат на она што ќе го добијат од другата страна, се добри професори. Тие мора да го разберат тоа и да носат одредена доза на толеранција и разбирање за она што го гледаат пред себе. Кога зборуваме за

проектирање, последниве десетина години, студентите доаѓаат кај мене во студио, имав среќа покрај мене да поминат многу квалитетни и талентирани млади луѓе. Младо друштво за мене во овој момент е многу драгоцено. Моите објекти се реакција на тоа дружење, тие не би биле такви да не е овој свет кој е овде со мене. Јас сум на ова многу горд, сметам дека реалноста и рационалноста се многу значајни за продукцијата. Ја имав таа привилегија и право да бирам луѓе кои ќе дојдат, и тоа беа луѓе со врвни професионални вредности, а морав да бидам сигурен дека и останатите принципи, неизбежни во архитектурата, морал, етика, домашно воспитување, умешност и квалитет на личноста, сигурно беа оние квалитети пресудни за влијанието дали некого ќе повикам да се дружиме и да биде во мојот најтесен круг. Јас ги избирав луѓето во кои гледав некоја сличност, но не во архитектурата. Јас на факултет никогаш не работам со студентите за да произведам еден нов Бранислав Митровиќ, тоа е апсолутно погрешно. Јас со нив работам за да им помогнам како другар, професор и колега кој мора да го разбере нивниот потенцијал, проблематиката на процесот и идејата. Јас студентите ги оставам да ја развијат својата идеја со моја помош и примери. Многу е поважен процесот отколку квалитетот на нашиот резултат. Квалитетот на резултатот ќе дојде ако студентот помине на прав начин низ процесот. n имате ли некој проект кој го сметате дека бил посебен за вашата

кариера? Можеби кулата за технолошка вода во Крагуевац, мене ми беше интересен и во линија на моите тогашни обликувани афинитети. Од станбената зграда во Ужице, па се до Ликовната академија, е еден посебен период. Потоа доаѓа зградата Цептер, па станбената зграда во Кумановска улица. На крај Хотелот во Нови Сад, на ниво на контекст и односот спрема контекстот, е значаен репер на идејата за архитектура. n дали имате некоја архитектонска желба? Има многу желби, подобро да не ги спомнувам. Има многу нереализирани конкурси и први награди. Многу ми е жал што не е реализирана една индивидуална куќа во Горњи Милановац, од почетокот на кариерата. Ми се чини дека тоа е еден архитектонски концепт кој денес би бил потполно современ и кој би ја сменил нашата кариера. Жал ми е што не се случи некој значаен јавен објект во Белград, така архитектот има една убава шанса и одговорност. Целиот живот е проткаен со мали копнежи за некои работи кои не се случиле, можеби јас имам многу од тие мали копнежи, кои можеби беа генератори за некои следни успеси. n колку е архитектурата присутна во вашиот живот? Јас многу време ѝ посветувам на архитектурата. Кога имате присуство на монотонија на едно место, вие можете да направите некои исклучоци кои ви значат. Ако решам да играм тенис, тогаш се друго е во втор план, тоа го правам со алиби затоа што на она претходното сум го посветил

целото внимание. n како студент и млад архитект, кој најмногу влијаеше на вас? Сите ние помалку ги гледаме своите професори. Јас имав среќа да имам еден триаголник од професори кои многу влијаеја на мене. Тоа се професорите Брана Миленковиќ, Урош Мартиновиќ и Иван Антиќ. Имав привилегија и среќа да бидам во непосреден контакт со нив како студент, а и подоцна. Професорот Иван Антиќ ме однесе на првото вработување. Забелешките на професор Мартиновиќ беа многу значајни, тој добро го разбираше животот. Професорот Брана Миленковиќ со првите часови од теорија и пракса беше одличен за добредојде на архитектонскиот факултет. n кога сфативте дека ќе бидете архитект? Кога морав. Јас не сакав да одам на архитектура. Јас се спремав за ликовна академија, мојот професор од гимназија Цветко Лаиновиќ, ме поддржуваше и влијаеше на мене. Родителите многу влијаеја, јас отидов на архитектура, но да паднам и да не го поминам приемниот испит. Јас запишав Архитектура и Филозофија, имајќи идеја за завршам филозофија, а ако пропаднам на архитектура, следната година да запишам Ликовна академија. Сакав да завршам филозофија за да ги убедам родителите дека во животот ќе бидам уреден човек. Архитектурата почнав да ја чувствувам во текот на првата година, кога ќе дојдете негде имате потреба да реагирате на таа средина.

Ликовната академија во Белград

30 декември 2011 ПОРТА

21


стилови во aрхитектурата

БАРОКОТ И НЕГОВИТЕ ДЕРИВАТИ ДА СЕ

П

проф. д-р Михаил Токарев, дипл.инж.арх.

аралелно со интензивирањето на архитектонско-градежните активности во центарот на Скопје во текот на годинава што изминува, меѓу другото се интензивираше и дискусијата околу архитектонските стилови, при што најчeсто беше употребуван поимот барок. Во неколку архитектонски конкурси, тој беше наведен како еден од пожелните стилови во обликувањето на архитектурата (?!). За него зборуваа не само упатените стручњаци и културната јавност туку и поширокото граѓанство. Од она што имав можност да го слушнам и прочитам, можам да заклучам дека огромното мнозинство од нив нема ниту основни познавања за архитектонско-уметничките стилови, вклучувајќи и стручнообразовани кадри кои се должни тоа да го знаат. За да не се дезинформира, па и замајува нашата јавност, сметам дека е потребно некои работи накратко повторно да се објаснат, со цел стилот барок достоинствено да се постави на неговото заслужено историско место.

ЦРКВА Историјата на цивилизацијата покажува дека стилот се појавува како јасно определена манифестација на конкретните општествено-функционални, техничко-економски и идејноестетски потреби на општеството. Тој претставува дијалектичко единство на содржината и формата на архитектонската творба, како општи белези за поединeчни конкретни историски периоди, а се реализира со помош на соодветни архитектонски методи. Општо познато е дека барокот се развива од почетокот на XVII до средината на XVIII век, зафакајќи го европскиот и делумно американскиот континент. Тој најпрво се појавува во папскиот Рим, каде од јасните форми на ренесансата произлегуваат 22

ПОРТА

3

30 декември 2011

Рајналди и Боромини. Црквата Санта Агнезе ин Агоне, Рим (1653-1661)

Г. Гварини. Палатата Карињано, Торино (1680-)

Општо познато е дека барокот се развива од почетокот на XVII до средината на XVIII век, зафакајќи го европскиот и делумно американскиот континент. Тој најпрво се појавува во папскиот Рим, каде од јасните форми на ренесансата произлегуваат уметничките насоки: доцна ренесанса, маниризам и академизам уметничките насоки: доцна ренесанса, маниризам и академизам. Непобитен е фактот што по победата на католичката црква над реформацијата, папите со помош на језуитскиот верски ред, настојуваат Рим да го претворат во престолнина на целиот католички свет. Преку сјајот и величественоста на архитектонските објекти, тие настојуваат да ја изразат својата моќ на протестантите (реформаторите). Тогаш со општествените промени се намалува влијанието на буржоазијата, а се зајакнува улогата на земјоделската аристократија и црквата. Под притисок на контрареформацијата настануваат и промени во културата. Наместо јасното светло на човечкиот разум, завладува емоционалноста, при што се губи границата меѓу реалното и измисленото, а стремежот ��он уметничка убавина се заменува со нагласена грациозност или со аристократски манир. Во римската барокна архитектура, врз основа на античката идеја создадена во времето на ренесансата, се истражуваат посложени облици и се применува

пообилна декорација. Исто така, послободно се применуваат класичните стилови, заедно со изработка на лачни и прекршени тимпанони. Фасадите на палатите и на другите објекти, најчесто се обликуваат со паладиевски колосален ред, со прекршени прави и криви венци, со елипсовидни прозорски отвори и со извиткани облици. Паралелно со динамичноста се нагласува и мистичноста на објектите преку употреба на

Ж.А. Мансар. Капелата на инвалидите, Париз (16741708)


aрхитектура

ВРАТАТ ВО НИВНИТЕ ИСТОРИСКИ РАМКИ

Ш. Гарние. Операта во Париз (1862-1875)

светло-темни контрасти, кои особено се применети во ентериерното обликување. Значи,

Битолска архитектура од крајот на XIX век

архитектонската, а особено ликовната композиција се „исцртува“ со помош на светлосниот зрак.

БАРОКЕН КЛАСИЦИЗАМ Прифаќајќи го барокот пристигнат од Италија, европските апсолутистички монархии него го приспособуваат за свои потреби, односно за величење на власта и славата на монархијата, што особено е карактеристично за Франција. Во времето на Луј XIII се формира Академијата на уметноста, а во времето на Луј XIV Академијата на архитектурата (1677). Основна задача на Академијата е да ги разработи „идеалните вечни закони на убавината“, така што на чело со Ф. Блондел таа ќе утврди дека „својство на божественоста е геометричноста“. Како теориска подлога за понатамошна разработка се користат делата на Паладио, од што конечно ќе произлезат законите на

барокниот класицизам, наречен стил Луј XIV, односно стилот на француската апсолутистичка монархија. Своето влијание Академијата го проширува и во областа на урбанизмот, како при планирањето на нови градови така и при реконструкцијата на постојните. Така, во плановите за проширување на Париз, наместо градските бедеми се предвидуваат булевари, а влезовите во градот се означуваат со триумфални порти, а првата порта е Сен Дени од директорот на Академијата, Ф. Блондел. Оние што ја познаваат историјата на архитектурата знаат дека францускиот барокен класицизам има малку допирни точки со изворниот италијански барок, бидејќи обилно ја користи домашната традиција, а особено античката архитектура. Барокниот класицизам се проширува низ Европа и добива регионални варијации, почнувајќи од Англија па сè до Русија, додека во Германија тој набргу ќе помине во рококо, особено присутен во внатрешното уредување на објектите. Но, тоа не значи и дефинитивен крај на барокната идеја.

РОМАНТИЗАМ Познато е дека во поголемиот дел на XIX век во архитектурата на Европа и Америка е присутна безидејноста и губењето на ориентацијата за понатамошен развој на архитектурата, така што доаѓа до повторување на веќе

виденото од претходните епохи. Во првата половина на XIX век најприсутен е неокласицизмот, кој се употребува пред сè за изградба на општествени објекти. Како реакција на „паганскиот“ неокласицизам се развива романтизмот во различните области на творештвото, особено во архитектурата, при што инспирацијата се бара во христијанството и неговата уметност во национален дух. Романтичарите во име на природата, слободата и љубовта ги изразуваат со помош на некој стил од минатото, а според сопствен избор. Тие ги „обновуваат“ сите стилови од минатото, додавајќи им го префиксот „нео“, а во тој контекст и необарокот. На таков начин, во текот на XIX век се создадени објекти со исклучителна убавина, но без некоја нова концепција, поради што се наречени еклектични, што важи како општ израз за сите неостилови. Неостиловите, особено негативна улога одигруваат кога ги помагаат назадните идеи за „облекување“ на новите градежни конструкции со историцистички фасади. Во тој контекст може да се смести и познатата Опера во Париз (18621875) на Ш. Гарние, чија храбра метална конструкција однадвор е замаскирана со декоративните елементи на необарокот.

МАКЕДОНИЈА Познато е дека тероторијата на Македонија сè до 1912 година била под отоманско ропство, па затоа се поставува прашањето дали до неа пристигнале барем некакви барокни влијанија? Бидејќи пред крајот на XIX век се воспоставуваат интензивни трговски врски со Западна Европа, во македонските градови започнуваат да се појавуваат сосема слаби зрачења на неостиловите, а во таа смисла и на необарокот. Тие се видливи во второстепената пластика и релјефната декорација на одделни објекти, особено во градот на конзулите Битола. Врз основа на претходната анализа, сосема е ненаучно да се тврди дека барокот влече какви и да било корени од македонското културно поднебје. 30 декември 2011 ПОРТА

3

23


старо скопје

Старата чаршија - заборавена сценографија од минати времиња

З

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

имата само што не пристигнала, онаа календарската, а по калдрмата сè уште шетаат луѓе! Не се така многу како летоска, но сепак ги има доволно. Некои итаат преку Камениот мост кон Бит-пазар, други пак се враќаат оттаму. Некој нешто купил, некој излегол да се прошета и да види што има. Ги има и оние осамените што не знаат каде да одат, и кои и за празници немаат друштво! Застануваат пред секој излог како да ќе купат нешто, се загледуваат во дуќаните и со часови одат угоре-удолу, онака бесцелно, загледувајќи ги минувачите или пак гледајќи долу, во своите нозе. Овде истокот и западот се допираат, но не се судираат. Истокот е на запад, западот е на исток, можеби е чудно, но така е овде отсекогаш! Тоа е нашата Стара скопска чаршија! Денес кога поминуваш низ неа, ти се причинува како заборавена сценографија од некои минати времиња, по која се исцртани старите капии и излози на дотраените

24

ПОРТА

3

30 декември 2011

дуќани. Погледот ти минува долж уличките, па нагоре по фасадите на куќите, се таму до Калето, како низ испишани страници на некоја книга. Чиниш како чаршијата сака да ти раскаже кој сè поминал оттука, како само тебе да ти го поверува својот секојдневен чаршиски говор. По сокаците се движат луѓе, дуќанџиите работат, се раскажуваат приказни за некои минати и блиски

времиња, многу од нив се приказни кои сè уште не го доживеале својот хепиенд. Се слушаат разни песни од секаде; турски, македонски, српски, албански, џагор од луѓе кои минуваат, чад и мирис на скарата од кај „Дестан”, „падобранците” во „Ригара” сè уште го имаат истиот вкус. Истокот и западот живеат заедно тука во некаква „импорт експорт” стварност! Старата скопска чаршија е една од

најголемите знаменитости на нашиот град, најголемата чаршија на Балканот по истанбулската.Чаршијата на овој простор опстојува со векови. Таа е старо трговско јадро на градот, сместена од левата страна на реката Вардар. Како градски центар на трговијата има податоци дека постоела уште од дванаесеттиот век, но во денешниот облик се оформила од 15 до 19 век. До скоро ги помнам тие времиња, постоеја многу стари занаети,


старо скопје

но тие, последниве децении исчезнаа! Останати се многу малку вистински занаетчии! Одамна ги нема абаџиите и сарачите, казанџиите и грнчарите, бојаџиите, бочварите, самарџиите; останати се еден до два ковачи, а ги нема и оџачарите кај црквата Свети Спас. На местата каде што опстојуваа некогашните занаети, никнаа кафулиња и продавници за сè и сешто! Се прават проекти за реновирање и заживување на чаршијата, но сè уште не е преземено ништо! Чаршијата полека пропаѓа! Полека истекува чаршискиот живот како вода од напукната чинија на која само на места се задржала старата позлата! Без проекти за ревитализација се реновираат нестручно

дуќаните, а тие пак, преку ноќ ги менуваат сопствениците. Тука никогаш не се гледало на националноста и на верата, туку на знаењето и на човечноста. За среќа, тоа како да опстојува сè уште и денес! ја сакам скопската чаршија. Можеби тајната што многумина, како мене, ја сакаат чаршијата е начинот на живот кој тече низ неа; дуќанот на столарот и мирисот на дрво внатре, лимарот што ги извадил своите производи надвор, на улица, ковачот отспротива во другата уличка кој го разгорува огнот со ковачкиот мев, старата шивачка која сè уште вредно работи, кафеаната на

аголот, фонтаната пред Капан ан и масите наредени околу неа, попречната уличка што скалесто се качува кон црквата Свети Спас...! Би можел со часови да шетам и да откривам нови работи кој не сум ги забележал порано. Но, самракот полека паѓа, чиниш како денот да одлетал преку Камениот мост од другата страна на реката Вардар, заедно со луѓето! Горе на небото се појавува однекаде месечината и со својот сјај ги осветлува крововите на трошните дуќани и од нив како да се

прелева по калдрмата на уличките. Се гасат светлата во дуќаните, се палат уличните светилки. Чаршијата се спрема за својот ноќен живот чекајќи ги младите што последниве неколку години доаѓаат тука во сè поголем број. А јас уморен полека си одам дома, но, можеби ќе се вратам ноќва повторно, да, секако ќе се вратам!


aрхитектура

Капела на ТИшИНАТА Александар ЧЕРЕПНАлкОВСкИ, дипл.инж. по дрвна индустрија

В

о центарот на најголемиот град во Финска, Хелсинки, се наоѓа најпрометниот плоштад во земјата, Наринка, низ кој илјадници луѓе поминуваат секојдневно. Во срцето на овој плоштад се гради мала капела која има за цел да понуди, барем накратко, мир во мислите на минувачите што ќе ја посетат. Токму затоа е наречена Капела на тишината. Архитектите (K2S Architects) се погрижиле навистина ова чувство да се долови и со изборот на материјал за изведба на објектот. Како основен материјал за конструкцијата, фасадата и ентериерот е избрано, секако, дрвото. Племенитата текстура и топлиот амбиент на дрвото е доволен за во тој централен урбан амбиент човекот да доживее допир со природата. Градбата на капелата е започната во март 2011 година, а се очекува во 2012 година на

26

ПОРТА

3

30 декември 2011

пролет да се заврши и пушти во употреба. Капелата, по нејзиното пуштање во употреба, ќе биде отворена од раните утрински часови до вечерта, овозможувајќи на луѓето да ја посетат во кој било период од денот. Со заоблената форма, капелата одлично се вклопува во амбиентот

на плоштадот. Во исто време, нежниот ентериер ги примамува и заштитува луѓето од надворешниот брз градски живот. Конструктивното решение на капелата е изведено со лепени ламелирани носачи од дрвото смрча. Од бетонската подлога, носачите се издигнуваат нагоре во

вид на полулакови, а во врвот се поврзани меѓусебно со хоризонтални греди за стабилност. Заради максимална контрола на квалитетот на изработката на дрвените носачи, тие се целосно префабрикувани. Во фабрика се комплетно обработени со цНц машини и спремни само за


aрхитектура монтажа на градилиште. Со ваков начин на работа, квалитетот и временската рамка за изработка на проектот се значително подобрени. Фасадата

наставување по должина е се со цел да се добие една мазна заоблена површина околу конструкцијата, така што не би требало да се забележи каде се составуваат дрвените елементи од фасадата по должина. Ентериерот исто така комплeтно ќе

со избор на материјал како дрвото, и конструктивното решение, може успешно да се реши проблемот. Специфичната позиција на градежната локација, која се наоѓа во центарот на гадот, предизвикува дополнителна тешкотија во изградбата на објектот. Веднаш до градежната

предвидат и испланираат сите работи како логистика, динамика на работен план, заштита на градилиштето и слично. Во фазата на проектирање на објектот во делот на компјутерска обработка на објектот се употребувани 2Д векторски цртежи и 3Д површински модели. Како основна алатка за изработување на 2Д цртежите се користи програмот Autodesk AutoCad, додека за 3Д моделите се користи Autodesk Rhinoceors. Користејќи ги овие документи како почетна точка, понатаму целото конструктивно моделирање се изведува во Allplan Engineering. Оттука, сите видови на цртежи за проектот како основи, пресеци, детали и

на капелата се планира да биде изработена од дрвени елементи од видот бор, бичени по ред за да се наставуваат дрвните годови и да претставуваат една визуелна целина. Како посебен предизвик ќе биде свивањето на дрвените елементи за фасадата и нивното наставување по должина. Ова

биде изработен од дрво. Внатрешната дрвена облога ќе биде изработена од Евла премачкана со маслен премачкувач, а исто така и клупите за седење се направени од масивно дрво. Акустичните својства на капелата се посебен предизвик, но

локација се наоѓа влез во подземна гаража за голем трговски центар која треба непрекинато да работи за време на целиот период на градба. За успешно и непрекинато извршување на сите фази на градбата, во периодот на проектирање треба да се

3Д модели се изведуваат во програмот Allplan. При зачувување на документите, тие можат да бидат со најразлична екстензија, правејќи ги прифатливи и за други компјутерски програми. Потоа документите се зачувуваат на Интернет каде би можеле сите инволвирани лица да ги  30 декември 2011 ПОРТА

3

27


aрхитектура

прегледаат и доработуваат во кое било време и на кое било место. Лепените ламелирани носачи технички се моделираат, исто така, во програмот Allplan, а како база се употребува моделот изработен во програмот Autodesk Rhinoceros. Со помош на техничкиот модел се задаваат нумеричките податоци за обработка на ламелираните носачи во цНц машина, за потоа комплетно да бидат обработени сите отвори, жлебови и слично. Овој начин на работа значително го олеснува целокупниот процес на обработка и подготовка на конструктивниот дел на објектот. Скоро е невозможно да се

28

ПОРТА

3

30 декември 2011

помисли во денешно време ваков тип на комплициран објект да се гради без помош од некој BIM (Building Information Modeling) компјутерски програм. Како што погоре спомнав, архитектонското решение на објектот е изведено од „К2С Архитекти“ од Хелсинки. За овој

објект тие добија интернационална награда за архитектура 2010 година, доделена од страна на Музејот за архитектура и дизајн во Чикаго и Европскиот центар за архитектура, уметност и урбанистички студии, а која важи за една од најпрестижните награди од

областа на архитектурата. Интересни факти за објектот - Капела (дрвена конструкција) – 104м2 - Соба за состаноци – 18м2 - Информативен дел и простор за изложби – 80м2 - Помошни простории – 64м2 - Дел со апартмани – 266м2 n


архитектура

Б

3

16 декември 2011 ПОРТА

29


архитектура

Револуционерна пролет во Франческо Читро, дипл.град. инж (Италија)

Ecopod Бостон

Архитектурата треба да се соочи со еден голем проблем - недостиг на извори, но во исто време таа е и машина која мора да продолжи да оди понатаму

2

011- навистина ли стигнавме до точка од која нема враќање? Може ли оваа фрустрација, ова чувство на срам да продолжи да нè обзема? Тоа е општата сензација. Ова е година карактеризирана со големи протести, најпрво започнати од продавачот на овошје во Тунис, а потоа проширени низ целиот арапски свет, за да кулминираат со големите бунтови во земјата симбол на античката и модерната демократија - Грција, родно место на овој политички систем и на Соединетите Американски Држави, место признаено по антономасија, каде многумина го зафатија Вол стрит. Сега дури и еврозоната е во ризик и, доколку

30

ПОРТА

3

30 декември 2011

Италија би се распаднала, единствената монета би била во ризик да исчезне. Раздорот е силен насекаде што се однесува до режимите и до банките чии шпекулации беа причина за светската несреќа. Никнувањето на градежниот меур ја предизвика најдлабоката криза што светот може да ја доживее, ја стави во сомнеж демократијата, ги стави на видик сите слабости, врз кои големиот економски раст на некои земји е базиран, и за кои политичкото водство не сакаше или не можеше да ги излечи. Работата ја изгубија стотици илјади луѓе со средно образование, како и личности со висок степен на образование. Кризата во градежниот сектор обезвреди две, по мое мислење, од најубавите професии на светот: онаа на архитектот и онаа на инженерот.

Архитектурата е една од малкуте професии што дозволува да се поврзат креативноста и уметноста со математиката и науката. Принудува постојано да се замислува иднината, правејќи богатство од искуствата во минатото. Не постои никакво интелектуално знаење што може да биде игнорирано од архитектот. Убавото во оваа професија е што треба секогаш да се биде „hungry and foolish” (гладен и луд), како што тврдеше Стив Џобс. Да се биде гладен од знаење, па дури и од успех, а луд затоа што архитектурата е исто така еден фантастичен паралелен свет, каде што може да се фантазира, да се ослободи умот и да се доведат на земјата големи идеи. Навикнати сме на сликата од успешни архитекти: Сантијаго Калатрава, Ренцо Пиано, сер Норман Фостер, но професијата е

составена исто така од многу привремени состојби и многу искористување, што во многу нации економската криза ги претвори во еден вид норма. Архитектурата сега треба да се соочи со еден голем проблем - недостиг на извори, но во исто време таа е и машина која мора да продолжи да оди понатаму, сигурно не може да умре на ваков начин, затоа што е дел од човечките потреби. 2011 е една од оние години кои добро ќе ги запомниме, која навистина стави на тешка проба многу мозоци, кои сега се наоѓаат на место каде што треба да предложат нови решенија, каде штедењето и одржливоста излегува дека се зборови-лозинки. 2011 година одредува еден нов пристап на оваа проблематика: повторно се измислува


архитектурата иднината. Се наоѓаат нови решенија кои пробуваат да ги соединат техничките изуми со одржливиот развој, т.е. повторното искористување на материјалите. Најголемите изуми секогаш доаѓаат од земји, омразени од многу, но каде што мислата е слободна и фантазијата може најубаво да се искаже. Тоа е и случајот со Бостон во САД, каде американските научници ги предложија Еко Под-ите, од многумина наречени како вистинска научна револуција. Претставуваат нов метод за реализација на алтернативна енергија. Неговото име е Еко Под, родено од идеја, која се базира врз производството на енергија од биоенергетско гориво. Проектот се состои од oбновување на старите згради во Бостон и нивно покривање со микроалги. Се работи за биореактори од микроалги кои трансформираат јаглероден диоксид во кислород за време на фотосинтеза��а и се адаптираат на каков и да е тип на површина, дури и вертикална. Намерата е со тоа да се реализира една структура од многубројни направени капсули преку кои се произведува биогориво, еднакво на триесет пати повеќе од актуелните традиционални методи. Проблемот

потоа што мора да се поместат капсулите е решен преку механички раце кои ја добиваат енергијата токму од биогоривото од алгите. Сè на сè тоа е една независна структура. Згора на сè, со истиот принцип, вертикалните фасади нудат добра термичка изолација дозволувајќи голема заштеда на материјали, а со тоа и на потрошувачка. Принципот е ист како кај вертикалните зелени фасади, кои немаат функција на енергетско производство, туку служат за термичка изолација: би се рекло дека вертикалното зеленило има функција на изолаторско палто или пак, како во овој случај, како изолатор или како енергетски мотор. Архитектурата ги храни фантастичните мозоци и го прави тоа толку добро што постојат архитекти кои успеваат да донесат на светот вистински бајки, оние што ни биле раскажувани како мали. Никој никогаш не би помислил дека ќе може да ја јаде сопствената куќа како Ивица и Марица, а сепак некој ја имаше токму оваа идеја со Incredible Edible House. Тоа е навистина изводлив проект доколку неговата основна структура има целосна обвивка на која растат зеленчук и чај коишто се наводнуваат преку систем способен да ја собере дождовната вода. Зелениот ѕид гарантира засилено освежување од ветерни турбини и од сад кој ја одржува свежа средината преку еден метод наречен „evaporative cooling”. Замислете ја оваа идеја пресадена во светот на реставрацијата. Всушност, токму еден

The incredible Edible house - Лос Ангелес

ресторан во Лос Анџелес кој се наоѓа во внатрешноста на една стара осквернавена црква го користи овој метод: самиот клиент може заемно да дејствува со структурата директно берејќи го она со кое сака да биде послужен. Зеленото, значи, се покажува како многу економичен извор, поевтин од многу други материјали, одржлив и што може да се репродуцира. Поттикнати сме повторно да го пронајдеме зеленото коешто го заборавивме последните години, а чија витална вредност сега ја признаваме, како што се случува и во Јужна Аргентина во гратчето Розарио. Билборд паркот е еден од овие примери. Нов начин да се сфати повторното претворање преку вертикалните зелени ѕидови. Работата се базира врз анализа на различни проблематики кои постојат во внатрешноста на градовите и предлага еден интерактивен пристап меѓу човекот, потрага по нови конструктивни техники и нови материјали. Космополитската метропола веќе позната по своите неокласични архитектури наскоро би можела да стане позната и заради „Billboard”. Проектот навлегува во една поширока програма за ревитализација на градот Wing house - Малибу

што сака да ги поврати дислоцираните области и да го искористи крајбрежниот ѕид. Овој ѕид се протега со должина од 32 метри и висина од 15 метри, домаќин е на вертикалното зеленило кое е свртено накај реката, панелите на ѕидот се свртени накај улицата и градот, а за крај има вдлабнатини на различни височини кои нудат серија интересни глетки на реката и на аргентинскиот град, давајќи еден менлив вертикален пејзаж кој зависи од тоа од која точка се набљудува. Карактеристична за паркот е неговата моделарна структура слична на едно необично гнездо на пчели. Се работи за структурална решетка отворена во бетон, на која се пресечени премини и која со единствена геометриска форма успева да ги состави хоризонталните, како и вертикалните катови на површината. Новиот парк е важен елемент за преобразување на една индустриски загадена област, способен да произведе природно обичен, но и разнобоен пејзаж со широки и волшебни панорамски глетки чијшто двоен просторен состав успева да ја трансформира околната средина во едно јавно хармонично и пријатно место, и да му даде на крајбрежниот ѕид на градот нов лик, со голема комуникативна сила. Одржлив изум и да се рециклираат само по потреба зборовите-лозинки на нашето време. Сличен пример за повторна употреба на материјали е случајот со една вила во Малибу која целосно ги има употребено останатите делови од еден Боинг 747. Од сево ова може да се забележи дека општата мисла и општите граници на архитектурата гледаат кон една еколошка иднина. Тоа е нов стил на живот, кој се стреми да направи потреба од една доблест преземајќи го економското користење на  30 декември 2011


Tubo hotel - Мексико

материјалите, но без да се откаже од восхитот. Рециклирањето е карактеристика на еко-пријателскиот стил на живот, иако не секогаш резултатите се нешто посебни. Овој систем заинтересира многу хотелски синџири и некои обиди беа успешно извршени во Австрија. Да се преспие на места кои во минатото биле незамисливи, сега е пак во мода. Во старите цевки од армиран бетон се прават удобни соби. Предноста кај овие структури е што навистина е помала потребата за одржување откако ќе бидат дезинфицирани и исчистени за прв пат. Три големи бетонски цевки околу еден парк станаа симбол на градот за тоа како креативната способност на човекот дозволува да се рециклираат најнезамисливите предмети. Мали соби во внатрешноста на бетонските цевки вратени и повторно искористени во целосно ново руво. Предлогот веднаш изгледа интересен поради намалената потреба за одржување која ја бараат материјалите по потребните први Bilboard park Росарио, Аргентина

32

ПОРТА

3

30 декември 2011

Dasparkhotel Австрија

чистења и почетни дезинфекции со оглед на издржливоста и цврстината што го гарантира одржувањето на квалитетот низ времето. Од климатска гледна точка празнините се загреани и структурата така се користи само во летниот период, каде термичката инерција од бетонот гарантира пријатна внатрешна температура преку целиот ден. Оваа идеја, меѓутоа, не им избега ниту на некои архитекти кои доаѓаат од места со потопла клима како што е Мексико. На локалната клима ѝ одговара употребата на технологија од овој тип:

за време на летото бетонот гарантира свежина во внатрешноста, а додека во ладниот период, каде нивните минимални дневни температури се секако повисоки поради нашата географска широчина, осветлувањето од сонцето термички се акумулира и потоа може да се обезбеди топлина во ноќните часови. Се работи за не многу различна ситуација од собите ископани во камен. Во овој случај, е изграден еден вистински хотел каде сите соби се составени од мали пирамиди од три цевки со надворешна скала која дозволува пристап до горниот кат. И овде, заради логични причини, бањата е надвор од собата, но во комплексот ги има сите услуги потребни за функционирањето на еден хотел. Тоа е сигурно пример на минимална егзистенција на која пак се надополнува темата за повратување на еден многу скап енергетичен материјал кој е во фаза на производство, често е употребуван за релативно кратки периоди и потоа се фрла: со сигурност ова е еден од најинтересните примери за рециклирање. Драматичната светска криза во

последните две години е и резултат на оваа трансформација на глобалната економија и на несоодветните одговори дадени на главното прашање за еден ваков нов уред. По примерот на еден навидум забележлив дух на соработка кој се согласи да ги сопре можните уништувачки ефекти од светската криза, најголемиот предизвик со кој треба да се соочиме следниве години е како да се обезбеди економска стабилност и да ѝ се гарантира нова фаза на развој. Наспроти границите и потенцијалноста на актуелниот систем да биде за глобално владеење, се раѓаат мислења на авторитетни и помалку авторитетни светски научници, кои водени од свесноста за големите предизвици со кои треба да се соочат, зацртуваат нови сценарија за креативност и правила употребливи во светот на архитектурата. Глобалната криза е веќе реалност која сите ја прифаќаме во нашите секојдневни животи и нашите животни избори. Несигурноста на сегашноста, пак, нè тера да ги видиме работите на поинаков начин: ако претходно не сме размислувале многу за некои потребни и непотребни трошоци, денес оптиката ја ставаме многу почесто врз долготрајните избори како за материјалните трошоци, така и за оние енергетските. Наспроти константните менувања на цената на бензинот, тажно познатата дилема за продавање на ѓубрето, организационите како и политичките проблеми кои доаѓаат од преминот на гасоводите, спонтано произлегува да се види употребата на алтернативни и екоодржливи извори како најнеизбежна опција за живот. Сега младите дипломирани архитекти треба навистина да бидат решителни, да имаат страст и надеж за да успеат да ги пренесат сопствените идеи на една планета која се наоѓа пред нови барања, која се поставува покорно во планирањето за да можат да се соберат сите типични одлики на овој историски период. Главна е свеста за улогата на животната околина, таа ќе доведе обврската на архитектот на XXI век да биде онаа, да го стави во релација неговото дело со територијата, и тоа да го направи на начин на кој белегот врз животната средина биде што помал. Архитектура, одржлив проект и обновливи енергии, се централни теми на нашето време, а со тоа се и неопходни. n


репортажа

3

16 декември 2011 ПОРТА

33


музеи и галерии

Обновениот музеј Орсеј отворен за посетители Љупка Дуковска, дипл.инж.арх.

В

о еден од најубавите градови на светот, во Париз, се сконцентрирани повеќе светски познати музеи. Музејот за кој станува збор е меѓу најпознатите, релативно нов, но сместен во стар објект во самиот центар на градот, на левиот брег на реката Сена, наспроти познатиот парк Тилери. Тоа е објектот на старата железничка станица на Орсеј (Gare d’Orsay), извонредно адаптирана во современ музеј, познат како музејот на Орсеј. Од неговото отворање во 1986 година до денес, тој е еден од најпосетуваните музеи во светот. Во 2009 година почна ново реновирање на делови од музејот. Новиот лик на обновениот музеј е наречен „Нов Орсеј“. Првата фаза од реновирањето е завршена. Дел од „Новиот Орсеј“ беше отворен на 12 октомври оваа година од страна на премиерот на Франција, Франсоа Фијон (Francois Fillon). За јавноста е отворен од 20 октомври. Работите сукцесивно продолжуваат и понатаму. Комплетното реновирање ќе заврши во 2015 година.

МУЗЕЈОТ ОРСЕЈ Националниот мултидисциплинарен музеј Орсеј е место во кое се

34

ПОРТА

3

30 декември 2011

Музејот Орсеј изгледа благородно, и ја пренесува таа благородност и убавина на идните генерации. Тука секогаш, со радост и возбуда го чекаш својот ред за влегување. Бројот на посетители е импозантен, годишно помеѓу два и три милиони. Од неговото отворање, во 1986 година, го посетиле 66.730.187 посетители од целиот свет. сконцентрирани различни уметнички креации, создадени во западниот свет помеѓу 1848 и 1914 година. Период значаен за француската историја. Во 1848 година е создадена Втората француска република (1848 - 1852), за чиј претседател е избран Луј Наполеон Бонопарта. Но, тој во 1852 година, со државен удар, републиката ја прогласил за царство, а самиот себеси како Наполеон III, се прогласил за император на Второто француско царство. Тоа е истиот Наполеон III, кој го ангажирал префектот барон Осман со задача да го модернизира и обнови Париз. 1914 година е значајна како за Франција така и за целиот свет, година во која почнала Првата светска војна. Најзначајните дела создадени во тој период, во областа на сликарството (импресионисти, постимпресионисти), скулптурата, графиката, фотографијата, декоративната уметност и архитектурата, можат да се видат

овде, да се почуствуваат, да се доживеат.

ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА Историјата на овој објект, изграден пред повеќе од еден век, е многу интересна, испреплетена со возбудливите случувања на времето во кое е граден. На крајот на 19 век, во Париз се изградени две големи железнички станици, Лион и Орсеј. Железничката станица Орсеј е изградена на местото на палатата Орсеј, која за време на Париската комуна, во 1871 година, била запалена и изгорена заедно со целото соседство. Нејзините руини останале триесет години да сведочат за ужасите на граѓанската војна. Првиот архитект кој бил ангажиран за изградба на овој објект, Еужен Хенар, планирал да користи индустриски материјали, што не било прифатливо за соседството бидејќи неговата фасада гледала во Лувр, кој се наоѓа на спротивната страна на реката Сена.


музеи и галерии Поради тоа бил распишан конкурс, контролиран од парламентарна комисија, на кој победиле архитектите Виктор Лалу, Лусијен Мањ и Емил Бенар. Новиот објект требало да биде совршено вклопен во елегантната околина. Лалу направил успешен микс на материјали и стилови, кој благородничкото соседство го прифатил. Избрал модерна метална конструкција за фасадата на хотелот што е во состав на железничката станица, изградена во академски стил, со финална употреба на камен. Внатре во објектот била искористена најмодерната техника во тоа време: рампи и лифтови за багаж, ескалатори за патниците, сервис со рецепција во приземјето... , а отворениот хол продолжувал во голема хала. Во конструкцијата била вградена импресивна количина од 12.000 тони метал, што е многу повеќе од количината вградена во Ајфелова Кула. Железничката станица и хотелот биле изградени за две години (1898 1900 г.). Од 1900 до 1939 година, таа била главна железничка станица на југозападната железничка мрежа на Франција. Линијата Париз - Орлеан функционирала со години. Но после 1939 година, поради електрификација на железницата, и појавувањето на нови типови на подолги возови, платформите станале кратки. Со тоа нејзината функција како железничка станица престанала. Долг период потоа била користена за различни намени. Интересно е дека во неа се снимени неколку филмови, како „Процес“ на Кафка во режија на Орсон Велс во 1962 гонина, и неколку сцени на „Конформист“ од Бертолучи во 1970 година. Во периодот 1972 1981 година, во неа бил сместен популарниот Театар Рено - Баро или Театар Орсеј, театар на познатите актери Мадлен Рено (1900-1994) и ЖанЛуи Баро (1910-1994), славни имиња кои го одбележале театарот на Париз во 20 век. Хотелот, како составен дел на овој објект, ги затворил вратите на 1 јануари 1973 година, исполнувајќи ја својата историска улога како место во кое се случувале значајни општествени настани. На пример, прес конференцијата на Генерал де Гол, на која го објавил своето враќање.

МУЗЕЈ Железничката станица Орсеј, инаугурирана на 14 јули 1900 година за време на Светската изложба во Париз, веднаш била прогласена за ремек-дело

на индустриската архитектура. По повод нејзиното отворање, францускиот академски сликар Едуард Детај (1848-1912), напишал: „Железничката станица е извонредна, таа изгледа како Палата за убавите уметности (Palais des beaux-arts)“. Осумдесет и шест години подоцна, неговите зборови се исполниле. Неговото видување станало реалност. Денес, објектот од железничка станица е трансформиран во Палата за убави уметности. Тоа е еден од најубавите музеи во Париз. А Едуард Детај, познат како сликар кој работел мотиви од војната, влезе во новиот музеј со своето платно „Сон“ од 1888 година, на кое ги претставува војниците што на бојното поле ја сонуваат победата, ја сонуваат славата. Во 1978 година објектот е класифициран како историски споменик. Тогашниот претседател на Франција, Валери Жискар д’Естен, дал иницијатива железничката станица Орсеј да се пренамени во музеј на уметноста од 19 и 20 век, кој ќе опфати повеќе форми на уметноста. Реновирањето на објектот почнало во 1979 година, а бил финализиран и инаугуриран на 1 декември 1986 година, од тогашниот претседател на Франција, Франсоа Митеран. На објектот работеле архитектите Рено Бардон, Пиер Колбок и Жан-Пол Филипон. Конструкцијата е дело на познатата француска градежна фирма „Буиг“. Ентериерот го дизајнирале тим од архитекти, раководен од познатата Гае Ауленти (Gae Aulenti), архитект од Италија. Работата вклучувала креација на нови 20.000 м² простор.

ГАЕ АУЛЕНТИ Авторката Гае Ауленти е родена 1927 година во Италија. Таа е позната по својот ангажман во изработка на ентериерни проекти за повеќе музеи во светот, како што се: Музеј д’Орсеј во Париз (1980-1986), Галеријата на современа уметност во центарот Жорж Помпиду во Париз (1982 - 1985), Палата Граси во Венеција (1985-1986), Музеј на Азиска уметност во Сан Франциско (2000-2003) и други. Познати се и нејзините индустриски дизајни, како и сценографии за повеќе театарски претстави. Ангажманот на адаптација на просторот на стара железничка станица во современ музеј, не е лесна работа. Тоа е своевиден професионален предизвик. Според мое мислење, извонредно совладан и решен. Поентата, акцентот во нејзиниот 30 декември 2011 ПОРТА

3

35


музеи и галерии проект со право е ставен на големата хала, која е со огромни димензии (32 м висока, 40 м широка и 138 м долга). Таа е искористена како главна артерија за движење и посета на музејот. Најголемиот проблем, огромните волумени на старата железничка станица, во нејзината креација е вешто разрешен, претворен во предност, и мајсторски вклопен во новиот ентериер на музејот. Користени се големи камени површини, камени облоги на ѕидовите и подовите. Некои мислеа дека има премногу „фараонизам“. Но, просторот е хармонизиран, огромната висина е визуелно намалена, сè е споено во една флуидна, хармонична целина, пријатна и воедно возвишена за претставување на скулптурите, сликите, архитектурата..., на Убавината*. Специфичните музејски простори и другите содржини, претставени преку павилјонот Амон, стаклените пасажи од старата железничка станица, музејскиот ресторан сместен во ресторанот на бившиот хотел, кафуле, книжарница, аудиториум, сè е сместено во огромен простор. Вкупната корисна површина е 57.400 м², од кои 16.853 м² е простор за галерии, сепарирани во 80 посебни простории, 1.837 м² е простор за времени изложби, кафе-ресторан од 1.200 м², аудиториум 570 м², разни сервиси за посетители 2.450 м², и резерва од 3.000 м². Во објектот се вградени 10 ескалатори, 11 елеватори и лифтови.

КОЛЕКЦИИ Колекциите на музејот Орсеј се создадени од колекциите на три француски национални музејски институции: од музејот Лувр, со дела на уметници родени после 1820 година; колекција од Музејот Ж де Пом (Jeu de Paumе), кој од 1947 година беше посветен на импресионистите и на крај со дела од Националниот Музеј на модерна уметност, кој во 1976 година беше префрлен во Центарот Жорж Помпиду, со дела кои не беа во него��ата програмата. Музејот Орсеј е мултидисциплинарен музеј, и во него се опфатени дела од повеќе видови на уметност. Содржи значајни колекции на сликарство (импресионисти, постимпресионисти), скулптура, графика, фотографија, декоративна уметност и архитектура. При неговото отворање музејот имал 2300 слики, 150 скулптури и повеќе од 1000 други експонати. Најпознатите дела на импресионистите и постимпресионистите, чии имиња веднаш ве асоцираат на Париз, во кој луѓето 36

ПОРТА

3

30 декември 2011

специјално доаѓаат да ги видат, се наоѓаат во овој музеј. Тука се колекциите со ремек-дела на Дега, Моне, Мане, Реноар, Сезан, Ван Гог, Гоген, Сера и други. Големиот централен простор на музејот, осветлен со дневно светло од кровот, е идеално место за колекциите на скулптура. Тука можат да се видат „Четирите страни на светот ја подржуваат небесната свера“ од Жан Баптист Карпо (1827 – 1875), „Бронзано доба“ од Огист Роден (1840 – 1917), „Малата танцувачка од 14 години“ од Едгар Дега (1834 – 1917), како и многу други познати скулптури. Бројот на делата што го најдоа своето вистинско место под грандиозната конструкција на архитектот Лалу, постојано се зголемува и сега изнесува 2200. Интересно е дека во 1970 година, во овој музеј се оформила и колекција на фотографии, која пред тоа не постоела во ниту еден француски музеј.

АРХИТЕКТУРА Исто така, архитектурата како уметност од самиот почеток е вклучена во овој музеј. Музеите обично преку неа ги претставуваат другите форми на уметност, во обид да најдат интеракција помеѓу нив. Но, во овој музеј архитектурата има свој перманентен изложбен простор. Сместен е на крајот на централната алеја, дизајниран од Ричард Педузи. Неговата задача била тешка. Да се претстави целокупното архитектонско остварување од тој период, сите големи промени направени за време на Наполеон III и префектот барон Осман кои го претвориле Париз во модерен град, било невозможно. Затоа акцентот во претставувањето е ставен на еден објект, симбол на тоа време. Тоа е зградата на париската Опера Гарние, проектирана од Шарл Гарние (Charles Garnier), изградена во период 1863 1875 година. На овој проект работела цела генерација на умтници, сликари, скулптори, декоратери, уметници кои оставиле големо влијание во европската архитектура. Преку операта се претставени сите аспекти на градбата, планирањето на градот, архитектурата и декорацијата. Во музејот може да се види, во модел од 1:100, пресек низ објектот и неговата околина, каков што бил во времето на неговото отворање, на 5 јануари 1875 година. Урбанизмот, на дел од градот, е прикажан низ проѕирна, полихромна, подна конструкција. Возбудливо е чувството да ги гледате објектите, улиците,

Едуар Мане - „Појадок на тревата“, 1863

урбанизмот на времето што поминало, додека стоите над нив, од птичја перспектива. Благодарение на разни донации и на ставот на музејот да откупува архитектонски цртежи, проекти на значајни објекти, ентериери, внатрешни декорации, колекцијата за архитектура се зголемува секоја година. Вниманието го задржува и делот за декоративна уметност. Можат да се видат креации на намештај, посебно дизајнирани делови во стилот на тој период. На пример, во богатата

колекција се среќаваат дизајнирани делови од ентериер (ѕидно огледало, конзола, витрина), кои познатиот архитект Антони Гауди (1852-1926) ги работел за ентериерите на куќите на богатите индустријалци Батло и Мило од Барселона, на почетокот на 20 век, помеѓу 1906 и 1910 година.

НОВИОТ ОРСЕЈ Во 2009 година почна ново реновирање на делови од музејот. Во првата фаза на обновувањето се опфатени галериите на


музеи и галерии

импресионисти и постимпресионисти, сместени во најгорниот кат, павилјонот Амон, кафулето и други изложбени помошни простори. За редизајнирање на овие простори се ангажирани архитектите Жан Мишел Вилмот, Доминик Брар, како и славните бразилски дизајнери, браќата Кампана. Целта на овој потфат е да се обезбеди поголем изложбен простор (добиени се нови 2000 м²), подобро претставување, подобра циркулација на посетителите, поголем комфор и поголема сигурност. Посебно внимание е посветено на подовите што се од темно дрво, боите на ѕидовите што се темносиви и на осветлувањето. Со определбата на музејот, во реализација на овој потфат да се вклучат познати архитектонски и дизајнерски имиња, „Новиот Орсеј“ станува екстремно модерен и елегантен простор, во кој креираат или се наоѓаат дела креирани од најинтересните, современи дизајнери на нашето време. Вклучувањето на седум клупи од „Водните блокови“ на јапонскиот дизајнер Токуџин Јошиока (1967), во обновените галерии на импресионистите, зборува за тоа. Клупите „блоковите од вода“ изгледаат како оригинални скулптури, со динамична форма. Транспарентна, поетска креација на играта на светлото и водата, која потсетува дека

При неговото отворање во 1875 година, музејот имал 2300 слики, 150 скулптури и повеќе од 1000 други експонати

природата е секогаш извор на инспирација. Многу од делата на овој познат дизајнер, се дел од колекциите на музеите ширум светот, како Музејот за Модерна уметност (МоМА) во Њујорк, центарот Жорж Помпиду во Париз, во

Лондон, во Германија... Ангажирањето на познатите бразилски дизајнери, браќата Фернандо и Умберто Кампана (1953 и 1961), за реновирање на просторот на кафулето со часовникот, што ја

инспирира имагинацијата, е во согласност со определбата на музејот, да се внесат во него најоригиналните креации на нашето време. Креациите на браќата Кампана, познати по изработка на органски намештај, со оригинален материјал како картон, јажиња, струготини од дрва, пластични цевки, алуминиумски жици... се дел од опремата на музејот. Нивните креации кои предизвикуваа контраверзни реакции во деведесеттите години на 20 век, сега се меѓународно прифатени во Европа и Америка. Во 1998 година, тие изложија свои дела во Музејот за Модерна Уметност (МоМА) во Њујорк. Првиот дел од реновирањето на музејот е завршен. Дел од Новиот Орсеј е отворен за посетителите. Работите на неговото обновување продолжуваат. Во следниот период, до 2015 година, во Новиот Орсеј ќе биде редизајнирано буквално сè, освен централниот дел извонредно дизајниран од Гае Ауленти. Дизајн кој успешно опстојува во изминатите 25 години од неговото отворање. Објектот на старата железничка станица, со архитектура, естетика и техника на 19 век, со адаптацијата во современ музеј, со развојот на програмите за работа, со новите активности го продолжи својот животен век и се вклопи во новото време. Во денешниот модерен, современ град, стана место кое со својата Убавина* и со Убавината* изложена во него, ги привлекува луѓето. Место во кое покрај изложбите, се организираат и музички вечери, филмски претстави, разни спектакли, предавања, дискусии, место за забава, размислување и учење. Место кое изгледа благородно, и ја пренесува таа благородност и убавина на идните генерации. Тука секогаш, со радост, исчекување и возбуда го чекаш својот ред за влегување. Со право е еден од најпосетуваните музеи во светот. Бројот на посетители е импозантен, годишно помеѓу два и три милиони. Од неговото отворање, во 1986 година, го посетиле 66.730.187 посетители од целиот свет. Толкав број на луѓе ја осознал, доживеал и пренел неговата Убавина на својата околина. Навистина впечатливо. Го оправдува своето постоење. Не е ли ова најголема потврда за значењето на уметноста и за неопходноста од неа. n (* Големата буква У на зборот Убавина е избор на авторот на текстот, според кого уметноста е Убавината, таа е нејзиниот магичен клуч.) 16 декември 2011 ПОРТА

3

37


архитектура

Фавела

александра Шекутковска, дипл.инж.арх.

- архитектура на идентитети

K Единствено место во светот, во кое истовремено се испреплетуваат највисоката свест за колективно живеење и стравот за сопствената безбедност од локалната мафија која владее со фавелата 38

ПОРТА

3

30 декември 2011

ога ќе речам фавела, мислам на колаж од материјали, колаж од архитектонски елементи како скали, кровни конструкции, испреплетени ѕидови, сиромашна населба, а во нивна заднина се богатите кондоминиуми. Но најважно од сè, мислам на фавелата како бескрајно поле на човечката имагинација и потреба, бескрајно игралиште за децата што живеат во неа. Место каде што, како никаде на светот, се испреплетуваат највисоката свест за колективно живеење и стравот за сопствената безбедност од локалната мафија која владее со фавелата. Интересно е дека нивото за колективно живеење варира од поставеноста на самите фавели. Има фавели каде што куќите се целосно приватизирани и не се случува комуникација меѓу најблиските соседи, но и фавели каде што соседните куќи се испреплетуваат и жителите просторно функционираат како групи. НЕФОРМАЛНИ НАСЕЛБИ Неформална населба или slum како што е дефинирано според агенцијата Хабитат при Обединетите нации, се карактеризира со супстандардни станбени услови и недосиг на безбедност на жителите. Според статистиките, со порастот на

популацијата во 2030 година се очекува две милијарди урбани жители да домуваат во сиромашни неформални населби. Неформалноста настанува заради неможноста на градските авторитети да ги развиваат во ист чекор капацитетите за домување и растот на популацијата (особено на сиромашната популација). Така, еден од најкарактеристичните примери на неформални населби денеска претставува фавелата. Зборот фавела е директно поврзан со домувањето како динамична структура, како жив организам кој постојано расте, се менува и се проширува. Фавелите потекнуваат од Бразил и претставуваат неформални населби каде што граѓаните немаат сопственост на земјиштето. Сличен тип на населби со различен интензитет се карактеристични и за други земји во развој како Индија, Африка, Турција, Перу. Како град во град, фавелата ја живее својата независност во однос на остатокот од градот, најчесто одвоено од официјалната организирана влада заради нејзиниот неформален настанок и неможноста на локалната власт во моментот да го имплементира сопствениот систем. Главниот авторитет претставува локалната мафија со дрога, заради што и квалитетот на животот на луѓето во фавелата варира од населба до населба. Според „Метаполис речник на


архитектура

Како град во град, фавелата ја живее својата независност во однос на остатокот од градот, најчесто одвоено од официјалната организирана влада заради нејзиниот неформален настанок и неможноста на локалната власт во моментот да го имплементира сопствениот систем

современата архитектура“, неформалното има три карактеристики: локално, хибридно и спротивставенохоризонтално и вертикално надополнување. Овие три карактеристики не постојат сами по себе, туку се испреплетени во секој архитектонски аспект. Неформалното има отворен крај, секогаш во себе ги содржи сценаријата што допрва можат да се случат. Едно од есенцијалните прашања, кога се работи за локација на фавелата, е кои се параметрите преку кои се развиваат фавелите и како всушност се случува „растењето“ на структурите за домување? Се разбира, параметарот претставува неформалното, меѓутоа преку различни истражувања на ваквиот тип на населби, особено на формални населби кои подоцна се неформализирани, се забележани одредени обрасци во архитектонските и социјалните реперкусии. Карактеристичен пример е експерименталниот проект за домување ПРЕВИ во Лима, Перу, особено неговата генеза. Овој проект, имплементиран во 60тите години во Лима, во себе носи три најважни карактеристики: нова населба која ќе биде изградена со низок буџет, студија за обновување на постоечките куќи и градење на евтини самодоволни куќи. Сличен на проектот Социополис,

ПРЕВИ е резултат на интернационален конкурс во 1967 година за ниска градба на домување кое е со низок буџет, спонзорирано од програмата за развој на Обединетите нации и Државната банка на Перу. Најпознатите архитекти во тоа време и многу други кои сè уште се еминентни имиња во архитектурата, дизајнираат предлози за ниска густина на популација, прогресивни населби за домување во контекст на лимитирани ресурси и ургентна урбанизација. Алдо Ван Ајк, Џејмс Стирлинг, Кристофер Александер, Ателје 5, Кандилис, Чарлс Кореа, се само неколку од архитектите што учествуваат на овој проект. Населбата се состои од единици кои го прават прототипот на експериментална населба со чија анализа и студија по 40 години можеме да донесеме одредени заклучоци за просторното однесување, односно за неформализирање на формалните населби и параметрите преку кои жителите го изразуваат тоа. Домувањето претставува продукт на активноста на градењето во заедницата, не само единечен продукт. Зголемувањето на куќата, создавањето на продолжение на куќите се случува заради неколку аспекти. Првиот и најосновниот е зголемувањето на семејството, односно втората генерација на семејството останува да живее со сопствените 39


aрхитектура

Во 2030 година се очекува две милијарди урбани жители да домуваат во сиромашни неформални населби

40

ПОРТА

3

30 декември 2011

родители и го создава сопственото семејството во рамките на истиот дом. Вториот претставува микроекономијата, отворање на комерцијален простор, канцеларија, единица за изнајмување, сервиси, студио, што е директно поврзано со материјалната егзистенција на семејството. Продолженијата следат кохерентна логика што е поврзана со рестрикциите и можностите на оригиналното живеалиште. Начинот на кој фамилиите се вселуваат содржи три фази. Првата фаза е окупација - персонализација. Се прават мали поправки во конструкцијата и се обезбедуваат кој е периметарот на нивната локација, потоа се дефинира изгледот на куќата и на крај се инсталираат економски елементи. Втората е згуснување - формирање на суб нуклеусот на фамилијата, односно децата создаваат свои фамилии, нови соби во куќата. И третата е диверсификација и консолидација, кога дел од фамилијата се

иселува, а со тоа се создава простор за изнајмување - микроекономија, и доколку нема промена во семејната структура потребна е независнот за првобитната фамилија. Во проектот на ПРЕВИ е забележано дека има одредени архитектонски принципи во однос на создавањето на неформалноста. Продолженијата не ги покриваат откриените дворни површини, без разлика на потребата на семејството да се шири постојат одредени правила и почитувања на потребите од сончева светлина и вентилација и куќата не расте до максималните граници на периметарот на локацијата. Во Бразил градските општини работат напорно на имплементирање на социјално домување за жителите на фавелите. Основната причина е дека на некои од овие локации има честа појава на поплава, лизгање на земјиштето и настануваат природни катастрофи. Општините изработуваат детално

мапирање на т.н. куќи кои се на приоритетна листа да бидат искоренети од фавелата. Жителите, откога ќе бидат мапирани куќите, добиваат стан во објектите за социјално домување две години и ќе се согласат да ја дадат сопствената локација. Објектите за социјално домување имаат сосема нова логика за жителите од фавелата. Нема програми за колективно домување. Фавелата има централно место во градењето на човечките односи. Еден пример од фавелата е дека се случува 20 фамилии да користат една кредитна картичка, што покажува колку е високо нивото на колективната свест кое, за жал, не се имплементира и не се развива во новите проекти. Од општините аргументираат дека се надеваат втората генерација после онаа што се вселува ќе има посреќен живот. Фавелите настануваат заради тоа што значајни делови од населението се исклучени од официјалниот пазар на станбениот простор. Архитектурата на овие населби е специфична по тоа што се менува, се зголемува, се создаваат продолженија, постојана трансформација и промена. Неформалното, трансформираниот град претставува фрагмент кој е интегрален дел на развиенот град. Со сопствениот отворен крај, зад себе остава урбана иднина полна со можности на локации каде што претходно немало никакво сценарио. Денес, може да се размислува како повторно да се формализира или како да се поттикне новиот циклус на неформалност. Во секој случај, архитектонските проекти со соодветната сензитивност на вистинската архитектура се историски чекор за доближување во овој сосема поинаков свет и акцентирање на спонтаната архитектонска естетика која се препознава во него.


Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др


архитектура и социологија

м-р Иван МИРКОВСКИ дипл.инж.арх.

Социјални морфологии Итало Калвино вели дека секој град зад својата видлива структура има свој невидлив град кој со интелегентни и прецизни потези го движи развитокот на оној видливиот

О

вој текст се обидува да осознае релации во социјалниот реалм на општеството и е апстракт од социо-урбанистичка студија на тема „Социјална морфологија - област на изучување: Скопје“. Односно методолошките и концептуалните предизвици, со кои социјалните науки се соочуваат поради промените на традиционалните простори и перцепции на општеството. Во овој контекст, тезата се обидува да изнајде релации помеѓу постсоцијалистичката архитектура и нивото на социјалното и интелектуалното однесување; гледано преку примерот на Скопје помеѓу 1963 - 2014 година.

42

ПОРТА

3

30 декември 2011

Социо-технолошката природа на градот е растеглива. Помеѓу таа вискозност ги истражува импликациите од вмрежувањата на територијалните феномени, идентификувајќи хомеостази од урбанистички системи, додека во исто време ги открива аспирациите што конфигурираат некој урбанистички идеал. Градовите како алка во еден патерн, докажуваат дека во урбанистичкиот дискурс, знаењето е неделиво од акцијата. Во модерната ера каде градот се бори да добие некое си ниво на самоодржливост, битката на функцијализмот веќе заоѓа. Оттука, ако семиотски се преведе на јазикот на менталитетот, ќе се про��ита дека на Скопје му недостасува знаење. Овој феномен на скорешните случувања (од 1980 па наваму) во урбанизмот на новото и старото Скопје, рефлектира различен приод кон изучување на градовите. Денешно Скопје репрезентира од една страна полигон за обучување на идни урбани планери, додека пак од друга музеј на

Венеција, архитектура за луѓе

скелети од ерата на метаболизмот замрзнати во својот моментум, а негирани од својот сопственик. Политичките натегања кои беа потикнати во „времето на земјотресот", беа кумулација на едно развиено сценарио од страна на Обединетите нации, од кое произлезе поканетиот конкурс на суперѕвездите. Скопје требаше да прерасне во една блескава нова метропола, која требаше да ги рефлектира сите оние аспекти кои и недостасуваа на Југославија. Флуктуациите на политичкиот режим во регионот, менување на моќта како и амбицијата што спонтано почна да се распаѓа, го поведе Скопје по една скурилна патека на развиток (апстиненција?). Денешните аспекти се мистериозни ако не и сомнителни. Не е урбаниот дизајн за кој сум загрижен, туку за народот чија мисла почна интелектуално да тоне. Урбанистичкиот полигон може лесно да се престрои во социјолошки дискурс, кој нуди одговори на


архитектура и социологија

Според Мајкл Соркин, кој го воведува терминот генерички урбанизам и Колхас кој го креира терминот „генерички град“, градот станува генерализиран. Начинот на кој се градат аеродромите, насекаде се исти, без идентитет, без центар, без историја ... Колхас се обидува на својот делумно ироничен, делумно циничен начин да го види ослободувачкиот потенцијал на ваквите градови. Тоа е вмрежен град, технолошки град, односно град со кој владее логиката на капитализмот. Скопје е генерички град. Богослужба во постиндустриски град

Соларис

поединечни шеми на однесување. Со опсервација, се забележува специфична конекција помеѓу Градот и Корисникот. Ако го дисектираме низ периоди, урбанистичкиот процес ни открива поврзаности помеѓу промената на социјалните однесувања. Како се случуваат тие промени и како се интегрирани во биологијата на градот?

КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА Водичот Лонли Планет за Скопје вели: „Најмногу што не погодува за градот е тоа што сè уште се познава тешката шапа на комунизмот во својот дизајн. Најголемиот дел од градот е реизграден во 60-тите по земјотресот, во стилот на комунистичкиот бетон. За 50 години, можеби мудрите на долго и широко ќе го величаат овој супериорен ансамбл од бетонски станбени блокови, широки авении правени за тенковски паради, како и чудни футуристички објекти. Но на сегашното око, можеби градот личи малку грд“.

Дали тоа размислување е сегмент, односно реминисценција на светскиот глобализам, кој во тој аспект наметнува мислења, кои од хероите на модерната се обидува да створи банални личности од минатото? Во тој контекст, треба да се размислува за меморијата. Секоја индивидуа, социјален профил, носи со себе специфичности, кои во инстанци создаваат, односно имаат моќ да генерираат поширока слика и истата да ја наметнат. Значи меморијата. Во продолжение на тој контекст се наметнува размислувањето и кон брзината на информацијата. Преносот на информацијата во глобални рамки денеска е од најзначаен аспект, кој пак со својата брзина станува се понесигурен во улогата што ја носи. Не станува збор за сигурноста, туку најмногу за валидноста на аргументите, кои остануваат да висат некаде, провидни и лесни. Оттука се наметнува темата колективна меморија, за која Халбвакс елаборира низ теза која вели дека општество може да

поседува своја колективна меморија и таа меморија е зависна од кадарот, односно од сегментот во кој одредена група на луѓе е позиционирана во тоа општество. Така што не постои само индивидуална меморија, туку и колективна која постои и живее надвор од индивидуалното. Консеквентно, индивидуалното разбирање на минатото ќе биде силно врзано кон групната свесност, односно кон колективната меморија. Инстанците што едно општество ги преживува во текот на еден свој циклус (промена на генерации) создава своја колективна меморија; ги препишува бајатите податоци останати како артефакти, заедно со скелетите од метаболистичката ера во музејот наречен град, осудена на дезинтеграција и интелектуална апстиненција. Го користам терминот „апстиненција“ како знак на оптимизам за циклусот, кој со оваа теза го предвидувам: биолошкиот. Оваа непостојаност, оваа ритмика на живата

Хас хаус, Виена

30 декември 2011 ПОРТА

3

43


Тултепец Торонто

Скопје

материја и интелектуална мисла, секогаш е осудена на транзиција. Најверојатно, општото движење и инерција на космосот за кој се мисли дека е пулсирачки (со свој биоритам), на урбанистичко микро ниво е во фаза на собирање. Интелектуалната мисла е во фаза на смалување како неминовен дел од циклусот. Мора да го достигне својот минимум за оттаму да тргне кон освојување на нови максимуми. Но при овие транзициски периоди, полето на дејствување не е секогаш исто. Единицата мерка се менува и димензијата на трансформација е секогаш различна. Итало Калвино вели дека секој град зад својата видлива структура има свој невидлив град кој со интелегентни и прецизни потези го движи развитокот на оној видливиот. Исаура е град слика, чии граници се протегаат до онаму до каде подземните бунари полни со вода се протегаат под неговиот физикус .

АРХИТЕКТУРА ЗА ЧОВЕК Главна спона помеѓу транзицијата на социјалната мисла и акцијата е градот. Тука мора да се елаборира терминот „град“: што е физикусот на еден град? Аспектите што се

земаат за релевантни во овој социоархитектонски дискурс, се најверојатно тесно поврзани не со градежните науки, туку со оние социолошките. Генеричкиот град на Рем Колхас можеби е најрелевантен пример во оваа плејада терминологии кои новиот урбанизам ги кова. Терминот „генерички“ е збор кој се обидува да објасни продукт (варирајќи од шише кока кола сè до ресторан или зграда) не е индивидуален сам по себе, туку инстанца во корпоративниот идентитет, на неговиот бренд, врста. Оттука не е специфичен, туку генерички, буквално припаѓа на своја сорта (генус). Според Мајкл Соркин, кој го воведува терминот генерички урбанизам и Колхас кој го креира уште поразбирливиот термин „генерички град“, градот станува генерализиран. Начинот на кој се градат аеродромите, насекаде се исти, без идентитет, без центар, без историја ... Колхас се обидува на својот делумно ироничен, делумно циничен начин да го види ослободувачкиот потенцијал на ваквите градови. Тоа е вмрежен град, технолошки град, односно град со кој владее логиката на капитализмот. Скопје е генерички град.

ТРИ ЕРИ Секој град сака да стане медитерански; климата е медитеранска, менталитетот е медитерански, кујната е медитеранска ќе речат. Генеричкиот град е град на симулации (тука Соркин и Колхас се сложуваат). Историите се препишуваат во специјални зони за препишување истории. Градот како тематски парк репродуцира генерички истории и генерички модернизми. Метрополата како долгорочен историцизам е многу млада. На почетокот на 19 век, Париз и Лондон биле сè уште млади градови. Њујорк сè уште не постоел како град. Лос Анџелес не бил ниту на мапа. Оттука историјата на модерната метропола може да ја поделиме на три ери: парната ера, петро-хемиската ера и микро електронската ера (или ембламатски: возот, автомобилот и интернетот). Во парното доба, градот прерасна во метропола. Првата индустриска револуција со демографскиот бум ги претвори Париз и Лондон во метрополи. Со преминот од индустрискиот кон постиндустрискиот град, односно од петро-хемиската кон микроелектронската ера, историскиот центар е маргинализиран (оставен на милост и немилост на туристите или емигрантите). Во таа насока самиот жител станува турист на својот град. Жителот денеска може да живее секаде сè додека е вмрежен. Деурбанизацијата како вирус се шири по електронските патеки, кои човекот тврдоглаво и неминовно ги тапка. Архитектурата за човек несвесно преоѓа во „без-географски град“, кој ги реконфигурира социјалните морфологии на скурилен начин, исто како онаа патека на развиток на Скопје, патеката на апстиненција.

Дилер и Скофидио

Филип Џонсон

Метрополис


рубрика

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

www.porta3.com.mk

е-маил: office@tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

H Y PERDESMO P ERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

16 декември 2011 ПОРТА

45


ентериер

Декорирано да, но одмерено

Елко, Елко. . .

текст: доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ дипл.инж.арх. фото:Владимир СЕКУЛОВСКИ

П

риказната околу новогодишното декорирање е секогаш повторно возбудлива, и покрај тоа што станува збор за истите декоративни елементи со соодветно симболично значење: елка, снегулки, Дедо Мраз, елени, ѕвездички или лампиони. Секоја Нова година, истите се реинтерпретираат повторно и повторно, креирајќи нови декоративни комбинации со истите симболи. Дизајнот и неговото подлегнување на модата се разбира дека влијаат и на овој сегмент од декорацијата, што особено важи за елката, која се смета за неодминлив симбол на овој празник, гледано наназад низ вековите кај најразличните култури и цивилизации. Според народните верувања во нашата земја елката се кити по празникот Св. Никола, а се раскитува за Василица. Украсувањето на елката е долговековна традиција низ целиот свет, и е присутна уште пред тие да се продаваат како „божиќни елки“ во продавниците. Древните

46

ПОРТА

3

30 декември 2011

Египќани во своите домови ределе зелени палмини дрвја во текот на мрачните и пократки зимски денови, додека во стариот Рим, а и кај Келтите е забележано китење на домовите со зимзелени гранки во периодот на зимската рамноденица. Една од најстарите приказни во која се посочува украсувањето на елката потекнува од Германија, позната како легендата за свети Бонифациј. Во неа се раскажува дека во 772 година, свети Бонифациј наишол на некои пагани, кои се подготвувале да жртвуваат дете под едно големо дабово дрво. Тогаш тој го исекол дрвото за да го спречи жртвувањето. Во близина на дабот пак растела елка. Свети Бонифациј им објаснил на паганите дека ова убаво зимзелено дрво со гранките високонасочени кон небото е свето дрво - дрво на Божјиот син и воедно симбол за неговото ветување на вечен живот. Во доцниот среден век, Германите и Скандинавците внесувале по една свежа зелена елка во своите домови, оставајќи ја некогаш и на самиот влез, како симбол за надеж дека пролетта побргу ќе дојде и дека студените месеци ќе минат. Така, од древниот Египет, па сè до легендата


и

- извонредниот избор на в

- застаклени врати во

за Мартин Лутер Кинг, кој исто така сакал да ја декорира својата елка, се раѓала долговековната традиција, која трае сè до денес. Денес, паралелно со растечката појава на консументност кај луѓето, сè повеќе семејства не ја китат само елката, поставувајќи ја среде клучната просторија во домот, туку се украсуваат повеќе од една елка, и се распределуваат низ домот, дворовите, насекаде како внатре така и надвор од куќата. Особено нашиот народ кој сака убавото во неговиот дом да го покаже и да се пофали, сè повеќе и повеќе пристапува кон уредување на дворовите и терасите, и тоа со мотиви кои наполно прилегаат на новогодишните.

Во овој дом претпросторот уреден во мирниот и нежен ефект на завршница од избелен даб, нè води до сите клучни простории во домот. Десно кон дневната со трпезарија и кујна во неа, а лево кон двете спални соби (родителската и детската) и секако бањата. Идеално, мал претпростор а повеќефункционален. Во дневната зона особено се истакнува кујната со својот ултрапрактичен проект. Таа зафаќа вкупно 4 м2 од просторот, но поради добрата организација вие ја доживувате за таман! А, и работата во неа е уживање. Изведена е во буков масив со завршница на цреша, како и останатиот мебел во просторот. Работната плоча е од ненадминливиот бел керок. Одбрани се само два тона за уредување на севкупниот простор, и двата се материјализирани во дизајнот на мебелот светлокафеаво и бело. Истите се јавуваат во реализација на мебелот како буков масив со црвеникаво, светлокафена завршница на цреша поставен во контраст со останатите површини: ѕидови, завеси, килими, кои се или бели или крем. Гарнитурата од кожа е во мароко светлокафена боја, со интересен полукружен дизајн на седењето. Сегментот кај трпезаријата има многу пријатна ѕидна обработка од декоративен камен и дрвени елементи и убаво е осветлен.  ПОРТА 30 декември 2011

3

47


наука

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (124)

ИТАЛИЈА (13) Алесандро Мендини (1931-) со своето дело се јавува како континуитет на долгогодишната италијанска уметничка продукција. Од 1970 до 1976 година тој е уредник на списанието Casabella, а од 1980 до 1985 година на списанието Domus. Неговите радикални идеи за функционирањето на музеите му овозможуваат да го создаде своето најдобро дело, музејот во Гронинген, Холандија (1990-1994). Централно место во композицијата зазема кулата со 60 m височина, која Мендини ја обликува со ,,златен” пластичен ламинат, што го означува неговиот весел, па дури и хумористичен пристап. Манфреди Николети како искусен архитект, се стекнува со меѓународен углед во последните децении на ХХ век со победите на значајни меѓународни конкурси. Новата Александриска библиотека во Египет (1989-) е замислена во вид на грандиозен функционален споменик во чест на најславната античка библиотека. Со цел да се заштити од жешкото сонце, М. Николети ја прави со облик на конус наклонет под 70о и со обвивка која наликува на гигантска традиционална 3а. М. Николети. Новиот музеј Акрополис. Макета и пресек

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји – резимирани извадоци

А. Мендини. Музејот во Гронинген, Холандија

М. Николети. Новата Александриска библиотека. Фасадна обвивка М. Фуксас. Влезот во пештерата Грото, Франција.

мушерабија. На таков начин, надворешните ѕидови се постојано во сенка и се ладат со природна вентилација. Новиот музеј Акрополис во Атина (1990-1996) е испланиран непосредно под многу значајната историска локација и меѓу постојните постари објекти. Со цел да не ги наруши визурите кон историскиот Акрополис, М. Николети, во соработка со Лучо Пасарели, прави еден низок

хоризонтален објект, од кој изникнува друга заротирана и наклонета плоча, под која е сместен главниот хол. Масимилијано Фуксас (1944-) се јавува како европски архитект, кој

работи најпрвин во Италија и Франција, а потоа во Швајцарија и Австрија. Тој, на мајсторски начин, ја приспособува архитектурата на нејзината намена и на условите на местото, создавајќи уметничка експресија. Тоа може да се види кај влезот во историската пештера Грото во Нио кај Ариеж, Франција (1988-1993), кој ја прифаќа публиката од паркингот и ја спроведува во внатрешноста. Со праисториската силуета од дрво и метал, оваа структура претставува симбол на содржината. * Во рамките на првиот дел од оваа материја одделно е разгледан придонесот на Италија во развојот на доцномедерната и постмодерната архитектура во втората половина на ХХ век, а во тој контекст улогата на браќата Пасарели, Алдо Роси, Ренцо Пијано и други.

48

ПОРТА

3

30 декември 2011


спортски храмови

Сашо КУзмАНОВСКИ

НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ФИЛИП ВТОРИ“ - СКОПЈЕ Македонија дочека во 2011 година да добие стадион по европски и светски стандарди. На 24 април свечено беше пуштена во употреба новата доизградена арена „Филип Втори“, чија реконструкција опфати целосно градење на источната, северната и западната трибина на стадион, како и комплетна реконструкција на јужната, која беше изградена во далечната 1978 година. Со новиот капацитет, Скопје и Македонија добија модерен спортски храм, кој сега е со зголемен капацитет од 32.580 места. Оваа зима почна и втората фаза од реконструкцијата што треба да заврши напролет, а се однесува на поставување на новата олимписка атлетска патека и комплетно нова тревна подлога со систем за наводнување и греење. Во третата фаза која треба да почне во 2013 година е предвидено и целосно илуминирање на надворешноста на стадионот, со што ќе заврши комплетната изградба на најголемиот стадион досега изграден на поранешните ЈУпростори.

АРЕНА „ЈУВЕНТУС “ - ТОРИНО Со натпреварот меѓу Јувентус и Нотс Каунти, на 8 септември блесна и новиот спортски дом на еден од

АРЕНА „ЈУВЕНТУС “ - ТОРИНО

50

ПОРТА

3

30 декември 2011

БЛЕсНАА ВО 2011 ГОДИНА

2011 - година на стадионите во Источна Европа НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ФИЛИП ВТОРИ“ - СКОПЈЕ

ФК Мајнц 05, на 4 јули учествуваа во четиричасовната програма по повод отворањето на новиот спортски дом на нивниот омилен фудбалски клуб. По три години изградба, Мајнц го доби модерниот спортски храм, кој со капацитет од 34.034 места најави дека се вбројува во редот на најголемите и најубавите стадиони во Германија. Вкупна сума од 60 милиони евра биле вложени во изградбата на арената „Кофејс “, од кои 15 милиони само за инфраструктурата. За градот и за клубот, отворањето на арената е најава за многу атрактивни натпревари кои во иднина би се организирале на овој стадион.

НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ЛИА МАНОЛИУ“ - БУКУРЕШТ најпопуларните фудбалски клубови на Стариот Континент, италијански Јувентус. Вредна 122 милиони евра, новата арена „Јувентус “ се градеше две и пол години и изникна на местото на поранешниот стадион „Деле Алпи“, кој беше урнат. Новиот спортски храм во Торино има вкупен капацитет од 41.000 места, а бидејќи нема атлетска патека, првите редови на трибините се наоѓаат многу близу до тревникот. Вкупната површина која ја зазема стадионот е 355.000 м2, додека само внатрешниот дел од стадионот зазема површина од 45.000 м2. Во

состав на објектот има 150.000 м2 простор за услужни и комерцијални објекти, како и околу 34.000 м2 административен простор. Во рамките на арената се гради и хотелски комплекс, шопинг центар, фан-шоп, еден клупски музеј, киносала, кугларница, ресторани, како и нови клупски канцеларии. Покривот на стадионот е проѕирен, со дополнителна заштита од сонце и други надворешни влијанија.

АРЕНА „КОФЕЈС“ - МАЈНЦ Повеќе од 1800 активни учесници, танчери, фудбалери, младинци на АРЕНА „КОФЕЈС“ - МАЈНЦ

На 6 септември, романската фудбалска репрезентација запиша нова страница во своите настапи во квалификациските натпревари за европските првенства. Националниот тим на Романија ја имаше честа да го отвори можеби најмодерниот спортски објект изграден на балканските простори во последните педесетина години. Новата арена „Лиа Манолиу“ почна со градба на 20 февруари 2008 година, а официјално беше отворена со квалификацискиот дуел меѓу Романија и Франција одигран на 6 септември оваа година. 168 милиони евра чинела изградбата на овој супермодерен стадион чиј


архитектура

НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ЛИА МАНОЛИУ“ - БУКУРЕШТ

капацитет изнесува 55.200 места, а за одредени културни настани може да биде подигнат и на 63.000 места. Првичната цена на стадионот била зголемена за околу 14 милиони евра поради дополнителната одлука на сопствениците да се постави покривна мембрана на сите четири трибини. Дизајнот на новиот букурешки спортски храм е на германската компанија „Макс Бегл“ и на италијанската корпорација „Асталди“. Тие учествуваа во креирањето и изведбата на стадионот.

АРЕНА „ТУРК ТЕЛЕКОМ“ ИСТАНБУЛ АРЕНА „ТУРК ТЕЛЕКОМ“ - ИСТАНБУЛ

На почеток на оваа година, стартуваше со работа и новиот комплекс наречен арена „Тур Телеком“ во Истанбул. На местото на поранешниот стадион „Али Сами Јен“ изникна модерна арена, како нов дом за сите приврзаници на еден од најпопуларните турски клубови, Галатасарај. Со вкупен капацитет од 52.695 места (70.000 за концерти) арената „Турк Телеком“ се најде во редот на најголемите спортски стадиони во овој дел од Европа. Покрај стадионот е изграден паркинг за 3.225 автомобили (најголемиот дел затворен), а околу стадионот е планирана изградба и на станбени објекти, деловни згради и трговски центар. Автор на дизајнот на новата

ОЛИМПИСКИ СТАДИОН - КИЕВ

арена на Галатасарај е ASP Stuttgart GmbH во соработка со турската компанија Yuksel Proje. Во период од 10 години стадионот ќе го носи името на главниот спонзор на клубот, турската телекомуникациска компанија. Правата за користење на името се продадени за сума од 10.250.000 долари на годишно ниво, кои во голема мерка се вложени и во изградбата на стадионот.

ОЛИМПИСКИ СТАДИОН КИЕВ Како увертира за она што треба да се случува следното лето, во првата недела на октомври годинава и официјално „светлото на денот“ го виде новиот, реконструиран Олимписки стадион во Киев. Украинците како коорганизатори на ЕП во фудбал следната година, изградија четири нови модерни стадиони, меѓу нив и овој во Киев, кои полека се дооформуваат за подготвени да го дочекаат шампионатот во јуни 2012. На посебна свеченост со присуство и на големата музичка атракција Шакира, киевјани пополнија 50.000 места на трибините на новата модерна арена, која инаку има капацитет од 69.004 места за седење. Реконструкцијата, доизградбата и осовременувањето на Олимпискиот стадион во Киев ги вршеше германското архитектонско биро GMP von Gerkan, во соработка со Marg und Partner. Стадионот доби комплетно нов транспарентен покрив, кој ги попречува силните дождови и жешкото сонце да ја уништат комфорноста на трибините. Германците поставија и специјална мембрана која ја покрива и задната страна и обезбедува дополнителни бенефиции. Долните сектори на стадионот доживеаја своевидно накосување за 15 степени за да се подобри фокусот за гледање на полето за игра. На ниво на горните сектори, по примерот на берлинскиот стадион, се изгради галерија на која гледачите ќе можат да бидат за време на паузата меѓу две полувремиња. Исто така, се поставија нови огради по должината на играчкото поле, се поплочија нови патишта околу стадионот, а се изврши и хортикултурно уредување со изградба на фонтана пред стадионот. 30 декември 2011 ПОРТА

3

51


експерт

БОЖИЌНА ПРИКАЗНА

д-р Владимир Б. ЛАдИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

оД ЦРН ПЕТок ПРЕкУ САЈБЕР ПоНЕДЕлНИк, ФРЕНЕТИЧЕН ПЕТок И ПАНИЧНА САБоТА До БоЖИЌ

н

едела, 4 декември 2011 година, некаде околу 16.30 часот. По седум дена секојдневно одење на работа и по околу 64-часовна работна недела, полека се возам кон дома премрзнат, со оглед на тоа што во бирото не се грее преку викендот. Возејќи внимателно, веќе ги правам плановите за она што ме чека на работа во наредните два дена кога истекува крајниот рок за предавање на пријавата на конкурсот за финансирање на проектот. Уште еднаш се повторува историјата дека времето за проектирање постојано се намалува. Овој пат имавме само 12 работни дена за предпроект за еден репрезентативен, но технолошки сложен објект од 8.000 м², на исклучително тешка и комплексна локација, а за кој веќе во барем три претходни наврати не се најде задоволително решение. Дваесетминутното возење кон дома, се разбира во добар сообраќаен ден, ви дава можност помалку да реагирате на она што се случува околу вас. Се потсеќам дека само 20 дена нè делат од британската божиќна вечер, но ова како да не се

52

ПОРТА

3

30 декември 2011

приметува низ градот. Вообичаената предбожиќна живост, украсени и осветлени улици овој пат ги нема, само по некој автомобил по улицата и осамен пешак на тротоарот. Како што се приближувам кон мостот, кој е симбол на поврзување на двата града лоцирани на спротивните брегови на реката, последните портокалово-црвени сончеви зраци на хоризонтот го одбележуваат крајот на денот, и го разбиваат сивилото на ноќта што надоаѓа. Моето внимание го одвлекува фактот што лентата за бавно возење во насоката на движење е блокирана од стационарно противпожарно возило и група пожарникари подготвени за акција. Пешачката патека на која тие се наоѓаат времено е затворена за минување. Исто така, забележувам присуство на полиција и паркирано полициско возило на спротивната страна. Се прашувам кој успеал при вакво ниско ниво на сообраќај, да направи сообраќајка на мостот, но истовремено ми е чудно големото полициско присуство на мостот. Претходно толкаво присуство на полицајци на мостот имам забележано само неколку дена порано, на 30 ноември,

кога по мостот одеше рутата за протестниот марш во рамките на генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор. Како полека и внимателно го поминувам противпожарното возило како на филм, се открива страотната слика за вистинската причина за ваквото присуство на ургентните служби на сцената, а не станува збор за сообраќајка. Млада девојка на 20-30-годишна возраст седната на зелената ограда на мостот и полицаец во униформа на неколку метри од неа во разговор. Пораката е јасна, реалноста застрашувачка. Може само да се прашате за тоа какви невозможни причини и очај можат да наведат лице во цутот на младоста и пред кое допрва претстои животот, не само да размислува за еден ваков чин туку и да биде во можност да го реализира. Со 50 метри висинска разлика помеѓу оградата на мостот и нивото на реката, во студената есенска вечер, шансите за среќен исход се навистина мали. Следниот ден не слушнав ништо за случкава на локалните вести, така што со олеснување можам да претпоставувам дека вештината на полицаецот и разумот надвладеаја во овој случај.

ДОМА Пристигнувам дома, се разбира, растревожен од случката и додека се обидувам да се згреам ги разгледувам весниците. Искуството ме научило дека најважните вести обично треба да ги откриете во најмалите текстови во весниците, да ги гледате вестите во ситните часови помеѓу еден и четири часот наутро, или пак да ги следите интернет изданијата на вестите објавени во овој период. Вниманието ми го привлекува веста, не подолга од еден пасус, колку што се сеќавам, објавена во „Индепендент“, во која се опишува предлогот на член од парламентот на Република Ирска, кој бара во водата за пиење преку јавните водоводи да се додава литијум со цел превентивно да се лечи населението од депресивност, и да се направат обиди да се намали растот на депресија и самоубиства во земјата. Се прашувам дали светот се движи кон идното дистониско општество прикажано во култниот филм „Еквилибријум“ (Equilibrium, 2002, на Kurt Wimmer со Christian Bale во главна улога), каде чувствата и уметничкиот израз се забранети, и населението


експерт задолжително секојдневно мора да се самоинјектира со дрога за да ги потисне своите емоции... Сево ова е одраз на светот во кој се наоѓаме, во кој доминира еден начин на размислување, но во кој сè повеќе доаѓаат до израз внатрешните противречности и неспособноста, или несакањето нешто навистина да се промени во позитивна смисла. Доколку ги следите британските медијуми, се чини дека во голема мерка економскиот просперитет на земјата, а веројатно и на целата западна цивилизација, зависи од „соодветното“ (читај очекуваното) однесување на потрошувачите во периодот пред Божиќ. Притоа како клучни денови се споменуваат:  „Црниот петок” (Black Friday), оваа година на 25 ноември, денот по „Денот на благодарноста“ во САД, кога отпочнуваат предбожиќните распродажби во продавниците, кои се отвораат уште во 4 часот наутро, во очекување на потрошувачите што се обидуваат да ги купат производите со најголеми попусти. Иако овој ден во САД не е официјален празник, одредени работодавци им го даваат денот на вработените како слободен за да се зголеми бројот на потрошувачи.  „Сајбер понеделник“ (Cyber Monday), во САД првиот понеделник по „Црниот петок“ (оваа година на 28 ноември), а во Британија првиот понеделник во декември (оваа година 5 декември), кога потрошувачите купуваат најмногу божиќни подароци преку Интернет.  „Френетичен петок“ (Frantic Friday), оваа година според некои на девети, а според други на 16 декември во Велика Британија, кога најголемиот број на вработени купуваат божиќни подароци преку Интернет од работното место, се разбира, само во оние работни организации каде употребата на Интернет за приватни работи вклучително со купување не е забрането со внатрешните прописи на работната организација. И покрај позитивните резултати за интернет продавниците, според спроведените анкети од страна на Experian Hitwise Analsis во 2009 година, се смета дека работните организации претрпеле загуби како резултат на изгубена продуктивност во дијапазонот од околу 575 до 11.500 евра по вработен. Се разбира, на овој ден работните организации стануваат и најповредливи за штетни упади во нивниот компјутерскиот систем.  „Панична сабота“ (Panic Saturday), оваа година 17 декември во Британија, кога се вршат најголемиот број од задоцнети

божиќни купувања. Според Kelkoo, оваа „панична сабота“ се очекува 11 милиони британски потрошувачи да потрошат повеќе од 1,15 милијарди евра или по 1,17 милиони евра секоја минута со просечна потрошувачка на божиќни подароци од околу 800 евра по домаќинство. Се разбира, некој би очекувал со вакво ниво на потрошувачка, продавниците со насмевка да ги очекуваат претстојните божиќни празници, но ова не е случај. За нив е критичен „Денот на киријата“, кој оваа година паѓа на 24 декември, кога продавниците треба да ја платат тромесечната наемнина на деловниот простор. Со зголемен удел на купување преку Интернет, зголемени цени на производите и на режиските трошоци, намалените добивки и куповната моќ на населението, прашање е колку од продавниците ќе опстанат во наредниот период, а за кој се претпоставува понатамошно пропаѓање на бројните трговски центри и улици во градовите. Овој тренд е сè поприсутен во Велика Британија, каде сè повеќе и повеќе продавници се затвораат, особено оние помалите што се наоѓаат на главните

трговски улици (High Street). Во САД дури и постои инцијатива „Сабота за малите трговски организации“ (Small Business Saturday), кога се апелира до потрошувачите да им ја дадат својата поддршка на помалите локални трговци и продавници, и на тој начин да се поддржи локалната економија.

ПРАЗНИ УЛИЦИ Затворањето на дел од локалните продавници придонесува за намалување на привлечноста на локацијата за потрошувачите, и води кон понатамошно пропаѓање на реонот, и од потреба за засилување на обезбедувањето на празните објекти за заштита од вандализам. Заради тоа голем дел од општините, излозите на празните продавници ги исполнуваат со постери, со фотографии на кои се прикажани продавници исполнети со купувачи и слични сцени за да создадат барем привид за живост во трговската зона или улицата. Како резултат на вакви трендови, продавниците што вообичаено се очекува да се најдат на ваквите локации, полека го отстапуваат своето место на еден

поинаков вид продавници, асоцирани со економско пропаѓање, како на пример заложувалници, каде што луѓето ги заложуваат своите лични предмети за пари, со надеж дека ќе можат да си ги откупат подоцна, доколку продавницата не успее да го продаде заложеното. Финансиски агенции во кои ви овозможуваат да уновчите чек без покритие, додека да ја добиете платата, се разбира со плаќање на надомест. Според медиумите, оние што не успеваат да го исплатат заемот од првата плата можат да се најдат во ситуација кога отплаќаат долг со камата од дури 999 проценти. Евтини продавници, кои продаваат заостанати залихи од големите продавници или прехрамбени производи со кус преостанат или со поминат рок на траење, продавници во кои сета стока чини по една фунта, итн. Ситуацијата е уште поискомплицирана со определбите на владата за распродажба на имотот во јавна сопственост, а со цел да се намали буџетскиот дефицит. Како резултат на ова, не само што се намалува вредноста на недвижниот имот воопшто, туку и општеството, доколку успее да ги продаде, добива помал надомест за имотот што го отуѓува. Истовремено, во други средини се промовира заживување на економијата преку зголемена градежна активност. Само примерите на Шпанија и Република Ирска можат да послужат како индикатор за можните последици од минат економски развој во голема мерка базиран на интензивна градежна изградба и на сегашниот огромен непродаден вишок на станбени и деловни единици изградени со помош на кредити, а коишто сега или не можат или многу тешко можат да се сервисираат. Многумина прават аналогии за враќање во викторијанските времиња, извонредно отсликани во делата на Чарлс Дикенс, вклучително со неговата „Божиќна приказна“. На крајот на оваа година, и во пресрет на Божиќ, само ни останува да посакуваме среќен исход за сите нас како во неговата божиќна приказна. Во пресрет на Олимпските и параолимписките игри - Лондон 2012, за кои се потрошени над 10 милијарди евра, да се надеваме дека идната година нè очекува доволно одвлекување на вниманието преку леб и игри, и реални програми, за да заборавиме помалку на суровата реалност и тешките времиња што не очекуваат сите нас во претстојниот период. Со најубави желби за подобра и побериќетна иднина, ви посакувам среќна Нова година и божиќни празници, 30 декември 2011 ПОРТА

3

53


екологија

ДА БИДЕМЕ ПоЕколоШкИ Во НоВАТА ГоДИНА Никола Нешкоски, дипл.инж. на жив.средина/еко-менаџер

Се надевам дека за оваа година ја накитивте старата, вештачка елка, и не купивте нова која е природна!

Д

Никола НЕшКОСКИ, дипл.инж. на жив. средина/еко-менаџер

али постои нешто заедничко меѓу државата Македонија и науката позната како екологија? Сè уште не е докажано, иако има доста контрадикторни теории. Но, прогнозите за во иднина се променливи, а резултатите зависат од многу фактори. Најчесто од човековата добра волја. Изминува уште една година, се наближуваат новогодишните и божиќните празници. Атмосферата се менува, луѓето се среќни и весели, и на секој можен начин гледаат што поубаво да ја завршат годината што одминува. Притоа, на сите мислите им се насочени кон тоа да имаат поуспешна година од изминатата. Да ги поправат грешките што ги направиле во претходната година, и да остварат нови успеси во следната. Но, што со животната средина во нашата земја? Сигурен сум дека и таа има желби како и сите нас, што поубаво да ја заврши годината што следи, но и да има поуспешна

54

ПОРТА

3

30 декември 2011


екологија

следна година. Во изминатава година, во Македонија еколошката ситуација не ,,цветаше“ од разни причини.

ЕКОЛОШКА ТАКСА Сведоци бевме на десетици пати поголемо аерозагадување од дозволеното во централните градски подрачја, при што многу од граѓаните што имаат респираторни заболувања завршија хоспитализирани. Но, не треба да се очајува. Како реакција, од државните институции и органи добивме информации за можни активности и мерки. Воведување на еколошка такса, како за големите загадувачи така и за обичните граѓани, построги критериуми за влез на моторни возила во централното градско подрачје, како и конечна примена на законите донесени од областа на животната средина. Исто така, за 2012 година е најавено и проширување на зелените површини во градот Скопје, кои свесно се ,,избришаа“ изминатава година. Доколку половина од ова се оствари, ситуацијата драстично ќе се подобри. На спротивната страна од урбаните делови, се селиме во природата и нејзините убавини. Водно – некогаш планина која на вистинските љубители на планината им го даваше нивниот мир и спокој. Место за одмор и релаксација. Денес – планина која полека, но сигурно го губи својот шмек. Планина која се претвора во населба. За жал, годината што следи не е оптимистичка за оваа планина, напротив, постојат планови за

нејзино дополнително деградирање и видоизменување. Останува на нас, граѓаните, да се потрудиме да си најдеме ново катче за мир и спокој во годината што следи. Да се надеваме дека ќе успееме во нашите намери. Како? Не знам.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ? Кога ќе навлеземе подлабоко во природата, ситуацијата со поголемите планини, реки и биодиверзитетот во нив, константно

се менува. Но, на полошо. Сведоци сме на сè поголеми суши, уништување на шуми, изумирање (исчезнување) на разни животински и растителни видови и намалување на приносите на земјоделците. Нивоата на реките се намалени, температурите се зголемени, здравјето на луѓето е сè понарушено. Причина: климатски промени. Дали веруваме дека ни се случуваат? Не. Годинава што измина не се карактеризираше со некои колосални активности и мерки во поглед на заштитата на животната средина. Дел од вината ја сносиме ние самите, ,,обичните граѓани“, со самото тоа што не се ангажираме повеќе. Бар за момент нека ни текне на нашиот вистински дом - планетата Земја. Следниот пат кога ќе треба да направиме некаков избор, без разлика дали се работи за (не)потребно купување на нов автомобил или мотор; дали ќе одиме на работа со автомобил или можеби ќе одиме со велосипед. Или пак едноставно, кога ќе купиме ново парче облека, парче кое веќе се наоѓа во нашиот орман, но во друга боја, да помислиме барем на кратко на нашиот заеднички Дом. Бар за момент да се потрудиме да живееме на поодржлив начин, да бидеме порационални во поглед на сите наши потреби и желби. Нека сите наши заеднички желби за годината што следи, бидат: да бидеме посвесни и поактивни во однос на тоа што се случува со нашата животна средина. Паралелно со ова, ќе се јават многу активности кои самите ние ќе ги преземеме. Среќна Нова година и божиќни празници 30 декември 2011 ПОРТА

3

55


хортикултура

ВИДоВИ РАСТЕНИЈА ЗА НоВоГоДИШНИТЕ И БоЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум.инж.

Ако сте веќе решени оваа година да украсувате природно божиќно дрво, најдобро е тоа да биде контејнерско произведен садник, бидејќи дрвото го купувате со корен, а тоа ви дава можност да го пресадите во вашата градина или некаде во природа Венец на исусовото доаѓање

Вештачко божично дрво

БОжИќНО ДРВО Елката претставува општо име за сите видови на украсни зимзелени дрвја, кои се користат како божиќно дрво. Од друг аспект, тоа е точното име на традиционално најискористен иглолисен вид за таа цел, под име Abies spp. Независно од тоа дали станува збор за бор, смрека, ела и слично, за обичните граѓани одомаќинето е името елка. Производството на божиќни елки е доста тежок процес. Во Западна Европа постојат планини на кои се одгледуваат садници за таа намена, при што се води селекција во однос на густината на игличките, како и степенот на големина и формата на гранките. Во голема мера, тие се 56

ПОРТА

3

30 декември 2011

Сечење на божично дрво


хортикултура

Поинсетиа

подложени и на поткастрување, сè со цел да се добијат висококвалитетни елки. Кај нас, елките најчесто се произведуваат во шумските стопанства и во поединечни приватни расадници, а во голема мера и се увезуваат од странство, со цел да се задоволат потребите од висококвалитетни божиќни дрва на пазарот. Многу честа појава, особено во места кои се во близина на шуми, е да се употребуваат нелегално откопани или исечени божиќни дрвја, за да се искористи нивната висока декоративност. А за еколошката катастрофа која ќе настане од овие нелегални сечи и откопувања, ќе се „дискутира“ после празниците.

ПРИРОДНО ИЛИ ВЕШТАЧКО БОжИќНО ДРВО? Бесмисленото добивање на божиќни дрва со сеча по шумските површини, создава огромни голини кои го нарушуваат шумскиот екосистем. Сечата на садници во градските паркови за да бидат искористени како божиќно дрво, во овој период од годината е навистина големо. Тоа најчесто го прават несовесни граѓани за да заштедат пари и да ги израдуваат своите најблиски, но има и такви кои ги продаваат. Ако сте веќе решени оваа година да украсувате природно божиќно дрво, најдобро е тоа да го купите во контејнер. Контејнерското производство на садници е попрактично бидејќи дрвото го купувате со корен, а тоа ви дава

можност да го пресадите во вашата градина или некаде во природа. Несфатливо е како може луѓето да си дозволат да украсуваат божиќно дрво кое претходно самите или некој друг го „убил“. Чувството на згрозување е уште поголемо, ако се знае дека секоја година се уништуваат десетици илјади садници за божиќни дрвја. Доколку сакате да одгледувате некое од видовите на дрвја погодни за улогата божиќно дрво, направете го тоа во вашата градина. Во случај да живеете во стан или од други причини немате услови за тоа, никој нема да ви се налути ако купите вештачко божиќно дрво, а тоа би била одлична можност да им ја објасните причината за таквиот потег на своите деца, со што би им ја подигнале еколошката свест.

Пред околу еден век, Euphorbia pulcherrima се појавува на американскиот пазар како цвеќе наменето за буќети и како грмушка за во градините. Во светот се раширила благодарение на Џоела Поинсета, американски амбасадор во Мексико, по што и самиот вид е наречен Поинсетија. Божиќното цвеќе нема ништо заедничко со христијанската религија, само е близок род на растението

БОжИќНА ѕВЕЗДА, ПОИНСЕТИЈА (EuPHorBiA PulCHErriMA ) Извесно време по почетокот на традиционалото декорирање на божиќното дрво, божиќната ѕвезда стана дел од божиќната симболика. Причината е лесно прифатливата симболика поврзана со божиќните празници, преточена во цветањето во овој период од годината, како и прекрасните листови и сјајното стебло. По својот изглед и градба, дури е чудно, но вистинито, дека божиќното цвеќе е во родот Euphorbia, кој важи за род на кактуси.

Креативно божично дрво од поинсетии

Божично венче

(Euphorbia milii), од кое е направен смртниот венец на Исус Христос.

БОжИќНИ ВЕНЧИњА Божиќните венци претставуваат комбинација од цветови, гранчиња, шишарки, бобинки, ливчиња и други

најразлични материјали, направени во форма на прстен. Тие се користат како божиќни украси, со цел да се прослави Исусовото раѓање. Во пракса најчесто се поставуваат на влезните врати од домовите и канцелариите, а многу често може да се сретне и т.н. „Венец на Исусовото доаѓање“ на трпезите во комбинација со божиќни свеќи, овошје и слично. Божиќните венци се поврзани со многу историја и симболика. Тие најчесто се направени од зимзелени видови со што се симболизира силата и долготрајноста што ја имаат зимзелените видови. Гранчиња кои најчесто се користат за правење на овие венци се од видовите Мahonia spp; ilex spp; Taxus spp; Pinus spp; Abies spp. и многу други. Не претставува никаков грев, а нема ниту да му наштетите на растението доколку исечете едно гранче од кој било горенаведен вид. Само бидете внимателни, правете го тоа контролирано за да не ја нарушите декоративноста на конкретниот вид.

БАДНИКОВИ ГРАНЧИњА Бадниковите гранчиња се собираат од родот на дабовите (Quercus spp.). Причината за таквиот избор е поради долговечноста што ја симболизира дабот. Најчесто гранчињата се собираат во овој период од годината. Има еден трик околу собирањето на бадниковите гранчиња, а тоа е ако се соберат преку лето и сами се исушат, тогаш нивните ливчиња ќе бидат суви, а сепак зеленкасти. Се надевам дека после читањето на овој текст ќе ви помогнеме околу изборот на видот на божиќно дрво, дека би отишле до цветниот пазар за да купите Поинсетија и до најблиската шума за да се снабдите со бадникови гранчиња, како и материјали за плетење на Божиќните венчиња. Се друго оставаме на вашата имагинација и креативност. Среќна Нова година и божиќни празиници 30 декември 2011 ПОРТА

3

57


урбан фото

ГРАДоТ кАко ПлАТНо Бојана ФИЛИПОВИЌ, дипл.инж.арх.

O

д гета во Кенија до париските улици, анонимниот фотограф познат како ЈР ги постава своите колосални фотографии во најсиромашните соседства на светот. На конференција на ТЕД (како дел од излагањата на полето на технологија, медиум и дизајн), во Калифорнија, на овој уличен уметник му беше доделена нивната годишна награда за 2011 година. Оваа платформа овозможува

Фотографија „Ladj Ly“, Париз

58

ПОРТА

3

30 декември 2011

Автопртрет на ЈР

Анонимниот фотограф познат како ЈР, своите колосални фотографии ги сместува во најсиромашните и најозлогласените квартови на светските градови. Парадоксално, овој фотограф без идентитет креира исклучителна уметност со обновување на идентитетот на оние што живеат на маргините на општеството, и им ја враќа нивната индивидуалност

излагања, инспирација и размена на најразлични теми, предводени од научници, дизајнери и интелектуалци, меѓу кои и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, авторката Изабел Аљенде, биологот Едвард О. Вилсон и дизајнерот Филип Старк. Ејми Новогратц, директор на наградата, вели дека избирањето на уметник како ЈР кој има 27 години, и е заштитен со анонимност, е невообичаен избор, но неговата работа може да ја обедини оваа организација, за остварување на нов уметничко-филантропски проект, кој ќе се оствари наредната година. Кариерата на ЈР започнува кога пронаоѓа фотоапарат во метро во Париз, а неговите први постери со големи размери се појавуваат на ѕидовите во Париз и Рим во 2003 година. „Градот е најголем изложбен простор кој може да се замисли. На овој начин, не морам да го претставувам моето портфолио на некоја галерија, туку можам да го контролирам директно со луѓето на улица“, вели ЈР. Во 2006 година, тој започнува со „Портрет на една генерација“, голем формат на портрети на приградски „силеџии“ од озлогласените квартови на Париз, поставени на ѕидовите во буржоаска област на градот. Овој незаконски проект станува официјален во Париз, кога Градското собрание ја завитка сопствена зграда во слики на ЈР. И наместо медиумските слики ��а овие делови од градот и за неговите жители, парижани кои поминуваат покрај овие фотографии на ЈР, ги пресретнува една похумана и поведра претстава за самиот град.


урбан фото

Кровови на гето во Кибера, Кенија

Портрети поставени на куќи од проектот „Жените се херои“, Рио де Жанеиро

ИЗРАЕЛ/ПАЛЕСТИНА

ТАГА И ОЧАЈ

Со својот партнер, следната година, го прави проектот „Лице в лице“, за кој се смета дека е еден од најголемите нелегални изложби на фотографии поставени кога било. ЈР и припадници на заедниците, поставуваат огромни портрети на Израелци и Палестинци, прикажани лице в лице. Проектот е остварен во осум палестински и израелски градови, од двете страни на безбедносна ограда која ги разделува. Според ЈР, проектот потенцира дека овие луѓе се еднакви во својот одраз на емоции на фотографиите и со тоа ги разбива нивните предрасуди. Пораката е едноставна: кога се пресретнати од фотоапарат, она што ги зближува е поочигледно од она што ги разделува. „Се работи за прекин на бариери. А со хуморот, постои живот “, вели ЈР. Низ различни земји патува и неговата изложба „жените се херои“, со цел да го прикаже достоинството на жените што се цел на насилство. Таа е остварена на места каде постои конфликт; сиромашни градови кои не се пронаоѓаат во туристичките водичи. Во гетата на Кибера и Кенија, овој фотограф покрил околу 2000м2 кровна површина со лицата на жените, што живеат таму. „Тоа се жени кои понекогаш ѝ гледаат на смртта в лице; кои минуваат преку смеа во солзи; кои се дарежливи; кои немаат многу, а споделуваат; кои имаат лошо минато и се надеваат на посреќна иднина“, појаснува ЈР.

Во Провенсија, еден од најстарите и најопасни делови на Рио де женеиро, ЈР ги поставува портретите на жените на ѕидовите на нивните куќи. Изразито монохроматски очи и лица, се позиционирани така што гледаат кон центарот на Рио, како постојан потсетник за сиромаштијата што постои на влезот на овој космополитски град. „Ја замолив секоја жена да ми даде нешто реално“, вели JР, сеќавајќи се на процесот. „И точно е дека, како контраст на вообичаените медиумски слики на тага и очај, жените прикажаа гордост за тоа од каде доаѓаат и сигурност за сопствениот идентитет. И навистина имаа силен поглед , бидејќи знаеја дека ќе бидат соочени со градот.“ Филмот снимен и заснован на приказната за овој проект, добил долги и силни овации на Канскиот филмски фестивал во 2010 година. ЈР во моментов работи на два проекта: „Брчките на градот“, кој ја испитува меморијата на градот и неговите жители, и „Неформулиран“, кој реинтерпретира познати фотографии, преземени од музејски архиви и повторно изложени како огромни слики на ѕидовите низ градовите. Тоа го поставува прашањето: Што е уметничко дело тогаш? Оригиналната слика, фотографијата „Неформулиран“ од ЈР или и двете? Она што е интересно за овој уличен уметник, е тоа што зад него не стои никаков бренд, неговите

Поставување на слики за проектот „Лице во лице“, Рамалах, Палестина

30 декември 2011 ПОРТА

3

59


урбан фото фотографии не се никогаш спонзорирани од компании, и не се поврзани со новинарство. Средствата за овие проекти, тој ги покрива со продажба на своите фотографии, каква што е познатата „ladj ly“ или омотот за албумот на „Африка Експрес“. На тој начин, тој ја осигурува својата финансиска независност. „Финансиите за проектите се клучен дел од целта. Со сигурност тие немаше да бидат исти, ако ги направев со помош на Лореал.“,заклучува ЈР. Постои и некаква смисла во тоа што ако ЈР го открие своето име или своето потекло, на некој начин ќе ја потцени својата работа. Тој прави нешто спротивно на сопственото промовирање: на оние што живеат на маргините на општеството им ја враќа нивната индивидуалност. Парадоксално, фотографот без идентитет креира исклучителна уметност со обновување на идентитетот на безимените. ЈР создава продорна уметност, која непоканета се шири на зградите низ париските сиромашни квартови, на ѕидовите низ Блискиот Исток, на скршени мостови во Африка или низ фавелите во Бразил. Луѓето во заедниците каде тој ги изложува своите фотографии, оние што често живеат со минимални средства, откриваат нешто апсолутно Постер на тема „Аутсајдери“, на зградата на галеријата Лазаридес

60

ПОРТА

3

30 декември 2011

С Постер на скали, Рио де Женеиро

непотребно, но вистински прекрасно. И не само што ги гледаат проектите, тие и учествуваат во нив. Постари жени стануваат модели за еден ден, а децата се уметници една недела. На оваа уметничка сцена, не постои поделба на актери и гледачи. „Уметноста не треба директно да го менува светот или практичните работи. Таа треба да ја смени перцепцијата. Уметноста може да го промени начинот на кој ги гледаме работите. Таа е неутрално место за размена и дискусии, и на тој начин ви овозможува да создадете промена.“, вели ЈР. По овие локални изложби, следуваат две важни нешта. Сликите се транспортираат во Лондон, њујорк,

Постер од проектот„Портрет на генерација“, Лондон

Берлин или во Амстердам, каде што други луѓе ги интерпретираат во светлината на нивното лично искуство. И тековните уметнички и занаетчиски работилници во заедниците од кои потекнуваат, продолжуваат со работа на прославување на нивните жители. Наградата што ја доделува ТЕД, за повеќето добитници е помалку поврзана со средствата што ги добиваат отколку со можноста за секој од нив да посака „желба“, која е поврзана со финансирање на хуманитарен проект, кој ќе повлече нови донации од партнерите на оваа организација. „Посакувам сите да се залагаат за она за што им е значајно и

поради тоа да учествуваат во глобален уметнички проект, кој само заеднички ќе го измени светот одвнатре кон надвор... “, изјави ЈР по повод добивањето на наградата. Проектот ќе биде заснован на поставување фотографии на сите учесници, на ѕидовите низ градовите од кои потекнуваат, исто како што тоа го започна тој. Бидејќи е претставен само по своите иницијали и ретко ги појаснува портретите на луѓе со кои се соочува, ЈР остава празен простор за средба помеѓу субјектот - протагонист и минувачот - толкувач. Тоа е она што всушност ЈР работи: подига прашања...


арт

Во домот на мојот УЧИТЕЛ

С

проф. м-р .Владимир ГЕОРГИЕВСКИ, акад. сликар

о делото на Фјодор Михајловиќ Достоевски се запознав во раните мои средношколски денови. Сите негови ракописи до кои можев да дојдам, прераснаа во мојата постојана лектира… И денес ги препорачувам… , им ги препорачувам на моите студенти – идни архитекти, да ја видат и доживеат архитектурата на Човековата душа, да почуствуваат колку сложена гатанка е Човекот за кој тие ќе проектираат… ***

„Да, кога сме несреќни, ние посилно ја чуствуваме и несреќата на другите; чуствата не се кршат, тие се сосредоточуваат… “, запишал Достоевски во „Белите ноќи“. Страдањето човеково, овој Творец го открива како нова и од Бога благословена света книга!

*** Кон крајот на октомври 2011 година, во Санкт Петербург во Руската Федерација, се одржаа деновите на Македонската култура. И во рамките на овој настан, бев поканет да се претставам со своја изложба. Знаев дека таа ќе биде поставена и отворена во литературниот – меморијален музеј на Ф. М. Достоевски. За мене, овој настан претставуваше можност која ете животот така сакаше, своите дела да ги покажам во просторот во кој Достоевски живееше и почина. Во тој простор е напишано капиталното негово дело „Браќа Карамазови“. Тоа за мене беше „вистинска" средба со мојот Учител. Од него научив да гледам од другата страна на минливоста на животот; ја доживеав и ја живеам неговата порака дека „за да се напише (наслика) нешто добро, треба да се страда, страда, страда“. Тоа секако не значи дека Творецот ќе треба да се затвори во некоја соба и таму да страда. Не, тоа значи, да се одгонетнува постојано најголемата тајна на овој свет - Човекот! За тоа одгонетнување, Достоевски во своите раскази ќе запише: „О, колку ужасна е вистината на земјата!“ Изложбата ја концепирав според зборовите на Пилат: „Тоа е Човекот“ (Тој, оваа реченица ќе ја каже кога не ќе може докрај да го разбере делото на Христа). Над педесет дела влегоа во изборот.

Цртежи, дела работени во акрил, акварели, платна и скулптури. Тие беа изложени во двата изложувачки простори во последниот дом на Достоевски (познато е дека тој постојано го менувал местото на своето живеење). Овде, тој живеел од 1878 до 1881 година кога и починал. *** „Слободата е послатка од лебот, а поубава е од Сонцето“, пишува во еден од неговите раскази. Да, зар тоа не е чудесна дефиниција на Битието на Творецот: сликар, скулптор, архитект. Ако е така, тогаш наведената мисла е и најсилната внатрешна морално-етичка озаконетост. Одев низ просторот низ кој одел големиот писател и пророк, и постојано разговарав во себе си, за тоа, дека, кога ги гледам луѓето и

настаните околу мене, сакам да ја пресоздавам нивната надво¬решна минливост. Знам дека сè што ме опкружува е едно таинствено битие исполнето со безброј тајни. *** Изложбата беше посетена и видена од голем број посетители. Група млади луѓе ми пријдоа на отворањето на изложбата и ми рекоа дека мојот „Христос што го дарува своето срце“ им остав��л силен впечаток... Таму, во една ниша беше изложен и мојот портрет на Ф. М. Достоевски. Се сеќавам кога го моделирав, трагав по неговиот внатрешен лик. Оној, надворешниот лесно го дофатив според фотографскиот материјал од тоа време. Сè има своја внатрешна вистина, и таа ја открива Убавината што воодушевува. *** Санкт Петербург, градот на Петар Велики. Вистински царски град. Неговата архитектура создадена низ чудесната геометрија на облиците од класицизмот, прераснала во руски национален стил. Над речиси еднаквата височина на зданијата, само црквените позлатени куполи се натпреваруваат во својата височина... Сè е според мерката на формата: и онаа однадвор и онаа одвнатре... „Никогаш човекот од книгите не може да го научи она што ќе го види со своите очи“, ќе запише Достоевски. Тоа е вистина. И затоа Санкт Петерсбург треба да се види и да се доживее!!

16 декември 2011 ПОРТА

3

61


совети

НоВоГоДИШЕН ПоДАРок

Д

ојде повторно времето на слави и празници кога и најзакоравените трендсетери стануваат традиционалисти. Небото се полни со облаци, а почесто дува и студен ветер кој како да ги раздвижува чувствата и животот го слика лирски. Сеќавањето ме однесе до првиот ден од Новата година кога целото семејство се собираше кај мајка ми на ручек. Притиснати од многубројните обврски и изложени на разни стресови во текот на годината, во овој семеен ручек наоѓавме некое опуштање, задоволство, исполнетост, хармонија со самите себе и своите најблиски. На заедничкиот ручек се радуваа и децата. За таа прилика домот беше накитен со книжни лампиони во вид на ѕвона, декоративни свеќи, сијалички, а секогаш имаше накитена помала или поголема елка. Таа година мајка ми купи и нов ќилим. Јадрото на домот беше трпезариската маса на која сите седнувавме во исчекување на сармите, месото, руската салата, кифличките и Васината торта. Но, тој ден нè изненадија мали пакетчиња поставени во чиниите пред секој од гостите. Тоа беа подароци за сите нас. Децата со нетрпение први ги одвиткаа пакетчињата. Внатре, во секое, врзано со црвена

62

ПОРТА

3

30 декември 2011

панделка, како лампион, имаше по едно парче од стариот зелен теписон од дневната соба на мајка ми. Децата почнаа да се смејат. Баба заштедила на подароци годинава! И кај некој од возрасните подарокот предизвика збунетост и смеа. Кај мене тој извлече емоции и предизвика движење во душата. Тоа мало парченце теписон за мене значеше топлина на семејниот дом, семејно наследство, спомени, мисли, емоции, поглед внатре во себе и сознание за бесмисленоста создадена од неумоливата брзина на живеењето. Подарокот ѝ даде посебна димензија на зимската атмосфера. Се присетив како по тој теписон ги чекоревме секојдневно деновите од животот, а секоја останата флека раѓаше нови спомени и приказни. Бидејќи беше за фрлање, подарокот, сосема случајно, како рециклиран материјал, на славјето му даде и еколошки печат. Тој немаше никаква материјална вредност, но за мене значеше многу. Беше обележан со меморија, исполнет со оригиналност, а предизвика поинтензивно доживување на она што сум го имала во домот каде што сум била среќна. Не знам за другите, но јас и оваа година теписон-лампионот ќе го закачам на мојата новогодишна елка. Тој е дел на фамилијарната историја и чувар на мислата за богатството и убавината на светот што ја носам од детството, а е

видлива само за мене. Секојдневно се менува духот на времето, се менуваат навиките, ритуалите, правилата на семејниот живот, но има нешто што останува засекогаш. Овој скромен подарок ќе ме потсетува на вистината, дека секогаш ќе постојат нешта што може едно да покажуваат, а да се нешто сосема друго и друго да значат. Билјана СтЕВКОВСКА САВИЌ , дипл.инж.арх. b.savic@porta3.com.mk


излог Огледало во форма на елипса во дрвена дабова рамка која претставува и конструкција за фиоката изработена од бел сјаен медијапан. Дизајнот е на лондонското студио Pinch

Rahim Tejani од студиото Rock Paper Tree прави комбинација на материјалите дрво и бетон во неговиот дизајн на клупа и полици.

64

ПОРТА

3

30 декември 2011


Уникатна форма на клупа, иновативен и креативен пристап на рускиот дизајнер Dinar Shamеd кој нуди едно ново искуство во дизајнот на современиот мебел.

Ѕиден метален часовник, ласерски исечен од Diamantini&Domeniconi. На секој час црвена птичка излегува од часовникот која може да се намести и да пее, а со вградениот сензор за светлина во вечерните часови не испушта никаков звук

Лондонското студио JAILmake ja дизајнираше оваа маса која претставува интеракција со природата. Масата е рачна изработка, секоја ногарка претставува решетка наменета за ползење на растенијата, а горната дрвена плоча е изработена од англиски даб.

ПОДГОТВИ:

Сандра дОНчЕВА тЕОхАРОВА , дипл.инж.арх. 30 декември 2011 ПОРТА

3

65


најчудни градби

Адреналински предизвици на кулата „Стратосфера“ во лас Вегас

Р

драган РИСтОВ

етки се кулите низ светот, кои освен градежна величина нудат нешто повеќе. Дури и кога имаме столб-кули, тие најчесто имаат функција да бидат седиште на бројни предавателни мрежи на комлекс ТВ и радио станици. Во таквите случаи, најчеста придружна содржина се ресторани или кафулиња на самиот врв, од каде се нуди ексклузивна панорама над некој велеград. И толку. По се изгледа, во светот постои само една кула која комбинира градежништво со забава. Каде, ако не во Лас Вегас, единственото место на светот во кое забавата е до степен на лудило и до невидени перформанси на она што човечкиот ум (во спојот на конструкцијата и забавата) можел воопшто да го замисли. Објектот за кој зборуваме се наоѓа во Лас Вегас, во сојузната држава Невада во САД, а неговото официјално име е „Стратосфера“. Оваа кула која нуди и хотел и казино на популарната главна улица Стрип булевар, е највисоката кула за посматрање и воедно петта најголема градба во САД. Нов сопственик на кулата е „Вајтхол Риал Естејт“, компанија која во 2008 година ја купила „Стратосфера“ за сума од неверојатни 1,3 милијарди долари. Од технички карактер, „Стратосфера“ опфаќа кула од 350 метри и хотел од 24 катови како посебен објект во подножјето на кулата со вкупнo 2.427 соби или корисна површина од 7.400 квадратни метри. Кулата се смета за втора по големина на Северно-американскиот континент, веднаш по првопласираната ЦН кула од Торонто (Канада). Кулата „Стратосфера“ почнала да се гради на почетокот на 90-тите години, но во 1993 била зафатена од оган. За среќа, немало жртви, но изградбата била пролонгирана заради

66

ПОРТА

3

30 декември 2011

реконструкција уште на самиот старт. Објектот официјално бил отворен на 30 април 1996 година. Таа до денес е воедно највиосоката градба во Лас Вегас и вистинско обележје на најзабавниот град на светот, некрунисаниот град на гревот и коцката. Она што кулата ја прави уникатна, за што зборувавме на почетокот, е токму комбинацијата на забавното со градежното. Имено, на самиот врв на антенскиот столб поставен на врвот од кулата, се наоѓаат специјални седишта кои како катапулт се исфрлаат долж металната конструкција. Од едната страна на куполата се наоѓа мал воз од неколку седишта кој се спушта странично и симулира ненадејно лулање како при пад, што ги тера сите посетители да врескаат. Во два инциденти, во 2005 година, заради вградениот безбедносен код на системот, малото „вагонче“ прекинало со работа при што ги оставило

туристите на височина од 300 метри да висат неколку часови слободно над Вегас. За среќа, досега немало поголеми последици, освен можеби евидентираните пет случаи на смоубства на луѓе кои скокнале од самиот врв. Друга атракција е т.н. „Инсенити рајд“ (Insenity ride) или во превод „Лудо возење“. И навистина е лудост, бидејќи со специјална машина во форма на роботизирана рака, на 4 метални крузери постојат седишта, и секој што ќе седне се врти со соодветна брзина. Притоа, како што се забрзува вртењето, се шират и краците на механизмот и посетителот добива чувство како да лета над самиот објект. Во 2009 година се воведени уште две содржини, мал ролекостер над врвот и т.н. Скај џамп (небесен скок). Станува збор за банџи скок од самиот врв на кулата. Од подножјето на кулата до самиот нејзин врв се стигнува со лифт кој се движи со брзина од 200 километри на час, а се стигнува за нешто повеќе од 10 секунди. Од местото за набљудување има спектакуларна глетка, бидејќи е направено во полукружна форма, а прозорците од страните нудат неверојатна панорама на Лас Вегас. Се разбира, за сите овие содржини е потребна храброст и непостоење на страв, бидејќи луѓе со слабо срце сигурно ќе имаат голема мака. Впрочем, верувајте ми на збор, со оглед на можноста што ја имав да се шетам на самиот врв, тоа е доволен предизвик, бидејќи ветрот не само што ви шепоти, туку тука ја губите секоја перспектива за тоа колку навистина високо се наоѓате.



Porta3 173-174