Page 1

90 денари / БРОЈ 159 / ПЕТОК 17.06.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ЦелоСна летаргичноСт во македонСката архитектУра

Архитектурата на градот вон дневната политика

Автентичност која исчезнува


БрОј 159 петОк 17.06.2011

ГОДина Vii Редакција:

драги читатели, градот Штип. Денес, автентичноста на Ново Село исчезнува. Какви се состојбите и перспективите на градежништвото и енергетиката во Македонија? Oд капиталните проекти е завршена т.н. втора фаза на изградба на Хидросистемот „Злетовица“, односно е изградена браната „Кнежево“ со придружните објекти. Во фаза на изведба е и браната „Света Петка“ на реката Треска. Од патната инфраструктура во завршна фаза е изведбата на дел од автопатот Е-75 од Табановце до Куманово во должина од околу 10 километри. Скопје има потреба од јавни дебати, споделување на мислења, искуства меѓу граѓаните и архитектите за изгледот на градот. Сите тие дишат заедно со градот, го сочинуваат неговото јадро, и ги движат механизмите за негово развивање и урбанизирање според своите потреби, беше речено на Скопска недела на Архитектура 2011, која се одржа од 1 до 6 јуни, на тема „Суперград“.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница:

Порта од Стара кУќа, ШтипСкО нОВО СеЛО

Фото:

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

од редакЦијата

26

СКОПЈЕ 06

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ААМ ЦЕЛОСНА ЛЕТАРГИЧНОСТ ВО МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА

ГРАДЕЖНИШТВО 16

ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

РЕПОРТАЖА 22

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

ангел СитновСки

90 денари / БРОЈ 159 / ПЕТОК 17.06.2011 година VII

Македонската архитектура е во целосна летаргија. Ова го заклучија членовите на ААМ на своето Годишно собрание. Една од потврдите за тоа е и фактот што од 2.000 регистрирани архитекти во државата, само 60 од нив плаќаат членарина во Асоцијацијата. На собранието, присутните усвоија Правилник за конкурси, и донесоа одлука да ја повикаат Комората на овластени архитекти и инженери да свика Годишно собрание. Кога скопјанец ќе дојде во Осло, и оддалеку ќе го види белото здание на Операта, првата мисла е „многу личи на зградата на нашата Опера и балет“, за мислата да продолжи „Норвежаниве ја копирале и ја доразвиле идејата стара десетици години“. За време на владеењето на султанот Мурат II (1421-1451), бил донесен ферман со кој штипското Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, и добило посебни права и привилегии. Тука, некогаш, живееле богати фамилии, кои во свои раце ја имале трговијата и занаетчиството на

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

16

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

22

ОСЛО - ДОМОТ НА ОПЕРАТА ОДАМНА ВИДЕНО КАЈ НАС!

Печати: Европа92 - Кочани

АРХИТЕКТУРА 26

СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРА 2011 ГРАДОТ КАКО МЕГАСТРУКТУРА ВОН ДНЕВНАТА ПОЛИТИКА/АРХИТЕКТУРА

54

АРХИТЕКТУРА 32

ШТИПСКО НОВО СЕЛО АВТЕНТИЧНОСТ КОЈА ИСЧЕЗНУВА

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКОЛОГИЈА 54

СПАСОТ Е ВО ОДРЖЛИВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ОТПАДОТ

32

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


`


инфо

годишно Собрание на аам

ЦелоСна летаргичноСт во македонСката архитектУра Членовите на ААМ го усвоија Правилникот за конкурси, и донесоа одлука да ја повикаат Комората на овластени архитекти и инженери да свика Годишно собрание, со што се верува ќе се стави крај на енормното незадоволство на струката, предизвикано од нејзината неактивност и незаинтересираност. Во Македонија има 2.000 регистрирани архитекти, а само 60 од нив се регистрирани со членарина во ААМ.

С

о усвојување на Правилникот за конкурси, и одлуката да ја повикаат Комората на овластени архитекти и инженери да свика Годишно собрание, со што се верува ќе се стави крај на енормното незадоволство на струката, предизвикано од нејзината неактивност и незаинтересираност, заврши редовното Годишно собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. На него присуствуваа 34 од вкупно 60 членови со платена членарина на Асоцијацијата. Ова беше повод за претседателот на ААМ, Даница Павловска да констатира дека бројот и структурата на присутни членови е јасен показател дека и во Асоцијацијата владее целосна летаргична состојба, која е во согласност со целата положба на архитектонската струка во Македонија. Згора на тоа не беа присутни ни поканетите претставници на Комората на овластени архитекти и

6

3

ПОРТА

17 јуни 2011

инженери, ниту пак одговориле на поканата, што предизвика низа негативни коментари и реакции меѓу присутните. Како и што се очекуваше, две мошне актуелни теми доминираа на Собранието. Најголем интерес од страна на присутните беше разгледувањето и усвојувањето на Правилникот за конкурси, како и дискусијата за работењето на Комората на овластени архитекти и инженери.

Правилникот Ургентна Потреба

„Целта на донесување Правилник за конкурси е давање форма и нормативи за одвивање на конкурсите. Досега не постоел правилник според кој тие би се спроведувале. Во некои земји, ваквиот документ претставува подзаконски акт, потпишуван од министерот за урбанизам или градежништво“, изјави архитектот Радомир Лаловиќ, кој го изработил

овој документ. Инаку, според изјавите, истиот Правилник бил изработен според концептот на хрватскиот правилник, кој пак бил работен по теркот на германскиот... „Овој правилник претставува основа за правилна партнерска соработка на сите сочинители на конкурсот, и го поттикнува развојот на културата на градење во Македонија со остварување на естетски, економски, социолошки, еколошки и технолошки цели", стои во преамбулата на Правилникот. Истиот беше изгласан и усвоен на ова Собрание, со што стапува во сила од датумот на негово одржување. Сега се очекува негово потврдување и поддршка од КОАИ и Министерство за транспорт и врски.

Фиктивна комора Со Сомнително ФинанСиСко работење Како што спомнавме, и на ова Собрание на ААМ, како и на претходните, немало никаква

реакција, одговор, ниту пак присуство на претставници на Комората на овластени архитекти и инженери. Во дискусијата се спомна дека Комората на овластени архитекти и инженери е основана во март 2006 година. Во нејзиниот статут и во законот, за нејзино делување стои дека е потребно да одржуваат редовни годишни собранија. Меѓутоа, од овој датум до ден-денес КОАИ нема одржано ниту едно собрание, или каква било слична активност според пропишаното делување. Од друга страна, работата на Комисијата за доделување на овластувања на архитекти и инженери при Комората, непречено се одвива. Секој овластен архитект плаќа годишна членарина во КОАИ во висина од 80 евра. Во 2010 година, КОАИ имала 4.547 членови, а во 2011 година 5.010 членови. Од нив 1.551 се регистрирани архитекти. Според некои пресметки, по овој основ на сметката на КОАИ


инфо влегувале околу 764.000 евра. Вкупната сума со сите приливи, според претпоставките, изнесува околу 1,5 милиони евра. Бидејќи Комората не евидентира дејствија и активности, логично е да нема расходи. Финансиското работење е крајно сомнително, беше истакнато во дискусијата.. Според самите архитекти, тие се соочуваат со голем проблем бидејќи единствениот државен орган, кој според законот е надлежен да ги застапува и да ги заштитува нивните професионални интереси и авторски права е дисфункционален, а згора на тоа и нелегален. Имено, на основачкото собрание на КОАИ, делегацијата на ААМ демонстративно го напуштила состанокот, бидејќи предложените амандмани за смена на лицето одговорно за секторот на архитектура во рок од 6 до 12 месеци, не биле прифатени. Оттогаш, според ААМ, лицето кое е поставено на оваа функција е некомпетентно и со неограничен мандат. Без итно одржување на следно собрание ваквата состојба не може да се корегира. Во контекст на ова, спред присутните, очекувањата од КОАИ не се исполнети, и затоа е евидентно општото незадоволство од нејзиното функционирање. Затоа ААМ, повикувајќе се на една од двете можности пропишани во Статутот на КОАИ за свикување на итно Собрание, се одлучи да почне организирано собирање на потписи од страна на архитектите членови на КОАИ во текот на летните месеци. Според нивните предвидувања, штом ќе биде собран потребниот број потписи - една третина од членството, ултимативно ќе се бара одржување на Собрание на Комората на овластени архитекти и инженери. Доколку и оваа конечна мерка која ААМ може да ја преземе не се покаже успешна, архитектите ќе се обратат правно и аргументирано кај јавниот правобранител. Во расправата се истакне дека КОАИ е во ресорот на Министерство за транспорт и врски на Република Македонија. Па доколку се создаде спор кој би довел до обраќање на повисоките нивоа, многу е веројатно дека Министерството ќе ги преземе ингеренциите на КОАИ, со што состојбите би се уназадиле и десетгодишните напори за нејзино

создавање би „пропаднале во вода".

аам работела Со Полна Пареа

Што се однесува до работата на ААМ во периодот меѓу две собранија беше истакнато дека постојано биле следени случувањата врзани за архитектонската пракса и теорија, со активно учество на Асоцијацијата секаде каде што тоа било можно и финансиски остварливо. Според искажувањата, ААМ успеала да ги активира архитектите (новооформената Група за урбанизам) во презентациите на урбанистичките планови, со дискусии и коментари (искажани и набележани во писмена форма), а сето тоа добило и соодветни рефлексии во јавните медиуми. Се работи за активности во кои стручната јавност се јавува во функција на општите интереси на граѓаните, за потикнување и покренување на јавната свест како фактор во одлучувањето, иако се знае дека постои реална потреба од нови системски решенија во просторното и урбанистичкото планирање. Според предложената и усвоена програма за натамошно делување на ААМ, намерата е зголемување на присутноста во стручната средина, подобро позиционирање и зголемување на влијанието на претставниците на оваа професија, промоција на самата Асоцијација на архитекти на Македонија преку присуство во јавноста и достапност за мислење,

изјава и критика во домен на професијата, и подигнување на самосвеста како клучна за успешно функционирање.

омаСовУвање на членСтвото

Она што беше интересно, но и поразително да се слушне во однос на самата Асоцијација, е дека постои отсуство на младите архитекти во работата на ААМ. Така, дел од присутните имаа забелешка за самата возрасна структура на членовите на ААМ. И на самото Собрание беше евидентно отсуството на помлади претставници на фелата, како во однос на нивното присуство така и во однос на членството и заинтересираноста за настаните поврзани со професијата. Се дојде до констатација дека се работи за слаба и недоволна анимација на „подмладокот". „Има зошто да бидеме посрамени. Имаме над 2.000 регистрирани архитекти во Македонија, а само 60 од нив се регистрирани со членарина во ААМ. Доколку не се преземат мерки за пошироко членство, може да се случи дури и оваа цифра, која претставува само три отсто од вкупниот број на овластени архитекти во државава, нагло да се намали или преполови“, изјави професорот Михаил Токарев. Од друга страна, членството во Комората на овластени архитекти и инженери (KOAИ) е задолжително, со членарина во висина од 80 евра. Членството во ААМ е изборно,

членарината е 1.000 денари, а пак бројот на членството е поразителен. „Членството во ААМ би требало да биде синоним за престиж, како што е членството во Royal Institute of Brittish Architects - RIBA“ рече Токарев. Според одредени реакции на присутните, во однос на медиумите, архитектурата треба да има поспецифично место и улога. Во настани како што е Годишното собрание, не е важен бројот на присутните медиуми, туку медиуми кои се релевантни на професијата, бидејќи се обработуваат деликатни теми за кои е важно исклучиво стручно мислење, и затоа нема потреба да бидат споделувани со пошироката јавност. Од друга страна, работењето на ААМ е транспарентно, и токму затоа е потребно активно информирање и промовирање преку медиумите. Па затоа, од присутните беа предложени и заложби за поагресивен настап и поголема покриеност од страна на медиумите. Архитектот Трајко Димитров на колегите им предочи за потребата да се води „битката“ на сопствен терен, со што архитектите би нижеле успеси и афирмации во она во што се најдобри професијата. Според него, тоа би било повидливо доколку се воведат повеќе наградни конкурси, како на пример признание за млад архитект или награда „Златна малина во архитектурата" и слично. Леонида Пенка БАША

3

17 јуни 2011 ПОРТА

7


инфо ПроширУвање на Соработката на Со градеЖен и машинСки ФакУлтет На Градежниот факултет при УКИМ беа потпишани два анекса на Рамковниот договор за научна и техничка соработка во областа на развојот и унапредувањето на челичните конструкции, подигнувањето на нивната

статусна положба, склучен помеѓу компанијата ФАКОМ од Скопје и Градежениот и Машинскиот факултет. Анексите ги потпишаа деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Петар Цветановски, генералниот директор на ФАКОМ, м-р Златко Симоновски и деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Атанас Кочов. Првиот Анекс на Договорот за стипендирање на студенти на Градежен и Машински факултет,

меѓу другото, опфаќа стипендирање на студенти со остварени 120 кредити и со успех од 8,5, кои во своето натамошно студирање ќе се ориентираат на областа на челичните конструкции. Годишно ќе бидат доделувани четири стипендии, по две на секој од факултетите, вклучени во договорот, во висина од 40 отсто од просечната плата во ФАКОМ. Стипендијата ќе биде доделувана 12 месеци, со што наградениот студент би бил мотивиран за активно и одговорно обавување на стручен практика во рамките на компанијата. Со вториот на Договорот се востановува годишна награда „ФАКОМ“ за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции, по една награда „ФАКОМ“ ќе биде доделувана на двата факултета. По повод овие договори, деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Петар Цветановски изјави : „убеден сум дека стипендиите, како и наградата за најдобра дпломска

работа, ќе бидат предизвик за студентите за поголем ангажман и повисоки достигнување во областа на челичните конструкции“. Според генералниот директор на ФАКОМ, м-р Златко Симоновски, со потпишувањето на анексите максимално ќе се подигне статусот на соработката со факултетите, а студентите ќе се насочат во научна и едукативна насока која ќе придонесе за создавање поспремни кадри за нивната компанија. На тој начин, заеднички ќе учествуваме во создавањето компетентни стручњаци профилирани во областа на челичните конструкции. И за деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Атанас Кочов, по потпишувањето на договорот значи дека компаниите се враќаат на детална соработка со универзитетите, а познато е дека економскиот развојот не е можен без негување на ваквата соработка која резултира со практично обучување на квалитетни технички кадри. Л.П.Б.

амарок - новиот ПикаП од ФолкСваген

еден од најмоќните теренЦи ПриСтигна во македонија

е

ден од најмоќните теренци во светот, новиот модел од марката Фолксваген комерцијални возила, Амарок пристигна и во Македонија. Во прекрасен амбиент на ботаничката градина „Хорти експерт“ спроти хотел Александар Палас, присутните гости уживаа и се дружеа со новиот Амарок. Станува збор за пикап со најголем товарен простор во својата класа, универзален модел кој може да се користи за работа и за рекреација. Долг 5,25 метри, со импресивни 2,52 м² багажна површина и простор за 1.000 кг товар, Амарок е пикап кој со својот изглед како само што да излегол од страниците на некој моден каталог. „Новиот модел на Амарок се карактеризира со огромна моќност, сила и агилност, а поседува и нешто што можеби и не се очекува од еден пикап, а тоа е интелегенцијата! Амарок е направен за да се справи во различни услови и да стигне до места каде што другите возила едноставно не можат ни да си замислат. Неговите технички карактеристики го прават возило

8

3

ПОРТА

17 јуни 2011

за кое нема граници, вистински избор за сите авантуристи кои сакаат да ги скротат и најдивите предели - бидејки Амарок како и волкот по кој го добил името, се чувствува како дома во дивината, совршено самоуверен и моќен и во најтешките услови за возење“, изјави бренд менаџерот на Фолксваген Дејан Враниќ. Амарок е првиот 4-погонски пикап во својата класа со намалена СО2 емисија и револуционерна економичност, со исклучително ниска потрошувачка од само 7,5 литри гориво. Неговиот ентериер содржи комфор и луксуз кои би ги очекувале од еден Фолксваген, почнувајќи од климатскиот воздушен регулатор, преку темпомат електриката на сите прозорци, комфорното централно заклучување, паркинг сензорите, па сè до кожните седишта, правејќи го оф-роуд патувањето комфорно како никогаш досега. Тој ја користи напреднатата Фолкваген 4 Motion технологија и во зависност од условите во кои се вози, може да се избере

конфигурација на сите четири тркала или пак само на две. Благодарение на својот 4MOTION погон, ABS и електронската програма за стабилизирање, Амарок е најдобро возило за авантуристи, овозможувајќи максимум удобност и исклучителна крос-кантри мобилност без притоа да се бара посебен напор. „Денес ве повикувам и вас заедно со Амарок да го слушнете повикот на дивината, да се препуштите на чувството на слобода и авантура, дозволете да

ве понесе неговата енергија, да ви отвори недопрени хоризонти. Ве поканувам да погледнете во очите на волкот за да ја видите вашата душа. Се надевам ќе ви се допадне тоа што ќе го видите”, изјави генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски. Амарок е официјално возило за поддршка на организаторот на релито Дакар во 2010 и 2011 година, а истовремено е избран за најдобро интернационално теренско возило во 2011 година од страна на претставниците на 23 земји.


скопје

нов Симбол на главниот град

СкоПСката ЖичниЦа од а до ш Австриската фирма „Допелмаер“ ги изведуваше градежните работи на жичницата, кои траеја нешто повеќе од една година, односно почнаа во мај лани, а завршија на почетокот на јуни годинава. Безбедноста, според надлежните, е на највисоко ниво бидејќи објектот е граден според критериумите за квалитет и стандардите што се пропишани од Европската Унија. Висинската разлика меѓу почетната и крајната точка изнесува 570 метри, а врвот на Водно, каде што завршува патувањето, е на надморска висина од 1.066 метри. Кабините што ќе превезуваат патници собираат по осум луѓе, такви се вкупно 28 на број, а има и две кабини за ВИП личности, во кои може да се сместат четворица. Должината на трасата е 1.750 метри, најкраткото растојание меѓу Средно Водно и Крстот на врвот на планината. Ѓорче Петров, Радишани, Лисиче и сите други населби во главниот град може да се видат од прозорците на кабините додека патниците се искачуваат нагоре. Европски метрополи во кои има жичници се Мадрид, Барселона, Истанбул, Келн и други, а од неодамна е и Скопје. Жичницата стана нова туристичка атракција на Скопје и најмодерен објект од ваков вид на Балканот. За да се стигне од Средно Водно до Крстот ќе бидат потребни

од шест до осум минути. Ѕиркањето од кабините на жичницата на денот на нејзиното отворање беше привлечно за јавните личности, па меѓу првите што се повозеа беа и премиерот, двајца министри и други високи функционери. Инвестицијата во проектот изнесува вкупно 6,7 милиони евра, цена што се постигна по одржаниот јавен тендер. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе стопанисува со жичницата. За тоа беше донесена посебна одлука од градскиот совет, а претпријатието определи десетмина вработени за овој објект, кои поминаа посебни обуки за да можат да работат на него. Куќички во кои ќе се продаваат сувенири и освежителни пијалаци се поставени на Средно Водно, на почетната станица од жичницата. Летниковци и клупи со маси се наместени на двата краја од жичницата, со што се подобрени условите за одмор и за рекреација. Љубителите на добра храна ќе немаат доволен мотив за почесто да го посетуваат врвот на Водно бидејќи најавениот ресторан сè уште не е направен. Милениумскиот крст е апсолутниот добитник од проектот затоа што долго време беше заборавен и недоволно посетуван, а сега ќе може да стане вистинско собиралиште на туристи и на рекреативци. Ноќните панорами, барем засега, нема да станат реалност, возењето ќе биде можно само дење. Њујорк, и покрај високоразвиената инфраструктура, не може да се замисли без жичницата што ги поврзува Менхетн и островот Рузвелт, првата во Северна

Америка што служела како дел од системот за јавен урбан превоз. Одиме нагоре е мотото на жичницата што беше претставено на денот на нејзиното пуштање во употреба. Планинските велосипедисти имаат можност да ги закачат своите велосипеди на кабините и потоа само да се спуштат надолу. Работното време во летниот период ќе биде од 9 до 19 часот секој ден, освен понеделник кога жичницата ќе биде затворена. Спасувачките екипи на Црвениот крст ќе бидат постојано подготвени да интервенираат во случај на несреќа, за што е потпишан и посебен договор меѓу оваа организација и ЈСП. Транспортниот центар кај Новата железничка станица ќе биде почетната станица на автобуската линија што ќе оди до Средно Водно, за потребите на жичницата. Линијата ќе поминува покрај Народна Банка, Градска болница, Рекорд, булевар Водњанска и се до Водно. Ќар од овој превоз најмногу ќе имаат постарите лица. За голем дел од нив Крстот на Водно досега беше недостапен, а отсега ќе можат да патуваат таму дури и бесплатно. Идејата за еден ваков проект датира уште од 80-тите години, но

тој дури сега се реализира, нагласи на отворањето министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Изградбата на жичницата се одвива фазно. Тоа што проработе е една фаза, а се најавува дека ќе се изгради и втората, од Средно Водно до населбата Капиштец каде што ќе биде почетната станица. Хортикултурното уредување исто така беше дел од вкупните активности околу изградбата на жичницата. Цената на превозот ќе изнесува 100 денари за возрасни и 50 денари за деца. Сепак, ќе има промотивен период до крајот на јуни, кога возрасните ќе плаќаат 50 денари, а децата ќе се возат бесплатно. Чистиот воздух и зеленилото, според министерот Миле Јанакиески, ќе бидат дополнителен мотив за жичницата да се користи што повеќе. Џунглата од автомобили паркирани на сите страни на Водно, особено во викендите, се очекува барем делумно да се расчисти поради новиот вид транспорт на планината. Штом беше најавено отворањето, уште во првите денови илјадници луѓе се упатија кон Водно за да ја испробаат жичницата. К.С.Т.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

9


скопје локалните влаСти во нова акЦија

Удривме на Паркирање Почнувањето на изградбата на нови паркиралишта и катни гаражи, како и отворањето на веќе изградените објекти за јавно паркирање, во изминатиов период беа меѓу главните активности на локалните власти од градот и од општините, но и на понекој приватен инвеститор кој увидел бизнис интерес во оваа област. Така, за помалку од две недели почнаа да се градат две јавни паркиралишта, една јавна и една приватна катна гаража, а беше пуштен

во употреба и првиот монтажен паркинг во Македонија воопшто. Идејата да се прават монтажни паркиралишта, односно да се наместат платформи над постојните паркинзи, и на тој начин речиси да се удвои бројот на расположливи места е стара неколку години. Прва општина која реализираше таков проект е Аеродром, во населбата Ново Лисиче. Тоа е направено од челична конструкција и обезбедува простор за околу 100 автомобили, на краевите има рампи за влез и за излез, како и скалила за пешаците. Според градоначалникот Ивица Коневски, ова е добар метод да се реши проблемот со паркирањето бидејќи не се одзема дополнително зеленило. Фирмата „Макоил“, пак, кај

Универзитетската библиотека почна да гради објект за паркирање од 1.340 квадратни метри, во кој ќе има 260 паркинг-плацови. Ова е првата од четирите катни гаражи што ќе ги направи оваа компанија и вреди 3,5 милиони евра. Сопственикот Мите Јовановски најави дека во следниве два месеца ќе почне изградбата и на другите три. Проектот го изработи „Студио 2000“, градежните работи ги изведува „Бетон“ од Штип, а надзорот го врши „Тим Инженеринг“. Се очекува објектот да се изгради за 210 работни дена. И градските власти удрија темели на нова катна гаража и тоа за дури 605 возила. Тој објект се наоѓа на улицата Даме Груев, спроти полициската станица Центар, има површина од 3.070 квадрати

Изгледот на катната гаража кај Универзитетската библиотека

градот Си гради админиСтративен објект

од Стари бараки во СтаринСка градСка кУќа Нов административноделовен објект за потребите на администрацијата на Град Скопје почна да се гради на улицата Лазар Личеновски, под скопско Кале, на локацијата кај поранешните бараки на ЈП „Водовод и канализација“. Градската куќа ќе се гради на површина од 1.274 метри 10

3

ПОРТА

17 јуни 2011

квадратни. Ќе биде висока 21 метар и ќе располага со приземје и пет ката. Главниот влез во објектот ќе биде од новопроектираната улица која ќе води по кејот на реката Вардар, а влез ќе има и од страната на улицата Лазар Личеновски. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски информира дека објектот предвидува работен простор за 650 вработени. На приземјето од објектот е обезбеден простор за Архивата на Град Скопје, како и други простории наменети за корисниците на услуги. Од првиот до четвртиот кат

се обезбедени канцеларии за вработените во градската администарција. Канцелариите се од океански тип со можност за приспособување на просторот во зависност од потребите на Градот Скопје. На петтиот кат се планирани простории за кабинетот на градоначалникот, за секретарот на Град Скопје, сала за Советот и просторија за претседателот на Советот. За новиот објект е обезбедено подземно паркирање на три нивоа, за 170 возила. Планирани се лифтови и скали, централна климатизација, а новата фасада ќе биде во неокласичен стил и ќе се запазат сите стандарди

и висина од 23 метри, односно седум ката и две нивоа под земја. Предвидено е сообраќајот да се одвива по спирална рампа во посебна кула. Проектот го изработи тим од Градежниот институт „Македонија“ предводен од Љубин Макаровски, а зградата две години ќе ја гради сплитската фирма „Конструктор“. Фасадата ќе биде застаклена, а околниот простор ќе се уреди. Сето тоа ќе чини околу 13 милиони евра. Ова е втора катна гаража која ја почна градот, по таа на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, што ќе има 2.500 квадрати и 445 паркинг-плацови. Во меѓувреме, почнаа да се градат и две паркиралишта на запуштени локации во делови од градот каде што беше присутен проблемот со оставање возила. Првото е кај Зоолошката градина, паралелно со булеварот Илинден и одвоено од него со зелен појас широк десет метри. Тоа ќе биде долго 157 метри и ќе може да собере 93 возила, а ќе чини 160 илјади евра. На теренот работи фирмата „Жикол“, а рокот за изградба е седум месеци. Вториот паркинг е кај Транспортниот центар, под пругата, каде што просторот почна да се уредува, односно да се израмнува за да се посипе со тампон, слој врз кој ќе се наредат бехатон плочки. Таму, на околу 8.000 квадратни метри се предвидени десет места за автобуси, 12 за комби возила и 42 за автомобили. Градот во проектот вложува околу 190 илјади евра, а работите ги изведува фирмата „Бергамо инженеринг“. Со овие, а и со други тековни, завршени или идни проекти, за заштеда на енергија. „На изградбата на објектот ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Рокот на изградба е четири години, а за изведба на овој проект Град Скопје ќе потроши околу 900 милиони денари. Со оглед на тоа што се гради во контактната зона на скопско Кале, кое е заштитен објект од областа на културното наследство, редовни контроли ќе врши Управата за заштита на културното наследство. Автори на проектот за Градската куќа се Иван Кокалановски и Борче Стојковски од "КАД БИРО", изјави Трајановски. К.С.Т.


скопје

Првиот монтажен паркинг во Македонија секогаш се прави на места каде што има најголема атракција, односно Трговски центри, болници, зелени пазари. „Но, не секогаш може на овие атрактивни места да се изгради катна гаража. Затоа тоа се решава на поинаков начин, односно со добро организиран јавен превоз со кој ќе се намали бројот на возила во центарот. Од аспект на тоа

треба да се испита и политиката на градот и да се подигне свеста кај луѓето за користење на јавен превоз“, објаснува Крстаноски. Тој додава дека и проширувањето на сообраќајниците не е решение за намалување на метежот. „Колку повеќе ги проширувате улиците, толку повеќе возила предизвикувате“, додава Крстаноски.

Изгледот на катната гаража на улица Даме Груев

Дека решението треба да почне од обезбедување на квалитетен јавен превоз согласен е и Лазар Чакаровски. „Поради тоа што Скопје сè уште не е довршен со собраќајниците и заради немањето квалитетен јавен превоз луѓето тргаат со автомобили. Кога ова ќе се доврши ќе се реши и проблемот“, вели Чакаровски. Александар Мешко, сообраќаен експерт од „Ин-пума“ вели дека најдобар начин за решавање на паркирањето е комбинирана изградба на катни гаражи и паркиралишта. „Таму каде што има место нека бидат паркиралишта, но на тесните простори треба да се градат катни гаражи. Е кога ќе се дојде во ситуација веќе да нема каде и што да се гради тогаш треба да се премине на административно решавање на проблемот. Тоа подразбира забрана за движење на возила во централното градско подрачје или воведување на еколошка такса", додава Мешко. Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Плацот каде што ќе се гради Градската куќа

проблемот со паркирање во центарот на Скопје ќе го снема за две години, тврди градоначалникот Коце Трајановски. „Иако напорно работиме, проблемот сè уште е присутен. Одредени ефекти веќе се постигнати, но треба да се бараат и нови решенија“, истакна Трајановски. Но дали масовната изградба на гаражи и на паркинзи навистина може да донесе решение за овој проблем? Сообраќајните експерти велат дека оваа масовна изградба нема да биде вистинското решение, туку напротив, може да има и спротивен ефект, односно да предизвика уште повеќе возила во централното градско јадро. Професорот Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола и добар познавач на скопскиот сообраќај и јавен превоз вели дека изградбата на катните гаражи

3

17 јуни 2011 ПОРТА

11


градежништво

технологијата за инјектирање наСПроти Стандардните методи

ПрезентаЦија на трн во адинг, СкоПје УнаПредУвање на Соработката

Бизнис Центар - Адинг е генерален застапник на производите на ТРН - Хамбург за Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Косово. Соработката меѓу ТРН - Хамбург и Бизнис Центар - Адинг е започната пред две години и продолжува унапредено. Во рамки на презентацијата на материјалите на ТРН - Хамбург во Македонија, беше извршена и инструкција за инјектирање на пукнатини во влажна средина. Некои од објектите при чија изградба се користени материјалите произведени од ТРН во Македонија, се: ТЦ „Веро“, катна гаража „Зебра“, Стадион „Филип II“, Меморијален центар „Тоше Проески“, станбено-деловен комплекс „Космос“, Меморијален центар на холокаустот на Евреите и други. „Исто така, на референтната листа на оваа германска компанија се наоѓаат и стотици објекти, новоизградени и репарирани, при чија конструкција се употребувани ТРН материјали и системи“, изјави Гец Тинтелнот.

СиСтематизирано, квалитетно, докаЖано

Производството на ТРН е поделено во 4 групи на производи и материјали, во зависност од нивната намена. Првата група опфаќа материјали за обезбедување на изолационите споеви кај објектите. Втората опфаќа материјали и системи зa инјекирање. Во третата група на материјали спаѓаат материјали за репарација на бетон, додека четвртата група опфаќа материјали и системи за изведба на тунели.

изолирање на СПојниЦи

Објектите од бетон изгледаат монолитно кога се завршени, но во текот на изградбата неизбежни се прекини на бетонирањето. Едноставно, бетонирањето не може да се изведе одеднаш. Местата каде што има прекин на бетонирање имаат одредени карактеристики кои не се поволни за објектот од аспект на обезбедување на водонепропустливост. Ваквите места се нарекуваат „конструктивни спојници“. Обезбедување на ваквите спојници од можноста за продор на вода е од суштинско 12

3

ПОРТА

17 јуни 2011


градежништво

На 1 јуни во просториите на Адинг - Скопје се одржа презентација на производствената палета на ТРН - Хамбург. Презентацијата ја одржа лично г. Гец Тинтелнот, извршниот директор на компнијата. Пред заинтересираната публика беа претставени производи од четирите групи на материјали кои оваа реномирана компанија ги произведува. Притоа, исцрпно беа објаснети составот, начинот на примена и апликација на материјалите, нивните карактеристики и начини на делување.

13

значење за градбата, особено кога истите се изложени на влага или се наоѓаат во подземните делови на конструкцијата. Еден од производите на ТРН од оваа група е експандирачката гума HYDROTITE. Станува збор за материјал, кој во контакт со вода има својство да експандира зголемувајќи го волуменот до 800% и на тој начин го блокира активниот продор на вода. Инсталацијата е лесна за изведба експандирачката лента едностано се лепи на подлогата. ТРН нуди различни профили од овој производ, во зависност од намената. Друг производ со слична намена е FERROQUELL матална спојница наменета за обезбедување на прекините на бетонирањето од продор на вода. Материјалот е еластичен, лесен и обезбеден со експандирачки гуми за дополнителна заштита

од продор на вода. Црева за инјектирање, кои се поставуваат на прекините на бетонирањето и овозможуваат одложена заштита од продор на вода по пат на инјектирање во текот на експлатацијата на објектот. Системот за обезбедување на дилатациони спојници PROOFMATE-EK претставува гумен профил кој со помош на трајноеластичен кит FIX-OFLEX, се поставува помеѓу два сегмента на конструкцијата обезбедувајќи трајна, еластична и водонепропустлива врска. Високата отпорност на UV зрачење и атмосферски влијанија го прави погоден за употреба во надворешни услови.

технологии на инјектирање

Инјектирањето во современото градежништво претставува

техника за изведба на санации, зајакнувања и обезбедување на водонепропустливост на објектите. Покрај примената на специјализирани црева за инјектирање кои се вградуваат во текот на бетонирањето на критичните бетонски позиции, инјектирањето наоѓа примена и кај репарации кај веќе изградените објекти. Постапката наречена “post-proofing“ често претставува најдобар избор за санација на објекти изложени на продор на вода и влага. Станува збор за софистицирани методи, кои во однос на другите средства со слична намена се помалку застапени, но бројните предности кои ги нудат навестуваат нивна се поширока примена. Примената на истите овозможува ефикасност онаму каде што конвенционалните системи не можат да бидат применети или пак се покажале како неефикасни.

Постапката на инјектирање е сложен процес, со кој се вбризгува инјекциона маса под притисок во масата на конструкцијата. За таа цел, се отвора пукнатината што треба да се санира и да се обезбеди од продор на вода, истата се чисти, обезпрашува, прајмира и се затвора со епоксиден малтер. На двете страни од пукнатината, се дупчат дупки на попречно растојание од 10 см, односно растојание од 20-30 см по должината на пукнатината. Дупките дијагонално ја пресекуваат пукнатината и во нив се поставуваат дизни со неповратен вентил, преку кои се инјектира материјалот во конструкцијата. Сложеноста во инјектирањето е во правилниот избор на инјекциона маса, во согласност со целта што треба да се постигне со инјектирањето, како и со подготвеноста на изведувачот, поради краткото отворено време за работа. 

3

17 јуни 2011 ПОРТА


градежништво

14

Подготвување на пукнатината механичко отворање

нанесување на епоксиден прајмер

Поставување на дизни (пакери) за инјектирање

Подготвување на материјалот за инјектирање

3

ПОРТА

17 јуни 2011

Затворање на пукнатината со епоксиден малтер

Инјектирање на пукнатината

Затворање на пукнатината со епоксиден малтер

Инјектирање на пукнатината


Покрај самите смеси за инјектирање, палетата на производи нa ТРН ја покрива и потребната опрема за апликација, како пумпи, инјектори и други помошни средства. Смесите за инјектирање се на база на акрилати, полиуретански и епоксидни смоли или микро-фин цемент, се модерни, инвентивни и практично докажани, бидејќи ТРН посветува многу време и внимание за истражување и развој на нови производи. Материјалите за инјектирање, во зависност од нивната намена и начинот на апликација, можат да имаат различен вискозитет, како и контролирано време за апликација. Покрај употребата на системите за инјектирање во самата конструкција, некои од овие материјали се користат и за формирање изолациони завеси со аплицирање на материјалот во почвата, со што се постигнува голем ефект во обезбедување непропустливост и стабилизација на теренот.

заштита и реПараЦија на бетонСки конСтрУкЦии

Денес, бетонот како градежен материјал е најзастапен при изведбата на градежните објекти. Бетонските конструкции се изведуваат во различни средини, односно истите во зависност од намената и локацијата, можат да бидат изложени на најразлични атмосферски, механички и хемиски влијанија, кои можат да доведат до оштетување на бетонската конструкција. Недоволните претходни испитувања од терен, несоодветните проектантски решенија, грешките при изведба, агресивните услови во текот на експлоатација, хемиската агресија, се само дел од причините што доведуваат до потребата бетонот да се заштити и санира. ТРН во својата производствена програма нуди широка палета производи наменети за репарација и продолжување на трајноста на бетонската конструкција. Во зависнот од намената, различните

градежништво производи од програмата на ТРН можат да се аплицираат на влажна подлога, еластични се, можат да премостуваат микропукнатини, поседуваат висока механичка абразивна и хемиска отпорност. Потврда за тоа е нивната примена на објекти како што се брани и други хидротехнички објекти, тунели, фабрики и хемиски производствени погони, катни гаражи и станбени објекти, посочи Гец Тинтелнот.

материјали и технологии за тУнелоградба Некои од производите во производствената програма на ТРН се специјализирани за употреба во екстремни услови. При изведба на тунели, поради непредвидливоста на теренот, често се јавуваат проблеми со геологијата на тлото, присуството на подземни води, како и со карактерот на тунелската конструкција. Во тој контекст ТРН нуди соодветни решенија за секоја од овие проблематики. Искуството покажува дека дури

и при беспрекорно планирање, ефикасно конструирање и внимателна изведба, ваквиот тип на конструкции имаат тенденција за појава на пукнатини, продори на вода кои се видно изразени на спојниците, интензивна хемиска агресија и слични појави. Затоа, постизведувачките зафати за обезбедување на водонепропустливост и заштита на бетонските конструкции, играат главна улога во квалитетната изведба на тунели. Во оваа група се користат сите материјали кои се однесуваат на инјектирање во бетонот и почвата со цел нивно стабилизирање и обезбедување на водонепропустливост. За ваквите екстремни случаи на комплексни конструкции, производствената програма на ТРН нуди трајни и квалитетни решенија, а за тоа сведочи референтната листа во која се наоѓаат современи објети од тунелоградбата во светот.  Леонида Пенка БАША

3

17 јуни 2011 ПОРТА

15


градежништво

инВеСтиЦиОни прОекти ВО ГраДеЖниШтВОтО и енерГетиката ВО МакеДОнија - СоСтојба и ПерСПективи Oд капиталните проекти во Република Македонија е завршена т.н. втора фаза на изградба на Хидросистемот „Злетовица“, односно е изградена браната „Кнежево“ со придружните објекти. Во фаза на изведба е и браната „Света Петка“ на реката Треска, од типот на двојно закривена лачна брана со градежна висина околу 60 метра. Од патната инфраструктура во завршна фаза е изведбата на дел од автопатот Е-75 од Табановце до Куманово во должина од околу 10 километри. Годинава треба да се заврши и регионалниот пат од Смрдлива вода до ски-центарот „Кожуф“ во должина од околу 17 километри, како и патот Близанско - Коломот во должина од околу 8 километри. оПшто

Познато е дека добро осмислените инвестициони проекти во градежништвото и енергетиката се основа за развој на општеството, но за да се дојде до нивна реализација е потребно комплексно повеќеслојно планирање и преземање многубројни активности од стратешки, техно-економски, социјален и друг аспект во тек на долг временски период. Интересно е што, иако Република Македонија по територија е мала држава, сепак во фаза на завршување или во најава, се голем број големи капитални проекти во инфраструктурата и енергетиката. Некои од нив се значајни на национално и регионално ниво, но некои и во глобални рамки претставуваат вистински предизвик. Стручната, научната и општествeната јавност треба да ги имаат предвид овие аспекти, со цел на вистински начин да се испланираат идните активности, бидејќи овие проекти несомнено ќе бидат од интерес за голем број големи светски компании.

Проекти во изведба

Oд капиталните проекти во Република Македонија е завршена т.н. втора фаза на изградба на Хидросистемот „Злетовица“, односно е изградена браната „Кнежево“ со придружните објекти (слика 1). Проектот е изведуван со 16

3

ПОРТА

17 јуни 2011

помош на Јапонската влада, а во неговата реализација учествуваа градежните фирми „Гранит“ и „Бетон“. Во консултантскиот тим кој раководеше со градбата беа вклучени тимови на јапонската фирма Pacific Conusltants International, Градежниот факултет од Скопје и Градежниот институт „Македонија“ од Скопје. Останува да се завршат другите придружни работи за доизградба на пречистителни станици во главните населени места, за овој проект да добие полна валоризација. Во фаза на изведба е браната „Света Петка“ на реката Треска, од типот на двојно закривена лачна брана со градежна висина околу 60 метра (Слика 2). Покрај порано изведените брани „Матка“ и „Козјак“, со нејзиното завршување би се комплетирал системот на брани на реката Треска, и максимално би се искористиле нејзините потенцијали. Се очекува работите на изведба на браната да завршат за околу една година. Од патната инфраструктура во завршна фаза е изведбата на дел од автопатот Е-75 од Табановце до Куманово во должина од околу 10 километри. Оваа година треба да се заврши и регионалниот пат од Смрдлива вода до ски-центарот „Кожуф“ во должина од околу 17 километри, како и патот Близанско Коломот во должина од околу 8 километри.Во завршна фаза се

Слика 1. Приказ на брана Кнежево од ХС Злетовица во фаза на завршување


градежништво работи на реконструкција и рехабилитација на поголем број патни правци од локален и регионален карактер, кои се менаџираат од Агенцијата за државни патишта, а изведбата е доверена на голем број градежни фирми од Македонија. Ова лето се очекува, исто така, да се започне со работите на целосна рехабилитација на автопатот од Катланово до Велес, за што е веќе извршен избор на изведувач на работите.

Проекти во Фаза на тендерирање

Најзначаен проект со целосно завршена постапка на проектирање и ревизија е

делот од автопатот Е-75 од Демир Капија до Смоквица во должина од околу 28 километри (слика 4). За оваа делница се прават завршните чекори за тендерирање за изведба. Исто така, вреди да се спомене дека е завршена проектната документација на ниво на главен проект со целосно автопатско решение за Коридорот К-8 од границата со Бугарија (Деве Баир) до границата со Албаниjа. Со оглед на големата должина на овој коридор, согласно условите за инвестирање, можни се варијанти каде приоритетни делови би оделе во тендерирање за изведба одделно.

Слика 3. Регионален пат Близанско-Коломот (состојба на ископ март 2011)

Слика 2. Фотографија на брана Света Петка во фаза на изведба (состојба мај 2011)

3

17 јуни 2011 ПОРТА

17


градежништво Слика 4. Локација на дел од автопатот Е-75 од Демир Капија до Смоквица како дел од Паневропски коридор К-10 (извор- Агенција за државни патишта)

Слика 5. Водостопански и енергетски објекти во Република Македонија (извор-Просторен план за 2002-2020 година) Од хидроенергетските објекти во тек се активности за започнување на градба на браната „Луково Поле“, хидросистемот „Бошков мост“ во Западна Македонија, браните „Галиште“ и „Чебрен“ на река Црна, како и браните на Оризарска река Кочанско, Кованска река - Гевгелиско и друго (слика 5). Согласно потенцијалноста на овие системи за добивање дополнителна енергија, наводнување или водоснабдување, во тек на 2010 и 2011 година се интензивирани активностите за премин кон фаза на градба. Согласно новосоздадената Законска регулатива, за сите наведени објекти се прават завршните подготовки за комплетирање на техничката и другата документација. Активностите се реализираат под водство на надлежни Министерства на Владата на Република Македонија, АД Електрани на Македонија, Светската банка и други институции. Објект со посебен стручен и финансиски предизвик е лачната 18

3

ПОРТА

17 јуни 2011


градежништво

Проекти во Фаза на иСтраЖУвање

Во завршна фаза на проектирање се голем број значајни енергетски и сообраќајни инфраструктурни објекти. На ниво на идеен проект е завршено проектирање на железничката линија од Кичево до Албанија, а конечно, после подолг период на ниво на Основен проект се завршува проектот за железничката линија од Крива Паланка до Деве Баир, со што се створени предуслови за премин кон фаза на изведба. Од магистралните делници во надлежност на Агенцијата за државни патишта, во заршна фаза на проектирање на ниво на Основен проект е автопатското решение од Миладиновци до Штип во должина од околу 58 км. Се очекува дека со овој патен правец ќе се скрати и подобри врската од Скопје до Струмица. На ниво на Идеен проект се проектира автопатско решение од Велес до Црна скала (Делчево), експресниот пат од Росоман до Плетвар, повеќе регионални патни правци и друго. Од посебно значење за енергетскиот систем на Република Македонија е фактот што во минатиот период интензивно се работеше на подготовка на техничка документација за гасоводниот систем на Република Македонија (слика 6). Минатата година е подготвена инвестиционо проектната документација насловена „Физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со Идејни проекти”, финансирана од страна на Министерството за

транспорт и врски. Од страна на ревидентите од Градежниот факултет, како и на меѓуминистерски владин тим, се усвоени конкретни варијанти и приоритетни варијанти кои во моментов се проектираат на ниво на Основен проект. Тоа се делниците Скопје-Тетово-ГостиварКичево во должина од 110 км, делницата Клечовце - Неготино во должина од околу 100 км, делницата Неготино - Битола во должина од околу 100 км, делницата Чвор Штип - Хамзали во должина од околу 60 км, и на крај делницата од Хамзали до Стојаково (Гевгелија) во должина од околу 50 км. Проектите треба да се завршат во тек на оваа година, после што би следела фаза на изградба на приоритетните делници. Треба да се споменат и активностите што се поврзани со детални геолошки и геотехнички истражувања за некои од

позначајните наоѓалишта за јаглен. На пример, во фаза на подготовка е Главен рударски проект за ископ на јаглен со подземна експлоатација на лежиштето за јаглен „Мариово“. Исто така, оваа година е започнато со доистражување на лежиштето за јаглен „Живојно“ во Битолскиот јагленоносен басен. Овие активности би требало да го продолжат рокот на работа на термоелектраните во РЕК Битола, а за Мариово, технноекономските анализи ќе покажат дали е исплатливо да се изведе нова термоелектрана во непосредна близина на наоѓалиштето.

намеСто заклУчок

Набројаните проекти несомнено укажуваат на добра перспектива за развој на градежништвото гледано на среден рок, но и подолгорочно. Успешното планирање на сите

активности ќе има големо значење за економијата на државата и регионот. Треба да се нагласи дека заради комплексноста на некои од проектите, тие внимателно се следат во меѓународната јавност и дека несомнено ќе се појават заинтересирани компании и конзорциуми со високо меѓудржавно реноме кои ќе претендираат да ја добијат изведбата на овие капитални објекти. Време е за подготовка на државна Стратегија за градежништвото, се со цел нашите кадри и компании навремено да се подготват за силната конкуренција, и да бидат носечки дел при проектирањето и изведбата на овие објекти. проф. д-р Милорад ЈОВАнОВСКИ,

Универзитет Св. "Кирил и Методиј", Градежен факултет, Скопје

Слика 6. Преглед на топлинскиот пазар на територијата на Република Македонија и проектирана мрежа за целосен гасоводен систем на Република Македонија (извор Идеен проект и Физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија, конзорциум Простор Куманово и др)

брана „Чебрен“ на реката Црна. Според проектните анализи, има варијанти со висини на браната од 186 до 196 метри. Ова би бил еден од поголемите објекти во светот од ваков тип. Надеж на стручната јавност е дека конечно за овој објект ќе се заврши успешно фазата на тендерирање и дека ќе започнат работите на изведба. Тука треба да се споменат и активностите за повторно активирање на старите проекти поврзани со развој на Вардарската долина, каде треба да се земе предвид и потребата од изместување на дел од постојната железничка линија кон Република Грција.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

19


рубрика

Готов бетон

Префабрикуван бетон во елементи

Бетон за инфраструктурни објекти

Прскан бетон

Совршеност во Технологијата на Производство на Бетон Sika Hellas во соработка со Стопанската Комора, Ве покануваат на конференцијата:

"SIKA ИНОВАЦИИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА БЕТОН" Петок 24 јуни, 9:00 -14:00 Теми на Конференцијата • • • • • •

20

3

ПОРТА

17 јуни 2011

Водонепропусен бетон Самоливен Бетон “SCC“ Транспортен бетон со ниска цена на чинење Бетон со ниска хидратациска топлина за масивни конструкции Бетон со висока почетна јакост Бетон со ултра високи јакосни карактеристики

Место на одржување

Стопанска Комора (главна конференциска сала) Ул. Димитрие Чуповски број 13 1000 Скопје Учеството е бесплатно. Сепак задолжително е пријавување на сите учесници пред конференцијата. Ве молиме пријавувањето направете го по телефон или електронска пошта: Контакт лице: Г-ѓа Марија Петроска Стопанска Комора Тел. 00389 2 3244 017 e-адреса: marija@mchamber.mk

Innovation & since Consistency 1 9 1 0


e 0

100 ГОДини на кОМпанијата siKa Компанијата Sika е формирана во Швајцарија во 1910 година. Со своето присуство во приближно 71 држава и со приближно 80 претпријатија ќерки, Sika постигна да се вброи во една од најзначајните компании во областа на специјални материјали за конструкција на работи на градежните инженери. Само заради информација, наведуваме дека во широката лепеза на материјали спаѓаат: смеси за бетон, помошни материјали за бетон и за шприцање, специјални малтери и подобрувачи за малтер, материјали за поправки и зајакнување на статика, заштитни премази за бетон и железо, системи за затнување на споеви, полимерни мембрани итд. Компанијата Sika Hellas е осована како претпријатие ќерка на "Sika" - Швајцарија во 1995 година. Во овие неколку години, Sika Hellas се вбројува меѓу оние што грчките техничари први ги избираат за решавање на специјални проблеми. Sika Hellas во тесна соработка со десетина трговски соработници во цела Грција успева да ја пренесе последната технологија до највисоко ниво и до најодалечената фабрика. Sika Hellas од март 2003 година поседува сертификат за обезбеден квалитет (ISO 9001:2008) како и сите други компании на Sika ширум светот. Обезбедување на квалитет, информирање на техничарите, еластичната и брза соработка се камен темелникот на постојаниот развој на Sika Hellas.

siKa - СветСки играч Наше ветување

Sika е глобален концерн со мрежа на подружници кои се активни во областите на градежништво и индусртија со поддршка на специјализирани производи. Sika е ориентирана на квалитет, услуги, безбедност и грижа за животната средина. Нашите производи - светски иновации ги обезбедуваат сите можни решенија, а во својата основна функција се засноваат на следните области:

• • • • • • • •

Бетон Затнување Хидроизолација Поправка и заштита Структурно зајакнување Монтажа Лепење Покривање подови

Наши вредности Секој производ и услуга се наша обврска по прашање на три основни вредности кои се главни особини на нашата компанија: иновација - поврзаност - соработка.

Наш глас Зборуваме на основа на искуство и глобално знаење. Зборуваме за познавање на локалните и регионалните проблеми со кои се среќаваат нашите клиенти. Одговараме на потребите на нашите клиенти брзо, каде и да се наоѓаат, на ефикасен и пријателски начин.

ПриСУСтво на комПанијата siKa на СветСкиот Пазар

Конструкции, поправки, заштита од 1910 година Искуство во давање на доследни решенија

Компанијата Sika ја основал хемичарот Kaspar Vinkler во 1910 година. Може да биде горда на 100 години искуство во применета хемија во градежништвото и индустријата. Денес, компанијата Sika е индустриски концерн со огромно техничко искуство и завидни трговски врски. Има 12.000 вработени во 80 земји, на пет континенти, со 60 производствени капацитети и потполно опремени лаболатории за научно истражување и развој. Постојаниот контакт со пазарот преку нашите истражувачи, техничари и трговската мрежа ни овозможува ефикасени одговори на секоја потреба на пазарот, со професиоалност и сигурност. Усвојувањето на најстрогите светски стандарди по прашање на нашите технолошки инсталации е гаранција за стабилен квалитет на производот.

Едноставна и сигурна технологија за подобрување на квалитетот на градежните конструкции. Светот на градежништвото поминува низ фаза на интензивен развој благодарејќи на новите материјали, на новите интервентни техники, на новите модели на организација на градилиштата. Примарната цел на секое претпријатие е максимално

ефикасна продуктивност и организација. Во таа намера професионалниот градежник треба да го поедностави и забрза конструкцискиот процес за да заштеди на енергија, човековиот потенцијал и инвестициите. Sika ја олеснува и поедноставува процедурата на примена и ја намалува вкупната цена на интервенцијата. Готови смеси на малтер за ѕидови, еднокомпонентна затнувачка маса спремна за употреба, адитиви за бетон, лесни карбонски плочи, структурални појачувачи, хемиски материјали за лепење со висока ефикасност: претставуваат основа за начинот на кој Sika ја толкува желбата за промена на пазарот на градежните материјали.

конСтантен развој и УСовршУвање

Потребите на пазарот го одредуваат изборот на нашето производство, со постојано ориентирање на човечките потреби и заштита на околината. Последниве години е можно да се направат квалитетни градежни работи со ограничени трошоци и време, едноставно со употреба на новите и технички усовршените помошни материјали. Истовремено тие ја подобруваат ефикасноста на традиционалните производи. Освен тоа, побарувањата на пазарот созреваат: изборот на различни решенија треба да е богат, упатствата треба да се јасни и едноставни, производите треба да се испорачуваат на градилиште во адекватно време и по адекватна цена. Sika обезбедува исклучително внимание на услугите што ги дава на клиентот преку ефикасни дистрибутерски мрежи, како и професионална организација на продажба и исправна услуга на поддршка. Грижата за човекот и животната среднина е основа на филозофијата на нашата компанија, имајќи го предвид фактот што постојаниот и стабилен развој не може да се постигне без почитување на животната средина. Истражувањето и производството, клучните елементи на нашиот успех, нè обврзуваат да го усвоиме повторувањето на процедурата со управување на

заштитата на животната средина, низ сертифициран систем за компанијата и животната средина кој се применува на светско ниво. Фабриката Sika го пронашла производот што бил употребен како материјал за хидроизолација на малтерот и го нарекле Sika 1, а неговите карактеристики биле извонредни. Благодарејќи на овој успех, Sika доживеала брз напредок и за кратко време станала компанија со светски размери. И денес Sika е претходник во пронаоѓање на нови материјали и технологии. Лабораториите за анализи, експерименти и проби се гаранција за производство на ефикасни материјали со едноставна примена.

Пионери во технологијата Врвниот квалитет на производи произлегува од долгогодишните истражувања и развој. Во текот на приближно 100 години од векот на компанијата успесите оставиле траги, а ширењето во многу земји направи Sika да биде препознатлива како компанија која е пионер во технологијата, иновациите, визиите. Многу рецептури на компанијата Sika, иако постојат со децении, сè уште се современи и ценети на пазарот заради постојаното усовршување и приспособување во согласност со развојот на науката и на основа на константното познавање во развојот на хемиските материјали.

Хидроизолација Додатоци за прскан бетон Пластификатор Plastiment Премази за метали Icosit Епоксиди Sikadur Затнувачки маси Sikaflex Подни смоли Sikafloor Додаток Sikament Малтери SikaTop Силикони за затнување Полимери зајакнати со влакна Лепило Sikabond Прајмер ViscoCrete Технологија АТ

3

17 јуни 2011 ПОРТА

21


репортажа

Operahuset - оСло

Домот на операта (Специјално за Порта3)

Мирче АДАМЧЕВСКИ

Кога скопјанец ќе дојде во Осло и оддалеку ќе го види белото здание на Операта и балетот, првата мисла е „многу личи на зградата на нашата Опера и балет“, па мислата продолжува „Норвежаниве ја копирале и ја доразвиле идејата стара десетици години“

Д

22

3

ПОРТА

а се види едно ремек-дело на светската архитектура претставува големо задоволство. Особено ако тоа е потврдено и со престижни архитектонски награди. Задоволството е уште поголемо ако станува збор за модерна архитектура. Посетите на ширум светот познатите архитектонски творби значат средби со минатото, независно дали тие настанале неколку илјади години пред новата ера или подоцна, средниот век, ренесансата, класиката или модерната, или до крајот на 20 век. Посетата на Домот на опера и балет во Осло, што ќе влезе во историјата како здание кое го одбележува почетокот на 21 век, е средба со иднината. Кога скопјанец ќе дојде во Осло и оддалеку ќе го види белото здание на Операта и балетот, првата мисла е „многу личи на зградата на нашата Опера и балет“, па мислата продолжува „ Норвежаниве ја копирале и ја доразвиле идејата стара десетици години“. Секогаш кога ќе го видам зданието на нашата Опера и балет ме плени со модерната форма. Во годините по нејзиното отворање често се шегувавме дека словенечките автори направиле „скокалница“, поттикнати од скокалницата во Планица. Но, како минуваат годините вкусот се менува и шегите остануваат во спомените. По посетата на Осло се зацврстува констатацијата дека и ние имаме со што да се гордееме во поглед на модерната архитектура. Ако се качите на врвот од Домот на операта и балетот во Осло, далеку од спротивната страна на еден од ридовите се гледа позната скокалница Холменколен. Ако од неа се спуштате на падините од ридот, од зданието на Операта и балетот се спуштате право во морето. Не знам дали тоа излегува

17 јуни 2011


репортажа

- одамна видено кај нас?

од морето и потонува во него. Најверојатно, станува збор за голем бран кој тукушто плиснал од фјордот и се скаменил во бел мермер. Неверојатен спој на камен и вода. Жалам што новите зданија покрај брегот на Вардар го оскатија спојот на нашата Опера и балет со реката. Но тоа е на душа на планерите и архитектите, особено „главните“, а не на новинарите. Во Норвешка долги години се воделе расправи каде да се изгради Дом на операта и балетот неопходен за народот. Место во кое ќе се создава, ќе се изведува, ќе се игра. И конечно, на залезот од минатото

столетие одлуката е донесена. Ќе се гради во Бјервика во малиот залив во фјордот, непосредно до центарот на градот, стотина метри оддалечен од Централната железничка станица. Работите започнале во 2004 година, а завршиле по три години. На површина од 38.500 метри квадратни, што копно, што дел одземен од морето, е подигнат архитектонски споменик во слава на народот. А не во слава на нарачателите инвеститорите. Во хрониките од отворањето може да се прочита дека норвешката држава со народни пари, околу 400 милиони евра, е главниот инвеститор. Како потврда

дека се работи за објект од народот и за народот е фактот што државата отворила јавна расправа за 350 архитектонски пријави со понуди на конкурсот. На тој начин да се одбере архитектот. Во неа учествувале 70.000 Норвежани. Секој од нив кажал по некој збор. А не како кај нас, да се гради со народни пари без да се чуе зборот на Асоцијацијата на архитектите, а камоли на народот. Дури и на денот на отворањето, што почнал после шест часот попладне и траел до после полноќ, главниот збор го имал народот. Се пеело, се танцувало, мноштво арии, балети, музика...Хроничарот

пишува: „Влијанието на народот беше видливо и таа саботна вечер. Пееше хор од 450 луѓе облечени во народни носии. Го изведоа „Хорот на Евреите“ од Верди. Не беа професионални пеачи. Секоја област од Норвешка обезбеди еден обичен граѓанин да го пополни овој хор-армија. Како да пееле „Нам, луѓето, ни припаѓа овој театар“. Проектот за Домот на операта и балетот во Осло е дело на студиото „Снехета“ од Осло. Архитектите се зафатиле со сериозна работа. Направиле објект над земја (над вода) и под земја, да не речеме под вода, бидејќи една половина од 

3

17 јуни 2011 ПОРТА

23


репортажа зданието е изградена на површина одземена од фјордот. И затоа личи како потопено во неа. Ако се качите на покривот од зданието ќе видите дека двете негови страни што се спуштаат кон морето постепено се стеснуваат до нивниот пад во водата. И повторно истиот впечаток како од Скопје, дека се работи за огромна зимска скокалница! Се скока од покривот, а доскокот е во партерот, а ако сте имале долг скок и во морето! Но разликата е во тоа што по оваа „скокалница“ се шета народ. Нагоре, надолу, по мермерните скали или по плочите, сеедно. Па, одмор некаде при врвот или во кафеата во приземјето, земање здив и некое парче храна и насладување на убавата околина. Насладување на фјордот и на градот. Се ви е како на дланка. И замислете, цело време чекорите по мермерни плочи за кои Норвежаните со посебна нагласка велат дека се направени од мермер од Карара, „знаете местото во Италија познато по прекрасниот бел мермер“. Да ти пукни жолчката, велат прилепчани. Карара, Карара, а не Плетвар и мермерот сивец. Според некои податоци на објектот се поставени 38 илјади мермерни плочи. Фасадите, за разлика од мермерниот покрив, се од алуминиум и стакло. Но, Домот на операта во Осло не е единствен само по својата надворешна архитектура. Внатрешноста е посебна приказна за себе, како од архитектонски така и од уметнички и технички аспект. Најсовремено осветлување, реверберацијата во главниот салон, ги има три, е 1,9 секунди, без преседан за зграда на опера, велат познавачите. Осветлување е посебна приказна - последен збор на техниката. Лустер тежок 8,5 тони со дијаметар од седум метри составен од 5.800 рачно брусени кристали низ кои светат 800 светлечки диоди. Работата на уметниците се гледа кога ќе влезете во внатрешноста на зданието. За разлика од прекрасниот мемер однадвор, внатре царува дабот во многу нијанси. Се е беспрекорно. Велат дури и тоалетите биле уметничко дело. Хроничарот забележал: „Вие одите во нешто што личи на трепкачка метална решетка (направена од Олефур Елиесон, исландски уметник, кој пред неколку години го сместуваше гигантското сонце во Тејт модерн) и не се 24

3

ПОРТА

17 јуни 2011


репортажа наоѓате во тоалет за мажи, туку во дел на визуелен театар, каде што има експлозија од писоари со скриени огнови и кабини – бунт од мозаици. Вчудовиден, се задржував таму толку долго што ризикував да ме уапсат за намерно безделничење“. Посебна приказна се приодите кон Операта и балетот. Имате две можности да стигнете до него. А можеби и три, сметајќи го приодот од морето. Но треба да се внимава. Тешките фериботи можат да настрадаат, бидејќи при изградбата на Домот на операта е направена посебна бариера која оневозможува тие да дојдат блиску до неговиот раб кој е потонат во морето. Пешаците што доаѓаат од центарот на Осло, на стотина метри од Домот на операта, ги очекува приод направен од камен со мало корито низ кое тече вода и се слева по ѕидовите. Тој води до надвозникот каде што на неговиот влез им се посакува добредојде на гостите. Поминувајќи низ тунелотнадвозник стигнувате на тротоарот пред Домот на операта, а оттука рај за пешаците. Под металниот надвозник има коловоз со шест сообраќајни ленти резервиран само за лесни возила, од кој може исто така да се дојде до зданието. Целта е тоа да се заштити од тешкиот товарен сообраќај и вибрациите што ги предизвикуваат тешките возила. Инаку, до 2010 година низ овој коловоз се одвивал интензивен сообраќај. Но, неполна година по изградбата на мермерното здание, тешките товарни возила се префрлени во тунелот што минува под фјордот, а кој почнува далеку од Домот на операта. И повторно со мисла за Скопје. Како ќе се одвива сообраќајот околу нашата „скокалница“ и сиот џган од згради околу него? За архитектонските и други вредности на Домот на операта во Осло зборуваат многубројните награди. Во 2008 година во Русија победник во категоријата архитектонски објект, во Барселона победник во категоријата објект од културата, Државната награда на Норвешка. Во 2009 година ја добива престижната награда „Мис ван дер Рое“. Во 2010 година Европската награда за јавен простор, па награда за мермер, глобална награда за одржлива архитектура и други. 

3

17 јуни 2011 ПОРТА

25


архитектура

СкоПСка недела на архитектУра 2011

Архитектурата на градот вон дневната политика

в

о периодот од 1 до 6 јуни, на тема „Суперград“ се одржа Скопска недела на Архитектура 2011, проект кој е своевидно продолжување на Форум - Скопје, кој три последователни години организираше дебати и разговори за градот Скопје. Фестивалот се одржа во просториите на Домот на АРМ, во организација на Иван Мирковски, Емил Јегени, Елена Икономов, Нина Карангелеска, Максим Наумовски, Оливер Илиевски и Искра Андреева. Според зборовите на архитектот Иван Мирковски, преку темата „Суперград“, фестивалот се обидува да ги избрише границите меѓу гео-социолошкиот диверзитет на разбирање на процесите во архитектониката на градот, бидејќи тој треба да се согледа како мегаструктура која со себе

26

3

ПОРТА

17 јуни 2011

не носи само структурални импликации туку и разработува социо-филозофски контексти. Од друга страна, Скопје како град чија постземјотресна изградба се темели на интернационална солидарност, преку фестивалот се обидува да ја доближи својата недоволно промовирана архитектонска особеност кон пошироката јавност. Првата архитектонска недела под наслов „Суперград“ го поддржа интернационалниот аспект на архитектурата - учесници од различни европски земји дискутираа за архитектура, дизајн, урбанизам како и за социо-филозофските аспекти на градот. Привремениот објект во облик на игло структура, поставен на платото пред Домот на АРМ, беше пункт за кратки паузи, средби, разговори и вечерни

музички настани. „Овој настан го одбележува урбаното живеење, архитектурата согледана во поширок социолошки и културолошки контекст на делување помеѓу градот и неговите жители, уметноста и дизајнот“, вели Мирковски.

богдан богдановиќ

Отворањето на фестивалот беше проследено со изложбата „Градот и Иднината“ на српскиот архитект, писател и урбанист Богдан Богдановиќ. Неговата оригиналност во доменот на меморијалната архитектура и теоретскиот дискурс на тлото на бивша Југославија, ја презентираше архитектот публицист Владимир Вуковиќ, предавач на Високата Школа во Халштат и автор на книгата „Богдан Богдановиќ - Das Literarische Werk“.

Уводното предавање на Вуковиќ ги обедини творештво на овој единствен архитектонски јазик со опусот на публикации на Богдановиќ за естетиката, историските и филозофски аспекти на градовите - од „Мал урбанизам“ од доцните педесетти години на минатиот век до „Зелена кутија“ од 2009 година. Преку градењето на споменици, Богдановиќ успеал да создаде не само место на сеќавање туку и архаични архитектонски ансамбли со повеќезначна симболика; конструкции кои се инспирирани од древната дуалистичка борба помеѓу доброто и злото. Според нивниот творец, тие не се реални споменици - тие се приказни, интересни и фантастични објекти... , нешто што секој може да го интерпретира различно. Избегнувањето на


архитектура

„Овој фестивал е на едно друго ниво, многу повисоко од локалното. Политичкиот контекст на архитектурата не е ендемичен за Скопје. Тоа се случува насекаде. Гостувачките архитекти се запознаени со таа појава, тоа се професионалци кои со разбирање гледаат и на отоманската, и на метаболистичката, и на архитектурата на Скопје 2014“, потенцираше Иван Мирковски, еден од организаторите на настанот националистичките императиви за овие објекти, повторно ја потенцира нивната архаична сила и поетика. Посетителите беа во можност да ја проследат и проекцијата на документарниот филм „Архитектура на сеќавање - споменици на Богдан Богдановиќ“ на Reinhard Seiss.

Предавања и ПрезентаЦии:

Една од првите презентации на настанот беше на Љубо Георгиев, млад архитект по потекло од Бугарија, кој во 2004 година дипломирал на студии по архитектура во Венеција. Воедно, тој е и основач на „Студио Љубо“, студио за архитектонско проектирање, основано во 2009 година. Својата работа тој ја базира врз личните убедувања дека

архитектурата игра значајна улога во формирањето на општеството. Можеби не толку во формирањето на човекот колку во влијанието врз оспособување на просторот и давањето форма и смисла на полето за акција и интеракција со другите. Како архитект бил во улога на куратор на Sofia architecture week 2011. Со споделувањето на ставовите и искуствата, личното дефинирање на архитектурата преку презентација на сопствените проекти, ова кратко предавање ги воведе присутните во амбиентот на надежен фестивал за архитктура. Според албанските архитекти Besnik Aliaj и Sotir Dhamo при POLIS Универзитетот од Тирана, во Албанија околината е полна со контрасти, и виси меѓу реализмот и суреализмот, меѓу

комунизмот и капитализмот, меѓу потстандардната архитектура и искушенијата на најекстремната креативност. POLIS е образовна институција која ја поставува едукацијата како светлина на патот кон канализирање на потиснатата енергија во нови мисли и начини за создавање град со позитивни вибрации. „Професионалци од областа на урбанистичко планирање се сериозна потреба во реалноста на Албанија. Нивната едукација ја базираме на инспирација, истражување, позитивен пристап, предизвици...“ е заклучокот на Dhamo. „Боите на чешката архитектура“ ги бранеше Projektil Architecti studio, основано во 2002 година од страна на младите архитекти Roman Brychta, Adam Halír,

Petr Lešek и Ondrej Hofmeister. Студиото дизaјнира архитектура која претставува комбинација на традицијата, иновативната типологија и одржливиот развој. Во нивните дела се сублимирани модерната уметност, дизајнот, архитектурата, технологијата и локалниот контекст. „Често на нашите проекти покануваме и остваруваме соработки со млади и перспективни автори, затоа нашата листа на соработници е долга и постојано отворена. На младите им се многу потребни искуства и инволвираност, тоа го научивме од сопственото минато“, изјави еден од презентерите на ова студио. Eduards Beernaerts, како претставник на две проектантски студија од Литванија, „8 a.m.&Lejnueku projecte“, 

3

17 јуни 2011 ПОРТА

27


архитектура „Скопје има потреба од јавни дебати, споделување на мислења, идеи и искуства меѓу граѓаните и архитектите за изгледот на градот. Сите тие дишат заедно со градот, го сочинуваат неговото јадро, и ги движат механизмите за негово проширување, развивање и урбанизирање според своите потреби“, рече гостинот од Словенија Јуриј Садар.

направи историска ретроспектива на архитектурата во својата земја, преку виртуелно разгледување на главниот град Рига. Според него, архитектурата на градот е обележана со стариот дел, кој е под заштита на УНЕСКО, а се карактеризира пратено со неоготски и еклектички градби. Меѓу двете светски војни забележително е форсирањето на функционалистичката архитектура, а потоа дрвените елементи и романтичарскиот архитектонски израз стануваат типични за градот и целата држава. „Може да се направи паралела меѓу Скопје и Рига, во однос на развојот на градовите од архитектонски аспект, со исклучок на скопскиот земјотрес. Но Рига претрпела далеку поголема девастација за 28

3

ПОРТА

17 јуни 2011

време на Втората светска војна, што е во сосем мала временска дистанца со земјотресот во Скопје. Се работи за градови со слични текови на голем број различни транзитни култури, влијанија и наследство во архитектурата, но сепак, концептот на одвивање на развојот е заеднички“, констатираше Beernaerts. На излагањето на естонскиот архитект Luik Kazli од SALTO Architectural Office, беа претставени неколку од неговите најнеобични проекти, меѓу кои и најновиот, Straw theatre – привремен објект изграден од слама во Талин, кој треба да послужи како театарска сала за време на манифестациите предвидени во програмата по повод доделувањето на титулата Град на културата 2011. Внатрешните

површини на објектот се обложени со пластична облога од 2 сантиметри, додека фасадата не е обложена, едноставно, сламата е обоена црно. „Одржливоста е пречесто користен израз. Концептот на овој објект е ирончен во поглед на одржливоста, бидејќи е искористено огромно количество природен материјал за објект кој ќе трае само 5 месеци“, посочи Kazli. „Архитектурата може да биде и оружје“, ироничен беше тој, презентирајќи објект чиј полукружен ѕид од стакло создал ефект на соларен ласер и изгорел канцелариска столица во соседниот објект. Презентацијата на Факултетот за Архитектура од Фиренца, Италија, беше основана на примери за уредување урбани квартови во

италијанските градови, осмислени од старите италијански мајстори како Леонардо да Винчи. Меѓу објектите и проектите што ги претстави тимот на Francesco Collotti, беше и реконструкцијата на тврдина, чија примарна воена и заштитна функција е пренаменета во музеолошки јавен простор. „Ги учиме нашите студенти на посветеноста со која претходниците во архитектурата ги решавале проблемите на урбанизираните простори. Ги акцентираме урбанистичките фрагменти со верба дека тие можат да променат многу“, рече Collotti говорејќи за работата на Факултетот за архитектура од Фиренца. Говорејќи за искуствата што го асоцираат на Скопје, тој изјави дека се „потребни јавни згради за подобрување


архитектура

на квалитетот на живот во пренаселените квартови, како и за рекомпензација за пребрзиот раст на бројот на станбени објекти“. Со зборовите „Мала катност голема пустелија“, косовскиот архитект Gezim Pacarizi ја започна презентацијата на необичните екстреми кои се карактеристика на архитектурата во Косово, преку фотографии на амбициозни архитектонски ремек-дела и улици забарикадирани со залепени монолитни нефасадирани објекти. „Ми се допаѓа кога празниот простор перфектно кореспондира со објектите и формите во просторот. Празнотијата, потполното присуство на нешто што не е тука, за мене е исто важно како и пополнетиот, искористениот простор. Често во моите проекти

не е дефинирана границата меѓу внатре и надвор. Дури и станбените објекти се отворени и просторот е нагласен со степен до кој може да се почувствува“, се размислувањата на Pacarizi во однос на своите проекти. „Кога градам никогаш не ги довршувам скиците. Безброј промени настануваат тековно, за мене објектот е готов дури кога може да почне да се користи, а некогаш дури и долго потоа“, е заклучокот на овој косовски архитект. Според белградската гостинка Милица Стошиќ, досега на осветлувањето се гледа чисто од електроинженерски аспект. Ваквото сфаќање во теоријата е наречено квантитативно, додека квалитативното сфаќање станува се поважно како концепт во

современиот дизајн и архитектура. Таа на темата Light+Design In Architecture, зборуваше за светлото како нов концепт, кој формира нова струка во широката сфера на архитектурата и дизајнот, и во тој контекст и ја третира политиката на соработка со архитектите и дизајнерите при планирањето на осветлувањето на објектите. За поквалитетна соработка во овој поглед, потребна е нивна консултација уште во доменот на индустриско производство. Според неа, постојат три типа осветлување: амбиентално осветлување – кое го потенцира обликот и димензиите, светлински акценти – хиерархиско согледување на елементите во просторот и светлосни ефекти - кога светлото има улога на информација. Вештината за нивно

комбинирање и употреба допрва почнува соодветно да се цени во светот и кај нас. „Светлата имаат голема моќ на модулирање на просторот и формите во него“, смета Милица Стошиќ. Претставникот на реномираното студио за архитектура Oiio Office од Грција, говореше за проблематиката на големите градови. Според него, проблемот на унифицираните станбени објекти, кои се обично гломазни и повеќекатни, и честопати неконтролирано се „множат и копираат“ на лицето на градот, на еден неестетски начин трајно го нарушуваат јавниот простор. „Ние јавните конкурси ги користиме како ‘бојно поле’ на кое со инвентивни решенија се бориме против архитектонската монотипија која претставува сериозен проблем 

3

17 јуни 2011 ПОРТА

29


архитектура

на грчките градови, но и на други големи градови“, беше посочено во текот на ова предавање. Излагањето на Orsolya Vadász (Spora Architects) од Унгарија го презентираа современиот архитектонски пристап на проектанското студио, како спој од нови иновативни проекти, историска трансформација на постоечки објекти или обединување на современи форми на експресија, со реконструкција и заштита на постојни архитектонски структури. Словенечкото архитектонско студио Sadar Vuga, го претстави Јуриј Садар преку опширно портфолио на архитектонска експресија – од план за резиденцијална зона К66 за Љубљана, културните комплекси Bеton Hala во Белград или MAKS во Марибор, преку 30

3

ПОРТА

17 јуни 2011

интерактивноста на проектот Intercity во Виена, до дизајн на мостовска структура и урбана скулптура. Архитектурата, според нив, не треба да функционира единствено како дизајн, туку како начин на обликување и промена на социјалната сцена. Во поглед на градот Скопје, архитектот Јуриј Садар го поддржува учеството на граѓаните во донесувањето на архитектонски одлуки. „Скопје има потреба од јавни дебати, споделување на мислења, идеи и искуства меѓу граѓаните и архитектите за изгледот на градот“, појаснува архитектот. „Сите тие дишат заедно со градот, го сочинуваат неговото јадро, и ги движат механизмите за негово проширување, развивање и урбанизирање според своите потреби“.

Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје ги презентираше проектите произлезени од соработката со архитектот и професор Митко Хаџи Пуља. Меѓу нив е објектот на македонско - италијанскиот мултимедијален едукативен центар (добитник на Големата награда на архитектурата АСК 2008), кој се надоврзува на еден од позначајните комплекси на постземјотресната изградба на нашиот град универзитетскиот комплекс „Св. Кирил и Методиј". „Превиткувањето“ на внатрешната површина, хоризонтална и вертикална, според Бакалчев, му дава скулптурален карактер на објектот, а истовремено и програмски го диференцира во однос на внатрешните содржини. Меѓу поактуелните проекти на ова архитектонско дуо е новиот објект

на Македонскиот народен театар, кој е лоциран на местото на сегашниот монтажен објект на театар Центар од 1965 година. Објектот го карактеризира атриумска влезна партија, инвентивно решение на надворешната обвивка, како и обликовното „отсуство“ на театарската сала од целокупниот волумен на објектот. Меѓу останатите нивни проекти се вбројани мостот на реката Вардар, резиденцијалниот комплекс за припадниците на АРМ, едносемејната куќа во Порој - Тетово и православната црква Св.Илија во Говрлево. Пристапот на норвешкото студио 3RW Arkitekter кон архитектурата е постојано истражување на социјалните, културни или енвироменталистички аспекти на нејзиното опкружување. Според нив, одговорот на денешните


архитектура

комплексни урбани проблематики се базира на интердисциплинарна соработка меѓу различни професии. Тоа им овозможува на 3RW да се изразат преку дизајнот во разновиден опсег: преку уметничкa видео инсталациja Urban Farmers во павилјонот на Тајван на Биеналето во Венеција 2006; резиденцијални објекти за студентскиот град Fantoft во Берген; пејсажна архитектура на видиковците во Аскваген и Кјекса или објекти од јавен карактер плоштад во склоп на културниот центар во Берген. Исто така, на полето на урбанистичко планирање, основачот на ова студио, Håkon Rasmussen го издвои нивниот предлог - сценарио на развој за градот Берген 2108, кој предвидува згуснување на градското јадро, и осамостојување на субурбаните

зони како независни енклави. На завршната вечер предавање одржа архитектот Thomas Doxiadis, предавач на Универзитетот во Патрас, Грција. Во првиот дел од своето излагање ги интерпретираше урбанистичките планови за постземјотресната изградба на Скопје, изработени од институтот за урбанистичко планирање Doxiadis Associates, во соработка со Polservice од Варшава од 1964 година. Теоретските принципи на развојот на идните градови – Dinapolis, на архитектот и урбан планерот Constantinos A. Doxiadis (Doxiadis Associates), беа објаснети од самиот Thomas Doxiadis преку урбанистичките планови базирани на линерна експанзија во однос на градскиот центар и нивната можност да се развиваат динамично низ

времето. Во продолжение, Thomas Doxiadis се осврна на својата пракса, која воедно инволвира урбано планирање, пејсажна архитектура и проектирање на архитектонски објекти. Како позначајни проекти беа издвоени зелените урбани острови во централното градско подрачје на Атина, пејсажното планирање на грчките острови Антипарос, Спетсес, Миконос, дизајн на урбан простор - Акрополис Музеј, Атина и урбанистички планови за различни зони во Атина. Предавањата беа проследени со разговори помеѓу учесниците на фестивалот, како критичка дебата која ги потенцираше нивните различни пристапи и теориски аспекти во домен на архитектонската и урбанистичката пракса. Во текот на одржувањето

на Skopje Architecture Week 2011 гостуваа и педесетина студенти по архитектура од факултети од Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Италија (Фиренца). Тие учествуваа на архитектонска работилница на тема „Суперград“. Работилницата немаше компетитивен карактер, туку имаше за цел размена на искуства и идеи меѓу идните архитекти. Студентите беа поделени во неколку тимови, секој сочинет од претставници на различни факултети и земји. Макетите и концептите што беа изработени од страна на студентите имаа достојна презентација на изложбата што беше отворена на 5 јуни во вечерниот дел од програмата.  Бојана ФИЛИПОВИќ, Леонида Пенка БАША

3

17 јуни 2011 ПОРТА

31


архитектура

Автентичност која исчезнува

32

3

ПОРТА

17 јуни 2011


ново Село

о

ИСТОРИЈА

За време на владеењето на султанот Мурат II (1421-1451), бил донесен ферман со кој штипското Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, и добило посебни права и привилегии. Тука, сè до почетокот од минатиот век, живееле голем број богати фамилии, кои во свои раце ја имале трговијата и занаетчиството на градот Штип.

архитектура

дејќи по течението на реката Брегалница, по патот што води кон Радовиш и Струмица на излезот од градот Штип, е сместено штипското Ново Село. Денес, тоа е практично предградие на Штип. Ако поминувате со својот автомобил покрај Ново Село, можеби и нема да ви остави некаков впечаток, но кога ќе влезете во него, ќе ви се вреже во сеќавањата како слика која е многу поразлична од други слични места! Гледајќи го оддалеку Ново Село, веднаш ќе ги забележите градбите на црквата „Пресвета Богородица“ и на училиштето, кои со своите волумени отскокнуваат од останатите објекти во околината и ја нарушуваат смиреноста на панорамата. Црквата „Пресвета Богородица“ е архитектонско ремек-дело. Изработена е од познатиот градител Андреја Дамјанов. Има облик на трикорабна базилика со интересна изведба на покривот, кој е со три различни височини. Внатрешноста е со мотиви од флора и животински фигури. Никола Дамјанов, братот на Андреја Дамјанов, учествувал со резбарската тајфа на Петре Филипович - Гарката при изработката на иконостасот во резба. Црквата се градела 31 година, а во неа постои машки и женски дел, затоа што покрај монасите тука живееле и монахињи. Во дворот на црквата е изградено училиштето во 1882 година. Тука, Гоце Делчев бил именуван како наставник, и таму работел од 1894 до 1896 година, предавајќи им на учениците историја, географија, француски јазик и геометрија. Еден релјеф изработен од познатиот македонски скулптор Јордан Грабуловски, и две спомен плочи поставени на јужната страна на училиштето, сведочат за неговата работа тука. Спроти црквата се наоѓа куќата во која претстојувал Гоце Делчев. Куќата преку тунел била поврзана со црквата. Денес, таа е обновена во автентичен стил. Ново Село се состои од три градежни групации, оформени на три рида. Урбанистичката композиција на овие градежни групации покажува дека при нивното формирање се водела сметка како за теренските прилики така и за осончувањето, погледот кон улиците и реката, и секако за декоративноста на градежните комплекси. 

3

17 јуни 2011 ПОРТА

33


архитектура

Кога и од кого се изградени првите куќи во Ново Село сè уште точно не е познато, но откако се памети, тоа секогаш административно и економски било поврзано со градот Штип. Денес тоа е составен дел на градот. Важен податок за штипско Ново Село е дека за време на владеењето на султанот Мурат II (1421-1451), бил донесен ферман со кој местото било прогласено за војничка и чуварска населба, и добило посебни права и привилегии. Во турски попис од 1519 година, било забележено дека Мехмед Челеби го изградил мостот 34

3

ПОРТА

17 јуни 2011

преку Брегалница.

Живот

Во првите децении на XVIII век, Ново Село претставувало голема населба во која живеел и штипскиот митрополит. Во 1728 година, пеќкиот патријарх Арсение IV, обиколувајќи ги областите на тогашната своја патријаршија, наминал и во куќата на митрополит Кир Ефрем во Ново Село. Жителите на Ново Село биле исклучиво Македонци, и тие имале богат економски, културен и политички живот, достигнувајќи го својот зенит во XIX век. Тука, сè

до почетокот од минатиот век, живееле голем број богати и познати фамилии, кои ја имале во свои раце трговијата и занаетчиството на градот Штип. Старите куќи во Ново Село се препознатливи по својот архитектонски стил, смеса на византиски и турски влијанија. Вештите мајстори во изградбата на куќите ги примениле своите долгогодишни знаења, и кај секоја куќа можат да се забележат различни конструктивни карактеристики. Градителите извонредно ги интегрирале куќите на тесните и неподобни за градба


архитектура

локации, со помош на локален материјал – камен, дрво и земја. Општо земено, денес куќите се во многу лоша состојба, освен неколку, другите пропаѓаат. Некои од интервенциите што ги имаат направено сопствениците на куќите се без познавање и почитување на историскиот карактер на објектите, така што е направена голема штета и е осиромашен историскиот контекст на Ново Село. Една мисла на словенечкиот професор Грабијан, кој го посетил и Ново Село, го отсликува значењето на македонската градска куќа. Тој изјавил: „Кога Европејците сакаат да градат куќа, стручњаците

што го знаат Балканот ги земаат македонските куќи како пример, без многу да зборуваат за оригиналот“. Ваквиот тип на стара македонска архитектура се смета за многу важен споменик на нашето национално културно наследство кое е од интерес за сите, и државата треба да посвети поголемо внимание за зачувување на нашето национално богатство. Наместо да градиме нови етно села, да го зачуваме она што го имаме, и што е навистина вредно во светски рамки!  Ангел СИТнОВСКИ, дипл.инж.арх.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

35


региони

штиП

Проектот за новиот градСки Плоштад

о

пштина Штип ја достави целокупната документација до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад. Проектот е вреден 360.000 евра. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер ќе биде по претходно одобрување на оваа институција по разгледување на тенедерската документација. Средствата од два милиона евра

36

3

ПОРТА

17 јуни 2011

кредит, кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. - Плоштадот секогаш е слика за еден град. За жал, во Штип таа слика повеќе од три децении е недостојна, бидејќи градскиот плоштад е во толку лоша состојба што луѓето со право го избегнуваат. Затоа сметавме дека мора да се преземе

нешто и во склоп со уредувањето на централното градско подрачје, да се обезбедат средства и за плоштадот - вели градоначалникот на Штип Зоран Алексов. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2.500 метри квадратни. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување

на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен. Плоштадот ќе биде нивелиран на едно рамниште и ќе биде дизјаниран со мермерно-гранитни плочи. Тој ќе биде комбинација од два типа, ќе доминира светлата содржина проследена со потемни линии на плочи. - Од видот на плочите и нивната боја ќе зависи дали ќе има дополнитлени трошоци. Сакаме да биде убав, претставителен, но од


рубрика

Пред СветСка банка ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМЛЕКС ВО МАКЕДОНИЈА со СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАЖЕН СИСТЕМ

РЕЗИДЕНЦИЈА „ПОД ВОДНО“ АДОРА

друга страна и да не се расфрламе многу со пари - вели Алексов. Плоштадот ќе има своевидно проширување, бидејќи преку улицата „Кеј Маршал Тито“ која поминува овде, во коритото на реката Oтиња е предвидена платформа за паркирање на возила. На тој начин ќе се добие една целина која во одредени моменти, за потребите на одредени манифестации може да биде претворена во слободен

простор без возила, со што се зголемува физичката големина на локацијата за собир на граѓани. Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван. На него постои стара фонтана која е руинирана, исто како и 80 отсто од класичните мермерни плочи кои сè повеќе се опасност за пешаците. Драган РИСТОВ

ЕКО ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото. Резиденцијата ПОД ВОДНО е ексклузивен објект под падините на Водно во самиот центар на Скопје изграден по сите европски стандарди за квалитетно домување и едниствен во Македонија со енергетска ефикасност : - Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничкото осветлување - Сретификат за сите вградени матерјали - Темелна плоча од 95 см - Асеизмички, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ30 и над МБ40 - Термо фасада со графитен неопор, најнов тип фасади - надворешна столарија со РОТО оков и 4-сезонско стакло - Видео надзор и електричен пристап - Во секој влез има два лифта - Сопстевен паркинг на 2 нивоа - Преградни ѕидови до 27 см (2/12 + 3 см изолација од трвдопресован тервол) - Блиндор врати - Прва класа паркет - Прва класа шпанска плочка - Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан - Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години - Онлајн каталог на www.adora.com.mk Резиденцијалниот станбено - деловен комплекс ПОД ВОДНО е дизајниран за сите оние заинтересирани да живеат на мирна локација во центарот на Скопје. Урбан стил кој ги нуди сите придобивки на модерното живеење, функционалност, квалитет и сигурност, со целосен панорамски поглед на Скопје и Водно. Самата локација е ПОД ВОДНО.

Докажано најдобри!

ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА 072 204 024 и 070 365 738 „Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонија тел. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908, 37 17 јуни 2011 ПОРТА web: www.adora.com.mk, e-mail: info@adora.com.mk

3


Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk 38

3

ПОРТА

17 јуни 2011

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


Дилатациони профили од алуминиум и не'рѓосувачки челик за затворање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk

Biznis Centar

3

17 јуни 2011 ПОРТА

39


што добиваме од Сончевата енергија? Сончевата енергија е обновлив извор на енергија кој во услови на дефицит на фосилни енергенси присутен во нашата земја, придонесува не само за заштеда на трошокот за електрична енергија туку и влијае на намалувањето на зрачењето на CO2. Притоа, не смее да се заборави фактот што од 365 дена во годината, македонското поднебје ужива благодет од 2400 сончеви часови годишно.

големи и Слаби ПотрошУвачи

Во секое домаќинство, куќа, хотел, зграда, ресторан, студентски дом, касарна, постојат уреди кои трошат 80% од електричната енергија, т.н. големи потрошувачи, и слаби потрошувачи кои трошат само 20% од енергијата. Големите

Те греам бесплатно 2400 часа во годината. Биди паметен и искористи ме! Засекогаш, Твоето Сонце

потрошувачи, кои воедно се и цел на нашата анализа се: електричниот бојлер во бањата, малиот (проточен) бојлер во кујната, грејачот во машината за миење садови и грејачот во машината за перење алишта. Овие уреди го формираат најголемиот дневен трошок, кој на месечно ниво достигнува и до 80% од вкупната потрошена електрична енергија. Во слабите потрошувачи се

вбројуваат: осветлувањето, тв и радиото, компјутерот, пеглата, фенот, фрижидерот, правосмукалката... Употребата на сончевата енергија е оправдана само кога се користи за замена на електричната енергија употребена кај големите потрошувачи. На тој начин средствата употребени за инсталација на сончевиот систем за добивање на топла санитарна вода, се исплатуваат во рок од 2-4 години (во зависност од големината на системот,) а долгиот период на користење овозможува штедење на средства (пари.) Сончевите системи користат специјални сончеви бојлери, кои се 2-5 пати поголеми (капацитетно, но не и просторно) од класичните електрични бојлери. Сончевите бојлери имаат можност да примаат енергија од сонцето, парното греење и од електричните грејачи.

Поголемата кубикажа овозможува да бидат добра замена на 2 до 3 електрични бојлери, а воедно заради добрата изолираност, овозможуваат и подолг период да ја акумулираат (чуваат) топлата вода, па дури и до 24 часа. Можноста од акумулирање од повеќе извори на енергија, ги прават незаменливи во секојдневното модерно живеење. Една од предностите на овие бојлери во однос на електричните, е и тоа дека е доволен само еден централен бојлер кој ги задоволува потребите, а воедно и не мора да биде монтиран во бањата. Овие бојлери вообичаено се вградуваат во котларата во подрумскиот дел или во утилити-просторијата. Користењето на сончевата енергија бара и промена на водоводната инсталација: се исфрла класичниот начин на водоводната инсталација, (кујна-бојлер, купатило-бојлер), и се воведува централно водење на топлата вода. Ова значи дека од еден централен бојлер топлата вода се доведува до сите потрошувачи (кујна, купатила, машина за перење алишта и машина за перење садови.) Исто така, важно е да се напомене дека добивањето на топла вода од сончевата енергија повеќекратно го намалува таложењето на бигор во сончевите бојлери, заради специфичниот (индиректен) процес на загревање на водата

како да Се одбере Сончев СиСтем?

Ова се најчестите прашања кои ги поставуваат заинтересираните што со набавка на сончев систем сакаат да заштедат енергија и пари. Големината на сончевиот систем зависи од бројот на корисници и бројот на бањи во објектот. Пожелно е, откако ќе се анализира објектот, техничките можности и потребите, одлуката за оптималниот вид сончев систем заедно да ја донесат понудувачот (изведувачот) и идниот корисник.


Исто така, најдобро е уште во фазата на проектирање да се вметнат горенаведените инфраструктурни измени, што би спречило натамошно раскопување и дополнитени трошоци.

што да Се очекУва од Сончевиот СиСтем?

• Зголемена количина на топла вода за 2-5 пати во споредба со електричните бојлери. • Автоматска регулација на сончевиот систем и контрола на температурите во системот. • Сончевите бојлери обезбедуваат топла вода преку цела година, затоа што се опремени со два изменувачи (парно+сончева енергија), а во одредени периоди имаат можност од употреба на електрични грејачи со термостат. Заради овие можности не се потребни други бојлери за користење. • Сезоната на перманетно (непрекинато) користење на сончевата енергија почнува од 15 февруари до 15 ноември. Во преостанатиот период од 15 ноември до 15 февруари, бојлерот ја добива топлата вода од вториот изменувач што е приклучен на парното греење или дополнително од електричниот грејач. на овој начин заштедата на електрична енергија на годишно ниво изнесува до 80%. • Штедењето на електричната енергија до 80% се постигнува доколку на сончевиот бојлер се приклучат: купатилата, кујната, машината за перење садови и

машината за перење алишта. • Сончевиот систем работи бесшумно и автоматски. • Со користењето на сончевиот систем покрај штедењето во домашниот буџет, а со зголемена добиена количина на топла вода, придонесувате кон зачувување и заштита на човековата околина, како и драстично намалено користење на електричната енергија. • Корисниците на сончевата енергија стануваат независни од енергетските системи што ги нуди државата. • Од секој вграден сончев колектор дневно се заштедува 7-8 KW/h/5h. • Користи бесплатна сончева енергија. • Еколошки чист (Mg анодата ги отстранува отпадоците од цинк во цевките). • Конципиран и приспособен за работа на нашите екстремни временски услови од -30°C до +50°C (отпорни на прегревање во лето, замрзнување во зима и не кородира). • Во функција е 12 месеци. • Одлично е изолиран со што загубите во енергија се практично анулирани. • Може да се приклучи на сопствено топловодно греење • Овозможуваат централно водење на топлата вода со што бојлерите во купатилата и кујните се непотребни. • Лесен и едноставен за одржување. • Обезбеден бесплатен сервис и замена на оригиналните делови во гарантен рок од минимум 7 години.

ЕТЕРНА СОЛАР од Скопје со своето седумнаесетгодишно работење нуди проекти и решенија на сончеви системи за добивање на топла вода кои се приспособени на нашите климатски услови. Различните сончеви системи по капацитет, можности и ефикасност се докажани низ повеќегодишното функционирање на целата територија во Република Македонија. Поддршката од техничките лица на ЕТЕРНА СОЛАР, треба да е доминатна, затоа што доколку однапред се објаснат постапките, можностите, начинот и очекувањата од сончевиот систем, тогаш задоволството од завршената работа е 100%. ЕТЕРНА СОЛАР обезбедува голем избор и најдобра можност во одбирањето на најрационално решение во зависност од типот на објектот и енергетските потреби.

задоволни кориСниЦи на Сончеви СиСтеми на етерна Солар - Клиничка болница СИСТИнА - Скопје - Хотел ВИП - Скопје - Хотел Денариус - Охрид - Слаткарница Канела Прима - Скопје - Специјален дом Демир Капија - Демир Капија - Гинекологија Чаир - Скопје - Шведска амбасада во Косово - Претседателска вила Билјана - Охрид - Претседателска вила - Скопје - Средношколски дом Здравко Цветковски - Скопје - Повеќе од 600 инсталирани сончеви системи во индивидуални куќи и станови на територијата на Македонија


www.biroproekt.com.mk proekt

Aрена „Филип Втори“, 3 јули, е местото и датумот кога сите со нетрпение очекуваме во живо да ги чуеме: Space cowboy, Emergency on planet earth, Travelling without moving, Virtual insanity, Cosmic girl, Deeper underground, Love foolosophy… во изведба на „вечното дете” Jay Kay!!!

Во својата кариера, Jamiroquai има издадено седум студиски албуми и продадено повеќе од 25 милиони примероци. Имаат постигнато нешто неверојатно и единствено, сите албуми достигнуваат платинест тираж, а четири од нив биле број еден во Британија, два албуми стигнале до второ место, а последниот албум Rock Dust Light Star, за само неколку месеци веќе е стигнат до седмото место. Тринаесет номинации на Brit awards, Gramy, десетина награди за најдобар сингл, видео, се само дел од наградите што Jay Kay (вокал), Мatt Johnson (клавијатури), Paul Turner (бас), Derrick McKenzie (тапани), Rob Harris (гитара) и Sola Akingbola (перкусии) ги имаат освоено во својата кариера. Веќе се познати деталите околу влезниците за концертот на Jamiroquai во Скопје, на 3 јули во арената "Филип II"!!!

Веќе се познати деталите околу влезниците за концертот на Jamiroquai во Скопје, на 3 јули во арената "Филип II"!!! Иако по објавувањето на концертот се ширеа гласини дека цените ќе бидат астрономски, Авалон извести дека во договор со менаџментот на Jamiroquai, цените ги приспособиле на условите во Македонија: Партер – 1.000 ден. Fan-Pit – 1.500 ден. Трибини – 1.200 ден. Golden Seats – 1.500 ден. Ultra Vip – 2.000 ден. Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (02.06.2011) од 10 часот наутро, преку системот на ККЗС во Македонија и регионот!


Проект MetrOnOMie

урбан дизајн

Н

еодамна формираната француска креативна агенција “Labulle“, моментално се занимава со многу интересен проект. Имено, испровоцирани од помалку депресивната естетика на француските метроа, креативните луѓе од ова студио се обиделе да ја освежат и разведрат постоечката естетика на возовите и да го разубават престојот во јавниот превоз. Проектот наречен Metronomiе, всушност предвидува користење на разни заситени бои со чија рефлексија просторите на метро станиците ќе добијат сосема нов колорит. Покрај тоа, се дизајнирани и ЛЕД панели кои со ведри бои и интересни анимации ги информираат граѓаните на Франција за актуелностите во светот. Разбивањето на униформноста на дизајнот ја помага и можноста ЛЕД панелите да го прикажуваат моменталното време во одредена област, и информирањето на граѓаните за актуелностите во конкретниот град.

Тоа значи дека метрото би можело да биде „персонализирано“ за градот во кој се наоѓа. Овој проект е моментално на концептуално ниво на изработка, и претставува квалитетен обид оваа креативна агенција да привлече внимание со своите идеи. Реализацијата на ваквиот проект би можела да ја измени перцепцијата на јавниот превоз, особено во метрополите. Д.Б.

„Персонализирање“ на метрото3 17 јуни 2011 ПОРТА

43


ентериер

Домашната благосостојба е премногу важна за да биде третирана стихијно брзо и без размислување, уште полошо да не се побара помош при уредувањето од стручни лица. Водечка идеја во уредувањето на домот на ова семејство беше мебелот што може да се вметне во оној карактеристичен стил познат под името ,,арте повера“, и воедно толку широко прифатен од луѓето, особено во Европа. Инаку, станува збор за традиционално италијански стил во изработка на мебелот од масивно дрво, со непретенциозен дизајн ,,осиромашен“ од декор. Ова се причините зошто овој мебел никогаш не престана да биде интересен во внатрешното уредување, без оглед на стилот што сакаме да го постигнеме. Во европската литература честопати на стилот ,,арте повера“ му се додава придавката непогрешлив, токму поради неговата непогрешлива адаптибилност на сите амбиенти. Особено е актуелен во последно време, кога се додава во модерните рафинирани ентериери, макар едно парче, само една комода или масичка, колку да послужи како

44

,,доказ“ дека не се оддалечуваме од традицијата, или дека и покрај потребата за модерното, во нас сепак тлее некоја романтична идеја. Мебелот се изработува комплетно од масивно дрво, внатрешно и надворешно. И тоа, според традицијата на италијанската дрвна индустрија за оревов масив, а завршницата е тајна. Тајна која се пренесува од генерација на генерација и која до денденес подразбира исклучиво рачна завршна обработка на површините. Кај нас, тајната ја знае Дизајн Фантазија. Оттаму, кога имате едно парче од овој непогрешлив стил во својот дом, имате и чувство на автентичност. Парчињата мебел во „арте повера“ добро прилегаат со природните материјали, како на пример со богатиот бродски под во овој стан, изведен од дабов масив со големи димензии, потоа со свилените теписи, како и со гарнитурата за конверзација изведена во кожа со чоколадна боја. Бар пултот содржи елементи за потребите на кујната, особено во долната зона, но неговата основна функција во животот на ова младо

семејство е јадење, пиење кафе, муабет додека некој готви и слично. Архитектите од Дизајн Фантазија одбраа да биде во иста завршница како и кујната, односно како и севкупниот мебел во дневната, што е добро, бидејќи просторот во дневната зона е сосема отворен. Домаќинката ќе каже: мојата кујна е како од списание, горда сум на неа, со задоволство готвам во неа, сакам сите да ја видат кога ќе дојдат, едноставно ја обожавам. Таа се сеќава со големо задоволство на соработката со архитектите, особено поради бројните детали кои беа нацртани и прецртани за изведба на кујната. Истата одбрана да биде комплетно со фронтови во масив, додека одделни делови беа рачно доработувани. Дизајнот на оваа кујна, покрај тоа што бараше неверојатна прецизност во изведбата на деталите и одделните сегменти на кујната за кои се направени рекорден број цртежи, е интересен и поради својот рустикален израз, кој го одбираат оние што се вљубени во традиционално лежерниот кантри стил во уредувањето. Воопшто, оваа завршница е неверојатно допадлива,

асоцира на традиција, далеку од модерните технократски решенија, па автоматски нуди своевидна топлина во уредувањето. Од друга страна, станува збор за сосема модерна кујна со сите атрибути, кои овој факт ќе ни го потврдат, како на пример најсовремена техничка опрема, рамна керамичка плоча за готвење, современ оков за сите сегменти внатре во елементите, фиоки, метални кошници и слично. Станува збор за фукционална кујна со комфорни димензии. Организационо кај оваа кујна препознаваме паралелно решен кујнски простор. Љубовта за добра кујна живее тука. Овој модел е последната експресија на Дизајн Фантазија, филозофија за постојаноста на кујнскиот мебел. Им ја предлагаме на оние што се способни да направат сопствен, рационален избор и на оние што уживаат во сопствените кујни. доц. д-р Елена нИКОЉСКИ ПАнЕВСКИ, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СЕКУЛОВСКИ Во соработка со:

Вљубеници во рустичниот мебел од масивно оревово дрво 3 ПОРТА

17 јуни 2011


3

17 јуни 2011 ПОРТА

45


тренд репорт

50. меЃУнароден Саем за мебел во милано

Дрвото во комбинација со Сандра ДОнЧЕВА, дипл.инж.арх.

(Специјално за Порта3 од Милано)

В

о овој број ќе ја претставиме категоријата ДИЗАЈН, која опфаќаше најмногу хали од целиот саем - вкупно осум, и се одликуваше со најголема посетеност. Колона на посетители низ комуникациската зона на штандовите, кои брзаа да стигнат да видат сè, влечејќи со себе куфери на тркалца без кои едноставно не може да се замисли собирањето на каталози, а кои не можете да ги добиете без да приложите визит карта. Саемот ги собра и ги покажа најголемите и најреномирани светски производители на мебел. Беа прикажани најновите трендови во опремувањето на домот, најновите применети материјали

46

3

ПОРТА

17 јуни 2011

и бои. Како општ впечаток може да се каже дека преовладуваа јаките и свежи бои како жолтата, зелената, црвената, сината боја, кои се комбинираа со белата или сè почесто со нечисто белата или песок бојата. А секако, за оние што не се љубители на такви смели комбинации, останува палетата на помирни бои, од крем до кафено зелена или темносива боја. Материјалот е од боен медијапан, високосјаен или мат, кој оваа година е позастапен. Во комбинација со овие материјали често се јавува и стаклото. Оваа година сè почесто се забележуваше употребата и на иверки со пепито дезен, дезен како имитација на текстил, како и иверки

обложени со вистински текстилен материјал. Дрвото е сè уште во тренд, а се комбинира со чисти едноставни форми и еднобојни материјали за да може да дојде до израз. Исто така, нагласокот е ставен и на екологијата, така што дрвото беше поставено како елемент во дневната или спалната соба, служејќи истовремено и како преграден ѕид помеѓу дневната и трпезаријата. Има од природно поставени дрвја во дизајнирани садници до дрвја поставени во стаклени површини. Трпезаријата како составен елемент на дневната соба се надоврзува на неа, а трпезариските маси за разлика од претходните години се со тенка горна површина, нема повеќе

дебели плочи, и имаат неправилни слободни форми, изработени од дрво или стакло, со метални, дрвени или стаклени ногарки. Полиците се секако најдоминантен елемент во сите простории во домот - дневна, трпезарија, спална соба, детска соба. Како неизоставен елемент се применува во склоп на комодата кај телевизорот, како самостоен елемент на ѕидовите или како ѕидна преграда. Затворените полици се отвораат на допир, додека рачките сè поретко се употребуваат. Клупските масички во дневната соба сè уште се многу ниски, со материјал од дрво, стакло, медијапан или метал кој се повеќе наоѓа примена во ентериерното уредување.


тренд репорт

најновите материјали и бои

Во наредниот број следува текст за категоријата МОДЕРНА

3

17 јуни 2011 ПОРТА

47


наука

михаил токарев: 100 години модерна архитектУра (111)

авСтрија (6)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани извадоци

Коп Химелблау. Преобразба на кровот на објектот Фолксштрасе 6, Виена

Коп Химелблау. Изложбениот павилјон во музејот на Гронинген, Холандија Коп Химелблау. Фабриката Фундер, Кернтен

г

РУПАТА КОП ХИМЕЛБЛАУ ја формираат Волф Д. Прикс (1942-) и Хелмут Свичински (1944-) во Виена, за подоцна да отворат свое биро и во Лос Анџелес. Творештвото на оваа група, со својата целосно отворена геометриска композиција во средината на 80-тите години го изразува современиот поглед на архитектурата, пред сè на младата генерација. Се чини и повеќе од тоа, бидејќи таа се спротивставува на постмодерната, која е потчинета на индустријата и е неспособна да го спречи сценариото на хаосот. Наместо постмодерната збрканост од разновидни просторни и конструктивни

48

3

ПОРТА

17 јуни 2011

А. Кришаниц. Станбената населба Пилотенгасе, Виена

можности, оваа група настојува да креира изненадување. Таквата постапка, претставена со некои бизарни обликовни елементи, на архитектурата ‚ нуди нова „можност да го избегне својот смртен крај“. Преобразбата на кровот на објектот Фолксштрасе 6 во Виена (1983-88) е направена во историското јадро за потребите на една адвокатска фирма. Новиот облик содржи видлива енергија, така што погледнат од улицата прави впечаток како да експлодирал постојниот кров. Фабриката Фундер во Кернтен (1988-89), има облик што се базира на принципот за додавање на скулптурално моделирани елементи

кон производствената сала. Ротацијата и аголноста на одделните архитектонски компоненти ги уриваат визуелните конвенции, со цел да се создаде сопствен идентитет. Музејот во Гронинген, Холандија (1990-94) се состои од неколку павилјони на познати архитекти, меѓу кои се Французинот Филип Старк и Италијанецот Алесандро Мендини, кој е истовремено и главен координатор на работите. Иако во павилјонот на Коп Химелблау се сместени сликите на старите мајстори, неговиот дизајн има зачудувачки нови форми, кои го збунуваат посетителот. Деконструктивистичката

нерегуларна, па дури и преслободна поставка на архитектонските елементи доаѓа до целосен израз и во ентериерот на објектот. Адолф Кришаниц (1946-) го поврзува своето творештво со историјата на Виена. Тој обликува моќни форми, при што го користи искуството на Адолф Лос за т.н. план на волумени, но исто така и искуството на холандскиот неопластицизам. Неговата станбена населба Пилотенгасе во Виена (1991) содржи голем број станбени низи од индивидуални објекти на П+1 ниво, кои зачудуваат со: сфаќањето на просторот, обликувањето и хуманото решение на непосредната околина.


Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

е Создаванма Животвите! Покри

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА www.zinco.de

070 216 945 info@zepekomak.com.mk

www.zepekomak.com.mk

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

HY PERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


урбанизам

Б


спортски храмови

арена „мУлинекС“ - вУлверхемПтон

комПлетна реконСтрУкЦија на Стариот „мУлинекС“

н

еколку километри северно од центарот на Вулверхемптон, деновиве почна голема реконструкција на фудбалскиот дом на еден од англиските премиерлигаши. Популарните „волци“ наскоро ќе добијат проширен и модернизиран стадион, кој одамна е во плановите на управата на овој релативно помал англиски фудбалски клуб, но конечно во февруари оваа година доби „зелено светло“ за реализација. Во раните 90-ти години, Вулверхемптон го доби сегашниот „Мулинекс“ стадион со капацитет од нешто помалку од 30.000 места. Како растеше популарноста на клубот, пораснаа и апетитите на управата, а пред сè на фановите. Доживеа неколку модернизации и проширувања, но никогаш се чини не ги задоволи комплетно барањата на фановите и нивниот сè поголем број приврзаници на клубот. Затоа, најновото „шминкање“ на „Мулинекс“ сега треба да го претвори актуелниот фудбалски дом на „волците“ во супермодерен фудбалски капацитет со 50.000 места за седење, во рангот на најпопуларните англиски фудбалски стадиони. Планот за модерницација на „Мулинекс“ опфаќа четири фази. Сите се наменети во зголемување на капацитетот и модернизација на три од четирите постоечки трибини. Едната, централната, ќе остане во форма како и досега, но на неа се очекува да биде кренато само едно ниво. Исто така, покрив над глава ќе добијат три од четирите трбини. Првата фаза, која започна минатиот месец, опфаќа уривање на познатата „Стен Кјулис“ трибина, а на нејзино ниво ќе бидат кренати две нивоа на трибини со вкупен капацитет од 7.700 места. Во поттрибинскиот простор треба да има еден голем маркет, ќе има простор за клупскиот музеј, како и за еден угостителски објект. На истата трибина ќе биде поставен и голем видео лед-монитор. Официјално, оваа комплетно нова трибина се очекува да биде завршена

до крајот на следната сезона (2011/12), што значи работите комплетно би финиширале за околу една година. Модернизацијата комплетно ќе го опфати и североисточниот агол (моментно отворен простор), па се до трибината на која се најбучните фанови на популарните Волфс. Само во оваа прва фаза се очекува постоечкиот капацитет на стадионот да достигне 31.700 места, а истата ќе го чини клубот околу 16 милиони фунти. Во втората фаза е планирана комплетна обнова и на трибината „Стив Бул“. Истата ќе стартува со градба веднаш по завршувањето на првата фаза. До летото 2013 година, е планирано завршувањето на изградбата и на оваа трибина и нејзино пуштање во употреба премиерно за сезоната 2013/14. Кога ќе биде изградена, „Стив Бул“ трибината ќе го зголеми капацитетот на „Мулинекс“ до 36.000 места, и истата ќе биде комплетно поврзана со „Стен Кјулис“ платформата. Во поттрибинскиот простор и на оваа трибина ќе има неколку угостителски објекти. Изградбата во оваа фаза ќе ја крене цената на реконструцијата на „Мулинекс“ до 40 милиони фунти. Третата фаза опфаќа изградба на ново ниво на „Џек Харис“ трибината, но оваа фаза зависи од финансиите. Тоа значи дека со неа ќе се почне откако се обезбедат потребните финансии. Истата треба да го зголеми капацитетот на стадионот на 38.000 места. Во последната фаза од модернизацијата и зголемувањето на капацитетот на стадионот на „волците“ ќе следува и комплетна реконструкција на „Били Рајт“ трибината. Нејзината изградба ќе го зголеми капацитетот за 12.000 места и треба да го оформи планираниот нов капацитет на „Мулинекс“ до 50.000 места. И за оваа фаза не е ставена временска рамка бидејќи сè зависи од финансиите. Засега сигурна (и финансиски обезбедена) е изведбата на првите две фази. Сашо КУЗМАнОВСКИ

ФАКТИ за „МУЛИНЕКС“ АРЕНА - Вулверхемптон Седишта: 50.000 Период на реконструкција: 2001-2015 Елементи на реконструкција: 3 трибини (комплетно нови), 1 (централна) со ново ниво. Цена на реконструкција: 40 милиони фунти (во првите две фази) Инвеститор: Wolverhampton Wanderers F.C. Изведувач: Buckingham Group

3

17 јуни 2011 ПОРТА

51


експерт

aлтернативни моЖноСти за СтрУчно УСовршУвање

Не е доволно да се биде само архитект „по општа пракса“

Во услови на компетитивна пазарна економија, за да опстанат, вискообразовните институции немаат друг избор освен да се однесуваат пазарно, и како резултат на тоа тие мора добро да го истражат и разберат пазарот и да понудат решение кое одговара на потребите на нивните идни студенти. Во овој случај решението е учење на далечина (distance learning).

(Специјално за Порта3 од Велика Британија)

н

а почетокот од втората деценија на 21 век, веќе не е доволно да се биде само архитект „по општа пракса“. Потребно е да се развијат и дополонителни или, уште подобро, тесно специјализирани вештини и знаења со кои ќе се одскокне од опкружувањето, а архитектот ќе стане побаран на пазарот на трудот. Ова е особено важно во услови кога Република Македонија е на трето место во светот, по Јапонија и Италија, според бројот на архитекти наспроти бројот на жители во земјата, а земјата и светот се соочуваат со сериозна економска криза и голема невработеност. Несомнен е фактот што од осамостојувањето на Република Македонија полека, но се повеќе и повеќе, се зголемуваат можностите за стручно усовршување

52

3

ПОРТА

17 јуни 2011

и доусовршување во земјата, што делумно компензира за намалувањето на можностите за вакви активности до кои дојде по распадот на СФРЈ. И покрај ваквиот позитивен развој, можностите за континуирана едукација, стручно усовршување и доусовршување сè уште се релативно ограничени во споредба со поразвиените западноевропски земји. Спроведувањето на реформите во високото образование и воведувањето на принципите на „Болоњската декларација“ го внесе принципот на модуларизација во македонското високо образование. Ова дава поголеми можности за портабилност на стекнатите кредити и можности за стекнување на образование преку посетување на неколку образовни институции, а тоа овозможува да се збогатат

д-р Владимир Б. ЛАДИнСКИ, дипл.инж.арх. искуствата со кои лицето ќе се стекне. Контраверзно, но гледано од друг аспект, примената на „Болоњската декларација“ всушност ги намали можностите за усовршување на архитектите и покрај тоа што студентите сега по пет години студии завршуваат со титула магистер, наместо дипломиран инженер според стариот систем. Според стариот систем, за да се стекне звањето магистер беа потреби седум години, од кои последните две поминати во усовршување во потесна област, за разлика од сега кога се потребни само пет, при што во последните две години треба да се стекнат и општите аспекти на образованието на еден иден архитект, но и да се отвори можност за некое благо усовршување во одредена област. Оттука идните и сегашните архитекти своето усовршување веројатно ќе треба да го гледаат во програми кои се на исто или слично ниво со веќе стекнатите квалификации, но даваат можност за продлабочување на знаењата во одредена област. Ваквата состојба не се разликува битно од онаа во поразвиените западноевропски земји, со исклучок на фактот што големината на овие земји и нивното присуство во рамките на европскиот пазар овозможува доволно критична маса и интерес за нудење на специјализирани студиски програми со кои се отвораат дополнителни можности за продлабоучување на знаењата. Се разбира, за просечиот

иден млад или поискусен архитект во Република Македонија, и покрај визната либерализација, европските можности за стручно усовршување најчесто се недостапни, со оглед на диспаритетот во животните трошоци доколку треба да се студира во друга земја, висината на школарината што се наплаќа за студенти кои доаѓаат надвор од Европската Унија (ЕУ) или Европската Економска Зона (ЕЕЗ), губењето на плата за време на студиите, ризикот да се нема работно место по враќање од студиите и сл. Ако не од првите две, од вторите две искушенија не се поштедени ни потенцијалните студенти од земјите членки на ЕУ и ЕЕЗ. Во услови на компетитивна пазарна економија, за да опстанат, вискообразовните институции немаат друг избор освен да се однесуваат пазарно, и како резултат на тоа тие мора добро да го истражат и разберат пазарот и да понудат решение кое одговара на потребите на нивните идни студенти. Во овој случај решението е учење на далечина (distance learning). Учењето на далечина не е нешто ново, но станува се поатрактивна опција со оглед на „24/7“ начин на живот во 21 век и можноста да се оргнизира студирањето околу постојните работни и домашни обврски. Начинот на кој е организирана наставата може да биде традиционален, по пат на преписка (кореспонденција) при што студентот ги добива пишаните и аудиовизулените


експерт материјали сукцесивно според методска единица. Откога ќе ги изготви зададените задачи по таа методска единица ги испраќа за оценување, по што го добива материјалот за наредната методска единица, итн. Оваа методологија на „дописно“ студирање се користи уште од 19 век, но технолошкиот напредок, особено оној во областа на информациско комуникациските технологии, овозможува наставата да се одвива комбинирано, преку користење на пишани материјали и интернет материјали или пак целосно интерактивно преку интернет. Ваквиот начин на „студирање на далечина“ веројатно е попогоден за високо мотивирани, организирани и посветени лица, со оглед на тоа што студентот треба самиот себеси да се „бутка“ и потсетува да ги заврши своите обврски кон наставата. При запишување на една ваква програма, особено е важно кандидатот детално да ги проучи и разбере условите на студирање со оглед на тоа што тие може значително да варираат од една до друга институција. Работи на кои особено треба да се обрне внимание е дали програмата целосно се одвива на далечина или пак има дел кој мора да се спроведе во самата инситуција. На пример, одредени институции може да пропишат задолжително посетување на ориентациона програма за студиите во самата институција, други можат да инсистираат најмалку за еден (вообичано пропишан) модул дека наставата мора да се посетува во институцаијата. Во последниов случај, наставата најчесто е сконцентрирана во рок од неколку недели, за кандидатот да може да ја посетува преку земање на дел од годишниот одмор и сл. Во други случаи институцијата организира можности за куси интензивни курсеви за одредени модули, при што на кандидатите им е дадена можност тој модул или да го студираат на далечина или пак преку присуство на интензивниот курс во институцијата што го организира. Се разбира, постојат и разлики во однос на начинот на кој се врши проверката на знаењата. Во некои институции проверката на знаењата се врши исклучиво дописно преку континуирано оценување на семинарските трудови и сл. Во други проверката може

да биде наполно интерактивна каде студентот треба да полага испит преку интернет. Одредени институции може да инсистираат на класични испити, каде испитот се одржува во регионални испитни центри, кои може да бидат во амбасадите на земјата во која е лоцирана институцијата или пак во нивните културно информативни центри и сл. Доброто разбирање на условите на студирање е важно затоа што патните трошоци сврзани со настава или испит во институцијата најчесто не се вклучени во цената на наставата, а во одредени случаи, доколку е според избор, ни посетата (школарината, престојот, исхраната, патните и други трошоци) на интензивен курс не е вклучена, и сл. Од аспект на студирање многу е важно да се разбере и начинот на студирање, односно дали наставата оди во живо, така што студентот треба да е пред компјутер во одредено време, или пак се снима и студентот може да ги гледа и слуша предавањата кога сака. Исто така, потребно е да се разбере дали наставата по модулот временски е лимитирана (на пример, пристапот до модулот за учење е достапен само за одреден број недели) или не, со оглед на тоа што ова може да влијае на темпото на студирање, како и за тоа кои се последиците од задоцнето предавање на студентските обврски (на пример, дали се намалува само оценката или пак треба и да се плати дополнителен износ за оценување на студентот надвор од пропишаниот рок). Друг значаен аспект е да се разбере кои документи или меѓународно признати испити се потребни за да се потврди познавањето на јазикот на кој се одвива наставата и која точно конфигурација на компјутерски софтвер и хардвер е потребна за да може да се следи наставата. И покрај горенаведените аспекти, студирањето на далечина може да понуди можности за стручно усовршување кои не се достапни во земјата во моментов, да го прошири хоризонтот и да ги зголеми познавањата на странскиот јазик на кој се одвива наставата, да ги унапреди вештините во доменот на користење на информатичко комуникациските технологии, но и да создаде нови контакти со колеги од други земји, со оглед на тоа

што најголемиот број на програми го поддржуваат одржувањето на формални и неформални форуми за комуникација меѓу студентите и наставниците. Голема предност на студирањето на далечина е дека честопати нема големи разлики во однос на износот на школарината за домашните (ЕУ и ЕЕЗ) и странските земји со што школарината по цена се приближува на школарините во земјата. Доколку станува збор за студирање на далечина на институција во рамките на ЕУ или ЕЕЗ дополнителна предност би била дека студиите во најголемиот број случаи би се одвивале според „болоњската декларација“ и модуларниот пристап, што дава многу поголема флексибилност и портабилност на студиите. Така на пример, во Велика Британија и за додипломски и за постдипломските студии освен завршните постојат и помеѓу квалификации кои

формално ќе го потврдат одреденото ниво на стекнато знаење. Освен тоа, во голем број институции модулите можат да се студираат и оценуваат како индивидуални модули во рамките на личната контирана едукација и кога ќе се соберат доволно кредити да се стекнат со квалификација или од институцијата во која студирале или пак во една од институциите во кои студирале, доколку студирале за различни модули во различни институции. При ова само треба да се внимава дека вообичаено најмалку 1/3 од модулите вклучително со завршниот дипломски или магистерски труд треба да се завршат во институцијата што ќе ја издаде завршната квалификација. Во прилогот се прикажани неколку примери на постдипломски програми од универзитетите во Велика Британија, кои можат да се студираат на далечина.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

53


екологија

СПаСот е ВО ОДрЖЛиВи реШе н Од година во година, ние во Македонија се обидуваме да го копираме „американскиот начин на живот“ - познатата “throw away" култура, според која, производите и добрата се користат нецелосно, односно се фрлаат и се менуваат со нови пред воопшто да им заврши животниот век

THROW AWAY

С

поред податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, вкупното количество на собран комунален отпад во 2008 година изнесувало 531.281,90 тони, додека количеството на создаден комунален отпад изнесувало 713.564,298 тони. Околу 77% од вкупното население користи комунални услуги од комуналните претпријатија. Останатото

54

3

ПОРТА

17 јуни 2011

население (23%) кое не користи комунални услуги, во најголем дел е концентрирано во руралните населени места. Годишното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2008 година изнесувало 349 кг по жител или 0,9 кг по жител на ден. Целта на Европа во периодот што следи е оваа бројка да се намали под 300 кг создаден отпад по жител на ниво на цела Европа. Но,

како? Суштината на овој предизвик првенствено лежи во навиките на граѓаните, односно нивото на еколошка свест што граѓаните го поседуваат. Конкретно за Македонија, која е земја со ниски просечни примања, ситуацијата треба да асоцира на правилно конзумирање на секаков вид производи од страна на граѓаните. Но, ситуацијата во Македонија е спротивна, од година во година

ние се обидуваме да го копираме „американскиот начин на живот“, односно познатата “throw away" култура - начин на живот според кој, производите и добрата се користат нецелосно, односно се фрлаат и се менуваат со нови пред да им заврши животниот век. На овој начин, наместо да се стремиме кон концептот наречен „одржлив развој“, ние полека но сигурно се оддалечуваме од него.


екологија

нија За кОМУнаЛниОт отПад

МЕнАЏИРАЊЕ

Правилното управување со отпад ја претставува иднината на човештвото. Но, што претставува правилно управување со отпад? Дали знаеме што точно значи изразот „менаџирање" со комунален отпад?

СвеСт

Државата треба да делува на полето на подигнување на колективната свест, социјална и еколошка. Треба да се промовира одржливо живеење, колку почесто, толку подобро. Упорно продолжуваме да го гледаме отпадот само како ѓубре и ништо повеќе. Упорно фрламе пари по локалните ѓубришта... , упорно продолжуваме со практиката употреби па фрли... и толку! Крајно време е овој метод да си го најде своето место во историјата. Време е за одржливи решенија, за решенија кои ќе ја заштитат животната средина (и самите нас), а истовремено ќе донесат финансиски придобивки. Време е за целосно искористување, време е за рециклирање! Првенствено, нас ни треба покренување на иницијатива во поглед на повторната употреба на отпадните материи, и следен чекор колективно здружување и делување со цел подобрување на животната средина, во која сите ние живееме. Треба да почнеме да делуваме од ниво на општини, па понатаму да одиме на ниво на градови, со што ќе дојдеме на државно ниво.

америка

Во понатамошниот текст ќе разгледаме еден интересен пример за успешно рециклирање во една Американска држава, кој може да се употреби и кај нас. Во тој пример, тим од експерти ја поставуваат стратегијата за управување со отпад, базирана на активно учество на општините со помош на приватни инвеститори. Целта на стратегијата се базира на изградба на инсталации за рециклирање и преработка на 50% од вкупната расположлива количина на отпад за преработка.

Нормално ќе се запрашате, која општина од нашата држава е способна да рециклира 50% од вкупниот создаден (собран) отпад, веднаш по стартот на гореспомнатата стратегија? Па сите го знаеме одговорот на ова прашање - ниедна! Но, ова не треба да не заплашува бидејќи оваа стратегија не е краткорочна, напротив, таа се базира на долгогодишна активна соработка меѓу општините, државата и приватните инвеститори. Овој пример функционира. Ќе земеме општина која рециклира само 5% од својот отпад. Со секоја наредна година, доколку општината успева да го зголеми својот капацитет за дополнителни 5%, за десет години ќе се стигне до посакуваната цел која изнесува рециклирани 50% од вкупниот отпад. За ваков проект се потребни големи финансиски средства, наменети за изградба на инсталациите за преработка, акциите за собирање на отпадот, негово складирање пред преработка и трансформирање во органски соединенија преку компостирање. Исто така, треба да се спомене и опцијата за преработка на создадениот комунален отпад на општинско ниво, со помош на веќе се пошироко употребуваните „мини“ инценератори, кои можат да се постават на повеќе локации во една дадена општина. На овој начин ќе се врши преработка на отпадот на самото место на настанување, опција која не бара транспортирање на отпадот. Крајно време е да и се погледне во очи на ситуацијата со која се соочува нашата земја, време е да се делува!

никола нЕШКОСКИ, дипл.инж.на жив.средина /еко-менаџер

3

17 јуни 2011 ПОРТА

55


хортикултура

тревник

ЗнАЧЕЊЕ

Со својата зелена боја, тревниците го балансираат колоритот на вегетацијата, визуелно и оптички го зголемуваат просторот, може да се користат и како бордури за зонирање во градината, влијаат врз подобрување на микроклиматските услови и се многу погодни за спречување на ерозија на пострмни терени, а гледано од санитарно - хигиенски аспект, ги намалуваат површините што се извор на нечистотија

т

ревниците претставуваат неизоставен дел од речиси сите градини без оглед на тоа во каков стил се подигнати. Значењето на тревните површини во дворните пространства имаат неколку аспекти. Рамната површина и интензивната зелена боја создаваат благопријатно природно чуство и го смируваат нервниот систем. Тие претставуваат основа

56

3

ПОРТА

17 јуни 2011

врз која се поставуваат најразлични елементи од жива и нежива природа. Нивната функција може да биде: декоративно - естетска, санитарно хигиенска и спортско - рекреативна. Со својата зелена боја го балансираат колоритот од цвеќињата, грмушките и дрвјата. Тревниците овозможуваат и визуелно зголемување на просторот. Така на пример, подолгите, а тесни

места во градината можат во голема мера оптички да се рашират, ако на истите се подигне тревник. Тревните површини може да се користат и како бордури за зонирање во градината. Гледано од санитарно - хигиенски аспект тревниците ги намалуваат површините што се извор на нечистотија со што се намалува загадувањето на водухот, влијаат врз подобрување

на микроклиматските услови и се многу погодни за спречување на ерозија на пострмни терени.

Подготовки

Подигнувањето на перфектен тревник е речиси невозможно без претходна подготовка на теренот и правилен избор на тревни смеси. Под подготовка на теренот се подразбира обработка на почвата,


хортикултура

57

со што би се подобрила нејзината структура, влажниот, воздушниот и топлотниот режим, кои би довеле до создавање услови за развој на корисните микроорганизми во почвата. Нивелирањето е составен дел од подготовката на теренот, бидејќи и најмалите микронерамнини можат да го нарушат подеднаквиот развој на тревата, поради задржувањето на водата во одредени делови. Препорачливо е теренот да биде со минимален наклон за непречено истекување на вишокот вода. Во случај теренот да е од неплодна почва, истата може да ја замениме со слој од плодна, со дебелина од 15 до 20 см. Најважни фактори кои влијаат на изброт на тревната смеса се местоположбата, типот на почвата и понатамошната намена на тревните површини. На пазарот се нудат универзални многукомпонентни тревни смеси, кои одговораат за различни почвено - климатски услови (за сончеви и засенети места, за суви и влажни почви, спортски терени и детски катчиња кои поднесуваат газење). Времето на сеидба е важен фактор за добивање квалитетен тревник. Во услови на нашето поднебје најдобро е сеидбата да се врши на пролет (во период од март до средина на мај), и на есен (септември - октомври). Покрај подигањето на тревници со семе истите можат да бидат подигнати и со веќе приготвени тревни бусени.

одрЖУвање

Тревните површини треба да се поливаат приквечер, или во поретки случаи во утринските часови во текот на целата вегетациона сезона. Денското поливање на тревните површини треба да се избегнува поради големата инсолација преку ден, како и создавањето на поткорници на почвата. Во денешни услови за поливање се користат современи системи. За да имаме добар систем за поливање, задолжително е да се направи проект кој е соодветен на конфигурацијата на теренот и потребите на растителноста што треба да биде опфатена. Освен одржувањето на убавиот изглед, косењето има за цел одржување на тревата до одредена висина, со што се овозможува

достапност на светлина и аерирање во подолните делови. Косењето треба да се повторува на секој 7 до 10 дена, на височина од 2-3 см. Се препорачува косење при суви временски услови. Правилно се коси во една насока и во определен ред. Повторното минување на покосеното место ја деформира тревата. За правилен развој на тревните површини, се врши прихрана со комплексното NPK ѓубриво (азот, фосфор и калиум). По правило се ѓубри еднаш за секоја сезона (пролет, лето и есен). Азотот го стимулира растежот, интензитетот на цветањето, го продолжува вегетациониот период и го забавува стареењето на тревата. Фосфорот го стимулира развојот на кореновиот систем, додека калиумот ја зголемува резистентноста кон суша и студ. Како превентива од зимските ниски температури, мраз и снег, тревата треба да биде покосена на височина од 4-5 см пред да настапи зимата. Исто така, препорачливо е во периодот октомври - ноември да се соберат сите лисја и органски отпадоци од тревата. Борбата со плевелите е една од најтешките задачи при одржувањето на тревните површини. Нивната појава негативно делува врз растот и развојот на тревата. Некои градинари во борба со плевелите користат селективни хербициди кои ги уништуваат широколисните плевели. Наше мислење е дека користењето на хербицидите носи многу ризик, и бара големо познавање на материјата. Поради користењето на хербициди, тревата извесен период боледува и назадува во развојот. За помали површини најпрактично е механички да се отстрануваат.

мавританСки тревниЦи

Мавританските тревници во суштина претставуваат мешавина од треви и полски цвеќиња, кои не се косат и создаваат природни полјани и цветаат во текот на целата сезона. За нивно подигање се користат едногодишни и двегодишни цвеќиња и треви : календула (Calendula officinalis), бела рада (Bellis perennis), иберис (Iberis sp.), темјанушка (Viola tricolor) и многу други. Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

57


индустриски дизајн

бојан илиевСки

дизајнерСка Приказна ПоСветена на

ДетСкиОт ДОпир

подготви: Дејан БУѓЕВАЦ

В

о галеријата „Паблик рум“ (Public Room) во тек е изложба на експонати од областа на индустрискиот дизајн на македонскиот дизајнер Бојан Илиевски, насловена „Индустрискиот дизајн во детската средина“. Изложбата го претставува авторот со пет нови експонатипрототипи кои се однесуваат на светот и играта на најмладите. На оваа изложба, Илиевски ги изнесува своите размислувања и идеи за уредување на детскиот мебел, како и за предметите за забава и играчки, со што македонската јавност за првпат се запознава со еден нов пристап за овдешната сцена кога е во прашање индустрискиот дизајн и применетата уметност. Инспириран од светот на

58

3

ПОРТА

17 јуни 2011

децата, од боите и формите на детските игри, желби и фантазии, Илиевски својата креативна „детска“ имагинација ја преточува во предмети и форми, кои ги изразуваат односите помеѓу светот на децата и светот на возрасните, истовремено користејќи ги органските облици од природата. Притоа, Илиевски во нивната естетска, удобна, психолошка и материјална употребливост ги следи и безбедните карактеристики, неопходни за околината на детето и животната средина. На овој начин, авторот креира една дизајнерска приказна исполнета со играчки и предмети од детското доживување на светот, од подзаборавените детски фантазии, од предметите што имаат забавна улога не само

за децата туку и претставуваат одраз на нивните родители, како и слика за тоа колку детското во нас возрасните е исчезнато неповратно или сè уште се бори со суровата реалност околу нас.

Кои се тие базични елементи од светот на детскиот мебел и предметите за забава, кои ве испровоцирале да креирате еден свој поинаков индустриски дизајн?

 Такви елементи има повеќе, односно сè што забележува моето око како предмет за игра, или пак за која било наменско-функционална употреба, а може да биде подобрен во поквалитетен производ, е предизвик за остварување (проектирање) на истиот. Се разбира дека децата се нашата иднина,

и дека треба сите од својот агол да создаваме подобри услови за нив, и од физички и од психички карактер, за еден ден, кога светот ќе биде во нивни раце, да можат и тие да создаваат подобри нешта за нивните деца. Јас, од мој аспект, никако не можев да го заобиколам дизајнирањето на детските предмети - тип на дизајн кој се покажа како еден од најкреативните и најинспиративните за мене. Творејќи ги овие предмети и самиот многу работи научив и открив, а и се потсетив на некои подзаборавени детски размислувања.

Кои се психолошки, дизајнерски и естетски проблеми и разлики помеѓу детскиот дизајн и т.н. дизајн за возрасни?


индустриски дизајн

ПолеСно е да Се дизајнира за возраСните РОДИТЕЛИ Дизајните за деца треба да одговараат, односно да ги задоволуваат потребите и вкусовите на децата, но бидејќи нивните родители се всушност оние што го купуваат производот, треба и нив со самиот дизајн да ги убедите дека производот ги задоволува и нивните потреби - економски, естетски, просторни...  Во изработката на мебел за секојдневна употреба, повеќе размислувате што му недостасува на одреден простор, односно што би сакале да поседувате, или колку би поминувале време користејќи го таквиот мебел - дали предметот е за масовно производство или пак е сериски ограничен и спаѓа во луксузна верзија. За детската средина, дизајнот и покрај тоа што треба да биде допадлив на око, мора да биде и од забавен карактер бидејќи децата со самиот допир на предметите што се наменети за нив, го осознаваат светот околу нив. Сепак, мислам дека најголемиот предизвик е во тоа што постои голема разлика во креирање предмети за возрасните и оние

наменети за децата. Дизајните за деца треба да одговараат, односно да ги задоволуваат потребите и вкусовите на децата, но бидејќи нивните родители се всушност оние што го купуваат производот, треба и нив со самиот дизајн да ги убедите дека производот ги задоволува и нивните потреби - економски, естетски, просторни и слично. Тоа се однесува на психолошките и естетско-функционалните разлики. Што се однесува пак на дизајнерските, полесно е да се дизајнира за возрасни. Ергономските мерки се стандардни за возрасните. Додека, кога се прави на пример дел од мебел за деца, треба да се внимава истиот да може да задоволи возрасна граница од, да речеме, деца на 3-12

години. Знаете, овде димензиите треба далеку повнимателно да се изработат, а и од естетски аспект, за детето да не го перципира предметот како нешто од што бргу ќе се засити, туку да може и да сака да го користи што подолго време.

Какво е искуството кај нас кога се работи за оваа гранка на применета уметност? Дали познавате и други автори кои се бават со оваа дизајнерска приказна посветена на децата?

 Конкретно во мојот случај, сè што е дизајнирано е прототип, што значи дека сè уште не е во сериско производство. Затоа и ги правам ваквите изложби, да покажам дека во Македонија постојат дизајнери со соодветна подготовка за изработка

на производи за подоцнежно сериско-индустриско производство. За други автори досега не сум запознаен дали работат на ова поле од индустрискиот дизајн, но се надевам дека темата е многу широка и интересна за размислување. Исто така, се надевам дека со моите две изложби досега, ќе ги поттикнам македонските индустриски дизајнери да творат, да стапуваме во контакт, и заедно да се обидеме да ја издигнеме оваа гранка кај нас, како што е во индустриски поразвиените земји. Досега не сум сретнал автор од оваа област, кој сосема се посветил единствено на креирање предмети за деца, но секако дека и тоа е една од светските професии кои сè уште не се стигнати кај нас.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

59


Не грижете се. Софтверскиот пакет Не грижете засе. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење пресметка нанапроекти трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе Со купување добиете на овој софтверски помош пакетпри ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, калкулација на следење цени, припремањена на понуди, објекти следење со на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации изготвување на времени, за подизведувачи завршни и ситуации за подизведувачи за за Крајниот рок за поднесување понуда истекува. вашите градежни проекти во изведба,вашите градежни градежни проекти книги, во изведба, референтна градежни книги, референтна листа во напоследните изработени проекти, контрола листа нанавградените изработени проекти, контрола материјали на вградените материјали Ви треба референтна листа на изработени проекти 3 на објекти, како и други помошни анализи на објекти, икако прегледи. и други помошни анализи и прегледи. години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Најповолен подизведувач за соработка?!?! Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда Побрзајте!!!! траеНашата промотивна понуда трае Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?! со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Немате брз одговор на овие прашања?!?!

3216 Ул. 497, Мајка Тереза Факс: бр. 11, +389 1000 Скопје, 2 Тел: 3216 +389 2496, 3117 533,е-mail: +389 2 3216 495, elikosoft@t-home.mk +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, www.elikosoft.com.mk е-mail: elikosoft@t-home.mk www.elikosoft.com.mk 1

60

3

ПОРТА

17 јуни 2011

1


екологија Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

06 мај 2011 ПОРТА

61


совети - Летово планирам да ја реновирам бањата и кујната. Би сакал со што помалку градежни работи во ентериерот да добијам модерна кујна и бања. Каков материјал и боја да изберам? Читател од Скопје

П

рактично решение за вашиот простор може да биде соединувањето на просторот на тоалетот и бањата во еден заеднички простор, со туш када, со тоалетна шолја, мијалник и машина за перење. За сметка на намалениот простор за бања, би се зголемила кујната. Таа би требало да биде наместена така што сè

ќе ви биде при рака. Идеално е распоредот на елементите да започнува со фрижидер, потоа да следи мијалник, работна површина, шпорет и работна површина за сервирање. Елементите може да завршат со мини масичка за јадење. Столчињата кога не се употребуваат, добро е да можат да се склопат или да се закачат на ѕидот. Многу

е важна височината на кујната, височината на работната површина, длабочината на елементите, и начинот на кој се отвораат вратичките. Треба да се почитуваат принципите на ергономијата. Мијалникот би требало да биде малку повисок од останатите работни површини, а шпоретот малку понизок. Што се однесува

до изборот на бои, и за бањата и за кујната добро е да изберете лакирани површини со светли бои (светложолта, портокалова, ванила). Билјана СТЕВКОВСКА-САВИќ, дипл.инж.арх.

bibisavic@yahoo.com

реновирање на кУјна и бања 62

3

ПОРТА

17 јуни 2011


најчудни градби

д

ве години по пуштањето во употреба на тенискиот центар „Магична кутија“ во Мадрид, на 15 април годинава градоначалникот Алберто Луиз-Галардон го пушти во употреба и најубавиот пешачки мост во градот наречен „Арганзуела“. Мостот е дизјаниран според концептот на францускиот архитет Доминик Перолт. Станува збор за само еден сегмент кој од 2005 година до денес грижливо се гради во зоната позната како „Мадрид Рио“. Мостот веќе го добил прекарот „Скапоцениот камен на Рио“ и е прогласен за најпровокативен елемент на паркот, кој на површина од 25 хектари се простира во близина на реката Манзаранес. Заради паркот што е во близина на обиклоницата М30, позната уште од 70-тите години на минатиот век, градските власти го ангажирале Перолт да направи комплетна урбанизација на просторот. Пешачкиот мост е клучен сегмент бидејќи се простира преку реката, а практично се спушта во срцето на паркот. Мостот е направен во вид на спирала, или растегнат федер. Суштината е во тоа што тој претставува комбинација на два спирални елемента кои испреплетени меѓу себе нудат одлична заштита од сонцето при шетање, а навечер со осветлувањето, на одредени локации каде спиралите се подигаат, се нудат и одлични панорами. Мостот, иако е една целина, сепак на средина е како пресечен, и со тоа се овозможува директен влез во срцето на паркот, додека оние што сакаат да стигнат до обиколницата можат да продолжат по вториот дел од мостот. Затоа се вели дека има јужен и северен мост иако во суштина тоа е „Арганзуела пешачкиот мост“. Направено е спуштање на обиколницата под нивото на реката, при што едниот од страните на пешачкиот мост е во непосредна близина на обиколницата, а другиот во стариот дел на градот. Мостот е долг 278 метри, а широк помеѓу 5 и 12 метри. Јужната спирала на мостот има 150 метри, а северната 128 метри. Се наоѓа точно помеѓу два други моста во оваа зона, мостот „Толедо“ и „Прашкиот мост“. Заради спиралниот облик, тој нуди природна вентилација поради што пешачењето е вистинско задоволство дури и кога е многу топло. Со ваквиот дизајн, мостот станал многу важен елемент на Мадрид и туристичка мамка, па затоа и паркот се повеќе е посетен од страна на граѓаните. Драган РИСТОВ

СпираЛен пеШачки МОСт

хит во мадрид

3

17 јуни 2011 ПОРТА

63


Ѕидни часовници од Diamantini&Domeniconi направени од природен материјал - памук.

Метална масичка наменета за чување пијалаци од miniforms.

Клупа која е со малку поинаков изглед од обичната, на неа може да се седи, лежи или да служи како лулашка. Дизајнирана е од италијанската компанија Campeggi. 64

3

ПОРТА

17 јуни 2011


Необична фотелја за љубителите на ретро автомобили. Ова е пресечен модел на Fiat 500 од фирмата Meritalia во соработка со Fiat.

изл ог

Са

ем

за

ме

бел

во

Ми

ла

но

20

11

подготви: Сандра ДОнЧЕВА дипл.инж.арх.

Слободно стоечка закачалка како расцветан цвет направена од полиетилен, а дизајнирана од познатата италијанска компанија Bonaldo.

3

17 јуни 2011 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 73/2011 ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ И ОПРЕМУВАЊЕ ЈА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ЗА 2011 ГОДИНА ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА СОБИРАЊЕ. ОДВЕДУВАЊЕ И ПРОЧИСТУВАЊЕ, НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА СИСТЕМИТЕ И СТАНИЦИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА УРБАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ, КАКО И ТЕХНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ, ПАРАМЕТРИТЕ, СТАНДАРДИ НА ЕМИСИЈАТА И НОРМИТЕ ЗА КВАЛИТЕТ ЗА ПРЕДТРЕТМАН, ОТСТРАНУВАЊЕ И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ, ИМАЈЌИ ГО ВО ПРЕДВИД ОПТОВАРУВАЊЕТО И МЕТОДОТ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА УРБАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ КОИШТО СЕ ИСПУШТААТ ВО ПОДРАЧЈАТА ЧУВСТВИТЕЛНИ НА ИСПУШТАЊЕ НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ

И СОДРЖИНАТА НА ПОТВРДАТА ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 06/2011 Назив на договорниот орган: Агенција за планирање на просторот, ул. “Плоштад Македонија“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Експертски елаборат на тема: Сообраќај и инфраструктура – сообраќаен систем. Контакт тел/факс: 02 3227-244, лице за контакт: Ивана Ѓоргова. Јавно отворање на понудите на ден 27.06.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 74/2011

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 75/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА ШТО ВРШАТ СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ, ПРОГРАМАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА КАКО И ФОРМАТА

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА

БРОЈ: 52/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со потребна лиценца за изведувач Б, за реконструкција на делови од објектите на детските градинки на територија на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 28.06.2011 год. БРОЈ: 53/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со потребна лиценца за изработка на проектна документација – лиценца за проектирање Б согласно Законот за градење, за изработка на елаборати за геомеханика, протоколи, студии и друга проектна документација, за изведба на објекти на територија на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 30.06.2011 год.

66

3

ПОРТА

17 јуни 2011

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 77/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 14-1246/2011 Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1 Мај“ 61, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Изградба на улична мрежа во Индустриска зона Жабени. Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска. Јавно отворање на понудите на ден 30.06.2011 год. БРОЈ: 8/2011 Назив на договорниот орган: Општина Дојран, кеј “5-ти Ноември“ бб, 1487, Стар Дојран. ПРЕДМЕТ: Асфалтирање на улици во населбите Нов Дојран и Стар Дојран Општина Дојран. Контакт тел/факс: 034 225-278, лице за контакт: Милка Ајцева. Јавно отворање на понудите на ден 27.06.2011 год.

БРОЈ: 54/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма, со потребната лиценца за изведувач Б, за довршување на изградбата на препумпна станица за

www.porta3.com.mk

ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ, НАЧИНОТ И МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ И КОНЦЕНТРАЦИИ НА ПАРАМЕТРИТЕ НА ПРОЧИСТЕНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ ЗА НИВНО ПОВТОРНО КОРИСТЕЊЕ

БРОЈ: 53/2011 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на разводна постројка 110 kV Петровец во ТС 110/35/10 kV Петровец комплет со приклучниот далековод (четири столбни места) за трафостаницата Петровец и нивно функционално испитување и пуштање во погон. Контакт тел/факс: 3149-617, 3111-160, лице за контакт: Христо Кордаловски. Јавно отворање на понудите на ден 01.07.2011 год.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

фекални води во Горно Лисиче. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 29.06.2011 год.

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА


градба автомотиви индустрија градба автомотиви индустрија

ГЕНЕО® ПАТОТ КОН УСПЕХОТ ГЕНЕО® ПАТОТ КОН УСПЕХОТ

рубрика

Ново: Подигачко клизна врата Ново: Влезна врата Подигачко клизна врата од РАУ – ФИПРО

Влезна врата од РАУ – ФИПРО

Eнергетска ефикасност во перфекција ГЕНЕО прозорски систем, Ново! ГЕНЕО подигачко клизна врата, Ново! ГЕНЕО систем за влезна врата Eнергетска ефикасност во перфекција Подигачко клизните и влезни врати со единствена стабилност и досега недостигната топлотна ГЕНЕО прозорски систем, Ново! ГЕНЕО подигачко клизна врата, Ново! ГЕНЕО систем за влезна врата изолација стануваат реалност со висококвалитетниот материјал РАУ ФИПРО. Воодушевете се од предностите на ГЕНЕО фамилијата. ЕНЕРГЕТСКА Подигачко клизните и влезни врати со единствена стабилност и досега недостигната топлотна ЕФИКАСНОСТ ГЕНЕО – и во иднина Ваш пат кон успехот! изолација стануваат реалност со висококвалитетниот материјал РАУ ФИПРО. Воодушевете се од предностите на ГЕНЕО фамилијата. ЕНЕРГЕТСКА REHAU ДООЕЛ, Првомајска 7 бб, 1000 Skopje, Tel. + 389 2 2460 458 Fax. +389 2 2460 459, skopje@rehau.com, www.rehau.com ЕФИКАСНОСТ ГЕНЕО – и во иднина Ваш пат кон успехот!


Аутомобиле СК, Скопје

состојка на секоја градба

www.ading.com.mk Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: 02 2034 840, 2034 820, Факс: 02 2034 821, ading@ading.com.mk

Импексел 2, Скопје (во изведба) Илинден, Скопје

ЕПОКСИДНИ ПОДОВИ ВО КАТНИ ГАРАЖИ ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

• ОТПОРНИ НА МАСЛА, АБРАЗИВИ И МЕХАНИЧКИ ВЛИЈАНИЈА • ЕДНОСТАВНИ ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ

Порта3 159  

градежништво, архитектура и екологија

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you