Порта3 151

Page 51

еко инфо ВИКИЛИКС

Нафтените резерви на Саудиска Арабија преценети за 40%

М

еѓу многуте информации кои ги лансираше сајтот Викиликс, фактот што можеби резервите на нафта на Саудиска Арабија се неточни, односно лажирани, предизвика бранувања на берзите. Сајтот наведува дека во 2007 година, поранешниот директор за експлоатација во државната компанија Saudi Aramco, му кажал на американскиот конзул во Ријад дека компанијата ги зголемила бројките на расположивите резерви за околу 40%, со цел привлекување на странски инвестиции. И додека аналитичарите веруваат дека и во скора иднина Саудиска Арабија и членките на ОПЕК ќе испорачуваат нафта со релативно стабилни цени, не е мал бројот на оние што веруваат дека веќе во 2012 година нè очекува сериозно покачување на цената.

Брисел

Европско обединување на пазарот на енергија

(Forbes)

В

о рок од три години Европската Унија има намера да го обедини пазарот на енергија и да инвестира милијарди евра во изградба на електрични инсталации и гасоводи. Во заклучокот од енергетскиот самит на ЕУ одржан на 4 февруари оваа година во Брисел, се вели дека пазарот на електрична енергија треба да се обедини во 2014 година. Европската комисија бара во иднина 27-те земји членки меѓусебно посилно да го координираат поттикнувањето на обновливите извори на енергија. На тој начин во Европа ќе се заштедат околу 10 милијарди евра. Ставот на еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер е јасен. Тој се залага за воспоставување внатрешен европски пазар за енергија, во кој со нова инфраструктура ќе тече еколошка електрична енергија, на пример од ветерници од Велика Британија и Шкотска кон Хамбург и Келн, или пак соларна енергија од Северна Африка преку Италија и Швајцарија до Минхен и Штутгард. (Deutsche Welle)

Денвер

Истрага за гасот од шкрилци

А

мериканската агенција за заштита на животната средина (Environment Protection Agency) започна истражување за влијанието на контроверзните методи кои се користат за производство на гас од шкрилци. Проблемот на хидраулично фрактурирање ќе биде предмет на истражување на меѓународен научен тим. Интересот ќе биде првенствено насочен кон циклусот на користењето на водата, а со цел анализирање на влијанието врз животната средина. Осум од девет компании кои ја користат оваа технологија се согласиле да достават податоци за потребите на истражувачите. Агенцијата настојува да ја убеди и деветата компанија, американската Halliburton, да дозволи увид во податоците. Еколошките здруженија тврдат дека хемикалиите што се користат за ослободување на гас од одредени формации на карпи имаат негативно влијание врз водата и здравјето на луѓето.

подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА

(UPI)

3

25 февруари 2011 ПОРТА

51


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.