Issuu on Google+

БРОЈ 42-2012 Поглед од мој агол

Градирање на бељите Илија Тумбов

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

стр. 4.

e-mail:pogled@sofijaprint.com.mk

www.vesnikpogled.weebly.com

Ѓорги Пеев, Првенец на Генерација 2008-2012 во СО“Богданци”

Кажување од г-дин Милчо Ванов за состојбата на стопанството во Богданци: „... По што ќе ги паметиме луѓето што во последниве шеснаесет години парадираа во локалната политика на Богданци? По ништо. Само така ги шетаа чалмите...“

“ На Томчо Шимов му требало два месеца да го регистрира и да го стави во функција Услужното земјоделско и транспортно претпријатие „Млаз“. На 28 септември 1958 година Народниот одбор на Општина Богданци донел Одлука во Богданци да се формира услужно и транспортно претпријатие. До ноември „Млаз“ било регистрирано и од 1959 година почнало да функционира. На тринаесетина години по завршувањето на Втората светска војна, во услови на крајна немаштија од сите видови и во околности на ограничени кадровски можности во Општината Богданци, во Околијата Титов Велес и во Народна Република Македонија работата се завршила во сосема нормален временски рок. Не треба да се сметне од ум дека во тоа време одењето за Скопје и враќањето во Богданци не можело да се направи во ист ден. Тоа во врска со со сообраќајните комуникации. Другите врски, телефонијата и слично, биле уште полоши. Сепак нештата функционирале. Денеска работите не се такви. Одржувањето на презакажаната седница на Годишното собрание на АД„Млаз“„ врз основа на член 386 став 3 и Решението број 32/12 од 11.6.2012 година издадено од Основниот суд Гевгелија“ (цитатот е преземен од Јавниот повик за закажување на презакажаната седница на Собранието) одржана 15 јуни 2012 година има помината повеќе од стотина дена. Разрешница на случајот „Млаз“ сеуште нема. Заталкан во лавиринтите на судските и државните институции случајот „Млаз“ доби епски димензии. Епиката на случајот ја засенува и аурата на самиот „Млаз“. „Млаз“ се подели на два дела, на два табота. Во едниот табор се луѓето собрани околу Васе Петрушев, а во другиот табор луѓето собрани околу Перо Шимов. Васе Петрушев го предводи „Млаз“ во последните скоро две децении. Паро Шимов ги предводи членовите на „Млаз“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во Акционерското друштво „Млаз“ АД-Богданци. Здружението „Млаз“ АД2012 не се согласува „Млаз“ да биде менаџирано така како што го

М

стр 2 и3

Л

Биста на Иван Т.Калчев во Богданци

Покрај стипендијата од 5.000 денари месечно во текот на студирањето доделена од градоначалникот Ристо Ичко, како еден од десетте најдобро рангирани на државната матура, Ѓорги Пеев е добитник на стипендија и од Електротехничкиот стр 6 факултет на УКИМ.

А

З

Треба да се следи неговиот вредносен систем. Иван Т.Кал’чев луѓето ги делеше на луѓе и нелуѓе. Неизмерно ги ценеше луѓето. Нелуѓето не ги поднесуваше органски. Неговата биста нека не потсетува дека сосема човечки е да се биде и да се остане човек.

стр 5

Доцнењето како исклучок

Од тоа што остана по Томчо Шимов само усте леандрот цвета менаџира Васе Петрушев и како цел под влијание на на својата активност си поставуваат покачениот адреналин и уште на негова смена од раководната некои нешта, се закачуваат меѓу функција во „Млаз“ АД-Богданци. себе. Васе Петрушев, раководната Поделеноста на таборите е структура околу него и имателите на интересна и како визуелна појава. акции во „Млаз“ АД-Богданци што Едните имаат зафатено позиција им се наклонети не ги признаваат во сенките на административната аргументите што Здружението „Млаз“ зграда, а другите во сенките АД-2012 ги изнесува во поткрепа на на поранешната бензинска настојувањето за исполнување на пумпа. Влезот во гаражата е својата поставена цел. попречен од автобус намерно Тоа е веќе причина случајот паркиран за таа намена зад да се пресели на арбитрирање кај рампата од внатрешната страна. судските институции. Резултатите Зад него нема ништо. Само од арбитрирањето се разнолики. празен паркинг и остатоци од Во Централниот регистар час ги некогашните работни простории запишуваат едните, час другите. за сервисирање на транспортот. Еднаш едните ги чукаат тапаните, „Млаз“ беше столбот што еднаш другите. Работите се менливи. го држеше Богданци. Ретки Единствена постојаност во случајов е се семејствата што немаат полицијата која честопати мора да ги преплетување на интереси раскачува членовите од едниот и од Поврзаноста на “МЛАЗ” и Богданци Продолжува на стр.4 другиот табор кои, пред 54 години

Се вели дека исклучоците не ги негираат правилата туку ги потврдуваат. Правилото што би требало да се потврди со овој исклучок е сериозноста на независниот весник „Поглед“ чиј 42-ри број го држите во раце. Кога од 42 ќе се одземат двата броја од претходното издание остануваат четириесетте броја од оваа издание.Четириесет броја од еден месечник значат три години и тромесечие фазла дружење со читателите. Во заглавјето на весникот пишува дека излегува секој последен викенд во месецот. Но во што е исклучокот? Исклучокот е во фактот што септемврискиот број на „Поглед“ наместо на 29 септември одвај успеа да излезе на крајот од првиот викенд на октомври во двеилјади и дванаесеттата. Независниот весник на Богданци е минорност што, во однос на значајноста што како гласило му припаѓа, може да се претстави како зрнце прашина во Сахара па нека е тоа и богданската информативна сцена. Но и минорноста е величина што има свое место во просторот и свое место во времето. Можеме да се согласуваме и да не се согласуваме со тој факт, но не можеме да не му ја одадеме заслужената почит. И на големите системи им се случувале, им се случуваат и ќе им се случуваат непријатности во форма на пробивање на роковите, а не пак на еден „Поглед“ кој во крајна линија e ONE MAN SHOW. Реалноста е таква каква што е и не е можно да се побегне од неа. Се направија сите напори, ама не се успеа во збогатувањето на шоуто. Чест на исклучоците. Овде станува збор за постојаноста. За да се опстои во постојаноста работите секогаш треба да се доведуваат во ред. Треба да се направат напори во запазувањето на терминот за излегување на октомврискиот број и напори натаму работите да се вкалапат во востановениот природен ред на нештата. Нема претпоставка која би навестила дека тоа нема да се случи. Илија Тумбов, уредник на „Поглед“

Без коментар

Една слика 1000 зборови Агенција за обезбедување на лица и имот

БАЏО

www.badzo.com.mk info@badzo.com.mk

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: shimov@t-home.mk

тел. 034/ 222-766

тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk

СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk adstocarstvo@t-home.mk


ПОГЛЕД Септември, 2012



Суровоста на вистината Првото свое вработување како технолог го имал во Земјоделско-индустрискиот комбинат „Изворски“ во секторот сточарство каде што учествува во изградбата на млекарницата. Подоцна се префрлува во „Млаз“ каде се подготвуваат да отворат компјутерски центар, како еден од првите во Македонија и еден од ретките во Југославија. Неговото познавање на англискиот јазик е неопходно центарот да се формира, да се опреми и да почне со работа. Неколку години подоцна е распореден за раководител на фабриката за пружини во формирање која ја опремува, и ја пушта во погон. По пропаѓањето на источноевропските општествени системи се префрла во Софија, Бугарија каде формира своја приватна фирма за меѓународна трговија. Од 2000 година е во Богданци каде што ја води својата фирма „Фенико“ што се бави со производство на метални конструкции, ковано железо, сообраќајни знаци и натстрешници за автобусти постојки. Со исклучок на 7-8 години кога се бавел со меѓународна трговија во Софија, другите 27-28 години од својот работен век тој ги поминал во Богданци, директно во производството. Милчо Ванов е високообразован човек на 61 година со со 35-36 годишно работно искуство. По толкаво работно искуство тој вели дека единствената сигурна работа која гарантира егзистенција е работата во производството. При тоа се повикува на познатата максима дека за секој понуден Милчо Ванов е инженер технолог со диплома производ може да се најде потенцијален купувач. Во разговор „Поглед“ го праша Милчо Ванов за состојбите од Технолошкиот факултет на Универзитетот „Кирил во Богданци. Овде ја изнесуваме интегралната верзија на и Методиј“ во Скопје. неговото кажување. „ Слушам како сите говорат дека во Богданци работите не одат на добро и сите заедно се наоѓаме во безизлезна економска ситуација. Но кои се причините за тоа?Никој не се осмелува да направи анализа поради што е дојдено до тоа. Еве јас ќе се обидам да го кажам моето мислење. Се случи во Богданци да се уништат два големи бренда, „Млаз“ и „Изворски“, а да не се создаде ништо ново. Да се уништи старото, а да не се создаде ново!? Е тоа е веќе безизлез. Бесперспективност.Ќорсокак. Како сакаш наречи го, но не чини. Во последниве дваесетина години, по осамостојувањето и промената на општествениот систем во Македонија, централната власт ја донесе легислативата за преминување на пазарно стопанство. Локалните власти требаше да создадат амбиент за пренасочување на стопанството кон новите насоки. Новите насоки велеа дека стопанств��то, поставено врз капиталистички основи, од локалните самоуправи треба да биде поттикнувано кон развој. Значи локалниот економски развој треба да се планира врз основа на однапред усвоена стратегија за развој во самите општини. Пред да го изнесам моето видување за состојбата во Богданци ќе направам преглед на состојбите во околните општини и како тие го решаваат нивниот стопански развој.. Во Гевгелија уште во 1996 година го ревидираа Урбанистичкиот план во кој предвидоа неколку локации за индсутриски зони. И дотогаш имаше определена концентрација на стопански објекти. Потегот каде што се наоѓаа „Елегант“, „Цвет“, „6-ти Ноември“,„Електронка“, „Зора“ и уште некои се легализира како индустриска зона и сите празни локации таму се предодредија за таа намена. Со тоа се даде нов стимул за развој на постојната индустриска

зона. Тоа се случи во првиот мандат на локалната самоуправа. Потоа, во истиот мандат, се формира и втората индустриска зона кај касарната и по должината на Моински пат. Урбанизирана и плански опремена со инфраструктура зоната им беше понудена на потенцијалните инвеститори.Во вториот мандат локалната власт ја оформи и третата индустриска зона покрај патот кон Негорци. Во третиот мандат локалната самоуправа ја направи и четвртата индустриска зона во реонот од мостовите на Вардар до граничниот премин. Набргу таму никнаа хотелски комплекси, бензински пумпи и други капацитети. Во текот на истиот мандат се формира и петтата индустриска зона на патот кон Прдејци. Како шеста, помала, но функционална, се формира и шеста индустриска зона во таканаречените гевгелиски чаири. За овие четири мандати во Гевгелија се направија шест индустриски зони кои му овозможуваат на градот да се развива во насока кој има иднина. Во тие индустриски зони за овие 16 години има подигнати 80 до 90 стопански објекти. Тоа значи дека гевгелиските локални власти, советот и градоначалниците, со паметна политика на градот му обезбедија перспектива. Само како информација: Во Гевгелија има 7 фабрики што произведуваат конзервирана храна од зеленчук и овошје. Тоа се „Зора“, „Випро“-со две фабрики, „Техноалат“, „Вори“, „Дием“ и „Пајдаков“. Од тоа производство 95% се извезува на странските пазари. Оваа година од тој извоз во Гевгелија ќе влезат над 15 милиони евра. За потребите на конзервната индустрија на развој ќе се поттикне и земјоделството. Така се затвора еден круг од кој општината има повеќекратна корсит. Општинските структури што правеле правеле, ама направиле идните генерации Печати: „Софија“ Богданци

Издава: „СОФИЈА“ 1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21 Директор: Драги Семенпеев Уредник: Илија Тумбов Уредува редакциски колегиум Технички уредници: Валентина Попова Јован Роглев

Жиро-сметка: 270000000711867 ИК Банка - Скопје Даночен број: МК4006991101880 Редакција: Маршал Тито 21 1484 Богданци тел. 075 738834 факс: 034 222006 pogled@sofijaprint.com.mk www.vesnikpogled.weebly.com

гевгеличани да имаат една комоција во живеачката. И сега, хипотетички: Доаѓа бизнисмен кај гевгелискиот градоначалник и му вели дека сака 5 милони евра да инвестири во Гевгелија. Градоначалникот ќе му одговори: „Добро. Ние имаме шест индустриски зони каде што можете да изградите свој индустриски капацитет. Кај нашите стручни служби можете да ја видите понудата и, доколку одлучите овде да инвестирате за 10 до 15 дена ќе ви биде подготвена сета техничка и административна документација.“ Да одиме во Дојран. И таа е нова општина. Откако се реватилизира езерото, со паметна политика на досегапните општински раководства, Дојран стана успешна приказна. Со донесувањето на Урбанистичкиот план се виде кои места се слободни за да можат кон нив да се насочат евентуалните инвеститори.Направено е скоро целото крајбрежие во Стар Дојран. Плажите се уредуваат, просторот се култивира. Дојран не е монденско летувалиште, но ги има сите предуслови за развој на туризмот. Тоа е веќе извесност во неговата иднина. И сега, повторно, хипотетички: Доаѓа бизнисмен кај дојранскиот градоначалник и му вели: „Сакам да инвестирам 5 милиони во Дојран. Што можете да ми понудите?“ Градоначалникот ќе му одговори: „Нашите стручни служби ќе ви ги покажат парцелите за подигање на туристички капацитети. Ако нешто ви се допадне за 10 до 15 дена ќе ви биде издадена сета техничка и административна документација.“ Да одиме во Валандово. Претходниот мандат Општина Валандово направи итни измени и дополнувања на урбанистилкиот план. Предвидоа место за индустриска зона. Ја опремија зоната со инфраструктура, но не застанаа таму.Направија уште еден мудар чекор.Почнаа да лобираат кај имотните Турци што во Турција се иселиле од Валандово и околните села, да инвестираат во Валандово. Во зоната се веќе никанти првите три објекти. Неодамна во употреба се пуштија два погона во кои се вработија 300 души. Во 2014 година се планира да се вработат уште 400 работници. Не треба за се биде многу паметен за да се заклучи од какво значење тоа ќе биде за Валандово. Затоа Валандово има иднина. Локалната васт му го овозможила тоа. И, хипотетички, да речеме дека кај валандовскиот градоначалник ќе дојде бизнисмен со торба полна евра и ќе му каже дека сака да инвестира во Валандово, па би сакал да ги види можностите. На тоа градоначалникот ќе му одговори дека имаат индустриска

зона наменета за подигање индустриски капацитети и доколку неговите планови се во согласност со стратегијата за развој на Валандово општинските стручни служби за десетина дена ќе му ја издадат сета техничка и административна документација. Општина Струмица е посебна приказна. Таа, според сите критериуми, е најразвиената општина во Македонија. По осамостојувањето Струмица презеде еден радикален чекор. Со исклучок на појасот западно од градот сето друго земјиште го претвори во индустриска зона. На потенцијалните инвеститори тие им дадоа државно земјиште по формална цена и им ги намалија комуналните давачки за градење поставувајќи им само еден услов: Индустрискиот објект да се изгради и да се стави во функција во определено време. Под такви поволни услови во Струмица почна нагло да се инвестира и да се гради. За овие 16 години во Струмица има никнато повеќе од 400 стопански капацитети. Колку вработени можат да апсорбираат тие толку фирми? И колкав е доходот што ќе го остварат? Некои од тие нови фирми се успешни, некои се помалку успешни, но Струмица се движи напред. Во стратегијата на Струмица се предвидени сите претпоставки за економски развој. Во последните два мандати општинското раководство направи напори струмичката индустрија за преработка и конзервирање на зеленчук и овошје да ја стави во интеракција со локалното земјоделие. Индустријата да го поттикне земјоделието. Со едукација на земјоделците тие се насочуваат да произведуваат производи кои ќе бидат калибрирани и соодветно пакувани за да ги задоволат стандардите и барањата на странските пазари и да произведуваат производи за потребите на конзервната индустрија. Оваа година имавме раст на цените на земјоделските производи затоа што струмичките земјоделски производи беа извезувани. Струмица е пример како една општина треба да биде менаџирана од општинското раководство. И да направам една претпоставка: Доаѓа некој бизнисмен кај струмичкиот градоначалник и му вели: „Имам 5 милиони евра кои сакам да ги инвестирам овде. Што можам да направам? „Нема проблеми, ќе му каже градоначалникот. Нашите стручни служби ќе ви ги покажат нашите можности. Ако вашите планови можат да бидат задоволени од нашата понуда за 10 до 15 дена ќе ви биде издадена сета техничка и административна документација.“ Ќе кажам уште еден пример: Велат дека општините што не се покрај пат или на граничен премин не можат да се развиваат. Не е точно. Леб има за секој што знае како да дојде до него. Општина Василево, се оградувам малку од информацијата затоа што ја прочитав во весник, во правецот кон Огражден изградила индустриска зона од 200 плаца. Од класична рурална општина таа се претвора во индустриска општина. Во Василево нема невработен човек. И, како и за другите општини, да претпоставиме дека кај тамошниот градоначалник ќе дојде бизнисмен и ќе побара можност за инвестирање. Градоначалникот ќе го одведе на зоната и ќе му понуди да си избере плац. Сите овие наброени општини имаат создадено претпоставки за стопански, а со тоа и за економски развој. Пред да почнам да објаснувам како јас гледам на состојбите во Богданци да напреавам една претпоставка и за овде. Значи, доаѓа бизнисмен кај богданскиот градоначалник и му вели:„Имам 5 милиони евра кои сакам да ги инвестирам во Богданци. Што можете да ми понудите? Градоначалникот ќе биде принуден да му одговори: „Извинете, но ние

сеуште немаме урбанистички план, немаме планирано индустриски зони, немаме ниту стратегија за економски развој. Дојдете после 10 години до кога се надеваме дека ќе направиме урбанистички план и ќе определиме индустриски зони. Жал ми е, но не можеме да излеземе во пресрет на вашето барање.“ Оваа не е шега. Оваа е суровата вистина на Богданци. Имало примери кога бизнисмени сакале да инвестираат, но не наишле на поволна клима за вложување. Богданци не беше неразвиено. По развиеноста Богданци беше на врвот на листата во Македонија. Сега е на дното. Зошто? Богданци нема план и стратегија за индустриски и стопански развој. Одговорноста за таквата состојба ја лоцирам на две нивоа. Прво, одговорни за тоа се структурите што ја водеа општината од 1996 година до денес. Второ, голем дел од одговорност му припаѓа на „Млаз“. Тоа е вистината и од тоа нема бегање. „Изворски“ имаше други дејности. Индустриските капацитети со кои располагаше беа мали и не беа од стратешка важност за Богданци. Најголемиот индустриски капацитет, млекарницата и натаму е во функција. Другите беа мали и безначајни. Неинвентивната раководна структура која го менаџираше „Млаз“ во последните петнаесетина години го врати тркалото на развојот наназад. Кога тркалото на развојот е застаната сеуште има надеж. Ќе се направат напори и тоа ќе се помрдне кон напред. Но кога тркалото е завртено во обратна насока, кога се врти наназад тогаш состојбата е очајна. „Млаз“ и Богданци се најдоа во таква состојба. Сите општини што ги набројав, која повеќе која помалку се во прогрес. Само Богданци е во регрес. Зошто како првоодговорно го посочив општинското раководство. Не говоранм за општинските служби. Тие се раководени од повисоко ниво. Говорам за тие нивоа.За градоначалниците и членовите на Советот на Општина Богданци. Веќе спомнав дека на локалната власт и беше дадена можност самата да поведе сметка за економскиот развој на општината. Општините се дефинираа во 1996 година. Уште тогаш, во мандатот на првиот градоначалник се направи обид да се формираат две индустриски зони во рамките на Урбанистичкиот план на Богданци. Колку што ми е познато едната требаше да се лоцира покрај Луда Мара каде што сега се протега обиколниот пат. Некои објекти веќе има подигнато таму. Втората требаше да се прави на потегот од Каменот до Дубравата покрај патот за Дојран. На тој потег нешто почна да се нивелира. Нешто се случи и работите престанаа. Од тогаш, еве веќе толку години, не се зборува за тоа.. Советот на општината во рамките на своите надлежности носи план и програма за локален економски развој. Претпоставувам дека периодично се прават и анализи за сработеното на тој план. Јас досега не можам да видам никаков план или стратегија врз основа на кои би се насочувал овдешниов економски развој. Би сакал некој да ме увери дека не сум во право.Навистина би сакал. Кога ќе дојде време за локални избори во Богданци почнува една беспоштедна внатрепартиска борба за влегување на кандидатските листи за градоначалник или за членови на општинскиот совет. Зошто? Затоа што градоначалничкото место носи позиција, а за советничкото место следува некаков надоместок. Дали предложените кандидати имаат претстава што е тоа економски развој и како се доаѓа до него-не е битно. Битно е да се добие мандат. Нека членовите на досегашните состави на Советот на Општина Богданци се запрашат дали се чувствуваат одговорни Продолжува на стр. 3


ПОГЛЕД Септември 2012 

Продолжение од стр. 2 што Богданци се соочува со бела чума. Дека не остана млад човек во Богданци. Секој што може да отиде некаде оди и не се завртува повеќе кон Богданци. Дали тие некогашни советници кои во еден момент биле во можност да одлучуваат за многу нешта во Богданци, па и за неговата иднина, чувствуваат грижа на совеста што не направиле ништо за Богданци. Во Советот на Општината не се влегува само за да се биде во него. Секој член на Советот има обврска кон граѓаните што го избрале. Исто и за градоначалниците. Советниците имаат одговорност за одлуките што ги носат, но имаат одговорност и за тоа дали тие одлуки се извршуваат. Телата што носат одлуки се должни да бараат и да добијат повратни информации за тоа дали нивните одлуки се спроведуваат. Шеснаесет години во Богданци не се донеле одлука во интерес на економскиот развој или, ако се донела таква одлука, таа не била спроведена. Таквиот однос кон работите не е во интерес на граѓаните. Затоа Богданци старее. Остана без млади кои, притеснети од безнадежноста со која е зафатено Богданци заминуваат од него.Сите досегашни градоначалници и најголем број од советниците се членови на политички партии. Раководните тела на политичките партии ги седнала ли некогаш нивните претставници во раководните тела на Општината за да побара од нив отчет за нивната работа. Гледам дека во седиштата на политичките партии во Богданци честопати се одржуваат некакви состаноци. Се работи ли нешто на тие состаноци или само така ги светат ламбите. На Богданци не му се потребни политички структури што се активни само пред избори. Видовме што се случуваше овие шеснаесет години во околните општини. Во Богданци не се случуваше ништо. И ако нешто се случило тоа не е резултат на некоја општинска политика. Во првиот мандат се избра градоначалник и советници. По што го паметиме нивното владеење? Во Вториот исто. Третиот мандат по ништо не се разликуваше од првите два. Сега тече четвртиот мандат. По што ќе ги паметиме луѓето што парадираа во локалната политика во овие шеснаесет години.По ништо. Само така ги шетаа чалмите.Ништо не видовме на мегдан. За што ќе им бидат благодарни нивните деца кои не наоѓајќи ниту една причина да останат тука бараат начини како да побегнат од овде. На локалните раководства никој не им кажува како да го планираат и да го менаџираат локалниот економски развој. Одговорноста за тоа е на на нив самите. Овие четири мандати во Богданци главно на власт се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. По два градоначалнички мандати истерани од еден човек СДСМ и по трепат го кандидира истиот човек. Се прашувам врз основа на кои постигнати резултати се одлучија на таков чекор. Во тој трет мандат не се знаеше кој што работи. Почна еден градоначалник, па го сменија по сила на закон. Дојде друг како вршител на должноста. Во советот се менуваа претседатели, членови. ВМРО-ДПМНЕ како да не извлече никаква поука од искуството на СДСМ. Ниту едните ниту другите направиле анализа за придонесот на нивните претставници. Јас главната вина за состојбата на Богданци ја наоѓам кај советниците што овие четири мандати учествуваа во работата на Советот на Општината. Градоначалниците се главните играчи во локалната самоуправа, но тие ништо не смеат да направат без благослов на Советот. Таква е законската рамка. Во Советот членуваат разни профили луѓе. Ги има и образовани и помалку образовани. Имало и стручнаци по одредени области. Има луѓе кои по повеќе мандати се членови на Советот. Има некои кои се цело време членови на Советот. Се запрашале ли тие луѓе како Богданци ќе оди понатаму без Урбанистички план во кој ќе има предвидено и егзистенција на индустриски зони.Се запрашале ли која е смислата на нивното членување во органот кој носи значани одлуки, ако такви одлуки не се носат или, ако



се донесат, не се спроведуваат. Во четвртиот мандат, овој актуелниов, не сум слушнал да се прават заложби за изнаоѓање решенија за поттикнување на економскиот развој. Го слушам сегашниов градоначалник само се плаче дека претходниот му оставил само долгови. Ако поранешните градоначалници создале услови за економски развој на општината сега таа ќе имаше побогат буџет. Од што ќе се полни општинскиот буџет ако немаме стопанство. И нормално е актуелниот градоначалник да има проблеми со наоѓање средства за менаџирање на Општината кога тие пред него не биле загрижени за економскиот развој. Но тој пред да биде кандидиран знаеше дека општинската каса е празна и Општината е обременета со долгови. Го знаеше тоа и се нафати да биде градоначалник. Но јас овде би поставил едно друго прашање. Што ќе му остави тој во наследство на тој шпто ќе дојде по него? Се ближат локални избори, нели? Дали ќе му остави полна каса или нови долгови? Или и следните четири години ќе слушаме некој друг како се плаче дека овој не му оставил ништо. Јас во кажувањето сум директен. Само така можат да се детектираат проблемите, да се укаже на нив и да се преземат вистински чекори за нивно надминување. Мислам дека оваа мое кажување е точно. Ако некој мисли дека не сум во право подготвен сум да дебатирам за тоа. Ќе изнесам еден пример: Мојата фирма произведува сообраќајни

Македонија и Југославија. Беше фирма што имаше стратегија за развој. Темелот на фирмата беше транспортот. Тогашното раководство вишокот на средства добиени од транспортот ги вложи во индустриски капацитети. Се направи фабриката за приколки со околу 350360 вработени.Се направи фабриката за пружини со околу 80 вработени. Се направи „Бандаг“ со околу 3040 вработени. Во гаражата имаше машинско одделение што исто така е производство. Надвор од транспортот во „Млаз“ околу 500 луѓе беа вработени во производството.Тоа подразбираше концентрација на една завидна бројка високо стручни кадри.Тој момент имаше едно друго значење за Богданци.Од тие 500 вработени за таа деценија и половина работење се создаде првата генерација индустриски работници. Во поголемите македонски градови првата генерација индустриски работни се создаде во шеесеттите години. Во Богданци тоа се случи во осумдесеттите. За тие што не знаат ќе појаснам. Првата генерација ја сочинуваат татковците. Во втората се синовите, а во третата внуците. Знаењето, искуството, мајсторлукот се пренесува од генерација на генерација. Врз таа основа се раѓаат и семејните бизниси. Континуитетот на индустрискиот развој во западните земји обезбедил таму да егзистираат седмата и осмата генерација индустриски работници. Во Македонија е во сила втората и третата генерација, во Германија осмата. Во Словенија е во сила петтата генерација. Индустрискиот развој не

тие пазари. Сега, прекопирана, со друг заштитен знак таа приколка ја произведува една чешка фирма. Тие можеле, ние не сме можеле, а приколката тука се измисли. Фабриката за пружини извезуваше пружини во Грција и во Иран. Беше договорен извоз и во Јордан. Значи дека основата беше поставена. Беше потребна само надградба. Навистина „Млаз“ е приватна фирма која е одговорна за самата себе, ама „Млаз“ беше столбот врз кој се потпираше Богданци. Од тој агол гледано на работите „Млаз“ не смееше да ја има слободата да прави што сака. Се прашувам дали општинските раководства на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ воопшто некогаш расправале за „Млаз“. Каде беа ти луѓе сето ова време додека „Млаз“ пропаѓаше и дали направиле било каква анализа што ќе стане со Богданци ако „Млаз“пропадне? Од кога знам во „Млаз“ само

знаци. Многу градови во Македонија снабдувам со сообраќајни знаци. Во Гевгелија има 400 сообраќајни знаци. Единствениот град во Македонија што нема сообраќајни знаци е Богданци. Сето тоа во интересен контекст: во средното училиште има паралелка од сообраќајна струка, а во Богданци нема ниту еден сообраќаен знак. Ова како показател дека работите се полоши отколку што изгледаат. Партиите треба да бидат свесни дека луѓето што ги кандидираат за функции треба да бидат одговорни и да се соочат со тежината на одговорноста. Да ја видиме изборната програма со која актуелниот градоначалник се кандидираше за функцијата. Јас знам дека треба да се чисти населбата, да се асфалтира некоја улица, да се фасадира некоја зграда, да се постави некое знаме... Се тоа е убаво. Не велам дека не треба да се прави тоа, ама се е тоа безначајно. Основа на развојот е стопанството.Треба да се стимулира развојот на стопанството. Развиентото стопанство ќе го поткрене и економскиот развој. Ништо не е направено за поттик на стопанството. Дури не е ниту планирано да се направи нешто. Планирањето и носењето на стратегија за развој на стопанството во основа е надлежност на општината. Затоа одговорноста на општината ја ставив на прво место. На второ место е „Млаз“. Таа е приватна фирма и никој не може да и се меша во нејзината работа, но можеме да извлекуваме претпоставки. „Млаз“ беше бренд во

е само во градењето фабрики. Треба да се има и обучена работна сила. Стручнаците се градат со едукација и обука. Раководството на „Млаз“ во последните петнаесетина години ги затвори индустриските капацитети и ја уништи првата генерација индустриски работници. Да не беше така сега во сила ќе беше втората генерација, а за десетина години и третата. Непроценлива е штетата направена со прекинување на синџирот за надградба на индустриските работници во „Млаз“ кои беа ориентирани кон металната индустрија. Да се обезбедеше индустриска зона и да не се прекинеше синџирот на градење индустриски работници во „Млаз“, сега во Богданци ќе имаше десетина погони од областа на металната индустрија. Сега таа е пропадната работа. Допрва треба да се гради прва генерација индустриски работници што ќе и се спротивстави на петтата генерација во Словенија или на осмата во Германија. Нема теорија. Дури за третата може да се каже дека го има совладана занаетот. Македонија е мала земја со многу мал пазар. Производството во Македонија треба да биде извозно ориентирано. Во свое време фабриката за приколки се проби и на австрискиот и на германскиот пазар. Внимавајте: им продававме техника на Германците. Тракторска приколка конструирана и произведена во „Млаз“ одлично поминуваше на

се бројат акции. Борбата цело време се водеше за акции и за власта во „Млаз“. Арно ама индустријата на „Млаз“ пропадна. Пропадна и транспортот. Што остана? Ништо. Безвредни акции и апсурдна власт. Да имаше во општината индустриска зона сега таму ќе имаше десетина стопански објекти од металопреработувачката индустрија отворени од луѓето што произлегоа од „Млаз“. Ќе имаше погони и од преработувачката и конзервната прехранбена индустрија како што има во Гевгелија.Зошто? Затоа што Богданци има поразвиено земјоделство од Гевгелија. Сировините ќе беа тука. На тој начин ќе се поткренеше и земјоделската дејност. Покрај нив ќе се поттикнеше развој и на придружните дејности. Ако има неколку транспортини фирми ќе има некој кој ќе шие церади, некој кој ќе протектира гуми, ќе има механичари... Значи, да беше како што треба сега во Богданци ќе имаше 30 до 35 фирми. Сите тие ќе ангажираа работна рака, ќе создаваа доход од кој ќе се подигнеше стандардот на граѓаните и ќе се полнеше општинската каса. Поранешниот градоначалник фрли во ветар дванаесет години. И последниве четири години се потрошија џабе. И да не се знаеше како треба, можеше да се оди до Гевгелија и да се види како се работи. Да се праша Заев како успева да ја развива Струмица. Тие се готови рецепти за успех. Само требаше да се имитираат. Богданци нема иднина

затоа што во Богданци е уништен претприемачкиот дух. За овие шеснаесет години луѓето паднаа во очај. Прекинат е синџирот на развој. Ги губиме младите образовани луѓе. Поради неинвентивноста на луѓето кои во овие четири мандати ја практикуваа власта во Богданци овде веќе нема оптимизам. И што е исто така алармантно, нема кој да лобира за Богданци кај централната власт. За овие шеснаесет години ги загубивме старите пријатели, а не стекнавме нови. Нема кој да се заложи за Богданци на повисоките нивоа. Со лаги и ниски побуди се испокаравме со сите. Некои знаат да кажат дека немало да биде така да била Богородица со нас. Да се разбереме. Со Богородица на Богданци му е направена една голема неправда. Правевме некои претпоставки. Ајде да направиме една претпоставка и за тој случај. Како што се движеа работите и како што можат да се сумираат резултатите од работата на општинските раководства во однос на тоа што и како направија во општината во изминатите шеснаесет години се сомневам дека и со Богородица ќе направевме нешто. На местото каде што се казината и хотелите беше пустелија каде што богорчани си ги чуваа копите со сено и слама. Да беше Богородица со нас на тие места уште ќе се редеа копи. Ние не успеавме да го урбанизираме Богданци, а не да ги урбанизираме богорочките ридови. И оваа е вистина. Сурова вистина што боли, ама е вистина. Да разгледаме уште една ситуација. Но оваа не е хипотетичка. Оваа е многу реална ситуација. Во 2007 година тројца средношколци матурираат. Се запишуваат на факултет. Едниот е од Гевгелија, другиот е од Валандово третиот е од Богданци. Годинава завршуваат. Тој од Гевгелија се враќа дома со дипломата и ќе почне да бара работа по гевгелиаските фирми. Тој од Валандово со дипломата ќе се обиде да се вработи во новоотворените погони. Тој од Богданци ќе си дојде дома и што да прави со дипломата? Каде да побара работа? Ќе се сврти и ќе си замине некаде на друго место да побара егзистенција. Ја зедов како пример временската рамка 2007-2012 година. Но и пред тоа има временски рамки. И потоа ќе има рамки. И не зборуваме за едно дете. Зборуваме за цели генерации. Колку рамки толку генерации. Ги губиме младите образовани луѓе. Тие нема да се согласат, безработни, да ги мераат богданските улици. Ќе си заминат. А зошто? Затоа што не сме биле одговорни да создадеме амбиент кој ќе им овозможи да останат овде. Е тоа сакав да го кажам. Таа е пораката што сакав да ја испратам. Некој, како што веќе реков, нема да се согласи со ова мое мислење, ама спремен сум да го бранам. Состојбите со кои се соочуваме одат во прилог на моите тврдења.“ „Поглед“: – Велите дека сте подготвен да го браните оваа ваше мислење. Но вие само ги констатирате состојбите. Имате ли решение за состојбите/ Г-дин Ванов: - Имам. Ако сте заинтересирани можам да ви ги изнесам и решенијата. „Поглед“: - Заинтересирани сме.


ПОГЛЕД Септември, 2012



Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов

1. Урбанизацијата за Паљурци се правеше за катастарска парцела во местото викано „Побрешко“ иако локацијата е во Болован.. Побрегово во турско било село во близина на Стојаково. Болован никогаш не бил во стојачко. Некој направил грешка која, неисправена од никој, се одомаќинува. Во мапа-приказот на Богданци сиот простор кој богданчани го знаат како Камилата, Козарник, Пејкукла, Тодор Чука, Брдиндол, Медурци, Чурчуљумот е запишан како „Горно Село“. Во Богданци со „Горно Село“ се именува просторот од Страната до Краварникот.Просторот за кој станува збор не е на тој потег. Некој направил грешка која никој не се загрижува да ја исправи Во разни службени документи направени во Општина Богданци за потребите на Општина Богданци, пишува дека територијата на Општината „е сместена во источни��т дел на Гевгелиско-валандовската котлина“. Оваа и не би можело да се нарече грешка. Ова е класично пукање

Градирањето на бељите

во ногата. Море како во ногата! Ова е пукање во слепоочницта. Дури, нека ми биде дозволено, би рекол дека ова е пукање во тилот на Богданци. Некој си игра мајтап со гордоста на богданчани и за тоа никој мува не го лази. Штотуку се урбанизираше просторот каде што кај Џочкова кривина, обиколниот пат се одвојува од регионалниот пат. Некои богданчани тој простор го именуваат како Катијци. Никој не го именува Катница како што е запишано во службените документи од постапката. Некој направил грешка која, заедно со другите слични грешки од оваа природа, нашата топонимија ја правиме бркни - искари и за тоа никој гајле си нема. Со нашето наследство си играме лејка во вир. Аман бре луѓе! Уште Латините рекле дека nomen est omen. Ако името е знак тогаш да се погрижиме знаците да го означуваат тоа што треба да го означуваат. 2. Сем Вакнин, главниот и одговорен уредник на ”GLOBAL POLITICIEN“ постојано кажува дека политичарите се корумпирани затоа што и гласачите се такви бидејќи имаат очекувања. Што очекуваат? Гласачите во овој наш дел од пеколот од својот кандидат-политичар очекуваат само една единствена работа: тие или некој нивен да биде вработен. Комунални проблеми-јок. Проблеми од областа на урбанизмот-јок. Од

школството, од здравството, од... море јок. Кој го интересира тоа кога нивното вработување е во прашање? Гласачите од кандидатот на кого му ја дале својата поддршка очекуваат само едно: Да бидат вработени заедно со своја неписменост. И за да нема недоразбирање ќе нагласам дека при ова не се мисли на неученост или на бездипломност. Не. Се мисли на ученост и дипломност кои не се употребливи. Тоа секогаш се преведува како неписменост. И за бељата да не биде сама со неписменост секогаш оди и неинвентивноста. Тоа е веќе комплет. Значи корумпираните гласачи од корумпираните политичари очекуваат да бидат пикнати некаде за да го вадат парчето леб. А што даваат тие за возврат? Па, гласот. Малку ли е? 3. За Турците велат дека не се костен-души што се однесува до секојдневната живеачка и предизвиците што таа ги носи.. Тие дури имаат и правило за однесување кога бељите од живеачката се во прашање. Правилото е едноставно и гласи вака: Бир беља, јок беља. Ики беља, тамам беља. Јуч беља, фазла беља. Правилото е сосема разбирливо, ако се знае дека бир е една, ики е две, а јуч е три. Правилото е применливо за нашите разбирања на нештата бидејќи од 1371 до 1912 година сите ние од овде, топтан, сме биле на

ориентална едукација. 4. Богданци има соработка со Калиновац. Калиновац е во Подравина, Хрватска. Еднаш калиновчани се пофалија дека околу Драва има толку срни што од нив земјоделците понекогаш ги боли глава. Срните како дивеч во тој крај биле на списокот на штетен дивеч. Тие дури изразија желба на „Баџо“, односно на „Погана“, неговата подружница за лов, траперство и други дејности, да и подарат срни. И тоа е еден вид соработка меѓу двете Општини. Соработката обично ја разбираме како одење-идење за панагири и прослави. Нека е и така, ама еднаш во делегацијата која ќе патува за Калиновац нека се најде место и за некој од „Погана“. Тие ќе најдат начин да договорат соработка со калиновачките колеги. 5. Понекогаш на човека му доаѓа да си гризне од местата до кои обично не може да досегне. Присуствував на разговор во кој едно момче, аџамија и по возраста и по муабетот што го правеше, му објаснува на еден друг кој покрај другото се занимава и со земјоделие, дека тие, демек неговото семејство со татко му, партиски активист, на чело, зеле пет хектари под концесија. На прашањето што ќе прават со толку земја момчето како од пушка одговори дека ако земат по една илјадарка субвенција по декар тие се

педесет илјадарки. И додаде: Кој ти ги дава? Ха-ха-ха. Овој другиот не рече ништо. Не реков ни јас. Иако ја имав мислата во глава. Ја имам и сега: А од каде ќе се земаат тие педесет илјадарки за да му се дадат на концесионеротесапчија? Ха-ха-ха. 6. На осмата точка од Четириесет и осмата саедница на Советот на Општина Богданци одржана на 6 јуни советниците расправаа задвегодишното доцнење на исплатата на нивните паушали. Поточно, не расправаа туку ја ислушаа благодарноста за трпението и за разбирањето што го имале досега во врска со паушалите и добија ветување дека за два-три месеци, ако треба и по цена на забавување на реализацијата на некои проекти, ќе ги добијат неисплатените паушали. Точно два месеци потоа, на точката за советнички прашања од Педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци што се одржа на 7 август советникот Ристо Шабанов потсети дека поминале двата месеци луфта што била дадена за исплаќањето на паушалите на советниците и праша што се случи со ветувањето. Одговорот беше дека тоа ќе се случи до крајот на летото. Сега, по истекот на првиот есенски месец, еден господ знае до каде е работата со паушалите. Според природата на работите и советниците би требало да знаат.

“ М Л А З ”

Продолжение од стр. 1

во „Млаз“. Тој факт ги усложнува работите. Тоа што „Млаз“ е акционерско друштво е една работа, а тоа што нервозата од предворјето на „Млаз“ се пресели во внатрешноста на Богданци е друга работа, но многу поважна од првата. Пред педесет и четири години полуписмените учесници во случајот „Млаз“знаеле да ги стокмат работите за неколку недели. Високоучените стручнаци распоредени низ институциите на денешниот систем со месеци не се во состојба да му стават точка на случајот. Кому му е тоа во интерес? На Богданци и на државата, секако не. Според Плутарх, на античкиот атински херој Тезеј му успеало да излезе од замрсените ходници на критскиот дворец Лавиринт што во тие митски времиња се сметала за невозможна мисија. Но Тезеј, и покрај својата докажани смелост и херојско јунаштво, не бил сам во мисијата. Клопчето конец што му го подала Аријадна му помогнало да го најде излезот од лавиринтот. Хрватите системите ги

нарекуваат –сустави. На македонски тоа би се превело како состави. Значи системот или системите се состав составен од нешто. Има ли во составот кој одлучува некоја Аријадна да подаде клопче кое

ќе може да го „размота“ случајот „Млаз“. Од страна гледано, излегува дека или нема таков заинтересиран субјект, или ги има повеќе аријадни со разни намери или, пак, „клопчињата“ подадени како решенија наместо два

краја имаа безброј краеви, па не се знае кој крај треба да се фати. Како и да е „Поглед“во јуни напиша дека на Богданци му претстои долго топло лето во кое новиот и стариот Управен одбор на „Млаз“ АД-Богданци ќе си ја

испробуваат силата. Но летото помина. Помина голем дел и од есента. Доаѓа зимата. Ќе се чекаат ли новите избори за да се поентира со „Млаз“?


ПОГЛЕД Септември 2012 



Биста на Иван Т.Кал’чев На Четириесет и третата седница на Советот на Општина Богданци се донесе Одлука на Иван Т.Кал’чев во Богданци да му се подигне спомен обележје во вид на биста. Во одлуката стоеше дека средствата за бистата ќе ги обезбеди семејството Кал’чеви, а бистата ќе ја изработи неговиот син Данчо Кал’чев. Рокот за подигање на спомен обележјето беше определено на една година од донесувањето на Одлуката, а постапката да ја спроведе одбор во состав на Митко Чакалов, претседател на Општинското здружение на Борците од НОБ, Мито Манолев, член на Советот на Општина Богданци и Митко Попов од општинската администрација. Во пресрет на 10-ти Октомрви денот што се обележува како Ден на ослободувањето на Богданци бистата беше поставена во паркчето меѓу двете општински згради. Иван Т.Кал’чев е роден на 15 ноември во 1921 година. Останувајќи без татко на детски години тој растел на крилјата на романтичарскиот занес чии корени можат да се бараат во две семејни кажувања: Едното е за дедо му Митар кој некогаш, кога Турците со неограничени права владееле со овие простори, од семејната свадбена свеченост ги избркал Турците присутни на свадбата што се однесувале недостоинствено велејќи им дека како гости се добродејдени, но начинот на кој се однесуваат е неприфатлив и треба да си одат при што овие си отишле, а дедото Митар влегол во легендите како вистински

На 1 септември непосредно пред почетокот на учебнта 20122013 година Општинското средно училиште „Богданци“ приреди интерсна културна дешавка. Во нивната спортска сала која веќе ја имаат препознаено и како универзална сала, тие организираа поетско-музичка вечер со која потврдија дека се етаблираа на местото што, во вакви мали средини како нашата, но и по природата на нештата, им припаѓа. Со драмолетката изведена онаа вечер посветена на борбата против дрогата покажаа дека можат. Со легендарната академија за патронатот покажаа дека знаат. Со оваа поетско-музичката вечер покажаа дека сакаат. Кога се сака се знае и се може. Од некои причини директорката Евгенија Ќука, во воведното обраќање најави дека вечерта е привилегија и чест да се затвори годинешното „Богданско културно лето“. Истото се кажа и на концертот на КУД„Бранд Петрушев“, но сеедно, тоа нема врска со приказната. Приказната од саботната вечер на 1 септември започна со воведот на директорката која објасни дека се почнало од идејата на професорите Соња Србова и Благој Караколев по што следувале денови на посветеност и тимска работа чии елементи професорката Верица Ризовска ги споила во производот што ни беше понуден. Беше објаснето дека за музичкиот бекграунд на поетските творби „вината ја сноси“ професорот Наско Петрушев, а другиот музички

патријарх кој знае да се грижи за работите во семејството. Другото кажување, потврдено и во народното песнопојство за комитите од кои „најнапред ми врвеше тој ми Дељо Кал’чев“ е за војводата Дељо Кал’чев чиј револвер, на Иван Т.Кал’чев, кога, останувајќи без татко, на неговите детски плеќи паднала одговорноста на машката грижа за семејството, му бил даден на дар од баба му. Одлучноста на дедо му Митар и херојската пожртуваност на Дељо Кал’чев го хранеле темпериментот на младиот Иван.Т. Кал’чев. Понатаму се е во матрицата на разбирливото. Роден во вителот на немаштијата и на два-тринаест години соочен со тежината на животот, прво, при обавувањето на тешките машки земјоделски работи дома, а потоа и во суровоста на надничарењето тој бил принуден предвреме да зацврстува и телесно и духовно. Подоцна,како возрасен, кога ги определуваше ситуациите кај него немаше отстапување. Работите за него беа такви какви што беа. Кога сакаше да каже нешто, кажуваше. Не знаеше да ги заобиколува работите. Темелноста во пристапувањето кон работите му беше карактерна црта. Во народно-ослободителното и антифашистичко движење се вклучува уште со навлегување на идејата за тоа на овие простори. Во партизани излегува во април 1943 година. Прво е во одредот „Сава Михаилов“, потоа во баталјонот „Страшо Пинџур“ каде е знаменосец и заменик комесар на чета. Еден негов соборец има изјавено: „Иван

беше дисциплиниран и храбар партизан. Стегнат, средно висок, русокос со сини очи. Отпорен и со пријатна природа. Заради неговата појава, партизаните го викаа Васин Рускиот.“ Васин е конспиративното име на Иван Т. Кал’чев. По војната го организира Народниот фронт во Богданци, член е на Околискиот комитет во Гевгелија, секретар на Општинскиот комитет во Валандово, член на Окружниот комитет во Струмица и член на Окружниот комитет во Велес. Работи во Расадникот во Гевгелија и во Водната заедница. За време на партизанскиот период е примен за член на Комунистичката партија, но од неа излегува во 1947 година. По сила на законот е пензионирам во 1966 година. Поматаму продолжува да се бави со земјоделие. Осамостојувањето на Македонија го прими со радост затоа што тоа го сметаше за достигнување на целта кон која, пред педесетина години тој и неговите современици се упатиле продолжувајќи да го сонуваат сонот на илинденците. Почина на 15 јануари 2001 година, во вториот месец на осумдесетта година од животот. Треба да се следи неговиот вредносен систем. Тој луѓето ги делеше во две категории: луѓе и нелуѓе. Неизмерна беше неговата почит кон луѓето и, според природата на нештата, сите луѓе ги сметаше за еднакви. Кај нив безрезервно ја почитуваше димензијата што ги правеше луѓе. Но ништо не можеше

да го спречи, во определувањето однос кон нив, во нивниот карактер и однесување, да ја жигоса димензијата што, по негово мислење, ги правеше нелуѓе. Нелуѓето не ги поднесуваше органски. Тој дел од неговата препознатливост придонесе да биде длабоко почитуван од сите што имаа прилика да го запознаат одблизу. Еден негов врсник знаеше

своите песни „Мисли од умот“ и Желание“, а Наталија Данилова ја изнесе „Не сакам да знам“. „Зборови“ од Соња Србова ја рецитираше Цеца Србова, а „Да те прашам“ авторката Зорица Тентова. Богомил Марков ја кажауваше својата „Слено во тишината“. Со гитарска придружба на Данче Папучиева Марија Ичкова ја испеа „Скитник“, на Јаков Дренковски. Песната „Ненасловена“ од Верица Ризовска ја изрецитира Виолета Камбова, а Лазар Тренчовски својата „Мојот сон“. Потоа салата потона во своевиден молк бидејќи Елена Стамкова ја изнесуваше песната „Во пресрет на новиот ден“ напишана од Верица Ванова, кој пред две години почина во својата шеснаесетта година. Вечерта продолжи со инструменталната „Ангелина“ која на гитара ја изведе Данче Папучиева. Следуваа „Јас и Ти“ од Евгенија Ќука во интерпретација на Рајна Васиќ, „Девојка“ во интерпретација на авторката Фросина Џиџева и „Мајка“ од Василка Ќортошева што ја кажуваше Марија Ташурова. Официјалнно, според програмата, вечерта заврши со стариот хит „Куќа на изгревот на сонцето“ од „Анималси“ која ја испеа Љупчо Шутаров придружуван од гитарата на Данче Папучиева. Кога сите учесници се качија на сцената за да ја поздрават публиката, Ристо Лазаров кој на синтисајзер им даваше клавирска поддршка на инструменталистите и пејачите ја замоли директорката Евгенија Ќука да се качи на сцената за сите заедно да испеат една песна. Директорка се

одговори на молбата и посака повторно да се свири „Скитник“ затоа што таа и била омилена песна. Потоа сите во салата ракоплескаа во тактот на „Скитник“, а директорката одлично ја испеа придружувана од Марија Ичкова и Наталија Данаилова. Така заврши вечерта наменета на вистинитоста на љубовта давајќи и смисла на песната на „Анималсите“ со која заврши програмскиот дел. Во песната има стих кој во препев гласи: „ ... се, се е лага, само љубовта е вистина, знај...“. Овој приказ нема до биде целосен ако не се каже дека во

да каже: „Кал’чот можеш да го сакаш и да не го сакаш, ама мораш да го почитуваш.“ Таков беше. Беше икона на својата генерација. Неговата биста нека не потсетува дека сосема човечки е да се биде и да се остане човек. Врз основа на тој факт ќе се определува и нашето место во колективната меморија.

Ноќ без интерпункција дел го подготвил професорот Ристо Лазаров. Благодарност им беше упатена на режисерот Кире Ѓоргиев од Струмица кој им помогнал околу техниката и на техничкиот персонал на училиштето. Најголемата благодарност им беше упатена на учениците што учествуваа во програмата. -Не сме совршени, рече директорката Евгенија Ќука, но се стремиме кон совршенство. Не сме безгрешни, но знаеме да ги износиме нашите слабости. Не сме незаменливи, но тие сме кои сме, а љубовта е таа која што не одржува.“ Таа вечер се рецитираа стихови напишани од ученици и професори од училиштето. Беа испеани и неколку популарни песни. Присутните ја напуштија спортската сала релаксирани, со позитивен предзнак пред нивното расположение и исполнетост каква што само поезијата и музиката можат да предизвикаат. Прв настапи Мартин Крлески рецетирајќи ја песната „Насловна“ од Наско Петрушев.Потоа Драган Сапламаев ја кажуваше „Таков е животот“ од Дарко Јефтимов, а Павлинка Карајанова „Сонот на душата “ од Љубица Такашманова. Својата „Молба за причината“ ја рецитираше авторката Кристина Радевска по што Викторија Ѓорѓевиќ ја испеа руската популарна песна „Подмосковскаја вечерја“ придружувана од Марио Ќука на виолина и Данче Папучиева на гитара. Вечарта продолжи со Иван Апостолов кој ја рецитираше „Забележав“ од Благој Караколев. Авторите Атанас Аврамов, Верица Пеева ги кажуваа

Богданци време е веќе и публиката да се издигне на височината на која се подигнаа артистите од Гимназијата. Публиката секогаш треба да чека артистот да го заврши својот настап, а не со аплауз да му се влегува во точката и да му се разбие концепцијата која ја вежбал. Лазе Тренчевски мораше да направи пауза и да си ја подгризнува усната чекајќи ние да го смиривме нашето одушевување од неговиот настап во кој грижливо го градираше набојот во интерпретирањето на својата авторска творба подготвувајќи се за финалето. Но ние удривме да плескаме во невреме. Песната беше негова, па не му беше тешко да остане во концепцијата. Ќе мора и ние да ги научиме правилата на однесување за работите да бидат комплетни.


ПОГЛЕД Септември, 2012



Ѓорги Пеев, Првенец на генерацијата 2008-2012 во СОУ „Богданци“

Наградата од градоначалникот

Лауреатот Ѓорги Пеев и неговата класна раководителка, професорката Соња Петкова

На почетокот на учебната 2012-2013 година во СОУ „Богданци“ беа доделени пофалници за постигнувањата на учениците во учебната 2011-2012 година, беа доделени наградите за Учениците на годината во учебнта 2011-2012 година и беше проглаен првенецот на генерацијата 2008-2012 година. Пофалниците беа доделени за учество и постигнати резултати во наставните и вон наставните активности во текот на образовниот процес, за постигнати резултати на училишни, регионални и државни натпреварувања и истакнување во определени прилики. Беа доделени многи пофалници што сведочеше за активноста на учениците. Наградите за Учениците на годината беа доделени на учениците кои во текот на учебната година постигнале одличен успех, биле редовни, се истакнувале во наставните и вон наставните активности и служеле за пример на другите ученици. За Ученик на годината на годината на прва година беше прогласен ученикот Атанас Аврамов. За Ученик на годината на втора година беше прогласен ученикот Кире Јованов. За Ученик на годината на трета година беше прогласена ученичката Марија Данаилова. За Ученик на го��ината на четврта година беше проглаен ученикот Ѓорги Пеев. Наградата за Првенец на генерацијата година се додели на ученикот кој во текот на сите четири наставни години постигнувал одличен успех, бил редовен, се истакнувал во наставните и вон наставните активности и служел за пример на другите ученици. За Првенец на генерацијата 2008-2012 година беше прогласен ученикот Ѓорги Пеев. Покрај документот за Првенец на генерацијата директорката Евгенија Ќука, во име на училиштето, му додели и содветна награда. Градоначалникот на општината, господинот Ристо Ичков на лауреатот му додели стипендија во износ од 5.000 денари месечно во текот на студирањето. -Среќен сум и горд сум што го добив оваа признание и што ја добив стипендијата која многу ќе ми помогне при моето натамошно школување. Многу сум им благодарен на моите наставници што придонесоа во моето досегашно школување, на моите професори, на мојата класна раководителка, но најмногу на директорката Евгенија Ќука и на градоначалникот Ристо Ичков за храбриот чекор што го направија во овие кризни времиња со доделувањето на стипендијата.На учениците од генерациите што доаѓаат по нашата генерација им порачувам оваа моја награда да им биде мотивација повеќе да учат и да се залагаат да станат првенци на генерацијата.-изјави Ѓорги Пеев по добивањето на признанието. Професорката Соња Србова, неговата класна раководителка, облеана со радост не ја криеше возбудата: „Најдоброто што може да му се случи на еден класен раководител е негов ученик да биде прогласен за Првенец на генерацијата. Ѓорги беше активен, трудољубив и одговорен ученик и оваа признание покрај за него е награда и за мене и за колегите што му предаваа во текот на школувањето. Секоја награда е мотивација и стимул за натамошни успеси.“ Ѓорги Пеев се запиша на Факултетот за електротехника и информатички технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Матодиј“ во Скопје на смерот за компјутерско-хардверско инженерство и електроника. Како шесторангиран на полагањето државна матура тој запиша студии без партиципација затоа што на првите десетрангирани тоа им следува како награда. Со тоа Ѓорги Пеев ќе биде стипендист и на факултетот. Градоначалникот Ристо Ичков, при обраќањето за време на доделувањето на стипендијата најави дека во оваа учебна година ќе се доделува стипендија во текот на студирањето и за најталентираниот ученик.

Ѓорги Пеев,Ученик на Четврта година

Атанас Аврамов,Ученик на Прва година

Кире Јованов,Ученик на Прва година

Марија Данаилова,ученичка на Трета година

Печатницата „Софија“ има потреба од работници на неопределено време за извршување на работни задачи: -На машини во печатарската дејност...............................................повеќе извршители; -На завршни работи во печатарската дејност................................повеќе извршителки. Огласот е отворен до задоволувањето на потребата од извршители. Кандидатите и кандидатките пријавите можат да ги остават на Одделението за прием

СООПШТЕНИЕ На 6 октомври 2012 година (сабота) ПРИЈАТЕЛИТЕ НА БОГДАНЦИ ќе одржат ТРИБИНА на тема Ѓорги Пеев,Ученик на Четврта година

„КАДЕ ОДИ ОПШТИНА БОГДАНЦИ?“

во печатницата на улица „Маршал Тито“ број 21 секој работен ден од 8 до 14 часот.

Трибината, со почеток во 18 часот, ќе се одржи

Со пријавите да се достават кратка биографија, адреса и телефон за контакт.

во кафеаната „ЧАВДАР“ во Богданци

Кандидатите и кандидатките што ќе ги исполнат условите ќе бидат повикани на

Координатор: Јосиф Џочков

разговор.

Присуството на трибината и учество во дискусиите се посакувани

Комерцијален оглас

Комерцијален оглас

Наградата од училиштето


ПОГЛЕД Септември 2012 



Демнењето на опсностите Една јулска полноќ ѕвонењето на дежурниот телефон на „Поглед“ одвај го надјачуваше ураганското завивање на збеснатиот ветер. Граѓаните од куќите околу Полицијата сакаа со слика да се регистрира огнот што го беше зафатил едно од боровите стебла во дворот на Полицијата и половината липово стебло отчекнато и струполено врз куќата на Прошеви. Борот го беа запалиле оголените жици од електромрежата што минуваа низ неговата крошна. Бурата ги виореше гранките на борот и ги нишаше жиците од електромрежата преплетувајќи ги во најразновидни преплети. Секој преплет беше пропратуван од молскавици предизвикани од спојот на жиците под напон и зелените грани. Огнот што го прлеше борот беше резултат на молскавиците. Граѓаните возбудени од страв, чекајќи ги надлежните да дојдат и да ја исклучат струјата, се обидуваа да направат нешто, ама можностите им беа ограничени. Електричната енергија е невидлива сила со која нема шега. По неколкуте трагични случаи со смртни последици предизвикани од разни допирање на електроводовите за кои јавуваа телевизиите, ЕВН на 17 август ги извести граѓаните на Македонија за мерките што треба да се преземат за да би се избегнале можните несреќи од струјни удари. Известувањето главно беше насочено

кон земјоделците. За струјата, како и огнот, се вели дека е добар слуга, но немилосрден господар. Кога нејзината разорна моќ ќе излезе од контрола последиците секогаш се трагични било да се работи за уништувања на материјални добра или за губење на човечки животи. Во Богданци последниве неколку години се направија значајни подобрувања на електромрежата. Сепак не може да се одбегне впечатокот дека низ градот има безброј места што можат да бидат причинители на немили настани. Постари, но и понови електроводови ги преплетуваат своите жици со крошните на дрвјата. Во времето кога дрвјата се облечени со лисје опасноста од овие преплетувања е голема. Во секој момент дрвјата можат да станат дел од електромрежата и опасноста од струен удар да ја приближат на дофат на граѓаните. Дрвјата се по улиците, по тротоарите, по дворовите... Кога струјата ќе потече низ гранките на дрвјата тие стануваат потенцијална опасност по животите на граѓаните, по безбедноста на куќите и по исправноста на домашните апарати што работат на струја. Зимно време опасноста е уште поголема. Во нашиве краишта ветерот е секојдневна појава. И снежните вејавици не се непозната појава. Дождовите се одлика на зимскиот период. Кога во такви

услови разнишаните жици од електроводовите ќе дојдат во допир со влажните граники од дрвјата последиците се опаснсот кој се заканува во секој момент. Граѓаните од приказната дадена на почетокот на текстот

имаа прилика да видат колку луѓето се беспомошни кога ќе се најдат соочени со непријатности предизвикани од струјата. Само по себе се подразбира дека треба да се преземе нешто за отстранување на ваквите опасностите

што демнат наоколу. Зафатите што треба да се преземаат во таа насока се големи и сложени, но последиците што можат да бидат предизвикани од нив можат да бидат непроценливи. Наводите во овој текст ќе се поткрепат со фото-прилози.

Заврши Главната сесија на Графичката работилница „СОФИЈА“ На 3 септември заврши Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ за 2012 година. Традиционално Главната сесија се затвора со завршна изложба на графиките изработени на Графичката работилница во текот на Главната сесија. Изработените дела се изложуваат во просториите на Печатницата „Софија“. Традиционално и годинешнава изложба беше масовно посетена од почитувачите на убавите уметности. Познатиот ликовен уметник, графичар и поранешен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје Костадин Танчев-Динка кој е претседател на Уметничкиот совет на Графичката работилница со пригоден говор ја затвори годинешнава графичка работилница. За значењето на ваквите работилници особено за значењето на Графичката работилница „СОФИЈА“ која е единствена на балканскиве простори зборуваше годинешниот ментор на Главната сесија, др Радован Јандриќ, професор и шеф на катедрата за графика на Ликовната академија во Нови Сад, Србија.

Тој не пропушти да истакне дека пријатно е изненаден од убавиот дочек, дека крајно е задоволен од условите за престој за кои рече дека ги смета за врвни и дека можностите за работа и техничките погодности со кои располага Графичката работилница се на високо ниво.Во кажувањето професорот Јандриќ додаде дека за време на престојот на Графичката работилница му било задоволство да работи со млади и надарени луѓе дојдени од разни академии во Европа. Тој ги пофали сопствениците на Печатницата „Софија“ што се нафатиле да го негуваат овој вид спонзорство каде што им се дава поддршка на класичните графички техники. Виктор Семенпеев, раководител на Графичката работилница на учесниците им подели Благодарници за учество во работата на Графичката работилница. Од името на учесниците на организатотот и на менторот имсе заблагодари Ѓељко Мутиќ. Годинава на Главната сесија учествуваа: Ален Буразеровиќ и Амир Катиќ од Академијата за ликовни уметности во Сараево, Босна

и Херцеговина; Слаѓана Милиќевиќ од Отсекот за ликовни уметности на Падагошкиот факултет во Мостар, Босна и Херцеговина; Иван Матеев и Никола Иванов од Националната ликовна академија во Софија, Бугарија; Далиа Финек и Марија Кнежиќ од Академијата за ликовни уметности во Загреб, Хрватска; Дорис Милешевиќ и Жељко Мутиќ од академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија; Димитар Мајнов и Милан Костадиновски од Факултетот за ликовни уметности од Скопје, Македонија. Во работата на Главната

сесија од Графичката работилница учествуваше и талентираниот Дамјан Ѓоргиевски, ученик во Средното училиште за применети уметности „Лазаар Личеновски“ во Скопје. Сите тие од 23 август до 3 септември престојуваа во Богданци. Сите со ред за „Поглед“ изјавија дека досега биле на разни ликовни колонии, но дека за прпат се на една графичка работилница, дека доаѓањето на учесниците од разни академии во околината е претставува можност секој од нив да дознае како работи по другите академии, да ја спореди таа работа со работата на својата

Менторот проф.д-р Радован Јандриќ

Некои од посетителите на изложбата се сликаа покрај графичките преси

Учесниците добија благодарници.......

академија и да извлекува заклучоци при тоа збогатувајќи го своето искуство со нови сознанија добиени од другарувањето со колегите и колешките. Без исклучок сите учесници сметаат дека на Графичката работилница во Богданци тие се надградиле себе си, дека научиле многу работи кои им биле непознати и дека се среќни што добиле шанса да бидат дел од оваа работилница за која веќе неколку години се зборува по уметничките кругови и ликовните академии во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и, секако, Македонија.

Виктор Семенпеев и Костадин Танчев-Динка доделуваат благодарници

....и пијалок за наздравување


ПОГЛЕД Септември, 2012



Парола на месецот

Измислен разговор меѓу Богданчо на Богдан Богдански со својот одраз во огледалото БББ:- Ха,ха,ха... О: - Што се смееш? БББ:- Те гледам и си мислам како си ист како мене, само наопаку. О: - И јас така те гледам. БББ:- Затоа и се смеам. Се зависи од гледиштето. Од стојната точка. Тогаш работите навидум се исти, ама дијаметрално спротивни. О: - Сакаш да кажеш дека нештата се исти и кога различно изгледаат? БББ: - Не. Не мислев така. О: - Тогаш сакаш да кажеш дека нештата се различни и кога изгледаат исто? БББ: - Не, бе. О: - Ќе мора да ми објасниш. БББ: - Нели кога гледаме во огледалото го гледаме нашиот одраз. О: - Да. БББ: -Нели гледаш дека д тоа што во реалноста е лево во одразот е десно и обратно? О: - Да. И мене така ми изгледа.. БББ: - Кога јас си го допирам носот со левата рака те гледам и ти како го правиш тоа само со десната. Мојот патец е на левата страна од главата, а твојот го гледам на десната. Тоа сакав да ти го кажам. Кога си на спротивна страна и работите ги гледаш спротивно од тоа што всушност се. О: - Разбрав.Ние сме како едно во две. Станавме Јас и Ти, а всушност си само Ти. БББ: -Или, станавме Ти и Јас, а всушност сум само Јас. О: - Да, да се работи за гледиште. Разбрав. БББ: - Да, ама ние разговараме. О: - Да, бе! Полемизираме. Расправаме. БББ: - Во дијалог сме со самите себе.

О: -Поточно, ти си во дијалог со самиот тебе.Оти јас не постојам. БББ:-Постоиш како не постоиш. Еве те пред мене. Стоиш во простор во кој стојам и јас. Имаш се што имам и јас. Исто си облечен како и јас. Се е исто, а различно. О: - Еј! Ми дојде идеја. Ти постоиш за да водиш измислени разговори. Ги прашуваш субјектите и си ги кажуваш одговорите заради кои ги поставуваш прашања. Така? БББ:-Така. О: - Сега ќе направиме вака: Кога веќе Јас сум Ти навистина ќе бидам ти и ќе ти поставувам прашања, а ти биди си Богданчо на Богдан Богдански и одговарај ми на прашањата. Може? БББ:- Може. Зошто да не може!? Ајде да го видеме и тоа. О: - Зошто токму Богданчо и токму на Богдан Богдански? БББ: -Нели весников се декларира како весник на Богданци? Што би било поприродно да сум Богданчо кога веќе треба да сум поврзан со Богданци. Оној Богдан во средината не е моја приказна. Богдан е лик од легендата за настанокот на Богданци. Демек Богдан бил бишкар таму некаде, му заталкало некое бише кое го наишол на ова место. Му се допаднало. Имало кајнаци, имало вода, немало никој, си ги собрал парталите и се населил овде. Потоа од него... ти текнува? Така настанало местово кое по него било наречено Богданци. Приказната до денешни дни дојде преку еден напис во„Цариградски новини“ од 1881 година во кој се дава опис на Богданци. Секој што е од Богданци нормално е да биде Богдански. И така се роди Богданчо на Богдан Богдански. О: - Кој тргна да поставува измислени прашања и да си кажува наменски одговори? БББ: -Токму така. Ликот за тоа и беше создаден. Да фингира,

Црни точки

да наместува состојби. Пиар, бе брат. Спин. Ти текнува. О: - Затоа еднаш беше речено дека „Поглед“ формира јавно мислење по негова мерка. БББ: - А, како весник, што треба да формира? Здружение на граѓани?! О: - Да, ама, во овој случај ... како да кажам... БББ: - Вршам влијание. О: -Така. Вршиш влијание. БББ: - „Опет криво“, што би рекле во Хрватска. Не ќе да е така. Јас не сум инка преку која се полнат садовите со тесни грла. Не сум ниту шило да дупчам отвори за поминување на иглата која треба да зашие. Јас сум само забава. Дворски шут кој треба да раскажува приказни кои развеселуваат, ама и приказни кои подигаат показалец. Кренат показалец може се „чита“ и како заканување и како покажување правец. Кој како ќе разбере. О: - Има ли некаков аир од сето тоа? БББ: -Кој би знаел. Се е релативно. Не сум сигурен дали од измислените разговори што ги води Богданчо на Богдан Богдански има некоја полза, ама штета гарант, нема. Што има лошо во тоа што низ „лесен“ разговор ќе се раскаже некоја приказна, ќе се „извлече“ некој лик од богданското минато или сегашност, понекогаш и ќе се „допре“ до некое актуелно прашање кое „влече“ кон лошо или, можеби, кон добро? Што зијан има од тоа? Јас така мислам и така се однесувам. Друго прашање е дали некој е погоден. За „погодувањето“ самите погодени си се виновни. Да не биле таму каде што се или некогаш биле, погодувањето не би ги закачило. Кога веќе биле таму за да ги закачи погодувањето што им треба да расчепкуваат. Расчепканите нешта, ако смрдат, смрдат уште повеќе. Нека си траат и потајум нека купуваат ак’л. О: -Значи така оди тоа? БББ: - Така, ами како.

Почни и трај. П р в о ќ е т и се с м е а т . Потоа ќе те игнорираат. П а ќ е се б о р а т п р о т и в т е б е . На крајот ќе победиш Махатма Ганди

Шега Шегава беше многу актуелна во времето на „комунизмот“. Секој си ја прилагодуваше на сопствените услови и за сопствените потреби. Велат дека шегата потекнува од

Бугарија. Бугарите си ја измислиле за свои потреби. „Поглед“ ја прилагоди шегата за овдешни услови.

ЖЕЛБА Во камп на Обединетите нации, за потребите од нивните татковини за лидери се обучуваат млади претставници од земјите членки на ОН. На интервјуто пред почетокот на обуката, учесниците одговаараат на прашања поставувани од соодветен стручен тим на организаторот. -Име? -Бенџамин Стјуарт. -Националност? -Американец. -Татко? -Американскиот сон.. -Мајка? - Соединетите Американски Држави. -Што би сакале да бидете во животот? -Брокер на Вол Стрит. -Слободен сте. Следниот. -Име?

- Евгениј Кинеткин. -Нациналност? -Русин. -Татко? -Слободарскиот дух на Русија. -Мајка? -Големата руска земја. -Што би сакале да бидете во животот? -Член на Бордот директори на „Гаспром“. -Слободен сте. Следниот. -Име? -Трпе Спасевски. -Нацоналност? -Македонец. -Татко? -Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. -Мајка? -ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. -Што би сакале да бидете во животот? -Сираче. -Слободен сте. Следниот

...............



Задолжителноста на градот

Востановен термин во сообраќајната терминологија е со „црна точка“ да се именува местото каде што често се случуваат незгоди. Случувањето на незгодите на таквите пунктови е условено од некаква непогодност или несоодветност. За да се внимава на таквите непогодности или несоодветности се користи сообраќајната сигнализација која е универзален јазик со кој се „зборува“ на сите светски сообраќајници. Улиците во урбаните средини се дел од сообраќајната инфраструктура. Опремувањето на улиците со сообраќајна сигнализација е сообраќајна култура. Истовремено, опремувањето е и задолжителност на тие што водат грижа за сообраќајната инфраструктура. Богданци е урбана средина. Шеснаесет години Богданци е и седиште на единица на локална самоупрева. Во меѓувреме Богданци се здоби со правото да се нарекува град. Сите овие „значки“ го обврзуваат Богданци да обрне сериозно внимание кон задолжителноста што треба да ја има кон опремувањето со сообраќајна сигнализација на својот дел од сообраќајната инфраструктура. За овие шеснаесет години кон овој дел од својата задолжителност Богданци не се осврна ниту „преку рамото“. Тоа што некои точки не се поцрнети од негрижата за нив е само

наклонетост на среќата. Во Богданци има установи каде што престојуваат деца и раздвиженоста на децата во околината на тие установи е и поголеме и полефтерна. Возачите треба да имаат информација за тоа, но немаат. Богданци има проблеми со паркирањето, не затоа што нема слободни места за паркирање, туку затоа што тие места не се определени и не се означени. За таа сметка пак со паркирани возила се затрупани местата кои не се наменети за тоа. Намерниците во Богда��ци имаат проблеми со ориентацијата во градот. Откако се направи обиколниот пат нормално е камионскиот сообраќај да биде насочен кон него за да не се преоптоварува главната улица по која минува регионалниот пат. Но не се ретки застоите во сообраќајот по главната улица во центарот на градот по која заталканите тешки товарни возила одвај успеваат да се пробијат низ теснецот меѓу паркираните возила по должината на улицата. Ваквите работи не терба да се присутни во градските средини. Ваквите работи се присутни во Богданци. Од каде му е тогаш на Богданци правото да се нарекува град.

ЗУПЛ

На улица “Изворски”

На улица “Атанас Бојков”

На улица “Маршал Тито”

Овие сообраќајни знаци се остаток од серијата знаци за заштита на децата поставени од Месната заедница во раните деведесети години на минатиот век

БОДИГ КОМПАНИ

НЕГОРСКИ БАЊИ

АД с. Негорци, Гевгелија

• Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk

На улица “Изворски”

тел.факс 034/ 211.924 213.903 www.interaplus.com.mk

изработка на алуминиски конструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk


Pogled Br. 42 Septemvri 2012