Issuu on Google+

БРОЈ 43, Октомври 2012

Број 60 Март 2014 Поглед од мојот агол

Глава наведната над ниско магаре PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Пишува: Илија Тумбов

Од 17.седница на Советот на Општина Богданци

Свежина на нашите бајатости “(...)На подрачјето на Општина Богданци има 3142 вработени. Има десетина текстилни фабрики,фабрика за приколки, фабрика за производство на лична хигиена...”

Уште еден ветерен парк во Богданци

Донесен Буџетот на Општина Богданци за 2014 год. стр. 3

стр.2

ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ Државната изборна комисија изборите за претседател на Република Македонија ги закажа за 13 април 2014 година.. Вториот круг на изборите за претседател е закажан за 27 април 2014 година. На 24 март почна изборната кампања. На избирачките ливчиња ќе има четворица кандидати. На реден број 1 ќе биде Ѓорги Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На реден број 2 ќе биде Илијаз Халими, кандидат на ДПА. На реден број 3 ќе биде Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ. На реден број 4 ќе биде Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ. Заедно со вториот круг на претседателските избори се закажани и вонредните парламентарни избори. Парламентарните избори на кои, според бројот на освоени гласови, врз основа на методата на Д’Онт, се пресметува бројот на освоени мандати, се реализираат во еден круг.

Поради тоа што изборната кампања за парламентарните избори се поклопува со изборниот молк од првиот круг на изборната кампања за претседателските избори, за да се запази изборниот молк, изборната кампања за парламентарните избори ќе почне два дена порано, на 12 и 13 април ќе биде прекината и повторно ќе продолжи на 14 април. Изборната единица во која е Општина Богданци се води како Четврта. За изборната трка во оваа изборна единицасе најавени повеќе кандидатски листи. Во Општина Богданци има регистрирано 10 изборни места. Во Селемли и Ѓавото има по едно изборно место, во Стојаково има две изборни места, а во Богданци има шест изборни места.

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

Турската “ NeSa Energy” ке гради ветерници во Паљурци стр. 5. стр.5

Саатниците и ние Саатница е оној документ на кој се испишува текот на настаните што треба да бидат содржина на некоја манифестација, акција, прослава или што и да било. Во документот поединечно се наведуваат настаните, времето кога тие почнуваат и местото каде тоа ќе се случуваат. Во Општината најавите на случувањата, од неодамна, се придружувани и со саатници. Тоа е добра и културна навика. Акцијата наречена „Македонија земја на цвеќето-земја на розите“ што „завиткана“ во „Денови на пролетта Денови на екологијата “ како повод, се одржа на 21 март беше најавена со еден документ кој ја содржеше и саатницата на случувањата. Покрај другото таму беше наведено дека „во 12 часот во ГРАДСКИ ПАРК Богданци ќе има продажна изложба на предмети изработени од страна на учениците од ООУ“Петар Мусев“, СОУ„Богданци“ и ЈОУДГ „Коста ПопРистов-Делчев“. Продажната изложба малку после 12 часот беше завршена. Очигледно нешто не било искоординирано добро. Кога веќе документот со најавата на настаните циркулираше во јавноста субјектите што требаше да ги „покриваат“ најавените настани требало да се придржуваат до најавите. Така прават одговорните луѓе.

БОДИГ КОМПАНИ

НЕГОРСКИ БАЊИ

• Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk

стр.4

тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk

изработка на алуминиски конструкции

тел.факс 034/ 221.709

тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk


ПОГЛЕД , Март 2014 

2

Од Шеснаесетта седница на советот на Општина Богданци

Едногласно усвоена Завршната сметка на Буџетот за 2013 г.

Известувач: Илија Тумбов

На 13 март се одржа Шеснаесеттата седница на Советот на Општина Богданци. Со седницата од која отсуствуваше советникот Стојан Воданов, претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Од, со решението за свикување седница, предложениот дневен ред, на предлог на советникот Никола Стратров кој го подржаа 6 советника, а 4 беа „Воздржани“ се изоставија точките 10,11,12,13 и 14,точки од сферата на легализацијата, а како 10-та, на предлог на претседателот Блаже Шапов кој беше едногласно прифатен, се додаде точката: Решение за именување членови на Советот за јавно здравство. Така се донесе дневен ред од 11 точки за работа на Шеснаесеттата седница на Советот на Општина Богданци. Во процедурална забелешка советничката Катерина Чрчева праша дали предложеното решение е поминато на соодветната комисија на што Блаже Шапов даде потврден одговор. *Точка 1:- По образложението на Симона Савиќ од општинската администрација се отвори расправа по Предлог-Завршната сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година која беше усвоена со 10 гласа „За“. Од планираните 124.409.445 денари приходи биле реализирани 98.416.458 денари. Во основниот буџет биле планирани 59.181.645 денари, а биле реализирани 32.301.144 денари. Од дотации биле планирани 61.432.800 денари, а биле реализирани 63.100.989 денари. Од самофинансирачки активности бил планиран приход од 3.795.000 денари, а биле реализирани 2.978.325 денари. Од донации не биле планирани средства , а се реализирале 36.000 денари. На расходната страна биле планирани трошоци во износ од 124.409.445 денари, а биле реализирани 89.415.485 денари. Во расправата учествуваа советниците Борис Ванчев,Блаже Шапов,Ристо Енџекчев, Душко Енџекчев, Ристо Киров, Катерина

Чрчева и градоначалничката Анастасија Олумчева. Дискусиите главно се водеа околу разните ставки на приходи и расходи со акцент на одредени расходни износи за кои некои советници сметаа дека се непотребни и неоправдано високи и за нискиот процент собрани даночни приходи за што и беше замерено на општинската администрација. *Точка 2:- По образложението на Симона Савиќ од општинската администрација, со 10 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци го усвои Годишниот извештај за Буџетот на Општина Богданци за 2013 година. * Точка 3:- По образложението од Трајко Гогов,овластениот градежен инспектор, со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци го усвои Извештајот за работата на овластениот градежен инспектор на Општина Богданци за 2013 година според кој биле извршени 7 инспекциски контроли, 4-пати било излезено на лице место по барање на странки и биле издадени решенија за отстранување од кои едно решение е извршено, а другите треба да се извршат. *Точка 4: По образложението од Сузана Јованова и Вангелица Караиванова од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, Богданци и по расправата во која учествуваа советниците Борис Ванчев, Риса Бејкова и Блаже Шапов што се однесуваше главно за некои ставки, со 10 гласа „За“, Советот на Општина Богданци ги усвои годишните сметки на ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ за 2013 година. *Точка 5:- По образложението од Емилија Минева, директорка на ОСУ „Богданци“, Богданци и по расправата во која учествуваа советниците Борис Ванчев,Риса Бејкова, Ристо Киров и Душко Енџекчев што се водеше главно околу долгот од 1.400.000 денари што Гимназијата го има кон фирмата „Гоки“ и групната исплата на долг од 142.085 денари направен во 2012 и почетокот на 2013 година за кои немало документација, со 9 гласа „За“ (Блаже Шапов како вработен во Гимназијата не гласаше), Советот на Општина Богданци ги усвои Годишните сметки на СОУ „Богданци“ за 2013 година. *Точка 6:- По образложението на Здравко Иљачев, директор на ООУ„Петар Мусев“, Богданци и по расправата во која советникот Блаже Шапов имаше забелешки за

долгот од 1.500.000 денари што го има училиштето и за износите на трошоците направени во кафеани и трошоците за гориво во услови кога училиштето нема службено возило, со 4 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ (Риса Бејкова и Катерина Чрчева како вработени во училиштето не гласаа) Советот на Општина Богданци не ги усвои Годишните сметки на ООУ„Петар Мусев“, Богданци за 2013 година. * Точка 7:- По образложението од Елена Манолева Ѓавочанова, директорка на ООУ „Кирил и Методиј“, Стојаково и по барањето на советникот Блаже Шапов до Советот да се достави детална спецификација за ставката 425990-Договорни услуги, со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци ги усвои Годишните сметки на ООУ„Кирил и Методиј“, Стојаково за 2013 година. * Точка 8:- По образложението што за Проценката за загрозеноста на подрачјето на Општина Богданци од сите ризици и опасности го даде Александар Крајчев,од Регионалниот Центар за управување со кризи, Гевгелија и по забелешката од советникот Душко Енџекчев дека некои податоци дадени во Проценката се доста застарени при што посочи пример и побара тие да бидат ажурирани, Советот на Општина Богданци едногласно одлучи да ја прифати Проценката за загрозеност на подрачјето на Општина Богданци од сите ризици и опасности. *Точка 9:- Со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“, Советот на Општина Богданци, по образложението на градоначалничката Анастасија Олумчева дека во опожарениот објект во Стојаково за што Советот на барат��лот му беше доделил финансиска помош не живеел никој, а барателот живее во Скопје и е солидно ситуиран, донесе Одлука да се поништи Одлуката за обезбедување финансиска помош број 07-2474/3 од 27.12.2013 година. *Точка 10:Советот на Општина Богданци едногласно донесе решение, поради истек на мандатот, од членување во Советот за јавно здравствоза подрачјето на Општина Богданци да се разрешат: Сашка Аврамова, Томчо Ванчев, Игор Демерџиев, Ристо Минов и Сашко Е.Олумчев, а на нивно место да се именуваат: Софија Аврамова, Томчо Ванчев, Игор Демерџиев, Силвана Карастојанова и Сашко Е.Олумчев. * Точка 11:- СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА -Советникот Борис Ванчев праша дали сопствениците на времените објекти што ќе треба да се иселуваат ќе имаат предност во откупувањето на земјиштето на што Градоначалничката му одговори дека земјиштето ќе се продава на електронска аукција и ќе го купи тој што ќе понуди најголема цена. -Советникот Блаже Шапов, како прво, праша дали целосно е исплатена штетата од снегот во 2009 година на што му беше одговорено дека не е целосно исплатено поради причини од технички карактер и, како второ, Шапов го интересираше дали се планира дезинсекција, дератизација и дезинфекција во Општината на што му беше одговорено дека тие активности се планирани со Предлогот на Буџетот за 2014 година и со Планот за јавни набавки.

Свежината на нашите бајатости

Кога нешто е бајато, кога има поминат рок, кога не одговара на потребите тоа нешто е- просто неупотребливо. На својата Шеснаесетта седница Советот на Општина Богданци, едногласно, недостасуваше само акламација, ја донесе проценката за загрозеност на подрачјето на Општина Богданци од сите ризици и опасности. А Проценката голема. Распослана дури на 62 страници во А4 формат. Кон Проценката имаше и резиме на 5-6 страници. Во воведниот дел е напомнато дека целта на Проценката е да се направи „квантитетна и квалитетна анализа и сублемација на податоците за можните опасности и ризици, врз основа на тоа да се организираат административни и стручни работи во врска со организацијата, подготовката и работата на субјектите во системот за управување со кризи“. Во Проценката се дадени констатации за состојбите врз основа на кои ќе се уредува превенцијата

и раното предупредување заради заштитата на населението и материјалните добра во Општина Богданци. Проценката е потпишана од регионалниот центар са управување со кризи-Гевгелија. На советниците Проценката им беше доставена во електронска форма. Во расправата единствено советникот Душко Енџекчев имаше забелешка дека една фирма за чија дејност тој има точни сознанија веќе неколку години не се бави со дејноста што и е назначена во Проценката. Другите мудро си молчеа. Никој од нив ниту видел ниту чул дека во Проценката се наведува дека Кованска река е некаква гранична точка во Општина Богданци; или дека во Богданци од 2011 година некоја „Green Europe“ фирма го рециклира комуналниот отпад; или дека во Општина Богданци има 3.142 вработени; или, ајде и тоа, дека како културно-историско

наследство фигурираат само Црквата „Свети Атанасиј“ во Богданци и црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ѓавото; или дека во Општина Богданци има десетина текстилни фабрики, фабрика за приколки и полуприколки, фабрика за производство на средства за лична хигиена... Дури има и една табела на која како загрозен од излеаноста на Вардар во Стојаково е наведен некој „Бреботекс плус“. На една друга седница на Советот на Општина Богданци се донесе Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2014 година. Немаше да биде ништо необично ако во делот 3. што ја регулира маркетинг стратегијата за промоција на градежното земјиште што е предмет на таа Програма, како лице задолжено за „имплементацијата на маркетинг стратегијата“ не е

Од расправата по Завршната сметка на Буџетот за 2013 година

Борис Ванчев, советник

Анастасија Олумчева, градоначалничка

Симона Савиќ од општинската администрација „Се доставуваа решенија и опомени до неплаќачите, ама таа активност не даваше резултати.“

Ристо Киров, Советник

„Ако Буџетот за 2013 година го планирала истата општинска администрација која и го реализирала и која ја правела оваа Завршната сметка како е можно да се јавуваат толку големи промашувања? Собирањето на даноците е слабо. За телефонски разговори и за гориво, што е луксуз, се потрошени повеќе пари отколку за капитални проекти. Социјална помош се давала на лица кои, ако се тие социјални случаи тогаш и ние овде сме социјални случаи.“

„Ги прифаќам критиките. Откако сум градоначалничка упорно се залагам за зајакнување на наплатата на даноците. Тешко оди оти плаќањето на обврските секогаш е во тесна врска со свеста. Не сакавме да преземаме непопуларни законски мерки, ама ќе мораме да го направиме тоа. Инаку поголемиот дел од трошоците прикажани во завршната сметка се долгувања од поранешни години.“

Душко Енџекчев, советник „Плаќањето даноци е законска обврска. Тука нема политика.“ „Критиките ги упатуваме на општинската администрација, а таа е погрешна адреса. Администрацијата само технички ја врши работата. Одговорност треба да се бара од поранешниот градоначалник. Одговорност треба да понесе и мнозинството во поранешниот Совет кој го поддржувал Ристо Ичков. Кога општинската администрација и јавното претпријатие се ставаат во функција на изборните кампањи, а граѓаните сето тоа го гледат, нормално е отпорот за плаќањето на даноците да биде голем.“

Борис Ванчев, советник „Никој ли не треба да биде виновен ако од планираните 21 милион денари планирани расходи се реализирале само 8 милиони оти немало повеќе средства на приходната страна, а најголемиот дел од нив се потрошиле на патувања, телефони и кафански сметки? запишано името на Софија Николиќ Лисичкова. Тоа „лице“ одамна не работи во Општината и прашање е како ќе одговори на „задолженоста“. Поминувале и други документи што се темелеле на бајати

податоци. Најверојатно и во иднина ќе се провлекуваат бајатости, но во случајов се работи за стратешки документи. Тешко на стратегијата што е втемелена на непостоечки нешта.

Факсимил од Проценката (на стр 16)


ПОГЛЕД ,Март 2014 

3

Јавно извинување од “Поглед”

Некои грешки не можат да бидат поправени

„Поглед“ практикува, заради поавтентично претставување на работите, некои изјави или дискусии во расправи да ги пренесе во таканаречениот директен говор и тоа што било кажано да се запише точно, од збор до збор, (барем толку колку што е можно со фаќањето прибелешки), текстот да биде врамен, да биде ставен во растер и да биде опремен со фотографија од субјектот од кој бил изговорен. Така беше направено и во известувањето од работата на Петнаесетте седница на Советот на Општина Богданци кога беа предадени делови од дискусиите на советниците Стојан Воданов и Риса Бејкова. Во подготовката на весникот за печатење се случила груба техничка грешка и текстовите биле заменети. Некои грешки навистина не е можно да бидат поправени. Сепак должност на весникот и на уредништвото е да им се извини на госпоѓата Бејкова и господинот Воданов кои, како поединци, беа директно изложени на последиците од грешката и на Советот на Општина Богданци како колективно тело.

Од расправата по точка 3 од Петнаесеттата седница на Советот на столарија. Во 2008 година Општина Богданци

Риса Бејкова, советник: „Зборуваме за годишното планирање за енергетската ефикасност, а во расправата најмногу се задржуваме на потребите на ООУ„Петар Мусев“ кој има дел лоша надворешна

училиштето доби 50.000 евра за заменување на надворешната столарија. Во 2009 година се распиша тендер за замена на вратите и прозорците. Нешто се замени, ама нешто остана незаменето. Пари за санација и за реализација на проекти доаѓаат од Министерствотои за образование. Покрај тие 50.000 eвра дојдоа уште 6.000 евра за кровот, па уште 20.000 евра, пак за кровот. Внатре сите врати се заменети. Надвор не e заменета сета столарија и поради тоа во некои училници нема услови за работа. Парите за таа намена дојдоа. Како се искористија и зошто не се завршија целосно проектите не ми е јасно.“

Од расправата по точка 5 од Петнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Стојан Воданов, советник: „Овде има некакво недоразбирање. Нема потреба да се донесува одлука за доделување ексклузивни права за вршење услуги од јавен интерес како би можело на ЈП„Комунална

чистота“ да му се даваат работи за поставување бехатон плочки по улиците и тротоарите и изградба на водоснабдителни и канализациони системи во Општина Богданци. Неодамна се направени измени во Законот за јавни набаки со кои на општините им се остава правото ситни работи од комунална природа да можат да им ги доделуваат на јавни претпријатија формирани од Општината со ограничување доделените работи да ги извршува тоа јавно претпријатие, а да не ги дава на други подизведувачи. Тоа може да се реулира со некој обичен заклучок во таа насока.“

Вака требаше да бидат пренесени цитатите Уредникот на „Поглед“ на сите нив им се из��ини пред почетокот на Шеснаесеттата седница, а на овој начин повторно им се извинува на сите нив и на читателите на „Поглед“ кои

добија погрешна информација. можело да се извлече заклучок дека Во известувањето за текот на текстовите се заменети, но тоа не ја седницата, во делот за текот на петтата намалува штетата од згрешеноста. точка, е наведен дел дискусијата на Овде се изнесени текстовите советникот Стојан Воданов, по што

како што требаше да бидат предадени во претходниот број.

Од Седумнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Се донесе Буџетот на Општина Богданци за 2014.

Известувач: Илија Тумбов На 28 март 2014 година се одржа 17. седница на Советот на Општина Богданци. Седницата со која претседаваша Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци се одржа во Салата на Советот со почеток во 18 часот. Од седницата отсуствуваше советникот Душко Енџекчев. На седницата присуствуваше и градоначалничката Анастасија Олумчева. Со 10 гласа „За“, без забелешки, Советот на Општина Богданци го усвои Записникот од 15. седница на Советот на Општина Богданци. Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, без забелешки, се усвои и Записникот од 16. седница на Советот на Општина Богданци. Предложениот дневен ред од 9 точки советниците го прифатија едногласно. *Точка 1:- По образложението од Симона Савиќ, по препораката на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој изнесена од Никола Стратров, претседател на Комисијата Буџетот да се донесе со определени измени и по изнесените измени од страна на Блаже Шапов според кои кај Програмата Д0 трошоците да се намалат за 175.000 денари, кај Програмата Е0 трошоците да се намалат за 1.995.000 денари или вкупно трошоците кај двете Програми да се намалат за 2.170.000 денари, а од тие средства 970.000 денари да се наменат за изработка на урбанистички планови, 300.000 денари да се наменат за изградба на капацитети во енергетиката и 900.000 денари да се наменат за изградба на други објекти. За овој предлог се изјаснија 9 советници. Еден беше „Воздржан“. На изјаснувањето Буџетот на Општина Богданци според кој во 2014 година Општина Богданци планира да има 93.469.618 денари приходи во Буџетот, 5.009.000 денари прходи од самофинансиречки активности, 72.727.133 денари приходи од дотации и 9.100.272 денари приход од донации што заедно чинат 180.306.023 денари на приходната страна од Буџетот.

Во истите износи се планирани и средствата на расходната страна. На изјаснувањето, со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, Советот на Општина Богданци го донесе Буџетот на Општина Богданци за 2014 година. *Точка 2:Советот на Општина Богданци, едногласно, по образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, ја донесе Одлука за извршување на Буџетот. *Точка 3:- По образложението на Симона Савиќ, претседателка на Управниот одбор, со 10 гласа „За“,без дискусија, Советот на Општина Богданци ги усвои Годишните сметки на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“ Богданци за 2013 година. *Точка 4:- По образложениет од Симона Савиќ, претседателка на Управниот одбор, без дискусија, со 10 гласа „За“, Советот на Општина Богданци го усвои Извештајот за работата на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“ Богданци за 2013 година. *Точка 5:- По образложението на Симона Савиќ, претседателка на Управниот одбор и по расправата во која се вклучија советниците Блаже Шапов и Ристо Киров и градоначалничката Анастасија Олумчева, Советот на Општина Богданци, со 10 гласа „За“ ја прифати Програмата на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушве“ Богданци за 2014 година. *Точка 6: - Градоначалничката Анастасија Олумчева објасни дека Бирото за регионален развој објавува повик за доделување средства и дека износот што е располагање е толку мал што не се исплаќа да се прави проектна документација поради што Општина Богданци ќе учествува со Проектот „Набавка на контејнери за Стојаково и Селемли“ во кој учеството на Општината ќе биде во износ 50% од вкупната вредност на инвестицијата која изнесува 303.750 денари со вклучен ДДВ. Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци даде согласност за намената на инвестицијат и за обезбедените средства за реализацијата. *Точка 7:- По образложението

на Митко Влахов од општинската администрација, без дискусија, со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедување средства за реализација на Проектот „Набавка и поставување на урбана опрема“, ивестиција во вредност од 280.000 денари, а учеството на Општина Богданци ќе биде 50 % од вкупната вредност со вклучен ДДВ. *Точка 8:- Содржина на оваа точка беше Извештајот за работа на Доброволното противпожарно друштво на Богданци за периодот од 2009 до 2013 година. Извештајот советниците го добија во писмена форма. Општинската администрација достави и табелерен приказ по лица и износи на кои, во име на противпожарната заштита им биле исплаќани средства. Страшо Олумчев, претседателот на ДППД даде допоплнително усно образложение на Извештајот. Потоа се разви дискусија околу формалната и суштинската страна на функционирањето на Здружението вклучително и начинот на кој од Буџетот се исплаќале средства на лични сметки на пожарникарите. Во расправата се вклучија советниците Никола Стратров, Ристо Енџекчев,Стојан Воданов, Кристијан Тодоров, Блаже Шапов, Борис Ванчев, Ристо Киров и Катерина Чрчева, градоначалничката Анастасија Олумчева и Страшо Олумчев, претседател на Управниот одбор на ДППД. Заеднички став на советниците беше дека треба да се свика итна седница на Советот на која ќе се разгледа работата на ДППД и ќе се одлучи како понатаму ќе се одвива соработката меѓу Здружението на граѓани Доброволно противпожарно друштво и Општина Богданци. На изјаснувањето Извештајот за работа на ДППД во периодот од 2009 до 2013 година доби 5 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ со што не го доби потребното мнозинство и не беше усвоен. * Точка 9:СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА -Советникот Ристо Киров, како прво прашање, забележа дека клупи и столчиња од Гимназијата се разнесуваат по партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ и ,како второ, праша дали Општина Богданци е влезена во Програмата на Државниот ревизор на што му беше одговорено дека сеуште нема информација за тоа. -Советникот Блаже Шапов, како прво праша што ќе се случува понатаму со Ресторанот на што Градоначалничката му одговори дека на инвеститорот му течат законските рокови за градење, а таа до 1 јуни ќе се ангажира да биде ослободен делот од шеталиштето што сега е заграден. Како второ тој праша што ќе биде со исплаќањето на надоместоците на избирачките одбори за локалните избори 2013, а веќе ќе имаме и други избори на што Градоначалничката му одговори дека ќе се настојува да се направи нешто на тој план. -Советникот Стојан Воданов

забележа дека просториите на Месната заедница во Стојаково се користат за секојдневни состаноци на СДСМ во Стојаково на што

Градоначалничката му одговори дека во текот на денот и таа добила таква информација и ќе провери за што се работи.

Од расправата по Извештајот за работата на Доброволното противпожарно друштво на Богданци во периодот од 2009 до 2013 година ( Точка 8 ) разгледуван на Седумнаесетта седница на Советот на Општина Богданци

Ристо Енџекчев, советник

Страшо Олумчев, претседател на Управниот одбор на ДППД Богданци „Затоа што не сме опремени. Подобро е да се дадат пари за опремување на противпожарното друштво отколку со нив да му се направи куќа на некој на кого по неколкупати годишно му го гасиме запалениот оџак. Зборувам за куќата што во Богданци изгоре во

„Доброволното противпожарно друштво е формирано како здружение. Што ќе се случи ако се формираат уште неколку такви здруженија? Општината сите нив ќе треба ли да ги финансира? Откако сме советници неколкупати имаме доделувано финансиска и друга помош на семејства чии куќи биле уништени во пожар.Во извештаите за текот настаните за време на пожарите никаде не стои дека Доброволното противпожарно друштво учествувало во гаснењето на пожарот.“

јануари. На денот на пожарот бевме на интервенција. И јас бев на лице место по повикот дека има запален оџак. Од 11 до 13 часот бевме таму. Како и многупати порано се беше запалил оџакот. Околу оџакот на таванот имаше дрвен материјал од кровот и таванот. Тоа секогаш е услов за пожар. На сопственикот безброј пати порано му беше кажано дека треба да го малтериса оџакот за да не се случи повторно да се запали и огнот да излезе надвор од него и да го зафати таванскиот простор. Тој ден му рековме дека задолжително треба да го направи тоа оти е ек на грејна сезона и може се да се случи. Ние си отидовме во 13 часот. По нас и сопственикот си заминал од таму. Во 16 часот јавија дека се запалил кровот на куќата. Е, па се запалил. Отидовме веднаш, но што можевме да направиме кога немаме исправни возила и соодветна опрема, а огнот веќе се беше раширил на кровот.“


ПОГЛЕД , Март 2014 

4

Поглед од мојот агол

Гл а в а н а в е д н а та н а д н и с к о м а га р е Илија Тумбов

1. Од необичен штоф е „сошиен“ македонскиот народ кога знаел да измисли две сосема различни дури и спротивставени, по суштина, поговорки како „став“ за една иста работа: поставеноста во однос на нештата што се наметнуваат. а/ - Ниското магаре секој го јава. б/ - Наведната глава сабја не ја сече. Одете после најдете му го преплетот. Бидете умни и раководете се од народната мудрост. Трушли. Народ со таква филозофија везден ќе биде на својот изгрев. Залезот ќе му биде претпоставена судбина. А помеѓу!? Е, помеѓу ќе нема ништо. Само неизвесност и колебливост. Лавирање во изборот да се стои исправено или да се стои наведнато. Да се има кубура за да не се биде јаван заради нискоста, ама кубурата да биде пикната во појас за да се најде во зорт-заман дури и кога носот е сиот крвој од наведнатоста на главата „до земи“. 2. Се наближуваат термините за редовните претседателски и за вонредните парламентарни избори. Партиите на забрзано се подготвуваат. Се уредуваат веќе постојните партиски канцеларии и се отвораат нови. Пресијата врз граѓаните веќе е почната. Се притиска на сите страни. И кој може и кој не може дава ветување за придобивање гласови. Ветувањето е на будалите радување, ама ако. Македонецот нема мака околу тоа. За него ветеното е како дадено Мене лично никој досега ме нема „притиснато“ за глас. А баш би сакал да видам некој таков јунак. Затоа, пак, знам дека, кога пред 9 години се кандидирав за градоначалник на многу мои пријатели и роднини мамето им беше расплакувано само затоа што една претседателка на изборен штаб

акција за садење трендафили. Убаво. Акцијата има неколку позитивни димензии. Џабе таквите димензии кога акцијата не се спроведе како што треба. Кога нешто ќе се помножи со ништо резултатот е исто ништо. Губеа учениците часови. Губеа и наставниците часови. И општинската администрација се шеткаше наоколу. Пензионерите не изгубија ништо. Тие искрено учествуваа во акцијата обидувајќи се, со отстранувањето на троскотот и длабејќи ја земјата со раце, да обезбедат какви такви услови за да ги спастрат трендафиловите стебленца заедно со земјата од саксијката што и беше целта на акцијата. Дури локациите каде што се одвиваше акцијата беа „одоко“ одбрани. Но едно мора да се знае. Емилија Минева, директорката на Гимназијата, треба да биде одговорна за текот на акцијата и за резултатите што ќе произлезат од неа во делот на нејзината установа. Здравко Иљачев, директорот на Основното, треба да биде одговорен за текот на акцијата и за резултатите што ќе произлезат од неа во делот на неговата установа. Вангелица Караиванова, директорката на Детската, не треба да се грижи за текот на акцијата затоа што нејзините луѓе беа сосема одговорни, но треба да се ангажира од акцијата да остане некој белег. Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општината, по дефиниција е одговорна за се што се случува во Општината, па нема да биде лошо по некој ден, до Велигден, на пример, да направи обиколка и да ги сумира резултатите од акцијата. Ако има некаков резултат нека пофали кој треба, ако работата излезе луфт, нека извлече нечии уши. Кога веќе ги потпишува платните списоци за нејзината администрација и трансферите на средства од други нивоа до овдешните корисници на средства нека побара и одговорност за сработеното. 4. Предлогот на Завршната сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година Советот на Општина Богданци го разгледуваше на 13 март. Не дека не ми е јасно, досега сум потпишал и предал преку 30 завршни сметки, но сепак да прашам: Обврска е сметките да се предадат до крајот на февруари. Што разгледуваше Советот на

Шеснаесеттата седница? И што усвои? И што ќе беше ако не ја усвоеше Завршната сметка? Добро, како новина, годинава Завршните сметки во Централниот регистар можат да се предадат си со задоцнување, но тоа си има цена. Чини пари. Кој ќе ја плати цената? 5. Почитуван Совету на родители, Почитуван Наставнички совету, Почитуван Училишен одбору, Почитувана Директорке - сите вие органи и тела на Општинското средно училиште „Богданци“, имам за вас едно прашање: Знаете ли дека учениците од вашето училиште, учениците за чие образование сте одговорни на 24 март 2014 година биле ослободени од часови за да учествуваат на политички митинг? Дами и господа даскалици и даскали (извинете на именувањето, ама понекогаш се однесувате како приучени даскали), кој ви дал право да ги злоупотребувате децата? Некои од вас во Гимназијата се вработувани по разни партиски линии и поради тоа, можеби, се чувствувате должни, но немате право своите долгови да ги отплаќате со влијанија врз децата. Тие ви се доверени за да им дадете знаења и вештини и од нив да направите луѓе, а не да ги претворате во партиски војници. Знам дека ќе се обидете да се одбраните оти немате врска со појавата и затоа што тоа бил избор на децата, но то оправдување не држи вода. На прсти можат да се избројат вашите ученици кои имаат стекнато полнолетство, но и покрај тоа тие и натаму се деца. И што е пострашно сеуште се ученици. Да побегне некое дете од час затоа што се уплашило, да речеме, дека ќе биде повикано да одговара за оценка ќе му се заканувате со бркање од училиште или најмалку со намалување на оценката за неговото поведение. Чие поведение треба да се намали заради часовите што се изгубени на 24 март? Директорката на Гимназијата и членовите во Училишниот одбор делегирани од Советот на родители и од Наставничкиот совет треба да побарат да се свикаат итни седници на Наставничкиот совет и на Советот на родители на кои ќе се разгледа оваа појава и ќе се усвојат заклучоци. Јас членувам во Училишниот одбор на Гимназијата каде што ја претставувам Стопанската комора на Република Македонија и од ова место и на овој начин, ја повикувам

Патување без дестинација

претседателката на Училишниот одбор да свика итна седница на Одборот на кој ќе се разгледаат извештаите од Наставничкиот совет и од Советот на родители и ќе се донесе заклучок по нив. Ако нема извештаи за разгледување да се свика Училишен одбор за да се разгледа појавата и да се донесе заклучок за барање извештаи од Наставничкиот совет и Советот на родители. За ова ќе видам што пишува во Статутот и Деловникот на Гимназијата и ќе постапам како што е пропишано. Ќе го консултирам и Законот. Ало, овие се сериозни работи. Сите ние можеме во слободното време да си играме политички активисти, но за време на работата не смееме да го правиме тоа. Особено тоа не смеете да го правите вие од областа на просветата и образованието оти не сте платени за тоа. Ве плаќаат, колку да знаете, граѓаните. 6. Се прашувам: При легализацијата на дивоизградените објекти се консултира ли нешто и овластениот градежен инспактор? Мислам, бидејќи кај него има купиштса документација за подивеаноста на некои од сега веќе легализираните објекти, би било побарано и неговото мислење. Како ли се чувствува инспекторот кога настаните го затекнуваат? Им сукал мустаќи на некои дивоградители убедувајќи ги дека тоа што го прават не е во согласност со Планот, а ваму оп, со силата на партискиот глас, во Советот се носи одлука да се затвори крстосница затоа што на некој му се наумило среде неа да си направи ќенеф. 7. Знаете како се лажираат фудбалски натпревари? Екипата што треба да изгуби ќе направи неуспешна офсајд замка, некој од екипата што треба да победи ќе влета и ќе постигне гол. Потоа штом топката ќе се дотркала во близина на голот од екипата што треба да победи некој од играчите на екипата што треба да изгуби ќе се втурне во офсајд. Судијата ќе ја прекине играта и топката ќе и ја додели на екипата што треба да победи. И се така до деведесеттата минута. Оваа мисла ме мачи пред секои избори. Ме измачува и пред овие. Наместени се многу офсајд замки кои не треба да спречат постигнување гол туку –спротивното. Има и многу влетувања во празно. Не се влетува за да се постигне гол туку-спротивното.

Марга Шимова

- овластен судски преведувачПишува:

Крсте Лештов

„Презасити се, падни, удри се, пробај што ќе посакаш, почувствувај што ќе посакаш. Дај му на умот се што ќе побара и набљудувај. Најголема повреда е стравот од повреда. Оној кој ја сфатил илузорноста на овој свет, сфатил дека ништо не може да го повреди. Се поминува, а ние истите остануваме. Што и да се случи, пак истите сме, нема бегање. Кај и да избегаш, пак ќе се вратиш во својот дом, онаму каде што си вистина. Луѓето се плашат да не им се наруши веќе познатото секојдневие, бидејќи

полесно им е да не се менуваат. Тогаш осудуваат и се плашат од непознатото. Во непознатото се крие ослободувањето. Крвта никогаш нема да стане вода, човек никогаш нема да стане нечовек, освен ако веќе не е тоа. Сите гнасотии можат да поминат низ нас и да не не извалкаат. На луѓето им треба одмор од животот кој го живеат, сакаат мир. Во него се ќе си подредат на место и пак ќе бидат среќни. Животот е многу едноставен, без планови и без очекувања. Она што не го гледаат очите е вистинското. Љубовта е вистинска затоа што не се гледа. Умот никогаш нема да побара љубов и мир, иако сите само тоа го бараат. Луѓето бараат нешто, но илузијата на светот ги спречува да одат до крај. Тие се бараат себеси на секакви начини. Мора да соберат храброст да бидат ослободени од погрешните перцепции н�� умот. Преголеми

очекувања и планови, за што? Така никаде не се оди. И што ако се оствари тоа што умот посакува? Пак нема да бидеме среќни, ниту умот ќе биде задоволен. Убавината е во едноставноста а таа е веќе тука. Луѓето се вознемирени дека ќе останат без смисла за животот и затоа се трујат со непотребни нешта. Најубаво е да се остане испразнет од сите вишоци и да се има онолку колку што треба за да се биде во постојана среќа. Но умот не се надвладува така лесно, тоа е постапен процес, оди пополека, колку што свеста може да поднесе да се движи напред во новото. Затоа постоиме, за да ги решиме овие заблуди, секој ден да бидеме што повеќе во себеси, тогаш сме се повеќе во божественото. Тоа е патување без дестинација.“

Превод од англиски на македонски јазик и обратно на секаков вид официјални документи од повеќе области. контакт тел: 078 377 275 email: m_shimova@yahoo.com адреса: Маршал Тито бб,Богданци

Издава: „СОФИЈА“ 1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21 Директор: Драги Семенпеев Уредник: Илија Тумбов Уредува редакциски колегиум Технички уредници: Валентина Попова Јован Роглев

Печати: „Софија“ Богданци Халк Банка-Скопје Жиро-сметка: 270000000711867 Даночен број: МК4006991101880 Редакција: Маршал Тито 21 1484 Богданци тел. 075 738834 факс: 034 222006 pogled@sofijaprint.com.mk www.issuu.com/pogled

Комерцијален оглас

Пишува:

се посомневала дека можеби ќе ми се потпишат под кандидатурата оти требаше да собирам потписи за поддршка. Што им се случувало на гласањето да не зборуваме. Моите луѓе не ми се пожалија, додуша и не ми дадоа поддршка, ама едни други луѓе биле присутни кога „претседателката“ им се заканувала, а овие од страв и немоќ се расплакале. Јас сум сеуште тука. Се прашувам каде е „силната“ претседателка. Важно нивниот кандидат тогаш протрча низ изборите и направи кал во која сите потонавме. Сега не признаваат дека бил нивен кандидат, ама тие со сила на мускули му ја „изработија“ победата. Им порачувам на сите вжештени глави што вообразиле дека светот почнува од нив дека не се јаде се што лета. На овие избори нека се однесуваат малку со дикат. Нема бунда на која не и се видел астарот. Тогаш тие ќе се прават „измачкани“, ама сите други ќе знаат дека не е така. Не се тие првите ѕвезди на богданското политичко небо. Многу ѕвезди блескале на оваа небеска шир. Некои сеуште мижуркаат таму некаде на маргините, а некои одамна се согорени. 3. Колку само акции за пошумување се имаат направено. Колку само работни часови се имаат изгубено и колку мастрафи се направени. Тешко дека од тоа има некој аир. Нема аир оти се се прави наврат-нанос, колку да се рече дека се работи нешто. Кога лани се садеа они жирови за од нив да никнат дабови садници на сите им беше јасно дека работата ќе биде јалова. Не бива да се сее во цалина. Оваа „цалина“ извира од нашиот говор, ама точно се знае што е. Почва е која долго време не била раскопана поради што е силно тврда и полна со корења од плевел. За да се очовечи цалината треба да се поработи на неа. Да се култивира. Е тогаш, ако на неа се посее или посади нешто, може да се смета на некаков успех. Тогаш жирот се спушти меѓу грудите. Таму и остана, изгниен. Се сликавме како засадуваме жир, но тоа е се што остана од акцијата. Тогаш на организаторите им порачав кога од засадените жирови ќе изникнат дабови дрвја да ме викнат да видам. Сеуште никој ме нема викнато. Неодамна се направи онаа


ПОГЛЕД ,Март 2014 

5

Конфликтноста кај конфликтите на интереси На Шеснаесетта седница на Советот на Општина Богданци на Основното училиште „Петар Мусев“ не му беа прифатени Годишните сметки. На гласањето Сметките добија 4 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“. Риса Бејкова и Катерина Чрчева, заради конфликт на интереси бидејќи се вработени во „Петар Мусев“, не гласаа. Математиката покажа дека 4 гласа „За“ не се доволни за Сметките да бидат прифатени. И не се прифатија. Имаше во расправата многу забелешки по разни прашања што одлучуваа за изјаснувањата, но еден друг момент при изјаснувањето би требало или ,дури, би морало, да привлече внимание. Членот 48 од Деловникот на Советот на Општина Богданци вели дека Советот може полноважно да работи ако на седницата присуствуват мнозинство од вкупниот број членови на Советот. Значи нужни се само 6 советници од вкупно 11 за полноправно работење на Советот. Членот 59 вели дека одлучувањето е во ред ако за нешто се изјаснило мнозинството од присутните на седницата, но тоа мнозинство да не биде помалку од 1/3 од вкупниот број членови на Советот. Значи треба најмалку 4 гласа, ако во салата се присутни 6 советници, за нешто да биде прифатено. Во случајот на „Петар Мусев“ работите можеа да комплицираат до невидени димензии. Хипотетички работите можеа да се наместат и

вака:

Стојан Воданов беше отсутен од седницата. Во салата имаше десетмина советници. Две советничи не смееле да гласат. Демократијата има безброј алатки за нејзино практикување. Партиските, колективните и личните интереси понакогаш знаат да посегнат по разни средства за да бидат задоволени. Од салата, можеше, по свое наоѓање,заради конфликт на интереси, за да не учествуваат во расправата, да излезеа и двете советнички што не гласаа. На располагање ќе останеа само осум советници. Што ќе се случеше ако уште некој излезеше надвор од салата?Тогаш во салата ќе останеа само 7 раце за кревање. Во тој случај кој ќе кажеше дали, со четирите гласа „За“, Сметките се усвоени? И правно и фактички ќе беа поминати. Условот мнозинство од вкупниот број на членовите на Советот, 7 од 11, ќе беше задоволен. Ќе беше задоволен и условот позитивно да се изјаснат мнозинството од присутните, 4 од 7 советници. Ќе се исполнеше и условот „но не помалку од 1/3 од вкупниот број советници“ оти 4 во 11 се содржи помалку од трипати. Нека простат од „Петар Мусев“ што ги вклучувам во расправава, но некои невообичајности мора да се посочат со соодветни примери. Овој пример поставува покренува многу прашања. Да се вжештеа страстите

Општина Богданци повторно ќе мораше да му се обраќа на Уставниот суд како што му се обрати во еден друг случај на конфикт на интереси. И Уставниот суд повторно ќе се изјаснеше за ненадлежен. Во тој случај кој ќе ги вадеше „жашките костени“ од жарта. Во случајот на овие прифаќања на Годишни и Завршни сметки кога тие се веќе предадени и обработени од надлежните државни служби и не е толку важно, но што ако некоја одлука допре до интереси чие бранување нема да застане во салата за состаноци на Советот и во службите на Општината за толкувања на некои нејаснотии туку се прелее кај судските инстанци за решавање на граѓански спорови? Што ако некои за интереси со сериозен материјален багаж и за нешто не сосема јасно и точно протолкувано некој побара отштета? Кој ќе ги надоместува тие трошоци? И кој ќе ја сноси одговорноста за грешката? Конфликтот на интереси е доста растеглив поим. Не толку конфликтот колку широчината на неговата опфатност. Затоа кон него треба да се однесуваме со нужно сериозно. Што ако утре, сите 11 советници се од „Петар Мусев“, на пример. Ништо што се однесува за тоа училиште нема да смее да се разгледува во Советот?! Ќе смее ли некој од советниците да учествува во расправа и да се

изјаснува за асфалтирање на улица на која, условно, живее сестра му, на пример? И тоа е конфликт на интереси. Ќе може ли ценовникот за комунални услуги од „Комунална чистота“, на пример, да биде валиден и по усвојувањето од Советот кога сите единаесетмина советници пијат вода и изнесуваат ѓубре и со самото тоа имаат конфликт на

интереси. Ништо во правото и во правичноста не може да биде идеално. Но може да се има барем достаточно сознанија за нештата за тие да бидат појасни. Таа одговорност секогаш паѓа на плеќите на општинската администрација.

И турската „NeSa Energy“ најави дека ќе гради ветерници во Богданци

На 17 јануари 2013 година господата Халил Нергиз и Али Самра, во име на турската компанија „NeSa Energy“, и Ристо Ичков, тогашниот градоначалник, во име на Општина Богданци, потпишаа ПИСМО СО НАМЕРИ.

Тогаш беше кажано дека турската компанија чија дејност е развојот, финансирањето, реализацијата и менаџирањето на проекти за производство на струја од обновливи извори е заинтересирана во Општина Богданци да инсталира 44 електрани со моќност од 100 до

110 мега вати. Во објаснувањето за намерите се кажа дека користејќи ги резултатите од мерењата на карактерот на ветерот на овие простори направени од ЕЛЕМ и од своите мерења компанијата е на мислење ветерниците да ги постави

на возвишенијата југозападно од Браната, во Таљуѓот, Бурови Ниви и надолу се до Селемли и границата со Грција. Се спомна и податокот дека во Општина Богданци се проценува дека има потенцијал за околу 300 мегавати струја произведена од ветер од кои МЕПСО ќе субвенционира околу 150 мегавати. За околу една третина од нив ЕЛЕМ инсталира електрани, а за останатите е заинтересирана „NeSa Energy“. Се кажа дека компанијата има регистрирано фирма во Македонија и има намера седиштето да го префрли во Богданци. Општина Богданци процени дека овој проект може да биде од големо значење за неа и и даде целосна поддршка на „NeSa Energy“. Се утврди и динамика на активности такашто, ако се оди по планот, за десетина месеци да се почне со градежните работи , а за 1 до 1,5 година од почнувањето на градењето ветерниците да бидат подигнати. Неодамна на Интернет се појави веста дека Паркот на ветерни електрани „Вардар Проект“ со инсталирана моќност од 50 мегавати е вториот проект за искористување на обновлива енергија од бетерот на кој

активно се работи во земјава. Веста велеше дека турската компанија „NeSa Energy“ е заинтересирана да инвестира во енергетски објект од овој вид во општините Богданци и Дојран и до локалните самоуправи веќе е доставено Известување за намера за изведување на проектот. Турците ќе изградиле 20 ветерници со височина од 100 метри и дијаметар на елисата од 50 метри, со ветерна турбина и генератор со моќност од 2,5 MW, трансформатор, потстаница, нова трафостаница 20/110 KV и пристапен пат од 7 километри. Планот бил ветерниот парк на површина од 50 хектари да се гради источно од Богданци над акумулацијата „Паљурци“. Ако се реализираат намерите и плановите на оваа специјализирана турска компанија за финансирање и менаџирање на проекти од областа на обновливата енергија во Богданци ќе се изгради и вториот ветерен парк во земјава. Во ЕЛЕМ активно се работи на завршување на Ветерниот парк „Богданци“ од кој првите киловат часови електрична енергија ќе се произведат во текот на претстојнава пролет

Нема, а добро е да има Не еднаш е пишувано за таблите поставени по страните на сообраќајниците што даваат информации за нештата на кои ќе се наиде по патот. Некои од патоказните табли строго влегуваат во категоријата на сообраќајни знаци. Сообраќајниците по кои се доаѓа во Општина Богданци не се задоволително опремени со табли на кои има информации за правците на движење по кои може да се стаса до некое од населените места во Општина Богданци. За тоа постојат и соодветни законски прописи. Тоа е во надлежност на државното јавно претпријатие што ја има одговорноста за опремување на патиштата во Република Македонија со сообраќајни знаци. Но интерес

на Општина Богданци е да се има таа опременост и треба постојано да се притиска кај тоа претпријатие да поставува знаци. Во тој дел, најверојатно е така. Сепак овде ќе стане збор за таблите со информации што се во надлежност на Општината. И за тоа еднаш е пишувано. Освен на регионалниот пат по кој од север, кај ресторанот „Елита“, непосредно пред него, во Општина Богданци се доаѓа откај ДојранВаландово, на ниту еден друг влез во Општина Богданци нема табла дека од таа точка натаму е територија на Општина Богданци. А треба да има пред Стојаково на патот што доаѓа од Богородица каде што е поставена

таблата што ивестува дека се влегува во Општина Гевгелија. Таму, на спротивната страна од патот треба да стои табла која ќе известува дека од таму натаму се протега Општина Богданци. И на кривината пред Правиот пат, наспроти таблата што кажува дека се влегува во Општина Гевгелија треба да има табла која ќе информира дека почнува територијата на Општина Богданци. На овие гранични табли секогаш треба да стои името на единицата на локалната самоуправа, грбот на Општината и графички приказ на нејзината територија со патната мрежа и распоредот на населените места во тој приказ.

Општина Гевгелија си го има исполнето тој дел од обврските Сигурно тој трошок не е толку голем за Општина Богданци да не може да си го дозволи. Во истиот пакет треба да влезат и таблите што ќе покажуваат како да се дојде до Паљурци, на пример, или до Ветерниот парк и колку се тие оддалечени од таа

точка.

Таква информација има само едно знакче поставено во Паљурци кое покажува колку километри има од таа точка до Брисел, ама тоа е повеќе шегобиен момент отколку информативен.


ПОГЛЕД , Март 2014 

6

„Македонија земја на цвеќето – земја на розите“

Од предизборната кампања за претседателските избори Во тек е кампањата за претседателските избори. Гостувањето на кандидатите за претседатели во Богданци и организирањето јавни митинзи по тој повод не би требало да бидат настани што нема да бидат регистрирани на страниците на „Поглед“. Во овој број ќе бидат регистрирани настаните што се случија до излегувањето на весникот.

Претставување на Ѓорге Иванов Во неделата на 30 март 2014 година во Богданци беше организиран митинг на ВМРОДПМНЕ и коалицијата на кој беше претставен Ѓорге Иванов, кандидат за претседател на Република Македонија. Митингот, со почеток во 13,30 часот, беше организиран на шеталиштето во Градскиот парк

По повод „Денови на пролетта-Денеови на екологијата“ на 21 март 2014 година во Богданци се реализира акцијата „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“. Акцијата започна во 11,30 часот и на неколку места низ Богданци се садеа трендафили. Активности што тој ден се преземаа во акцијата беа дел од широката акција што се реализираше на ниво на држава. Во објаснувањето за изборот на трендафилите како цвеќе што ќе се сади тој ден се наведе студија која потврдила дека тоа цвеќе ги извлекува тешките метали од земјата. За успешноста на акцијата во Богданци се погрижија Општината, Здружението на пернзионери, Детската градинка, Гимназијата и

Основното училиште. Установите цвеќето го садеа на своите територии, а останатите учесници во акцијата трендафилите ги засадуваа на јавните површини низ Богданци. Од Општината службено соопштија дека тој ден биле засадени 1.190 трендафили. Тоа е солиден број садници кои многу ќе придонесат за разубавување на градот и ќе имаат голем придонес во екологијата на Богданци. Истиот ден во Градскиот парк се организираше Продажна изложба на разни украсни ракотворби изработени до учениците од СОУ „Богданци“, од ООУ„Петар Мусев“ и дечињата од ЈОУДГ „Коста ПопРистов Делчев“.

Претставување на Стево Пендаровски Во понеделникот на 31 март 2014 година во Богданци беше организиран митинг на на СДСМ на кој беше претставен Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија.. Митингот, со почеток во 17,30 часот, беше организиран на шеталиштето во Градскиот парк

Каде исчезнаа „Инженери без граници“ ? Свечен карактер имаше Дваесет и петтата седница на Советот на Општина Богданци што во просториите ма Гимназијата се одржа на 11 декември 2010 година. Седницата имаше една единствена точка на дневен ред. На неа требаше да се оживотвори иницијативата за почнување соработка со Здружението „Инженери без граници “. Воведно образложение даде Митко Влахов од општинската администрација кој, меѓу другото, рече дека „Паљурци-кохезија меѓу исконското минато и природната убавина“ е проект во кој влегуваат партерното уредување на локалитетот покрај езерото Паљурци и рекреативната патека од 14 километри која ги поврзува Паљурци и Дојран. Во продолжение беше кажано дека Паљурци е приказна која може да се искористи за туристичка промоција на Општина Богданци. На седницата беше потпишан меморандум за соработка и заедничка поддршка во градењето капацитети и спроведувањето проекти, размена на информации, здружување и вклучување во активности на полето на градежните проекти во Општина Богданци.

Мислења

Според Меморандумот Здружението „Инженери без граници“ се обврзаа проектот за Паљурци да го внесат во заедничкиот проект „По патот на Апостол Павле“ во кој ќе учествуваат Македонија, Израел, Јордан, Грција, Кипар, Турција, Малта, Албанија, Италија и други. На соработка во тој проект со обврза и Општина Богданци. На седницата присуствуваа и во расправата се вклучија тогашните советници Мите Манолев, Душко Енџекчев, Тони Такашманов, Зоран Пеев, потоа, Марина Дојчиновска, новинарка од Скопје, Ѕвонко Наумовски публицист од Скопје и многу други. Тогаш актуелниот градоначалник Ристо Ичков информира дека проектот Паљурци ќе се развива заедно со проектот за Хунзите. Во име на Општина Богданци Меморандумот го потпиша градоначалникот Ристо Ичков, а во има на „Инженери без граници“ меморандумот го потпиша Оливер Начевски, претседател на Здружението „Инженери без граници“. Советот на Општина Богданци едногласно усвои следниот заклучок:

1.Советот на Општина Богданци ја поддржува Иницијативата за почнување соработка на Општина Богданци со “Инженери без граници“ доставена од Ристо Ичков, градоначалник на Општина Богданци. 2. Се поддржува потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Општина Богданци и „Инженери без гранци“ во спроведувањето проекти и градењето капацитети. 3. Заклучокот влегува во сила со објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“. Тоа се случувало пред четириесетина месеци. Скоро триипол години потоа што се случува со овие иницијативи? Каде, навистина, исчезнаа „Инженери без граници“? Да не се загубени во чадот што го произведуваат познатите богдански огнови од слама. Кумановчани тоа го опишуваат како „држи буре воду док мајстори оду“. А се крена врева околу тоа. Многу врева се крена. Многу врева за ништо, што би рекол оној писател. Штета за софрите што се приредуваа по тие поводи.

„Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Одговорноста пред се Кога прифатив во Училишниот одбор на Гимназијата да ја претставувам Стопанската комора на Република Македонија ја прифатив и одговорноста за тоа што ќе се случува таму за време на мојот мандат. Кога слушнав дека во Богданци се шират муабети дека на 24 март ученици од Гимназијата биле ослободувани од часови за да присуствуваат на политички митинг побарав да се провери вистинитоста на тие муабети.

Училишниот одбор набргу се состана и на состанокот беа изнесени Извештај од директорката на училиштето, Заклучок од Советот на родители и Заклучок од Наставничкиот совет. Во сите нив стоеше дека тој ден немало ослободување на ученици од часови. Училишниот одбор, врз основа на поднесените документи, донесе Заклучок оти муабетите што се шират низ Богданци дека ученици од Гимназијата на 24 март биле одлободувани од часови за да

учествуваат на политички митинг не се точни. Благодарен сум му Училишниот одбор што веднаш излезе во пресрет на моето барање. Благодарен сум им и на другите училишни тела што се произнеле за настаните. Дури учествував и во формулирањето на заклучокот на Училишниот одбор затоа што верувам во тоа што беше кажано во презентираните документи како што им верувам на изјавите од ученици

снимени во мојот диктафон и како што им верувам на фотографиите од настаните што се случувале тој ден што ги имам во мојата архива. Себе си се доживувам како одговорен човек. Понекогаш имам потреба и другите да ги доживувам така. Во расправата што во Училишниот одбор се водеше по моето Барање се рече дека во „случајов“ требало да се чуе и другата страна. Нема случај и нема

друга страна. Има само една страна – ДЕЦАТА. Родителите и наставниците по дефиниција треба да се на нивната страна. Се друго е надвор од логиката.

Илија Тумбов член на Училишниот одбор на СОУ “Богданци” Богданци


ПОГЛЕД ,Март 2014 

7

Од игроказот што учениците од Општинското основно училиште „Петар Мусев“

Отворен час по македонски јазик На 13 март 2014 година учениците од VI-б и VI-в одделение од ООУ „Петар Мусев“ учествуваа на отворени часови по македонски јазик. Часовите се одржаа во музичкиот кабинет на училиштето. Часот на VI –б започна во 14 часот, а часот на VI-в започна во 15 часот. На часовите присуствуваа

учениците од другите одделенија, повеќе наставници и родители. Координатор на главните активности беше Катерина Чрчева, наставничка по македонски јазик под чие менторство се одвиваа подготовките за овој своевиден настан. Во игроказот група учениците изведoа емисија во живо што беше

насловена „Златна ветерница на популарноста“. Групата имаше задача да изготви сценарио според кое ќе се изведува емисијата во живо. Според сценариото водител и водителка ја „водеа“ емисијата во живо. Еден учениик „беше“ камерман. Друг ученик имаше улога на фотограф. Група ученици и ученички имаа задача да бидат

новинари и да известуваат од настанот. Според сценариото на неколку ученици им беше „доделена“ статуетка „Златна ветерница на популарноста“. Статуетката „Златна ветерница на популарноста“ ја изработија учениците од VIII одделение. Часот го започна наставничката Катерина Чрчева која ги објасни

активностите што ќе следуваат и на учениците новинари им подели наставни ливчиња според кои учениците-новинари требаше да напишат новинарски текстови. Потоа учениците-режисери, учениците-сценаристи, ученицитеводители, учениците-музичари, учениците–актери, ученицитедобитници на награди ги презедоа улогите што ги беа подготвиле.

Весел настан во „Петар Мусев“ Доделени наградите „Златна ветерница на популарноста“ Во Општинското основно училиште „Петар Мусев“ од Богданци се одржа манифестацијата „Златна ветерница на популарноста“. Манифестацијата ја организираа учениците во VI-б одделение од оваа училиште. Пред околу педесетина посетители меѓу кои и наставници, родители и ученици од другите одделенија манифестацијата ја водеа познатите водители Рената Пеева и Ѓорге Демерџиев.Интересно беше што пред тоа госпоѓицата Рената Пеева беше киднапирана и одведена во студиото на Георгина и Мирјана каде што беше претворена во најубава госпогица-водителка. Статуетката „Златна ветерница на популарноста“ се доделуваше во неколку категории. Во категоријата „Најдобар уметник“ наградата ја доби Ангела Јакимова. Во категоријата „Најдобар математичар“ наградата ја доби Благица Такашманова. Во категоријата „Афирмирање на македонската поезија“ наградата ја добија Ружица Василева,Георгина Лештова и Александар Богатинов. На Христијан Бојовски, основач на групата „Јас,ти и тој“ му беше доделена награда во категоријата

„Најдобар изведувач“. На сите нив им беше доделена статуетка. Ангела Јакимова која се закити со „Златна ветерница на популарноста“ во категоријата „Најдобар уметник“ во живо го изработи првиот цртеж на манифестација. Музичката група „Јас, ти и тој“ изведе дел од својот репертоар. Александар Богатинов и Костадин Чавдаров настапија со песната „Пишано е“. Балетската група „Богданчанки“ изведе кореаграфија на песната „Макарена“. На публиката и се обратија и сценаристите Димитар Решков, Тања Окова и Македонка Солакова. Манифестацијата ќе се памети како убав настан. Фотографиите што се дадени во прилог на овој текст зборуваат за атмосферата. Да се надеваме дека манифестацијата ќе стане традиционална. Росана Карапуцева, Глигорчо Мингов, и Мирјана Трендова, новинари од VI – б одделение

Настан што не требаше да се пропушти Доделени наградите „Златна ветерница на популарноста“ Публиката што на 13 март 2014 година присуствуваше на манифестацијата “Златна ветерница на популарноста“ што се одржа во Општинското основно училиште „Петар Мусев“ во Богданци беше одушевена од тоа што се случуваше таму за што сведочеше гласниот и долготраен аплауз.Манифестацијата ја организираа учениците во VI-в одделение од оваа училиште. Познатите водители Ирена Станчева и Блаже Шарланџиев успеваа цело време да го држат вниманието на присутните. Настанот го следеа наставници, родители и ученици од другите одделенија.На манифестацијата се доделуваа награди во неколку категории. Во категоријата „Најдобра изработка“ статуетката „Златна ветерница на популарноста“ му беше доделена на Студиото „Вешти раце“ од VIII одделение кои ги изработија статуетките. Во категоријата „Најдобар спортски клуб“ „Златна ветерница на популарноста“ доби Ракометниот клуб „Прецизни“. Во име на Клубот наградата ја примија Ѓорге Симиќ, Костадин Тасев и Томче Ковачев.

Во категоријата „Најдобар кошаркар“ статуетки „Златна ветерница на популарноста“ им беше доделена на Јован Митров и Благој Прчев. Манифестацијата имаше и културно-забавен дел во кој настапија виолинистката Софија Јакимова, дуетот Серафина ЃорбашлиеваАнгела Димитровска и актерската група „Малиот принц“.Нивните точки беа исполнети со музика и актерска игра и беа зачинети со хумор и поучни заклучоци.Свој настап имаше и модното студио „Лични“ чии модели ги презентираа манакенките Надица Карајкова, Санела Панајотова и Олгица Кал’чева.Оваа манифестација ќе се памети по многу нешта. Фотографиите зборуваат за тоа што се случуваше таму.Да се надеваме дека како манифестација ќе стане традиционална. Тања Лазарова, Ана Бошкова и Николија Костенарова, новинари од VI- в одделение


ПОГЛЕД , Март 2014 

8

Парола на месецот

Разговор меѓу богданчајне и Богданчо на Богдан Богдански Б: -А бе, дек си? БББ: -Ја ме. Б: -Ја те, ама от коа т’ нема. БББ: -М’ нема! Как м’ нема!? Тук с’м, ама са а глеам р’ботта и не с’ меш’м ногу,ногу уф чујште работи. Б:- Не с’ мешиш, ама коа чуја оти ќ’ има избуре трча поскоро да с’ н’цртиш. БББ: -Каак д’ не, ќ’ с’ н’црт’м. З’ шо? Шо зорт им’м? Б:- Оти ид’т избуре. БББ: -Нек си идат. Шо и’м јас ус избурто. Нек’ му а лагат тие шо с’ мешат уф партијте. Нек’ му а лагат и тиа шо пу партиска линија с’ з’пуслиа и с’ намистиа на државни јасли. Тиа треба д’ си бид’т спремни и аку не пубеде нијнта партија да си и берат п’ртаљту. Јас т’кви м’ки нем’м. Н’ денут на избурто ќ’ оам да глас’м, аку оам, и капта н’ страна. Наам ќе си седн’м негде на с’лата и ќ’ си гле’м с’ире. Б: -Не, „аку оам“. Мора д’ ојш. Нели таа е гр’ѓанск’ обврск’. Шо ќ’ биде аку сите каж’т „аку оам“. Как ц’ избере субрание и пр’тс’дат’л. БББ: - Куту секујп’т и сеа. Ќе и избро’т лихчијнта и ќе кажат коа партија шо глс’ве дубијала. Наам, пу Донт’вта метода, ќе израчунат на коа партија колку м’ндата и се пулагат и ја ти субрание. За пр’тс’дат’л е поин’к. За пр’тс’дат’л ќе се гласе двап’та. Прво ќе има нешто куту полуфинале, куту кв’лификации. Финаљто ќ’ биде предигра на

главните избури. Куту главни с’ п’ртс’дата’лските оти с’ р’довни, ама не с’ главни. Главни ќ’ се тиа шо се вонредни - п’рламентарните. Б:-Викиш главни се пр’тсадат’лските, ама не с’ главни оти главни се п’рламентарните шо не с’ главни оти с’ вонр’дни. Т’ка т’ разбрах. БББ: - Т’ка е. Б: - Воа ми изгледа малц’ р’збрк’но. Нели пр’тс’дат’лут е највисоко на скалта уд власта? БББ: -Зависи как’ глејш на р’ботте. Б:-Как гле’м? Гле’м как шо е напишано уф Уст’вут. Прф е пр’тс’дат’лут, пу негу е на субранијто пр’тс’дат’лут, а трет е пр’миерут. Т’ка с’ наред’ани уф уставут. БББ:-Т’ка с’ н’пиш’ни, ама не с’ чит’т т’ка. Б:- Е как с’ чит’т? БББ:- Ја т’ка: Прф е пр’тс’дат’лут на држаавта ус кој куманд’ве пр’миерут. Втор е пр’тс’дат’лут на субранијто. И ус негу куманд’ве пр’миерут . Ус пр’миерут не кумандаве никуј, оти он е трет, ама секујпат е глав’н. Има едну отст’пувајне од ваа шем’ само уф случај коа пр’миерот е и пр’тс’дат’л на партијта шо има мнозинство уф п’рл’манетут. Уф тоа случај не с’ знаа шо е пр’миер шо е пр’тс’дат’л на партија. Не с’ знаа кој е кој, шо е шо. Власта си функционира куту

Црни точки

“Трио Гранде“. Един пее прв глас, а друјсте двујца му држат терца. Тоа т е еднугласно п’јајне уф три гласа. Б:- Воа т’ка гу з’плите шо цела икипа партиски експерт’ нема д’ мож’т да гу р’сплет’т. Значи ти си тук’за избурто? БББ:- Ај нек’ биде пу твојто. Б: -З’ д’ гласиш или за да з’качиш нешто? БББ:-Шо мож’ да се закаче за избурто? Некоа з’палка, пинкало... Аку имиш к’смет можиш да дојдиш и ду некоа блуза или капа. Б: -Не ми с’ вируве саму за капа да си дојд’н. И дрв’ да ти даат или брашно нем’ да одбијш, нели? БББ:-Не буд’леј, бе. К’кви дрва, к’кво брашно? Б:- Исти куту тиа шо и д’ваа лани за лукалнит’ избуре. Мер лани не ти д’деа дрва? На некуи им д’ваа. БББ:- Кој д’ва? Б:-Тиа шо им’т. БББ: -З’шо д’ваа? Б:- З’ глас’ве, з’шо! БББ:- Ми тиа шо нем’т? Б:- Тиа даваа к’ имаа. БББ: - Ми дек’ беа тие шо нем’т коа вие шо им’т д’ваа. Б: -Тук’ беа, ама им беше незгодно д’ с’ пубун’т з’ да не им с’ наљут’т. БББ. -Кој да им с’ н’љуте? Б: -Тиа шо д’ваа.

Според Законите на Марфи

Роднокрајна шега Додека Богданци, од 1965 до 1996 година, беше во составот на Општина Гевгелија неброени шеги се изродија на брановите на антагонизмот што се беше развил помеѓу Богданци и Гевгелија. Се раскажуваа шегите, им се

додаваат елементи, им се одземаа, се дотеруваа… Секоја страна форсираше свои шеги. Шеги во кои Тие беа главни. Шегата што следува богданчани ја сметаа за своја.

Динко Аврамчев, познат и признат стопанственик на ниво на СР Македонија, еден период, кон крајот на седумдесеттите, беше трговски претставник на СФР Југославија во Солун. За време на својот четиригодишен мандат тој дошол во контакт со претставници на „Дипон“, познат француски бренд за производство на бои. И тогаш како и сега се бараа инвеститори што ќе градат производствени капацитети во Македонија и ќе вработуваат луѓе. Аврамчев и претставниците на „Дипон“ договориле Французите во Македонија да изградат фабрика за производство на бои. Динко Аврамчев, со потекло од Стојаково, замислил фабриката да се изгради во месноста Горни Чаири во КО Богданци, на потегот под бензинската „Шимов“, за да можат во неа да се вработуваат и богданчани, и стојачани и ѓавочани.За да биде реализирана идејата нужно било да се спроведе соодветна постапка во Собранието на Општина Гевгелија. И така си кинисала идејата низ Собранието. Прво во Општественополитичкиот собор, па во Соборот на на Месните заедници, па во Соборот на здружен труд и на крајот на пленарна седница на Собранието.На тогашниот систем му се припишува едноумие, ама кога на дневен ред ќе се ставеа прашања во кој имаше јасно определен локален интерес расправите добиваа жесток плуралистички карактер и најчесто преминуваа во расправии. Така било и во овој случај: Не дозволувале гевгеличани фабриката да се гради во Богданци наведувајќи дека Богданци е оддалечено од автопатот и од железничката линија и таа

оддалеченост ќе се јави како проблем. Богданчани не сакале,пак, да чујат за таков проблем наведувајќи дека оддалеченоста од автопатот и железницата не може да биде хендикеп за населбата на чија територија е сместено најголемото транспортно претпријатие во Македонија, а можеби и во Југославија. Откако расправата добила драматичен карактер и откако осетиле дека нема да можат да спречат фабриката да се гради во Богданци и инвестицијата да ја пренасочат во Гевгелија, гевгеличани го извлекле крунскиот доказ. -Треба да бидеме рационални и одговорни. За каква фабрика за бои зборуваме? Како тој капацитет ќе биде рентабилен кога во неговата околина нема суровини? Од каде ќе се бараат суровини?- ја изрецитирале тие причината поради која фабриката не треба да се гради било каде, а најмалку во Богданци.. -За суровини ич да не берете гајле. Нека се направи фабриката, а суровини ќе се најдат. Зарем вие имавте суровини кога ја направивте лудницата во Негорци. Немавте. Се изгради болницата, се најдоа суровини и сега таа работи со полн капацитет, Тодор Станчев, стопанственик и општественик од Богданци, неможејќи да дотрае, се јавил за збор и си го кажал своето мислење со многу јасни алузии. Што се случувало натаму зад затворени врати не е сосема јасно, ама фабриката за производство на бои што францускиот бренд требаше да ја гради во Богданци не виде бел ден. Останаа спомените за неа и оваа шега.

Суровините



Задушеност од плакатирањето Пред секои избори се апелира претендентите за добивање на граѓанските гласови како чекор за добивање мандат или нивните претставници плакатите како изборен материјал да ги истакнуваат на за тоа прецизно определените места. После секои избори насекаде остануваат налепени плакати по ѕидовите, по бандерите, по трафостаниците... Ги има насекаде само не таму каде што определиле надлежните. И денес,една година по последните избори, насекаде низ Богданци сеуште можат да се видат сериозните лица на кандидатите за место во општинската власт како не

Тимската работа е згодна опција. Вината секогаш може да се префрли кај друг.

гледаат од избледените, раскубани и обезличени плакати. Ги има дури и од некои многу одамна минати избори. Истите тие ликови кои ни порачуваа дека ќе се залагаат за чист и среден град, за ... за многу други работи. Очичледно дека не биле сосема искрени во намерите кога дозволиле плакатите со нивните ликови да се лепат и таму каде што тоа не е дозволено. И, што е побитно, да останат таму. На една неодамнешна седница на Советот на Општина Богданци се разгледуваше и усвојуваше Годишниот извештај за работата на Општинскиот комунален инспекторат. Никој ништо не праша

за комуналниот проблем пластови од плакати на несоодветни места.. Можеби партискиот интерес на советниците не им дозволува да преткаат по незгодни прашања за кои се виновни токму тие-партиите, ама интересот на граѓаните не е тоа да биде така. „Поглед“ од ова место моли партиите на овие избори да се воздржат во нагрдувањето на градот. Граѓаните го разбираат нивниот интерес да се доберат до власта, но нека и тие ја разберат заинтересираноста на граѓаните за изгледот на Богданци. Никој не сака градот да биде задушен од плакати.

Универзална шега Оваа шега нема роднокраен карактер.Во нејзиниот карактер има глобални елементи. Би се рекло дури и со универзално значење. Нејзината роднокрајност се условува со изборите со кои ќе се соочиме наскоро. За изборите, во функција на „глас повеќе“, ќе има многу непристојни предлози. Тоа е веќе чекор повеќе кон дефинирањето на карактерот на личноста. Кога еднаш ќе се дефинира карактерот на некоја личност нема веќе отстапување. Однесувањето кон таа личност

секогаш ќе биде условено од дефинираноста. Се мисли на цената. Цената секогаш е варијабилна. Зависи од конјунктурата. И конјунктурата е варијабилна. Затоа после не треба да има лутење Еднаш изнесеното на продажба –секогаш е на продажба. Но треба да се знае дека не се продава се што се изнесува на продажба. Дури и ако продажбата еднаш успеала. Башка, пак, и цената паѓа. Кому не му се јасни овие работи нека му се наврати на Гете. Тој во „Фауст“ објаснува нешто на оваа тема

Пристојноста на непристојните предлози -Слушај, ќе и каже еден на една, дали би спиела со непознат маж за сума од еден милион евра? -Што знам!? Еден милион евра се многу пари. Многу работа може да се заврши со нив. Би спиела, зошто, па да не.- одговорила прашаната. -Добро. А дали би спиела со мене за пет евра?- се поставило ново

прашање. -Еј!, спискала прашаната. Што си дозволуваш? За што ме мислиш мене? Што сум јас? -Полека. Не се вжештувај. Што си ти утврдив: Ти си жена што би спиела со билокој за пари. Сега ја утврдувам цената.

Агенција за обезбедување на лица и имот

тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk

тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: shimov@t-home.mk

Богданци

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk adstocarstvo@t-home.mk

БАЏО

www.badzo.com.mk info@badzo.com.mk


Pogled Br.60 Mart