Issuu on Google+

БРОЈ 43, Октомври 2012

Број 50 Мај 2013

Поглед од мојот агол

Товарот на одговорноста PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Пишува:

стр.4

Илија Тумбов

Писмо до Ристо Лазаров

Ветерен парк “Богданци”

И со наслов и со причина

Пишува: Евгенија Ќука

(...) Ти се обраќам во второ лице, без персирање затоа што бевме колеги во еден плодотворен период. Писмово е лично до тебе затоа што твоето обраќање ме погоди и професионално и лично. (...) стр.4

Венера Стамнова, кума на годинешниов Панагир

Првата фаза е завршена Се постави каментемелник на втората фаза од изградбата на Ветерниот парк “Богданци”. стр.3

(...) Како и да е, Бог нека ми даде здравје, а за другото како ќе биде-ќе биде.(...) стр.6

РОДЕНДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА “МЕГДАН”

Сениорите

„Старо и младо се собираме, веселба на душата си правиме.“ ќе речат, во една реченица од воведниот дел, најавувачите на годишниот роденденски концерт на Ансамблот за традиционална музика и игра „Мегдан“. Концертот се одржа на 4 мај, ден пред Велигден, во Спортската сала на „Млаз“. Играорците облечени во народна облека на влезот од салата, за добродојде, ги даруваа посетителите со вапцани велигденски јајца. Истовремено се делеа и програмчиња на кои беше напишано тоа што ќе биде содржина на настапот и биографијата на ансамблот. На програмата имаше и Сплет на игри од Повардарието, и Водарки, и Сплет на игри од Малешевијата, и Право оро и Малешевка, и Калајџиско, и Тресеница и Сплет игри од Источна Македонија и Разигран Пирин. Не недостасуваа ниту македонски народни песни испеани на традиционален начин и „а капела“ како што инструменталистите на ансамблот ја исполнија „Не пиј Недо“. „ И се така започна. Со ентузијазам сплетен во 7/8 такт, сплотени уметнички души решија да излезат на МЕГДАН. Фолклорот е богатство, а ние сме негови амбасадори. Ќе ни биде чест и задоволство да уживате со нас.- ни порачаа низ играта вљубениците во традиционалната музика и игра тоа саботно попладне додека се препотуваа од горештината што владееше во салата. А салата беше исполнета како што во своите најдобри денови знаеја да ја наполнат ракометарите на „Младост“ и ракометарките на „Млаз“. Игла да нема кај да падне. И на трибините и на игралиштето. Сто и дваесетте ентузијасти поделени во четири групи според нивната возраст, од 18 часот, па се додека во салата имаше виделина од дневната светлина што се пробиваше низ прозорците, под светлата на скржавите рефлектори за кои одвај беше обезбедена струја,

Јуниорите

со енергија каква само младоста знае да поседува, а ентузијазмот да ја придвижи ги разгалуваа чувствата на присутните. Во салата беше пеколно жешко, дали од сончевата топлина или од вжарените срца како на играорците така и на публиката. Да имаше струја во салата којзнаа дали концертот ќе завршеше таа вечер. „Мегдан“ постои одвај една година. За тоа време, под раководство на дипломираниот етнолог Петар Стојчевски, се поставени 10 кореографии. Во составот на ансамблот формирани се вокални групи

и оркестар кои, под водство на дипломираните професори по музика Бранко Сапламаев и Миле Атанасов, значајно придонесуваат за развојот на ансамблот. Од октомври 2012 година „Мегдан“ е член на Сојузот на Фолклорни ансамбли на Македонија. Во своето едногодишно постоење „Мегдан“ се има претставено на повеќе фолклорни смотри и фестивали. Неговите помлади членови учествуваат на сите школски манифестации. Во „Мегдан“ не можат да ја скријат радоста што си обебедиле два комплета носии и тапан. И нивните

Во ритамот на традицијата

натамошни планови се во таа насока: збогатување на репертоарот, комплетирање на фундусот од носии и опрема и чување и негување на богатиот македонски фолклор. Затоа треба да се разбере Петар Стројчевски кој на крајот од концертот на присутните им се обрати со следниве зборови: „Оваа вечер кога го достигнавме врвот има само едно име –УСПЕХ. Вашите деца се генијалци. Овој успех е нивен. Бидете горди на нив и на талентот што го носат во себе. Почитувани, ви благодариме за присуството и за поддршката што ја добиваме од вас.“

Оркестарот

ЗУПЛ

БОДИГ КОМПАНИ тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk

тел.факс 034/ 221.709

„На мислење сум дека едно гласило преку кое ќе се прекршува заинтересираноста на граѓаните од ова подрачје би било од големо значење за самото подрачје, сум напишал во обраќањето до читателите објавено во првиот број на „Поглед“ што излезе на 10 март 1999 година објаснувајќи ја идејата водителка што ме мотивираше да го основам весникот. Весникот беше наречен „Поглед“. Идејата беше тој со свој поглед да гледа на работите околу него. Чистотата и бистрината на погледот да го дефинираат односот на весникот кон нив. Да ја определи неговата уредувачка политика. Но работите не одеа така како што се планираше. Многу нешта во општеството се видоизменија. Весникот немаше сила да се носи со предизвиците што му беа наметнати и се повлече.Пролетта 2009 година Печатницата „Софија“ покажа интерес за возобновување на „Поглед“. Не се чекаше долго за реализација на идејата.Првиот број на возобновениот „Поглед“ излезе во јуни 2009 година. Сега веќе форматиран како независен месечен весник на Богданци. -Демократските принципи подразбираат независно, лично и слободно гледање и восприемање на нештата што се случуваат околу нас. Но, демократските принципи, исто така, подразбираат и слободно и неограничено изнесување на своите мислења, напишав во воведниот напис насловен „Еве ви трибина“ што се објави по повод воскреснувањето на „Поглед“. Откупувајќи си простор за своите логоа и претплатувајќи се на определен број примероци од весникот компаниите „Шимов“, „Интера +“, „Старком“, „Сточарство“, „Баџо“, „Бодиг“ и „Софија“ му подадоа рака на пријателство на „Поглед“. Веднаш потоа во кругот пријатели на „Поглед“ се приклучија „Бреботекс“, „Пекара ММ“, „Туран“, „Тим-Агенција за обезбедување“, Општинското здружение на пензионерите и ЗУПЛ„Негорски Бањи“. Еден период и Општина Богданци беше се претплатила на сто примероци од весникот, но поради незадоволството од некои согледувања на „Поглед“ се откажа од претплатата.На страницитена „Поглед“ место најдоа текстови потпишани од многу автори. Немаше настан да се случи во Богданци, а да не биде „покриен“ од „Поглед“. По педесеттото издание, со голема доза на сигурност, може да се каже дека „Поглед“ стана дел од богданското секојдневие.

Уредникот

Салата одамна не била така полна

изработка на алуминиски конструкции

50 изданија на „Поглед“

НЕГОРСКИ БАЊИ

АД с. Негорци, Гевгелија

изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk


Од втората седница на Советот на Општина Богданци

носител на листа Се формираа комисиите на Советот

ќ

БЛА

Известувач: Илија Тумбов

за време на мандатите на секој од Советнички прашања: досегашните градоначалници. -Советникот Ристо Киров, како прво прашање, ја праша АНАСТ градоначалничката какви ОЛУ отпуштања на вработените 19 ЗА БО во Општината има на што ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕК Градоначалничката Анастасија ЗА НАРЕДНИТЕ ЧЕТИР Олумчева му одговори дека тоа се *- На четвртата точка се носеше вработувања со договор за времено решение за избор на членови на вработување на кои договорот Шапов Комисијата за јавни дејности наБлаже им е истечен и нејзе само и се Советот на Општина Богданци. паднало да констатира престанок Без дискусија, со 10 гласа за и 1 на вработувањата. глас „Воздржано“ се донесе Решение Како второ прашање Киров во Комисијата за јавни дејности на ја праша градоначалничката Советот на Општина Богданци да се каква е функцијата на советникот изберат: Сузана Мандалова , Кристијан Тодоров општинската Анастасија Олумчева, Риса Бејкова, за претседател, администрација на што градоначалничка советнчка а Ристи Киров, градоначалничката Анастасија Душко Енџекчев, Советничката Сузана Мандалова: „Како прво советничко прашање барам Олумчева му одговори дека *-На првата точка, без Катерина Чрчева и написмено, да ми одговориНикола колку во овој момент должи Сузана Мандалова Стратров се случило и правничката и градоначалничката, дискусија, со 11 гласа „За“, ЛИСТАисто НА СОВЕТНИЦИ 4 Сузана Мандалова, написмено, барам ЗА ОПШТИНА БОГДАНЦИ политикологот вработени во Општина Богданци и на кого и, како второ прашање, советниците, во согласност со член за членови. општинската администрација градоначалничката да ми даде извештај за тоа кој градоначалник за колку ја 27 од Законот за семејство во кој се да се пороидилно отсуство, па задолжил Општината за време на неговиот мандат.“ дефинира дека при склучување брак, *-На петтата точка се избираше советникот Кристијан Тодоров, покрај лицата што склучуваат брак, Градоначалничката Анастасија Олумчева: „Ќе добиете писмен одговор двајцата сведоци и матичарот, треба Комисија за урбанизам, комунални како правник, волонтерски помага да има присутно и лице опредлено дејност�� и заштита на животната во работата на општинската на двете прашања.“ од Советот на Општината, донесоа средина на Советот на Општина администрација. -Советникот Борис Ванчев Одлука со која се определува Богданци. Во расправата советникот упати забелешка дека детското членовите на Советот на Општина Богданци и Градоначалничката на Кристијан Тодоров предложи, затоа игралиште кај Домот не се одржува Советнички прашања: Општина Богданци, поединечно, да што по образование е градежен и уште некои забелешки од областа може присуствуваат при склучување инженер, советникот Стојан Воданов на јавната чистота. АНАСТ да биде претседател на Комисијата. -Советникот Стојан Воданов, брак во Општина Богданци. ОЛУМ Предлогот беше ставен на во процедурална забелешка, 19 ЗА БО изјаснување. Со 5 гласа „За“ и 6 гласа укажа дека советниците треба да *- На втората точка, без ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕК ЗА НАРЕДНИТЕ ЧЕТИР дискусија, со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ предлогот не го доби поставуваат советнички прашања, а не како Борис Ванчев нашироко „Воздржано“ се донесе Решение во потребното мнозинство. На гласањето, со 6 гласа да опишуваат состојби затоа што Комисијата за Статут и прописи на „За“, 4 гласа „Воздржано“ и 1 постои Програма за одржување Советот на Општина Богданци да се глас „Против“,донесе Решение во на јавната чистота и треба да се изберат: Комисијата за урбанизам, комунални види дали таа се реализира и уште Борис Ванчев, за претседател дејности и заштита на животната забележа дека, како советници, и Никола Стратров, средина на Советот на Општина не им било објаснето по колку Сузана Мандалова, Александар Ќириќ Пандорка Ш Митко Ѓаваталиев Богданци да се изберат: советнички прашања имаат право Кристијан Тодоров и Ристо Киров, за претседател да поставуваат. Душко Енџекчев, Ристо Киров , а Никола Стратров, Анастасија Олумчева, -Претседателот Блаже Шапов за членови. Риса Бејкова, градоначалничка ги потсети советниците дека советник Стојан Воданов советничките прашања што ги *-На третата точка се носеше и Ристо Енџекчев, Советникот Ристо Киров: „Ме интересира за какви отпуштања на поставуваат треба да бидат јасни и решение за избор на на Комисијата за членови. првоНА советничко прашање, ЛИСТА СОВЕТНИЦИ кратки, а во врска со забелешката вработени во Општина Богданци се работи, како за финансирање, буџет и локален 4 ЗА ОПШТИНА БОГДАНЦИ Кристијан Тодоров во на Воданов кажа дека секој и како второ, каква е функцијата на советникот економски развој на Советот на *На шестата точка се администрација?“ советникБејкова добил копија од Законот општинската Општина Богданци. Борис Ванчев Риса Ристо Киров Стратров Градоначалничката Анастасија Олумчева: „Се работи за времени Во расправата советникот избираше Комисија за еднакви за локална самоуправа, копија од Стојан Воданов предложи, за можности помеѓу мажите и жените. Сатутот на Општина Богданци и вработување, со договор, за кој договорот е истечен уште пред дваесетина копија од Деловникот на Советот дена и на мене ми се падна само да им констатирам завршување на договорот претседател на Комисијата, наместо на Советот на Општина Богданци Советнициоте со 11 гласа „За“ на Општина Богданци во кои има се и престаник на вработувањето. Ова е одговорот на првото прашање. Никола Стратров, да биде предложен За второто прашање: Во овој момент правничката и политикологот се на Ристо Енџекчев кој е економист, веќе донесоа решение во Комисијата што на советниците им е потребно за еднакви можности меѓу мажите да знаат во врска со нивните права, породилно отсуство, па Кристијан Тодоров, како правник волонтерски помага докажан во работата. во општинската администрација.“ Претседателот Блаже Шапов и жените на Советот на Општина обврски и надлежности. се согласи дека Ристо Енџекчев Богданци да се изберат: Сузана Мандалова, за е докажан економист кој може многу да придонесе за работата претседател, А Риса Бејкова, на Комисијата, но тој тоа може да Борис Ванчев, го прави и како нејзин член и уште Катерина Чрчева и кажа дека и Никола Стратров е Стојан Воданов, докажан во работата. за членови. Предлогот на Стојан Воданов Како шеста точка од дневниот беше ставен на гласање. *-Седмата точка беше наменета ред за работа на Советот на Општина За предлогот се изјаснија 5 Богданци на Втората седница советници, а 6-мина се изјаснија за за советнички прашања. -Советничката Сузана беше Предлог-Решението за воздржани со што предлогот не го Мандалова, како прво прашање, избор на претседател и членови на доби потребното мнозинство. од градоначалничката Комисијата за еднакви можности На гласањето со 6 гласа побара „За“ и 5 гласа „Воздржано“ се написмено да и се даде извештај на жените и мажите на Советот на донесе Решение во Комисијата колку е должна Општина Богданци и Општина Богданци. Советниците второ прашање, побара едногласно, без дискусија, го за финансирање, буџет и локален на кого и, како за работа на Советот на Општина Душко Пандорка Шапкарова Иван Јованов написмено да и се даде Стамков извештај прифатија предложеното решение и мажите не е запишана во тој список. Богданци на Втората седница на економски развој на Советот на „Поглед“, со следењето на за задолжувањата на Општината во Комисијата беа избрани Сузана Општина Богданци да се изберат: Советот на Општина Богданци што Мандалова, Риса Бејкова, Борис активностите на Советот на Општина се одржа на 8 мај 2013 година. Богданци, знае дека врз основа на Ванчев, Катерина Чрчева и Стојан Ова по малку звучи банално, барањата од Законот за еднакви Воданов. ама баналностите понекогаш можности на жените и мажите Во воведниот дел на Предлогот Печати: работите ги прават сериозни и стоеше дека решението треба да се („Службен весник на РМ“ број 6/12) проблематични. „Софија“ Богданци Комисијата беше формирана и се во донесе врз основа на член 14 ,став Во овој случај банално е 5 од Законот за еднакви можности врска со неа беше беше одлучено што во текстот на Статутот не се е Издава: Жиро-сметка: да се внесе во актите на Општина на жените и мажите (што е од понов „СОФИЈА“ внесено тоа што требало да биде 270000000711867 датум, 2012 година) и членот 31 и 32 Богданци, па не е јасно како по толку внесено. 1484 Богданци, Халк Банка-Скопје време постоење на Комисијата таа не од Статутот на Општина Богданци. ул. “Маршал Тито” 21 Проблематично е затоа што Даночен број: Во образложението од е запишана во списокот на постојани Решението за Комисијата што е комисии на Советот. МК4006991101880 Комисијата за мандатни прашања, Директор: Уште понеобично е како донесено нема основа во Статутот. избори и именувања потпишано од Сериозно е затоа тоа што не Драги Семенпеев Комисијата која функционираше во нејзиниот претседател Блаже Шапов Редакција: е дозволено да се случуваат вакви еден дел од мандатот претходниот кој едновремено е и претседател на Маршал Тито 21 пропусти. Уредник: Советот на Општина Богданци, се состав на Советот, не се заложила 1484 Богданци „Поглед“ овие сознанија ги во актите да биде внесено се што се Илија Тумбов вели дека Советот е должен да го тел. 075 738834 црпи од документите на Општина однесува за неа. прави тоа врз основа на неговите факс: 034 222006 Најнеобично е како тоа Богданци што и се достапни на надлежности определени во член Уредува редакциски колегиум pogled@sofijaprint.com.mk актуелната Комисија за мандатни јавноста. Можеби во службените 25 од Статутот на Општина Богданци www.issuu.com/pogled прашања, избори и именувања и сите документи тоа е соодветно чија точка 38 регулира формирањето Технички уредници: единаесет актуелни советници не регулирано, но се што носи печат на комисии. Валентина Попова забележале дека всушност, Статутот на Општина Богданци е службен Во член 31 од Статутот на Јован Роглев на Општина Богданци кој е во сила, не документ и треба да биде ажуриран Општина Богданци пишува дека им дава основа врз кој што можат да без разлика која е неговата крајна Советот на Општина Богданци има намена. го донесат Решението што го донесоа пет постојани Комисии. Комисијата на шестата точка од дневниот ред за еднакви можности на жените и Никола Стратров, претседател, а Блаже Шапов, Борис Ванчев, Ристо Енџекчев и Кристијан Тодоров, за членови.

за

www.anastasijaolumceva.mk

Во полн состав и во присуство на градоначалничката Анастасија Олумчева, Советот на Општина Богданци на 8 мај 2013 година ја одржа својата втора седница. На почетокот советниците, без забелешки, измени и дополненија, со 11 гласа „За“, го освоија записникот од првата, конститутивна, седница на Советот на Општина Богданци. Со седницата претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци. Без забелешки, измени и дополнувања, исто така едногласно, советниците, за работа на Советот на оваа седница, го прифатија дневниот ред од седум точки како предлог даден со поканите за седница.

кандидати за членови на Советот на општина Богданци

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.

Развој и промоција на новопла индустриски зони Изградба на спортска сала во О Богданци Донесување на Генерални и де планови за сите населени мест на општина Богданци Изградба на доводен цевковод Ѓавато до резервоар во населе Изготвување на Стратегија и п решавање на проблемот со ат во општина Богданци Изработка на проектна докуме пречистителна станица за отпа Изградба на фекална канализа станица во с.Селемлија Поставување на рабници и асф улици во с.Ѓавато и с.Селемлиј Реконструкција и ставање во ф Култура во сите населени мест

МАКЕДОНИЈА СЕ САКА СО ДЕЛА

За нас најважна работа е дадениот збор. Тоа може да се види во сите општини во кои досега градоначалници беа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија", но и преку реализираните ветувања на ниво на централна власт. Во овие општини во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем дел од проектите за кои дадовме збор. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти, кои ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Со програмите за Македонија 2013-2017 година, кои се реален одраз на потребите на граѓаните, предвидовме 10.112 нови дела за 70 општини. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Македонија. Затоа што татковината не се сака само со зборови. Тие што вистински ја сакаат својата земја, работат за неа, ја сакаат со дела.

БЛАЖЕ ШАПОВ

4. СТОЈАН ВОДАНОВ

6. МАРИЈА ЌАЕВА

1. ДУШКО ЕНЏЕКЧЕВ

8. ГОРАН СЛАМКОВ

2. КРИСТИЈАН ТОДОРОВ

3. КАТЕРИНА ЧРЧЕВА

10. МИТКО СТАНОЈСКИ

www.anastasijaolumceva.mk

та

ла

ПОГЛЕД ,Мај 2013 

2

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.

Развој и промоција на новопла индустриски зони Изградба на спортска сала во О Богданци Донесување на Генерални и дет планови за сите населени места на општина Богданци Изградба на доводен цевковод Ѓавато до резервоар во населен Изготвување на Стратегија и пр решавање на проблемот со атм во општина Богданци Изработка на проектна докуме пречистителна станица за отпа Изградба на фекална канализац станица во с.Селемлија Поставување на рабници и асф улици во с.Ѓавато и с.Селемлија Реконструкција и ставање во фу Култура во сите населени места

МАКЕДОНИЈА СЕ САКА СО ДЕЛА

За нас најважна работа е дадениот збор. Тоа може да се види во сите општини во кои досега градоначалници беа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија", но и преку реализираните ветувања на ниво на централна власт. Во овие општини во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем дел од проектите за кои дадовме збор. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти, кои ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Со програмите за Македонија 2013-2017 година, кои се реален одраз на потребите на граѓаните, предвидовме 10.112 нови дела за 70 општини. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Македонија. Затоа што татковината не се сака само со зборови. Тие што вистински ја сакаат својата земја, работат за неа, ја сакаат со дела.

4. СТОЈАН ВОДАНОВ

6. МАРИЈА ЌАЕВА

1. ДУШКО ЕНЏЕКЧЕВ

8. ГОРАН СЛАМКОВ

2. КРИСТИЈАН ТОДОРОВ

На маргините на седницата:

3. КАТЕРИНА ЧРЧЕВА

10. МИТКО СТАНОЈСКИ


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

3

Ќе се почне со монтирањето на ветерните електрани Патот до Ветерниот парк „Богданци“ е пробиен и се прават последните завршни работи на него. Каде што треба се отвораат канали кои се бетонираат за дождовните води да не ја разнесуваат подлогата околу патот. На некои места се поставени рабници. Некаде, под патот, има направено подземни проводници на водите од пороите и рекичките што се вкрстуваат со новоизградениот пат. На некои места се насипува толчен камен за да се нивелира патот и за да биде полесно совладувањето на угорнините. Темињата на кривините и аглите на косините на патот се правени за да ја задоволат потребата што ќе ја наметне превозот на елементите за ветерните турбини и превозот на градежните материјали за постамнентите на столбовите кои ќе бидат со височина од 84 метри и ќе носат турбини чии елиси при вртењето ќе имаат пречник од 93 метри. Се спомнува дека по патот ќе се превезуваат елементи чија тежина ќе достигнува повеќе десетици тони. Затоа патот, односно некои делови од патот, за да не бидат уништени, ќе бидат асфалтирани дури по завршувањето на монтажата на турбините. Турбината број 1 ќе биде поставена на чукарките над Змиите. Турбините 2,3 и 4 се на Асаница од страната на Долгата орница и од страната на Ванчеви ичомејне. Број 5 ќе биде лоцирана на ранавечката страна на Ванчеви ичомејне.

Турбините од број 6 до број 13 се распослани низ Раневац и Бандерата до околината на Дојкови Чешми. Турбините број 20,21 и 22 се ќе се постават на чукарките јужно од Мамино. Во оваа фаза ќе се изградат вкупно 16 турбини. Турбините број 14,15,16,17,18 и 19 нема да се градат во оваа фаза. Ако тие се изградат некогаш тогаш Ветерниот парк „Богданци“ би имал 22 ветерни турбини со инсталирана моќност од 50 MW. Шеснаесетте турбини што ќе се монтираат во втората фаза ќе бидат со инсталирана моќност од по 2,3 MW со што ќе се обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36,8 MW. Од другата инфраструктура, покрај патот, изграден е приклучниот далековод, командната зграда и собирната трафостаница од 20/110 KV. Со поставувањето на кемен-

Анастасија Олумчева на камен темелникот

Дејан Бошковски,генерален директор на ЕЛЕМ

„Ми претставува чест што денеска означуваме почеток на сосема нов капацитет за производство на електрична енергија како прв од ваков тип со што почнуваме нова ера во енергетскиот систем на Република Македонија. Промовираме објект што ќе ни обезбеди чиста енергија од обновливи извори користејќи го ветерот како погонска сила. Го означуваме почетокот на градењето на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. За да дојдеме во оваа фаза ние изодевме неколкугодишен период во кој требаше да обезбедиме се што ни е потребно за градење на еден ваков објект преку креирање на атлас на ветрови со цел да изградиме физибилити студија. Минатата година ги завршивме сите подготовки за изградба на потребната инфраструктура.

Се потпиша договор со „Сименс винд“ од Данска преку „Сименс АС“ од Грција за монтажа, пуштање во употреба и одржување на 16 турбини на ветар за Ветерниот парк „Богданци“. Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Секоја од нив ќе има по 2,3 MW инсталирана моќност. Височината на секој столб ќе биде 84 метри, а пречникот на кругот што ќе го затвораат елисите ќе биде 94 метри. Вкупната инсталирана моќност ќе биде 36,8 MW во првата фаза од изградбата на овој објект. Локацијата нуди можност за изградба на дополнителни ветерни турбини со што инсталираната моќност би се заокружила на 50 MW. Со турбините што ќе се монтираат во првата фаза ќе се добива 100 GWh електрична енергија, доволна за задоволување на потребите на околу 15.000 семејства или околу 60.000 луѓе. Во моментот се призавршува

Идентитетски прашања На Телевизија „Сител“ и уште некои медиуми објавија дека Ветерниот парк „Богданци“ се наоѓа во валандовско. Пред некое време кажуваа дека Паљурци било во дојранско.Ова би требало да го боли секој самосвесен богданчанец. Да го боли до неиздржување. Идентитетските прашања во државава во последно време се банализираа до степен на вулгарност, но прашањето за кое станува збор има сосема друга димензија.

темелникот симболично се завршува првата фаза и почнува втората фаза. На поставувањето каментемелник покрај луѓето од ЕЛЕМ предводени од генералниот директор Дејан Бошковски, присуствуваа премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој беше придружуван и од други членови на владата, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Гудрон Штајнехер, претставници на изведувачот „Сименс винд“ од Данска и „Сименс АС“ од Грција, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалници од околните општини и многу други заинтересирани граѓани и граѓанки. На сите нив домаќини им беа Анастасија Олумчева, градоначалничката на Општина Богданци и некои членови на Советот на Општина Богданци.

Богданци си е Богданци откога знае за себе. Се што е негово е богданско. Порано беше така, но во последно време работите на овој план се разводнети. На Википедија пишува дека Богданци било во Бојмија. Насекаде стои дека Богданци било во Гевгелисковаландовската котлина. Дури и во Локалниот еколошки акционен план на Општина Богданци, запишано е дека Богданци се наоѓа во Гевгелиско-валандовската котлина. Ако оваа им е недоумица на

изградбата на потребната инфраструктура: пат, придружни објекти, командна зграда и трафостаница од 20/110 KV што ги изведува „Терна Сименс“. Подготвени се и платформите каде што ќе бидат поставени фундаментите за столбовите со електротурбините. Во наредните два месеца ќе пристигнат електротурбините, а во последниот квартал од годината очекуваме објектот Парк на ветерни турбини „Богданци“ да влезе во енергетскиот систем на Република Македонија и да почне да произведува електрична енергија. Дел од средствата за овој проект се обезбедени преку германската КФВ Банка . Проценетата вредност на проектот е околу 55,5 милиони евра. Германската КФВ банка обезбеди 32,9 мил��они евра додека останатите 22,6 милиони евра се средства на ЕЛЕМ. Денеска енергетиката на ветар претставува гранка која најбрзо се развива, како во поглед на технологијата, така и во поглед на порастот на инсталираните ветерници. Глобалната стратегија на планот на енергетиката вклучува изградба на енергетски системи кои се еколошки и економзки оправдани.Меѓународниот протокол за намалување на емисијата на гасови во атмосферата принуди многу земји, со разни субвенции, да ја помагаат изградбата на вакви електрани.Од сите електрани што произведуваат енергија од обновливи извори најголема стапка на развој има токму производството на енергија од ветар. Оваа иницијатива совршено се совпаѓа и во стратегијата на владата за развој на вакви капацитети.“ некои нека се качат до Врвот од каде што погледот се пружа на сите страни и ќе видат дека Богданци може да биде само во Богданска котлина и никаде на друго место. Поранешните генерации немаа недоумици со тоа. Зошто сега би било поинаку? Некој треба да тропне на маса и да пресече дека Богданци е во Богданска котлина за да нема повеќе недоразбирања на тој план. За идентитетските прашања со кои се мачи Богданци има место и за организирање на една трибина на таа тема.

Никола Груевски претседател на Владата на Република Македонија

„Развојот на енергетскиот сектор претставува еден од основните двигатели на економскиот развој на секоја земја. Само државите што долгорочно го имаат решено прашањето со енергијата може да се каже дека се независни. Сите останати, меѓу кои и Македонија, останува дополнително да истражуваат и да финансираат во нови и современи капацитети со цел да обезбедат долгорочни и сигурни извори на енергија. Знаејќи ги ваквите потреби, Владата на Република Македонија, преку државните енергетски компании, постојано инвестира во системот на енергетска поврзаност и во потрага по нови извори на енергија, изградба на нови енергетски капацитети како и надградба и усовршување на постоечките. Во овие рамки во минатиот период се спроведоа обемни истражувања на можноста за искористување на ветерната енергија како еден од најбрзорастечките сегменти во производството на струја од обновливи извори на енергија. Истражувањата и подготовките за овој проект кои траеја 2 години укажаа дека на повеќе локации во Македонија, вклучително и на оваа локација, има можност и предуслов за за изградба на ветерници. Благодарение на тоа Република Македонија почна со првата инвестиција на оваа поле и изградба на првиот парк на ветерници во нашата земја. Во финансиската рамка од 55,5 милиони евра, 22,6 милиони се сопствени средства, а останатите 32,9 милиони евра се обезбедени од Германската КФВ Банка со потпишување на Протокол за развојно-политичка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија. Како што може да се види

патната мрежа и придружните објекти забрзано се градат со цел што што поскоро да се овозможи монтажа на самите ветерници и нивно вклучување во енергетскиот систем на Република Македонија. Овој парк на ветерници, прв во Македонија, освен овие 16 ветерници има можност за уште неколку кои најверојатно ќе бидат продолжеток на овие кои планираме да ги довршиме до крајот на оваа година. Со овој проект почнува ново поглавје во енергетското портфолио на Република Македонија со што нашето стопанство добива сигурен, долгорочен и незагадувачки извор на енергија. Се надевам дека инвестицијата ќе има голема економска исплатливост и ќе придонесе за други проекти од ваков вид. Како влада остануваме на нашите заложби за обезбедување на енергетски суверенитет на нашата земја и зајакнување на потенцијалот на нашиот електро-енергетски систем. И се заблагодарувам на ЕЛЕМ, и се заблагодарувам на локалната самоуправа и поранешниот градоначалник, на сите фирми кои учествуваа во реализацијата на овој проект и на сите оние кои дадоа свој прилог во истражувањето и финансирањето, вклучувајќи ги и членовите на Владата кои беа ангажирани околу овој проект. Посакувам успешна работа во реализацијата на првиот парк на ветерници во Македонија и околу нова година да се видиме при пуштањето на овие 16 ветерници во погон и да се договориме кога ќе започне реализацијата на останатите за кои цената сигурно ќе биде пониска затоа што многу работи се веќе направени. Нека е со среќа, нека е аирлија.

Гудрон Штајнехер, амбасадор на Сојузна Република Германија

„Големо ми е задоволството што можам да присуствувам на полагањето камен темелник за изградба на Ветерниот парк „Богданци“ што претставува голем иновативен проект. Се радувам што овој чекор соодвествува со временскиот план. Оваа покажува колку е ефективн и делотворна соработката помеѓу Германија и Македонија. По налог на Владата на Сојузна Република Германија овој проект се финансира, со речиси 33 милиони евра, од Германската банка за развој. Од Банката ми кажуваат дека ЕЛЕМ се покажал како успешен партнер. За поздравување е и фактот што во овој проект ЕЛЕМ ја ужива и подршката на македонската

влада како и подршката на Општина Богданци за што сакам да им изразам голема благодарност. Се надевам дека овој ветерен парк ќе проработи за неколку месеци и убедена сум дека од овој ветерен парк ќе произлезе јасна политичка порака дека ветерната енергија е реална опција во вашата земја и можат да се надминат сите логистички и регулаторни предизвици. Тоа укажува на можноста дека вакви проекти се на повидок и од страна на приватни инвеститори. Се надевам дека за скоро врема овде, во Богданци, ќе присуствуваме на пуштањето во погон на Ветерниот парк „Богданци“.


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

4

Товарот на одговорноста Пишува:

Илија Тумбов 1. Ани, Ани, што ни направи? Што ти требаше, како жена, да победуваш на изборот за градоначалник, па сега не знаеме како да те нарекуваме. Градоначалничка си, ама сите некако не влече да те нарекуваме градоначалник. Се во рамките на еднаквите можности. Рече ли некој „еднакви можности“ или само така ми се причини? 2. Беше и помина „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“. Откако, по толку многу акции за пошумување, ги наполнивме голините со борови, елки и разни други четинари ред беше да им се

навртиме на листопадните дрвја. Како што и прилега не се одбра било какво дрво туку токму МАКЕДОНСКИОТ ДАБ. Петнаесет до дваесет метри височина и до еден метар широчина не се шега, еј. Тоа се пет-шеснаесет кубици од еден даб дрва за огрев или граѓа, сеедно. Башка и гранките за посиромасите и за потпала. Ами жирот!? Нема таков, со таква големина. Знае ли некој колку кила месо од диви бишки се тоа? Кога ќе се удри шарка, сегашниве деца ќе си немаат гајле за иднината. Дрва-ќе си имаат. Месо од диви бишки -ќе си имаат. Сенки од дрвја за да си поседат под нив кога ќе имаат слободно време -ќе си имаат. И трушли ќе си имаат. Блазе си и на младината што има таква иднина. 3. -Став изнесен од претседател на едно здружение се толкува и како став на самото здружение, напишав во мојот одговор на обраќањето од Сашо Ивановски изнесено на страниците на „Поглед“ број 49 за април 2013 г. кое го беше потпишал како претседател на ЗКУД„Бранд

Петрушев“-Богданци и побарав раководство кое го води друштвото, на службено ниво, да се изјасни дали стои зад тоа што нивниот претседател или законски застапник, како што е регулирано во законските нормативи, го изрече во врска со мене, мојата личност, мојата работа и мојот интегритет. До излегувањето на овој број на „Поглед“ такво изјаснување од раководството не добив, па прашањето им го упатувам уште еднаш: „Дали раководството на Здружението Културно-уметничко друштво „Бранд Петрушев“-Богданци стои зад тоа што нивниот претседател или законски застапник го изрече за мене, за мојата личност, за мојата работа и за мојот интегритет?“ Во една информација што „Поглед“ ја објави во врска со пререгистрацијата на друштвото во здружение стои запишано дека Сашо Ивановски претседателствува со Управниот одбор на друштвото во кој, покрај Катерина Чрчева, како потпретседателка, се и членовите Игор Демерџиев, Софија Николиќ Лисичкова, РистоТ.Пеев и Тоше Николов. Во информацијата тои

запишано дека во Надзорниот одбор на друштвото се Наталија Сапламаева, Марија Србова и Петра Кирова. Можеби во меѓувреме се случиле некакви персонални промени во составите на раководните тела на ЗКУД „Бранд Петрушев“ за кои јас не знам, но тоа се веќе внатрешни работи на друштвото кои ќе треба меѓусебно да си ги расчистуваат. 4. Ридиштата над Богданци рикаат од бучавата на тешката механизација што го прави патот по кој ќе се носи материјалот за ветерните електрани. Се рие, се разнесуваат чукарките, се прават нови. Се работи. Толку механизација тешко дека некогаш повторно ќе има таму. Уште поешко дека некогаш повторно ќе се има шанса таму да се направат и други општо полезни работи. Браната на Глигор Дуев под Маминое запретена, еден период држеше вода и за стоката и за дивечот. Може да се исчисти и повторно прегради. Браната на Средорекот над Средно Ритче е полна со трска,рогуз и жабуњак. А еден период беше главно поило во

тој крај. Булдож��рите се на сто метри од неа. Греота е да не се исчисти. И Габровшката брана може да се нареди во тој список. Ж’лтата Вода, исто така. И уште многу долови душа дале за преградување во вирови за поила. Општината, ловџиите, еколозите, сточарите, дури и викендашите, треба да бидат заинтересирани да се искористи шансата што е понудена. Луѓето што располагаат со механизацијата, од грижа на совеста заради деградација на просторот, од хумани побуди ли, расположени се да излезат во пресрет. Но некој треба да им го побара тоа. Навистина полесно е на некој да му земеш нешто отколку да му дадеш. 5. Анастасија, името ти се преведува како воскрес, воскреснување. Тоа е добар знак. Те молам преземи чекори да остане запамтено дека во твоето време воскреснал духот на Богданци. Или уште подобро: да се запамти дека во твое време се случило новото себепрепознавање на Богданци.

И СО НАСЛОВ И СО ПРИЧИНА Пишува:

Евгенија Ќука Драг колега Ристо, Иако веќе практично не сме колеги, во име на плодотворниот период кој го спомнуваш и самиот, одбрав да ти се обратам така. И во второ лице – без персирање. Моето писмо не е наменето за граѓаните туку лично до тебе. Зошто преку „Поглед“? Бидејќи, твоето јавно обраќање преку весникот многу ме погоди. И професионално и лично. А мислењето кое тука ќе го изнесам е само мое и не отсликува ничија „страна“, позиција или убедување. Сметам дека е крајно непрофесионално и неумесно да се протестира за трансформација на работен однос преку неучество на прославата на патрониот празник. Ако ништо друго, барем НЕ ПОСЛЕ минатогодишната блескава академија која без претерување фрли во сенка многу (и претходни и идни) прослави од ваков тип во нашата општина, ама и пошироко. И која не беше резултат само и исклучиво на твоите таленти, туку пред се на моите визии - што можеме да создадеме заедно како тим. Не само јас како директор и ти како музичар, туку СИТЕ заедно, вклучувајќи ги учениците, другите колеги, помошниот персонал, општината и сите други кои ни подадоа рака да ја реализираме таа замисла. Ќе си дозволам да ги споделам моите први искуства со тебе како колега и вработен, бидејќи до тој момент, додека седевме во канцеларијата како колеги не памтам дека разменивме некој збор. Кога ме назначија за в.д. директор ти беше единствениот кој одби да ми честита, макар и од куртоазија. Знаеш и сам дека многупати после тоа се шегувавме за тој гест, од кој јас ниту се навредив, ниту се налутив, иако веднаш помислив дека си тврдоглав. Тоа беше на 9 јануари минатата година. Дваесетина дена подоцна јас ги повикав колешките по македонски јазик да ги прашам за нивните размислувања за патрониот празник. Од нивна страна ми беше укажано дека „многу тешко се соработува со тебе“ бидејќи секогаш сакаш да биде по твое. Дека е така ти самиот ми покажа уште првиот миг кога те повикав на разговор со намера да разговараме за содржината на програмата. Влезе во канцеларијата и првите зборови што ми ги упати беа „Пред да кажеш било што, да те предупредам дека јас и ти ќе се скараме“, на што додаде дека со сите директори пред мене си бил

скаран и дека од сите си бил казнет. Вклучувајќи ја и колешката Марика Лисичкова која во твојот напис е спомната како исклучок. Верувам дека го памтиш мојот одговор. Ти се насмев. И ти реков, „За љубов и за кавга требаат двајца“. Верувам дека и во еден извесен период кој следуваше ти бараше причина да се скараш со мене, се додека не сфати дека јас немам намера да карам со тебе. Често знаеше и пред учениците и пред други колеги да кажеш и сам, “Не знам зошто никогаш не можам да се скарам со неа. И кога ќе влезам налутен секогаш се смее. Како да се скараш со некој кој постојано е насмеан?“ Не го кажувам ова да си делам самата комплименти. Туку да го искажам моето длабоко жалење што не научи ништо од мене. А да се биде насмеан е наједноставната работа! Не чини пари! И убаво ти прилега! Значи,воврска со трансформацијата а работниот однос, јас пријателски би ти препорачала најмалку две законски и поиздржани стратегии: (1) да се обратиш на Синдикатот во кој членуваш бидејќи неговата улога е да ги штити твоите работнички права а не само да зема процент од твојата плата; (2) ако сметаш дека си дискриминиран од поединци (со што јас лично не се согласувам) и правата ти се повредени, секогаш можеш да добиеш Решение на суд. Тоа во изминативе години го направија многу наши колеги без оглед на нивната политичка ориентација и сите кои ги исполнуваа законските одредби добија решенија. Јас сум ти многу благодарна за твојот предлог да оствариме соработка со режисерот од Струмица, г-нот Кире Ѓорѓиев. Точно е дека ти го направи првиот чекор. Но мора да признаеш дека ако кај мене немаше добра волја да го запознаам и да му дозволам да се вклучи во нашите проекти, соработката можеше и да не оди подалеку од кафето испиено на кафанска маса. Проектот „Малограѓанска свадба“ го започнав јас како директор по предлог на Кире лично. Неговата идеја прво ми беше пренесена од колешката Верица, после и од тебе, за да на крајот оствариме и конкретна официјална средба на која отворено зборувавме за начинот на работа, неговиот ангажман, хонорар и слично. Јас во ниту еден момент не му сугерирав на Кире што да биде темата на оваа соработка. Делото и актерите ги избра тој како режисер, а Верица беше постојано покрај него. Десетина дена откако почнаа го прашав која ќе биде твојата улога во целиот проект а тој ми одговори дека „во овој проект нема да те вклучи, но ќе соработувате во некој нареден“. Тоа беше негов избор. Во периодот кога почнаа подготовките имаше и денови кога

тој не можеше да дојде, но Верица секогаш беше со децата и знам дека по моето заминување имаше многу проби кои таа ги реализира сама. Местото како ко-режисер заслужено и припаѓа и ако јас бев таму во времето на премиерата сигурно така и ќе беше. Она што другите (а можеби и ти) не го знаете е дека јас инсистирав кога се ќе биде готово, Верица и актерите да добијат паричен надомест за својот ангажман. Мојот став секогаш бил дека оној кој работи и се труди треба да биде награден за својата работа. Иако таа моја првична замисла не беше реализирана, јас се гордеам што и Верица, и актерите и нивните родители, со поддршка на сегашниот раководен тим на училиштето ја покажаа својата големина и средствата ги наменија за опожарените куќи на семејствата во Стојаково.Во тој контекст сакам да истакнам дека цело време сметав дека и ТИ ( и група други колеги!) треба да бидете парично наградени како мотивација за успесите кои ги постигнавте и на натпревари и за афирмација на учениците и училиштето. Факт е дека тоа не можевме да го реализираме од проста причина што училиштето немаше Правилник за пофалби и награди на наставници, односно не постоеше законски основ за исплата на такви средства. За сметка на тоа, максимално се потрудив да ви овозможам подобри услови за работа преку набавка на посовремена опрема и облагородување на просторот за работа. Некои колеги дури сметаа дека во тој поглед ти беше „разгален“ бидејќи се што посака ти беше удоволено. Мојата животна кариера беше наставник: никогаш во периодот како директор не заборавив колку сето тоа значи за наставникот кој искрено сака да пренесе знаење на своите ученици. И во времиња кога од наставникот се бара 5 пати повеќе административна работа, многу значи да се олесни наставата со што е можно подобри услови.Од друга страна, Химната на гимназијата! Не знам дали твоето детско однесување повеќе ме налути или разочара! Крајно е срамно за УМЕТНИК за каков те сметам да не дозволи истата да се изведе на најважниот празник на училиштето. Па уште и со закана дека ќе го тужиш училиштето доколку ја употреби музиката која е твој потпис! Зарем заборави дека јас бев автор на текстот, а Бранко Сапламаев го направи аранжманот? Дека Химната беше тимски производ, создадена во училишните простории, на училишните инструменти... Зарем имаше право да одлучиш за нешто што не е ни мое, ни твое, ни негово, туку им припаѓа на сите! На учениците, на родителите, на целата

заедница! Тоа беше наш подарок за Гимназијата за која мислев дека подеднакво ја сакаме и се гордееме со неа! Ице, Ице...каков човек бара да си го земе назад подарокот кој од срце го дал на сите? Значи ли тоа дека утре, откако ќе го прочиташ ова писмо ќе си ја „повлечеш“ и прекрасната песна која ја напиша за мене? Дека наеднаш од „мила и почитувана директорка“ ќе се претворам во твој „непријател“ само затоа што не се согласувам со тоа што си го наумил?Тешко ме погоди твојата изјава дека зборуваш за реализација на регионални и државни хорски смотри „не исклучувајќи ја можноста да настапиш под друго име„, ?!?!?! во иста реченица во која зборуваш „во интерес на афирмација на училиштето“. Тие се две контрадикторни изјави. Ако си мислел на афирмацијата на училиштето во кое и сам велиш дека си ангажиран 7 години не требало да го напишеш писмото кое си го напишал. Бидејќи е деструктивно. И тенденциозно. И со јазик на омраза. Да бидеш дел од нешто 7 години и да не се „врзеш“ со срце и душа. Како е можно тоа?Ако некој требаше да има проблем да се идентификува со гимназијата – тоа бев јас. Не познавав 95% од вработените и во 4-те месеци колку бев таму како професор ист толкав процент изгледаа како да се намќорести, недружељубиви и негативни. Кога ми беше понудена директорската фотелја некои од моите поранешни колеги ме сожалуваа – буквално – будејќи сметаа дека „нема со кого да работам“. Но има едно нешто кое јас го сметам за своја најголема доблест. Не и судам на книгата по корицата. Верувам во добрината како постојана состојка на човечката душа. Нешто што само треба да се пронајде кај секого. И да се поттикне. Ниту едно од моите обраќања на јавните настапи пред публика не беше „политички“ говор или поезија. Јас го кажував тоа што го чувствував и што сакав да го пренесам на сите. Љубовта – која ги покрива нашите слабости. Посебно нашата човечка тенденција да се „мешаме“ во работите на другите. За повисок интерес. Или едноставно - затоа што ги сакаме другите луѓе. Заради тоа Верица „се мешаше во твоите работи“ кога ти доцнеше на работа, а таа без приговор влегуваше да те замени. Заради тоа и Миле Џалев во безброј наврати без никој да знае (извини што сега ќе кажам јавно!) го праќав да те земе од дома со мојата кола бидејќи ти најчесто не можеше да стасаш на време. Од истата таа причина пред новата учебна година „се размешав“ и во распоредот на часови и “забранив“ да ти ставаат прв или втор час... Од истата причина

и Марика Лисичкова „се размеша“ во работата на текстилците и како производ на нејзиното „мешање“ имавме неверојатна кореографија на патронатот, прекрасна презентација на модели на телевизија и сцена каква што имавме. Од истата причина и Марија Ѓавочанова се „размеша“ во работата на општината па се реализираа безброј активности кои го промовираа училиштето. И Соња Србова се „мешаше“ во работата на полицијата и невладините организации, па како резултат на тоа за драмата „Белата Смрт“ уште се зборува... Има уште еден куп други такви „неразбрани“ колеги кои се мешаа во се и сешто и јас (како тогашен директор, но пред сваш соработник и колега) секогаш ќе им бидам благодарна. И се гордеам со сите. И мислам дека сите заедно дадоа огромен придонес гимназијата да заблеска во полн сјај. И на крај, јас сум горда и на тебе. На успехот кој го оствари оваа година со хорот. На успесите кои знам дека можеш и во иднина да ги остваруваш. Јас во тебе го видов маестрото кој има потенцијал да создава и остава трага, а не човек кој е потенцијален кандидат за кавга. Јас те видов и во состојба на гнев и срам и среќа и горделивост и тврдоглавост и триумф. Те видов и во каење и солзи. Те видов колку можеш да бидеш инаетчија, но и да сакаш од срце. И секогаш те прифаќав таков каков си, дури и кога не си бил во право. Длабоко во себе одбивам да верувам дека ТИ ЛИЧНО си бил во состојба да напишеш едно такво грозно писмо во кое им забиваш нож во грбот на луѓето кои секогаш биле тука за тебе, те сакале и те прифатиле без приговори. Повеќе сакам да верувам дека кој-годе застанал зад твоите „аргументи“ мислел се, само не на твоето лично добро, на твоите пријатели и гимназијата. Сосема на крај, можеби ќе ме „мразиш“ за овие зборови. Можеби нема да сакаш никогаш повеќе да ми зборуваш. Можеби ќе сакаш јавно да ми реплицираш. Нема да прифатам таква фрлена ракавица - ти кажувам пред време. Ќе завршам со еден стих од Библијата кој вели, „..зашто устата го кажува она што доаѓа од ризницата на срцето“ (Ев.по Матеј 12:34). Јас упорно и понатаму сакам да верувам дека ризницата на твоето срце крие нешто повеќе од писмото што си го напишал. И ако е така, знаеш што треба да направиш. Ти го посакувам секое добро на овој свет и сакам да те сметам за човек. Достоен за почит. Секогаш искрен пријател, Евгенија Ќука


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

5

Иднината на денешните млади генерации од Богданци Пишува:

Крсте Лештов

Како млад човек секојдневно се соочувам со ограничувањата кои ме запираат на патот. И покрај сите ограничувања, не дозволувам моменталната економска состојба да ме ограничи да не бидам среќен. Споредувајќи го времето во кое јас живеам, со она на моите родители,заклучувам дека разликата е очигледна; но токму моменталната состојба поттикнува во мене уште поголем порив да се трудам што повеќе, реализирајќи ги моите животни соништа. Многумина не знаат како да се изборат во оваа ситуација во која се наоѓа денешната младина. Депресијата ја чувствувам доста често во етерот каде што се движат младите луѓе, посебно во нашиот град, каде што навраќам ретко обично еднаш месечно. Во целата таа атмосфера полека изумира инспирацијата и

младите луѓе се повеќе почнуваат да се повлекуваат во еден свој свет. Гледајќи ја целата оваа ситуација, често се прашувам каква иднина ние како млада генерација би имале? Како ќе успееме да ја пребродиме состојбата во која сме втурнати, не по своја волја? Овој свет и ова општество е управувано од малкумина кои ги држат конците во свои раце, од економија до политика, а гласот на народот скоро никогаш и да не се слуша. За среќа многу млади и интелигентни луѓе, инспирирани од состојбата во која живееме, почнуваат да се будат за она што е вистина и ги кршат ограничувањата во кои живееле постарите генерации. Се чини дека и покрај лошата материјална ситуација, поттикната е позитивна реакција, како што знае да каже нашиот народ: ‘‘Секое зло за добро‘‘. Во целиот овој економски, политички и духовен мрак, каде што полека почнаа да пропаѓаат сите основни животни вредности, забележувам мала светлина која од ден на ден станува се појака. Бескрајно можеме да зборуваме и да ја коментираме моменталната состојба, но решението за целиот ‘‘проблем‘‘ е секој од нас да почне да ја пронаоѓа својата внатрешна светлина, инспирација, волја да

твори, создава, работи, да промени нешто кај себе, да се унапреди. Моја огромна желба е сите млади луѓе да успеат да ги надминат сите предрасуди кои ги имаат наследено како ментална програма од своите родители за да можат да направат нешто повеќе од нив. Нашите родители секогаш не‘ поучуваат: ‘‘Слушајте не‘ нас постарите‘‘, без да перцепираат дека најголем дел од нивните совети се врз основа на страв, а не на љубовта кон нас. Но не е баш така бидејќи секој од нас се развива како засебна индивидуа и има свои лични желби кои се поразлични од другите. Она што го заклучив од целава ситуација е потребата сите ние, да се издигнеме над стариот шаблон на однесување кое со себе ги носи и наследените карактеристики од нашите предци, со своите предрасуди и ограничувања. Иако најголем дел од младите луѓе се финансиски ограничени, не смеат да заборават: Поседуваат неисцрпен потенцијал и единствен излез од целата ситуација е да ја развијат својата позитивна и инспиративна страна, да ги тргнат на страна предрасудите, да се прифатат онакви какви што се и целата ситуација, за лесно да одлучат кое е најдобро решение за нив. Целта на животот е да сме среќни, ама среќата не се наоѓа во парите, тие се средство

но не и цел. Убавината и среќата се во нештата што не можат да се купат со пари. Ова треба најпрво да се сфати за да се отвори можноста да се зачекори напред, без бремето кое дотогаш се носело врз плеќи. Кога и да стане збор за иднината, среќата, успехот, младите постојано повторуваат – пари. Парите им биле потребни за среќна иднина, среќа во животот, успех... Да, парите се потребни, но парите се средство а не цел. Оваа ситуација ме потсеќа на позната изрека: ‘‘Шумата не се гледа од дрвјата‘‘. Мечтаејќи по средствата, младите полека стануваат средство на средството, објект на парите. Некогаш и јас верував во оваа догма, се до моментот кога ситуацијата се смени и заклучив дека не сум помалку ниту повеќе среќен ако ги задоволам своите материјални желби. Сега сум среќен кога јас ќе одлучам, сега научив дека среќата зависи од тоа што јас ќе изберам да ми се случува, а не колку пари ќе имам. Можете да имате преполн џеб со пари, но да бидете празни во душата, и обратно – празен џеб, но да бидете внатрешно исполнети и среќни. Западот живее по првата, а истокот по втората аналогија, но каде сме ние? Некаде на средина, географски, па треба да сфатиме дека ниту едното, ниту другото не нуди целосен квалитет во животот. Но како да си овозможиме

квалитетен живот баш во ова време на материјални ограничувања? ‘‘Јас постојано си велам себеси и на оние што сакаат да слушнат: ‘‘Најпрво прифати се себеси, анализирај што те измачува и прифати го своето Јас со љубов, само така може да оставиш чист простор во срцето за да напредуваш. Понатаму, не седи со скрстени раце, создади стратегија и – реализирај ги желбите! Не може да очекуваш сите околу тебе да бидат како тебе, малкумина имаат доволно храброст да се сменат, но пример нека ти бидат поуспешните животни приказни. Имплементирај – активно работи на саморазвој и исполнувај ги целите што си ги зацртал. Само така можеш да бидеш ем среќен, ем исполнет, ем со доволно пари и нормално ќе можеш да си овозможиш нормален живот. Премногу лакомост и желби можат само да оптеретат. Доволно е онолку колку што може да се почувствува дека е.‘‘ Иднината, драги мои, тоа е измислена категорија на времето што ја создаваме тука и сега. Верувам дека овие факти се доволни за да поттикнат позитивна промена. Иднината се наоѓа во вас токму во овој момент и зависи од вашиот став, ангажираност, желби, инспирација... ‘‘Промени го умот и ќе ја промениш реалноста во која живееш. Клучот се наоѓа во тебе!‘‘

За единството и слогата Пишува:

Тодор Станчев Пишувањето на госпоединот Милчо Ванов ми беа повод и јас да се огласам по таа проблематика. Долги години бев активно вклучен во стопанското и општественото живеење во Богданци и мислам дека, врз основа на тоа искуство, можам да иснесам некои мои ставови. Точно е дека школа или факултет за претседатели, директори или градоначалници нема. За обавувањето на такви работни задачи потребни се сепак некакви предиспозиции. Џон Лок има кажано дека човекот се раѓа како бел лист харија , табула раза, на која потоа преку неговиот психофизички развој се обликуваат неговите психофизички особини. Тие психофизички особини, во однос на темата, го формираат човек како кадар или не.Познатиот англиски стопанственик има кажано: „Нема да жалев да ми изгореше фабриката. Ќе повикав градежници и за една две години повторно ќе ја изградев. Но многу жалам што ги изгубив луѓето. Ниту за сто години нема да можам да најдам таков кадар. За тоа пишувале Адлер, Фројнц, Корнилов и уште некои. Сите тие велат дека за да се раководи со стопанска организација или со установа, покрај стручните знаења од областа за која е наменета организацијата или установата, треба да се познава и психологијата како наука за да може раководењето да биде успешно. Кај народот тие особини се нарекуваат ДАРБАЗа да биде некој добар раководител, директор, претседател, градоначалник, сеедно, треба да има добри познавање од областа на тоа што го работи, да има широк круг на пријатели и да му бидат достапни стручните луѓе од таа област на ниво на државата. Со еден збор тој менаџер, како што сега се нарекуваат раководителите, треба да е добар лобист.

Во 1962 година бев одговорен за угостителскиот сектор во Општина Богданци. На 4 јули кој тогаш беше Ден на Борецот беше зацртано да биде пресечена лентата на Хотел-ресторанот „Полин“ во Стар Дојран. Дојдоа претстаници од Републиката, се собраа и од овде, од Оппштината, се пресече лентата и објектот се пушти во употреба. За да биде се како што треба персонал беше донесен од Скопје. Весниците и радиото известија за новиот хотел-ресторан. Се беше во славеничка атмосфера. Вечарта сите гости и персоналот што ги служеше си заминаа по дома. Останав само јас и уште неколкумина околу мене. Сабајлето немаше кој да го отвори хотел-ресторанот. Немаше стручен кадар за да работи во него. Пред да дојдам за раководител на секторот за угостителство во Општина Богданци работев во угостителското училиште во Скопје. Таму го запознав Антон Немегиќ, готвач на прекуокенаски брод кој беше дошол да предава готвење во училиштето, а хонорарно пееше и во операта. Му се јавив и го замолив да ми најде екипа која ќе го води хотел-ресторанот. Човекот ми излезе во пресрет, најде соодветен кадар и ми го прати во Дојран. Остатокот го дополнивме со локални луѓе и работата тргна. Луѓето што дојдоа од Скопје не чинее двојно повеќе, ама немавме избор. Кога немаш сопствен кадар, ќе си најдеш од друго место. Тоа чини поскапо, ама ако не сакаш да плаќаш поскапо туѓ кадар направи си свој. На некое ниво мора да се води сметка за кадровската политика. Кон Општина Богданци во 1955 година се припои Дојран сосе селата околу него.Општината се зголеми и бројно и по територија. На нејзино чело мораше да застане човек кој ќе имаше и знаење и умеење да се фати во костец со предизвиците. Во тоа време Борис Бојаџиев беше околиски јавен обвинител. Се заклучи дека тој ќе биде најсоодветен за да се зафати со раководење со Општината. Заклучокот веднаш му беше соопштен и тој ја напушти функцијата околиски јавен обвинител и застана на чело на Општина Богданци како нејзин претседател. Тој беше меѓу

подобрите јавни обвинители во Македонија, но попотребен беше како претседател на Општина Богданци. Уште со доаѓањето тој се зафати кадровски да ја опреми Општината. Немаше којзнае каков ибор, но го правеше најдоброто. Во исто врме Мирчо Џочков беше управник на Земјоделската задруга „Изворски“. Најпрво се направи Ресторанот. Потоа „Изворски“ си направи административна зграда во која се сместија и служби од Општината. На „Изворски“ му беше потребен уште канцелариски простор и до таа зграда си залепи уште една. Па се направија зградата на амбулантата каде што сега е сместена Општината и зградата во паркот. Потоа се отвори главната улица. Мирчо Џочков вадеше пари во Задругата, а Борис Бојаџиев градеше. За да се отвори главната улица од автобуската станица до источниот крај на паркот и да се направи цевковод за поројницата од скалите на православната црква до Луда Мара требаше да се растурат триесетина куќи. Знаете ли што значи тоа? На триесетина семејства да им се разурнат домовите, да се иселат од родните огништа. Таа е преголема жртва за било каква цел. Некој требаше да ја донесе таа одлука. Тој некој меѓу тие на кој требаше да им се одземат домовите имаа роднини, пријатели познаници. Во носењето големи одлуки се познаваат големите. Ајде да наброиме што се се направи за тие неколку години додека ни ја зедоа Општината во 1965 година: се електрифицираше Богданци; се направи Домот; се направи Ресторанот; се направи Магацинот (каде што сега е сместен „Бреботекс“; се направија зградата во паркот, зградата на Автобуска, трите згради на Општината, зградата на Клубот на пензионерите, зградата на Поштата, старата пекара каде што сега е Пачатницата „Софија“; се отвори и поплочи главната улица; се направија паркот пред Гимназијата, централниот парк и паркот пред Домот; се направи каналот за наводнување со вода црпена од Вардар преку кој се наводнуваа

полињата на Ѓавото, Богданци, Стојаково и Богородица; се воведе водовод; се направи канализација; се канализира Луда Мара; се формира „Млаз“; се направија дрвените оранжерии на „Изворски“; се отвори Средно градинарско училиште со интернат и со економија за практична настава. Сето тоа за нецели дваесет години од 1945 до 1962 година. Тоа се постигна затоа што луѓето што раководеа со Богданци беа единствени и сложни. Во тоа беше нивната сила. Во 1959 година околискиот секретар од Титов Велес ме извести дека во Дојран треба да подготвам простор каде што ќе се одржи семинар на кој ќе присуствуваат преставници од сите општини во Македонија и на кој ќе се анализира работењето на Општина Богданци која била најдобра општина во Македонија. Од другите општини на нашето раководство ќе му поставуваат прашања, а овие ќе објаснуваат како ги постигнуваат успесите. Со доаѓањето на Бојаџиев за претседател прво што направи, се нарача да се направи Урбанистички план на Богданци. Извршен одбор на Општината беа директорите на стопанските организации и установите. Кога се виде дека за во општината да се работи подобро треба подобра пошта (дотогаш поштата беше сместена во просторот каде што сега е „Водовод“, кај Домот) и комунална банка веднаш се донесе решение да се направи нов простор за пошта и банка. И веднаш беше направена зградата на поштата: долу пошта, горе банка и три стана. Во 1962 година се случија промени во власта. Борис Бојаџиев беше префрлен за раководител на деловниот сојуз „Богданска Котлина, а за претседател на Општината дојде Митко Прошев. За претседател на Комитетот (политичката власт) дојде Митко Лисичков. Годината 1962 се случи да биде многу лоша за земјоделието. „Изворски“ ја заврши годината со загуба.Џочков веднаш го пратија во пензија. За директор на „Изворски“ дојде Ѓорге Минов. Настана една поделба во

Богданци. Едни мислеа дека двоецот Џочков-Бојаџиев добро ја вршеа работата и не требаше да се менуваат, други мислеа дека новопоставените се поучени и ќе бидат уште поуспешни. Единството исчезна преку ноќ. Гевгеличани ја искористија шансата и почнаа да роварат. Во 1965 година Богданци веќе ја беше изгубил Општината. Дури во 1972 година кога Мито Теменугов - Железни отиде во пензија и побаравме да се врати во Богданци и да застане на чело на „Изворски“, а Томчо Шимов успеа да не го даде „Млаз“ на Гевгелија, работите во Богданци почнаа да се подобруваат. Иако општинската власт беше во Гевгелија, со едно обновено единство на раководните луѓе во Богданци, работите повторно тргнаа напред. „Млаз“ стана гигант во транспортот и почна да се шири кон индустријата. „Изворски“ почна да гради топли оранжерии, да ги зајакнува лозарството,и сточарството и да се се шири кон трговијата, угостителството и туризмот. Станбената изградба и воопшто урбаниот развој стана многу видлив детал во Богданци. Дури се случуваша Богданци да има значаен збор во општинските одлучувања. Сето ова го кажувам за да покажам дека Богданци имал успеси секогаш кога неговите раководни луѓе биле единствени и сложни по прашањата од општо значење за Богданци.Неодамна имавме локални избори. Како резултат добивме градоначалничка од коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ и мнозинство во Советот на Општина Богданци од коалицијата околу С��СМ. Им честитам на изборот и им посакувам успешна работа и ги потсетувам да имаат на ум дека само со слога и единство ќе му бидат од корист на Богданци. Богданци има доста учени луѓе. Тоа е предност кога треба да се гради општинската кадровска политика. Но едно е да си учен, сосема друго да знаеш и да умееш да ги работиш работите. Александар Сергеевич Пушкин многу одамна има кажано дека учени ќе има многу, но умни малку.


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

6

Венера Стамнова, кума на годинешниов Панагир И годинава се чествуваше патронот на Православната црква и заштитникот на Богданци, свети Атанасиј Велики. Традиционално, со претпразничната богослужба и вечерна трпеза на 14 мај вечерта спроти свети Атанасиј Летен се почна празнувањето на Панагирот кој утредента продолжи со утринска служба со златоустна литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Велешки и Повардарски, неговото преосвештенство Агантангел. Кума на Панагирот беше Венера Стамнова. И оваа година народот поита во црквата во чест на кумата, во чест на верата и традицијата или, едноставно, во чест на Богданци. Годинава изостана

манифестацијата варење на слатко од диви смокви како што беше планирана за ланскиот Панагир или манифестацијата варење слатко од диви смокви на традиционален начин со саем на слатко од диви смокви и културноуметничка приредба какви што имаше за поланскиот Панагир. Останува отворено прашањето за скратувањето на овие содржини од чествувањето за Панагирот. На утринаската златоустна литургија, по кршењето на славскиот колак, се одреди и кумството за Панагирот во 2014 година. Годинава за кумство се пријавија: Магда Енџекчева, Марјан Колевски, Коста Стратров и Лазо И.Шутаров.

Венера Стамнова

Венера Стамнова е економистка со диплома од економски факултет, со завршени курсеви за сите нужни сертификати и лиценци и со потребните дообуки во струката која веќе седум години се обидува да се вработи некаде. Има малку волонтирано, но постојано вработување нема

најдено. Се снаоѓа како знае и умее за да ја тера живеачката. Моментално егзистира работејќи во кујната на еден локален угостителски објект. „ Се нафатив за кума на Панагирот затоа што сум верник. Одамна сакав да го направам тоа, но чекав да се вработам за да

закрепнам малку материјално. Откако не успеав да најдам вработување решив да не чекам повеќе и минатата година се пријавив за кума. Се погоди да бидам сама во кумството. За време на претпразничната вечера времето беше малку свежо, но не заврна како што се закануваше и беше многу убаво. Сакам да им порачам на сите дека кум може да биде секој човек. Не мора да биде богат. Може и да не е вработен, да нема постојано вработување и примања од работен однос и да има и редица други отворени прашања. Треба само да се има желба и добра волја. Јас сум задоволна од моето кумство. Имав голем број гости на претпразничната вечера и на панагирската закуската. Присуството на митрополитот Велешки и Повардарски, владиката Агатангел на панагирското

Хуманитарна акција како поттик за подигање на свеста кај граѓаните Отец Димче, старешина на Православната црква „Свети Атанасиј Велики“ во Богданци и познатата хуманитарка Љубица Петкова, во сабота на 4 мај, непосредно пред почетокот на полноќната служба во очи на Христовото воскресение, во црквата „Свети Атанасиј Велики“, додека верниците се собираа во предворјето на црквата, ги правеа последните подготовки пред чинот на дарување кое беа испланирале да го направат таа вечер. „Поглед“ ги праша за што всушност се работи. -Во чест на Христовото воскресение, со помош на Црквата со госпоѓата Љубица Петкова ќе спроведеме една хуманитарна акција за лицата што имаат посебни потреби,. Целта на акцијата е кај народот да се поткрене свеста дека лицата со посебни потреби треба да почувствуваат дека некој се грижи за нив, дека ги спомнува во молитвите. Таа е една христијанска добродетел на која сакаме да потсетиме токму во очи на Велигден, Празникот на Христовото воскресение, Празникот над Празниците. Како што воскреснал Христос така кај луѓето да воскресне свеста, добродетелта и љубовта. Да се раазбуди одговорноста за споделување помош на тие околу нас на кои помоште им е добродојдена.

Годинава на децата со посебни потреби ќе им биде поделено по едно пакетче со најразлични нешта како помош од заедничката активност на црквата и госпоѓата Љубица Петкова.-ни кажа отец Димче. -Оваа акција ја спроведуваме за децата со посебни потреби што одат на дневен престој во центарот во Гевгелија. Ќе им подариме по едно пакетче во кое ќе има од се по нешто. Исус Христос ги подучувал луѓето дека Верата, Надежта и Љубовта се столбовите врз кои се потпира човештвото. Нашата замисла е со овој чин на луѓето да им дадеме пример кој кај нив ќе ја поттикне мислата дека треба да се обрне малку повеќе внимание кон тие на кои им е потребна нашата

помош. Акцијава ја подготвивме некако набрзина, но има место во иднина ваквите акции да бидат поорганизирано подготвени и да бидат поцелесходни. Се надевам дека годинешнава акција ќе биде мотив во наредните акции да се вклучат уште граѓани, компании и Општината.- и Љубица Петкова во разговорот се вклучи. Тие двајцата изјавија дека пред секој Божиќ и Велигден ќе покренуваат акција за евидентирање на децата со посебни потреби и на повозрасните луѓе кои се неподвижни, за да им достават пакетчиња како подарок за празникот.

чествување му даде на моето кумство една поинаква димензија. Се чувствувам задоволна, горда и исполнета. Тоа што сум невработена ме прави малку нервозна. Нека Бог ми даде здравје, а за другото како ќе

биде - ќе биде. Непредвидливи се патиштата Господови. Човечки е да се надеваме. Јас се надевам.”

КУД „Бранд Петрушев“ на Фолклорната манифестација „Велигден 2013“ во Стојаково Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“, Богданци гостуваше на Фолклорната манифестација „Велигден 2013“ во Стојаково. Манифестацијата се одржа на 5 мај во спортската сала на ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково. Организатор на манифестацијата беше Фолклорната секција на КУД „Бранд Петрушев“, Богданци во Стојаково. Покрај КУД„Бранд Петрушев“ на „Велигден 2013“ учество зедоа и културно уметничките друштва од Негорци и Прдејци. Гости на манифестацијата беа и култирно-уметничките друштва од Александровац и Трстеник од Република Србија. Сите учесници, на задоволство на бројната публика, се претставија со дел од својот репертоар.

Најавувачката на концертот во обраќањето изрази голема благодарност до родителите на членовите на Фолклорната секција без чие ангажирање и несебична поддршка Фолклорната секција не би постоела и изрази балагодарност до спонзорите „Пекара ММ“ од Богданци, „Баџо“ од Богданци и Винаријата „Маркудов“ од Гевгелија без чија помош манифестацијата не би можела да се одржи.


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

7

Децата сееја македонски даб Quercus masedonica syn. Trojana Webb службено се нарекува дрвениот вид кај народот познат како македонски даб. Овој вид даб во Република Македонија е распостранет по течението на реката Треска и во околините на Охридското и Преспанското Езеро. Во помали заедници го има и во радовишко. Дрвото е листопадно со кожести, елипсовидно издожени со назабен раб. Има најкрупни желади од сите видови даб. Стеблото му достигнува височина до 15-20 метри и пречник до 1 метар. Се карактеризира како топлољубиво, светлољубиво и сушоотпорно дрво што се населува на плитки каменити почви. Здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ својата единаесетта акција, а втора од типот „САДНИЦА +“ ја посвети на сеењето желади од македонски даб. Акцијата се реализира во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија. Денот 13 мај е само избор за ден кога се спроведе акцијата „САДНИЦА + , од желад до голем Македонски даб“. Идејата на овој проект е секое дете опфатено во детските градинки и ниските одделенија на основните училишта, преку сопствено искуство да се почувствува одговорен за доверената задача и да се почувствува како активен дел од целина која функционира со што ќе се зајакнува довербата и заедништвото. Проектот како цел има едукативна и еколошка функција. Учениците преку сопствено искуство ќе можат да покажат интерес и грижа за сеењето семиња и, подоцна, садење садници. Со тоа се потикнува и развива еко-свеста и се развива еко-културата. Носител и координатор на проектот во Богданци беше Општина Богданци. Акцијата се реализираше претпладнето на 13 мај во ООУ „Петар Мусев“ и во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов –Делчев“. Во поддршка на проектот учество во акцијата зеде и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Во упатството за начинот на сеење на желадот од дабот беше наведено: -Еден ден пред да се посади желадот се испрскува со вода, но да не се накисне. -Се сее во саксија или исечено пластично шише од 1,5 л на кое му прават дупчиња на дното низ кое ќе истекува вишокот вода. -Најдоле на садот во кој ќе се засее желадот се ставаат камчиња во големина на оризово зрно. -Земјата со која ќе се наполни саксијата се меша со малку песок за полесно да се исцедува водата. - Во с��ксијата наполнета со земја се прави дупче во кое се става желадот и се покрива со земја која добро се притиснува. Над желадот треба да има 5-6 см земја која ќе биде за околу 1 см пониска од горниот раб на саксијата. --Во почетокот се полева на неколку дена, а откако ќе се појават

првите ливчиња полевањето се врши откако ќе се утврди исушеност на земјата во саксијата. -Растението треба да никне за триесетина дена. -Младото растение не се остава на директна сончева светлост туку се поставува на место каде што таа е умерена. -Есента садницата (кога ќе

порасне десетина сантиметри) се пресадува директно во почвата.. Заради остварување на целта на проектот во Детската градинка „Коста Поп Ристов-Делчев“ на секоја саксија беше испишано името на девојчето или детето што си посеа желад во неа.

Најмалиот хор меѓу најдобрите во Македонија

Со максимално освоените 100 бода, хорот на СОУ „Богданци“, изведувајќи ги задожителната “ Ce moys de may” и “Oh happy day” како композиција по слободен избор, го освои првото место на Регионалните хорски смотри што на 17 април се одржаа во Гевгелија. Со тоа хорот, која работи под менторство и диригентство на професорот Ристо Лазаров, а настапи во пијано придружба на професорот Миле Атанасов, се стекна со правото да учествува на Дваесет и петтиот

Републички натпревар на детски и младински хорови . На Рапубличкиот натпревар што на 12 мај се одржа во Кавадарци хорот, изведувајќи ги истите композиции, го освои третото место. Ученичката Марија Ичкова на натпреварувањето доби пофалница за соло-вокал во изведбата на композицијата “Oh happy day”. -Горд сум на моите ученици, но не сум сосема задоволен од постигнатиот резултат. Мислам дека малку потфрливме и вината ја

преземам лично. Знам, сигурен сум и цврсто убеден, дека овој хор кој брои само 22 члена не само што може да им парира на хоровите кои имаа минимум по 40 члена, туку по силината на вокалите е подобар од нив.Но релаксираниот однос кој го дозволив не го даде посакуваниот резултат. Им честитам на учениците за постигнатиот успех и им благодарам на тие што веруваа во нас. Му благодарам на колегата Миле

Атанасов кој своето слободно време ни го посвети на нас и прифати да ни биде пијано придружба. И благодарам на ученичката Ана Тасева и професорката Розета Картова кои ги искреираа моделите што ги носеше хорот и на професорот Војо Бошначки и учениците од текстилната струка кои ги изработија моделите. Благодарнпост и до в.д. директорката Мирјана Тачевска која му даде безрезервна поддршка на хорот и до останатите колеги кои

покажаа разбирање.Благодарност и до колегата Миле Џалев кој во секое време ни обезбедуваше технички услови за пробите на хорот. Истовремено упатувам апел до скептиците кои не веруваа во нас, во иднина да го работат тоа што најдобро го знаат и да не се занимаваат со опструкција на хорот, затоа што сме со намера да издржиме и да победуваме и понатаму.- изјави професорот Ристo Лазаров, ментор и диригент на хорот.


ПОГЛЕД ,Мај 2013 

8

Парола на месецот

Зошто? Точно на пладне, во петокот на 17 мај Гевгелија ечеше во ритамот на кадрилот. Кадрил, кога танците се во прашање, е француски танц за четири пара играчи. Гевгелија беше еден од градовите чии матуранти имаа чест да заиграат кадрил на плоштадот.Инаку манифестацијата е меѓународна, се одржува од пред неколку години и е координирана од центарот во Љубљана. Во Македонија годинава само 6 града ја имаа таа чест. Но останатите сами, во своја режија си правеа свои манифестации. Матурирањето отсекогаш било синоним за влегување во светот на возарасните. Демек се стекнува полнолетство и децата стануваат возрасни. Сите генерации ги паметат своите матурирања. Како поединечни доживувања, како групни доживувања и како семејни доживувања. Затоа тие неколку дена пред и по завршувањето на учебната година која за матурантите трае до 20 мај се е – либерте. Тие денови по тоа се паметат. Прашањето од насловот е зашто, како сите нормални градови каде што има средни училишта, на плоштадот не се направи јавна манифестација на која матурантите ќе си направеа своја забава. Можеби во прашање е недостаток на досетливост или организаторски дух? Да беше по нечија иницијатива однадвор, веднаш ќе се монтираа микрофоните и звучниците и ќе се направеше

Секогаш кога ќе напишете или изнесете нешто на Фејсбук имајте на ум дека тоа ќе го видат и луѓето што ве познаваат. Ајили бен Гое Вобмут

Забава во „Магнум“ Стрелиштето на „Магнум“ беше домаќин на забавата што си ја приредија пријателите на Печатницата „Софија“. Во вид на пикник беше организирано дружењето кое беше збогатено и со натправар во стрелање со воздушна пушка.

фешта. Кога нашите деца се во прашање-сите затајуваат. Децата не го заслужуваат тоа. Можеше во петокот попладнето во паркот да се организира парада на матурантите. Сите ќе се забавуваа, а децата ќе имаа одлични спомени и уште по некоја фотографија во

Црни точки

На турнирот победи Митко Семенпеев на кого му беше доделен пехар за освоеното прво место. Своите мастории како шанкери, скараџии, подготвувачии на мезалаци, диџеи, гитаристи и во други вештини ги покажаа и останатите учесници на забавата.

нивните албуми. Штета. Испуштена е шансата на Богданци да му се всади уште една градска навика. Богданци никогаш нема да стане град со сите нишани ако не работи на создавањето на тие нишани.



Многу баби - килаво дете

Зградата за која станува збор е општинска. Кров под неа имаат најдено: 1. Мноштво општински служби; 2. Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ; 3. Општинското Здружение на пензионерите; 4. ЈП „Комунална чистота“; 5. Полициската канцеларија; 6.„ТИМ“, агенцијата за обезбедување; 7. „Гоки“, туристичката агенција; 8. Доброволното противпожарно друштво; 9. Шалтерот на Управата за јавни приходи; 10. „Жито леб“;

11. Други фирми произлезени од некогашната „Малопродажба“ или ООЗТ„ 10 Октомври“; 12. Канцеларија на ВМРО-НП; 13. ЗКУД„Бранд Петрушев“ 14. Има и други табли со фирми обесени на фасадата („Јужен Вардар“, „Бедем“, Агенција за унапредување на земјоделието, „Јован Петрол“) , но погоренаброените се помаркантни. Во зградата се наоѓа и салата за состаноци на Советот на Општина Богданци. Арно ама, никој од тоа мноштво субјекти и правни лица не нашол за потребно да забележи дека дел од вертикалните олуците на зградата

ги нема веќе неколку години и дождовните води од кровот си течат по камениот ѕид. Тоа и не би било толку страшно ако во салата за состаноци на Советот на Општина Богданци не знаат што да и прават на влагата што го уништува источниот ѕид и аголот меѓу источниот и северниот ѕид. Ист е, најверојатно, случајот и со западниот ѕид и аголот меѓу западниот и северниот ѕид. За да биде иронијата поголема во зградата се сместени Комуналниот инспектор и комуналните редари.

Агенција за обезбедување на лица и имот

СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk adstocarstvo@t-home.mk

тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: shimov@t-home.mk

тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk

БАЏО

www.badzo.com.mk info@badzo.com.mk

тел. 034/ 222-766

Богданци


Pogled Br.50 Maj