Page 1

БРОЈ 43, Октомври 2012

Број 47 Февруари 2013 Поглед од мојот агол

Се тече, ништо не се менува PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Пишува:Илија Тумбов

Советот на Општина Богданци го утврди Н а ц р т- Ге н е р а л н и о т урбанистицки план на град Богданци

Една слика илјада зборови ... Но, што би рекле нашите стари, кешки секој нека правел по толку. Пишува: Ристо Ичков

стр.5

25 години Постоење Здружението Културноуметничко друштво „Бранд Петрушев“-Богданци го прослави јубилејот стр. 5. стр.6-7

стр.2

Решенијата од Собранието на Акционери во “МЛАЗ” од 7 Февруари запишани во Централен Регистар

-Должна сум да ве известам дека на денешнава седница се разрешени досегашните членови на Надзорниот одбор на АД „Млаз“ и е избран нов состав на Надзорен одбор. Се поднесе и Извештај за економскофинансиската состојба на Друштвото. Ве известувам дека за неполни два месеца, од претходното Собрание што го одржавме на 19 декември, обврските на АД „Млаз“ дополнително се зголемени. Информацијата со која се разполага се темели на податоците добиени од извршителите. Долгот за кои во овој момент се знае дека го има „Млаз“, без камати, изнесува 5.300.000 евра. Кога на него

ќе се додадат каматите и другите трошоци долгот може да достигне и 10 милиони евра. Ситуацијата е многу лоша. Целокупниот недвижен имот што „Млаз“ го има на имотен лист е блокиран со забелешки од извршители и други доверители кои си ги бараат своите пари. Не постои нешто да е сопственост на „Млаз“ што нема товар со белешка од извршители. „Млаз“ е основач на 5 други друштва. Друштвото „Шпедиција“, поради забелешка од извршители за долг и побарување во секој момент може да биде продадено. Овие долгови се направени на име кредити и заеми. Прашањет е:

Каде се потрошени овие пари? Што изградил „Млаз“ во последните 10 години? Ниту плати се исплатило, ниту придонеси од плати. - со ови зборови Катица Ничевска, член на Управниот одбор на АД„Млаз“, им се обрати на насобраните заинтересирани акционери во „Млаз“ на седницата на Собранието на акционери на АД „Млаз“, Богданци што се одржа на 7 февруари 2013 година. Со Решението број 66/12 од

стр.4

16 јануари 2013 година Основниот суд Велес го овласти лицето Патар Шимов да може да закаже седница на Собранието на акционери во АД„Млаз“, Богданци. -Против одлуките и решенијата од Собранието до 19 декември 2012 година беше доставена жалба до Апелација. Апелација одлучи да го врати предметот на повторно судење за да се потврди дали се исполнети сите услови за одржување собрание на акционери. За да се свика Собрание на акционери Законот бара да се исполнат два услова: да се има поддршка на 10% од акционерите и да се поднесе барање до овластениот за нормално свикување седници на Собрание на акционери за да свика Собрание. Првиот услов го исполнува сам Перо Шимов бидејќи поседува една третина од акциите во „Млаз“. За вториот услов се поднесе официјално Барање до Васе Петрушев за кое тој се изјасни дека не го разбира. Тоа Судот го ценеше како исполнување на вториот услов и одлучи Перо Шимов да го назначи за лице кое ќе закаже седница на Собранието на акционери во АД „Млаз“.-Ристо Станковски, член на Управниот одбор на „Млаз“ ја објасни за „Поглед“ процедурата за свикување Собрание. Собранието се одржа на 7 Продолжува на стр.7

Локални Избори 2013 За 24 март 2013 година се закажани Локалните избори 2013. Во Општина Богданци изборите ќе ги спроведе Општинската изборна комисија во состав: Соња Маџирова, претседател и Никола Анчев, Оливера Шутарова, Трајко Гогов и Симона Савиќ, членови. ОИК има и своја замена. Заменик претседател е Јован Мурџев, а заменици на членовите се Митко Влахов, Жаклина Поп-Илиева,Емилија Паункова и Митко Попов. И членовите на ОИК и нивните замени се од редовите на државната и општинската администрација. Седиштето на Општинската изборна комисија е во општинската административна зграда. -Ги имаме сите услови за работа. Финансиските средства за спроведување на изборите се обезбедени. Избирачките одбори од 5 члена и 5 нивни заменици се формирани. Изборните кругови се познати. Избирачките списоци се прочистени. Определени се и местата за истакнување изборен материјал од страна на предлагачите на кандидатските листи. Останува уште да се направи обуката на членовите на избирачките одбори.изјави Соња Маџирова. До 16 февруари до ОИК се поднесени две Листи на кандидати за градоначалник. Едната Листа е поднесена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) и коалицијата, а другата од СДУ (Социјалдемократската Унија). За членови на Советот на Општина Богданци се поднесени четири Листи. Подносители на Листа на кандидати за советници се: ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) со коалицијата, СДУ (Социјалдемократска Унија), Група Избирачи Митко Мишев и Сојуз на Титови Леви Сили. Во Општинската изборна комисија велат дека цензусот за соодветна застапеност на жените во кандидатските листи за советници го запазиле сите подносители. Подносители на листи имаат право да овластат свои претставници за набљудување на изборниот процес. Во Општина Богданци ќе има 10 изборни места. Предизборната кампања ќе трае 20 дена. Молкот почнува на 23 март. Граѓаните ќе можат да гласат само со важечки биометриски лична карта или пасош. Преговорите меѓу Владата и опозицијата која сака да ги бојкотира изборите можат да изменат нешто во бројот на поднесените Листи на кандидати за Градоначалник Листи на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци

Агенција за обезбедување на лица и имот

СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk adstocarstvo@t-home.mk

БАЏО

www.badzo.com.mk info@badzo.com.mk

Богданци

тел. 034/ 222-766

тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: shimov@t-home.mk

тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



Од Педесет и деветата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Се утврди Нацрт-Генералниот урбанистички план на Богданци

На 27 февруари Советот на Општина Богданци ја одржа својата Педесет и деветта седница. Беа присуствуваа сите советници. На седницата присуствуваше и градоначалникот Ристо Ичков. Записникот од Педесет и осмата седница советниците го усвоија со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“. Првично, со поканите понудениот дневен ред, по барање на општинската администрација, беше проширен за уште пет нови точки. Советникот Тони Такашманов побара на дневен ред да се стави точка на која ќе се даде информација за договорот меѓу „Млаз“ и Општина Богданци за регулирање на долгот на Општината кон „Млаз“. Советникот Илија Карагошев, побара на дневен ред да се стави Барањето на Група граѓани од Стојаково. Советничката Катерина Чрчева, во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза за координација и консултација. По паузата со 8 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ за работа на Советот на Општина Богданци на 59. седница се усвои дневен ред од 22 точки во кои влегоа и предлозите изнесени на седницата. *- На првата точка се усвојуваше Завршната сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2012 година. Образложение даде Симона Савиќ од општинската администрација. Во расправата советникот Горан Сламков имаше забелешка во делот каде што се прикажани исплатените паушали на советниците и побара пауза за консултација. Претседателот Душко Енџекчев даде пауза и побара општинската администрација да направи копии од книговодствената картичка каде што се водат исплатите на паушалите на советниците. По паузата беа поделени копии од картичката од каде се гледаше дека паушалите на советниците им биле исплаќани селективно. Советниците кои зеле поголем износ од другите советници и градоначалникот објаснија дека средствата им биле потребни итно и неодложно. Советничката Катерина Чрчева се изјасни дека не се согласува со селективната исплата на паушалите напомнувајќи дека секој има итна и неодложна потреба од пари. Градоначалникот истакна дека тој нашол за потребно да им излезе во пресрет на барањата на советниците кои имале итна потреба од пари и одговара за својата постапка. Советникот Мито Манолев забележа дека Советот е едно тело кое функционира заеднички и кажа дека не се согласува со селективна исплата на паушалите. Претседателот Душко Енџекчев, со оглед дека седницата ќе има уште едно продолжение, побара до тогаш да бидат исплатени сите паушали. Советникот Тони Такашманов

се посомнева дека паушалите ќе бидат исплатени. Претседателот Душко Енџекчев предложи гласањето по оваа точка, расправата по втората, третата и осумнаесетта точка да се направи во продолжение на оваа седница што ќе се одржи друг ден, а дотогаш паушалите да бидат исплатени. Предлогот на претседавачот беше прифатен. *- На четвртата точка, без расправа, со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, се усвои Извештајот за реализација на Програмата за работа на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“ –Богданци за 2012 година. *-На петтата точка, без расправа, со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, се усвои Програмата за работа на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2013 година. *- На шестата точка, без расправа, со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ се усвои Извештајот за работа на Комуналната иснпекција на Општина Богданци во 2012 година. *- На седмата точка, по образложението на Митко Влахов од општинската администрација, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ се донесе одлука Општина Богданци да учествува на повикот за прекугранична соработка во заеднички проект со Општина Ќустендил од Република Бугарија која ќе биде водечки партнер. Се објасни дека веќе еднаш Ќустендил и Богданци биле партнери во проект, но проектот не им поминал. Сега ќе се направи повторен обид со тоа што во првиот обид партнер на Општина Богданци беше Читалиштето од Ќустендил, а сега Општина Ќустендил. Вкупната вредност на сегашниот проект е 300.000 евра, наспроти првиот проект кога износот беше 500.000 евра. Општина Богданци средствата ќе ги намени за реновирање и реконструкција на Домот на културата во Богданци. Добиените средства ќе бидат рамномерно разделени меѓу партнерите. (Советникот Блаже Шапов не учествуваше веќе во работата на Советот). *- На осмата точка, по образложението на Митко Влахов од општинската администрација, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за воспоставуивање меѓуопштинска соработка за енергетска ефикасност меѓу општините Гевгелија, Валандово и Богданци. *-На деветтата точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација вон град и вклопување на бесправно изграден објект на КП 5135/4 и 5135/2 во КО Богданци, . *-На десеттата точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени

Печати: „Софија“ Богданци Издава: „СОФИЈА“ 1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21 Директор: Драги Семенпеев Уредник: Илија Тумбов Уредува редакциски колегиум Технички уредници: Валентина Попова Јован Роглев

Жиро-сметка: 270000000711867 Халк Банка-Скопје Даночен број: МК4006991101880 Редакција: Маршал Тито 21 1484 Богданци тел. 075 738834 факс: 034 222006 pogled@sofijaprint.com.mk www.issuu.com/pogled

објекти на КП 9899. *На единаесетта точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за донесување на урбанистичка п л а н с к а документација з а р а д и у с о гл а с у в а њ е на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8968/1 и 8968/4 . *На дванаесетта точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за донесување на урбанистичка п л а н с к а документација з а р а д и усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8795. *- На тринаесетта точка, со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Стојаково со бесправно изградени објекти на КП 7363 и 7356. *-На четиринаесета точка, со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ се донесе Одлука за донесување урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 7363 и 7356 планирана со ДУП од Стојаково. *- На петнаесетта точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10386/2 планирана од ДУП на Богданци. *- На шеснаесета точка, со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“, се донесе Одлука за дополнување на Одлуката за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП на Богданци со бесправно изградени објекти на КП 9703/1. *- На седумнаесетта точка, со 10 гласа „За“, се донесе Одлука за обезбедување 60.000 денари помош во финансиски средства за санирање на куќата на Златко Карапуцев која се оштетила од дождовите на 25 февруари. Советничката Катерина Чрчева во расправата изнесе дека таа била на лице место и дека куќата била многу оштетена. *- На деветнаесетта точка се изнесе информација за оштетувањата на земјоделските насади од поплавите и потребата Комисијата за проценување на штетите да излезе на терен и да направи проценка. Со 10 гласа „За“ се донесе Заклучок да се активира Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи. *-На дваесетта точка градоначалникот Рсито Ичков информира дека во интерес на Општина Богданци издејствувал да се склучи спогодба со „Млаз“ со која, ако Општината му го исплати главниот долг од 5.000.000 денари „Млаз“ нема да и бара 7.000.000 денари затезни камати. „Млаз“ за наплата на долгот имал судско извршно решение и секој момент можел да го активира. Долгот од 5.000.000 денари ќе се наплати со побарувањата во висина од околу 3,5 милиони денари што „Млаз“ ги има кон Општина Богданци, со 1.3 милиони денари кои „Млаз“ ги има

кон „Комунална чистота“ и со 1,2 милиони што „Млаз“ ќе ги плати на име надоместоци за легализација на бесправно изградени објекти. На забелешките дека договорот бил склучен кога во „Млаз“ се случуваат настани кои се од значење за „Млаз“ и за Богданци и во момент кога во „Млаз“ има и друга страна, градоначалникот одговори дека тој во име на Општината потпишал договор со „Млаз“ со лицето кое во тој момент бил запишан како овластено лице во Централниот регистар и кој ги поседувал печатите на АД „Млаз“. Објектите на „Млаз“ се легализирале затоа што „Млаз“ поднесол уредно барање на кое Општината, според Законот за легализација на бесправно изградени објекти морала да одговори. Советникот Мито Манолев истакна дека тој неколкупати барал Советот да разгледа информација за долгот што Општината го има кон „Млаз“ и начинот на кој тој долг е создаден. Претседавачот Душко Енџекчев потсети дека договорот бил транспарентно направен, пред нотар и дека Општината треба да ги испочитува роковите. Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се прифати информацијата од градоначалникот. *- На дваесет и првата точка советникот Илија Карагошев го образложи Барањето на група граѓани од Стојаково Владата да им ја исплати и третата третина за штетата од снегот од пред неколку години која сеуште не им е исплатена. Едногласно се усвои Заклучок Советот на Општина Богданци и Градоначалникот на Општина Богданци да ја потсетат Владата на Република Македонија дека 1/3 од средствата што беше определено да им се исплатат на граѓаните што беа оштетени од снегот сеуште не им се исплатени. Тука седницата беше прекината, а продолжението беше закажано за два дена. Утредента продолжението беше презакажано за ден подоцна. *- На продолжението што се одржа три дена подоцна се почна со осумнаесетата точка.Сите советници беа присутни. Присутен беше и градоначалникот. На точката се носеше Одлука за утврдување на Нацрт-Генералниот урбанистички план на Богданци. Соња Маџирова од општинската администрација ги објасни содржините на Нацрт-Генералниот урбанистички план. Советникот и претседател на Комисијата за урбанизам, Мито Манолев,го изнесе мислењето на Комисијата која начелно се согласува со Нацртот и сугерира на просторот од Полицијата, бившите соблекувални

и просторот на Гимназијата да се планира изградба на отворено спортско игралиште со димензии за ракомет. Повеќемина советници зедоа учество во расправата, но тоа главно беше надвор од темата. Од советникоит Блаже Шапов имаше предлог просторот на Полицијата да се планира за деловна намена кој не беше прифатен. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за утврдување на НацртГенерален урбанистички план на Богданци кај кој се планирани намените: А-Домување; БКомерцијални и деловни намени; ВЈавни институции; Г-Производство, дистрибуција и сервиси; ДЗеленило,спорт, рекреација и меморијални простори и ЕИнфраструктура. Нацрт –Генералниот урбанистички план на град Богданци е изработен од фирмата „Иванов Инженеринг“-Битола. Планскиот опфат на Генералниот урбанистички план од 1979 година бил 220 хектари. Планскиот опфат за овој Генерален урбанистички план е утврден на 388 хектари. Со образложение дека имаат изборни партиски активности закажани за истиот термин со седницата затоа што седницата прво била планирана за претходниот ден советничката група на СДСМ побара да бидат ослободени да ја напуштат седницата. Новото мнозинство беше 7 советници. *-На гласањето по првата точка за која расправата се водеше на првото продолжение, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2012 година. *- На втората точка, по образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, без дискусија, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се усвои Годишниот извештај на Буџетот на Општина Богданци за 2012 година. *- На третата точка, по образложение на Симона Савиќ од општинската администрација, без дискусија, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се усвои Кварталниот извештај на Буџетот на Општина Богданци за 2012 година. *- На дваесет и втората точка беа советнички прашања. -Претседателот Душко Енџекчев истакна дека Јован Љушев има поднесено Барање со кое сака да биде разрешен од функцијата Претседател и член на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи. Се договори тоа да биде направено на следна седница.


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



Уредување на градежното земјиште во 2013 година Програмата за уредување на градежното земјиште произлегува од законската обврска на Општината за уредување на градежното земјиште во рамките на нејзиното подрачје. Подрачјето кое е предмет на уредување е градежното земјиште утврдено со Детален урбанистички план, со Урбанистички план надвор од населено место, со Државна урбанистичка планска документација, со Локална урбанистичка планска документација и инфраструктурни проекти до границата на градежната парцела. Сите овие документи го донесува Советот на Општината. Во 2013 година ќе се финансира проектна документација за проширување на резервоар за вода за пиење во Богданци, проекти за заштеда на електрична струја во административните згради и на дел од уличното осветлување, проект за пречистителна станица на колекторскиот систем, проект за реконструкција на Домот на културата во Стојаково, проект за цевковод за снабдување со вода за пиење во Ѓавото и Стојаково, проект за атмосферска канализација во Богданци, проект за пречистителна станица во Богданци, проект за дел од канализацијата во Стојаково со пречистителна станица, проект за регулација на реката во Стојаково, проект за канализација со пречистителна станица во Селемли, проект за отворено спортско игралиште во основното училиште во Селемли, проектна документација вон населено место за објекти од комуналната инфраструктура за откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, проектна документација вон населено место за објекти од комуналната инфраструктура за верски објект со хотелско-угостителски комплекс. Во 2013 година планирано е да се изгради пречистителна станица на колекторскиот систем во Богданци, на водоводната инсталација азбестните цевки да се заменат со пластични, партерно да се уреди Паљурци, да се уреди

делот од Дуковска река меѓу улицата „Мирче Ацев“ и улицата „Страшо Пинџур“ во Богданци, да се уредат зелени површини покрај Луда Мара, да се изгради пешачка патека од Честите Јавори до Паљурци, да се учествува во подигањето на споменик на Свети Павле, да се постави споменикот „Богданчанка“, да се постави споменик на политички прогонуваните, затвораните и осудуваните лица за идеите за самобитноста на македонскиот народ, да се уреди со електрична енергија од сонцето да се напојуваат административните згради и дел од уличното осветлување, да се постави сообраќајна сигнализација на кривините од обиколницата околу Богданци, да се дозаврши канализацијата во Стојаково, да се учествува во чистењето на одводните канали, да се затрупа каналот во Ѓавото, да се изгради водоводна мрежа со резервоар во Ѓавото, да се изградат тротоарски површини во Стојаково, да се експропроира градежно земјиште на кое ќе се гради паркиралиште во Центарот на Богданци, да се уреди паркинг простор зад зградата на Општината, да се гради комунална инфраструктуира за откупнодистрибутивните центри и за верски објект со хотелско-угостителски комплекс. Опремувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура надвор од градежната парцела ќе го финансира Општината. Опремувањето на градежното земјиште во границите на градежната парцела ќе го финансира инвеститорот. Извори на средства од кои ќе се финансира Програмата за уредување на градежното земјиште се надоместокот за уредување на градежното земјиште (комуналии), надоместок за легализација на дивоградбите, транфери од владини институции и други нивоа на власт и спонзорства на физички и правни лица.

Висината на уредување на градежно земјиште во градот Богданци изнесува: -За комерцијални и деловни објекти ..........................по 1.000 ден/м2 -За јавни објекти............................................................по 500 ден/м2 -За индивидуални и колективни станбени згради..... по 500 ден/м2 -За сервиси, хотели, ресторани ............................по 5.000 ден/м2 -За агро-берзи и пазари ............................................... по 500 ден/м2 -За бензински пумпи.................................................... по 1.000 ден/м2 -За доградби и надградби ........................................... по 250 ден/м2 -За затворени спортски објекти................................. по 200 ден/м2 -За експропријација на градежно земјиште ............ по 600 ден/м2 -За столб од комуникациска мрежа ............................по 1.000 денари/ единица -За подземен и надземен комуникациски кабел...... по 10 ден/м -За столб за струја ....................................................... по 1.000 денари/единица -За подземен и надземен кабел за струја.....................по 10 ден/м -За ветерници за струја..................................................по 1.230.000 ден/ единица -За фотоволтаични централи ........................................по 60 ден/м2 -За базни станици за мобилна телефонија ................. по 1.000 ден/м2 -За трафостаници...........................................................по 1.000 ден/м2 -За базен на ниво на терен............................................по 200 ден/м2 -За гаража за кола во двор........................................... по 200 ден/м2 Висината на уредување на градежното земјиште во населеното место Стојаково и урбанистички план за село изнесува: -За комерцијални и деловни објекти ......................... по 500 ден/м2 -За јавни објекти........................................................... по 250 ден/м2 -За индивидуални и колективни станбени згради..... по 250 ден/м2 -За сервиси, хотели, ресторани.................................... по 5.000 ден/м2 -За агро-берзи и пазари................................................ по 500 ден/м2 -За доградби и надградби............................................. по 125 ден/м2 -За затворени спортски објекти................................... по 200 ден/м2 -За експропријација на градежно земјиште................. по 300 ден/м2 -За столб од комуникациска мрежа........................ по 700 ден/ единица -За подземен и надземен комуникациски кабел......... по 7 ден/м -За столб за струја......................................................... по 700 ден/единица -За подземен и надземен кабел за струја.................... по 7 ден/м -За ветерници за струја................................................. по 1.230.000 ден/единица -За фотоволтаични централи........................................ по 60 ден/м2 -За базни станици за мобилна телефонија ................. по 1.000 ден/м2 -За трафостаници........................................................... по 1.000 ден/м2 -За базен на ниво на терен............................................ по 200 ден/м2 -За гаража за патничко возило...................................... по 100 ден/м2 Висината на уредување на градежно земјиштево Урбанистички план вон населено место, Локална и Државна урбанистичка планска документација и Инфраструктурен проект изнесува: -За комерцијални и деловни објекти ........................... по 1.000 ден/м2 -За објекти на јавни институции.................................... по 500 ден/м2 -За затворени спортски објекти ..................................... по 500 ден/м2 -За столб од комуникациска мрежа ............................... по 1.000 ден/единица -За подземен и надземен комуникациски кабел............ по 7 ден/м -За столб за струја............................................................ по 1.000 ден/единица -За подземен и надземен кабел за струја....................... по 7 ден/м2 -За ветерници за струја ............................................... по 1.230.000 ден/единица -За фотоволтаични централи.......................................... по 60 ден/м2 -За базни станици за мобилна телефонија...................... по 1.000 ден/м2 -За трафостаници од втора категорија............................ по 1.000 ден./2 -За трафостаници од прва категорија ........................... по 6.000 ден/м2 -За гаража за патничко возило ....................................... по 200 ден/м2 -За сервиси, хотели,ресторани........................................ по 5.000 ден/м2 -За агро-берзи и пазари................................................... по 500 ден/м2 -За експропријација на градежно земјиште ................. по 300 ден/м2 -За бунари ...................................................................... по 20.000 ден/единица -За хидросистеми ........................................................... по 7 ден/м2 Во Програмата се наведени и можностите за ослободување од плаќање надоместот, можностите кога надоместокот се намалува и можностите кога надоместокот се зголемува. Со Програмата дозволува надоместокот, врз основа на склучен договор, да може да се плаќа и на десет рати.

Комерцијален оглас

Паркирањето - една година подоцна „Сите сме сведоци на хаосот кој што владее во нашето населено место како резултат на неорганизираниот сообраќај и немањето означени места за приватен паркинг. Од наша страна, ние како локална самоуправа подготвени сме тој хаос да го доведеме во ред. (...) “ Така отприлика стоеше напишано во известувањето што Општина Богданци пред една година го објави на својата веб-страница. Февруари беше наведен како месец кога ќе почне проектот за означување на паркиралиштата и средувањето на хаосот на сообраќајот во Богданци.. Во февруарскиот број од 2012 година „Поглед“ направи осврт кон известувањето. Една година потоа, во февруари 2013 година, хаосот со паркирањето во Богданци е ист како и пред февруари 2012 година. Во мај 2012 година ученици од сообраќајната струка во Општинското средно училиште во Богданци изведоа една акција со која беа обележани паркинг местатата на двете страни од улицата „Маршал Тито“од крстосницата со улицата „4ти Јули“ до крстосницата со улицата „Крушевска“ или од супермаркетот „Макси“ до Чавдарова Чешма.Тие си ја завршија својата работа. И се остана на тоа. Истовремено со цртањето на линиите на улицата со ништо не се кажа што всушност претставуваат

тие, па возилата продолжија да се паркираат по тротоарите по системот на кој како ќе му текне. На други места по градот не се презедоа дејствија за обележување на паркинг простори, ниту се постави сообраќајна сигнализација со која ќе се регулираат правата и обврските на учесниците во сообраќајот по прашање на паркирањето. Паркирањето на лесните патнички автомобили во сопственост на граѓаните што живеат во колективни станбени згради е посебна приказна. Станарите од две, најмногу три згради можат да се пофалат дека своите возила ги паркираат на сопствените паркиралишта. Другите штедро придонесуваат за хаосот во сообраќајот во Богданци. Улиците и тротоарите се запретани од нивните паркирани возила. Уште подраматично е што никој

не може да им забележа за тоа. Со ништо не им е сугерирано дека тоа не смеат да го прават. Освен ако тоа не извира од нивната совест. Но совеста има морална димензија која, самата по себе, е доста растеглива категорија. Локалната самоуправа во никој случај не смее да остави работите во нејзина надлежност да се одвиваат по совест. Со правила се регулираат сите сфери на општественото живеење во заедницата. Вклучително и во сообраќајот. Паркирањето е составен дел на сообраќајот и, ако не е уредено со правила и опремено со сигнализација, знае да биде причина за создавање на хаос. Кога сообраќајот во градот е во хаос и градот е во хаос. Влијанието на тој хаос врз безбедноста на граѓаните се подразбира само по себе.


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов

1. Еднаш посочив на една максима од Римското право која вели дека ако нешто не е забрането не значи дека е дозволено. Римското право е многу „помладо“ од Мојсиевите закони. Чувствувам потреба да се навратам на еден запис од Тората. Тората, пак, или Петокнижието, е еврејска книга во која се сместени „Битие“, „Исход“, „Левит“, „Броеви“ и „Повторени закони“, петте книги напишани од Мојсеј. Последниве околу триесет и пет века Тората е толкувана на долго и на широко. На едно место, отприлика, се толкува дека секој што не го почитува Законот прави грев. Се огрешува. За разлика од обичниот свет, се вели, учените, затоа што се упатени во Законот, имаат поголем грев ако не се придржуваат до Законот. Тие и кога ненамерно прават грешка во спроведување на Законот се смета дека грешката ја направиле намерно и казната за непочитување на Законот е поголема. Законот бил даден од Бога. Почитувањето на Законот се сметало за служење.Од таму доаѓа-

СЕ ТЕЧЕ, НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА службеник. Службеништвото секогаш било степенувано. Степенувано е и денеска. Наредено е по чинови: помлад советник, постар советник, самостоен советник, овластен службеник... Службениците вреднувани по чинови се чиновници. Во година за локални избори сакам да го потсетам општинското чиновништво дека тие се стожер на почитување на Законот. Без нивно „непочитување и неспроведување“ на Законот никој во Општината нема да може ниту, пак, некогаш можел, да го прекршува Законот. Прекршување на Законот, во буквална смисла, е непридржувањето до пропишаните правила. Не е сосема безгрешно ниту непочитувањето на непишаните правила. Тоа за што Римјаните рекле дека иако не е забрането не е доволено. Тоа што во себе има морална димензија. При толку едукации и обуки ништо не може да биде направено како грешка од невнимание. Се што се прави или се направило се смета дека е направено со знаење и намерно. Ако направеното е со грешки е ГРЕШНО. Според христијанското учење Бог понекогаш ги простува гревовите. Онаа фигура со превез преку очите и меч во раката што „виси“по судовите и судниците-никогаш. Не би смеела. 2. Откога преминавме на „господа“ и „госпоѓи“ останавме без другари и другарки, вели еден афоризам кој деновиве беше многу цитиран од Ранко Бубамара. Точно.

3. „Лажи, лажи , море/ лажи кој ќе лажеш/ само мене, море/ немој да ме лажеш.“ Ви текнува? Песна е која малку ја изобазив. Е оваа песничка, има некое време, ми се мота по главата. Ми оди во фон на секоја размисла во врска со локалниве. Во почетокот се прашував од каде ли изникна м’рецката, ама се сетив. Од Асан ќе да е.Оној Асан што морал да миже за да му баат. Не дека Асан не верувал во бајачки и гатачки и не дека немал доверба во Бајачот. Имал, како немал. Само, Асан, од очи ли ќе е,од нагазиште ли... беше го изумил правилото.. Како кое правило? Правилото дека за да се биде независен треба да се биде ограден. 4. Иљто Петрушев, музичарот, знае понекогаш да каже дека кога Нил Армстронг се спуштил на Месечината и прошетал наоколу слушнал како од еден кратер се слуша некакво чукање. Ѕирнал во дупката и видел еден богданчанец како од ламарини прави вршници и печки. Демек такви шеги се расправало за богданчани. Пред Каналот, а тоа е и пред „Изворски“ и пред „Млаз“ и пред градинарството, во Богданци, кадешто без вода не успева ништо, немало од што да се живее, па луѓето од Карабалија носеле ламарини останати од војната и од нив правеле

вршници и печки што ги продавале по струмичките и радовишките села. Се осмелувале, што би рекле оние телевизиски реклами, и така си ги ранеле децата. Но, тие биле богданчани што го направиле Каналот, што донеле струја, што ја направиле Луда Мара, и Домот, и Магацинот, и Ресторанот, и улиците, и водоводот, и канализацијата, што го курдисале „Млаз“... Тие биле тие богданчани. Таков им бил сојот. Денешниве богданчани не се такви. Не се од тој сој. 5. Ката, жената на Кољо Каркалашев не одела по мртовци. -Не одам, објаснувала. Што има да одам и да го молам Господа да му простува на умрениот. Што знам, можеби не му е за простување. 6. КУД„Бранд Петрушев“ на 23 февруари прослеви дваесет и пет години од формирањето. Многу генерации ги носеа опинците на Друштвото. Уште многу генерации ќе ги носат. На овој начин им го честитам јубилејот. Дваесет и пет години постоење не е мала работа. Математиката покажува дека тоа се случило на почетокот од 1988 година. Една друга генерација и нивниот инструктор кој секој викенд доаѓаше од Скопје во Домот на културата „Бранд Петрушев“,Богданци за да ги обучува младите ентизијасти во тајните на кореографираната фолклорна игра нема да се согласат со тоа.

Да, на Самоил АнастасовскиСами,Љупчо Петков,Зденка Прегарц,Суза Ивановска, Борче Пром,Зоран Сапламаев,Борчо Прошев,Вала Окова,Џоко Крапуцев,Соња Србова, Мите Кал’чев, Оле Мишева,Страшко Олумчев… и уште многу други нормално е да им остане ат’рот оти тоа не беше во 1988 година туку 6-7 години порано. Го знам тоа. И во 1982 и во 1988 година раководев со Домот. 7. На 17 март се Велики поклади,Прочка и „Б’ли-вошки“. На 18 март е Чисти Понеделник и Запостејне. Почнува постот. На 22 март „пука“ пролетта. Затоа е Младенци. На 23 март е Тодорова сабота. Нешто како Валентин кај католиците. На 24 март се Локалните избори. Постот продолжува. На 7 април е Благовец. На 27 април е Лазарова сабота. На 28 април е Цветници. Постот сеуште трае. На 5 мај е Велигден. Така е тоа годинава. 8. Требаше да се биде присутен на 59.седница на Советот на Општина Богданци за во живо да се добие потврда за менливоста на нештата. Требаше да се види како мнозинството изразува сомнеж во работата на градоначалникот. Истото мнозинство кое до пред една седница ставаше рака во оган за него. Како да не му пукне пукалото на човек.

НАДОЈДЕНА РЕКА Пишува:

Милчо Ванов

Во изминативе месеци пишував за актуелните случувања во Богданци, за ситуацијата во стопанството,политичките партии, општинската управа, за развојот на Општината и слично. Сето мое пишување имаше за цел да се поттикнат партиите и граѓаните на претстојните локални избори да се избере што подобро општинско раководство за работите да тргнат на подобро. Времето пред 16 февруари беше периодот во предизборието кога се пријавуваа кандидати за функции во локалната управа. На 16 февруари, кога заврши постапката за пријавување, се виде кои се кандидатите и се виде какви кандидати се предложени. Се очекуваше главен збор во изборната трка да водат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како најмоќни партии во Богданци. Тој дуел изостана. Сите очекуваа да видат кандидати за градоначалник од редовите на овие две партии, но по случај на приликите тоа не се случи. Тоа ја покажува немоќноста и неорганизираноста на овие две партии. Како што стојат работите на локалните избори во март ќе имаме двајца кандидати за градоначалници и четири листи за советници што укажува за незаинтерисираноста на политичките субјекти и на независни кандидати за учество во трката за избор во наредното општинско раководство. Зошто е така треба да се направи издржана и стручна анализа, да се утврдат причините за таквата инертност на граѓаните на Општина Богданци да не се заинтересирани да учествуваат во раководењето на својата општина. Уште пред пет месеци пишував за лошиот рејтинг на двете политички партии во Богданци (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) и констатирав дека состојбата

во овие партии е лоша и потребно е да се направи сондажа на теренот за сами да видат каков е ставот на граѓаните во однос на вербата во овие партии. Таквата анализа од страна на овие две партии изостана и истите, задоени со вербата дека се најмоќни, продолжија во истиот терк да работат и да ги чекаат локалните избори иако имаше време да се реорганизираат и да ги средат своите редови. СДСМ не истакна кандидат за градоначалник и листа на кандидати за советници затоа што партијата се откажа од учество на локалните избори. Во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се случуваше сосема друга приказна. Се покажа точно моето тврдење дека актуелното општинско раководство (Советот на Општината и Градоначалникот) кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не си ја вршат работата како што треба, па затоа централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје актуелниот градоначалник не го кандидираше по вторпат. Овде само би напомнал дека во Валандово повторно е кандидиран актуелниот градоначалник, Никола Чурлинов кој ќе се бори за трет мандат, а во Гевгелија актуелниот градоначалник е кандидиран за втор мандат. Оваа покажува дека општинските раководство во Валандово и Гевгелија добро си ја вршеле работата и затоа централата на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги кандитира. Во случајот на Богданци тоа не е така. За работата да биде уште полоша, централата на ВМРОДПМНЕ во Скопје не најде погодна личност од редовите на оваа партија во Богданци за да предложи свој кандидат за градоначалник, туку тоа место во краен момент му го отстапи на својот коалиционен партнер Демократскиот Сојуз. Ова покажува дека состојбите во оваа партија на општинско ниво не се како што треба и затоа централата во Скопје јасно им укажува на тоа. Жалосно е тоа што од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаме кандидат за градоначалник

бидејќи по правилата на играта во парламентарната демократија секогаш најмоќните партии даваат најквалитетни кандидати затоа што имаат најбројно членство, а со тоа и поголема е можноста да понудат поквалитетни кандидати. За жал во Богданци таков избор на кандидати за градоначалници изостана. Изборот на кандидати за градоначалник се сведе на два. Едниот од Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов, а другиот од Социјалдемократската Унија на Лазе Еленовски. За среќа во последен момент беше истакната кандидатурата од таборот на Еленовски. Ако не беше така ќе пукнеше брука, па ќе требаше да гласаме само за еден кандидат. Не сакам да бидам погрешно сфатен дека ги омаловажувам предложените кандидати, напротив им пожелувам успех и на двајцата. Општо правило е градоначалникот да се избере од помоќните партии, но секогаш има и исклучоци. Така што, во случајот на Богданци, се надевам дека избраниот кандидат успешно ќе се носи со предизвиците што го очекуваат. Листи за советници поднесоа четири политички субјекти и тоа три како партиски предлози, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократската Унија и Партијата на Титови леви сили и една независна листа. И овде понудата бројчано е мала, но што е тука е. Партиските листи не сакам да ги коментирам, но ќе кажам неколку збора за Независната листа предводена од Митко Мишев. Да се разбереме: не се очекува дека советниците од оваа листа ќе водат главен збор во Советот, ниту тоа го можат, ниту имаат капацитет тоа да го направат, но се надевам дека можат да послужат како коректор во одлучувањето. Во ова а листа членови се луѓе со лично убедување кои ако сакаат, без да ги ставаат во преден план личните интереси, можат да му помогнат на Богданци. Но сакам да појаснам еден феномен кој се случи при пријавувањето на оваа листа. За да

се верификува листата требаше да се оди во Гевгелија и најмалку сто граѓани од Богданци со лична карта да ја потврдат листата. За период од неколку часа (од 13 до 18 часот) се организираа триесет и пет коли и 120 жители на Богданци отидоа во Гевгелија и ја потврдија листата. Јас не можам да го објаснам ова но се работи за еден социолошки феномен кој треба да се анализира. Како ќе помине оваа листа и колку кандидати ќе влезат во Советот не е битно, но импонира тоа што толку голем број луѓе, во толку краток период, отидоа да ја потврдат листата. Денот на локалните избори е на 24 март, картите се отворени, кандидатите се знаат. Но каква е понудата? Не сакам да го наметнувам моето мислење, но мислам дека понудата е сиромашна. Кога веќе треба да се избира од веќе понуденото треба да се избере подоброто. Ако подобро се размисли и се анализира ќе се заклучи дека состојбата во Богданци не розова. Има еден виц за двете „ноќни дами“ кои во разговор констатирале дека минатото им било бедно, сегашноста мизерна, а иднината никаква. Не би било убаво да имаме никаква иднина. Се надевам дека предложените кандидати за општински функционери добро размислиле за своите можности и способности успешно да ги обавуваат функциите за кои поднеле кандидатура. Едно е да сакаш, а друго е дали си способен да го направиш тоа. Се надевам дека кандидатите добро ја скенирале состојбата во Општината и имаат план и стратегија како да се носат со предизвиците кои ги очекуваат. Порано пишував за надојдената река и состојбата кога некој се наоѓа пред надојдена река. Ако сака да ја премине добро треба да размисли дали има сили да ја преплива реката или надојдената река ќе го однесе. За жал во последните четири мандати општинските раководства во Богданци не можеа да ја препливаат реката и затоа Богданци се наоѓа во состојба каква што е. Времето покажува дека

граѓаните бараат отчет од тие што ги избрале. Помина времето кога се работело во стилот: кучињата лаат,карванот врви. Сведоци сме дека актуелниот градоначалник пред три месеци даде отчет за сработеното, но тој отчет не помина кај неговите сопартијци и централата во Скопје и не доби кандидатура за уште еден мандат. Со други зборови, му беше кажано дека не си ја вршел работата како што треба. Ред е и Советот да даде отчет за тоа што било сработено во неговиот мандат, односно претседателот на Советот да напише извештај за тоа што се одлучило, што е извршено, а што не се извршило. Факт е дека во изминатите мандати советниците и градоначалниците не си ја вршеле работата како што треба и за тоа се повикуваат на морална одговорност. Не е доволно Советот само да носи одлуки. Треба да го интересира дали тие одлуки се извршуваат. Да се работело така резултатите ќе беа евидентни. Не е ред да се повикува каде беше ти цело време, односно каде биле избирачите цело време. Избирачите цело време се тука. Јас како избирач заедно со другите избирачи само еден ден на четири години носиме одговорност за одлуката што сме ја донеле. Останатите денови во тој период од четири години одговорноста за состојбата во Богданци ја носат избраните лица кои добиле мандат за тоа и нормално е да дадат отчет за сработеното. PS. Почитувани читатели, во изминатиов период во неколку наврати пишував со цел да го свртам вашето внимание кон актуелната состојба во која се наоѓа Општина Богданци. Очекував да се јават повеќе личности кои ќе ги оспоруваат моите ставови и ќе дадат свое видување на истите. Со исклучок на г-дин Ване Џалев кој се јави со свои забелешки и коментар, за што сум му благодарен, никој друг не се огласи. И во овој напис давам мое согледување за актуелните состојби и очекувам од помладата популација да се јават со забелешки и со полемика за моето пишување. Демократско право е да го кажеш својот став и да го почитуваш мислењето на другиот.


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



…ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ… Пишува:

Ристо Ичков

...Почитувани сограѓани, сигурен сум дека ќе се сложите ако кажам дека ова е мисла која не следи сите нас откога паметиме за себе . ,,ДОСТА ЗБОРУВАЊЕПОТРЕБНИ СЕ ДЕЛА,,-може и така да се протолкува. Поводот зошто го пишувам ова е текстот кој го прочитав во последното издание на ПОГЛЕД со наслов ,, СУРОВОСТА НА ВИСТИНАТА ВО СЛИКИ,,. Обично се обидувам да ги игнорирам ваквите пишувања во ,, НЕЗАВИСНИОТ ПОГЛЕД,, НО , овојпат НЕ.Па ќе кажам дека тоа се ДЕЛА . Да ,да , тоа се дела. И секоја слика , на овие дела вреди илјада зборови. Па ќе ви кажам неколку примери мои сограѓани ( ова се однесува и на Граѓанинот кој го има напишано текстот) и ќе ве замолам за миг длабоко во себе да се сетите на : -сетете се насликата на ѓубрето кај зградите кај Чавдарова чешма и погледнете ја сликата сега, -сетете се насликата , заправо нема да можете да се сетите на сликата , бидејќи ја немаше затоа што кога влегувавте во Богданци откај Гевгелија одкај Баџо па до Чавдарова Чешма беше тотален мрак . Погледнете ја сликата сега, -сетете се насликата на поворките и на старото комбеод Комуналното претпријатие кое мораа даго паркираат на удолнина за недај Боже да не запали , а погледнете сега. Пристојна капела, пристојно возило, пристојни гробишта, -сетете се насликата кога улиците ни беа темни со никакво улично осветлување кога жените кои работат во Бреботекс( не само тие туку и сите граѓани од сите населени места во општина Богданци) се вракаа од втора сменаа и постојано приговараа до општината, а погледнете сега, -сетете сеградскиот резервоар од кого постојано истекуваше вода , бидејќи со години немаше никаква сигнализација, а погледнете сега,

-сетете се намасовните цревни оболувања кои ја зафаќаа општина Богданци ( како и други општини) заради тоа што хлорирањето на водата за пиење беше на ,,НУЛТО,, ниво за што има куп извештаи од лабораториските испитувања на водата за пиење и тоа од примероци земени од чешмите во училиштата ( можете да проверите) а погледнете сега , (гасен хлоринатор), -сетете се наоние вработени од комуналното претпријатие кои ви влегуваа по дворовите барајќи ви пари на рака ...во стилот должиш 5000 дај 1000 и ќе нема проблем..., погледнете сега, -нека се сетатграганите од Селемлија , какво беше Селемлија пред овие 4 години и како е сега НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ , НОВИ ТРОТОАРСКИ ПОВРШИНИ со сто Селемлија стана место со најубаво уредена главна улица ( проектот за асфалтирање на главната улица ни е добиен и ке биде асфалтирана и главната улица во Селемлија штом се спроведе тендерот кој неможеше да се спроведе сега заради изборите) промена на ПВЦ столаријата во Подрачното училиште, изградба на просторија за потребите на граганите која се наоѓа до кујната на селските гробишта, поставени реквизити за мало детско игралиште во училишниот двор... -нека се сетатграганите од Стојаково ,какво беше Стојаково пред 4 години , ,,МОСТ НА ИЗЛЕЗОТ НАКАЈ СЕЛЕМЛИЈА, СПОРСКА САЛА, СЛИКАТА НА СТАРИОТ РЕСТОРАНТ-а погледнете сега, мало детско игралиште во центарот на Стојаково пред ресторантот,2.300м КАНАЛИЗАЦИЈА, ПРОШИРЕН ПАТ Стојаково-Богданци( сетете се како се разминуваа два автомобила порано , а како сега), КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНО УЧИЛИШТЕ СО ДВОР, СО МЕНЗА... СОСЕМА НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, АСФАЛТИРАНИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО СТОЈАКОВО... -нека се сетатграѓаните на Ѓавото како беше порано , а како е сега ,,КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНО УЧИЛИШТЕ , НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ЗАПОСЛЕНА УШТЕ ЕДНА НАСТАВНИЧКА ВО ЃАВОТО ( сега се две после цели 30 години) , ВО ОВОЈ МОМЕНТ СЕ ПОЧНА СО

Акција за собирање средства за книги

На маргините на прославата на јубилејот на КУД „Бранд Петрушев“, Богданци како резултат на заеднички проект на Советот на родители и Одделенската заедница при ООУ „Петар Мусев“, беа понудени на продажба ракотворби изработени од

учениците. Средствата собрани од продажбата на ракотворбите, според проектот, ќе бидат наменети за набавка на книги за училишната библиотека.

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИЈА , ВОДОВОД, РЕЗЕРВОАР ВО ЃАВОТО и тоа СЕ сосема ново по Европски стандарди проект вреден 300.000,оо евра и тоа обезбедени пари. Кога тоа се случило во Ѓавото и во којмандат. Никогаш. Тоа во Ѓавото се нема случено никогаш. СЕГА СЕ СЛУЧУВА во мандатот на Ристо Ичков и во мандатот и составот на овој совет на општина Богданци., оживување на стариот пат Богданци-Ѓавото кој е асфалтиран 60% бидејќи толку имавмесредства ... -сигурно некоикои до пред 4 години и од Гимназијата во Богданци и од ОУ Кирил и Методи во Стојаково кога своите часови по физичко воспитување ги одржуваа во училници и тоа генерации и генерации за кои сме одговорни... а погледнете сега, СОСЕМА НОВИ СПОРТСКИ САЛИ... -сетете се насликата на Паљурци , на темниот парк, на некои улици низ Богданци , на општинските згради, нов ГенераленУрбанистички план после 1976 година и.... ... И ДА НЕДОЛЖАМ МНОГУ(се може да се види воотчетот , на кој сум горд) ,не дека не ни фали ништо, ни фали уште многу, НО ШТО БИ РЕКЛЕ НАШИТЕ СТАРИ ... КЕШКИ СЕКОЈ НЕКА ПРАВЕЛ ПО ТОЛКУ. Ако секој правеше по толку во еден мандат може да претпоставите каде ќе беше сега Богданци. ЕТЕ ЗАТОА СЕСЛИКИТЕ , МОЈ ГРАЃАНИНУ , ЗА ДА ТЕ ПОТСЕТАТ, КАКО БИЛО А КАКО Е СЕГА. Некои ќе се сетат некои не, бидејќи не сакаат а ако се сетат ќе најдат нешто друго за пишување бидејќи како што рече Др. Чепреганов во една прилика ,,трошиме повеќе, а имаме помалку; се здобиваме со повеќе дипломи но имаме се помалку разум ; повеќе знаемено помалку размислуваме ; зборуваме многу а кажуваме малк;, ја прочистуваме околината но ја загадивме душата ... НАУЧИВМЕ КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ НО НЕ ИДА ЖИВЕЕМЕ. КАКО И ДА Е... бисакал да го кажам тоа што заправо ме поттикна или ме испровоцира да на некој начин а се однесува единствено на она што е најважното а тоа е ОПШТИНА БОГДАНЦИ. Состојбата вокоја ја најдовме општина Богданци ви е веќе позната, отприлика за долгот знаете

и беше некаде околу 1.600.000,оо евра долгови . Најголемата опасност поради која ни ја исклучуваа водата, струјата, беше долгот спрема ЕВН и тоа долг од 50 милиони денари или некаде околу 850.000,оо евра . Ако тука се додаде и долгот од уличното осветлување кое моравме да го платиме на самиот почеток, за да не останеме и без улично долгот беше поголем од 850.000,оо евра. Сега тој долг спрема ЕВН е сведен на 450.000,оо евра кои во истиот момент кога ќе се платат комуналиите за самите ветерни турбини ( се мисли на столбовите а тоа ќе биде за многу кратко време, можеби ќе беше и до сега но изборите го направија своето) кои изнесуваат 340.000,оо евра , а тоа се комуналиите за 16 столба долгот ќе се намали на 110.000,оо евра. НО предвидени се 20 столба така да после таа уплата од плус 80.000,оо евра ,за плаќање ќе останат уште 30.000 евра. Општината си има договор со ЕЛЕМ ...НО МНОГУ Е ВАЖНО ОПШТИНАТА ДА ГО ИСПОЧИТУВА и за многу кратко време општината назадоволство на сите нас , ќе се ослободи од тој товар кој бил правен цели 12 години. ТОЈ ДЕН ЌЕ ДОЈДЕЗА МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ И ЈАС ЛИЧНО И КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК И КАКО ГРАЃАНИН И КАКО ЧОВЕК СУМ ПРЕЗАДОВОЛЕН ОД СЕТО ТОА.

Што се однесувадо другиот поголем проблем , а тоа е проблемот со МЛАЗ и тие 200.000,оо евра, од 2005 година, и тоа е регулирано со спогодбата, со која МЛАЗ се откажа од каматата која од 2005 година па до денес изнесува скоро 7.000.000,оо денари , а главниот долг од 5.000.000,оо денари ке го покриеме и тоа: 2.200.000,ооденари по основ на комуналии кои МЛАЗ ги должи на општина Богданци 1.600.000,оо пооснов на долг кон комуналното претпријатие Комунална Чистота 1.100.000,ооденари по оснав на легализации на објектите на МЛАЗ Се вкупноизлегува без 100.000,оо денари точно 5.000.000,оо денари точно колку треба да се покрие основниот долг кон МЛАЗ и со тоа како општина Богданци го надминуваме и тој проблем. НО многу е важно општината да ја испочитува спогодбата бидејќи сега во овој момент постапката за легализација е сопрена со официјален допис до општина Богданци и тоа од новото

раководство во АД МЛАЗ. И тоа е во ред околу тоа си решава новото раководсдтво но ја донесува во опасност спогодбата која ја потпиша општината со АД МЛАЗ и со која конечно општина Богданци го решава последниот поголем проблем кој би можел да и наштети на општина Богданци. НО едно гласноразмислување , ако легализацијата односно документацијата е главната причина за неможноста за развој,( така барем пишува во текстот на граѓанинот) за неможноста за легални договори со други фирми кои се заинтересирани за вложување,па дури и за МЛАЗ , зошто, ете сега , кога има ново раководство , зошто е сопрена легализацијата на АД МЛАЗ и со тоа се донесува во опасност спогодбата на општина Богданци а инесомнено развојот на самиот МЛАЗ . Недај Боже ако се испуштат роковите , бидејќи за се си има рок ,а законски можности има само сега , може да се нанесат несогледиви последици кои незнамдали би можеле да се исправат. НО тоа го оставаме на времето за кои нашите стари рекеле ,, ОД ВРЕМЕТО НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА СЕ СОКРИЕ,,. Се ќе си излезе ... кога тогаш. И како резимепосле гореневеденото општина Богданци ќе остане со долгови од некои 180.000,оо евра , но тоа се тековни долгови , и општината нема ама никакви, потенцирам НИКАКВИ опасности било кој субјект да и нанесе штета со која би ја клекнал на колена како што беше ситуацијата пред 4 години. Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите Граѓани на Богданци, Ѓавото , Стојаково и Селемлија за укажаната доверба која ми ја дадоа за овие 4 години . Оваа БЛАГОДАРНОСТ ќе ја носам во себе ЗАСЕКОГАШ. Богданци е силна општина со блескава иднина, аБогданчани се силни , вредни и чесни луге кои сигурен сум дека нема повеќе да дозволат некој да манипулира со нив искористувајќи ги нивните чувства без разлика КОЈ Е , И ЧИЈ Е. Иднината на Богданци е во рацете на Богданчани и на никој друг. И затоа му посакувам успех на идниот Градоначалник, им посакувам успех на идните советници,и на сите грагани на општина Богданци КАДЕ И ДА СЕ

И паноата за истакнување некролози се урбана опрема На Педесет и седмата седница Советот на Општина Богданци, меѓу другото, ја донесе и Програмата за урбана опрема во Општина Богданци. Со Програмата се регулира поставувањето урбана опрема на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се нарушува основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот во Општина Богданци. Урбаната опрема според Програмата ќе се набавува со средства од Буџетот на Општина Богданци прибрани од комунална такса за користење на простор пред деловни простории за вршење дејност и од комунална такса за поставување рекламни паноа. Во Програмата се запишале разни видови урбана опрема. Не

се заборавило да се забележи дека урбана опрема се и платформите за јавни манифестации на водни површини. Се забележало дека во урбана опрема спаѓаат типските објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатскоконзуларни претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијални објекти, ама се пропуштило да се наведе дека во урбана опрема спаѓаат и паноата за истакнување некролози и други соопштенија од таков вид. Мали но практични паноа за таа намена има поставено пред Православната црква „Свети Атанасиј Велики“ и на главниот влез во Старите гробишта.Иако мали си ја вршат работата Во недостаток на соодветен простор за истакнување некролози граѓаните ги користат дрвјата од

крајуличните дрвореди и столбовите што ги има по тротоарите. Не е убаво, заради чувствителноста во однос на намената, да се каже дека слоевите побелена хартија, залепена со лепливи ленти или закована со метални пулчиња што веќе си ја обавила функцијата, го нагрдува јавниот простор, ама не е точно ако се каже дека не е така. Граѓаните немаат друг избор. Го користат тоа што го имаат на располагање. Тешко дека во Богданци во скора иднина ќе има објекти во функција на дипломатско-конзуларни претставништва и резиденцијални објекти за да се предвиди и планира поставување типски објекти за нивно обезбедување или некој ќе поставува платформи за јавни манифестации на водни површини како што се напишало кога буквално се препишувал Законот за градење или се препишувала нечија туѓа Програма за поставување урбана опрема, ама во Општина Богданци потреба од лепење некролози секогаш ќе има. Советот на Општина Богданци на некоја од наредните седници треба да ја разгледа потребата од внесување на паноата за истакнување некролози во редот на урбаната опрема, да ги предвиде јавните места каде што тие треба и можат да се постават и да ги направи потребните измени и дополнувања во Програмата за урбана опрема во Општина Богданци. Советниците го имаат правото за поднесување предлози за работа на Советот на Општината. Оваа може да биде нивен предлог.


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



К УД „ Б р а н д П е т р у ш е в “, 2 5 г о д и н и п о с т о е њ е Градското Културно-уметничко друштво „Алексинац“ од Алексинац во Србија предводено од Миодраг Ѓорѓевиќ, потпретседател на Друштвото, Фолклорната секција „Трентино“ од Стивор кај Прњавор во Босна и Херцеговина, предводена од Фрањо Ровер, претседател на Секцијата, делегација на Културноуметничкото друштво „Никола Маринковиќ-Митанче“ од Белегиш, Стара Пазова во Србија предводена од Мирослав Јосимовиќ, претседател на Друштвото, висока делегација од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија предводена од Душанка Томиќ-Дувњак, вршителка на должноста амбасадор во придружба на Бранка Костовска, секретарка на Амбасадата и Драгица Јањиќ, главен конзул на Република Србија во Македонија, Божидар Ивановиќ, заменикот на началникот на Општина Прњавор,Србија, Ристо Ичков, градоначалник на Општина Богданци, Душко Енџекчев, претседател на Советот на Општина Богданци и членови на Советот, мнозина од поранешните играорци и членови на поранешните раководства на „Бранд Петрушев“, огромен број публика, на 23 февруари вечерта беа во ООУ „Петар Мусев“ за да го возвеличат јубилејот, 25 години активно постоење на Здружението Културно-уметничко друштво „Бранд Петрушев“ –Богданци. На целовечерниот концерт, на општо задоволство на сите во салата, со содржини од својот репертоар се претставија домаќинот „Бранд Петрушев“ и неговите гости од ГКУД„ Алексинац“ и ФС „Трентино“. На присутните им се обратија

градоначалникот на Оппштина Богданци Ристо Ичков и Сашо Ивановски, претседател на ЗКУД„ Бранд Петрушев“. Членовите на друштвата-гости, според востановената практика, беа гости во домовите на членовиоте на „Бранд Петрушев“. Водствата на гостувачките друштва и другите гости на прославата беа примени во кабинетот на Градоначалникот Ристо Ичков кој потоа ги поведе на прошетка до излетиштето во Паљурци од каде се навратија во ресторанот на Стрелечкиот клуб „Магнум“ каде што беше приредена закуска и дружење со претставници на бизнис заедницата од Богданци. Во своето четвртвековно постоење КУД „Бранд Петрушев“Богданци се стекна со високо реноме. Многубројни настапи на домашните сцени го потврдуваат тоа. Исклучително успешните турнеи

организирани по Турција, Бугарија, Романија, Италија, Германија Полска, Белгија, Франција, Холандија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина каде што Друштвото го презентираше и афирмираше културното наследство на македонската фолклорна традиција, исто така зборуваат во прилог на тој факт. Сето тоа немаше да биде можно ако во работата на Друштвото не се вткаени неограничениот ентузијазам на неговите членови и на неговите раководства во негувањето на аматеризмот и огромната поддршка од Општината и компаниите од Богданци. Друштвото не пропушти можност на сите нив јавно да им се заблагодараи.

Марјан Карастојанов,

Божидар Ивановиќ,

раководител на културно-уметнички дејности во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци во времето кога се формирло Друштвото „Со моето вработување во Домот на културата „Бранд Петрушев“ на работното место Раководител на културно-уметнички дејности, во рамките на Планот и Програмата за работа, бев си зацртал формирање на културно-уметничко друштво. Тоа се случи во 1988 година. Со Љупчо Петков кој имаше кореографско и корепетиторско искуство и Доне Пачиколев како музичар го формиравме Друштвото. Ристо Пеев, кој веќе беше заминал во пензија, сеуште си го работеше изворниот фолклор. Ние се зафативме со стилизираниот. Друштвото беше нешто како секција во дејностите. Покрај него и веќе спомнатиот изворен фолклор во дејностите се негуваше и модерен балет, драмска уметност... Генерациите што доаѓаа во Домот и се вклучуваа во секциите главно беа школска младина од повисоките одделенија на „Петар Мусев“ и од средношколскиот центар во Гевгелија. Во Богданци сеуште немаше Гимназија. Друштвото се формира во февруари, се работеше турбо и веќе на 25 мај кој во тоа време се славеше како празник на младината, на отворено, во бавчата на Ресторанот го одржавме првиот концерт. Следниот настап го имавме во спортската сала на „Млаз“. Ракометниот клуб „Младост“ имаше на гости некоја грчка екипа, а ние дадовме концерт во нивна чест. Морам да спомнам дека многу конкретна помош имавме од Младинската организација

на Богданци која во тоа време ја раководеше Коле Љушев.На почетокот беше многу тешко. Немаше доволен број членови за да се формираат генерациски групи, па за да се изведе кореографијата ги мешавме генерациите. Со богданските фирми склучивме самоуправна спогодба за да ја купиме носијата за играта „Повардарие“. Домот, заедно со другите установи од областа на културата во бившата Општина Гевгелија се фузира во единствена општинска установа Општински центар за култура „Македонија“ – Гевгелија. Освен во Богданци и на „Дојранските бели ноќи“ немаше каде да настапиме на друго место. Почна да паѓа ентузијазмот кај децата. Во 1999 година за инструкторкореограф го повикавме Џоко Јованов. Играорното друштво од Алексинац во Србија веќе ни беа биле на гости, па ние во 2000 година им ја вративме посетата. Во 2001 година патувавме на турнеја во Полска. Друштвото почна да се развива. Пораснаа амбициите кај родителите на децата –членови на друштвото. Поддршката од Општинскиот центар во Гевгелија беше слаба. Затоа Друштвото се одвои како посебен субјект. Сега веќе под раководство на Миливој Милосавлевиќ. Подоцна Законот наложи сите друштва да се регистрираат како Здружение на граѓани. Сашо Ивановски кој сега е претседател на Друштвото го регистрира како Здружение Културноуметничко друштво „Бранд Петрушев“ –Богданци. Од 1988 година до денес помина четврт век.“

Заменик на началникот на Општина Прњавор, Босна и Херцеговина

Првата генерација играорци

„Овие можеби најинтересните средби што можат да се организираат. Поинтересни се дури и од спортските средби. Овие дружење треба да продолжат. Имам ветување од мојот градоначалник дека ќе им се даде поддршка за зацврстувањето на врските меѓу друштвата. „Бранд Петрушев“ ќе биде покането да гостува во Општина Прњавор во првата прилика. Ќе се обидеме оваа побратимство што постои меѓу друштвата да го подигнеме на ниво на Општини.“


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 

Душанка ТомиќДувњак, Вршителка на должноста Амбасадор на Република Србија во Република Македонија

„ Многу ми е мило што присуствувам на овој прекрасен концерт. Вечерва се сретнаа

Миливој Милосавлевиќ, поранешен претседател на Друштвото

„Родителите на децата членови на Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“, Богданци побараа јас да се нафатам да бидам претседател. Се нафатив да го водам друштвото. Осум години поминав како претседател. Проблем е што генерациите

Мите Кал’чев, член на Играорната секција во Домот на културата „Бранд Петрушев“

Страшко Олумчев и Мите Кал’чев



културите на нашите два нароада. Ние кои некогаш живеевме во заедничка држва имавме воспоставено многу врски на планот на размена на нашите културни наследства. Врските се обновуваат. Македонскиот и српскиот народ имаат многу слични елементи во своите традиционални културни наследства. Овие средби се еден вид на искажување на тоа наше искрено пријателство. Добро е што младите се дружат и низ дружење го покажуваат тоа што нивните претци го вткајале во културното наследство, а тие го одржуваат негувајќи ја традицијата. Се надевам дека дека соработката меѓу овие две друштва, меѓу градовите Богданци и Алексинац и, на крајот, соработката меѓу Република Србија и Република Макеронија ќе продолжи и ќе се продлабочува. Амбасадата на Република Србија ќе помогне таа соработка да биде што поплодна и корисна за двете страни.“ не траат долго. Само што посериозно ќе навлезат во сложеноста на кореографијата ќе заминат некаде на училиште или на студии. Имавме една многу добра генерација која замина на факултет. По неа дојде уште една добра генерација која се загуби некаде. Но доаѓаа нови генерации. Се патуваше на турнеи во странство. Се склопуваа нови познанства. Беше убаво. Голема помош добивавме од богданските компании. Не е лесно да се опреми друштвото, да се организира патување и да се дочекуваат возвратни посети. Затоа им изразувам голема благодарност на компаниите што најдоа за потребно да ни помогнат. Овде има едно основно и едно средно училиште што е добра основа за аматеризмот. Во последно време Основното училиште „Петар Мусев“, Богданци ја презеде одговорноста на Друштвото да му отстапи простор за вежбање. Оваа друштво се одржува со самофинансирање од неговите членови. Затоа гестот на Основното училиште е за поздравување.“ „ Бевме детишта кога почнавме да одиме на секција во Домот. Имавме по тричетиринаесет години. Во секцијата членуваа Лупчо Петков, Зденка, Зоки Сапламаев, Ико Џиџев, Ваља и уште некои. Јас,Соња Србова, Страшко Олумчев... бевме иста генерација. Не тренираше еден Сами. Доаѓаше од Скопје. Ми беше интересно кога порано гледав како играат Русалиите. Сега можевме и ние да учиме како се играат ора. Вежбавме во Домот. Инструкторот носеше касети со снимени ора, ни ги пушташе на касетофон и така трениравме. Понекогаш Мите Џалев со хармониката и Зафир Иљачев со тапанот ни свиреа одредени делнициа додека ги учевме чекорите. И Ристо Пеев помагаше со виолината.Од тогаш има сигурно триесет години.“

Продолжение од стр.1

Решенијата од Собранито на акционери во „МЛАЗ“ од 7 февруари запишани во Централен регистар февруари во Административната зграда на „Млаз“. На него присуствуваа 28 претставници кои застапуваа 142.695 акции сопственост на 745 акционери На седницата на Собранието на акционери во АД „Млаз“ во Надзорниот одбор се избрани: Крсто Олумчев, претседател на Надзорениот одбор, Митко Џиџев, Оливера Киковиќ Поп-Гонова, Ристо Самарџиев, Мара Узунова, Ванчо Аврамов, Душко Карапуцев и независните членови Аспарух Љоков, Тања Маркова, Крсте Демерџиев и Златко Џишев. Во Управниот одбор Надзорниот одбор ги избра: Анастасија Олумчева,Евгенија Попова, Владимир Аврамов, Ристо Станковски, Миле Демерџиев, Катица Ничевска и Спасо Бојаџиев. За генерален директор на АД„Млаз“ Богданци е избран Спасо Бојаџиев кој е и претседателот на Управниот одбор. За управител на „Млазпатнички“ е назначен Владо Петрушев. За управителка на „Млаз шпедиција“ е назначена Магдалена Шимова. За управител на „Млаз товарен транспорт“ е назначен Мирчо Ѓавочанов. На 8 февруари е доставена Пријава за упис на промена на надзорен орган и промена на овластено лице и орган на управување. На 19 февруари 2013 година во присуство на нотарката Маргарита Вангелова, овластениот вештак Бранко Аризанов, овластениот ревизор Ристо Котев, Ристо Киров од Агенцијата за обезбедување „Армор“, Жарко Василев од Агенцијата за обезбедување „СГС“ и Спасо Бојаџиев, Крсто Олумчев, Магдалена

Шимова, Евгенија Попова, Митко Џиџев, Миле Демерџиев и Ристо Станковски од АД „Млаз“ направено е службеното дејствие „Потврдување на факти“ што ќе рече примени се

во владение службените простории на АД „Млаз“ од страна на новото раководство на АД „Млаз“.


ПОГЛЕД ,Февруари 2013 



Парола на месецот

Измислен разговор меѓу Богданчо на Богдан Богдански и еден Богдански избирач БББ: - И што велиш? Сега на вас е редот. БИ: -На нас. Тие имаат по четири години на располагање, ние имаме само еден ден. Дојдоа нашите пет минути. БББ: -Си персираш себе си или зборуваш за повеќемина? Гледам зборуваш во множина. БИ: -Не си персирам. Јас сум еден, ама многупати по еден прават многу. За тоа многу ти зборувам, за тие ние и за тие нас. БББ: - Зборуваш за избирачкото тело, нели? БИ: - Да, за него ти зборувам. Тоа тело е едно, ама е составено од повеќе тела. Секое од тие тела, секој во своите пет минути го изрекува својот суд. Затоа партиите што ќе учествуваат на локалниве избори овде се нервозни. Неизвесноста ги прави нервозни. Не знаат што ќе реши Телото. Оние од телевизиите Телото го нарекуваат Електорат. Да не те бунат овие големи букви пред телото и електоратот. Партиите да имаат кабил до 24 март не само првата буква туку целото име да им го напишат со големи букви. И кога зборуваат за Телото, за тоа што ќе направат за нив тие како да зборуваат со големи букви. БББ: - Букви или гласови? БИ:-Добро, ти ја разбирам поентата. Со букви се пишува, со гласови се говори. Тоа сакам да ти го кажам. Кога овие што деновиве ќе ни говорат и ќе ни делат програми за тоа што ќе прават ако ние, Телото, одлучиме тие да го прават тоа, ни говорат така егзалтирано, демек со таков тембр и возвишеност на гласот што, да треба да се прави транскрипција

на кажаното, неизбежно треба да се пишува со големи букви за да се долови чувството на свеченост што сакаат да му го придодадат на своето кажување. Да се прашуваат тие не би пропуштиле дури и да го болдираат. Е тоа е тоа. Нивното кажување секогаш е на почетокот, а нашето на крајот. Телото одлучува на почетокот, ама секогаш се раководи од крајот. На крајот го цени тоа што било, го споредува со тоа што било кажано дека ќе биде и во своите пет минути одлучува како сака да биде понатаму. Во случај да не разбра ќе ти повторам уште еднаш: Телата во Телото, секое во своите пет минути кажува што ќе каже. Збирот од кажувањата ги дава одговорите на сите прашања. БББ: - За пет минути ли се работи? БИ: - Понекогаш и помалку: влегуваш, ја даваш личната карта, те наоѓаат во списокот, ќе проверат да не си веќе испрскан со оној спреј, ако не си ќе те шприцнат за да те обележат и така обележан ќе ти дадат ливчиња и тогаш веќе раката доаѓа во тебе. Затоа се вели дека кај нас е раката. БББ.- И барбутчиите се фалат со раката. Демек кај нив се заровите, ти треба да им излезеш, а тие да ти фрлат. Никогаш не разбрав во што е разликата дали фрлиш или ти фрлаат.По мене кога е фрлено, фрлено е: можеш да падне добитно или да падне недобитно. Шансите се подеднакви. Колку се твои толку е и на тој од спротива. Разликата е тоа што за него тоа што е добитно за тебе е недобитно БИ: -Добро, овде раката се употребува како метафора.

Има симболика во неа. Со раката пресекуваш. Заокружуваш некој број, некој симбол и со тоа одредуваш повеќе судбини. Си го дал ГЛАСОТ. Доволен број такви гласови некого ќе направат среќен. Недоволниот број мнозина ќе ги фрли во очај. БББ:- Телата во Телото, рековме секое само за себе, си мери, си премерува, цени, проценува и си заклучува, врз основа на тоа што очекува, кој од тие што ги наоѓаат на списоците има изгледи да му ги задоволи очекувањата. Добро ли просудив? БИ:- Сосема добро. Така отприлика треба да бидат работите иако секога не се така. БББ: - Не се? БИ: - Не се. БББ: - Зошто? БИ: - Затоа што, како што самиот си просудуваше предмалку, треба да се мери, да се премерува, да се цени и проценува и да се донесе суд. Е тука работите стануваат сложени. Заклучокот не секогаш е заснован на рационална основа. Тука секогаш претежнува навивањето. БББ:- Навивањето! БИ: -Да. Се навива за тој или тие што ти ветиле нешто во четири очи. БББ: -Абе човек, за што зборуваме ние. БИ: -Не меѓу партиите туку, и во партиите внатре има навивање. Не е важно кој и каков е туку е важно да е мој или да се надевам дека ќе биде мој човек. Е за тоа ти зборувам, ама за тоа во дугиот број.

Животот е краткорочен кредит со грејс период од 18 години. Миро Радески

Роднокрајна анегдота Сите се согласни дека денес самите се акаме со „товари“ што не се наши, па потоа немаме време да се справиме со сопствените. Се жештиме, се сакладисуваме и се нервираме за небитни работи. Од животот си правиме пекол и кога нема потреба за тоа. Во еден

разговор на ваква тема Васе Туранов раскажа анегдота за дедото Вашиљ Туранов. Дедото Вашиљ Туранов е познат лик од минатите богдански случувања. Васе Туранов му е внук од син.

Дедото Вашиљ Еден ден дедо се пожали на некаква болка и изнемоштеност. Годините веќе го беа потиснале, ама сеуште беше витален човек. Го однесовме на лекар. Лекарот му му најде некоја слабост на срцето и му препиша терапија. Од аптеката ги зедовме лековите, ама се прашувавме како дедо, кој дотогаш ниту беше бил на доктор ниту пак некогаш во животот употребувал некое лекарство, ќе го убедиме да ги пие апчињата. На мене, затоа што му го носев името, падна задачата да го убедам да ги пие лековите. Но како? Што да направам за да го натерам да пие од апчињата? Ми текна: Имавме стока, дедо цел живот се расправал со стока, понекогаш ветеринарите, од разни причини, на добиците им удираа инекции и им даваа апчиња. Решив во тој правец да ја градам стратегијата за „кршење“ на дедовиот отпор. Немаше никакви изгледи да му ја предочувам слабоста на срцето Веќе бевме вечерале, ги зедов апчињата и отидов во неговата соба. Кај кравите и овците, кога се колеа се гледаше тоа, знаше понекогаш во црниот дроб да имаат некакви зрнести таложења за кои велеа дека настануваат од жеднеење на животното. Кога животното неможело да се напие вода кога било многу жедно му се б’рбашлисувал дробот. Ветеринарите им даваа едни големи апчиња на нивните сопственици кои овие потоа им го даваа на животните и така ги лекуваа. Дедо го знаеше тоа. -Види, му реков, докторите најдоа дека малку ти бил б’рбашлив дробот. Ќе мора да пиеш од апчињава за да се исчисти, и го поттурнав шишенцето со апчиња пред него. Истиот момент сенка на зачуденост прелета преку неговото лице. -Б’рбашлив, велиш?, рече и за миг се замисли. Арно. Како да ги пијам апчињата? Дедо, неочекувано лесно, се согласи да ја лечи „б’рбашливоста“. -Сега ќе се напиеш едно, утре сабајле уште едно. Така ќе пиеш насабајле и навечер додека не ги испиеш сите, му кажав, ја одвртев затката на шишето и му извадив едно апче.Потоа му наполнив чаша вода и му ја подадов заедно со апчето. -Испиј го ова, јас ќе си одам, а утре пред да одам на работа ќе дојдам да ти помогнам да се напиеш друго. Утредента станав, се подготвив за работа и на тргнување влегов кај него. Го гледам седи на масата. Така како

што седеше и вечерта. -Добро утро, му реков. Си станал. -Не сум станал оти ни не си легнав. -Не си легна!? Зошто? Да не тие неарно? -Арно ми, море како не ми е арно. Не ми се спиеше. Цела ноќ не ми дојде дремка. Само се мислев кога тоа сум бил жеден за да ми се расипа дробот. Дури на разденување ми текна. Горе во Дабавец имавме р’ж. Бевме ја ожнеале. Едно утро со тетка ти Камена отидовме да ја товариме. Уште беше момичка, ама можеше да ми ги прифаќа сноповите и да ги подредува на колата. Јас подавам, таа прифаќа и подредува, дете не може да ги повладува сноповите, се мачи на редењето, не фати пладне. Им се зеде росата на сноповите, се напекоа и почнаа да се лизгаат. Одвај товаривме. Не планирав толку да се задржиме. Зажеднавме.Носевме една манерка вода, си ја испивме уште за раното. Тргнавме да се си идеме, ама слегувањето ни излезе тешко. Тие денови беше врнало еден дожд и беше го расипал патот. Кравите се гуткаат во еремот,го гуткаат ар’шот ја гуткаат и колата. Едно време сноповите се навалија, ќе паѓаат. Застанавме. Зедов да го подберувам товарот и да го подврзувам. Сонцето запекло, жеже. Устите ни се потсушија, ни се пие вода ни се плаче. И ја дадов манерката на тетка ти и и кажав да оди до Дабавската чешма и да наполни вода додека јас да ја мерметисам колата. Додека таа да се врати јас ги предокарав сноповите. Не можев да се сетам друг пат да не сум можел да се напијам вода кога ми се пие. Тој ден, едно три-четири саати останав гладен за вода. Ако сум го расипал дробот,тогаш сум го расипал. Дедо поживеа уште неколку години и си умре на позна возраст. Зборот ми е дека на толку век дедо не можеше да се сети на некој момент кога нешто не му било дузѓун во животот. Имале проблеми со живеачката, секогаш по нешто било кусо, ама тоа го земале како нормална работа и многу не си носеле до душа. Што да кажеме ние денеска? Се нешто не мачи, се нешто ни тежи, се од нешто не сме задоволни и главно береме гајлиња за работи кои не не засегаат. Дури и кога не засегаат тешко дека нешто можеме да смениме со нашето берење гајле за нив.

ǖǁǧǤ«ǨƿǫƾǤ««zzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzz Неограниченоста на глупоста

Ниту една групација, се мисли на групирање заради исполнување на некакви цели, во својата програма го нема запишано пишување по ѕидовите како своја платформа за делување. Ниту целите групацији, ниту фракции во нив, ниту поединци од групацијата објавиле дека ќе дејствуваат на тој начин.. А сепак ѕидовите во Богданци се исшарани со пораки. Значи ли тоа дека некои „субјекти“ имаат и тајни програми за искажување на своите ставови.Секој има право на свој став. Има право и на обелоденување на својот став. Но, тоа треба да го направи јавно. Да не се прикрива под закрилата на темнината. Working in the Dark. Може и така, но мора да се знае дека така прават луѓето што се несигурни во себе. Луѓето што се сигурни во себе, луѓето со интегритет, кога имаат став за нешто го кажуваат ставот и стојат зад него. Го бранат во случај некој да не се согласува со него. Ставот напишан на ѕид не е став.Тоа е графит. Ставот за да стане став се кажува јавно. За да има тежина се најавува кој, каде, кога, како и зошто ќе го изнесе ставот. На останатите е да одлучат дали ќе бидат заинтересирани за ставот. Ако изнесеното фати местоќе биде издржан став. Ако не фати место – ќе биде само обид. И толку. Низ тој филтер се

цедат работите Другото е ништо.Бекство е, бљуткавост е, недокваканост е. Безмалку несозреаност. Несозреаното и кога има изглед на зрелост е -зелено. Исто како кај овошјето. Кога плодот од некое овошје отпаднало од стеблото, од целоста, така паднато изгледа како да е зрело. Ако се земе в рака и ако се вкуси ќе се види дека е ѓубре. Обичен црвлив отпад. Поради црвливоста му се исушила чушката со кое било поврзано за стеблото, па треснало долу. Ја прекинало врската со системот од кој потекнува и паднало. Со отпаѓањето ништо не и наштетило на целоста.. Црвливоста има привид на осамена појава, но тежнее кон пренесување. Пренесувањето го овозможува пеперутката. Пеперутката е само метаморфоза. Претворен црв. За пеперутката се пеат и песнички. Привлекува нејзината красотија. Се наметнува со својата грациозност. За црвите нема никаков воспев. А едно се. Црвот станува пеперутка за да ја пренесе црвливоста. Летка наоколу и го расејува семето на црвливоста. Не ли се преземат навреме соодветни мерки црвливоста станува масовна појава. Целоста со која завладеала црвливоста е неупотреблива. Оној даркер, онаа даркерка или оние даркери што ни ги шарат ѕидовите се само уплашени душички кои виреат во мракот.

БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции

тел.факс 034/ 221.709

Светлината не е нивен амбиент. Тие се силни само во темнина. На виделина, ја губат силата. Им се отсекуваат крилјата. Ни да пафнат со нив. Ако толку им се пишува ставови еве им го „Поглед“ Нека си го напишат ставот и потпишано со име и презиме нека го достават. „Поглед“ сигурно ќе го објави. Вака, напишан на ѕид, ништо од ставот. Или ќе биде избелен, или ќе биде прецртан. Може и да остане и да го нагрдува ѕидот. PS. Исто и со летоците, флаерите или како ли се не се нарекуваат оние ливчиња што се фрлаат по улиците и дворовите. Делењето летоци не е непозната работа. И не е новост. Се правело тоа и ќе се прави. Летоците или флаерите се наменети за јавно делење. И лет и fly укажуваат на летање, но тоа е само буквалност за широко соопштување на ставот. Со скришно потфрлување по дворовите, влезовите и тротоарите не се постигнала целта. Потфрлениот флаер не се наметнал со содржината. Напротив, предизвикал одбојност поради мистериозноста со која се нашол таму каде што се нашол. Башка, казниво е да се расфрла хартија на јавни места. Туку што да се прави!? Речено е дека глупоста, за разлика од паметта, има неограничени можности.

ЗУПЛ

НЕГОРСКИ БАЊИ

АД с. Негорци, Гевгелија

• Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk

тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk

изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk

POGLED BR.47 FEVRUARI  

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you