Pogled Br.41 Avgust

Page 2

ПОГЛЕД Август, 2012

2

Од Педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Седн иц а во околности на протест од

Во вторникот на 7 август 2012 година, во вечерниот термин и во полн состав, Советот на Општина Богданци ја одржа својата педесет и прва седница. Седницата се одржа во Салата за состаноци на Советот која беше освежена со нова декорација на челниот ѕид. Различно од другите седници беше тоа што на влезот во зградата се беа собрале пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво чии реакции покажуваа дека се во некаков протест. Со седницата претседаваше претседателотДушко Енџекчев. На почетокот, едногласно и без забелешки, беше усвоен записникот од Педесетта седница на Советот на Општина Богданци. За работа на седницата претседателот го понуди предлогот на дневен ред што на советниците им беше доставен со материјалите за седница. Советникот Блаже Шапов побара на дневен ред да се стави барањето доставено од ДППД-Богданци чии членови се собрани пред зградата затоа што друштвото е формирано од Советот и во Советот да се расправа по тоа прашање. Претседавачот кажа дека е запознат со случајот, но за барањето од ДППД кое било доставено во текот на денот не ќе можело да се расправа бидејќи немало подготвено материјал за случајот по кој ќе може да се дискутира. Советникот Зоран Пеев истакна дека во Доброволното противпожарно друштво има нарушена работна атмосфера и треба да се разгледаат причините поради кои дошло до тоа. Советникот Илија Карагошев забележа дека Друштвото се наоѓаат во такви околности затоа што не им биле исплатени надоместоците и дека е нормално на оваа седница да се расправа за состојбата. Советникот Тони Такашманов побара пауза за консултации. По паузата предлогот на Блаже Шапов беше ставен на гласање. Со 11 гласови „За“ советниците се согласија, како шеста точка од предложениот дневен ред за работа на Советот на Општина Богданци на Педесет и првата седница, да биде ставено и барањето доставено од членовите на Доброволното противпожарно друштво. Така предложенииот дневен ред за работа на Советот на Општина Богданци на Педесет и првата седница, кон кој се додаде и новоприфатениот предлог со што дневниот ред од 6 се зголеми на седум точки советниците го прифатија едногласно со 11 гласови „За“. - На првата точка се расправаше по Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за вториот квартал во 2012 година. Образложение по извештајот во чиј наслов стоеше дека е Извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за извештајниот период од 1.1.2012 година до 30 јуни 2012 година, даде Симона Савиќ од општинската администрација. Во расправата советничката Драгица Ѓавочанова праша зошто нема поголема прегледност на трошоците и побара, ако треба да се даде пауза за да се подготви извештај за поединечните трошоци кај некои ставки посочувајќи ги нивните броеви. Симона Савиќ одговори дека за да го подготви тој материјал се потребни два до три часа со што на оваа седница не би можела да го стори тоа, но за следната може да се подготви материјалот. Советникот Зоран Пеев изјави

дека нема да го поддржи извештајот затоа што, според него, содржи многу нејаснотии. При изјаснувањето, Советот на Општина Богданци со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“ го прифати Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2012 година. Извештајот беше даден кумулативно за изминатата половина од 2012 година и можеше да се види дека од вкупно планираните 112.204.487 денари приходи од кои 44.983.487 од општинскиот буџет, 63.499.000 од наменски дотации и 3.722.000 од самофинансирачки активности се реализирале 51.083.953 денари или 45,53 % од планираните средства. Од тоа 11.176.123 денари се реализирале во општинскиот буџет, 38.272.801 денари биле добиени како наменски дотации и 1.635.029 денари биле резултат на самофинансирачки

планирани 50.359.425 денари. Од тоа се потрошило 22.422.892 денари. Како расход за стоки и услуги биле планирани 46.861.300 денари, а во првите два квартала се потрошиле 11.962.292 денари. За субвенции и трансфери биле планирани 2.615.000 денари, а се потрошиле 566.646 денари. За социјални бенефиции се потрошиле 93,71 % од планираните средства или 468.546 денари од предвидените 500.000 денари. Во капиталните расходи биле планирани 16.868.762 денари, а се потрошиле 2.337.868 денари. - Во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и по позитивното мислење добиено од Комисијата за давање мислења за нацрт-планови, Советот на Општина Богданци на втората точка, по образложението од Соња Маџирова од општинската администрација, едногласно со 11 гласа „За“ донесе одлука за утврдување на Нацрт-

Пеев ги изнесоа своите мислења во врска со предлогот за да се предложи заклучок Програмата за дополнување да се прифати со единична цена по м2 експроприирана површина, но без квадратура за експропријација и вкупен износ за надоместување на одземеното земјиште што се податоци што ќе произлезат од конечното утврдување на состојбата. Соња Маџирова од општинската администрација се согласи дека може и така да се донесе Програмата, па Советот на Општина Богданци со 8 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ ја донесе Програмата со која Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци се дополнува со точка 16-А според која патека во должина од 70 м со ширина од 3 м2 ќе продолжи преку КП 10572/2, 10572/3,10572/4,10572/5, 10572/6 и 10787 со тоа што земјиштето

Салата со нов декор активности. За да се оствари планот до крајот на годината треба да се приберат уште 61.120.535 денари. Од вкупно предвидените 100.335.725 денари за трошоци во првите два квартала биле потрошени 9.248.015 денари преку ооштинскиот буџет, 25.677.746 се потрошиле во наменски дотации и 494.614 денари биле тековно оперативни расходи во самофинансирачките активности или вкупно се потрошиле 35.420.375 денари што претставува 35,30 % од вкупно планираните трошоци. Во капиталниот биланс стоеше дека од планираните капитални приходи од 5.000.000 денари се реализирале 346.966 денари или нешто помалку од 7 проценти. Од планираните 16.868.762 денари расходи на годишно ниво во првата половина на годината се потрошиле 2.337.868 денари или 13,86 проценти. Од планираните 25.487.157 денари годишни даночни приходи се реализирале 23,44% или 5.973.780 денари. Неданочните приходи во 2012 година биле планирани да бидат во висина од 4.536.000 денари, а во првите шест месеци се реализирале 1.819.122 денари или 40,10 проценти. Приходите од трансфери и донации на годишно ниво било планирани да изнесуваат 82.181.330 денари, а се реалаизирале 52,68 проценти или 38.890.279 денари. За плати, наемнини и надоместоци во 2012 година биле

Урбанистичкиот план вон населено место за Парк на ветерна електрана во Општина Богданци со основна намена за градба на некомпатибилна инфраструктура трафостаница, комунална супструктура градби за производство на енергија, комунална инфраструктура пристапен пат и заштитно зеленило изработен од ДП ВИЗУРА, ДООЕДЛ-Струмица. - На третата точка се носеше Програма за дополнување на Годишната програма за изградба, реконструкција и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2012 година.Со предлогот се бараше, во точка III, кај табелата „Отворање на нови улици“, по точката 16 да се додаде нова точка 16-А со која ќе се обезбеди продолжување на патека во Минова мала со должина од 70 м и ширина од 3 м со која на 5 куќи ќе им се обезбеди непречен влез во дворовите.Според Програмата површината од 210 м2 треба да се експроприира по цена од 300 денари за што ќе треба да се обезбедат 63.000 денари од општинскиот буџет. Во расправата се заклучи дека од приложените скици не е сосема јасно каде оди патеката и што треба да се експроприира на што Соња Маџирово достави дополнителна копија од Урбанистичкиот план која преклопена врз скицата од состојбата на теренот требаше да ги појасни работите. Но тоа не помогна многу. Во дискусиите советниците Блаже Шапов, Мито Манолев, Тони Такашманов,Душко Енџекчев и Зоран

за продолжување на патеката ќе се експроприира во потребната површина по цена од 300 денари по м2. - Тема на четвртата точка беше носење Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Богданци за 2012 година според која во делот II „Посебни одредби“, кај табелата III „Изработување на Урбанистички планови вон населено место“ по точката 10 се предлагаше додавање нова точка 10-А која ќе гласи „Изработување на Урбанистички план вон населено место на КП 5844 во м.в. „Катница“ во КО Богданци на површина од 5.000 м2 во сопственост на РМ што ќе се намени за сервиси и трговски, угостителски единици чија урбанизација ќе ја финансира Општина Богданци, а кај табелата IV „Изработување на Локална урбанистичка планска документација“ по точката 26 се предлагаше да се додаде нова точка 26-А која гласи „Изработување на Локална урбанистичка планска документација на КП 2834 во м.в. „Болован“ во КО Богданци со површина од 1.353 м2 во приватна и државна сопственост што ќе се намени за поставување соларни панели-фотоволтаик чија урбанизацијата ќе ја финансира „Елита-Солар“, Богданци. Образложение по материјалот даде Соња Маџирова од општинската администрација. Во расправата советникот Мито Манолев побара, кога веќе се урбанизира потегот каде што

обиколниот пат се одделува од регионалниот пат, покрај КП 5844 да се урбанизираат и КП 5840,5841,5842,5843 и 5839 со што би се создала една целина.Овој предлог беше прифатен од Соња Маџирова. Советничката Катерина Чрчева се заинтересира зошто кај точката 10А беше образложено дека се работи за сообраќајно решение во вид на кружен тек, а намената е сервиси и угостителски објекти на што Соња Маџирова и објасни дека површината околу кружниот тек и патот ќе се употреби за посочената намена. Претседателот Душко Енџекчев побара да се донесе Програмата. Советникот Зоран Пеев предложи да се глас поединечно за секој од двата предлога во Програмата. Предлогот беше прифатен. На гласањето точката 10-А беше прифатена со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, а точката 26-А беше прифатена едногласно со 11 гласа „За“. -На петтата точка, без расправа, со 11 гласа „За“, Советот на Општина Богданци го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на Општинското основно училиште „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2011-2012 година. Годишниот извештај на советниците им беше доставен во електронска форма на компакт диск. Снежана Енџекчева, како претставничка на училиштето, присуствуваше на седницата за да дава објаснувања по некои прашања, но никој не постави прашање во врска со материјалот. - Н о в од од а д е н а та , шеста, точка од дневниот ред беше наменета за расправа по барањето поднесено од членови на Доброволното противпожарното друштво од Богданци. Пожарникарите на 7 август 2012 г. доставиле барање од неколку точки со кое сакаат да знаат: -1. Кога ќе им се исплатат платите? -2. Каква ќе биде натамошната судбина на ДППД-Богданци? -3. Зошто во март 2012 година им биле исплатени 6.000 денари кога Советот на Оптина Богданци донел одлука тие од 6.000 денари да им бидат покачени на 7.000 денари? -4. Зошто од Подрачното противпожарно друштво во Гевгелија на последниот пожар дошле само два пожарникари, а тие од ДППДБогданци постојано треба да се во полн состав и подготвени да дејствуваат? Градоначалникот, кој во меѓувреме беше дошол на седницата, се понуди да даде објаснување по точките од барањето. За првата точка од Барањето тој рече дека ДППД-Богданци постои веќе триесет месеци и е единственото противпожарно друштво кое прима надоместок во вид на месечен паушал кој порано изнесувал 6.000 денари со платени надоместоци за тој паушал и платен надоместок за осигурување од ризици. Од април годинава паушалот се покачил на 7.000 денари по член плус другите надоместоци. Друштвото броело 9 члена на кои им се плаќале надоместоци. Во друштвото се давало дванаесетчасовно дежурство и тоа само дење, со што на секој член му доаѓало еден ден да биде дежурен, а два дена да биде слободен. Во тој триесетмесечен период не им биле исплатени само паушали за последните три месеци. Кај другите доброволни противпожарни друштва надоместувањето се правело на тој начи што се плаќало по 1.000 денари Продолжува на стр. 3


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.