Issuu on Google+

БРОЈ 43, Октомври 2012

Број 61 Април 2014 Поглед од мојот агол

Леснотијата на одлучувањето PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Пишува:

стр.4

Илија Тумбов

Од минатото на Богданци

„Априлијада Маскарада“

„МЛАЗ“

МАМИНО

Во светот на хаосот

(...) Постои приказна за именувањето на ридот Мамино. (...)

стр. 5. стр.3

стр. 6 и7

стр.8

„Два во едно“ на изборите на 27 април

Така со жаргонот на спортските обложувачи може да се опише 27 април 2014 година, денот кога ќе се одржи вториот круг од редовните избори за Претседател на Република Македонија и првиот круг од вонредните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Според извештајот од Државната изборна комисија во Општина Богданци на избирачкиот список биле запишани 7.000 избирачи од вкупно 7.009 избирачи затоа што 9 избирачи се во затвор. На првиот круг од претседателските избори гласале 4.690 гласачи од кои 6 гласале во затворите. И во избирачките кутии биле изброени 4.690 гласачки ливчиња. Од нив 4.538 биле важечки, а 152 биле неважечки ливчиња. Своето избирачко право го искористиле 111 болни и немоќни лица кои ден порано гласале во своите домови. Неупотребени останале 2.319 гласачки ливчиња. Најголема излезност имало во Ѓавото, 73 %, а најмала на „двојката“ во Стојаково и на „четворката“ во Богданци, 63 проценти. Вкупната излезеност на избирачите била 67 проценти. На гласачките ливчиња на реден број 1 беше запишан Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на реден број 2 беше запишан Иљаз Халими, кандидат на ДПА, на реден број 3 беше запишан Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата, на реден број 4 беше запишан Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ. Според извештајот на ДИК за Ѓорге Иванов гласале 2.389 избирачи, за Иљаз Халими гласале 11 избирачи, за Стево Пендаровски гласале 1.924 избирачи, за Зоран Поповски гласале 214 избирачи. Во вториот круг на редовните избори за Претседател на Република Македонија ќе учествуваат Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицаијата и Стево Пендаровски., кандидат на СДСМ и коалицијата. Според извештајот на Државната изборна комисија за вонредните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија во Изборната единица

Кандидатските листи за пратеници во Изборна единица 4

Стојаково - 1 Стојаково - 2 Селемли - 1 Богданци - Ветеринарна 1/1 Богданци - Ветеринарна 1/2 Богданци - Гимназија 2 Богданци - Пензионери 3 Богданци - Гимназија 4 Богданци - Петар Мусев 5 Богданци - Млаз 6/1 Богданци - Млаз 6/2 Гавото - 1

Стојаково -1 Стојаково - 2 Селемли - 1 Богданци - Ветеринарна 1/1 Богданци - Ветеринарна 1/2 Богданци - Гимназија 2 Богданци - Пензионери 3 Богданци - Гимназија 4 Богданци - Петар Мусев 5 Богданци - Млаз 6/1 Богданци - Млаз 6/2 Гавото - 1

Продолжува на стр 2

Мол к Во недела, на последниот викенд од месецов ќе се одржат вториот круг од редовните избори за избор на претседател на државава и вонредните избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Со почетокот на викендот почнува и молкот во предизборните кампањи. Излегувањето на весников се поклопува со молкот. Но „Молк“ со кој е насловен овој текст не се однесува на изборниот молк. Изборниот молк и не е некој молк. Тој е само варијанти на скришно агитирање. Тоа е време кога се сумираат со ветување прибраните гласови што би требало да бидат заокружени на гласачките ливчиња и спуштени во избирачките кутии. Изборниот молк е време кога најсилно вреска предизборната кампања. Вреска до заглушување, а сите се прават недоветни. Грамади жени и мажи, некои од нив и со солиден интелектуален габарит, како активисти на некоја од партиите, силно заинтересирани за резултатите од изборниот натрпревар го користат молкот за да се расштракаат на сите страни и со разни убедувачки активности да обезбедуваат гласови за партијата. Кога ги гледа човек оттстрана да се уплаши да не прегорат од активност. Со сите сили се трудат да го зграпчат отворениот амбрел на власта и да се подзасолнат во неговата сенка. Таму се најсигурни. Не, не се работи за тој молк.За молкот на богданската интелектуална расположивост се работи. „Поглед“ на неколку наврати се обидува да ја предизвика креативноста кај слободномислешките луѓе. Да им ја заинтересира љубопитноста. Ама, не, тие не се заинтересирани за тоа. Тие се над тоа. Можеби Богданци не е средина во која сакаат да ја пласираат својата интелектуална мисла? Можеби, пак, „Поглед“ не е на нивното ниво? Можеби тие си имаат невидливи креативни искажувања. Дома на мајка им, на пример, да и се прават паметни. Или се проверуваат вака: „Огледалце, огледалце кој е најпаметен на свет?“Ако. Нека си почиваат во својот молк. Со молк ќе се искажува времето за нив.

Агенција за обезбедување на лица и имот

тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk

тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: shimov@t-home.mk

Богданци

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk adstocarstvo@t-home.mk

БАЏО

www.badzo.com.mk info@badzo.com.mk


ПОГЛЕД , Април 2014 

2

„Два во едно“ на изборите на 27 април

Продолжение од стр 1

број 4 поднесени се 9 кандидатски листи за избор на пратеници. Со реден број 1 е кандидатската листа на подносителот Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, Нова социјалдемократска партија-НСДП, Либерално демократска партијаЛДП, Обединети за Македонија –ОМ, Партија за движење на Турците во Македонија-ПДТ, Партија за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР, Српска странка во МакедонијаССМ, Демократски сојуз на Власите во Македонија-ДСВМ, Санџачка лига-СЛ. Носител на листата е Хари Локвенец. Со реден број 3 е кандидатската листа на подносителот Достоинство за Македонија. Носител на листата е Надица Мирчовска. Со реден број 4 е кандидатската лизта на подносителот Демократска унија за демократија-ДУИ. Носител на листата е Неџати Јакупи. Со реден број 5 е кандидатската листа на подносителот Коалиција ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство), Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија,

Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко земјоделска партија на Република Македонија,Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Татковинска македонска организација за радикална обноваВардар-Егеј-Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРОДП (ВМРО-Демократска партија), Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократски сили на Ромите, Демократска бошњачка партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети за Македонија. Носител на листата е Зоран Ставревски Со реден број 7 е кандидатската листа на подносителот Народно движење за Македонија-НДМ. Носител на листата е Гоце Јанков. Со реден број 8 е кандидатската листа на подносителот Коалиција ГРОМ. Носител на листата е Панчо Минов. Со реден број 9 е кандидатската

листа на подносителот Коалиција за позитивна Македонија. Носител на листата е Дане Јованов. Со реден број 10 е кандидатската листа на подносителот ВМРО Народна партија-ВМРО НП. Носител на листата е Ристо Пецев.

Доасфалтиран патот за Ѓавото Раконструкцијата на локалниот пат од Аџи Мишев бунар до Ѓавото, како проект со кој Општина Богданци учествуваше на повик од Европска банка за обнова и развој, почна есента 2011 година. Проектот предвидуваше да се реконструираат 1.000 метри од двојно погоолема должина на патот. Тогаш се рече дека останатиот дел од патот ќе се заврши во друг проект. Кога на 25 јануари оваа година премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски беа дошле во Ѓавото да ги пуштат во употреба новоизградените водовод со резервоар и канализација, Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци најави дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој

Со редеен број 11 е кандидатската листа на подносителот Социјалдемократска партија на Македонија-СДПМ. Носител на листата е Наташа Тренковска. Во Општина Богданци гласањето ќе се изврши на 12

избирачки места. По едно избирачко место ќе има во Ѓавото и Селемли. Во Стојаково ќе има две избирачки места. Во Богданци ќе има 8 избирачки места.

Од Годишниот извештај за Буџетот на Општина Богданци за 2013 г.

Опис на расходи: РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

и Општина Богданци, со инвестиција од 8.000.000 денари, ќе ја завршат втората фаза од реконструкцијата на локалниот пат од Аџи Мишев

За да не биде како што треба овој хидрант некој го поставил на средината на крстосницата

Убаво направени пропусти за поројните води

бунар до Ѓавото. Градоначалничката притоа кажа дека тоа претставува континуирана заложба на Владата на Република Македонија за подобрување на локалната патна мрежа. Во натамошното обраќање таа истакна дека тој локален пат ќе има и регионално значење затоа што со градењето на патот ЃавотоГрчиште ќе се создаде пократка врска на Богданци со приклучокот кон автопатот кај Мрзенци. Пролетва, по скоро двеипол години од почнувањето, реконструкццијата на патот е завршена и од регионалниот пат кај Аџимишев бунар до Ѓавото може да се стаса по асфалтиран коловоз.

Во Воведот, во делот за општи информации се вели дека Општина Богданци е единица на локална самоуправа во која граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа. Правото на локална самоуправа го остваруваат преку претставниците во органите на Општината и со непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на начин и постапка утврдени со закон. Во надлежност на Општината самостојно или во рамките на законот и Статутот е да ги уредува и врши работите од јавен интерес со локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа, или друг закон, како и работите кои не се исклучени од нејзината надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. Според организацијата органи на Општината се Советот на Општината што е всушност претставнички орган на граѓаните што го сочинуваат 11 советници избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање и градоначалникот што се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. И двата органа се избираат за период од четири години. Билансот на приходи ги определува приходите како даночни и неданочни приходи. Даночните приходи претставуваат наплатени износи по основа на данок на имот, данок на наследство, данок на промет на недвижности и комунални даноци. Неданочните приходи се наплатени износи по основа на административни такси за списи и дејствија кај органите на Општината, други неданочни приходи се 2% од наплата за каско осигурувања и авто одговорности. Општината во 2013 година има остварено и капитални приходи остварени по основа на надоместок за легализација на бесправно изградени објекти.Во билансот на расходи расходите се поделени на тековни расходи во кои влегуваат платите, наемнините и надоместоците, на расходи за стоки и услуги, на расходи за субвенции,трансфери и социјални бенефиции и на капитални расходи. На Шеснаесеттата седница на Советот на Општина Богданци на дневен ред беше Годишниот извештај на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година. Извештајот беше прифатен едногласно и скоро без расправа. Интересот на „Поглед“ го привлече информацијата во Описот дека за привремени вработувања во Општина Богданци биле платени 900.000 денари. Интересна беше и информацијата дека по кафеаните, меаните и гостилниците Општина Богданци потрошила 4885.497 денари од кои:

-во Бифе Кадери ........5.400 ден. -во Бифе Ками ТП.......1.540 ден. -во БобоЛавел..........83.500 ден. -во Боко ДООЕЛ..........3.370 ден. -во Бренд сенс груп....4.040 ден. -во Гаџе ТП ................21.130 ден. -во Гемекс Бет...........51.188 ден. -во Дехри ДООЕЛ......56.060 ден. -во Еври РД ............... 43.720 ден -во Европа МП...........46.450 ден. -во Елени Гевгелија....1.240 ден. -во Елита Тодоров .101.100 ден. -во Лес Амиес...........15.100 ден -во Монета Стојаково 6.489 ден. -во Нота Плус ..............3.600 ден. -во Оил Продукт ........ 550 ден -во Парк Ана Марија ..7.250 ден. -во Сам ТП................ 2.810 ден. -во Твинс Корп ........ 11.820 ден. -во Техно планет.........9.140 ден. Градоначалничката го искористи првото да напомне дека трошоците по наведените две основи главно биле направени во 2012 година, но не биле платени и таа морала да ги плати во 2013 година. Можеби на седниците по комисии имало расправа по овие два момента од Годишниот извештај, но на пленарната седница моментите си поминаа во тишина. Во нањдлежност на градоначалникот се извршувањето на одлуките на Советот, но во надлежност на Советот е утврдувањето на приходите и расходите во Општината. Како тогаш Советот ја усвојувал Завршната сметка за 2012 година со трошоци што не биле платени и се префрлиле во 2013 година? Како биле врамнотежени планираните трошоци за времени вработување и кафеански арчови во 2013 година кога тие ставки биле оптоварени со заостанети долгови од 2012 година? Ќе има ли пиши-бриши во завршните есапи за 2014 година затоа што очигледно планираното буџетско трошење ќе биде оптоварено со стари долгови?Еднаш и Советот ќе мора да се осмели и да почне да си ја работи работата за која е инадлежен. Надлежен е да ги држи дизгините на Општината во свои раце. Во досегашното шеснаесетгодишно искуство нема да може да се пофали со некој успех на тој план. Со голема леснотија си носеше одлуки и решенија за кои потоа одбиваше да ја прифати одговорноста.


ПОГЛЕД ,Април 2014 

3

Солидарноста на дело

Македонски даб Во мај минатата година „Поглед“ пишуваше дека Здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ својата единаесетта акција, втора од типот „Садница +, од желад до голем Македонски даб“, што во соработка со Министерството за образовани беше изведена на 13 мај 2013 година, ја посвети на садењето желади. Носител и координатор на проектот беше Општина Богданци. Проектот како цел, беше наведено во соопштенијата, имаше едукатива и еколошка функција. Се изведуваше во Основното училиште „Петар Мусев“ и во Детската градинка. Учениците, преку сопствено искуство требаше да покажат интерес и грижа сеењето на дабовите жирови и, подоцма, за расадување на садниците што требаше да се развијат од семето. Со тоа се целеше кон развивањето на еко-свеста и екокултурата кај децата. Во Детската градинка беа набавиле саксијки и во нив дечињата ги засадуваа жировите. Во „Петар Мусев“ на јужната страна, пред училиштето, жировите се засадуваа в земи. Во Детската градинка, кога „Поглед“ отиде да направи фотографија за резултатот од акцијата кажаа дека немало ниту едно дабово стебленце. Во Основното немаше потреба да се прашува. Парцелата каде што се сасадија жирчињата беше обрасната со трева. И да имало некое стебленце никнато беше угушено од тревата. Треба ли некој да се праша кои се резултатите од акцијата? Треба. Ако сме сериозни во намерите би било сосема логично и нормално некаде да се постави и тоа прашање. Се разви ли еко-свеста? Се разви ли еко-културата? Белки треба да се направи анализа за реализацијата на акцијата и за постигнувањето на целта што беше мото на акцијата. „Поглед“ лани ја следеше акцијата.

Секоја година на 1 април учениците од училиштата во општината и дечињата од детската градинка маскирани и разиграни излегуваат на центарот од Богданци и во градскиот парк ги покажуваат своите креации. Пред присутните децата дефилираат маскирани како принцези и принцови, како јунаци од светот на фантазијата, како ликови од актуелните телевизиски серии, како животни, дури и како растенија. Поранешните години таквите манифестации беа нарекувана „Априлијада“, „Маскарада“, „Ден на шегата“... Понекогаш беа ревијални, понекогаш се доделуваа награди за најуспешни маски. Главно имаа организиран карактер. Учесниците доаѓаа во колони.. Добиваа свој термин и на посебно обележаниот сценски простор ги покажаа своите креации. Службен најавувач објаснуваше кој настапува и со што, а присутните, распоредени наоколу, ги следеа случувањата. Кога поуспешно, кога помалку

Овде наместо трева,требаше да има никнато дабови садници Во Детската градинка воспитувачките, секоја со својата група, на разни локации, им објаснуваа на децата како се прави тоа што требаше да се направи. Дури дечињата на саксиите во кои што ги засадуваа жирчињата си ги запишуваа имињата. Како дошло до тоа семето да не никне треба да биде предмет на анализа. Во „Петар Мусев“, тој ден, еден од помошниот персонал зеде лопата и набрзина ја раскопа површината каде што требаше да се сее. Поцрне земјата, со една мотика се направија бразди во троскотот и се запретаа жирчињата. На децата им беше покажано како треба да се направи тоа што требаше да се направи. Како дошло до тоа семето да не никне треба да биде предмет на анализа. Тоа, да речеме, беше првиот дел од акцијата и во двете установи. Колку толку наликуваше на акција. Но, што правиме со вториот дел од акцијата во кој децата, по некој период, никнатите садници

требаше да ги расадуваат на други локации. Нели секое дете, преку сопствено искуство, требаше да се почувствува одговорен за доверената задача и требаше да се осети како активен дел од целината која функционира со што ќе се зајакнеше довербата и заедништвото. Или, да речеме, што стана со третиот, ненајавениот дел од акцијата која требаше, ако се има предвид дека децата беа на предучилишна возраст и од ниските одделенија, кај децата да го развие и чувството на задоволство поради успехот од својата работа кога ќе ги гледат дабовите дрвца како растат и се претвораат во горостаси од 15-20 метри височина и 1 метар пречник, како што беа најавувани. Сега, една година подоцна, може да се заклучи дека акцијата не успеала. Дека целта само делумно е остварена и дека средствата и времето што се потрошија на неа попусто се потрошени.

Претпоставете си состојба: Семејство си се и како што е ред сите, по семејно-партииски линии, се вработени во Општината и во локалните јавни установи. Таткото има 63 години и е професор во Гимназијата. Мајката има 61 година и наставничка во „Кирил и Методиј“. Синот работел во Општината и имал 43 години кога починал. Сопругата на починатиот има 41 година и е воспитувачка во Детската градинка. Синот на починатиот има 21 година и е вработен во „Петар Мусев“. Ќерката на починатиот има 19 години и работи во Домот. Смртта на овој од Општината ќе ги чини граѓаните на Општина Богданци, директно преку општинскиот буџет или индиректно преку буџетите на јавните установи 105.000 денари. Зошто? Затоа што Советот на Општина Богданци, едногласно, без дискусија, на 28 март 2014 година донесе Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2014 година. Во Одлуката има многу одредби, но вниманието ќе се насочи кон нејзиниот тринаесетти член. Во првиот став на членот 13 од Одлуката се вели дека во случај на смрт на вработен во Општината и локална јавна установа, на неговото семејство му припаѓа парична помош во износ од две последни исплатени просечни месечни плати во органот каде што бил вработен починатиот, но не повеќе од 30.000 денари. Во вториот став се вели дека на вработен во Општината и локална јавна установа, во случај на смрт на член од потесното семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување) доколку

живееле во заедница, му припаѓа парична помош во висина на една последна исплатена просечна месечна плата во органот каде што работи, но не повеќе од 15.000 денари по семејство. Во третиот став се вели дека живеењето во заедница подразбира вработениот во општината и локалната установа и членот на потесното семејство да се со место на живеење на иста адреса што се докажува со документ за идентификација (лична карта или пасош). Во четвртиот став се вели дека надоместоците од ставот 1 и 2 на овој член се исплатуваат по претходно доставено барање во тековната, односно наредната година. Во петтиот став се вели дека на работниците ангажирани по договори за отстапување на работник за привремени вработувања, средствата за исплата на солидарна помош на вработените ги обезбедува работодавачот, а исплатата ја врши Агенцијата за привремени вработувања. Сето ова е запишано во членот 13 на Одлуката. Солидарност е на колегите да им се помогне кога имаат потреба од тоа, но не е солидарност ако тоа се прави со парите од заедничката каса. Се запраша ли некој дали заедничката каса им е достапна подеднакво на сите граѓани што учествуваат во нејзиното полнење? Се разбира дека не е. Кога ја носеа одлуката советниците требаше да го имаат предвид и тој момент, да ги разгледат сите аспекти на солидарноста предвидена со одредбите на нејзиниот член 13 и да препорачат поинакви решенија кои нема да бидат на штета на граѓаните што не се вработени во Општината или општинските јавни установи. Тоа ќе беше фер однос. Вака...

Во светот на хаосот успешно на тој начин се приредуваа првоаприлските активности. Традиционално и годинава се направи една таква манифестација. За разлика од поранешните години овогодишната манифестација се спроведе во духот на насловот. Не наликуваше на ништо. Се се одвиваше во безредие втемелено на моменталната инспирација на поединци. И учесниците и посматрачите како да беа втурнати во светот на хаосот. Имаше некакви обиди тоа да се доведе во некаков ред, но безуспешно. Ако веќе се создала традиција, ако цела Македонија во тој момент го прави истото, ако децата му се радуваат на настанот, ако... Ако нешто треба да се направи -треба да се направи како што треба. Годинава првоаприлската манифестација не беше направена како што треба. Во минатиот број на „Поглед“ како парола на месецот беше истакната една мисла преземена од легендарните закони на Марфи кој вели дека тимската работа е згодна опција затоа што вината за неуспехот

секогаш може да се префрли кај друг. Тој другиот, во случајот на првоаприлското шегување со манифестацијата „1-ви Април“, е

Богданци. Градот лично е виновен за Има институции, има установи, има неуспехот на оваа тимска работа. Кој, се што му треба. Би требало да има внатре во тимот е одговорен за вината и одговорност. нека си процени самото Богданци.


ПОГЛЕД , Април 2014 

4

Пишува:

Илија Тумбов

1. Родители имајте на ум дека сте прочитани. Вашите деца не го делат мислењето што вие го имате за себе. 2. На 11 април 2014 година, во рамките на изборните активности, Богданци го посети Љупчо Георгиевски. Бев пријател со татко му Томе, има и Љупчо свое место во македонската повеќепартиска историја, го уредувам „Поглед“ кој сепак е еден вид гласило на Богданци, љубопитен сум по природа, па сторив ниет да одам да го видам човекот. Го видов.Човекот е истиот како и во деведесеттите. Ист е како и на префрлувањето на времето преку двеилјадата. Малку е постар и позамислен, ама не видов некоја друга разлика. Различно беше пречекувањето. Малкумина беа тие што му направија чест. Кога ќе се одбијат случајните намерници како мене, тенко предно се предеше тоа априлско попладне во Богданци. Некои фаци четврт век ги гледам покрај Љупчо и тие можат да бидат горди на својата постојаност. Ме интересира каде се силните љупчовисти што се тепаа со мене кога не се согласував со некои негови искажувања? Додека Љупчо се шеташе низ Богданци, не ми беше јасно каде се луѓето што тврдеа дека заспиваат и се будат со името на Љупчо на усните и сликата на Љупчо во срцата? Ги чуваат ли уште постерите од Љупчо што тогаш ги лепеа на стреите од своите семејни куќи? Каде ли се загубени сиромашките? Кога биле искрени: тогаш или сега? Поголем беше бројот на тие што за време на тогашните посети на Љупчо паѓаа во несвест од возбуда, отколку бројноста на тие што го дочекаа тој ден. Со што ли ја испраа аздисаноста по него што држеше деценија и половина? Изгледа Љупчо нема мака од тие што не го сакаа, туку од оние што „ептен многу го сака“. Таков е табиетот на Македонецот. Лесно се пали уште полесно прегорува. Богданските

Л е с н о т и ј а та н а од л у ч у в а њ е то занесени политички активисти се матрица на тој карактер. Ветерници, или вртелешки,сеедно. Вејки на ветерот. Си дозволив на Љупчо да му кажам тој ден. Ако бил водач на една групација која велеше дека го следи патот што го трасирале комитите, ако сите од таа групација за себе велеа дека се идеалисти што на библија, на револвер и на кама се заколнале дека ќе и бидат верни на идеата и на нивниот водач, ако е така како што се фалеа тогаш, ако е навистина така, што стана со заклетвата? Тоа го прашав Љупчо. Човекот не рече ништо. Само се насмеа. И ова нека не се чита како говор на омраза затоа што е лекција од историја. Текстот од заклетвата го има во учебниците по историја. Тие што не разбираат што кажувам нека го прочитат. Не, ова не е говор на омраза. Ова е потсмев. Потсмев со каков на некои персони им се потсмевав уште во раните деведесетти. Говорот на омраза на времето го форсираа токму тие занесенковци. Некои од нив прилично неупатени во работите, ќе колеа, ќе бесеа... што ли ќе правеа без да бидат свесни дека не е доволно само да се каже тоа. Сепак треба да се има дарба. Дарба што се носи во генот. А тие кутрите се осакатени на тој план затоа што нивните претци им дарувале поинаков ген. Наследиле ген на подлизурковци, ген на превртливци, ген што претпочита служење. Ген што ги одредува како лакеи. Оваа дваесет и пет години им го кажувам во блиски средби од секаков вид. Нема причина да не го кажам и на овој начин. Сега кога веќе го кажав оваа не е лошо некои персони да почнат да си ги ишкаат мувите од капите. Дури би ги замолил да го направат тоа. Изгорен сум за дебати. Башка, нешто сум и под притисок на генот. 3. На 13 април, на гласањето, по малку бев разочаран што не шаркаа со фломастери. Во исто време по малку бев и ќејфлија што некој не се сетил да предложи, другите да прифатат, наместо да не шаркаат по ноктите да не обележуваат со жолти обечки. Како кравите. Оддалеку ќе се гледаше кој не бил на гласање, па ќе можеше да се притисне да гласа. Вака, раката в џеб и оди знај кој бил

кој не бил на гласање. Уште поќејфлија станав кога се сетив дека можело да се одлучи да ни се потсекуваат ушите по гласањето. И тоа е начин. Така им ги режат ушите на овците. Можело да се прифати и методата на каубојците за обележување на стадата. Со врело железо да се удира мур на газот. Слабата страна на оваа обележување е тоа што ние си го покриваме газот и јавно не може да се види кој гласал кој не гласал. Но и за тоа има решение. Наместо на газот жигот да се удира на челото. Ем ќе беше видливо, ем народот ќе имаше гордо кренати чела. За жолта лента на раката или за давидова ѕвезда на градите не размислував.Тоа е веќе видено. Жал ми е што не се сетив наместо со потпис, на избирачкиот список да се евидентирам со крст. И тоа ќе имаше логика. Ако ДИК ме третира како малоумник, а јас си траам, зошто, пак, јас самиот не би се доживувал како аналфабет. Аналфабетите се потпишуваат со крст.За следното гласање на ноктот од палецот ќе си нацртам смајли. Онаа шарка што ќе ми ја шарнат на гласањето ќе му дојде како капак на смешкото.Се откажувам. На овие им нема рамен. Не на десната. Во вториот круг ќе не жигосувале на палецот од левата рака. Ами ако има и трет, дополнителен круг? Што тогаш? Каде ќе не шаркаат тогач? Каде ли е дното? Или бездна е? 4. Позната е приказната за Аџи Мито, за турскиот заптија и за комитите од времето на п а т р и ј а р ш и с к о - е г з а р х и с к а та поделба во Богданци. Патријаршистот Аџи Мито не дозволил Турската војска да го претресе селото и да се спотерат комитите-егзархисти туку ги заговарал Турците, ги гоштевал со ручек додека комитите да се извлечат од селото. Паметен бил човекот. Знаел дека нема ништо да се добие ако се спукаат неколкумина комити. Дека се може да се случи. Дури и да се запали селото. Сведок бев и на еден настан кога во „Палма“ дојдоа неколкумина инспектори со намера да се напијат кафе и да одат докај „Вардарски“ каде што некои камиони на црно откупувале зелки. Едни постари и поискусни богданчани им се спротивставија велејќи им дека ако го запрат откупот тие што ќе загубат ќе бидат богданчани кои добиле вреќи, ги наполниле со зелка и не ги продале никому затоа

што инспекторите биле ревносни. Црноберзијанците нема да загубат ништо. Единствено ќе ги загубат вреќите што ги дале да се полнат, а тоа е ситница. Инспекторите се погодија разбрани и запленувањето на камионите со на црно откупена зелка го направија на мостот на Вардар. Богданчани беа на добивка оти си ги продадоа зелките. Во петокот на 11 април, на дојава од овдешни ситни и алчак души, во Богданци навали една единица од оние единици што наликуваат на единиците на Елиот Нес. Се залета единицата и удри на еден од ретките овдешни субјекти што се обидуваат да се одржат на површината од жабујнесаната баруштина. Според силината на ударот како да беа тргнале на Ал Каеда. Бараа влакно во јајце, ама – мор. Во јајце влакно не се наоѓа. Сведок бев и на овој настан. За миг низ мислите ми пролета дека лута рана се лечи со лута трева. Помислив да ги оставиме елиотнесовците да си ја терат работата, да формираме колона од шеесетина луѓе кои, како така се обидуваат да си ги прехранат децата од работа во нападнатиот субјект, да му се здадеме на сопственикот на алчак-душата и да го исплукаме. Да го исплукаме до толку та да се удави во плуканиците. Или да го поттикнеме да му проработи совеста, да си најде јаже и подебела грана и да се обеси на неа. Помисли, но си реков: остави. Толку му е од Бога дадено. Тоа што е од Бога скусено, никој не може да го нададе.Во месецот на воскреснувањето, во месецот на надежта не е лошо Господ да наврати во Богданци и да си ги собере вересиите.Многу вересии му се имаат напластено овде. 5. Советниците, да ни бидат живи и здрави, откако, за потребите на разни магарешки трки, здруженија на граѓани што си прават приватни забави и социјални програми за прeхранување на ајнаџиите и неранимајковците, ја товарија расходната страна на буџетот за прилично сериозни износи, се „помачија“ да донесат одлука според која на вработените во Општината, во општинските установи или во општинските јавни претпријатија, доколку им почине некој во семејството, а е вработен во Општината, во општинските установи или во општинските јавни претпријатија, до трето колено наназад и до трето колено нанапред ќе им се исплаќа погребнина (тие

Девојката што сака да победи Пишува:

Крсте Лештов

Денес имав необичен случај, неочекувано дојде и побара неочекуван совет. „Сакам да победам на натпреварот!“ Мајка и инсистираше: „Оди на тој натпревар за да победи. Инаку за што би одела!“ Натпреварот е за фотографија. Понудени се три теми од кои треба да изберат и да изработат две фотографии. Но кутрата, немала идеи! Таа веќе освојувала награди (не знам како), се занимавала со уметност (не знам каква), но кутрата, останала без идеи.Како е тоа можно? Се запрашав... Како може еден уметник кој освојувал награди да остане без идеи, толку млад, на 14 години да останеш без идеи. А кај ти е крајот тогаш? И се чудам како досега си освојувала награди и од каде црпеше инспирација? Или сето тоа беше, намештаљка?

Дојде време кога... Се почна да пропаѓа. Бараат совет од мене како да победат. Тоа е симптом на... За што живеат тие луѓе? Мајка и постојано го буткаше муабетот: „Но таа мора да победи!“. И реков поштено: „Се што е со сила форсирано е неуспешно“. Кутрата, во каков свет живее? Колку е злобно со сила да се форсираат своите деца. Какво (само) уништување си спремаат ваквите луѓе. Катастрофа. Но, инсистираа да им дадам мои предлози. Им кажав што би избрал ако би конкурирал на натпреварот. Со цело срце и на најнепосреден начин и најдлабоко им ги доловив доживувањата што би материјализирал преку фотографија. Им нагласив дека се што се прави од срце е она вистинското и дека треба да го направи она што го чувствува. Но, сирота она, умот и е опиен од „победата“ што сеуште ја нема (и нема да ја има зашто веќе на големо ги потроши енергетските ресурси и самата си ја оневозможи победата што не и е потребна во суштина). Како може човек да биде среќен ако е полн со очекувања? Кога умот ќе се испразни од непотребностите, доаѓа мирот. Мајка и делуваше како ментор. Што ли сакаат ваквите родители да

направат од своите деца? Ова девојче никогаш нема да ја достигне славата на луѓето кои создавале со срце. Само искрените победуваат. Губитици се оние кои сакаат победа. И, ова директно и го реков: „Не се натпреварувам бидејќи знам дека веќе сум победник!“. Таа продолжи: „Како може да победиш ако не се натпреваруваш?“. Одоговорот: „Мене не ми треба натпревар, победа или некој да ми даде признание за тоа колку вредам! Ако знам кој сум и колку вредам, и ако се што правам е од срце, победата е загарантирана во вечноста!“ ***** Кога луѓето ќе ти дадат признание за твоето дело без да бараш и очекуваш – ти си победник! Можеби сеуште не ти дале, а имаш многу направено – но самото твое дело те прогласува за победник! ***** И што да се каже друго? Сега веќе секој знае дали е победник или губитник. Победата не се докажува, победата низ животот се гради. Победата не се форсира, таа се случува кога човек ќе почне да го живее ОНА КОЕ ШТО Е! Биди искрен.

оперираа со поимот „отпремнина“ ). Човечки е солидарно да му се помогне на семејството на кое му се случила смрт на негов член. Ама многу галантно и со леснотија се одлучува таа помош да се доделуваат од туѓи пари. Зошто вработените во сите тие институции, установи и претпријатија не си одвојуваат одредени износи од своите плати, па да си формираат солидарен фонд од кој ќе се помагаат меѓусебно. Вака е најлесно: Донеси си одлука и товари му се на Буџетот. Помислува ли некој дека тој буџет се потешко и потешко се полни. Фирмите и граѓаните се легнати на бандажите. Мака мачат како да останат на ликвидната страна од своите буџети, а нивните претставници во Советот на Општината ни да ги допре помислата дека понекогаш претеруваат. Администарцијата може да си предлага секакви угодности. На советниците е одговорноста нештата да ги проценува на вистинскиот начин. Чудесна е леснотијата со која носат одлуки. 6. Ми се замерува дека сум бил нервозен додека сум ги пишувал колумните. Аман, бе, им викам на таквите, како приметивте? Не сум нервозен, само така изгледам. Инаку шен-шеримет сум. Бликам од радост и задоволство. Не можам да се дексам од наплив на возбуда од што сум ненервозен. Како, бре, да не бидам нервозен?Ми се здрви прстот од посочување на неубавите работи што се околу нас. Кој се почувствувал посочен од тој прст. Шепнете ми некое имеНема такви. А треба да има. Долг е списокот на тие што се платени барем да поцрвенуваат од срам кога по лошо се спомнуваат работите за кои се надлежни.. Јок. Роса не ги роси. Си ја „густираат“ работат што им ја обезбедила оваа или онаа партија, си свиркаат броејќи си ги деновите до крајот на месецот и си ја чекаат платата. А платата редовна. „Фирмата“ им е солвентна. Гајле им е што наоколу чади. Нека чади. Чија куќа гори, нека гори. Нивната е заклучена.Половина век ги пратам општествените и сите други случувања во Богданци. Како последниве 24 години никогаш не било. Затоа сум нервозен. Не треба да ве чуди што јас сум нервозен. Треба да сте загрижени што и вам ганглиите не ви шетат по кожата. Се разбира дека тоа не се однесува на дебелокошците. Тие имаат природна заштита од надворешни влијанија.

Марга Шимова

- овластен судски преведувачПревод од англиски на македонски јазик и обратно на секаков вид официјални документи од повеќе области. контакт тел: 078 377 275 email: m_shimova@yahoo.com адреса: Маршал Тито бб,Богданци

Издава: „СОФИЈА“ 1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21 Директор: Драги Семенпеев Уредник: Илија Тумбов Уредува редакциски колегиум Технички уредници: Валентина Попова Јован Роглев

Печати: „Софија“ Богданци Халк Банка-Скопје Жиро-сметка: 270000000711867 Даночен број: МК4006991101880 Редакција: Маршал Тито 21 1484 Богданци тел. 075 738834 факс: 034 222006 pogled@sofijaprint.com.mk www.issuu.com/pogled

Комерцијален оглас

Поглед од мојот агол


ПОГЛЕД ,Април 2014 

Комерцијален оглас

5

Комерцијален оглас

СДСМ ОО СДСМ - Богданци

СДСМ ОО СДСМ - Богданци


ПОГЛЕД , Април 2014 

6

Разговор на „Поглед“ со „Млаз“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во АД „Млаз“- Богданци

Во „Поглед“ број 51 за јуни 2013 година „Млаз“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во АД „Млаз“-Богданци, како комерцијален оглас, објави соопштение со кое богданската јавност ја запозна со некои моменти од нивните активности и со случувањата во и околу „Млаз“ АДБогданци.

Соопштението беше илустрирано со факсимили од разни документи поврзани со постапките произлезени од активностите на Здружението. „Млаз“ АД- 2012, Здруж��ние на акционери иматели на акции во АД „Млаз“-Богданци од „Поглед“ побара соопштението повторно да биде објавено како комерцијален оглас во овој број на весников и , исто така, како комерцијален оглас да се

направи разговор за моменталните случувања со и околу „Млаз“ АДБогданци. Мисијата на „Поглед“ е да ја информира богданската јавност за се што е од интерес за граѓаните на Богданци. Случувањата со и околу „Млаз“, без сомнение, се од голем интерес, прво на акционерите во АД „Млаз“, а потоа и за сите други граѓани. „Млаз“ половина век

беше стожерот околу кој се вртеше стопанскиот и економскиот живот на Богданци. Од тие причини „Поглед“ направи средба со претставници на Здружението на кое се разговараше за темите што беа содржина на реобјавеното соопштение и за некои нови моменти поврзани со работењето на АД „Млаз“. Правилата на новинарството велат дека кога се објавува нешто

во кое се засегнати две страни информацијата секогаш треба да има извориште кај двете страни. Но ова не е информација на весникот. Ова е комерцијален оглас на едната страна, во случајот „Млаз“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во АД„Млаз“Богданци. Под истите услови „Поглед“ ќе им отстапи дел од својот простор на сите други заинтересирани страни.

Реобјавување на соопштението објавено во “Поглед” бр. 51 од Јуни 2013 Разговорот со Крсто Олумчев, претседател и Оливера Киковиќ, секрeтaрка на „Млаз“ АД-2012, Здружение на иматели на акции во АД „Млаз“-Богданци го водеше Илија Тумбов, уредник на „Поглед“, Независниот весник на Богданци

„Поглед“: - Во број 47 за февруари 2013 година известивме за седницата на Собранието на акционери на АД „Млаз“ –Богданци што се одржа на 7 февруари 2013 година. Што се случуваше во меѓувреме? „Млаз“ АД-2012: - По седницата на Собранието од 7 февруари се спроведоа одлуките на Собранието и во Централниот Регистер, како одговорно за работата во АД „Млаз“, беше запишано новото раководство избрано од Собранието. После два месеца Васе Петрушев до Второстепената комисија на Централниот Регистар поднесе жалба на решението за запишување, а таа одлучи од Централниот Регистар да го избрише новозапишаното раководство избрано од Собранието

Една година подоцна на АД„Млаз“ и да го запише Васе Петрушев. Здружението се жалеше на Управен суд за правната постапка но изгубивме. Васе Петрушев веќе 13 месеци е директор на „Млаз“. „Поглед“: - Со кои наводи Централниот Регистар го избриша новото раководство избрано од Собранието на АД „Млаз“ и со кои наводи Управниот суд донесе пресуда на ваша штета? „Млаз“ АД-2012:Во меѓувреме се водеше друга постапка во врска со акциите. Со судска одлука на сите акционери во АД „Млаз“ им се забрани да располагаат и управуваат со акциите што ги имаат во „Млаз“. Поради таа одлука Здружението не можеше да одржи Собрание. На сите 1.200 акционери им беа блокирани акциите. Судијата што ја донесе таа одлука сметаше дека се спорни 45.000 акции што беа ги купиле фирмата „Шимов транспорт и компани“ и фирмата

„ШТ“.Поради тоа им забрани на сите други да располагаат со акциите. Тука има многу место за дискусија. Таква работа нигде во светот се нема случено. Нема логика. Ако твојот имот е спорен, а мојот не е спорен зошто не би можел да располагам со него? Ако двајца акционери имале спорен имот зошто и на останатите да им биде оневозможено располагањето со нивниот имот? Акционерите веќе 15 години ги имаат во владение акциите во „Млаз“. И што е најбитно: никој нема добиено документ дека не може да располага со своите акции. Нема документ врз основа на кој ќе може да бара правда. Има блокада, а нема документ дека има блокада. Имаш куќа, твоја е, ама не ти даваат да влезеш во неа и не ти објаснуваат зошто не ти даваат да ја користиш. И оваа требаше да биде времена мерка од 15 дена која трае година и нешто. Непоимливо е. Практиката не познава таков пример. Дури и во најтемните правни системи нема

случај да ти се оспори правото да располагаш со својот имот, а да не ти се даде било каков документ за тоа. И во турско го немало тоа. Акциите се наши, имаме документ дека се наши, судот ни забранува да располагаме со нив, а не ни дава докумет поради што ни е оспорено тоа право.И сега не можеме да си ги бараме правата оти не можеме да докажеме дека имаме забрана за располагање со акциите, а во суштина ја имаме. Тоа е еден таков правен лавиринт од кој нема излез. „Поглед“:- А повисоките инстанци? „Млаз“ АД-2012: - Се жалевме на Управен суд кој е надлежен за постапките и паднавме. Судот наведе дека според Законот за управна постапка не бил почитуван рокот од 21 ден за закажува на Собрание. Но тука не е во прашпање управна постапка за да се суди според Законот за управна постапка. Во прашање е трговско друштво. „Млаз“ е трговско друштво. Во Законот за трговски друштва се вели дека од

денот на објавувањето во весник дека се закажува Собрание до денот на одржување на Собрание треба да поминат 21 ден. Рокот пропишан со Законот за трговски друштва ние го запазивме. Не е јасно зошто Судот се повика на Законот за управна постапка кој нема надлежност врз тоа за што Судот смета дека е спорно. Трговските друштва за вакви случаи го консултираат Законот за трговски друштва. Тој Закон ја регулира нивната работа. Не може за работата на трговските друштва да се консултира Законот за пасишта, на пример. Затоа паднавме на Судот. „Поглед“:- Сметате ли дека има тенденција? „Млаз“ АД-2012:Здружението смета дека судската одлука е крајно тенденциозна и штити интереси што не се интереси на „Млаз“. Продолжува на стр 7

К о м е р ц и ј а л е н о гл а с

Забелешки:

М Л А З


ПОГЛЕД ,Април 2014 

„Поглед“:- Чии интерси? „Млаз“ АД-2012: - Не би знаеле, но ајде да ги видиме фактите: Васе Петрушев имаше тужба до Основниот суд за донесување времена мерка со која ќе се забрани располагањето со акциите во „Млаз“. Истовремено има и друга тужба за да му се вратат акциите. Многу чудно барање и уште почудна одлука. Спорните акции се купени на берзата. Берзата работи на принципот понудапобарувачка. Основно правило на берзата е никогаш да не се знае кој продава, кој купува. Во случајов акциите на продажба ги понудила Агенцијата за јавни приходи. „Шимов“ и „ШТ“ акциите ги купиле на пазарот на акции. Што ќе се случеше ако купувачите веднаш ги продале акциите на други купувачи? Тие да ги продале на трети купувачи. Кој ќе им го најдеше преплетот? Надлежен за вакви постапки е Основниот суд. Ние имаме поднесено жалба на Одлуката за времена забрана за располагање со акциите во „Млаз“ и на 25 април имаме рочиште. Одлуката што ќе се донесе ќе биде правосилна и жалбата на неа нема да може да го спречи нејзиното извршување. Сета приказна со „Млаз“ е таа. „Поглед“:- Го гледам вашиот предлог за укинување на Времената мерка за располагање со акциите. Васе Петрушев како третотужен го наведува „Млаз“ АД. „Млаз“ АД-2012:- Тоа се игри на Васе Петрушев со кои Судот беше наведен да го забрани располагањето со акциите. Во време на поднесувањето на тужбата во Централниот Регистар беше запишано новото раководство на АД„Млаз“ избрано од Собранието на акционери во АД„Млаз“ . Знаевме дека ќе се прават вакви глупости, па свикавме седница на Собрание. Ден пред Собранието се донесе одлуката која веднаш ни беше доставена. Не можевме да го одржиме Собранието. „Поглед“:- Кој ги има клучевите од административната зграда? „Млаз“ АД-2012:Во

Мислења

зградата нема никој. Само нашето обезбедување и обезбедувањето на Васе Петрушев. „Поглед“: -Но неодамна таму имаше голема раздвиженост. „Млаз“ АД-2012:- Ние до УЈП, до Финансова полиција и до Крим полиција, поднесовме пријава за контрола на работењето во „Млаз“ АД. Сите тие се државни институции кои дејствуваат синхроно. Оваа што го нарекуваме Крим полиција всушност е Секторот за стопански криминал во Министерството за внатрешни работи. Постапката ја води Финансовата полиција. Таа е највисока по ранг. Врз основа на резултатите од истрагата, ако се откријат незаконски работи, ќе произлезат пријави. Пред да заврши контролата веќе беа поднесени три кривични пријави против Васе Петрушев. Обвинителството, врз основа на доказите што се доставени, ќе цени дали ќе покрене распит. Досега нема судска разврска во врска со тоа. „Поглед“:- Но Васе Петрушев е во притвор? „Млаз“ АД-2012:- Врз основа на нашата пријава уследи контролата и притворот. Има и други наводи во пријавата, но Васе Петрушев е притворен за криминалната соработка со грчката фирма „Синодис“. „Поглед“:- Каква соработка? „Млаз“ АД-2012: - „Млаз“ на „Синодис“ во 2003 година и должел 150 до 200 илјади евра. Тој долг е застарен според сите прописи. Васе Петрушев со „Синодис“ формирале фирма, а ќерка му Натка Петрушева ја поставиле за управител на фирмата. Таа фирма, уште нерегистрирана, кај нотар пријавила дека има побарување од „Млаз“ и доставила книговодствена картичка со наводи на фактури за долгувањето. Кога нотарот поднесува барање и приложува наводи за долгувањето должникот може да се согласи со наводите или да не се согласи со нив по што ќе треба да одлучува Судот. Васе Петрушев во има на „Млаз“ се согласил со долгувањето. Не е логично некој од странство да има побарување и повеќе од 10 години да не покрене постапка за

наплата на долгувањето знаејќи дека му се заканува застарување на долгот.. За ова долгување, освен што е застарено, при контролата се пронајдоа обрасци 14-50 со кои се врши плаќања кон странство од кои се гледа дека некои фактури биле платени. Таму прецизно е забележано:кои фактури, кога и со кои износи се платени. Со потпис на Васе Петрушев долгот е платен и со потпис на истиот Васе Петрушев, во други околности, неколку години подоцна, е дадена согласност за долгување. Тоа е криминал и за тое е во притвор. „Поглед“:- При контролата се наиде ли и на други интересни работи? „Млаз“ АД-2012: - Да. УЈП, Финансова полиција и Крим полиција наидоа на податок дека Автобазата на „Млаз“ во Скопје му е дадена на „Макпетрол“ без пари и без одлука на управните органи. Автобазата е доста скап имот: имаше хотел со 52 соби и 2 апартмана; имаше кујна и ресторан со 500 седишта; имаше сала со маси за билјард, со маси за пингпонг и со други нешта за разонода и релаксација на возачите и другиот персонал што престојуваше таму; имаше механичарска работилница со сета опрема; имаше асфалтирано паркиралиште за 300 цистерни; имаше бензинска пумпа; имаше административна зграда, имаше и топлана за греење на објектот од која се грееше и „Окта“. Тоа е капитал кој сега вреди околу 10 милиони евра. Тој и таков капитал Васе Петрушев без пари го дал на „Макпетрол“ без да има одлука од Управен одбор, од Надзорен одбор или од Собрание на акционери. Според Законот, за таква зделка, за оттуѓување на толкав имот одлучува Собранието на акционерското друштво. Дури има една одредба која вели дека одлуката треба да биде донесена со двотретинско мнозинство. Финасовата полиција, по откривањето на оваа криминално растурање на имотот на „Млаз“, утврди дека и државата изгубила голем приход по основа на данок на промет, па поднесе пријава. „Поглед“:-Ако се утврди незконска постапка, има ли шанса на „Млаз“ да му се врати Автобазата?

„Млаз“ АД-2012: - Случајот е толку чист што има реална шанса тоа да се случи. „Макпетрол“ нема никаква вина. Вината е кај Васе Петрушев. Тој ја оттуѓил Автобазата без да има соодветна одлука за тоа. Поточно тој тоа го направил врз основа на фалсификувана одлука што е друго криминално дејствие. Тој приложил Одлука на Управен одбор која Управниот одбор никогаш не ја донел. Васе Петрушев сам си ја напишал, сам си ја потпишал и самиот си ја спровел. Друга работа е што Управниот одбор и да сакал да донесе таква одлука нема да можел затоа што таквата одлука е во надлежност на Собранието на акционери и треба да биде донесена со двотретинско мнозинство. Кога управниот одбор носи било каква одлука неа ја потпишуваат претседателот и сите членови на Управниот одбор. Ако некој има издвоено мислење не ја потпишува одлуката затоа што секој што ќе ја потпише одлуката носи и морална, материјална и кривична одговорност за неа. Ако Васе Петрушев биде осуден за оваа дејствие Автобазата треба да му биде вратена на „Млаз“. Ако не му биде вратена тогаш ни Васе Петрушев нема да биде виновен за ова дело. „Поглед“:- Рековте дека во „Млаз“ веќе ништо не функционира. „Млаз“ АД-2012: - Не. Имаа некава резидентна адреса во „Трансбалкан“, но дали се уште таму не би знаеле. „Поглед“:- Што се случи со хипотеките? „Млаз“ АД-2012:- Главните побарувачи си ги наплатија побарувањата. Комерцијална банка за 540 илјади евра си го зеде Сервисот, а за 1 милион и 700 илјади евра си ја зеде Горната фабрика. На „Млаз“ му останаа уште некои помали долгувања. На Комерцијална банка „Млаз“ и должи околу 150 илјади евра и на „Макпетрол“ околу 300 илјади евра што е нешто околу 500 илјади евра. Останува и долгот кон УЈП за кој не се знае колкав е. Долната фабрика, гражата и административната зграда Васе Петрушев ги дал под хипотека на „Макпетрол“ иако не било можно да

бидат заложени оти не се легални објекти и прво требало да се легализираат. „Поглед“:- Има ли и „Млаз“ некакво побарување? „Млаз“ АД-2012:- Има. Околу 1 милион и 800 илјади евра, на име аванси и слично, на „Млаз“ му се должни вработените. Некои од нив се тужени и средствата полека стигаат на сметката на „Млаз“, но тоа е бавен процес. „Поглед“:- Што е со „Бандаг“? „Млаз“ АД-2012:- „Бандаг“ е посебен правен субјект кој нема никаков имот. Имотот е на „Млаз“ и за него „Бандаг“ му плаќаше наем на „Млаз“. „Поглед“: - Пружините? „Млаз“ АД-2012: - Исто. Посебен правен субјект кој работеше со и во имотот на „Млаз“. „Поглед“:-Што стана со возилата? „Млаз“ АД-2012:- Сите возила се паркирани. Веќе рековме дека во „Млаз“ ништо не функционира. „Поглед“:- Автобуската во Богданци? „Млаз“ АД-2012:- Долга и широка е таа приказна. Зградата е правена од „Млаз“ за автобуска. И становите во неа беа на „Млаз“. Подоцна биле оставени на располагање на СИЗ за становање. Во СИЗ нема документи дека зградата е имот на СИЗ. Тоа е проблематично прашање. „Поглед“: Автобуските во Дојран и Гевгелија? „Млаз“АД-2012:- Во Дојран е на „Млаз“. Во Гевгелија е продадена од извршител откако била дадена под хипотека. „Поглед“:-Долгот на Општината? „Млаз“АД-2012:Со неразумен потег на Васе Петрушев од општинскиот буџет се одзедоа 15-20 илјади евра од кои Богданци не виде корист. Парите отидоа по ветар. Другиот долг, најверојатно, е договорено да се плаќа сукцесивно. „Поглед“:-Благодариме за разговорот. „Млаз“ АД-2012: -Ние благодариме за отстапениот простор.

„Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Отворено писмо до Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци

Пишува: Шанка Стоја Бошкова Почитувана Градоначалничке, Јас сум една баба крајно неблагодарна од вас. Како можевте само една недела по стапувањето на должноста градоначалник на Општина Богданци да ја испуштите од работа внука ми. Дали се запрашавте чија ќерка е таа.? Таа е ќерка на Горги Бошков од Ѓавото, човекот што е многу заслужен за формирањето на ВМРО во 1990 година. Тогаш беше тешко. Сега е лесно (денес си Аврам, утре

си Асан, народна изрека). Тој Горги Бошков јако се бореше за ВМРО. За тоа прво, да го прашате Тони Такашманов, в второ прашајте го Томе Лисичков. Кога Гоце Петрушев се кандидираше за градоначалник сестра му Мара Лисичкова шеташе низ Ѓавото и ги заплашуваше мајките на децата кои учеа во Гимназијата да гласаат за брат и. Таа беше професорка во Гимназијата. Син ми Ѓорги ја разбрал работата и му кажал на мажот и Томе Лисичков дека ако жена му Мара продолжи да ги заплашува луѓето во Ѓавото ќе се јави во Министерството во Скопје и ќе им каже дека Мара Лисичкова ги злоупотребува децата и ќе ја избркаат од работа. Потоа кога се гласаше на Томе Лисичков, кој беше претставник од Либерална партија во Општинската изборна комисија, му беше кажал да гласа за една одлука во Комисијата и тој, ако Гоце Петрушев му беше шура, дигнал рака. Сите останале вчудоневидени оти така помина една жалба за прегласување во Ѓавото. Тоа не беше од интерес на ЕСДЕЕС, ама

што ќе прави. Син ми Ѓорги имаше луѓе во Министерството и жена му Мара можеше да изгори. На повтореното гласање тие изгубија и во тогашниот Совет требаше да има 6 советници од ЕСДЕЕС, 4 советници од ВМРО, 2 советника од Либерална партија и 1 советник од Социјалистичка партија. Така Гоце Петрушев ќе немаше мнозинство во Советот и немаше да прави што сака. Но Тони Ѓавочанов, советник од листата на Либерална партија, избега кај ЕСДЕЕС. Така ЕСДЕЕС доби 7 советници и мнозинство во Советот. Опозицијата ВМРО, Либерална и Социјалистичка

Ѓорги Бошков

останаа со 6 советници. Тогаш Советот имаше 13 советници. Трајко, татко му на Ѓорги работеше во комуналното на Богданци, ама на пумпата во Ѓавото. Беше добро. Директор беше Владо Паунков. Под јак притисок од Гоце Петрушев, Владо Паунков, сакал-не сакал, мораше да го врати Трајко во Богданци и на тие години во градежната група да дига камења поголеми од него и да бере ѓубре со раце. Исто како во Голи Оток. П о ч и т у в а н а Гра д о н а ч а л н и ч к е , Неблагодарна сум ви затоа што ја оставивте внука ми на улица без работа. Ја користам можноста да му се заблагодарам на Перо Шимов кој многу го ценеше син ми. И син ми го ценеше Перо Шимов и му беше благодарен што му подаде рака кога му беше најпотребно. Дури последните зборови на син ми, пред да почине му беа: „Перо, Перо чувај се, ти одат по дирите.“ Со тие зборови почина.

К о м е р ц и ј а л е н о гл а с

Продолжение од стр 6

7


ПОГЛЕД , Април 2014 

8

Мамино е купесто визвишие на сверозападниот дел од територијата на Општина Богданци. Ридот е сместен на самиот агол што го затвораат Општина Богданци и Општина Валандово кон реката Вардар. На платформата што е распослана на врвот има остатоци од тврдина за која стручнаците велат дека е од античко време оти е градена од делкан камен со еднакво широки ѕидови од 125 см. По североисточната страна од ридот од кај Дојкова чешма води пат до самата главна порта од цитаделата. Во вториот голем шумски пожар, Мамино беше „оќелавен“ сосема и се што имаше под шумата излезе на м��гдан. Се виде ѕидот на јужната страна,остатоците од главната источна порта, карпестата платформа на западната страна и уште некои работи. Од платформата на запад погледот се простира до самото подножје на Кожуф, на југ длабоко во Грција по течението на Вардар, на северозапад до самиот мост на Вардар кај Грчиште. Местоположбата на Мамино имала стратегиско значење.Скоро од сите места во околината на Богданци што се регистрирани како археолошки наоѓалишта има оптичка видливост до Мамино. Во околината на Мамино има неколку акрополи каде што погребувањето, во прегради од камени плочи, е на длабочина од 170 см. Стручнаците велат дека таквото погребување е типично за античко време. Во околината на Мамино, непосредно кај клучката која ги соединува патиштата што доаѓаат откај Богданци, откај Грчиште и откај Ранавец, има остатоци од некаква градба за што сведочат парчињата скршени кровни ќерамиди. Патот откај Богданци е продолжение на патот кој преку Плочите доаѓа од Кукуш. На тој пат на неколку места се поврзува патот што минува низ Побрегово и Стојаково и патот што доаѓа од Брданов камен и Света Гора. Патот откај Ранавец е патот што преку сегашна Фурка излегува на патот што оди кон Дојран или кон Болован. Истиот пат по Габровшка

Парола на месецот

Од минатото на Богданци

Мамино

река оди до Дубрава и се еден дел оди кон Богданци, а со друг дел оди кон Паљурци и натаму кон Кукуш. Патот што оди накај Грчиште се поврзува со стариот војнички пат што оди покрај Вардар. Тврдината на Мамино, контролирајќи ги сите овие патни правци и уште следејќи ги случувањата по долината на Вардар имала големо стратешко значење. Има развиено теории дека во антички времиња во околината на Мамино минувала границата меѓу Македонија Прва и Македонија Втора. На север од границата, непосредно до неа бил градот Добер. Јужно од неа градот бил градот Идомени. Под него кон југ се простирал градот Атланта, па градот Гортинија под него и на крајот градот Европа. Досега единствено за Европа се знае дека е лоциран на грчка територија по долината на Вардар. За Гортинија и Атланта се тврди дека еден од нив е на Вардарски Рид, а Исар Марвинци е Добер. Природната граница би била Погана, а Идомени би можел да биде во Брданов Камен. Археологијата треба да си го каже својот збор. Во секој случај има историски документ кој вели дека границата е на 31 стадиј од градот Стенаи. Стенаи бил во Демиркаписката Клисура, а еден стадиј е приближно колку еден

километар. Постои приказна за именувањето на ридот Мамино. Селото Фурка било формирано како дервенска населба чии жители требало да го обезбедуваат непреченото минување на трговските карвани низ теснините кај Дедели, Собри и натаму преку Анска Река до Валандово. Населбата била лоцирана покрај патот. Со тек на време изложеноста на населбата на разните сурии војски што минувале по тој пат станала неподнослива, па фурчани ја поткренале населбата горе на високото. Во некое од тие минати времиња од Фурка исчезнала некоја девојка. И жителите и претставници на тогашната власт ја барале девојката, но попусто. Остатоците од градба во околината на Мамино се остатоци од некогашен манастир. Манастирот бил машки и под своја сопственост го имал земјиштето доколу манастирот. Во тој период во манистирот престојувал само еден млад калугер. Еден караван дошол во Фурка и застанал на починка. Лаф-муабет карванџиите спомнале дека во манастирот виделе спрострени да се сушат детски пелени. Фурчани веднаш ја алармирале официјалната власт. Власта проверила во манастирот и таму ја нашле исчезнатата девојка која живееле со калуѓерот и имала родено девојче. Власта го однела калуѓерот некаде, а девојката, заедно со ќерка и, ја вратиле кај нејзините и како отштета и го дале манастирскиот имот. Имотот околу Мамино останал да се нарекува Маминото имање или Маминто. Името Мамино се задржало до денес. Нема причина приказнава да не остане запаметена.

Смртта е наследна. Ако родителите ти се умрени кога-тогаш и ти ќе умреш. Според Законите на Марфи

Универзална шега Оваа и не е шега. Оваа е, всушност, басна. Басните се еден вид литературни творби во кои главните ликови обично се животни.

Песната Си леткало, едно врапче, си леткало една кочан зима, што би рекол Влатко Стефановски, и така леткајќи си смрзнало и се струполило скоро мртво на земјата. Си лежи врапчето, истоштено, без сила, си лежи –ќе умира. Поминала во тој момент една крава, ја кренала опашката и зела да се олеснува. К’сметлија врапчето имало среќа да биде покриено со лајната од кравата. Топли лајната, се стоплило и врапчето. Му дошло убаво на

врапчето од топлината, се размрдало и зело да си пее. Од некаде наишла лисицата, и таа измрзната и гладна. Ја слушнала песната и почнала да душка наоколу. Во лајната го надушила врапчето, ја приужила шепата, го наалала распеаното врапче го извадила од лајната и го лапнала. Толку му била кариерата на врапчето. Наравоучение: Кога си запретан во лајна не ти треба песни пеење.

Роднокрајна шега Мито Гогов –Брица беше стожерот на богданската чаршија. Неговата берберница („Зора“ се викаше) беше вистински парламент. Се можеше да се каже и се можеше да се чуе таму. Се наоѓаше на местото каде што сега е влезот во Супермаркетот. Во неа, преку скали се влегуваше директно од главната улица.Покрај Мајсторот Брица во неа работеа и неговите синови Кољо и Иљо.Таа беше една од трите бреберници во Богданци,

покрај берберниците на Јоаким Поп-Јованов и на Костадин ПоповПаљурски. Сите тие имаа по неколкку столови за бричење и потстрижување. Берберницата на Брица никогаш не остануваше празна. И да немаше никој за бричење или потстрижување внатре сепак имаше луѓе. Го закачаа Мајсторот за се и сешто, а овој даваше коментари кои потоа се прераскажува со денови. Шегата што следува ја раскажува Рате Ампов.

Долготрајноста на мажите -Мајсторе, ќе му се обрати еднаш Ристо Ванов, учителот, ти си шетан човек, занает имаш учено во Солун, грчки знаеш, турски знаеш, цел век си во чаршијата, многу работи ти се јасни-сакам да те прашам нешто. -Ајде, прашувај. -Колкава е доготрајноста на мажите, мајсторе? -Како долготрајноста? -До колку години мажите можат да имаат секс?

Црни точки

Секоја басна има и свое наравоучение. Басните и така и така, ама наравоученијата се строго наменети за луѓето.

-Будалите и до сто години, одговорил Брица, и самиот времешен човек, со неговата позната поза: очилата на врвот на носот за низ нив да гледа како бричи пред него, а преку нив да гледа надалеку. -Будалите велиш до сто години? Оти, бе Мајсторе? -Оти се будали. Да не случајно се скосат за нешто, па мислите да им се свртат на друга страна. Не бе, тие за друго ич си немаат касавет.

 Педагогија распната на крст

На 1 април центарот на Богданци секогаш пливнува од народ. Децата од училиштата и од детската градинка доаѓаат да ги покажат своите креации, заинтересираните возрасни граѓани традиционално излегуваат да видат со што ќе се претстават учениците и нивните воспитувачи и учители. Минатата година во поинаков контекст весников укажа на една неубавост присутна на манифестацијата „Маскарада“. Некој смислил деца на мала возраст да се маскираат во КОСТУРИ. Друг некој, пак, девојчињата од неговото одделение ги маскирал како ДАМИ ОД ПАРИЗ. Како и да е, сите присутни на манифестацијата тоа го прочитаа како неумесно. Годинава една маска го достигна самиот врв на неумесноста. Бидејќи врвот на неумесноста е свртен кон долу - маската го допре дното. Не е во ред малолетни деца да се фотографираат и јавно да се покажуваат во негативни контексти, ама ако со мала „неворедност“ се покаже на ГОЛЕМА неворедност,

Уште една роднокрајна шега

Килотите на Алка

ако таа е целта, тогаш целта ги оправдува средствата и „Поглед“ ќе го направи тоа. Го прави во рубриката „Црни точки“ оти таму му е местото.. На годинешниве првоаприлски маскирања некој изнесе ПОГРЕБ како маска. Се си имаше маската. И покојник, и поп, и крст... се. И деца во неа. Кога на вистински погреб

тешко се наоѓа возрасен маж да го носи крстот пред погребна поворка, со кој ум некој ги внел децата во таква морбидна ситуација. Нека е и фикција, многу е. Не е природно да се работи во образовна установа, а до толку да се нема абер од педагогија и од психологија.

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

Купиле детски женски гакички, ја пречекале Алка која беше една кротка кучка, и и ги облекле гакичките. Кога се вратила Алка дома и кога ја видел така „спастрена“, Ристо ПопИлиев, збеснет, веднаш се упатил во „Зора“. Знаел дека се е стокмено во берберницата на Мајсторот Брица. -Кој си играл играчки со Алка? прашал, како што знаеше да прашува, строго.Ристо Ванов и Манол Манолев скришно, скришно фатиле думан. Другите молчеле. Потоа некој му кажал на Попилиа дека Ристо и Манол ја галеле кучката во паркот.На Попилиа се му станало јасно. Сакал да ги пука со чифтето, ама овие му „објасниле“ дека Масторот Брица кажал дека треба да и се облечат килоти на Алка оти се е распцуена, а тие, не можејќи да дозволат Мајсторот да се мачи на тие години, само ја свршиле работата. На Мајстортот никој не му се лутеше. Се му беше простено однапред.

БОДИГ КОМПАНИ

НЕГОРСКИ БАЊИ

• Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk

Учителите, младите аграономи, разните чиновници, сите до еден се собираа во берберницата на Мајсторот Брица.Ристо Поп-Илиев, тогаш наставник во „Петар Мусев“, беше страствен ловџија. Особено беше горд на својата кучка Алка. Алка беше птичарка од видот далматинци и беше единствено такво куче во околината. Со бричот в раце и очилата на врвот од носот си ѕирка Мајсторот брица низ отворената врата од берберницата надвор кон улицата и прашува: -Чија е оваа шарената кучка?, покажувајќи кон суријата кучиња што минувале по улицата следејќи ја Алка. -На Попилиа одговорил некој од присутните. -Абе кажајте му да и облече некои килоти. Се крената и е пашката, ги сандардиса кучињата. Брее, бивало се да се пцуе.На Ристо Ванов и Манол Манолев толку им требало. Веднаш тркнале до кај Дана Бојкова која продаваше галантерија во продавницата на „6 Ноември“ што беше сместена во зградата во паркот.

тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk

изработка на алуминиски конструкции

тел.факс 034/ 221.709

тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk


Pogled Br.61 April