Issuu on Google+

УПАТСТВО СО ОСНОВНИТЕ ПРОПИСИ И УПАТСТВА ЗА ГРАДБА НА АВТОБУСИТЕ КОИ ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ОСУМ СЕДИШТА ОСВЕН ВОЗАЧКОТО

АМ ЦЕРТ Скопје

членка на Аутомакедонија групацијата www.automakedonijaetc.mk Скопје, 2012


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ

0.

ВОВЕД

0.1

Возилата учествуваат во јавниот сообраќај, во кој истовремено учествуваат голем број лица, и затоа е многу важно тие да ги задоволат строгите барања во однос на безбедноста. Со други зборови – возилата за да смеат да учествуваат во сообраќајот откако, на пример, над нив се направи некаква реконструкција, тие треба да задоволат некои определени технички и еколошки барања, односно тие да бидат сообразени со соответните домашни и меѓународни прописи. Во нашава земја постои голема потреба од преправка на стандардните варијанти на возилата и нивно прилагодување кон потребите на корисниците. Најчест вид на преправка на возилата преставува преправката (конверзијата) од товарно возило во патничко – минибус.

0.2

АТЕСТИРАЊЕ - ИСПИТУВАЊЕ НА СООБРАЗЕНОСТА СО ПРОПИСИТЕ КАЈ ВОЗИЛАТА Испитувањето дали преправените возила ги задоволуваат барањата пропишани во определените технички прописи уште и се вика проверка на сообразеноста на возилото со потребната регулатива, а во употреба е и терминот атестирање. Проверката дали возилата ја имаат таа сообразеност ја вршат Технички служби (Инспекциски тела) акредитирани од страна на државата.

0.2.1

АМ ЦЕРТ - АКРЕДИТИРАНО ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО Техничката служба АМ ЦЕРТ како Инспекциско тело, по препорака на Институтот за акредитација и Бирото за метрологија, од страна на Министерот за економија доби овластување да врши испитувања на возилата и да дава одобренија за нивната сообразеност со барањата на техничките регулативи.

0.2.2

ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛО ПРЕПРАВЕНО ВО МИНИБУС При случаите на реконструкција (преправка) на надградбата на товарно возило и негова пренамена во патничко, неопходно е овластеното Инспекциско тело (АМ ЦЕРТ) да ја испита и одобри преправката на возилото, односно да издаде документ Потврда дека преправката е сообразена со барањата на техничката регулатива.

0.2.3

КОИ ТЕХНИЧКИ БАРАЊА ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАДОВОЛЕНИ Во Република Македонија Техничките спецификации на возилата (ТСВ) претставуваат основни документи кои се однесуваат на дефинирање на градбата на поедините склопови и на возилата во целина. Секоја од спецификациите се однесува на посебна проблематика. Техничката спецификација ТСВ – 152 се однесува на техничките барања за автобусите кои имаат повеќе од осум седишта покрај возачкото седиште. Оваа техничка спецификација важи за сите моторни возила од категоријата M2 и M3 (*). Во продолжение се опишани сите технички барања кои треба да ги задоволат возилата од категоријата М2 и М3, а кои се содржани во документот ТСВ-152. Во поглавието 1 во продолжение се дадени техничките барања кои треба да ги задоволат преправените возила, додека во поглавието 2 се дадени скиците со кои се објаснети техничките барања. Во поглавието 3 се дадени посебните барања за возилата чиј капацитет не надминуваа 22 патника – минибусите, главната тема, всушност, на ова Упатство. За оние кое сериозно се занимаваат со преправки на возила препорачуваме добро познавање на Законот за возила, Законот за безбедност во сообраќајот и Правилникот за одобрување на преправени возила. За сите технички информации можете да се обратите во нашата техничка служба лично или на телефонот (02) 2465 010.

(*)

Поимот „возило“ е дефиниран во член 3 точка 13 од Правилникот за одобрување на моторните и приклучните возила и системите,составните делови и самостојните технички единици наменети за таквите возила (Службен весник на РМ бр. ....), а класификацијата на возилата е објавена во Прилог II А од истиот правилник. АМ ЦЕРТ

стр 2 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ

1. ТЕХНИЧКИ БАРАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗАДОВОЛАТ ВОЗИЛАТА ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ Во продолжение е даден целосниот текст од содржината на Прилогот I од ТСВ-152. Нумерацијата на параграфите е превземена од оригиналниот текст како што следи во продолжение: 1.

1.1

ПОДРАЧЈЕ НА УПОТРЕБА, ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ, БАРАЊЕ ЗА ЕУ- ОДОБРЕНИЕ НА ВОЗИЛО ИЛИ ПОСЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА САМОСТОЈНА ТЕХНИЧКА ЕДИНИЦА НА НАДГРАДБАТА, ИЗМЕНИ НА ВОЗИЛОТО ИЛИ ТИПОТ НА НАДГРАДБАТА, СООБРАЗНОСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И БАРАЊА Оваа техничка спецификација се применува за секое еднокатно, двокатно, круто или зглобно возило од категоријата М2 или М3, како што е определено во „Правилник за техничките барања на системите, составните делови, самостојните единици, опремата, димензиите и вкупните маси и осното оптоварување на возилата (Сл.Весник на РМ, б. 21/2010), во продолжение на текстот наведен само како: „Правилник“.

1.2

Меѓутоа, барањата од оваа техничка спецификација не се применуваат за следните возила:

1.2.1

возила кои се користат за осигурен превоз на патници, на пр. затвореници;

1.2.2

возила, посебно конструирани за превоз на повредени или болни лица (болнички возила);

1.2.3

теренски возила;

1.2.4

возила, посебно конструирани за превоз на ученици, додека оваа техничка спецификација не се промени.

1.3

Барањата од оваа техничка спецификација се применуваат на следните возила само до онаа мера во која тие се компатибилни со предвидената намена и функција:

1.3.1

возилата конструирани за употреба од страна на полицијата, безбедносните и вооружените сили;

1.3.2

возилата кои содржат седишта наменети само за употреба кога возилото е неподвижно, но кои се конструирани за превоз на најмногу осум лица (исклучувајќи го возачот) кога е во движење. Примери на такви возила се подвижни библиотеки, подвижни цркви и подвижни услужни единици. Седиштата во таквите возила кои се конструирани за употреба додека возилото се движи мора да бидат јасно означени за корисниците.

2

ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ Во оваа техничка спецификација:

2.1 2.1.1

изразот „возило“ значи возило од категориите М2 и М3 како што е определено во горедефинираниот Правилник. Возилата чиј капацитет надминува 22 патника освен возачот може се делат во три класи:

2.1.1.1

„класа I“: возила конструирани со простор за патници кои стојат, кои овозможува почесто менување на патниците;

2.1.1.2

„класа II“: возила конструирани пред се за превоз на патници кои седат и допуштаат превоз на патници кои стојат во просторот меѓу седиштата и/или во просторот што не е поголем од просторот што е предвиден за две двојни седишта;

2.1.1.3

„класа III“: возила конструирани исклучиво за превоз на патници кои седат. Одредено возило може да се смета дека припаѓа на повеќе од една класа. Во тој случај може да се одобри за секоја класа на која припаѓа.

стр 3 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 2.1.2

Возилата чиј капацитет не надминува 22 патника освен возачот се делат во две класи:

2.1.2.1

„класа А“: возила конструирани за превоз на патници кои стојат; возилото од оваа класа има седишта и простор за превоз на патници кои стојат;

2.1.2.2

„класа В“: возила кои не се конструирани за превоз на патници што стојат; возилата од оваа класа немаат простор за превоз на патници кои стојат;

2.1.3

изразот „зглобно возило“ значи возило составено од два или повеќе крути делови кои релативно се врзани еден за друг; одделите за патници на секој дел се меѓусебно поврзани така што патниците може да се движат слободно меѓу нив; тврдите делови се трајно поврзани така што тие може да се одделат само преку операција која вклучува средства кои може да се најдат во работилница;

2.1.3.1

изразот „зглобно возило на два ката“ значи возило составено од два или повеќе крути делови кои релативно се врзани еден за друг; одделите за патници на секој дел се меѓусебно поврзани на барем едниот кат така што патниците може да се движат слободно меѓу нив; тврдите делови се трајно поврзани така што тие може да се одделат само преку операција која вклучува средства кои може да се најдат во работилница;

2.1.4

изразот „автобус со низок под“ значи возило од класа I, II или А, во кој најмалку 35% од просторот наменет за патници кои стојат, (или во неговиот преден дел кај зглобните возила, или во неговиот долен кат кај двокатните возила) е простор без скали и вклучува пристап барем до една од работните врати;

2.1.5

изразот „надградба“ значи самостојна техничка единица како што е дефинирана во Правилникот, вклучувајќи ја целата посебна внатрешна и надворешна опрема на возилото;

2.1.6

изразот „возило на два ката“ значи возило каде што просторите за патници кои се распоредени, барем во еден дел, во две едно на друго нивоа и во горниот кат не се предвидени места за патници кои стојат;

2.2

„дефиниција(ии) на типот(овите)“:

2.2.1

изразот „тип на возила“ значи возила кои меѓу себе не се разликува во следните суштински аспекти: производителот на надградбата, производителот на шасијата, концепт на возилото (> 22 патника) или (≤22 патника), концепт на надградбата (еден/два ката, зглобни, со низок под), тип на надградба, ако надградбата била одобрена како самостојна техничка единица,

2.2.2

изразот „тип на надградба“ за потребите за одобрување на тип како самостојна техничка единица значи категорија на надградба која суштински не се разликува во следните аспекти: производителот на надградбата, к��нцепт на возилото (> 22 патника) или (≤22 патника), концепт на надградбата (еден/два ката, зглобни, со низок под), маса на комплетно опремена надградба на возилото со различна за 10%, посебни типови на возила на кои може да се вгради типот на надградба,

2.3

изразот „одобрување на возило или самостојна техничка единица“ значи одобрување на тип на возила или на тип на надградба како што е определено во точка 2.2 од овој прилог со осврт на конструктивните карактеристики, пропишани во оваа техничка спецификација;

2.4

изразот „надградба за заштита при превртување“ значи дел од надградбата, кој АМ ЦЕРТ

стр 4 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ придонесува за јакоста на возилото во случај на превртување; 2.5

изразот „работна врата“ значи врата наменета за употреба од страна на патниците во нормални околности, кога возачот е на своето седиште;

2.6

изразот „двојна врата“ значи врата која овозможува два или еквивалент на два пристапа;

2.7

изразот „лизгачка врата“ значи врата која може да се отвори или затвори преку лизгање по должината на една или повеќе праволиниски или приближно праволиниски шини;

2.8

изразот „врата за итни случаи“ значи врата која ја користат патниците како излез само вонредно и особено во итни случаи;

2.9

изразот „прозорец за итен случај“ значи прозорец, кој не е неопходно да е застаклен, наменет за излез на патниците само во итен случај;

2.10

изразот „двоен или повеќекратен прозорец“ значи прозорец за итен случај, кој ако се подели со имагинарна вертикална линија(ии) (или рамнина(и)) во два или повеќе делови покажува два или повеќе делови секој посебно, каде што секој од нив е во согласност со барањата кои се применуваат на вообичаениот прозорец за итни случаи во однос на димензиите и пристапот;

2.11

изразот „отвор за спасување“ значи отвор во кровот или во подот наменет за употреба на патниците како излез само во итен случај;

2.12

изразот „излез во случај на опасност“ значи врата за итен случај, прозорец за итен случај или отвор за спасување;

2.13

изразот „излез“ значи работна врата, внатрешни скали, полускали или излез во случај на опасност;

2.14

изразот „под или кат“ значи дел од надградбата, чија горна површина носи патници кои стојат, нозете на патниците што седат, возачот и членовите на екипажот, а може да ги носи и прицврстувачите на седиштата;

2.15

изразот „патека меѓу седиштата“ значи простор, којшто им овозможува пристап на патници од секое седиште или ред на седишта до секое друго седиште или ред на седишта или до секој пристапен премин од или до секоја работна врата или внатрешни скали и просторот за стоење на патниците; тоа што не го вклучува:

2.15.1

простор кој се шири 300 mm пред секое седиште; освен каде што странично свртените седишта се сместени над сводот од тркалото, во тој случај димензијата може да се намали на 225 mm;

2.15.2

просторот над површината на секоја скала или скали; или

2.15.3

секој простор што овозможува пристап само до едно седиште или ред на седишта или пар попречни седишта свртени едно кон друго или ред на седишта;

2.16

изразот „пристапен премин“ значи простор кој се шири внатре во возилото од работната врата до крајниот раб од горните скали (работ на патеката меѓу седиштата), внатрешните скали или полу скали. Ако нема скала на вратата, просторот што треба да се смета како пристапен премин е оној што се мери во согласност со точка 7.7.1 до растојание од 300 mm од почетната положба на внатрешната страна на двојната плоча;

2.17

изразот „оддел за возачот“ значи простор определен исклучиво за возачот, освен во итен случај и го вклучува седиштето за возачот, воланот, инструментите и други уреди потребни за возење или управување на возилото;

2.18

изразот „маса на возилото во работна состојба“ значи маса определена во точка 2.5 од Прилог I од Техничката спецификација ТСВ 148;

стр 5 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 2.19

изразот максимална технички дозволена маса на товарање - (M)“ значи маса определена во точка 2.6 од Прилог I од Техничката спецификација ТСВ 148;

2.20

изразот „патник“ значи лице кое не е возач ниту член на екипажот;

2.21

изразот „патник со намалена подвижност“ значи секое лице кое има тешкотии при употреба на јавниот превоз како што се лицата со инвалидитет (вклучувајќи ги и лицата со сетилни и интелектуални неспособности и корисници на инвалидска количка), лица со ослабени екстремитети, лица со мал раст, лица со тежок багаж, стари лица, трудници, лица со колички за пазарење и лица со деца (вклучувајќи ги и децата во колички);

2.22

изразот „корисник на инвалидска количка“ значи лице кое заради болест или инвалидитет користи инвалидска количка за движење;

2.23

изразот „член на екипажот значи лице кое е определено за работа како совозач или можен помошник;

2.24

изразот „оддел за патници значи простор наменет за употреба од страна на патниците, освен просторот окупиран со фиксни апарати како барови, чајни кујни, тоалети или оддели за багаж/стоки;

2.25

изразот „електрична работна врата“ значи работна врата која работи исклучиво со енергија која не е мускулна енергија и отворањето и затворањето, кое ако не е автоматски управувано е далечински управувано од страна на возачот или на член од екипажот;

2.26

изразот „ автоматска работна врата“ значи електрична работна врата која може да се отвори (освен со помош на направите за управување во нужда) само ако патникот го употребува уредот за управување и откако возачот го вклучува уредот за управување и кој повторно се затвора автоматски;

2.27

изразот „уред за спречување на тргнување“ значи автоматски уред кој спречува возилото да почне да се движи од состојба на мирување;

2.28

изразот „работна врата управувана од возачот“ значи работна врата што вообичаено ја отвора и затвора возачот;

2.29

изразот „седиште со приоритет“ значи седиште со дополнителен простор за патник со намалена подвижност и кое е соодветно означено;

2.30

изразот „уред за качување“ означува уред за олеснување на пристапот на инвалидска количка во возило, како што се лифтови, рампи итн.;

2.31

изразот „системот за снижување“ значи систем кој ја спушта или подига, во целост или делумно каросеријата на возилото релативно во однос на вообичаената положба на возење;

2.32

изразот „лифт“ значи уред или систем со платформа која може да се подига и спушта за да овозможи пристап на патниците помеѓу подот на одделот за патници и патната подлога или и работ од тротоарот;

2.33

изразот „рампа“ значи уред за поврзување на празниот простор помеѓу подот на одделот за патници и патната подлога или и работ од тротоарот;

2.34

изразот „пренослива рампа“ значи рампа којашто може да се одвои од структурата на возилото и возачот или член на екипажот може да ја разместува;

2.35

изразот „седиште на расклопување“ значи седиште кое може лесно да се извади од возилото;

2.36

изразот „преден дел“ и „заден дел“ значи преден или заден дел од возилото во согласност

АМ ЦЕРТ

стр 6 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ со нормалната насока на патување, а термините; „напред“, „најоддалечен на предна страна“, „назад“ и „најоддалечен на задна страна“ и сл. треба да се толкуваат на тој начин; 2.37

изразот „внатрешни скали“ значи скали што овозможуваат поврзување помеѓу горниот и долниот кат;

2.38

изразот „одвоен оддел“ значи простор во возилото кој може да биде заземен од патници или екипаж кога возилото е во употреба, а кој е одвоен од било кој друг простор за патници или екипаж, освен ако било каква преграда не овозможува патниците да гледаат во соседниот патнички простор и е поврзан со премин без врати;

2.39

изразот „полу скали“ значи скали кои започнуваат на горниот кат и завршуваат со вратата за итни случаи.

7

ТЕХНИЧКИ БАРАЊА ЗА КОНСТРУКЦИЈАТА НА МИНИБУСИТЕ

7.1

ОПШТО

7.1.1

Освен ако поинаку не е определено, сите мерења се прават кога возилото е со неговата маса во работна состојба и кога стои на мазна и хоризонтална патна површина, во нормална состојба за патување. Ако е вграден систем за снижување, треба да се постави така што возилото е на вообичаена возна висина за патување. При одобрување на надградба како самостојна техничка единица, положбата на надградбата релативно во однос на рамната хоризонтална површина треба да биде пропишана од производителот.

7.1.2

Ако постои барање во оваа техничка спецификација за одредена површина во возилото да е хоризонтална или при одреден агол кога возилото е со неговата маса во работна состојба, во случај на возило со механичко потпирање, површината може да го надмине овој наклон или да поседува наклон кога возилото е со неговата маса во работна состојба, доколку ова барање е исполнето кога возилото е во состојба на оптоварување определено од производителот. Ако на возилото е вграден систем за снижување истиот не треба да е вклучен да работи.

7.2

ПОВРШИНА ПРЕДВИДЕНА ЗА ПАТНИЦИ

7.2.1

Вкупната површина S 0 предвидена за патници се пресметува со одземање од вкупната површина на подот од возилото:

7.2.1.1

површината на возачкиот простор;

7.2.1.2

површината на скалите кај вратите и површината на другите скали со длабочина помала од 300 mm и површината зафатена од вратата и нејзиниот механизам кога таа работи;

7.2.1.3

површината од било кој дел над кој вертикалното растојание е помало од 1350 mm мерено од подот запоставувајќи го дозволеното наметнување наведено во точките 7.7.8.6.3 и 7.7.8.6.4. Кај возилата од класа А или В оваа димензија може да се намали на 1200 mm;

7.2.1.4

површината на кој било дел на возилото до којшто е попречен пристапот на патниците, како што е дефинирано во точка 7.9.4;

7.2.1.5

површината на кој било простор што е резервиран само за превоз на стока или багаж и од којшто се исклучени патниците;

7.2.1.6

површината потребна да обезбеди чист работен простор за сервирање;

7.2.1.7

површината на подот зафатена со било кои скали, полускали, внатрешните скали или површината на која било скала.

7.2.2

Површината S1 која е на располагање на патниците што стојат се пресметува со одземање

стр 7 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ од S 0 : 7.2.2.1

површината на сите делови од подот во којашто наклонот ги надминува најголемите дозволени вредности како што е определено во точка 7.7.6;

7.2.2.2

површината на сите делови коишто не се пристапни за патник кој стои кога сите седишта се зафатени, со исклучок на седиштата што се склопуваат;

7.2.2.3

површината на сите делови каде што висината на растојанието над подот е помала од висината на патеката меѓу седиштата определено во точка 7.7.5.1 (држачите не треба да се земат предвид во оваа врска);

7.2.2.4

површината понапред од попречната вертикална рамнина која минува низ центарот на седечката површина од возачкото седиште (во крајната положба);

7.2.2.5

површината што е 300 mm пред сите седишта не вклучувајќи ги седиштата на склопување, освен ако седиштето што е свртено странично не се наоѓа над сводот на тркалото, во тој случај димензија може да се намали до 225 mm. Во случај на променливо поставување на седишта за секое седиште кога се смета дека е во употреба, види точка 7.2.4;

7.2.2.6

секоја површина што не е исклучена со одредбите во точките 7.2.2.1 до 7.2.2.5 погоре, на којашто не може да се постави правоаголник со димензии 400 mm х 300 mm;

7.2.2.7

кај возилата од класа II површината во која не е дозволено стоење;

7.2.2.8

кај возилата на два ката, секоја површина на горниот кат;

7.2.2.9

површината на просторот за инвалидска(и) количка(и), ако се смета дека е зафатена со корисник(ци) на инвалидска количка, види точка 7.2.4.

7.2.3

Во возилото треба да има број (Р) на места за седење, освен седиштата што се склопуваат, што соодветствува со барањата од точка 7.7.8. Ако возилото е од класа I, II или А бројот на места за седење на секој кат треба да биде најмалку еднаков на бројот на квадратни метри на подот од катот предвиден за патниците и екипажот (ако го има), заокружен на најблискиот помал цел број; овој број кај возилата од класа I со исклучок на горниот кат може да се намали за 10%.

7.2.4

Кај возилото опремено со променлив капацитет за седење површината предвидена за патници што стојат ( S1 ) и одредбите од точка 7.3, треба да се одреди за секој од следните услови:

7.2.4.1

со сите расположливи седишта зафатени, а потоа и преостанатиот простор за патниците што стојат и ако остане уште простор, секој простор за инвалидски колички што е зафатен;

7.2.4.2

со сите можни зафатени површини за стоење, а потоа и останатите седишта за патниците кои седат и ако остане уште простор, секој простор за инвалидски колички што е зафатен;

7.2.4.3

со сите можни зафатени површини за инвалидски колички, а потоа и преостанатиот простор за патниците што стојат и потоа преостанатите седишта за употреба што се зафатени.

7.3

ОЗНАЧУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА

7.3.1

Возилото треба да биде јасно означено на начин видлив од внатрешната страна во близина на предната врата со букви или пиктограми не помали од 15 mm во висина и броеви не помали од 25 mm во висина, со:

7.3.1.1

најголем број на места за седење за кои возилото е конструирано да носи;

7.3.1.2

најголем број на места за стоење, ако има, за кои возилото е конструирано да носи;

7.3.1.3

најголем број на инвалидски колички, за кои возилото е конструирано да носи, ако има.

АМ ЦЕРТ

стр 8 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.3.2

Ако е возилото е конструирано да има променлив број на места за седење, просторот за патниците што стојат или бројот на инвалидски колички кои се носат, треба да се применат барањата од точка 7.3.1 за секој најголем капацитет за седење како и за соодветниот број на инвалидски колички и патници што стојат, како што е соодветно.

7.3.3

Се обезбедува простор во областа на возачот, во положба јасно видлива за возачот, со букви или пиктограми во висина не помалку од 10 mm и со броеви во висина не помалку од 12 mm со:

7.3.3.1

маса на багажот кој може да се носи кога возилото е оптоварено со најголем број на патници и екипаж и возилото не ја надминува најголемата технички дозволена маса, односно дозволената маса на секоја оска. Масата на багажот треба да го вклучува следново:

7.3.3.1.1

во одделите за багаж (маса В, точка 7.4.3.3.1 од Прилог I од Техничката спецификација ТСВ 148);

7.3.3.1.2

на кровот, ако е опремен за носење на багаж (маса ВХ, точка 7.4.3.3.1 од Прилог I од Техничката спецификација ТСВ 148).

7.5

ЗАШТИТА ОД РИЗИЦИ ОД ПОЖАР

7.5.1

Оддел на моторот

7.5.1.1

Во одделот за моторот не се употребуваат запаллив материјал за придушување на звук или материјали кои можат да содржат гориво, масло за подмачкување или друга согорлива материја освен ако материјалот е покриен со непропустлив слој.

7.5.1.2

Треба да се преземат мерки за заштита или преку погоден распоред на одделот на моторот или преку снабдување со дренажни отвори за да се избегне, колку што е можно, насобирање на гориво, масло за подмачкување или било кој друг согорлив материјал во било кој дел на одделот на моторот.

7.5.1.3

Треба да се вгради преграда од огноотпорен материјал помеѓу одделот на моторот или било кој друг извор на топлина (како што е уредот конструиран за апсорпција на ослободената енергија кога возилото се симнува по долга стрмнина, на пр., ретардер (забавувач) или уред за греење на внатрешноста на каросеријата, меѓутоа со исклучок на уредот кој функционира со циркулација на топла вода) и останатиот дел од возилото. Сите прицврстувачи, составувачи, затворачи, и сл., употребени во врската со преградата треба да бидат огноотпорни.

7.5.1.4

Во одделот за патници може да се постави уред за загревање кој не работи со топла вода, ако е затворен во материјалот кој е отпорен на температурите што ги создава уредот, не испушта отровен чад и така е поставен што патниците не можат да дојдат во допир со каква било загреана површина.

7.5.2

Електрична опрема и мрежа

7.5.2.1

Сите кабли треба да се добро изолирани и сите кабли и електрична опрема треба да можат да ги издржат условите на температурата и влажноста на кои се изложени. Во одделот на моторот посебно внимание треба да се посвети на нивната подробност за да ја издржи температурата на околината и влијанијата од сите можни загадувачи.

7.5.2.2

Ниеден кабел во електричниот круг не треба да спроведува струја која ја надминува онаа што е прифатлива за таквиот кабел во однос на начинот на поставување и најголемата температура на околината.

7.5.2.3

Секое електрично коло што снабдува одредена единица од опремата, освен алтернаторот, колото за стартување (принудно стартување), грејачите, механизмот за запирање на моторот, колото за полнење и заземјувањето на акумулаторот имаат осигурувач или прекинувач на коло. Меѓутоа, истите можат да се заштитат со заеднички осигурувач или

стр 9 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ заеднички прекинувач на коло, доколку нивниот номинален капацитет не е поголем од 16 А. 7.5.2.4

Сите кабли треба да се добро заштитени и да се чуваат безбедно во положба во која поставени да не може да се оштетат не можат да се оштетат со сечење, нагризување или гребење.

7.5.2.5

Ако напонот надминува 100 V СКК (среден квадратен корен) во едно или повеќе електрични кола од возилото, се поврзува прекинувач за рачно управување што може да ги прекинува сите кола од главното електрично напојување на секој пол од таквото напојување коешто не е електрично поврзано со земјата, и се поставува во внатрешноста на возилото во таква положба што е лесно достапна на возачот доколку истиот не може да го прекине секое електрично коло што ги напојува задолжителните надворешни светла на возилото. Оваа точка не се однесува на високонапонските електрични кола за палење или на внатрешните електрични кола во некоја единица од опремата на возилото.

7.5.2.6

Сите електрични кабли треба да се поставени така што ниеден дел не може да дојде во контакт со било каков довод на гориво или било кој дел од издувниот систем, или да подлежат на прекумерно загревање, освен ако постои посебна изолација и заштита, како на пр. од издувен вентил со намотка.

7.5.3

Акумулатори

7.5.3.1

Сите акумулатори треба да се добро осигурени и лесно достапни.

7.5.3.2

Просторот за акумулаторот треба да биде одделен од одделот за патници и возачката кабина и има вентилација од надворешниот воздух.

7.5.3.3

Влезовите на акумулаорот треба да се заштитени од опасноста од краток спој.

7.5.4

Противпожарни апарати и опрема за прва помош

7.5.4.1

Треба да се обезбеди простор за вградување на еден или повеќе противпожарни апарати, при тоа еден мора да е близу до возачкото седиште. Во возилата од класа А или В ��росторот не треба да е помал од 8 dm3 и во класа I, II или III не помал од 15 dm3.

7.5.4.2

Се обезбедува простор за вградување на една или повеќе кутии за прва помош. Таквиот 3 простор не треба да е помал од 7 dm , а најмалата димензија не треба да е помала од 80 mm.

7.5.4.3

Противпожарните апарати и кутиите за прва помош може да се обезбедат против кражба или вандалско однесување (на пример, во внатрешно сандаче или зад стакло што може да се скрши) под услов местата каде што се наоѓаат овие предмети да се јасно обележани и средствата обезбедени за лица да може лесно да се извадат во итен случај.

7.5.5

Материјали Не се дозволени запаливи материјали на растојание од 100 mm од издувниот систем или каков било извор на поголемо загревање, освен ако таквиот материјал не е добро заштитен. Ако е потребно заштитата се обезбедува за спречување на допир на масло или други запаливи материјали со издувниот систем или други извори на поголемо загревање. За потребите на оваа точка за запалив материјал се смета дека е материјал што не е наменет да издржи температури на кои може да биде изложен на тоа место.

7.6

ИЗЛЕЗИ

7.6.1

Број на излези

7.6.1.1

Најмалиот број на врати во возилото е две, или две работни врати или една работна врата и една врата за излез во случај на опасност. Најмалиот број на пропишани работни врати е: Број на патни ци

Број на работни врати АМ ЦЕРТ

стр 10 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ

7.6.1.2

Класа I и А Класа II Класа I I и В 9 – 45 1 1 1 46 – 70 2 1 1 71 – 100 3 2 1 > 100 4 3 1 Во секој крут дел од зглобното возило треба да има најмалку една работна врата, освен во предниот дел од зглобно возило од класа I треба да има најмалку две работни врати.

7.6.1.3

За потребите на ова барање, работните врати опремени со електричен систем на управување не се сметаат за врати за итни случаи, освен ако истите не можат лесно да се отворат рачно кога, по потреба, е вклучен системот за управување опишан во точка 7.6.5.1.

7.6.1.4

Најмалиот број на излези треба да биде таков што вкупниот број на излези во поединиот оддел е следен: Број на патници и екипаж кој се сместува во секој оддел 1–8 9 – 16 17 – 30 31 – 45 46 – 60 61 – 75 75 – 90 91 – 110 111 – 130 > 130

Најмал вкупен број на излези 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

Отвор за спасување може да се брои како еден од горенаведениот број на излези за итен случај. 7.6.1.5

Секој тврд дел од зглобното возило се смета како посебно возило при определувањето на најмалиот број и положби на излезите, освен за точка 7.6.2.4. Одделите за тоалет или кујна не се сметаат за посебни оддели при одредувањето на бројот на излези за итни случаи. Бројот на патниците треба да се определи за секој крут дел посебно.

7.6.1.6

Двојната работна врата треба да се брои како две врати, а дуплиот или повеќекратен прозорец како два прозорци за итен случај.

7.6.1.7

Ако возачкиот оддел не овозможува пристап до одделот за патници преку патнички премин, што е во согласност со еден од условите опишани во точка 7.7.5.1.1, треба да се исполнат следните услови:

7.6.1.7.1

одделот за возачот треба да има два излези, кои не смеат да бидат на ист страничен ѕид; ако еден од излезите е прозорец тој треба да е во согласност со барањата за прозорец за итен случај определени во точките 7.6.3.1 и 7.6.8;

7.6.1.7.2

едно или две седишта се дозволени по должината на страната од возачот за други лица; во тој случај двата излеза на кои се однесува точка 7.6.1.7.1 треба да бидат врати. Вратата на возачот треба да се прифати како врата за итен случај за лицата кои ги зафаќаат тие седишта, доколку возачкото седиштето, воланот, куќиштето на моторот, рачката од менувачот, рачната сопирачка, итн., не претставуваат преголеми пречки. Вратата предвидена за тие дополнителни лица се прифаќа како врата за итен случај за возачот. До пет дополнителни седишта може да се вградат во одделот што претставува составен дел на кабината за возачот, доколку таквите дополнителни седишта и просторот за таквите седишта ги запазуваат сите барања според оваа техничка спецификација и ако барем една врата што овозможува пристап до одделот за патници ги исполнува барањата од точка 7.6.3 за врати

стр 11 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ за итни случаи. 7.6.1.7.3

во околностите опишани во точките 7.6.1.7.1 и 7.6.1.7.2, излезите што се обезбедени за кабината за возачот не се бројат како една од вратите што се потребни во согласност со точките 7.6.1.1 до 7.6.1.2 ниту како еден од излезите што се потребни во согласност со точка 7.6.1.4, освен во случајот наведен во точките 7.6.1.7.1 и 7.6.1.7.2. Точките од 7.6.3. до 7.6.7, 7.7.1, 7.7.2 и 7.7.7 не се применуваат за таквите излези.

7.6.1.8

Ако одделот за возачот и седиштата кои се наоѓат до него се пристапни од главниот оддел за патници преку патнички премин кој соодветствува со еден од условите опишани во точка 7.7.5.1.1 не е потребен надворешен излез за возачкиот оддел.

7.6.1.9

Ако возачката врата или друг излез од одделот е обезбеден во околностите опишани во точка 7.6.1.8, истиот може да се брои само како излез за патници доколку:

7.6.1.9.1

не е потребно да се пробијат помеѓу воланот и возачкото седиште, со цел да се употреби тој излез;

7.6.1.9.2

ги исполнува барањата кои се однесуваат на димензиите на вратите за итен случај наведени во точка 7.6.3.1.

7.6.1.10

Точките 7.6.1.8 и 7.6.1.9 не исклучуваат постоење на врата или друга пречка помеѓу возачкото седиште и патничкиот оддел, ако таа пречка возачот може лесно да ја отстрани во итен случај. Вратата на возачот во одделот заштитен со таква преграда не се смета како излез за патници.

7.6.1.11

Покрај вратите и прозорците за итен случај треба да бидат вградени отвори за спасување во возилата од класа II, III и В. Овие може да се вградат и кај возилата од класа I и А. Најмалиот број на отвори треба да биде: Број на патници до 50 повеќе од 50

7.6.2

Број на отвори за излез во нужда 2

Поставеност на Излезите Возилата чиј капацитет надминува 22 патника треба да ги исполнат барањата покажани подолу. Возилата чиј капацитет не надминува 22 патника може да ги исполнат или барањата покажани подолу или оние кои се содржат во точка 1.2 од Прилог VI.

7.6.2.1

Работната(ите) врата(и) треба да се наоѓа(ат) на страната на возилото што е поблиску до страната на патот според насоката на возење во земјата во којашто треба да се дозволи да се употребува возилото и а најмалку една од нив треба да се наоѓа на предната половина на возилото. Тоа не го исклучува обезбедувањето на врата на задната страна од возилото за корисниците на инвалидските колички.

7.6.2.2

Две од вратите наведени во точка 7.6.1.1 треба да се одделени така што растојанието помеѓу вертикалните попречни рамнини низ нивните центри не е помало од 40% од вкупната должина на одделот за патници. Ако една од овие две врати претставуваат дел од двојна врата ова растојание се мери помеѓу двете врати кои се најмногу оддалечени.

7.6.2.3

Излезите се поставуваат така што нивниот број на секоја од двете страни на возилото главно е ист.

7.6.2.4

Најмалку еден излез за итен случај треба да биде поставен на задната односно на предната страна од возилото. Кај возилата од класа I и кај возилата со заден дел трајно одвоен од одделот за патници ова барање е исполнето ако е вграден отвор за спасување.

7.6.2.5

Излезите на истата страна на возилото се поставени на соодветно растојание по должината АМ ЦЕРТ

стр 12 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ на возилото. 7.6.2.6

Поставување на врата на задната страна од возилото е дозволено ако тоа не е работна врата.

7.6.2.7

Ако се вградени отвори за спасување, тие треба да се поставени на следниот начин: ако има само еден отвор, тој треба да биде поставен во предната третина од возилото; ако има две отвори, тие треба да се на растојание најмалку 2 m, мерено помеѓу најблиските рабови на отворите во линија паралелна со надолжната оска на возилото.

7.6.3

Најмали димензии на Излезите

7.6.3.1

Неколкуте вида на излези треба да ги имаат следните минимални димензии:

Работна врата

Отвор на вратата

висина (mm)

Класа I

Класа II и III

Забелешки

1800

1650

-

Единична врата: 650 Двојна врата: 1200 ширина (mm)

Врата за итен случај

Прозорец за итен случај

висина (mm) ширина (mm) 2

Површина (mm )

Прозорец за итни случаи поставен на задната страна на возилото. Ако производителот не обезбед прозорец за итни случаи со најмали димензии опишани погоре Отвор за Отвор Површина спасувањ (mm2) е

Оваа димензија може да се намали за 100 mm ако мерењето е направено на ниво на држачите

1250 550 На оваа површина треба да може да се 400 000 впише правоаголник 500 mm х 700 mm Во отворот на прозорецот за итни случаи треба да може да се впише правоаголник 350 mm висок и 1550 mm широк. Аглите на правоаголникот може да се заоблат со радиус на закривеност не поголем од 250 mm. На оваа површина треба да може да се 400 000 впише правоаголник 500 mm х 700 mm

7.6.3.2

Возилата кои имаат капацитет кој не надминува 22 патници може да ги исполнуваат барањата покажани во точка 7.6.3.1 или оние кои се содржани во точка 3.1 од Поглавието 3.

7.6.4

Технички барања за сите работни врати

7.6.4.1

Секоја работна врата треба да може лесно да се отвори од внатрешната и надворешната страна на возилото, кога тоа е во мирување (но не е задолжително кога возилото се движи). Меѓутоа, ова барање не подразбира попречување на можноста за заклучување на вратата од надворешна страна, доколку истата секогаш може да се отвори од внатрешна страна.

7.6.4.2

С��која контрола или уред за отворање на вратата од надворешната страна треба да биде

стр 13 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ помеѓу 1000 и 1500 mm над патната подлога и најмногу 500 mm од вратата. Во возилата од класа I, II и III секоја контрола или уред за отворање на вратата од надворешната страна треба да биде помеѓу 1000 и 1500 mm од горната површина на подот или скалата што е најблиску до контролата и најмногу 500 mm од вратата. Ова не важи за контролите поставени во возачката област. 7.6.4.3

Секоја единична рачно управувана работна врата која е споена со шарки или која ротира околу централната оска треба да биде прицврстена така што ако отворената врата доаѓа во допир со статичен предмет додека возилото се движи нанапред се стреми да се затвори.

7.6.4.6

Ако рачно управуваната работната врата е опремена со брава, треба да има два степена на заклучување.

7.6.4.5

На внатрешната страна на работната врата не треба да има никаков уред наменет за покривање на внатрешните скали кога вратата е затворена. Ова не ја исклучува присутноста на скалата исто така кога вратата е затворена од механизмот за работа на вратата и другата опрема, прицврстена на внатрешната страна од вратата, којашто не претставува продолжение на подот на којшто патниците можат да стојат. Овој механизам и опрема не смеат да бидат опасни за патниците.

7.6.4.6

Ако директниот преглед не е соодветен, треба да се постават оптички или други уреди кои ќе му овозможат на возачот од своето седиште да открие присуство на патник во непосредна внатрешна и надворешна близина на секоја странична работна врата, која не е автоматска. Во случај на работна врата на задната страна на возилото кое не надминува 22 патника, ова барање е исполнето ако возачот е во можност да открие присуство на лице со височина од 1,3 m коешто 1 m зад возилото.

7.6.4.7

Секоја врата што се отвора кон внатрешноста на возилото како и нејзиниот механизам се изградени така што нејзиното движење не може да предизвика повреда на патниците при нормални услови на употреба. По потреба треба да бидат поставени посебни уреди за заштита.

7.6.4.8

Ако работната врата се наоѓа веднаш до врата на тоалет или друг внатрешен оддел, истата е заштитена од ненамерно дејство. Меѓутоа, ова барање не важи ако вратата е блокирана автоматски кога возилото се движи со брзина поголема од 5 km/h.

7.6.4.9

Кај возилата кои имаат капацитет кој не надминува 22 патника, работните врати кои се на задната страна од вратата, крилата не треба да можат да се отворат повеќе од 115 ° ниту помалку од 85 ° и, кога се отворени треба да може автоматски да се задржат во таа положба. Тоа не ја попречува можноста да ја поминат таа точка и да се отвори вратата зад тој агол; кога е безбедно тоа да се направи; на пр. за да се овозможи враќање наназад наспроти висока платформа за товарање или за да се отворат вратите на 270° за да се овозможи чист простор за товарање зад возилото.

7.6.5

Дополнителни технички барања за електрични работни врати

7.6.5.1

Во итен случај секоја електрична сервисна врата може, кога возилото е во состојба на мирување (но не задолжително и кога возилото се движи) да се отвори од внатрешната страна и, кога не е блокирана, од надворешната страна со помош на уреди за управување коишто, без оглед на тоа дали електричното напојување е вклучено:

7.6.5.1.1

преминуваат преку сите други контроли на вратата;

7.6.5.1.2

во случај внатрешните контроли да се наоѓаат на, или во границите на 300 mm од вратата, на висина најмалку 1600 mm над првата скала;

7.6.5.1.3

може лесно да се видат и јасно препознаат при приближување кон вратата и при стоење пред врата и ако дополнително на контролите за нормално отворање, јасно е означено за употреба во итен случај;

АМ ЦЕРТ

стр 14 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.6.5.1.4

може да ги вклучи едно лице кога стои непосредно пред вратата;

7.6.5.1.5

предизвикуваат отворање на вратата или овозможуваат лесно да се отвори вратата рачно;

7.6.5.1.6

можат да се заштитат со механизам којшто лесно се отстранува или крши за да се овозможи пристап до уредот за управување при итни случаи; за возачот работењето на уредот за управување при итни случаи или отстранувањето на заштитниот капак над уредот за управување се означува звучно и визуелно, и;

7.6.5.1.7

во случај на врата управувана од возачот која не е во согласност со барањата од точка 7.6.5.6.2 треба да биде таква што по активирањето на контролите за отворање на вратата и враќање во нивната нормална положба, вратата нема да се затвори додека возачот последователно не го вклучи уредот за затворање на вратата.

7.6.5.2

Може да се обезбеди уред кој го управува возачот од возачкото седиште за исклучување на надворешните контроли за итен случај со цел да се заклучи работната врата од надворешна страна. Во тој случај, надворешните контроли треба да бидат повторно активирани автоматски или преку палењето на моторот или пред возилото да достигне брзина од 20 km/h. Последователно, исклучувањето на надворешните контроли за итен случај не треба да се случи автоматски, туку е потребно дополнително дејствување од страна на возачот.

7.6.5.3

Секоја работна врата управувана од возачот треба да може да работи со управување на возачот ако на седиштето на возачот се употребуваат контроли коишто, освен во случај на ножна контрола се јасно и посебно означени.

7.6.5.4

Секоја електрична работна врата треба да активира визуелен индикатор, кој треба да биде јасно видлив на возачот кога е седнат во нормална возачка положба во какви било услови на осветленост во околината, за да се изврши предупредување дека вратата не е целосно затворена. Овој индикатор треба да сигнализира секогаш кога тврдата структура на вратата е помеѓу целосно отворена положба и точката која е на 30 mm од целосно затворената положба. Еден индикатор може да служи за една или повеќе врати. Меѓутоа, таквиот индикатор не се вградува кај предната работна врата којашто не ги исполнува барањата од точките 7.6.5.6.1.1 и 7.6.5.6.1.2.

7.6.5.5

Ако за возачот се обезбедени контроли за отворање и затворање на електричната работна врата, така што возачот може да го врати движењето на вратата во секое време во текот на отворањето и затворањето.

7.6.5.6

Конструкцијата и системот за контрола на секоја работна врата, треба да биде таква што не може да го повреди или притисне при затворање патникот.

7.6.5.6.1

Ова барање треба да се смета за задоволено ако се исполнети следните две барања:

7.6.5.6.1.1

Првото барање е кога при затворањето на вратата при секоја точка на мерење опишана во Прилог V, се создава отпор на сила на притиснување не поголема од 150 N, вратата автоматски повторно се отвора до најголем можен степен и освен во случај на автоматска работна врата, останува отворена додека не се активира контролата за затворање. Силата на притиснување може да се мери со помош на секоја метода за којашто е согласен надлежниот орган. Упатства се дадени во Прилог 5 од оваа техничка спецификација. Најголемата сила за кратко време може да е поголема од 150 N, ако не надминува 300 N. Системот за повторно отворање може да се провери со прачка за испитување со височина од 60 mm, широчина 30 mm со агли со радиус на заоблување 5 mm.

7.6.5.6.1.2

Второто барање е тоа што секогаш кога вратите се затвораат удираат на зглобот или на прстите од патник:

7.6.5.6.1.2.1

вратата повторно се отвора автоматски до најголем можен степен и освен во случај на автоматска работна врата, останува отворена додека не се активира контролата за затворање, или

стр 15 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.6.5.6.1.2.2

зглобот или прстите можат веднаш да се поместат од вратите без опасност од повреда на патникот. Ова барање може да се провери со рака или со помош на прачка за испитување спомената во точката 7.6.5.6.1.1, конична на едниот крај во должина од 300 mm се истанчува од дебелина 30 mm до 5 mm. Прачката не треба да се полира нити подмачкува. Ако вратата ја притисне прачката, истата може лесно да се отстрани, или

7.6.5.6.1.2.3

вратата се одржува во положба којашто овозможува слободно поминување на прачка за испитување со височина од 60 mm, широчина 20 mm, со агли со радиус на заоблување 5 mm. Оваа положба не смее да биде за повеќе од 30 mm на растојание од целосно затворената положба.

7.6.5.6.2

Кај предните работни врати барањето од точка 7.6.5.6 се смета за задоволено ако вратата:

7.6.5.6.2.1

ги исполнува барањата од точките 7.6.5.6.1.1 и 7.6.5.6.1.2, или

7.6.5.6.2.2

има меки рабови; меѓутоа, рабовите не треба да се толку меки за да се затвори целосно цврстата структура на вратите кога вратата се затвора на самата прачка за испитување спомната во точка 7.6.5.6.1.1, тврдата конструкција на вратите да ја постигне потполно затворената положба.

7.6.5.7

Ако електричната работна врата се држи затворена само со непрекинатото електрично напојување, се обезбедува уред за визуелно предупредување за да го извести возачот за какво било откажување во електричното напојување на вратите.

7.6.5.8

Уредот за спречување на вклучувањето, ако е вграден, треба да биде ефективен само при брзини помали од 5 km/h, но при брзина поголема од 5 km/h не може да работи при поголема брзина.

7.6.5.9

Ако возилото не е опремено со уред за спречување на вклучувањето, се активира звучно предупредување на возачот ако возилото почне да се движи кога електричната работна врата не е целосно затворена. Ова звучно предупредување треба да се активира при брзина поголема од 5 km/h за врати кои се во согласност со барањата од точка 7.5.6.1.2.3.

7.6.6

Дополнителни технички барања за автоматско активираните работни врати

7.6.6.1

Активирање на контролите за отворање

7.6.6.1.1

Освен во случаите предвидени во точка 7.6.5.1 контролите за отворање на секоја автоматска работна врата може да се вклучи и исклучи само од страна на возачот од неговото седиште.

7.6.6.1.2

Вклучувањето и исклучувањето може да се директни, со прекинувач, или индиректни, но со отворање и затворање на предната работна врата.

7.6.6.1.3

Активирањето на контролите за отворање од страна на возачот треба да биде назначено од внатрешна страна и ако вратата треба да се отвори од надворешна страна, исто така се означува од надвор на возилото; индикаторот (на пример, осветлено притисно копче, осветлена ознака) се наоѓа на вратата или веднаш до вратата со која е поврзан.

7.6.6.1.4

Во случај на директно активирање преку прекинувач, функционалната состојба на системот треба да биде јасно назначена на возачот преку, на пример положбата на прекинувачот, индикаторска сијалица или осветлен прекинувач. Прекинувачот мора да биде посебно означен и поставен на таков начин што не може да се замени со другите контроли.

7.6.6.2

Отворање на автоматските работни врати

7.6.6.2.1

По активирањето на контролите за отворање од страна на возачот патниците можат да ја отворат вратата на следниот начин:

7.6.6.2.1.1

од надворешната страна, на пример со притискање на копчето или со поминување на светлосна пречка, и

АМ ЦЕРТ

стр 16 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.6.6.2.1.2

од надворешната страна, освен во случај на врата наменета само како излез и означена за таквата цел, на пример со притиснување на осветлено копче, копче под осветлен знак или сличен уред, означен со соодветно упатство.

7.6.6.2.2

Со притиснувањето на копчињата наведени во точка 7.6.6.2.1.1 и употребата на средствата за комуникација со возачот наведени во точка 7.7.9.1 може да се испрати сигнал кој по активирањето на контролите за отворање од страна на возачот, влијае на отворањето на вратата.

7.6.6.3

Затворање на автоматските работни врати

7.6.6.3.1

Кога се отвора автоматска работна вратa, треба истата повторно да се затвори автоматски по истекувањето на одреден временски интервал. Ако влезе или излезе патник од возилото за време на овој временски интервал, треба со сигурносен уред (на пример, стапнување со нога, светлосна пречка, еднонасочна пречка) да се обезбеди доволно продолжување на временскиот интервал до затворањето на вратата.

7.6.6.3.2

Ако влезе или излезе патник од возилото додека се затвора вратата, затворањето се прекинува автоматски и вратата треба да се врати во отворена положба. Враќањето може да се вклучи со помош на еден од сигурносните уреди, споменати во точка 7.6.6.3.1 или со некој друг уред.

7.6.6.3.3

Врата која се затвора автоматски во согласност со точката 7.6.6.2 треба да може да се отвори повторно од страна на патникот во согласност со 7.6.6.2; ова важи ако возачот ги прекинал контролите за отворање.

7.6.6.3.4

По исклучувањето на контролите за отворање на автоматските работни врати од страна на возачот, отворените врати треба да се затворат во согласност со точките 7.6.6.3.1 до 7.6.6.3.2.

7.6.6.4

Задржување на автоматското затворање на врати означени за посебна намена, на пример, за патници со детски колички, патници со ограничена способност на движење, итн.

7.6.6.4.1

Возачот треба да може да го задржи автоматското затворање преку вклучување на посебна контрола. Патникот, исто така, треба да може да го задржи автоматското затворање, директно со притиснување на специјално копче.

7.6.6.4.2

Задржувањето на автоматското затворање треба да биде назначено за возачот, на пр. со визуелен индикатор.

7.6.6.4.3

Повторното воспоставување на автоматското затворање во секој случај треба да може да го изврши возачот.

7.6.6.4.4

Точка 7.6.6.3 треба да се примени за последователно затворање на вратата.

7.6.7

Технички барања за врата за итен случај

7.6.7.1

Вратите за итни случаи треба да можат лесно да се отворат од внатрешната и од надворешната страна кога возилото е во состојба на мирување. Меѓутоа, ова барање не ја попречува можноста за блокирање на вратата од надворешната страна, доколку вратата може секогаш да се отвора од внатрешната страна со употреба на механизам за нормално отворање.

7.6.7.2

Вратите за итни случаи, за време на нивната употреба како такви, не треба да се од електричен тип, освен ако контролата опишана во точка 7.6.5.1 била еднаш активирана и вратена во нејзината нормална положба, вратите не се затвораат повторно додека возачот потоа не го вклучи уредот за управување на затворањето. . Тие, исто така, не се од лизгачки тип, освен во случај на возила со капацитет помал од 22 патника. За овие возила може да се прифати лизгачка врата како врата за итни случаи, ако за истата се покажало дека може да се отвори без употреба на алатка по испитувањето на челен удар во пречка согласно

стр 17 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Техничката спецификација ТСВ 114. 7.6.7.3

Секоја контрола или уред за отворање на врата за итен случај од надвор треба да биде помеѓу 1000 и 1500 mm од патната подлога и најмногу 500 mm од вратата. Во возилата од класа I, II и III секоја контрола или уред за отворање на врата за итни случаи од внатрешната страна или скалата што е најблиску до контролата и не повеќе од 500 mm од вратата. Ова не се применува на контролите во возачката област.

7.6.7.4

Вратите за итни случаи прицврстени со шарки коишто се вградени на страната на возилото, треба да се прицврстени на нивниот преден раб и треба да се отвораат кон надвор. Контролни ремени, ланци или други уреди за ограничување се дозволени, доколку тие не попречуваат вратата да се отвори и да остане во отворена положба при агол од најмалку 100 °. Ако е обезбедено средство кое е доволно за да даде слободен премин до мерачот за о пристап на вратата за итен случај, барањето за најмал агол на отворање од 100 не важи.

7.6.7.5

Вратите за итни случаи се заштитени од непредвидено дејство. Меѓутоа, ова барање не важи ако вратата за итни случаи се заклучува автоматски кога возилото се движи со брзина поголема од 5 km/h.

7.6.7.6

Сите врати за итни случаи треба да се обезбедени со звучен уред за предупредување на возачот кога тие не се безбедно затворени.. Уредот за предупредување треба да се активира со поместување на рачката на вратата, а не со движење на самата врата.

7.6.8

Технички барања за прозорците за итен случај

7.6.8.1

Секој прозорец за итни случаи споен со шарки или кој се отвора со исфрлање треба да се отвори на надвор. Типовите со исфрлање не треба да се одвојат целосно од возилото кога тоа работи. Функционирањето на прозорот со исфрлање треба да е такво што ефективно е спречено случајното исфрлање.

7.6.8.2

Секој прозорец за итен случај треба:

7.6.8.2.1

или да може лесно и веднаш да се управува од внатрешната страна и од надворешната страна на возилото со помош на уред признаен како задоволителен, или

7.6.8.2.2

да биде направен од лесно кршливо сигурносно стакло. Оваа втора одредба ја попречува можноста за употреба на плочи од пластифицирано стакло или пластичен материјал. До секој прозорец за итен случај треба да се постави уред достапен на лицата кои се внатре во возилото за да се обезбеди дека секој прозорец може да се скрши.

7.6.8.3

Секој прозорец за итен случај кој може да се заклучи од надвор треба да биде конструиран така што да може секогаш да отвора од внатрешната страна на возилото.

7.6.8.4

Ако прозорецот за итни случаи е хоризонтално прикачен со шарки на горниот раб, се обезбедува соодветен уред за да го држи целосно отворен. Секој прозорец за итен случај, споен со шарки треба да работи така што не го попречува слободното преминување од внатрешната или надворешната страна на возилото.

7.6.8.5

Висината на долниот раб на прозорецот за итни случаи што е вграден на страната на возилото од општото ниво на подот веднаш под него (исклучувајќи ги другите варијанти како што се присуство на тркало или куќиште за преносен систем) не треба да биде повеќе од 1200 mm нити помалку од 650 mm во случај на прозорец за итен случај споен со шарки, односно 500 mm во случај на прозорец направен од кршливо стакло. Меѓутоа, во случај на прозорец за итен случај споен со шарки висината на долниот раб може да се намали на најмалку 500 mm, ако е отворот на прозорецот е опремен со штитник до висина 650 mm за да се спречи можноста да испадне патник од возилото. Ако отворот на прозорецот е опремен со штитник, големината на отворот на прозорецот над штитникот не треба да е помала од најмалата големина пропишана за прозорец за итни случаи.

АМ ЦЕРТ

стр 18 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.6.8.6

Секој прозорец за итен случај споен со шарки кој не е јасно видлив од возачкото седиште треба да биде опремен со звучен уред за предупредување на возачот кога истиот не е целосно затворен. Овој уред треба да се вклучува со заклучување на прозорецот, а не со самото поместување на прозорецот.

7.6.9

Технички барања за отворите за спасување

7.6.9.1

Секој отвор за спасување треба да работи така што не го попречува сло��одното поминување од внатрешната и од надворешната страна на возилото.

7.6.9.2

Отворите за спасување на кровот треба да се отвораат со исфрлување, да се споени со шарки или да се направени од лесно кршливо, но безбедно стакло. Отворите за спасување на подот мора да бидат или споени со шарки или да се отвораат со исфрлување и треба да бидат опремени со звучен предупредувачки уред за да го предупредат возачот кога не се безбедно затворени. Овој уред треба да се активира со заклучување на отворот за спасување на подот, а не со поместување на самиот отвор. Отворите за спасување на подот треба да се заштитени од случајно дејство. Меѓутоа, ова барање не важи, ако отворот на подот се заклучува автоматски кога возилото се движи со брзина поголема од 5 km/h.

7.6.9.3

Типовите со исфрлање не треба целосно да се откачат од возилото кога работат така што отворот да не претставува опасност за другите корисници на патот. Работата на отворите за спасување кои се отвораат со исфрлање треба да биде таква што успешно се спречува непредвидено дејство. Отворите на подот кои се отвораат со исфрлање, исфрлањето треба да биде само во патничкиот оддел.

7.6.9.4

Отворите за спасување споени со шарки треба да се прицврстени долж работ кон предниот или задниот дел на возилото под агол од најмалку 100 °. Отворите на подот споени со шарки треба да се вртат кон одделот за патници.

7.6.9.5

Отворите за спасување треба да може лесно да се отворат и отстранат од внатре и од надвор. Меѓутоа, ова барање не ја исклучува можноста за заклучување заради обезбедување на возилото кога е без придружба, под услов отворот за спасување да може секогаш да се отвори или да се одвои од внатрешната страна со употреба на механизам за нормално отворање или одвојување. Во случај на лесно кршлив отвор се обезбедува уред веднаш до отворот, лесно достапен на лицата во возилото, за да се обезбеди дека отворот може да се скрши.

7.6.10

Технички барања за скали што се извлекуваат Ако се вградени скали кои се извлекуваат, тие треба да се во согласност со следните барања:

7.6.10.1

работата на скалите кои се извлекуваат може да биде синхронизирана со работата на соодветната работна или врата за итни случаи;

7.6.10.2

кога вратата е затворена ниеден дел од скалите кои се извлекуваат не треба да е издаден повеќе од 10 mm зад граничната линија на надградбата;

7.6.10.3

кога вратата е отворена и скалите кои се извлекуваат се во извлечена положба, површината треба да ги исполнува барањата од точка 7.7.7 од овој Прилог;

7.6.10.4

во случај на скала што работи на електрична енергија, не треба да може возилото да почне да се движи од состојба на мирување под сопствен погон, ако скалата е во извлечена положба. Во случај на скала која рачно се управува, звучен показател треба да предупреди доколку скалата не е целосно вовлечена;

7.6.10.5

скала што работи на електрична енергија не треба да може да се извлече додека возилото е во движење. Ако откаже уредот за управување на скалата, скалите треба да се вовлечат и да останат во вовлечена положба. Меѓутоа, работењето на соодветната врата не треба да е попречено во случај на такво откажување или да е оштетена или попречена од скалата;

стр 19 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.6.10.6

ако патник стои на електрична скала што се извлекува, соодветната врата не треба да може да се затвори. Усогласеноста со ова барање треба да се провери со ставање маса од 15 kg, која претставува мало дете во центарот на скалата. Ова барање не важи за ниедна врата што се наоѓа во непосредното видно поле на возачот;

7.6.10.7

движењето на скалата што се извлекува не треба да предизвика било каква телесна повреда на патниците или на лицата кои стојат на автобуската станица;

7.6.10.8

аглите на скалата што се извлекува кои се свртени нанапред или наназад треба да бидат заоблени со радиус не помал од 5 mm; рабовите треба да бидат заоблени со радиус не помал од 2,5 mm;

7.6.10.9

кога патничката врата е отворена, скалата која се извлекува треба да се држи сигурно во извлечена положба. Ако маса од 136 kg се постави во центарот на една скала, односно 272 kg се постави во центарот на двојна скала, отстапувањето во било која точка не треба да е поголемо од 10 mm.

7.6.11

Означувања

7.6.11.1

Секој излез за итен случај треба да биде означен, од внатре и од надвор на возилото, со натпис, на пример: „ИЗЛЕЗ ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ“ дополнет, каде што е применливо, со еден од симболите наведени во точка 3.4 од Прилог II од Директивата на Советот 92/58/ЕЕС.

7.6.11.2

Контролите за итен случај на работната врата и сите излези за итни случаи треба да се означат како од внатре така и од надвор на возилото, или репрезентативен симбол или со јасно формулиран натпис.

7.6.11.3

Јасни упатства кои се однесуваат на методот на работа треба да се постават на или близу до секоја контрола за итен случај на излезот.

7.6.11.4

Јазикот на кој треба да се напишани текстуалните ознаки наменети да ги исполнат барањата од точка 7.6.11.1 до 7.6.11.3 погоре, треба да го утврди органот за одобрување, водејќи грижа за земјата/земјите во кои подносителот има намера да го пушти возилото на пазар, ако е потребно во врска со надлежните органи во земјата/земјите кои се засегнати. Ако надлежниот орган на земјата/земјите каде што треба да се регистрира возилото, го сменат јазикот, таа промена не треба да значи нова постапка за одобрување.

7.7

ОПРЕМЕНОСТ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОСТОР

7.7.1

Пристап до работните врати (види слика 1 од Прилог III)

7.7.1.1

Слободниот простор што се протега во внатрешноста во возилото од страничниот ѕид на којшто се наоѓа вратата треба да дозволува слободен премин на вертикална правоаголна плоча со дебелина 20 mm, ширина 400 mm и висина 700 mm над подот, заедно со втора плоча ширина 550 mm поставена симетрично над неа; висината на втората плоча е пропишана за релевантната класа на возило. Двојната плоча треба да се одржи паралелна на отворот на вратата при поместување од почетната положба, каде што плочата на страната што е најблиску до внатрешноста на возилото е тангенцијална на најоддалечениот раб на отворот, до онаа положба каде што ја допира првата скала, по која се чува под прави агли на можниот правец на движење на лицето кое го користи влезот.

7.7.1.2

Висината на горната правоаголна плоча за релевантната класа и категорија на возило треба да биде како што е пропишано во табелата подолу. Како алтернатива може да се употреби трапезоиден пресек со висина 500 mm, формирајќи премин помеѓу ширината на горната и долната плоча. Во овој случај, вкупната висина на правоаголниот пресек и овој трапезоиден пресек на горната плоча треба да биде 1100 mm за сите класи на возила со капацитет за АМ ЦЕРТ

стр 20 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ превоз на повеќе од 22 патника и 950 mm за класите на возила со капацитет за превоз до 22 патника. Класа возило

на

Класа А(*)

(*)

Висина на горната плоча (mm) (Димензија „А“ слика 1) Алтернативе н трапезоиден 950 пресек

Вкупна висина

950

1650

Класа В

700

950

1400

Класа I

1100

1100

1800

Класа II

950

1100

1650

Класа III

850

1100

1550

Ширина

550(**)

(*)

Кај возилата кои имаат капацитет за превоз до 22 патника, долната плоча може да биде поместена релативно во однос на горната плоча под услов да е во истата насока. (**) Ширината на горната плоча може да се намали на врвот до 400 mm, ако аголот на заоблување не е поголем од 30о наклон од хоризонталата.

7.7.1.3

Ако централната линија на двојната плоча поминува растојание од 300 mm од својата почетна положба и двојната плоча ја допира површината на скалата, таа треба да се задржи во таа положба.

7.7.1.4

Цилиндричната фигура (види слика 6 во Прилог III) употребена за испитување на растојанието на патеката меѓу седиштата, треба да се помести почнувајќи од патеката меѓу седиштата во можната насока на движење на лице кое го напушта возилото, додека неговата централна линија не ја допре вертикалната рамнина што го опфаќа горниот раб на најоддалечената горна скала или додека рамнината тангенцијална на горниот цилиндар не ја допре долната плоча, зависно што прво се извршува, и се задржува во таа положба (види слика 2 во Прилог III).

7.7.1.5

Помеѓу цилиндричната фигура во положбата поставена во точка 7.7.1.4 и двојната плоча во положбата поставена во точка 7.7.1.3 треба постои слободен простор чија горна и долна граница се прикажани на слика 2 во Прилог III. Овој слободен простор треба да дозволи слободен премин на вертикална плоча чија форма и димензии се исти како оние на цилиндричната форма (точка 7.7.5.1) чиј централен пресек и дебелина не е поголемо од 20 mm. . Оваа плоча се поместува од тангентната положба на цилиндричната форма додека нејзината надворешна страна не ја допре внатрешната страна на двојната плоча, допирајќи ја рамнината или рамнините дефинирани со горните рабови на скалата во можната насока на движење на лицете кое го користи влезот (види слика 2 во Прилог III).

7.7.1.6

Просторот на слободниот премин за оваа фигура не вклучува простор што се протега до 300 mm пред секое незбиено седечко перниче на седиште што е свртена кон предната или задната страна или 225 mm кај седишта што се вградени кај сводовите на тркалата и до највисоката точка на перничето од седиштето.

7.7.1.7

Во случај на склопиво седиште овој простор се одредува со седиштето во положба на у��отреба.

стр 21 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.7.1.8

Меѓутоа, склопивото седиште за употреба за членовите од екипажот може да го попречува пристапот до преминот на работната врата кога е во положба на употреба, ако:

7.7.1.8.1

е јасно означено на самото возило и на ЕУ- одобрението (види Додаток 2 од Прилог II) дека седиштето е само за употреба на екипажот;

7.7.1.8.2

ако седиштето не е во употреба истото автоматски се склопува за да овозможи исполнување на барањата од точките 7.7.1.1 или 7.7.1.2 и 7.7.1.3, 7.7.1.4 и 7.7.1.5;

7.7.1.8.3

вратата не се смета како задолжителен излез за потребите од точка 7.6.1.4, и

7.7.1.8.4

кога седиштето е во положба на употреба и кога е склопено ниеден дел не треба да е понапред од вертикалната рамнина која минува низ центарот на седечката површина од возачкото седиште во неговата крајна положба и низ центарот на надворешниот ретровизор прикачен на спротивната страна на возилото.

7.7.1.9

Кај возилата со капацитет за превоз до 22 патника влезот и патот по којшто патниците имаат пристап до него се сметаат за непречени ако тие имаат:

7.7.1.9.1

измерено паралелно со надолжната оска на возилото, постои слободен простор не помал од 220 mm во која било точка и 550 mm во која било точка што е повеќе од 500 mm, над подот или скалите (слика 3 во Прилог III);

7.7.1.9.2

измерено нормално на надолжната оска на возилото, постои слободен простор не помал од 300 mm во која било точка и 550 mm во која било точка која е повеќе од 1200 mm, над подот или скалите или помалку од 300 mm под таванот (слика 4 во Прилог III);

7.7.1.10

Димензиите на работната врата и вратата за итни случаи во точка 7.6.3.1 и барањата од точка 7.7.1.1 до 7.7.1.7, 7.7.2.1 до 7.7.2.3, 7.7.5.1 и 7.7.8.5 не важат за возилата од класа В со најголема технички дозволена маса која не надминува 3,5 тона и до 12 патнички седишта, каде што секое седиште има непречен пристап до најмалку две врати.

7.7.1.11

Најголемиот наклон на подот во пристапниот премин не е поголемо од 5 % при мерење на возилото со својата маса во работна состојба коешто стои на хоризонтална површина. Не се употребува каков било уред за навалување.

7.7.2

Пристап до вратите за итен случај (види слика 4 во Прилог III) Следните барања не важат за возачките врати, кои се употребени како излез за итен случај во возилата кои имаат капацитет за превоз до 22 патника.

7.7.2.1

Слободниот простор помеѓу патеката меѓу седиштата и отворот на вратата за итен случај треба да дозволи слободен премин на вертикалниот цилиндар со дијаметар 300 mm и висина 700 mm од подот и потпира втор вертикален цилиндар со дијаметар 550 mm, , при што вкупната височина на склопот е 1400 mm. Дијаметарот на горниот цилиндар може да се намали на врвот до 400 mm, ако аголот на о закосувањето не е поголем од 30 во однос на хоризонталата.

7.7.2.2

Основата на првиот цилиндар треба да биде во проекцијата на вториот цилиндар.

7.7.2.3

Ако седиштата кои се склопуваат се поставени долж овој премин, слободниот простор за цилиндарот треба да се бара да се одреди кога седиштето е во положба за употреба.

7.7.2.4

Како алтернатива на двојниот цилиндер може да се употреби уред за мерење опишан во точка 7.7.5.1 (види слика 6 во Прилог III).

7.7.3

Пристап до прозорците за итни случаи

7.7.3.1

Треба да може да се помести мерачот за испитување од патеката меѓу седиштата до надворешноста на возилото низ секој прозорец за итен случај.

АМ ЦЕРТ

стр 22 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.7.3.2

Насоката на движење на мерачот за испитување треба да биде во насока во која се очекува патникот да се движи при напуштање на возилото. Мерачот за испитување треба да се чува нормално на правецот на движење.

7.7.3.3

Мерачот за испитување треба да има форма на тенка плоча со големина 600 х 400 mm чии агли се заоблени со радиус од 200 mm. Меѓутоа, во случај на прозорец на задната страна на возилото, мерачот за испитување алтернативно може да има големина 1400 mm х 350 mm, чии агли се заоблени со радиус од 175 mm.

7.7.4

Пристап до отворите за спасување

7.7.4.1

Отворите за спасување во кровот

7.7.4.1.1

Освен кај возилата од класа I, барем еден отвор за спасување треба да е поставен така што четиристрана потсечена пирамида со страничен агол од 20 ° и висина од 1600 mm допира дел од седиштето или од еквивалентен потпирач. Оската на пирамидата треба да биде вертикална и нејзиниот помал пресек треба да ја допре областа на отворот од отворот за спасување. Потпирачите може да се склопуваат или поместуваат доколку истите можат да се блокираат во нивната положба на употреба. Оваа положба треба да се земе кога се врши проверка.

7.7.4.1.2

Ако дебелината на структурата на кровот е поголема од 150 mm, помалиот пресек на пирамидата треба да допира до областа на отворот од отворот за спасување на ниво на надворешната површина на кровот.

7.7.4.2

Отвори за спасување во подот Во случај на отвор за спасување поставен во подот, отворот треба да даде директен и слободен пристап до надворешната страна на возилото и се вградува каде што постои слободен простор над отворот кој е еквивалентен на висината на патеката меѓу седиштата. Сите извори на топлина или подвижни составни елементи се наоѓаат на најмалку 500 mm од кој било дел од отворот за спасување. Се овозможува да се поместува мерачот за испитување во форма на тенка плоча со димензии 600 mm × 400 mm чии агли се заоблени со радиус од 200 mm во хоризонтална положба од висината над подот од возилото од 1m над подлогата.

7.7.5

Патеки меѓу седиштата (слика 6 во Прилог III)

7.7.5.1

Патеката меѓу седиштата на возилото треба да биде проектирана и изградена така што да дозволува слободен премин на уредот за мерење кој се состои од два коаксијални цилиндари со обратно завртен потсечен конус вметнат помеѓу нив, уредот за мерење ги има следните димензии (во mm):

Дијаметар на долниот цилиндер „А“ Висина на долниот цилиндер Дијаметар на горниот цилиндер „С“ Висина на горниот цилиндер „В“ Вкупна висина „Н“

стр 23 од 49

Класа I

Класа II

Класа III

Класа А

Класа В

450

350

300

350

300

900

900

900

900

900

550

550

450

550

450

500

(*)

1900

(*)

АМ ЦЕРТ

500

(*)

1900

(*)

500

(*)

1900

(*)

500

(*)

1900

(*)

300 1500


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ (*)

Висината на горниот цилиндер со овде вкупната висина може да се намали за 100 mm во било кој дел од патеката меѓу седиштата од: попречната вертикална рамнина поставена 1,5 m пред централната линија од задната оска (најоддалечената задна оска кај возилата со повеќе од една задна оска); и попречната вертикална рамнина поставена на задниот раб од работната врата или на последната задна работна врата, ако постои повеќе од една работна врата;

Дијаметарот на горниот цилиндар може да се намали на врвот на 300 mm, ако аголот на закосувањето не е поголемо од 30 о во однос на наклонот од хоризонталата. Мерниот уред може да дојде во допир со висечките држачи, ако се вградени, или други еластични предмети како што се делови од сигурносните појаси и да ги премести истите. 7.7.5.1.1

Ако не постои излез понапред од седиштето или редот од седишта:

7.7.5.1.1.1

во случај на седишта свртени напред, предниот раб на цилиндричниот мерач дефиниран во точка 7.7.5.1 треба да ја достигне барем попречната вертикална рамнина тангентно на најоддалечената предна точка од најоддалечениот преден ред на седишта и се задржува во таа положба. Од оваа рамнина треба да се овозможи да се помести плочата, покажана на слика 7 во Прилог III, на тој начин што, почнувајќи од положбата на допирање со цилиндричниот мерач, страната на плочата свртена кон надворешноста на возилото е поместена напред на растојание 660 mm.

7.7.5.1.1.2

во случај на странично свртени седишта, предниот дел од цилиндричниот мерач мора да ја достигне барем попречната рамнина која се совпаѓа со вертикалната рамнина, која минува низ центарот на предното седиште (слика 7 во Прилог III);

7.7.5.1.1.3

во случај на седишта свртени назад, предниот дел од цилиндричниот мерач мора да ја достигне барем попречната вертикална рамнина тангентно на страната на седечкото перниче од предниот ред или седиште (слика 7 во Прилог III).

7.7.5.2

Кај возилата од класа I дијаметарот од долниот цилиндар може да се намали од 450 mm на 400 mm во секој дел од патеката меѓу седиштата до задниот дел на:

7.7.5.2.1

вертикалната попречна рамнина поставена 1,5 m пред централната линија на задната оска (најоддалечена задна оска кај возила со повеќе од една задна оска), и

7.7.5.2.2

вертикалната попречна рамнина поставена на задниот раб на крајната задна работна врата.

7.7.5.3

Кај возилата од класа III седиштата на едната или на двете страни од патеката меѓу седиштата може да се поместуваат странично, со што се овозможува да се намали ширината на патеката меѓу седиштата на број кој одговара на долниот цилиндер со дијаметар 220 mm, под услов функционирањето на контролата на секое седиште лесно достапно на лицата кои стојат во патеката меѓу седиштата треба да биде доволно да предизвика седиштето да се врати лесно назад и ако е можно автоматски, дури и кога е оптоварено до положбата што одговара на најмала ширина од 300 mm.

7.7.5.4

Кај зглобните возила, уредот за мерење дефиниран во точка 7.7.5.1 може да помине непречено низ зглобниот дел. Ниеден дел од меката обвивка на тој пресек, вклучувајќи ги деловите од мевот не треба да се издадени во патеката меѓу седиштата.

7.7.5.5

На патеката меѓу седиштата можат да се вградат скали. Ширината на таквите скали не смее да биде помала од ширината на патеката меѓу седиштата на врвот од скалите.

7.7.5.6

Седишта кои се склопуваат кои им овозможуваат на патниците да седат во патеката меѓу АМ ЦЕРТ

стр 24 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ седиштата не се дозволени. 7.7.5.7

Странично лизгачките седишта кои во една положба поминуваат на патеката меѓу седиштата не се дозволени, освен на возилата од класа III и во согласност со условите определени во точка 7.7.5.3.

7.7.5.8

Кај возила за кои важи точка 7.7.1.9, патеката меѓу седиштата не е потребна доколку димензиите определени во таа точка се запазени.

7.7.5.9

Површината на патеката меѓу седиштата и пристапот на преминот треба да се заштитени од лизгање.

7.7.6

Наклон на патеката меѓу седиштата Наклонот на патеката меѓу седиштата измерен со неоптоварено возило на хоризонтална површина и со неактивиран систем за снижување, не треба да надмине:

7.7.6.1

8% кај возило од класа I, II и А;

7.7.6.2

12,5% кај возилата со низок под од класа I или II, наведено во точка 5.5 од оваа техничка спецификација во однос на внатрешниот дел на патеката меѓу седиштата 2 m на секоја страна на централната линија на втората оска и, по потреба, на третата оска; за вкупна должина од 2 m;

7.7.6.3

12,5% кај возило од класа III и B; и

7.7.6.4

5% кај рамнината нормална на надолжната оска на симетрија на возилото.

7.7.7

Скали (види слика 8 во Прилог III)

7.7.7.1

Најголемата и најмалата висина, со системот за снижување неактивиран и најмалата длабочина на скалите за патници на работните и вратите за итни случаи и во возилата треба да бидат како што следи: Класи Прва скала од подлогата „D“ Останати скали „Е“

IиА најголема висина (mm) најмала длабочина (mm) најголема висина (mm) најмала висина (mm) најмала длабочина (mm)

340

II, III и B

(1)

380(1) (2) (5) 300

250

(*)

(3)

350

(4)

120 200

(*)

230 mm за возилата со капацитет до 22 патника 700 mm кај врата за итен случај 1500 mm кај врата за итен случај во горниот кат на двокатните возилата (2) 430 mm кај возилата со само механичко потпирање (3) 300 mm кај скалите на вратата зад крајната задна оска (4) 250 mm во патеката меѓу седиштата за возила со капацитет до 22 патника (5) За барем една работна врата; 400 mm за останатите работни врати Забелешка: 1. Кај двојните врати скалите од секоја половина на пристапниот премин треба одвоено да се третираат. 2. Димензијата Е на слика 8 во Прилог III не треба да е иста за секоја скала. (1)

7.7.7.1.1

Било кој премин од спуштената патека во седечката област не треба да се смета како скала. Меѓутоа, вертикалното растојание помеѓу тие површината на патеката меѓу седиштата и седечката област не треба да надминува 350 mm.

7.7.7.2

За потребите од точка 7.7.7 висината на скалата треба да се мери во центарот на нејзината ширина. Исто така, производителите треба посебно да го земат предвид пристапот на

стр 25 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ патниците со намалена способност за движење; особено во однос на висината на скалата која треба да се задржи на минимум. 7.7.7.3

Висината на првата скала во однос на подлогата треба да се мери со возилото на ниво на подлогата, со неговата маса во работна состојба како што е определено во точка 2.18 и и со опрема за пневматици и со притисок определен од производителот за најголемата технички дозволена маса на товарање (M) наведена во согласност со точка 2.19.

7.7.7.4

Ако има повеќе од една скала, секоја скала може да навлезе во површината на вертикалното издигање на следната скала за најмногу до 100 mm, а издигањето над нагазната површина што е подолу остава слободен простор од најмалку 200 mm (види слика 8 во Прилог III) со сите метални штитови на рабовите од скалите конструирани така да се намали ризикот од препнување и постанување во контрастна боја односно бои.

7.7.7.5

Ширината и формата на секоја скала треба да бидат такви што, како што е наведено во табелата подолу, може да се постави правоаголник на скалата што опфаќа не повеќе од 5% од површината на соодветниот правоаголник што виси над скалата. Кај двојната врата секоја половина од влезот на вратата треба да го исполнува ова барање. Број на патници

> 22

прва скала (mm) 400 х 300 останати скали (mm) 400 х 200 Сите скали треба да имаат површина отпорна на лизгање Површина

7.7.7.6

≤ 22 400 х 200 400 х 200

7.7.7.7

Најголемиот наклон на скалата во било која насока не треба да надминува 5 % кога неоптовареното возило стои на равна хоризонтална површина во неговите нормални услови за патување (особено не се употребува каков било уред за навалување).

7.7.8

Седишта за патници и простор за патниците кои седат

7.7.8.1

Најмала ширина на седиштето

7.7.8.1.1

Најмалата ширина на седечката перница, димензијата F (слика 9 во Прилог III), мерени од вертикалната рамнина која минува низ центарот на таа седечка положба треба да биде:

7.7.8.1.2

за класа I, II, А, B

200 mm

за класа III

225 mm

Најмалата ширина на расположливиот простор за секоја седечка положба, димензијата G (слика 9 во Прилог III), мерени од вертикалната рамнина која минува низ центарот на таа седечка положба на висини помеѓу 270 и 650 mm над незбиената седечка перница треба да биде не помалку од: кај поединечните седишта:

250 mm

кај непрекинатите редици од седишта за 2 или за повеќе патници:

225 mm

7.7.8.1.3

Кај возилата со ширина 2,35 m или помалку, ширината на расположливиот простор за секоја седечка положба, мерена од вертикалната рамнина која минува низ центарот на седечката положба на висини помеѓу 270 и 650 mm над незбиената седечка перница треба да биде 200 mm (види слика 9а во Прилог III). Во случај на согласност со оваа точка барањата од точка 7.7.8.1.2 не важат.

7.7.8.1.4

Кај возилата со капацитет до 22 патника за седиштата што се наоѓаат веднаш до ѕидот на возилото, расположливиот простор не вклучува во неговиот горен дел триаголна површина 20 mm широка и 100 mm висока (види слика 10 во Прилог III). Покрај тоа, просторот потребен за сигурносните појаси и нивното прицврстување и за штитниците од сонце треба да се сметаат како ослободен.

АМ ЦЕРТ

стр 26 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.7.8.2

Најмала длабочина на седечката перница (димензија К, види слика 11 во Прилог III) Најмалата длабочина на седечката перница треба да биде:

7.7.8.2.1

350 mm кај возилата од класа I, А и B, и

7.7.8.2.2

400 mm кај возилата од класа II и III.

7.7.8.3

Висина на седечката перница (димензија Н, види слика 11 во Прилог III) Висината на незбиена седечка перница релативно во однос на подот треба да биде таква што растојанието од подот до хоризонталната рамнина тангентна на предната горна површина од седечката перница е помеѓу 400 и 500 mm: оваа висина може да се намали до 350 mm кај сводовите од тркалата и во одделот на моторот.

7.7.8.4

Простор меѓу седиштата (види слика 12 во Прилог III)

7.7.8.4.1

Кај седиштата свртени во иста насока, растојанието помеѓу предниот дел на перницата во потпирачот на седиштето и задниот дел од перницата во потпирачот на седиштето на кој претходи (димензија Н) треба, кога се мери хоризонтално и на секоја висина над подот помеѓу нивото на горната површина од седечката перница и точка 620 mm над подот, да не биде помалку од: Н Класа I, А и B

650 mm

Класа II и III

680 mm

7.7.8.4.2

Сите мерки треба да се земат со незбиена седечка перница и парница во потпирачот, во вертикалната рамнина која минува низ централната линија на поединечните седечки места.

7.7.8.4.3

Кај попречните седишта свртени едно на друго најмалото растојание помеѓу предните страни на перниците на потпирачите од свртените седишта како што се мерени преку највисоките точки на седечките перници треба да биде најмалку 1300 mm.

7.7.8.4.4

Мерките треба да се земат со седишта за патници со подвижен потпирач и нагодиво возачко седиште со нивните потпирачи и други нагодувања на седиштата во нормалната положба на употреба одредена од производителот.

7.7.8.4.5

Мерките треба да се земат со каква било маса на склопување вградена во потпирачот од седиштето во склопена положба.

7.7.8.4.6

Седиштата кои се вградени на лента или друг систем кој дозволува на операторот или корисникот лесно да ја менува внатрешната поставеност на возилото треба да се мерат во нормална положба на употреба, определена од производителот во барањето за одобрение.

7.7.8.5

Простор за патниците кои седат (види слика 13 во Прилог III)

7.7.8.5.1

Најмалиот слободен простор пред секое седиште за патник треба да се обезбеди како што е прикажано на слика 13 од Прилог III. Потпирачот од друго претходно седиште или преграда чија контура одговара приближно на таа од наклонетиот потпирач од седиштето може да навлезе во овој простор како што е предвидено во точка 7.7.8.4. Локалната присутност на ногалки од седиштата во овој простор треба исто така, да биде дозволена, овозможувајќи да остане соодветен простор за нозете на патниците. Кај седиштата покрај возачкото седиште во возилото за превоз до 22 патника, треба да се дозволени наметнување на контролната табла, ветробранот, штитникот за сонце, сигурносните појаси и прицврстувачите на сигурносните појаси.

7.7.8.5.2

Меѓутоа, барем две од класа I и II и едно од класа А седишта свртени нанапред или наназад посебно наменети и означени за патници со ограничена подвижност, освен корисниците на

стр 27 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ инвалидски колички треба да се обезбедат во тој дел од автобусот кој е најпогоден за качување. Овие седишта се конструирани за патници со намалена подвижност за да се обезбеди довол��о простор, треба да имаат соодветно изработени и поставени држачи за да се олесни седнувањето и станувањето од седиштето и обезбедуваат комуникација во согласност со точка 7.7.9. 7.7.8.5.2.1 7.7.8.6

Овие седишта треба да обезбедат барем 110% од просторот наведен во точка 7.7.8.5.1. Слободен простор над седечките положби

7.7.8.6.1

Над секоја положба за седење и освен предниот ред на седишта во возилото до 22 патника, нејзиниот простор за нозете при таквата положба се мери со мерење на слободниот простор со висина не помала од 900 mm измерена од највисоката точка на незбиената перница за седење и најмалку 1350 mm од средното ниво на подот во просторот за нозете. . Кај возила за кои важи точка 7.7.1.10 оваа димензија може да се намали на 1200 mm, мерено од подот.

7.7.8.6.2

Овој слободен простор треба се продолжи преку зоната дефинирана:

7.7.8.6.2.1

со надолжните вертикални рамнини 200 mm на двете страни од средната вертикална рамнина на положбата за седење, и

7.7.8.6.2.2

со вертикалната попречна рамнина низ крајната задна горна точка од потпирачот на седиштата и со попречна вертикална рамнина 280 mm пред крајната предна точка од незбиената седечка перница, во секој случај мерено во средината вертикална рамнина на седечката положба.

7.7.8.6.3

На рабовите на слободниот простор определени во точка 7.7.8.6.1 и 7.7.8.6.2 може да се исклучат следните зони:

7.7.8.6.3.1

кај горниот дел на надворешните седишта, зоната со правоаголен напречен пресек 150 mm висина и 100 mm ширина (види слика 14 од Прилог III);

7.7.8.6.3.2

кај горниот дел од надворешните седишта, зоната со триаголен напречен пресек чиј врв е поставен 650 mm од подот и чија основа е 100 mm широка (види слика 15 од Прилог III);

7.7.8.6.3.3

кај просторот за нозете на надворешните седишта, зоната на попречната пресечна област не 2 2 надминува 0,02 m (0,03 м за возило со низок под од класа I) и има најголема ширина до 100 mm (150 mm за возило со низок под од класа I) (види слика 16 во Прилог III);

7.7.8.6.3.4

кај возилата за превоз до 22 патника, во случај на места за седење најблиску до задните агли од каросеријата, надворешниот заден раб на слободниот простор, гледано одозгора може да се заобли со радиус до 150 mm (види слика 17 во Прилог III).

7.7.8.6.4

Во слободниот простор, определен во точките 7.7.8.6.1, 7.7.8.6.2 и 7.7.8.6.3 треба да се дозволени следните дополнителни испакнатини:

7.7.8.6.4.1

издаденост на потпирачот од друго седиште, неговите потпори и неговите приклучоци (на пр. маса на склопување);

7.7.8.6.4.2

кај возилата за превоз до 22 патника издаденоста на сводот на тркалото, ако е исполнет еден од следниве два услови:

7.7.8.6.4.2.1

издаденоста не се протега зад средната вертикална рамнина од седечката положба (види слика 18 во Прилог III), или

7.7.8.6.4.2.2

најблискиот раб од површината со длабочина од 300 mm расположлива за нозете на седнатиот патник е истакнат не повеќе од 200 mm од работ на незбиената седечка перница и не повеќе од 600 mm од предната површина на потпирачката перница на седиштето, овие мерења ќе бидат направени во средната вертикална рамнината на седечката положба (види слика 19 во Прилог III). Во случај на две седишта свртени едно спроти друго оваа одредба треба да се примени само на едно од седиштата, а преостанатиот простор за нозете на патникот што седи мора да биде најмалку 400 mm; АМ ЦЕРТ

стр 28 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.7.8.6.4.3

кај седиштата кои се наоѓаат покрај возачкото седиште во возилото за превоз до 22 патника издаденост на прозорците кај кои ротацијата е околу долниот хоризонтален раб кога е во отворена положба и нивното прицврстување, на контролната табла, ветробранот, штитниците од сонце, сигурносните појаси, прицврстувачите на сигурносните појаси и предниот свод.

7.7.9

Комуникација со возачот

7.7.9.1

На возилата од класа I, II и А треба да се обезбеди средство кои ќе им овозможи на патниците да го известат возачот дека треба да го запре возилото. Контролите за сите такви уреди за комуникација треба да имаат испакнати копчиња и да бидат во контрастна боја или бои, во возилата од класа I и А не повеќе од 1200 mm од подот. Контролите треба да се распоредат соодветно и рамномерно по целото возило. Активирањето на контролите, исто така, треба да биде назначено за патниците со еден или со повеќе светлосни знаци. На знакот се испишани зборовите, на пример: „СОПИРАЊЕ НА АВТОБУСОТ “ или еквивалент и/или соодветен пиктограм и треба да остане да свети додека не се отвори работната(ите) врата(и). Зглобните возила треба да имаат такви знаци во секој крут дел од возилото. Двокатните возила треба да ги имаат на секој.

7.7.9.2

Комуникација со одделот за екипажот. Ако одделот за екипаж е вграден без пристап до возачкиот или патничкиот оддел, треба да се обезбеди средство за комуникација помеѓу возачкиот и патничкиот оддел.

7.7.10

Апарати за топли пијалаци и опрема за готвење

7.7.10.1

Апаратите за топли пијалаци и опремата за готвење треба да се вградени или заштитени така што топлата храна и пијалак не може да се истури на било кој патник при итно сопирање или свртување во кривина.

7.7.10.2

На возилата опремени со апарати за топли пијалаци и опрема за готвење, сите патнички седишта треба да имаат соодветни одредби за поставување на топла храна или пијалак додека возилото е во движење.

7.7.11

Врати во внатрешните оддели Секоја врата за тоалет или друг внатрешен оддел:

7.7.11.1

треба сама да се затвора и да нема вграден било каков уред за да ја држи отворена, а кога е отворена може да им пречи на патниците во итен случај;

7.7.11.2

кога е отворена не треба да ги закрива рачките, уредите за отворање или задолжителните ознаки поврзани со било која работна врата, вратата за итен случај, излезите за итен случај, противпожарните апарати или кутиите за прва помош;

7.7.11.3

треба да се овозможи со средство што и овозможува на вратата да се отвора од надворешна страна на одделот во итен случај;

7.7.11.4

не треба да може да се заклучи од надворешна страна освен ако секогаш е отворена од внатрешната страна.

7.8

ВЕШТАЧКО ОСВЕТЛУВАЊЕ

7.8.1

Внатрешното електрично осветлување треба да биде предвидено за осветлување на:

7.8.1.1

на сите оддели за патници, оддели за екипажот, оддели за тоалет и зглобните делови на зглобните возила;

7.8.1.2

било која скала или скали;

стр 29 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 7.8.1.3

пристапот до секој излез и областа во непосредна близина на работната(ите) врата(и);

7.8.1.4

внатрешните означувања и внатрешните контроли на сите излези;

7.8.1.5

сите места каде што има препреки.

7.8.2

Треба да има најмалку две внатрешни кола за осветлување, така што неисправноста на едното нема влијае на другото. Коло кое опслужува само едно постојано влезно и излезно осветлување може да се смета како едно од овие кола.

7.8.3

Треба да се постават одредби за да го заштитат возачот од влијанијата на блесокот и одбивањата предизвикани од вештачкото внатрешно осветлување.

7.9

ЗГЛОБЕН ДЕЛ ОД ЗГЛОБНИТЕ ВОЗИЛА

7.9.1

Зглобниот дел кој ги поврзува тврдите делови на возила треба да бидат конструиран и изведен така што овозможуваат најмалку едно ротационо движење околу барем една хоризонтална и барем една вертикална ока.

7.9.2

Ако зглобното возило со неговата маса во работна состојба е во состојба на мирување на ниво на хоризонтална површина, помеѓу подот на или крут дел и подот на ротирачката основа или елемент што е замена на таквата основа не треба да постои непокриен процеп со ширина поголема од:

7.9.2.1

10 mm, кога сите тркала од возилото се на иста рамнина, или

7.9.2.2

20 mm кога тркалата на оската која е најблиску до зглобниот дел стојат на површина која е 150 mm повисока од површината на која стојат тркалата од останатите оски.

7.9.3

Разликата во нивото помеѓу подот на крутите делови и подот на ротирачката основа, мерено во зглобот не треба да надминува:

7.9.3.1

20 mm при условите опишани во точка 7.9.2.1, или

7.9.3.2

30 mm при условите опишани во точка 7.9.2.2.

7.9.4

Кај зглобните возила треба да се обезбедуваат средства за физичко спречување на пристап на патници до кој било дел од зглобниот дел каде што:

7.9.4.1

подот има непокриен процеп што не е во согласност со барањата во точката 7.9.2;

7.9.4.2

подот не може да ја носи масата на патниците;

7.9.4.3

поместувањето на ѕидовите претставува опасност за патниците.

7.10

Одржување на правецот кај зглобните возила Кога зглобно возило се движи по права линија средните надолжни рамнини на неговите крути делови треба да се совпаѓаат и да формираат континуирана рамнина без какво било отстапување.

7.11

ОГРАДИ И ДРЖАЧИ

7.11.1

Општи барања

7.11.1.1

Оградите и држачите треба да се со соодветна јакост.

7.11.1.2

Тие треба да се конструирани и вградени така што нема опасност од повреда на патниците.

7.11.1.3

Оградите и држачите треба да бидат дел кој ќе им овозможува на патниците да се фатат за нив лесно и цврсто. Секоја ограда треба да има должина најмалку 100 mm за да се смести раката. Ниедна димензија на пресекот не треба да биде помала од 20 mm или поголема од 45 mm, освен во случај на возило од класа II, III и B во пристапот на премините. Во тие случаи оградите со најмала димензија од 15 mm, се дозволени доколку една друга димензија е

АМ ЦЕРТ

стр 30 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ најмалку 25 mm. Оградите не треба да имаат остри закривувања. 7.11.1.4

Растојанието помеѓу оградата или држачот и соседните делови од надградбата на воз��лото или ѕидовите треба да биде најмалку 40 mm. Меѓутоа, кај оградата на врата или на седиште или во пристапот на преминот од возило од класа II, III и B дозволено е најмало растојание од 35 mm.

7.11.1.5

Површината на секоја ограда, држачи или столб треба да биде контрастно обоен и отпорен на лизгање.

7.11.2

Огради и држачи за патниците кои стојат

7.11.2.1

Оградите и/или држачите треба да бидат во доволен број за секоја точка на површината наменета за подот во согласност со точка 7.2.2 за патниците кои стојат. За таа цел висечките ремени, ако ги има, може да се бројат како држачи, под услов да се држат во нивната положба на соодветен начин. Ова барање ќе се смета за исполнето ако за сите можни места на уредот за испитување покажан на слика 20 во Прилог III, најмалку две огради или држачи може да се достигнат од подвижната рака на уредот. Уредот за испитување може слободно да се врти околу неговата вертикална оска.

7.11.2.2

Кога се применува постапката опишана во точка 7.11.2.1, ќе се земат предвид само таквите огради и држачи кои не се помалку од 800 mm и не повеќе од 1900 mm над подот.

7.11.2.3

За секој простор кој може да го заземе од патник кој стои, најмалку една од двете потребни огради или држачи не треба да е повеќе од 1500 mm над нивото на подот во таа положба. Тоа не важи за површина што се наоѓа веднаш покрај врата каде што вратата или нејзиниот механизам во отворена положба би ја попречило употребата на тој држач.

7.11.2.4

Просторот кој може да се зафати од страна на патниците кои стојат и не се одвоени со седишта од страничните ѕидови или задниот ѕид на возилото треба да бидат опремени со хоризонтални огради паралелни на ѕидовите и поставени на висина меѓу 800 mm и 1500 mm над подот.

7.11.3

Огради и држачи за работните врати

7.11.3.1

Отворите на вратите треба да се вградени со огради и/или држачи на секоја страна. Кај двојните врати ова барање може да се исполни со вградување на еден централен столб или централна ограда.

7.11.3.2

Оградите и/или држачите кои се обезбедуваат за работните врати се такви што вклучуваат точка на фаќање достапна на лицето што стои на подот веднаш до работната врата или на било кои постепени скали. Таквите точки треба да бидат поставени вертикално помеѓу 800 mm и 1100 mm над подлогата или над површината на секоја скала и хоризонтално:

7.11.3.2.1

за положбата која одговара на лице кое стои на подлогата , не повеќе од 400 mm кон внатрешноста од надворешниот раб на првата скала, и

7.11.3.2.2

за положбата која одговара на одредена скала, која не е поставена кон надворешноста од надворешниот раб на таквата скала и не повеќе од 600 mm кон внатрешноста од истиот раб.

7.11.4

Огради за седиштата со приоритет

7.11.4.1

Ограда на висина помеѓу 800 mm и 900 mm над нивото на подот помеѓу седиштата со првенство како што е опишано во точка 7.7.8.5.2 и работните врати соодветни за качување и слегување. Се дозволува прекин на оградата каде што е потребно за да се добие пристап до просторот за инвалидски колички, седиштето што се наоѓа над сводот на тркалото, скалите, пристапниот премин или патеката меѓу седиштата. Секој прекин во оградата не треба да надмине 1050 mm и барем на едната страна на прекинот треба да се овозможи во вертикална ограда.

7.12

ЗАШТИТА ОД ВЛЕЗНИТЕ СКАЛИ

стр 31 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Каде што седнат патник е веројатно да биде зафрлен напред во влезната скала како резултат на нагло сопирање, се вградува заштитник. Заштитникот треба да има најмала висина 800 mm од подот на кој стои патничкото стапало и треба да се протега кон внатрешноста од ѕидот на возилото најмалку до 100 mm зад надолжната централна линија на секоја седечка положба ако постои ризик за патникот или за лицето што се подига од најоддалечената внатрешна скала; зависно која димензија е помала. 7.13

НОСАЧИ ЗА БАГАЖ И ЗАШТИТА НА ПАТНИЦИТЕ Присутните лица во возилото треба да се заштитени од предметите кои се подложни да паднат при кочење или свртување во кривина. Ако се вградени оддели за багаж, тие мора да се конструирани на начин на кој се спречува багажот да падне при ненадејно сопирање.

7.14

ВРАТИ НА ПОДОТ, ДОКОЛКУ СЕ ВГРАДЕНИ Секоја врата на подот која не е отвор за спасување на подот на возилото, треба да е поставена и осигурена така што не може да се помести или отвори без употреба на алати или клучеви и и ниеден уред за подигнување или обезбедување не е повеќе од 8 mm над нивото на подот. Испакнатите рабови треба да се заоблени.

7.15

ВИЗУЕЛНА ЗАБАВА Формите на визуелна забава за патниците, на пример телевизори или видео опрема треба да се постават надвор од видното поле на возачот, кога тој седи во вообичаената положба за возење. Ова не исклучува телевизор или сличен уред употребен како дел од возачките контроли или насочувањето на возилото, на пример за набљудување на работните врати.

АМ ЦЕРТ

стр 32 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ 2. СКИЦИ ЗА ПОЈАСНУВАЊЕ Слика 1 - Пристап до работните врати (види точка 7.7.1 во Прилог I)

алтернативи Класи I, II и III: А = 1100 mm Класи А и B: А = 950 mm Број на патници

≤ 22(1)

Класа

А

B

I

II

III

Димензија А (mm)

950

700

1100

950

850

Вкупна висина на двојната плоча (mm)

1650

1400

1800

1650

1550

> 22

(1)

Види ја соодветната фуснота во точка 7.7.1.2 од Прилог I.

(1)

Види ја соодветната фуснота во точка 7.7.1.2 од Прилог I.

стр 33 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 2 - Пристап до работните врати (види точка 7.7.1.4 во Прилог I)

Слика 3 - Одредување на непречен пристап до вратата (види точка 7.7.1.9.1 во Прилог I)

АМ ЦЕРТ

стр 34 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 4 - Одредување на непречен пристап до вратата (види точка 7.7.1.9.2 во Прилог I)

Слика 5 - Пристап до вратите за итен случај (види точка 7.7.2 во Прилог I)

стр 35 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 6 - Патеки меѓу седиштата (види точка 7.7.5 во Прилог I)

Класи

Димензии (mm)

(1)

А

B

I

II

III

А

350

300

450

350

300

С

550

450

550

(1)

B

500

Н

1900

(1)

550 (1)

300

500

1500

1900

(1)

500

450 (1)

1900

(1)

500

(1)

1900

(1)

Види ја соодветната фуснота во точка 7.7.5.1.

АМ ЦЕРТ

стр 36 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 7 - Ограничување на патеката меѓу седиштата од напред (види точка 7.7.5.1.1.1 во Прилог I)

стр 37 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 8 - Скали за патници (види точка 7.7.7 во Прилог I)

Висина над нивото на патот, неоптоварено возило Класи Прва скала од подлогата „D“

Останати „Е“

скали

IиА

II, III и B

најголема висина (mm)

340(1)

380(1) (2) (5)

најголема (mm)

300

длабочина

(*)

најголема висина (mm)

250(3)

најмала висина (mm)

120

најмала длабочина (mm)

200

350(4)

(*)

230 mm за возила со капацитет за превоз до 22 патника. 700 mm кај врата за итен случај. 1500 mm кај врата за итен случај на горниот кат кај двокатните возила. (2) 430 mm кај возилата само со механичко потпирање. (3) 300 mm кај скалите на врата зад крајната задна оска. (4) 250 mm во патеките меѓу седиштата за возилата со капацитет до 22 патника (5) За најмалку една работна врата; 400 mm кај останатите работни врати (1)

Забелешка: 1. Кај дуплите влезни врати скалите во секоја половина од пристапот на преминот се третираат посебно. 2. Е не мора да биде исто за секоја скала.

АМ ЦЕРТ

стр 38 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 9 - Димензии на патничките седишта (види точка 7.7.8.1 во Прилог I)

G (mm) min F (mm) min 200

(*)

Седечки клупи

Поединечни седишта

225

250

(*)

225 за класа III

стр 39 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 9а - Димензии на патничките седишта (види точка 7.7.8.1.3 во Прилог I)

G (mm) min F (mm) min

Седечки клупи

Поединечни седишта

200

200

200

Слика 10 - Дозволено навлегување во висина на рамената Попречен пресек на најмалиот расположив простор на висина на рамената за седиште веднаш до ѕидот на возилото (види точка 7.7.8.1.4 во Прилог I)

G = 225 mm ако е седечка клупа G = 250 mm ако е поединечно седиште G = 200 mm за возила со ширина помала од 2,35 m

АМ ЦЕРТ

стр 40 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ

Слика 11 - Длабочина и висина на седечката перница (види точки 7.7.8.2 и 7.7.8.3 во Прилог I)

Н = 400/500 mm (*) (**) К = 350 mm min

Слика 12 - Растојание меѓу седиштата (види точка 7.7.8.4 во Прилог I)

Класи I, А и B Класа II и класа III

(*) (**)

Н 650 mm 680 mm

350 mm на сводовите на тркалата и одделот за моторот. 400 mm во возилата од класи II и III.

стр 41 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 13 - Простор за седнатите патници (види точка 7.7.8.5 во Прилог I)

Слика 14 - Дозволено навлегување во просторот над седиштето Попречниот пресек на најмалиот слободен простор над местото за седење веднаш до ѕидот на возилото (види точка 7.7.8.6.3.1 во Прилог I)

АМ ЦЕРТ

стр 42 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 15 - Дозволено навлегување над седечката положба (види точка 7.7.8.6.3.2 во Прилог I)

Слика 16 - Дозволено навлегување во долниот дел од патничкиот простор (види точка 7.7.8.6.3.3 во Прилог I)

_____ (*) 150 mm кај возилата со низок под од класа I (**) 0,03 m2 кај возилата со низок под од класа I

стр 43 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 17 - Дозволено навлегување на седиштата во задниот агол Поглед на пропишаната област на седиштето (две странични седишта назад) (види точка 7.7.8.6.3.4 во Прилог I)

Слика 18 - Дозволено навлегување на сводот на тркалото кое не се простира зад вертикалната централна линија на страничното седиште (види точка 7.7.8.6.4.2.1 во Прилог I)

АМ ЦЕРТ

стр 44 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 19 - Дозволено навлегување на сводот на тркалото кое не се простира зад вертикалната централна линија на страничното седиште (види точка 7.7.8.6.4.2.2 во Прилог I)

Слика 20 - Уред за испитување за поставеноста на држачите за држење со рака (види точ��а 7.11.2.1 во Прилог I)

стр 45 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 21 - Препорака за инвалидска количка (види точка 3.6.4 во Прилог VII)

1 Вкупна должина, l: 1200 mm 2 Вкупна ширина, b: 700 mm 3 Вкупна висина, h: 1090 mm Забелешка: Корисникот на инвалидска количка кој седи во инвалидската количка ја зголемува вкупната должина за 50 mm и прави висина од 1350 mm над подлогата.

Слика 22 - Најмал слободен простор за корисникот на инвалидската количка на просторот за инвалидски колички (види точка 3.6.1 во Прилог VII)

АМ ЦЕРТ

стр 46 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Слика 23 - Пиктограм за корисници на инвалидска количка (23-а) (види точка 3.4 во Прилог VII)

Пиктограм за патници со ограничена подвижност кои не се корисници на инвалидски колички (23b)

стр 47 од 49

АМ ЦЕРТ


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ

3. ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ВОЗИЛАТА СО КАПАЦИТЕТ ЗА ПРЕВОЗ ДО 22 ПАТНИКА 3.1

Најмали димензии за излезите Неколкуте вида излези треба да ги имаат следните минимални димензии:

Отвор

Димензии

Забелешки

Работна врата

Висина на влезот класа: А: 1650 mm B: 1500 mm

Висината на влезот на работната врата треба да се мери како вертикално растојание измерено на вертикална рамнина на хоризонталните проекции од средната точка на отворот на вратата и горната површина на долната скала.

Висина на отворот

Ширина Единична врата: 650 mm Двојна врата: 1200 mm

Врата за итен случај

Висина: Ширина:

1250 mm 550 mm

Вертикалната висина на отворот на работната врата треба да е таква што ќе дозволува слободен премин на двојната плоча според точка 7.7.1.1 од Прилог I. Горните агли може да се намалат со заоблување со радиус не поголем од 150 mm. За возилата од класа B каде што висината на отворот на работната врата е помеѓу 1400 mm и 1500 mm треба да се примени најмала ширина на отворот на единична врата од 750 mm. За сите возила ширината на секоја работна врата може да се намали за 100 mm, ако мерењето се извршат на ниво на држачите, а за 250 mm во случаите каде што тоа го бара издаденоста на сводовите од тркалата или механизмот за активирање за автоматските или за вратите со далечинска или косината на ветробранот. Ширината може да се намали на 300 mm во случаи каде тоа го бара издаденоста на сводовите од тркалата, под услов да се почитува ширината од 550 mm при минимална висина од 400 mm над најнискиот дел од отворот на вратата. Горните агли може да се намалат со заоблување со радиус не поголем од 150 mm.

Прозорец итен случај

за

3.1.1

Возило за кое се применува точка 7.7.1.9 од Прилог I треба да ги исполни барањата од точка 7.6.3.1 од Прилог I или точка 1.1 од овој прилог по однос на прозорците за итен случај и отворите за спасување и следниве минимални барања во врска со работните врати и вратите за итни случаи:

Површина на отворот: 4000 сm2

Се дозволува толеранција од 5 % во однос на површината за одобрување издадени за една година по стапувањето на сила на оваа техничка спецификација. Треба да биде можно во оваа површина да се впише правоаголник 500 mm х 700 mm.

АМ ЦЕРТ

стр 48 од 49


ГРАДБА НА МИНИБУСИТЕ Отвор

Димензии

Забелешки

Работна врата

Висина на 1100 mm

отворот:

Ширина: Единична врата: 650 mm Двојна врата: 1200 mm Врата за итен случај

Висина:

1100 mm

Ширина

550 mm

Оваа димензија може да се намали со радиус на аглите на отворот не поголем од 150 mm. Оваа димензија може да се намали со радиус на аглите на отворот не поголем од 150 mm. Ширината може да се намали за 100 mm ако мерењето е направено на ниво на држачите и за 250 mm во случаите во кои тоа го бара издаденоста на сводовите од тркалата или механизмот за активирање на автоматските врати или вратите со далечинска контрола или косината на ветробранот. Ширината може да се намали на 300 mm во случаите во кои тоа го бара издаденоста на сводовите од тркалата, под услов да се почитува ширината од 550 mm при најмала висина од 400 mm над најнискиот дел од отворот на вратата. Горните агли може да се намалат со заоблување со радиус не поголем од 150 mm.

3.2

Поставеност на излезите

3.2.1

Работната(ите) врата(и) треба да се постави(ат) на страната на возилото што е поблиску до страната на патот што се совпаѓа со насоката на сообраќајот во земјата во којашто ќе се регистрира возилото или на задната страна на возилото.

3.2.2

Излезите треба да се постават на таков начин што ќе постои најмалку еден излез на секоја страна на возилото.

3.2.3

Предната и задната половина од просторот за патници мора да содржат најмалку еден излез.

3.2.4

Најмалку еден излез се поставува на задната страна или на предната страна на возилото, освен ако е вграден отвор за спасување.

4. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ Клиентите кои се занимаваат со конверзии на товарни возила во патнички – минибуси можат целосниот текст на техничката спецификација ТСВ-152 да го симнат од сајтот на Министерсрвото за економија: http://economy.gov.mk/regulativa/tehnicki_specifikacii/3047.html или да го побараат во електронска или печатена форма кај Инспекциското тело АМ ЦЕРТ. Препорачуваме пред почеток на преправката да се консултирате со нашите стручни лица. Преправените возилата заедно со Белешката за измерената маса и Упатницата од МВР можат да бидат прегледани заради одобрување секој работен ден во просториите на АМ ЦЕРТ во Комплексот Стара Стакларница, на ул. Првомајска, бб во Скопје. За сите информации побарајте нé на телефонот (02) 2465 010 или 071 629 304. Со почит

стр 49 од 49

АМ ЦЕРТ


Upatstvo za izrabotka na minibusi