Page 1

Бр.03-41/2 20.02.2018

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ОГЛАС Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион објавува оглас за ангажирање на проектен менаџер за потребите на Проектот: РУРАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО - СМАРТ РУРАЛ, кофинансиран од Програмата БАЛКАН МЕДИТЕРАНИАН 2014-2020 и земјите учеснички

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани да бидат вклучени во активностите на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно со постапката за избор на проектен менаџер. Носител на проектот: Регионална Агенција за Развој на Западна Македонија АНКО – Кожани (ГР) Партнери на проектот : Центар за развој на Пелагониски плански регион Регионална Агенција за Развој на Западна Македонија АНКО – Кожани (ГР) Регионална Унија на Општини во Централна Македонија (ГР) Универзитет Аристотел – Солун (ГР) Бугарски економски форум – Софија (БГ) Локална агенција за економски развој – Разлог (БГ) Агенција за развој на Ларнака и Фамагуста областите (Кипар) Општина Дропул (Албанија)

Главна цел на проектот: Воспоставување на транснационална соработка за поттикнување на претприемништвото во руралните средини во земјите кои ја покрива програмата БАЛКАН МЕД


Кофинансиран од : Програмата БАЛКАН МЕДИТЕРАНИАН 2014-2020 и земјите учеснички Времетрање на проектот : 24 месеци За потребите на горенаведениот проект менаџер ќе треба да спроведе: -

Имплементација на активностите предвидени во проектната апликација Финансиски менаџмент Подготовка на месечни и финални извештаи за реализација на проектот Развивање на работни материјали за презентирање на инфо ден на македонски и англиски јазик, Координација со проектните партнери на проектот Координација и комуникација со засегнати страни Промоција на проектните цели и активности Идентификување на говорници, гости и учесници за инфо ден Промоција на проектот преку учество на конференција и развивање на презентации за проектните активности Изработка на месечни билтени за реализирани активности во согланост со поставените временски рамки, на македонски и англиски јазик; Подготовка на финансиски извештаи за реализацијата на проектот Придонесување во организирање на семинари и работилници и генерално активности кои служат во олеснување на трансферот на знаење во рамките на проектот

Потребни квалификации: - Високо образование - Познавање на англиски јазик - Доказ за ангажман за претходно искуство во имплементација на ЕУ финансирани проекти - Искуство и познавање на донаторски процедури - Познавање на ЕУ Праг процедурите - Познавање на процедурите на прво ниво на контрола (First Level Control) во проектното работење со ЕУ - Искуство со имплементација во спроведување на проекти од програма за прекугранична соработка - Искуство во реализација на проекти од областа на рурален развој - Познавање на втор странски јазик се смета за предност Временска рамка за реализација на ангажманот: Временска рамка на спроведување на активностите е 24 месеци за време на спроведувањето на проектните активности Локација:


Активностите ќе се спроведуваат во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Заинтересираните кандидати треба да достават:  ПРИЈАВА- во слободен формат  Кратка биографија на македонски или англиски јазик во европски формат (europass);  Мотивационо писмо  Доказ за завршено високо образование  Доказ за познавање на англиски јазик  Сертификати  Листа на проекти (референци за реализирани проекти) Кандидатите ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, врз основа на претходно воспоставени критериуми во Табела за евалуација. Апликациите треба да бидат доставени по електронски пат на e-пошта: info@pelagonijaregion.mk

Краен рок за пријавување е 5 дена од денот на објавување на огласот

Оглас БАЛКАН МЕД  

Оглас Балкан МЕД

Оглас БАЛКАН МЕД  

Оглас Балкан МЕД

Advertisement