Волшебната комета

Page 1




Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

www.sitesmeednakvi.org.mk


Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30


-

31


32


33


34


35


Почитувани наставници и ученици,

Сликовницата „Волшебната комета“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Почитување и различност во мултиетничко општество.

36


МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА СЛИКОВНИЦАТА „ВОЛШЕБНАТА КОМЕТА“ Тема: Почитување и различност во мултиетничко општество. Цели: - Да се почитуваат луѓето такви какви што се (деца со хендикеп). Тие не смеат да бидат отфрлени од оштеството - Децата да разберат дека сите сме еднакви без разлика како изгледаме, како се облекуваме, како зборуваме (затоа и имињата на децата се од повеќе етникуми, Дарко, Сенад, Алмир, Филип, Сибел) - Не прави нешто што не сакаш да ти го прават тебе - Да научат дека во заедницата во која што живеат, не треба да се навредуваат деца од друга етничка, верска и социјална припадност - Да научат дека слогата е најважна од сè Одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Запознавање на околината* Општа цел: да воочува разлики и I Македонски јазик сличности меѓу себе и другите Јас и другите /Им помагам на (прво одд.) *(меѓупредметна и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна помалите од мене; Попуштам за да интеграција) интеграција нема кавга Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен дел Македонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Активности ЗО: изразувањее на чувства преку експресии (пантомима), драматизации, симулации, драматизации, игри на улоги, социјални игри (за толеранција, игри за доверба). Разговара со другарите, наоѓа сличности и разлики (надворешен изглед, желби, омилена играчка, приказна и сл.) Завршен дел: техника Сложувалка.3 Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра:

Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да истрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња. 2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата. Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Проверете дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот. Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери. Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настаните што се поврзани со темата. 3Групна активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по

хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја

значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

37


Oдделение

Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Запознавање на околината* Општа цел: да препознава сличности и разлики Јас со другите/ Ние сме слични и различни; II Македонски јазик меѓу луѓето; Мојот дом/Празници во семејството; (второ одд.) *(меѓупредметна Моето место/Моето место на живеење и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна некогаш и сега интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик Техника Квадранти. (Прилог 1). Активности ЗО: Учениците меѓу себе се прашуваат и добиваат информации за тоа кој што сака, што умее и што знае. Потоа идентификуваат дека по нешто се слични, a пo нешто различни. Играње улоги за прославите и празниците во семејството. Читање приказни и легенди, слушање народни песни и ора (од својата и другите етнички заедници). Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: да се поттикнува да ги почитува разликите (пол, етничка припадност, социјално потекло, надворешен изглед) Јас со другите и другите со мене/ Разлики и сличности меѓу нас; Почитување Напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Запознавање на околината* III Македонски јазик (трето одд.) *(меѓупредметна и содржинска интеграција) Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“. 5 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на Активности сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2). ЗО: работилница „Воочувам сличности и разлики“. Учениците се делат во две групи. Ќе работат на две задачи преку техниката Околу масата6. На два постери се запишува: „Се разликуваме според:” и „Слични сме затоа што:“ Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици Чекор 2 - учениците ги редат лентите по редослед Чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа. 6Во

зависност од бројот на учениците во одделението се формираат групи од 4-5 ученици. Ако се формираат четири групи ќе работат (ротираат) две по две на задачите од постерите. Колку членови брои групата, толку различни боички се ставаат на масата. Секој ученик си одбира боја и на постерот 1 или 2 треба да запише сличност или разлика. Откако сите ученици ќе напишат, преминуваат во другата група и продолжуваат да даваат придонес на претходните идеи од претходната група, така што листата се проширува со нови идеи. Што значи, ако работеле на постер 1 сега ќе работат на постер 2. Откако ќе бидат готови, постерите се ставаат на табла и по еден преставник од групите ги споделува идеите со наставникот и целото одделение.

38


Одделение

Наставен предмет

Општество* Македонски јазик IV (четврто одд.) *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Наставни цели Општа цел: - да ги осознаат и почитуваат културните и верските различности на луѓето во пошироката околина (општината) - да познава примери од македонската културна традиција, како и од традициите и културата на другите заедници во Република Македонија - да се поттикнат учениците да ги негуваат традициите и симболите на локалната заедница - учениците да развијат чувство на одговорност кон себе и другите и да ги прифаќаат и почитуваат различностите меѓу луѓето.

Наставна тема/содржина

Општина/Културниот живот во општината; Симболи на локалната заедница; Демократски живот во општината

Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на Активности сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли . Општество: илустрација на симболи, ИКТ –истражување и Power Point на тема Културата и културни обележја и поимите демократија, слобода, толеранција. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4). Одделение

V (петто одд.)

Активности

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Општество* - да се запознае со основните човекови права Македонски јазик Личноста во групата и во општеството/ - да се запознае со правата на децата. *(меѓупредметна Правата на децата како човекови права и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.7 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли. Општество: техниката Грозд. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

7

Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки“ се запишува насловот, авторот - Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина - На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/даваат свое мислење за цитатот (порака на авторот)

39


ПРИЛОЗИ Прилог 1. Квадранти

Цртеж

Чувства

Звуци

Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

Нов збор

Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица

Илустрација на зборот

40


Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Волшебната комета“

Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Каде се одвива приказната?

Главен лик во приказната:

Што важно научив од приказната?

Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ Знам (Што мислам дека знам?)

Сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

41


Издавач: OXO Илинденска 43/10 Скопје тел: 02 3222303 www.oxo.org.mk e-mail: oxo@oxo.org.mk За издавачот: Пеце Талески Автор на текст: Николина Андова Шопова Илустрации: Катерина Николовска Лектура: Билјана Петревска Малинова

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-93-34(084.11) 316.62(084.11)

Автор на методолошки дел: Снежана Мирасчиева Рецензент: Весна Хорватовиќ Уредник: Ана Дескова Техничка подготовка: Катерина Николовска

АНДОВА Шопова, Николина Волшебната комета / автор Николина Андова Шопова ; илустрација Катерина Николовска ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 41 стр. : илустр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви" ISBN 978-608-4645-30-6 1. Мирасчиева, Снежана [автор]. - I. Шопова, Николина Андова види Андова Шопова, Николина а) Општествена култура - Сликовници COBISS.MK-ID 96417290

Поддржано од:

Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014


Други сликовници од проектот:

„Бендот на Петко” Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо

„Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо

„волшебната комета” Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска

„Голманот риско” Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ

„приказната за ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиева Илустрација: Моника Каретеро



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.