Иновации учебник

Page 96

услуга. Едноставно овој елемент, односно чекор треба да ги поттикне да го направат првиот чекор кон купување. Повик за акција (Action) - И на крајот повикајте ги купувачите да преземат акција за да го купат вашиот производ или услуга (нарачка преку телефон, контакт преку е-пошта, кликнување на копче за купување…)

5.2 Пакување на производ Пакувањето на производот претставува одлична можност за привлекување на купувачите и истакнување на предностите кои тој производ ги нуди. Кога станува збор за пакувањето потребно е да се размисли за следниве работи: Пакувањето треба да е во согласност со целниот пазар. Што е она што целниот пазар навикнал како пакување? Како го користи производот целниот пазар? Зошто служи пакувањето за целниот пазар? Тоа се прашањата на кои ќе треба да се размисли и даде одговор. Пакувањето исто така треба да биде привлечно, односно воочливо во окото на купувачот, особено доколку станува збор за производ кој се избира од полици со поголем број на други производи. Естетиката на изгледот, боите кои се користат ,како и материјалот од кој е изработено пакувањето треба да го презентира имиџот на компанијата, но и квалитетот. Пакувањето треба да обезбеди исто така и лесно да се отвора и затвора производот, но и да обезбеди безбеден транспорт и пренесување до крајниот купувач без притоа да се оштети производот во пакувањето. Дизајнирајте пакување за производот кој го развивате како тим во текот на проучувањето на овој предметт.

Дизајнирајте пакување за житарки кое ги исполнува спецификациите на дизајн и го промовира производот 88


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.