Page 1


Страна 2

Пехчево е град кој нема да ве остави рамнодушен, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите го сто пр им л ив и жи те л и, градот кој ја има зачувано културата, традицијата и природната убавина. Спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им одолее.

Во Општина Пехчево во изминататите години се направија огромни промени на целокупната слика на општината, и затоа сме општина која може да се пофали дека станува лидер во регионот со реализација на проекти, успешно раководење но и одговорност и посветеност на граѓаните. Но пред нас овде во Општина Пехчево, во времето што доаѓа претсојат уште ангажирања, нови планови и проекти, Уште многу потреби и барања од граѓаните треба да бидат преточени во практика независно од пречките и тешкотиите, подготвени сме да истраеме на тој пат и на предизвиците на времето. Да се соочиме се со единствена цел, да го подобриме животниот стандард и кај граѓаните да се врати довербата дека општината постои за нив и за разрешување на нивните потреби. Со почит,

Градоначалник на Општина Пехчево Д-р Јованчо Станоевски


Страна 3

Извршено е изградба на улицата ,, Буковик ,, во Општина Пехчево. Сретствата се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево, во вредност од 1.200 000 денари. Проектот е завршен во ноември 2011 година.


Страна 4

Извршена е реконструкција на три помошни мостови на реката Писа, кои се од големо значање на граѓаните на овој дел од градот. Со сретства од буџетот на Општина Пехчево, во вредност од 150 000 денари.


Страна 5

Општина Пехчево во соработка со Агенцијата за млади и спорт работи на целосна реконструкција на игралиштето во склоп на ООУ. ,, Ванчо Китанов ,, - Пехчево. Со овој проект игралиштето ќе добие целосно нов изглед, со целосно уредување на просторот. Проектот е во тек, и е во вредност од 3.500 000 денари.


Страна 6

Извршено е асфалтирање на локалниот пат Пехчево - Равна Река.Во должина од 13 километри, при што 5 км е нов асфалт, а на 8 км е извршена реконструкција. Комплетната инвестиција изнесува 250 илјади евра обезбедени од владата на Република Македонија. Овој пат е дел од проектите за регионални и локални патишта. Проектот е завршен во јуни 2011 година.


Страна 7

Во рамките на овој зафат изграден е цевковод од 13 км, со разновидни цевководи до селата Робово, Чифлик, Умлена и Негрево, соодветни таложници, прочистителни станици во населбите. За изградба на овој капитален комунален објект се инвестирани од 46.000 000 денари и изградени се потстаници до сите населени места и во општината. Со тоа трајно е решено водоснабдувањето на Пехчево и селските населби за најмалку 50 години. Проектот е завршен во јуни 2011 година.


Страна 8

По иницијатива на граѓаните од овој дел ос селото извршено е пробивање на пристапен пат. Со ова пробивање ќе се намалат проблемите во овој дел од селото со кои се соочуваат граѓаните и ќе се создадат услови во иднина и оваа маало да добие асфалтен пат. Проектот е завршен во април 2011 година, средствата се од буџетот на Општина Пехчево во овредност од 1.500 000 денари.


Страна 9

Проектот реализиран согласно програмата за финансиска подршка на рурален развој. Поплочување со бехатон плочки во должина од 760 метри. Со вредност од 3.500.000 денари. Проектот е завршен во јуни 2010 година.


Страна 10

Во вредност од 900 000 денари, обезбедени од буџетот на Општина Пехчево се изврши изградба на улицата Бел камен со Макадам плочи. Над 200 жители ќе ги користат благодетите од овој зафат.Проектот е завршен во октомври 2011 година.


Страна 11

До улиците Мирче Ацев и Илинденска извршено е изградба на пешачка патека со макадам, во вредност од околу 900 000 денари, средстава обезбедени од буџетот на Општина Пехчево. Проектот е завршен во октомври 2011 година.


Страна 12

Извршено е изградба на пешацка патека со макадам која ги поврзува улиците 29 Ноември и Вељко Влаховиќ . Околу 900 000 денари изнесува вредноста на изградбата на пешачката патека, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево. Проектот е завршен во ноември 2011 година.


Страна 13

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Пехчево, извршена е изградба на два моста од дрвена конструкција на реката во село Црник, кои се од големо значење на жителите од овој дел од селото.


Страна 14

Отворена е подрачна канцеларии која е во склоп на Центарот за социјални работи. Граѓаните можат секој ден да ги остварат услугите поврзани околу социјалната заштита на населението од Општината.


Страна 15

Агенцијата за катастер на недвижности Скопје во склоп на Одделението за катастер на недвижности во Берово, отвори Канцеларија за катастер на недвижности во Пехчево


Страна 16

Отворена е канцеларија во Пехчево која е во склоп на Фондот за здравство Берово, каде граѓаните можат да ги остваруваат своите услуги и истата работи секој ден


Страна 17

Општина Пехчево во поглед на подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани, денеска отвори канцеларија на Агенцијата за врботување на Репблика Македонија.


Страна 18

На почетокот на 2008 година по многу барања од страна на општината до МВР отворена е канцеларија за издавање на лични карти и пасоши.


Страна 19

Отворен е шалтер на Управата за јавни приходи со цел да се подобри достапноста на услугите на даночните обврзници граѓаните и нивните бизниси но и да се намали потребното време и трошоци за поднесување на даночните пријави и издавање на потребните документи од УЈП.


Страна 20

Детската градинка во Црник работи во склоп на детската градинка ,, 7 Септември ,, Пехчево ,, и во неа можат да престојуваат над 50 деца. Финансиран е Општина Пехчево и од ромскиот едукативен фонд од Будимпешта. Вредноста на проектот изнесува околу 8.000 илјади евра


Страна 21

Ова реновирање опфати целосна реконструкција на фасадата, целосна замена на подовите, променета е и старата дрвена столарија со нова алуминска столарија и изградба на ветробрани на двата влеза од училиштето. Проектот е финансиран од УСАИД во вредност од 1.400 000 денари.


Страна 22

Успешно е завршен проектот за вградување на централно парно греење со набавка на парен котел во подрачното училиште во селото Црник


Страна 23

Отворена е народна кујна во с.Црник која оброк ќе земаат 100 социјално најзагрозените семејства. Селекцијата е направена по претходни контроли во семејствата.


Страна 24

Под покровителство на Општина Пехчево се организира културна манифестација Фестивал на дувачки оркестри.Со организирање на оваа манифестација се подигна културниот живот во општината.На фестивалот настапуваат дувачки оркести, естрадни уметници од поп и фолк музиката и дувачки оркестар и мажоретен состав од Р.Бугарија.


Страна 25


Страна 26

Во организација на Општина Пехчево, заедно со културниот дом ,, Јане Сандански ,, - Пехчево, а во соработка со Министерството за култура,традиционално секоја година се организира Пехчевско културно лето.


Страна 27

По повот верскиот празник Павловден, празник на градот Пехчево,кој со векови се слави масовно под покровителство на Општина Пехчево се организира традиционално саем на традиционални производи


Страна 28

За подобрување на комуналните услуги кон граѓаните Општина Пехчево доби под-заем преку Проектот МЦИП на Светска банка и Министерство за финансии. Проктот е релизиран во јуни 2011 година, и изнесува 4.900 000 денари.


Страна 29


Страна 30

Општина Пехчево доби училишен автобус, донација на НР Кина.


Страна 31

Донација на два камиони за Општина Пехчево за подобрување на услугите кон граѓаните за комуналната хигиена во општината,и еден скипер за одржување на уличното осветлување. Ками-оните се за потребите за побрза и поефикасна работа на јавните претпријатија од општината ,,Комуналец,, и ,,Равен,,.


Страна 32

Набавени се 1200 канти и 100 контејнери. Проектот е финансиран од Општина Пехчево во соработка со Влада на Република Македонија во вредност од 360 000 денари.


Страна 33

Уредување на пешачки патеки до водопади на реката Брегалница и Црни дол и изградба на летниковци.


Страна 34

Проширување на генерален урбанистички план за индустриски зони - Изработка на проширување и измени на ГУП за зони изменети за мало стопанство и угости-телско туристички објек -ти.


Страна 35

Изградба на фекална канализација с.Чифлик (1 фаза) со подршка од Бирото за рамномерен развој. Во износ од 5.800 000 денари.

Проект за Примена на напредни информатички методи во зачувување на животната средина—Преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Бугарија. Проектот е во износ од 99.500 евра, во партнерство со општина Симитли.


Страна 36

Проект Форуми во заедницата учество на граѓаните во одредување на приоритети и нивна реализација. Донатор –SDS имплементатор - АЛКА - Скопје. Проектниот фонд е 4.800 000 денари, од кои 50% е сопствено учество на Општина Пехчево.

Изградба на 8 пешачки патеки и една улица во Општина Пехчево. Средствата се обезбедени од буџетот на општината во вредност од 3.774 435 денари.

Регионален едукативен ЕКО центар ( реконструкција и надградба на караула Ченгино Кале )


Страна 37

Уредување на локацијата Езерце со рекреативни содржини и туристичка инфраструктура

Реконструкција на градски плоштад во Пехчево

Изградба на капацитетите за претприемништво кај Ромите и зголемување на можностите за самовработување.


Подршка на здружението на пензионери Награда за најукрасено велигденско јајце Награда за водици Промоција на општината на разни саеми во Р.Македонија Подршка на фестивалот за детски песни ,, Распеано Малешевче ,, 6. Меѓугранична соработка 7. Организирање на новогодишна програма и огномет

1. 2. 3. 4. 5.

Otcet Opshtina Pehcevo  

Otcet Opshtina Pehcevo

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you