Посветено за граѓаните на Карпош 2013-2017

Page 167

СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И ИНФОРМАЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ Одделение за односи со јавноста

Месечен општински весник „Карпош Урбан“ Комуникацијата со граѓаните на Карпош ја остваруваме и преку бесплатниот месечен општински весник, кој е многу повеќе од обичен информативен билтен. Со редовната дистрибуција до 20.000 семејства, обезбедува информираност на сите возрасни категории. Досега се објавени 60 броја, од кои од 2013 до сега 27.

Општина Карпош на Јутјуб youtube.com/OpstinaKarpos Јутјуб е една од најпосетуваните социјални мрежи, која ни дава можност за видеопрезентации на севкупните настани и активности. Од 2013 година до сега се објавени повеќе од 600 видеа за активностите на локалната самоуправа и има повеќе од три милиони прегледи.

ТВ-емисија „Карпош визија“ Двонеделна емисија во сопствена продукција, веќе брендирана на медиумскиот пазар. Се емитува преку повеќе македонски телевизии.

Редовна комуникација и соработка со медиумите Со цел да ги информираме граѓаните и јавноста за сите релевантни теми, остваруваме редовна комуникација со новинарите и медиумите, кои се значаен канал за пренесување на пораките и информациите. Во таа насока редовно се организираат конференции за медиуми, се праќаат секојдневно соопштенија за јавност за активности и проекти на Општината, но и се одговара на сите нивни прашања. Периодично обезбедуваме платен рекламен простор на медиумскиот пазар: во печатени и во електронски медиуми, во радиоемисии и во телевизискиот етер. Најчесто тие се поврзани со поголеми општински активности или проекти, како на пример: Карпошово културно лето, саемската манифестација „Ем умеам, ем можам“, Европско клупско првенство во шах, турнирот „Карпош опен“, како и двонеделната документарноинформативна емисија „Карпош визија“, која оди и на национални и на локални телевизии.

www.karpos.gov.mk

313


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.