Карпош Урбан бр.13

Page 32

СПОРТ ТУРНИРОТ ВО КОШАРКА ГОРДОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ – СРАМ ЗА ГРАДОТ Првиот турнир во кошарка за средношколците од Општина Карпош предизвика големо ин­те­ре­си­ра­ње во јавноста. Од една страна, пречекан со голем ен­ту­зи­ ја­зам и радост кај учениците, млади таленти за ко­шар­ ка, наиде на необразложен отпор од стра­на на град­ ски­те власти. Според кажувањата на са­ми­те учесници во турнирот, учениците добиле усна забрана од пред­ мет­ните наставници за пријавување и учество во тур­ нирот, а притисоци наводно биле вр­шени претходно и врз самите наставници од стра­на на директорите, кои, пак, биле „притиснати“ да изречат ваква забрана од страна на ресорно над­леж­ните во Градот. Сепак, жел­ ба­та за спорт ги над­вла­деа забраните и децата се ор­га­ ни­зираа во ко­шар­карски екипи и како такви се при­ја­ вија за учест­во на, првиот од ваков тип, турнир. Она што, се­пак, беше забележливо е дека тие не смееја да ги упот­ребуваат имињата на своите училишта, туку ти­ мо­вите се преименуваа според различни бои на дре­ совите, па играа, сини, жолти, зелени... Мачната состојба на нетолеранција и страв кул­ми­ нираше на првите натпревари, кога на нат­пре­ва­рите дојдоа некои наставници со цел да проверуваат дали се почитува интерната наредба, но и инс­пек­торот за спорт од Град Скопје. Тој, според очевидци, го сликал

записникот како аргумент дали екипите нас­тапуваат од име на своето училиште или некое друго. Ваквата ситуација предизвика многу конт­ро­вер­зии меѓу граѓаните од Карпош, посебно што станува збор за спорт и недозволено мешање на политиката и тоа кај најранливата категорија млади луѓе. Име­но, иако тур­ нирот беше организиран како отворен за сите сред­ношколци од приватните и од држав­ни­те учи­лиш­ та од Карпош, и се одржуваше во вон­нас­та­вен термин во слободното време на младите спор­тисти, сепак тие се соочија со непринципиелна заб­рана за учество. На ова до Општината реагираа и самите уче­ни­ци, но и родителите. Родителите беа енергични во твр­де­ њето дека за тоа како се организираат децата и на кои спортови тие ќе ги пратат своите деца вон ча­совите, во приватниот дел од денот, е нивна и само нивна од­го­ вор­ност и право. Политичката не­то­леранција на Градот дека Општина Карпош, како единствена опозициска општина која се сетила да организира ваков ат­рак­ти­ вен настан (со навистина примамливи награди за учес­ниците и победниците) не треба да се прекршува преку грбот на младите, на кои во центарот на вни­ма­ ние­то првенствено им е спортот. О. К.

Шампиони - ученици од “Никола Карев“ Ако воведните натпревари на турнирот, односно нивните актери, младите кошаркари од средните учи­лишта, беа под импресија на неубавите работи и обидот на градските татковци да ги попречат да се надигруваат, двата финалните дуели се достојни за секоја спортска историја на нашата Општина. Веројатно, обземени од желбата, на своите нас­ тав­ници и родители, но и другите „неверни Томи, да им го покажат својот кошаркарски талент, како и витешкото надметнување, момчињата од повеќе скоп­ски средни училишта презентираа и зрелост за се­каква почит. На општа радост, тоа го де­мон­ст­ри­

32

Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош

раа пред преполнетите трибини на малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, најочигледно потврдувајќи дека иницијативата на градоначалникот Јакимовски и луѓето одговорни за спортските активности во Општина Карпош, немаат алтернатива. Натпреварот за трето место, одигран помеѓу „Георги Димитров“ и „НОВА“ беше вовед во на­вис­ тина спектакуларна завршница на турнирот. Иако без „стручен штаб“, средношколците од гимназиите „НОВА“, „Никола Карев“, „Георги Димитров“ и „Ко­ чо Рацин“, на терен покажаа дека, и покрај тоа што се навистина млади, веќе се суштински навлезени


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.