Page 1

Весник на локалната самоуправа јули 2012 • бр. 18 • година 4

ЛАУРЕАТ

НОВИ 200 ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО КАРПОШ


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


окус

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

Училиштата ни се приоритет l Власта Ве обвини дека ги копирате во проектите за обнова на фасадите, во изградба на споменици. Кој прв почна? – Убаво е за граѓаните да има таков натпреварувачки карактер, да учиме добри работи едни од други. Груевски во својата програма не ветуваше дека ќе прави фасади, ту­ ку ќе отвора нови работни места, ќе има подобар живот за граѓаните. Јас бев тој којшто ве­ тував нови фасади и ние први почнавме да ги правиме фасадите. Јас прв почнав да садам цве­ ќиња долж булеварите, сега и Коце Трајановски го прави тоа. Јас прв почнав со реконструкција на училиштата и многу скоро сите училишта ќе ми бидат целосно реконструирани. Сега пре­ миерот објавува дека ќе реконструира 130 училишта, ама од наредната година. Тоа значи де­ ка тие ги копираат проектите на Општина Карпош. Што се однесува до споменикот на Кузман Јосифовски­Питу, за Груевски градењето споменици е опсесија и можност да испере некоја паричка. За нас изградбата на споменик на Кузман Јосифовски­Питу е потреба, затоа што Ју­ жниот булевар, односно булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, минува токму врз спо­ меникот и кога веќе го дислоцираме можеме да направиме споменик во природна големина. Конечно, и од кај Груевски сами се јавуваа да им утврдиме локација за споменик на Питу, но не гледам во што е проблемот ако ние сами си го изградиме. Веројатно проблемот е што ние ќе го направиме за 50.000­60.000 евра, тие планираат најмалку 20­ина пати поскапо да го гра­ дат. l Втора година по ред Ви се актуелизира прашањето со запишување првачиња од дру­ ги општини. Опстојувате ли на реонизацијата? – Тоа е одлука што ја донесе Советот на Општина Карпош и што ја поддржаа сите совет­ ници од ВМРО­ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП, ВМРО­НП и двајцата независни советници, јас само ја спроведувам ревносно. Проблемите на граѓаните на Ѓорче Петров сосема ги разбирам, но јас не можам да сносам одговорност за потезите што ги прави градоначалникот на Ѓорче Пе­ тров, зашто јас пред 1,5 година навреме го информирав дека учениците од Хром не ќе може да се запишат во ООУ „Димо Хаџи Димов“. Тој рече дека за него тоа е добра вест зашто ќе ги транспортира до нивното училиште „Димитар Беровски“ зашто тоа му е аргумент повеќе таму да му се зголеми бројот на ученици. Истиот разговор го имавме и во Берово, при но­ сењето на ГУП, каде што тој побара просторот за училиште да се пренамени за изградба на станбени згради. И на тоа реагирав дека му треба училиште, а не згради, но го добив истиот одговор. Сега проблемот излезе на виделина и одговорноста ја носи г. Сокол Митровски. Во Влае од 1.250 ученици, 700 се од Ѓорче Петров. За тоа училиште ние од парите на граѓаните на Карпош вложивме над 600 илјади евра за да обезбедиме пристојни услови за живот. Годинава вложуваме уште 900 илјади евра и за изградба на ООУ „Братство“, односно севкупно 4,5 милиони евра. Нам децата ни се приоритет, а во Ѓорче Петров избраа да градат нов споменик, на само 300 метри од стариот, наместо училиште, но тоа е нивна одлука. Тие имаа простор и време да изградат училиште во Хром, но ги избраа спомениците. Јас ги сакам и ги почитувам децата од Ѓорче Петров, но на нив треба да мисли нивниот градоначалник. Во близината на ООУ „Димо Хаџи Димов“ нема никакви услови за живот, зашто секое утро и попладне, кога од други општини со автомобили родителите си ги земаат децата од учи­ лиштето, е огромна турканица и врева. l Што уште ќе вложите во училиштата освен реконструкцијата на објектите? – Ние планираме да се создадат паралелки со по 25 ученици, а не по 35 како што е сега, а со тоа и наставата ќе биде поквалитетна, ќе има поголема дисциплина и концентрација. Ние правиме нов образовен концепт, ќе вложиме во нови учебни помагала, внимателно го изби­ раме наставниот кадар, и целта ни е да создадеме навистина квалитетни и образовани гене­ рации со кои ќе се гордееме. l Започнавте офанзива на изградба на нови инфраструктурни проекти. Дали на пови­ док е предизборие? – Не е предизборие, туку ние секоја година имаме околу 200 проекти кои ги реализира Општина Карпош. Така и оваа година, ќе оствариме околу 200 проекти, така што во секоја населба во Карпош нема да има ниту една улица која нема да биде реконструирана. В. Цветковска КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа јули 2012 • бр. 18 • година 4

ЛАУРЕАТ

НОВИ 200 ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО КАРПОШ

Издава Општина Карпош

ВЕТЕНО СТОРЕНО ЛЕТНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА

...................................................... 6

ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет

ПРИЗНАНИЈА ГОСТИ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО САРАЕВО

..................................................... 14

Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска Уредник Миле Раденковиќ Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска

200 ПРОЕКТИ ВАКА РАБОТИ КАРПОШ

..................................................... 17

НАЈ ВО КАРПОШ...

Ива Манова

Миливој Јанковски, човек кој 162 пати дарувал крв

Технички уредник

НА ХУМАНИТЕ ИЧ НЕ СЕ ВНИМАВА

Зоран М. Гулевски

...................................................... 30

Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска

ТАЛЕНТИ

Фотографија

ПАТРИОТИЗМОТ СЕ УЧИ ДОМА

Ива Манова М. Раденковиќ

4

...................................................... 32


ВЕТЕНО СТОРЕНО ООУ „БРАТСТВО“ СО НОВ ЛИК Општина Карпош почна со реконструкцијата на пет основни училишта на своја територија. Од те­ мел се гради ООУ „Братство“, ООУ „Владо Тасев­ ски„, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Вера Циривири­Трена“, „Војдан Чернодрински„ каде ќе се реконструира пo­ кривот, прозорците, вратите и дел од тоалетите. Неговата реконструкцијата ќе чини над 55 ми­ лиони денари (или над 900 илјади евра). Деновиве завршија и тендерите за реконструкција на најголе­ миот број училишта кои не се сеуште реконструира­ ни. Заврши електронската аукција за основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, чија реконструкција ќе чини над 20 милиони денари, ка­ де ќе се смени покривот, плафоните, нови прозорци, се менува фасадата, ентериерот, електриката,таму каде има потреба ќе се сменат и тоалетите. Се ра­ спишува тендер и за промена на комплетната инста­ лација за загревање, радијаторите, цевките, а ќе би­ де заменет и подот. Исто толку ќе чини и реконструкцијата на ООУ „Владо Тасевски“ каде ќе се заменат покривот, про­ зорците и фасадата и вкупното внатрешно уредува­ ње, како и начинот на затоплување. Договорено е со ГАМА да се остави еден извод и ова училиште да се грее на гас, што ќе биде прв таков пример во Скопје, со алтернатива за греење и на нафта. Заврши и аукцијата за промена на покривот и на фасадата на ОООУ „Аврам Писевски“. Во ова учи­ лиште веќе се сменети прозорците, има нова ограда на дворот и и поплочено е платото. Заврши и над­ давањето за ООУ „Вера Циривири Трена“, како и за четирите градинки на територија на Општина Кар­ пош каде што ќе се заменат покривите и делумно прозорците. Станува збор за градинките „Орце Ни­ колов“ во Карпош 3, потоа „Пролет“ во Влае 1.

„Пролет“ во Козле и „Расепана Младост“ во Карпош 1. Овие реконструкции треба да завршат до 1 ви сеп­ тември.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ЛЕТНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА Вообичаено летните месеци се најпогодни за „ударниот бран“ на ивестиции на Општина Карпош во сферата на инфраструктурата. Во текот на јули се отворија десет нови градилишта на територија на сите урбани и месни заедници, односно почна из­ ведбата на десет инфраструктурни објекти и тоа: •­Изградба­на­атмосферска­канализација­ по ул. Будимпештанска •­Поплочување­на­крак­од­ул.­Ацо­Шопов •­Изградба­на­патека­на­ул.­Фјодор­Достоевски •­Реконструкција­со­проширување­на­тротоари­ и пешачки патеки ул. Воденска •­Реконструкција­­­асфалтирање­на­ул.­Копачка •­Изградба­на­паркинг­простор­и­бетонска­огра­ да пред дворот на ОУ Петар Поп Арсов на ул. Разловечко востание •­Реконструкција­­­изградба­на­паркинг­ на ул. Воденска •­Реконструкција­со­проширување­на­паркинг­про­­­ стор, АБ скали со рампа на ул. Јуриј Гагарин бр. 45 •­Изведба­на­водоводна­мрежа­по­дел­ од ул. 6 во село Бардовци •­ Реконструкција­ ­­ изградба­ на­ паркинг­ простор­ кај амбулантата кај Козле 2

Бардовци- изведба на водоводна мрежа по крак од ул. 6, изведувач „Енергомонт„

ул. „Копачка“- асфалтирање, изведувач „Кодинг“

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ул. Будимпештанска - Изградба на атмосферска канализација, изведувач „Еуроинвест ИНГ„

Изградба на паркинг простор кај амбулантата кај Козле 2, изведувач „ДА-БО компани„

ул. Ацо Шопов - Поплочување на крак, изведувач ИГМ „Вратница„

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ул. Фјодор Достоевски - Изградба на патека, изведувач„ДА-БО компани„

ул. Воденска - Реконструкција со проширување на тротоари и пешачки патеки, изведувач „Чингар Инженеринг„

Реконструкција со проширување на паркинг простор, АБ скали со рампа на ул. Јуриј Гагарин бр. 45, изведувач„Чингар Инженеринг„

ТЕТОВСКАТА „АК-ИНВЕСТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ НОВАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА КАРПОШ Градежното претпријатие „АК­Инвест“ од Тетово е фирмата која треба да ја гради новата општинска зграда во Карпош. Имено, на 16 јули беше из­ вршена аукција на понудите за најповолен изведувач на новиот „општински дом“ кој треба да се гради на местото на старите службени бараки на бу­ левар Партизански одреди во Карпош 3. На тендерот кој го објави Општина Карпош беа доставени три понуди на изведувачи заинтересирани за градба на општинската зграда, и тоа на: „АК­Инвест“, „Гранит“ АД – Скопје и „Бе­ тон“АД – Скопје. За најповолна беше оценета понудата на тетовската фирма која за своите работи понуди сума од 72.963.702 денари со вклучен ДДВ, а зад неа останаа „Гранит“ АД – Скопје со понудени 93.864.291 денар и „Бетон“ АД – Скопје со понудена сума за градба од 95.906.919 денари. Според плановите на Општина Карпош по завршувањето на сите подготовки, новата општинска зграда би требало да почне да се гради од средината на август.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


РЕКОНСТРУКЦИЈА И НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КАРПОШ Општината Карпош во претходните 6 месеци бе­ ше исклучително активна во поставувањето на но­ ви електрични инсталации во разни делови на те­ риторијата на Карпош. Беше постапувано по добие­ ни барања од граѓаните и по претходно излегување на терен од страна на стручните служби од Општи­ ната Карпош. Изведбата беше извршена на следните локации: •­ Пристапна улица на зграда на булевар “Пар­ тизански одреди” 113, УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: Магнус Инженеринг •­ Паркинг простор на улица “Варшавска” 17, УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: Елтра •­Новопроектирана улица помеѓу улиците “Ацо Шопов” и “Петар Чаулев”, УЗ Влае 1 Изведувач: Елтра •­ Паркинг простор позади згради на булевар “Теодосиј Гологанов” бр.90 и 92, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: Магнус Инженеринг •­ Комплетна реконструкција на осветлувањето на улица “Крчин”, УЗ Кузман Јосифовски – Питу Изведувач: Магнус Инженеринг •­Простор помеѓу зградите на улица Никола Ру­ сински и улица Карпошево востание, УЗ Карпош 3 Изведувач: Код инженеринг •­Нова воздушна мрежа на улица Теодосиј Си­ наитски (продолжеток), УЗ Пецо Божиновски – Кочо Изведувач: Магнус инженеринг •­ Паркинг простори и пешачки патеки во УЗ Карпош 2 Изведувач: Елтра Во тек се следните активности: •­ Осветлување на фасада на станбена зграда за колективно домување на улица Никола Тесла бр. 2, УЗ Карпош 1 Изведувач: Дигитал Струмица •­Простор помеѓу зградите на улица Никола Ру­ сински 3, 3А и 3Б, УЗ Карпош 3 Изведувач: Магнус инженеринг •­Целосна реконструкција на електрична инста­ лација на ул. Бриселска, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: Свем инженеринг •­Целосна реконструкција на електрична инста­ лација на ул. Копачка, УЗ Кузман Јосифовски – Питу Изведувач: Елтра •­Засилување на осветлувањето на плато “Педа­ гошка академија”, УЗ Владо Тасевски Изведувач: Елтра

•­Партерно осветлување на дел од улици во УЗ Влае 2 (дел 2) Изведувач: Свем инженеринг •­ Осветлување на плато “Млечен”, УЗ Владо Тасевски Изведувач: Елтра Во крајна фаза на подготовка се следните изведби: •­Ново осветлување на улицата Манапо, УЗ Кар ­ пош 3 Изведувач: Елтра •­Нова електрична инсталација на плато Карпош 3, УЗ Карпош 3 Изведувач: Магнус инженеринг Со изведбата нема да се застане тука, таа ќе про­ должи и понатаму, а граѓаните на Карпош ќе имаат можност да живеат во “најосветлената општина” во Скопје. П. Теов Д. Јонузоски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ПРОЕКТИ Карпош дел од голем меѓународен урбанистички проект

ДА ГИ ОЖИВЕЕМЕ ПЛОШТАДИТЕ НА БАЛКАНОТ Општина Карпош, преку својот креативен тим во сферата на урбанизмот, беше активен учесник на проектот „Оживување на градските плоштади во балканските градови“. Во рамките на проектот, во старото седиште на општината Карпош, беше одржа­ на и работилница наречена „Уредување на просто­ рот“ на која за домаќин беше избрана токму нашата општина. На трибината во рамките на проектот „Оживу­ вање на градските плоштади во балканските градо­ ви“ присуствуваа претставници на секторите за ур­ банизам, животна средина и за локален економски развој – ЛЕР од општините Карпош, Чаир, Бутел, Аеродром, Кисела Вода и еден претставник од Се­ кторот за планирање на просторот при Град Скопје. На трибината се дискутираше за проблемите, како и за позитивните страни во самите општини, за начинот на урбанистичкото планирање, соработка­ та со граѓаните. Претставниците на локалните вла­ сти беа објективни и критички настроени кон не­ кои од евидентните проблеми и аномалии, особено на полето на планирањето на просторот и честото менување на деталните урбанистички планови. Се

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

донесе заклучок – локалните власти, односно при­ сутните на трибината, за следната работилница да предложат локации на коишто ќе може да се проба овој проект – а да се работи на релација: потреба, концепт, инсталација. Претседателката на „Коалицијата за одржлив развој“ (КОР), Соња Дам­ чевска, ги праша претставниците на единиците за локална самоуправа дали некогаш ги примениле принципите на „Плејсмејкинг“ и на „Моќта на 10­ ката“ во практика, дали работат по овие принципи. На ова прашање, Игор Василевски, архитект во кре­ ативниот тим за планирање и уредување на просто­ рот од Општина Карпош, одговори дека плоштадот што оваа единица за локална самоуправа ќе го пра­ ви на платото кај Млечниот ресторан, е работен токму по овој принцип. Просторот кај Млечен ре­ сторан е атрактивна локација, на којашто веќе по­ стои одреден социјален живот, жителите го препо­ знаваат како свое сврталиште, не само заради окол­ ните кафулиња, туку и заради детското игралиште. Проблем на платото е тоа што под него се подземни гаражи, за комплексот станбени згради, а тој дел, поради дотраеност прокиснува. Оттаму, кон рекон­


струкција и изградба на платото Општината Кар­ пош пристапи на барање на станарите од околните згради. По снимање на теренот, креативниот тим утврди дека пристапот до платото од сите страни не е подеднаков. Утврден е недостиг во пристапно­ ста од северната страна, како и од страната на кафу­ лето „Ли“. Затоа во проектот е предвидена уште една пристапна патека, којашто ќе соодветствува на потребите на сите жители, односно ќе се пробива кај постојното детско игралиште. Бетонската под­ лога над подземните гаражи ќе се менува со нови материјали, светилниците се предвидени за клупи, ќе се постави нова урбана опрема, ново осветлу­ вање, а просторот целосно хортикултурно ќе се уреди со нови тревни и цветни површини. Најбит­ но во овој случај е решавањето на основен проблем – прокиснувањето на подземната гаража, а потоа и на естетскиот и секако социјалниот. По овој принцип се пристапува кон реализа­ цијата на сите проекти во општината Карпош. Про­ блемите се решаваат во директен контакт со граѓа­ ните, преку анкети, средби. Конкретно за платото кај Млечен ресторан е направено и мерење на зву­ кот, степенот на бучавата од стариот кош, па откако се заклучило дека акустиката е проблем, решиле бе­ тонот да го заменат со други помалку акустични ма­ теријали, а кошот е договорено да се премести во блиското ООУ „Војдан Чернодрински“, каде што Општината ќе изгради кошаркарско игралиште.

Во рамките, пак, на работилницата, на која бевме домаќини, а која се одржа на две различни локации (дел се одржа во салата за состаноци, а дел на пло­ штадот во населбата Карпош 3 (наспроти „Тинекс“), беа претставени „11­те принципи на уредување на просторот“. Присутни беа претставници на секто­ рите за урбанизам и планирање на просторот од општините: Карпош, Центар, Кисела Вода, Бутел, Град Скопје и студенти на Архитектонскиот факул­ тет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Љубица Петревска, архитект во Секторот за планирање на просторот при Град Скопје, нагласи дека Општината Центар треба да земе пример од единицата за локална самоуправа Карпош и да фор­ мира ваков креативен тим за планирање и проекти­ рање, односно им препорача на сите општини да го следат примерот на Карпош. Проектот „Оживува­ ње на градските плоштади во балканските градо­ ви“, поддржан преку Швајцарската програма за култура за Западен Балкан, се реализира во пар­ тнерска соработка помеѓу „Коалицијата за одржлив развој“ – КОР (Македонија), „Ко­план“, Институтот за развој, невладината организација „Хабитат“, Универзитетот „Полис“ (Албанија) и Центарот за одржлив просторен развој „Експедитио“ (Црна Го­ ра). Со него се опфатени четири градови од регио­ нот: Скопје, Тирана, Драч и Котор. А.С.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ПРИЗНАНИЈА

Градоначалникот на Сараево Алија Бехмен на нашиот градоначалник Стевчо Јакимовски му го врачува признанието „Најградоначалник 2012„ за Југоисточна и Централна Европа

КРУНА ЗА УСПЕХОТ Овој јули за нас беше месец на успеси, призна­ нија и сатисфакција. На 5 јули во Сараево, во при­ суство на над стотина бизнисмени, политичари, ди­ пломати и експерти во разни научни дејности, на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јаки­ мовски, му беше врачено признанието „Најградо­ началник 2012“ година за Југоисточна и Централна Европа.Наградата му ја врачи градоначалнникот на Сараево Алија Бехмен, а му ја додели познатата асо­ цијација од Зеница сопственик на брендот „Еуроме­ наџер“ една од седумте најпознати награди од овој вид во светот. Во конкуренција на 2000 кандидати за 21 награда, нашиот градоначалник се најде во друштвото­ на­ Филип­ Вујановиќ,­ претседателот­ на­ Црна Гора и личност на годината, Шарик Тара нај­ меаџер и сопственикот на ЕНКА, на Јелко Кацин и дузина други лауреати. Досегашни добитници на оваа престижна награда „Најградоначалник“ се

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, на Загреб, Милан Бандиќ, на Подгорица Миодраг Му­ гоша и други. По тоја повод Јакимовски истакна: „Се разбира дека ова што денес е Карпош, како најдобра и најпосакувана општина за живеење, не се постигнува преку ноќ, ниту во текот на еден ман­ дат. Тоа е резултат на ангажманот и на моите прет­ ходници­градоначалници, од кои некои се денес ту­ ка со мене. Постигнувањето зависи и од поддршка­ та и ангажманот на Советот и советниците, и коне­ чно од самите граѓани кои секогаш знаат да го пре­ познаат доброто и тоа што им треба, а ние тоа и да го оствариме. Наградата ја сфаќам, освен како при­ знание за сработеното, и како еден силен поттик да опстоиме на вистинскиот пат и да продолжиме со унапредувањето на општината во секоја смисла“. ЧЕСТИТО И НЕКА СЕ МНОЖАТ!


БИЗНИС-ФОРУМ ВО ПРЕДВОРЈЕТО НА ПРОГЛАСУВАЊЕТО „НАЈГРАДОНАЧАЛНИК“

ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ИМА ОБВРСКА ДА КРЕИРА ПОЗИТИВЕН БИЗНИС-АМБИЕНТ „Политичарите се тие кои можат да ги подобрат или влошат перформансите на бизнисот. Сосема е погрешно кога политичарите ветуваат нови работ­ ни места, а тие не можат да го сторат тоа. Тоа го пра­ви бизнисот кој креира производ, наоѓа пазар и пласман за него, се бори со конкуренцијата, се бори за тоа како да обезбеди средства за да ги платат да­ ноците. Ако тоа го прават политичарите наместо нив, ако вработуваат, во тој случај тие отвораат но­ ви работни места на трошок на буџетот и на дано­ чните обврзници. Она што политичарите можат да го сторат за бизнис-секторот е да креираат поволна биз­нис-клима и стабилно законодавство кое нема да се менува секој месец. Тоа што е должна да го стори политиката и политичарите е да водат сметка дали има физичка сигурност за бизнисмените, дали суд­ството е независно, дали има ефикасна админи­ страција. Улогата на локалната само­ управа е да обезбеди стручна и ефикасна админи­страција, која знае да го препознае успешниот биз­нис, да обезбеди соодветна инфраструктура за не­го, максимално да ги скрати процедурите за изда­вање дозволи, сè во насока на олеснување на при­стапот на инвестици­ ите на својата територија“. Ова беше дел од излагањето на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на Меѓу­ народната деловна конференција „Регионална сто­ панска соработка и развој“ која се одржа во Са­рае­ во, на 6 јули, во предворјето на големата манифеста­ ција за избор на „Најградоначалник за 2012“ во ре­ гионот на Југоисточна и Средна Европа. На конфе­ ренцијата говореа и Тихмор Имиќ, претседател на Меѓународниот форум за обновливи извори на енергија и генерален директор на „Електровојводи­ на“ од Нови Сад, Тони Мегле, сопственик и ге­

Градоначалникот Јакимовски со амбасадорот на РМ во БИХ Н.Е. Рами Реџепи и градоначалникот на Стари Град Ибрахим Хаџибајриќ

нерален директор на „Мегле“ од Германија, Исток Сел­јак, претседател на конзорциумот „Феникс“ и прв човек на компанијата која произведува клима­ тизери „Хидрија“ од Словенија и многу други. Са­ мата бизнис-конференција која се одржа во пред­ ворјето на големата награда, беше посветена на енергетската сигурност како основа за соработка и развој на земјите од Југоисточна Европа, поврзува­ ње на градежните компании во регионот и размена­ та на искуствата на најуспешните менаџери. Иднината на регионот е во добрата економска соработка, тоа беше заедничкиот став на учесни­ци­ те на оваа деловна конференција. Притоа моделот на обединување во еден конзорциум, каков што е „Фе­­никс“ (во кои се интегрирани сите градежни ком­пании од регионот од БиХ, Словенија и Србија) а кој е еден од самитот на 100 најголеми компании во регионот, треба да се примени и во другите сто­ пански и нестопански гранки, во финансиите, бан­ карството, енергетикатa. Градежниот конзорциум „Феникс“ која ја доби најградата за најуспешен кон­ зорциум, во себе има преку 40 фирми со 35.000 вра­ ботени и остварува годишен промет од 4,5 милијар­ ди евра. Инаку, во „Феникс“ наскоро ќе се придру­ жат и црногорските градежни компании, а во сеп­ тември ќе дојдат и на преговори за обединување со македонските градежни компании, за што како што из­јави Исток Селјак, веќе добиле потврда од маке­ донскиот претседател. Годинашен лауреат во сферата на бизни­сот е и познатиот турски бизнисмен со македонско потекло Шарик Тара, сопственик на „ЕНКА“, 10-та­та гра­ дежна компанија во Европа и 37 во светот ко­ја е еден од најактивните градители на Балканот и поши­ роко.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


Филмскиот фестивал го разубавија ѕвездите од „Изборот на Лара„: Дорис Пинчиќ, Орнела Виштица и Јагода Кумриќ

ГОСТИ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО САРАЕВО Благодарение на нашите домаќини, збратимена­ та општина Стари Град од Сараево, ја имавме рет­ ката и убава можност да бидеме гости на отвора­ њето на 18­тиот Саревски филмски фестивал. Тоа е најеминентното филмско случување во регионот кое го посетуваат по 100.000 посетители во текот на деветте дена од неговото траење, врвни балкански и светски актери, режисери, филмски работници и вљубеници во филмската уметност. Домаќините ни обезбедија простор и на „црве­ ниот тепих“, а за нашиот градоначалник и присус­

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

тво на премиерот во филмскиот центар со филмска­ та елита од регионот и пошироко. Не придружуваа градоначалникот на Стари Град, Ибрахим Хаџибај­ риќ, музичката легенда Дино Мерлин и многу зна­ чајни луѓе од политиката и уметноста... Нашата делегација на отворањето на фестивалот имаше можност да присуствува и на премиерата на босанскиот филм „Деца“ или „Децата на Сараево“ на младата режисерка Аида Бегиќ, кој е добитник и на специјална­награда­од­жирито­на­последниот­Фил­ мски фестивал во Кан.


ВЕСТА ЗА НАГРАДАТА ДОЈДЕ ПРЕКУ АЛ ЏЕЗАИРА БАЛКАН Веста за врачувањето на наградата „Најградона­ чалник“ на нашиот „општински татко“ пролета низ етерот на моментално најпознатата медиумска куќа во светот Ал Џезаира Балкан. Брендот познат во светот по нивното лого „Ние сме гласот на безгласните“ или како што некои са­ каат да го наречат Си-Ен-Ен од арапските просто­ ри, својот имиџ го стекна пред сè, поради високиот про­фесионализам, врвното новинарство, ексклу­зи­ витетот, објективноста во информирањето и ви­со­ ките етички стандарди во работењето. Токму та­кви беа и кон нас. На молбата да ни помогнат околу те­ левизиската монтажа и да ни позајмат дел од ни­ вниот сајбер-простор за да го ставиме новинарски­ от извештај и линкот за случувањата во Сараево од бизнис-конференцијата и од свечената академија, кои се однесуваа на Општина Карпош, веднаш се согласија. Нивниот главен уредник, познатиот но­ винарски бард на ексјугословенските простори и по­широко Горан Милиќ, сесрдно ни излезе во пре­ срет. Човекот кој е жива новинарска легенда, кој се памети по 1.000-тите извештаи од Њујорк, по 1.000тите јавувања во вести и по 10.000 новинарски ТВчасови, без размислување ни ги понуди своите со­ работници и дигиталната опрема и студија, со цел час поскоро да ја завршиме нашата новинарска за­ дача. Познат како човекот кој ги воздигна најпозна­ тите телевизиски куќи и проекти, како Јутел, обно­ вата на ХРТ, сега и Ал Џезаира, за себе сака да каже „Ги сакам почетоците...“ За него нема мали и големи но­винари, има новинарска задача која мора да се из­ врши на­време. Дежураа со нас, работеа со нас, ни помогнаа во двоча­со­вна­та монтажа на видеозаписот, се тркавме со времето со ча­совите и минутите и на крај успеав­ме.

Сараевско „Ослобоѓење„ ги препозна „филмските фаци„ од нашата делегација: Бона Пауновска и Слободанка Караиванова Миткова

Градоначалникот Јакимовски беше на насловната страница на годинашната едиција на Еуроменаџер Целта беше да се фа­тат централните тер­мини на ве­ стите на најгледаните македонски телевизии за да ја пренесат сликата од Сараево. Кога ве­ста беше ставена во етерот преку нивни­от протокол, со пре­познатли­ виот амблем на Ал Џезаира, со еден клик таа стаса до сите наши национални телевизии. Се по­тоа беше полесно. Ја прифатија сите медиуми и на­шата голема ра­дост ја споделија со уште два ми­ли­они жители на Ма­ке­донија. Им благодариме на Милиќ, на Мелина и по­себно на Амар. В.Цветковска

Ал Џезаира беа добри домаќини на новинарите од Урбан Карпош

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


БОНА ПАУНОВСКА (АЛФА ТВ)

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА (УТРИНСКИ ВЕСНИК)

ЕДНО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ ПРЕКРАСНО ИСКУСТВО – НОВО ДОЖИВУВАЊЕ Сараево беше ед­ но прекрасно искус­ тво за мене, како од професионална, така и од лична гледна точка. Првенствено, ми беше чест што бев дел од тимот на Карпош бидејќи се уве­ рив дека тие се од­ лични во својата работа. Манифестацијата „Најменаџер 2012“ е ма­нифестација со високо реноме и долго­ годишна традиција, организацијата беше на највисоко ниво, а чувството да ја сле­ дите директно оваа манифестација е не­ описливо. Кулминацијата се случи кога градоначалникот на Општина Карпош. Стевчо Јакимовски, ја доби наградата за „Најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа“. Верувам дека во тој момент , никој од нашиот тим, не остана рамнодушен на таа гледка, на тој момент. Забавата продолжи на гала-балот, а оттаму во фантастичниот ресторан „Кибе“ каде што, покрај тоа што уживавме во прекрасната хра­ на, уживавме и во панорамскиот поглед на цело Са­ раево. Благодарение на г. Стево Јакимовски, бевме и дел од 18-тиот Филмски фестивал во Сараево, а тој лично ни обезбеди покани за отворањето и нам нови­нарите. Секако, имавме време и за прошетка низ Сараево со туристички водич она што мене лично ме воодушеви е тоа дека и самиот градоначалник има­ше одлични познавања за градот и за неговата ис­торија, па целата прошетка наликуваше на инте­ ресен и живописен час по историја. Ги пробавме и специјалитетите на Сараево, јадевме сараевски ќе­ бапи, пушевме наргиле, ја почувствуваме магијата на Баш – чаршија.... Многу убави случки од ова па­ тување ќе останат врежани во моето сеќавање како пре­красни спомени.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Секое патување е ново доживување! A кога е со Општина Карпош, е тогаш со гаранција е за памете­ ње. Уште ако е, како во случајов, со посе­ бен повод, сеќавања­ та тешко ќе избледe­ ат. Да се биде дел од де­легацијата беше навистина чест и задо­ волство. Духот и до­ маќинлакот на оп­ штинарите предво­ дени од градоначал­ никот Стевчо Јаки­ мов­ски за миг пома­ гаат да заборавите на стотиците километ­ ри што треба да се из­минат за да се стиг­не до Сараево. Преку Крагуевац, Чачак, Мокра Гора, Вишеград и не­избежниот мост на Дрина, крајната цел и не беше така далеку. А, таму, воскреснува уште една приказ­ на за Сараево. Нова средба со него, нова приказна за себе. Само, ќебапите во „Жељо“, локумот од бу­ тик „Бадем“, слатките од „Египет“, панорамата на Миљацка, шмекот на Баш-чаршија, гостопримство­ то на сарајлии... никогаш не ги менуваат улогите. Во оваа епизода, „ред карпетот“ не беше само фраза. Тој се распосла за време на официјалното при­мопредавање на наградата, а неописливо беше чув­ството да се чекори по него и за време на филм­ скиот фестивал. Да се биде горд што тие неколку дена сте член на делегацијата на Општина Карпош, веќе, проверено и прочуена надвор од границите на нашата држава. Во тие денови неочекувано ве обзе­ ма чувство да посакате да бидете карпошовец, ни­ вен пријател, соработник, воопшто, член на делега­ цијата што го живееше Сараево 24 часа. Па сосема разбирливо, ненаметливо, полни со впе­чатоци на пат кон Скопје повремено си ја потпе­ внувате „Миљацка“ и „Сарајево, Сарајево“ (н.з. кол­ку и да звучи претенциозно) оти времето мина­ то со нив и духот на градот се посилни од вас.


200 ПРОЕКТИ ВАКА РАБОТИ КАРПОШ

Веќе станува традиција за Карпош годината да ја заврши со по 200­тина инфраструктурни проекти. Четврта година по ред Карпош е вистинско градилиште, каде улиците, фекалната и атмосферската кана­ лизација се менуваат од корен, каде нoвите училишта се дигаат од темел. Ветувањето на градоначалникот во договор со граѓаните, дека Карпош ќе биде најсовремена и најурбана општина во Скопје, ако не и во државата, полека но сигурно се остварува. Нема да има ниту квадрат неасфалтирана улица, необновено училиште или градинка незазеленета површина. Само оваа година завршени, во фаза на изведба или во најблиска иднина ќе бидат завршени над 200. Што сработивме и на што работиме во моментот и што ќе сработиме во наредниот период доколку ни се наклонети временските прилики и доколку изведувачите имаат капацитет може да се види во следните табели: ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА Реконструкција на фекална канализација по ул. Руѓер Бошковиќ

19¯

Изградба на атмосферска канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски

20¯

Изградба на атмосферска канализација на паркинг и пристапна улица од ул. Љубљанска

21¯

Изградба на фекална канализација по крак од ул. Адолф Циборовски (Порта Козле)

1

¯

2

¯

Реконструкција на фекална канализација по ул. Веселин Маслеша

Реконструкција на фекална канализација по ул. Бранислав Нушиќ

Реконструкција на фекална канализација по ул. Демир Трајко (позади слаткарница Рафаело)

Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец

22

6

Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ

23¯

Реконструкција на фекална канализација по ул. 2 во с. Бардовци

Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски

24¯

Изградба на фекална канализација по ул. Ловќенска

Изградба на водовод по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

Изградба на фекална канализација по ул. Братфордска

25¯

Изградба на водоводна мрежа по непробиен дел од ул. Борка Талевски

10¯

Изградба на фекална канализација по ул. 6 во с. Бардовци

26¯

Ископ на ров за поставување на водоводни цевки во насеба Средно Нерези

11¯

Изградба на фекална канализација по по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

¯

Вкупно атмосферска канализација 1.786м1, сума 12.000.000,00 денари ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА Изградба на водоводна мрежа по дел од ул. 6 во с. Бардовци

¯

Вкупно водоводна мрежа 3.100м1, сума 21.000.000,00 денари ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ

12¯

Изградба на фекална канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски

27¯

Реконструкција на тротоари на ул. Стрезово

13¯

Изградба на фекална канализација по дел од ул. Скупи

28¯

Вкупно фекална канализација 2.648м1, сума 15.500.000,00 денари

Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска

29¯

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

Реконструкција на тротоари на ул. Пијанец и Крчин

30¯

14¯

Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Леринска

Реконструкција на тротоари на ул. Милан Марковиќ

31¯

15

Изградба на атмосферска канализација по ул. Будимпештанска

Реконструкција на тротоари на ул. Миле Поп Јорданов

32¯

Реконструкција со проширување на тротоари и пешачки патеки на ул. Невеска и ул. Воденска

33¯

Реконструкција на тротоари на ул. Хашка

34¯

Реконструкција на тротоари по ул. Струшка

35¯

Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов

¯

16¯

Изградна на атмосферска канализација по ул.Московска

17¯

Изградба на атмосферска канализација по ул. Кораб

18¯

Изградба на атмосферска канализација по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

¯

Изведени објекти ¯ Во тек на изведба ¯ Претстојни проекти

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


Реконструкција на тротоари на ул. Бранислав Нушиќ

64¯

Реконструкција на постоечка ул. Козле 2

Реконструкција на тротоари на ул. Гаврил Лесновски

65

¯

Асфалтирање на ул. Копачка

66

¯

Асфалтирање на ул. Хашка

Реконструкција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3

67

¯

Асфалтирање на ул. Разловечко востание

Реконструкција на тротоари на ул. Осло

Асфалтирање на ул. Осло

39¯

68

¯

Реконструкција на тротоари на ул. Бриселска со краци

Асфалтирање на ул. Каирска

40¯

69

¯

70

¯

41¯

Реконструкција на тротоари на ул. Извор

Асфалтирање на пристапна улица (мавровска населба) Влае 1

42

¯

Реконструкција на тротоари на ул. Сливовска

43¯

Реконструкција на тротоари на ул. Кленоец

44¯

Реконструкција на тротоари на ул. Бабуна

45¯

Реконструкција на тротоари на ул. Владимир Каваев

36¯ 37¯ 38¯

Аасфалтирање на ул. Козле 9

72

Асфалтирање на ул. Козле 11

¯

73¯

Реконструкција на крак од ул. В. Мицков

74¯

Асфалтирање на ул. Бриселска

75

¯

Асфалтирање на ул. Гаврил Лесновски

76

¯

Асфалтирање на ул. Крчин

¯

Асфалтирање на ул. Пијанец

46¯

Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци

77

Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска

Асфалтирање на ул. Леринска

47

78¯ 79¯

Асфалтирање на ул. Ловќенска

80¯

Асфалтирање на ул. Стрезово

81

Асфалтирање на ул. Брафтордска

¯

48¯

Реконструкција на тротоари на ул. Ловќенска 2

49¯

Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 3

50¯

Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 22

51¯

Реконструкција на тротоари и патеки во Карпош 2

52¯ 53

¯

¯

82¯

Асфалтирање на ул. Милан Марковиќ

83¯

Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Теодосиј Гологанов

84¯

Асфалтирање на Његошева крак 2 и крак 3

Реконструкција на тротоари на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Т. Гологанов

85¯

Изградба на Новопроектирана ул. 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори) Асфлатирање на ул. Козле 2

Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска, дел 2

86¯ 87

¯

Асфалтирање на ул. Козле 3

88

¯

Асфалтирање на ул. Невеска со краци

89

¯

Асфалтирање на ул. Воденска со краци

54¯

Реконструкција на тротоари на ул. Копачка

55¯

Реконструкција на тротоари на ул. 10, 12 и 14 во УЗ Бардовци

56¯

Реконструкција на тротоари на ул. Кнез Хацон

57¯

Реконструкција на тротоари на ул. Лесновска

58¯

Реконструкција на тротоари на ул. Константин Презвитер

59¯

90¯

Асфалтирање на ул. Извор

91¯

Асфалтирање на ул. Кленоец

92

¯

Асфалтирање на ул. Бабуна

93

¯

Асфалтирање на ул. Владимир Каваев

94¯

Асфалтирање на ул. Пресека со краци

Реконструкција на тротоари на ул. Трнодол

95¯

Асфалтирање на ул. Ловќенска 9

Реконструкција на тротоари на ул. Поп Богомил

96¯

Асфалтирање на ул. Ловќенска 11

97

¯

Асфалтирање на ул. Ловќенска 13

Вкупно тротоари 36.060м2 односно должина од 24 км и сума 61.000.000,00 денари

98

¯

Асфалтирање на ул. Ловќенска 15

99

¯

Асфалтирање на крак од ул. Ловќенска

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ 61¯ 62

¯

63

¯

60

18

71¯

¯

100

¯

Асфалтирање на дел од ул. Ловќенска 9

Асфалтирање на ул. Веселин Маслеша

101

¯

Асфалтирање на ул. Скупи 6

Асфалтирање на ул. Бранислав Нушиќ

102

¯

Асфалтирање на ул. Радика со краци

Асфалтирање на ул. Руѓер Бошковиќ

103

¯

Асфалтирање на ул. Огражден со краци ¯

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Изведени објекти ¯ Во тек на изведба ¯ Претстојни проекти


104¯

Асфалтирање на ул. Пелистерска со краци

105¯

Асфалтирање на ул. Струма со краци

106¯

Асфалтирање на ул. 2 Бардовци

107

Асфалтирање на ул. 10 Бардовци

¯

ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР ¯

Изградба на паркинг простор на ул. Вич дел 2

131¯

Изградба на паркинг простор кај амбуланта на ул. Козле 2

132¯

Реконструкција со проширување на паркинг простор и скали со рампа на ул. Јуриј Гагарин бр. 45

133¯

Изградба на паркинг на ул. Воденска

130

108¯

Асфалтирање на ул. 18, Бардовци

109¯

Асфалтирање на пристапен пат до пречистителна станица во Г. Нерези

110

¯

Асфалтирање на ул. 8 во УЗ Бардовци

111¯

Асфалтирање на ул. 14 во УЗ Бардовци

134¯

112¯

Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Братфордска до ул. Козле

Изградба на паркинг простор и бетонска ограда пред дворот на ОУ Петар Поп Арсов на ул. Разловечко востание

135¯

113¯

Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Козле до паркинг на кула бр. 40

Реконструкција на тротоари на паркинг на ул. Миле Поп Јорданов

136¯

Реконструкција на паркинг на ул. Никола Парапунов бр. 31

114¯

Асфалтирање на ул. Рампо Левката

137¯

Реконструкција на паркинг со пристапна улица од ул. Љубљанска

115¯

Изградба на крак од ул. Адолф Циворовски (Порта Козле)

138¯

116¯

Изградба на новопроектирана улица со пешачка патека од ул. Петар Чаулев до ул. Ацо Шопов

Реконструкција- асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 на ул. Миле Поп Јорданов

139¯

Изградба на паркинг простор на крак од ул. Адолф Циборовки (Порта Козле) Вкупно паркин простор 8.405 м2, нови 670 паркинг места, сума 12.400.000,00 денари

Вкупно асфалтирање на улици 17.900м1, сума 113.000.000,00 денари РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ПАТЕКИ

УЧИЛИШТА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

117¯

Реконструкција на патека кај ООУ Јан Амос Коменски

140¯

118¯

Реконструкција на патеки на ул. Јуриј Гагарин спротивно од студентскиот дом Гоце Делчев

Реконструкција на ООУ Братство, УЗ Тафталиџе 2

141¯

Изградба на котларница во ООУ Братство

Поплочување на крак од ул. Фјодор Достоевски

Реконструкција на ООУ ХТ Карпош

119¯

142

¯

143

¯

120¯

Поплочување на пристрапна патека на ул. Ацо Шопов

Реконструкција и санација на фасада на ООУ ХТ Карпош

121¯

Поплочување на крак од ул. Козле 1

122

¯

Реконструкција на крак од ул. Козле (десно од црквата)

123¯

144¯

Реконструкција на јакострујна електри­чна инсталација во ООУ ХТКарпош

145¯

Поставување на видео надзор, дојава за пожар и безжична компјутерска мрежа во ООУ ХТКарпош

Реконструкција на патеки во Влае 1

146¯

Реконструкција на громобранско заземјување во ООУ ХТ Карпош

124¯

Реконструкција на патеки во Карпош 4

147¯

Замена на кров на ООУ Аврам Писевски

125

Реконструкција на патека на ул. Козле 5

148

Изработка на фасада на ООУ А. Писевски

Изградба на пешачка патека од Германска амбасада до ул. Ловќенска 4

149¯

Замена на кров во ООУ Владо Тасевски

150¯

Замена на столарија во ООУ В. Тасевски

¯

126¯

¯

127¯

Реконструкција на крак од ул. Козле (после мостот лево пред црквата

151¯

Изведба на фасада на ООУ В. Тасевски Градежно занатски работи во ООУ В. Ц. Т.

128

Реконструкција на пешачка патека во УЗ ПБ Кочо

152

¯

153

¯

Замена на кров во ООУ В. Ц. Трена

154

¯

Реконструкција на фасада на ООУ Вера Циривири Трена

¯

129¯

Реконструкција на патека на Скупи 4

Вкупно реконструкција на патеки 5.750 м2 односно должина од 4 км сума 9.500.000,00 денари

155¯

Замена на светилки во ООУ В. Ц. Т.

156¯

Замена на кров на ДГ Пролет - Козле ¯

Изведени објекти ¯ Во тек на изведба ¯ Претстојни проекти

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


157¯

Замена на кров на ГД Пролет - Влае 1

158

Замена на кров на детска градинка Орце Николов

¯

159¯

Реконструкција на ООУ Војдан Чернодрински

160¯

Реконструкција на громобранско заземјување во ООУ В. Чернодрински

Вкупно реконструкција на училишта 136.000.000.00 денари ОСТАНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ 161¯

Изградба на пристапна рампа со скали на ул. Милан Марковиќ

Изградба на тенда-натстрешница на дел од терасите и влезовите во станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2

182¯

Вкупно урбана опрема сума 19.100.000,00 денари ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ 183

Реконструкција на улично осветлување на ул. Крчин

¯

Поставување на ново осветлување на новопроектирана улица помеѓу ул. Ацо Шопов и ул. Петар Чаулев

184¯

Изведба на нова електрична инсталација на ул.Манапо

185¯

162¯ Реконструкција на фасада на станбена зграда на ул. Никола тесла бр. 2 163¯ Изградба на плоштад Млечен ресторан- градежен дел 164

¯

Дислокација и изградба на дворна ограда на улица Козле 2

165¯ Итни интервенции на фекална и атмосферска канлизација 166¯

Покривање на отворен атмосферски канал на локалитет Куршумлица

167¯

Покривање на отворен атмосферски канал на ул. Карпош 3

168¯

Реконструкција на плато кај П. Академија

169¯

Демонтажа, дислокација и изведна на четврта и петта барака

170¯

Изградба на спортско игралиште во населба Средно Нерези

171¯

Одржување на сообраќајници во зимски услови

172¯

Изградба на плоштад Влае градежен дел

173

Изработка на округли бетонски елементи околу дрва на тротоари на територија на Општина Карпош

¯

174¯

186¯ 187¯

Изведба на нова електрична инсталација на плато Карпош 3

188¯

Изведба на нова електрична инсталација позади зградите на ул.Никола Русински 3, 3А и 3Б

189¯

Изведба на нова електрична инсталација на паркинг простори и пешачки патеки во УЗ Карпош 2

190¯

Осветлување на фасада на станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2

191¯

Реконструкција на улично осветлување

192

¯

Паркинг простор на улица “Варшавска” 17

¯

193

Паркинг простор позади згради на булевар “Теодосиј Гологанов” бр.90 и 92

194¯

Простор помеѓу зградите на улица Никола Русински и улица Карпошево востание

195¯

Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Бриселска

196¯

Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Копачка

Изградба на Администртивен објект на Општина Карпош - градежен дел

Вкупно јавно осветлување сума 16.000.000,00 денари

Вкупно останати инфраструктурни проекти, сума 146.000.000.00 денари УРБАНА ОПРЕМА 175¯ Изградба на нови детски игралишта и поставување на реквизити 176

¯

Изградба на ограда на ул„Ванчо Мицков“

177¯ Постаувување на парковски клупи за седење - ТИП БВ 178¯ Постаувување на корпи за отпадоци ТИП БВ

20

Изведба на нова електрична инсталација на воздушна мрежа на ул.Теодосиј Синаитски-продолжеток

179¯

Изградба на ограда на спортско игралиште во уз. Нерези

180¯

Урбана опрема за плато Педагошка

181¯

Урбана опрема за плато Педагошка

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ 197¯

Хортикултурно уредување на површи­ на и поставување на систем за авто­ матско наводнување - плоштад Влае

198¯

Хортикултурно уредување и автоматски систем за полевање на јавно зеленило на плато Карпош 3

199¯

Хортикултурно уредување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди на потег од мост Обединети нации до ул. Рузвелтова

200¯

Систем за наводнување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди

Вкупно хортикултурно уредување сума 14.100.000,00 денари ¯

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Изведени објекти ¯ Во тек на изведба ¯ Претстојни проекти


УРБАНИЗАМ НОВИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ЗАСИЛЕНА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА И покрај летните месеци и високите температу­ ри кои не зафатија, урбанизацијата на Општина Кар­ пош не запре ниту еден момент. Напротив, не само што не го намалуваме темпото на работа, туку и го засилуваме, пред се, поради зголемените потреби на граѓаните. Што се однесува на урбанистичките планови кои ги носиме со цел да се подобри инвестицискиот амбиент, на барање на граѓаните и на инвеститори­ те, во изминатиот период од годината донесовме пет детални урбанистички планови, но изработени се и планови кои чекаат на согласност во Министерство­ то за транспорт и врски. Она што е од посебно значење за граѓаните на Карпош, е што на нивно барање, Општината успеа да издејствува во Градот Скопје, во Генералниот ур­ банистички план, кој што ја помина Нацрт фазата, да се изземе булеварот „Димитар Митрев“, каде што има бесправно изградени објекти со нерешен ста­ тус. Поместена е трасата и на Јужната обиколница, каде исто така има бесправно изградени објекти , така што и овие наши сограѓани ќе можат наскоро да си го решат статусот на своите живеалишта.Има и други промени на профилите на неколку сообра­ ќајници и булевари кои дополнително ќе се иденти­ фикуваат, но и за нив важи дека во следната фаза, со донесувањето на Предлог ГУП­от и тамошните жители ќе можат да ги легализираат своите објекти. Урбанизацијата на општината тече и преку про­ цесот на легализација, што е законска обврска за сите општини во државата. Тоа е дополнителен и извонредно сериозен ангаж­ ман за нас бидејќи не само што ангажира многу кадри од администрацијата, туку со себе носи и огром­ на одговорност. А за колку импозантен обем на рабо­ та станува збор, говори фактот што до 3 септември, последниот рок според Законот за легализација на бесправно изградените објекти, кај нас доспеаја над 10.000 барања за легализација. Од нив една третина веќе се во процедура за работа. Досега имаме изда­ дено над 900 позитивно решени предмети. Во про­ цедура со заклучок за прекин се приближно 800 пред­ мети, поради нерешени имотно правни односи и ба­ рање на стручно мислење од надлежните институ­ ции, а уште 400 предмети се до фаза на урбанистич­ ка согласност. Благица Блажевска Антица Сашек

УСВОЕНИ ПЛАНОВИ до јуни 2012

1 2

Населба Влае 1 дел Б

3 4 5

Владо Тасевски дел Г

У.Б Карпош 3, Трговско спортски центар дел од УБ 1 и УБ 3 Тафталиџе 1 север југ Карпош 4 во Град на согласност

1

Долно Нерези поминати НАЦРТ ПЛАНОВИ од 2011 и порано во постапка

1

Влае 1 УМ 5.2 во Министерство за транспорт на согласност

1 2 3 4 5 6 7

Козле 34 и 35

8 9

П.Б. Кочо дел А

Влае 1 локалитет 2 локалитет Момин Поток Георги Димитров Братство Градски парк блок 1 Младинско спортски центар дел од блок 1 и блок 2 Карпош 3 УБ 1­ Лептокарија Планови во постапка пред нацрт

1 2 3 4 5 6 7 8

Жданец Нерези дел А дел Б Зајчев Рид 3 и 4 Влае 2 дел 2 Злокуќани Ски центар Водно КЈП над населба Козле КЈП дел В П.Б. Кочо дел Б НАЦРТ ПЛАНОВИ поминати на Совет (2012) и јавна анкета

1 2 3 4

Горно Нерези опфат А Карпош 1 модул 3 локалитет Алумина 36 и 37 ГУЦ Здравко Цветковски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ВЕСТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ДОЛНА НОРМАНДИЈА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ Петочлена делегација од­Долна­Нормандија,­Фран­­­ ција, предводена од градо­ началникот на Општината Фло­ри­ на­ Орн,­ Марк­ Ле­ сер, беше официјално при­ мена од градоначалникот на Општина Карпош Стев­ чо Јакимовски. Во подолги­ от разговор двајцата гра­ доначалници изразија ис­ крена желба за соработка на повеќе полиња, при што од страна на гостите од Фран­ција­беа­нагласени­жел­­ бите за соработка во сфе­ рата на економијата и локалниот економски развој, т.н. социјалната економија, соработка на младите, потоа во областа на културата, одржливиот развој (транспорт, инфраструктура и екологија), како и во две области на демократијата. Тоа се развојот на локалната демократија, по­ дигање на демократијата во сферата на половата ед­ наквост и застапеност на жените во јавната адми­ нистрација. Запознавајќи ги со сите перформанси на општината, градоначалникот на Карпош Јаки­ мовски на гостите им понуди конкретни проекти за соработка, пред сè кај помладата популација, од училишна возраст, потоа во спортот, културата и

уметноста, а беше отворена и можноста за збрати­ мување на двете општини. Првите средби кои се остварија во Општина Карпош, беа само почетно ниво на запознавање на двете администрации, но втората фаза е реализација на конкретни проекти, беше истакнато во разговорите. Во текот на чети­ ридневната посета на гостите од Долна Нормандија во јули, тие се запознаа со сите сектори на работа во локалната самоуправа, ги посетија и имаа рабо­ тен состанок со урбаните заедници, градинките и училиштата на Карпош, а имаа и еднодневна посета на Охрид.

МКУД „ЦВЕТАН ДИМОВ“ ГО ОСВОИ СЕГЕДИН Меѓународниот фестивал „На мостови“ кој се одржа во Сегедин, Унгарија, е уште еден голем до­ каз за успехот на младите игроорци од Карпош, кои со своите прекрасни изведби ја воодушевија унгар­ ската публика. Одекнуваше „Македонија, Македо­ нија, браво, браво...“ и имаше многу бисови. Тоа беа впечатоците со кои младите игроорци од детскиот ансамбл „Цветан Димов“ се вратија од успешната турнеја од Сегедин. Иако премлади, тие го претставија македонски­ от фолклор на највисоко ниво и добија многубројни пофалби за нивната презентација. Одиграни беа девет концерти, на кои повеќеилјадната публика уживаше во традиционалните ора и во изворната македонска музика која нашиот ансамбл „Цветан Димов“ ја има на својот репертоар. Презадоволни од приемот на публиката, ансамблот се врати во Македонија пред уште еден свој силен предизвик,

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

организација на својот 16. по ред Меѓународен фол­ клорен фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“ кој ќе се одржи од 27 септември до 1 октомври во Скопје. Пред многубројната публика во Сегедин се претстави­ и­ проектот­ „Фолклорна­ школа“­ под­ ор­ ганизација на Општина Карпош – за кој исто така беа добиени големи пофалби. (А.С.)


ОПШТИНАРИТЕ СПРЕЧИЈА ПОЖАР При враќање од службен терен, пред зградата на бул. Партизански одреди бр. 111 во населбата Кар­ пош 3, минатата недела нашите вработени забеле­ жале чад и пламен кој се ширел од првиот кат на една преградена тераса. Во станот се наоѓала баба Цве­та којашто и покрај опасноста од избивање на по­жар, одбивала да излезе од станот. Во тој момент ко­ легата Јован Цветановски, соработник во Општи­на Карпош, се качил во станот и веднаш го исклучил плинскиот шпорет од кујната и електричниот шпо-рет на терасата, а потоа со помош на кофа со вода успеал да го стави под контрола пожарот. Опожарени биле и висечките елементи и пожа­ рот се заканувал да ја опфати целата дислоцирана кујна и плинскиот шпорет, што би предизвикало

ог­ромна штета и несакани последици. Во гаснењето на пожарот му помогнал и еден млад минувач доде­ ка да дојде противпожарната единица. За среќа, освен мало труење со чад, не предизви­ ка посериозни последици врз здравјето на станари­ те и спасувачите.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРОМОБРАНСКАТА ИНСТАЛАЦИЈА НА ООУ „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ“ Одделението за заштита и спасување при Оп­ штина Карпош деновиве врши интензивна контро­ ла врз громобранската инсталација. Поради дотрае­ ност и неисправност, деновиве започна со целосна реконструкција на громобранската инсталација на ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Со ова треба да се обезбеди поголема заштита и си­гурност на објектот и на децата во случај на не­ вре­ме проследено со електрични празнења што е карак­теристично особено за летниот период.

АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ТАКСИ – СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ Општина Карпош и натаму продолжува со осо­ временување на своето работење со цел да им се приближи на граѓаните и да им го олесни пристапот до локалната власт. Имено, од неодамна стартуваше елек­тронското плаќање на административните такси и другите да­вачки, со што на граѓаните им се скра­ тува вре­ме­то и им се осовременува начинот на пла­ ќање на да­вачките кон локалната власт, за услугите кои им ги овозможува таа. Според секретарот на Општината Карпош, Вла­ до Поповски, од неодамна почна да функционира посттерминалот за прифаќање на платежните кар­ тички за надоме­стување на администра­тивните так­ си кон Општина Карпош и според нашите со­зна­нија, Оп­штина Карпош е един­ствената општи­на во Репу­ блика Македони­ ја каде што со платежни кар­­ти­чки може да се платат ва­квиот тип на ус­ луги. Ина­­ку, об­ вр­ската за плаќа­ ње на банкарска­ та про­ви­зија при уплатата на пост­терминалот што на го­ди­шно ниво изнесува околу 150 илјади денари, ќе се ис­платува од буџетот на Општина Карпош, вели се­кретарот на Општината Поповски. Граѓаните со задоволство го прифатија овој на­ чин на плаќање на услугите кон Општината бидејќи дра­стично им се олеснува и забрзува процедурата за добивање на некои документи.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА НА БРАЌАТА СТЕФАНОВСКИ ЗА НЕПРОМЕНА НА ИМЕТО НА УЛИЦАТА МЕКСИЧКА КАРПОШ ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, секретарот Вла­до Поповски и Роберт Јанковски, член на Сове­ тот на Општина Карпош, на 26-ти јули, положи све­ жо цвеќе пред споменикот на загинатите во земјо­ тресот. Поводот за положувањето на цвеќе на спомени­ кот е 49-годишнината од катастрофалниот земјо­ трес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лу­ ѓе, а 3.000 беа повредени.

На 54. седница на Советот на Општина Карпош, независните советници и советниците од СДСМ до­несоа Одлука за поддржување на иницијативата од Влатко и Горан Стефановски за запирање на про­ це­дурата за преименување на улицата Мексичка. Ста­нува збор за иницијатива доставена до Општи­ на Карпош, до Советот на Општина Карпош, како и до Советот на Град Скопје во која се бара да не се ре­ализира намерата на Град Скопје за преименување на улицата Мексичка. „Името на улицата Мексичка е врзано со земјо­ тре­сот во 1963 година, еден од најголемите понови трау­ми на Скопје. Населбата Тафталиџе е формира­ на од донациите на повеќе држави кои тогаш ис­ пратија помош за нашите жители, а меѓу нив беше и вла­дата на Мексико. Оттогаш поминаа речиси 50 го­дини. На оваа улица живееја големата актерка Нада Гешовска и сликарот Спасе Куновски. Тука се

НОВИ 33 ЛИЦА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО Од август Општина Карпош ќе започне со реа­ лизација на проектот „Чистење и одржување на зе­ лени површини во Општина Карпош“. Станува збор за проект во кој ќе бидат ангажирани 33 лица од стра­на на Агенцијата за вработување и Општина Карпош, а нивна задача ќе биде да се грижат за одр­ жување на хигиената во општината. Пријавените ли­ца ќе бидат привремено ангажирани шест месе­ ци, распоредени во сите 14 урбани заедници во оп­ штината. Освен за чистење на станбените улици, дво­ровите во училиштата и во градинките, кејот на ре­ката Вардар, дел од ангажираните лица ќе се гри­ жат и за наводнување на тревните површини, поди­ гнување на дивите депонии, како и косење на тре­ вните површини. А.Т.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Мексичка - Симбол на солидарноста уште живее политичарот Стојан Андов, а на оваа ули­ца се роди и групата ,Леб и сол“. Да не ги споме­ ну­­ ваме нашите родители и себеси и животните при­­казни, кои се битно врзани за оваа улица“, пи­ шува во писмото на браќата Влатко и Горан Сте­фа­ новски, едни од најеминентните имиња во поно­ва­ та македонска култура и уметност.


ХУМАНИ ПРОЕКТИ „Стоп за семејното насилство“

АЛКОХОЛОТ НЕМА ДА МИ ГО ОДЗЕМЕ УМОТ Во животот нема ништо поважно од здравјето и среќата. Здравјето и среќата не се купуваат со пари, иако оние што имаат пари мислат дека имаат сè – грешат! Се чувствувам здраво, а среќен сум секогаш кога сум со семејството и со неа. Многу ги сакам. Но секогаш постои некој или нешто што ќе ти ја уништи среќата. Зборувам од лично искуство. Петочната забава заврши. Се враќавме прегрна­ ти, држејќи се за рака. На улицата се разделивме, таа десно, а јас право. Ја бакнав и ги изговорив тие два збора, со едно големо значење кои секојпат кога ќе ги слушнев или изговорев ми ги будеа пеперутки­ те во стомакот. Многу бев среќен... Но, за жал, сре­ ќата кратко траеше. Насмеан влегов дома, а кога вле­ гов што да видам... Мајка ми седната на земја плаче. Една огромна модринка го прекриваше нејзиниот прекрасен лик. Очите и беа црвени од плачење. А, пак, од соседната соба помалото братче силно плачеше исплашено од прегласната караница и од плачот на мама. Очите ми светнаа, крвта ми зовре… Бев подготвен да се тепам со очувот... Бесно го извадив мобилниот од џебот и брзо го завртев неговиот број. Морав итно да го пронајдам. Мајка ми ме молеше да не се мешам, ме убедуваше дека таа била виновна, го изнервирала и заслужено ја добила шлаканицата. Не, не, не можев да сфатам и покрај тоа што и го направил таа сè уште го сака! Си помислив – каков ли е тој маж штом крева рака на жена? Ајде нека крене рака на мене, на некој друг маж, но на жена?

Не ми беше јасно ниту, пак, зошто мајка ми го трпи, зошто не го пријави, зошто се плаши од него. Зарем уште сака да биде повредувана? Или, пак, и недостасуваше поддршка и храброст? Легнав на креветот во мојата соба и размислував. Се прашував дали и јас кога ќе пораснам, ќе бидам вакво „чудовиште“ како него или, пак, ќе ја чувам и ќе ја заштитувам својата сопруга како капка на дланка? Искрено се надевав на ова второво, се надевав дека алкохолот нема да ми го одземе умот... Во мене гореше желбата да извикам на сиот глас: „ЗАПАЛИ ЦРВЕНО СВЕТЛО ПРОТИВ СЕМЕЈ­ НОТО НАСИЛСТВО, ТИ БИДИ ТОЈ ШТО ЌЕ ГО СКИНЕ ОВОЈ СИНЏИР НА НАСИЛСТВО“. шифра: 7544911

„ЗДРАВ ЖИВОТ“ СО НОВИ ПРИЗНАНИЈА И ИСКУСТВА ОД ЛИЊАНО Здружението на апстиненти “Здрав живот“ ­ Скопје, по четврти пат учествуваше на Курсот за сензибилизација на волонтери, кои ќе работат во клубовите на лекувани алкохоличари. Курсот се одржа во Лињано,Италија. Како и претходните го­ дини, од 2008 година наваму, волонтерите од ова здружение го свртиа вниманието на експертите од Европа и светот. Годинава, на тројца членови од ти­ мот Ана Бојчевска од Виница, Живко Тасев од Ва­ ландово и Ивана Пејовска од Скопје, нивните есеи беа јавно прогласени за најдобри во групите во кои работеа заедно со претставници од Европа и од све­ тот. Ова е големо признание не само за волонтерите туку и за Република Македонија. На овој Курс последниве четири години Здру­ жението направи и многу успешни презентации на Општина Карпош и на други општини како Кочани, Велес, Валандово и Виница. Овие млади луѓе сега очекуваат институциите на системот, посебно Ми­ нистерството за труд и социјална политика да им овозможи да покажат се што научија во Лињано. Дел од своите знаење и искуство тие веќе го импле­ ментираат на работилниците што ова здружение, ги прави секој месец на тема „ Проблемите преди­ звикани од штетното користење на алкохолот“.

И.М.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


СРЕДБИ Дурак Сулејманов - студент

УБАВО Е ЧУСТВОТО КОГА СИТЕ ТЕ УВАЖУВААТ Без оглед што се обидувам со ниедена постап­ ка да не се издвојувам од средината во која жи­ веaм, луѓето, соседите, другарите... поинаку се однесуват кон мене откако се запишав на факул­ тет, вели на почетокот од нашиот разговор, Дурак Сулејманов. Станува збор за респект кон поединец кој од се уште нееманципираната средина, насел­ бата Злокуќани, тргна академски да се образува, што инаку е карактеристика за балканското поимање на позитивно издвојување од вообичаената животна колотечина. Дурак е Ром, па неговата забелешка за „поинакво однесување„ има конкретна тежина бидејќи, освен што индексот на Правниот факултет во Скопје му го зголемил угледот, преставува насока по која ќе тргнат многуте негови сонародници, посакувајќи еден ден да ја почуствуваат позицијата на Дурак. ­ Секако дека ми годи вниманието, но сметам дека ништо суштински не се промени во моето од­ несување кај моето опкружување, дури сега имам обврска, со своето поведение да не ги разочарам оние што веќе ме прогласија за „адвокат„... Во двочасовната исповед на овој млад Ром, кој прави исчекор во ромската популација во општина Карпош, нема општи фрази; секако, супер, да и не, така присатни во комуникацијата со младите од не­ говата генерација. ­ Овој наш муабет никако немаше да се случи, да не беше една дбора жена и, мојата класна Ивана, професорка во „Кочо Рцин„. Во времето кога јас че­ сто бегав од часовите, таа ме викна и, онака мајчин­ ски ме советуваше. Велеше „Дурак, ти си добро мом­ че, интелегентен си, градивото го сфаќаш прбргу од другите и штета би било тоа да не го искористиш и еден ден да станеш човек„. Начинот на кој таа ми пријде и воопшто, поради нејзиното однесување и кон другите ученици, јас се „зедов во умот„. Вистина е, не се фалам, бев најдобар ученик за што бев јавно пофалуван и од директорот на учили­ штето, и така тргнав по вистинскиот пат кој еве ме доведе на факултет. И веднаш да кажам, сум имал среќа и на факултет да се сретнам со добри профе­ сори, кои ми помагаат во секоја смисла. Тука, пред се мислам на професорите Томе Груевски, кој ми пре­ дава неколко предмети по новинарство и на професорот Људмил Спасов. Воодушевен сум од однесувањето на моите ко­ леги на факултет. Се дружиме, заедно учиме и си

одеме еден кај друг нагости. Тоа целосно ме испол­ нува и ме потсетува на мојата класна која велеше дека учењето и работата човекот можат да го напра­ ват среќен и задоволен. Сега за сега, факултетот добро ми оди и се наде­ вам дека така ќе биде и во иднина. Сакам да го завр­ шам и еден ден да станам новинар. Се разбира, тоа ми е желба, но ќе работам и што било друго што има врс­ ка со моето образование. Еве и сега можам да кажам дека многу саав да работам како конфекциски техни­ чар, за што инаку учев во средното училиште. Живеам во средено семејсто, дедо ми и татко ми работат како косачи во Општината и од нив секо­ гаш имам целосна поддршка. Примам и стипендија и задоволен сум. Инаку имам желба да работам во некоја невладина организација, која се занимава со помош на сиромашните и на оние што од разни при­ чини немале можност да се школуват и да изучат некој занает... Се разбира, што и да работам во животот, ќе се трудам тоа да биде во полза на сите луѓе на кои им треба помош, посебно на моите Роми, бидејќи, како што знаете, тие се во посебно тешка положба. Лично сум задоволен од однесувањето на локалната само­ управа кон Ромите, но сметам дека во Злокуќани недостасува некое место кад младите би се собирале и корисно би се дружеле, траба и игралиште и се надевам дека наскоро ќе ги добиеме и тие работи... Да, имам пријатели, тоа се оние исти со кои из­ раснав и во тој поглед, барем што се однесува до мене, ништо не се променило. Имам и добра прија­ телка, да не речам девојка но таа живее во стран­ ство. Сеуште сум млад и сметам дека е добро ако работите во животот одат по некој природен редо­ след... Ова лето ќе одам на одмор како воспитувач. Ме одредија со другарка ми Мерита Бектеши да се гри­ жиме за група дечиња кои ќе одат на бесплатен од­ мор... М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


ИНТЕРВЈУ Разговор со проф. д-р Владимир Какуринов, сопственик на консалтинг и тренинг центар -Клуч

СИСТЕМСКИ ДО КВАЛИТЕТНА И БЕЗБЕДНА ХРАНА Прехранбените фирми мора да го имплементираат системот HACCP, ако сакаат да останат на пазарот и ако сакаат да извезуваат во ЕУ, потенцира нашиот соговорник, експерт за квалитет и безбедност на храната Благодарејќи и на м­р Ирена Милевска советник во Општина Карпош задолжена за контрола на квалитетот и безбедноста на храна во установите за предшколска и школска возраст и нашата општи­ на се вклучи во светскиот тренд на здрава и безбед­ на исхрана. Токму со посредство на госпоѓицата Милевска, деновиве остваривме средба со сопстве­ ниците на Консалтинг и трениг цнтар Клуч. Бра­ чната двојка, проф. д­р Владимир Какуринов и не­ говата сопруга, м­р Снежана Какуринова се пионе­ ри во воведување меѓународни стандарди и систе­ ми, пред се во областа на квалиетот и безбедноста на храната, во нашата држава. Нивната компанија постои четири години и зад себе има реализирано низа проекти од споменатата но и ругите области, сврзани со едукацијата и при­ мената на меѓународните стандарди во хигиенско инжинерство. Тие организираат, обуки, работил­ ници и семинари за сите кои се зантересирани, со сопствени знаења и средства да се занимаваат со се што е поврзано со квалитетот и безбедноста на хра­ ната, но и во други области. Професорот Какуринов вели дека, поучени од светските искуства и домашните потреби, во 2008 година, со својата животна сопатничка, одлучиле да формираат сопствена Консалтинг фирма и во истата да ги применат своите знаења од областа на микробиологија и имонологијата односно, финан­ сии и менаџмент. Тој како редовен професор по микробиологијата и имунологија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охрид­ ски„ во Битола а таа како дипломиран економист, насока финансиско­сметководствено­банкарска. Стартувале со визија да станат центар за орга­ низациски, личен и професионален развој на луѓе­ то, со највисоки стандарди во областа со која се за­ нимаваат. Денес, после четри години велат дека ни­ вната мисија да креираат претприемничко опкру­ жување заживува побргу отколку што очекувале. l Велите дека квалитетот и безбедноста на храната се приоритет во вашиот семеен бизнис?

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

­ Може да се рече да но опсегот на нашата работа е повеќеслоен и главно е концентриран на едукација на поединци и фирми во примена на меѓународни стандарди во повеќе области, или пољпрецизно ка­ жано, во сферите кои се интерес на нашите клиенти, без оглед дали се работи за поединци или компании.


Со оглед дека мојата струка- миклробиологија и имунологија имаат тесна врска со храната, јас ста­ нав меѓународен експерт токму во областа на ква­ литетот и безбедноста на храната. Како таков, ре­ довно учествувам на светските конгреси и семинари кои за тема ја имаат токму храната и се разбира, тие ис­куства ги пренесувам и се трудам што пошироко да бидат применети и во нашата земја. l Колкава е Вашата заслуга што првиот Свет­ ски конгрес на хигиенско инженерство и дизајн минатата година беше одржан во нашата земја, во Охрид? - Без лажна скромност, нашата куќа е „виновна„ за тој настан кој е од огромно значење не само за Македонија, туку и со целиот свет. Тоа беше самит на светската прехранбена индустрија. На конгресот присуствуваа сопственици на најголемите и најваж­ ни компании, извршни директори, менаџери за про­дажба, но и технолози и технички лица, претставни­ ци на многу истражувачки институции и универзи­ тети од целиот свет, како и претставници на влади­ ни органи и тела за контрола на квалитетот и без­ бедноста на храната l Дали вашата фирма може да се смета за кон­ курент на државните институции задолжени за контрола на квалитетот на храната? -Во никој случај бидејки, со двете такви инсти­ туции- Ветеринарната управа - за храна од живо­ тинско потекло и Дирекцијата за безбедност на храна - на производи од растителен состав, имаме од­лична соработка. Веднаш да кажам дека Мини­ стерството за здравство и соодветни државни орга­ ни се задолжени само за обука за хигиена на хра­ ната и за заштита на животната средина, но тоа е са­мо еден сегмент од неопходните предуслови за примена на HACCP. Ни сме тука да посочиме што се треба да се стори за примена на системот за без­ бедоност на храната. Имено, секоја фирма што се за­нимава со производство на храна, треба да ги за­ до­воли соодветните квалитети на внатрешното и на­дво­решното уредување, односно соодветен ди­ зајн, осветлување, вентилација, отстранување на отпад, санитарни јазли, снабдување со вода. lПојаснете ги кратенките HACCP или АОККТ?  - АОККТ значи производство на безбедна хра­ на. Поимот безбедност е различен од поимот квали­ тет. Ако зборуваме за квалитет, секоја храна може да биде квалитетна, но небезбедна или обратно, безбедна, но неквалитетна. Најдобро е да биде и квали­ тетна и безбедна, но сепак треба да се разликуваат овие термини. Значи, безбедноста е дел од општиот квалитет - не може да се тврди дека некоја храна е ква­литетна, а да не е безбедна. АОККТ не е апстра­ ктна именка, туку е систем за безбедност на храна и претставува заштита на потрошувачите. Тоа е си­ стем за самоконтрола. Сите производители велат

дека им е мака од разно-разни инспекции и кон­ троли, а токму АОККТ е одговор на тие контроли. Значи, прехранбените фирми мора да го импле­ ментираат системот HACCP, ако сакаат да останат на пазарот и ако сакаат да извезуваат во ЕУ. За не­ кое време, македонскиот пазар ќе биде преплавен од производи на странски фирми, на кои македон­ ските нема да можат да им конкурираат. Затоа пре­ хранбените фирми треба на секој начин да се трудат да го имплементираат овој систем l Во нашата но и во европската јавност имаше голем одглас промоцијата на вашиот, но и првиот ре­чник на поими и изрази за квалитет и безбед­ ност на храна, на македонски и на англиски јазик? - „Квалитет и безбедност на храна - Речник на поими и изрази„ е комплетниот наслов на речникот, во кој на едно место се собрани сите поими, дефи­ ниции, стандарди и системи од областа на квалите­ тот и безбедност на храната. Речникот е всушност стру­чен превод на англиските поими кои се однесу­ ваат на сите аспекти и фази во производството на пре­хранбени производи на македонски јазик и е един­ствен од ваков вид во Европа. Во неговото со­ ставување работеше мултидисциплинарен тим со­ ста­вен од осумина македонски сручњаци, и за две и пол години успеавме да создадеме труд, за кој и Ев­ роската комисија пројави интерес и сугерира да се преведе и на други јазици. Речникот е наменет за сите учесници во синџи­ рот на прехранбени производи, значи и за произво­ дителите на примарни производи, преработувачите, пакувачите, транспортерите, продажбата, организа­ ци­ите на потрошувачите, консултантите, индустри­ ски­те и трговски организации, научната заедница, за министерствата, дирекциите, агенциите, инспек­ ци­ските и царинските служби, лабораториите и по­ трошувачите. l Професоре Какуринов, кажетени нешто по­веќе за Вашата соработка со Општината Карпош? - Благодарејќи и на нашата надворешна соработ­ ничка Ирена Милевска, нашата фирма оствари кон­кретна соработка со Општината Карпош. Име­ но она што таа го научи работејќи со нас, сега ус­ пешно го применува во Карпош. Таа е задолжена за контрола на квалитетот и безбедноста на храна во установите за предшколска и школска возраст во ва­шата општина и тоа го спроведува според меѓуна­ родните стандарди. Освен тоа, таа, со наша помош работи на едукација на лица вклучени во исхраната во детските градинки. Инаку, Карпош е првата оп­ штина во републиката која во една важна сфера при­менува HACCP систем, што е за секаква пофал­ ба. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


НАЈ ВО КАРПОШ... Миливој Јанковски, човек кој 162 пати дарувал крв

НА ХУМАНИТЕ ИЧ НЕ СЕ ВНИМАВА Јас познавам многу хумани луѓе кои над стопати дарувале крв а за нив никој не прашува ниту му текнува и таквите да ги награди со таа национална пензија, што е неправда и пред луѓето и пред Господ

Во Карпош живее човек чие име, без претерува­ ње, може да да се официјализира како нов синоним за универзалниот збор хуманост. Епитетите што нужно ќе следат во ова кусо писаније ќе бидат ра­ збирливи и за последниот лаик кога ќе се напише дека Миливој Јанковски, архитект и дизајнер во пензија,162 пати има дарувано крв. Секој, кој макар еднаш дарувал „течноста што живот значи„ ќе разбере за каков подвиг станува збор, особено ако се знае дека зад секое од тие 162 пати легнување на трансфузиолошкиот кревет, сто­ ји стотина драматични приказни во битката за спа­ сување на нечии живот. Нашиот соговорник има евиденција и приказна за секое крводарување но, како што вели, првото го памети поради драмати­ чноста на настанот. ­ Тогаш бев ученик во Уметничкото училиште во Скопје и еден ден ни јавија дека во саобраќајка бил повреден другар на брат ми и дека итно требало да се даде крв за неопходната лекарска интервен­ ција. Се разбира, се јавив и јас, дадов крв, момчето беше спасен, а јас влегов во една благородна мисија која, еве, трае и ден денес. Беше то на 16 април 1967 година.

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Инаку, не можам точно да ви го објаснам чуство­ то кога ќе даруваш крв, а притоа тоа го правиш да спасиш нечии живот, меѓутоа тоа кај мене стана на­ вика без која навистина не би можел да функцио­ нирам. Еве, ќе ви раскажам за една случка која мо­ же да ви го појасни она што пред малку го кажав. Еден ден ја слушав популарната емисија што ја во­ деше познатиот актер Иван Бекјарев и тој, во еден момент, со сериозен глас соопшти дека е неопходна крв за спасување на некое лице повредено во сообра­ ќајка. Запомнив само дека сите кои сакаат да дару­ ваат крв треба да се јават во трансфузиолошката амбуланта на Палилула во Белград. Јас веста и ја со­ општив на мојата покојна сопруга и дека веднаш за­ минувам за Белград. Нејзе не требаше многу да и обја­ снувам но таа ми рече дека не умно сам да одам на толкав пат, па така најдов еден другар и заминавме. Случката е интересна уште по еден детал. Кога стасавме во Белград, дежурните во амбулантата беа изненадени бидејќи освен што не слушнале за апе­ лот на Бејќарев, беа вчудоневидени од сознанието дека некој си Македонец тргнал дури од Скопје ка­ ко би дарувал крв. Се разбира, откако сфатија за што се работи, ми приредија незаборавен престој.


Веднаш повикаа новинарски екипи, ми организираа го­стување на Телевизија Белград, ме прими градо­ на­чалникот на тогашната југословенска престолни­ на Настанот имаше одглас во целата држава и јас бев горд бидејќи сите зборуваа за Македонецот кој допатувал од Скопје во Белград за да дарува крв. Токму тоа и беше повод истата година, 1990. редак­ цијата на весникот „Нада„ да ме ме предложи за наградата „Велико срце„ а потаоа бев избаран меѓу де­сете најхумани Југословени. Во тоа време Миливој, популарниот Миле бил вра­ботен во „Треска„ и благодарејќи му нему, на­ шата, тогаш позната фабрика за мебел, била шампи­ он по бројот на крводарители. Истовремено, тој бил иницијатор и организатор на многубројни хумани ма­нифестации во Скопјер но и надвор, во градови­ те низ Републиката. - Знаете, една ластовичка не ја прави пролета, и јас мошне рано, на млади години сватив дека крво­ дарителството ке биде успешно само доколку ре­ довно дарување на крвта стане масовно. Токму и за­ ради тоа, сето свое слободно време го посветував на таа цел, и можам да кажам тоа ме правеше среќен и задоволен. Во сите тие манифестации имав голема поддрша и помоќ од д-р Грубовиќ, долгодишниот директор на Клиниката за трансфузиологија и еден неповтор­ лив хуманист. Во тоа време размислував како кон да­рување крв да се привлечат и оние кои не се за­ ин­тересирани крвта да ја даруваат кога нема кон­ кретен повод. Тогаш дојдов на идеја да организирам големи музички и спортски приредби, на кој, без збор редовно се одзиваа нашите еминентни естрад­ ни уметници и познати спортисти. Средствата со­ брани на таквите манифестации редовно ги подару­ вавме на институции и установи кои се занимаават со социјално загрозени и хендикепирани лица. А кога ме прашувате за манифестација која трај­ но ќе ми остане во сеќавање, и не само мене туку и на сите кои учествуваа или присуствуваа на неа, се­ како е хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Скопје и Белград што се одржа на Градскиот ста­ дион во Скопје. Тоа навистина бше спектакл. Во еки­пите кои го одиграа тој натпревар беа сите то­ гаш популарни фудбалери; Џајиќ, Вукотиќ, Богиќе­ виќ, Спасовски, Сребров, Мојсов, Рингов... и да не ги набројувам. Јас дојдов на идеја топката на цента­ рот да ја донесат тогашните градоначалници на Скоп­је и Белград, другарите Југослав Тодоровски и Александар Бакочевиќ и тоа со хеликоптер кој ни го отстапија од Министерството за внатрешни рабо­ ти. Вакви и слични приредби, во хуманитарни цели организиравме низ 11 градови во Македонија... Прилика е да се пофалам дека сум автор на сандаче за собирање доброволен прилог. Го крстивме „Црвенко„ и се наоѓаше на сите јавни места во

земјава. Е тој „Црвенко„ стаса и во Бугарија. Од бу­ гарскиот Црвен крст ме побараа и ме прашаа дали и тие можат да го користат за иста намена. Се раз­ бира јас се согласив и тие коректно ми платија ав­ торски надомест, но јас тие пари не ги примив туку ги замолив целата сума да ја уплатат на семтката на некоја детска установа. Конкретно, парите отидоа во еден Дом за деца без родители. Инаку, токму во времето кога бев рекордер спо­ ред бројот на дарување крв и организатор на забе­ лежителни хуманитарни манифестации, со сопру­ гата и двете ќерки живеевме во 28 квадрати. Знаете,

јас тогаш не размислува за својата положба, а на оние околу мене не им текнуваше да ме прашаат да­ ли нешто ми треба. Ете заради тоа јавно поставив прашање и сега го повторувам, зошто национална пензија сега им се доделува само на заслужни умет­ ници и спортисти. Јас познавам многу хумани луѓе кои повеќе од стопати дарувале крв, а за нив никој не прашува ниту му текнува и таквите да ги награди со таа национална државна пензија. Се разбира, лично сум задоволен бидејки ми беа доделени многу признанија, помеѓу останатото, 13 Ноемвриска награда на Скопје, југословенски Орден заслуги за хуманост што ја доделуваше Претседа­ телството на тогашната СФРЈ, претседателот Бран­ ко Црвенковски ме одликуваше со Медал за заслуги за Македонија... Крв ќе дарувам додека сум жив и притоа не ми е важен рекордот за што инаку се зборува секогаш кога ќе се спомне моето име, и надвор од државата. Двете ќерки ми се омажени, вработени се, имам три внучиња и навистина сум среќен човек. М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


ТАЛЕНТИ Блерина Сефери- Балканска шампионка во џудо

ПАТРИОТИЗМОТ СЕ УЧИ ДОМА

Се чувствував многу среќна што го освоив првото место во Бугарија и ќе продолжам многу да работам за да носам медали за Македонија и за мојата родна Шипковица, вели младата шампионка Во минатиот број на „Урбан„ објавивме инфор­ мација за спортскиот успех на пионерките од џудо клубот „Ипон„ на турнирот во Хамабург, нагласувај­ ќи дека од трите медали најсјајниот го освоила Бле­ рина Сефери. Податокот дека тоа го постигнала во најсилна европска конкуренција на свиоте врснич­ ки, зборува дека во џудо клубот „Ипон„ и во Кар­ пош се раѓаат идните шампиони и шампионки. Нашата прогноза Блерина ја потврди неполн ме­ сец потоа, станувајќи балканска шампионка. На шампионатот во Сливен (Бугарија), настапувајќи за македонската репрезентација, таа, без изгубен поен ги совлада сите свои противнички, повторно се закити со златен медал и беше прогласена за нај­ успешна на целиот шампионат. Со информацијата за големиот успех на Балка­ нијадата на нашата џудистка, стаса и податокот де­ ка Блерина е родена и живее во Hamburg, Германија, а дека семејството Сефери потекнува од Шипкови­ ца, каде таа доаѓа секое лето. Разбирливо, македонските пишани и електрон­ ски медиуми на новата балканска шампионка во џудо и посветија доста внимание и речиси и не са­ кајќи, открија дека надежната спортистка е и голе­ ма патриотка.

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

­Се чувствував многу среќна што го освоив првото место во Бугарија и ќе продолжам многу да работам за да носам медали за Македонија и за мо­ јата родна Шипковица, изјави Блерина Сефери. Тринаесетгодишната Блерина на новинарите им открила дека џудото го засакал поради таткото Не­ џад, кој во младоста бил пеливан, и дека токму тој има големи заслуги за врвните резултати на почето­ кот на нејзината спортска кариера. Но токму тој изја­ вил дека е вчудоневиден од фактот што никој од Џу­ до сојузот на Македонија не дошол во Шипковица да и честита на неговата ќерка. Таквите таленити и во Германија не остануваат незабележани па Џудо сојузот на Германија, на семеј­ ството Сефери им понудил посебни услови за тре­ нинзи на Блерина, доколку таа одлучи да настапува за германската репрезентација. Меѓутоа, таквата понуда Блерина и нејзините родители глатко ја од­ биле, одговорајќи дека таа сака и ќе настапува за Ма­ кедонија. Гестот на Блерина и на семејството Сефери по­ кажува дека спортските таленти се раѓаат, но дека за патриотизмот се учи во семејството. М. Р.


СТИПЕНДИИ КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО СТИПЕНДИРАЊЕ НА ТАЛЕНИТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ Веќе пет години откако локалната самоуправа на Општина Карпош ги стимулира талентираните ученици и млади спортисти, доделувајќи им едно­ годишни стипендии. Оваа полезна активност се реа­ лизира по предлог на градоначалникот Јакимовски, преку јавен конкурс достапен на сите кои имаат егзатни показатели дека се талентирани во некоја од областите на нивниот личен интерес, вклучител­ но и спортот. Станува збор за планска поддршка и поттик на учениците од завршните одделенија на основните училишта што покажуваат натпросечни резултати во учењето и во воншколските активности. Годинашниов конкурс за нови стипендии ќе би­ де објавен во печатените мидиуми Утрински весник, Дневник и Вест и ќе трае од 20 август до 10 септем­ ври. На конкурсот можат да се пријават сите што ги исполнуват бараните услови. Досегашната практика на ваква финансикска под­ дршка, резултира со евидентен напредок на таленти­ раните ученици, а за тоа зборуваат и нашите стипен­ дисти и соговорници, Михаела Стојановска и Предраг Огњеновиќ.

Михаела: Обоа е мојата љубов

­ Убаво е чуството кога не­ кој ќе забележи дека во некоја област отскокнувате од оста­ натите и кога токму поради тоа парично ќе ви помогне и ќе ве поттикне да бидете уште подобри. Токму заради тоа, јас сум сереќна и задоволна бидеј­ ќи сум еден од многуте стипен­ дисти на Општината Карпош, вели во еден здив Ми­ хаела Стојановска, ученичка од ОУ „Петар Поп Арсов„. Таа две години, во седмо и осмо одделение доби­ вала стипендија од Општината а истата ја заслужи­ ла со врвни резултати во областа на музиката. Ос­ вен што го завршила нижото музичко училиште (кла­ вир), пеела во школскиот хор, во хорот „Златно Сла­ вејче„, во детскиот хор на Запро Запров, настапува­ ла на детската евровизија, била солист во хорот на „Св. Злата Мегленска„ а пеела во операта Кармина Бурана. Благодарејќи и на стипендијата јас решив и про­ фесионално да се занимавам со музика. Се запишав во средното музичко училиште, одсек обоа и се на­ девам дека еден ден Карпош ќе се гордее со мене ка­ ко што сум јас горда што бев негова стипендистка.

Предраг: Достојно ќе ја презентирам општината и државата

На натпревари во кошар­ карската лига на основните училишта, едно високо момче од екипата од ОУ „Петар Поп Арсов„ ги воодушеви прису­ тните гледачи. Неговата бле­ скава игра, речиси виртуоз­ ност под обрачите, резултира­ ше со титула најдобар млад кошаркар во нашата општина.Токму по тој натпревар дознавме дека се вика Предраг Огњеновиќ, со кошарката е опседнат од осмата година и сега веќе е репрезентативец на Македонија, во генерацијата кошаркари родени 1997//8 година. Стипендијата што ми ја додели Општина Карпош навистина многу ми значи бидејќи моето семејство сега многу полесно се справува со финансиските издатоци, сврзани со моето тренирање на кошарка­ та. Сега и самиот сфатив дека само со напорна ра­ бота може да се постигнат врвни резултати и при тоа, од тоа да се има и финансискас полза. Не би сакал ова да звучи како фраза но сигурен сум дека на Општината Карпош ќе и возвратам за паричната помош и достојно ќе ја презентирам на­ стапувајќи за кошаркарските селекции на Македо­ нија, вели Предраг, од есенва ученик во гимназијата Георги Димитров. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ Полицаец сопира пијан господин и го прашува: - Каде сте тргнале во ова глуво доба? - На предавање, одговара пијаницата - Не зборувајте глупости - па кој среде ноќ држи предавање? - Жена ми, другар полицај. Нема пократок пат за да се стаса на место на кое вреди да се стаса Б. Силс

Тркало на жица Една вечер генијалниот италијански виолинист Николо Паганини (1782-1840) доцнел на својот концерт и сопрел непознат пајтонџија. - Колку ќе ми наплатиш да ме префрлиш до концертната сала?- го зпарашал Паганини. Пајтонџијата го препознал големиот виолинист и решил дебело да му ја наплати бараната услуга. - Па тоа е чист грабеж!- протестирал Паганини. - Знам дека свирите на една жица и за тоа добивате големи пари, одговорил тој. - Ако тоа е така лесно, тогаш терај го пајтонот на едно тркало, му возвратил Паганини.

Подготвил: М. Раденковиќ

Ако одиме по прав пат, се што треба да сториме е да продолжиме да се движиме. Л.Ранпас

Среќа е кога она што мислите, ана што зборувате и она што го работите живеат во хармонија Махатма Ганди

Тајната на среќниот живот не лежи во тоа да работиме она што сакаме, туку да го сакаме она што мораме да го сработиме

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 18 • ЈУЛИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Карпош Урбан бр.18  

Месечен весник на локалната самоуправа

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you