Карпош Урбан бр.16 - Месечен весник на локалната самоуправа

Page 25

ЕКО-КАТЧЕ

ЕКОХЕПЕНИНГ Пo повод Светскиот ден за зачувување на климата и Светскиот ден на семејството 12 Мај, во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ се одржа екохепенинг. Проектот „Собери ПЕТ за да добиеш 5“ ги обедини партнерите Здружението на граѓани „ОРТ“ – Обука за одржлив развој, Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“, мотоклубовите „Ендуранс“ и „Сакамото“, а поддржан беше и од Глобален еколошки фонд – ПМГ. Обединети околу идејата дека отпадокот може да стане суровина за изработка на разни предмети, сите десет училишта во Карпош во изминатиот месец активно работеа на скулптури наречени „Училишна порта“. На хепенингот, покрај 10-те порти имаше и низа клупи, цвеќиња, топки, автомобили, велосипеди од пластични шишиња. Директорката на Здружението на граѓани „ОРТ“, Билјана Стеваноска, им се заблагодари на присутните и на сите ученици кои земаа учество на овој еконастан. Градоначалникот Јакимовски ја отвори манифестацијата при што истакна: „Ова е одличен начин на едукација на учениците, како да се однесуваат со ПЕТ-амбалажата, како да се потрудиме да ја заштитиме планетата Земја што повеќе, како Република Македонија да стане дел од напредните нации во светот. Ова е одлична манифестација која ја развива свеста, со сите ваши креации. Вие, учениците,

покажувате дека размислувате што треба да правите со ПЕТ-амбалажа, мислам дека ваква манифестација треба да направиме и за возрасните“. На присутните им се обрати и претставникот од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Бранко Николовски, истакнувајќи дека животната средина од нас

бара љубов, внимание, грижа, совесно однесување и дека сите треба да научиме дека отпадот не е ѓубре. Никола Николов од мотоклубот „Ендуранс“ повика да не се фрлаат шишињата туку да ги собираме и да се донесат до собирните контејнери. Тој зборуваше за емисијата на издувни гасови на моторите, за многуте шишиња од моторни масла и низата шишиња вода што ги користат моторџиите, па порача дека тие треба да се собираат и да се носат во собирен пункт. На екохепенингот учениците од сите училишта настапија со неколку музички изведби посветени на зачувување на природата, намалување на отпадот и поголема грижа за здравјето. На крајот на хепенингот, учениците од ОУ „Братство“, ОУ „Јан Амос Коменски“ и ОУ „Владо Тасевски“ беа наградени со чадори, соларни радија и тетратки. И. М.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.