Page 1

Весник на локалната самоуправа мај 2012 • бр. 16 • година 4

ПОД ОВА СОНЦЕ ИСТИ СМЕ

САМ СВОЈ ГАЗДА


окус Сметам дека само со ваквиот пристап; со обезбедени максимални услови за работа на учениците и квалитетен наставен кадарможеме да создадеме образование според европски стандарди

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

За образование по европски терк  Зошто инсистирате за регионизација во образованието? - Ние имаме обврска образовниот процес во Општина Карпош да го организираме според европски стандарди, а тоа, меѓу останатото, подразбира на децата да им се обезбедат максимални услови во образовниот процес. Оттука произлегува и одлуката, поддржана од сите советници, во нашите училишта да можат да се запишуваат само деца кои се жители на општината најмалку една година. Сакаме во еден клас да има од 24 до 28 ученици и училиштата да работат само во една смена. Фактичката состојба е поинаква, бидејќи многу родители од другите општини, сакаат децата да им учат во некое училиште во Карпош. Конкретно, од 1.250 ученици, 700 не се од Карпош, туку од други општини, најмногу од Ѓорче Петров. На пример, во ОУ „Димо Хаџи Димов“, 60 проценти од учениците се од други општини.  Секоја друга општина со таква „образовна турканица“ би се фалела? - Ние сме горди што родителите сакаат децата да им учат во Карпош, горди сме што учениците од нашите училишта се шампиони во знаење по многу предмети, што имаме ученичка која е трета по знаење по хемија, во светски рамки... Горди сме што нашите ученици, спортисти, се најдобри во државата, а ние го носиме епитетот на најспортска општина во Република Македонија... Но, сепак, не сакаме турканици во школите и пред нив, сакаме на децата и на наставниот кадар да им обезбедиме најдобри услови за работа. Ние, не подигаме споменици, како другите општини во кои е на власт ВМРО и нејзините коалициски партнери, туку ги обновуваме и ги реконструираме училиштата, и тоа со само вложување, со средствата на граѓаните на Општина Карпош. Сакам, овде, уште да нагласам дека ние, минатата година, од 2.100.000 евра вложени во образованието, имаме издвоено 1,5 милион евра сопствени средства, па апелирам до колегите од другите општини да го следат нашиот пример.  Излегува дека токму Вие го промовирате новиот концепт во сферата на образованието во локалната самоуправа ? - Овој концепт е во интерес на нашите деца, и без оглед што од актуелната власт немаме поддршка, туку опструкции, ќе продолжиме со истото темпо. Сметам дека само со ваквиот пристап, со обезбедени максимални услови за работа на учениците и квалитетен наставен кадар, можеме да создадеме образование според европски стандарди. Во тоа нема да не попречи ништо, па ни селективното вложување во сферата на образованието во државата. М. Раденковиќ КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа мај 2012 • бр. 16 • година 4

ПОД ОВА СОНЦЕ ИСТИ СМЕ

САМ СВОЈ ГАЗДА

Издава Општина Карпош

ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОЛЕТНО РАЗУБАВУВАЊЕ НА КАРПОШ

...................................................... 6

ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет

САМ СВОЈ ГАЗДА НАЈГОЛЕМ РИЗИК Е ДА НЕ СЕ РИЗИКУВА

................................................ 10-11

Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска Редакција

НАШ ГОСТИН ПОД ОВА СОНЦЕ ИСТИ СМЕ

................................................ 14-15

Миле Раденковиќ Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Технички уредник Зоран М. Гулевски

ТАЛЕНТИ КОНСТАНТИНИ ТАЈНИТЕ НА МЕСЕЧИНАТА

...................................................... 23

Лектура Ангелина Николовска Живко Трајановски Фотографија М. Раденковиќ Ива Манова

4

СПОРТОРАМА ГЕНЕРАЛНА ПРОБА НА ВРВОТ НА АЛЈАСКА

...................................................... 29


НА ЧАТИЈА ПРЕС

КОЛУМНА

По кој знае кој пат, тука на гости кај нас, ни е Саше. Повозрасно момче што камери љуби и сака да се слика. Му западнала за око општинската зграда, па околу неа постојано си кружи. Чиниш се подготвува за олимписки игри. Кој е тој Сашо? Е, тој ми ти е ептен важен човек – потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица, па уште и на привремена работа, како заменик министер во Министерството за локална самоуправа. Каде ќе го исфрлат ова новиве бранови, засега не е познато. Ете тој Саше, ти добил специјална задача да ги „суредува“ работите во Општина Карпош оти таму, замислете, оној Стевчо наместо да гради ја распродава Општината. Мораше на помош да се повика таков човек. Досегашните „напори“ од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со новиот претседател и члеПишува: Владо Поповски новите на Советот од оваа партија во Општина Карпош, не вродија со плод. Се покажа дека Стевчо за нив е претврд орев. Ништо бре овој Сашо Тој, човекот што требаше да ја спасува ситуацијата, демек Саше, си направи и план. Вежбовните активности ги започна со серија пресови, ваму и таму и не остава на случајот, опкружен со неговите другарчиња од Советот во Општина Карпош. Во активностите, согласно планот, беа вклучени и „десантните“ партиски си велам. Избрал единици. Нивна главна задача беше да поделат што е можно поголем број на добар термин, денот флаерчиња, големи и мали, пред и во влезовите на зградите во Карпош. Главниот удар требаше да заврши предминатата сабота и тоа пред споредниот влез на му се погодил, нашата зграда со протестен собир. а за секој случај Ништо бре овој Сашо не остава на случајот, си велам. Избрал добар термин, денот му се погодил, а за секој случај и Стевчо не е тука. и Стевчо не е тука. Си стокмил човекот говор, а ги повикал и своите другачиња од Советот на Карпош, друштво да му прават и да ѕиркаат од зад неговиот грб. Луѓе мои и тоа Си стокмил човекот е задача и тоа многу важна. говор, а ги повикал Бидејќи тие досега неуспеаја да му застанат на патот на Стевчо, веднаш беа прекомандувани во вториот ешалон-ѕиркање од зад грб. и своите другачиња И камери дојдоа. Се си беше во ред. Е, е, е... ама не испадна така. Оние што од Советот на Карпош, требаше да дојдат и да бидат дел од она што Општинскиот комитет на ВМРОДПМНЕ го замисли како партиски протест, не дојдоа. Види ги ти нив. Кој ќе го друштво да му прават чуе сега Саше? Стотината присутни, од кои триесетина донесени со едно автобусче, сите до ред партиски војници, напамет ја знаат прикаската на Саше. Пои да ѕиркаат вторно ли ќе ја слушаат. Веќе тоа и нив им здодеа. од зад неговиот грб Така, ама тој е решителен. Ќе се обраќа, па Јана да е мајка. Ако треба и од чатијата на општинската зграда. Мора да се знае дека Карпош и Стевчо распишале скандалозен оглас за продажба на новата општинска зграда. Не попушта тука Саше, а гледам и дециден е. Во негов стил, онака одлучно, од Стевчо бара и одговори за овој „невиден скандал“. Незнам дали Саше и другарчињата си ги имаат веќе средено впечатоците од последниот од нив организиран протест. Не го соопштија тоа јавно. Но нешто што сигурно знам е дека да сум на негово место би се засрамил и никогаш повеќе не би се појавил. По „успехот“ на протестниот собир, џаде би фатил, а не од Стевчо одговори да барам. Прашува кутриот Саше каде ќе завршат парите по продажбата на објектот. Прашува, оти не прочитал закон. Тоа е оној истиот закон, што е обврска да го знае како оче наш. Тој пак, Законот за локалната самоуправа, што не го знае, јасно го третира и одговорот што го бара. Но, тој ниту го видел, ниту го прочитал. Тешко си нам ако треба да побараме совет од него. Е, ама тој, ни срам ни перде, на прес поставува такви „незгодни“ прашања. Не се грижи Саше! Парите ќе завршат таму каде што бара и „твојот“ и „нашиот“ закон. Во нашите училишта. Ете таму, во подобрувањето на условите на нашите деца, за генерациите коишто доаѓаат. Ви пречи ли тоа. Затоа, и овојпат, како и при собирањето на потписите, доживеавте фијаско. Се виде колку Ви веруваат граѓаните на Карпош. Па и тие знаат дека редовно Саше им продава ветер и магла. По сето ова,се прашувам: - Слепи ли се овие луѓе Стевчо го препороди Карпош. Слушнале ли тие дека во Скопје, се разибра и тоа не случајно, Карпош е најпосакуваното место за живеење. Знаат ли тие колку проекти, и тоа во сите сфери, реализираше Карпош. Одговорот е многу, сам и со опструкции од советниците, Градот и Владата. Затоа, Стевчо е вистински пример како може да се направи успешна општина без ничија помош. Го забележуваат тоа сите. И скопјани, и карпошовци, и другите добронамерници што доаѓаат овде. Сите гледаат и знаат, само Саше и неговите не! КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОЛЕТНО УРЕДУВАЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА КАРПОШ Жителите на улиците, зградите, и другите објекти од јавен интерес, до кои градежната оператива се уште не стасала, треба да знаат дека и тие, како што вели градоначалникот на Општина Карпош, ќе дојдат на ред Ни одомаќената економска криза, ниту временските прилики, дождливата пролет, не влијаат врз реализација на Ветено - Сторено, фундаменталниот изборен проект на локалната самоуправа на Карпош, на чело со градоначалникот Стевче Јакимовски. Како и досега, во тој проект предимство имаат инфраструктурните објекти, оние што влијаат на квалитетот на урбаното живеење на граѓаните. Досега сработеното има одглас во јавните реакции на нашите сограѓани, кои при секојдневните

средби со градоначалникот Јакимовски и другите претставници на локалната самоуправа, имаат само пофални зборови. Се разбира, жителите на улиците, зградите, и другите објекти од јавен интерес, до кои градежната оператива се уште не стасала, треба да знаат, дека и тие, како што вели градоначалникот, ќе дојдат на ред. Првиот дел од нашата синтагма „Ветено“ , катадневно „истекува“ во суштинското- „Сторено“, а целиот проект, сукцесивно, го копираат локалните

ул. „Руѓер Бошковиќ “- реконструкција – асфалтирање (420 м.)

ул. „Веселин Маслеша“- реконструкција – асфалтирање (450 м.)

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ул. „Бранислав Нушиќ“ - реконструкција – асфалтирање (430 м.) самоуправи во целата држава. Навистина, општина Карпош, нејзината управа, не се фокусирани на подигање памјатници на контроверзни настани и личности, што не значи дека свои спомен обележја нема да добијат личности што трајно се вградени во историјата на Општината и Република Македонија. Впрочем Градоначалникот Јакимовски на прославата на Денот на победата над фашизмот, најави дека до 25 февруари идната година, на местото на неговото загинување, ќе биде поставен споменикот на народниот херој Х. Т. Карпош. Според проценката на градоначалникот и неговите соработници, предимство, засега, имаат инфраструктурни објекти, според кои се мери квалитетот на урбаносто живеење и естетскиот изглед на се што се подразбира во модерна урбана целина, каква што е секоја општина. За да биде Карпош докрај таков, градежната оператива (Еуроинвест ИНГ, „Кодинг“ и ДА БО Компани), ангажирани во проектот Ветено-Сторено, деновиве и во наредните месеци интензивно работат на реконструкција на фекалната канализација, асфалтирање на јавни сообраќајни површини, сервисни и станбени улици, локални патишта и санација на прекопи на територија на Општина Карпош. Дел од тие активности, и овај пат, ги илустрираме со фотографии од „отворените“ градилишта низ Општината. М. Р.

ул. „Милан Марковиќ “- изградба на фекална канализација (140 м.)

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


Реконструкции

НОВО РУВО ЗА УШТЕ ЕДНА ЗГРАДА ВО КАРПОШ 2 На 10 мај, официјално, стартуваше реконструкцијата на фасадата на зградата на улица „Никола Тесла“, број 2, во Карпош 2. Ова е четврта фасада на станбена зграда која се реконструира со средства од буџетот на Општината, изјави пред медиумите градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој, притоа, наведе дека досега се реконструирани сивата кула на булеварот „8-ми Септември„, број 10, зградата на бул. „Партизански одреди“, бр. 81, и зградата на „Партизански одреди“, бр. 59 (над „Мал одмор“). Целиот зафат, општинскиот буџет ќе го чини околу 14 милиони денари, рече Јакимовски, додавајќи дека ова е класичен пример на успешна соработка меѓу локалната власт, станарите и невладината Хабитат-Македонија. На стартот на реконструкцијата на фасадата на зградата на улица „Никола Тесла“, број 2 во Карпош 2. присуствуваше и госпоѓата Лилјана Алчева, заменик директор за програми во Хабитат-Македонија. Таа, притоа, истакна дека преку нивната невладина и непрофитна организација, граѓаните од оваа зграда добиле кредити за обнова на надворешната столарија по мошне поволни услови, односно на 36 месечни рати со 4% камата. Секое семејство кое ги менуваше прозорците со кредит преку оваа НВО, зависно од квадратурата, замената го чини од 700 до 1.100 евра. Инаку, во оваа зграда, има 112 стана и најголемиот дел од прозорците се веќе заменети. В.Ц.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ЛИЧЕН СТАВ ПРАВНИЦИ ВО БЕЛИ МАНТИЛИ Што се крие зад дефибрилатор во циркуларното писмо упатено на адресата на Општина Карпош Неодамна, на адресата на Општина Карпош, а верувам и на адресите на повеќе правни субјекти во државава кои вработуваат повеќе од 100 лица, пристигна циркуларно писмо со кое се цитираат одредбите од член 96 од Законот за здравствената заштита објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012, кој се однесува на тоа дека овие субјекти мораат да набават дефибрилатор, да организираат здравствен пункт и да оспособат најмалку пет лица кои ќе ракуваат со истиот. Меѓутоа, она што нас не засега како Општина, е тоа што е пропишано во став 5 од споменатиот член, а се однесува на сите единици на локалната самоуправа. Во него се вели: „Единиците на локалната самоуправа задолжително организираат здравствени пунктови со обезбеден дефибрилатор и најмалку пет обучени лица за ракување со дефибрилатор, најмалку на една локација на подрачјето на единицата на локалната самоуправа“. Ваквата формулација и квалификација на оваа законска одредба и терминологија која се употребува во Законот, не може да опстои во нејзината практична примена, а истовремено е штетна и опасна. Имено, дефибрилаторот, треба да послужи за реанимација, односно оживување на лица кај кои престанала нормалната функција на срцето, да биде „надворешен“ и со протокол за подигање на енергија од 200-300 џули. Онака, како што е пропишано во Законот, наведува на повеќе нејаснотии, каде треба да бидат поставени тие пунктови (определени од министерот), дали тие треба да бидат во составот на Општината, односно во општинскиот објект, или треба да бидат поставени на територијата низ општината? И, конечно, кои ќе бидат тие луѓе кои принудно ќе облечат бели мантили? Тоа се некои од администрацијата, обично оние што спроведуваат закони. Правници во бели мантили?! Луѓе вешти во медицината колку докторите во правото, што го изготвувале овој закон. И притоа, без каква било консултација со стручната и научната јавност.

Понатаму, зборот „пункт“ како своевиден објект со сите придружни елементи и содржини, никаде не е пропишано како би изгледал и која ќе биде неговата примарна или секундарна функција. Медицинската помош која се укажува на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба, може само и единствено да ја извршува медицинско лице. Искрено, не верувам дека кое било лице кое нема соодветна стручна подготовка од областа на медицината, ќе прифати да биде обучен од страна на Министерството за здравство за користење на дефибрилатор и да препознае кога некое лице е во животно загрижувачка состојба. Може да се претпостави како и во која мера би биле фатални последиците од несоодветната употреба на овој медицински инструмент? Зашто, каква и да се обезбеди обука (квалитативна или временска) на тие лица, не секогаш ќе препознаат лице во таква состојба и соодветно ќе постапат во дадениот момент (можно е некое лице да ја изгуби свеста или да добие т.н. мозочен удар, итн.). Во тие случаи, несомнено, називот на овој инструмент би бил „фибрилатор“. Во ваквите случаи овие лица може и кривично да одговараат според одредбите од Кривичниот законик, доколку настапи смрт кај лицето или несакани штетни последици врз неговото здравје. Сомнежот е дека зад ова законско решение не се кријат токму начелата на ефикасност и начелото на квалитетен и сигурен здравствен третман, како и правата од областа на здравствената заштита. Особено што набавката на вака пропишаниот дефибрилатор чини меѓу 2000-2500 евра, што претставува дополнително оптоварување на буџетите. Иронијата за да биде поголема, само две или три компании во Република Македонија ќе вршат набавка на дефибрилаторот, па оттаму, може да се заклучи која е целта и мотивот на едно вакво законско решение. Бојан Милошевски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ИНТЕРВЈУ Томи Маџар и Тоше Тодоровски - во проектот Сам свој газда

НАЈГОЛЕМ РИЗИК Е ДА НЕ СЕ РИЗИКУВА

Во Општина Карпош идеите не се само реклама, тие навистина се реализираат. Доказ за тоа се младите Томи Маџар и Тоше Тодоровски кои преку проектот „Сам свој газда“ имплементиран од страна на Општина Карпош, ја реализираа својата бизнис-идеја. Станува збор за фирмата „Куќен совет“ преку која на граѓаните, односно на куќните совети ќе им бидат понудени услуги за одржување и управување со станбените објекти, што конкретно значи дека станарите нема да имаат потреба да се грижат дали нивната зграда е чиста, дали светилките работат, дали лифтот е во добра функција.... Урбан: Најнапред искрени честитки за успешната реализација на вашата бизнис-идеја. Како дојдовте до идејата за започнување на ваков проект? Маџар - Идејата се роди сосема случајно. Ние ја „прочитавме“ очигледната потреба на граѓаните да имаат компанија која во интеракција со нив ќе управува со нивните станбени објекти. Секако, знаете, дека според најновите измени на Законот за домување, секоја зграда треба да регистрира куќен совет, кој ќе им помогне во целосното уредување на

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

односите во областа на домувањето, како и за прецизно регулирање на правата и обврските на сопствениците на становите во станбените згради. Но, идејата без реализација, секогаш останува само добра мисла ставена на лист хартија. Затоа одлучивме да ја основаме компанијата „Куќен совет“. Урбан: Што за вас навистина значеше проектот „Сам свој газда“? Тодоровски - Искрено, за проектот разбравме преку социјалните мрежи. Штотуку почнавме да размислуваме за започнување на сопствен бизнис и овој проект на Општина Карпош дојде во вистинско време за нас. Обуките ни помогнаа за изработка на првичниот бизнис-план, а потоа и за целосна реализација на нашата идеја. Навистина е позитивен потегот на Општината преку обуки и подучување да им понуди на своите граѓани можност за проширување на бизнис-хоризонтите. Маџар - Нашата фирма сè уште е на почетокот од своето работење. Моментално сме во фаза на правење детална анализа на пазарот и побарувачката во нашата општина за ваков вид на услуги. Радува фактот што луѓето конечно започнаа да ги


уриваат стереотипите, дека еден човек од зградата треба да се грижи комплетно за сите потреби на станарите и полека решаваат да ангажираат професионалци кои ќе ја одржуваат нивната зграда чиста, а наедно ќе го задржат и мирот меѓу станарите. Нудиме услуги од секаков вид, вклучувајќи одржување и управување со станбени објекти, што конкретно значи дека станарите нема да имаат потреба да се грижат дали нивната зграда е чиста, дали светилките работат, дали лифтот е во добра функција... Сите тие услуги и многу повеќе, сега ги отстапуваат на професионалци кои конечно ќе стават точка на кавгите меѓу соседите, а секој станар ќе мора подеднакво и редовно да си ги подмирува обврските кон куќниот совет. Урбан: Колку вработени има вашата фирма? Тодоровски - За почеток имаме четворица вработени, но верувам дека веќе во идниот месец нашиот тим ќе се зголеми и ќе се прошири во согласност со потребите на пазарот. Компанијата е партнерство меѓу нас, а во тимот ни се придружија главниот сметководител и, секако, хигиеничарка која е неопходна за да можеме да вршиме услуги од овој тип. Нашиот тим е прецизно одбран и е од Карпош, што значи повторно Општината придонесе на некој начин за самовработување на своите граѓани. Урбан: Какви се вашите очекувања? Маџар - Од самиот почеток имаме навистина големи очекувања и тоа беа главните причини за да се обидеме во овој бизнис. Се работи за навистина голем обем на станбени објекти во нашиот град и се надеваме дека еден дел ќе бидат во наша надлежност и ние ќе управуваме со нив. Истражувањата покажуваат дека пазарот за ваков тип на услуги е сè уште неосвоен, што значи дека во наредниов период мораме добро „да ги засучеме ракавите“ и да се фрлиме на работа. Исто така, сакаме да напоменеме дека единствено за станарите од Општина Карпош нудиме промотивен пакет со попуст од 20% на услугите во првите шест месеци. Урбан: Што би им порачале на младите невработени лица во општина Карпош? Тодоровски - Дефинитивно, да посетат некоја од следните обуки во организација на Општина Карпош. Ние за тоа сме особено благодарни на Општина Карпош, на градоначалникот Јакимовски и, секако, на авторите на проектот. Навистина, не можете ниту да замислите колку брзо започнаа да се одвиваат работите во нашата компанија, откако оценивме дека ова е предизвикот во кој ја гледаме нашата бизнис-иднина. Разликата меѓу успехот и неуспехот, за нас е лоцирана во решителноста да реализирате некоја идеја. Младите луѓе мора да се обидуваат да преземаат ризик. Знаете, како велат во денешно време, најголем ризик е ништо да не се ризикува. Р. Ј.

Реакција

СЕ И САМО ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ... Не очекувам од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош да ме поддржат за било кој предлог па и овој. Посебно што тие, три години наназад не пропуштаат прилика да прават опструкции и да ме плукаат, рече градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во својата реакција на изјавата на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Емил Угриновски, по повод одлуката за продажба на општинската зграда. Убеден дека за некоја година тие ќе се срамат од ваквиот нивен став, изјави Јакимовски, потенцирајќи дека за сегашната општинска зграда имаме заинтересиран странски инвеститор. Намената за неа ќе остане и натаму истаобразование, а средствата што ќе ги добиеме од нејзината продажба ќе можеме да ги искористиме за реконструкција на училиштата „Братство“, „Вера Циривири Трена„, „Христијан Тодоровски Карпош“и „Владо Тасевски“. Само мал дел од средствата ќе бидат наменети за отпочнување на изградбата на новата административна зграда, на местото кај што се сега старите општински бараки. Ова се средства на граѓаните на Карпош, изјави Јакимовски и затоа ќе бидат наменети повторно за нив, односно за реконструкција на училиштата во Карпош. Згрозен сум од изјавата на говорницата од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека е „ова само начин Стевчо Јакимовски да дојде до пари пред изборите“. Само тие се научени во сé да гледаат бизнис и пари, а наша обврска е да го гледаме бенефитот на граѓаните на Карпош. Најмалку право за било какви бизнис интереси има право да зборува советникот Емил Угриновски, кој е познат и докажан по тоа што прикрива данок и прави злоупотреба на својата функција, изјави Јакимовски.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ЕДУКАТИВНА НАСТАВА Ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ во посета на спортскиот аеродром „Стенковец“ и соколарското друштво „Јарак“

АВИОНИ И ПТИЦИ ГРАБЛИВКИ Во рамките на програмата за еднодневно набљудување, учениците од целодневна настава во второ и трето одделение при ООУ „Јан Амос Коменски“, деновиве ги посетија спортскиот аеродром „Стенковец“ и Соколарскиот клуб „Јарак“. На овој начин, учениците непосредно ги проширија своите сознанија за воздухопловството и за птиците-грабливки, при што, од страна на пилоти (инструктори) им беше објаснет овој вид авијација, неговите намени и функции. Освен акробациите со малите спортски авиони, особен интерес кај децата предизвика и сознанието дека покрај патничкиот сообраќај, авионите можат да се користат за спортско и за рекреативно летање. На големо задоволство на сите присутни, за голем дел од активностите и можностите кои ги нуди спортскиот аеродром „Стенковец“ објаснуваше лично пилот-наставник за спортско-рекреативна авијација. Притоа, како дополнителни рекреативни и забавни активности, на учениците им беа објаснети едриличарството, падобранството, параглајдерството и моделарството кои се покажаа како поттик кај дел од младите посетители на аеродромот за прашања поврзани со воздухопловството. По предвидените образовни активности на спортскиот аеродром „Стенковец“, младата група предводена од одделенските наставнички се упати кон Соколарскиот клуб „Јарак“, кој е лоциран на исто место. Овде, учениците со особен интерес ги

набљудуваа птиците-грабливки. Соколарите на децата им одржаа и краток час проследен со визуализација. Една од главните цели на оваа посета беше учениците да се запознаат со сличностите и разликите меѓу грабливките и другите птици, какви сè видови на птици-грабливки можат да се сретнат кај нас, и зошто овие птици се полезни. Ваквите еднодневни екскурзии, имаат големо значење за образованието на помладите ученици, кај кои наставата е полесно разбирлива доколку е поддржана со непосредно набљудување. Покрај тоа, прошетката и прикажувањето на наставните единици од еден поинаков, забавен агол, е посебен поттик и предизвикува уште поголем интерес за правилно и сестрано образование на учениците. Наташа Костовска Одделенски наставник при ООУ „Јан Амос Коменски“

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ПРОЕКТИ Заврши проектот „ДЕЦАТА ВО АКЦИЈА ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА“

НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ ЧУВАРИ НА ЧИСТОТИЈАТА Со доделување на награди и благодарници, деновиве во ОУ „Петар Поп Арсов“ заврши проектот „Децата во акција за почиста околина“, проект поддржан од Општина Карпош, а реализиран од Интерактивната мрежа за образование и ресурси – ИМОР. Станува збор за активност во која учество земаа ученици од шест основни училишта во Карпош (ОУ „Петар Поп Арсов“, ОУ „Владо Тасевски, ОУ „Војдан Чернодрински“, ОУ „Јан Амос Коменски“, ОУ „Лазо Трповски“ и ОУ „Христијан ТодоровскиКарпош“). Во рамките на проектот, во училиштата беа организирани работилници на кои учениците се учеа за одржлив развој и креативна творења на тема „Јас

рециклирам“, а нивните креативни творби и екослогани беа изложени на денешната свеченост. Покрај ова, во училиштата се одржаа и работилници за истражувачки процес со акцент на теренската анкета како метод на истражување на јавното мислење, по што, учениците спроведоа анкета меѓу граѓаните на Општина Карпош за процесот на рециклирање и повторна употреба на употребени предмети. Инаку, целта на проектот е да се подигне и да се зајакне свеста за значењето на чистата и убава средина, неопходна за физичкото и психичкото здравје како најважни аспекти на живеењето. Награди за креативните изработки на платно им беа доделени на: Анастасија Герасимовска ООУ „Петар Поп Арсов“, прва, на Анастазија Герасимовска ООУ „Војдан Чернодрински“ втора и на Дора Смилевска ООУ „Петар Поп Арсов“, трета. Првата награда за најдобар за еко-слоганот „За насмевка на секое детско лице, природата да сјае и да се чува, треба секој да знае!“и припадна на Елена Матлиевска од „Владо Тасевски“, втората награда на Мила Басаровска – ООУ „Петар Поп Арсов“ за слоганот- „Рециклирајте сите за мирно да ни минат дните!“. За еко-слоганот- „Струјата се штеди зашто многу вреди“ученичката Каја Јордана Кацарски од ООУ „Владо Тасевски“ ја доби третата награда. Е. Кузмановска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


НАШ ГОСТИН Биљана Костова, професор во „Никола Карев “

ПОД ОВА СОНЦЕ ИСТИ СМЕ Лично сум убедена дека само преку проектите каков што е „ПОРАКА: Отворете ги прозорците кон општина без дискриминација “, младите, и не само нив, ќе ги поттикнеме да размислуваат и да дејствуваат во духот на активното граѓанство Со доделување на пофалници и пригодни подароци, кон средината на изминатиот месец во просториите на Општина Карпош се случи завршниот чин од проектот „ПОРАКА: Отворете ги прозорците кон општина без дискриминација “. Истиот започна да се реализира во февруари 2011.г. во гимназијата ,,Никола Карев‘‘ и во основните училишта во Карпош, а со цел средношколците, раководниот и наставниот кадар, населението од Карпош, да се запознаат со Законот за спречување и заштита од дискриминација, со Законот за еднакви можности, како и младите да се поттикнат да размислуваат и да дејствуваат во духот на активното граѓанство. Во неговата реализација учествуваа: -Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Општина Карпош, Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“ и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА. Тоа беше и повод на страниците на „Урбан“ да ни гостува госпоѓата Биљана Костова, професор по

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

македонски јазик и литература во гимназијата „Никола Карев“, една од главните носители на ова благородна активност. - Без сомнение, овој проект заслужува таков епитет, бидејќи со неговата реализација беа остварени клучните цели во сферата спречување и заштита од дискриминација во нашата општина. Станува збор за дел од меѓународен проект кој е поддржан од Британскиот совет, а во кој, во нашата земја беа вклучени спомнатите невладини организации, Министерството за труд и социјална заштита, гимназијата „Никола Карев“ и повеќе основни училишта. Интересно е да се каже дека пред да се впуштиме во негова реализација бевме на шестмесечна едукација во рамките на која бевме на практична обука во Братфорд (Велика Британија). Нашиот проект беше највисоко оценет, а ние укажаната доверба ја потврдивме реализирајќи го преку театарска претстава и низа други активности. Со група ученици од нашата гимназија: Васко Ко-


стовски, Ребека Леви, Надица Христова, Матеј Георгиевски, Ангела Стојоска и Александра Спасовска, а по текст на Благица Бајиќ, направивме пиеса за случувањата во едно семејство во кое има и лице со посебни потреби. Прототип на главната хероина ни беше ученичката Ели Ананиевска, една прекрасна девојка со тотално оштетен вид, девојка која, покрај останатото, го има освоено првото место на музички натпревар по пијано во Гевгелија. Преку нејзиниот пример е покажано со какви се пречки се соочуваат родителите на дете со посебни потреби. Претставата ја изведовме пред учениците и наставниците на повеќе училишта и презадоволни сме од одзивот, на овој начин многу ученици поттикнавме, со свои проекти, да се вклучат во ова сфера на општествено живеење. Користам можност посебно да ги пофалам ученичките од ОУ „Лазо Трповски“, кои во нашиот проект се вклучија така што за три дена компонираа една прекрасна песна. Истата- детската химна ,,Под ова сонце исти сме‘‘ ја интерпретираа на завршната манифестација од овој проект. Би ги истакнала и видео проектот на три ученички од ОУ„ Димо Хаџи Димов“ направен со дете што има „Даунов синдром“ и успешната работилница на ученици во ОУ „Јан Амос „Коменски“. Спомнатиот видео запис, помеѓу останатото, зборува за прошетка на детето во Зоолошката градина и за тоа како на неговото расположение позитивно влијаат некои животни. На работилницата во „Коменски“ учениците цртаа, пишуваа песни и состави на тема „Спречување и заштита од дискриминација“. Како што можете и самите да видите, на завршната свеченост, благодарници и скромни пода-

роци им врачивме и на госпоѓа Јована Тренчевска, советник во Министерството за труд и социјална политика и на Кинотека на Македонија, со чија несебична помош беа реализирани содржините од нашиот проект. Се разбира, треба да се истакне и помошта и поддршката на општината Карпош и градоначалникот Стевче Јакимовски кои имаат слух за вакви проекти. Инаку, за реализација на проектот се потрошени нешто повеќе од 120 илјади денари, донирани од Британскиот совет. Важно е уште да се каже, нагласи професорката Костова, дека со моите колешки Маја Гацоска од ,,Порака‘‘ и Магдалена Димкова од ,,Отворете ги прозорците‘‘ ќе продолжиме со работа на некој нов проект, се разбира во истата сфера. Лично сум убедена дека само така младите, и не само нив, ќе ги поттикнеме да размислуваат и да дејствуваат во духот на активното граѓанство. М. Раденковиќ

Гостувања

НАГРАДА ВО БОДРУМ ЗА ФОЛКЛОРНОТО СТУДИО „ЕТНОС“ Во склоп на Програмата за меѓународна културна соработка, членовите на Детскиот ансамбл на фолклорното студио „Етнос“, кое активно работи на територијата на нашата општина, во април и мај, остварија две гостувања надвор од границите на нашата земја. На првото гостување, на фестивалот во Бодрум, во Турција, од 19 до 26 април, во конкуренција на ансамбли од Казакстан, Финска, Полска, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Азербејџан, играорците на „Етнос“ беа наградени за оригинална фолклорна гардероба. На фестивалот настапи и ансамблот „Илинден“ од Битола и освои награда за најоригинална кореографија. Во пери-

одот од 16 до 20 мај, „Етнос“ настапи на 10-от по ред меѓународен фолклорен фестивал, „Многу сакам да играм“, а во својство на специјален гости, настапи на 51. Смотра на детски ансамбли на Војводина. М. Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ЧЕСТВУВАЊЕ

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ Со свечен собир, пригодни говори и културноуметничка програма, во Општина Карпош се славеше победата над фашизмот Пред околу 1.500 граѓани од Карпош и од Скопје, за значењето на Денот на победата над фашизмот – 9 Мај, кој наедно е и Ден на Европа, говореа претставници на боречката организација и локалната власт. За епопејата на македонскиот народ во антифашистичката борба говореше претседателот на Сојузот на борците на Карпош, Наум Бурески, кој рече дека победата над фашизмот во Втората светска војна се должи на заложбите на тогашните комунисти, и дека е единствената воена победа на македонскиот народ во сето негово постоење. „Сепак, скопскиот плоштад“, рече тој, „е преполн со споменици, ама нема споменик на командантот на македонската војска и првиот македонски генерал Михаило Апостолски. Наместо тоа, владејачката пар-

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

тија ги изедначува Михајло Апостолски и бугарскиот крвник Тодор Александров“. За борбените денови во антифашистичката војна зборуваше генерал-потполковникот во пензија Борис Стојановски, потпретседател на Главниот одбор на боречката организација на Македонија. „Јас сум убеден дека ние во Македонија немаме проблем да го искажеме нашиот јасен став против фашизмот, но сме сведоци дека последниве години расте отпорот против вистината дека целиот товар на антифашистичката борба и заслуги за победата ја понесоа токму Комунистичката партија и борците на НОВ“, рече меѓу другото, обраќајќи им се на присутните, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тој вети дека до 25 февруари 2013 година ќе биде изграден нов споменик на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и ќе биде поставен на местото на неговото загинување, иако местото што тој го заслужува е на плоштадот. „Ние во Карпош имаме три свети места, манастирот: „Св. Пантелејмон“, споме-

никот на Првиот скопски партизански одред и местото на загинувањето на секретарот на Покраинскиот комитет Кузман Јосифовски-Питу“, рече Јакимовски. „Можеме да ветиме дека визијата за слободна Македонија во демократска Европа ќе остане нашата основна водилка. Дека ќе тежнееме кон правдата, правичноста и прогресот и дека ќе одиме по веќе изгазените патеки на борците на НОВ“, порача Јакимовски. Големиот собир по повод Денот на победата над фашизмот, со своето писуство го удостоија амбасадорот на Руската федерација, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и членови на највисокото раководство на најголемата опозициска партија во Македонија. И. Манова


СОРАБОТКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КАРПОШ Претставниците на двете локални власти се договорија за унапредување на соработката меѓу Градот Скопје и Општината Карпош Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, деновиве му беше домаќин на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и на директорите на сите јавни претпријатија од Градот. Во трииполчасовната средба која се одржа во големата сала во старата општина, двајцата градоначалници ги искажаа своите намери и очекувања од меѓусебната соработка. Главната забелешка на градоначалникот Јакимовски што ја упати кон градската власт се однесува на

нивото на инвестиции на Градот Скопје во Општина Карпош, кои сè уште не се на задоволително ниво. Првиот човек на македонската престолнина, Трајановски, вети дека годинава ќе се продолжи со проширување на булеварите и на територијата на Карпош, и тоа на: улицата „Теодосиј Гологанов“, од Центар до „Алумина“, потоа на „Илинденска“, а заедно со Карпош ќе работат и на изградба на булеварот „Димитар Митрев“, улицата „Манапо“ и др. Техничките секретари од 14-те урбани и месни заедници од територијата ги пренесоа забелешките на граѓаните на Карпош за работата на шесте јавни претпријатија и ги посочија отворените проблеми кои ги имаат на терен. Преку видеопрезентација, пред првите луѓе на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Улици и патишта“, ЈП „Водовод и канализација“,

ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Градски паркинг“ и ЈП „Градски сообраќај“, администрацијата на Карпош ги презентира актуелните проблеми на територијата на општината. На градската администрација и беа ставени на увид прекопите на улиците направени поради зафатите на јавните претпријатија, создавањето диви депо-

нии, исечени суви дрва и гранки, проблеми со сообраќајната сигнализација и со не докрај решениот автобуски превоз. Ракип Дочи, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ ја пофали Општина Карпош како лидер во плаќањето на услугите на ова јавно претпријатие и тоа со 83 проценти. Господинот Дачи потенцира дека Карпош има најревносни комунални редари во изрекување комунални казни за нарушување на јавната чистота. Претставниците на двете локални власти и на јавните претпријатија се изјаснија за заедничко решавање на проблемите на територијата на Карпош во наредниот период и за натамошно унапредување на соработката. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ТРЕТО ДОБА СПОРТУВАА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА КАРПОШ Во организација на Здружението на пензионери Карпош – Скопје, во првиот мајски викенд, во ОУ „Лазо Трповски“, се одржаа 17-тите Општински спортски пензионерски игри. Свеченото отворање на игрите беше одбележано со пригодни говори на претседателот на Извршниот одбор на Здружението Трајко Савески и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој истакна дека е убаво да се дружат, да спортуваат, да се почитуваат и им

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

посака оваа година да постигнат шампионски резултати. Во рамките на игрите дел од нашите највозрасни сограѓани се натпреваруваа во трчање на 60 м за жени и 80 м за мажи, скок од место и фрлање ѓуле, а другите играа пикадо, шах, табла и домино. Како и на сите претходни спортски средби, традиционалното екипно влечење јаже беше најатрактивниот дел од оваа убава манифестација.


ВЕСТИ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ – ЗАЕДНО Во согласност со Стратегијата за развој на основното образование на Општина Карпош, во ОУ „Вера Циривири-Трена“ се организираат многу активности за меѓусебна соработка помеѓу родители, ученици и наставници. Една ваква активност беше реализирана на 12. мај во Градскиот парк, со учениците од Iб одделение, нивните родители и наставни-

чките Радмила Петровиќ-Јордановска и Сузана Аспровска. Проектот е дел од наставата за прво одделение и има цел осмислена соработка меѓу родителите и одделението. На споменатата активност практично беше потврдена целисходноста на проектот, а за негова успешна реализација се погрижи тим составен од родители на ученици од прво одделение од ОУ „Вера Циривири-Трена“. Во активностите беа вклучени и бабите и дедовците кои го организираа освежувањето збогатено со вкусни кифлички и колачиња. Средбата заврши со заедничко дружење на базен.

ЕКОГРАДИНА И ВО ДВОРОТ НА „КОМЕНСКИ“ На пригодна свеченост, во писуство на нејзините креатори и финасиери, на 23 мај, во дворот на ООУ “Јан Амос Коменски“, беше отворена втората екоградина во Карпош.Овој општествено полезен проект е реализиран со финансиска подршка од Норвешката Амабасада во Скопје и со помош на 3Г Креатива – МР. Домаќинот на свеченоста, Емилија Арсовска им се заблагодари на оние што на нивното училиште им подариле убава градина, и нагласи дека за екоградината ќе се грижат учениците, а училиштето ќе обезбеди клупи како наставниците ќе држат часови за екологијата и за природата. Преставничката од 3Г Креатива - МР им се заблагодари на општина Карпош, на директорката

Емилија Арсовска, и на децата и професорите, кои со голем ентузијазам работеа два месеци за оваа градина да се интегрира како практичен дел од нивните наставни содржини. Со овој проект ќе се оствари намерата природата да се интегрира во несекојдневие на децата и тие, патем да научат како да се грижат и да ги сакаат цвеќињата. Јован Цветаноски, преставник од Одделението за заштита на животната средина и природа при Општина Карпош, и се заблагодари на амбасадата на Норвешка која овозможи успешно да се реализира овој еко проект во ова училиште. Тој рече дека локалната самоуправа ќе се обиде во текот на оваа година да се изградат вакви екоградини во сите училишта на територија на Општина Карпош.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ Ѓорче Ставрески, режисер

СЕ БОРАМ КАКО И СИТЕ ТУКА Го сакам Карпош. Убава населба е. Особено ми се допаѓа кејот, минијатурните паркови околу руските згради во Карпош 4, мирнотијата и сигурноста

„Материјал за аудиција“ е новиот проект на Ставрески, после „Скопје Ловерс“ кој е дел од омнибусот „Skopje Remixed“ и краткометражниот филм „На Изгрејсонце“ кој прошета многу фестивали низ светот, а беше дел и од најпрестижниот фестивал за кратки филмови „Clermont-Ferrand“ во истоимениот град во Франција. Премиерата на овој филм се одржа на 10-ти мај во кино Милениум. Материјал за аудиција е филм, базиран врз вистински настан и зборува за општествените проблеми и предизвици со кои се соочуваат младите луѓе. Оваа лесна и комична приказна на почетокот на филмот прераснува во вистинска силна драма. Нешто повеќе за еден од најуспешните и нај надежните млади режисери во нашата земја – Ѓорче Ставрески, токму по овој повод! Ѓорче за Ѓорче Роден сум во Скопје пред 33 години. Дипломирав на Факултетот за драмски уметности со документарниот филм “Адам и Ева”. И, еве ме, осум години по дипломирањето, за среќа сеуште мислам дека направив добар избор со мојата професија. Се борам како и сите тука, некогаш имам работа преку глава, но некогаш е заканувачки мирно. Полека се движам

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

од кратки кон долгометражни филмови, и од време на време работам реклами. Ѓорче за премиерата Премиерата на филмот “Материјал за аудиција” помина одлично. Уживав во атмосферата. Салата се наполни, а филмот помина без технички проблеми. На крај ја викнавме екипата на сцена и се поклонивме. Добивме долг аплауз. Луѓето беа задоволни. Одлучивме да ја направиме премиерата заедно со мојот колега Вардан Тозија, кој прикажа одличен и крајно забавен филм – “Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава”. Беше во рамнотежа со мојата “драма”. Реакциите за филмот беа супер, иако човек нормално може да очекува такви реакции на сопствената премиера. Многу повеќе ми годеше што слушав позитивни критики за филмот на Вардан од моите блиски, а тој ми пренесе дека и неговите го бендисале “Аудиција”. Искуството на Ѓорче (досегашни филмови) Од дипломирањето наваму снимив два документарни и три кратки играни филмови. Беше едно незаборавно патување и секој филм ми е од непроценливо значење. Од документарниот филм “Адам и Ева” и неговите крајно интересни протагонисти,


колоритниот и разновиден “Дома”, темниот “На изгрејсонце”, комедијата “Скопски љубовџии”, до последниот “Материјал за аудиција”, јас постојано растев. Снимајќи го секој од нив, научив многу за мојата професија. И што е најбитно го засакав филмот, кој рака на срце знае да биде пеколна работа. Меѓутоа си го сакам и со нетрпение го спремам следниот. Фестивали Имав среќа да се прошетам на неколку фестивали последниве години, особено со “На изгрејсонце” кој, откако го примија на престижниот фестивал Clermont-Ferrand во Франција, се изнашета низ светов. Убаво е на фестивалите. Наидуваш на интересни и различни луѓе, кои имаат неутрален поглед, и неоптеретени од локални влијанија често знаат да забележат нешто во твојот филмот, контекст или идеја, за која ти не си бил свесен дека постои. И дополнително, убавината е во тоа дека добиваш шанса да шеташ и да бидеш некаде каде што не си бил претходно. А сето тоа те обогатува. Режија / фотографија Пред неколку години почнав да „фоткам“ интензивно. Документарни фотки, пејсажи, портрети. И некако ми стана толку многу привлечно што почнав

да размислувам дали можеби треба посериозно и професионално да се занимавам со фотографија. Почнав да напредувам, фотките стануваа се подобри и подобри, принтовите убави. Во моментот кога сфатив дека филмот се бори за внимание, кренав “рачна” и прекинав да фотографирам. Го подготвив и го снимив последниот филм и сега размислувам за понатаму. Нешто што сигурно сакам да направам е изложба со фотографиите од изминативе неколку години. Потоа ќе видиме. Можеби, во иднина, ако работава со филмот си фати стабилен колосек, повторно радо ќе се навратам на фотографијата. Колку е различна од филмот, крајно медитативна и заводлива. Ѓорче и Карпош Го сакам Карпош. Убава населба е. Особено ми се допаѓа кејот, минијатурните паркови околу руските згради во Карпош 4, мирнотијата и сигурноста. Тука сум веќе неколку години и добро ми е. Со еден исклучок – паркирањето . Јас сум на Кеј, кај трите “лепотици” во Карпош 4 (не тие на Илинденска) и се уште ни требаа нови паркинг места зашто секој ден е борба. Александра Дудиќ

РОМИТЕ ГО ПРОСЛАВИЈА ЃУРЃОВДЕН Ромите од општина Карпош и годинава достојно го прославија својот национален празник – Ѓурѓовден. Централната манифестација беше одржана зад хотелот„ Александар палас“ а на неа настапија културно уметничкото друштво од ОУ „Аврам Писевски“ и репрезентативниот ромски оркестар.

На прославата, зачинета со пригодна закуска, присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски со соработниците, при што Ромите му се заблагодарија за поддршката што им ја дава во сите сфери на нивното живеење. Возвраќајќи им, градоначалникот Јакимовски рече дека и во иднина Ромите ќе имаат сестрана поддршка од него лично и од раководството на локалната самоуправа, пред се во заштита на социјално загрозените семејства и поединци, во образова нието и вработување на Ромите.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


УРБАНИ ЛЕГЕНДИ Ѓурѓа Мирчевска

ПРОДАВАЧКАТА НА ТЕМЈАНУШКИ ОД БАДЕЛЕН Ќе ти раскажував за многу други работи, но си помислив дека си инспектор, ми рече нашата продавачка на темјанушки, завиткувајќи ми ја купената китка цвеќе, кое ниту таа, ниту јас, не знаеме како се вика Стуткана на мало, од штици склепано столче, години наназад, лете и зимe, таа седи пред влезот на најстариот „Тинекс“ во гра дот, лоциран во Карпош 3. Седи и продава букети егзотични градинарски цвеќиња што стојат пред неа во лимени канчиња, потсетувајќи не на заборавени или изгубени детства. Таа не ја нуди, ниту рекламира својата стока како стопани на слични подвижни цвеќарници, туку седи и чека муштерии, благодарна и среќна ако некој замине со грст нежни темјанушки, или расцутени перуники. Еден ден ќе напишам приказна за таа необична бабичка, за „продавачката на темјанушки“ од Карпош, си велев, со години, катадневно поминувајќи покрај нејзиниот „штанд“, и кога конечно решив да дознаам нешто повеќе за неа, ја снема. Заминала во„ пензија“, си помислив есенва, кога со месеци не ја гледав на нејзиното постојано работно место. Тогаш дознав дека „тетка Ѓурѓа се разболела, но пак ќе се врати со своите цвеќиња“. И навистина. Таа, пролетва, потпрена на бастум, повторно го заличи влезот на „Тинекс“. Купувам едно букетче и дознавам како и се слошило тука, пред „Тинекс, како некои добри луѓе повикале брза помош и ја однеле во болница и како “фала му на Господ, еве, пак сум тука со своите цвеќиња“. - Се викам Ѓурѓа Мирчевска, родена сум на 31 март 1932 година во с. Баделен, Струмичко, имам маж, се вика Спире, а ние си го викаме Шпире, три дечиња, синот Љупчо, и ќерките Павлина и Убавка... Така ја започна својата животна приказна мојата соговорничка, поттикната од моето инсистирање да ми каже нешто повеќе за себе. Половина час потоа, од пред „Тинекс“ заминав носејќи со себе необична приказна за една скромна жена, што по сплет на животни околности заринкала во урбаниот метеж, решена со своите цвеќиња да им пркоси на споулавените времиња и луѓе. Додека ги евоцира неубавите спомени од родниот крај, ар-

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

гатлакот по струмичките тулани, касапници и земјоделски задруги..., ринка со бастумот како кажувањето да го бележи на влажниот бетон пред себе. Вели дека ништо поубаво не и се случило ниту во Скопје, но дека со платичката на Шпиро, кој работел во „Железара“, успеале да ги вдомат дечињата и да си дочекаат пет внучиња. Приказната за цвеќарството на тетка Ѓурѓа не е романтична како онаа на „Продавачката на темјанушки“ од истоимениот филм, но е поучна за секој што во градската врева сака чесно да си го спечали парчето леб. Со нејзиниот Шпире, во почетокот на седумдесетите години од минатиот век, на ледината на Зајчев Рид „узурпирале“ парче земја и започнале со урбано земјоделие. Кога од таму ги избркале ревносните урбанисти, се преселиле од десната страна на Вардар и таму направиле и промениле десеттина мали бавчи во кои Ѓурѓа садела зарзават и цвеќиња. Истите, со години ги продавала пред „Тинекс“ ,се додека еден ден, „со се морковите и лутите пиперчиња“ не ја однеле во полициската станица во Карпош. - Кога видоа, не видоа, ми дозволија да продавам, но само цвеќиња, и фала му на Господ, еве, јас од мојата градина кај „Имес“, ги продавам овие цвеќиња што не бараат некоја филозофија. Не се спечалува многу, но ќе падне по некоја паричка, колку да се закрпи некоја дупка во оваа сиромаштија, која мене како да ми е судена... - Ќе ти раскажував за многу други работи, но си помислив дека си инспектор, ми рече нашата продавачка на темјанушки, завиткувајќи ми ја купената китка цвеќе, кое, ниту таа ниту јас, не знаеме како се вика. М. Раденковиќ


ТАЛЕНТИ Константин Георгиевски; Државен првак во Астрономија

КОНСТАНТИН И ТАЈНИТЕ НА МЕСЕЧИНАТА Да бидам искрен, на натпреварот имаше и други сјајни презентации и не очекував дека ќе бидам најдобар, вели седмооделенецот од ОУ „Петар Поп Арсов“ Во својата долгогодишна новинарска кариера не сум имал таков соговорник. Првичната информација дека седмооделенец од ОУ „Петар Поп Арсов“ на републички натпревар по Астрономија ги восхитил членовите на комисијата, ја примив со резерва, поаѓајќи од претходните искуства со сличните натпревари за проверка на знаењето. Но кога токму тоа симпатично долгокосо момче, Константин Георгиевски, по едночасовното муабетење на „неговата“ но и на други теми, си замина,останав затекнат. На стереотипното прашање, од каде интерес токму за астрономија, која во наставната програма попатно се споменува, Константин вели дека за вселената се заинтересирал по гледањето на некој документарец, а потоа ми одржа предавање за небеските тела, посебно за месечина, која е во фокусот на неговиот интерес. „...Серијата на сонди на Месечината, «ЛунаГлоб» и «Луна-грунт», се базираат врз основа на технологијата на идната спектакуларна мисија «Фобос-грунт» којашто Русите, во соработка со неколку други земји ќе ја лансираат...“ Го прекинувам сигурен дека сме неправедни што талентираните деца ги поистоветуваме со „разнебитеното образование“. Костантин ми вели дека заслуга за неговата диплома има класната и наставничката по географија, Љупка Костадиновска, која го поттикнала и му помагала во изработката на трудот со кој, во Кавадарци, ги засенил своите врсници. Во неговиот „научнички“ деби имал влијание и неговиот татко, кој, како што вели има познавања од таа област. - Да бидам искрен, на натпреварот имаше и други сјајни презентации и не очекував дека ќе бидам најдобар, вели мојот мал соговорник, уверувајќи ме дека пред себе имам момче за кое допрва ќе се слуша. Откако го апсолвиравме поводот за нашата среба, се размуабетивме на различни теми а Константин раскажува дека географијата му е омилен предмет бидејќи го поттикнува да размислува за дале-

чини и височини, и историјата која му ја доближува еден од дедовците, инаку, историчар по вокација. - Ги сакам и другите предмети, ме интересира се што го продлабочува знаењето но не сум сигурен дека астрономијата ќе ми биде животна преокупација. Ме интересира дипломатијата бидејќи таму човек може да влијае, односите меѓу луѓето и народите да бидат подобри... Впрочем, член сум на Клубот за добро однесување при нашето училиште, каде учиме за тоа. - Имам слободно време бидејќи сум внимателен на часовите а потоа лекциите само ги повторувам и утврдувам. Тренирам тенис во клубот „Леонтиќ“ , го сакам Надал и тој спорт бидејќи успехот и неуспехот зависи сасмо од мене, односно од оној што игра. Свирим и гитара, поточно сеуште учам... одам на курсеви за јазици... и така... Имам и другари, но двајца ги сметам за вистински пријатели. Едниот од нив живее во Канада, ретко се среќаваме, но тој е многу добар, со него муабетот ми оди лесно а не интересираат и слични работи... Кога државниот првак по Астрономија си замина, кој знае по кој пат се соочив со излитеното и кај нас одомаќеното прашање; зошто талентираните деца, каков што е Константин Георгиевски, заминуваат во анонимноста. Или, може би во странство. Впрочем, да не слушнав сосема случајно за неговиот блескав настап на државното првенство, немаше да запознаам момче на кое треба да обрнаат внимание оние кои во Кавадарци му аплаудираа, восхитени од неговото познавање на областа на која големите сили ја темелат својата иднина. М.Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


БЕЗБЕДНОСТ

Наши проекти: „ Бидете информирани – бидете безбедни“

ЗА БЕЗБЕДНОСТ СЕ УЧИ И СЕ ПРИДОНЕСУВА Kако децата треба да ги почитуваат законските прописи за побезбедна иднина, како да се однесуваат на спортските натпревари, да не употребуваат дрога и алкохол, на своите прослави и забави да бидат безбедни, да не користат оружје, и да ги почитуваат сообраќајните прописи за лична безбедност и безбедност на другите учесници во сообраќајот, беа темите на предавањата во проектот „Бидете информирани – бидете безбедни“, што во основните училишта во Општина Карапош, ги реализира Ѓорѓија Ацковски, кординатор на проектот. Станува збор за општествено полезна активност насочена кон едукација на основците од завршните одделенија, оние што се на пат кон средните училишта и кон предизвиците што со себе ги носат новите средини и опкружување. На спомнатите предавања, учениците се запознаваат со опасностите што демнат околу нив, но дознаваат и како истите да ги избегнат во секојдневната комуникација. Во предавањата, тие се активно вклучени, изнесувајќи ги своите размислувања и поставувајќи прашања на кои добиваат стручни и точни одговори. Разбирливо, во фокусот на оваа превентивна едукација се: опојните дроги, оружје и други предмети со кои се загрозува нечија лична сигурност и безбедност.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Вакви средби се веќе реализирани во сите основни училишта на територијата на општина Карпош, а со едукацијата ќе бидат опфатени вкупно 1.453 ученици, од седмо и осмо одделение.

Овој Проект е одобрен и поддржан и од Општина Карпош, а има за цел едуцирање на учениците од Општина Карпош, кои во секојдневјето се изложени на разни предизвици и закани од безбедносен, здравствен и воспитен аспект. Е. К


ЕКО-КАТЧЕ

ЕКОХЕПЕНИНГ Пo повод Светскиот ден за зачувување на климата и Светскиот ден на семејството 12 Мај, во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ се одржа екохепенинг. Проектот „Собери ПЕТ за да добиеш 5“ ги обедини партнерите Здружението на граѓани „ОРТ“ – Обука за одржлив развој, Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“, мотоклубовите „Ендуранс“ и „Сакамото“, а поддржан беше и од Глобален еколошки фонд – ПМГ. Обединети околу идејата дека отпадокот може да стане суровина за изработка на разни предмети, сите десет училишта во Карпош во изминатиот месец активно работеа на скулптури наречени „Училишна порта“. На хепенингот, покрај 10-те порти имаше и низа клупи, цвеќиња, топки, автомобили, велосипеди од пластични шишиња. Директорката на Здружението на граѓани „ОРТ“, Билјана Стеваноска, им се заблагодари на присутните и на сите ученици кои земаа учество на овој еконастан. Градоначалникот Јакимовски ја отвори манифестацијата при што истакна: „Ова е одличен начин на едукација на учениците, како да се однесуваат со ПЕТ-амбалажата, како да се потрудиме да ја заштитиме планетата Земја што повеќе, како Република Македонија да стане дел од напредните нации во светот. Ова е одлична манифестација која ја развива свеста, со сите ваши креации. Вие, учениците,

покажувате дека размислувате што треба да правите со ПЕТ-амбалажа, мислам дека ваква манифестација треба да направиме и за возрасните“. На присутните им се обрати и претставникот од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Бранко Николовски, истакнувајќи дека животната средина од нас

бара љубов, внимание, грижа, совесно однесување и дека сите треба да научиме дека отпадот не е ѓубре. Никола Николов од мотоклубот „Ендуранс“ повика да не се фрлаат шишињата туку да ги собираме и да се донесат до собирните контејнери. Тој зборуваше за емисијата на издувни гасови на моторите, за многуте шишиња од моторни масла и низата шишиња вода што ги користат моторџиите, па порача дека тие треба да се собираат и да се носат во собирен пункт. На екохепенингот учениците од сите училишта настапија со неколку музички изведби посветени на зачувување на природата, намалување на отпадот и поголема грижа за здравјето. На крајот на хепенингот, учениците од ОУ „Братство“, ОУ „Јан Амос Коменски“ и ОУ „Владо Тасевски“ беа наградени со чадори, соларни радија и тетратки. И. М.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


СОРАБОТКА КК „СОКОЛИ“ ВО ТРАВНИК Традиционалната и сестрана соработка на нашата општина со локалната самоуправа на Травник (Босна и Херцеговина ), при крајот на минатиот месец беше збогатена со една убава манифестација. Екипата на КК „Соколи“ од Карпош, предводена од Градоначалникот Стевчо Јакимовски, учествуваше на шестиот Меѓународен кошаркарски турнир за јуниори „Травник 2012 – Град со љубов“. Домаќин на ова меѓународна кошаркарска манифестација беше КК „Травник“ а на истата, покрај нашите млади кошаркари настапија и нивните врсници од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, и Шведска. Екипата на Карпош настапи со играчи родени 1995 година и во силна конкуренција го освоји шестото место. КК „Травник“ се покажа како извонредно добар организатор и домаќин а гостопримливост беше демонстрирана за се време на престојот на нашата спортска експедиција во Тиравник.

НАЈДОБРИТЕ НА НАГРАДНА ЕКСКУРЗИЈА ВО БЕЛГРАД Членовите на екипите - шампиони во фудбал, кошарка и одбојка, од годинeшнава Спортска лига на основните училишта од Општината Карпош и нивните наставници- тренери, деновиве отпатуваа за Белград. Станува збор за тридневна екскурзија со која градоначалникот на Општината, Стевче Јакимовски, ги наградува најдобрите млади спортисти за врвните резултати во екипни спортови, постигнати во текот на оваа школска година. Најмладите и најдобри фудбалери, кошаркари и одбојкари од Општината, ќе имаат можност да се запознаат со културно историските знаменитости на престолнината на северниот сосед, и да земат залет за следната натпреварувачка сезона.

Попуст 10%

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ДЕБАТА Преку комуникација – до интеграција на младите

СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА МУЛТИЕТНИЧКИ ИЛИ НЕ? Во Општина Карпош се одржа третата дебата од циклусот јавни дебати, кои Младинскиот образовен форум ги организира во соработка со Општина Карпош на тема „Сите средни училишта во Македонија (не) треба да се мултиетнички“. Ставовите на младите кои дебатираа, беа единствени во однос на потребата од почесто среќавање, другарување и запознавање како начин за надминување на подвојувањето кое се почесто се среќава. Дел од средношколците на оваа дебата ги поддржуваа меѓуетничките училишта како начин на надминување на поделеноста меѓу нив. Младите се тие што ја носат одговорноста за постигнување кохезија во општеството, а тоа може да успее само ако младите уште од средношколските клупи практикуваат интензивирана комуникација со своите соученици припадници на различни етнички групи – говореа

раат домашното воспитување, училиштата, родителите и медиумите, сите тие имаат голема улога во постигнувањето интеграција во општеството“, изјави во рамките на дебатата Катерина Топалова, претставник од Алфа телевизија. „Наместо да создаваме општество со острови на кохезија, ние создаваме море на омраза. Примери дека овие острови на кохезија постојат гледаме во чаршија, на јавни дебати и во дел од училиштата. Младите немаат проблем да комуницираат, имаат заеднички вредности, заеднички младински цели за кои се борат. Проблемот е што овие модели не се

дискутантите од страна на афирмативниот тим. Од друга страна, припадниците на спротивниот тим, потенцираа дека „иако интегрираното образование е нашата највисока цел, чекорите за да го постигнеме тоа, треба да бидат постепени и испланирани, како од финансиски, така и од социјален аспект“. Џабир Дерала, претседател на невладината „Цивил“, како потенцијално решение го издвои соодветното имплементирање на Стратегијата за интегрирано образование, која не само што нуди можност за соживот меѓу младите, туку и придонесува за градење посилни и помоќни индивидуи кои учат во современи училишта. „Мултиетнички треба да бидат и градинките и основните училишта. Позитивни примери за коегзистенција постојат. Културата на соживот ја креи-

реплицираат и не добиваат на важност во јавноста, кај медиумите и политичарите“, беше ставот искажан од Петрит Сарачини, од Македонскиот институт за медиуми. Заклучок од јавната дебата беше дека сите страни се стремат кон интеграција, но различни се алатките и политиките преку кои може да се постигне соживот и комуникација. Од голема важност е пласирањето на позитивните примери на соживот во јавниот дискурс, кои може да помогнат кон интеграција, и сите релевантни фактори треба да одвојат време и да обезбедат простор и услови за интеграцијата да успее. Бранкица Георгиевска Младински образовен форум

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


СПОРТОРАМА Илина и Илија на патот кон врвот на светот

ГЕНЕРАЛНА ПРОБА НА ВРВОТ НА АЛЈАСКА Поаѓајќи од непишаното правило, дека секој оној кој сака да киниса ко н врвот на светот, најпрвин мора себе си да се провери на Ме Кинли, нашите сограѓани Илија и Илина, деновиве, заминаа за Алјаска. На највисокиот врв на северноамериканскиот континент, кој воедно е и најстудениот предел на нашата планета, а кој уште се вика и Денали, планинарите и алпинистите „оверуваат“ билет за планираниот поход на Монт Еверест. - Ние сериозно се подготвуваме, со намера идната пролет, македонското знаме да го развиориме „на кровот“ на светот, а како дел од тие подготовки е и искачувањето на Денали (6.194 метри над морето). Ако се оди според планот, на петти јуни, веќе треба да бидеме на ледената патека кон највисокиот врв на Америка, вели Илија, условно речено, водачот на патот. - Планот ни е прецизен, но ако ветената помош од спопнзорите не стаса на време, лесно може да се случи да не заминеме за Алјаска, додава Илина, не

сокривајќи ја лутината што во нашата држава нема разбирање за планинарите кои Македонија ја прославија ширум светот. Искрено, паричната помош што ја добивме од Општина Карпош доволна е само за набавување на дел од опремата околу чија специфичност не треба да се трошат зборови. Имено, ние одиме да го освоиме Денали каде просечната температура не паѓа под минус 40 Целзиусови степени, објаснува Илина. - Таа патека кон врвот на Алјаска не е стрмна и тешка за искачување, но е специфична, бидејќи е речиси целосно замрзната, а ниските температури бараат екстра опрема. Имено, искачувањето и симнувањето трае дваесеттина дена, при што мора да се кампува на десет локации и тоа во навистина супер поларни услови, објаснува Илија, додавајќи дека јуни е единствениот месец кога намерникот може да се искачи на Денали. Нашите соговорници ни раскажаа дека чекајќи ја ветената помош, веќе реализирале „базни“ подготовки. На велосипеди го обиколиле Охридското Езеро, а потоа, поаѓајќи од Велес, стасале на Солунска Глава, а оттаму, преку Караџица, се вратиле во Скопје, поминувајќи стотина километри. Без оглед на се, ние им посакавме среќен пат кон Алјаска, а тие ветија дека за сета помош од нашата Општина, ќе возвратат со фотографија снимена на врвот на Алјаска, со развиорени знамиња на Македонија и на Општина Карпош, кои се нивни неодминливи реквизити при нивните подвизи во освојувањето на небесните височини. М. Р,

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


СПОРТОРАМА Пролетен крос за основци

ПЕХАРИ ЗА 30 ИДНИТЕ АСОВИ ВО ТРЧАЊЕ Во саботата, на 12 мај, на кејот на Вардар, се одржа Третиот атлетскиот крос на учениците од сите десет основни училишта од Општина Карпош. На кросот, што го организираше Одделението за спорт при локалната самоуправа на нашата општина, учествуваа вкупно 600 ученици. На победниците (трите првопласирани во сите десет категории), пехарите им ги врачи градоначалникот Стевче Јакимовски.

30

200 м, IV одделение деветолетка (девојчиња) 1. Мила Саздова (ОУ „Х.Т. Карпош“) 2. Ана Јаневска (ОУ „В.Ц.Трена“) 3. Марија Поповска (ОУ „П.П.Арсов“)

600 м, VI одделение (момчиња) 1. Стефан Милосављевиќ (ОУ „Д.Х.Димов“) 2. Максим Мишевски (ОУ „Војдан Чернодрински“) 3. Давид Милетиќ (ОУ „В.Чернодрински“)

300 м, V одделение деветолетка (девојчиња) 1. Ана Јовановска (ОУ „Ј.А.Коменски“) 2. Марија Спасова (ОУ „В.Ц.Трена „) 3. Елена Атанасовска (ОУ „П.П.Арсов“)

500 м, VII одделение (девојчиња) 1. Ана Михајловска (ОУ „В.Ц.Трена“) 2. Мила Антевска (ОУ „Д.Х.Димов“) 3. Добрила Стамен (ОУ „Д.Х.Димов“)

400 м, IV одделение (момчиња) 1. Аледин Камбери (ОУ„Братство“) 2. Дамјан Блажевски (ОУ „А.Писевски“) 3. Стојан Поповски (ОУ „В.Ц.Трена“)

700 м, VII одделение (момчиња) 1. Павел Јанковски (ОУ „В.Тасевски“) 2. Кристијан Перовски (ОУ „Х.Т.Карпош“) 3. Бобан Божиновски (ОУ „Ј.А.Коменски“)

500 м , V одделение (момчиња) 1. Марко Димовски (ОУ „П.П.Арсов“) 2. Андреј Мишевски (ОУ „В.Чернодрински“) 3. Лука Јованов (ОУ „Ј.А.Коменски“)

600 м, VIII одделение (девојчиња) 1. Јована Божиновска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. Душица Јанковска (ОУ „П.П.Арсов“) 3. Јана Спасовска (ОУ „В.Тасевски“)

400 м, VI одделение (девојчиња) 1. Марија Кузевска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. Наталија Калајџиевска (ОУ „П.П.Арсов“) 3. Матеја Јосифовска (ОУ „В.Тасевски“)

800 м, VIII одделение (момчиња) 1. Никола Стојков (ОУ „В.Чернодрински“) 2. Стефан Јовановски (ОУ „А.Писевски“) 3. Серат Бекини (ОУ „А.Писевски“)

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


КОШАРКАРИТЕ ОД ООУ „ПЕТАР ОДБОЈКАРКИТЕ ПОП АРСОВ“- НАЈДОБРИ ВО 2012 НА „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ Во традиционално возбудливи и неизвесни нат- ШАМПИОНИ

превари, во преполна сала и френетична публика, завршија финалните натпревари во рамките на плејоф во кошарка за учениците од училишната лига на Карпош. Младите таленти од ООУ „Петар Поп Арсов“ се шампионите во овој спорт за 2012 година, откако во битката за прво место со 52:36 ги совладаа своите врсници од ООУ„ Владо Тасевски“. Во борбата за бронзен медал кошаркарите на ООУ„Војдан Чернодрински“ беа подобри од ривалите ООУ„Димо Хаџи Димов“ победувајќи ги со 32:29. За најдобар стрелец и најдобар играч во текот на целата училишна лига беше прогласен Давид Пецалевски од ООУ „Владо Тасевски“, а за најталентиран во лигата 2011/2012 е прогласен Петар Огњеновиќ од ООУ „Патар Поп Арсов“. Пехарите, ме-

далите и специјалните награди на победниците им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Во спортската сала Форца, завршија училишните спортски игри во одбојка за девојки. Првото место, по одиграниот есенски и пролетен дел и по во

збудливото финале, го освоија одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“, откако го победија тимот на ООУ „Петар Поп Арсов“ со 2:0 разлика во сетови. Претходно, во полуфиналето за трето место успеаја да се изборат одбојкарките на ООУ „Лазо Трповски“, кои ги победија своите соученички од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Медалите и наградите на победниците во одбојкарската лига им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, кој воедно прогласи и најдобар играч во лигата, Душица Јанковиќ од ООУ „Петар Поп Арсов“, а за најдобар смечер беше прогласена Анастасија Муратовска од ООУ „Владо Тасевски“.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


СПОРТОРАМА Карпош - All Star

МБ АТМОСФЕРА И КОШАРКА ВО САЛАТА НА РАБОТНИЧКИ

Во петокот, на 25 мај, во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички – Градски парк, се одржа годинешниот All Star ревијален кошаркарски натпревар кој прераснува во традиција на Општина Карпош.

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во преполнетата спортска сала беа присутни учениците од сите десет основни училишта од територијата на Општина Карпош. Тие, подржувани од нашите естрадни гости: водителот и шоумен Жаре


Ди­- митриоски, Александра Пилева, Try2fly и студиото за модерни танци „Брејк а лег“, создадоа вистинска навивачка и натпреварувачка атмосфера, потврдувајќи дека Карпош со право го носи ласкавиот епитет- најспортска општина во Република Македонија. Проверените мајстори за организација на вакви спортски фешти- Одделението за спорт при локал­ ната самоуправа, заслужуваат комплименти за на­ вистина МБ атмосфера во салата во Градскиот парк. Како и досега, комплетната спортска опрема за овој на­стан (патики, дресови, спортски гаќички и спорт­ ски торбички) ја обезбеди Општина Карпош. Еки­ пите за овој натпревар беа составени од најдобрите млади таленти во кошарка, при што, едниот тим бе­ ше составен од учениците од тимовите кои го осво­ ија 1,3,5,7 и 9-то место, а другиот се освојувачите на 2,4,6 и 8 место, во училишната спортска лига во кошарка на Општина Карпош.

Во една интересна, атрактивна и квалитетна ко­ шаркарска игра, поуспешни беа кошаркарите на„ жолтиот“ тим, предводени од тренерот Амди Муса. Ним им припадна и Големиот преоден пехар кој на ка­питенот на победничкиот тим му го врачи градо­ началникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимов­ ски. Огромното задоволство и радоста кај нашите уче­ници од една ваква одлично организирана и ат­ ра­ктивна манифестација не можеше да се скрие од ис­крените детските лица. Тие со нетрпение ги оче­ куваат следните спортски проекти наменети за нив, а организирани од страна на Општина Карпош. Значи, All Star не е само епилог на квалитетна ко­ шарка меѓу основците од Општина Карпош, туку е при­лика за дружење на учениците од сите основни училишта во нашата општина. Е. Кузмановска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ На големите луѓе им се вродени две работи: ситните работи да ги сметаат за ситни, а големите за големи. Лесинг Добро воспитан човек е оној кој знае да го поднесува оној што не е. Чарлс Лојд

Луј XIV го прашал својот дворски шут: - Како би ти се допаднало ти да бидеш француски крал, а јас твој шут? - Ич не би ми се допаднало - одговорил шутот. -Како? Зар би се срамел да бидеш француски крал? -Не поради тоа! Би се срамел од својот дворски шут. -Кажи ми, те молам, како од мажот така лесно извлекуваш парите? - Мошне едноставно. Ќе му речам дека ќе се вратам кај родителите и тој веднаш ми дава пари за пат. Луд е оној чија лудост не се совпаѓа со лудоста на веќината. Сигурд Хел (норвешки писател 1890-1960)

Подготвил: М. Раденковиќ

Луѓето ништо така силно не ги поврзува како заеднички и среќно преживеаните несреќи. И. Андриќ

Шут

Неколку чаши вино можат да договорат стотина зделки.

Кинеска поговорка

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 16 • МАЈ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ALL STAR - ФЕШТА


Карпош Урбан бр.16 - Месечен весник на локалната самоуправа  

karpos, urban , opstina karpos

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you