Page 1

Информатор на Општина Карпош, ноември-декември 2011 година / број 12 / година 2

КАРПОШ ДОБИ СТРАТЕГИЈА ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ГОДИШЕН ХОРОСКОП

2012

САМО ЗА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ: КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

1


Во овој број Информатор на Општина Карпош, ноември-декември 2011 година / број 12 / година 2

ПОТРЕБЕН Е КРИЗЕН ШТАБ!

КАРПОШ ДОБИ СТРАТЕГИЈА ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ГОДИШЕН ХОРОСКОП

8

2012

САМО ЗА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ: КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

1

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. Демир Трајко бб 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/3061-353 факс 02/3071-040

БИОНИЧАРИТЕ ОД „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ НАГРАДЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА 11

kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

ВЛАТКО И ЏИБОНИ ГО „ЗАПАЛИЈА“ КАРПОШ 16

ГЛАВЕН

ДОЈДИ ВО КАРПОШ!

И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН:

22-23

ЈАСМИНА А. ЧАШУЛЕ ЛЕКТУРА: ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ, АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА ФОТОГРАФИЈА: ИВА МАНОВА,

ХЕРОИНАТА ОД ЛА MАНШ

САША РАМАНОВ РЕДАКЦИЈА: СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА, ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА

30-31

МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ 2

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Почитувани сограѓани, Зад нас оставаме уште една успешна деловна година. Година во која се потрудивме да направиме многу. Да исполниме што повеќе ваши барања, желби, потреби. Колку успеавме во тоа ќе кажете Вие. Јас мислам дека најголемиот дел од нашите обврски ги исполнивме. Оставивме зад нас десет километри новоасфалтирани улици, речиси нема дом без комунална инфраструктура, нова фекална и атмосферска канализација, десетици и стотици нови паркиралишта. Во Карпош паркирањето речиси не е проблем, а згора на тоа е и бесплатно. Кај нас има илјадници метри цветни булевари, сервисни и станбени улици, стотици квадратни метри зеленило. Реконструиравме четири училишта, а в година ќе ги реконструираме и останатите. Нашите деца ќе учат во современи, европски услови. За унапредување на образовниот процес изработивме и Стратегија за образование, единствена од ваков вид во државата. Стратегиски и темелно работиме и во другите сфери на живеењето во Карпош. Водиме грижа за здравјето и квалитетот на живеење во општината. Поставивме мониторинг-станица за мерење на квалитетот на воздухот и побаравме од надлежните во државата податоци за навремено информирање на граѓаните за состојбата со загадувањето во Карпош, кои дневно ќе ги објавуваме на нашата интернет-страница. За таа цел, одржавме дури вонредна седница на Советот на Општината во која понудивме и десетина интервентни мерки за заштита на нашите жители од загадувањето на воздухот, кои побаравме да се реализираат во соработка со Градот и со другите државни институции. Сепак, воздухот нема граници. Во изминатата година во Карпош имаше и градежништво, но и голема доза на култура, забава, спорт. И натаму наш бренд број 1 е „Карпошовото културно лето», забавно лето, со какво, ретко кој може да се пофали. Сликарски колонии, музички хепенинзи, концерти и театарски претстави. Оваа година посебно го чествувавме и нашиот роденден, 3 номеври, Ден на Општина Карпош. Посебно свечено и убаво затоа што ни беше јубилеј - 35 години од постоењето. Но, притоа не оставивме ниту еден од граѓаните да биде надвор од ова славење. Напротив, ги вклучивме сите во бројните манифестации кои траеја повеќе од десетина дена: од најмала возраст - децата, до највозрасните - пензионерите. Не заборавивме во ниту еден момент и на оние наши сограѓани кои се на социјалните маргини, од економски или од здравствен аспект. Ги помагавме сиромашните, болните, хендикепираните. Иако напати не бевме разбрани за нашите добри намери, барем еднократно финансиски да им се помогне на посиромашните, ние нив ги помагаме и ќе ги помагаме и во иднина. Дониравме статички велосипеди за болните на кои им требаат за терапија, изградивме пристапни рампи речиси до сите институции, наменски паркиралишта за инвалиди. Се обидуваме да мислиме за сите граѓани подеднакво. Оставајќи ја претпоследната година од доверениот мандат од граѓаните на Карпош, навлегуваме во новата 2012, последна пред нашиот отчет. И во неа влегуваме со голем ентузијазам, со конкретни задачи и цели. Плански и со програми. Во нив се содржани сите ваши потреби и желби, со цел, по нас, по четирите изминати години да оставиме една модерна, успешна и пред сè ефикасна општина. Пријатно место за живеење, за работа, но и за инвестиции. Тоа е она што претстои пред нас, како предизвик во новата 2012 година.

И на крајот, по тој повод, во мое лично име и во име на севкупната општинска администрација, Ви ја честитам Новата година и претстојните божиќни празници и Ви посакувам многу здравје, среќа, благосостојба во семејството.

Вашиот Градоначалник, Стевчо Јакимовски КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

3


Реконструкции

ГРАДЕВМЕ, АСФАЛТИРАВМЕ, ПРОШУРУВАВМЕ... И во последните два месеци од годината што ја оставивме зад нас, релативно топлото и суво време ни овозможи да ги завршиме започнатите градежни работи. Асфалтиравме десетина улици во Козле, Бардовци, Тафталиџе, но и во други

делови на Карпош. Реконструиравме пешачки патеки, изградивме атмосферски канализации. Претстои помирен инвестициски период, но веќе напролет не чека нова „градежна офанзива“.

Асфалтирање на подолжен прекоп на ул. Стогово Изведувач Аполоинженеринг

Асфалтирање на ул. 6 во с. Бардовци Изведувач Кодинг

Демонтажа и сечење на шините на ул. Јуриј Гагарин Изведувач ДА БО Компани 4

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкции Изведени објекти во периодот ноември-декември 2011 година

Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин дел 1 Изведувач Транс Мет

Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин дел 2 Изведувач Транс Мет КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин дел 3 Изведувач Транс Мет НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

5


Реконструкции

Асфалтирање на ул. Стокхолмска Изведувач Кодинг

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Багдадска Изведувач Метал електирк

Реконструкција на пешачка патека позадиу зграда на ул. Пелистерска Изведувач ДА БО Компани

Реконструкција на патеки на ул. Јуриј Гагарин пред станбена зграда бр. 49 Изведувач ИГМ Вратница 6

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Објекти кои ќе се изведуваат во наредниот период 1. Реконструкција на колско пешачка патека - крак од ул. Букурешка Л=65м 2. Поплочување на крак од ул. Ацо Шопов Л=60м Б=3.0м 3. Поплочување на крак од ул. Козле 1 нас Средно НерезиЛ=55м Б=3.5м 4. Изградба на паркинг простор на ул. Вич дел 2, Карпош 4

Реконструкција со проширување на паркинг простор на ул. Јуриј Гагарин пред кулите Изведувач Градежен институт Македонија (ГИМ)

5. Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов, Карпош 4 6. Интервенции на оштетени тротоари на територија на Општина Карпош

Асфалтирање на ул. Копенхагенска Изведувач Транс Мет КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

7


Работа на советот СОСТОЈБАТА СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ И КАРПОШ Е АЛАРМАНТНА

Потребен е кризен штаб!

Советот на Општина Карпош на вонредна седница донесе пакет итни мерки кои ќе ги преземе самата локална власт за да се намалат штетните последици од загадувањето на воздухот. Истовремено, Општина Карпош овие мерки ќе ги препорача и до надлежното министерство и Градот Скопје. На ова важна седница на Советот на Карпош беа поканети и експерти, како и советници од сите советнички групи на Град Скопје. За жал, на седницата присуствуваа и активно учествуваа само советници од советничката група на СДСМ. На седницата на Советот, Секторот за заштита на животнта средина и природата при Општина Карпош ги презентираше најновите анализи и мерења на загаденоста на воздухот во оваа општина. Измерените концентрации на штетни честички во воздухот покажуваат алармантно загадување на воздухот, дури 12 пати повеќе од дозволеното. Од мерењата извршени во текот на 39 денови, констарирано е дека дозволената гранина на штетни честички во воздухот (50µm) била надмината за 1200% (100-600 µm) и тоа во период од 35 денови. Анализите покажуваат дека концентрацијата на азот диоксид (NО2) во мерените 39 дена, дури во 35 ја преминува дозволената концентрација (220 µg/m3). Застапеноста на Озон (О3) била над дозволената граница од 120 мg/m3. За подетални информации околу штетните последици по здравјето на жителите во Карпош, од стручен, медицински аспект, свое излагање пред советниците имаше д-р Добрила Андоновска. Таа посочи дека присутвото на штетни честички во воздухот во толку високи концентрации врши оштетување на белите дробови на луѓето. Притоа, најранливи категории граѓани се малите деца, старите и хронично болни како и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Но, штетните

8

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

влијанија се одразуваат врз здравјето на сите граѓани. За тоа колку е лоша состојбата со здравјето на децата во Скопје, докторката го посочи фактот што во болницата за белодробни заболувања кај деца во Козле се бара легло повеќе. Имајќи ја во предвид констатираната, алармантна состојба со загаденоста на воздухот, Советот на Општина Карпош ги усвои следните мерки и препораки: • Зголемување на мониторингот на загадувањето и засилени активности за откривање и сакнционирање на потенцијални загадувачи. Се воспостави отворена линија за граѓаните, на која ќе можат да ги пријават сите потенцијални загадувачи во своето опкружување, како што се физички и правни лица кои што користат отпадни гуми, отпадни масла, нафтени деривати кои што не се според стандардите. Надлежниот овластен инспектор за животна средина да ги засили своите активности во оваа насока. • НВО секторот во општината, да се вклучи во мониторингот и во делот на изработка на заедничка стратегија за делување, толкување на измерените податоци и информирање на граѓаните. • Најбрзо што може да се воспостави мерење на концетрациите на сулфур диоксид (SO2) во воздухот и овој параметар да се следи во наредниот период. • Советниците во Градот, на своја седница да побараат итно формирање на Кризен штаб кој ќе донесе План на мерки и активности (согласно законските надлежности) кои Градоначалникот на град Скопје треба да ги преземе при вакво загадување на воздухот во градот. • Министерството за внатрешни работи да ја засили контролата врз учесниците во сообраќајот. Сите воз-

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Работа на советот ила кои не исполнуваат ЕУРО-3 стандард и кои имаат емисија на гасови над дозволеното, да не учествуваат во сообраќајот во временски период од три месеци како времена мерка која може да се спроведе веднаш. • Градот Скопје да го смени режимот на сообраќај, со што тешките товарни возила, наместо да влегуваат во градското јадро, да се насочуваат на обиколниците. • Министерството за животна средина и просторно планирање и градот Скопје, времено да го затворат или да го измени режимот на работа на индустриските капацитети, за кои се утврдило дека го загадуваат воздухот, а штетите од ова да ги надомести државата. Мерките на Советот целосно ги подджка Градона­ чал­никот на Карпош, Стевчо Јакимовски. “Здравјето на луѓето е многу важно. Без разлика на нашите надлежности, ние треба да направиме се, воздухот во Скопје, а со тоа и во Карпош, да биде почист и без штетни последици за граѓаните. Затоа ја поздравувам оваа активност на Советот која сметам дека ќе биде поттик и за други општини како и за Градот Скопје да покажат исто таква одговорност и грижа за тоа каков воздух дишеме” изјави градоначалникот Јакимовски. Општина Карпош во изминатите години вложи многу во екологијата за што говорат низата реализирани проекти за подобра и почиста животната средина. Со овие мерки, Општина Карпош ја покажа својата совест и одговорност кон своите граѓани.

Карпош го презеде управувањето со градежното неизградено земјиште Од 28 ноември Карпош се вброи меѓу општините кои ги исполнија условите утврдени во Законот за градежно земјиште и го презедоа овластувањето да управуваат со градежното неизградено земјиште, наместо државата, како што впрочем тоа досега го правеше Министерството за транспорт и врски. Располагањето со земјиштето во сопственост на Република Македонија, Општина Карпош практично го презеде со одлуката на Владата обајвена во Службен весник на РМ бр.164/11 од 28.11.2011. Со тоа граѓаните на Карпош ќе можат на едно место да ги добијат сите услуги со што ќе се обезбеди побрза услуга за граѓаните. Со оваа одлука практично, целата постапка на купување и давање под закуп на градежното неизградено земјиште и издавањето на градежната дозвола, ќе придонесе за забрзан локален економски развој на нашата Општина . М.Ралева

СОВЕТНИЦИТЕ НА КАРПОШ ДАДОА ВИЗА ЗА ДУП „ИЛИНДЕН“ Со 22 гласа „за“ и ниту еден „против“ советниците од Советот на Општина Карпош од сите советнички групи дадоа „виза“ за Деталниот урбанистички план за касарната „Илинден“. ДУП „Илинден“ 18 месеци наназад предизвикуваше тензии меѓу советниците и воопшто во Општина Карпош. Конечно, планот ја доби потребната согласност од Министерството за транспорт и врски (МТВ) со што беше отстранета последната законска пречка за негово усвојување. Интересно е, да се напомене дека согласноста од МТВ во Општината стигна само 15 минути пред почетокот на 43-та седницата на Советот на Општина Карпош. Но, тоа не беше пречка туку предизвик за Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој веднаш даде предлог оваа точка како дополнителна да се стави на дневниот ред. Советниците го прифатија предлогот и едногласно дадоа виза за планот. Деталниот урбанистички план „Илинден“ опфаќа 94,7 хектари, претежно на територијата на општина Карпош. Планот е поделен на седум блокови, а во него се предвиден градби за повеќе намени: индивидуално домување, колективни, семејни и станбени објекти, деловни градби, дипломатски претставништва, како и обејкти за образование и здравство.

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

9


Екологија

Прва ниско-енергетска зграда во Општина Карпош

Општината Карпош како потписник на Конвен­ ци­јата на Градоначалници на европски градови и општини ја презема иницијативата во сите јавни објекти од нејзина надлежност за примена на мерките за енергетската ефикасност. Во периодот што следува, Општината подготвува Правилник за мерки за енергетска ефикасност во градежниот сектор со кој ќе бидат пропишани мерки и стандарди за изградбата на нови објекти како услов за добивање на градежна дозвола. Помеѓу ретките примери на инвеститори кои самоиницијативно се веќе пионери и промотори на изградба на вакви објекти, е фирмата ВЕНС Инженеринг која овие високи стандарди ги вградува во веќе изградениот објект на ул.Струшка 11а и на другите два кои сега се во фаза на градба на истата улица бр.9в и 8а. Иако станува збор за објекти наменети за колективно домување со 5 и повеќе станови, продадени по комерцијална цена, комфорот, удобноста во живеењето и посебно трошоците за енергија на станарите на месечно и годишно ниво се 70% помали во однос на стандардните станови со иста површина. Првиот објект со големина од 250m2 и пет индивидуални станови е изграден според највисоките стандарди на термоизолација на ѕидови, додека и

10

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

самите врати и прозорци имаат високи перформанси на изолација. Системот за греење и ладење е со геотермална пумпа од 12kW топлинска сила или ≈ 3kW електрична од типот вода земја со затворен циркулационен систем со црева во дворната површина со должина поголема од 1280m. Греењето е подно што овозможува посебна удобност во зимскиот период, а ладењето е со фенкојлери во секој стан. Објектот користи и соларни системи за топла санитарна вода не само во бањите туку и машините за перење и миење садови. Вградените топлински сензори во објектот поврзани со командното управување се елементи од билдинг менаџмент системот кој ја зголемува рационалноста во потрошувачката на енергетските медиуми. Вградените штедливи системи за осветлување

подеднакво придонесуваат за енормно намалените трошоци за енергија во овој објект. Архитектонската реализација и ориентацијата на објектот прават сонцето да користи како бесплатен енергенс, нешто што му дава на објектот и карактеристика на пасивна куќа. Тоа што со сигурност може да се тврди е дека оваа ниско енергетска зграда во која се интегрирани аспекти на (Passive House, Solar House, Grin House, Low Energy House) троши помалку од 50kWh/ m2 енергија на годишно ниво, што гледано според категоризацијата од европските земји, е првиот кандидат да добие «енергетски пасош од А» категорија. Општината Карпош целосно ги подржува ваквите инвеститори кои заслужуваат да бидат субвенционирани и поддржани, како на државно, така и на локално ниво. Им ја честитаме наградата од Саемот за градежништво «ЗЕЛЕН ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА» за 2010 год. и максимално ќе ги поддржиме нивните градби на територијата на Општина Карпош. Љ.Димов

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Екологија

Бионичарите од „Лазо Трповски“ наградени во Германија

ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје годинава учествуваше на Меѓународниот училиштен натпревар по бионика во Инголштат, СР Германија. Натпреварот го организира фондацијата за заштита на животната средина „Ауди“ од Инголштат. Темата што ја зададе организаторот гласеше „Што може техниката да научи од природата“. Проектот „Природата како пример во нашето секојдневние“ што го изготвија (на германски јазик) учениците од 7в одделение во соработка со д-р Весна Димова, доцент на Технолошкометалуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а според пропозициите на натпреварот во координација со тројца ментори, Даниела Радевска, предметен наставник по хемија, м-р Милица Патраклиева, предметен наставник по географија и Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, успешно ја помина прелиминарната фаза на натпреварот, влезе во финалето, односно во потесната конкуренција за награди и освои една од наградите. За ова значајно меѓународно постигнување фондацијата за заштита на животната средина „Ауди“ секој ученик поединечно го награди со подарок книга -специјално издание на енциклопедија за млади од областа на биониката „Abenteuer Leben-Natur-Technik“ (во превод на македонски јазик: „Авантура живот-наука-техника“), некомерцијално издадена по повод натпреварот (во ограничен тираж наменета исклучиво за учесниците и младите истражувачи), во соработка со реномираното германско книгоиздателство „Бертелсман“ од Гитерсло и „Висенмедија“ КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

при „ИнмедијаОНЕ“ д.о.о од Минхен. На почетокот на ноември годинава, независно шестчлено стручно жири составено од научници, наставници и научни работници, официјално ги прогласи наградените проекти. На трите првонаградени проекти наградите ќе им бидат врачени на крајот на ноември годинава, во седиштето на фондацијата „Ауди“ во Инголштат. Во своето писмено обраќање до учесниците на натпреварот од ООУ „Лазо Трповски“ раководителите на фондацијата за заштита на животната средина „Ауди“ д-р Дагоберт Ашац и Антон Пол, меѓу другото, истакнаа дека оригиналната идеја и креативното претставување на проектната задача наишле на одобрување и воодушевување кај членовите на стручното жири и оти обајцата жалат што проектот изготвен од страна на учениците од 7в одделение жирито не го наградило со една од трите главни награди. Тие искрено се надеваат дека освоената утешна награда ќе претставува поттик за натамошен несебичен ангажман на учениците во заштитата на животната средина. Организаторот додели вкупно три главни награди, а првата награда е седумдневно наградно патување во Германија со вклучена посета на фабриката „Ауди“ во Инголштат, новоотворената фабрика за производство на возила од марката Ауди во унгарскиот град Ѓер и на меѓународниот научно-истражувачки центар на природата „Ајхенвалд“ во Минхен, Германија. Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик во ООУ „Лазо Трповски“

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

11


Екологија Собирање на отпадните батерии Општина Карпош активно се вклучува во спроведување на проектот “Гоу Клин” инициран од амбасадата на Шведска и поддржан од амбасадите на Норвешка и Словачка, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот има за цел да ја подржи имплементацијата на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори. На информативен состанок околу проектот, претседателот на Здружението на граѓани “Гоу Грин”, Антонио Јовановски на Карпош му донираше посебна кутија за отпадни батерии. Отпадните батерии потоа ќе се транспортираат и ќе се рециклираат во фабриката САП Весна од Пробиштип. Во текот на следните месеци нашата локална самоуправа во соработка со граѓанските здруженија “Гоу Грин”, „Балкански Мостови“ и „Гринер“ ќе учествува во спроведување на младинска образовна кампања преку организирање предавања во 20 образовни институции кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. На тој начин, се очекува да се создаде платформа за размена на знаења и искуства со земјите од ЕУ и развивање на соработка меѓу различни заинтересирани страни кои се одговорни за справување со отпадни батерии во Република Македонија.

Кои се придобивките од органско производство? Во рамките на проектот на Одделението за заштита на животната средина и природата, во село Бардовци, во основното училиште „Аврам Писевски“ беше одржана третата сесија – информативна средба на тема „Органско производство и придобивките од него“. На средбата беше нагласено значењето, начинот и придобивките од насочување на земјоделците кон производство на органска храна, која би била поконкурентна на домашниот и на европскиот пазар. Пласманот на производите и начините како да се дојде до конкретни финансиски средства за ваков тип на земјоделски производи, беа теми на дискусијата која се одвиваше меѓу присутните гости и предавачите. Заедничкиот заклучок до кој дојдоа експертите и заинтересираните граѓани е дека е потребно во иднина да се интензивираат средби од ваков карактер. Крајната цел е да се подигне јавната свест кај производителите, но и да се изнајдат начини да им помогнат како надлежните институции и организации за пласман на производите можат.

12

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Екологија Карпош доби мониторинг станица за воздухот Општина Карпош постави мониторинг станицата за мерење на квалитетот на воздухот, која е сместена во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“. Мерната станица е дел од проектот кој општината го имаше заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање и Европската Унија. Градоначалникот на Општината Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со шефот на Оперативната мисија Дитер Тул, министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, претставници од Градот Скопје, како и амбасадорот на Италија, ја пуштија во употреба мониторинг станицата за мерење на квалитетот на воздухот. Обраќајќи се на свеченоста, градоначалникот Јакимовски го изрази своето задоволството што овој настан се случува на територијата на Општината и истакна дека станицата ќе биде поттик граѓаните од подрачјето на Општината Карпош да ја чуваат својата околина и со тоа ќе се грижат за личното и за здравјето на своите деца. Токму затоа, овој заеднички проект е исклучително значаен, а ние како општина можеме да се пофалиме дека во ова училиште поставивме парно греење кое во целост ги почитува Европските стандарди, рече градоначалникот Јакимовски. Шефот на Оперативната мисија Дитер Тул обраќајќи им се на присутните директори на училишта, детски градинки, ученици и родители, нагласи дека ова е втора по ред автоматска мониторинг станица поставена во Скопје која ќе служи за мерење на квалитетот на воздухот. Ваквите станици не само што ќе известуваат за квалитетот на воздухот, туку и ќе бидат алатка за собирање на податоци за изготвување анализи за чистотата на воздухот во Скопје, рече шефот на Оперативната мисија Дитер Тул. Во ревијалниот дел од свеченоста учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ на гостите им подарија слики на тема екологија.

Како правилно да го третираме отпадот од амбалажи? Во старата зграда на Општина Карпош, беше одржан информативен состанок со директорите и наставниците од основните училишта. Темата за дискусија беше: „Едукација за зголемување на јавната свест, за правилен третман и можноста за повторно искористување и рециклирање на т.н. „ПЕТ амбалажа“. На состанокот се разговараше за неправилниот третман на овој вид отпад (честопати ненаменски се фрлаат отпадоците од хартија, метла, стакло и пластика во различни корпи ) и за тоа дека, честопати, не се селектира правилно отпадот од страна на граѓаните. Заклучокот е јасен! Треба да се искористи можноста за подигање на јавната свест на ниво достојно на една европска земја, почнувајќи од најмладите генерации, па до највозрасните. Ова е уште еден проект на Одделението за заштита на животната средина и природата од Програмата за 2011 год.

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

13


Вести

Карпош го прослави ослободувањето на град Скопје Со свечена академија, пригодно сеќавање на ослободителните борби, рецитал и песни од децата од ООУ „Домо Хаџи Димов“ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош го прослави ослободувањето на град Скопје. Од страна на борците, спомени на завршната битка за ослободување на нашиот главен град, евоцираше Кирил Никовски, претседателот на Општинската организација на борците, кој врачи пофалници и членски книшки на новите поддржувачи на вреднопстите на Народноослободителната војна. Од името на Општина Карпош, присутните гости, борците, членовите на Советот на Општината, претставници од Организацијата на жените на СДСМ, ги поздрави секретарот на општината Владо Поповски, кој изрази чест и задоволство што се наоѓа меѓу луѓето кои се дел од историјата на Македонија и кои ја одбележаа со своето дело. Општина Карпош е посветен почитувач и одбележувач на значајните настани и битки за самостојност на нашата држава. Тоа го прави преку еден историски континуитет, без маргинализација на одредени периоди и со целосна почит на делото и на жртвите кои ги положија своите животи за слободата на татковината. Нашата слобода и демократија која денес ја уживаме не е ниту случајност ниту еден фрагмент во историјата, туку резултат на долготрајни битки низ историјата и многу положени животи на македонски херои. Учениците од ОУ„Димо Хаџи Димов“ одржаа прекрасни рецитали посветени на вековната битка за опстојување на Македонија,а првооделенците од „Христијан Тодоровски Карпош“ отпеаја песничка за својот град. Покрај општинската прослава на денот на ослободувањето на Скопје, тричлена делегација од Советот на Општина Карпош предводена од претседателот Трифун Трифуновски положија букет свежо цвеќе пред партизанските гробишта во Бутел. ОПШТИНА КАРПОШ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ

Новогодишни тезги во Карпош 3 Општина Карпош и оваа година го исполни барањето на жителите од населбата и постави 14 тезги во ТЦ „Карпош 3“, попознат како Лептокарија. На овие тезги, во периодот од 19 декември, годинава, до 5 јанури 2012, граѓаните на Карпош ќе може да пазарат новогодишни честитки, украси, балони и се што им е потребно за новогодишните и божиќните празници. Имајќи ја предвид економската ситуација во државата, Општината на продавачите тезгите им ги издава бесплатно, со цел да им помогне. Истовремено, на овој начин општина Карпош им го олеснува пазарењето на граѓаните. Со тоа, се збогати и се подобри новогодишниот и Божиќниот амбиент во оваа населба. Среќни празници!

14

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

СТАРТУВАШЕ „СЕЗОНАТА НА ЗЕЛКИТЕ“

Општина Карпош ја помага продажбата

И оваа година Општина Карпош на Бардов­чани им излезе во пресрет. Од почетокот на ноември, кога почна „сезоната на зелката“ општината постави околу 45 тезги за продажба. На овој начин, општина Карпош им помогна на своите жители од с.Бардовци, кои традиционално ја продаваат својата прочуена бардовска зелка, тоа да го направат поорганизирано и похигиенски. Имајќи разбирање за тешката економска состојбата во државата, со единствена цел да им помогне на своите граѓани, тезгите што ги обезбеди општината им ги даде на продавачите на времено користење и без надоместок.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Вести ПРИДОНЕС КОН ПОЧИСТА ОПШТИНА-160 ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА КАРПОШ ВО ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА

Општинарите од Карпош го чистеа Козле

Вработените во општинската администрација во населба Козле ги чистеа тревните површини, тротоарите и улиците. Целта на акцијата беше да се дадде придонес кон почиста општина и да се поттикнат граѓаните во својот придонес за почиста средина и есенско чистење. На четири локации во населбата Козле, кај Министерството за економија, „Салон 29“, кај детското игралиште наспроти „Алумина“ и во близина на ООУ „Владо Тасевски“ околу 160 вработени во општинската администрација на Карпош го дадоа својот придонес кон почиста околина. Градоначалникот Јакимовски ја поздрави акцијата на вработените и се заблагодари за нивниот придонес. Традиционално „Денот на дрвото“ во Општина Карпош се одбележува со големи еколошки акции, чистење на зелените површини, улиците и тротоарите. Така беше и овојпат.

Отворен прв иот центар за ран детски развој во Општина Карпош На 17 ноември, во просториите на ООУ„Аврам Писевски“, Градоначалникот на Општината Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото и претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ , г-ѓа Фуруг Фојузер, го пуштија во употреба Центарот за ран детски развој – „Учиме и играме заедно“. Неговата екселенција Стефано Лазарото, обраќајќи им се на присутните го изрази своето задоволство што се наоѓа меѓу дечињата за кои е наменет овој проект. Во Центарот за ран детски развој работат 10 волонтери од кои, седум од Општина Карпош, и три волонтери од Центарот за ран детски развој. Инаку, Центарот работи секој ден во период од 9.30 до 13.30 часот, во две групи. Возраста на децата вклучени во центарот, е од две и пол до пет и пол години. Овој проект е од посебно значење поради тоа што стартуваше пред прославувањето на Меѓународниот ден на децата - 20 ноември.

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

ОПШТИНА КАРПОШ ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВИОТ СНЕГ И НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Сто тони сол против мразот и снегот

Општина Карпош обезбеди 100 тони индустриска сол за расчистување на снегот и заштита од замрзнување на собирните и сервисни улици. Расчистувањето ќе се врши со три специјализирани возила- соларки. Општината ги потсетува граѓаните дека се должни веднаш да го расчистат снегот пред нивните домови и пред јавните објекти и да го отстрануваат мразот за да се обезбеди непречен пристап. Во колективните станбени згради, чистењето на снегот и мразот во зимски услови се должни да го вршат станарите на зградата. Под јавни површини и отворени простори на јавни објекти се подразбираат улици, тротоари, велосипедски патеки, паркиралишта и други објекти на комуналната инфраструктура, (пазари, магацини и складишта, спортско рекреативни објекти и сл). Комуналниот инспектор на Општина Карпош, како и униформираните полициски службеници против сторителите на прекршокот ќе поднесат барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

15


35 Години Карпош

Влатко и Џибони го „запалија“ Карпош

Завршницата од роденденското славење во Општина Карпош по повод 35 години Општина Карпош ја обоија феноменалните Влатко Стефановски и Џибони со своите популарни песни „Као какао“ и „Темпера“. Пред двеилјадната публика во Форца, се бараше место повеќе да се присутвува на спектаку-

ларниот концерт на врвниот мајстор на гитара и на хрватската рок ѕвезда. Двоиполчасовната забава на граѓаните на Карпош, но и од градот, беше збогатена и со Черкези оркестарот, а за време на концертот „во живо“ во масло на големо платно сликаше познатиот македонски академски сликар, Сергеј Андреевски.

„Секој може ако сака- СО ПИЈАНО ФОРТЕ На територијата на Општина Карпош, поточно, на Букурешка 141 (кај „Нова») веке 12 години постои музичкото училиште „Пијанофорте». Основачи се долгогодишните педагози, признатата пијанистка Виолета Стефановска Шуковиќ и виолинистката Марина Чадо. По враќањето од странство обете решаваат своите искуства да ги пренесат во нашата земја.Колективот е составен од млади луѓеизвонредни уметници, чиј младешки пристап и ентузијазам на прв поглед ги плени децата да учат со радост. Заедничкото мото на сите оддели на ова училиште гласи „Секој може ако сака». Мотото произлегува од нашата убеденост дека уметноста не е само за „избрани», туку за секого. Посебно, пак, за децата и нивниот развиток. Оттаму и настојувањата на општествата со традиција во образованието, музиката и другите уматности да ги вгради што повеќе во наставата. Училиштето од неодамна ја прошири својата дејност и стана училиште за музика и други уметности - повеќе музички инструменти, сликарство, улична уметност (Streat Art), актерство, компонирање, пеење, музичко описменување - посебно водејќи грижа за групното музицирање. Посебно, бидејќи групното музицирање за кратко време ги дава благодетите на свирењето. Ваквото, заедничко работење, силно ги поттикнува децата на свирење и им овозможува лесна примена на тоа што го учат. Во својот наставен план и програма училиштето се води и се придржува кон образовните стандарди на знаење пропишано од Министерството за образование, но методологијата според која се работи, е сосема поинаква - таа е заснована на светските водечки образовни институции како што е, меѓу другите и „Royal academi of music» од Англија. 16

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


35 Години Карпош

Плакети во чест на 35 годишниот јубилеј на Општина Карпош По повод јубилејот- 35 години Општина Карпош, во просториите на Реплек АД се одржа свеченост на која, Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски додели плакети на пет институции и часовници на вработените во општинската администрација со 35 години работен стаж во Општина Карпош. Плакети во чест на 35 годишниот јубилеј на Општина Карпош им беа врачени на : Детската градинка „Орце Николов», ООУ „Христијан Тодоровски Карпош», Библиотека „Другарче», Поликлиника „Букурешт» и Реплек АД. Овие институции, не само што се најстарите институции на територијата на општината Карпош, туку тие секогаш , а и денес во своите области и професии постигнале исклучителни резултати со кои влијаеле врз развојот и придонесувале за успесите, афирмацијата и угледот на Општина Карпош.

На ЈУОДГ „Орце Николов“ За големиот придонес во повеќедецениското згрижување и воспитување на децата од најмала до предучилишна возраст.

На ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ За особени резултати во повеќедеценискиот воспитно - образовен процес и школувани десетици генерации ученици од Карпош. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

На Библиотека „Другарче“ За зачувувањето и збогатувањето на книжевниот фонд и придонесот во приближување на книгата до што поголем број на почитувачи и читатели на книгата.

На ЈЗУ Здравствен дом – Поликлиника „Букурешт“ За придонесот во зачувувањето и подобрувањето на здравјето на граѓаните на општината Карпош и градот Скопје. НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

На АД „Реплек“ За придонесот што сите овие години го даде за развојот и економскиот просперитет на Општината Карпош. 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

17


35 Години Карпош МАНИФЕСТАЦИЈА „ВЕШТА РАКА“

“Базар“ на ракотворби во чест на јубилејот на Карпош Со учество на над 40-тина ракотворци, во ресторанот “Имес” во Општина Карпош се одржа манифестацијата „Вешта рака“. Овој базар на рачно изработени предмети е во чест на јубилејот 35 години Општина Карпош и има интенција да прерасне во традиција која ќе се одржува најмалку два до три пати годишно. На базарот на ракотворби, вештите раце на нашите сограѓани изложија своерачно изработени резби, плетива, везови, цветни арнажмани, изработки од срма, носии, теракоти, рачно изработен накит и други уметнички дела. Ракотворците на „Вешта Рака“ ги посети и Градоначалникот Стевчо Јакимовски кој рече дека Општина Карпош ќе се потруди не само да ги презентира нивните уникатни творби и дела, туку и да ги промовира надвор од земјата, бидејќи тие се репрезент на нашето етничко и културно наследство.

Празник и за старите во Домот „Мајка Тереза“ По повод роденденот на Општина Карпош, Градоначалникот Стевчо Јакимовски го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ кој се наоѓа во населбата Злокуќани. Во рамките на оваа посета, градоначалникот за потребите на администрацијата донираше компјутер и печатач, а на сите 97 стари лица кои се сместени во Домот им врачи пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Во своето обраќање до станарите и до вработените во Домот, тој истакна дека повозрасните лица заслужуваат и имаат посебно внимание во Општина Карпош и дека локалната власт прави сè што е во нејзина моќ и надлежност да им го олесни и да им го подобри живеењето во овој нивен заеднички дом.

Цветно дефиле за роденденот на Карпош Илјада деца како илјада цветови, со цветно дефиле долж булеварот Партизански одреди, со песни и игри, придружени од двајцата македонски идоли Дејан и Мики и со голема роденденска торта и го честитаа 35иот јубилеен роденден на својата Општина. Чекорејќи по ноемвриското сонце, од старата кон новата општина и носејќи ги паролите „Карпош, во срце те носиме“, „Децата се најубави цветови на светот“, „Среќа, радост и љубов за сите деца во светот“, „Мир за сите деца“, „Ние сме дел од природата“, „За безгрижно детство“, децата го минаа роденденскиот марш. Во дворот на новата Општинска зграда децата беа пречекани од граѓаните на Карпош, со славеничка музика и стотици сино жолти балони. На големата бина што за нивното добредојде ја постави Општината, дечињата на својата Општина и ја испеаја песната „Happy birthday“(Среќен роденден). Потоа градоначалникот Јакимовски го исече првото парче роденденска торта, кое беше подарок од невладината ХОА „Ангелчиња“. Забавата продолжи со ритмички танци и игри и песните на двајцата македонски идоли Дејан Јованов и Мики Секуловски. 18

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


35 Години Карпош ЈЕЛКА САВИЌ-ТАСЕВСКА

Тука се најдов себеси

Се вработив во Општина Карпош во далечната 1977 година. За мене тоа беше најсреќниот ден, прво вработување, прво искушение, првата надеж. Бев распоредена на работното место - одговорен работник за седниците на Извршниот совет на Собранието на Општината Карпош. По десет години поминати на ова работно место бев распределена во Собранието на Општина Карпош, на местото - одговорна за работните тела и советите на Општината Карпош. Морам да истакнам дека во сите овие години работење, во општината преовладуваше тимска работа, сите вработени бевме поврзани и секојдневно во работата еден со друг се дополнувавме. Следниот чекор во мојата кариера беше вработувањето во новоотворениот, еден од први-

те во Република Македонија, Информативен центар на УСАИД во Општина Карпош. Тука повторно работев нешто ново и како и секогаш го давав својот максимум. Овојпат, несебично ќе кажам дека сето мое знаење и умеење дојде до израз, бидејќи помошта која секојдневно им се даваше на граѓаните беше проследена со многубројни пофалби и благодарници. Овој Центар беше прогласен за најдобро организиран во Југоисточна Европа. По шест години работење во Инфоцентарот, конечно се оствари мојот сон да работам во Одделението за образование, да го добијам работното место за кое сум најсоодветна, најквалификувана. Од целокупниот мој работен стаж овде се најдов себеси, пред сè како човек, граѓанин, државен службеник, работам со огромно задоволство и со одличен тим. Горда сум што цели 35 години работам во една од најдобрите и најуспешни општини, во Општина Карпош. На сите млади генерации кои сега доаѓаат сакам да им препорачам совесно и чесно, одговорно и најдобро што знаат и умеат да работат и со тоа дополнително да придонесат за зачувување на имиџот и авторитетот што Општина Карпош го гради изминативе 35 години во Република Македонија.

МАРИКА ТОДОРОВСКА

„Добар ден, ви го честитам мандатот“ „Ало, добар ден, јас сум Тодоровска од Општина Карпош. Ви го честитам мандатот бидејќи сте избрани за член на Советот на Општина Карпош, и чест ми е да ве поканам на првата конститутивна седница на Советот!“. Ова се зборовите кои Марика Тодоровска, ги изговара триипол децении, вработена во Одделението за работа на Советот на Општина Карпош и собраниски работник (како самата милува да каже) од првиот ден. “Јас сум и карпошанка, гордо вели колешката Марика. Моето семејство со генерации потекнува од ул„503“, и токму тоа ми значеше да бидам крајно љубезна кон сите мои карпошани. Во Карпош отсекогаш имаше работна и професионална атмосфера, но и соработка меѓу вработените. Така е до денес. И по 35 години, тука сум заедно со Данче, Јелка, Жане, Дафина, Оливера, Трифун. Се почитувавме и работевме. А задоволството доаѓаше возвратно. Секогаш кога ќе кажевме убава вест, доаѓаа рој убави зборови, благодарност. Тоа е тоа што се памети”. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

19


35 Години Карпош МИЛИСАВ ЈОВАНОСКИ

Првиот благајник на Карпош Сите го памтат како првиот благајник на Карпош. А тој пак, памети се, од првите жиро сметки на хонорарците 88/15, на Органот 637/1263, до регистрацијата на првото општинско фиќо ск 55-12 и што ли уште не. Во општината е од 7 октомври 1977 година и во неа работи до ден денешен. Горд сум на мојата работа, вели вредниот Милисав, кој тврди дека посебна енергија во општината внел градоначалникот Јакимовски. Тој ги научи и мрзливите да работат, вели Миле благајникот. Но, Миле не е само благајник, тој е и член на Друштвото на писатели, најдобриот хиромантичар на Балканот, а и добар велосипедист. Во два наврати со општинска помош бил со велосипед до Атина, а сега истото планира да го направи и за претстојната Олимпијада во Лондон. СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА

Новинарката на Општина Карпош Кога треба да кажам дека поминале 35 години од денот кога за прв пат зачекорив во бараките кои се викаа Општина Карпош, си помислувам дека некој друг зборува и дека навистина звучи безобразно што поминале толку многу години... Но, што е тука е... Јас за сите тие години бев новинарката од Општината Карпош која брза да не испушти некој настан и да не пропушти некој збор што ќе се каже таму... Во првите денови на мојата кариера случувањата во општината ги бележев во општинскиот весник наречен „Билтен“ кој излегуваше еднаш месечно. Освен ова гласило, постоеја и помали информативни гласила наречени „Прегледи на дневниот печат“ со „Периодика“ кои јас ги работев секојдневно.

Раѓањето на весникот „Карпош“ се случи во 2000-2001 година кога тогашниот и сегашен градоначалник Стевчо Јакимовски формираше уредувачки тим во кој влеговме јас и Хилда Ефтимова. Нашата задача беше весникот „Карпош“да го направиме вистинско гласило во кое ќе се прикажат сите настани кои се случуваат на територијата на општината. Пред да дојде Јакимовски за градоначалник на Општината Карпош во својот прв мандат, весникот „Карпош“ излегуваше како подлисток на седум страници, изработен на обична машина и реализиран на гештетнер. На новиот весник се работеше ударнички и скоро без слободни денови со слика и збор. Со текот на времето тој стана вистинско гласило кое почна да се печати во неколку илјади примероци и се доставуваше до секое домаќинство на територијата на Општината Карпош. Денес, на мое големо задоволство, весникот „Карпош урбан“ е модерно и богато со информации гласило. Јас се уште сум дел од редакцијата и продолжувам понатаму со својата работа да придонесувам за неговата реализација. Со еден збор, информативно - новинарската работа, за која сметам дека е исклучиво креативна професија која бара многу знаење и енергија, го одбележа мојот работен век во Општина Карпош.

ДАФИНА БАДИЛОВА

Општината е мојот втор дом Во Општината, пред 35 години дојдов како млада и полна со ентузијазам. Тукла пораснав, тука се омажив создадов семејство и оттука ќе си одам во пензија. Тука ги доживеав најубавите моменти од мојот живот и затоа велам дека Општината Карпош е мојот втор дом. Цело време работам за, порано Извршниот совет, денес Советот на Карпош. Доста одговорна работа би рекла и да не беше професионалната поддршка и соработката со колегите, немаше да успеам лесно. Од постарите колеги имав што да научам. Отсекогаш имало соработка и навистина работата ми беше радост. 20

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


ЗЕЛС-ЕКСПО

Карпош-нова инвестициска дестинација

Општина Карпош, традиционално, по шести пат се претстави на најголемата саемска манифестација посветена на единиците на локалната самоуправа „ЗЕЛС ЕКСПО 2011“, заедно со триесетина други општини од државата. Oригиналноста во саемското претставување на Карпош е тоа што ги промовираше своите инвестициски можности, односно урбанистичката видеопрезентација со слободни локации за градба, работно насловена како „Карпош – нова инвестициска дестинација“. На штандот на општината, кој го посетија илјада посетители заинтересирани за стратегиските планови на Општината и за нејзината визија, покрај презентацијата за потенцијалите на општината и извршените зафати во инфраструктурната сфера, можеа да се запознаат и со остварени проекти на останатите сектори од Општината. Сектори кои земаа учество: - Секторот за развој се претстави со „Брошура за туристички локалитети“, мапа на Општина Карпош, како и „Профил на општината“; - Одделението за образование се претстави со „Стратегија за развој на основното образование на Општина Карпош за периодот 2011-2016 година“, како и „Информатор за ученици и родители“; - Секторот за урбанизам се претстави со КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

видеопрезентација со слободни локации за градба; - Секторот за енергетска ефикасност и заштита на животната средина се претстави со брошура на подготвени десет проекти за енергетска ефикасност, како и видеопрезентација за нулта енергетски Технолошки парк; - Секторот за комунални работи се претстави со видеопрезентација на завршени проекти; - Секторот за односи со јавност се претстави со леток за можните начини на информирање на граѓаните. Покрај брошурите, летоците и видеопрезентациите, од страна на Општината беше обезбеден и рекламен материјал кој беше делен на сите граѓани што го посетија штандот. Рекламниот материјал се состоеше од: запалки, пенкала, подметачи, букмаркери и привезоци. Општина Карпош се претстави и во делот на културната програма на саемот преку видеозапис кој беше изработен за 35-годишнината на Општина Карпош, детската химна за Карпош и со второнаградениот спот од ОУ „Лазо Трповски“ на конкурсот за најдобар спот кој го организираше Општина Карпош. Александра Теова

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

21


ПОЕТИТЕ ЗА НАС ДОЦЕНТ М-Р ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Дојди во Карпош!

Г

радовите, оние што ги има, но и оние што ги нема, се дел од вселенскиот простор. Колку си поблиску до ѕвездите, толку си поблиску и до земјата под нозете, која имаш единствена и животна можност да ја газиш само ти. За една таква планетарна врска и љубов говори и градот Скопје. Тој центар и епицентар на распосланата убавина и секогаш новите и недосонуваните соништа ‡ не се простира само од Драчево преку Карпош до Ѓорче Петров, туку многу повисоко и многу подалеку. Неговите трансверзали поминуваат низ нашите срца кои копнеат и мечтаат никогаш да не престане жуборењето по речното корито на Вардар. Таа надојдена река како забрзана мисла која молскавично ги прескокнува далечините од Вруток до Егеј, ги носи ладните снеговни води од Шара, минувајќи низ една од најубавите општини во градот Скопје. Тоа е нашиот Карпош, храбар и достоинствен, исто онаков како што бил големиот војсководец Карпош ‡ војводата од Карпошовото востание, но и неговиот наследник ‡ револуционерот Христијан Тодоровски-Карпош. Нашиот микрополис Карпош е дел од вселената, немирен и загледан кон ѕвездите, заитан кон поубавото утре, осветлен од сончевите зраци кои полека се спуштаат од прекрасниот планински бисер Водно, па се до падините со винови лози над Козле, но и спокојната котлина кај Лепенец и Скупи... Дојди во Карпош! Дојди за да ја почувствуваш топлината и убавината на едно непрегледно море од нови градби, нови надежи, нови соништа, нови убави мисли. Привилегија е да се биде карпошовец, но не само во Карпош туку и во светот ‡ тоа го знаат бројни, значајни и незначајни скопјани, кои единствено можат да се пофалат со тој факт дека во 22

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

нивните лични документи пишува дека се родиле токму тука. Вардар и Лепенец и понатаму ќе другаруваат и ќе водат братска борба кој да биде побрз, посилен и помил за утринските и сонливи рибари, но и за ретките капачи кои не заборавиле дека некогаш тука имало градски плажи, а и кајчињата еден ден повторно ќе завеслаат по нивните речни корита, зошто да не?! Го сонуваме сите ние недосонуваниот сон на Карпош и за Карпош. За вчера, за денес, за утре. За секогаш. Дојди во Карпош! Под камените ѕидини на Скупи, тоа име кое со векови го краси овој наш недогледен урбан простор, скриена е ѕвездената историја. Се гаселе едни ѕвезди и заискрувале други. Само од падините на Водно може да се види сето она што го создала човечката рака, тие вечни градители на градењето, сонувањето и патувањето од еден милениум во друг, од епохата на романтизмот до епохата на футуризмот. Но, никогаш не заборавајќи кои сме, какви сме, каде сме се упатиле и зошто. Само ние најдобро знаеме кои се нашите огништа и предци, каде се нашите дедовци и лузни, но и каде ќе водат нашите идни визии и бразди. На подадената рака одговараме со подадени раце, го љубиме патникотнамерник како ближен свој и го повикуваме секогаш одново и одново и тој да почувствува, да земе, да зграпчи, да нацрпи дел од оваа наша убавина во Карпош. Ако само се обидете да ги наброите сите значајни личности и места, кои се родиле, живееле и се уште се будат и сонуваат овде, бидете сигурни дека списокот ќе биде непрегледен и недоброен и ќе направите грешка при набројувањето ‡ не во првиот, туку и во илјадитиот обид. Дојди во Карпош!

Карпош има се што треба да има еден редок, незаменлив и би рекле недофатлив животен ареал ‡ простор каде што спокојно се живее, работи, учи, расте и вљубува. Со секој чекор низ Карпош сме поблиску до пресекнатиот жубор на Аквадуктот во Скупи, сред мирнотијата и интимата на Хавзипашините замоци, каде што биле поставени темелите на градот ‡ феникс. Опожаруван и рушен, тој секогаш се издигнуваше повисоко кон ѕвездите, со нов волшебен сјај кој никого не остава рамнодушен, како трепереењето на липите и брезите, како вишниот лет на белите гулаби над градот, каде што врие како во пчелина кошница. Заитани граѓани кон сите страни, колку да се поздрават, да разменат поглед, насмевка или збор, радосни што повторно се сретнуваат таму каде што чекореле и чекорат знаменити скопјани, карпошовци, бунтовници, творци... И внуците на нивните внуци еден ден ќе го мерат растојанието од едниот

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


ПОЕТИТЕ ЗА НАС застанале на вашата дланка и рамо, зашто тие ќе ви донесат нова среќа, ќе ви покажат нов пат и ќе ве повикаат на нов лет, но само додека сонувате и патувате, зашто каде и да отидете ‡ Карпош е единствен и незаменлив, тој повторно ќе ве повика да се вратите назад и радосно ќе ги подаде неговите раце за да ве прегрне, сред своите зелени и ширни скути. Дојди во Карпош!

до другиот крај на Градскиот парк, со ролерки или непрекинат атлетски трк, пеш или со велосипед по кејот од двете страни на најмакедонската река, под мостот на Обединетите нации и сите други мостови подадени како џиновски раце од едниот до другиот брег, во името на човекувањето и векувањето. Дојди во Карпош! Карпош е благодат и благост на среќните и избраните. На тие што им се исполнил сонот, на тие чијашто е судбина, на тие што радоста вечно им се насмевнала. Кој еднаш, случајно или намерно патот го донел тука, тој никогаш не посакал и не се оддалечил од тука. Има некоја волшебна магија, некоја тајна и скриена сила којашто луѓето во Карпош ги привлекува, обединува, закотвува. Не им го навредувајте никогаш Карпош на сограѓаните, зашто ќе ви свртат грб, или ќе мораат и тие да ве омаловажат вас. Не ги бркајте птиците што некането слетале на вашиот прозорец, или КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

Натежнале пазарските тезги од есенските плодови во Тафталиџе, се симнале гроздовите од Жданец и Нерези, распукале како белутрак зелките од Бардовци, се црнеат костените од Водно, чиниш сиот раскош на природата и сето богатство на вредните раце сакаме да го преселиме дома ‡ за да бидеме поблиску до коренот, стеблото и родот. Милозвучната шупелка на Михаил Ренџов го придружува симнувањето од крстот, додека Влатко Стефановски виртуозно народната песна ја претвора во чисти и незаборавни акорди, Венко Андоновски надвиснат над белата хартија испишува траен живопис, Бранко Ѓорчев ги чува и оживува ликовите на вечната игра, а Јордан Плевнеш по којзнае којпат токму во Карпош ја испишува својата најнова драматуршка реплика. Дотогаш скопјани и карпошовци ќе се загледуваат и ќе се зачудуваат од модерноста на хотелот „Александар Палас“, од раскошноста на спортскиот центар „Борис Трајковски“, од новоизградените џиновски трговски објекти, од високоопремените медицински центри, стручните училишта и факултети, ресторани, шеталишта, игралишта, одморалишта и други сонувани, а недосонувани соништа, белези, патокази и траги. Дојди во Карпош! Дојди за да бидеш дел од сите нас, заедно да ги набљудуваме и броиме ѕвездите на бисерното сино небо, да ја почувствуваме уште еднаш ружата на ветровите од Водно, Вардаровата летна свежест, мистичната убавина на НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

духовниот храм „Свети Пантелејмон“, древноста и стаменоста на Скупи, непрегледната широчина на скопскиот кеј, немерливата добродушност и срдечност на возрасните и децата, нескриеното задоволството на пазарџиите, ластовиците кои не сакаат да се вратат назад поради новосвиените гнезда, секојдневната љубов и катадневните спомени кои стануваат историја при самиот чин на создавањето и случувањето... Дојди во Карпош! Ние сега веќе имаме триесет и пет години. Позрели сме и пополнолетни и поисполнети од кога било. Ве повикуваме заедно да летаме, да шетаме, но и да пресметаме: колку илјадници милји пат, колку илјадници години време, колку илјадници луѓе треба да поминат и да го создадат новиот град, новиот Карпош, новиот свет и век, новиот милениум, новата ера... Но, и новата верба во новиот град над градовите, песната над песните, реинкарнацијата на праисконското, возобновувањето на прадедовското, отелотворувањето на имагинарното. Градот Скопје и Општината Карпош имаат еден и единствен пат и сон, нивниот сон е пат, а нивниот пат е сон. Колку подалечен ‡ толку поубав, колку посонуван ‡ толку досонуван, реален и можен, за ниту една стапка да не остане незабележана, за ниту една капка пот да не остане непочувствувана, за ниту еден збор да не остане нечуен, за ниту една подадена рака, откината насмевка, утрински поздрав, вечерен бакнеж ‡ да не останат попусти и заборавени. Заборавот е најголемото вечно страдање. Тоа е нечуен крик во пустината, тоа е нестивната болка во градите, па зошто да не го пуштиме стравот од заборавот да отплови по Вардар за еден ден пак да се врати заедно со есенските дождови, заедно со напластените снегови, заедно со пролетните ветрови, заедно со летните жеги. Карпош е камен и стамен, Карпош е траен и знаен, Карпош е речен и вечен... Дојди во Карпош!

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

23


Хуманоноста на дело ОПШТИНА КАРПОШ ЗЕДЕ УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

Педесет пакетчиња за деца со Даунов синдром Грижата за лицата со попречност секогаш била карактеристика за нашата општина. И работата на општината и работата на градоначалникот секогаш била посветена на помош на овие лица. По повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, меѓу другото, беше организирана работилница за децата со Даунов синдром на која Општина Карпош зеде активно учество. Работлницата беше во рамки на манифе­ста­­ ци­јата под мотото „(Не)органичени можности = (Не)­ограничени способности... да ги избришеме заградите!“ во организација на Здружението за по­мош и поддршка на лица со Даунов синдром–

„Синоличка“. Во просториите на Младинскиот културен центар, Градоначалникот Јакимовски на околу 50 деца учесници на работилницата им додели пакетчиња со прибор за цртање и чоколади.

ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Статички велосипеди, финансиска помош и нови паркинзи за лицата со попреченост

Општина Карпош, својата грижа и посветеност да им ги подобрува условите на живот на граѓаните ја покажува со секој реализиран проект и со остварување на ветеното од страна на Градоначалникот. Граѓаните на Карпош се хумани граѓани и затоа грижата за лицата со попречност секогаш била карактеристика за нашата општина. Со донација на 10 статични велосипеди и еднократна финансиска помош за 17 лица со попреченост, Општина Карпош пригодно го одбележа Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, 3-ти декември. Велосипедите на лицата со полесен хендикеп треба да им послужат за физикална терапија во домашни услови, а на 17-те лица со потежок хендикеп им беше доделена финансиска поддршка за нивните медицински и други потреби. По овој повод, Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го промовира24

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

ше и тимот од двајца дефектолози, психолог и социјален работник кои ќе даваат стручна помош за децата со пречки во развојот од училиштата и градинките на територијата на Општина Карпош. Секако, оваа помош ќе биде достапна и за сите свои граѓани кои имаат такви потреби. Акцентирајќи ја заложбата на општината за олеснување и подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, Градоначалникот Јакимовски, предаде во употреба и три паркингместа пред општинската зграда. Со тоа се олесни пристапот на лицата со попреченост до локалната администрација. На територијата на Општина Карпош речиси секаде каде за тоа има потреба, се изградени пристапни рампи за лицата со хендикеп, пред сите јавни и станбени објекти, како за колективно така и за индувидуално домување, што договлно говори за грижата на општината за граѓаните.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Хуманоста на дело

Карпошани пазареа и за своите сиромашни соседи

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Општина Карпош на 24 и 25 декември, организираше доброволна хуманитарна акција за социјално загрозените граѓани од својата територија. Градоначалникот Стевчо Јакимовски својата донација ја даде пред супермаркетот на „Тедико» во Тафталиџе при што изјави: „Ова е петта по ред хуманитарна акција на Општината, на која ги повикуваме сите граѓани на Карпош кои се во предпразничното пазарење, на тезгите што ги обезбеди локалната самоуправа, да остават барем по еден производ за своите посиромашни соседи. Ваква акција ќе повториме и пред Божиќните празници, а хуманитарните пакети на социјалните случаи од овој викенд ќе им ги предадеме, пред новогодишните празници, рече Јакимовски. Инаку,вообичаено, акцијата се одвиваше пред 14-те поголеми маркети во Општината:„Веро», „Тинекс»,»Тедико», „КАМ маркет“, „СП Маркет“ и други. ПЛАКЕТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

За особен придонес во заштитата на лицата со посебни потреби

Организаторот, „Детла ексклузив“, веќе неколку години ги наградува успешните лица со хендикеп, но и организациите, институциите, заводите и центрите што се грижат за нив, како и поединците што се залагаат за поголема афирмација на лицата со посебни потреби во јавноста. Општината Карпош, традиционално, и оваа година беше помагач на манифестацијата, „Различни, а еднакви“ што по повод Денот на лицата со хендикеп во организација на „Детла ексклузив“ се одржа во Универзалната сала.За својата хуманост беа наградени поединци и институции кои се трудат на различни начини да им го олеснат и подобрат животот на лицата со посебни потреби. Добитник на плакета за особен придонес во заштитата на лицата со посебни потреби, му беше доделена на Градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во своето обраќање градоначалникот ги посочи редовните активности и мерки кои општината ги спроведува, а се однесуваат на обезбедување на помагала за лица хендикеп, формирање на тим од социјален работник, дефектолог и педагог за децата со хендикеп во училиштата и градинките, изградба на рампи и обезбедување на паркинг места , парични средства за лечење. Градоначалникот ги најави и активностите за следната година, меѓу кои и отворањето на дневниот центар за лица хендикеп. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

25


Образование

„Солза“ против насилството

Седум ученици од ОУ „Петар Поп Арсов“ од Карпош успеаја да го освојат првото место од Комисијата на државниот натпревар на видео-темата „Заедно за училиште без насилство“.

Со едноминутниот видеоспот наречен „Солза“, учениците Огнен Огњановски, Марио Најдоски, Вања Карапузовска, Ена Урошевиќ, Ристо Дамовски, Сара Поповска и Вања Атанасовска, со целосна поддршка од своето училиште, во силна конкуренција од голем број училишта од земјата, успеаја да ја испратат најтоплата приказна за другарството и борбата против насилството меѓу учениците. Натпреварот беше дел од кампањата на УНИЦЕФ и Министерството за образование и наука, насочена против училишното насилство. Наградите на младите победници од Карпош им беа врачени минатиот викенд во киното „Фросина“.

Трибина за живот без насилство

По повод светската кампања -„16 дена против насилството, денес, во стариот објект на Општината Карпош беше одржана јавна дебата -трибина , под наслов „Да излеземе од мракот на насилството». Општината Карпош и ОЖС (Организација на жените на Скопје) партнерски ја организираа оваа дебата која следеше по изведбата на драмата „Семејна кавга» напишана од ученичка и изведувана од ученици-актери аматери од гимназијата Никола Карев, под менторство на професорката по македонски јазик и претседател на Комисијата за родова еднаквост помеѓу жените и 26

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

мажите на Советот на Општина Карпош, Билјана Костова. Во дебатата во која зедоа учество многу присутни беа изнесени повеќе предлози кои се од примарно значење за решавање на овој проблем меѓу кои и потребата од измена на Законот за семејство,поголемо медиумско следење на ваквите случувања, воведување на повеќе СОСлинии ,организирање на прифатни центри и вклучување на полицијата како Орган кој ќе дејствува авторитативно врз насилниците. На Трибината учествуваа партиципиенти во Проектот спроведен на подрачјето на Општината

Карпош под наслов „Стратегиски иницијативи за живот без насилство»,претставници од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ,членовите на Локалното координативно тело за следење на активностите за превенција и намалување на семејното насилство на територијата на Општината Карпош . Исто така во неа зедоа учество и претставници на ООН-УНФПА, УНИФЕМ, УСАИД, ,директорки од ООУ и детските градинки, и клубот на жени на општина Карпош, како и многубројни ученици и заинтересирани граѓани . Тие за времетраењето на Проектот ги слушнаа насоките и превентивните мерки што ќе ги спроведат овие институции на евидентно зголеменото насилство на територијата на Општината Карпош.Сепак ,по спроведената анкета од 600 испитаници, само се покажува дека не е зголемено семејното насилство на подрачјето на Општината туку со овој Проект само е подигната јавната свест за негово идентифицирање и постоење ,а проблемот, како таков, е поставен на локално ниво.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Образование

Школувањето во Карпош е задоволство В о Карпош граѓаните се за­ доволни од начинот и условите на школување на своите деца. Ова го покажува индексот на задоволство од квалитетот на услугите во основното образование кој, за потребите на изработка на Стреатегијата за основно образование на Општина Карпош,е изведен од анкета меѓу родителите на учениците од сите основни училишта кои функционираат на поваа територија. Според овие показатели, 67 про­ центи од родителите се задо­ волни од основното образование, од кои од прво до четврто одделение тој е над 72 проценти, а од петто до осмо околу 62 проценти.Еден репрезентативен примерок на родители(главно со високо образование), дале одговори што се однесуваат на 730 ученици. Врз основа на добиените резултати може да се констатира дека индексот на задоволството на родителите изнесува 67 %, што претставува релативно висок индекс на задоволство. Пресметката на индексот на задоволството би имала многу поголемо значење доколку има можност за негова споредба со индексот на задоволството на главните конкуренти, училиштата во општините во градот Скопје и пошироко во Р. Македонија, како и доколку истиот се следи и прикажува континуирано, за да се открие неговиот тренд во подолг временски период. Ваквото задоволство се потврдува со фактот што 73 % од родителите се изјасниле дека и друго свое дете би запишале во истото училиште, што укажуКАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

ва на висок степен на лојалност кон соодветните училишта.За Општината која е главен менаџер со основните училишта , но и која инвестира во континуитет во нив е важно и тоа што 68 % од испитаниците искажале намера за ширење на позитивни усни препораки на училиштето во кое учат нивните деца, иако не е за занемарување и процентот на родители (19 %) кои се изјасниле негативно по ова прашање. Направеното вкрстување на податоците за степенот на целосното чувство на задоволство од квалитетот на образовните услуги и прашањето за тоа дали станува збор за ученици до 4 одделение или од 5 до 8 одделение, покажа дека индексот на задоволството е повисок кај родителите на учениците од 1 до 4 одделение (72,1%), во споредба со индексот на задоволството НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

кај родителите на учениците од 5 до 8 одделение кој изнесува 62,2%.Притоа на родителите се покажа дека им е важен имиџот на училиштето, етничката рамноправност, вон наставните активности,респектот на наставниците кон децата, имплементацијата на е-днев­ни­ кот. Но за да биде задоволството поголемо родителите бараат, во повисоките класови да се вклучат во менаџирањето со училиштата во плановите, програмите и вон наставните активности,да се информираат за работењето на училиштето, поефикасно да се искористува дворната површина, компјутерите, но и опфатот на децата во воннаставните активности да се прошири на што е можно поголем број деца.

2011

(В.Ц.) ОПШТИНА КАРПОШ

27


Образование Награди за најголемите сезнајковци од Карпош

Oпштина Карпош има стратегија за основното образование! Општина Карпош е меѓу првите, ако не и единствена општина во државата, која, во согласност со законот, донесе „Стратегија за развој на основното образование во Општина Карпош за периодот 2011-2016 година“. Според Љупка Трајчевска, виш соработник од Одделението за образование при Општина Карпош и м-р Игор Андреев од консултантската куќа „Вижн“ која работеше на изработката на овој документ, целта на стратегијата беше, откако ќе се сондира мислењето и задоволството на родителите од образовниот процес, да направиме стратегија и да понудиме проекти со кои, не само што ќе ги зацртаме контурите и рамките во кои следните пет години ќе се движи нашето образование, туку она што е во рамките на нашите законски надлежности да направиме се, истото забележително да го подобриме. Се разбира, тоа не се само инфраструктурните подобрувања во училиштата, туку севкупната работа во синџирот училиште, родител, дете, а сето тоа го сумиравме во 100 проекти кои треба да ги реализираме заклучно со 2016 година, рече Трајчевска.

28

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

Во крајно возбудлива и навивачка атмосфера, во Кинотеката на Македонија се одржа завршниот дел од училишниот квиз во знаење „Карпош прашува“. Во завршниот дел од квизот, во присуство на многубројната публика од другарчиња, наставници, родители и директори, учениците од ОУ „Братство“, ОУ „Петар Поп Арсов“ и ОУ „Владо Тасевски“ се натпреваруваа во неколку категории во знаење за граѓанско општество. Во финалето се сретнаа ОУ „Братство“ и ОУ „Владо Тасевски“ кои одговараа на прашања за демократијата, колку ја познаваат својата општина, нејзини знаменитости и сл. Во квизот на знаење победи ОУ „Владо Тасевски“. На сите нив градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, им врачи дипломи за освоените места. Освен награда за квизот на знаење, беа наградени и учениците-победници од сите десет училишта на подрачјето на Карпош кои се натпреваруваа во изработка на најдобар филмски спот, во литература (поезија и проза) и во најдобра фотографија. На конкурсот за избор на најдобар видеоспот на тема „Општината во детскиот објектив“, трето место освои спотот на ОУ „Димо Хаџи Димов“, второто место го освои ОУ „Лазо Трповски“, а за најдобар спот беше избран спотот на учениците од ОУ „Војдан Чернодрински“. Посебна награда освоија учениците од ОУ „Петар Поп Арсов“. Наградите за најуспешните фотографии на конкурсот „Општината во детскиот објектив“ им припаднаа на Димитри Димовски – трето место, втора награда за Маја Соколовиќ и Елија Јаневска сите од ОУ „Владо Тасевски“, а првата награда за најубава фотографија ја освои Бојана Ѓорѓиева од ОУ „Лазо Трповски“. Доделени беа уште две награди за „композиција“ на Ангела Ѓорѓиева од ОУ „Владо Тасевски“ и за наградена идеја на Марио Ташковски од ОУ „Братство“. На литературниот конкурс на тема „Триесет и пет години од мојата општина“ за поезија третото место го освои Тамара Ѓорѓиева од ОУ „Владо Тасевски“, второ – Тијана Лазаревска од ОУ „Аврам Писевски“, а победничка беше Деана Андоновска од ОУ „Лазо Трповски“. Наградите за проза ги добија Лео Кралевски од ОУ „Вера Циривири-Трена“ – трето место, второ место за Ангелина Цветковска, а првото и припадна на Наталија Сотировиќ од ОУ „Владо Тасевски“.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Соработка

Делегација од општина Карпош во возвратна посета на збратимениот Тиват

На покана на Градоначалникот на Општина Тиват, г. Миодраг Канкараш, петчлена делегација од Општина Карпош, предводена од Градоначалникот Стевчо Јакимовски беше во дводневна официјална посета на оваа збратимена општина. Поводот за посетата беше „21 Ноември“, Ден на Општина Тиват. Делегацијата од Општина Карпош наиде на исклучително пријателски прием од страна на домаќините. Во таа пригода делегацијата од Карпош присуствуваше на неколку културни манифестации, како и на свечената

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

академија по повод 59-от роденден на оваа, според многумина, најперспективна општина во Црна Гора. Првите луѓе на Општините Карпош и Тиват, г. Стевчо Јакимовски и г. Миодраг Канкараш, на свечената вечера по повод роденденот на Тиват, освен што си разменија подароци, се обратија со пригодни говори пред присутните гости, а во натамошниот дел разговараа и за понатамошно продлабочување на меѓусебната соработка и зацврстување на односите меѓу администрациите на двете локални власти.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

29


Монографија за Атина Бојаџи

Хероината од Ла Mанш

В

о крајно емотивна, креативна и инспиративна атмосфера, во Кинотеката на Македонија пред над стотина посетители и почитувачи на Атина Бојаџи, како и пред членовите на нејзиното потесно семејство, беше промовирана монографијата за животот и делото на оваа врвна македонска спортистка. Промоцијата на публикацијата, чиј автор е новинарот и публицист Миле Раденковиќ, започна со настапот на легендарниот македонски кантавтор Славе Димитров со песната од филмот „Исправи се Делфина“ инспириран и снимен од подвигот на маратонката Атина Бојаџи и нејзиниот најголем спортски успех , препливувањето на каналот Ла Манш во 1969 година, како единствена жена на Балканот која успеала во тоа . За животописот, или како што рече самиот, за чудесниот пат до ѕвездите, на оваа врвна македонска спортистка, говореше нејзиниот пријател професорот Иван Додовски. Оваа монографија која целосно ја финансираше Општина Карпош, како што истакна во своето пригодно обраќање градоначалникот Стевчо Јакимовски, е по повод една година од ненадејната смрт на нашата заслужна граѓанка на Карпош, која последните години ги мина

30

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

во егзистенционални искушенија, но која во Општината најде пружена рака и поддршка. Тој со многу тага и чувства ги искажа своите сеќавања на последните декемвриски дружења со нашата „Хероина од Ла Манш“ како што носи наслов и самата книга на Раденковиќ.Јакимовски најави и именување на една улица во Карпош по Атина Бојаџи во непоследна близина на нејзиниот дом, како и музеј каде ќе се чуваат сите нејзини медали и постигнувања од спортските подвизи. На крајот на промоцијата беше промовиран и 17 минутен филм од режисерот Александар Ѓурчинов со исечоци од филмот „Исправи се Делфина“ и тв-настапите на Атина Бојаџи на телевизиските шоуа каде таа говори за сите предизвици со кои се соочувала во текот на животот. Монографијата „Хероината од Ла Манш“ е специфичен публицистички труд, во кој Атина Бојаџи е претставена со сите животни и спортски доблести и премрежја, карактеристични за големите спортисти. Автор на овој интересен животопис на едно од нашите најголеми спортски имиња е новинарот Миле Раденковиќ, нејзин долгогодишен поклоник и пријател, и можеби поради тоа, монографијата отстапува од стереотипите на слични трудови за

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Промоција

познати личности. Во деветнаесет поглавја, градирани според животната и спортската врвица на Атина Бојаџи, големата спортистка е „насликана“ со посредство на сеќавања на личности, непосредно „вмешани“ во нејзината животна и спортска биографија. Соговорници на авторот на монографијата се нејзини најблиски роднини, пријатели, спортисти, и сите оние што биле актери или сведоци на настаните во кои Атина била главен лик, почнувајќи од времето кога беше анонимна охридска тинејџерка, па сè до периодот кога стана планетарна ѕвезда на маратонското пливање. Секое од спомнатите 19 поглавја во овој публицистички труд е конкретно поврзано за настани кои биле клучни во животот и во спортското битисување на големата пливачка и спортистка, Атина Бојаџи. Секое поглавје е една етапа, и може да се третира само за себе, но земени заедно, тие претставуваат заокружена целина, комплетен портрет на познатата спортистка. Со специфич-

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

на наративна постапка, во која нема класично редење биографски и спортски факти, туку за нив дознаваме низ визура на непосредни сведоци, кои авторот ги интервјуирал, а нивните искази ги распоредувал во зависност од нивната функционалност во градењето комплетна слика за клучните периоди од животот на нашата хероина. Монографијата е вистински животопис на легендата на македонското женско пливање, во кој нема „шминкање“ на настани кои се, убави или грди, дел од сечиј живот. Со други зборови, монографијата „Хероината од Ла Манш“ е документ за една неповторлива спортистка, која во релативно краткиот животен век, поминува низ животните сцили и харидби, тешко сврзливи за симболот каков што е нејзиното име. Покрај другото, монографијата е плод на личната почит на градоначалникот Стевчо Јакимовски кон ликот и делото на Атина Бојаџи.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

М. Р. - В.Ц.

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

31


Спорт ОДЛИЧНА РАБОТА НА СТРУЧНИОТ ТИМ ЗАДОЛЖЕН ЗА СПОРТСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Успешно реализирана рекреативно-спортската програма Стручниот тим задолжен за спортските активности во Општина Карпош, продолжи да влијае во развивање на позитивните вредности на спортот, и негово практикување, како и врз поттикнување на нормален психо-физички развој на децата. За тоа говори масовната посета на спортските настани што е и најдобра потврда за успешноста. Со тоа, основната нејзина цел, да придонесе за масовност на рекреативниот спорт во општината беше остварена. И годинава, успешно и масовно, во сите спортски настани беа вклучени младите од општината, што е од исклучителна важност. На овој начин Општина Карпош, преку спортот, успеа позитивно да влијае за збогатување на социјалниот живот на младите, да промовира дружење, хуманост и практикување на спортот и рекреацијата меѓу младите.

Целата програма Општина Карпош ја реализираше преку единаесет рекреативно-спортски манифестации, јавно препознатливи како: „Училишни спортски игри – Карпош“, „Пролетн крос“, „Работнички спортски игри“, шаховски турнири – домашен и меѓународен... Во рамките на Програмата материјално беа поддржани поединци и спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош. Општина Карпош беше покровител и поддржувач на два големи меморијални турнири: во мал фудбал „Јован МиновскиЈозо“ и меморијалниот турнир „Сокол“, и двата во организација на Здружение на граѓани од општината. Беше поддржана и манифестацијата „Опен фан фудбал“, со која беа опфатени учениците од второ до четврто одделение од сите основни училишта на територијата на Општина Карпош. Повеќе спортски натпревари

беа организирани и реализирани во текот на училишната година, за да се вклопат во редовните училишни програми. Благодарејќи му на планскиот пристап во организирањето на рекреативно-спортскиот живот во општината, педагозите и спортските работници имаа можност за селекција на талентирани млади спортисти. Токму таквите и годинава беа наградени со еднократна парична помош, но и со едногодишни стипендии, со што, практично е потврдена определбата на градоначалникот и локалната самоуправа, непосредно да влијае на создавање нови спортски асови. Освоените медали, дипломи и пофалници во земјава и во странство, се најдобра потврда за општествената оправданост на осмислената ангажираност во рекреативно-спортскиот живот на нашата општина. М.Р.

ООУ„Владо Тасевски” есенски шампион во кошарка Училишната кошаркарска екипа на ООУ „Владо Тасевски» е овогодишен есенски шампион за 2011/2012 година во училишната лига за кошарка на Општина Карпош. Избраниците на професорот Амди Муса во досегашниот дел од кошаркарската училишна лига на Општина Карпош прикажаа најмногу и со максимален број на победи, без ниту еден пораз, заслужено го освоија првото место. Инаку, тие се и минатогодишни шампиони во кошарка, а со ова само продолжува нивната традиција на успеси и победи. Веднаш зад нив, се најде училишната кошаркарска екипа на ООУ „Петар Поп Арсов“ која во годинешново натпреварување ќе претставува сериозен конкурент во борбата за шампионскиот трон. 32

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Спорт

0ОУ “Димо Хаџи Димов” прв во есенскиот дел од фудбалската лига примени голови

бодови

ОУ «Димо Хаџи Димов»

10

9

1

0

30

3

27

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

ОУ «Војдан Чернодрински» ОУ «Лазо Трповски» ОУ «Братство» ОУ «Аврам Писевски» ОУ «Вера Циривири Трена» ОУ «Јан Амос Коменски» ОУ «Петар Поп Арсов» ОУ «Владо Тасевски» ОУ «Хриситијан Тодоровски Карпош» «Нова»

10 10 10 10 10 10 10 10 10 10

8 6 6 6 6 4 3 2 1 0

0 2 3 3 4 6 7 7 8 10

2 2 1 1 0 0 0 1 1 0

40 20 17 19 17 32 20 13 15 3

5 12 9 12 10 25 36 24 27 40

26 20 19 19 18 12 9 7 4 0

порази

победи

дадени голови

нерешено

одиграни натпревари

1

Училиште

ЖЕНСКАТА ОДБОЈКАРСКА УЧИЛИШНА ЕКИПА НА ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ Е НОВИОТ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН ВО УЧИЛИШНАТА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА ШТО ЈА ОРГАНИЗИРА ОПШТИНА КАРПОШ

ОУ „Владо Тасевски“есенски шампион во одбојка

Предводена од професорката Светлана Илиоска, оваа училишна екипа прикажа најдобра игра на сите натпревари, со што, заслужено го освои првото место во есенскиот дел од лигата, со максимален учинок на победи, а притоа да не изгубат ниту еден сет. Со тоа, тие, на најдобар КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

начин ја преземаа двегодишната доминација од ООУ „Петар Поп Арсов“. Никогаш поинтересна не била борбата за второто место, за кое во овој момент се борат три училишни екипи „Петар Поп Арсов“, „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“ кои имаат подеднаков број на бодови и каде сет количникот одлучи вицешампионското место да и припадне на училишната одбојкарска екипа на ООУ „Петар Поп Арсов“. Ова училиште, две години во ова натпреварување немаше изгубено ниту сет, но ете секоја серија си има свој крај, оваа екипа дури нанижи два пораза во есенскиот дел. ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Лазо Трповски“ традиционално квалитетни одбојкарски училишта, секако имаат свои пресметки за освојувањето на највисокото место во оваа одбојкарска лига. На средина од табелата се наоѓа ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ кое со својот квалитет може, да им ги заплетка работите.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

33


34

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Хороскоп

Годишен хороскоп за 2012 година Овен: Хороскопот во 2012 јасно покажува дека ова е време на Овенот, време за опуштање и подмладување. Оставте ги сите стравови од 2011 година зад себе и продолжете натаму. Фокусирајте се на вашите блиски врски и негувајте ги, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на годината. Бик: Хороскопот во 2012 година за Бикот вели дека ќе има година исполнета со активности претежно во домот и на работа. Промените кои почнаа да се случуваат во 2011 година сега бараат планирани акции. Продолжете со важните задачи, и вр­шете ги внимателно и прецизно. Близнаци: 2012 –та година Ви носи промени, но со вртење на тркалата, ќе се појават нови поводи. Ова е годината во која од Близнаците ќе се бара поголема интимност и умеење во нивните блиски врски. Сјајот на Вашиот ентузијазам ќе го замени она што може монотоното чувства да го направи. Рак: Промената е дефинитивно зборот на годината во хороскопот 2012 година за ракот. Ќе ви откриеме дека постојат трансформации и промени во вашата врска, луѓето и местата околу вас. Ова е годината во која вашата еволуција инспирира. Лав: 2012 е годината во која Лавот може да сознае дека идеалната ситуација која во последните неколку години ја предвидувал, во 2012 година ќе биде постигната. Лавот задоволствата ги наоѓа превенствено на работа низ новите проекти. Семејството има главната улога во животот во 2012 година и е од врвен приоритет. Девица: Хороскопот 2012 предвидува за девицата ново „мешање на картите“ кое може да донесе неколку критични ситуации со кои мора да се справи. Иако импулсивноста изгледа природно,бидете внимателни и тактични за правилно да ги поставите работи-

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

те. Ќе најдете многу „награди“ за вас во продавниците во текот на 2012 година. Вага: Хороскопот 2012 година ја наоѓа Вагата со помалку грижи и напнатост. Општото расположение во годината што доаѓа, за Вагата е исполнето со здравје и радост. Личните односи ќе ви донесат многу среќа. Шкорпија: 2012 година носи внатрешен порака за Шкорпијата и ќе најдете начин да го „исперете“вашиот живот од сите негативности. Ќе се појави нова личност и целата енергија ќе ја фокусирате во остварување на вашите желби. Стрелец: Хороскопот за 2012 година за Стрелецот вели дека можеби годината ќе донесе промена во неговата кариера. Бидете помалку колебливи оваа година.Поврзувањето се уште е од клучно значење. Ставете ја настрана својата инхибиција и уживајте во годината што ви претстои. Јарец: Годината што претстои му носи спокојство и мир кои му се потребни на Јарецот. Хороскопот за 2012 е совршена година за оние Јарци кои секогаш се во потрага по знаењето или одат на линијата на откривање на духовноста! Ова е вашето време. Водолија: 2012 е годината во која Водолиите ќе ги добијат наградите од нивните поранешен вложувања. Ова е година во која треба да се опуштите и да уживате во сите пријатни работи кои се случуваат и кои се наоѓаат во продавница токму за вас. Риби: Рибите ќе видат дека хороскопот за 2012 година ќе им биде украсен со одредени тивки и мирни ноти кои ќе им овозможат да уживаат во годината. Големите проекти кои ќе ги имате на работа ќе ви помогнат да го обезбедите вашиот успех. Љубовта и среќата ќе ве зближи во врската.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ

2011

ОПШТИНА КАРПОШ

35


СРЕЌНА НОВА 2012 ГОДИНА И ЧЕСТИТ БОЖИЌ

36

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 12

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

Karpos Urban 12  

Karpos Municipality Magazine

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you