Page 1

Информатор на Општина Карпош, септември-октомври 2011 година / број 11 / година 2

Славиме ЈУБИЛЕЈ ИНТЕРВЈУ : СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ

ПОСВЕТЕН СУМ НА КАРПОШ

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

1


Во овој број ИНТЕРВЈУ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ГРАДОНАЧЕЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ ПОСВЕТЕН СУМ НА КАРПОШ 8 -10

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. Демир Трајко бб 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/3061-353 факс 02/3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ 16-17

ГРАФИЧКА МАПА „12 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ“

18 - 19

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: ЈАСМИНА АРСОВА ЧАШУЛЕ ЛЕКТУРА: АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ ФОТОГРАФИЈА: САША РАМАНОВ, ЗЛАТКО ЧЕГАР И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ 2

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

ДOНИРАНИ 348 ЕДИНИЦИ КРВ

24 -25

СТИПЕНДИРАНИ ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА УЧЕБНАТА 2011/2012

28 -29

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Почитувани сограѓани, На 3. ноември е роденденот на нашата општина. Овојпат тој датум за нас е од посебно значење–славиме јубилеј! Карпош годинава одбележува 35 години од своето постоење. Триесет и пет години постоење можеби е релативно краток временски период за опстојувањето на една единица на локална самоуправа, наспроти постоењето на некои вековни општини, жупании, губернии кои зад себе пишувале истории. Но, нејсе, сепак, тоа е доволно долг период, и тоа многу значаен период во животот на еден човек, дури и повеќе, во животот на илјадници карпошовци. За изминатите 35 години додека растеше општината, се пишуваа животните истории и се сменија генерации и генерации нејзини жители. На ова мало парче земја, од кога се формираше општина Карпош, до денес се родија стотици, илјадници карпошовци, нережани, трнодолци кои тука пораснаа, тука созадоа семејства, тука остареа. Тоа беа децата од нашата улица, кои безгрижно трчаа по широките ливади од таа страна на Вардар, кои крадеа кајсии од Нерези, кои се капеа во Вардар и ловеа риби во Лепенец, а навечер ги „шпартаа“ ретките улици во Влае и Тафталиџе. Но, Карпош растеше, а со него и неговите поколенија. Тоа се истите некогашни деца кои сега се инженери, што ја издигаат и ја разубавуваат општината, професори, доктори, уметници, музичари и политичари, кои градеа свои лични кариери, но кои, градејќи се себе ја градеа и општината во која живеат, станаа нејзин бренд и нејзин еквивалент. Сега Карпош по нив се познава. Конечно, Карпош сме сите ние заедно. Точно 35 години Карпош и неговите граѓани се нешто испреплетено и нераскинливо. Затоа што нема општина без граѓани, а и граѓаните без општина се како бездомни, ничии и сечии. Во овие три и пол децении со нашата Општина управуваа десеттина градоначалници. Од првиот претседател на Собранието на Општина Карпош, Ристо Попески, потоа Јован Цубалески, Кирил Алксовски, Митко Велков, до Војче Кушевски, во време на делегатскиот ситем. Пруларистички Карпош почна со претседателот на Општина Карпош Владимир Станковски, за потоа да почне периодот на градоначалници со Сашо Кузмановски, Стевчо Јакимовски, Андреј Петров, накратко и Саша Димиќ за повторно, денес, да го имаме за градоначалник Стевчо Јакимовски. Секој од нив, секој општински татко поединечно, зад себе остави трага од своето работење во Карпош. Секој од нив се обиде да стори најдобро што знае и умее за своите граѓани. Нашиот сегашен градоначалник е единствениот од десеттемина кој доби доверба од граѓаните во втор наврат да ја менаџира општината, што несомнено е привилегија, но и обврска. Двојната доверба од карпошовци значи дека тие веруваат дека тој знае што, како и колку им треба на неговите граѓани и како најцелисходно и најдомаќински да ги троши нивните пари. Така и почна приказната за заемната љубов и доверба и таа од ден на ден се потврдува и се оправдува. Карпош е се поурбана општина, општина која како што си вети општинскиот татко на почетокот на вториот мандат, во 21 век не смее да остане со ниту една септичка јама, со ниту метар неасфалтирана улица. Градбата почна и таа тече. Никнаа километри нова атмосферска, фекална канализација, илјадници километри нови асфалтирани улизи, нови паркиралипшта, тротоари. Добивме три целосно реконструирани училишта, што се вели од корен, и уште толку делумно.Во училиштата вложивме само за една година над 2,5 милиони евра. Донесени се грст урбанистички планови, влегоа голем број инвеститори. Карпош се гради, Карпош напредува. Но тоа не е крајот на приказната. Тоа е почетокот. Карпош сега стартува со нов европски, урбанистички изглед, нов имиџ на една напредна општина. Со локална самоуправа каква што ја избраа граѓаните, по своја мерка, и свој тертип. Онаа што секогаш има уво и чувство за сите потреби на младите, талентираните, учениците, на возрасните , оние во зрело доба, за социјално маргинализираните, сиромашните, болните и осамените. За сите нив,локаланата самоуправа ги држи вратите широко отворени. Тоа е нивниот втор општински дом, до кој се доаѓа по еден изгазен и добропознат трасиран цели 35 години. Тој пат води кон иднината, а Карпош има иднина!

Виолета Цветковска Главен и одговорен уредник на „Карпош урбан“

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

3


Карпош 1936/2011

Пред нови предизвици Без лажна скромност, на сите нас кои што сме денес во Општина Карпош ни ласкаат таквите оценки. Ги прифаќаме и добронамерните критики и забелешки затоа што во Карпош секогаш има простор и за нови идеи и за наше уште поголемо ангажирање. Затоа настојуваме таквите укажувања да бидат дел од нашите проекти. Оттаму, со право може да се каже дека сите овие 35 години Општината Карпош е во постојан развој, со резултати за особен респект и почитување. Тие се потврда на исправниот пат и силен поттик за наредните наши чекори. Пишува: Владо Поповски, Секретар на Општина Карпош

И

денес, на 35-от роденден на нашата општина, како и секогаш досега, со задоволство се навраќаме на 3-ти Ноември далечната 1976 годинаа, денот кога таа е формирана, на првите нејзини почетоци, на многуте планови и резултати . Ги паметиме и споменуваме и луѓето коишто со огромен ентузијазам и силна посветеност ги започнуваа тие први чекори на својата општина. Некои од нив, на наше особено задоволство, се сеуште тука, меѓу нас, и со занес и гордост ни зборуваат за тоа време. Такви се и денес, на крајот од својата работна кариера. Тие, и многу други како нив, оставиле силен печат и белег и со своето однесување, и со својот однос кон работата, но и со нивните резултати во развојот на Општина Карпош. Вистински примери што треба да се следат. Затоа, и сега и во иднина, со пиетет ќе ги споменуваме и ќе зборуваме за нив. Сите овие изминати години, ќе забележат хронича­ рите, се години на незапирлив растеж. Но­в­и­те модерни градби, булевари, улици, тротоари, пешачки патеки, детски и фудбалски игралишта, водоводи и што уште не, континуирано го менуваат ликот на Карпош. Го препознаваат тоа сите. И оние кои што живеат и работат тука, но и добронамерните посетители. Сите тие ќе ви речат дека во Карпош постојат извонредни услови и дека е тоа посакувано место на живот. 4

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Впрочем, во таква работна атмосфера го дочекуваме и овој 35- годишен јубилеј на нашата општина. И годинава, како и претходните, според она што досега успеавме да го сработиме, ќе ни биде плодна и бериќетна. Реализиравме бројни проекти во речиси сите сфери. Сведочат за тоа реконструираните улици, тротоари, новите паркингпростори, новите детски и фудбалски игралишта, реконструираните основни училишта и градинки, донесените урбанистички планови, но и бројните други проекти од областа на локалниот развој, животната средина, образованието, културата и спортот, хуманитарните и крводарителски акции... Така секојдневно. Според потребите и барањата на граѓаните. Општина Карпош е нивна и тие со право очекуваат таа да придонесе да се решат нивните потреби и барања, а Карпош и во иднина да биде привлечно и сигурно место на живеење на сите. Токму поради тоа, наша најважна цел беше и останува граѓаните на Карпош да бидат секогаш задоволни, а притоа да им биде обезбедена квалитетна, навремена и ефикасна услуга. Затоа, во Општина Карпош ќе бидете љубезно пречекани, а Вашите барања ќе добијат брз одговор, најчесто и пред роковите утврдени со законите. Постојана гаранција за тоа се искуството, компетентноста, стручноста, посветеноста и ентузијазмот на луѓето што работат тука. Без тоа, се разбира, тоа ќе биде неможно. Гаранција за тоа е воведувањето на Системот за управување со квалитет според меѓународните стандарди ИСО 9001:2008, за што Општина Карпош го доби и меѓународниот сер-

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


тификат за управување со квалитет во делот на Развојот и давањето на услуги во надлежност на локалната самоуправа. Тоа е потврда на нашата досегашна работа, но и постојана обврска и одговорност за подобрување на квалитетот на нашите услуги и на системот за управување со квалитет. Заради сето она што досега е постигнато, со право Општина Карпош се вбројува во редот на најтранспарентните и најдобрите. Така велат и истражувањата, но и нејзините граѓани. Но, пред сите нас овде, во Општина Карпош, во времето што доаѓа претстојат уште многу анга­жи­ ра­ња, нови планови, програми, проекти. Уште многу потреби и барања од граѓаните треба да бидат преточени во практиката. Досегашните резултати, визии и планови на раководството на Општината и нераскинливата врска со граѓаните се доволна гаранција дека и во иднина овде ќе се бележат успешни резултати. Ќе има уште многу нови рекорди и постигања. Независно од пречките и тешкотиите, подготвени сме да истраеме на тој пат и на предизвиците на времето. Со уште поголем чекор и посилен ентузијазам. Нека ни е честит Јубилејот!

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Почетоци Општина Карпош е формирана на 3 ноември 1976 година со Законт за формирање на Општини на Град Скопје и за утрвдување на нивните подрачја (Службен Весник на СРМбр. 8/76). Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носела името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на македонскиот народ : Карпош – војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумоановскиот крај и се борел против турските феудалци – паши (Карпошево востание) и Христијан Тодоровски – народен херој на Македонија од НОВ и легендарен партизански командант во североисточна Македонија. Тој храбро загинал на 7 февруари 1944 година, во борба против фашистичката полиција во селото Билјача.

Генерални податоци

Општина Карпош претставува составен дел од Градот Скопје , т.е. е една од десетте скопски општини. Општина Карпош е поделена на 14 единици т.н. месни заедници , од кои 12 се урбани единици, а само две (Бардовци и Горно Нерези) се рурални единици. Површина : 35 km2

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

5


Некогаш...

СДУ Ѓeорѓи Димитров

Градинка

ООУ Лазо Трповски 6

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


...и сега

бул. Партизански Одреди

Поликлиника Букурешт

Населба Тафталиџе КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

7


Интервју: Стевчо Јакимовски, Градоначелник на Општина Карпош

Посветен сум на Карпош Јубилејот на Општина Карпош прославува редок јубилеј, претставува убав повод за разговор со нејзиниот прв човек, господинот Стевчо Јакимовски, кој, спо­ред мислењето на нејзините граѓани е еден од најуспешните градоначалниици во нејзината три и пол децениска историја.

Урбан: Како човек кој најдолго раководи со Општината, како најкратко би ја претставиле нејзината полна зрелост ?

МОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ОПШТИНАТА КАРПОШ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ НА „ПАРТИЗАНСКА„. ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА ТАА, ТАКА ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДААТ СИТЕ УЛИЦИ ВО КАРПОШ; ДА ИМАМЕ ШИРОКИ БУЛЕВАРИ, ТРЕВАТА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНА И СЕКОГАШ ИСКОСЕНА, СЕКОЈА ЗГРАДА ДА ИМА НОВА ФАСАДА... НАМЕСТО 16 ОТСТО ДА ИМАМЕ САМО ШЕСТ ОТСТО НЕВРАБОТЕНИ. ОНИЕ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ ДА ЖИВЕАТ ВО КАРПОШ ДА ПОСАКААТ ЗА СЕКОГАШ ДА ОСТАНАТ ТУКА

8

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Јакимовски: Секој јубилеј е значаен, а особено јубилеј во којшто се постигнува полна зрелост, како што се 35 години од постоењето на Општина Карпош. Карпош, во најголем дел е изграден по земјотресот во 1963 година, меѓутоа, како што е евидентно, генерациите кои што ја изградиле и оние потоа, грижливо се однесуваа кон потребите на граѓаните на Општина Карпош, која стана синоним за односот на локалната самоуправа кон граѓаните и е една од водечките општини во Република Македонија. Ние сме задоволни што во неа живеат задоволни граѓани кои имаат најдобро решени инфраструктурни проблеми, што невработеноста е најмала во земјава, што можат да се пофалат дека живеат во чиста општина, а најмладите, учениците да се горди што учат во најсредени училишта.

Урбан: Што уште недостасува Општината вистински да го заслужи епитетот модерна? Јакимовски: Она што недостасува е локалната самоуправа да има поголеми ин-

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


геренции, да не ги делиме со градот Скопје и да не зависиме од милоста на Владата на Република Македонија. Иако Општина Карпош е во немилост на Владата, сепак ние успешно ги разрешуваме проблемите на граѓаните и напротив, ние во секој поглед, во однос на другите општини одиме напред: во поглед на урабаното живеење, културата, спортот, образованието.Карпош навистина е општина за пример.

Урбан: Како ја стекнавте оценката на јавноста дека сте најуспешен градоначалник во државата? Јакимовски: Најпрвин на еден човек некоја работа треба да му „легне„ , да има дарба за таа работа и трето, да се биде посветен на работата. Мислам дека е неподелено мислењето дека локалната самоуправа на чие чело сум е целосно по­све­­тена на решавањето на проблемите на граѓаните на Општина Карпош.Притоа ,треба да се има слух за нивните потреби, да се одобруваат вистинските проекти, да се разрешат вистинските пробле­ ми на граѓаните и во исто време треба да се знае да се организира и да се менаџира локалната самоуправа и фи­ нанси­ските конструкции, и секако, да се биде „цел човек“ во градоначалничка фотеља. Секаква поделеност нема да даде резултати какви што се, евидентно, резултатите што заедно со мене ги постигнува ангажираниот тим.

Урбан: Со привилегиите во два мандати одат и обврските. Дали веќе не сте заморен ? Јаимовски: Да. Ова е поголема обврска отколку што беше првиот мандат, бидејќи по двеКАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Среќата на баба Маре Урбан: Има ли настан којшто во повеќегодишното раководење со Општина Карпош, на Вас оставил траен впечаток- настан кој ве трогнал како човек ?

Јакимовски: При вршењето на градоначалничката функција има многу работи на кои ќе се сеќавам и ќе ги паметам. Но, морам да речам дека најголем впечаток секако ми остави средбата со нашата Баба Маре, која при реконструкцијата на улицата „Демир Трајко“, легна пред булдожерот, сакајќи да ја одбрани од уривање нејзината мала куќичка, правена од тули уште на почетокот на минатиот век. Таа не веруваше во нашите ветувања дека ќе и изградиме нова куќа. Кога за кратко време ветувањето го исполнивме, таа, при вселувањето во нова и модерна куќа, беше толку среќна што таа глетка и тој момент ќе го паметам како нешто навистина посебно.

иполгодишна пауза и моето министерување, граѓаните повторно ми ја дадоа довербата. Искрен да бидам, почесто има одредени ситуации во коишто некои барања од граѓани или од пријатели се косат со моралните норми и интересите на граѓаните.Тогаш морам да пресечам и да ги одбијам. Јас секогаш велам: и Господот и граѓаните повторно ми ја дадоа довербата да ја водам Општината,а притоа, ако се знае дека нашата општина има 63 илјади жители, не се штедам да им возвратам и таа доверба целосно да ја оправдам.

Урбан: Два пати бевте министер, во два мандати сте градоначалник. Во позиција сте да направите споредба помеѓу тие две функции. Јакимовски: Министе­рување­ то е и чест и задоволство, огромно искуство и мислам дека се снајдов во таа улога иако бев министер во исклучително тежок период,во постконфликтна Македонија,етнички поделена, меѓународно разнебитена, во период со негативен раст на БДП, во време кога се затворени 40 загубари....

Но,морам да бидам искрен и да признам дека функцијата градоначелник носи поголемо задоволство бидејќи дава можност да направите нешто добро за граѓаните. Улогата на министер, особено во земја која е во транзиција,значи, лошите работи што се прават, кои што се викаат реформи, да ви донесат сериозни главоболки. Меѓудругото, и поради тоа што реформите понекогаш значат од некој и од некаде каде што има повеќе да земеш, а никому да не даваш. Улогата на градоначалник е поинаква, и на оној што ја врши таа функција му дава можност конкретните работи полесно да ги решава, и тоа е веднаш видливо. Работата на министер, добра или лоша, најчесто може да се види многу подоцна.

Урбан: Има ли државни прописи кои ја попречуваат целосната самостојност на локалната самоправа? Јакимовски: Има, но тие воопшто не ни влијаат. Ние во нашите планови ја немаме ставено поддршката од Владата ниту од било кој друг. Ние се потпираме на сопствените

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

9


Интервју: Стевчо Јакимовски сили, на сопствените, односно на сретствата на граѓаните и како што гледате на граѓаните на Општина Карпош ништо не им фали. Доволно би било од нив само да не ни попречуваат, а јас како градоначалник гарантирам дека Карпош ќе биде најнапреден во секој поглед. Во Карпош има најмала невработеност, во Карпош има слобода на движењето и на паркирањето. Во Карпош не гаснат бизнисите, дури и најмалите дуќани живеат. Само прошетајте низ општината и ќе видите дека нема ниту еден оглас „дуќанот се затвора“.

и дали е изработено како што треба. Доколку не е и има пропусти, а има, особено и по моето укажување, тогаш сум нервозен и лут и тогаш не е добро некој да биде во моја близина.

Урбан: Која е Вашата визија за Карпош ?

Урбан: Вас, секојдневно, од утро до мрак, граѓаните можат да ве сретнат во обиколка и надгледување на секое катче во Општината. Дали немате доверба во вашите соработници?

Јакимовски: Општинските служби не се на реизбор како мене.Понекогаш тие сметаат дека нивното работно време трае осум часа и дека потоа, треба да си заминат дома кај своите семејства. Искрено мислам дека тие се во право, а јас сум тој што по четири години оди на реизбор и што новиот мандат можам да го добијам само според оценката на граѓаните, како сум ја организирал општинската администрација да биде сервис на граѓаните. Јас сум тој

што мора да води сметка, што треба да направиме и дали тоа ќе го направиме доволно брзо, доволно квалитетно и дали ќе ги продуцираме проектите во кои ќе уживаат граѓанита на Карпош, а од тоа зависи дали јас ќе го добијам и следниот мандат или не. Ете тоа е причината заради која јас го проверувам тоа што е изработено

Јакимовски: Мојата визија за Општината Карпош може да се види на „Партизанска„. Така како што сега изгледа таа, така треба да изгледаат сите улици во Карпош; да имаме широки булевари, тревата да биде зелена и секогаш искосена, секоја зграда да има нови фасади... Наместо 16 насто невработени, колку што се сега, да имаме само шест насто и оние што ќе дојдат да живеат во Карпош да посакаат за секогаш да останат тука. За тоа има причани бидејќи за секое семејство во Карпош е важно што има мрежа од основни училишта, речиси секоја населба има свое училиште, има пет средни училишта, три приватни средни училишта, три Универзити... Во Карпош имате места за рекрација и спортување, го имате кејот на реката Вардар, спортски игралишта, театар, убави кафеани, кафулиња ... Имате сé за квалитетно живеење... На нас останува во овој и во наредниот мандат да сториме се Карпош да биде модерна, вистински европска општина.

Урабан: Има ли градоначалникот време за хоби, за сопственото семејство ? Јакимовски: Морам да кажам дека имам хоби, тоа се играњето бриџ и задолжително шетање по кејот.Но,да бидам искрен, за сето друго немам време. Ангажманот што го имам во локалната самоуправа,си има и свои предности и маани, особено што малку време останува за семејството,но таков е животот... М.Р-В.Ц

10

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкции

Разубавувачи на ликот Кога велиме дека една општина е навистина убава, средена, урбана, тогаш првенствено мислиме на нејзиното инфрастуктурно уредување. Нови и асфалтирани улици, решена атмосферска и фекална канализација, цветни арнажмани долж булеварите, пространи тревни површини, детски игралишта, нови фасади...И сето тоа е дел од бескрајните обврски на локалната власт. Таа, за тоа и добива мандат, а граѓаните очекуваат од неа

секој нивен проблем час поскоро да биде решен. Во Карпош за тој дел е првоодговорен Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи. Тоа се оние луѓе од администрацијата кои се најчество присутни по улиците каде се гради, пред домовите на граѓаните. Тие се ѕвездите на нашето маало. Аспиринот за сите главоболки на Карпошовци. И овие изминати два месеци работеа со „полна пареа“.

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Пијанец и Крчин Изведувач: Енергомонт

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Милан Марковиќ Изведувач: Енергомонт

Изградба на рампи за лица со посебни потреби (ТЦ Лептокарија и ТЦ Порта Влае) Изведувач: ДА – БО Компани

Реконструкција – асфалтирање на ул. Просек, УЗ Вале 2 Изведувач Пелагонија Инженеринг

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

11


Реконструкции Изведени објекти во периодот септември-октомври 2011 година Реконструкција со асфалтирање на ул. Вич со крак 1 и 2 Изведувач: Сандра инженеринг

Асфалтирање на ударни дупки на јавни сообраќајни површини, сервисни и станбени улици, локални патишта и санации на прекопи на територија на Општинс Карпош Изведувач: ДА - БО Компани 12

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкции

Изградба и реконструкција на паркинг простор пред станбена зграда на ул. Копинхагенска пред руска зграда број 7 Изведувач: Жикол

Реконструкција - асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Џумајска до ул. Братфордска Изведувач: Кодинг

Изградба и реконструкција на паркинг простор пред 10 та руска зграда на ул. Женевска со сервисна улица Изведувач: Жикол

Реконструкција - асфалтирање на ул. 10, Нерези Изведувач: Кодинг

Реконструкција - асфалтирање на ул. Желево Изведувач: Сандра инженеринг

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

13


Реконструкции

Објекти кои ќе се изведуваат во наредниот период 1. Проширување со реконструкција на тротоари на паркинзи на Јуриј Гагарин и Миле Поп Јорданов 2. Реконструкција на тротоари на сервисна улица во дворот на Општина Карпош 3. Реконструкција - асфалтирање на ул. Копенхагенска 4. Изградба на Новопроектирана улица на потег помеѓу улиците Просек и ул. Сливовска 5. Реконстреукција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3 6. Дислоцирање на постоечките дворни огради со влезни врати и бетонирање на стопи за цокле за нови огради заради изградба на тротоари предвидени со ДУП на ул. Струшка, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“ 7. Изградба на атмосферска канализација по крак од ул. Ванчо Мицков

Реконструкција – асфалтирање на ул. Џумајска на потег од Миле Поп Јорданов до Братфордска Изведувач: Транс Мет

Изградба на заштитна ограда околу објект на О.У. „Лазо Трповски Изведувач: Мастеф 14

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Дебата

И младите сакаат да одлучуваат НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ОПШТИНА КОЈА ЌЕ ГО СЛУШНЕ НИВНИОТ ГЛАС, КОЈА ЌЕ ГИ ВКЛУЧИ ВО ПРОЦЕСОТ НА НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ, А НА ОПШТИНАТА И ТРЕБААТ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ МЛАДИ ЛУЃЕ, КОИ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ БЕЗБЕДНО И КОИ СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ САКААТ ДА ЖИВЕАТ И РАБОТАТ ТУКА

Н

а младите им треба Оп­ ш­тина која ќе го слушне нивниот глас, која ќе ги вклучи во процесот на носење на одлуки, која ќе им го поттик­ не интересот за учество во со­ ци­јалниот живот, која ќе им ги отвори портите за волонтерска работа, доедукација и која првенствено ќе им обезбеди про­стор за нивно собирање и ангажирање. Од другата страна пак, на Општината и требаат среќни и задоволни млади луѓе, младинци кои ќе се чувствуваат безбедно, кои со задоволство ќе сакаат да живеат и работат тука, кои ќе основаат семејства и ќе градат кариери токму во Општина Карпош. Ова се одговорите на двете кл­ учни шрашања „Каква оп­­ ш­­­ тина им треба на младите? Какви млади и се потребни на Општината?“ кои во орга­ ни­ за­­ ција на Младинскиот образовен форум МОФ и Општина Карпош се одржа во хотелот КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

„Александар Палас“ во Скопје. Младите учесници во дебатата Елена Мицајкова, Теодора Столевска,Огнен Јо­ка­са­­новски и Сара Кајевиќ, поделени во два тима, афирматорски и негаторски се обидоа пред градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски да ги артикулираат потребите и размислувањата на младите од неколку невладини организа­ ции за тоа што всушност тие са­каат од локалните власти и како општината (било која, и било каде) да ја направат посакувано и пристојно место за живеење. Младите афирматори бараа локалната власт да им обезбеди простор,, ресурси и ментор кој ќе ги води напред, да им обезбеди културни центри, уметнички галерии, неформал­ но образование и курсеви по стран­ ски јазици. Негаторите пак велат: „да тоа ни треба но не е приоритет!Не ни требаат об­јек­ ти туку да работиме да го зголемиме интересот на младите за учество во одлучувањето на локалната власт (на пример по Финскиот теркк на 20 отсто застапеност на младите во локалните совети на општините) и ни недостасува последната алка од процесот-употреба на стекнатите знаења. Но што се стори Општина Кар­­пош за младите, одговори градоначалникот Стевчо Ја­ ки­ мовски.Младите во Карпош се вклучени во сите спортски и

културни манифестации Оп­­ ш­ тината секоја година стипендира по 100т-на млади и талентирани ученици, млади и талентирани спортисти и финансиски поддржува спортски клубови од нејзинотот подрачје. Отвори четири школи надвор од настваниот процес, за шах, фолклор, за актерска игра и за цртан и анимиран филм. Учи­ ли­шните спортски лиги во кошарка, фудбал, одбојка и од годинава –шах, им се посветени токму ним, а наскоро општината ќе работи на разрешување на просторниот проблем на невладините организации во кои партиципираат младите, а ги повика и младите да волонтираат во сите акции кои ги организира Општина Карпош. Младите на трибината беа за­ по­знаени и со сите можни начини за комуникација со општината и за тоа што се пра­ви општината за нивното информирање, од веб страницата, весникот „Карпош Урбан“ до учеството во социјалните мрежи: фејсбук, твитер, Гугл+, Линкедин и др. Оваа јавна дебата е исто така беше дел од Програмата за одбележување на јубилејот - 35 години Општина Карпош, но и дел од осуммесечниот проект на МОФ наречен „Фестивал на јавни дебати“ финансиран од Општина Карпош.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

В.Цветковска

ОПШТИНА КАРПОШ

15


Заслужни граѓани на Општината Карпош Стојан Андов

ДРЖАВНИК СО ЧОВЕЧКИ ЛИК

Во поновата историја на Ре­п­у­­ блика Македонија со епитет на државник можат да се наре­чат и да се пофалат неколку неј­ зи­ ни граѓани. Меѓу таквите, без сомнение, спаѓа и господинот Стојан Андов. Ваквата констатација ја верифицира не­ говата животна и работна би­о­ графија, но и стварноста чии сме современици, во која тој го вложи најзрелиот дел од жи­вотот. Од далечната 1960 година, кога во политичкиот живот на земјата влезе како прет­се­­­­ дател на Собранието на Оп­­ штина Кавадарци, па до денес, господинот Андов ни за мигбез оглед на околностите, не скршнуваше од патеката на етичките вредности во чие средиште се добрината и правдата. Тој не им робуваше на востановените догми, туку кон нив имаше дистан­ца, иманентна на интелектуалец и рационален човек. Во една пригода, пред некој месец, кога достоинствено замина во заслужената пензија, г. Андов инсистираше на фактот 16

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

дека имал среќа што нештата важни за животот ги осознал и усвоил во семејството на ка­ вадаречките лозари во кое моралните особини биле насле­дни као и благородната винова лоза. Тој наук ќе биде прe­познатлив белег во неговата петдецениска политичка кариера, за секогаш овековечен во синтагмата „Човеци, да се разбереме„. Излишно е во ова пригода да ги набројуваме сите функции што му беа доверувани во владите и партијата на поранешна Југославија, но треба да се потенцира дека сите ги извршуваше така што секоја следна беше повисока и поодговорна. Од тој период ќе биде запаметен како најмлад, но и како функционер кој беше во сите реформски тимови и зафати. Бескомпромисен во бранењето на сопствените ставови и идеи во етапната демократизација на неврзаната Југославија и самостојна Македонија, се здоби со општа почит кај колегите и пошироката јавност. Сепак, доблесните елемен-

ти на неговата личност дојдоа до полн израз во неизвесните миго­ви на созадавањето на независна и самостојна Република Македонија. Кога господинот Андов, заедно со поранешниот претседател Киро Глигоров инсистираа револуционерниот занес да се прилагоди на она што е „сега и овде„. По изборот за претседател на првиот повеќепартиски Пар­ла­мент, г. Андов, тој принцип ќе го востанови за државна стра­ те­гија на Република Ма­кедонија. Во тандем со Глигоров даде не­мерлив придонес за мирното осмостојување на замјата, трпејќи ги притоа навредите и ударите на оние што мислеа дека „без крв нема држава„.Во тоа време тој ги зададе параметрите на мудро раководење со Парламентот на една демократска држава, кои тешко дека некогаш ќе бидат надминати. Не се памети дека негогаш ја злоупотребил реалнат моќ со која располагал, па ниту во функција на својата писателска дарба, која ја практикува по заминувањето од важните државнички функции. Во интервјуто за општинскиот весник ќе открие дека е жител на Општина Карпош од доаѓањето во Скопје до денес, и дека може да се пофали оти расне заедно со Карпош. Па дали има поголема препорака за почеста заслужен граѓанин на Општината, што во овој миг му ја искажуваат локалната самоуптава и граѓаните на Општина Карпош? Ни преостанува на г. Стојан Андов да му честитаме за таа почест и да му посакаме уште долго да остане нејзин репрезент, како човек и политичар, како оној чие име трајно е вградено во историјата на Република Македонија.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

М. Р.

ОПШТИНА КАРПОШ


Заслужни граѓани на Општината Карпош Коле Ангеловски

КРАЛОТ НА СМЕАТА Коле Ангеловски е персони­ фи­кација на филмската и теа­ тар­ска уметност во севкупна­та историја на Република Ма­ке­до­ нија и е еден од ретките за кој таквата одредница важи и во двете спомнати сфери во пора­ нешната Југославија. Од каде и да тргнете со набројување на личности од Македонија, чие де­ло е вградено во севкупниот постамент на СФР Југославија, не ќе можете да го одминете не­ го­­вото име. Неговите улоги во антологиските југословенски филмови; „Неретва“ и „Сутјеска“ остануваат еталон за филмска креација на одредени историски но и анонимни хероји. Спомнатите ли­ ко­ ви се огледало и траен по­казател за актерската виртузно­ ст на Коле Ангеловски, но истовремено и неизбришлив сведок, дека тоа го постигнал во ти­ нејџерски години. Филмската и театарската теорија Коле Ангеловски ќе ја изучува по искуството пред филмските камери, рамо до рамо со филмските бардови, Павле Вуисиќ, Петре Прличко, Бата Живоиновиќ, Борис Двор­ ник, Јанез Врховец..., повеќе за да ја задоволи формалната стра­на на професијата со која постојано се занимава речиси половина век. Едноставноста што Анге­л­ов­­­ ски ја презентира во се­ко­ја од стотината филмски и театaраски улоги, ја пра­­ктикува и „во жи­во’’, та­­­ка што средбите со не­го немаат ни ронка од „офи­ци­јал­носта„ што се подразбира за личност со негово ре­номе. За себе вели дека е дибидус скоп­ско дете и дека жи­вотната филозофија ја уче­л во поп­ското и учителско сe­мејство Ангеловски и во не­­ повторливите скопски ма­а­ла. Оттаму веројатно по­тек­­нува, КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

шеретството и пасторалната шегобијност и смеа во него­вите филмски и драмски кре­аци­и, без оглед дали е актер, режисер, сценарист или ра­скажувач. Во тандем со неговиот брат Дади и, како што вели неговиот „личен„ актер и најдобар другар Мешко, Агеловски е виртуозен и народен забавувач, некој што треба да се измисли во средини кои се духовно сиромашни или преоптоварени со виртуелна стварност. А секоја, пофална тирада за Коле Ангеловски нема смисла доколку не сте ги гледале неговите филмови, драмски ролји и режии на антологиските, урнебесни комедии „Болва во уво „ и „Викенд на мртовци... Оние што добро го познаваат велат дека е „незгоден„ кога ќе реши да работи, дека ништо не препушта на случајот и за евентуалните утки не бара виновници туку прстот го свртува кон себе. Велат уште дека со смеата управува како маѓепсник, дека е прочуен по шеги на своја сметка и дека пее поубаво од брат му Дади.

Тој е француски зет кој, по една случка со таткото на женаму Жана, научил дека вино со вода не се меша, во спротивно може и ќотек да се изеде. Носталгијата за скопскиот маалски живот од педесетите и шесетите години на минатиот век, ја лечи во селски амбиент, во Леуново, во куќичката што ја купил на шега во една кафеанска теревенка. Доколку сакате лесно да го налутите, започнете муабет за политика на тема „наши„ и„нивни„. А ако сакате негова искрена наклоност, само спомнете му ги дечињата и кучињата За нив мо­ же да ви држи предавање и признава дека ги сака бидејќи, како што вели, тие се чиста љубов. Ако на сето ова му додадете дека Никола Коле Ангеловски е жител на нашата општина, ќе ви стане јасно зошто е Карпош и урбан и духовен шампион во рамките на нашата држава и колку е убаво што е и тој меѓу избраните за почеста заслужен граѓанин на Општина Карпош. М.Р.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

17


Графичка мапа

12 величествени Општина Карпош ја издаде својата прва графичка мапа од делата на дванаесетте македонски академски сликари -сите жители на општина Карпош. Овој грандиозен уметнички проект е во заедничка соработка со асоцијацијата ‘‘Икон’’.

Доне Миљановски

Нове Франговски

Илија Кафкалевски Глигор Чемерски

Симон Шемов 18

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Родољуб Анастасов СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Графичка мапа

Цане Јанкуловски

Таки Павловски

Ставре Димитров

Владо Аврамчев

Душан Перчинков

Васко Ташковски

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

19


Растевме заедно

ЖИВА ИСТОРИЈА

на Општина Карпош

Т

ој е жива историја на Општината Карпош, оној што со неа ги прележал нејзините детски болести, што растел, се радувал и тагувал со неа. Оној, што може да ја пофали кога е за фалење и да и забележи кога ќе скршне, урбано и идеолошки. Таквото право, господин Трифун Трифуновски, сега веќе легендарниот Трифе, никој не му го подарил ниту му го доделил. Таквото право се заслужува и е привилегија за ретки луѓе, оние што се издигнуваат над секојдневните општествено политички тривијалности. Сега, кога неговата Општина може да се пофали со потполна зрелост, впрочем го слави својот 35. роденден,, тој мирно се подготвува службено да се збогува со неа, сигурен дека повеќе нема потреба за грижа. Со едвај забележлива тага во гласот и очите, признава дека сите убави нешта, во животот и работата му ги должи на неговиот Карпош. Она по што Трифе се издвојува од заслужните врсници на Општината Карпош, секако е неверојатната вистина дека сите 35 години бил во врвот на нејзиното раководство, или

20

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

како што ќе рече самиот, и „во едноумието»и во „безумието». Ако со таков континуитет ретко кој може да се пофали, се наметнува логично прашењето, како е можно во една динамична општествено политичка институција, некој да се одржи на врвот толку години? Одговорите што ги дава практиката не се во доменот на природата на Трифун Трифуновски, бидејќи според сведочењето на неговите подредени и надредени, не го „краси итрината, а уште помалку сервилноста.“ - Вие не сте ни прв ни последен што ми го поставува ова прашање. Сега, повеќе од кога и да е порано, во позиција сум да дадам реален одговор. За жал, тоа е истиот оној што го дадов пред пет години, односно секаде може да се опстои ако знаеш да ја вршиш доверената работа, ако истата ја сакаш, ако можеш да ги разбереш приликите и луѓето во нив и најпосле, ако си на страна на вистината, без оглед дали таа ја застапува оној од кого зависиш. Освен тоа, јас никогаш и никому не се натурав. Тие што ме бараа и бираа, сигурно тоа не го правеа заради мојата убавина, вели најдолговечниот службеник и функционер во Оп­ ш­ ти­ на Карпош. Доволно е да се рече дека точно десет мандати, бил секретар на Општината и раководител на разни тела во неа и дека денес е претседател на Советот на Општината, па да се сфати суштината на напред кажаното. Дури и навлегување во детали во сите негови бирања на раководни и одговорни работни места, ни најмалку не би ја нарушиле човечката постојаност на г. Трифуновски. Признава дека преку глава претурил се и сешто, дека имал недо-

Паметат со Карпош Оние кои ги помнат почетоците на Карпош како самостојна општина и кои ја пишуваат нејзината хро­но­ логија речиси од самите почетоци, полека ја исполнуваат својата работна зрелост, и едни по други заминуваат во пензија. Оваа година тоа е Радмила Кранго, потоа на ред е Даница Мартиновска и Дубравка Таневска, па доаѓаат Марика Тодоровска и Снежана Радуловска, за да на крајот од „карпошови­те доајени“ доаѓаат Јелка Савиќ Тасевска, Дафина Банди­лова и Оливера Груев­ска раснати и неодговорни шефови, дека соработувал со врвни политичари-интелектуалци, оние што се искачиле на врвот на државната власт, но дека ниту со еден од нив не се замерил, ниту е посебно близок, како што може да се подразбере. Од неговата уста тешко излегуваат пофалби, а уште потешко навреди. Вели дека е „слаб´ ´ кога е во прашање актуелниот градоначелник Стевчо Јакимовски, бидејќи смета оти токму тој ги поместил границите во раководењето со една голема општина, посебно во претходниот мандат, кога вкупните околности биле посложени. Се воодушевувам на неговиот ентузијазам и ене­ р­ гијата што ја троши, но му забележувам што тоа го прави наместо оние кои се за тоа платени и одговорни, а не се вклопуваат во стандардите што тој ги креира и практикува. М. Раденковиќ

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Растевме заедно

Горда сум на својата општина - Ваќе ја чувствувам но­стал­ гијата, бидејќи освен што овде го поминав целиот работен век, Општината ми беше втор дом, вели нашата колешка Радмила Кранго, на денот на заминување во заслужена пензија. Има ли поголема и поубава сим­ болика од тоа работниот век да ви се совпадне со прославувањето на 35 годишнина на институцијата во која сте работеле?! Со такво совпаѓање, може да се пофали Радмила Кранго, долгогодишeн работник во администрацијата на Општина Карпош. Со колешките и колегите од општинската архива се збогуваше на својот роденден, неколку дена пред 35. роденден на Општината, па разделбата беше „зачинета” со торта и роденденски подароци. Скромна и ненаметлива, велат, Радмила на генерации општински активисти и административци била пример, секогаш подготвена да помогне и да посоветува, а на странките да им го олесни патот до бараниот документ. - Целата филозофија лежи во личниот приод кон работа­та и обврските, вели госпоѓа Рад­ мила, и додава: Доколку ја сакате работата, полесно се справувате со обврските, па згора на тоа ако имате среќа да работите во амбиент на истомисленици, тогаш можете да се сметате за среќна и исполнета особа. Јас можам да се пофалам дека заминувам во пензија со такви чувства. Инаку, на прстите од една рака можат да се избројат слу­ жбениците во општинската ад­ми­ ни­страција кои целиот ра­ботен век го поминале во неа. Нашата славеничка во Општината се вработила во далечната 1977 година, а тој животно важен настан го памети по една анегдотска случка. - Тоа и не е за кажување, но се сеќавам, кога ја земав телефонската слушалка со намера да се КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

јавам дома и таа радосна вест да им ја соопштам на домашните, мозокот, од возбуда, наеднаш ми се укочи, никако не можев да се сетам на домашниот телефонски број. Бидејќи ми беше срам да им признаам на присутните колешки, реков дека подоцна ќе се јавам... Инаку, ние тогаш имавме среќа да се вработиме во колектив во кој немаше никакви поделби и потенцирање на хиерархијата, но имаше многу работа. Бидејќи го подготвувавме материјалот за седниците на Советот на општинското Собрание, во кое тогаш имаше 127 делегати, во работата ни помагаа и функционерите... Кога ме прашувате кој од функционерите ми оставил траен впечаток, со задоволство можам да истакнам двајца од нив, а тоа се Трендафил Ивановски и Стевчо Јакимовски. Од првиот, многу научив, а го паметам и по тоа што велеше; кога немате работа земете и читајте било што бидејќи само со читањето можете да се надградите како личности. Актуелниот градоначелник ќе го паметам како човек кој во нашата Општина внесе невиден

ентузијазам и не се штедеше ниту себе си, ниту нас, Општина Карпош да биде она што е денес, веројатно една од најуредените и најмодерните општини во државата. Госпоѓа Кранго со блага насмевка на лицето ги евоцира спомените и вели дека е воспитана лошите работи да ги трга на страна, а на добрите да се сеќава и да раскажува за нив. Вели дека во трииполдецениската кариера на општински службеник, како лоши ги памети времињата пред распаѓањето на заедничката др­жава. Заминувањето во пензија го смета за природен настан во сечиј живот и во неа заминува горда на својот придонес за севкупната физиономија на општинската администрација. - Веќе ја чувствувам но­ с­ тал­ гијата, бидејќи освен што овде го поминав целиот работен век, Општината ми беше втор дом. Од утре ќе имам многу повеќе време за некои други работи, за семејството, за внуците за читање убави книги и за шетање. Ќе го земам сопругот под рака и ќе се шетам низ градот, бидејќи со години не сум излегувала. Сега ќе имам време, опуштено, да го разгледам целиот град и да видам што се сменило во него, во однос на времињата кога бев млада... На младите колеги и колешки, и вопшто на младите луѓе, би им порачала многу повеќе да учат и да се образуваат и да бараат работа која ќе ја работат со љубов, бидејќи само така, еден ден ќе можат да го почувствуваат она што јас сега го чувствувам, заминувајќи во пензија. Редакцијата на весникот „Урбан„ на Радмила Кранго, и посакува пензионерскиот век да и трае колку што и траеше и работниот век во Општина Карпош. М. Раденковиќ

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

21


Растевме заедно

Работата ме исполнува

Архивата е срцето на администрацијата. Со новата поставеност во Општината, сега граѓаните полесно и побрзо можат да ги завршат административните работите, поврзани со промените во сите сфери на живеење. По заминувањето на Радмила Кранго во заслужена пензија, ветеранската палка во администрацијата на Општина Карпош ја презема госпоѓа Оливера Груевска. По сплет на животни околности, и раководителот на Одделението за стручно административни работи, Груевска во општинската администрација се вработила во 1977 година и како што вели, ако Господ даде, во пензија ќе си замине за некоја година, и како нејзината колешка Радмила, ќе може да се пофали дека целиот работен век го поминала во една институција. - Навистина, треба да се има и среќа триипол децении да се работи на едно место, но и многу други нешта без кои таквиот континуитет не е можен. Колку и да звучи чудно, ќе кажам дека времето кога јас се вработив во Општината, многу наликува на денешниве прилики. И тогаш вработувањето беше тешко, но оние кои имаа среќа да се вработат, не беа изложени на стресови, како што е тоа денес. Ентузијазмот со кој ние тогаш им приоѓавме на работата и обврските е нешто на што со гордост се сеќавам. Без оглед што во Општината и посебно во овој сектор, во Архивата, секогаш имало многу работа, во моите почетоци колегијалноста беше недвосмислена. Немаше моја и твоја работа, туку, кога ќе требаше, сите работевме се и многу полесно си ја завршувавме работата. Оливера работела во повеќе сектори и општинската администрација ја познава 22

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

од сите страни. Вели дека некогаш, пред три децении, било много потешко, бидејќи главните алатки при работа биле машините за чукање и легендарниот гештетнер, направа за умножување на материјали. Денес е многу полесно, вели Оливера, а благодарејќи му на градоначалникот Стевчо Јакимовски, ние постарите административци, пред десетина години добивме можност и се обучивме за работа со компјутер, што повеќекратно ни ја олеснува работата, особено во Архивата. Зборувајќи за Одделението со кое денес раководи, госпоѓа Груевска смета дека треба да биде задолжително, секој новопримен колега, работата да ја започне токму во Архивата, која е срцето на секоја администрација. - Бидејќи растев со Општината, сум ги доживеала и преживеала сите нејзини трансформации. Груевска со нагласено уважување зборува за сегашното раководство на локалната самоуправа во општината. - Гледано од страна, ова што ќе го кажам може да се протолкува како пристрасност, но е вистина. А вистина е, дека во првиот мандат на сегашниот градоначалник г. Јакимовски, започна вистинска трансформација на општинската администрација. Тој, во Општината донесе ентузијазам кој практично може да се види во денешниот изглед на нашата Општина. Уредениот кеј, реновираните улици, училиштата и новите спортски игралишта, тротоарите и зелените површини се вистинското огледало на работата на целото раководство, па и на општинската администрација. Инаку, што се однесува до внатрешните односи во моето одделение, тие се, како и секогаш, целосно во функција на граѓанинот.Со новата поставеност во Општината, сега граѓаните полесно и побрзо можат да ги завршат работите, поврзани со промените во сите сфери на живеење. Сега роковите за добивање на каков било документ се драстично скратени, така што нема турканици и нервози, како порано. Моето задоволство е потполно бидејќи работата целосно ме исполнува, особено што сите ние доверената работа си ја извршуваме на рамништето на барањата и стандардите што во Општина Карпош ги востанови нашиот градоначалник, заклучува Груевска. М.Р.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Растевме заедно

Данче-

„Кралицата“ на протоколот Како што Шарл Де Гол го имал до себе Андре Малро, па бил тоа што бил, така и Општина Карпош ја има својата Данче, па е она што е, една од нај­ ус­пе­шните локални заедници во Република Македонија Вза­­емната врска на Данче и Општината Карпош, приказ­ на која трае 35 години и е све­док на нивната совршена ко­ег­зистенција. За возрасните администра­ тивци таа е едноставно Дан­че, а за младите тетка Данче. И за едните и задругите зедничко е што таа е синонимот на општината, нишката ко­ја поврзува генерации и генера­ ции. Таа полека станува персонификација на една институција.Но што беше таа во изминатите 35 години? И младите и поискусните се едногласни. Таа е гуру во протоколот. Нема свечена седница, нема забава, нема прослава или манифестација да мине без неа. Како волшебни­кот од Оз. Секаде ја има нејзината невидлива трага. Од сценариото до редослед, од распоред до сместување, од избор на знаме до цветен аражман, сето тоа мора да го обмисли прво она. Таквата привилегија ја има нашата Данче, онаа симпатична дама која во ниедно време ќе ви тропне на врата да ви подаде покана или да ве извести за некој настан, според неа важен за нејзината и нашата Општина. Тоа е онаа дама, која и при случајна средба, онака во од, со насмевка, ќе ве потсети дека утре е Ден на Општината, ден за гласање или некаква друга културна и хуманитарна акција. Тоа е онаа госпоѓа, која и со температура, ако може и ако смее ќе ја дарува последната капка крв за нејзиниот Карпош да го собори или да го подобри државниот рекорд. И така, полни 35 години, во делниците и празни­ците, лете и зимe, без наметнување и врева, без поза и горделивост Данче пишува дел од историјата на Карпош. Но, Карпош има иднина. Тоа се младите кои тетка Данче најмногу ги сака и во кои најмногу вложува. - Верувам,во нив, затоа што гледам дека до­ аѓаат млади, образовани и многу способни кадри. На нив со задоволство им пренесувам дел од моКАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

ето ис­куство, од моето умеење, затоа што само така знаењето и умешноста продолжуваат, а со тоа Карпош се подмладува и оди напред. Со нив е задоволство да се работи, а се надевам дека и ним им е задоволство да работат со мене. Кога не е на терен, кога ќе ја снема од нашиот видокруг, знај­­те дека таа, во своето работно катче, во својство на шеф на протокол, подготвува „викторијански» пречек на гости, сценарио за свечeна седница, прослава на јубилеј или некоја важна општинска манифестација. Оттука, и честите повици од колегите од збратимените општини Данче да им го напише „рецептот како некој важен чин би бил беспрекорен и на рамниште со неговиот повод. - Така било судено, ќе рече, потенцирајќи дека Општината и е живот, дом и семејство, амбиент во кој живее. Сепак, како што вели самата, најголемата награда ми е кога некому нешто ќе помогнам или со нешто ќе го израдувам. Тоа е онаа човечка сатисфакција која сите не исполнува. Признава дека, по сплет на околности, имала привилегија во оп­штинската администрација постојано да биде до нејзините челници, од кои пак учела да биде точна, трпелива и исполнителна, што и да работела и за што и да се работело. Ако сте настојчиви, и ќе ви ги спомне: Јован Цубалевски, Никола Кацарски, Трендафил Ива­но­ вски, Сашо Кузмановски, Владимир Станковски, Андреј Петров... челниците на Општина на кои им била десна рака, а кои и во Општината и на неа оставиле неизбришлива трага.Но, сепак со посебен пиетет го спомнува легендарниот Трифе, нашиот и нејзиниот Трифун Трифуновски, бардот со најдолг функциионерски стаж во Општината. Данче признава дека слабост и бил градоначалниокот Андреј Петров, а сегашниот свој шеф, Стевчо Јакимовски го смета за инспиратор и реформатор на општинската администрација, со која на чело, во два мандата ги дели маките и ловориките, среќна што нејзиниот Карпош е знаменосец на локалната самоуправа во државата.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

М. Р.-В.Ц. ОПШТИНА КАРПОШ

23


Хуманитарни акции НОВ КРВОДАРИТЕЛЕН РЕКОРД ВО КАРПОШ

Дoнирани 348 единици крв

О

пштина Карпош повторно го собори рекордот во доброволно дарување крв. Имено во акцијата по повод јубилејот-35 години Карпош, која беше организирана на 27 и 28 октомври, беа собрание 348 крвни единици, што е најдобар резулатат од сите акции постигнати годинава. Ова ни го потврдија и докторите од Институтот за трансфузиона медицина д-р Горан Андонов и д-р Елена Ристовска, кои искажаа задоволство од одзивот на карводарите-

24

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

ли до Општина Карпош, каде традиционално се одржуваат мошне успешни акции од страна на Секторот за развој. Во акцијата која ја организираа заеднички Општината, Црвениот крст на Македонија и Институтот, на две локации во Карпош ( во старата и во новата општина) имаше и 45 првократни дарители што е извонреден успех,а 55 потенцијални дарители беа одбиени од разни причини.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Хуманитарни акции

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

25


Хуманитарни акции

Да не ја заборавиме

СОЛИДАРНОСТА

„Општина Карпош е општина на солидарноста, изградена во 1963 непосредно по земјотресот, од средствата на тогашната југословенска и светската заедница. Токму затоа Општината, поточно нејзините граѓани не смеат да заборават да бидат солидарни кон своите сограѓани кои се нашле во зоната на социјален ризик и кои немаат доволно средства да го прехранат своето семејство“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски пред супермаркетор „Веро“ во Тафталиџе, кога на „солидарниот штанд“ донираше продукти во рамки те на хуманитарната акција на Општина Карпош „Да бидеме солидарни со своите сограѓани“. „Вакви акции, рече Јакимовски, Општината организира три пати годишно, а оваа која ќе тече денес и утре низ 14 супермаркети кои се на територијата на Карпош, е по повод јубилејот 35 години од постоењето на Општина Карпош. Тој ги повика сите граѓани кои пазарат да донираат нешто за сиромашните соседи. Вообичаено при вакви акции се донираат прехранбени продукти и хигиенски средства за едномесечна употреба на едно четиричлено семејство, рече Јакимовски. Акцијата продолжи пред маркетите на „Веро’, „Тинекс“, „Тедико“, „Кам Маркет“, СПМаркет и другите поголеми маркети во Општина Карпош. В.Ц.

26

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Како славиме

Марко Кривокапиќ победник на шаховскиот турнир во Карпош

Со врачување на пехари и парични награди за победниците, како и дипломи за сите уесници, во Карпош заврши дводневниот меѓународен шаховски турнир, организиран во чест на роденденот на Општината. Турнирот кој се одржа по повод јубилејот се играше два

дена, и беше составен од два дела:првиот –аматерскиот дел и вториот кога се натпреваруваа шахисти -професионалци по т.н. швајцарски модел. По првиот ден на кои настапија 48 натпреварувачи, првото место го освои Сашо Ефтовски, второт му припадна на Агим Шемшиу, а трето-

то на Зоран Мукаетов. Во натпре­ва­ру­ва­њето на шахис ти-професионалци настапија 43 учесници, а победник во овој дел на турнирот беше интернационалниот мајстор Марко Кривокапиќ од Црна Гора, второто место му при­ падна на велемајсторото Зоран Станојоски и третото на Филип Панчевски. По повод победите на овој турнир, во наградите на првопласираните свечено им ги предаде градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски,кои им честиташе на успехот и ги повика на повто­рна средба на друг нареден шаховски турнир во Општината. Тој му врачи пехар и на најмладиот чесник на турнирот Никола Николовски од Скопје. В.Ц.

Кумановци го освоија годинешниот „СОКОЛ“ „Дали Пом“ (Куманово) е годинешниот освојувач на трофејот на „Сокол“.на XIV-тиот турнир во мал фудбал „Сокол 2011“.Четири најдобри екипи, си ги одмерија силите во полуфиналето и тоа: „Дали Пом“ (Куманово) – „Сук Импекс“ (Скопје) 2:0 „Црна Река“ (Кавадарци) – „Жито маркети“ (Велес) 5:4. Во пресметката за третото место меѓу „Сук Импекс“ (Скопје) – „Жито маркети“ (Велес ) 1:0 поуспешно беа скопјаните и заслужено се најдоа на пиедесталот. Најфер плеј-екипа „Жито марке-

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

ти“ (Велес) Најдобар играч – Зоран Левески („Дали Пом“) Најдобар стрелец – Драган Петровиќ „Дали Пом“ Најталентиран млад играч – Драган Петровиќ „Дали Пом“ Најдобар голман – Берат Јакупи „Сук Импекс“ Оваа година за прв пат во рамките на турнирот „Сокол“ се одржа и „Јуниор куп“ на кој настапија дечиња до 12 години. Во малото финале се сретнаа екипите на „Петлиња“ и „Форца“ каде што поуспешни беа „Петлиња“ и заслужено го освоија провото место на „Јуниор купот Сокол 2011“.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

27


Образование Стипендирани талентирани ученици за учебната 2011/2012 од општинските основни училишта Еден од слоганите по кој се препознава Општина Карпош е „Карпош има иднина“. А иднината на Карпош се младите.Токму затоа тие го заземаат централното место во речиси сите планови, планирања, манифестации и активности на Општината.

Општината, од друга страна пак, знае да мисли на нив и да се грижи за нив.Пред се да ги поддржува во нивниот напредок и развој. Токму затоа Општината востанови годишни стипендии за најталентираните ученици кои имаат докажан успех во раз-

лични сфери од образованието. Тоа се ученици од седмо и осмо одделение од сите десет основни училишта кои функционираат на територијата на Карпош. Педесеттина од нив и годинава се добитници на стипендии за талентирани ученици.

I КАТЕГОРИЈА 3500,00 МоникаЃеорѓиевска Ѓеорѓиевска Моника ИванМанасов Манасов Иван ЛеонШулајковски Шулајковски Леон ЈованаЦониќ Цониќ Јована АлексејШулајковски Шулајковски Алексеј ТеодораЈолаковска Јолаковска Теодора ТамараЃорѓиева Ѓорѓиева Тамара ТамараТодорова Тодорова Тамара КристинаСимовска Симовска Кристина ТијанаДодов Додов Тијана ИвонаАпостоловска Апостоловска Ивона АндрејТасев Тасев Андреј

Вера Циривири Вера Циривири Петар Поп Арсов Петар Поп Арсов Петар Поп Арсов Владо Тасевски Владо Тасевски Димо Х.Димов Војдан Чернодрински Јан А.Коменски Лазо Трповски Лазо Трповски

II КАТЕГОРИЈА 2500,00 Мила Гроздановска Моника Ѓеорѓиевска Вера Циривири Марија Бошковска Иван Манасов Петар Поп Арсов Роберт Јованов Леон Шулајковски Петар Поп Арсов Сара Поповска Јована Цониќ Петар Поп Арсов Стефан АлексејБожиновски Шулајковски Аврам Писевски Андреј Божиновски Теодора Јолаковска Аврам Писевски Моника Тамара Фиданчевска Ѓорѓиева Владо Тасевски Наталија Сотировиќ Владо Тасевски Тамара Тодорова Филип Велков Кристина Симовска Владо Тасевски Тијана Јанковска Тијана Додов Владо Тасевски Емануел Николиќ Ивона Апостоловска Христијан Т.Карпош Љупка АндрејНамичева Тасев Димо Х.Димов Владимир Тасевски Димо Х.Димов Ирена Дојчиновска Димо Х.Димов Ања Велкова Димо Х.Димов Леонид Танасковиќ Братство Хава Хусени Братство Јована Кртолица Војдан Чернодрински Бојан Ѓорѓиоски Јан А.Коменски Софи Лазовска Јан А.Коменски Лазо Трповски Леон Гуцуљ Лазо Трповски Филип Кочовски

28

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

III КАТЕГОРИЈА 1500,00 Вера Циривири Бојан Столески Иван Манасов Петар Поп Арсов Михаела Стојановска Леон Шулајковски Петар Поп Арсов Кирил Петков ЈованаПетрушевски Цониќ Аврам Писевски Филип АлексејВасилевски Шулајковски Аврам Писевски Дамјан Теодора Јолаковска Катерина Kолчаковска Владо Тасевски Тамара Ѓорѓиева Владо Тасевски Ѓорѓи Јовановски Тамара Тодорова Анастасија Муратовска Владо Тасевски Кристина Симовска Владо Тасевски Ангела Стојчевска Тијана Додов Владо Тасевски Мирјана Димитриевска Ивона Петровска Апостоловска Димо Х.Димов Бојана Андреј Тасев Димо Х.Димов Викторија Лазова Димо Х.Димов Мартина Петревска Димо Х.Димов Ана Черепналковска Војдан Чернодрински Антоанета Гелевска Ј. А. Коменски Јана Чубриноска

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Образование: Литературен конкурс 2011

Поезиjа Прво место„Нашата општина“ Деана Андоновска –ООУ„Лазо Трповски“ Второ место „Мојата општина“ Тијана Лазаревска-ООУ„Аврам Писевски„ Трето место „35 ти роденден на мојата општина“ Тамара Ѓорѓиева- ООУ„Владо Тасевски“

Проза Прво место „Среќен 35 ти роденден моја општино Карпош“„ Наталија Сотировиќ –ООУ„Владо Тасевски“

Нашата општина Велат дека и порано убава била. Вардар на два брега-птица со две крила. Првата љубов се раѓала таму, И животот си течел оттогаш наваму. Но сега е сета како винижито Во бои сјајни и со изглед питом. Училишта нови, патишта амбуланти Игралишта за деца, клупи и зелени канти. Лете, кога светлата полека се палат И ко светулки ноќта ја галат Се слушаат нејзините весели звуци. Ќе ги одгледаме овде и нашите внуци! Општино моја, семејство големо мое! Во тебе живеат луѓе за кои нема мое и твое! Биди ми весела, биди ми здрава, Води не низ животот по патека права. Деана Андоновска VIII б одд.

Второ место „35 ти роденден на нашата општина“ Ангелина Цветковска- ООУ„Хриостијан Тодоровски Карпош“ Трето место „Среќен роденден Карпош“-Лео Кралевски ООУ„Вера Циривири Трена“

Квиз Финалисти ООУ Петар П оп Арсов ООУ Братство ООУ Владо Тасевски

Фотографија

Спот

Прво место Бојана Ѓорѓиева ООУ„Лазо Трповски“

Второ место Маја Соколовиќ и Емилија Јаневска ООУ„ Владо Тасевски“ Трето место Димитри Димовски ООУ „Владо Тасевски“ Наградена композиција Ангела Ѓорѓиева ООУ„ Владо Тасевски“ Наградена идеја Марио Ташковски ООУ„ Братство“

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Прво место учениците од ООУ Војан Чернодрински Второ место учениците од ООУ Лазо Трповски Трето место учениците од ООУ Димо Хаџи Димов Посебна награда учениците од ООУ Петар Поп Арсов

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

29


Вести

Бесплатно мерење на очниот притисок за граѓаните на Општина Карпош

Интернационалниот клуб „Добредојде Ма­ ке­ донија“ (Macedonia Welcome Centar) кој се наоѓа и дејствува на територијата на општина Карпош, заедно со „Систина – Офталмологија“ организираше акција за бесплатно мерење на очниот притисок, како и давање совети за грижа на видот. Околу 160 граѓани добија бесплатно мере­ње на очниот притисок и проверка на видната функција од страна на медицинската екипа на „Систина – Офталмологија“. Од прегледаните пациенти кои беа на воздраст над 45 години, околу 20% им се утврдија вредности на висината на очниот притисок, кои бараат итна или задолжителна контрола и посета кај специјалист офталмолог, 10% од пациентите имаа веќе дијагностицирани проблеми со очите со кои истите веќе беа запознаени и добија совети за понатамошно лекување и хируршко решавање на болестите. Oстанатиот дел од пациентите беа информирани како и со какви оптички помагала можат да си го подобрат видот.

Заврши обуката за прва помош и пожари Со обука за укажување на прва медицинска помош и правилно ракување со противпожарни апарати и хидранти за брзо и навремено локализирање на почетни пожари, (овој пат одржана за вработените во администрацијата), во просториите на Општина Карпош завршија предвидените обуки спроведени од страна на фирмата „Хелиум ДОО“. Имено, станува збор за обуки кои се составен дел од Програмата за работа на Одделението за заштита и спасување на граѓани и материјални добра 2011 год, а според Законот за заштита и спасување се обврска на секоја општина, да ги спроведе меѓу утврдени целни групи кои поседуваат вакви апарати. Обуката се спроведе од 19. 9. – 27. 9. 2011 год. на седум локации, при што беа обучени околу 250 вработени и тоа оние од општинската администрација, како и вработените од основните училишта и детските градинки кои работат на подрачјето на Општина Карпош. Сите учесници на обуката потоа добија сертификати од фирмата обучувач, за ракување со апаратите и првата помош.

„НЕ“ за зонско паркирање во „Лептокарија“ Граѓаните од станбениот дел на ТЦ „Карпош 3“ се изјаснија: „Не“ за зонското паркирање во овој дел од општината. Имено, на 21 септември беше спроведена анкета во ТЦ Карпош 3 (Лептокарија) која требаше да го покаже расположението на станарите од тој дел на општината околу воведувањето на т.н. зонско паркирање. Анкетата ја извршија заеднички екипи на ЈП “Градски паркинг” - Скопје и Општината Карпош, а беа анкетирани сите станари кои беа во своите домови во периодот од 18 до 20 часот. Петте екипи од по два члена (претставник на Општината и претставник на Градски паркинг) добија пополнети 192 анкетни листа. Резултатите од анкетата недвосмислено покажаа дека мнозинството на граѓани кои живеат на таа локација не сакаат воведување на зонско паркирање, односно 62,5% гласале „против“, а 37,5% биле „за“.

30

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Вести

„Од цвет на цевет, со оро и песна“ XV-от јубилеен Меѓународен детски фолклорен фестивал „Од цвет на цевет, со оро и песна“ кој традиционално се одржува во Општина Карпош,оваа година, беше единствен по многу нешта. Покрај децата–играорци од Унгарија, Полска и Србија учествуваа и повеќе од десетина фолклорни друштва од Македонија кои го збогатија јубилејот. Годинава за прв пат фолклорните ансамбли одржаа концерти во самите училишта во Карпош, при што ги посетија училиштата „Петар Поп Арсов“ и „Јан Амос Коменски“. На тој начин младите фолклорци, на самото место, пред своите другарчиња ја презентираа својата национална култура и традиција, а и повеќе се зближија и дружеа со своите врсници.

Донација на прва помош и противпожарни апарати Општина Карпош, во сите основни училишта и детски градинки на нејзиното подрачје, донираше 35 комплета нови ормани за прва медицинска помош целосно опремени со медицински материјал и 35 противпожарни апарати. Донацијата е обезбедена со финансиски средства од буџетот на Општината, во висина од 200.000 денари, и е заснована врз барањата на Законот за заштита и спасување, со цел за квалитетно овозможување на прва медицинска помош и противпожарна заштита во посебни пригоди кога за тоа ќе се укаже потреба. Исто така, Општина Карпош почна со замена на старите и дотраени противпожарни апарати (постари од 25 години) во основните училишта и детските градинки. Во првата фаза се набавени нови 35 противпожарни апарати за оние места каде што се најнеопходни, односно први кои ќе се заменат се оние што ги посочи овластената фирма за противпожарна заштита, а во наредните години постепено ќе се заменат сите дотраени апарати. Поради дотраеност се набавени и пет комплета хидрантски црева со млазница кои исто така ќе се донираат во институциите каде што за тоа има најнужна потреба.

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Се одржа петтата по ред Меѓународна ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Традиционално, мла­­ди сликарски таленти од десетте основни училишта во општина Карпош и од петте пријателски и збратимени општини на Општина Карпош: Нов Белград – Белград, Три­ ја­дица – Софија, Тиват – Црна Гора, Стари град и Травник од БиХ, какои од Словачка учествуваа на ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ .Околу 20 млади сликари од училиштата од Карпош и 15 од странство сликаа со акрилни бои на платно мотиви од манастирот „Св. Пантелејмон“ и од другите културни знаменитости на градот Скопје. Младите уметници своите платна ги поставија во Т.Ц.Лептокарија. Колонијата ја прогласи за отворена, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече дека „Карпош постојано инвестира во својата иднина, а нејзината иднина се токму младите. Општината во секое време е подготвена да ин­вестира во ентузијазмот и на професорите по ликовна уметност и во младите таленти, а како доказ за тоа е организирањето и оп­сто­ју­вањето токму на оваа ликовна колонија која од година во година добива на масовност, но и на квалитет.“

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

31


Спорт Стартуваа десеттите училишни спортски игри „Карпош 2011“

Во преполната сала „Форца“ во Тафталиџе, во која присуствуваа над 1.000 деца од сите основни училишта на територијата на Општина Карпош, на 14-ти октомври официјално стартуваа јубилејните, десетти по ред, училишни спортски игри „Карпош 2011“. Училишните спортски игри, кои веќе трета година прераснаа во лига натпревари, ги прогласи за отворени градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода рече: „Оваа година очекуваме најмасовен одѕив и учество на околу 450 деца, ученици во десетте

основни училишта на општина Карпош и од приватното училиште ,Нова‘. Очекуваме темпераментни и фер борби, кои кај младите ќе го разбудат натпреварувачкиот спортски дух, желбата за победа но и искуството да поднесат спортски пораз. Ги поканувам годинешните предизвикувачи во трите спорта, од сите десет училишта од Карпош и од ,Нова‘, да се обидат да ги победат ланските шампиони во фудбал и во одбојка-девојки – ОУ ,Петар Поп Арсов‘, и во кошарка ОУ ,Владо Тасевски‘“, порача Јакимовски. Со дуелот меѓу „Петар Поп Арсов“, минатогодишниот победник на лигата во фудбал, екипата на „Владо Тасевски“, пред вжештена навивачка атмосфера на фудбалските фанови од Карпош се одржа и првиот натпревар од годинешнава училишна лига. Инаку, натпреварите годинава се збогатени и со вклучување во игрите и на најинтелигентниот спорт – шахот. Училишните спортски игри, на кои ќе настапат 38 екипи, ќе се одржат во два турнуси, есенски и пролетен дел, и ќе траат до крајот на учебната година.

Томи Јаневски на Европското првенство во пинг-понг „Сплит 2011“ Општина Карпош во целост го финансираше настапот на Томи Јаневски на Европското првенство во пинг-понг „Сплит 2011“ за лица со посебни потреби. Ова официјално беше соопштено на конференцијата за печат која се одржа по повод заминувањето на Томи Јаневски на овој меѓународен спортски настан. Општина Карпош во континуитет ги поддржува лицата со посебни потреби, како и спортистите, а токму тоа е и случајот со Томи Јаневски со кој соработува со години како преку невладиниот сектор така и преку поддршката во неговите спортски настапи.,изјави во таа пригода градоначалникот на Карпош. Во тој контекс, Општина Карпош издвои од својот буџет средства од околу 1200 евра за неговото учество на Европското првенство во Сплит кое се одржа од 19-23 октомври. „Со ова како Општина сакаме да дадеме целосна поддршка и поттик на лицата со посебни потреби да го негуваат спортскиот дух што придонесува да го подобрат нивното психофизичко здравје“ изјави Јакимовски. Инаку, Томи Јаневски од неодамна е и вработен во Општината. „Јас сум еден од тројцата претставници на Република Македонија на Европското првенство во пинг-понг во Хрватска.

32

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

Се натпреварувам во најтешката категорија со натпреварувачи од 31 земја рангирани во 11 категории. И се заблагодарувам на Општина Карпош која ме поддржа како нејзин граѓанин во текот на подготовките и настапот на ова првенство. Јасу сум борец и ветувам дека ќе се обидам што подобро да се пласирам. Евентуалното освојување на медал за мене ќе значи и директен пласман на параолимпијадата во пинг-понг“, изјави Јаневски.

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Спорт

Ги следиме успешните спортисти Општина Карпош е докажан поддржувач на спортот и спортистите, како во индивидуалниот, така и во масовниот спорт. Токму затоа секоја година Општината од сопствениот буџет издвојува значителен дел од средствата за финансиска поддршка на младите спортисти.Тие се нашиот најдобар амбасадор и достоинствено ја претставуваат земјата и општината ширум светот. Тие се и најдобриот учител на сите млади поколенија како преку спортскиот дух што го носат во себе, во победа и во пораз, така и со примерот за здраво живеење и пријателско дружење. Во таа насока, и годинава Советот на Општина Карпош додели едногодишни стипендии на талентирани спортисти и финансиска поддршка на спортски клубови од територијата на општината.

М А Т Е Р И Ј А Л Н А СПОРТСКИ КЛУБОВИ 2011/12 К.К.„Карпош Соколи 2000“ „Херкулес“ Клуб за фитнес и боди билдинг Академија за тенис „Крстевски“ Пливачки клуб „Карпош“ К.К„Водњаски лисици“ Мото Клуб „Сакамото“ Ф.К. „Локомотива“ Ф.К. „Лепенец“ Одбојкарски клуб „Вардар“ Одбојкарски клуб „Вардар“ (ж) Одбојкарски клуб „Форца“ Шаховски клуб „Карпош“ Пливачки клуб „Акватик“ Ракометен клуб „Велкова 5“ Шаховски клуб „Гамбит Асеко“ Ф.К.„ Алумина“ Пинг-понгарски клуб Влае

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

П О Д Р Ш К А

СПОРТИСТИ ПОЕДИНЦИ 2011/12 Кошарка Павел Јосифовски Филип Бакоч Џудо Омер Сулејмани Карате Сандра Јанева Никола Димитријевиќ Сара Радичевска Мери Радичевска Марко Секуловски Емануел Ристевски Сара Гичевска Симона Заборска Моника Стефановска Пливање Деа Калајлиовска Јаков Јованов Вања Јованова Ева Барамачева Константин Битраков Дамјан Петровски

Сандра Иванова Стефан Јакимовски Стефан Стојановски Планинарење Илија Циривири Боди Билдинг Александра Маџаровска Бадминтон Ведран Здравковски Деа Здравковска Марко Накиќ Васил Пујовски Драгана Волкановска Ирина Јанкуловски Христијан Волкановски Тенис Ивана Тасевска Давид Мицевски Одбојка Бисера Ристевска Ивана Пејовска

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

Картинг Ристо Вуков Атлетика Стојановски Александар Пинг понг Јулија Весковска Магдалена Ташковска Тријатлон Стојан Поповски Скијање Антонио Ристевски Фудбал Тодор Николовски Давид Петковски Тријатлон Симона Терзин Кикбокс Александар Стојковски Ракомет Никола Даниловски

ОПШТИНА КАРПОШ

33


Еколошка акција

Есенско чистење на Карпош

Општинската администрација на Карпош, роденденот го прослави, покрај другото, и работно со есенско чистење на општината.Притоа се собираа отпадоци, лисја, искршени гранки во тревнатите површини, по улиците,под зградите, во училишните дворови. Во акцијата беа вклучени 150 вработени во администрацијата на локалната власт,распоредени во 15 работни групи. во акцијата беа опфатени урбаните заедници: Влае 1 и Влае 2, Карпош 3 и Карпош 4 и Тафталиџе 2, Карпош 1 и Карпош 2, Тафталиџе 1, „Владо Тасевски“,„Пецо Божиновски Кочо“, „Кузман Јосифовски Питу“ и Нерези.

34

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ


Анкета НАТАША ЛОПАРСКА

Општината ни е според европски стандарди Убаво е што ми давате прилика јавно да го изразам она што го чувствувам и мислам за урбаниот амбиент во кој живеам речиси четири децении. Според мое мислење Општина Карпош е сосема блиску до европските стандарди на една модерна заедница на локална самоуправа. Јас тоа би го појаснила со следниве зборови: „Нашата Општина, во секоја смисла го одразува моето сфаќање како треба да изгледа еден урбан амбиент примерен на потребите на секој граѓанин. Партиски не сум определена, но му ги упатувам сите комплименти на актуелниот градоначалник бидејќи знам дека сите работи во една општина, добри или лоши, зависат од челниот човек на Општината, секако со комплетна поддршка, разбирање и почит од граѓаните кои живеат во истата”. АМИД АЛИЕВ, ПЕНЗИОНЕР

Поубаво, здравје

Јас во Општината, овде во населбата Нерези живеам од 1949 г. и не можам да се пожалам на ништо. Ние, овде отсекогаш живеевме убаво, а сега многу работи се променија на подобро. Ги асфалтираа улиците, направија убави тротоари, а гледам дека многу се работи околу обновување на училиштата. Што друго да ви кажам, освен дека од ова нема поубаво во смисла како ни е уредена Општината. За нас пензиоерите не е лошо, пензиичката е редовна и се живее и да се надеваме дека ќе биде уште подобро. ВЛАДО ЈОВЧЕВСКИ, ПЕНЗИОНЕР

Ние сме европска општина Сметам дека не е фалење ако се каже дека нашата Општина е најубава на територијата на град Скопје. Впрочем, за тоа дека Општината Карпош урбано е најсредена веќе се зборува и се знае во цела Македонија. Имаме среќа што за градоначалник го имаме г. Стевчо Јакимовски. Некои го критикуваат, некои му завидуваат, имаат и забелешки за некои работи, но ако зборуваме реално тоа што тој во своите два мандати го направи, може да се види на секој чекор. Лично сметам дека локалната самоуправа треба малку поопстојно да се позанимава со ситни комунални работи сврзани за фекалната канализација, конкретно на нашата зграда овде во Тафталиџе. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11

СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011

ОПШТИНА КАРПОШ

35


ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН КАРПОШ

Karpos Urban 11  

Javen Vesnik na Opstina Karpos

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you