Page 1

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ “ – СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

АНАЛИЗА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ГРАДБИТЕ И УТВРДУВАЊЕ ПОКАЗАТЕЛИ ЗА НИВНА ОДРЖЛИВОСТ

Драги Ристески, студент на II циклус студии при ФЕИТ, вработен во АД МАКСТИЛ, Скопје, проф. д-р Христина Спасевска, ФЕИТ - Скопје проф. д-р Влатко Стоилков, ФЕИТ - Скопје


Вовед

 Светот се соочува со проблемите на одржливиот развој кој се наметнува

како најважна глобална тема на сите светски собири поврзани со енергетиката, екологијата, економијата и стопанството во целина.

 Зголемувањето на енергетската ефикасност и примената на обновливи

извори на енергија представуваат важен дел од сите стратегии на глобално и национално ниво.

 Градбите представуваат најголем поединечен потрошувач на енергија,

со тенденција на пораст, а во функција од порастот на стандардот и потребите на населението.


Енергетска ефикасност на градбите

 Главната цел: трајно намалување на потрошувачката на енергија, кај

новите градби (преку нов начин на проектирање и користење на современи градежни материјали), и кај постоечките градби преку правилна реконструкција.  Енергетската ефикасност на градбите е една од технолошки најмалку зависните и најисплатливите методи за смалување на потрошувачката на енергија и намалување на емисијата на штетни гасови.


Анализа на енергетските карактеристики кај градбите  Во градбите енергијата се користи за различни потреби, најчесто се користи:  Топлинска енергија за греење на просторот и загревање на вода;  Електрична

енергија за погон на разладни уреди, топлински пумпи и вентилатори, пумпите од системот за греење, вентилација и климатизација;  Електрична енергија за осветлување;  Електрична енергија за останатите уреди (канцелариска опрема, лифтови, кујнски уреди, електронски уреди и сл.);  Секундарна топлинска енергија (перални, кујни, стерилизација и сл.).  Структура на потрошувачката на енергијата во градбите:  Потрошувачка на енергија за греење, во зависност од климатските околности,

варира од 30-60%,  Потрошувачката на енергија за ладење варира од 3 - 10%,  Потрошувачката за загревање на вода изнесува 10-25%, а за готвење 5-10%,  Потрошувачката на електрична енергија за осветлување изнесува 10-25%, а за останатите нетоплински потреби уште околу 15%.


Евалуација на ефикасноста на потрошувачката на енергија  Индикатор за енергетска ефикасност - годишна потрошувачка на енергија

по корисна единица на грејна површина (се користи и терминот енергетски број или енергетска карактеристика).  Ваквиот индикатор се користи за: • Евалуација на ефикасноста на потрошувачката на енергија во постоечките

градби, земајќи ги предвид состојбите на нивните обвивки, ефективноста на техничките системи и навиките на корисниците; • Следење и проценка на ефектите од спроведените мерки на енергетска ефикасност; • Компаративна анализа со други градби за иста или слична намена; • Проценка на идните енергетски потреби кај новите градби при нивното проектирање  Енергетската карактеристика се означува со Е, и се изразува во kWh/m2

годишно.


 Енергетската карактеристика кај градбите:

E = EGR + EPTV + EO

EGR - енергатскиот број за греење на просторот EPTV – енергетски број за подготовка на топла вода ЕО – енергетски број за останатата техничка опрема  За евалуација на енергетската ефикасност кај градбите најчесто се користи

специфичната годишна потребна топлинска енергија за греење. Енергетска класификација на енергетска ефикасност кај градбите: Енергетска класа

Специфична годишна потребна топлинска енергија за греење EGP kWh/m2 год

А+

≤15

А

≤25

B

≤50

C

≤100

D

≤150

E

≤200

F

≤250

G

>250


Утврдување на показатели за одржливост на градбите  Утврдувањето на показателите за одржливост на градбите се базира на

принципите на одржливиот развој, развој што ги задоволува потребите на денешницата на начин кој не го попречува задоволувањето на потребите на идните генерации.  Одржливоста на градбите се обезбедува преку: • правилен избор на топлинска заштита, • правилен избор на локација и ориентација на објектот, • со користење на енергетски ефикасни системи за ГКВ, и подготовка на топла

санитарна вода, • користење обновливи извори на енергија, • со ефикасна потрошувачка на електрична енергија.  Резултатот е одржливи градби кои се поудобни, поекономични за

одржување и со поголем животен век.


Топлинска заштита на градбита  Топлинската заштита ги намалува топлинските загуби во зима, односно

прегревањата на просторот во летниот период, и ја штити носечката конструкција од надворешните услови и јаките температурни напрегања.  На топлинската заштита влијае дебелината на слојот од топлинската

изолација и коефициентот на топлинска спроводливост.  Со подобрување на топлинско - изолациските карактеристики на

градбите може да се постигне намалување на вкупните топлински загуби за 50 до 80%.  Потрошувачката на енергија за греење и ладење значително може да се

намали со целосно топлинско изолирање на периферните делови од градбата (ѕидови, подови, кровови) и со промена на прозорците.


Споредба помеѓу неизолиран и изолиран ѕид


Топлински карактеристики на различни видови на стакла  Топлинските загуби преку прозорците обично се за 5 - 8 пати поголеми

отколку преку ѕидовите.  Кај прозорците важна улога има коефициентот на топлинска пропустливост

[U] изразен во [W/m²K].  На вкупните топлински загуби на прозорците влијае стаклото и прозорскиот

профил.


Локација, ориентација на објектот и влијанието на микроклимата  При изградба на објект, уште во почетната фаза при идејното проектирање,

потребно е да се предвидат и превземат сите неопходни мерки како би се добила енергетска ефикасна градба, при што неопходно е:  Да се изврши анализа на локацијата, ориентацијата и обликот на градбата;  Максимално да се искористат топлинските добивки од Сонцето и заштита од

прекумерна сончева радијација.  Идеалната ориентација: југ-југоисток, со што се добива 10-30% повеќе

сончево зрачење во однос на северната страна.  Правилно засадена вегетација може да ја намали потрошувачката на

енергијата за греење и ладење дури и за 25%.


Греење, вентилација и климатизација  Системите за ГВК се значаен дел од инвестициите во опрема кај градбите

а воедно се и најголем потрошувач на енергија.  Системи за греење  Локално греење  Централно греење  Далечинско централно греење  Системи за вентилација  Природна вентилација  Принудна (механичка) вентилација • Локална вентилација • Централна вентилација  Системи за климатизација  Локална климатизација  Централна климатизација


Подготовка на топла санитарна вода  Потрошувачката за подготовка на топла вода изнесува 10-25%,

од

севкупните енергетски потреби.  Енергетската ефикасност на системот за подготовка на топла вода зависи

од повеќе фактори, а најмноги од неговата изведба, волуменот и енергентот за загревање.  Системите за подготовка на топла вода, по својата изведба, се слични со

системите за греење на градбите и доста често се изведуваат и како еден заеднички систем.


Можности за примена на обновливи извори на енергија  Во градбите најчесто користена обновлива енергија е енргијата од:  Биомасата, Ефикасноста при согорувањето на биомасата се движи

од 70% во стандардни печки на дрва и брикети, до високи 90% во котлите на пелети.  Сонцето, Ефикасноста на претварањето на Сончевата енергија во

корисна се движи од околу 50% кај Сончевите колектори, 20% фокусирањето на Сончевата енергија и 10% кај фотонапонските ќелии. Со примена на Сончевата енергија во градбите потребите од енергија можат да се намалат дури за 70-90%.  Геотермалната енергија, Примената на геотермалната енергија кај

градбите може да биде: директна (за загревање на градбите) и индиректна (производство на електрична енергија и греење со геотермални топлински пумпи).


Потрошувачка на електрична енергија  Подобрувањето на ефикасноста на ЕЕС во градбите е потребно да се

бара како во снабдувањето (трансформатори) така и во финалната потрошувачка (електромоторни погони, осветлување, останатите електрични потрошувачи).  Електромоторните погони  Осветлување  Останати електрични потрошувачи


Заклучок

 Темелна анализа на енергетските карактеристи и правилно утврдување на

показатели – енергетски ефикасни градби.  Целта на енергетската ефикасност на градбите – воспоставување на

механизам за трајно намалување на потрошувачката на енергија.  Енергетска сертификација (енергетски пасоши) – најефективен механизам.  Република Македонија, ги следи нормативите и стандардите на ЕУ, но во

иднина, акцентот би требало да се стави многу повеќе на делот на нивна имплементација.

Анализа на енергетските карактеристики кај градбите и утврдување показатели за нивна одржливост  

Драги Ристески Христина Спасевски Влатко Стоилков

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you