Page 1

МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР СО МОДЕЛИ НА ЈПП

-со

фокус на ЕЕ и ОИЕ ЈПП проекти на општинско ниво

ЈПП во функција на: - модернизација на јавно осветлување - изградба и оперирање со дистрибутивни системи за природен гас

М-р Саша Максимовски

Ноември 2013 година, Карпош


Поимно дефинирање, 

Што е ЈПП?

Една можна дефиниција:ЈПП – е договор од финансиски интерес склучен помеѓу јавен и приватен партнер којшто за предмет има проектирање (дизајнирање), финансирање, изградба и одржување на инфраструктурни објекти, опремување и/или давање на услуги, од страна на приватен партнер со цел за вршење на одредена јавна услуга.

Форми на ЈПП  Договорно партнерство, и  Институционално партнерство Начела на ЈПП 

Доделувањето на концесијата/договорот за јавно приватно партнерство се врши во согласност со начелата на транспарентност, недискриминација, пропорционалност и ефикасност.


Диференцијација на поимите Финансирање на проекти и Проектно финансирање 

Традиционален модел на Финансирање и управување на проекти е форма на реализација на јавни проекти со обезбедување на средства добиени во рамките на проектната шема (Буџет, Програма) кои се обезбедени на база на политички одлуки на авторитети (Влада, Совет, УО) при избор на приоритет на проект. Проектното финансирање (project finance) и управување е насочено кон постигнување на целите и резултатите од проектот, базирајќи се на финансиските и економските ефекти од самиот проект, при што одржливоста и враќање на вложените средства се само и единствено од работењето на проектот.


ПРИКАЗ НА МНОЖЕСТВО НА ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА МКД ЈПП ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС СО ПОМОШ НА ВЕНОВ ДИЈАГРАМ

ЈАВНО – ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

ЈАВЕН ПАРТНЕР

ЈПП

РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТ

ДЕФИНИРАЊЕ НА УСЛОВИ

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА

ЕВАЛУАЦИЈА ПОДГОТОВКА НА ДОГОВОР

ПРИВАТЕН ПАРТНЕР

М О Н И Т О Р И Н Г

Д О Г О В Р

ФИНАНСИСКИ СПОСОБНОСТИ Р И З И Ц И

ТЕХНИЧКИ СПОСОБНОСТИ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ ЗНАЕЊЕ ИНОВАТИВНОСТ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ......


Вообичаена структура на Проектно финансирање Изградба

Управување и одржување Договор за управување и одржување

Договор за градба

Енергија, вода, суровини, опрема, репроматерјал итн.

Концесионен договор

Компанија со посебна намена (СПВ)

Добавувачи Капитал 100%

Јавен партнер

Дивиденда Банкарска гаранција

Вложувач (и)

Правен советник

Кредит

Отплата на кредит

Банка аранжер

Група на банки

Поими: Финансирање на проекти и Проктно финансирање

Корисници

Трансакциски Советници -Финансиски -Правник -Независен инг. -Осигурување -Истражување на пазар


Степени на стекнување на права и сопственост меѓу ЈП и ПП Долгорочна сопственост

Краткорочна сопственост

Ниво Делумна сопственост

Користење на ресурси

Давање на услуга

Д О Г О В О Р и

Л И З И Н г

З А Е Д Н И Ч К И В Л О Ж У В А Њ А

К О Н Ц Е С И и

П Р И В А Т И З А Ц И Ј А


Законска рамка за ЈПП, ЕУ и Р.Македонија! 

ЕУ Регулатива: Зелената книга од 2004 година, а се донесени и

Македонска регулатива:

четири Директиви со кои се регулира ЈПП , а тоа се: Works Directive (93/27/EEC), Supplies Directive (93/36/EEC), Services Directive (92/50/EEC) te Utilities Directive (93/38/EEC). Исто така во 2003 година се донесени и препораки за успешни ЈПП-а (Guidelines for Successful Public-Private Partnerships). Стар, Закон за концесии и други видови на ЈПП (Сл.Весник на РМ бр.7/2008, 139/2008, 64/2009 и 52/2010)....... Нов, Закон за Концесии и ЈПП (Сл. Весник на Р. М, бр.6 од 13.01.2012 година)

Правниот основ за доделување на Договор за воспоставување на

ЕЕ ЈПП проекти се обезбедува во Законот за ЈПП (1), Законот за енергетика (2), Законот за локална самоуправа (3) и Законот за Град Скопје (4), како и важечките правилници, уредби и други подзаконски акти кои се составен дел на наведените закони.


Можности за развивање на ЈПП проекти Согласно законот ЈПП може да се воспостави како: концесија за јавна работа или концесија за јавна услуга или договор за јавна набавка на работа или договор за јавна набавка на услуга. При што: приватниот партнер ја презема обврската да обезбеди јавна услуга за крајните корисници во области од надлежност на јавниот партнер со цел за исполнување на обврските, приватниот партнер може да преземе обврска да: - финансира, дизајнира, изгради и/или реконструира/реновира објект на јавна инфраструктура, работи и одржува нов објект и/или реконструиран/реновиран објект на јавна инфраструктура или - користи, управува и одржува постоен објект на јавна инфраструктура или која било комбинација на горе наведените обврски се додека комбинацијата на тие обврски е со цел за исполнување на целите. Кога приватниот партнер или концесионерот основа ДПН, јавниот партнер или концедентот, договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство или договорот за концесија на добра од општ интерес може да го склучи со ДПН.


Опфат на области и видови на на ЈПП проекти, национално и општинско ниво! Национално ниво

Општинско ниво

Носител Влада и владини институции (Агенции, ЈП и сл.) Видови на ЈПП проекти по области: (1) Автопатишта, (1) Аеродроми, (1) Јавни објекти-установи

Носител Општина и институции

(медицински и образовни, социјални, културни и други центри од национално ниво),

(2) Регионални депонии, (2) Хидроцентрали, и (2) Концесии на минерално богатство и др. (1) Права (2) Природни ресурси

(ЈП)

Видови на ЈПП проекти по области: (1) - Изградба на јавни објекти (училишта, детски градинки, домови за стари лица и др. од локална надлежност),

- Јавно улично осветлување, (1) - Дистрибутивни системи за природен гас, (1) - Загревање и ладење на јавни објекти,и (1) - Останати комунални услуги. (1)

(1) Права


Синергија на ЈПП Проектен циклус  -

-

Во зависност од ЈПП проектот кој може да биде: Вертикален [1] кој се реализира во рамките на една институција на пр. општина или Хоризонтален [2] кој се реализира во рамките на повеќе институции општина, министерства и сл. ќе влијае и начинот на управување со процесот. JPP проектниот тим или Комисија за спроведување на постапка треба да биде со луѓе од повеќе надлежни сектори или иституиции и надворешни експерти со цел да се изврши координација и да се сосдаде синергија во спроведување на ЈПП проектниот циклус.


Придобивки од ЈПП проекти, економски и финансиски! Финансиски придобивки - Намалување на буџетските трошоци, - Намалување на буџетскиот дефицит, - Зголемено искористување на буџетските приливи, - Намалени трошоци за камати, провизии и слични давачки во случај на заеми или задоцнети плаќања, -Намалени трошоци за одржување, иновации и воведување на нови технологии, -Намалувањето на трошоците за инвестиции со примена на проектно финансирање, - Намалени трансакциони трошоци, - Намалени амортизациони трошоци, и други трошоци во зависност од видот на ЈПП проектот.

Економски придобивки - Зголемен квалитет на јавни ислуги, - Подобрување на капацитетот на јавниот сектор за развој на интегрирани решенија, -Олеснување на развојот на процесот на креативни и иновативни решенија, -Намалување на потребните трошоци и време за реализација, -Трансфер на ризиците во рамките на ЈПП, -Привлекување сериозни компании со капацитет и потенцијал или конзорциуми, -Пристапот до нови технологии, вештини и искуство,


Основни Чекори за спроведување на постапка за воспоставување на Договор за ЈПП   

     

Изработка на Физибилити Студија, Одлука за започнување на постапка за ЈПП, Формирање на Комисија за спроведување на постапка за ЈПП, Изработка на тендерска документација, Објавување на јавен повик закон за ЈН, Евалуација на понудите, Предлог за избор на ПП и Одлука за Избор, Потпишување на Договор за ЈПП. Инвестиција (Io) и ОПЕРАТВЕН ПЕРИОД..... На Договор за ЈПП


Основни елементи на Физибилити Студија за воспоставување на Договор ЈПП Техничка анализа

Економска анализа

Финансиска анализа

Влијание врз животна средина

Физибилити Студија

Анализа на ризици Правна анализа

Врз основа на: УРЕДБАТА ЗА СОДРЖИНАТА НА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ОПРАВДАНОСТ НА КОНЦЕСИЈАТА НА ДОБРА ОД ОПШТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ЈАВНОТО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО од член 16 став 3 од Законот за концесии и ЈПП („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2012)

Избор на ЈПП Модел Спроведување на постапка


Клучни фази за ЈПП проектен циклус, јавни објекти и

за ЕЕ инвестиции во јавни енергетски услуги (ЕПС)


ЕЕ - ЈПП концептни МОДЕЛИ,

базирани на енергетски заштеди!

Во пракса можат да се развијат неколку ЈПП концепти и тоа: а) ПП да финансира и обезбедува загарантирани заштеди, што значи дека ПП ги презема финансиските и перформанс ризиците од заштедите го исплаќа инвестицијата. б) ПП ги презема перформанс ризиците, а клиентот (општината) е одговорна за финансирањето. в) ПП и ЈП заедно се задолжуваат и на база на енергетските заштеди од намалените трошоци се исплаќа камата и амортизира долгот се до целосна отплата на инвестицијата. г) ПП управува со енергијата и ЈП му плаќа за да обезбеди енергија на услуги (греење, ладење, осветлување) и заштеди и од заштедите го исплаќа ПП.


ЕЕ - ЈПП концептни,

за јавно осветлување!

Генерално постојат два концепта за развој на ЈПП од каде во пракса можат да се произведат голем, број на варијанти за модел на ЈПП.

Концепт 1 - Станува збор за еден вид на кредитирање каде општината како јавен партнер на инвеститорот/приватниот партнер му плаќа фиксен месечен надоместок за извршената реконструкција, односно модернизација на инсталацијата и замена на ел.светилки и за одржување на јавното осветлување, а потрошената ел.ен. ја плаќа општината, но се користи знаењето на ПП. Концепт 2 - Се дава можност на приватнот партнер сам да ја плаќа потрошената електрична енергија за јавното осветлување доколку за тоа се согласи ЕВН, со тоа што овде ќе биде заинтересиран заштедата да биде што поголема што во крајна линија е и основната цел на овој проект (колку е поголем процентот на заштеда на ел. ен. толку е пократко времето на враќање на целата инвестиција ), а општината за извршената реконструкција на јавното осветлување и понатаму за одржувањето да му плаќа фиксен месечен надоместок (кој опфаќа рата за извршената реконструкција и за одржување на истата).


Модели на ЈПП проекти, алтернативи за јавно осветлување! 

Алтернатива ``1`` - ги опфаќа инвестициите на проектот за модернизација на системот на јавното осветлување, која може да се реализира со Законот за јавна набавка кога проектот би се реализирал со средства од општината, значи буџетски средства или ЈПП потфат со Закон за Концесии и ЈПП. Алтернатива ``2`` - го опфаќа одржувањето на јавното осветлување, а тоа значи дека претходно е потребно да се реализира инвестицијата во Io – година за која пак се потребни буџетски средства и се повторуват истите проблеми со финансирање на инвестицијата, како во претходаната алтернатива. Алтернатива ``3`` - ги опфаќа претходните две алтернативи како збир од 1 и 2 алтернативите со сите нивни слабости кои се опишани погоре. Алтернатива ``4`` - го опфаќа проектирањето, инвестиции, одржување и развој. Оваа алтернатива е изводлива единствено со спроведување на процедури во согласност со Законот за Концесии и ЈПП.


Пример:Модернизација на системот за јавно осветлување, преку проектирање, инвестиции, оддржување и развој во Општина Чаир Со модернизацијата на јавното осветлување се опфатени активности кои се поделени во следниве компоненти:  К1. Замена на постојните светилки за јавно осветлување енергетски ефикасни светилки т.н. штедливи ЛЕД светилки, со што значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија до минимум 60%,  К2. Воведување на автоматизација над системот на јавно осветлување и негово оддржување со формирање на информативен (call center) центар за пријавување од страна на граѓаните базиран на системот ``48 часа``, што опфаќа воспоставување на систем за увид во светилките и добивање на информација за степенот на нивна вклученост и потреба за замена или друг вида на интервенција,  К3. Контрола над потрошувачката на електрична енергија, што опфаќа изместување на опремата надвор од ТС на ЕВН во посебни ормарчиња со прилагодување на постојните и поставување на нови ормарчиња,  К4. Проектирање (дизајнирање) и спроведување на развојните годишни програми за јавно осветлување, кои не се во опфатот во сегашниот систем за јавно осветлување, а ќе бидат составен дел од одржувањето со проширување на мрежата при реализација на годишните програми од страна на приватаниот партнер.


Резултати 

Се обезбеди да се намали потрошувачката на електрична енергија, да има средства за нови инвестиции, како и да се обезбедат средства за други инвестиции во ЕЕ. Но, сепак во првите 5 години ануитетите во главно се користат за исплата на инвестицијата.

Проктот обезбедува функционирање на 98-100% на сите поставени светилки во општината што е најважен фактор со кој се обезбедува квалитетно јавно осветлување на теритоиријата на Општина Чаир, бидејќи граѓаните сега имаат можност преку Call центарот да пријават проблем во јавното осветлување со што за многу краток период од максимум 48 часа ќе се отстрани дефектот се разбира, ако е во рамки на проблем од прва категорија, а ко е од втрора категорија во зависност од дефектот во најбрз можен временски период со надзор над општината. Потрошувачката на електрична енергија се намали, бидејќи се намали вкупната инсталирана снага на ЛЕД светилките кои се со моќност од 30 W и 60 W. Имено, сега вкупната инсталирана снага на поставените светилки во општина Чаир е околу 100 KW, а беше околу 250 KW се добива дека просечната месечна потрошувачка на електрична енергија при 100% вклученост на светилките изнесува ~400.000 KWh на годишно ниво, а претходната потрошувачка под исти услови беше ~1.000.000 KWh на годишно ниво.


Клуч на ефикасноста на системот е Сall центарот Сall центарот претставува систем кој обезбедува комуникација со граѓаните на Општина Чаир со цел за пријавување на проблем во функционирањето на системот на јавно осветлување. Граѓаните можат да пријават било каков проблем преку следниве три комуникациски канали и тоа преку:  Дирекно јавување на број: 02/ 2603 035  Испраќање на SMS порака на моб.број: 071 273 092  Испраќање е-маил на: ulicnochair@gamail.com 

Системот 48 работи веднаш по пријавување на дефект и по утврдување на истиот се врши негова категоризација, при што Дефекти од 1-ва категорија се отстрануваат за ``48 часа``, а Дефекти од 2-ра категорија во зависност од обемот на дефектот се отстранува во најбрз можен рок зададен од страна на Општинина Чаир.

Дефекти од 1-ва категорија се:  Промена на неисправана светилка,  Промена на оштетен столб,  Промена на нефунционален фундамент,  Промена на воздушна напоен проводник (5-та жица),  Промена на осигурувач во ормар, И други елементи кои се од суштинско значење за непречено функционирање на јавното осветлување, а можат врзо и интервентно да се отстранат. Дефекти од 2-ра категорија се утврдуваат преку:  Детектирање на дефекти во подземна мрежа,  Детектирање на дефекти во столб,  Детектирање на дефекти во останата инсталација и опрема, какои други дефекти. Утврдувањето на дефекти од 1-ва и 2-ра категорија се врши од страна на стручни лица од општината и приватниот партнер, со увид на лице место, правње на записник и издавање на налог за отстранување на дефектот.


Зошто ЈПП во имплементација на проект за воспоставување на дистрибутивниот систем за природен гас Причини: Општините немаат пари, а немаат и знаење за технологии, тех.решенија и сл. Приватниот партнер има специјализирани знаења, достапност до најдобри техники и технлогии, поедноставна процедура за обезбедување на средства equity, debt, mezzanine 

ПРЕДМЕТОТ на ЈПП проектот се состои од следниве компоненти (елементи): проектирање, инвестиции (финансирање), одржување,

оперирање (управување) и развој на дистрибутивниот систем за природен гас во Општина ....... 

Со овие компоненти целосно се обезбедуват услови за потребата за вршење на следните регулирани дејности, како јавна услуга: дистрибуција, управување со системот за дистрибуција и снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција


Модели за развој на дистрибутивни системи за природен гас  -

 -

-

Модел 1 Концесија Главна карактеристика: се доделува Концесија за изградба, оперирање и развој на дистрибутивен систем Важно:Концесионерот плаќа утврден концесиски надоместок

Модел 2 Концесионирање/Оперирање

Главна карактеристика: се доделува Концесија за изградба, оперирање и развој на дистрибутивен систем со опција за вклучување на оператор - подизведувач Важно:Концесионерот плаќа утврден концесиски надоместок

Модел 3 ЈПП/Концесионирање/Оперирање

Главна карактеристика: се воспоставува Договор за ЈПП со кој се доделува Концесија за изградба, оперирање и развој на дистрибутивен систем со опција за вклучување на оператор - подизведувач, како и обврска на приватниот партнер да инвестира (Ijo) во опрема за поврзување и користење на природниот гас за потребите на јавни општински установи (котли, приклучоци и друга мерна и заштитна опрема за производство на топлинска енергија) .

Важно:Концесионерот плаќа утврден концесиски надоместок, но по истекот на периодот на враќање на инвестицијата Ijo


Кој модел? Одлука за модел М1, М2 или М3?! Дилема на ЈС – Совет, Градоначалник.... Предлог решение М3 Поради Одредени предности на ЈПП модел во однос на класична концесија  

   

        

Намалување на трошоци за енергија на (јавниот сектор) ЈС Стекнување на обврски од идни приливи на ЈС Исплата на трошоци од заштеда на енергија на ЈС Реализација на инвесtиции без задолжување или оптоварување на тековниот буџет на ЈС Споделување на ризикот меѓу ЈП и ПП Зголемени можности за изводливост на ЈПП проектот, односно економска и финансиска оправданост Одржливост на ЈПП проектот Подобрени услови за НПВ›0 и поголем % на ИРР Посигурен тек на пари, нето приливи од ЈС за користење на гасот во јавни објекти Сигурност на ЈПП проектот Воведување на нови технологии Намалување на трошоци на ЈС, РС – граѓани, ПС- бизниси Зголемување стандард на живеење на граѓани Создавање на поквалитетни услови за одвивање на дејности Намалено загадување на околината (животна средина) намален СО2 во воздух и многу други од технички, економски и финансиски аспект.


Дел од обврските на Концесионер/оператор на дистрибутивниот систем за природен гас 

 

Проектира на ниво на главен проект (дизајн) во согласност со соодветни технички стандарди за ваков тип на опрема и урбанистичко планска документација, Изгради (финансира) во согласно закон за градба, Одржува, што опфаќа тековно и инвестиционо одржување на дистрибутивниот систем за природен гас, Управува, односно оперира со дистрибутивниот систем за природен гас на пазар на понуда и побарувачка, Развој на системот, односно негова модернизација и проширување на капацитетот и конзумот на корисници и потрошувачи.


А.Започнување на Постапката МЕ и Општина

(Ii) На предлог на Министер за економија или Општина

(I) Одлука за започнување на постапка/Влада

(II) Формирање на Комисија

(III) Спроведување на јавна набавка

(Iii) Прифаќање од Општина

(Ii) Врз основа на Физибилити Студија (II1) На предолог на Министер за Економија

(III1) Одобрување на тендерска документација

(IIii) Прифаќање од Општина (IIIi) Влада на РМ (III) Комисија (IIIi) Изработка на тендерска документација

(IVi) Влада на РМ (IV) Одлука за избор на Концесионер

(V) Потпишување на Договор за Концесија

Оперативен Период 35 години

(IVi) Извештај со предлог за избор

(Vi) Во име на Влада на РМ, Министер за економија

(Vii) Прифаќање од Општина (IVi) Комисија

(Vii) Прифаќање од Општина

КОНЦЕСИОНИРАЊЕ/ОПЕРИРАЊЕ на системот за дистрибуција на природен гас

Б.Завршување на постапката


Вид на Договор за ЈПП 

Договорот за ЈПП е комбиниран Договор кој вклучува концесија на јавна работа (изградба и одржување на системот) и концесија на јавна услуга (оперирање со системот), по принципот на Дизајнирање на системот, Изградба (Финансирање), Оддржување, Оперирање и Пренос на системот во исправна состојба после истекот на конечниот концесискиот период. Или, според меѓународната терминологија, предлогот е познат како DB(I)MOT, Design, Building (Finance), Maintenance, Operating, Transfer.


Ви благодарам на вниманието!

Можности за финансирање преку моделот на ЈПП- М-р Саша Максимовски  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you