Весник на локалната самоуправа јуни 2017 • бр. 58 • година 8
НОВИ ПАРКОВИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА
„КЛИМАТСКА ЅВЕЗДА 2016“ ЗА КАРПОШ
2
Во градот Кремс во Долна Австрија, на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски свечено му беше врачено големото меѓународно признание „Климатска sвезда 2016“. На тој начин Општина Карпош, како единствена општина на Балканот, се стекна со исклучително признание од сферата на заштитата на човековата околина и заштеда на енергија. Пред повеќе од 500 присутни учесници на конференцијата, делегати, членки на Алијансата, експерти, научни работници, владини претставници и претставници од НВО секторот, „Климатската ѕвезда
2016“ на Општината и на Градоначалникот Јакимовски им ја врачи Климатската Алијанса, најголемата мрежа во светски размери на градови, општини, региони, држави и организации, со 1.700 членки од 26 земји од Европа. За прв пат од своето постоење, односно од 1990 година, Климатската Алијанса ја врачува оваа престижна награда, своевиден „европски оскар за екологија“, во рамките на меѓународната конференција „Културата на локалните климатски акции - посочување на добра практика“. Притоа, оваа влијателна алијанса која претставува 50 милиони жители од Европа,
и е фокусирана на климатската заштита и заштитата на животната средина, одлучи да ја награди Општина Карпош за успешно реализираните проекти: мегапроектот за реконструкција на 162 фасади на колективни станбени објекти со енергетско-ефикасни фасади, повратот на дел од средствата на физички и правни лица кои изградиле енергетски ефикасни
објекти, за затоплувањето на училиштата во локалната самоуправа и на новата општинска зграда со обновливи извори на енергија, за замената на севкупното улично осветлување со „штедливи“ светилки, како и фактот што, иако нема законска обврска, локалната власт самостојно го одржува зеленилото и хигиената во општината. Виолета Цветковска
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
Меѓународната асоцијација за менаџмент и консалтинг „OtherWays“Франција, на 17. интернационална конвенција која се одржа во Берлин (Германија), во април годинава, му додели на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, „Златна Европска награда за квалитет и комерцијален престиж“. Во придружба на претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, градоначалникот Јакимовски го доби ова високо меѓународно признание за постигнатите извонредни резултати во работењето и неговите особени лидерски способности во процесот на менаџирање со локалната самоуправа. Добивајќи го ова престижно признание, Општина Карпош стана препознатлива на светската мапа како „Зелена организација“ и на тој начин ќе може низ светот, полесно да воспостави релации на соработка со останатите носители на овој престижен епитет. На претпладневната работна сесија на меѓународниот форум, меѓу 50 претставници на познати светски компании, институции и пред дипломатскиот кор, со свечен говор се претстави и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, првиот човек на Општината одржа куса презентација, преку која ги
ВО ФОКУСОТ
ЕВРОПСКА НАГРАДА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
потенцираше достигнувањата на локалната самоуправа од областа на екологијата и енергетската ефикасност, културата и образованието, подобрување на животниот стандард на граѓаните и високиот процент на реализирани инфраструктурни проекти. Истражувачкиот тим на „OtherWays“ ги предложи, а Одборот за селекција, според строго наметнатите критериуми, ги номинираше Општина Карпош и нејзиниот прв човек Стевчо Јакимовски, за оваа престижна интернационална награда. Според нив, градоначалникот Јакимовски во досегашното управување со Општината, покажал цврста посветеност и транспарентност во работењето и демонстрирал висок степен на иновативност при развојот на локалната самоуправа. За воспоставените стандарди, Општина Карпош од март 2011 година се стекна и со сертификат за квалитетен систем на менаџирање и давање услуги на граѓаните, кој го задоволува ИСО-стандардот 9001:2008. При изборот за номинација, француската асоцијација „OtherWays“ собирала информации за Општина Карпош преку спроведени анкети, а се консултирала со повеќе медиуми, маркетинг-агенции, сојузи на стопански комори, странски амбасади, и организатори на меѓународни саеми. Игор Ѓуровски
3
ВО ОВОЈ БРОЈ
ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ОПШТИНА КАРПОШ
14
ПРЕЗЕНТИРАНИ БИОЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ „BIOVILL" И „COOLHEATING“
17
НОВИ ПАРКОВИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА ВО КАРПОШ
21
ШАМПИОНИТЕ НА ПРИЕМ КАЈ ЈАКИМОВСКИ
29
80 ОСНОВЦИ ОД КАРПОШ НА НАГРАДНО ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
31
Издава Општина Карпош ул. Радика бр. 9 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-55-901 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk
Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk
Издавачки совет Стевчо Јакимовски Томе Груевски
Фотографија Ива Манова Амел Амед Игор Ѓуровски
Заменик -уредник Игор Ѓуровски igor.gjurovski@karpos.gov.mk
Редакција Игор Ѓуровски Мила Глигорова Ива Манова Живко Трајановски Јоана Станиќ Благојче Атанасоски Лазар Дуковски
Весник на локалната самоуправа јуни 2017 • бр. 58 • година 8
Лектор Ангелина Николовска Технички уредник Ивана Пендовска Вукашиновиќ
НОВИ ПАРКОВИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА
ОД МОЈ АГОЛ
Почитувани сограѓани, По една и пол година, весникот „Карпош урбан“ е повторно во домовите на Вас карпошаните. Се разбира за неговото „отсуство“ имаше објективни причини (препораките на поранешниот директор на Европската комисија, Рајхнхард Прибе, во сферата на медиумите со кои „се замрзна“ финансирањето на печатени и електронски медиуми со средства од централната и локалната власт). И покрај тоа, во изминатиот период, се трудевме низ сите достапни медиуми да бидеме максимално транспарентни во своето работење. Продолжуваме натаму, во интерес на навременото и објективно информирање на граѓаните на Карпош за сите активности кои се финансирани од нивните пари, но и за се што се случува во секојдневјето на најурбаната општина во државата. Благодарам за разбирањето. Од уредникот Почитувани, Во изминатиот период општинската администрација својот фокус на работење го стави на три упоришта: реконструкција на старите фасади на колективните станбени објекти со енергетско-ефикасни фасади, замена на азбестните покриви со пластифициран лим, и замена на дотраените лифтови во повеќекатниците со нови. Тоа не значи дека во кој било момент останатата изградба на инфраструктура во Карпош запре. Напротив. Карпош се гради со истиот, полн здив, и секојдневно добива, нов и сé поурбан лик. Реконструирани се илјадници метри долги улици, изградени се исто толку метри нови тротоари, патеки, фекални и атмосферски канализации. Токму поради ваквите континуирани инвестиции од општинскиот буџет, на Општина Карпош во ниту една ситуација, за време на обилните врнежи од дожд, не и се случија посериозни поплави, излевања и штети. Дури и поплавите кои го зафатија Скопје и Републиката, претворајќи се во вистински природни катастрофи со човечки жртви, како што беше онаа минатата година со Стајковци, во нашата општина минаа релативно без поголеми последици. Имаше поплавено неколку гаражи и подруми, но, и тука нашата, како милуваме да кажеме „бригада“, односно Одделението за заштита и спасување на граѓани и материјални добра реагираше навремено и им се помогна на своите сограѓани. Помагавме и во Стајковци и секаде каде што беше потребно или побарано помош. Карпош доби неколку нови плоштади, како оној во Бардовци, Козле, Жданец, воТрнодол и детски игралишта каде карпошани се дружат и рекреираат, од најмала до најстара возраст. Хигиената и одржувањето на зеленилото се високо на листата на приоритети во работење иако тоа не е наша обврска, но сепак Карпош и натаму е најзелена општина. Продолживме по патеките на успехот, да ги поддржуваме најдобрите ученици, талентираните спортисти, а на сите основци до петто одделение им даваме бесплатни ужинки. Од општинската каса се покриени и еднодневните екскурзии за учениците до седмо одделение, стотина болнички лекувања, како и еднократна помош за болни и социјално загрозени сограѓани. Инвестициите се враќаат. Нашиот кошаркарски клуб Карпош соколи го освои Купот на Македонија и е вицешампион во кошаркарската лига, со што бевме најпријатното изненадување на спортската сцена. Претстојната сезона Карпош соколи ќе се натпреварува во највисокото клупско натпреварување организирано од светската куќа на кошарката-ФИБА, а истовремено ќе игра квалификациски натпревари во кошаркарската Лига на шампионите. Да, Карпош е незавршена приказна. Тој има уште многу да се надградува, урбанизира, осовременува. Да се дотерува според потребите и барањата на Вас жителите на оваа општина. Нашиот подем не остана незабележан ниту од граѓаните ниту од пошироката јавност. Токму за тоа, што, колку и како работиме како локална власт за унапредувањето на живеењето во Карпош добивме две битни признанија: „Климатска ѕвезда 2016“ за мерките пред сé во сферата на енергетската ефикаснот и „Златна Европска награда за квалитет и комерцијален престиж“. Најголемата награда секако е задоволството на карпошани од тоа како се средува нивното место на живеење, колку се задоволни од услугите на својата администрација и како се решаваат нивните секојдневни проблеми. И тука не застануваме. На Карпош му треба и заслужува нов лик. Затоа ги обновуваме фасадите. Сега, кога речиси целата инфраструктура е средена, со нова и обновена атмосферска и фекална канализација, остануваат само да се дозавршат би рекле „поубавите нешта“. Голем интерес кај граѓаните предизвика и реконструкцијата на старите, дотраени лифтови, замената на покривите, како кај колективните, така и кај индивидуалните домови. Тоа се мегапроекти за кои ни требаат и средства, но, и многу ангажирање. Но, ние сме неуморни кога се во прашање желбите и потребите на нашите жители. Карпошани тоа го очекуваат, го ценат и го заслужуваат. Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски
5
ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА МОДЕРНА ОПШТИНА Годината која ја оставивме зад нас ќе ја паметиме по бројните предизвици но и по реализираните проекти во областа на инфраструктурните зафати. Локалната самоуправа реконструираше илјадници метри долги коловози, учествуваше во изведба на бројни атмосферски и фекални канализации, се поставуваше сигнализација и ново улично осветлување, се градеа нови тротоари, рабници и паркинг-простори. Од особена важност е Програмата за екологија и енергетска ефикасност која ја спроведува локалната самоуправа. Се работи за капитален проект според кој ќе бидат реконструирани старите фасади на 162 станбени објекти, за сметка на кој карпошани ќе живеат во енергетско-ефикасни објекти и воедно ќе ги редуцираат трошоците за топлинска енергија. Сите основни училишта на територија на општина Карпош се целосно реновирани, а веќе две училишта користат обновливи извори на енергија. Имено, школските објекти се затоплуваат и ладат по принцип на геотермални пумпи, со чија употреба се заштедува до 60% од досегашните сметки.
Од аспект на екологијата, здравјето, заштита на животната средина и природата, Општина Карпош презеде низа мерки, меѓу кои најважна е промената на старите азбестни покриви на индивидуалните и колективните станбени објекти со нови, изработени од висококвалитетен пластифициран лим. Досега, локалната самоуправа додели нови лимови на 24 куќи и 18 згради. Во план е до 2020 година да се отстранат сите азбестни покриви на нејзина територија. Водејќи сметка за безбедноста на своите граѓани, Општина Карпош започна со промена на старите лифтови во зградите. Во таа насока, досега Општината изготви 23 решенија според кои ќе се субвенционираат 65% од трошоците потребни за реконструкција или набавка на нови лифтови во
6
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
колективните станбени објекти. Водејќи сè според потребите на жителите на Карпош, локалната самоуправа носи современи решенија за урбанизирање на животниот и јавниот простор. Преку комуникација и континуирани работни средби со своите збратимени општини, Карпош разменува драгоцени искуства и идеи кои потоа ги имплементира во своите проекти. Со ваквиот пристап се трасираше патот кон развој и модернизација во согласност со природната околина, со што Општина Карпош се стреми да функционира според стандардите на високоразвиените локални самоуправи. Игор Ѓуровски
ВЕТЕНО-СТОРЕНО
Фасада на улица Јуриј Гагарин
Фасада на улица Јуриј Гагарин
Фасада на улица Јуриј Гагарин
Фасада на улица Јуриј Гагарин
7
Паркинг на улица Миле Поп Јорданов
Фасада на улица Миле Поп Јорданов
Асфалтирање на ул. Козле 1010
Фасада на ул. Јуриј Гагарин
8
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
ВЕТЕНО-СТОРЕНО
Асфалтирање на тротоар ул. Трнодол
Асфалтирање на ул. Јан Хус
Асфалтирање на ул. Трнодол
Асфалтирање на ул. Презвитер Константин
Асфалтирање на ул. Кнез Хадсон
Асфалтирање на ул. Лесновска
Асфалтирање на ул. Козле 10
9
Асфалтирање на ул. Душко Бојковски
Асфалтирање на крак од ул. Демир Трајко
Игралиште на ул. Варшавска
Асфалтирање на ул. Петре Пирузе
Асфалтирање на ул. Виенска
10
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реновирано спортско игралиште во УЗ„Влае 1“
ВЕТЕНО-СТОРЕНО
Асфалтирање на ул. Влае
Асфалтирање на ул. Рампо Левката
Асфалтирање на ул. Франц Розман Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин 6
Асфалтирање на ул. Езерци
Асфалтирање на ул. Багдатска
11
Асфалтирање на ул. Скупи 5а Асфалтирање на ул. Алжирска
Асфалтирање на ул. Наум Евро Асфалтирање на ул. Скупи 3а
Асфалтирање на ул. Борка Талевски
12
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
Паркинг на улица Никола Тесла
Асфалтирање на ул. Орце Николов
ВЕТЕНО-СТОРЕНО
Нов покрив на ул Драгиша Мишовиќ
Нов покрив на ул Разловечко востание бр. 5
Асфалтирање на ул. Новопроектирана (Клиника „Жан Митрев“)
Нов покрив на ул Радика бр. 4
Фасада на Булевар Илинден
Нов покрив на ул Волгоградска бр. 8
13
ЈУБИЛЕЈ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ОПШТИНА КАРПОШ На 3 ноември 2016 година, Општина Карпош го прослави својот јубилеен 40-ти роденден. На свечената академија, организирана по повод одбележување на четиридеценискиот јубилеј, присуствуваа многубројни гости од новинарската, бизнис- фелата, како и од другите сфери на општественото живеење. На церемонијата присуствуваа и делегации од збратимените општини на локалната самоуправа. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својот пригоден говор, ретроспективно се наврати на почетоците од формирањето на Општината во далечната 1976 година. Јакимовски им се заблагодари на сите претходни градоначалници, советници, како и вработени во администрацијата на Карпош и потсети дека секој од нив лично придонел за сегашниот статус на локалната самоуправа, да го носи приматот на една од најурбаните општини во Република Македонија. Со признанија за заслужни граѓани на Општина Карпош за 2016 година, се стекнаа спортскиот новинар и стенограф Ивко Панговски и диригентот Фимчо Муратовски. Б. А.
14
Наградени од општина Карпош
Делегати од збратимената општина Флери - сур - Орн
СТАРТ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „МАПАТОН“ Општина Карпош е првата локална самоуправа од територијата на Град Скопје, каде што се реализира проектот „МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со посебни потреби, во имплементација на андроид-апликацијата, преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат. „МАПАТОН“ треба да им овозможи поголема прегледност на лицата со хендикеп, при мапирање на пристапните места во Општина Карпош, кои се приспособени за нив. На иницијатива на УНДП, оваа активност се спроведува во соработка со Општината сè со цел, да се отстранат бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Како што истакна помошник-раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска – Зафировска, Општина Карпош во континуитет им помага на лицата со хендикеп, односно се грижи за нивните потреби, со што ќе можат полесно да ги завршуваат своите секојдневни обврски. - По обуката, вработените со смарт-телефони ќе ги фотографираат и детектираат сите непристапни објекти (јавни и комерцијални објекти, тротоари и пешачки патеки), кои се пречка за
извршување на обврските, или кои им го попречуваат движењето на лицата со хендикеп - нагласи Стојчевска- Зафировска. Таа додаде дека при проектирањето на сите институции од Општината Карпош (како што се градинки и основни училишта) се води сметка за потребите на лицата со хендикеп, за да може и тие без никаква пречка да ги користат. За таа цел, локалната самоуправа постави столпчиња и ги обележа со соодветни симболи паркингместата на бул. Партизански одреди бр. 143 и бр. 145, во близина на Воените кули под Мостот Обединети Нации, потоа кај влезот на градинката „Орце Николов“ на ул. Карпошово востание бб и кај задниот дел на Т.Ц. „Карпош 3“ на ул. Никола Русински. Б.А.
ХУМАНОСТА НА ДЕЛО
Грижа за лицата со хендикеп
15
НУТРИЦИОНИЗАМ 16
ЛИДЕРИ ВО ЕДУКАЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ЗА ЗДРАВА ХРАНА Општина Карпош е членка на двете најпрестижни oрганизации од областа на прехранбената индустрија и здравството – EHEDG (Европско тело за хигиенски инженеринг и дизајн) и GHI (Иницијатива за глобална хармонизација), а соработува и со WHO (Светската здравствена oрганизација). Во изминатиот период локалната самоуправа беше активен учесник на Меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам - ,,Нутрикон 2015 година“. На конференцијата м-р Ирена Милевска ја претстави Општина Карпош со стручен труд од областа - менаџирање на контролата и безбедноста на храната, со наслов ,,Соработка и зголемување на свесноста за одговорност на операторите со храна со кои соработува Општина Карпош“. Под наслов ,,Растеме здраво“, Општината организираше работилници во градинките и основните училишта во Општина Карпош за промовирање на здравиот начин на исхрана во организација на „Форца бар“, а одржана од главниот шеф на кујната Влатко Огненовски. Во Општина Карпош се организираше и инфосредба на регионалната секција на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн со општините на територија на град Скопје. На покана на HELEXPO (Национална агенција за организирање на саеми, конгреси и културни настани) а во организација на Стопанската комора на Македонија, Општина Карпош беше единствена општина од Македонија која учествуваше на DETROP – 2015 во Солун, меѓународна изложба на храна и пијалаци во Грција. Основна тема на настанот беше комбинација на квалитетот на традиционалниот и современиот начин на подготовка на медитеранската традиционална храна во Грција. Во пресрет на Меѓународниот ден на храната „Храна и здравје“, Општина Карпош во градинките и училиштата огранизираше предавање за здрава исхрана во училиштата. Дипломираниот нутриционист Надица Илиевска, на основците од Карпош, им го пренесе своето знаење и важноста од консумирањето на здравата исхрана. Поради лошите прехранбени навики и брзата храна која е достапна особено во близина на основните училишта, предавањата беа насочени за највисоките класови како најранлива група подложна на лошите прехранбени навики. Преку м-р Ирена Калајџиева – Милевска Карпош беше претставен и на Конгрес на Црноморската асоцијација за храна, наука и технологија B-FoST 2016, кој се одржа од 22.09.2016 до 24.09.2016 година во Охрид. Нашата општина беше дел од Националната стратегија ,,ЗДРАВЈЕ 2020“ на Светската здравствена организација, како и учесник на работилницата на тема ,,Интерсекторска соработка за здравје во локалната заедница“ која ја организираше Канцеларијата на Светската здравствена организација – регионална канцеларија за Европа и во соработка со Министерството за здравство. Од овој настан произлезе формирање на Национален Совет за здравје при Министерството за здравство кој ќе ги координира и ќе работи со советите за здравје формирани во општините. Конечно, нашиот експерт за храна м-р Ирена Калајџиева – Милевска стекнатите искуства ќе ги пренесе преку стручниот труд „Активности и мерки на Општина Карпош за здравствена заштита на граѓаните и на лицата/семејства во социјален ризик“ кој ќе излезе во 23-тото издание на списанието за европски прашања ,,Евродијалог“ на тема „Здравје во локалната заедница“. Списанието го издава Центарот за регионални истражувања и соработка ,,Студиорум“ во соработка со Светската здравствена организација. Ирена Калајџиева - Милевска
Минатиот месец, во тренинг -центарот на ЗЕЛС се одржа работилница на тема ,,Финансирање на биоенергетски проекти, искуства од Австрија и Германија и можности во Република Македонија". Оваа активност се одвиваше во рамките на проектот „BioVill" (био-село), кој е дел од Програмата на Европската Унија за истражување и иновации „Хоризонт 2020". Меѓународниот проект го имплементираат Општина Карпош со својот партнер, Интернационалниот центар за одржлива енергија (SDEWES) и проф. Наташа Марковска, од МАНУ, како единствени партиципиенти од Република Македонија. Целта на тренингот беше детално и практично да се разработат прашањата околу финансирањето на биоенергетски проекти кои вклучуваат употреба на биомаса, биогас и биогориво Во центарот на дискусијата се говореше и за предностите кои ги нудат овие обновливи извори на енергија, како и за мерките и можностите во Македонија за примена и користење на отпадната биомаса и создавање на системи за греење кои ќе опфаќаат повеќе објекти, квартови или биоенергетски села.
Вo рамките на проектот „CoolHeating", во просториите на ЗЕЛС се одржа и обука на тема „Јакнење на капацитетите за финансирање и бизнис модели за системи за грење и ладење со обновливи извори на енергија". Македонија и Општина Карпош заедно со Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија се земјите кои ги учат и имплементираат овие пракси во рамките
ЕНЕРГЕТИКА -ЕКОЛОГИЈА
ПРЕЗЕНТИРАНИ БИОЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ „BIOVILL" И „COOLHEATING“
на проектот „Хоризонт 2020" на Европската Унија. На работилницата со свои презентации се претставија програмите на Светска Банка, Европската Банка за реконструкција и Охридска банка. Презентациите на овој настан имаа за цел да ги разработат прашањата кои се од интерес за локалните чинители и финансиските институции. Игор Ѓуровски
17
МЛАДИНСКИ КАМП ВО ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА ФЛЕРИ СУР ОРН Успешната соработка помеѓу Општина Карпош и Општина Флери-сур-Орн од Долна Нормандија продолжува со засилено темпо. Со заедничка апликација во рамките на програмата „ЕРАСМУС“, беа обезбедени средства за организирање на младински камп „Мир и солидарност во светот". Кампот ќе се одржи од 3-ти до 12-ти август во Флерисур-Орн, а на него ќе учествуваат младинци од Македонија, Франција, Сенегал, Чешка, Германија и Словачка. Овој проект настана како резултат на неколку успешни проекти на младите од Карпош кои изработија филм за својата општина и со него се претставија пред француската публика, но, и со дузина други проекти кои беа реализирани во рамките на соработка со збратимената општина од Долна Нормандија, Флери-сур-Орн. Р.Ј.
18
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
СОРАБОТКА
ЈАКИМОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТРАВНИК, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општината Сашо Лазаровски беа во официјална посета на збратимената Oпштина Травник, Босна и Херцеговина. Деновите на Општина Травник беа одбележани со музички танци, фолклорна изведба на културно-уметнички друштва, како и спортски натпревари меѓу основците од оваа локална самоуправа. Градоначалникот Јакимовски со својот колега од Општина Травник, како и со останатите градоначалници од збратимените локални самоуправи, размени искуства во управувањето со локалната заедница. B. A.
КАРПОШ „ГОСТИН“ ВО ЛАПТА, СЕВЕРЕН КИПАР
Делегација од Општина Карпош предводена од Виолета Михајловска и Анета Марковска – Илиевска присуствуваше на туристичкиот фестивал во Лапта, Северен Кипар. На меѓународниот фестивал присуствуваа повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни групи од земјата и од странство. Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Македонија со автентична музичка изведба се претстави на туристичкиот настан во оваа медитеранска островска земја.
B. A.
19
ПЛОШТАД „ПЕЦО БОЖИНОВСКИ КОЧО“ Плоштадот се протега на 10.000 м2 од кои 6.000 метри се покриени со зеленило, 4.000 метри партерно уредување, фонтаната која опфаќа 200 метри и детско игралиште 390 м2. Плоштадот е во целосна изведба на фирмата ДГПУ „ЛУТАРИКО“ ДОО увозизвоз-Скопје, а вкупната вредност изнесува 38.500.000,00 денари.
ПЛОШТАД „ЖДАНЕЦ“ Плоштадот во Жданец претставува партерно уредување на површина од 500м2, каде се поставени креативни елементи на урбана опрема, клупи. Уредувањето на скверот го изведе фирмата „СМ Компани“, во вредност од 4.270.789,00 денари. Реконструкцијата на скалилата во Жданец се од страна на изведувачот ДПТУ „ЛАПЛАСТ-М“ експорт-импорт. Вредноста изнесува 3.714.802,00 денари.
20
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
НОВИ ПАРКО ИГРАЛИШТА
ФОТОРЕПОРТАЖА
ПЛОШТАД „НЕРЕЗИ“
ОВИ И ДЕТСКИ ВО КАРПОШ
Изведувач на градежните работи на скверот во Нерези е фирмата ДГПУ „Лутарико“ ДОО увозизвоз- Скопје. Скверот во Нерези се протега на површина од 500м2, истиот е хортикултурно уреден, поставена е урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи и сл. Вредноста за изградба на скверот изнесува 2.498.650,00 денари.
ПЛОШТАД „БАРДОВЦИ“ Плоштадот е изграден на површина од 2.000м2, опремен со современа урбана опрема. Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за рурален развој. Вкупната вредност за изградба на плоштадот изнесува 20.646.436,68 денари.
21
НАУКАТА ВО ПРАКСА
КРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР КАРПОШ - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛНОСТ
И така по две години, денес со огромно задоволство можеме да кажеме дека Креативниот центар Карпош (КЦК) е нова гордост на општина Карпош. Преку него ние се зафативме со предизвикот - на образованието да му дадеме креативна димензија. Така во рамките на КЦК формиравме десет единици во рамките на десетте основни училишта чиј основач е општина Карпош и тоа: Центар за дизајн и роботика во ООУ „Братство“, Центар за екологија во ООУ „Јан Амос Коменски“, Центар за енергетика и климатски промени во ООУ „Димо Хаџи Димов“, Центар за ботаника и микробиологија во ООУ „Петар Поп Арсов“, Центар за зоологија во ООУ „Лазо Трповски“, Центар за космологија во ООУ „Христијан Тодоровски -Карпош“, Центар за храна во ООУ „Вера Циривири – Трена“, Центар за ракотворби во ООУ „Аврам Писевски“, Центар за аудиовизуелни уметности во ООУ „Владо Тасевски“ и Центар за културно наследство во ООУ „Војдан Чернодрински“. Сите овие центри имаат изготвени платформи и во нив започна реализација на работилници по: контрола на храна и вода, производство на зеленчук, копаничарство, новинарство, енергетика, дизајн на возила и на простор и роботика на кои учествуваа над 200 ученици од училиштата во општина Карпош. Другите центри своите активности ќе ги започнат на почетокот од новата учебна година. Покрај работата со заинтересираните ученици за истражување и креативна работа, КЦК организираше и обуки за наставниците по хемија за примена на различни екперименти во наставата по
22
хемија. За таа цел беа подготвени неколку стотини комплети за експериментирање и се создадоа услови секој ученик во Карпош кој учи хемија во рамките на редовната настава, да направи по некој експеримент. Проектот „Кинестетичка училница“ имаше за цел преку систем од лесни вежби во училниците, холовите и училишните дворови да се направи пауза со која ќе се овозможи релаксација на најмалите ученици во текот на наставниот процес. Овој проект во наредната година, од пилот-проект ќе започне да се реализира во сите училишта на територија на општина Карпош. За потребите на КЦК од општинскиот буџет, кој со 90% ги финансира активностите на КЦК, беше набавена извонредна опрема и нагледни средства со кои се опремија центрите. Дел од таа опрема, особено лабораториската, беше добиена како донација од некои приватни и јавни организации. Така, сега може да се каже дека КЦК располага со опрема на која можат да и позавидат и некои научни установи. Пред нас стојат уште многу предизвици. Но, во моментот со гордост можеме да кажеме дека учениците и наставниците во општина Карпош имаа место во кое може да ја покажат и развиваат својата креативност и ентузијазам. Во соработка со нашите стручни соработници и млади аниматори создадовме една синергија која веќе ги дава посакуваните резултати. За да се уверите во ова што Ви го кажуваме Ви препорачуваме да ја посетите веб-страницата на КЦК: www.kck.org.mk З. П.
Ако за прв пат ја преминеш Рузвелтова, влезеш во Карпош и налеташ на „стар“ карпошанец која „гастро дестинација“ ќе ти ја препорача? - Дефинитивно, ТЦ „Лептокарија“! Тука има сè што ќе посакаш: традиционална кујна, интернационална храна, како и убава медитеранска трпеза. Доколку шеташ од раните утрински часови, прво што ќе ти текне е: каде на бурек или каде на чорба? Чорба, се разбира, во „Старо буре“, „Калдрма“ или во „Буре“. Карпошова легенда за бурек, симит-погача и за легендарниот ѓеврек со најегзотичен вкус e „Билјана 2002“ попознатo како „Шип-шоп“. Во врат им дише „Дарко лукс“ со европскиот ентериер и поголемиот избор на печива и млечни производи. Исто така, убав избор за исхрана и за дневна и за
ноќна шема е пицеријата „Енрико“. Сепак карпошани се познати „трендовци“ кога станува збор за здрава храна. Тие кои го почнуваат денот со „здрав појадок“ ја имаат „Виталија“ каде што сами можат да го изберат и да го подготват оброкот. Ако сте, пак, само за кафе-пауза и сакате убав краток помин, тогаш во ТЦ „Лептокарија“ навистина можеш да „зајдеш“ во „Мартини“ каде што со кафето задолжително идат благите вафли, во „Џовани“ ќе ги видиш сите „локални фаци“, а ако сакаш да ги најдеш Париз или Рим во сред Карпош тогаш не можеш да го одминеш „7 грама“. Станува збор за еспресо студио со најавтентични видови на кафиња од целиот свет и претставува „сврталиште“ на „златните дечки“ од градот. В. Ц.
ГАСТРОДЕСТИНАЦИЈА
ВО „ЛЕПТОКАРИЈА“ НА КАФЕ-ПОЈАДОК
23
ВЕСТИ
НОВА МОДЕРНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ Учениците од ООУ „Петар Поп Арсов" работат и учат со помош на новата модерна информатичка технологија. Во 12 училници во ова основно училиште, се поставени ЛЦДпроектори, смарт-табли и комплетен мултимедијален центар. Целта на поставениот компјутерски центар, кој содржи најсовремени компјутери и технологии, е олеснување и совладување на зададениот материјал кој е составен дел од училишната наставата. Првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски, посочи дека целта на ова училиште е да биде конкурентно и да се натпреварува со приватните училишта на територија на општина Карпош. -Со оваа иницијатива, сакаме да создадеме квалитетни услови и повисок стандард во образовниот процес во нашите училишта. На овој начин, школските институции ќе ги направиме конкурентни во делот на техничката опременост, средствата, како и наставничкиот кадар. Како што напоменав, ќе продолжиме и наредната година да вложуваме во ова училиште, односно сите училници и ученици од прво до деветто одделение да можат да следат настава по најсовремен електронски пат. м. г.
ЗБОГАТЕН БИБЛИОТЕЧНИОТ ФОНД ВО УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ Во рамките на проектот на Министерството за култура, пролетоска, во сите десет основни училишта на територија на општина Карпош се поделија околу две илјади книги со различна содржина и тематика. Оваа донација има за цел, да го зголеми книжевниот опус во училишните библиотеки. Основците од Карпош, на овој начин ќе имаат полесен пристап до книжевните класици, односно до „Ѕвездите на светската книжевност", кои се преведени на македонски јазик. М. Г.
24
Учениците од ООУ „Јан Амос Кoменски" заслужено го освоија златниот пехар на минатогодишното натпреварување по електротехника. Во средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин", свечено беше отворен шестиот по ред натпревар во знаење меѓу учениците од основните училишта од подрачјето на Град Скопје, под мотото „Денови на Електротехниката". Во рамките на свеченоста по повод отворањето на манифестацијата, директорот на СУГС „Михајло Пупин", Ефтим Пејоски им ги додели наградите на минатогодишните победници, тимот ученици од ООУ „Јан Амос Коменски" од Општина Карпош. М.Г.
ОБРАЗОВАНИЕ
ЗЛАТЕН ПЕХАР ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИТЕ ОД „КОМЕНСКИ"
ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ПРВО МЕСТО ЗА „БИОЛОГОТ“ ЉУБЕН АТОВ ПРВИ НА ДРЖАВНОТО Основецот Љубен Атов од ООУ „Јан ХОРСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Амос Коменски“ го освои првото место на Државниот натпревар по биологија, предводен од менторот-професор по биологија Олимпија Јовческа. На 20 мај се одржа Државното првенство по биологија за основно образование на Природноматематичкиот факултет во Скопје. Ова е уште еден доказ дека во Општина Карпош живеат талентирани карпошани. М.Г.
Октетот од ООУ „Владо Тасевски“ под раководство на менторот Елизабета Сакоман Станоеска, освои прво место на Државниот натпревар во Кавадарци со извонредната изведба на „Дафино, вино црвено“. По освоеното место хористите од ООУ „Владо Тасевски“ добија покана за учество на Меѓународниот натпревар кој ќе се одржи во Охрид и Бугарија. М. Г.
25
КАРПОШ КОМУНИЦИРА
@rebromkd Да ве замолам да се регулира ова. Прашка 13. Благодарам :)
@OpstinaKarpos Ќе го исчистиме денеска @rebromkd Ви благодарам :) @OpstinaKarpos Завршена е работата @rebromkd Одлично завршена работа! Ви благодарам уште еднаш :)
Cveta Vasileva G olemo: B R A V O za gradonachalnikot Vecka Rizovska: Bravo...... Lina Mateska: BRAVO!!!! Snezana Sofreska: Golemo bravo za Stevco za humanosta za decata Anemona: Кoj uci dobiva, ubav odmor Vecka Rizovska: Bravo za decinjava.... Bravo za gradonacalnikot.... Elizabeta Nedelkova: Za pofalba-posle ucilisteto o d m o r ...
10:20
Roza Janevska: ZLATNA EVROPSKA NAGRADA se zasluzuva samo so mnogu trud i rabota. Ovaa nagrada ja zasluzi nasiot vreden i neumoren gradonacalnik Stevce Jakimovski na opstina Karpos. Taka se odi napred, samo napred i napred! Bravo gradonacalnice!
Следете не и на Instagram (opstinakarpos) и тагирајте не со хаштагот #KarposInsta
Следете не и на Instagram (opstinakarpos) и тагирајте не со хаштагот #KarposInsta
Бидете во тек со најновите настани и следете не на мобилната апликација на градоначалникот на Општина Карпош,
Стевчо Јакимовски
designed by Zee Que | designbolts.com
26
@im_reincarnated Колку ви е сладоледот? -55 денари. Еве 50. -Уште 5 треба. Е немам, на лижни 5 пати ако не.
@i_najubaviot Порано најголеми казни ни беа: -рано да си легнеме -дома да останеме -да не идеме на родендени Сега како постари тоа ни се најголеми желби. @theitalianguy Немој да ми кажеш дека помеѓу нас нема "хемија". Ти си слатка девојка, која ќе ми го загорчи животот. @theitalianguy Обесил толкав крст на врат, Водно да му позавиди. @fraerot Јас сум од времето кога Despacito беше Gasolina. @Nonshalanten На интервју за работа: - Основни познавања? - Директорот. Мимикрија @MajaSpasovska1 Ќе поместиш планини со главата крената, а ќе те клекне камче што те боцка во кондурата...Живот. @TheTalesot - Имате апчиња против носталгија? - Да. - Дајте ми една табла. - Повелете. - Ееееееееееееее на времето беа во плава кутија.
@Vlatko_Werder Луѓето кажуваат "Те сакам" со : -Закопчaj се да не настинеш. -Врзи појас. -Одмори, јас ќе мијам садови. А ние најчесто не ни забележуваме.
TWITTER ХУМОР
@bonitopp Можам да се вљубам на прв поглед и одљубам на прв муабет.
@lenaenana И јас можев да научам англиски од гледање цртани ама шо да правам кога на Том и Џери не им се збораше. @georgekamov Пишувај кирилица, бидејќи од: ,,Imam problemi so kozata" и ,,имам проблеми со кожата" се повикуваат два сосема различни доктори! @madridistata90 -Како Влав нуди кикиритки: ,,Земете си по една'' @andrej_dinamo Ја сум од времето кога хаштагот се викаше тараба. @Ibe_Palikukja Твитер ми е како диско. Многу народ, сите нешто бамбурат. Пола не ги слушаш, скоро сите не ги знаеш и чекаш да ти се приспие да си одиш. @solna_kiselina -Детенце ти слушаш ли ја мама? -Да -А тате? -И он ја слуша.
27
ВЕСТИ
БЛАГОДАРНОСТ НА „ХИМАЛАЈКИТЕ“ ДО КАРПОШ
Карпошанката Маја Бошкоска, водач на првата македонска женска експедиција на Хималаите, свечено му врачи плакета на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во знак на благодарност од Федерацијата на планинарски спортови, за поддршката која Општина Карпош ја има дадено низ годините за сите планинарски експедиции. Во свое име, но и во име на тричлената женска експедиција, Александра Герасимова исто така од Карпош и Ана Грбиќ од Битола, таа се заблaгодари за финансиската поддршка што локалната самоуправа им ја даде за нивниот проект, освојувањето на врвот Мера Пик (6476 м) во Непал, која ја спроведоа во периодот од 3-ти до 20 октомври минатата година. Бошкоска во разговор со општинскиот татко ги евоцираше сите спомени од оваа, како што вели, голема седумнаесетдневна авантура, кога ги освојуваа врвовите со вечен снег, овој пат врвот со најубавата панорама. - Нам, вели младата и храбра Маја, предизвик ни се височините. Но, она што го извлековме како животна поука од постарите наши планинари, но и како сопствено искуство е дека на планина не се оди со кој било. За сето ова време
28
акумулирав искуство, ја барав „вистинската екипа“. Се оди со пријатели кои ќе ви бидат стабилна ментална и физичка потпора во секој миг. Тоа е главната лекција која ја научив од мојот прв високогорски успех на Мон Блан-Алпи 2011 година. Искуството од оваа експедиција беше од есенцијална важност за сите кои следуваа. Пред „хималајскиот подвиг“ и по него, зад Маја и членките на првата македонска хималајска експедиција се бројат низа планинарски освојувања. Веднаш по Алпите, вели младата карпошанка, ми се роди идејата за женска експедиција, но, до нејзината реализација поминаа повеќе од пет години. Во меѓувреме, се случија многу други експедиции, Гран Парадизо во Италија, зимско искачување на Триглав, Казбек во Грузија. Но, она што ја окупира Маја, храбрата авантуристка од Карпош се идните планинарски потфати. Колку и да не се предизвик само височините, сепак таа цели високо, по некоја „илјадарка“ погоре. Следните планови и се „освојување“ на Аконкагва 6.961 метри, највисокиот врв во Америка и организирање на Прва Балканска женска хималајска експедиција „Манаслу 8.163 метри“ во Непал. В. Цветковска
ШАМПИОНИТЕ НА ПРИЕМ КАЈ ЈАКИМОВСКИ Освојувачите на Лимак Купот на Македонија 2017, кошаркарите на Карпош соколи, го посетија градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Повод за оваа средба беше постигнатиот успех на „соколите“, кои во големото финале од Купот убедливо ги совладаа домаќините од Кавадарци, тимот на Фени индустри со резултат 80:69 и на тој начин заслужено стигнаа до првата титула во клупската историја, токму, на 20-годишниот јубилеј од постоењето на клубот. Во знак на благодарност, кошаркарите на КК Карпош соколи му го врачија победничкиот трофеј на градоначалникот Јакимовски, да ги краси витрините на Општина Карпош. Првиот човек на локалната самоуправа им го честиташе големиот успех на кошаркарите и изрази големо задоволство, што токму тимот кој доаѓа од Општина
Карпош направи ваков историски успех. - Постојано, од година в година напредувавме и сметам дека овој успех беше очекуван и неминовен. Локалната самоуправа и понатаму ќе го помага и ќе го поддржува кошаркарскиот клуб Карпош соколи - истакна Јакимовски. Во оваа пригода општинскиот татко потенцираше дека е особено горд што Карпош соколи и МЗТ Скопје се единствените два кошаркарски клубови од Македонија кои учествуваат во јадранската АБА-лига. - Тоа значи поголема афирмација на македонската кошарка на едно повисоко регионално кошаркарско натпреварување, со што се зголемува рејтингот на македонскиот клупски спорт – додаде Јакимовски. Б. Атанасоски
СПОРТОРАМА
Историски успех на „соколите“ од Карпош
29
ООУ „Петар Поп Арсов“ - одбојка девојчиња
ООУ „Војдан Чернодрински“ - кошарка
ОСВОЈУВАЧИ НА СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ЛИГИ По многубројните спортски дуели во кои учествуваа основците во текот на учебната 2016/2017 година, конечно, познати се овогодинешните шампиони кои доминираа во рамките на спортските училишни лиги на Општина Карпош. На спортските терени, младите карпошани демонстрираа дисциплина, посветеност и извонреден спортски дух. И.Ѓ.
ООУ „Лазо Трповски“ - фудбал
30
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 58 • ЈУНИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ
ООУ „Димо Хаџи Димов“ - ракомет
ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Петар Поп Арсов“ - тенис
СПОРТОРАМА
80 ОСНОВЦИ ОД КАРПОШ НА НАГРАДНО ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА По завршување на учебната година, 80 ученици од основните училишта од Карпош, тргнаа на седумдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халкидики, (Грција). Веќе осми пат по ред, на иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди наградно летување за првенците на генерација и за најуспешните ученици-спортисти, кои годинава остварија извонредни резултати во рамките на спортската училишна лига во петте спортови и тоа: кошарка, фудбал, ракомет, одбојка за девојчиња и тенис. И. Ѓ.
31
СПОРТОРАМА
Самвел Тер-Сахакјан од Ерменија победник на „Карпош Опен 2017“
САМВЕЛ ОД ЕРМЕНИЈА НА ШАХОВСКИОТ ВРВ ВО КАРПОШ Ерменецот Самвел Тер-Сахакјан е овогодинешниот шаховски шампион на реномираниот меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2017“. Со трпелива и мудра игра, Самвел ја прекина доминацијата на бугарскиот шаховски велемајстор Кирил Георгиев, кој минатата година по трет пат го освои овој елитен турнир. Седма година по ред, шаховскиот клуб „Гамбит Асеко“ во коорганизација со Општина Карпош, ги носи врвните светски шахисти во Република Македонија. Вкупно 31 земја од целиот свет се претстави со свои шаховски репрезентативци на респектабилниот шаховски турнир, кој според сите светски шаховски параметри се вбројува во десетте најдобри шаховски натпреварувања на стариот континент. Ерменскиот претставник доби награда од 1600 евра, додека второпласираниот Бугарин Кирил Георгиев доби награда од 1200 евра. Антон Демченко од Русија е трет на овој турнир и освои награда во вредност од 1050 евра. Турнирот се одигра во девет кола, по правилата на швајцарскиот систем на натпреварување. Шахистите имаа по 90 минути на располагање за повлекување на 40 потези, и 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди по потег, броејќи од првиот пат. Врвните шаховски велемајстори, позитивните критики од шаховските федерации, како и квалитетот на натпреварувањето од година на година, го прави овој карпошовски шаховски турнир еден од европските спортски бисери на „најумствената“ спортска игра. Благојче Атанасоски
32
Elm(Ulmus procera) - брест се користи за луѓе кои се способни и амбициозни, кои можат да понесат голема одговорност, неуморни работници кои се водат со хуманистички идеи и кои имаат желба да остварат нешто значајно во животот. Toa e препарат за личности кои се чувствуваат преоптоварени со обврски, проекти и работа и кои својата одговорност кон другите ја прифаќаат со голем товар. Изразито се способни, секогаш се подготвени да понесат голема одговорност и да работат без одмор најдобро што можат. Тие можат многу да направат, но понекогаш губат верба во сопствените способности и можности и на некој начин се чувствуваат поразено. „Личностите брест“ честопати се на високи и одговорни позиции во својата работа, каде што се одговорни за другите. Толку многу се неуморни и предадени на своето работење, што често им се случува да не го регистрираат внатрешниот сигнал кој ги упатува на умереност. Тоа е моментот кога настапува слабоста кај брестот. Тоа е момент кога се чувствуваат преоптоварено и дури тогаш размислуваат како еден човек може толку да работи.Чувството на умор и исцрпеност му прави чувство дека нема да успее да ја заврши започнатата работа, но тоа е само привремено. Личноста брест е самостојна и секогаш е длабоко уверена дека може да ги да извршува своите задачи и должности. Кога го има моментот на слабост брестот е потиштени се чуствува исцрпено. Во ваквата брест состојба баховите капки и помагаат на личноста да го надмине ова чувство на немоќ и потиштеност. Негативната брест состојба ги доведува до работ на очајот и плашејќи се дека нема да најдат излез од состојбата, се подлабоко тонат во бездна. Привременото чувство на безнадежност и неспособност им предизвикува комплетна исцрпеност на умот. На физичко ниво доѓа до пореметување на апетитот, сонот, хипертензија и тахикардија, слабост, деконцентрираност, нервоза, вртоглавица, јаки физички болки, ревматизам или камен во жолчка и сето тоа поради преземените обврски. Баховата есенција брест ја учи личноста да најде време за себе, да има време за лични потреби и задоволства и да ги прифати сопствените ограничувања. Да стане свесна дека и е потребен одмор од работата и да се врати изгубената сила. Јоана Станиќ
АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА
КАПКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА СИЛАТА И ЕНТУЗИЈАЗМОТ
33
ХОРОСКОП 34
ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2017 ОВЕН-Сите преговори, зделки и работни обврски завршете ги до 20 јули, бидејќи по овој период станувате почувствителни и лесно ќе влезете во конфликт особено со тие што го иницирале. На љубовен план можете да почнете да размислувате за посериозна врска со партнерот. Здравје: Внимавајте на екстремитетите, склони сте кон повреди. БИК-Јули ви носи успеси на работен план, особено оние што се занимаваат со креативна работа. Вашиот оптимизам во јули ќе биде заразен, едноставно ќе блескате и ќе бидете неодоливи како партнер. Здравје: Поминувајте повеќе време на отворено, медитирајте и не дозволувајте ситници да ја нарушуваат вашата внатрешна хармонија. БЛИЗНАЦИ-Љубовта ќе ви донесе многу емотивни предизвици, но некаде кон крајот на јули ќе посакате да ја стабилизирате врската во која ќе се најдете. Работните обврски ќе ви претставуваат товар и најдобро е периодот да го искористите за одмор, едноставно ќе имате потреба да бидете сами и да ги наполните батериите. Здравје: Стресот решете го со прошетки. РАК-Секој напор што ќе го вложите во работата двојно ќе ви се исплати. Во љубовта ова е вистински период да и се приближите на личноста која веќе подолго време ги окупира вашите мисли. Здравје: Можни се проблеми со циркулацијата, внесувајте повеќе витамини. ЛАВ-Немојте да дозволите преголемата желба за успех да стане толку доминантна, па да се доведете во ситуација да ве избегнуваат соработниците. Потрудете се повеќе внимание да му посветите на партнерот, бидејќи во спротивно ќе бидете изложени на неговото незадоволство. Здравје: Спортувајте и водете сметка за исхраната. ДЕВИЦА-Период во кој ќе можете конечно да ги реализирате вашите идеи и да напредувате на работен план. Во љубовта ќе ги надминете сите несогласувања со партнерот и ќе можете слободно да ја планирате иднината. Здравје: Направете контролен преглед.
ВАГА-Страствен и динамичен период во кој насекаде ќе го докажувате вашиот шарм, но со краткотраен интензитет. На работен план ќе имате многу можности за напредување во работењето, преговорите и поддршката од страна на партнерот многу ќе ви значи. Здравје: Посетете стоматолог. СКОРПИЈА-Ќе посакате да направите реконструкција во работното опкружување. Во овој период не е исклучена и промена на работното место. Bo љубовта ќе блеснете, едноставно се ќе ви оди од рака и ќе имате потреба да поминете што повеќе моменти со саканата личност. Здравје: Пливањето ви е одличен избор. Здравје одлично. СТРЕЛЕЦ-желбата за летни авантури може да ги наруши односите со партнерот, затоа потрудете се да го зачувате она што го имате. Поддршката од соработниците и опкружувањето ќе ја поттикне кај вас желбата за успеси. Здравје: Стабилно. ЈАРЕЦ-Потрудете се да ги избегнете конфликтите со партнерот, во спротивно може да се случи да бидат многу работи кажани кои не ги мислите. Дополнителната работа ќе ви овозможи подобрување на семејниот буџет и задоволство. Здравје: Работете на подобрување на имунитетот. ВОДОЛИЈА-Работните обврски ќе ви бидат во прв план и ќе ви биде потребно многу трпение и енергија за се да завршите навреме. Вистински ќе уживате во односите со партнерот и освен мали ситни недоразбирања периодот ќе биде одбележан со многу љубов и поддршка. Здравје: Чувствително, одмарајте повеќе. РИБИ-Мали несогласувања со партнерот кои ќе имаат минлив карактер. На работен план потребно е да бидете многу трпеливи за да не доаѓате во конфликт со опкружувањето. Здравје: Не дозволувајте стресот да влијае врз вашето здравје.
УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ Влае 1
Нерези
Карпош 2
Влае 2
Владо Тасевски
Карпош 3
Тафталиџе 2
Кузман Јосифовски Питу
Карпош 4
Пецо Божиновски Кочо
Злокуќани
Телефон за контакт: 072/268-052 е-mail: karpos4@karpos.gov.mk Адреса: ул. Љубљанска бр.6
Телефон за контакт: 078/486-925 и 078/486-959 Телефон за контакт:078/486-923 е-mail: pecobozinovski@karpos.gov.mk е-mail: zlokukjani@karpos.gov.mk Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул.Скупи бб.
Тафталиџе 1
Одделение за месна самоуправа,
Бардовци
Телефон за контакт: 02/3068-754 и 078/486-929 Телефон за контакт: 072/268-053 е-mail: vlae1@karpos.gov.mk е-mail: karpos1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Фјодор Достоевски бр. 2 Адреса: ул. Иван Аговски бр.2 Телефон за контакт: 02/3071-246 и 078/486-955 Телефон за контакт: 072/268-056 е-mail: vlae2@karpos.gov.mk е-mail: karpos2@karpos.gov.mk Адреса: ул.Сливовска бр.1 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4
Телефон за контакт: 078/486-922 е-mail: nerezi@karpos.gov.mk Адреса: ул. Ванчо Мицков бр.19
Телефон за контакт: 078/486-927 е-mail: vladotasevski@karpos.gov.mk Адреса: ул.Дрезденска бр.52
Телефон за контакт: 072/268-054 и 078/486-919 Телефон за контакт: 078/486-928 и 078/486-921 Телефон за контакт: 078/918-030 е-mail: taftalidze2@karpos.gov.mk е-mail: kjpitu@karpos.gov.mk е-mail: karpos3@karpos.gov.mk Адреса: ул. Копенхагенска бр.5 Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул. Радика бр.9
Телефон за контакт: 072/209-685 е-mail: taftalidze1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Букурешка бр.2
Раководител, Миле Стевков Телефон за контакт: 3078-116 и 070/235-790 е-mail: mile.stevkov@karpos.gov.mк
Телефон за контакт:078/486-931 е-mail:bardovci@karpos.gov.mk Адреса: с. Бардовци
Кабинет: 02/3061353 Сектор за правни работи: 02/3055-900 Сектор за дејности од јавен интерес: 02/3055-939 Сектор за односи со јавноста: 02/3055-920 Сектор за развој на општината: 02/3068-151 Сектор инспекторат: 02/3055-931 Сектор за финансиски прашања: 02/3055-923 Архива: 02/3055-954
Сектор за урбанизам: 02/3055-900 Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи: 072/214-354 Сектор за екологија и енергетска ефикасност: 072/273 986 Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци: 02/3055-942 Одделение за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра: 02/3067-055
Поважни телефони Полиција Противпожарна бригада Брза помош Управување со кризи АМСМ - помош на патишта АМСМ - информативен центар Авто помош на пат (нон - стоп) Царина Матична служба - ГУВР Сала за венчање
192 193 194 195 196 155 55 9159 197 3117 037 3118 250
e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk e-mail: sekretar@karpos.gov.mk официјален e-mail: kontakt@karpos.gov.mk
ПТТ - услуги Будење Точно време Информации Воена полиција Пазарен инспекторат Водовод и канализација - дежурна служба Комунална хигиена - дежурен диспечер Оџаци - оџачарски услуги
180 185 988 3227 700 975 3073 010 3224 961 2440 293
Сообраќај Меѓуградска автобуска станица Македонија сообраќај Железничка станица Аеродром Скопје
2466 313 2402 388 3234 255 3148 333
Дежурни поликлиники Букурешт Неуромедика
3064 088 3133 313
Дежурни аптеки Зегин (МНТ-подрум) Реплек - аптека бр.4
3117 614 3130 170
Здравствени објекти Клиничка болница Градска општа болница Воена болница Детска болница - Козле Неуромедика Клиника „Мајчин дом“ Стоматолошки клинички центар Гинеколошка - акушерска клиника Гинекологија и акушерство - Чаир ПЗО Систина медикал
3147 147 3235 000 3283 000 3085 761 3130 000 3147 004 3299 000 3147 147 2611 033 3073 335
Дежурни поликлиники Букурешт Идадија Ѓорче Петров Јане Сандански Драчево Чаир Шуто Оризари Ченто Бит Пазар Неуромедика
3064 088 3113 033 2031 022 2463 277 2795 112 2611 506 2651 696 2522 351 3134 534 3133 313
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Карпош 1
35
Дваесет и четиригодишниот Американец Кендрик Пери, од септември 2016 година ги засили редовите на Карпош соколи, на позицијата „шутер“. Со своите 1,83 см висина, Пери за кратко време успеа да се наметне како главен организатор на нападот, немилосрдно полнејќи ги противничките кошеви.
На дваесетгодишнината од основањето на клубот од Карпош, кошаркарите го освоија кошаркарскиот куп во Македонија, и станаа вицешампиони. Наредната кошаркарска сезона, „соколите“ ќе атакуваат на освојување на титулата во македонското кошаркарско првенство. Тимот од Карпош, ќе игра квалификациони натпревари во Лигата на шампионите, а во претстојната сезона „соколите“ ќе учествуваат во највисокото клупско натпреварување, организирано од светската куќа на кошаркатаФИБА. Клубот го очекува интензивен натпреварувачки период, каде што треба да ја одбрани титулата која минатата сезона ја освои во Купот на Македонија. Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски ја продолжи соработката со Карпош соколи, а нов договор потпишаа со централниот напаѓач Драган Лабовиќ и ја продолжија соработката со капитенот Игор Пенов, репрезентативецот Дарко Соколов и американската кошаркарска ѕвезда Кендрик Пери.
Фото: Петар Стојановски