Карпош Урбан бр.59

Page 1

Весник на локалната самоуправа јули 2017 • бр. 59 • година 8

УРБАН МИГ


„Културно лето Карпош 2017“ Традиционално, како и секое лето, втората половина на месец август е резервирана за летно културно освежување. Десетото јубилејно „Културно лето Карпош 2017“ и овојпат ќе понуди разновидна културно - уметничка програма за карпошани. Жителите на Општина Карпош, ќе можат да уживаат во концертите на наши музички ѕвезди, културно-уметнички друштва, ликовни изложби. Петнаесет дена, секоја вечер љубителите на различни музички жанрови како џез, поп, етно и народна музика, како и класика, ќе можат да присуствуваат и да уживаат во звуците и изведбата на наши пејачи и музички групи. Карпошовото културно лето е веќе препознатлив и своевиден бренд, кој секое лето им овозможува на карпошани од сите возрасти и сите населби на Општината, во пријатна и релаксирана атмосфера, да доживеат една поинаква културна манифестација, токму во нивното место на живеење. Културната манифестација не ги заборава ниту најмалите жители на локалната самоуправа, бидејќи секоја година има и музичка или културно - уметничка програма токму и за нив. Почитувачите на добриот хумор, ќе можат да се насмеат и расположат на „стенд ап“ комедии на познати комичари. Повеќе од две седмици, карпошани ќе уживаат во музичките перформанси, културно - уметничките изведби, ликовни презентации, како разнообразност во понудата, за да се задоволи сечиј вкус, на секој кој ќе биде дел и од оваа незаборавна летна културна манифестација. Централна локација на која ќе се одвива Карпошовото културно лето ќе биде платото во TЦ „Лептокарија“. Г. М.

2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


ВО ФОКУСОТ

СВЕТСКИТЕ АКВАРЕЛИСТИ ОДНОВО ВО КАРПОШ

Кога некоја заборавена убавина, ќе ја извадиме на дневна светлина, ќе ја „протнеме“ помеѓу нас и тивко, со многу внимание и многу љубов, ќе се зафатиме со неа, ќе ја чистиме, полираме, негуваме и така негувана ќе ја полниме со највредните бисери и скапоцени камења кои се создаваат кај нас, но и со сјајни примероци од целиот свет, после седум години добивате убавина во која сите уживаат и на која по малку ни завидуваат. Општина Карпош, инспирирана од безвременската убавина на акварелите на големите македонски великани Белогаски, Пандилов, Коџоман и на своите жители, покојните, Шулајкоски, Кафкалески, Чемерски, Франговски... и се уште активните Ташковски, Анастасов, Аврамовски, Јанкулоски, Миљановски, Павловски, Димитров, Ордев..., но и на многуте од помладите генерации, реши да му посвети малку повеќе внимание на бисерот на сликарските техники, најсуптилната и најпрецизната техника- акварелот. Од 21 до 31 август, оваа година, по осми пат, Карпош и Охрид, ќе бидат домаќини на големите домашни и светски творци на акварелот. И оваа година енергиите, вештината и љубовта понесени од Индија, Иран, Франција, Романија, Белорусија... ќе се вкрстат со македонската креација, во исто време на небото над Карпош и ќе ги осветлат и направат среќни авторите и конзументите. Горан Михајлов

3


ВО ОВОЈ БРОЈ

СРАБОТЕНО, ЌЕ СРАБОТИМЕ

12

НОВО УРБАНО КАТЧЕ ЗА МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ОД ТАФТАЛИЏЕ 1

14

КАРПОШ ГОСТУВАШЕ НА РОДЕНДЕНОТ НА ВРЊАЧКА БАЊА

19

ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ОСВОЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 100 МЕДАЛИ

24

ИДНИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА „ТУР ДЕ ФРАНС“

28

Издава Општина Карпош ул. Радика бр. 9 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-55-901 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Томе Груевски

Фотографија Ива Зафировска Амел Амед Игор Ѓуровски Петр Стојановски

Заменик -уредник Игор Ѓуровски igor.gjurovski@karpos.gov.mk

Редакција Игор Ѓуровски Мила Гавриловска Ива Зафировска Живко Трајановски Јоана Станиќ Благојче Атанасоски Лазар Дуковски Лектор Ангелина Николовска Технички уредник/ Графички дизајн Ивана Пендовска Вукашиновиќ


ОД МОЈ АГОЛ

Почитувани, Иако зад нас го оставаме можеби најтоплиот летен месец, сепак, ние во Карпош не застанавме со работа. Летото е најподатна градежна сезона за завршување на инфраструктурните работи, но имаме и дузина започнати работи кои треба да ги доведеме до крај. Во тукушто изминатиот јули завршивме 13 покрупни инфраструктурни објекти. Во најголема мерка асфалтиравме коловози на улици, градевме нови улици како онаа пристапна кај Скопје Сити Мол, ги асфалтиравме Ловќенска 1, улицата Влае. Асфалтиравме крак од улица 6 во Бардовци, а самата улица ја продолживме за уште 250 метри. Бардовци одамна веќе не е она што беше и прераснува во вистинска елитна населба со решена инфраструктура. Згора на тоа, ова населено место ќе добие за прв пат во своето постоење и детска градинка, така што и овој исклучително значаен социјален момент ќе го подобри и ќе го олесни живеењето на бардовчани. Изминатиот месец доста работевме и во Влае, каде што освен на асфалтирање на коловози, во Влае 1 поставувавме и атмосферска канализација, водоводен приклучок за четири станбени објекти, сливна решетка со одвод во реката Вардар. На улицата Варшавска, освен што асфалтиравме прекопи, направивме и ново детско игралиште, со целосно нова урбана опрема, а тоа се моментите кои го „оживуваат“ овој дел од една од постарите населби во Карпош. Со поставувањето на сливни решетки за прифаќање на атмосферските води на улиците Козле 3 и Козле 1, се надеваме дека конечно ќе го решиме проблемот со дождовните и поројни води што се слеваат кај Горно Нерези. Сепак, за наредните „градежни месеци“ ни остануваат уште десетина асфалтирања и тоа на улиците Скупи 6 и Скупи 22, Козле 3 и Козле 11, потоа Ловќенска 4 изградба на еден паркинг на Булевар Партизански одреди број 75 како и уште еден таков во Карпош 2 на ул. Бранислав Нушиќ. Во наредниот период ќе продолжиме и со натамошна реализација на двата мега проекти, а тоа се поставување на пластифициран лим на покривите на станбените објекти, а во фокусот ни е и натамошното реконструирање на фасадите и поставување на нови, енергетско ефикасни. Во текот на речиси секое лето, работиме и на кондиционирање на училиштата за новата учебна година. Тоа подразбира интервенции каде што е итно потребно, поправки, бојадисувања и слично. Во две училишта ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Лазо Трповски“ потребна е целосна реконструкција и на санитарните јазли, и тоа ќе го сработиме. После долга и напорна работа, на сите нас, а и на карпошани им е потребен одмор и релаксација, и токму навреме доаѓа Карпошовото културно лето. Тоа годинава има убав јубилеј, десетто по ред издание, кое прерасна во традиција. За „Културно лето Карпош 2017“, во континуитет максимално се подготвуваме со избор на атрактивни естрадни ѕвезди од забавната, народната, класичната или џез музичката сцена, како и со театарски и ликовни перформанси, сé со цел овој наш културен бренд да го задржи исклучително високиот рејтинг што го има и кај граѓаните на Карпош, кои едноставно уживаат во него, но, и кај културните дејци, кои знаат да оценат што е добра понуда на културни содржини. Тоа е нашиот Карпош кој подеднакво пулсира и зиме и лете, и кој од ден на ден се повеќе расте и се разубавува. Карпош е навистина една ретко современа општина, во која, во последните осум години вложивме навистина многу. Изградивме илјадници метри улици, бројни атмосферски и фекални канализации, ги реновиравме сите десет основни училишта, влеговме во амбициозен проект од поставување на 162 енергетски фасади, почнавме со реконструкција на покривите на индивидуални домови и колективни станбени објекти со висококвалитетен пластифициран лим и обнова на старите дотраени лифтови и уште многу други проекти. Но, тука не запираме. Иако околу 90 проценти од ветеното успеавме да го реализираме, остануваат уште неколку големи проекти корисни и посакувани од граѓаните. Треба да ги изградиме спортските базени, а Карпош се уште не е гасифициран иако први го изготвивме елаборатот за таа намена. Тој проект ќе се реализира на ниво на Град Скопје, но Карпош според степенот на подготовка, сигурно ќе биде првата општина која ќе го добие гасот како главен енергенс. Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски

5


Фасада на улица Никола Русински број 6

Реконструкција на игралиште на улица Вич број 10

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


Општина Карпош презема активност за менување на кошаркарските табли и обрачи, кои беа демолирани и украдени од спортските игралишта кои се наоѓаат во месноста Куршумица (нас. Жданец) и во ООУ „Петар Поп Арсов“ (нас. Карпош 4). Освен овие две табли за кош, општината има во план, летово да ги замени сите останати табли во останатите основни училишта, онаму каде што ќе има потреба. Апелираме до граѓаните да ги чуваат игралиштата, за младите генерации активно да се занимаваат со спорт. Нови кошеви во месноста Куршумица (населба Жданец)

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА

М. Г.

Нови кошеви во ООУ „Петар Поп Арсов“ (населба Карпош 4)

7


Изведба на пристапна улица и паркинг од ул. Московска за Сити Мол, УЗ Карпош 4

КАНАЛОТ ВО СРЕДНО НЕРЕЗИ- МОДЕРНО ШЕТАЛИШТЕ

Покривањето на каналот во Нерези е заедничка инвестиција на Оштина Карпош и Град Скопје. Освен асфалтирањето, ќе бидат поставени и клупи, па покрај овие дрвја, по течението на реката Вардар, нережани во текот на летните вечерни часови, ќе имаат уреден простор на кој ќе можат да уживаат и да се одморат. М. Г.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Нов тротоар на улица Франц Прешерн


ВЕТЕНО-СТОРЕНО ЛОВЌЕНСКА 1 СО НОВ АСФАЛТ Улицата Ловќенска 1 во Општина Карпош доби целосно нов лик. Имено, локалната самоуправа инвестираше во целосна реконструкација и асфалтирање на 210 метри од коловозот и 3,5 метри широчина на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата „Изолација", а вредноста на инвестицијата изнесува околу 800.000,00 денари. На завршните работи на ул. Ловќенска присуствуваше и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој имаше средба со повеќе жители од овој дел на Карпош. Наскоро се планира да се асфалтира и коловозот на улицата Ловќенска брoj 4. Станува збор за делница во должина од 330м и ширина од четири метри, на која има рабници и е истампонирана. Вредноста на оваа инвестиција на локалната самоуправа е еден милион и 100 илјади денари. И. З.

9


Проширување на улица 6

ГРАДЕЖНО ЛЕТО ВО БАРДОВЦИ Општина Карпош спроведе градежна активност во населбата Бардовци, каде што изврши проширување на улица 6, со поставување на нови рабници. Коловозот се протега во просечна широчина од 3,40 метри. Овој месец исто така се асфалтираше и кракот во должина од 200 метри на улицата 6, после црквата „Св. Тројца“. Вкупната должината на асфалтираниот крак од оваа улица ќе биде 320 метри. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна дека во текот на летниот период, уште дваесет и девет улици во населбата Бардовци ќе бидат поплочени со бекатон плочки. Првиот човек на локалната самоуправа, нагласи дека ќе биде поставена и фекална канализација на улица К, која се наоѓа покрај железничката пруга која поминува низ оваа населба во Општината Карпош.

Асфалтирање на крак од улица 6

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Б. А.


На улицата Козле 3 во населбата Нерези, Општина Карпош постави три челични решетки на две позиции (пред и после малиот мост). Функцијата на овие решетки е да го регулираат одводот од евентуалните надојдени атмосферски дождови и води, во постојната канализација. Со оваа интервенција, се намалува опасноста од поплави која се јавува на улицата Јуриј Гагарин. И. З.

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕШЕТКИ ЗА ДОЖДОВНИТЕ ВОДИ ВО НЕРЕЗИ

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА „ООУ БРАТСТВО" ВО ГОРНО НЕРЕЗИ

Според планот за јавни набавки, Општина Карпош распиша тендер за избор на градежна фирма - изведувач која ќе го реконструира основното училиште „Братство" кое се наоѓа во населбата Горно Нерези. Со оваа иницијатива, локалната самоуправа сака да ги подобри условите за школување на учениците во овој дел на Карпош, бидејќи стариот училишен објект датира од далечната 1937-та година. Б. А.

11


СРАБОТЕНО

1. Реконструкција со асфалтирање на ул. Влае, УЗ Влае 1 2. Асфалтирање на ул. Ловќенска бр. 1 во должина од 210м, УЗ КЈП 3. Асфалтирање на крак од ул. 6 во должина од 160м, УЗ Бардовци 4. Асфалтирање на проширување на ул. 6, во должина од 250м, УЗ Бардовци 5. Краци од ул. Влае – атмосферска канализација, УЗ Влае 1 6. Сливна решетка на ул. Влае со одвод во р. Вардар, УЗ Влае 1 7. Водоводен приклучок на ул. Влае со должина од 80м за 4 (четири) станбени објекти 8. Изведба на пристапна улица и паркинг од ул. Московска за Сити Мол, УЗ Карпош 4 9. Асфалтирање на прекопи на ул. Варшавска Л=60м - спроти „Скопје Сити Мол“ 10. Детско игралиште на ул. Варшавска 11. Приклучок на фекална канализација на крак од ул. Ванчо Мицков со должина од 25м2 12. Сливни решетки за прифаќање атмосферски води на раскрсницата на улиците Козле 3 и ул. Козле 1 (пат за Горно Нерези) 13. Крпење на ударни дупки на ул. Карпошово востание и ул. Драгиша Мишовиќ И покрај исклучително топлото лето, сепак овие месеци се најблагопријатни и податни за градежништвото. Токму затоа, Општина Карпош, поточно Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи, во текот на јули имаа полни раце работа. Се изградија 13 градежни објекти, претежно во Козле, Бардовци, Влае, Карпош 4 и Тафталиџе. Имаше реконструкции, асфалтирање на улици, но и целосно нови детски игралишта, нешто на што најмладите карпошани најмногу се радуваат и што им е неопходно во летните вечери и за време на училишниот распуст. За периодот кој ни претстои, од август натаму, ни остануваат приближно ист број инфраструктурни проекти, оние асфалтирања и реконстукции кои се од приоритет за граѓаните на Карпош, како и замена на покривите, обнова на фасадите, нужни интервенции во училиштата пред почетокот на учебната година и слично. В. Ц.

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.

ЌЕ СРАБОТИМЕ

Асфлатирање на крак од ул. Скупи 6 Асфалтирање на крак од ул. Скупи 22 Асфалтирање на ул. Козле 11 Асфалтирање на дел од ул. Козле 3 Асфалтирање на дел од ул. Ловќенска 4 Изведба на паркинг на Партизански одреди бр. 75 Изведба на паркинг на ул. Бранислав Нушиќ, УЗ Карпош 2 Дистрибуирање на ребраст пластифициран лим за покриви до 9 сопственици на станбени објекти 9. Изведба на фасади на повеќе колективни станбени згради 10. Крпење на ударни дупки со брзи интервенции 11. Санација на оштетени тротори и пешачки патеки со брзи интервенции 12. Реконструкција на санитарни јазли во основните училишта, ООУ „Аврам Писевски“, ООУ „Лазо Трповски“ и други

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


ВЕТЕНО-СТОРЕНО Летно цветно освежување во Карпош

Одделението за хортикултурно уредување при Општина Карпош, деновиве спроведува еколошка акција за насадување на цветни садници ширум локалната самоуправа. Во план е вработените да засадат околу 60.000 растенија на потегот од двете страни на булеварот Партизански одреди, почнувајќи од улицата Рузвелтова (Карпош 1), до мостот Обединети нации (Влае). Од јужната страна на булеварот, жардиниерите ќе ги красат растенија од

типот tagetes erecta, меѓу народот познати како џунџулиња и coleus, или актуелно кажано, коприва. На северната страна од булеварот се засадува бегонија. Природно разубавен е и кружниот тек кај средното училиште „Георѓи Димитров" со 2.500 цветови од типот Salvia, а исто така, е уреден и плоштадот Делфина со 4.500 флорални насади. На плоштадот во Карпош 3 се засадени 3.000 садници од различни цветни аранжмани. И. Ѓ.

13


Месецов, беше предадено во употреба детското игралиште на ул. Варшавска, во населбата Тафталиџе 1. Игралиштето е целосно реконструирано и збогатено со разновидни детски реквизити. Освен постојниот летниковец, поставени се лулашки, „куќарки“ и други забавни содржини кои најмалите карпошани ќе ги користат, особено во летните вечерни часови. Во детското игралиште се поставени и нови клупи, како и кошници за отпадоци. Тафталиџани, со своите деца, ќе можат да го користат ова игралиште за дружба, рекреација и релаксација.

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


ФОТОРЕПОРТАЖА НОВО УРБАНО КАТЧЕ ЗА МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ОД ТАФТАЛИЏЕ 1

Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постојни детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив. Досега се целосно реновирани и пуштени во употреба единаесет вакви детски игралишта, додека во наредните две години локалната самоуправа ќе реновира и реконструира дополнително над дваесет урбани детски катчиња.

15


ЕНЕРГЕТИКА - ЕКОЛОГИЈА

ЕКОВОЗИЛА ЗА НАЈМАЛИТЕ

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави набавка на шеесет автомобили на акумулаторбатерија. Станува збор за ековозила кои најмалите карпошани ќе можат да ги користат, односно да ги возат, додека со своите родители се рекреираат и се дружат во некои од парковите во Карпош. Во изминативе години, на територијата на локалната самопурава се изградени голем број на хортикултирно и партерно уредени паркови и мини скверови, кои карпошани масовно ги користат особено во текот на вечерните летни часови за одмор и рекреација. М. Г.

КАРПОШАНИ

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕН ОД ГРМУШКИ И ШУТ Општина Карпош и Градот Скопје спроведоа голема акција за чистење на просторот долж улицата Васил Чакаларов, на потег од крстосницата на крајот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до објектите „Порта Козле“ кон фабриката „Реплек“. Овој дел подолг период беше запуштен и на истиот беше расфрлан градежен шут. М. Г.

16


Во просториите на ООУ „Братство", се одржа финална презентација на проектот „Кинестетичка училница" во рамки на Креативниот центар - Карпош. Како што нагласи координаторката на овој проект Билјана Петроњев, од февруари до почетокот на јуни 2017 година, низ сите основни училишта во Карпош бил спроведен овој проект и резултатите се повеќе од задоволителни. Морам да искажам големо задоволство што самите ученици, но и наставниците го прифатија проектот како начин на подобрување на наставниот процес. Станува збор за физичка активност која тие ја применуваат на часовите, со цел да се зголеми интересот кај учениците, да се задржи фокусот на наставата и да се подигне мотивацијата за учење. Неколкумесечното практикување на оваа вештина, која масовно се користи во Кина и во земјите од азискиот континент, даде резултати и кај учениците и наставниците во карпошовите училишта, потенцираше, координаторката Петроњев. Координаторот Марко Секуловски, истакна дека на почетокот, кај одредени наставници и ученици, имало скепса во однос на практикување на овој метод на работа на часовите, но, постепено, истиот бил прифатен и резултатите кои денес се постигнати се многу добри. -Користењето на различните физички активности во училниците, се наменети за подготвување, односно загревање на мозокот преку одредени движења, со цел да се подобри

НАУКАТА ВО ПРАКСА ВЕТЕНО-СТОРЕНО

КИНЕСТЕТИЧКА УЧИЛНИЦА СО УСПЕШНА ЗАВРШНИЦА

комуникацијата на двете хемисфери на мозокот, имплементирање кратки паузи со цел да се одмори мозокот и консолидирање на информациите, промовирање на физичката активност, подобрување на единството во одделението, сé со цел да се создадат оптимални услови за учење и прием на нови информации, објасни координаторот Секуловски. Овој проект „Кинестетичка училница" е прв кој се применува во практична настава во Република Македонија, во сите основни училишта во Карпош. Во пролетната етапа на проектот, беа опфатени ученици од одделенска настава односно од прво до четврто одделение. Б. А.

17


ВЕСТИ ПОЧИТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ Делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, во средата на 26 јули, одаде почит на настраданите од скопскиот земјотрес. Традиционнално, на овој ден, локалната власт го одбележува датумот на кој во природната катастрофа во 1963 година, односно пред 54 години, загинаа 1.070 жители на Скопје, а меѓу најпогодените населби беше токму Карпош. По тој повод, на Градските гробишта во Бутел, пред споменикот на настраданите од скопскиот земјотрес, првиот човек на локалната самоуправа се поклони и положи цвеќе, заедно со другите делегации од Градот и државата, во знак на сеќавање и должна почит кон настраданите сограѓани. И. Ѓ.

18


Во месец јули, делегација од Општина Карпош гостуваше на свечената манифестација која ја организираше збратимената општина Врњачка Бања, по повод 149 години од своето постоење. Во рамки на протоколот, се одржа свечена седница на која се обратил градоначалникот на Општина Врњачка Бања, Бобан Ѓуровиќ, а во оваа пригода беше организирана и пригодна културно-уметничка програма.

СОРАБОТКА

КАРПОШ ГОСТУВАШЕ НА РОДЕНДЕНОТ НА ВРЊАЧКА БАЊА

Веќе следниот ден, на главната улица во центарот на градот се одржа богата карневалска вечер, каде што, освен уметниците од Македонија, се претставија и егзибиционисти од соседството и од повеќе дестинации од светот. На средба со градоначалникот Ѓуровиќ, претставниците од Општина Карпош разменија позитивни искуства, планови и проекции од областа на локалниот економски развој. Инаку, со потпишување на протоколот за соработка во ноември 2013 година, Општина Карпош официјално се збратими со Општина Врњачка Бања. И.Ѓ.

19


ОБРАЗОВАНИЕ

УМЕТНИЦИ ОД КАРПОШ НА ЛИКОВНИОТ КАМП „ВАНЃЕЛ КОЏОМАН" Традиционалниот образовен-ликовен камп ,,Ванѓел Коџоман" се одржа по 11ти пат во Струга и Охрид. На уметничката колонија учествуваа 35 млади творци со пет ментори-наставници по ликовно образование од основните училишта во Општина Карпош. Манифестацијата е поддржана од Општина Карпош и Министерството за култура на Република Македонија. По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, ќе биде отворена изложба во Кинотека на Македонија, во изложбениот простор, кадешто ќе бидат изложени најуспешните ликовни творби на учесниците на овогодинешната ликовна колонија и ќе бидат доделени дипломи за учество на сите учесници како и благодарници за менторите и на основните училишта во Општина Карпош. Организатор на образовниот-ликовен камп и на изложбата е Детскиот ликовен центар.

М. Г.

20


Како што за карпошаните- жители на Тафталиџе 1 и 2, Карпош 2, 3 и 4 ТЦ „Лептокарија“ претставува омилено сврталиште, така за жителите на Влае 1 и 2, Хром и Нерези, тоа е „Порта Влае“. Доколку сте љубители на убави коктели, извонредно место за дегустација на коктели ви е „Баду Бар“, локалот кој е познат во цело Скопје. Една од најстарите пицерии во градот, која што постои од 1989 година е токму пицеријата „Гиго“ во Порта Влае. Традицијата на оваа пицерија, доволно говори за квалитетот на пиците, кои со нивниот вкус, привлекуваат голем број на посетители од сите страни како на општината, така и од целиот град. Ако излезете како поголемо друштво, и на некои им се јаде вкусна храна, додека на некои само им се пие кафе или пијачка, тогаш идеална опција за ваков спој е кафересторанот „Харбор“. Нивната максима е: „Ако бродовите своето засолниште го наоѓаат на пристаниште, нека вашето ново место за одмор и уживање биде Харбор“.

Ресторанот е познат пред се по морските специјалитети: од салата со морски плодови до лигњи на жар. Одлично место, во кое најчести посетители се младите карпошани, но и од соседното Ѓорче Петров, е кафулето „Бајпас“. Во него може да уживате во утринското вкусно кафе, или, пак, во освежителните цедени сокови. Специјалност на ова кафуле е цедениот сок од лубеница, како одличен освежителен пијалок за топлите летни денови. Л. Д.

ГАСТОДЕСТИНАЦИЈА

Летно „пристаниште“- „Порта Влае“

21


ЗДРАВЈЕ

ДА

Помалку ексфолирајте

ПЕТ СОВЕТИ ЗА ВО ЛЕТО:

Почесто користете лосион или млеко за тело

Најважниот фактор во лечењето на раните како на пример, сончаницата и црвената кожа, е ставањето лосион или млеко за тело. Дури и доколку не сакате да се мачкате со нив, посебно кога вашата кожа ве боли и пече, сепак обидете се да издржите бидејќи на тој начин изгорениците побрзо ќе исчезнат. Само запомнете да се држите до оние производи кои нема да ја иритираат вашата кожа.

22

НЕ

Шеќерните, односно природните ексфолијации со шеќер се дозволени, но, вештачките ексфолијанти треба поретко да се користат. Доколку се подготвувате за летен одмор и одење на плажа, тогаш избегнувајте ја нивната Лимон употреба бидејќи можат да ја зголемат вашата Лимонот е корисен за многу работи, но сепак чувствителност на сонцето. имајте превид дека ја уништува деликатната кожа на лицето. pH вредноста на ова цитрусно овошје изнесува Зголемете го консумирањето на витамин Ц Кога сте изложени на сончевите зраци на подолг 2, додека она, на нашата кожа, е околу 6.5, што временски период, вие имате повисок ризик да го прави лимонот високо киселински. Тој ја го оштетите организмот со слободни радикали. иритира кожата и го нарушува балансот, а на Освен што треба редовно да го консумирате понежната кожа може да предизвика и хемиски преку овошјето и зеленчукот, преку летните изгореници. периоди, набавете серум од витамин Ц и секојдневно премачкувајте ја кожата за да се Сода бикарбона заштитите од надворешните влијанија и да го Веројатно сте прочитале како сода бикарбоната забавите процесот на стареење. е дел од многу домашни маски за разубавување. За разлика од лимонот, содата има pH вредност 9 и е високо алкална. Тоа значи дека има силна Премачкувајте се со млеко за сончање способност да ја оштети надворешната кожна повеќе пати во денот Особено ако имате мрсна кожа. Природните бариера (епидермисот) и да ја пресуши кожата. масла ги уништуваат ефектите на млеката за Ова воедно ја прави кожата поподложна на сончање многу брзо, па затоа внимавајте на бактериски инфекции. деловите на кожата кои можат да се измрсат – како вашето чело или носот. Доколку не сакате Паста за заби вашата кожа да сјае, тогаш млекото за сончање Многумина велат дека доволно е да се нанесе во форма на пудра или стик може да биде добра само мала количина паста за заби врз акната и таа магично да исчезне. Пастата за заби слично алтернатива. како и сода бикарбоната е високо алкална и дополнително ја иритира кожата. Туширајте се со ладна вода Не само што жешките тушеви се последното нешто што ви треба по деновите поминати на Шеќер сонцето, туку тие дополнително и непотребно Белиот шеќер во гранули е одличен за пилинг ја сушат кожата. Држете се до млаката вода и на нозете или онаму каде што имате задебелена премачкајте се со млеко за тело или лосион по погруба кожа, но, сепак има лошо влијание врз неколку минути, откако ќе ви се исуши кожата. нежната кожа на лицето и ја иритира кожата со видливи оштетувања.

Бел оцет

И белиот оцет има многу висока pH вредност и никако не смее да се употребува врз кожата, ниту самостојно ниту пак во комбинација со други природни производи. Со оглед на фактот што белиот оцет се употребува за чистење на домот и тврдокорните бактерии и наслаги, колку сметате дека е паметна идејата да го ставите врз вашето лице? Извор: runway.mk и libertas.mk


Советниците од Општина Карпош на шеесет и деветтата седница на Советот на локалната самоуправа ја изгласаа одлуката за одобрување финансиски средства за поставување нов лифт во колективниот станбен објект на улица Франклин Рузвелт бр.63-а, влез 2. Исто така, советниците дадоа „виза“ за одобрување финансиски средства за реконструкција - ремонт на лифт во колективен станбен објект на булеварот Партизански одреди бр.64-б, влез 1. На истиот булевар, во колективниот станбен објект со број 153 ќе се замени стар со нов мал лифт. Советниците на оваа седница ги прифатија барањата за одобрување финансиски средства од буџетот на локалната самоуправа за лекување во странство на граѓаните кои имаа потреба од истата. На оваа седница, помина и Одлуката за определување на спортски стипендии за талентирани спортисти- ученици од општинските основни училишта од подрачјето на општината. Покривот од азбестни цементни табли на Здружението на пензионери „Карпош“ ќе биде заменет со ребраст поцинкуван и пластифициран лим.

СОВЕТ

НОВИ ЛИФТОВИ СО ПОМОШ ОД ОПШТИНАТА

На седумдесеттата седница на Советот на локалната самоуправа беа разрешени постојните и именувани нови членови на Управните одбори во десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општината, како и во четирите детски градинки. На оваа седница советниците одобрија финансиски средства за летување на ученици од семејства во потешка материјална состојба – жители на Карпош. Советниците дадоа „зелено светло“ и за одобрување финансиски средства за купување периодични паркинг картички за корисници - жители на Општина Карпош за граѓаните кои живеат во колективните станбени објекти најблиску до Трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Лифтовите беа во фокусот и на седумдесет и првата седница, на која советниците од Општина Карпош одново одобрија финансиски средства за реконструкција - ремонт на лифт во колективен станбен објект на улица Никола Русински 3А, влез 1 и Никола Русински 3/1. Членовите на Советот на оваа седница одобрија финансиски средства и за поставување на нов лифт во колективниот станбен објект на улица Франклин Рузвелт 63А, влез 1. Б.А.

23


Општина Карпош – место на талентирани спортисти

ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ОСВОЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 100 МЕДАЛИ Општина Карпош е место каде се раѓаат таленти. Во низата на успешни и талентирани спортисти, се вбројува големиот успех на карпошанецот Андреј Стојановски, државен првак во пливање во категоријата помлади пионери. Освоените 100 медали за само шест години, е висок резултат за седмооделенецот Андреј, кој учи во две училишта, ООУ „Димо Хаџи Димов" и Американското училиште. Во нашиот разговор, по својот тренинг во СЦ „Борис Трајковски", неуморно и полн со ентузијазам одговараше на прашањата. -Премногу сум задоволен од успесите кои ги постигнувам овие неколку години, а особено од успехот на Државното првенство, летото, пред две години, како и во Солун на натпреварот, бидејќи исто така освоив медал и навистина сум многу задоволен од резултатите - изјави младиот пливачки талент Андреј. Всушност, неговата мајка ни откри дека тој започнал да се занимава со пливање од здравствени причини, а тој со гордост го образложува тоа: -Откако отидов на лекар, оттаму ми порачаа да одам на пливање и така се навикнав на овој спорт кој е дел од мојот секојдневен живот. Исто така, како мал имав желба да станам фудбалер, но како професија се гледам само како врвен светски пливач. Но, сепак, не се откажав од фудбалот. Во слободно време знам да заиграм со другарчињата, иако пливањето ми е во преден план. Младиот Андреј, во натпреварувањата е се подобар и подобар. Па така, секое првенство или олимпијада, наградите не го з а о б и к о л у в а а т. Неговата домашна полица е преполна со медали, пехари и дипломи. Како интересен факт е што Андреј повеќе се радува на секоја добиена диплома отколку на пехар, во смеа раскажува мајката

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

на Андреј. -Имам 100 медали, но со секое првенство бројката се зголемува, дипломите кои ми се најдраги не сум ги броел- ја дополни својата мајка. Андреј не се откажува од надградување во својата професија, иако е сеуште мал. Плива во пет дисциплини и тоа 50 метри градно, 100 метри мешано, 50 метри краул, 50 метри делфин и штафета. -Секој натпревар испробувам нови дисциплини, инаку добро владеам пет дисциплини. Најомилена и највешт сум во дисциплината градно пливање, каде сум освоил најмногу награди токму во оваа категорија затоа што сум најдобар во конкуренцијата во оваа дисциплина. Исто така, добро сум се покажал и во дисциплините краул, можеби делфин, малку грбно, но градно никој неможе да ме победи - самоуверено истакна Андреј. Младиот талент има извонредна меморија и ги памети своите постигнати времиња во секоја дисциплина поединечно и тоа е нешто што дури и кај врвните светски пливачи ретко се случува. Така, седмооделенецот, кој догодина ќе биде осмо одделение, го потврди истото, со што со сигурност го кажа најдобро освоеното време на натпреварите на кои досега учествувал. -Тоа е во дисциплината 50 метри крал каде испливав за 30 секунди и 200 метри мешано каде испливав за 2 минути и 45 секунди. Морам да напоменам дека во дисциплината штафета (четири пати во 50 метри мешано) заедно со моите колеги, го соборивме рекордот на Македонија, каде соборивме два рекорда но само за еден не прогласија за победници. Сето ова се случуваше на натпреварот во Србија, Белград. Со доскорешниот


СПОРТОРАМА

тренер Марјан Соколовски, собори четири државни рекорди стари повеќе од 18 години во дисциплината 100 метри градно, во два наврати 200 метри градно, и 200 метри мешано, во категорија помлади пионери,а тој беше видно задоволен од успесите на Андреј и го пофали неговиот талент и успех на досегашните натпреварувања. Од оваа година Андреј плива под водство на нашиот маратонец, најдобар на сите времиња Томи Стефановски, со кого на државното првенство кое се одржа на 8 и 9 јули годинава, Андреј беше повторно прогласен за најдобар пливач во генерацијата пливачи родени во 2004. -Андреј започна во пливачкиот клуб „Бета" со неговиот тренер Игор Димовски, но во меѓувреме јас го следев подолго време и обрнав внимание на неговата работа, како и на неговите настапи на државните првенства каде има извонредни резултати. Самото негово пливање е технички доста развиено и плива во сите техники. Во последниот период почнавме да работиме со Андреј во група која е на негова возраст, но малку понапредна и тој одлично се вклопи затоа што добро напредува - ни раскажа неговиот доскорешен тренер Соколовски и додаде дека неговите исцрпни тренинзи само му даваат волја за да постигнува што подобри резулатите и да напредува се повеќе и повеќе. Најголемата поддршка Андреј ја добива од својата баба која е дел од публиката на секој негов натпревар со стиснати палци кои држат среќа. Тој го раскажа нивниот ритуал за пред секој натпревар. -Освен од моите родители заедно со сестричката Калина и од баба ми исто толку имам поддршка. Сепак, мојата баба ми е најголемата среќа и ми ја дава најголемата поддршка и целосно ме следи. Пред секој натпревар таа ме релаксира со масажа, го има оној стар обичај, фрла вода по мене и некои други финеси кои се дел од нашиот ритуал кој е неизбежен. Андреј тренира и се натпреварува со постарите негови колеги-пливачи. На прашањето колкав е предизвикот да биде во „друштво" со поголемите,

тој рече дека сака да учи и да се надградува токму од успесите кои има можност да ги види кај нив. -Тие учествуваат на повеќе натпревари како на пример Андреј Стојаноски кој учествуваше на Светско првенство и освои второ место. И јас би сакал истото да го достигнам, но сепак за дотаму ми требаат уште неколку години тренинг и напорна работа - утешно образложи основецот. Секако, за успешен пливач мора да ги согледаат успесите на некој друг талент и да се потпре на неговата упорна работа за да се најде највисоко на пиедесталот. Според тоа, Андреј има и домашен и странски светски пливач на кого искрено им се воодушевува. - Тоа е мојот поранешен тренер во пливачкиот клуб „Бета", Игор Димовски, пливач кој го препливал каналот Ламанш и талентираниот Љупчо Ангеловски. Идол ми е Мајкл Фелпс и сакам да пливам како него - одговори пливачот. Андреј посакува да учествува на разни натпревари и да соборува многу рекорди. Но, напорната работа и редењето успеси и високи резултати за Андреј не запира. Тој, во 2014 година беше учесник на Меѓународниот натпревар „Ѕвезда", кој се одржа во Словенија, Крањ, каде се натпреваруваа учесници од седум држави од 33 клуба, а Андреј, во пет трки освои три златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал. Тој е исто така најдобар пливач во категоријата 10 и 11 години на делфин куп како и на Меѓународниот натпревар во Скопје со освоени пет златни медали. Тој е и државен првак на своето училиште, кое се одржа на први јуни во Куманово во рамките на Државното натпреварување во пливање за основци. Андреј го освои златниот медал во дисциплините 50 метри грбно и 50 метри слободно, а воедно беше прогласен и за најдобар пливач во категоријата од шесто до седмо одделение. Во Солун го освои второто и третото место во 2016 година на Меѓународен натпревар на кој учествуваа 700 пливачи од повеќе земји, награди освои и на натпревари во Белград, Лесковац, Јагодина, Бор и Поточац. Тој за себе вели дека сака да стане професионален пливач и да учествува на Олимпијади и на светски првенства и турнири. Пред него сега е предизвикот да се исплива 38-от по ред Илинденски Охридски маратон, на кој лани беше победник во категоријата до 16 годиншни пливачи. Сега тој повторно е предизвик за него, да ги исплива 2,5-те километри со подобро време, но, во извонредно силна меѓународна конкуренција, а за тоа го подготвува, покрај Томи Стефановски,и нашиот врвен пливач Александар Маленко. Родителите имаат зошто да се фалат и да се гордеат со овој неизмерно голем спортски талент. Мила Гавриловска

25


„СОКОЛИТЕ“ - ВО КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

„Карпош Соколи“ ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Кошаркарите од Карпош ќе одиграат три квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло, и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат во групната фаза од натпреварувањето. Според ФИБА, во првото квалификациско коло ќе се натпреваруваат вкупно 16 тимови, меѓу кои и македонскиот претставник „Карпош Соколи“. Само најдобрите ќе се пласираат во групната фаза, кадешто ги чекаат тимовите кои веќе се одредени како учесници во регуларниот дел од сезоната. И. Ѓ.

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


Баскетот е совршениот спорт кој преку спортување ги зближува вработените, го зајакнува работниот тим и истовремено обезбедува одличен „тим билдинг“. Општина Карпош, како најспортска општина, преку организирање и поддршка на неколку баскет турнири, баскет лиги и на индивидуалните школи за кошарка ги анимира младите и ги приближува до еден од најомилените тимски спортови, но и повозрасните љубители на овој спорт од бизнис заедницата и администрацијата. Во таа насока е и вториот по ред турнир „Бизнис Баскет Лигата“ кој ќе се одржи на спортските терени на СЦ „Форца“ во состав на гимназијата „Орце Николов“. Почнувајки од 15 септември 2017 година, па се до 31 мај 2018, македонските компании ќе може да се натпреваруваат во „Бизнис Баскет Лигата“ која заеднички ја организираат Општина Карпош и СЦ „Форца“. Интересот за учество на овој турнир, од ден на ден е се поголем, што ветува добар баскет во текот на целата сезона. Играчите коишто се пријавени од сите екипи се аматери, односно не се регистрирани во првите две лиги во македонската кошарка во последните две години, а истите мораат да бидат вработени во одредени компани од подрачјето на Скопје. Со цел секоја екипа да има поголем број на играчи и секако дружењето да е поголемо, максималниот број на играчи дозволени за пријавување е осум (3+5) кои можат неограничено да се менуваат во текот на натпреварот. Свеченото отворање на „Бизнис Баскет Лигата“ е на 15-ти септември (петок), во „Форца Баскет центарот“ којшто се наоѓа во состав на Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Тогаш ќе се одржи и првото коло од овој турнир. Сите љубители на баскетот како маалски спорт, кој сега добива уште поголемо значење со вклучувањето на бизнис компаниите, ќе можат да се забавуваат и да уживаат во дружењето кое е загарантирано. Ги повикуваме сите вљубеници во баскетот да дојдат во спортско расположение, подготвени за дружење, забава и секако за партија баскет. Ова е само почеток на една голема баскет приказна којашто Форца и Општина Карпош ја започнаа со цел да поттикнат баскетот повторно да се врати во населбите, меѓу најмалите генерации, вклучувајќи ги и бизнис компаниите со цел да уживаат во популарната игра која е совршена за водење здрав начин на живот и стекнување на пријателства.

СПОРТОРАМА

НОВА „БАСКЕТ ПРИКАЗНА“ НА „ФОРЦА“И ОПШТИНА КАРПОШ

27


Карпошанецот Тео со бројни награди на велосипедски трки

ИДНИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА „ТУР ДЕ ФРАНС“ Одличниот осмоодделенец, Тео Вронделиев, од ООУ „Вера Циривири Трена“, од своите шест години активно вози велосипед. Интензивно, веќе три години, Тео професионално се занимава со велосипедизам, учествувајќи на голем број на велосипедски трки, на кои освоил голем број награди. Карпошанецот Тео е победник на Државното ридско првенство „Кривогаштани- Крушево“ во категорија до петнаесет години, освојувајќи го златниот медал. Тео се закитува со сребрениот медал на Државното првенство хронометар „Ваташка меморија“, и исто така го освојува второто место на турнирот „Трофеј Илинден“ организиран од Општината Илинден со организација со Велосипедската федерација на Македонија. Тео Вронделиев е член на велосипедскиот клуб „Мадал бал“. Од каде се роди љубовта кон велосипедизмот? -Активно почнав да возам велосипед од моите шест години. Може да се каже, дека еден наш семеен пријател ми ја всади љубовта кон велосипедизмот, но, како минуваа годините, јас се повеќе активно и професинално почнав да се занимавам со велосипедизмот. Ако на почетокот стануваше збор за детско хоби, денес можам да истакнам дека велосипедизмот е моја љубов, а во иднина и професија.

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 59 • ЈУЛИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ


СПОРТОРАМА

На колку велосипедски натпревари си занимаваш со велосипедизам, возејќи на учествувал, кои награди си ги освоил и подалечни релации. кои би ги издвоил? -Можам слободно да кажам дека -Сум учествувал на голем број секој викенд го користам за возење на велосипедски трки и натпревари, пред се велосипед. Најчесто со другарите, оние во нашата држава Република Македонија, кои исто така посериозно се занимаваат со бидејќи според стандардите, јас како возење на велосипед, одиме и на подалечни помал од петнаесет години, не можам да релации. Сум го извозел патот од Скопје учествувам на меѓународни натпревари до Свети Николе, во должина од 136 и велодипедски трки. Сите трки ми се километри, на што сум особено горд, а драги, бидејќи секоја си има своја тежина, сум бил и до Куманово. До поблиските и на секоја има некоја интересна случка. места во околината на Скопје, скоро секаде Победник сум на Државното ридско сум бил. Се уште сум млад, но како што првенство „Кривогаштани - Крушево“ ќе поминуваат годините, и ќе станувам оваа 2017 година, во категоријата до повозрасен, се подалечни релации кои сега петнаесет години. Исто така, златниот се моја желба, ќе станат реалност. медал го освоив и на универзитетското Младиот Тео Вронделиев, освен првенство „Гоце Делчев“ во Штип, исто големите успеси кои ги постигнал на во категорија до петнаесет години. домашната сцена, во категоријата до Сребрени медали, односно втори места петнаесет години, за себе вели, дека еден освоив на турнирот „Трофеј Илинден“ ден се гледа на најголемиот реномиран организиран од Општината Илинден во велосипедски турнир „Тур де Франс“. заедничка организација со Велосипедската По комплетирањето на своето основно федерација на Македонија оваа година, образование карпошанецот Тео, планира и на Државното првенство хронометар да се запише во гимназија, инаку Тео е „Ваташки меморијал“. одличен ученик, а омилен предмет во Освен на официјални натпревари и училиште му е математиката. велосипедски трки, дали рекреативно се Благојче Атанасоски

29


КАРПОШ КОМУНИЦИРА

7г еспресо студио / 7g espresso studio Благодарност до Општина Карпош на убавите зборови

Апликација за Android и iPhone, Стевчо Јакимовски/Stevco Jakimovski

Општина Карпош: Задоволството и честа што Ве имаме се наши.

30

10:20

НОВА ФАСАДА НА СТАНБЕНА КУЛА НА УЛ. ВЕСЕЛИН МАСЛЕША БР. 5 (КАЈ ТИНЕКС) ВО УЗ „КАРПОШ 2“

Muho Al Robe: Kozle 3 planirate da ja asfaltirate pisuvam poveke pati i odgovor ne dobivam. Општина Карпош: Општината Карпош на ул. Козле 3 изведе фекална канализација како и приклучоци до сите станбени објекти. Во изминатиот период исто така Општина Карпош изведе покривање на отворениот атмосферски канал од десната страна на улицата во должина од околу 70м2. По завршување на горенаведените работи спроведена е тендерска постапка за покривање на останатиот дел од отворениот атмосферски канал во должина од уште 70м2, чија реализација е предвидена наскоро. По завршувањето на погоре наведените работи ќе се изврши асфалтирање на улицата Козле 3 за која претходно имаме спроведено тендерска постапка, а избран е и изведувач на работите. Muho Al Robe: Vi blagodaram na odgovorot

Следете не и на Instagram (opstinakarpos) и тагирајте не со хаштагот #KarposInsta Следете не и на Instagram (opstinakarpos) и тагирајте не со хаштагот #KarposInsta

designed by Zee Que | designbolts.com

И. З.


@mnogufina Тој што рекол „среќата со пари не се @bonitopp Еднаш зборев со програмер. Па поубаво купува" немал чуено за еркондишн! недоразбирање у живот сум немала. @zone0205 Како секое утро така и ова...ми се спие. @TKiceec

TWITTER ХУМОР

@DimePupuliev -Водиш ли здрав живот? -Не...пијам, пушам по две кутии на ден, не се хранам здраво... -Па што бараш во теретанава? -Дојдов да ја поправам климата @blood666dragon Пишал статус : -Продавам Југо, а можна е и замена... За шо бе другар замена?!! За тостер?!?

Ама проблемот со земјотрес е шо не мојш @plata_nema да го сликаш за инстаграм. Јас кога купувам лубеница глумам лудило као демек знам да одбрерам по звук па @Marie_HotCat мавам чврги по сите лубеници. Колку е кремата за сончање? - 890 денари. Ништо, ќе си земам три кисели млека.

@BateMkd Си купил Ајфон, ама не си купил Рексона..

@GretaOdTreta Не само шо ми се иде на одмор, туку и ми се иде да не се вратам. @lenaenana Јас и ти бевме филм. Краткометражен.

@zone0205 Од покачување на работа, добив само @Ibe_Palikukja покачен притисокот. На младите по повод венчавката им подаривме ГПС да не скршнат од патот. @The__Zorro @Ibe_Palikukja Совет од докторите: -Пијте течности и облекувајте се полесно. Кога се пакуваш за на одмор со деца, не Фала ви што ме просветливте, пошто до знаеш дали идеш на одмор или се селиш. сега со јакна се шетав. @IvoCmon @nadiamali0511 Одам да го прашам маж ми дали е многу кратко фустанчето: -Многу ти е убава блузичкава, долу што ќе облечеш? @IvoCmon Му ги избричиле веѓите на спиење, кога станал се изненадил, ама не се познавало...

Отвараш фрижидерот гледаш сладолед, отвараш сладоледот гледаш сарма, отвараш сармата гледаш посна... @bonitopp Ќе ти го одземам сè она што го сакаш. -Нутриционистот @m_kynthia „кинам цвеќе* Јас: Ме сака, не ме сака, ме сака, не ме.. Цвеќето: Имам дечко.

@OtpisanaBONI Знаете дека сте прочитале добра книга тогаш кога ќе ја свртите последната @AndrejAleksov страна малку ќе се почувствуваш како да Тoлку ми е укoчен лaп тoпoт, шo рaзмислувaм дa гo нoсaм нa физикaлнa. сте изгубиле пријател. И. З.

31


КУЛТУРА 32

УМЕТНИЧКИОТ ДУХ НА КАРПОШ ПО 11-ТИ ПАТ Општина Карпош заедно со Детскиот ликовен центар, секоја година ја организираат традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“. Така, овој септември, по 11 –ти пат се очекува присуство на околу 40-на ученици со своите ментори од збратимените Општини, да учествуваат на ликовната колонија, а својата инспирација од падините на Водно, ќе ја пренесат на платно во придружба со своите врсници од десетте основни училишта на територија на Карпош. Оваа манифестација ќе трае два дена, а уметничките делa ќе бидат изложени во Кинотеката на Македонија, додека пак на учениците ќе им бидат доделени благодарници како награда за нивно учество на 11тата детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“. М. Г.


ГЕНТИАН - ВРАЌАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА Гентиан (Gentian amarelle) - линцура е препарат кој делува против сомнеж и обесхрабрување. Личностите Гентиан се обесхрабрени и депресивни тогаш кога работите не им се одвиваат онака како што тие сакаат, или, пак, кога им се појавуваат неочекувани проблеми. Доволно им е само мал проблем или препрека, па да почнат сé да гледаат црно и безизлезно и лесно се откажуваат. Во старт делуваат негативно, песимистично, скептично, вообичаено бараат „влакно во јајцето“, за однапред да избегнат разочарувања. Често се чини дека уживаат во својот песимизам. За разлика од Mustard кај Гентиан причината за депресивното расположение може да се дефинира (губиток на партнер, пријател, работно место, болест итн). Кај заболувањата, кога се на пат кон оздравување, или кога се работи за исчекор во животот, доволно е мал проблем и веднаш го губат доброто расположение и храброста. Оваа Бахова есенција им помага на оние луѓе кои се чувствуваат обесхрабрени по долго боледување или за време на хронична болест. Овие личности на кои им е потребен Гентиан, во суштина сакаат да веруваат во позитивни работи, но не можат. Есенцијата е добра за деца кои поради оптоварување во училиште ја изгубиле мотивацијата и силата за да одат понатаму. Позитивен потенцијал на оваа есенција е во сфаќањето дека битката не е изгубена, доколку се даде сé од себе, без разлика каков е крајниот исход на борбата. Овој цветен екстракт ја враќа довербата и верувањето во позитивни работи, смислата на живеење, интуицијата и сопствената сила. Ниеден проблем не е нерешлив, ниедна задача не е преголема, сé може да се реши. Се јавува позитивно расположение и позитивен пристап кон животот, така што можат да се надминат сите потешкотии. Гентиан ја враќа борбеноста на духот, давајќи ни објективен поглед на животот, вербата и надежта во себе и во сопствените способности. Помага личноста да увиди дека животот е добар, дека има уште многу добро зад нас и дека може да продолжи понатаму со тоа што ќе ги надмине пречките. Болести од кои можат да боледуваат личностите во негативна состојба Гентиан се: депресија, табиетлија, песимизам, анксиозност, премор, опсесивно чувство дека не е сé е во ред, хронични дегенеративни болести, доцнење во лечењето заради недоверба, коски, хипотензија, слабост, вртоглавица, зараза, хипохондрија, обесхрабрување, дури и во една епизода можна е сексуална импотенција. Јоана Станиќ

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Бахова цветна терапија

33


ХОРОСКОП 34

ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ 2017 ОВЕН- Бидете истрајни на работен план и резултатите нема да изостанат. Во љубовта преземете акција, охрабрете ја спротивната стана, ве очекуваат прекрасни заеднички моменти. Не е мудро да ги игнорирате сигналите на телото кои ви кажуваат дека сте под стрес-преземете мерки. БИК- Финансиите ќе ви зависат од претходно вложениот труд. Можни се проблеми, но тоа нека не ве обесхрабрува. Во љубовта ве очекуваат убави моменти и поволен период за стабилизација на емотивната сфера. На здравствен план препорачливо е да поведете повеќе сметка за исхраната. БЛИЗНАЦИ- Во овој период позитивно аспектирано ви е склучувањето на договори и преговори, затоа искористете го периодот да склучите нови договори и да ги обновите старите. Немојте да бидете нетрпеливи кон партнерот, покажете повеќе толеранција Конзумирајте повеќе домашно приготвена храна. Потрудете се да си обезбедите доволно одмор. РАК- Поволен временски период за реализација на вашите финансиски проекти или пак исплаќање на заостанати долгови. Во љубовта бидете потолерантни кон партнерот и потрудетe се да најдете повеќе време за заеднички мигови. Најдобар одмор е во прегратките на саканата личност и во домот. ЛАВ- Летото е вистински период за вас, неуморни ќе бидете во реализација на зацртаните проекти што ќе вроди со плод. Вашиот љубовен живот ќе биде обвиткан со вел на мистерија, ќе уживате со саканата личност далеку од очите на јавноста. Внимавајте кога спортувате, склони сте кон повреди. ДЕВИЦА- Почекајте поволен момент за реализација на нови проекти. Можни се финанскиски проблеми, но не грижете се, кратко ќе траат. Ќе бидете нетрпеливи кон партнерот како резултат на премногу

работни обврски. Искористете ја втората половина на месецот за „измазнување“ на недоразбирањата. Доколку имате можност пливајте, тоа ќе ве ослободи од стресот. ВАГА- Вредно ќе работите за да ги зголемите приходите. Соработката со колегите ви носи успеси. Можно е мало разочарување на љубовен план. Вашите очекувања во однос на партнерот ќе се разликуваат од она што сте го замислиле. Повеќе витамини и течности. СКОРПИЈА-Максимално искористете ја поддршката од редовите на вашите пријатели. Во љубовта ќе бидете насочени кон флертот особено во првата половина на месецот кое може да резултира со вљубување. Повеќе прошетки на чист воздух ќе ви овозможат баланс на енергијата. СТРЕЛЕЦ- Време е посериозно да се занимавте со својата работа и не дозволувајте да ви настрада здравјето поради мегаломански желби. Во љубовта нема да ви цветаат рози. Посетете стоматолог. ЈАРЕЦ- На работа можна е плодна соработка со странци, доедукација или проширување на бизнисот. Преморот може да биде причина за запоставување на партнерот, потрудете се да одвоите време за заеднички моменти. Здравје - чувствително. ВОДОЛИЈА- Ова е месец во кој можете да блеснете на работен план, склучувајќи нов работен договор или почеток на нов проект. Сјаен период за нови љубовни врски или ренесанса на постојната. Избегнувајте ги жештините, лошо влијаат на вашата здравствена состојба и конзумирајте повеќе течности. РИБИ- Финансиски добивки, нови соработници или започнување на нов бизнис. Не се расправајте со партнерот и уживајте во љубовта. Можно е силно да бидете погодени од Аморовата стреличка. Водените спортови се вистински мелем за враќање на вашата форма и конзумирајте свежи продукти. Ј. С.


УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ Влае 1

Нерези

Карпош 2

Влае 2

Владо Тасевски

Карпош 3

Тафталиџе 2

Кузман Јосифовски Питу

Карпош 4

Пецо Божиновски Кочо

Злокуќани

Телефон за контакт: 072/268-052 е-mail: karpos4@karpos.gov.mk Адреса: ул. Љубљанска бр.6

Телефон за контакт: 078/486-925 и 078/486-959 Телефон за контакт:078/486-923 е-mail: pecobozinovski@karpos.gov.mk е-mail: zlokukjani@karpos.gov.mk Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул.Скупи бб.

Тафталиџе 1

Одделение за месна самоуправа,

Бардовци

Телефон за контакт: 02/3068-754 и 078/486-929 Телефон за контакт: 072/268-053 е-mail: vlae1@karpos.gov.mk е-mail: karpos1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Фјодор Достоевски бр. 2 Адреса: ул. Иван Аговски бр.2 Телефон за контакт: 02/3071-246 и 078/486-955 Телефон за контакт: 072/268-056 е-mail: vlae2@karpos.gov.mk е-mail: karpos2@karpos.gov.mk Адреса: ул.Сливовска бр.1 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4

Телефон за контакт: 078/486-922 е-mail: nerezi@karpos.gov.mk Адреса: ул. Ванчо Мицков бр.19

Телефон за контакт: 078/486-927 е-mail: vladotasevski@karpos.gov.mk Адреса: ул.Дрезденска бр.52

Телефон за контакт: 072/268-054 и 078/486-919 Телефон за контакт: 078/486-928 и 078/486-921 Телефон за контакт: 078/918-030 е-mail: taftalidze2@karpos.gov.mk е-mail: kjpitu@karpos.gov.mk е-mail: karpos3@karpos.gov.mk Адреса: ул. Копенхагенска бр.5 Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул. Радика бр.9

Телефон за контакт: 072/209-685 е-mail: taftalidze1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Букурешка бр.2

Раководител, Миле Стевков Телефон за контакт: 3078-116 и 070/235-790 е-mail: mile.stevkov@karpos.gov.mк

Телефон за контакт:078/486-931 е-mail:bardovci@karpos.gov.mk Адреса: с. Бардовци

Кабинет: 02/3061353 Сектор за правни работи: 02/3055-900 Сектор за дејности од јавен интерес: 02/3055-939 Сектор за односи со јавноста: 02/3055-920 Сектор за развој на општината: 02/3068-151 Сектор инспекторат: 02/3055-931 Сектор за финансиски прашања: 02/3055-923 Архива: 02/3055-954

Сектор за урбанизам: 02/3055-900 Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи: 072/214-354 Сектор за екологија и енергетска ефикасност: 072/273 986 Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци: 02/3055-942 Одделение за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра: 02/3067-055

Поважни телефони Полиција Противпожарна бригада Брза помош Управување со кризи АМСМ - помош на патишта АМСМ - информативен центар Авто помош на пат (нон - стоп) Царина Матична служба - ГУВР Сала за венчање

192 193 194 195 196 155 55 9159 197 3117 037 3118 250

e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk e-mail: sekretar@karpos.gov.mk официјален e-mail: kontakt@karpos.gov.mk

ПТТ - услуги Будење Точно време Информации Воена полиција Пазарен инспекторат Водовод и канализација - дежурна служба Комунална хигиена - дежурен диспечер Оџаци - оџачарски услуги

180 185 988 3227 700 975 3073 010 3224 961 2440 293

Сообраќај Меѓуградска автобуска станица Македонија сообраќај Железничка станица Аеродром Скопје

2466 313 2402 388 3234 255 3148 333

Дежурни поликлиники Букурешт Неуромедика

3064 088 3133 313

Дежурни аптеки Зегин (МНТ-подрум) Реплек - аптека бр.4

3117 614 3130 170

Здравствени објекти Клиничка болница Градска општа болница Воена болница Детска болница - Козле Неуромедика Клиника „Мајчин дом“ Стоматолошки клинички центар Гинеколошкo - акушерска клиника Гинекологија и акушерство - Чаир ПЗО Систина медикал

3147 147 3235 000 3283 000 3085 761 3130 000 3147 004 3299 000 3147 147 2611 033 3073 335

Дежурни поликлиники Букурешт Идадија Ѓорче Петров Јане Сандански Драчево Чаир Шуто Оризари Ченто Бит Пазар Неуромедика

3064 088 3113 033 2031 022 2463 277 2795 112 2611 506 2651 696 2522 351 3134 534 3133 313

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Карпош 1

35



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.