Училишен весник

Page 1

УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

1


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

СОДРЖИНА: КОРОНА ВИРУС..............................................................................................3 ЛИТЕРАТУРА...................................................................................................4 ЖИВОТНИ.......................................................................................................5 СЕРИИ.............................................................................................................8 ЗАЧУДУВАЧКИ ФАКТИ...................................................................................9 МОДА............................................................................................................11 ВИДЕО ИГРИ.................................................................................................12

КОРОНА ВИРУС- Спасовска Наталија и Младеновска Теодора ЛИТЕРАТУРА- Боживовска Клара ЖИВОТНИ- Накова Бранка СЕРИИ- Христовска Илина и Коркоска Фросина ЗАЧУДУВАЧКИ ФАКТИ- Коркоски Димитар и Трајковски Дарко МОДА- Матеја Груевска ВИДЕО ИГРИ- Младеновски Теодор, Христовски Ѓорѓија и Филип

2


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

КОРОНА ВИРУС Корона вирус е вирус што може да предизвика сериозна болест на белите дробови. Симптомите се висока температура проследена со сува кашлица, главоболка, мускулна болка и замор. Како да се заштитиме од корона вирусот? 1. Мијте ги рацете 2. Покривајте ги устата и носот при кашлање или кивање 3. Избегнувајте допирање на очите, носот и устата 4. Одржувајте растојание од 2 метра со други луѓе 5. Носи заштитна маска

3


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

ЛИТЕРАТУРА Книжевност или литература - уметноста на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, книжевност го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот литература се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Романи на четворица македонски писатели влегоа во потесна конкуренција за Наградата за литература на Европската Унијa. Станува збор за делата: „Утеха за голите“ на Давор Стојановски, во издание на „Или-или“, „Другата страна“ на Ѓорѓи Крстевски („Бегемот“), „Последните денови на Ханс“ („Или-или“) и „Страв од варвари“ на Петар Андоновски во издание на „Или-или“. Во потесниот избор има 47 автори од 13 земји, а добитниците ќе бидат објавени на 19 мај. 5 Македонски книги кои вреди да се прочитаат: • ,, Бело и црвено" - Михајло Свидерски" • ,, Мојот маж" - Румена Бужаровска • ,, 3 минути и 53 секунди" - Берт Стајн • ,, Вишнова Хроника" - Фросина Пармаковска • ,, Сестрата на Зигмунд Фројд" - Гоце Смилевски

4


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

ЖИВОТНИ Животните се суштества кои се делат на диви и питоми. Дивите животни, самото нивно име ни кажува дека живеат слободно во дивината, во шумите, океаните и морињата, пустините...Додека пак питомите или домашни животни се оние кој ги припитомил човекот и тој е оној којшто ги чува. Некои животни се хранат со други помали животни, инсекти, а некои со растенија. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Кои се најпаметните животни во светот? 1.Шимпанза-Со шимпанзите ние луѓето споделуваме речиси 99 проценти од нашата ДНК. А изгледа и делат и дел од нашата мозочна моќ. Во некоја студија во 2007 година, истражувачи им дале на шимпанза и на студенти на колеџ ист когнитивен тест. Тестот вклучувал помнење каде на екран на допир биле лоцирани броеви од 1 до 9. Шимпанзата и луѓето ги гледале броевите на нивните места помалку од една секунда, а потоа требало да се сетат каде биле тие броеви и да им ги покажат на истражувачите. Шимпанзата се сетиле на локацијата на секој број со многу подобра поточност, па истражувачите сметале дека тие користеле вид фотографска меморија, која им овозможила да се потсетат на слики со исклучително голема точност. 2. Кози-И овие животни биле испитувани од страна на истражувачи, со помош на направа на чиј завршеток имало овошје. За да дојдат до вкусното овошје, козите морале да ги користат забите за да го повлечат јажето што го активирало лостот што требало да го подигнат со устата. Ако можеле да го сфатат сето тоа, го добивале плодот. Поголемиот број кози ја совладале задачата и кога по 10 месеци подоцна ги натерале да го повторат тоа, мнозинството сѐ уште се сеќавало како работи системот. 3. Слонови-Слоновите можат да направат разлика меѓу јазици и дали зборува маж, жена или дете, според една студија. 4. Делфини-Многумина научници ја мерат интелигенцијата на животните според еден тест со огледало, чија цел е кога животното ќе го види својот одраз во огледалото да се препознае себеси. Доколку тие тогаш мислат дека тоа е друго животно од нивниот вид и или бегаат, или се обидуваат да се борат и да го исплашат странецот. Кога делфините ги

5


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

испитувале на овој начин, виделе дека единствено тие од сите други животни знаеле дека ознаките им припаѓаат ним, знаеле дека делфинот во огледалото се тие самите. 5. Пчели-Тие можат да индетификуваат која од две хоризонтални линии е над другата. Кои се најбрзите животни во светот? 1.Чита-114км на час 2. Антилопа-95км на час 3. Лав-80км на час 4. Газела-80км на час 5. Црвена лисица-77км на час Колку се големи најмалите животни во светот? 1.Најмалото куче-12.4цм 2. Најмалата змија-10.1цм 3. Најмалиот коњ-43.18цм 4. Најмалата мачка-15.5цм 5. Најмалиот камелеон-1.2цм 6. Најмалиот гуштер-16мм Инсектитесе група на членконоги суштества. Тие можат да се најдат речиси во сите животни средини, иако само мал број се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконога група-раковите. Едни од најпознатите и најчестите инсекти на Земјата кои ги знаеме се: бубамари, мравки, муви, оси, пчели, пеперутки, тврдокрилци, двокрилци..

6


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

Кои се најголемите инсекти во светот? 1.Titanusgiganteus-Во Амазонските дождовни шумми, можат да нанесат сериозни повреди и растат до 17 сантиметри. 2. Megasomaelephas-Има три рогови кои му служат за борба, расте од 7 до 12 сантиметри. 3. Macrolyristescorporalis-Најголемиот штурец кој го има во Малезија, се храни со помали инсекти.

Интересни факти за животните *Мозокот на пајаците се шири до нивните нозе. *Пијавиците имаат 32 мозоци. *Џиновската лигња јаде низ мозокот. *Малите оси имаат најмали нервни системи. *Клукајдрвците имаат шуплини во нивните черепи. *Враната е попаметна од повеќето цицачи. *Делфините спијат со едно око отворено и имаат поголем мозок од луѓето.

* ЖИВОТНИТЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА ЗЕМЈА И ЗАТОА НЕ ГИ УБИВАЈТЕ, ШТИТЕТЕ ГИ, ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ДА ЈА НАПРАВИМЕ НАШАТА ПЛАНЕТА ПОУБАВО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!

7


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

СЕРИИ ЕЛИТА Елита (или Елитé) е шпанска трилер-тинејџ драмска веб серија, креирана за компанијата “Нетфликс”, од Карлос Монтеро и Дарио Мадрона. Серијата е претставена во Лас Енсинас, во измислено елитно- приватно средно училиште и се врти околи тројца нови ученици (кои во ова училиште се дојдени со помош на стипендии) и нивното богато друштво од елитата. Прва сезона - По распадот на нивното училиште, на тројца пријатели - Самуел, Надија и Кристијан - им се нудат стипендии на Лас Енсинас, најексклузивното приватно училиште во Шпанија. Стипендиите се спонзорирани од градежната компанија, виновни за пропаѓањето на училиштето. Во Лас Екинас, тројцата првично се малтретирани од богатите студенти. Како што напредува учебната година, нивните животи се испреплетуваат во судир на начин на живот, незадоволство, завист и привлечност.... Ликови: 1. Марија Педраза како Марина Нуниер Осуна. 2. Итзан Ескамила како Самуел Гарсија Домангез. 3. Мигел Бернардео како Гузман Нуниер Осуна. 4. Мигел Херал како Кристијан Варела Експосито 5. Јаиме Лоренте како Нано Гарсија Домангез 6. Алваро Рико како Поло Виллада 7. Арон Пипор како Андер Муноз 8. Мина Ел Хамани како Надиа Шалаа 9. Омар Ајусо како Омар Шалаа 10. Естер Експосито како Карла Росон 11. Дана Паола како Лукресија или Лу Монтесинос 12. Георге Лопез како Валерио Монтесинос 13. Клаудија Салас како Ребека Авалос 14. Георгина Аморос како Кајетама Пандо.

8


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

ЗАЧУДУВАЧКИ ФАКТИ 1.Секоја година туристите фрлаат околу еден милион евра во фонтаната Треби во Рим,градот ги користи тие пари за финансирање на маркет за сиромашните. 2. Вилицата на гризли мечка е толку силна што нејзиниот загриз моќе да скрши и топка за куглање. 3. Во градот Черчил Манитоба во Канада,нелегално е да го заклучите вашиот автомобил во случај некој да треба да избега од една од 950-те поларни мечки во тој град. 4. Компанија наречена Nerowear продава како што тие ги нарекуваат,Mico headphones,кои ги читаат вашите мозочни бранови и избира музика базирана на вашата состојба на умот. 5. Најмалата мачка во светот била Хималајската персиска мачка наречена Tinkertoy.Таа била само 7 цм висока и 19 цм долга.На таа големина,била стара шест години и целосно порасната. 6. Има толку многу ресторани во Њујорк што можете да јадете на различно место секој ден за 12 години и никогаш да не го посетите истото место 2 пати. 7. Јазикот на возрасна жирафа е долг 53 цм. 8. Постои книга ,,Се што мажите знаат за жените’’ која има 100 страни и секоја од нив е празна. 9. Возможно е да се види види виножито како целосен круг од авион. 10. Во филмот Терминатор 2,Арнолд Шварценегер бил платен 15 милиони долари,а зборувал замо 700 зборови дијалог.Ако таа сума ја претвориме во зборови,значи дека неговата позната реченица,,Hasta la vista,baby’’,чини 95.714 долари.

9


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

11. Постои езеро во западна Австралија наречено Хилиер Езеро што има вода која е природно розева. 12 .Кравите имаат најдобри пријатели и можат да бидат под дејство на стрес доколку ги одвојте од нив.

.

13. Џим Камингс,гласот на Вини Пу,се јавува на болни деца во болниците и разговара со нив како Вини ПУ да направи да се чувствуваат подобро. 14. Ѕверот од ,,Убавицата и ѕверот’’ е суштество наречено химера со карактеристики и делови на телото од седум различни животни. 15. Кралицата Елизабета,всушност вработува некој да ги носи чевлите пред таа да го направи тоа за да биде сигурна дека се удобни. 16. Во видео играта Супер Марио Грмушките и облаците се со сосема ист облик само во различна боја. 17. Само две тртетини од популацијата на земјата досега не виделе снег. 18. Потребни се 1000 години да се изгледаат сите видеа на Youtube. 19. Бројот на букви кој се пишува секојдневно на Твитер може да зафати книга од 10 000 000 страници. 20. Окото на нојот е поголемо од својот мозок. 21. Слонот е единствено животно кое не може да скока. 22. Дабарите спијат секогаш фатени за рацете. 23. Кога папоанскиот пингвин ќе се заљуби во женски пингвин , тој ја пребарува целата плажа да го најде совршеното камче за неа . Кога конечно ќе го најде тој го става во клунот и и го дава со тоа се верува дека тој така ја запросува. 24. Малите пилиња пред да искочат од јајцето можата да комуницираат едни со други вклучувајќи ја и мајката со помош на звуци.

10


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

МОДА Модните трендови се менуваат со брзина на светлината и иако не можеме да се откажеме од нашите омилени парчиња кои најмногу ги носевме во текот на 2019-та година, сепак, според модните експерти, многу од нив веќе нема да бидат во мода.

Школките доминираа во накитот за 2019-та година. Ги видовме на обетки, ѓердани, нараквици, па дури и на чантите и паричниците. Оваа година, тие ќе направат простор за класичните и елегантни бисери. Збогум сламени шапки, добредојдовте бејзбол капи! Сламеното дефинитивно веќе нема да биде во мода, а љубителите на чанти ќе мора да инвестираат во друг тип на дизајн. Наместо пастелните и неутрални, оваа година ќе уживаме во неонските тонови, посебно во портокаловата боја.

11


УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

Видео игри - Компанијата “Риот” направи “шок” со новата нивна игра “Валорант”. Оваа игра се игра 5v5 мод но има и други разни модови , моментална верзија на оваа игра е “Бета”.

- На 3 април оваа година излезе нов “римејк” на хорор игра од деведесетите ,се работи за resident evil 3. На новата верзија е подобрена графиката, физиката и други мали и големи детали.

- Компанијата “Epic games” остана без програмери на работното место поради новиот вирус Covid-19, па поради ова ќе мораат да работат секој самостојно од својте домови.

12


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.