Page 1

Зошто е таа пена на устата полна со бес? Самиот Ахмети кажа дека тој лично и Бранко Црвенковски договориле изградба на „Александар Македонски“ и на „Скендер-бег“. ДУИ го заврши „Скендер-бег“, а СДСМ? Прочитајте ја колумнава, напијте се кафе, гледајте малку телевизија. И? Ништо особено. Вам ќе ви помине еден час, а Kомерцијална банка ќе добие околу 50 евра, односно 3.000 денари за кирија. За еден час. Од кого? Од буџетот. Од вашите пари, од парите на граѓаните. Kако? Е, па, Kомерцијална банка годишно му издаваше простории на Министерството за земјоделство за околу 380.000 евра. Месечно, тоа се околу 32.000 евра. Времето си тече, киријата си доаѓа, парите на граѓаните одат во неповрат, а Kомерцијална банка профитира. Kолку е тоа дневно? Околу 1.000 евра секој ден. Значи, само Kомерцијална банка секој ден добива околу 1.000 евра. Секој ден. И во викенди и во празници. И во лето и во зима. Добра зделка, нели? Тоа е само Kомерцијална банка за само еден објект, за Министерството за земјоделство. Онаа Kомерцијална банка каде што е Хари Kостов. Од СДСМ. И сега сите се чудиме зошто СДСМ толку се возбудува затоа што државата гради објекти со кои нема да има потреба да плаќа толкави кирии. Kој добива? Граѓаните и државата. Добива градежништвото затоа што поради кризата фирмите останаа без работа. Kој губи? Оние што со години го издавале просторот и секој ден ќарувале околу 1.000 од кирија само од еден објект. Има повеќе десетици такви примери, но овој пример добро ја илустрира целата ситуација. Зошто е тоа така? Поради тоа што Скопје не беше граден и конципиран да биде главен град на една држава. Во сите претходни држави улогата на Скопје и на Македонија беше да бидат целосна периферија, маргинализирани и запоставени. Со македонски пари се градеа Цариград, Белград, Софија и Атина. Тие беа предвидени да бидат главни градови, тие требаше да одлучуваат за нас. Таму беа царските дворци и парламенти, таму беа филхармониите и амбасадите, таму беа големите булевари и репрезентативните објекти. Македонија ги добиваше касарните со окупаторска војска, како и по некоја коска од буџетите на тие држави. Македонија плаќаше и ги градеше туѓите бели дворови. Од Македонецот се земаше данок во крв, арач, но и најубавите девојки, а тука речиси ништо не се градеше. Ете затоа денес Македонија се гради како држава. Државноста подразбира институции, а за почеток, тие институции треба некаде физички да бидат сместени. И тука доаѓа до израз одговорниот и неодговорниот пристап. Дали треба државните институции вечно да останат под кирија збогатувајќи ги разните комерцијални банки или треба да се направат и да служат за следните 100 или 200 години? Во Европа државните институции уште ги користат објектите изградени во 1800 или 1850 година.


Есапот: за парите што се даваат за кирија за 10 години, може да се изгради цел еден таков нов објект. Се добиваат нови простории, секој месец нема да се плаќа кирија, се ангажира градежната оператива, се спасуваат работни места во период на криза и трајно се решава проблемот со простории на Министерството за земјоделство. Уште еднаш: Kој може да биде против сето ова? Оние што ништо не изградиле, па сега пукаат од завист и од лутина. И оние што добивале околу 1.000 евра дневно од кирија. Токму затоа секоја дискусија на пратениците и на првенците на СДСМ почнува и завршува со „Скопје 2014“. Нема веќе креација и проекти во СДСМ. Нема идеи, ниту каква било политичка понуда. Уште помалку програма или некакви решенија кои ќе му се понудат на македонското општество. На крајот, зошто целата врева од СДСМ? Зошто е таа пена на устата полна со бес? Па самиот Али Ахмети кажа дека тој лично и Бранко Црвенковски договориле изградба на „Александар Македонски“ и „Скендер-бег“. ДУИ го заврши „Скендер-бег“, а СДСМ? СДСМ по обичај ништо не заврши. Само по некој говор, ветување и толку. Kако и за сите други работи. Понатаму, зошто се бунат околу ревитализацијата на старата железничка станица? Па тоа го нудеше токму Ристо Пенов, нивниот кандидат за градоначалник на локалните избори во 2005 година. Таков му беше и спотот. Преку компјутерска анимација се подигнуваа столбовите на старата железничка станица. Тогаш за тоа не се бунеа ниту разните архибригади, ниту Грчев, ниту пензионираните пионери од Титовите леви сили. Впрочем, мандатот на Ристо Пенов од ЛДП и со мнозинството на СДСМ во Советот на градот Скопје се усвои програмата за споменици што треба да се подигнат. Тие ги предвидоа Алксандар Македонски, цар Самуил, Јустинијан, Kарпош, како и фонтана со скулптура на главниот градски плоштад. Таа програма е изгласана на 30. 11. 2004 година кога претседавач е Страшо Нелковски од СДСМ. Од тоа време остана подземната инсталација под главниот плоштад за фонтаната, но проектот не беше реализиран. Само зборови, планови и пароли. Затоа, разбирлива е нивната фрустрација кога гледаат дека некој реално и конкретно го завршува тоа што тие можеле само да го напишат. За крај, за вкусовите можеме да дискутираме. Но, факт е дека главниот град станува поубав. Ќе остане запаметено и кој бил против целиот овој проект од завист и од лични интереси. Делата и градбите ќе останат, а зборовите ветер ги вее. Влатко ЃОРЧЕВ (Преземено од ДНЕВНИК)

proba  

da da tuka pisuvam sega

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you