Page 1

ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ПОГЛЕДИ КОН ОХРИДСКО ЕЗЕРО


Колекцијата Триесет и шест погледи кон Охридско Езеро е инспирирана од јапонскиот уметник од 19 век, Хокусаи чиешто славно дело Под бранот на Канагава одиграло клучно влијание врз западната уметност и е едно од најпрепознатливите уметнички дела во целиот свет. Исто така познато под името Големиот бран, ова дело е едно од циклусот принтови - Триесет и шест погледи кон планината Фуџи – планина со исклучително културно и духовно значење за Јапонците. Сликањето на планината Фуџи кај Хокусаи потекнува од јапонскиот уметнички стил укио-е или во превод „слики од пловечкиот (променливиот) свет“. Иако во тоа време името имало и поинакво толкување, сепак, неговото изворно значење се однесува на непостојаноста на постоењето чијашто рефлексија може да се види и во Охридското Езеро – македонскиот пловечки свет...


ПОГЛАВЈЕ ПРВО


Многу одамна, си беше едно езеро, толку спокојно што кога лебед пловеше по него, не можеше да знеш каде водата завршува, а каде лебедот почнува.

Весна Јованоска


Крстено Охридско, езерото беше толку убаво што Земјата се помрдна за да го изваја толку длабоко и неговите води никогаш да не пресушат, дури и после милиони години. �

Бети Тасевска


Мирјана Ристевска

Облаците патуваа бесконечни неба само за да се огледаат во неговите бистри води...


... а нежно ветре дуваше дури од Јадранот за да се загрее над езерските води.

Марија Дамјаноска


Покрај неговиот брег никна трска, еднo по еднo илјадници животни и растенија ги исполнија неговите води, некои толку единствени и посебни што светот дотогаш ги немаше видено.�

Емилија Томаноска


Игор Буловски

Планините наоколу беа толку горди да го имаат што се исправија повисоко, само за да го заштитат.


Теодора Теа Кузмановска

Дури и сонцето, секоја вечер се задржуваше малку подолго само за последен пат да види како неговите бои блескаат на брановите пред спиење.


Марко Илиќ

Галичица го сакаше најмногу од сите. Покрај него таа ги никна најразновидните градини на Балканот³, a до неговите извори ги испраќаше најчистите и најбистрите води.


Благица Јаневска

Заедно со планините, езерото изгради магичен свет во свет.


ПОГЛАВЈЕ ВТОРО


Даниела Баулоска

Поминаа милениуми и луѓето почнаа да се населуваат околу езерото, а тоа ги прими како свои деца и раснеше со нив како едно.


Стотини генерации изминаа⁴, луѓето се менуваа, но сите подеднакво можеа да ја уживаат убавината на езерските зајдисонцa.

Светлана Сеси Камџијаш


Наколните населби прераснаа во богати гратчиња со убави домови на ридовите кои се бањаа во сончевината која езерото ја одблеснуваше ⁵, само за нив.

Никола Паскали


Кристина Налеска

И додека во лето птиците доаѓаа од Африка за да пливаат во водите и се гнездат на бреговите, во зима доаѓаа од ладните северни краишта.


Љупчо Димоски

Вака или онака, небото и езерото беа секогаш исполнети со крилја и мечти што само крилјата и можеа да ги донесат.


На брегот, луѓето живееа, умираа и броеја; империите се издигнуваа и пропаѓаа; кралевите и освојувачите доаѓаа и си одеа; а Охридско Езеро беше постојано, секогаш хранејќи ги своите чеда со онолку вода, храна и засолниште, колку што им беше потребно. Наташа Тозија


Анета Вршкоска Јованоска

Колку ли молитви отпатувале до небесата над охридските бранови?


Колку ли бакнежи биле споделени на неговите плажи?

Мики Микиќ


Колку ли љубовници шетале по неговите брегови?

Вера Жупан


ПОГЛАВЈЕ ТРЕТО


Бенита Стојмирова

Иако луѓето отсекогаш знаеле дека езерото е мудро, сепак со текот на времето научиле дека тоа има и сеќавање, дека неговите карпи и екоситеми кријат огромно знаење. ⁶


Мишко Ѓоршески

Дури се верувало дека ако човек доволно долго гледа во бистрите езерски води, ќе ја научи тајната на животот. ⁷


Јања Цубалевска

Еден ден на дното на езерото, натисната меѓу слоеви од камен, пепел и фосили, била откриена голема книга, слој по слој сè подлабоко во тињата. ⁸


Книгата ја кажувала приказната за луѓето и Езерото, но и за илјадниците години историја пред човековото доаѓање. Позната e како Големата книга на Охридското Езеро, една од само неколкуте уникатни примероци за животoт било кога откриени.⁹

Татјана Пеева


Книгата кажувала како пред 1500 години градот Охрид бил целосно уништен од земјотрес за повторно да се издигне уште поголем и како луѓето со тага се сеќавале на тоа. ¹⁰

Александар Цаци Несторовски


Соња Моња

Сепак, некои приказни за човештвото, изгравирани длабоко во езерото, останале одамна заборавени...


Марина Тодоровска

Дрвјата имале свое поглавје. Кога реките од мраз ја престориле Европа сува и обезшумена, Езерото секогаш го чувало ова мало, топло катче безбедно за нив, а јануарското сонце никогаш не престанало да ги грее. ¹¹


Големата книга на охридскитe приказни зборувалa и за италијанските вулкани кои со огнен бес и пепел го зацрниле снегот¹², а небото го престориле крваво црвено. ¹³

Ели Делиџакова Дреник


Жана Жаки

Други приказни зборувале за глечерите кои Галичица ги вишела кон небото и за мистериозните лузни што тие ги оставиле врз планината. ¹⁴


ПОГЛАВЈЕ ЧЕТВРТО


Страна по страна, луѓето ја читале Големата книга учејќи како и покрај страотните премрежја – страшните земјотреси, суши, леденото доба, вулканските зими – Охридското Езеро волшебно успевало да го заштити животот. ¹⁵

Иле Тошевски


Разбрале дека Езерото секогаш ќе се обидува да ги заштити и да им помогне.

Маја Срезоска


Дигајќи го погледот од книгата, луѓето со занес погледнуваа кон Галичица...

Ине Коко


Ирена Коцарева

... на југ, кон светите извори на Св. Наум...


Васко Ѓорѓијевски

... на север, кон големиот истек на реката Дрим...


Јустина Млечак

... и кон огромната како лебед убавина која лежеше помеѓу двете.


Даре Тасески

Научија дека секоја капка вода што влегува во Езерото, во него поминува 70 години ¹⁶ — долго колку и човечкиот живот — изедначувајќи се со мирните води на раѓањето, а завршувајќи низ реката Дрим, вознесувајќи се кон небесата на заминување.


Дали од плисокот на реката, карстната Галичица, капката дожд, солзата на вљубените или истопената снегулка во пролет, секој капка вода кон езерото тече паралелно со човечкиот живот и се преточува во еволуирачка приказна од милиони години. Евгенија Калајџиева


Владо Мартиноски

И секоја од нив, било човечка или онаа на езерото ќе биде запишана во Големата книга на Охридското Езеро, засекогаш.


Изборот на 36-те од пристигнати 213 фотографии од 60 вљубеници во Езерото се водеше според следните критериуми: 1. Не повеќе од една фотографија од учесник 2. Разновидност (сезона, мотив, перспектива итн.) 3. Изгледот на сликата после процесирање во стилот укио-е За жал не бевме во можност да ги вклучиме сите учесници. Сепак, им изразуваме огромна благодарност на сите кои учествуваа со фотографии или поинаку и на истражувачите кои ни го дадоа јазикот да ја читаме и разбереме Големата книга на Охридското Езеро.

Посебна благодарност до: Алекса Новак, Александар Цаци Несторовски, Анета Вршкоска Јованоска, Ангел Ситновски, Бенита Стојмирова, Бети Тасевска, Билјана Новаковска, Благица Јаневска, Вера Жупан, Васко Ѓорѓијевски, Весна Јованоска, Владо Мартиноски, Гордана Колевска, Даци Мошков, Дафина Пауновска, Даниела Баулоска, Даре Тасески, Димитар Трајчев, Ели Делиџакова Дрениќ, Емилија Томаноска, Емилијана Томаноска, Ерол Арап, Евгенија Калајџиева, Жаклина Ристоска, Жани Жаки, Игор Буловски, Иле Тошевски, Ине Коко, Ирена Коцарева, Јања Цубалевска, Јустина Млечак, Кирил Димов-Гафиљ, Климент Арнаудов, Кристина Налеска, Лидија Огненова, Љупчо Димоски, Љупчо Коцкар Илиевски, Љупчо Лепи, Љупчо Куртелов, Маја Срезоска, Марија Дамјаноска, Марија Грозданоска, Марина Јаневска, Марина Тодоровска, Марко Илиќ, Мики Микиќ, Мирјана Ристевска, Мишко Ѓоршевски, Наташа Шафариќ, Наташа Тозија, Никола Паскали, Ремзи Охрид, Светлана Цеци Камџијаш, Славица Секулоски, Соња Моња, Татјана Пеева, Теодора Теа Кузмановска, Фросина Балоска, Цветана Антипешева. Фотографија на насловна страница: Марија Грозданоска. Фотографија на оваа страница: Марина Јаневска ¹ Wagner et al (2017) The Environmental and Evolutionary History of Lake Ohrid: Interim Results from the SCOPSCO Deep Drilling, Biogeosciences 14. ² Albrecht, C. and Wilke, T. (2006) Ancient Lake Ohrid: Biodiversity and Evolution, from Patterns and Processes of Speciation in Ancient Lakes: Proceedings of the Fourth Symposium on Speciation in Ancient Lakes, Berlin, Germany. ³ Hristovski, S. (2018) Presentation at 13th Society of Wetland Scientists Europe Chapter Meeting, Ohrid, Macedonia. ⁴ Wagner et al (2009) A 40,000-year record of environmental change from ancient Lake Ohrid (Albania and Macedonia), Journal of Paleolimnology, 41(3): 407-430. ⁵ Jovanovic-Popovic, M. et al (2012) Aesthetics of Vernacular Architecture: Comparative Analyses of Context Aesthetics in the Balkan Region, PLEA2012 - 28th Conference, Opportunities, Limits & Needs Towards an environmentally responsible architecture Lima, Perú. ⁶ Wagner et al (2017) The Environmental and Evolutionary History of Lake Ohrid: Interim Results from the SCOPSCO Deep Drilling, Biogeosciences 14. ⁷ Species In Ancient Lakes (SIAL) (2012) Mission. ⁸ Scientific Collaboration On Past Speciation Conditions in Lake Ohrid (SCOPSCO) (2008-present). ⁹ Cvetkoska, A. (2018) Presentation at 13th Society of Wetland Scientists Europe Chapter Meeting, Ohrid, Macedonia. ¹⁰ Wagner et al (2012) Possible earthquake trigger for 6th century mass wasting deposit at Lake Ohrid (Macedonia/Albania), Climate of the Past, 8, 2069-2078. ¹¹ Sadori et al (2016) Pollen-based paleoenvironmental and paleoclimatic change at Lake Ohrid (south-eastern Europe) during the past 500 ka, Biogeosciences, 13, 1423–1437. ¹² Sonja D.’s grandmother (b.1912 d.1997). ¹³ Sulpizio, R. et al (2010) Tephrostratigraphy and tephrochronology of Lakes Ohrid and Prespa, Balkans, Biogeosciences, 7, 3273–3288. ¹⁴ Ribolini, A. et al (2011) Glacial features on the Galicica Mountains, Macedonia: Preliminary report. ¹⁵ Wagner et al (2017) The Environmental and Evolutionary History of Lake Ohrid: Interim Results from the SCOPSCO Deep Drilling, Biogeosciences 14. ¹⁶ Wagner et al (2017) The Environmental and Evolutionary History of Lake Ohrid: Interim Results from the SCOPSCO Deep Drilling, Biogeosciences 14.


Фросина Балоска

Димитар Трајчев

Ангел Ситновски

Некомерцијално издание. Сите права задржани. Октомври 2018

Љупчо Лепи

36 Погледи кон Охридско Езеро  
New
Advertisement