Den 31 Dekemvri

Page 6

6

АКТУЕЛНО

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ГОДИНА НА ОПАСН Љубиша НИКОЛОВСКИ

Размислувајќи наназад за настаните што ја одбележаа годината што изминува, се чини дека целата беше во знакот на граѓански конфликти. И тоа во сите изданија. Меѓурелигиски, меѓуетнички и, на крајот, меѓупартиски

Календарски годината почнува со зима. Зиме се Водици, на Водици е Вевчанскиот карневал. Од играчка за малку ќе станеше плачка. Муслиманите се најдоа погодени од една карневалска шега. За среќа, работата заврши само со остри реакции.

Масло на огнот долеа одбележувањето на годишнината од конфликтот во 2001 година. Министерот за одбрана, Фатмир Бе сими, во придружба на офицери на АРМ облечени во униформи, се поклони на споменикот на УЧК во Слупчане.

Македонска сага на годината стана и штрајкот на лекарите. Со недели белите мантили протестираа незадоволни од проектот „Плата според сработеното“ на министерот за здравство. Никола Тодоров остана слеп при очи. Тој штрајк - не виде.

За несреќа, два инцидента подоцна имаа трагични последици и го одмотаа клопчето на меѓуетничка нетрпеливост. Убиството на двајца Албанци од поранешен полицаец во Гостивар и масакрот врз петмина рибари, од кои четири момчиња од Радишани, кај Смиљковското Езеро. Тие на ѕверски начин беа убиени од засега непознати причини.

Премиерот Груевски, лут на министерот, веднаш обзнани дека Собранието мора да го усвои законот за бранители, во кој нема ме сто за борците на Али Ахмети.

Сепак, кулминацијата на политичката криза допрва следеше. Донесувањето на буџетот ја расцепи Македонија по политички и по безбедносни рабови. Надвор, пред зградата на Собранието, - протести. Народот поделен до крајни граници. Едните Македонци со опозицијата, другите Македонци со власта. Омраза и кај едните и кај другите и подготвеност за пресметка. Македонија, првпат по 2001 година, беше, ако сè уште не е, на работ на граѓанска војна.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.