Issuu on Google+

ОГЛАСНИК М

www.den.mk

vo ovoj broj

27o

Четврток, 28 јуни 2012, година 1, број 87

цена

15 денари

ДРЖАВАТА СКРОИ НОВ ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ ПРИВЛЕКУВА СТРАНСКИ ПРОДУКЦИИ

Владата ќе плаќа за холивудски филмови 20-21

Државата предвидува преку даночни олеснувања да им врати 20-25 проценти од вкупно потрошените пари на странските продукциски куќи што ќе решат да снимаат филм во македонски услови

ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО УПОРНО ПАЃА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

Индустријата ќе ја повлече економијата во депресија

8-9

ВЕСТИ

7

СПОРТ

23

Пијаните деца ги разбудија инспекторите Тепачка за нов претседател на ФФМ


2

ВЕСТИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОВЕЌЕ ЗАОСТАНУВА ЗАД ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГ

КОМЕНТАР

Игор ЧАВЕСКИ

Патувај, Европо Патувај, Европо, не чекаj веќе на нас... Вака пееше новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ опишувајќи ја состојбата во Србија во 90-тите години од минатиот век. Овие стихови, напишани пред дваесетина години, деновиве можат да станат популарни и во Македонија откако уште една земја од поранешна Југославија нè престигна на патот кон Европската Унија. Црна Гора утре и официјално ги почнува преговорите за членство оставајќи нè во друштво со Косово и со Босна и Херцеговина, а пред само неколку години бевме споредувани со Хрватска, додека Црна Гора и Србија беа далеку зад нас. На сре ди на та од 2012 го ди на си ту а ци ја та на те рен е да ле ку по раз лич на. Најм но гу бо ли тоа што во 2005 го ди на, ко га Ма ке до ни ја до би кан ди дат ски ста тус, Цр на Го ра не бе ше ни ту не за вис на др жа ва, ту ку бе ше во за ед ни ца со Ср би ја. Слична е состојбата и со Србија, која само за неколку години ги прескокна сите скалила и до крајот на годинава очекува да ги отвори преговорите за членство. И додека овие држави се подготвуваат за вистински преговори, ЕУ ни нуди утешна награда во вид на дијалог на високо ниво. Ова треба да влијае отрезнувачки за власта дека патот кон Брисел за Македонија води единствено преку Грција и дека Западен Балкан незапирливо ита кон ЕУ, а само ние тапкаме в место. ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач и управител - Живко Серафимовски, Главен и одговорен уредник - Коле ЧАШУЛЕ, Заменик на главен уредник - Горан ПЕТРЕСКИ, Помошник на главен уредник - Диана МЛАДЕНОВСКА Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски, Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев Редакција: redakcija@den.mk, 02/3162 666 marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Името нè исфрли од европскиот колосек? Игор ЧАВЕСКИ

М

акедонија за само неколку години го изгуби статусот на земја-лидер на западниот Балкан, и наместо да е меѓу предводниците, се најде на самата опашката. Спорот за името не треба да биде изговор што веќе седум години се наоѓаме во европската чекалница, додека другите земји од регионот веќе се членки или наскоро ги почнуваат преговорите за членство во Унијата. Ваков е ставот на експертите по веста дека Црна Гора, како новата држава од поранешна Југославија, утре ќе ги почне преговорите за членство. Мислењата се поделени, за едни вината е само кај власта која, покрај тоа што не може да го реши спорот за името, дополнително стагнира во процесот на евроинтеграција, додека, пак, за други, како поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски,

проблемот е во двојните стандарди што ги употребува Унијата кога се оценува сработеното на една земја. Перо Димшоски, поранешен државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, нагласува дека е разочаран од работата на сите политички гарнитури, кои проблемите со кои се соочуваат ги користат како оправдување за неуспехот. Според него, сите влади досега, кога доаѓаа на власт, беа свесни дека ќе се соочат со блокадата од Грција. - Македонија не е првата земја што се соочувала со проблеми за членство во ЕУ. Проблеми имаше и Словенија со Италија, како и Хрватска со Словенија, па ги решаваа. Во ваква ситуација Македонија треба да се соочи со тоа дека Србија наскоро ќе ги почне преговорите, а наскоро може да се случи и Албанија да добие кандидатски статус - вели Димшо ски. Црна Гора веќе утре ги почнува прего-

И социјалдемократите се загрижија за медиумите Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на партијата, Ана Павлова-Данева, изјави дека само за неколку ме сеци низа релевантни меѓународни организации констатирале драстичен пад на слободата на говорот во Македонија и влошување на медиумскиот амбиент во земјава. Таа истакна дека веќе не останала ниту една меродавна светска институција која ја оценува со стојбата во медиумската сфера ка-

ко позитивна. - По загрижувачките оценки на „Фридом хаус“, Европската комисија и Стејт департментот, кои Македонија ја сме стија меѓу африканските земји според слободата на медиумите, последниот во редицата негативни извештаи дојде вчера од „Репортери без граници“, од каде што изразуваат длабока загриженост за проце сите во медиумската сфера - рече Данева.


ВЕСТИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

3

ИОНОТ ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

По најавата за почнување преговори меѓу ЕУ и Црна Гора, дел од домашните експерти сметаат дека вината за заостанувањето на Македонија е само кај власта која, покрај тоа што не може да го реши спорот за името, дополнително стагнира во процесот на евроинтеграција, додека, пак, за други, проблемот е во двојните стандарди на Унијата ворите за членство откако Европскиот совет à на ложи на Комисијата да ги отвори првите две поглавја. За многумина е изненадувачки овој потег на ЕУ ако се знае дека Црна Гора се соочува со сериозни проблеми во однос на корупцијата. Последниот случај е со подгоричката „Прва банка“, чии сомнителни трансакции допираат

до највисокото црногорско раководство. И Србија многу бргу може да се најде во друштво на Црна Гора, односно, да ги почне преговорите. Патот на Србија во моментов е забавен и ЕУ сака да види како ќе се одне сува новиот претседател Томислав Николиќ, за кого мислењата во Унијата се поделени.

Ма линка Ристовска од Институтот за европска политика смета дека е добра вест тоа што Црна Гора ги почнува преговорите за членство, но дека загрижува што Македонија никако да добие датум за пристапни преговори. - Покрај спорот за името, влијание има начинот на кој се справуваме со другите реформи каде има стагнација. На овој начин само ги губиме пријателите и поддршката во Унијата - нагласува Ристовска. Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, не се согласува дека македонската евроинтеграција е блокирана и напоменува дека е сосема јасно зошто земјата сè уште не ги почнала преговорите за членство. Според него, Македонија е далеку пред Црна Гора во поглед на исполнувањето на реформите, а во некои области дури и пред Хрватска. - Доволно е само да се погледне за што се обвинуваат црногорските политичари, а за што македонските. Срам е за Европа што Македонија не се оценува според сработеното, туку според барањата на друга земја. За нас е важно реформскиот процес да тече - нагласува Боцевски.

БИЛД БАРА ПРЕГОВОРИ Шефот на шведската дипломатија, Карл Билд, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург, се заложил Македонија да почне пристапни преговори за членство. - Почето кот на пре го во ри те со Ма кедо ни ја, кој по ве ќе годи ни е бло ки ран по ра ди дол готрај ни от спор за името, бе ше по вод на со ста но кот во Лу ксембург по голем број зем ји-член ки на ЕУ да изразат мис ле ње де ка ста ну ва збор за чуд на си туа ци ја. Но, Гр ци ја не се повлече во сво и те ста во ви и затоа на Ма кедо ни ја à оста ну ва да продол жи да че ка – ја пре не су ва из ја вата на Билд швед ски от дне вен вес ник „Да генс-ни хетер“.

Трајанов бара ревизија на „Скопје 2014“ Павле Тра ја нов од Де мо крат ски от со јуз пре по рача др жа вата да ги ре ви ди ра трошоците во услови кога е сериозно зафатена од економска криза. - Ка ко др жа ва, ка ко Вла да и ка ко пар ла мент, тре ба да се отка же ме од си те не проду ктив ни тро шо ци, да се ре ви ди ра ат си те пла но ви за тро ше ње, може би прв пат да се ре ви ди ра про гра мата за из град ба на споме ни ци би деј ќи има ра боти што може да се ре а ли зи ра ат подоц на ко га ќе се соз да дат еко ном ски ус ло ви за тоа. Сум и за тоа об вр ски те на др жа вата кон

ком па ни и те да се исп латат што по бр зо рече Тра ја нов. Изет Зе ќи ри од НДП на веде де ка за должувањето е повеќе од потребно ако се има предвид дека буџетот е пред колапс, но неприфатливо е тоа да биде за непродуктивни инве стиции. - Приходите во тре зорот во 2012 споредено со 2011 се нама лиле за 468 милиони де на ри, што значи де ка др жа вата не може да ги оствари предвидените приходи - рече Зеќири и додаде дека набр зо нè очекува и нов реба ланс.


4

ВЕСТИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Педесетина лекови без доплата Фондот за здравствено осигурување ги утврди референтните цени на 54 лекови што порано имале, а сега немаат доплата, со што бројот на лекови без доплата се зголеми на 382. - Дваесет лека помалку имаат доплата од 50 до 100 денари, сто лекови имаат намалена доплата од 100 до 500 денари, а 24 лека имаат намалување од 500 до 2.000 денари. Остануваат уште четири лека со ваква повисока доплата - изјави Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување. Змејкова истакна дека многу производители, кога виделе дека нивните конкуренти ги намалиле цените, контактирале со своите централи и веќе прават анализи за да ги намалат цените на лековите. М.А.Т

рашната расправа на Националниот совет за евроинтеграции. Профе сорот од Правниот факултет Гордан Калајџиев ги поздрави измените на Законот за внатрешни работи со кои се овозможува преминување полициски службеници од т.н. правосудна полиција во тимот на Јавното обвинителство, кој ќе работи на истраги на дела од организираниот криминал, но упати забелешка во однос на непрецизирано ста на тоа кој ќе го избира тимот,

односно полициските службеници. - Законот зборува за упатување и решение на министерот за внатрешни работи што наведува на заклучок дека станува збор за некакво административно прераспределување што ќе зависи од МВР. Законот за кривична по стапка, пак, употребува други термини, како се избира, предвидува по стапка „внатрешен оглас“ и значително учество на јавниот обвинител - нагласи Калајџиев.

ЕВН масовно ги исклучува неплаќачите Масовните исклучувања на должниците за струја низ целава земја не пре стануваат. ЕВН бе скомпромисно ги исклучува и должниците и крадците. Само во мај поради долг биле исклучени 52.000 корисници, што значи дека во еден ме сец секое 15 броило е исклучено. Од „ЕВН Македонија“ велат дека секојдневно се ре а лизираат исклучувања кај тие корисници што не ги платиле навреме своите сметки и го пречекориле законски предвидениот рок. Таму каде се наидува на отпор при исклучувањата,

Устав суд ќе

против

Лошите полицајци ќе имаат 15 проценти пониска плата

Санкционирање со 15 проценти од плата за сите полициски службеници што нема да покажат ре зултати, усна наредба на службено лице за вршење работи и задачи што ја издава министерот за внатрешни работи или овластено лице да биде поткрепена со писмена во рок од 24 часа, како и упатување полициски службеници од МВР во Јавното обвинителство. Ова се клучните измени што беа предложени во Законот за внатрешни работи на вче-

ЕКС ПЕР ТИ ТЕ ЗА УСТАВ НО ПРА

обезбедена е интервенција од полицијата. Според најавите, и во текот на целото лето масовните исклучувања на должниците ќе продолжат. По иск лу чу ва њата дел од ко рис ни ците веднаш расчистиле со долгот, дел ја иско ри сти ле кам па њата на ЕВН и потпиша ле спогодби за плаќање на рати, а дел од исклучените самоволно се приклучиле на системот. За нив, покрај па рич ни те каз ни, под не се ни се и кри вични пријави за неовластено користење струја.

У

Тони АНГЕЛОВСКИ

ставниот суд не смее да си дозволи луксуз и да ги менува одлуките што веќе ги донел, а се одне суваат на целосно исти одредби од закони што веќе биле разгледувани од оваа институција, велат експертите за уставно право. Деновиве неколку невладини организации најавија дека третпат ќе биде оспорен неодамна доне сениот закон за лустрација, кој содржи неколку слични одредби со тие во претходните закони, за кои овој суд во 2009 и во 2011 година веќе се произне се дека се неуставни. Се најавува и оспорување на правилникот за скопска „Топлификација“, кој Регулаторната комисија за енергетика треба да го изгласа деновиве, а во слична форма веќе беше поништен од Уставниот суд во 2009 година затоа што предвидуваше граѓаните да плаќаат за услуга што не ја добиле. Во последните неколку години владејачкото мнозинство неколкупати доне се исти или слични закони и одредби како тие што претходно беа поништени или укинати од Уставниот суд, па оваа институција мораше неколкупати да ја но си истата одлука за исти или слични закони. Ова беше причина владејачката ВМРОДПМНЕ да вле зе во отворена војна со Уставниот суд, кој од владејачката партија беше етикетиран како упориште на опозицискиот СДСМ. Но, од почетокот на јуни во Уставниот суд има тројца нови судии, кои беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство во парламентот, со што сега во оваа институција мнозинство се судиите што се избрани по предлог или во период додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, па во јавноста се шпекулира дека сегашниот со став би можел различно да ги толкува законите од тоа што пре судила претходната гарнитура.


ВЕСТИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

5

ВО ДЕ ЦИД НИ ДЕ КА ВЕ ЌЕ ДО НЕ СЕ НИ ТЕ ОД ЛУ КИ НЕ СЕ МЕ НУ ВА АТ

ниот гласа в себе?

Мнозинството од судиите се избрани во време на ВМРО-ДПМНЕ, па тоа го отвора прашањето дали Уставниот суд ќе има поинаков однос кон веќе укинатите делови од законот за лустрација или, пак, од правилникот за „Топлификација“

Но, според универзитетскиот профе сор Бајрам Положани, кој е и поранешен член на Уставниот суд, промената на со ставот на судот не смее да значи промена на одлуките за работи што се јасно пропишани во Уставот. - Тешко се менува судската практика на кој било суд, а уште повеќе што во овој случај зборуваме за Уставниот суд иако во до сегашното искуство во функционирањето на судот за повеќе од 45 години има случаи кога Судот за слични законски решенија но сел различни одлуки. Но, тоа се ретки случаи. Кога зборуваме за лустрацијата, има неколку спорни одредби кои неколкупати беа оспорени пред Уставниот суд и независно од тоа што со ставот се измени, верувам дека Уставниот суд нема да си дозволи таков луксуз да не ги респектира одлуките што веќе се доне сени - вели Положани. Според него, за проблематичните одредби од овој закон, особено за периодот на кој се одне сува лустрацијата, не би требало да има двоумење затоа што за тоа веќе се изјасниле не само судиите, туку и стручната јавност. За Положани нема сом-

невање дека барем овој дел од законот за лустрација повторно ќе падне пред Уставен затоа што периодот по 1991 година се смета дека земјата има демократ ски систем и има други механизми што му овозможуваат на граѓанинот да се заштити од ваквите злоупотреби. - Исто важи и за правилникот за кој во медиумите се најавува дека повторно ќе биде доне сен и граѓаните ќе мора да à плаќаат на „Топлификација“ половина од сметката за услуга што не ја користат. Тоа е катастрофа. Не можете да го натерате граѓанинот да плаќа за услуга што не ја користи. Нека си обезбеди „Топлификација“ изолација за да не à се троши енергијата, зошто да плаќа граѓанинот? Може да се плаќа одредена сума за одржување на системот, но тоа мора да биде минимална су-

ма и ни оддалеку не може да биде половина сметка - објаснува Положани. И универ зитет скиот профе сор Осман Кадриу е дециден дека промената на составот на Уставниот суд не смее да влијае на принципот на работа на судот затоа што негова обврска е да го штити тоа што е запишано во Уставот. - Независно што има нов со став, Уставот е јасен. Ние по стојано ќе имаме нови со стави на судот, но тоа не значи дека по стојано ќе се менуваат одлуките. Јас можам да зборувам од стручен агол, а не од политички. Ако одлуките се но сат законито, голем дел од новиот закон за лустрација повторно ќе падне. Но, тоа ќе бидат одлуки на судиите што се сега во Уставниот суд. Нивна одлука, нивна одговорноствели Кадриу.


6

ВЕСТИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

ИСТОРИЧАРИТЕ ЗА СПОМЕНИКОТ НА ПРВЕНЕЦОТ НА ВМРО

Александров дојава да ја подели Македонија

Ликот и делото на овој војвода не треба толку да се слави и велича зашто во македонската историја не е јасно дефинирано дали тој претставува негативен или позитивен лик

С

Ана АНАСТАСОВСКА

о по ставувањето на споменикот на Тодор Александров, оваа контроверзна личност од македонската историја барем во Скопје доби почит како и главниот деец на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Освен што добија споменици во главниот град, имињата на овие две историски лично сти ги но сат и една улица и еден мост во Скопје. Власта и опозицијата пред една седмица же стоко се судрија околу одлуката на Град Скопје сегашната улица Салвадор Аљенде, која се простира на Водно, над Клиничкиот центар, и мо стот Близнак во Аеродром да се преименуваат во Тодор Александров. Мислењата на историчарите се дека ликот и делото на Тодор Александров не треба толку да се слави и велича зашто во македонската историја не е јасно дефинирано да ли тој прет ставува негативен или позитивен лик, па оттука и предизвикува поделби кај македонскиот народ. - Историјата треба да го обединува, а не да го разединува народот. По ставувањето споменик на некоја личност треба да го слават сите и на тој лик сите да му се поклонуваат. Дента кога беше по ставен споменикот, веднаш се јави поделба, како во политичкиот блок, така и кај јавно ста. Веднаш имавме реакции дека Тодор Александров е негативен лик во македонската историја и дека тој не треба да се слави. Историјата не треба да нè дели, таа треба да нè обединува – смета профе сорот Тодор Чепреганов. Според него, пред да се по стави споменикот, било неопходно да се развие една поширока научна и јавна дебата за ликот и

за делото на Тодор Александров, при што би се дефинирал единствен став за неговото дејствување во историјата. - Во македонската историја по стојат лично сти за кои сè уште се води полемика и за кои сè уште по стојат контровер зии. Токму поради тоа не беше неопходно да се постави споменик на Александров. Потребно беше да се развие една расправа или дебата само за идејата за по ставување на споменикот. Потребно е да се направи една научна дебата меѓу сите институции што се занимаваат со историја, да се изгради заеднички став – вели Чепреганов. Тој смета дека по ставувањето споменик на Тодор Александров сега може да отвори и други прашања, односно, зошто, на пример, не се по стават и споменици на други историски контроверзни лично сти. Александар Литовски, доктор по историски науки, пак, е дециден дека Тодор Александров воопшто не е контроверзна личност. - Тој е антимакедонски елемент во македонската историја и неговиот лик и дело не треба воопшто да се слават, а не, пак, да се именуваат улици и мо стови по него или да се прават негови споменици. Тој бил бугар-

ски офицер што се борел против македонскиот народ и важи за најголем убиец на Македонци – по сочува Литовски. Тој не сака да навлегува во тоа која à е целта на актуелната Влада што го велича ликот и делото токму на Александров. - ВМРО во времето на Александров, и особено во времето на Ванчо Михајлов, била фашистичка организација. Оттука не знам која à е целта на ВМРО-ДПМНЕ да го велича фашизмот - вели д-р Литовски. Во оп шти на Ки се ла Вода завче ра, на локацијата Чешма, беше по ставен споменикот „Македонски војвода на коњ“, за кој од опо зи ци јата, ка ко и дел од јав но ста, тврдат дека, всушност, го претставува контро верз ни от Тодор Але ксан дров. Од Оп штина Кисела Вода не сакаа да одговорат да ли споменикот е на Тодор Александров. Оттаму се оградија велејќи дека се задолжени само за по ставување на по стаментот и за уреду ва ње на окол ни от про стор. За одговор нè упатија кај авторот на делото, Миле Брце ски, или во Министерството за култура. Авторот Брце ски не беше до стапен за комен тар, а од Ми ни стерс твото, пак, велат дека „војводата на коњ“ не бил нивни про ект.


ПАРИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

7

ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛ НА ДУЌАНИТЕ ОКОЛУ ГРАДСКИ ПАРК

Пијаните тинејџери ги разбудија инспекторите П

Наташа СТОЈАНОВСКА

овеќе дуќани лоцирани во близина на Градски парк во Скопје останаа без лиценците за продажба на алкохол. Пазарната инспекција им ги одзеде откако утврдила дека алкохол се продавал и по 21 часот, а дополнително законот се прекршувал и со тоа што алкохолните пијалаци се продавале на малолетници. Дуќаните не заработија клуч на врата, единствено им се одземени лиценците и тие сега не ќе можат да продаваат алкохол ниту во периодот кога е дозволено. Ваквата реакција на пазарните инспектори се случи по пишувањата на „Ден“ дека голем број дуќанчиња што се наоѓаат во близина на Градски парк не ја почитуваат забраната за продавање алкохол по 21 часот и цели ноќи им продаваат на младите разни пијалаци во неограничени количества. Екипата на „Ден“ минатиот викенд во околината на Градски парк забележа дека се купуваше сè и сешто, но најмногу се трошат пивото, белото и црвеното вино, во дволитарски или трилитарски пластични шишиња, а може да се видат и тинејџери кои од дуќанчињата излегуваат со ракија и со коњак. Дуќанчињата на овој начин го зголемуваат прометот во ноќните часови бидејќи главната заработувачка им е токму од продажбата на акцизните стоки, меѓу кои и алкохол. Малолетници, но и повозрасни млади луѓе собираа пари од џепарлакот и брзаа да се снабдат со алкохол во блиските дуќанчиња. - Сите купуваат вака, по продавници, бидејќи е поевтино отколку во кафеана, а можеш да се напиеш и колку сакаш - велат

Ваквата реакција на пазарните инспектори стигна по пишувањата на „Ден“ дека голем број дуќанчиња што се наоѓаат во близина на Градски парк не ја почитуваат забраната за продавање алкохол по 21 часот

младите што ги анкетираше екипата на „Ден“. И така цела ноќ младите пијат, дуќанчињата профитираат. Во целиот тој процес не се почитуваат законите, во центарот на градот не важи забраната за точење алкохол по 21 часот, а, што е уште пострашно, алкохол им се продава на малолетници. Екипи на МВР патролираат цела ноќ, знаат што се случува, но тие се должни да интервенираат само доколку дојде до тепачка. Истражувањата покажуваат дека во Ма-

кедонија младите почнуваат да пијат алкохол уште на 13 години. Алкохолот често се меша со некои видови дроги, најчесто „екстази“. Не постои национална стратегија за да се застане на патот на овој проблем. Но, Македонија не е единствената земја на Балканот што се соочува со ова зло. Со алкохолизмот кај младите се соочува и Хрватска, каде што 38 проценти од тинејџерите редовно консумираат алкохол. Хрватска е на врвот на светската листа, а зад неа се Чешка, Литванија, Естонија и Украина.


8

ПАРИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

КОН ТИ НУ И РА НИ ОТ ПАД НА ИН ДУСТ РИ СКО ТО ПРО ИЗ ВОДСТВО ГО РА СИТ НИ ДЕ ВЕ ТИ ОТ

Индустријата ја турк во депресија

Индустриското производство веќе девет месеци е во минус. Државниот завод за статистика во мај регистрираше пад од 5,4 проценти

Мишко ИВАНОВ

Д

ржавниот завод за статистика објави дека индустриското производство во Македонија и во мај бележи пад. Минусот сега е 5,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Индустриското производство за првите пет месеци од годинава (јануари-мај), во споредба со истиот период минатата година, е во минус од 7,5 проценти. Според домашната експертска јавност, македонската економија влегува во најкритичниот период досега. Нарачките од странство се намалени, нарушена е ликвидноста на компаниите, дополнителен проблем е ненамирувањето на долговите на државата кон фирмите за завршени работи. Некои од компаниите најавуваат дека, ако продолжи овој тренд, отпуштањата ќе бидат неминовни. - Засега сè оди според она што сме го испланирале за јуни. Но, дефинитивно, ова е една од најлошите години за нас - вели за „Ден“, Александар Панов, директор на „Макстил“. Металургијата е ранета и неопходни се брзи и конкретни мерки затоа што токму оваа индустрија во најголем дел го креира и вкупниот раст на македонската економија. Во лоша позиција е и текстилот, исто така една од носечките индустрии. Најголем дел

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

ФУНТА

од компаниите кубурат со работа. Ако продолжи лошиот тренд, не се исклучува можноста од отпуштања од работа. Во најлоша состојба се малите компании, тврдат од Организацијата на работодавци. - Најмногу проблеми имаат малите фирми, кои работат за големите извознички компании. Тие се во лоша финансиска состојба. Проблематичен беше првиот квартал кога регистриравме пад од цели 30 проценти. Сега состојбата е подобрена, но, сепак, очекувам на крајот од годинава да завршиме со минус од 3-5 проценти - изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавци. За Венцо Филипов, сопственик на текстилна фабрика, проблемот е во немањето економска стратегија и затоа денес имаме проблем во справувањето со кризата. - Во моментов, покрај рецесијата во Европа, кај нас се случуваат и други работи. Ние мораме да решиме неколку клучни прашања. Ни недостига стратегија, се соочуваме со недостиг од стручен кадар кој ќе одговори на вакви предизвици - вели Филипов. Дека нешто не е во ред со македонската економија вчера потврди и претседателот на

ПРАТЕНИЦИТЕ ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЗАДОЛЖУВАЊАТА Пратениците го изгласаа законот со кој државата го гарантира задолжувањето од Европската инвестициска банка во износ од 100 милиони евра, пари што Македонската банка за поддршка на развојот ќе ги пласира преку деловните банки до крајните корисници. Најмногу 70 проценти од оваа кредитна линија ќе бидат наменети за финансирање мали и средни претпријатија. Сепак, укажаа дека станува збор за минимална помош и побараа нови мерки од Владата во таа насока, ФРАНК

ДОЛАР

27 ЈУНИ 2012

НБРМ

61,6

77,00

51,3

49,40

продажен

61,65

77,00

51,80

49,60

куповен

61,35

75,20

50,60

48,30

Менувачници

Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој во интервју за ТВ „Алфа“ рече дека состојбата со недостиг од пари во фирмите ќе ескалира. - Ситуацијата со неликвидноста е усложнета, постои долго време и сега ќе ескалира. Причината е во тоа што внатрешните побарувања меѓу компаниите достигнуваат големи размери, а има и доцнења во плаќањата од Владата. Во секој случај се работи за податоци што покажуваат неликвидност на компаниите - рече Азески. Голем дел од бизнисмените повторно се пожали дека долгот што државата го има кон како редовно сервисирање на обврските на државата кон фирмите. Пратениците расправаа и за законот за задолжување на земјава кај „Дојче банка“ за сума од 75 милиони евра. Опозицијата побара одговор зошто Македонија добива само 75 милиони евра наместо првично најавените 250 милиони евра заем од „Дојче банк“. Тие сметаат дека причината е недовербата на „Дојче банк“ во кредитоспособноста на државата и загубената доверба.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.867,60

9,14

0,49%

МБИД

1.816,78

3,85

0,21%

119,15

0,16

0,13%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


ПАРИ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

9

МЕ СЕЦ

а економијата „Скопје сити мол“ се отвора наесен

нив по разни основи (поврат на ДДВ, завршена работа, а неисплатена) веќе поминува повеќе од половина милијарда евра. Токму овде бизнисмените ја лоцираат причината за лошата состојба со најголем дел од македон-

ските компании. Фирмите се во очајна состојба, а недостигот од пари значи дека мора да доцнат со исплата на платите или во најлоша ситуација да отпуштаат работници.

„Скопје сити мол“ треба да се отвори наесен, а градежните работи на објектот се во завршна фаза. Трговскиот центар се гради по стандарди за енергетска ефикасност и е на површина од 90.000 квадратни метри. Во новиот трговски центар се најавуваат повеќе од 40 реномирани трговски марки, а со дел веќе се склучени договорите, додека со останатите преговорите се во завршна фаза. За извршен директор е назначен Ивајло Иванов, во чие работно искуство се вбројуваат „Шварц груп“, „Мол“ во Варна, а членува и во Меѓународниот совет на трговски центри. - Ќе придонесам во определбата истиот да стане најдобар трговски центар на Балканот, кој во првата година од своето работење ќе привлече околу 7,5 милиони посетители - изјави Ивајло Иванов, директор на „Скопје сити мол“.


10

ДОСИЕ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

КО ЧАН СКА ТА ГРУ ПА ОСОМ НИ ЧЕ НА ЗА ОР ГА НИ ЗИ РАН КРИ МИ НАЛ ТРИ МЕ СЕ ЦИ Е ВО

Заштитени сведоци п за акцијата „Детонат Единствени докази што досега à биле презентирани на одбраната биле транскрипти од телефонски разговори на некои од притворените, вели адвокат на еден од осомничените

Н

Катерина ГЕТЕВА

а втори јули навршуваат четири месеци откако групата од источна Македонија уапсена во полициската акција „Детонатор“ е во притвор во истражните затвори во Скопје, Битола и во Прилеп. Од скопскиот кривичен суд за „Ден“ потврдија дека мерката притвор е продолжена за четиринаесетмина осомничени за организиран криминал и тие остануваат во притвор сè до почнувањето на судската постапка. Одделението за организиран криминал сè уште нема покренато обвинение и според информации од бранителите на осомничените, сè уште трае истражната постапка. - Минатиот четврток бевме повикани во

кривичниот суд бидејќи имаше сослушување на заштитени сведоци, но, искрено, не кажаа ништо. Единствени докази што досега ни се презентирани се транскрипти од телефонски разговори на некои од притворените - изјави за „Ден“ еден од адвокатите на осомничените. Обвинителството за организиран криминал сè уште го нема обвинението, но адвокатите сметаат дека притворот на нивните клиенти ќе биде продолжен затоа што за неколкумина од

Електричар пронајден мртов Четирие сет и едногодишниот Златко Деспотовски, електричар кој работел во куќа во скопско Радишани, завчера околу 16 часот бил пронајден мртов. Телото на електричарот го пронашла мајката на сопственикот на куќата, која повикала по-

лиција, по што било предадено на обдукција која треба да покаже дали Деспотовски починал од струен удар. Според првичните информации на полицијата, на телото на починатиот немало траги на насилство.

Со фалсификуван пасош сакал да се качи во авион Четириесет и тригодишен државјанин на Турција бил уапсен на аеродромот „Александар Велики“ откако се обидел на гранична контрола да се идентификува со фалсификуван пасош, јавува полицијата. На 25 јуни, во 18.30 часот, на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на излез од Македонија, турскиот државјанин Н.Ч.(43) на

пасошка контрола се пријавил со фалсификувана турска патна исправа за да замине во Шведска. Од Основниот суд Скопје 1 му е изречена затворска казна во траење од една година, условно за три години доколку не стори ново кривично дело, како и заштитна мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од пет години.

уапсените обвинителството побарало и проширување на истрагата. Во акцијата „Детонатор“ МВР најави дека освен за полициски функционери кои биле вмешани во криминалното работење на кочанската група, ќе има истрага и за судии и за обвинители што биле дел од судските процеси за членови од групата, кои и покрај многуте кривични дела минувале неказнето. За разлика од нив, истрагата за даночниците на УЈП заврши

Ја запалил куќата на мајка си и на очувот Битолската полиција уапсила четириесет и едногодишен маж бидејќи подметнал пожар во куќата во која живееле неговата мајка и очувот. Според полицијата, пожарот бил подметнат на улицата Никола Русински, во семејната куќа на Б.Ц. и на Ж.Ц., по што целосно изгорел дел од покуќнината. Во куќата бил и синот на Б.Ц., кој со амбулантно возило бил пренесен во битолската болница, а по укажана помош е пуштен на домашно лекување. Според истрагата на полицијата, потпалувачот Р.К. имал здравствени проблеми и нејверојатно ќе бил згрижен во психијатриска установа.


ДОСИЕ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

ПРИ ТВОР

ропеаја ор“ во нивна полза. Сите што досега беа осомничени дека имаат врска со криминал, откако беа суспендирани, за кратко време беа вратени на работа поради немање основа за санкционирање. Најдебелиот крај досега го извлекоа десетина полициски функционери, кои беа разрешени од челните места во полициските сектори во градовите на источна Македонија, а меѓу нив и Звонко Каширски, началникот на СВР Штип. Акцијата „Детонатор“ почна на 2 април, во Виница, Кочани и во Крива Паланка. За неколку недели акцијата против организираниот криминал се прошири во повеќе градови низ Македонија. Полицијата во акцијата заплени повеќе од 1.000 апарати за покер, кои нелегално биле внесени во земјава. Против 16 лица имаше кривични пријави за организиран криминал.

11

ФБИ и МВР во акција против компјутерски криминал Единицата за компјутерски криминал на МВР учествувала во реализација на меѓународната операција „Кардшоп“, водена од ФБИ од САД, против лица што на повеќе интернет ски страници вршеле криминални активно сти повр зани со злоупотреба на податоци од платежни картички и банкарски сметки за нивно искористување за извлекување пари во готово, купување стока и за членства на одредени страници како важни корисници. Истра гата што тра е ла две години, а во која учеству ва ле поли ци ски служби на по ве ќе европ ски држави, од Азија, Австра ли ја и од Со еди не ти те Аме ри кан ски Др жа ви, иден ти фи ку ва ла по ве ќе ли ца кои ги вр ше ле ва кви те кри вич ни де ла. За

време на ре а лизацијата на ме ѓу на род ната опе ра ци ја на 26 ју ни годи на ва, во САД при веде ни би ле 11 ли ца др жав ја ни на САД, ка ко и по ед но ли це во Ита ли ја, Нор ве шка и во

Јапонија, а во Македонија биле идентификувани две лица за кои полицијата се сомнева дека биле дел од оваа криминална шема во периодот од 2010 до 2012 година.


12

СКОПЈЕ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

СЕ МЕНУВА ДУП ЗА ДЕЛ ОД МЕСТОТО ТЕТОВСКА ТРОШАРИНА

Амбасади или згради ќе пресуди новиот ГУП Т Соња Т. ЈАНКОВСКА

ри странски амбасади и три објекти за културна намена се планирани со новите измени на Деталниот урбанистички план за делот кај Тетовска грошарина, предложен од Општина Центар. Засега никој точно не открива кои амбасади ќе се градат на ова ме сто, ниту, пак, што точно ќе бидат културните објекти. Дипломатските претставништва ќе се сместат на улицата Самоилова, односно на просторот од куќата на Есма Реџепова до Француски гробишта. Деталниот урбанистички план опфаќа површина од 5,4 хектари. - Со претходниот план беа планирани шест дипломатскоконзуларни претставништва, но сега од нив три ќе бидат пренаменети во административни објекти од културен карактер. Со ДУП, освен амбасади, е планиран дел за заштитно зеленило, трафостаница и културни објекти - рече архитектот Благоја Тагасовски од проектантската куќа „Импума“. На измените предвидени со овој ДУП, бурно реагираа жителите што имаат куќи на местото каде што се планира изградбата на амбасадите и на културните објекти. Тие велат дека иако тука се староседелци, никако не успеале да ги легализираат своите

Со години не можат да добијат дозвола за легализација на куќите, сега стравуваат дека ќе останат на улица

куќи. Објаснуваат дека со години повеќепати поднесувале барања за легализација, но залудно. Сега стравуваат дека со новите измени ќе ги загубат домовите и нема да имаат каде да живеат. - Тука сум роден, 82 години живеам на ова место, имам турска тапија од 1963 година. Неколку пати побаравме, но никогаш не ни давале од Општината дозвола за легализација. Нивниот одговор е дека тоа било планирано за зелен појас, но еве ќе градат. Барањето за легализација две години ми е во процедура. По стојано се предлагаат планови со кои не е точно дефи-

нирано што ќе биде, еднаш велат зеленило, друг пат градинки, сега амбасади и ние никогаш не сме можеле да си го оствариме правото за легализација на нашите куќи, не можеме ни клинец да заковаме оти ни треба градежна дозвола - вели жител од улицата Самоилова. За да го смири револтот кај жителите, проектантот неофицијално објасни дека и овие измени можат да претрпат нови измени со но сењето на новиот Генерален урбанистички план, според кој, наводно, на ова место се планира изградба на станбени згради.

- Јас сега сум должен да ги презентирам измените според сегашниот ГУП. Нема про стор за паника дека ќе останете без домови бидејќи ниту една странска амбасада ни би си дозволила на тој начин да гради, веројатно ќе ви понудат договор за купување на земјиштето, кое, иако не е легализирано, е во ваша сопственост. Исто така, неофицијално ви кажувам дека со новиот ГУП повторно може да има измени и овој простор да се намени за објекти за колективно домување објасни Тагасовски. Сепак, за жителите останува нејасно зошто тогаш се презентира план кој можеби повторно ќе биде променет. - Трчаме со документите за легализација, трошиме пари и нерви за да ни одговорат дека во моментов нема доне сено ГУП. Ако така стојат работите, ние ќе се организираме и ќе поднесеме барање во новиот ГУП овој простор да биде наменет за објекти за домување - вели жител кој има две куќи на парцела опфатена со ДУП. Советниците од опозицијата неколку пати изјавуваа дека Центар е општина што носи најмногу детални урбанистички планови, набрзина и без претходни детални анализи, од кои дел од нив не се вклопуваат со планираниот нов генерален план за Скопје.


СКОПЈЕ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Васил Чакаларов ќе дојава пред Католичка црква

Деновиве активно се подготвува теренот на кружениот тек кај Католичка црква за поставување на спомен-обележјето на Васил Чакаларов. Автори на споменикот се Дарко и Елена Дуковски, а во бронза се лее во леарницата Р.Ж. „Институти“ - Скопје. Споменикот ќе биде висок пет метри со постамент од два метри во форма на природна карпа. Општина Центар договорот за ова спомен-обележје го потпиша пред еден месец,

а ќе чини 330.000 евра. Васил Чакаларов е роден 1874 година во костурското село Смрдеш, кое тогаш било под Отоманската империја. Тој е македонски револуционер што учествувал во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Починал во 1913 година во битката кај Бел Камен, Грција, каде што грчките војници, откако тешко го раниле, му ја отсекле главата.

Засадени половина милион цвеќиња во Скопје Околу поло ви на ми ли он цве ќи ња од раз лич ни ви до ви, а најм но гу пе ту нии, бе го нии, џун џули ња и импатии, се засадени изминати от ме сец низ гра дот во рамките на про ектот „Цветно Скопје“. Градските власти информи ра ат де ка во пр ви от дел на Градскиот парк се формирани шест нови цветни леи, а цвеќиња се садени и во зеле ни лото на авто бу ската ста ни ца пред фон та ната „Лото сов цвет“, во ле и те под јапон ски те цре ши во Паркот, пред вле зот во Зооло шката гра ди на, ка ко и спроти ба ра ки те на Град Скопје. Во зеленилото на булеварот Илинден, пред Матичната служба, се форми ра ни леи во кои се засадени салвии, петунии и џунџулиња, а пред згра дата на Ге не рал -

штабот на АРМ се формирани три а гол ни леи со им патии. Уреде ни се и три те жардиниери на кејот на Вардар, зад зградата на Владата и жардиниерите пред владиниот објект. Расцветани се и зе ле ни те по вр ши ни кај Ка ле, на булеварот Свети Климент Охрид ски, пред универ зитет ската библиотека и во паркот во Ѓорче Петров. На буле ва рот Александар Македонски, на вле зот во Скопје кај клучката кај „Агро сервис“, од десната страна со аранжман на цвеќиња е направено знамето на Македонија, а од левата стра на гр бот на Скоп је. Цвеќе е садено и кај „Континентал“, како и во населбата Автокоманда. На си те цвет ни по вр ши ни ќе се по стави хидрант ска мрежа од системот капка по капка.

13

Модуларно училиште во општина Илинден Новоизграденото модуларно училиште во општина Илинден, лоцирано до тениските игралишта и спортската сала „Гоце Делчев“, вчера беше пуштено во употреба. Училиштето е со капацитет од 420 ученици во една смена, има површина од 2.300 квадратни метри, 14 училници, 8 кабинети, кабинет за наставници, кујна со трпезарија, училиштен двор со површина од 6.500 квадратни метри, компјутер за секое дете, како и слободен пристап до безжичен интернет. Станува збор за еколошки и високоенергетски ефикасен објект, каде што е инсталиран централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, со користење на обновливи извори на енергија. Изградбата на училиштето, како што велат од Илинден, чини 1,5 милион евра, од кои еден милион се од општинскиот буџет, а останатите се донација од словенечката влада, како дел од билатералната соработка меѓу владите на Македонија и на Словенија. Проектот на Општина Илинден за изградба на модуларно училиште е првиот проект што е реализиран од програмата на оваа билатерална соработка.


14

СВЕТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

СРБИЈА И НАТАМУ БЕЗ КОАЛИЦИСКА ВЛАДА

Дачиќ се ушт

Зошто да бидеме во нечија влада кога можеме да ја водиме, порача лидерот на социјалистите

Н

за разонода

ие не избираме меѓу Српската напредна партија (СНС) или Демократската партија (ДС), Томислав Николиќ или Борис Тадиќ, туку дали ќе бидеме одговорни за водење на новата влада или ќе бидеме само нејзин дел, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ. Со тоа Дачиќ го остави отворено прашањето кое Србија го поставува секој ден - кој ќе ја формира новата влада, пренесува „Блиц“. Лидерот на социјалистите истакна дека суштинското прашање за коалицијата СПСПУПС-ЈС е зошто да биде во нечија влада ако може да ја води. Тој рече дека одлуката на неговата партија ќе се знае многу брзо. Неговата порака следува откако српските

Во утрешниот број прочитајте се` за разонодата

медиуми пренесоа дека Дачиќ веќе пресекол и оти е договорено да прави влада со Српската напредна партија која му го понуди премиерското место. Лидерот на СПС рече дека ниту еден политичар на негово место не би се премислувал толку, но тој нагласи дека сака да биде коректен партнер на ДС и Борис Тадиќ, со кои соработуваше во изминатиот период. - Каква било одлука нема да биде донесена без знаење на нашите коалициски партнери. Ова е историска прилика за нашата коалиција својот политички профил да го дефинира така што ќе биде еден од трите најзначајни фактори во Србија. Сè останато би било продолжување на двопартиска Србија нагласи Дачиќ. Пораката на Дачиќ, всушност, е одговор на повикот од демократите кои завчера ја повикаа неговата партија да одговори што е пречката за формирање коалициска влада со нив, која е договорена уште на 8 мај по изборите. Од партијата на српскиот претседател Томислав Николиќ со денови веќе стигаат пораки дека се подготвени за два дена да направат мнозинство ако социјалисти-

Колорадо во пламен

Најмалку 32.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради пожарите што повторно избувнаа во американската сојузна држава Колорадо, објави „Си-Ен-Ен“. Пожарите, кои траат неколку дена, вчера се проширија и на некои од најпопуларните туристички одредишта во оваа држава зафаќајќи ги куќите на крајните делови од Колорадо Спрингс. Огнената стихија ги принуди на евакуација и питомците на Воздухопловната академија на САД. - Ова е пожар од епски размери - изјави началникот на противпожарната служба на Колорадо Спрингс, Рич Браун. Кон ваквата оценка се придружи и гувернерот на Колорадо, Џон Хикенлупер, кој изјави дека ова е најлошата сезона на пожари во историјата на оваа сојузна држава. Од почетокот на овогодишната сезона на пожари, во Колорадо загинаа пет лица. Американското воено воздухопловство во областа на пожарите упати четири авиони „С-130“, кои се адаптирани за гасење пожари, додека најавено е засилување од 25 хеликоптери. На пожарникарите дополнителни потешкотии во гаснењето им создаваат високите температури и ветровите.


СВЕТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

е се мисли те ги прекинат преговорите со демократите. Дел од аналитичарите во Србија тврди дека преговорите меѓу демократските и социјалистите одат тешко и дека на Тадиќ му останува само една шанса, да му го понуди премиерското место на лидерот на социјалистите или да замине во опозиција. Тоа го потврдува и заменик-претседателот на ДС, Драган Ѓилас, кој изјави дека е чесно социјалистите да излезат во јавност и да кажат што е проблемот и дека за Ивица Дачиќ го бараат премиерското место. Ѓилас рече дека е чесно СПС јавно да каже дека бара сите економски ресори да му се дадат на лидерот на УРС, Млаѓан Динкиќ. - Ако тоа се причините за непостигнување договор, сите да знаеме на што сме – рече Ѓилас. Политичкиот аналитичар Владимир Гоати вели дека сè поизвесно е формирањето влада меѓу напредњаците и социјалистите. - Останува да се види што ќе може да направи таа коалиција, која претставува сојуз меѓу поранешните радикали и социјалистите, а потсетува на црвено-црната коалиција

која во 1998 година го зацврсти тогашниот авторитарен режим. Таквата паралела не води кон некои добри заклучоци, но секогаш постои можноста да изненадат позитивно. Тоа е враќање на отпишаните иако тоа не се истите актери. И црвената и црната боја некако многу се избледени. Мислам дека социјалистите уште во 2003 година сериозно го променија мислењ��то, меѓутоа нивното раководство, исто како кај луѓето кои ја менуваат својата религија, повторно ги употребува истите пароли од времето кога беа навистина црвени. Тоа повеќе се забележува кај напредњаците. Тешко е да се промени политичката определба - наведува Гоати. Тој предупредува дека Европа веќе отворила четири очи и дека будно ќе го следи секој чекор на идната влада. - Вистината е дека единствените што може да нè финансираат, а тоа е ЕУ, ќе чекаат од една година до две да видат дали промената е вистинска. За степенот на демократска тежина која ја имаше претходната влада ќе треба да помине време, кое не може да се надомести - заклучува Гоати.

Асад призна дека Сирија е во војна

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека неговата земја се наоѓа во состојба на вистинска војна и побара од новоизбраната сириска влада да ги вложи сите свои напори во победа против бунтот, кој трае веќе 15 месеци, пренесува „Ројтерс“. - Живееме во состојба на вистинска војна од сите страни. Кога сме во војна, сите политички актери и сите страни и делови од општеството треба да се насочат за да победиме во таа војна - изјави Асад. Тој ги отфрли аргументите на западните земји, кои го повикуваат да поднесе оставка. - Западот зема, а никогаш не дава, тоа е докажано во секоја фаза. Ние сакаме добри односи со сите земји, но мора да знаеме кои се нашите интереси - подвлече Асад. Пораката од Асад доаѓа во време кога ОН соопштија дека сирискиот лидер полека ја губи контролата во земјата, дека има сè повеќе дезертери од неговата армија, како и дека борбите се приближуваат до престолнината Дамаск. Асад, кој ретко се појавуваше во јавноста откако избувна бунтот против неговиот режим, на состанокот на новата сириска влада изјави дека властите се борат против вооружени терористички групи. Во Советот за безбедност на Обединетите нации, шефот на мировните сили на ООН во Сирија, Ерве Ладсу, изјави дека заради зголемената опасност во Сирија засега е невозможно да се размислува за продолжување на активностите на набљудувачката мисија во таа земја. А, битките во Сирија се водат на сите страни. Најнова мета на напад вчера беше сириската телевизија „Ал-Икбарија“ во градот Друша, која го поддржува Асад, при што се убиени седум новинари. Сирискиот министер за информации истакна дека тројца новинари од телевизијата биле киднапирани, врзани и ладнокрвно убиени во близина на станицата.

15

Двајца Грци сакале да украдат мост од 15 тони

Двајца Грци завчера се уапсени откако се обиделе да украдат железнички мост во реонот на градот Кукуш во северниот дел на Грција, пренесува „Катимерини“. Мостот со димензии 17 на 5 метри е во сопственост на националната железничка компанија на Грција и тежи 15 тони. Двајцата мажи на 44 и на 48 години, кои се градежни работници, пристигнале на местото со кран, но биле забележани и уапсени. Пред неколку дена непознати лица украдоа метални мостови над реката Струма во близина на грчко-бугарската граница. Железничката компанија постојано е мета на крадците, кои на секој начин се обидуваат да стигнат до пари поради финансиската криза во Грција.


16

СВЕТ

САД со нови мерки за Русија Американскиот Сенат усвои закон според кој на руските функционери во иднина ќе им биде ускратена визата за влез во САД доколку ги кршат човековите права во својата земја, пренесува МИА. Законот е именуван по рускиот активист и адвокат Сергеј Магницки, кој во 2009 година почина во затвор во Русија. Слични мерки веќе се преземени во Одборот за надворешни работи, но се чека дали и тие ќе бидат усвоени од Сенатот и од Конгресот. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смртта на Магницки е трагедија, но предупреди дека Русија ќе одговори со исти мерки доколку американскиот Конгрес ги усвои мерките против неговата земја.

Потона брод со 150 имигранти

Претоварен брод со имигранти вчера потона во водите на Индиски Oкеан во близина на Божиќниот Остров до Австралија. Спасувачките служби успеале од водата да извлечат 125 луѓе и едно мртво тело, додека како исчезнати се водат околу 20 луѓе, пренесува австралискиот печат. Голем дел од имигрантите се спасени од трговски брод кој се нашол во близина и одговорил на повиците за помош. Во потрагата и спасувачките операции подоцна се приклучиле и неколку хеликоптери и бродови на австралиската морнарица. Се претпоставува дека на рибарското дрвено бродче имало околу 150 мажи, жени и деца чија крајна дестинација била Австралија. Се претпоставува дека бродот се превртел од претовареност. Ова е втор инцидент за помалку од една недела бидејќи во близина на Божиќниот Oстров пред пет дена се удавија 90 имигранти откако нивниот брод потона.

Четврток, 28 јуни, 2012 година

СВЕТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

17

ИСТОРИСКИ САМИТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА СПАС НА ЕВРОЗОНАТА И СМИРУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ

Судир на Монти и челичната фрау Главната битка меѓу Германија и Италија ќе се води за воведувањето заедничка еврообврзница преку која ЕЦБ би гарантира за долговите на сите земји од еврозоната

НЕМА ОБВРЗНИЦИ ДОДЕКА СУМ ЖИВА Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека во Европа нема да има заедничка одговорност за долговите додека таа е жива. На тој начин Меркел ја упати досега најострата критика на предлозите на дел од членките во еврозоната да се воведат еврообврзници, со кои Европската централна банка би гарантирала за долговите на сите земји од еврозоната.

Д

водневниот самит на Европската Унија, кој денес и утре ќе ги собере во Брисел шефовите на држави и на влади од 27-те членки, се оценува како судбоносен за иднината на еврото. Должничката криза, воспоставувањето заедничка фискална политика и неопходноста за политички реформи ќе бидат темите преку кои ќе се бара спас за еврозоната. Колабирањето на банките во Шпанија, драматичните апели од Атина за олеснување на мерките за штедење, опасноста од колапс на италијанската економија и кризата во банкарскиот систем во Кипар влијае врз тоа европските лидери да мора да придонесат за постигнување компромис, кој би ја вратил европската локомотива на колосек и би ја вратил довербата на пазарите. Сепак, експертите велат дека компромисот не се наѕира и дека нема вистинско решение без политичко решение кое би се свело на креирање политичка унија. Иако постојат големи разлики, можни се две парцијални решенија. Од една страна е постигнат договор за основање инвестициски фонд за оживување на економијата со буџет од 130 милијарди евра, кој делумно ги задоволува апетите на Париз и буди надеж за

иднината на најголемите европски должници, како Италија, Шпанија и Грција. Од друга страна, на самитот ќе се расправа за планот на четворката за новата финансиска структура на Унијата, која ја направија претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, шефот на

ПОСТАВИЛЕ КУЧЕ ДА ЧУВА КОЛБАСИ Германскиот економист Курт Лаук вели дека Кипар не би требало да го преземе претседателствувањето со ЕУ на 1 јули бидејќи побарал итна финансиска помош за своите банки. - Ова е парадокс на Европската Унија, да поставите куче да биде одговорно за колбаси – иронично порача Лаук. Според него, неприфатливо е земја што бара спас од банкрот да го преземе претседавањето со унијата бидејќи се сомнева дека Кипар, која е трета најмала економија во еврозоната, има авторитет да укажува на правците за стабилизација на Европа. - Како може Кипар да се посвети на решавањето на кризата кога и самиот е во криза? Никогаш нема да успееме да ја излечиме Европа ако нејзиниот претседател лежи на интензивна нега поради високозаразна болест - истакна Лаук. Неговите критики следуваат откако Кипар побара спас за неговиот банкарски сектор. Се претпоставува дека за спас на земјата ќе бидат потребни десет милијарди евра, што е половина од целата негова економија.

еврозоната Жан Клод Јункер и шефот на Европската централна банка, Марио Драги. Според овој план, ставањето на банките под директен надзор на Брисел е мерка што не може да се заобиколи. Со него се предвидува пренасочување на финансиската помош, од фондот на таканаречениот спасоносен чадор (Европски стабилизационен механизам). Па, така наместо помош да им се одобрува на националните банки, на барање од државата, како што е случајот со Шпанија, средствата би биле ставани на директно располагање на банките откако ќе добијат зелено светло од контролната комисија во Брисел. Како трета мерка се предлага формирање фонд за санирање на долговите. На државите и на нивните национални банки во иднина ќе им се дозволува ново задолжување само во согласност со сите членки на еврозоната. Со планот на големата четворка се предвидува итно воведување нови даноци и даночни измени, од заедничка такса на финансиски трансакции, до ускладување на данокот на доби-

вка. Аналитичарите велат дека шансите за усвојување на планот на европската четворка се релативизираат, а можноста за примена во предложените рамките се опишуваат како минимални. - Би било преоптимистички да се очекува претставите и очекувањата на седумнаесет членки на еврозоната или на сите 27 членки на ЕУ да можат да се ускладат преку ноќ – пишува „Фајненшл тајмс“. Весникот го советува италијанскиот премиер Марио Монти да ја стави германската канцеларка Ангела Меркел пред свршен чин. - Ако челичната Лејди не се согласи на компромис, заканете à се со своја оставка. Само така ќе ги спасите Италија и еврото пишува весникот. Имено, Монти во изминатите неколку недели стана главниот опонент на курсот на Меркел. Италијанскиот премиер инсистира на воведување еврообврзница, да се олабави фискалниот пакт и значајна сума пари да се вложат во финансирање на економскиот раст на членките на еврозоната. Меркел не се согласува со го-

лем дел од предлозите, а најжестоко одбива да се воведат еврообврзници како значаен инструмент за излез од кризата. Меѓутоа, предзнаците за општа финансиска криза, која во многу брзо време може да ја колабира Италија, на барањата на Монти им даваат специфична тежина. Аналитичарите сметаат дека колабирањето на Италија, како Грција, ќе значи крај на еврото, а со тоа и почеток на најголемата криза во ЕУ од нејзиното основање. Во склад со новонастанатата ситуација и со надевањата за спасоносната улога на Монти во престојните преговори, италијанските медиуми вчера најавија натпревар на две нивоа. - Прво Лев (тренерот на фудбалската репрезентација на Германија со која Италија игра полуфинале на Европското првенство), па потоа Меркел - стои на насловната страница на весникот „Кориере дела сера“. Сепак, ставот на Монти не е единствена ниту најсериозна препрека за оддржување на тврдиот став на Меркел. Сите нејзини веќе донесени одлуки кои се однесуваат на воведување финансиска дисциплина и на мерките за ригорозно штедење се под знак прашалник и во самата Германија. Имено, на барање на Уставниот суд на Германија, кој ја разгледува законитоста на досегашните одлуки на владата, Бундестагот и на Бундесратот за фискалниот пакт и за воведување данок на финансиска трансакција, претседателот Јоаким Гаук одби да ги потпише документите. Затоа не чуди истапот во јавноста на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој се смета за десна рака на Меркел. Тој побара спроведување референдум за измените на Уставот. - Сè се сведува на пренесување на надлежностите на националните влади и парламенти во рацете на Брисел - оценува германскиот весник „Шпигел“.


18

КУЛТУРА

Премиера и концерт на „Скопско лето“ Претставата „Госпоѓица Јулија“, работена според текстот на Август Стринберг, а во режија на Саулнус Варнас, гостин од Литванија, вечерва во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ премиерно ќе биде изведена на сцената на Македонскиот народен театар. - Во делата на Стринберг забележителна е постојаната борба меѓу мажот и жената. Нивниот однос речиси секогаш почнува од ништо, како каприц, но потоа актерите одеднаш се доведуваат до експлозија - вели режисерот Варнас. Сценографијата е на Јурате Рачаинскаитае, а улогите ги толкуваат Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски и Ѕвезда Ангеловска. На платото пред „Универзална сала“ концерт ќе одржи групата „Маракеш оркестра“ од Германија. Публиката вечерва ќе може да ги види Харалд Кохлер на клавијатури, Јоханес Бирлинг, вокал, Карл Георг-Рене Бергман на бас, Мартин Грелман на тапани и Кристијан Бухман на гитара. Концертот е најавен за 21.30 часот.

Четврток, 28 јуни, 2012 година

ДРЖАВАТА КРОИ ЗАКОН ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ПРО

Македонија ќ финансира Хо

Штипскиот театар подготвува две претстави Актерите од Народниот театар - Штип подготвуваат две нови претстави, „Лаги и вистина“ во режија на Никола Ристов и „Отворач на конзерви“ на хрватскиот режисер и актер Стојан Матавуљ. Уметничкиот директор на штипскиот театар, Трајче Кацаров, информираше дека „Лаги и вистина“ премиерно ќе биде изведена на крајот од септември, а главниот лик ќе го игра младата актерка Наташа Петровиќ. - Во претставата се вклучени и голем дел од младите хонорарци и дел од ансамблот на театарот - рече Кацаров. Претставата „Отворач на конзерви“ на хрватскиот режисер, пак, е проект на Општина Штип, Центарот за култура „Ацо Шопов“ и на театарот од Вараждин. Премиерата е закажана за 18 јули, во рамки на „Штипско културно лето“.

Изјава на денот „Повеќе немам желба да снимам филмови кои ќе бидат сфатени како значајни. Филмот за Че ми ја згасна таа желба. Не сакам да снимам „важни“ филмови.“ Стивен Содерберг

В

Игор ИВКОВИЌ

о завршна фаза е законот за филмски олеснувања, со кој се очекува привлекување странски продукции да снимаат високобуџетни филмови во нашата земја. На странските продукциски куќи што ќе решат да прават филм во македонски услови, нашата држава предвидува да им врати 20 до 25 отсто од вкупно потрошените пари преку даночни олеснувања. Лимитот на потрошените пари не смее да биде многу висок, односно тој да изне сува максимум до 3 милиони евра, на име вратени финансиски средства. - Ползата за странските продукции се компетитивните цени на услугите во Македонија и поврат на 20 проценти од признаените трошоци во земјата. Повратот на тие средства се темели на платените даноци и стимулации. Под признаени трошоци се подразбираат средства потрошени за ангажман на македонски граѓани и услуги на компании од Македонија, но не и за странски лица ниту за добра што не се вложуваат во продукцијата, како, на пример, купување возила. Враќањето на средства би се реализирало по завршената продукција во рок од три ме сеци - ја објаснува по стапката директорот на Филмски фонд на Македонија, Дарко Баше ски. Македонските филмски работници ја

поддржуваат иницијативата за доне сување закон за филмски олеснувања. Според нив, Македонија навистина ќе добие свеж финансиски капитал, но потребно е, како што велат, да се направат и студија, филмски градови, добра инфраструктура и обучен персонал, а не само даночни олеснувања. - Ние сме, можеби, последната земја од регионот во која ќе доаѓаат странските продукции да снимаат филмови. Во моментов најактуелни се Србија и Хрватска со одличните студија, филмски градови и со обучени филмски профе сионалци. Таму снимаат и холивудски и европски продукции. Таквите продукции не се интере сираат само за даночните олеснувања затоа што тие, секако, имаат многу пари. Нив ги интере сираат и условите во кои ќе работат, а тоа се студијата, луѓето соработници, но и добрите хотели, храната и, нормално, редовни и добри авионски линии, што кај нас сè уште го нема - објаснува Томи Салковски, директор на фотографија. Актерот Петар Арсовски смета дека се работи за неоснован проект. - Даночното олеснување од 20 проценти е само привлекување. Тоа не е ре ално. На странскиот продуцент не му е во интерес да дојде тука ако нема добри услови. Згора на тоа, Македонија за нив, и без овие олеснувања, е премногу евтина земја. Ем ќе поминат евтино тие продукции, ем ќе си


КУЛТУРА

Четврток, 28 јуни, 2012 година

ДУКЦИИ

е го ливуд

Странските продукции за еден филм трошат од неколку милиони евра до неколку де сетици милиони евра за само неколку ме сеци. Ниту една друга индустрија не може да вложи толку големи финансии во земјава како филмската за само неколку ме сеци

добијат и повраток на вложените финансии од буџетот на граѓаните - вели Арсовски. Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Баше ски, пак, вели дека со законот се предвидува и инве стирање во филмска опрема и во филмско студио. - Иницијативата да се инве стира во филмска опрема и во филмско студио има цел да ја унапреди и олесни продукцијата на филмови на нашите филмаџии и да се регрутираат и едуцираат нови кадри што ќе го зголемат потенцијалот за привлекување странски продукции - објаснува Баше ски. Кристијан Даниловски, од македонското студио „Фх3х“, кое веќе долги години соработува со пре стижните холивудски продукции, ја поддржува иницијативата за доне сување на овој закон. - Колку повеќе присуство на странски продукции имаме, толку повеќе во блиска иднина ќе имаме и квалитетен стручен кадар - вели Кристијан Даниловски од „Фх3х“. Тој смета дека законот со кој се предвидуваат даночни олеснувања за странските продукции е добар. - Со овој закон се очекува холивудски бум во Македонија. Државата ќе се полни со свежи пари, ќе се развиваат села и градови, а земјата ќе добие на светска промоција - смета Баше ски. Како пример тој го издвојува Нов Зеланд, каде откако се снимал филмот „Господар на прстените“, се зголемиле туристичките по сети за 30 пати.

19

Фестивал на француски филмови во Охрид

Петтото издание на Фестивалот на француски филм ќе биде отворено во Центарот за култура во Охрид на 30 јуни, со проекција на филмот „Збогување со кралицата“ во режија на Беноа Жако. Фестивалот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка од Министерството за култура и од Град Охрид и првпат оваа година, од регионот Долна Нормандија. Фестивалот има награден карактер, па ќе се доделат наградите за најдобар филм, актер, актерка, како и наградата

за животно дело. Фестивалот ќе трае до 5 јули и на него ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија. Предвидено е да се прикажат девет долгометражни и 12 краткометражни филмови. Фестивалските денови ќе ги затвори филмот „Никаквица“ на режисерот Жак Дојон. Фестивалот на францускиот филм во Охрид е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва странска културна манифестација во земјава.

Промовирана првата интернетска книжарница во Македонија „Купи книга“ (www.KupiKniga.mk) е првата интернетска книжарница во Македонија. Компанијата „Ајвоут“ вчера го промовираше порталот на кој може да се купат сите книги од сите домашни издавачи, но и од регионот, и тие да бидат доставени на домашна адре са. Порталот беше поставен пред три месеци и досега нуди повеќе од 10.000 книги на македонски, српски, албански и на англиски јазик, од преку 500 издавачи, македонски и странски. Насловите се распоредени се во 92 категории од повеќе од 6.000 автори. - Интернетската книжарница ја основавме за книгите да станат лесно достапни на сите љубители на пишаниот збор, кои на едно место можат да ги најдат сите книги од сите издавачи од Македонија и од регионот - информираше Томислав Зографски од „Ајвоут“, македонска софтверска компанија, специјализирана за

развој на сигурни интернетски решенија. Тие информираа дека идејата за ваква книжарница ја добиле пред шест ме сеци и веднаш почнале да ја реализираат за да се олесни пристапот до книгата и за читателите да не ја бараат од книжарница во книжарница, особено тие што не се од Скопје, а кои досега нарачуваат половина од насловите. Некои домашни издавачи се согласиле да бидат дел од опцијата „прелистај“ што ја нуди порталот, каде што може да се прочитаат првите двае сетина страници од книгата. За три месеци имало 167.000 прегледи на веб-порталот и повеќе од 1.500 регистрирани читатели. Н.П.

„Македонска приказна“ во Стокхолм Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и на „Џастин тиарет продакшн“, во шведската престолнина настапи Театарот за деца и младинци од Скопје со претставата „Македонска приказна“. Според македонската амбасада во Шведска, богатото културно наследство со елементи од македонскиот вез, македонската традиционална игра и изворните песни како составен дел на „Македонската приказна“, успеаа на

мошне автентичен начин да ја претстават Македонија пред присутните гости во „Булевар тиатер“ во Стокхолм. Од амбасадата истакнуваат дека овој настап на Театарот за деца и младинци

претставува почеток на Деновите на македонската култура во Шведска, кои ќе продолжат со концерти и со изложби на македонски уметници во втората половина на годината.


20

МОЗАИК

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Фифти Сент доживеа сообраќајка Популарниот рапер Фифти Сент е во болница поради преживеаната сообраќајна незгода во Квинс. Тој нема сериозни повреди, но бил задржан во болницата за рутински прегледи. Според информациите на американските таблоиди, раперот бил во својот „џип“ кога во задниот дел од автомобилот се удрил камион зашто возачот изгубил контрола над возилото. Ударот бил толку силен што „џипот“ на раперот бил истуркан од автопатот. И двајцата завршиле со лесни повреди, но заработиле прекршочна пријава.

„Спајс грлс“ во мјузикл за „Viva forever“ Дизајнерката и сопруга на фудба лерот Дејвид Бекам, Викторија, се со станала со своите поранешни колешки во Лондон за да се договорат за настапот во мјузиклот „Viva forever“. Мјузиклот е насловен по нивната популарна песна и премиерно ќе биде изведен во декември. - По стојат гласини дека Викторија нема да учествува во прет ставата, таа секогаш по ставува свои приоритети - изјавил анонимен извор, кој додал де-

Влатко с девојка н П опуларната водителка на бинго и манекенка Марјана Станојковка седна во скутот на пејачот Влатко Илиевски. На профилот на Влатко на „Фејсбук“ осамна фотографијата на која се гледа дека поранешната водителска двојка уживала во заедничката дружба. Веднаш по објавувањето следуваа голем број „допаѓања“ и коментари од пријателите на Влатко на социјалната мрежа, кои под фотографијата напишале дека пејачот очигледно уживал додека згодната и провокативна Маријана седела во неговиот скут. И Влатко не останал рамнодушен на мислењето на пријателите, па напишал дека дружбата со манекенката била како рокенрол. Марјана е поранешна девојка на поранешниот менаџер на Влатко Илиевски, одговорниот на про-

Бреговиќ доаѓа ка овој музички про ект е емотивен за сите членови на поранешната група. Овој женски со став кој

продаде повеќе од 75 милиони албуми во светот, својата светска слава ја доживеа во 1996 година.

Чак Норис: Хомосексуалците не смеат да бидат извидници!

Познатиот актер, кој според политичките убедувања е републиканец, јавно го критикувал Џемс Турли, функционер во здружението на американските извидници, кој сакал да го промени правилото според кое ова здружение не може да прима хомо сексуалци. Чак Норис изјавил дека би било срамно и антиамерикански да се примаат хомо сексуалци. Тој вели дека хомо сексуалците не сме ат да бидат извидници. Се очекува остра ре акција на спротивната страна.

Ема Вотсон е роднина на средновековна „вештерка“ Младата британска актерка Ема Вотсон, една од ѕвездите на филмовите за Хари Потер, генетски е поврзана со жена која во 16 век била обвинета и судена како вештерка. Вотсон е братучетка по 14 генерации со Џоан Плејл, која е една од 270 жени, за колку што се знае, што во средниот век во Англија биле судени за вештерство. По судењето, Плејл, по сè изгледа, не била запалена жива, туку била

само исклучена од Англиканската црква. Не се знаат деталите зошто таа била обвинета за вештерство ниту како успеала да се спаси да не биде егзекутирана за едно толку „сериозно обвинување“, како што во тоа време се третирало вештерството, но се знае дека Плејл живеела сосема сама. Врската со младата Вотсон е откриена благодарение на една нејзина прабаба, извесна Френсис Плејл.

Вчера во Битола почна седмото издание на најдолгото културно лето во Македонија, „Бит-фест“ 2012 година. Фестивалот беше отворен со мјузиклот „Евита“ во режија на Цветан Стојановски. Битолското културно лето оваа година е со рекорден број културни настани. Од пристигнатите 230 апликации, програмата ја сочинуваат 130 настани, во чии рамки се наоѓаат и голем број поединечни настани, што, всушност, претставува број од преку 170 настани за период од два месеци. - Нашите анализи и истражувања покажаа дека Битола има капацитет и интерес за сè. Ние се обидовме да ги изброиме просторите што ги користиме. Оваа година имаме и дисперзија надвор од централното градско

Потврдена бреме


МОЗАИК

Четврток, 28 јуни, 2012 година

о поранешната а ексменаџерот

дукција „План Б“, Кристијан Стефановски. Според шпекулациите во јавноста, откако ја раскинаа соработката, Влатко и Кристијан не сакаат очи да си видат, а пејачот сам се грижи за својата кариера. Актуелната фотографија на која се гледа блиската дружба на манекенката и на пејачот е сцена од новиот видеоспот за новата песна на Влатко, „Лето“, кој деновиве се снимаше на неколку локации и наскоро треба да биде пуштен во телевизискиот етер. Тоа дека поранешните соработници станале ривали е повеќе од очигледно, а дали има нешто повеќе од професионалност меѓу Влатко и Марјана останува да се види. Илиевски моментално се подготвува за настап на реномираниот фе стивал „Сунчане скале“ во Херцег Нови, каде ќе настапи со песната „Нема ме“.

на „Бит-фест“

подрачје. Настаните ќе се случуваат на околу 20 простори, а сите настани за кои постои можност ќе се дисперзираат. Ќе се случуваат културни настани во Магаза, на Широк сокак, на плоштадот Магнолија, во Дом на АРМ, Завод и музеј, Пацио, Хераклеја, Тумбе-кафе, Зоолошка градина, Нов пазар, во сите сали на Центарот за култура, Народен театар и на други локации. Целата програма е бесплатна - изјави Владимир Талески, градоначалникот на Битола. Дел од големите манифестации е и настапот на Горан Бреговиќ со својот оркестар во Хераклеја на 8 јули. „Бит-фест“ оваа година нуди голем број содржини што ќе ги исполнат жешките летни денови во Битола, со исклучителна културна свежина.

носта на Шакира

Иако во медиумите само се шпекулираше дека пејачката Шакира е бремена, нејзиниот татко ја потврди информацијата. Вилијам Мебара за еден познат магазин открил дека едвај чека да се породи неговата ќерка и да стане дедо. - Целосно сум задоволен од нејзината врска со Пике, а тоа што ги радува нив ме радува и мене - гордо изјавил таткото Вилијам. Иако информацијата за бремено ста се потврди, менаџерот на Шакира сè уште негира за со стојбата на пејачката и на својот профил на „Твитер“ напишал:„ Шакира е трудна, но со нова песна“.

Излезе албумот со велигденски песни Големиот концерт што се одржа годинава на Велигден, деновиве е издаден како албум. Првпат во историјата на македонската музика е направена оркестрација на древни источноправославни напеви од нашиот еминентен композитор и професор Живојин Глишиќ, кој на ова дело работеше повеќе од една година. Во изведбата на познатите композиции, учествуваа Македонската филхармонија, нашиот познат поп-пејач Ламбе Алабаковски, монахињата Касијана и хорот при Македонската православна богословија.

21

Почина Нора Ефрон Познатата американска режисерка и сценаристка Нора Ефрон починала завчера во својот дом во Њујорк, на 72-годишна возраст. Нејзиниот син Џејкоб Бернстајн потврдил дека Ефрон починала од воспаление на белите дробови, што било последица од леукемија. Нора Ефрон е позната како режисерка на култните романтични комедии „Кога Хари ја сретна Сали“, „Имате е-пошта“ и „Несоница во Сиетл“. Има три номинации за „Оскар“, а нејзин последен филм е „Џули, Џулија“ во 2009 со Мерил Стрип во главната улога. Нора Ефрон била мажена за Карл Бернстајн, еден од двајцата новинари што ја открија аферата Вотергејт, а нивната бурна врска à била инспирација за книгата „Мачнина“, според која Мајк Николс во 1986 година сними филм со Мерил Стрип и со Џек Николсон во главните улоги.


22

МОЗАИК

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Морска свежина во Стара скопска чаршија В о култната „Галерија 8“ во Стара чаршија беше претставена модната колекција пролет/лето 2012 на Антонија Ристовска. - По неколкуте успешни изложби што ги имавме во „Галерија 8“, овојпат решивме да одиме со друг аспект на уметно ста, модата. Се одлучивме токму за оваа колекција бидејќи од сите колекции презентирани оваа се зона, колекцијата на Антонија Ристовска е таа што најмногу се вклопува во лежерниот, а во исто време, и модерен стил, кој ние се трудиме да го одржиме во „Галерија 8“ - изјави Саша Шотевски, менаџер на галеријата. Ова е прва модна ревија во Безистенот, но поради одличните реакции од вчеравечер, во план е да се продолжи со случувања од ваков тип. - Со задоволство ја прифатив поканата за учество на ова случување. Темата на колекцијата „Нереиди“ е инспирирана од подводниот свет и од водените нимфи, па на убав начин ја донесовме морската свежина на жешката калдрма во Старата скопска чаршија – изјави модната дизајнерка Антонија Ристовска. Исклучително артистичкиот дух, старите ходници, калдрмата што памети многу случувања, морскиот амбиент доловен од

Друштвото на ликовни уметници, а помогнат од фузијата на нивните дела со инспирација од водниот свет беа дел од атмосферата за гостите. Меѓу моделите имавме можност

Џејмс Камерон снима три продолженија од „Аватар“ истовремено Холивудската актерка Сигурни Вивер на американските медиуми им откри дека истовремено ќе го снима второто, третото и четвртото продолжение од филмот

„Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон. Ѕвездата на филмот „Осмиот патник“ рече дека продолженијата на „Аватар“ ќе бидат снимени истовремено и дека засега не знае кол-

ку ќе трае снимањето. - Мое е само да се појавам - рече таа. Во филмот, освен неа, улогите ќе ги репризираат и Сем Вортингтон и Зои Салдано. Камерон, познат по филмовите „Титаник“ и „Терминатор“, на почетокот зборуваше дека планира трилогија „Аватар“ за подоцна да најави снимање и на четврти дел. Тој изјави дека не е заинтере сиран ниту за еден друг проект освен за „Аватар“. - Во моментов се наоѓам во работа наречена „Аватар“. Не сакам да продуцирам филмови на други луѓе - изјави тогаш Камерон.

да ги видиме Кристина и Јелена Антиќ, Бона Пауновска и Соња Ристевска. Овој настан, како и повеќето во „Галерија 8“, имаше хуманитарен карактер.

Спајдермен ќе се задушел Актерот што ја има честа да го носи познатиот костим на човекот-пајак во филмот „Чудесниот човек-пајак“, Ендру Гарфилд, за малку не се задушил во костимот зашто мислел дека е водоотпорен. - Морав да влезам вода. Јас скокнав зашто не знаев дека кога водата ќе дојде во контакт со маската, нема да можам да дишам. Почнав да се задушувам и не можев да дојдам до воздух - изјавил актерот.

статус:

КРИСТИНА АРНАУДОВА Белград ме повикува! Џеси Џи, денес Ози Озборн, утре „Фејт ноу мор“, „Калт“. Белград и музика, најдобрата комбинација! Имајте убав ден, јас знам дека сигурно ќе имам:)!


СПОРТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

23

„ТЕПАЧКА“ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО ФФМ

Сите ja сакаат фотелјата, никој не нуди решенија

Х

Никола ЃУРОВСКИ

ара лампие Хаџи-Ристе ски владее(ше) со македонскиот фудбал повеќе од една деценија и во негово време тркалањето на „бубамарата“ на овие про стори се сведе на измачување и на очај. Македонија беше и остана на самото дно од фудбалска Европа, а опозицијата се бореше за да го смени и да ги промени работите на подобро. Но, откако Хаџи-Ристе ски најави дека ќе се повлече и се распишаа нови избори за 29 јули, де сетици кандидати претендираат за неговото ме сто, за кожената фотелја во Фудбалската федерација на Македонија, но никој не нуди програма за работа, одговор на прашањето како мисли да го извлече македонскиот фудбал од дното. Како можни кандидати што ќе влезат во трката за нов претседател на ФФМ се споменуваат Масар Омерагиќ, долгогодишен лидер на фудбалската опозиција во земјава, Илчо Ѓорѓио ски, актуелниот тренер на Вардар, кој се смета за човек близок на власта, Никола Ко стов, поранешниот генера лен секретар на ФФМ, Лазар Нанев, до сегашниот член на управниот одбор на ФФМ, па дури и Срѓан Керим. Засега ова се само имиња што се споменуваат низ фудбалските кулоари, а ќе прераснат во официјални кандидати само ако бидат предложени од Општин-

ските фудбалски сојузи, но поентата е дека никој до сега во јавно ста не понуди програма за ревитализација на фудбалот, реформи со кои ќе тргне на подобро. - Доколку остане вака, тогаш ќе се симне од пре столот Хара лампие Хаџи-Ристе ски, а на негово ме сто ќе седне некој друг „Хари“, кој повторно ќе си тера своја политика, а најмногу ќе си ги гледа личните интере си. Така повторно македонскиот фудбал нема да оди напред – велат фудбалските работници во земјава, кои, сепак, не сакаат да се појават со име и со презиме во медиумите плашејќи се од подоцнежна „одмазда“ од новиот претседател. За да се добие виталната функција во македонскиот фуд-

ГИ НЕМА ПАНЧЕВ, НАЈДОСКИ, ЌИРИЌ, СТОЈКОВСКИ... Меѓу имињата што фигурираат како потенцијални кандидати за претседателската фотелја во ФФМ ги нема прославените фудбалски имиња Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Ќириќ, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Артим Шаќири... Доколку дел од нив не влезат во новата раководна гарнитура во Фудбалската федерација на Македонија, тогаш повторно ќе биде направена истата грешка која беше болна реалност и изминатите десетина години.

бал, прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, треба да се понуди и соодветна програма што би опфатила барем неколку клучни сегменти за подобрување на со стојбите. ИНВЕСТИЦИИ Новиот претседател на ФФМ, конечно, ќе треба да го насочи своите активно сти кон наоѓање инве ститори што би се вклучиле во развојот на македонскиот фудбал. Прволигашките клубови пред почетокот на новата се зона треба да се транс формираат во акционерски друштва, но потребен е влез на свеж капитал за тие да почнат да функционираат по европски терк. Во сегашната со стојба, Вардар е веќе транс формиран во АД, но тој добива државна финансиска инјекција. Сите други, освен, можеби, Мета лург и донекаде Шкендија и Ренова, имаат проблем со финансиите и едвај вр зуваат крај со крај. А фудбалот во Европа е голем бизнис и не трпи импровизации. ИНФРАСТРУКТУРА Македонскиот фудбал е очаен во поглед на инфраструкту-

рата. Ако не се земе предвид националната арена „Филип Втори“, ниту еден стадион во земјава не ги задоволува европските стандарди. Тоа најдобро се гледа во овој момент, кога македонските претставници во Лига Европа, Металург, Шкендија и Ренова, своите европски мечеви ќе треба да ги играат во Куманово. И тој стадион е далеку од европската норма, но УЕФА има прогледано низ прсти затоа што, едно ставно, нема во Македонија подобар стадион кој е блиску до аеродромот во Скопје, што е еден од условите за играње интернационални средби. Но, да ја погледнеме и Првата лига. Ниту еден фудбалски стадион, освен арената „Филип Втори“, нема рефлектори за играње вечерни натпревари. Ако погледнеме само малку северно, во Србија, таму 80 проценти од прволигашките клубови веќе имаат рефлектори на своите стадиони. По себен проблем се очајните соблекувални, ма лата безбедност на стадионите... МЛАДИНСКИ ФУДБАЛ Иднината лежи во младинскиот фудбал и тоа им е јасно на сите во Европа, освен во Македонија. Ако се земе предвид дека сениорските тимови во Првата лига играат во лоши услови, може само да се замисли какви се условите за младинските категории. Талентираните деца мораат да играат фудбал на ливади, на неиско сени игралишта, некои се соблекуваат на улица, а некои во руинирани, валкани и непроветрени соблекувални. Новата раководна гарнитура во ФФМ ќе мора должно внимание да по свети на развојот на младинскиот фудбал. Секако, тука е и женскиот фудбал, како и организацијата на натпреварувањата во пониските лиги каде владее „дивјаштво“.


24

СПОРТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

„АЅУРИТЕ“ НАЈАВУВААТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПРОТИВ ФАВОРИТОТ ГЕРМАНИЈА

Атомскиот напад на удира во италијански

В

ечерашното полуфинале меѓу Германија и Италија ќе даде одговор на прашањето која е втората репрезентација што в недела во големото финале ќе се бори за пехарот на ЕП 2012. Моментната форма во која се наоѓаат двете репрезентации им ја дава улогата на фаворити на Германците, но Италија со години покажала дека никако не смее да биде потценета, особено кога станува збор за големите натпреварувања. Општ впечаток е дека Германија го игра најубавиот фудбал за око, што е поддржано со фактот дека избраниците на Јоаким Лев со девет погодоци се наје фикасни во овој дел од шампионатот. По извршените рокади во претходниот меч со Грција, за очекување е Лев да ги врати Гомез и Подолски во стартниот тим, што би значело враќање на клупата за ре зерви за Кло се и Шурле. Токму Подолски е еден од најмотивираните германски репре зентативци за овој меч, со оглед на фактот дека тој е еден од неколкутемина што настапија за оваа селекција и при поразот во полуфиналето на СП 2006. - Оваа селекција во многу нешта е поразлична од онаа од пред шест години, но, дефинитивно, сакаме да се одмаздиме за тој пораз. Ќе продолжиме да играме онака ка-

Одбраната на „аѕурите“ е подготвена да го запре извонредниот напад на Германците, кој е најефикасен на овој шампионат

Германците беа младински прваци, сега атакуваат и на ЕП 2012 Германските фудба лери што на ова Европско првенство се но сители на играта во селекцијата на Јоаким Лев, пред три години станаа европски шампиони во конкуренција до 21 година. Тогаш Сами Кедира беше капитен на младиот бундес-тим, а во него настапуваа и Ме сут Озил, Мануел Нојер, Матс Хумелс, Џером Боатенг, Бенедикт Хауедес и Марсел Шмелцер, кои сега се дел од сениорската селекција. Тоа им дава право на Германците дека успехот би можеле да го повторат и на ова Европско првенство во Полска и во Украина. - Сега сме многу позрели и играме во големи европски клубови. Нашиот квалитет е многу поголем, а, освен тоа, ја имаме

поддршката и на поискусните фудба лери кои долго време играат во германската репрезентација. Тие уште повеќе го засилија нашиот победнички дух. Можеме да ја одведеме Германија до тронот - вели Сами Кедира во пре срет на вечерашниот полуфинален натпревар со Италија. Германскиот весник „Билд“ во пре срет на полуфиналето со Италија се повика и на уште една историска победа. Токму на ЕП до 21 година, Германија во полуфиналето ја совлада Ита лија со 1-0. Во тој со став на „аѕурите“ играа Марио Балотели, заедно со Абате, Џовинко, Сиригу и Маркизио, кои се сега дел од репре зентацијата на Че заре Прандели.

Середова им носи Сопругата на Џанлуиџи Буфон, Алена Середова, допатува во Полска за да ги бодри во живо италијанскиот голман и неговите репрезентативни колеги на полуфиналниот натпревар од ЕП 2012 со Германија. Поранешната манекенка, која е родена во Чешка, се надева дека ќе им донесе среќа на „аѕурите“ исто како што беше случај на Светското првенство во Германија во 2006 година. Тогаш таа ги следеше првите натпревари во Италија, а допатува во живо да ги бодри „аѕурите“ за полуфиналниот меч со Германија и во големо-


СПОРТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Лев и ѕид

ко што знаеме, максимално разновидно и офанзивно и убеден сум дека ќе најдеме начин да го урнеме италијанскиот ѕид пред голот на Буфон - изјави Подолски. Добра вест за селекторот Јоаким Лев претставува успешната рехабилитација на Бастијан Швајнштајгер, кој ќе биде спо собен за настап откако ги надмина проблемите со повредата на скочниот зглоб. На спротивната страна, Џорџо Кјелини и Даниеле де Ро си би требало да се појават во стартниот тим на Италија откако двајцата стандардни првотимци тренираа во текот на вчерашниот ден, ставајќи му се целосно на располагање на селекторот Чезаре Прандели. Италијанците во четвртфиналето со подобро изведување пенали ја елиминираа Англија, а сега ќе се обидат да направат уште еден чекор напред на шампионатот во Полска и во Украина. - Германија е моќна репре зентација на сите делови од теренот, како што покажа на до сегашниот тек од шампионатот. Сепак, ние сме Италија, можеме да играме против секој ривал и да дојдеме до позитивен резултат. Ни одговара што повеќето стручњаци ги сметаат Германците за како фаворити, тоа го префрла притисокот врз противникот - истакна Андреа Пирло, главниот организатор на играта на „аѕурите“.

среќа на „аѕурите“ то финале со Франција. - Пред шест години бев среќна за италијанската репрезентација, зошто не би било случај тоа и овојпат. Знам дека Буфон е во иста форма како и тогаш - оптимистички е расположена оваа убавица. По ваквите коментари на сопругата на Буфон, веднаш се јавија новинарите на германскиот весник „Билд“, кои à возвратија на Середова. - Не, драга Алена, историјата овојпат нема да се повтори. Германија ќе победи, а ти ќе се вратиш дома со својот сопруг - порачаа германските новинари.

ГЕРМАНИЈА – ИТАЛИЈА - Германската репрезентација досега забележала само седум победи во дуелите со Италија, наспроти девет реми и 14 триумфи на „аѕурите“. - Овие две селекции се имаат сретнато седум пати на големите натпреварувања, при што Германија ниту еднаш не успеала да триумфира над „аѕурите“. - Германците се наоѓаат во фантастична серија од 15 победи во низа на официјалните натпревари, по поразот од Шпанија во полуфиналето од СП 2010. - Италија постигна само четири гола на своите последни седум средби (пријателски и официјални).

денот а н а в а изј „Имам

голем број прекрасни спомени од Германија, како дете секое лето го минував кај родителите на мајка ми во Кил. Секогаш сум велел дека јас сум 90 проценти Италијанец и 10 проценти Германец, па јасно е дека овој полуфинален дуел ќе има особено значење за мене. Се надевам дека селекторот Прандели ќе ми укаже шанса за да ги покажам своите квалитети“ Рикардо Монтоливо

17

Цели 17 години германската репрезентација нема забележано победа во дуелите со Италија.

25


26

СПОРТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ЛОНДОНСКИОТ ТУРНИР

Сафарова експресно го напушти Вимблдон

За елиминацијата на чешката тенисерка се погрижи Холанѓанката Кики Бертенц по триумфот со 6-3, 6-0

Ч

ешката тенисерка Луси Сафарова го заврши настапот на Вимблдон уште на вториот ден од турнирот. За елиминацијата на 19. носителка се погрижи Холанѓанката Кики Бертенс, која релативно лесно со 6-3, 6-0 ја исфрли од игра фаворизираната чешка тенисерка. Настапот на лондонскиот турнир неочекувано брзо заврши и за Словенката Полона Херцог, која беше поразена од чешката тенисерка Кристина Плишкова со 6-2, 6-2. Во другите мечеви од вториот ден на Вимблдон, фаворитките рутински обезбедија пласман во следната рунда. Бранителката на титулата, Петра Квитова, имаше сигурен старт против Акгул Аманмурадова од Узбекистан со 6-4, 6-4. Квитова, која годинава е рангирана како четврта но сителка на Вимблдон, нервозно го почна мечот и го загуби првиот гем на свој сервис. Но, кога нејзината противничка поведе со 3-0 во првиот сет, ланската шампионка вле зе во ритам, освои седум гема по ред и имаше предност од 2-0 на почетокот од вториот сет. По получасовниот прекин поради дождот, Квитова ја доврши работата и се пласира во второто коло. Триумф против Марија Шарапова во лан-

ското финале на Вимблдон на чешката тенисерка à ја однесе првата и засега единствена гранслем-титула во кариерата. Аманмурадова, која е рангирана на 96. место на листата на ВТА, никогаш досега не стигнала до второто коло на Вимблдон. Успешно враќање по лошиот почеток и загубен прв сет имаше и италијанската ветеранка Франческа Скијавоне. Таа со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-4) ја победи домашната надеж Лора Робинс. За разлика од сестра à Венус, која уште по првото коло се пресели на трибините, Серена Вилијамс имаше многу поуспешен старт. Американската тенисерка во првиот меч ја победи Барбара Захлавова Стрицова со 6-2, 6-4. Втората тенисерка на листата на ВТА, Викторија Азаренка, по вториот сет, во кој спаси пет сет-топки, на крај успеа да ја победи Американката Ирина Фалконе со 6-1, 6-4. Во дербито на денот, Вера Звонарева, која игра една од најслабите сезони во кариерата, некако најде начин да ја победи, исто така, слабата Мона Бартел со 2-6, 7-6, 6-4, а највозбудливот меч на вториот ден од Вимблдон го одиграа Јарослава Шведова и Шанел Шеперс. Победи Шведова по одиграни два тајбрејка 7-6, 7-6.

ВТА ги замолчува тенисерките

Женската тениска асоцијаци ја (ВТА) пот пи ша до го вор со прет ставниците на сите четири гранслем-турнири за инста лирање апарат со кој ќе се ме ри ни вото на вре ска ње на те ни сер ки те за вре ме на нив ни те на стапи. Цел та на оваа акција е да се нама ли вревата на те ре нот за вре ме на те ни ските мечеви. - Са ка ме да се ре ши ме од овој проблем, кој по стои уште од периодот кога играше Мони ка Се леш. Иде јата е да се одреди која е висината на дозволе ната вре ва. Апа ратот би

На четирите гранслем-турнири ќе бидат инсталирани апарати кои ќе го мерат нивото на врескање на тенисерките

го мерел секое пречекорување на границата, а судиите за тоа би ги преду преду ва ле те ни сер ки те - об јас ни из врш ната ди ре ктор ка на ВТА, Стеј си Алатер. Новата мерка за замолчување на прегласните тенисерки, сепак, нема да заживее во практика во скоро време, туку пове ќе ќе би де на ме не та да се стекне нова навика кај новата

генерација што доаѓа. - Оваа новина не е применлива кај актуелната генерација те ни сер ки. Струч ња ци те велат дека би било невозможно да се проме нат на ви ки те, на пример, на Викториј�� Азаренка. Тоа би значело дека таа ќе мо ра да учи но ва тех ни ка на дишење. Во суштина, намерата ни е да им се обрне внима ние на мла ди те те ни сер ки

во тениските академии да по светуваат поголемо внимание на тие работи и уште на почетокот на својата кариера да го усвојат ова правило на одне сување - вели Алатер. За најглас ни во бе ли от спорт се сметаат двете водечки тенисерки во светот, првопла си ра ната на ВТА ли стата, Марија Шарапова, и второрангираната, Викторија Азаренка. Измерено е дека атрактивната Русинка со вре соците на терен предиз ви ку ва вре ва од 101,2 децибели, а Азаренка ја следи со вре соци од 91,4 децибели.


СПОРТ

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Георгиевски во Стеауа Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски е ново засилување на романскиот клуб Стеауа. Настапите во дресот на македонскиот национален тим му овозможија на овој наш интернационалец да си осигура трансфер во романскиот гигант. Трансферот го потврди и сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали. - Сите шпекулираа со фудбалери од други земји, но јас купив десен бек од Македонија. Станува збор за играч што е крајно исполнителен, многу дисциплиниран и што ќе ни помогне во битката за највисок пласман. Даниел Георгиевски ќе биде дел од Стеауа, но ќе треба да се бори и за место во првиот тим бидејќи конкуренцијата за да се стане стандарден првотимец е навистина голема, и тоа за секоја позиција во тимот - изјави Џиџи Бекали за романскиот „Проспорт“. Овој романски весник тврди дека првиот човек на Стеауа извесно време бил во дилема бидејќи искажал сериозен интерес и за Владица Брдаровски, фудбалерот на Работнички, но на крајот, сепак, решил да го ангажира Георгиевски во својот тим.

Манџукиќ потпиша за Баерн Минхен Марио Манџукиќ е нов член на Баерн Минхен откако германскиот вицешампион вчера го комплетираше трансферот на извонредниот хрватски голгетер. Тој импресионираше со одлични настапи и трите постигнати погодоци за Хрватска на ЕП 2012, со што го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Сепак, најбрзо реагираа челниците на Баерн, кои експресно постигнаа договор со Волфсбург и за сума од 13 милиони евра го откупија договорот на Манџукиќ.

27

ПРИЗНАНИЕ ЗА СРПСКИОТ КОШАРКАРСКИ СТРАТЕГ

Ивковиќ најдобар тренер во Европа

Душан Ивковиќ е добитник на наградата „Александар Гомељски“, која традиционално му се доделува на најдобриот кошаркарски тренер во Европа откако српскиот стратег изненади многумина со освојување на титулата во Евролигата. Токму Ивковиќ беше најзаслужен што Олимпијакос, во чии редови настапуваше и македонскиот репре зентативец Перо Антиќ, се закити со титулата европски шампион успевајќи на патот до тронот да ги елиминира Монтепаски Сиена, Барселона и ЦСКА Москва. Тоа беше втора европска круна во неверојатната кариера на Ивковиќ, кој претходно беше шампион на стариот континент и во 1997 година, исто така, како тренер на Олимпијакос. Со трофејот на завршниот турнир во Истанбул, Србинот воедно стана и највозрасниот тренер што се закитил со големиот пехар (68 години). Изборот на Ивковиќ е со сема логичен по неговиот голем успех, а зад српскиот стручњак на оваа листа се најде неговиот сонародник Жељко Обрадовиќ, додека третото ме сто го поделија Евгениј Пашутин (Уникс Казан) и Дејвид Блат (Макаби). Душан Ивковиќ нема да ја брани титулата европски првак освоена сезонава, со оглед на фактот дека тој веќе го напушти кормилото на Олимпијакос и соопшти дека најмалку една година ќе отсуствува од клупската европска кошарка и погледите

ќе ги насочи кон работата со српската кошаркарска репрезентација. Трофејот „Александар Гомељски“ го но си името на прославениот совет ски стратег кој стигна до трофеите во првите три сезони од Евролигата, од 1958 до 1960 година. Тој беше европски првак со ЦСКА Москва и во 1971 година, што беше негова четврта и последна титула шампион на стариот континент.


28

РАЗОНОДА

Четврток, 28 јуни, 2012 година

АЛСАТ-М

СИТЕЛ

КАНАЛ 5

АЛФА ТВ

ТЕЛМА

ТВ ПРОГРАМА 06.45 Добро утро, Македонијо 09.05 Без рецепт 09.25 Документарна програма 10.00 Дневник 10 10.20 Македонски народни приказни 10.55 Образовна програма 11.55 Цртан филм 12.10 Документарна програма 13.00 Вести 13.15 Сериски филм

13.55 Конечно викенд - микс 14.40 Без рецепт 15.00 Вести 15.15 ЕП во фудбал 2012 полуфинале 17.00 Дневник 1 17.30 Тротоар њуз - забавна програма 18.05 Риба – сериски филм 18.31 Информативен магазин

19.01 Македонски народни приказни 19.30 Дневник 2 20.00 Еурофорија - отворено студио 20.45 ЕП во фудбал 2012 полуфинале 22.45 Еурофорија - отворено студио 23.00 Дневник 3 23.30 Ако е . . . со Чом -

дебатна емисија 00.50 Тротоар њуз - забавна програма 01.05 Сериски филм 01.50 ЕП во фудбал 2012 полуфинале 03.30 Класична музика 05.00 Без рецепт 05.15 Риба – сериски филм 05.55 Музичка програма

07.05 Културна хроника 07.15 Прашање на совеста – серија 08.05 Ловечко око 08.35 Документарна програма 10.00 Часови за возење – игран филм 11.45 Храна и вино – емисија за гурмани 12.15 5+ 13.00 Цртан филм 13.45 Девици благороднички –

играна серија 14.35 Аларм за Кобра 11 – играна серија 15.30 Вести 15.50 Пазар и пари 16.20 Закон и ред – сериски филм 17.00 Цртан филм 17.10 5+ 17.50 Храна и вино – емисија за гурмани 18.30 Вести

19.00 Метео 19.05 Спорт 19.15 Аларм за Кобра 11 – играна серија 20.00 Девици благороднички – играна серија 20.45 Секој е ВИП 21.40 Вести 22.10 Метео 22.15 Спорт 22.20 Сексот и градот – серија 22.45 Закон и ред – сериски

филм 23.35 Сексот и градот – сериски филм 01.30 Еквилибриум – игран филм 02.00 Часови за возење – игран филм 03.30 Вести 04.05 Пазар и пари 04.35 Секој е ВИП 05.20 Храна и вино – емисија за гурмани 06.30 Вести

06.55 5 до 7 – утринска програма 09.00 Вести 09.10 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 09.25 Љубовници и тајни - серија 10.15 Портик – хроника на денот 11.45 Телешоп 12.00 Вести 12.15 К-15 – дневна доза 12.30 Вкусот на традицијата –

рецепт на денот 12.45 Моите џебни миленичиња – цртана серија 13.05 Ај ти замижи-емисија за деца 13.30 Супер ѕвезда – топ листа – емисија за деца 14.00 Еден на еден – забавна програма 15.00 Вести 15.15 Пресинг – информативна

програма 15.45 Во прво лице-забавна програма 16.15 Љубовници и тајни – серија 17.05 К-15 – дневна доза 17.30 Вести 18.00 Пресинг – информативна програма 18.30 Фактор здравје – контактна програма 19.00 Вести

19.45 ВОА - Гласот на Америка 20.00 К-15 – дневна доза 20.10 Маркет 168 – емисија за економија 21.00 Родени да бидат диви – документарна програма 22.00 Вести 22.50 К-15 – дневна доза 23.10 Маалски мафијаши – игран филм

07.00 Здраво Македонијо 09.00 Вести 09.10 Здраво Македонијо 10.05 Јунска ноќ – турска серија 10.55 Метео 5 - временска прогноза 11.00 Вести 11.10 Очајни домакинки – турска серија

12.00 Разделба – индиска серија 13.15 На турско кафе со .. 14.00 Опасна убавина – турска серија 14.55 Метео 5 - временска прогноза 15.00 Вести 15.25 Опасна убавина-продолжува

15.40 Величествениот - турска серија 16.15 Разделба – индиска серија 17.50 Екстра Ексклузив – забавен магазин 18.15 Метео 5-временска прогноза 18.20 Вести 19.00 Опасна убавина-турска серија 20.15 Величествениот – турска

серија 21.35 Јунска ноќ – турска серија 22.45 Метео 5 - временска прогноза 22.50 Вести 23.20 Екстра Ексклузив – забавен магазин 23.45 Алфи - игран филм 02.00 Разделба – индиска серија

06.15 Засекогаш вљубени - серија 07.00 Вести 07.10 Журнал - утринска програма 09.00 Вести 09.10 Кај Ана - кулинарско шоу 09.25 Македонски стари приказни 10.00 Слушни ја мојата судбина играна серија 10.25 Топ шоп 10.55 Бекстејџ - естраден магазин 11.05 Малечката невеста - серија

11.30 Огнови на љубовта - серија 12.00 Вести 12.10 Огнови на љубовта - серија 12.30 Топ шоп 12.50 Под сенката на врбите играна серија 13.20 Љубов и казна - серија 14.10 Зет домазет - играна серија 15.20 Бурни времиња - серија 16.00 Вести 16.24 Временска прогноза 16.26 Бурни времиња - серија

17.00 Огнови на љубовта - серија 18.00 Малечката невеста - серија 18.35 Бекстејџ - естраден магазин 19.00 Дневник 19.30 Бизнис вести 19.40 Временска прогноза 19.45 Бурни времиња - серија 21.05 Зет домазет - играна серија 22.20 Езел - играна серија 23.30 Дневник 23.55 Временска прогноза

23.57 Вештерки - играна серија 00.45 Просечен маж - серија 01.30 Бекстејџ - естраден магазин 01.40 Се или нешто - забавна емисија 02.30 Балкан бенд - забавна емисија 03.00 Кој те шиша - забавна емисија 03.10 Журнал - реприза 05.00 Зора зори - забавна емисија

08.00 Ноди - цртан филм 08.15 Утеран - индиска новела 09.00 Опасна љубов - шпанска новела 09.45 Да готвиме заедно со А. Положани 10.00 Телешоп Бјорнер Германија 10.10 Топ шоп 10.25 Скај шоп 1045 Миленичиња во мојот џеб 11.05 Пет плус - детска емисија

11.45 Така како што времето одминува - турска серија 12.45 Странски зет - турска серија 13.30 Под липите - турска серија 14.05 Телешоп Бјорнер Германија 14.20 Топ шоп 14.35 Скај шоп 14.45 Пет плус - детска емисија 15.35 Миленичиња во мојот џеб 16.00 Вести 16.30 Да готвиме заедно -

со А. Положани 16.45 Утеран - индиска новела 17.30 Опасна лубов - шпанска новела 18.25 Пицикато -забавна емисија 19.00 Вести 19.45 Така како што времето одминува - турска серија 20.45 Под липите - турска серија 21.45 Странски зет - турска серија 23.00 Вести - на македонски

јазик 23.35 Ин моушн 00.00 Пицикато - забавна емисија 00.15 Така како што времето одминува - турска серија 01.00 Странски зет - турска серија 01.50 Под липите - турска серија 03.30 Игран филм 05.00 Опасна љубов - шпанска новела


ИНФОРМАТОР

Четврток, 28 јуни, 2012 година

ВРЕМЕПЛОВ најголемиот успех. 1873 - Роден е францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на преносот (трансплантацијата) на ткива и одржување на живо ткиво надвор од организмот. 1895 - Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов 1491 - Роден е англискиот крал Хе- почна да излегува весникот на манри Осми. По прекинот со Римокакедонските социјалисти „Револуцитоличката црква, Хенри Осми ја“. Весникот излегуваше еднаш изведе црковна реформа и прогла- неделно на бугарски јазик и наиде сување на Англиканска црква (1534) на голема реакција кај големобугарнезависна од Ватикан, а со крал ка- ските кругови, кои го оценија како ко врховен верски поглавар. Тој ус- сепаратистички. Покрај Главинов, пеа да ја прошири власта на Велс, во раководството на весникот се наШкотска и на Ирска и успешно ја из- оѓаа и познатите македонски социгради силната флота - подоцна тејалисти Димо Хаџи-Димов, Веле мел на англиската поморска сила. Марков, Андон Шулев и други. Пос1712 - Во Женева е роден Жан Жак ледниот број излезе на 30 август Русо, француски писател и фило1895 година. зоф - просветител. Многу влијаеше 1914 - Во Сараево е извршен атенврз мислителите на своето и на по- тат врз австрискиот престолонасдоцнежното време. Негови познати ледник Франц Фердинанд. дела се „Расправа за науката и Атентатот го изврши Гаврило Принуметноста“, „Емил“, „Општествен цип, еден од основачите на органидоговор“ и други. Умре во Ерменон- зацијата „Млада Босна“. Овој вил, на 2 јули 1778 година. атентат го искористија австро-ун1836 - Умре американскиот државгарските империјалисти за да ја наник Џејмс Медисон, татко на амери- паднат Србија. По неприфатениот канскиот устав, претседател на САД ултиматум на Австро-Унгарија, таа од 1809 до 1817 година. на 28 јули 1914 година à објави вој1938 - Крунисана е британската на на Србија со што почна Првата кралица Викторија Прва, една годи- светска војна. на по наследувањето на престолот. 1919 - Во Версај, кај Париз, е потпиВо текот на нејзиното владеење до шан договор за мир меѓу претстав1901 година, честопати наречено ниците на германската влада и викторијанска епоха, моќта на бри- претставници на земјите победничтанската империја и нејзиното коло- ки во Првата светска војна. нијално царство го достигна 1921 - Во Софија, од заведен атен-

ХОРОСКОП

21.03 19.04

20.04 20.05

21.05 20.06

21.06 22.07

Овен - Оптимизмот во вашите размислувања го подобрува расположението и на колегите. Продолжете така. Совет: реализирате сè што се очекува од вас, партнерот е особено задоволен. Бик - За вас не постојат комплицирани работи, сè што ќе почнете да работите го завршувате без проблем. Совет: направете баланс помеѓу желбите и реалните можности. Близнаци - Вашето расположение се менува секој момент и затоа не можете да најдете компромис со луѓето кои работите. Совет: потребни ви се повеќе часови сон. Рак - Некои настани на љубовен план го туркаат вашиот живот во правец поинаков од тој што вие го предвидувавте. Прилагодете се на ситуацијата. Совет: бидете покомуникативни.

23.07 22.08

23.08 21.09

22.09 23.10

24.10 21.11

татор на врховистите, платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите што целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Варош, Прилепско, на 2 април 1865 година. 1935 - Претседателот на САД, Френклин Рузвелт, нареди изработка на трезор за златните резерви на САД во Форт Нокс во Кентаки. 1945 - Во Битола е роден Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Умре во Ереван, Ерменија, на 18 септември 1996 година. 1993 - Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН. 1995 - Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. 2001 - Умре Оливер Китановски (на 21 год.) од Башино Село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умре од тешки рани добиени во борбите на 23 јуни 2001 година против албанските терористи меѓу селата Брњарци и Арачиново.

Лав - Енергичноста и самодовербата се ваш заштитен знак, но внимавајте да не претерате, сè има своја граница. Совет: искористете ги заведувачките способности за да освоите еден јарец. Девица - Плановите се едно, а реализацијата друго. Нека не ве обесхрабрува позицијата во која се наоѓате сега, наскоро следува голем успех. Совет: внимавајте, топлото време не ви одговара. Вага - Дејствувате на повеќе полиња и иако се наоѓате во депресивна фаза и не гледате излез од ситуацијата, и за вас следат поу бави денови. Совет: покажете му повеќе емоции на партнерот. Скорпија - Свесни сте дека луѓето постојано ве озборуваат, нема причина сега да се заморувате со такви маргинални работи. Насочете се кон креативни работи. Совет: бидете поактивни.

22.11 21.12

22.12 19.01

20.01 18.02

19.02 20.03

29

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР Денеска е Св. пророк Амос

Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Бог го повика на пророчка служба. Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и неволјите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив. Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иренеј

Се претпоставува дека бил роден во средината на вториот век. По потекло бил Грк. Го познавал Светото писмо и првите записи на христијанските писатели (апологети). Ги читал делата на класичната книжевност и записите на некои кривоверци. Својот земски живот го завршил со мачеништво во времето на Септимиј Север и неговите прогонства, околу 203 година.

Стрелец - Чувствувате внатрешен немир, а ни самите не ја знаете причината за тоа чувство. Време е да одите на одмор. Совет: опуштете се во добро друштво.

Јарец - Имате големо влијание врз луѓето што ве опкружуваат, па затоа внимавајте што зборувате за да не ја изгубите довербата. Совет: опуштете се во добро друштво. Водолија - Ако сакате да останете во врска или во брак, тогаш борете се за љубовта на партнерот. Ако, пак, не сакате, тогаш не одолговлекувајте, бидете решителни и ставете точка. Совет: повеќе сон. Риби - Иако се обидувате да го разберете партнерот и да одговорите на неговите очекувања, без сериозен разговор нема да дојдете до решение. Совет: не оптоварувајте се со непотребни обврски.


30

РАЗОНОДА

Четврток, 28 јуни, 2012 година

Жанр: акција, авантура, научна фантастика, спектакл Почеток: 10.30 и 13.00 часот

„Прометеј“ Жанр: акција, хорор, научна фантастика Режија: Ридли Скот Почеток: 20.00 и 22.30 часот

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР „Госпоѓица Јулија“ Автор на текст: Август Стринберг Режија: Саулиус Варнас

„Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Режија: Тарсем Синг Почеток: 15.15 и 17.15 часот

КИНО „РАМСТОР“

„Парада“ Жанр: комедија, фантазија, романса Режија: Срѓан Драгојевиќ Почеток: 19.30 часот

„Кунгфу-панда 2“ Режија: Џенифер Јух Автор: Џонатан Аибел, Глен Бегрер Почеток: 11.00, 13.00 и 15.00 часот

Почеток: 21.00 КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Луѓе во црно“ Жанр: акција, комедија, фантазија Режија: Бери Соненфилд Почеток: 15.00 часот

„Што да очекувате кога очекувате“ Режија: Кирк Џонс Жанр: комедија, романса Почеток: 17.15, 19.30 и 22.00 часот

„Одмаздници“ Жанр: акција, авантура, фантазија Режија: Јос Видон Почеток: 17.30 часот

Сала 2: „Првиот одмаздник: Капетан Америка“

„Бесмртници“ Жанр: акција, драма, фантазија Режија: Тарсем Синг

БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Постојана поставка Отворен од вторник до недела од 10.00 до 18.00 МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Традиционални предмети од метал“ „1+ 1 Живот и љубов низ македонската историја“ MUNICIPiVM STOBENSIVM – Римска монетарница во Стоби МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Изложба на Павле Маневски Меѓународна колекција Изложба по повод јубилејот на британската кралица МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка

Почеток: 22.00 часот ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка Објектите на Националната галерија работат од 10.00 до 18.00

ЗРНЦА НА МУДРОСТА Подобро е да работиш со луѓе кои нешто сакаат, отколку со луѓе кои станале тоа што сакале! Френсис Бекон

Љубовта е многу поголем предизвик од патување околу светот! Гилберт Честертон Тврдоглавоста има свои позитивни страни. Секогаш знаеш што утре ќе мислиш! Глен Биман

Во политиката глупоста не е хендикеп! Наполеон Бонапарта

l

27

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

28 28

28

l Штип

28

l Радовиш

28

l Кичево

l Неготино

27

l Кавадарци

30

27

29 l Охрид

l Делчево

Велес l

l Дебар

l Струга

29

l Кочани

32

28

30

25

l

Скопје l

28

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 2 километри на час.

Крива Паланка

32

l Прилеп

30

l Струмица

29 l Гевгелија

Битола

29

l Ресен

те, им верувај на зборовите, ниту на сво�� Не ниту на туѓите, верувај им на делата и на своите и на туѓите! Толстој Никој не живее од своите сонови, но ако сонува значи дека се уште е жив! Хајне Ферланг

Денеска времето ќе биде стабилно и топло. Во Скопје минималната температура ќе биде 12 Целзиусови степени, а максималната 32 степени. Влажноста на воздухот ќе биде 32 проценти, а видливоста до 10 километри. Индексот на УВ-зраците ќе биде 8.

l

27 9 34 ПЕТОК

11 САБОТА 36

12 НЕДЕЛА 36

29

Барселона

28

Букурешт

29

Будимпешта

29

Загреб

27

Софија

32

Атина

27

Приштина

31

Сараево

29

Белград


Рецепт на денот

Црн колач со ванила ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г шеќер 15 лажици брашно 10 лажици зејтин 3 лажици какао 2 кесички пудинг од ванила l 2 л млеко l 3 јајца l 1 прашок за печиво l l l l l

31

РАЗОНОДА

Четврток, 28 јуни, 2012 година

"SAGITTARIUS#

PORANE[NA AMERIKANSKA ARTISTKA

LU\E KOI SE ZANIMAVAAT SO ELEKTRONIKA

T

É

VIOLINISTOT SIMONUTI BOJA ZA ^EVLI

É

VID UDAR VO BOKSOT

M

ISTORIJA NAGALENO @EN. IME (JAGODA, JAVORKA)

KOMPOZITOROT SOS

G

OTSTRANUVA^, ISTREBUVA^

NADOMEST ZA VOENA OT[TETA

Æ

NIKO NESTOR DEL OD [KOLSKI PRIBOR

N

@ENSKO IME LANA TARNER

Æ

DRVO ZA BRODOGRADBA ZAEMODAVEC

IVAN NAGALENO POSED BURE ZA ZELKA VIOLETA TOMOVSKA

T

ANTI^KI GRAD NA PELOPONEZ "NOMINATIV#

Æ

SOPRUGA (MN.)

VID DRVO GRAD VO BiH

REKA VO MAKEDONIJA

RADIUS ARTISTOT BABI] OTMENA GOSPO\A DEL OD OBJEKT, ETA@

G

ODGLEDUVA^ NA DOBITOK NENE ^ERI

AVTOMOBILISTOT LAUDA VID DRVO

PEKOL POKAZNA ZAMENKA

VID GREJNO TELO (MN.)

Æ

MLITAV, PAPSAN ^OVEK URANIUM

G

[UMA, PLANINA

PEJA^OT IBRAIMOVSKI

9 5 6 6 7 2 3 1 5 2 4 3 5 7 1 9 7 2 6 8 4 9 5 1 2 8 4 6 2 6 1

POVREDA OD ORU@JE

7 2 8 9 5

8

1

8 2 2 4 1 6 9 5

1 9 6 5 7 7 6 8 1 9

6 8 2 9

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: MERIDIJANI, ELIMINATOR, REPARACIJA, NIKOLETA, NN, LT, IKO, TIK, TIRINT, KACA, NOM, VRBA, MNO@ITEL, R, GOITEL, DAMA, N^, NIKI, AD, RADIJATORI, GORA, ATONIK, IBU[, RANA; SUDOKU: 1) 231 956 784, 967 824 315, 458 137 926; 649 315 278, 185 472 639, 723 698 541; 896 743 152, 312 589 467, 574 261 893; 2) 479 315 682, 365 892 417, 128 746 593; 743 281 965, 851 963 274, 269 574 138; 947 628 351, 582 139 746, 613 457 829

Трите жолчки убаво се матат со ше ќе рот. Потоа се дода ва ат бел ки те, кои претходно се изматени. Се додаваат 15 лажици брашно, 1 шол јич ка мле ко, ка ка ото и пра шо кот за печиво. Откако убаво ќе се со еди ни, сме сата се ста ва во претходно загре ана рерна и се пече на уме ре на тем пе рату ра околу 15 ми ну ти. Отка ко ко рата ќе се излади, се прелева со 1 литар топло млеко и со 10 лажи ци ше ќер. Пудин гот од ва ни ла се ва ри и потоа се пре ле ва ко рата. Одоз го ра може да се ста ви чо кола ден прелив.

BRONKA SO GNOJ @ITELKA NA IRAN

GEOGRAFSKI LINII [TO GI POVRZUVAAT POLOVITE

BROJ SO KOJ SE MNO@I

ПРИГОТВУВАЊЕ:

É


ВИЦОТЕКА

Одат двајца полицајци на работа и едниот го прашува другиот: - Ќе одиме со автобус или пеш? Другиот, пак, одговара: - Па, што прво ќе дојде! * * * - Тато, тато, ако не ми дозволиш да се омажам за Влатко, ќе се фрлам во Вардар! –му вели ќерката на таткото. - Слободно ќерко, секоја гу-

ска знае да плива! * * * Разговараат по телефон Мујо и Хасо. - Па, каде си Мујо, одамна не сум те видел? – прашува Хасо. - Па, јас сум во Норвешка! - А, каде е тоа? - Имаш ли глобус? - Да. - Е, Норвешка е одма под шрафот!

ТИКЕТ СЕК Ј Германија Италија Јаро Хелсинки

1 2

Коефициент 6,6

ТПС Турку КУПС С.Арабија Палестина

1

1


Den 28 Juni