Issuu on Google+

АКТУЕЛНО

СТЕВЧО САКА ВО КАРПОШ, БРАНКО СЕ МИСЛИ

6-7

1 5 денари

www.den.mk

ЗДРАВСТВЕНИТЕ КНИШКИ ОСТАНУВААТ

23o

Четврток, 25 октомври 2012, година 1, број 185

Електронската картичка за „шминка“ 4-5

ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА

10-11

Компромис за мир во куќата Основниот суд ги порази борците

По долгогодишен спор, членовите на Сојузот на борците на Македонија се избркани од просториите. Се вселуваат 4 воените инвалиди.

ТЕАТАРОТ И БАЛЕТОТ БЕЗ ГРЕЕЊЕ 28-29

ТЕНДЕРОТ НА АЕК СО ЕДЕН ПОНУДУВАЧ

9

„ОНЕ“ ќе ги дигитализира телевизиите Настинаа актерите за 150 илјади од МНТ и од МОБ евра годишно


2

ВЕСТИ

Четврток, 25 октомври 2012 година

МТВ се извини, па што?

ЗАПАДОТ ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО СО БОСНА

КОМЕНТАР

Анета СТОЈКОВСКА Не сакам да зборувам пред рака, ама имам чувство дека нема да разбереме како тоа Македонската радио-телевизија дојде до личните податоци на граѓаните при изработка на новиот регистар на претплатници. УЈП наводно не учествувала во ажурирањето на регистерот, Министерството за внатрешни работи крева раменици, а од јавниот сервис си молчат. Се извинија со едно формално соопштение за грешките што ги направиле со испраќањето на сметките на неколку члена од исто семејство, ги упатија оштетените каде да се пожалат и - никому ништо. Сега граѓаните нека му ја мислат, нека испраќаат барања, нека плаќаат поштарини, нека чекаат во ред. Нема друго! Ако не, ќе мора да си ги платат згрешените сметки оти, нели, оние во МТВ знаат дека ја утнале работата, ама не знаат каде и кај кои претплатници. Затоа, оние што нема да реагираат, ќе си платат. Дирекцијата за заштита на лични податоци, по правот кој се крена во јавноста, реши да ја испита работата. Нејзините инспектори треба да откријат како се ажурирал регистарот. Ако податоците не се доставени од единствените институции кои располагаат со нив, тогаш од каде се? На моменти се чини дека целата држава живее како во голе-

мо реално шоу. Граѓаните веќе немаат никаква приватност, освен затскриени во своите домови. Камери има по улиците, камери по болниците, камери ги снимаат работните простории. Се бележи секое движење. Личните податоци им се на располагање и на банките и на мобилните оператори. Ако се има предвид дека во повеќето од овие институции е влезен странски капитал, тогаш граѓаните со право се загрижени каде сè циркулираат и кој сè може да ги (зло)употреби нивните податоци. Излез нема. Закон постои, ама очигледно се толкува кому како му одговара. Постои и Дирекцијата, нели, на која во името à стои дека тоа à е работа, да се грижи за заштита на личните податоци, но досега, реално главно, им се наоѓала законска оправданост на сите потфати на разно-разните фирми и институции што чепкаат каде што не треба. Ќе биде ли и сега така? Или, конечно, ќе се има доблест да се каже вистината и да се казни виновникот. Оти, колку и власта да е благонаклонета кон јавниот сервис, кај граѓаните „извини“ веќе не проаѓа. Како за промена, добро би дошла некоја казна. Ако не за друго, барем на луѓето да им се тргне чувството на горчина дека живеат во држава во која нивниот глас не вреди ништо. Освен, можеби, на избори...

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 Стопанска банкa жиро-сметка 200-0024863780-03 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, при посета на Босна и Херцеговина ја пренесе поддршката за интеграција на „единствена и суверена“ БИХ во Европската Унија, но и пораката дека меѓународната заедница „го губи трпението“ поради постојаните внатрешни превирања во земјата. - Владата на Велика Британија верува дека иднината на БИХ е во

членството во ЕУ и во НАТО. Ќе сториме сè што можеме за да à ја дадеме нашата поддршка на тој пат. Но, дозволете да бидам докрај јасен. БИХ може да биде членка само како единствена и суверена држава - нагласи британскиот министер и предупреди дека тие што веруваат дека постои друг пат за БИХ не се во право и дека тие што ја поткопуваат БИХ нема да бидат нивни партнери.

ИЗЕТБЕГОВИЌ: НИКОЛИЌ НЕ Е ПОИНАКОВ ОД КАРАЏИЌ Босанскиот лидер Бакир Изетбеговиќ го спореди српскиот претседател Томислав Николиќ со Радован Караџиќ, кој е обвинет за геноцид. Изјавата на Изетбеговиќ следува откако српскиот претседател во интервју рече дека „за 17 години меѓународната заедница не може да направи држава од БИХ, таа не функционира и бавно ни исчезнува пред очите“. Изетбеговиќ во писмото до Николиќ наведува дека таквите забелешки го асоцираат на

изјавите на поранешниот политички лидер на босанските Срби, Караџиќ. „Можам да Ве уверам дека БИХ е суверена, независна и меѓународно призната држава и нема да исчезне“, истакнува Изетбеговиќ. Односите на БИХ со Србија се заострија по изборот на Николиќ за претседател во мај годинава. Српскиот претседател ја разгневи босанската јавност со негирањето на геноцидот во Сребреница, кога беа убиени 8.000 муслимани.

СВЕТОТ ГО ПОДДРЖУВА ОБАМА, РОМНИ СО СКРОМНИ ДЕВЕТ ПРОЦЕНТИ Светската популација повеќе го поддржува актуелниот американски претседател Барак Обама отколку неговиот противкандидат, републиканецот Мит Ромни, покажуваат резултатите од анкетата на „Би-Би-Си“. Околу 50 проценти од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат Обама, додека само девет проценти се изјасниле за Ромни. Од 21 земја, каде што е спроведена анкетата, само во Пакистан испитаниците се изјасниле дека повеќе сакаат Ромни да биде претседател на САД. Обама најмногу го поддржуваат Французите, дури 72 проценти.


ВЕСТИ

Четврток, 25 октомври 2012 година

3

ЕУ ТРЕБА ДА ГИ ДЕБЛОКИРА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Не е интерес само на Македонија, туку и на Европската Унија пристапните преговори конечно да почнат, порача Франко Фратини. „Сметам дека сите членки на ЕУ треба да се посветат на наоѓање конечно решение на приказната за името. Конечно да ја отворат вратата и на Македонија да à дадат датум за почеток на пристапните преговори. Ова е моја лична, но и желба на владата на претседателот Марио Монти. Се надевам дека ЕУ ќе успее да ја деблокира оваа тешка ситуација“, изјави за „Дојче веле“ Фратини, поранешен шеф на италијанската дипломатија и поранешен еврокомесар за правда и за внатрешни работи. „Сега гледам повеќе можности зашто кризните ситуации помагаат да се најдат решенија таму каде што истите се на дофат. Да се

ПОВТОРНО СВЕТНАА ИКОНИТЕ ВО „СВЕТИ ДИМИТРИЈА“

стави прашањето на маса, верувам дека ќе биде добро и за Европа“, рече Фратини одговарајќи на прашањето дали може

Европскиот совет во декември на Македонија да à даде датум за почеток на преговорите за членство.

Со самочистење светнаа уште две фрески во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје. Преку ноќ бил исчистен живописот пред олтарот на источната страна над прозорците, а само по неколку дена бил светнат и тој на западната страна, пренесуваат интернетските портали. Ликовите веќе не се темни и со темни наслаги, туку сега јасно се гледаат. Самочистењето на фреските во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје почна во април годинава на празникот Цветници.

ПОРАКА ОД ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ЗА КУРБАН-БАЈРАМ

РИСТОВСКИ ЗА РИЗИКОТ ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА НАТАЛИТЕТОТ Семејствата треба да го сфатат ризикот од популациската слика со која ќе се соочиме за околу 50 години кога нашите деца ќе живеат во ризик на неодржлив економски и пензиски систем, истакна министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. - Владата воспостави различни економски мерки, но последните пет години анализите покажуваат дека економската стимулација не секогаш е основниот начин врз основа на кој може да се стимулира-

ат семејствата. Ова прашање секое семејство мора да си го постави самото себеси - рече Ристовски. Министерот посочи дека прв и основен приоритет на Владата е да работи на намалениот интензитет на новородени деца. Тој посочи дека во Скопје има притисок за вклучување деца во детските градинки, што не е случај и со другите градови во источна, централна и во јужна Македонија, каде што не може да се наполни основниот број на деца во градинките.

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис-улулема Сулејман Реџепи, упати бајрамска порака во која на сите муслимани им го честита денешниот празник Курбан-бајрам. Овој празник, се вели во пораката, ги повикува сите верници да бидат разумни, го одразува нивното искрено враќање кон начелата на исламската вера, да култивираат хумани и човечки вредности кон сите, од најблиските, соседите и до сите оние што имаат потреба. - Нашето општество денес, повеќе од кога било досега, има потреба да му се обрати на Бог, да се врати кон верувањето, затоа што небрежноста и запоставувањето на божествените учења, со сигурност доведуваат до загуба на општествените и човекови вредности во целост. Овој празник нека биде еден мотив повеќе богатите да ги усреќат сиромашните, секако, нека биде и мотив повеќе за пружање на раката на помирување, како и за заемни посети на блиските и на пријателите - вели во пораката поглаварот на ИВЗ.


4

АКТУЕЛНО

Четврток, 25 октомври 2012 година

ОД 1 НОЕМВРИ ПОЧНУВА ПРОЕКТОТ „ЕЛЕКТРОНСКА ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧ

На лекар и со здравств и со електронска карти

Со проектот се укинуваат сините картони најпрво за вработените во јавните и во државните институции, потоа за приватните фирми, а од јануари и за невработените. Пензионерите ќе ги добијат електронските картички од март идната година

Менче АТАНАСОВА-ТОЧИ

О

д први ноември се укинуваат сините картони за вработените во државните и во јавните институции. Околу 1.300 установи со 65.000 вработени, заедно со нивните семејства, ќе почнат да ги користат електронските здравствени картички и за нив не се потребни сини картони. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека во моментот 133.000 електронски здравствени картички се изготвени, кои вработените треба да си ги земат. Први што ќе почнат да ги користат картичките се вработените во УЈП, МЕПСО, Македонски шуми, неколку министерства, основни и средни училишта. Следни што треба да до стават податоци се приватни фирми, по нив од јануари со картички треба да се снабдат невработените, а по нив од март идната година и пензионерите. - Ги повикуваме сите приватни фирми да до стават податоци за електронска здравствена картичка бидејќи имаме можност да издаваме по 300-400 здравствени картички

Маја Парнаџиева-Змејкова

на квартално ниво - изјави Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување. Иако на почетокот на про ектот беше најавено дека електронската здравствена картичка ќе биде бесплатна, Министерството за здравство одлучи картичката да чини 250 денари, тие со ме сечни примања пониски од 15.000 денари за неа ќе плаќаат по 100 денари, а за социјалните случаи и невработените картичката ќе биде бесплатна. Од Фондот објаснуваат дека при првото користење картичката се става во читач, при што се отчитуваат пет бројки кои осигуреникот треба да ги запамети бидејќи тие ќе бидат еден вид пин при понатамошното користење на картичката. Министерство досега поделило 10.000 читачи за

картички, а оние што ги немаат подигнато, треба да го сторат тоа преку Лекарската комора или здруженијата на лекари. - На лекарите ќе им биде олеснета постапката на почеток бидејќи првите пациенти се осигуреници од институции што редовно плаќаат за здравствено осигурување. Тие треба да имаат компјутер и интернет со минимална брзина. Сите дополнителни информации ќе ги има на веб-страницата на Фондот - изјави Гоце Гавриловски, директор за информатика во Фондот за здравствено осигурување. Но, пациентите, освен електронската здравствена картичка, во наредните три години со себе треба да ја но сат и здравствената книшка. Како што појаснуваат во Фондот, новите картички во себе ќе содржат само основни податоци за осигу-


Четврток, 25 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

5

КА“

ена книшка чка

реникот, име и презиме, неговиот матичен број, даночниот број и никакви други медицински податоци бидејќи нема софтверски систем кој би го овозможил тоа. До пред извесно време надлежните најавија дека, освен основните податоци, ќе има информации за крвната група на осигуреникот, податоци доколку е крводарител или има алергии. Сега велат дека

картичката има меморија од 32 килобајти и иако има про стор, засега нема да има дополнителни информации бидејќи тоа зависи од развојот на софтверскиот систем. - Што ќе ми е електронска здравствена картичка доколку внатре нема податоци за тоа од што боледувам. Излегува дека ние како осигуреници треба да плаќаме за картичката 250 денари само затоа што Фондот треба да дојде до податокот да ли фирмата платила за здравствено осигурување или не вели - скопјанката Слаѓана Д. Функцијата на електронската здравствена картичка, која надлежните ја форсираат повеќе од една деценија, беше замислено да ги содржи сите податоци за пациентот, целото негово медицинско до сие, како што е во Словенија и во други развиени земји од каде што го земавме моделот. За картичката да ја има вистинската функција прво треба да биде инсталиран Интегрираниот информатички систем (ИЗИС), а не обратно, коментира експертската јавност. Но, за тоа нема пари бидејќи планираните 324.624 евра за оваа година се доведени на нула поради ребалансот на буџетот, а 1,6 милион евра за електронската здравствена картичка се преполовени на 815.660 евра. Експертите сметаат дека воведувањето на електронската картичка во вакви услови е само гаснење на пожарот бидејќи министерот Тодоров е обвр зан со закон до април 2013 година да го спроведе информатичкиот систем. Скептиците велат дека со парите од граѓаните, кои ќе плаќаат по 250 денари за картичка, ќе се наполни сметката за да може да се ре ализира ИЗИС.

Мострите од „косили“ на испитување

Санитарни инспектори зеле примероци од мо стрите уве зени од Србија за производство на бебешката колекција „ко сили“ и за кратко време ќе се знае дали во себе имаат канцерогени елементи, најави дене ска министерот за здравство, Никола Тодоров. - Санитарните инспектори ќе ги завршат анализите на мо стрите од производот во рок од 48 часа и тогаш ќе имаме официјални информации дали станува збор за небезбеден производ. Доколку тоа се утврди, ќе следуваат казни и производот ќе биде повлечен од употреба. Доколку, пак, станува збор за некаква маркетиншка, нелегална борба на пазарот, се надевам дека надлежните институции соодветно ќе реагираат - изјави министерот Тодоров. Информацијата за фалсификувана бебешка колекција од брендот „ко сили“ дека е произведена со канцерогени со стојки во две компании во

Македонија, а се продава на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина и во Македонија, ја објави белградски „Новости“. Реагирал производителот, лесковачката фабрика „Невена“, од каде што им укажале дека лажни производи од македонските компании „Фобас“ од Скопје и „Андрос“ од Охрид ги преплавиле нивните пазари. Бебешкиот производ „ко сили“ се продавал со иста амбалажа, но по пониски цени од оригиналот, од 30 до 40 отсто. „Ново сти“ објави дека српските технолози утврдиле дека во составот на македонското „косили“ имало конзерванс формалин, кој бил канцероген. Производителот „Невена“ од Ле сковац поднел тужба и до македонската Дирекција за индустриска сопственост бидејќи до сега не реагирале и не ги спречиле овие два домашни производители да го пласираат фалсификатот. М.А.Т


6

АКТУЕЛНО

Четврток, 25 октомври 2012 година

СДСМ ВЧЕРА ИЗБИРАШЕ КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ

Стевчо сака во Карпош, Бранко се мисли Тони АНГЕЛОВСКИ

Во игра за градоначалник на Скопје беа четири имиња, но од партијата не сакаа да откријат за кого станува збор

П

артискиот врв на СДСМ вчера на координација одлучуваше кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, последното крупно прашање кое остана да се расчисти до митингот, кој е закажан за в недела, кога официјално треба да бидат промовирани сите кандидати на опозицијата. Според

Софија Куновска

Борче Стефановски

информациите што ги добивме до затварањето на весникот, во игра за градоначалник на Скопје беа четири имиња, но од партијата не сакаа да откријат за кого станува збор. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во дел од медиумите се најавуваше како сигурен кандидат за фотелјата во Скопје, вчера само кратко изјави дека негов приоритет е да учествува на изборите во скопската општина Карпош и дека тоа им го соопштил на партиските органи, но одлуката, сепак, ја но си партискиот врв. Во јавно ста се вртеа уште имињата на Андреј Петров, Софија Куновска и Гордан Георгиев, но ваквите информации од партијата во претходните денови ги оценуваа како шпекула-

ции. Кандидатот за градоначалник на Скопје што вчера требаше да биде утврден на координација, денес ќе помине на седница на Градскиот одбор на партијата, а потоа и на седница на Извршниот одбор. Според извори во партијата, кандидатите за другите скопски општини се речиси де финирани и тука нема поголеми дилеми. За Бутел ќе се кандидира Ко ста Начевски, близок роднина на поранешниот пратеник Марјан Начевски, за Кисела Вода Љупчо Васевски, за Ѓорче Петров Александар Наумовски, а за Аеродром, најверојатно, ќе биде Диме Велковски иако во игра е и името на архитектот Никола Велковски. Општините Центар и Гази Баба им се отстапени на

Зијадин Села

Андреј Жерновски

партнерите од новоформираниот „Сојуз за иднината“, па во Центар ќе се кандидира Андреј Жерновски од ЛДП, а во Гази Баба Борче Сте фановски од ВМРО-Народна партија. „Сојузот за иднината“ не кандидира свои кандидати за скопски��е општини Чаир и Сарај затоа што таму ќе ги поддржи кандидатите на ДПА, за Чаир урологот Идриз Орану и за Сарај, најверојатно, Азби Нуредини. Расчистени се речиси сите дилеми и околу кандидатите за останатите градови. Спорната Струга, најверојатно, ќе остане за ДПА иако СДСМ се обиде да го протне Се фер Цановски од ПЕИ како заеднички кандидат на опозицијата. Но, од партијата на Тачи се заканија дека доколку во Струга не биде

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ИЗБИРА КАНДИДАТИ СПОРЕД БИЗНИС-ДОГОВОРИ СДСМ не ги избира кандидатите за градоначалници според нивниот квалитет или според рејтингот кај граѓаните, туку според тоа како и колку ќе се испазарат и какви бизниси ќе договорат, рече на вчерашната прес-конференција Александар Бичиклиски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи на документот што излезе во јавноста, а е со

печат на СДСМ-Штип за тоа дека преку политички пазар и распределба на функции и бизниси се договарале кој кандидат да го поддржат на локалните избори. - Ова е голем скандал, кој говори дека СДСМ не е партија на граѓаните, туку партија на личните бизнис интереси. Ако социјадемократите вака се пазарат и договорат

кандидати за градоначалници во Штип, сосема извесно е дека СДСМ истиот пазар го прави и кога го договори кандидат за градоначалник во Струмица да биде Зоран Заев, Александар Петрески во Охрид, Зоран Дамјановски во Куманово, Аце Коцевски во Велес, Јордан Проевски во Ресен - рече Бичиклиски.


Четврток, 25 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

7

Борците на Македонија избркани од просториите

Сојузот на борците на Македонија ќе остане без своите про стории бидејќи Основниот суд Скопје 1 донел одлука да му биде одземен имотот во центарот на градот и да му се додели на Сојузот на воените инвалиди на Македонија. Во спорот што трае повеќе години, Сојузот на борците во сите судски инстанци го добива спорот сè до моментот кога неговите опоненти не прибегнуваат кон институтот ревизија. Така, иако претходно Основниот суд 1 донел одлука во корист на борците, по ревизијата одлучил поинаку, со што во 2009 година зградата во Центар им ја одзеде на борците и им ја додели на воените инвалиди. На ваквата одлука сега се жали Соју-

поддржан нивниот кандидат Зијадин Села, во тој случај нема никаков договор за поддршка на изборите. И вчера од ДПА го повторија истиот став. Новите партнери на СДСМ, ЛДП и ВМРО-Народна, добија и по три општини

надвор од Скопје, а До стоинство ќе добие трие сетина добитни ме ста на советничките листи. ВМРО-Народна ќе предложи свој кандидат за Македонска Каменица, Бо силово и за Конче, а ЛДП за Виница, Валандово и за Зрновци.

зот на борците, приложувајќи нови аргументи до судот со кои докажува дека борците се легитимни наследници на про сториите. Овојпат Врховниот суд одлучи во нивна корист и предметот го врати на повторно разгледување во Основен суд Скопје 1, укажувајќи му на пропустите. Меѓутоа, како што велат од Сојузот на борците, од неразбирливи причини, Основниот суд Скопје 1 не ја почитува одлуката на Врховниот суд, повторно одлучува во корист на Сојузот на воените инвалиди и про сториите во зградата во центарот на градот им ги доделува ним, а борците со извршно решение ги брка од про сториите, па тие имаат осум дена да се иселат оттаму. Љ.Н.


8

АКТУЕЛНО

Четврток, 25 октомври 2012 година

СИРОМАШТИЈАТА ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА БАРАЊЕ АЗИЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ

Азилантските центри поарни од дома М

Игор ЧАВЕСКИ

инистрите за внатрешни работи и за правда на Европската унија дене ска ќе дискутираат за враќање на визите за граѓаните на Македонија и на Србија. На со станокот во Луксембург се очекува да биде испратена силна порака до властите во двете земји веднаш да ги спречат лажните азиланти да доаѓаат во земјите од Унијата со надеж дека ќе им биде дозволено таму и да останат. Речиси сите членки на Унијата се едногласни во оценките дека Македонија и Србија не направиле речиси ништо за да ги подобрат условите за живот во ме стата во кои се забележани најголем број заминувања. Тоа, пред сè, се одне сува на кумановско-липковскиот регион и на Шуто Оризари. Сиромаштијата е најголмиот проблем поради кој овие лица се решаваат да тргнат на пат, кој најче сто завршува по неколку неделен пре стој во азилантските центри во Брисел, Стокхолм, Амстердам и во Берлин, по што, без исклучок, принудно се враќани дома. Неџати Османи, секретар на

Министрите за внатрешни работи и за правда на Европската унија денеска ќе дискутираат за враќање на визите за граѓаните на Македонија и на Србија

Општина Липково, вели дека се потребни нови работни места за општината да живне и со тоа луѓето да се откажат од намерата да бараат азил. - Нешто да се отвора, некоја нова инве стиција, нешто да се произведува и луѓето да се вработуваат. Сиромаштијата е главна причина поради која граѓаните бараат излез. Никој не бара политички азил, туку тие

таму бараат економски азил нагласува Османи. Со сличен став е и Љатифа Шишковска од невладината организација „Амбрела“. Таа нагласува дека од укинувањето на визите со стојбата во нејзината општина не само што не е подобрена, туку, напротив, по стојано се влошува. Доказ за тоа е што многу семејства во Шуто Оризари немаат елементарни услови за живот, како што се вода и струја, и дека на некој начин се принудени среќата да ја побараат надвор. - Невработено ста е најголем проблем, како и укинувањето на социјалната парична помош. Проблем се и оние лица што го немаат регулирано статусот во Република Македонија, односно сè уште немаат лична документација. Ако мене ми е добро во сопствената држава, тогаш јас немам причина да ја напуштам - нагласува Шишковска. Можно ста ЕУ да ја врати Македонија на црната шенгенска листа стана ре ална откако пред

две недели Германија, Белгија, Луксембург, Шведска и Холандија и официјално побараа враќање на визите поради зголемените барања за азил. Министрите на ЕУ дене ска ќе ги разгледуваат можно стите за укинување на безвизниот режим доколку ситуацијата со азилантите не се промени. За почетокот на следната година се најавува дека ќе биде доне сен т.н суспензивен механизам со кој државите од Унијата во секој момент ќе можат привремено да ги затворат своите граници доколу проблемот со азилантите и натаму ескалира. Според податоците на Европската комисија, загрижувачки се бројките на лица од Македонија и од Србија што ја злоупотребиле визната либерализација. Во Германија, само во првите осум ме сеци годинава, има 4.835 апликации за азил, во Шведска - 4.200 барања, во Швајцарија има речиси три илјади, во Белгија 1.035 и во Луксембург 1.159 барања.


АКТУЕЛНО

Четврток, 25 октомври 2012 година

9

ЗА 150.000 ЕВРА ГОДИШНО

„Оне“ ќе ги дигитализира телевизиите

Д

Ирена ЧАЧКОВА

и ги та ли за ци јата во Ма кедо ни ја ќе ја спроведува „Оне“ бидеј ќи на тен де рот се при ја вил са мо овој те ле кому ни ка ци ски опе ратор. „Оне“ има обврска до 1 јуни 2013 година да ја спроведе дигита лизацијата на територија на цела Ма кедо ни ја, поточ но да обез беди ди ги та лен сиг нал за 80 про цен ти од ко рис ни ци те. Единствената понуда на тендерот из не су ва ла 300.001 евро, па ри кои опе рато рот тре ба да ги уп лати во рок од 10 де на. Ако операторот не ја спроведе дигита лизацијата во утврдениот рок, ќе би де акти ви ра на

бан кар ска га ран ци ја во вред ност од еден милион евра. Це ната за пре фрла ње и за ко ри сте ње на ди ги тал на платформа за националните телеви зии ќе из не су ва по 150.000 евра годишно, а за регионалните телевизии, кои треба да наста нат со обеди ну ва ње на се гаш ни те ло кал ни, 20.000 евра, со тоа што це ло куп ната обврска околу понатамошното одр жу ва ње на преда вате ли те ќе ја пре земе „Оне“. Директорот на Агенцијата за електронски кому ни ка ции, Ро берт Ордановски, е дециден во ставот дека тие телевизии што нема да ја спроведат обврската за дигита лизација од 1 јуни 2013 нема да можат да зрачат.

ТЕА ТРУМБИЌ ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РАЗВОЈ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Македонија направи невообичаен скок

Македонија е една од земјите кои најмногу напредуваа во извештајот „Дуинг бизнис“ на Свет ска банка, до 23. ме стото, и по стигна скок кој е невообичаен и кој малку држави успеале да го реализираат, изјави Теа Трумбиќ од одделението за развој на приватниот сектор во Светска банка. Трум-

биќ, која работи на про ектот „Дуинг бизнис“, додава дека резултатите кои Република Македонија ги по стигнала се должат на повеќе од 30 реформи кои биле анализирани во изминатите седум-осум години. - Свесни сме дека многу беше сторено. Има преку 30 реформи кои ги анализирав-

ме во Македонија и тие реформи се навистина од широк спектар, не само административни мерки како што е намалување на трошоците за отворање компании, туку и некои легислативни решенија кои се многу тешки да се реализираат. На пример, навистина се засили легислативата за заштита на инве ститорите и тоа многу влијаеше на македонскиот рејтинг. Видовме дека не се забавуваат работите, дека Владата е по светена на реформи во многу од овие индикатори, на пример со електронското плаќање на даноците - изјави Теа Трумбиќ во разговор со МИА. Македонија е петта на листата на држави кои најмногу ги подобриле своите услови за вршење бизнис во изминатите години. Повисоко од нивната почетна позиција се искачиле само Грузија, Руанда, Белорусија и Буркина Фасо. Трумбиќ вели дека Македонија води со спроведените ре форми во регионот, меѓу другото со реформите во градежништвото и олеснувањето на регулативата за издавање градежни дозволи, нешто што е особено тешко да се смени во со седните земји.


10

АКТУЕЛНО

ПРИЈАВА НА ГРАЃАНИ ДО „ДЕН“

Неовластена сеча на шума

Имаме сознание од анонимен извор дека со години наназад крадци на дрва од прилепското село Десово сосема ја исекле шумата во десовскиот регион, каде што сега не може да се забележи ниту едно дрво. Но, тоа сепак, не беше доволно за нив, па се свртеа да ја сечат шумата од другата страна на планината, односно во областа Азот, каде гравитираат селата Орев Дол и Габровник. Имено, секој ден од таму, од Азот, директно во село Десово, се носи буково и дабово огревно дрво со тракторски приколки. Потоа во вечерните часови дрвата се дистрибуираат во околните села и во градот Прилеп по двојно повисока цена. Од двете страни на планината,

чувари на шумата и шумска полиција постојат само на платен список, додека на терен никаде ги нема за да преземат некои мерки. Некои од крадците имаат оформено претпријатие каде има вработено Роми од Прилеп кои со своите семејства се сместени во напуштени куќи. Доколку набргу не се спречи кражбата на дрва, целосно ќе биде исечена целата шума од областа Азот. Со ваквите дејства на крадците на дрва се нанесува голема штета на флората и на фауната, како и на државата. Се надеваме дека како медиум ќе го истражите овој случај. Ви благодарам на одвоеното време. Со почит анонимни совесни граѓани

Четврток, 25 октомври 2012 година

ПРЕКИНАТ Е ШТРАЈКОТ НА МАШИНОВОЗА

Компроми

Сите барања на членовите на Независниот синдикат на „МЖ - Транспорт“ се исполнети по неколкудневниот притисок со штрајк врз раководството на ова претпријатие

прекинат откако управниот одбор ги прифати сите барања на машиновозачите. Тие бараа нивните предлози да бидат вне сени во колективниот договор, нивниот лидер Ристе Пејовски да биде вратен на работа, да нема казни за учесниците во

Вчера напладне е прекинат штрајкот на машиновозачите, членови на Независниот синдикат на „МЖ - Транспорт“, што значи дека тие се враќаат на работа. Со тоа ќе бидат нормализирани смените во возењето на домашните возови. Штрајкот е

ПОМАЛКУ ПОРАЧКИ ЗА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

Неповолни очекувања за следните три месеци

Менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември годинава како понеповолна во однос на претходниот ме сец и на септември лани, велат податоците на Државниот завод за статистика. Порачките се во помал обем во однос на претходниот месец, а обемот на производството во

септември 2012 година е понеповолен во однос на претходниот месец. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во септември 2012 година, резервите на суровини и на репроматеријали, како и тековни-

те набавки на суровини и на репроматеријали, се под и околу нормалата. Резервите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец. Про сечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 58,2 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на

ограничувањето на обемот на производството во септември 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19 проценти, финансиските проблеми со 14,8 проценти и неизвесното економско опкружување со 8,8 проценти.


Четврток, 25 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

11

АЧИТЕ

ис за мир во куќата штрајкот и да им биде доделена синдикална про сторија. Откако беше по стигнат вчерашниот договор, односно откако беше подадена рака меѓу синдикалците и директорот на „МЖ – Транспорт“, Оливер Дерковски, лидерот на синдикалците Ристо Пејовски изјави: - По одржаните со станоци со директорот и со управниот одбор и по исполнувањата на синдикалните барања, морам да кажам дека во ситуација на револт дадов неумерени изјави насочени кон лично ста на генералниот директор Оливер Дерковски што сега ги демантирам. Во оваа пригода јавно му се извинувам на директорот. По ова помирување, сепак, проблемите во железницата остануваат. Тие не можат да се решат во еден ден. Синдикалците и директорот се договориле секој последен четврток во ме сецот да се гледаат и да разговараат за проблемите со кои се соочуваат и тие и транспортот во македонската железница.

Кој е новиот најбогат Русин?

Русија почна со експлоатација на големо наоѓалиште на гас

Русија почна експлоатација на огромно наоѓалиште на гас на Арктикот, што е еден од најважните проекти на „Газпром“ бидејќи неговото производство претежно се потпира на големите наоѓалишта во западен Сибир, кои со години бележат пад. Енергетскиот гигант соопшти дека и официјално ја почнал експлоатацијата на големото наоѓалиште на природен гас на полуостровот Јамал на Арктикот, едно од најтешките подрачја за експлоатација во светот. Наоѓалиштето, откриено во 1971 година, располага со 4.900 милијарди кубни метри гас. Претседателот на управата на „Газпром“, Алексеј Милер, на свеченоста изјави дека следната година од наоѓалиштето ќе се извлечат 46 милијарди кубни метри гас, а оти производството во 2017 година ќе достигне 115 милијарди кубни метри годишно.

Рускиот милијардер Виктор Векселберг ќе биде најбогатиот човек во земјата по продажбата на својот дел од нафтената компанија ТНК-БП на „Роснефт“. Имотот на Векселберг ќе порасне на 18 милијарди долари, што ќе му овозможи да го надмине за 700 милиони долари сегашниот лидер на списокот Алишер Усманов. Векселберг спаѓа во петте руски бизнисмени кои преку концернот ААР контролираат 50 отсто од компанијата ТНК-БП, а договорот со „Роснефт“ вреден 28 милијарди долари значително ќе ги збогати сите. Богатството на раководителот на „Алфа групацијата“, Михаел Фридман, ќе се зголеми за 1,2 милијарда долари, па тој ќе стане петтиот најбогат руски бизнисмен, пред Роман Абрамович и Алексеј Мордашов.

Уште еден член на концернот, Леонид Блаватник, ќе стане побогат за милијарда и пол долари, додека богатството на преостанатите двајца, Герман Хан и Алексеј Кузмичев, ќе ја достигне сумата од 10, односно 8 милијарди долари. Претходно, „Бритиш петролеум“ се согласи да продаде 50 проценти од акциите на ТНК-БП на руската компанија „Роснефт“. Британската компанија соопшти дека ќе искористи 4,8 милијарди од добивката за да купи пет проценти од акциите во руската компанија кои се во сопственост на руската влада. По таа зделка британската компанија ќе биде сопственик на 18,5 проценти од акциите на „Роснефт“. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тоа се добри вести за руската економија.


12

СКОПЈЕ

Четврток, 25 октомври 2012 година

ПРОЕКТ НА „ПАРКИНЗИ“ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Паркингот наречен желба

П

аркинг-ме стата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на општина Центар“ ќе се приспособат кон потребите на лицата со хендикеп. Општинското претпријатие и невладината организација „Полиo плус“ потпишаа меморандум за соработка за проектот „Паркинг наречен желба“. Овој проект опфаќа не само по себни паркинг-ме ста со пристапни приоди за лицата со посебни потреби, туку и изградба на тактилна патека за слепи лица. Патеката ќе се протега од булеварот Партизански одреди, односно спроти Градежен факултет, па сè до улицата 29 Ноември или по ново, Ко стурски херои, до седиштето на Сојузот за слепи лица. - Целта на потпишувањето на овој меморандум е да им овозможиме поле сен живот на лицата со по себни потреби, со акцент за почитување на паркинг-ме стата за оваа категорија граѓани. Дополнително ќе се утврдат локациите за поставување на пристапните приоди на паркинзите што се под наша надлежност. Казната за непочитување на ваквите правила е 6.000 денари, од кои 3.000 денари ќе бидат префрлани на сметката на „Полио плус“. Другата опција е, ако не плати, да оди во

„Полио плус“ и да го изгледа документарниот филм за лицата со хендикеп. На овој начин сакаме да ја подигнеме све ста кај граѓаните за олеснување на животот на лицата со хендикеп изјави Маргарита Бакев, директорка на ЈП „Паркинзи на општина Центар“. Инаку, идејата за патека за слепи лица датира од 2007 година, но тогаш инве ститорот се откажал поради финансиски причини. - Бла годар ни сме што оп штин ското прет при јатие ја

пре зеде обврската за изградба на ваква патека, која е од големо значе ње за нас, оста ну ва уште семафорите на булеварот Партизанска но и оние до улицата Ко стурски херои да се озву чат - из ја ви ја од Со ју зот на слепи лица. До крајот на годинава треба да биде готова патеката за слепи лица, а паралелно ќе се поставуваат и пристапните приоди на паркинзите. Од јавното претпријатие велат дека новата програма на претпријатието за следната година ќе се изготвува

во соработка со „Полио плус“ и со Сојузот на слепи лица. Инаку, од почетокот на следниот ме сец, ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за околу 40 от сто ќе ги нама ли картите за паркинг-ме стата со кои стопанисува. Причината за ваквата одлука, како што велат од претпријатието, е поради измените во Законот за комунални такси, но земена е предвид и неодамнешната петиција што ја собираа граѓаните за намалување на цените на паркиралиштата во Скопје. С.Т.Ј.

Ѓорче Петров и Сарај поврзани со нов мост Новиот мост на реката Вардар што ги поврзува населбите Ѓорче Петров и Сарај вчера и официјално е пуштен во употреба. Мо стот ќе овозможи безбеден сообраќај, поголем проток на возила и врска со рекреативните ме ста, езерото Тре ска и кањонот Матка. Мо стот е по ставен пара лелно со по стојниот Желе зен мост над реката Вардар во Сарај, кој е изграден пред повеќе од 50 години, и со должина од 50 метри. Изградбата на мо стот чинеше околу 100 милиони евра. На мо стот е изграден коловоз со две сообраќајни ленти со широчина од по 3,5 метри. Има и вело сипедска патека широка 2,5 метри, како и пешачка патека со ширина од 1 метар. Мо стот е осветлен со канделабри. Во текот на неговата изградба се асфалтирани и пристапните улици од страната на Ѓорче Петров и на Сарај, како и дел од магистралниот пат од Скопје кон Тетово.


marketing@den.mk Четврток, 25 октомври 2012 година

МАРКЕТИНГ

13


14

МАКЕДОНИЈА

Четврток, 25 октомври 2012 година

ПРИЛЕП

Прилепчани повторно ќе уживаат во филмската уметност Градот под Марковите кули ќе добие ново кино. Подолго време Прилеп нема кино затоа што кината „11 Октомври“ и „Работнички“ одамна не постојат. Тие две кина биле први во градот, а подоцна имало и затворено и отворено кино во зградата на денешниот театар „Војдан Чернодрински“, но денес едното е претворено во ноќен клуб, а другото е магацин за градежни материјали. Но, од Домот за култура „Марко Цепенков“ најавуваат дека наскоро, со одобрените средства од Министерството за култура, ќе може да се изврши репарација на старата и оштетена опрема, која е од чешко производство. Ќе биде оспособена за да може да функционира нормално, а граѓаните да уживаат и во овој вид задоволство и забава. - Ми недостига кино. Иако можам да ги следам сите филмови дома, на цеде, дивиди или, едноставно, да ги симнам од интернет, но не е истото доживување. Кога бев мал, пред дваесетина години, татко ми ми

купуваше пуканки, сончоглед и лижавче и ме носеше редовно на кино. Денес, едноставно, ми недостига посебноста на ова доживување, искрено жалам што во градов, кој претендира да биде современ и урбан, нема кино. Дури ми е срам да кажам кога ќе ми дојдат пријатели од други држави - вели Оливер Никодиноски, 35-годишен прилепчанец, вљубеник во филмската уметност. Претставниците од општината велат дека е во план изградба на кино, кое ќе биде дел од Домот за култура „Марко Цепенков“. Според урбанистичкиот

план, домот ќе биде дограден за уште еден дополнителен кат на кој ќе биде сместена киносалата со сите модерни и технички средства. Воедно, претставниците од двете институции додаваат дека е аплицирано и до УНЕСКО со предлог-проект, кој е единствен од Македонија, и очекуваат до крајот на октомври да се добие позитивен резултат. Од одобрените 30 илјади евра преку договор за јавно-приватно партнерство ќе се адаптира новата киносала и со репарираната опрема повторно ќе се оживее

Нови манастирски простории во „Св. Архангел Михаил“ Пред голем број верници и граѓани од Прилеп, свечено беа поставени темелите на источниот конак во манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“. На свеченоста присуствуваа Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура, митрополитот преспанско-пелагониски господин Петар, Гордана Данаилоска-Спироска, директорка на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и претставници од МПЦ. - Овој манастир е еден од најатрактивните православни храмови, каде што има колективна свест и православна традиција на прилепчани. Изградбата на источниот блок ги опфаќа фундирањето на темелите на конакот и поставување на носечки столбови за понатамошна градна - рече министерката Милевска.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со поставувањето на камен-темелникот на источниот конак, почнува и реконструкцијата на патот до манастирот Трескавец. - Се изгради и патот до манастирот „Св. Димитрија“ во населеното место Селце, а воедно ќе почне и реконструкцијата на патот кој води до манастирот „Св. Петка“ во село Лениште. Со тоа се укажува на важноста да се биде до огромното културно и духовно богатство, а воедно и развивање на манастирскиот туризам во градот и во околината – истакна Ристески. За овој зафат Министерството од својот буџет одделува три милиони денари, а се предвидува работата на конакот да заврши до средината на декември. Р.А.

магијата на големото платно, наречена филмска проекција. Новото кино ќе врши и тридимензионална проекција, а до крајот на оваа година се очекува киното да биде во работна функција. Доколку сè тече според планот и проектот, новите генерации ќе сонуваат нови соништа на новото филмско платно. - Пред почетокот на филмот имаше журнал. Тука ги следевме сите настани од поголемо значење во државата, а потоа по десетина минути почнуваше филмот. Сите познати актери во светот, сите филмски остварувања, сите информации за странство ги добивавме на кино. Подоцна се делеше и печатен материјал, на кој беа испишани имињата на актерите, режисерот, сценариото, кратка биографија за главните актери и дел од содржината на филмот. Зедов купишта со мене. Во тоа време, како деца, всушност, нè понесуваше магијата на оваа прекрасна уметност - раскажува со возбуда Методија Павлоски, 75-годишен прилепчанец. Рубинчо Аризанкоски


МАКЕДОНИЈА

Четврток, 25 октомври 2012 година

КУМАНОВО

Мара Нацева предложена за награда за животно дело Не за вис ни от со вет ник во со ве тот на Општина Куманово, Виктор Цве тков ски, пред со вет ни ци те из ле зе со пред лог за доде лу ва ње на гра да на на род ни от хе рој Ма ра Нацева. - Предложив да се додели Но емвриска награда и награда за животно де ло на Ма ра На це ва. Роде на е на 28 септември 1920 година, учесник во АСНОМ, народен херој, која се врати во Куманово за тука да ги мине последните години од животот. Та кви те лу ѓе кои се под готве ни сво јот жи вот да го да дат за својата земја ретко се случува да ги наградиме додека се живи - изјави предлагачот, не зависниот советник Виктор Цветковски. Тој сво јот пред лог го до ста вил до Коми си јата за од бе ле жу ва ње празници, манифе стации и доделување признанија, по што предлогот ќе го гласа советот на Општината. Доколку добие поддршка, награ-

дата ќе à биде врачена на Нацева на денот на ослободувањето на градот, 11 но ември.

15

БИТОЛА

Изгаснат пожарот во приватниот дом за сместување Екипи на профе сионалната Територијална противпожарна единица - Битола вчераутро околу 6 часот целосно го изгаснаа пожарот кој вчера попладне изби во поткровјето на приватен дом за сме стување, кој се наоѓа во непо средна близина на железничката станица. Во гаснењето на пожарот биле вклучени 25 пожарникари со осум специјализирани возила, од кои едно од пожарната во Прилеп. Интервениравме веднаш по информацијата за пожар. Отежнувачка околност во гаснењето на пожарот беше ламаринениот покрив бидејќи пожарот беше во поткровјето.

Освен нашите пожарникари, од голема полза беше помошта на нашите колеги од Прилеп, а не себично се вклучија вработените, како и една поголема група работници од Србија што биле сме стени во домот. Во моментов имаме екипа која го надгледува објектот и која ќе дејствува превентивно ако за тоа има потреба - истакна Ко стадин Поповски, раководител на Територијалната противпожарна единица од Битола. По целосното гасење на пожарот во приватниот дом за сме стување во Битола, ќе биде извршена процена на штетата и утврдување на причините за пожарот во тој објект.


16

КОЛУМНА

Четврток, 25 октомври 2012 година

ДВАЕСЕТТИ ВЕК

Коњи без поило

А

Стојан СИНАДИНОВ

нкетите понекогаш можат да бидат и забавни. Еве, на пример, еден наш колега, ветеран во новинарството, не бил мрзелив да направи истражување околу ширината и длабочината на познавањата од т.н. општа култура кај помладата популација од истата професија. Еден од бисерите е што речиси сите испитаници (добро, повеќе од 90%) од неколку медиуми под сликата на Ј.В. Сталин го заокружиле одговорот дека се работи за Гоце Делчев! Што, пак, ги наведе општинските власти во Кисела Вода дополнително да одговорат дека „вистинскиот“ идентитет на споменикот „Македонски војвода на коњ“ е Тодор Александров? Ако во првиот случај тоа сигурно биле мустаќите, во вториот можеби мустаќите и брадата, плус пушката на рамења и коњот под нозете. Можеби Александров дојавал во Кисела Вода да го напои коњот и да се напие вода!? Всушност, излегува дека и двете анкети резултираат со гола вода. Но, со мала разлика. Во првиот случај се работи за незнаење; во вториот за глупост. Каде е сега постојната чешма на Чешма? Инфлацијата на споменици во Скопје, секако, ќе резултира многу (не)формални анкети, и со уште повеќе спротивставени одговори. Ништо чудно: така, впрочем, било и последниве стотина години. Но, проблемот е што неточните и(ли) непотполните одговори, на место на компјутерски екран или на хартија, се излеваат во големи количини бронза и на постаменти со исто такви големи Дневниот весник „Ден“ е отворен за различни мислења, но се оградува од ставовите на колумнистите

Да бидеме малку цинични, домашните „анонимуси“ ги напаѓаат домашните анонимни автори. Претпоставувам дека не е потребна некоја поопсежна анкета за да се покаже дека дури и т.н. информирана заедница не ги знае авторите на новите споменици

количини бетон. А, тоа, знаете, е прилично скапо. Контроверзиите во врска со историската улога на одредени личности се услов без кој историјата не може да постои, барем не во нејзината тиражна (романескна) форма. Посебно онаа историја која, заради бурните настани, останува повеќе или помалку нерасветлена: зошто, кога на еден историски лик или настан ќе му се одземе романтизмот хранет од идеалите, добивате обична, но интензивна политичка кримихроника на двеаесеттиот век. Шверц на оружје, атентати, преврати, меѓусебни убиства... сè како да се работи за кандидати за Хашкиот трибунал, а може и за Гвантанамо. Потоа, ако во истите историски белешки само просто го смените предзнакот на националната припадност, тогаш не ви треба испишување на посебни текстови за ВМРО, Ирската републиканска армија (ИРА), па дури и Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Ако направите „replace“ на Гоце Делчев со Мајкл Колинс, Алстер со Егејска или Пиринска Македонија, Ванчо Михајлов или Александров со Еамон де Валера (од Шин Фејн), Илинденското со Велигденското востание, ете ви „нов“ текст на стара матрица. И стиснете „save“ до следната пригода, можеби кога ќе ви затреба текст за Палестина и Јасер Арафат. Веројатно и затоа историјата е мајка на знаењето. Но, да се вратиме на нашите (на)сушни потреби од историја, а, богами, и вода од јавни чешми. Пред три месеци „Македонскиот војвода на коњ“, штотуку исправен на постаментот и со неуредена околина, беше првиот вандализиран споменик од агендата „Скопје 2014“. Белата боја со

која беше испрскан е избришана со брза јавна набавка во доменот „услуги“ од страна на општината Кисела Вода. Пред некој ден, откако споменикот беше заведен во „матичното“ на скопските споменици како Тодор Александров, на плочата со името беше нацртан нацистички кукаст крст („свастика“). Кој го прави ова? Засега – анонимни сторители. Веројатно некои локални „анонимуси“, по углед на кибернетските панкери во светот, кои уриваат вебстраници на озогласените фирми на глобализмот. Нашиот актуелен „дваесетти век“ не е виртуелен, туку реалистичен. На бронза и камен се одговара со боја. Или, да бидеме малку цинич-

ни, домашните „анонимуси“ ги напаѓаат домашните анонимни автори. Претпоставувам дека не е потребна некоја поопсежна анкета за да се покаже дека дури и т.н. информирана заедница не ги знае авторите на новите споменици. Да, можеби знаат за Валентина Стефановска („Воинот на коњ“, „Воин“, „Порта Македонија“), можеби и за Жарко Башески (Гоце и Даме на коњи пред Камениот мост), и... толку. Ако Чешма веќе нема чешма, а има толку многу коњи-споменици, можеби домаќинките треба да се вратат на старите добри Вилерови гоблени. Коњи на поило, за почеток?! Не е скапо како коњи излеани во бронза.


ДОСИЕ

Четврток, 25 октомври 2012 година

17

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ПО ПОСЛЕДНИОТ ГРАБЕЖ

Пиштолџија украл 90.000 евра од 14 банки

Полицијата го откри идентитетот на разбојникот кој со пиштол ограбил 14 банки од март до септември годинава, но осомничениот сè уште е во бегство. Станува збор за Ф.А. со прекар Фичо на возраст од 36 години. Серијата од 16 разбојништва во 14 различни банки, една бензинска пумпа и во една продавница, лоцирани на подрачјето на Скопје, осомничениот ги извршил на идентичен начин: маскиран со плетена црна капа „фантомка“, во сив дуксер и со плетени црни ракавици, под директна закана со огнено оружје – пиштол, од вработените успеал да земе вкупно околу 5,5 милиони денари или околу 90.000 евра. Последното разбојништво, кое не одело според планот на

Ф.А., а кое е клучно во расветлувањето на претходните 15 разбојништва, се случило на 20 минатиот месец, околу 13 часот, во експозитура на „Алфа банка“

лоцирана на булеварот Партизански одреди, од каде разбојникот украл 71.000 денари. Вработените го активирале алармот и во потера по разбојни-

кот тргнале обезбедувачи од агенцијата за обезбедување „Никоб“. Еден од нив успеал да го стигне, но Ф.А. со голема брзина избегал, обидувајќи се да го прегази обезбедувачот. Крадецот го оставил возилото и избегал. Во автомобилот биле пронајдени пиштол „берета“ со рамка со 6 куршуми, црна кеса со натпис во која имало 121 банкнота од 50 денари, 25 банкноти од 10 денари и 56 банкноти од 100 денари, како и црна плетена капа, чевли, ракавици. Следел претрес во домот на Ф.А., а извршено е и препознавање по фотографија, при што вработениот од агенцијата „Никоб“ со сигурност го препознал пријавениот како човекот кој го управувал возилото и се обидел да го прегази.

Краделе цигари Се обесил по три неуспешни обиди за самоубиство во Гостивар

Момче се фрли од зграда во Скопје

Граѓанин пријавил дека завчера двајца разбојници влегле во продавницата „ССС комерц“ во Гостивар и извршиле кражба. Полицијата привела еден од разбојниците, дваесет и четиригодишник, и кај него биле пронајдени осум кутии цигари и храна. Вториот крадец успеал да избега и по него се трага.

Осумнаесетгодишнo момче вчера, нешто по 10 часот, се фрлило од зграда на улицата Братфордска во населбата Карпош. Како што информираат од СВР - Скопје, момчето паднало на дел од покривната конструкција на хотелот „Гранит“ и веднаш починало. Други детали не се соопштени.

Три е сет и че ти ри годиш ни от Ор це Ѓор ѓи ев од Ви ни ца завче ра, околу три ча сот, во сопствената куќа на улица Борис Ки дрич, нај пр вин си ги пре секол вените, но не успе ал да се самоубие. Потоа се удрил со тап предмет по гла вата, но по втор но неуспешно. Третиот пат се качил во помошна про сторија од

куќата и се обидел да се обе си со еле ктри чен ка бел, но ка бе лот се скинал. Виничанецот и по три неуспеш ни оби ди не се отка жал и зел пластично црево за вода и се обе сил. Извршен е увид на ме стото на на ста нот и по на ред ба на истра жен суди ја те лото е предадено на семејството.


18

СВЕТ

Пратеници на Златна зора без имунитет

Грчкиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на тројца пратеници од неонацистичката партија Златна зора, кои сега можат да се соочат со повеќе обвиненија. Двајца од пратениците, Јоргос Герменис и Панајотис Илиопулос, се поврзани со напади врз продавачи имигранти во Рафина минатиот месец, додека портпаролот на партијата Илиас Касидиарис е вмешан во вооружен грабеж што се случил во 2007 година. Вкупно 220 пратеници гласаа за укинување на имунитетот на тројката од Златна зора. Сите тројца се согласија со одлуката за одземање на имунитетот бидејќи на тој начин сметаат дека пред судот ќе докажат дека се работи за прогон на нивната политичка партија, кој се спроведува под диктат од странство.

Четврток, 25 октомври 2012 година

ООН СЛАВИ 67 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО

ОН се штит од насилства и од самоволие Јеремиќ рече дека светската организација е особено важна за помалите и за послабите држави, а без неа светот би бил далеку попасно место

О

бединетите нации не се совршен ниту семоќен иснтрумент во рацете на човештво-

то, но светот без нив би бил понепредвидливо и поопасно место за живот, истакна претседателот на Генералното

собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ, по повод денот на ОН, 24 октомври. Јеремиќ рече дека Светската

Николиќ: На Србија и е доста од војни Српскиот претседател, Томислав Николиќ, изјави дека Србија не треба веќе да војува, туку по мирен пат да се бори за своите интереси. Тој посочи дека денес за правда се бори со зборови и оти никој нема право над туѓиот живот. - Не треба да водиме војни и не смееме да ги заборавиме војните што ги водевме - изјави Николиќ на свечената академија по повод стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, што се одржува на Правниот факултет.

БАН КИ-МУН ЗАИГРА НА „GANGNAM STYLE“ Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, вчера се сретна со јужнокорејскиот рапер Пси, кој се прослави со пенсата „Gangnam Style“. За време на состанокот со својот сонародник, шефот на ОН се пошегува дека е љубоморен на раперот, кој денес е напознатиот Јужноко-

реец. - Малку сум љубоморен. Пред два дена некој ми рече дека сум најпознатиот Кореец на светот. Сега мора да се повлечам. Не жалам – рече Бан, кој заедно со раперот заигра во стилот на популарната песна.


СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

19

Трамп ќе објави дека Обама се разведува!

организација е особено важна за помалите и за послабите држави. - Како најуниверзална светска организација, ОН особено е важна за малите и за слабите држави, на кои гласот во ГС на ОН, уредените меѓународни односи и почитувањето на меѓународното право често им се единствен штит од насилствата и од самоволието – додава Јеремиќ. Во последните неколку години, предупредува Јеремиќ, сè почеста е појавата да се доведува во опасност поредокот на една земја и зачувувањето на мирот и стабилноста во многу делови од светот, особено во Африка, Азија, па дури и во Европа. Инаку, на 24 октомври 1945 година и формално е довршен процесот на формирање на ОН откако Повелбата на ОН ја ратификуваа сите пет членки на Советот за безбедност и голем дел од земјите-основачи. Идејата за воспоставување светска организација што треба да промовира мир и соработка меѓу

земјите во светот, заеднички општествен развој и човекови права е родена на урнатините на Втората светска војна. Првото Генерално Собрание на ОН е оддржано на 10 јануари 1946 година во Вестиминистерската палата во Лондон, а првиот состанок на Советот за безбедност, исто така, е одржан во Лондон на 17 јануари 1946 година. Денес светската организација има 193 членки, а со Генералното собрание претседава доскорашниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ. Генералниот секретар Бан Ки-Мун по повод роденденот на организацијата истакна дека треба да се потсетиме на основните приниципи на организацијата, која промовира глобална толеранција, дијалог и мир. - Треба да се потсетиме на основните приниципи на организацијата која промовира глобална толеранција, дијалог и мир. Мисијата на Обединетите нации е да изгради подобар свет - рече Бан Ки-Мун.

Американскиот милијардер Донал Трамп ќе ги објави документите за развод на првата двојка во САД, Барак и Мишел Обама, тврди негов близок пријател. Според „Дејли мејл“, документите не се потпишани, но Трамп на овој начин сака да направи пресврт за време на претседателската трка, со што републиканскиот кандидат Мит Ромни би извојувал победа. - Тој има нешто многу, многу големо, кое ќе му создаде голема грижа на претседателот на САД – изјави инвеститорот Даглас Кас, кој е близок со Трамп. Трамп не е првиот што сака да покаже дека за 20 години брак Барак и Мишел сериозно размислувале за развод бидејќи такво нешто за првпат е објавено во книгата на авторот Ед Клеин на почетокот на годинава. Тогаш Белата куќа ги демантираше ваквите наводи преку соопштение во кое стоеше дека Клеин е познат по измислувањето работи. Од друга страна, Трамп е познат поддржувач на републиканците и голем критичар на администрацијата на претседателот Обама. Познато е неговото тврдење дека Барак Обама е неуставно избран претседател на САД бидејќи е роден надвор од Америка. По серијата вакви напади од страна на познатиот милијардер

Обама јавно ја објави својата крштеница во која стои дека е роден на Хаваи, односно американска територија, со што ги исполнува условите да биде на чело на САД. Откако ја објави крштеницата, Обама не пропушти да се шегува на сметка на Трамп за време на една вечера во Белата куќа. - Сега тој може да се фокусира на прашања што навистина се важни, како, на пример, дали слетавме на месечината? Што навистина се случи во Розвел и каде се Биги и Тупак? - изјави Обама. Оттогаш Обама и Трамп се јавни непријатели. Обама неколку пати го нарече контроверзниот милијардер „карневалски лајач“, додека Трамп постојано тврди дека „Обама е најлошиот претседател на САД, досега“.

Бугарија исклучи нуклеарен реактор

Еден од двата реактори на нуклеарната централа „Козлодуј“ е исклучен поради проблеми со генераторот. Ше стиот реактор на Козлодуј е надвор од националната електрична мрежа, соопштија од центра лата. Вториот ре актор на „Козлодуј“, со сила од 1.000 мегавати, ќе продолжи да работи. Останатите четири реактори беа исклучени во 2002 и

во 2006 година од безбедносни причини, непо средно пред влегувањето на Бугарија во Европската Унија. „Козлодуј“ произведува околу 30 отсто од електричната енергија во Бугарија, а владата во март го раскина договорот со руската државна компанија „Атомстрој експорт“ за изградба на нова електрична центра ла со сила од 2.000 мегавати.


20

СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

Грчката влада се договори со „тројката“

Грчката влада вчера го договори пакетот мерки за штедење со меѓународната тројка, а за возврат Грција треба да ја добие следната рата од помошта, пренесува грчкиот печат.Според Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас овие мерки следната неделатреба да се најдат на гласање во парламентот. - Веќе три месеци, секој ден, ја менуваме сликата за Грција. Преговараме под најтешки услови за да ја извлечеме земјата од рецесија. Веќе сменивме многу од првичните предлози на тројката за трудовата политика и други прашања - рече Самарас. Тој нагласи дека единствен критериум за него е Грција и нејзината иднина. - Нема да се повлечам од оваа одговорност. И не сакам да мислам што може да се случи ако не ги држам рацете цврсто на кормилото. Гледам само напред и го барам најдоброто можно единство. Грција ќе биде спасена од нас - изјави Самарас.

ПАСОК и Демократската левица завчера се спротивставија на реформите кои „тројката“ ги бара од Атина, со што го блокираа постигнувањето договор за исклучително важниот пакет со мерки за штедење, од кој зависи следната транша од помошта за земјата. - Ако се исполнат неприфатливите барања на тројката, тие ќе предизвикаат уште повеќе отпуштања, ќе ги зголемат невработеноста и рецесијата - рече Кувелис. Според Венизелос, мерките нема да придонесат Грција да ги исполни фискалните цели. Друго прашање кое било пречка во текот на разговорите било противењето на ПАСОК за предлогот на германското Министерство за финансии за создавање депонентна сметка на која ќе се ставаат траншите од заемот за Грција и даночните приходи на земјата и врз која ќе има некакво ниво на надворешна контрола. - Ние не сме протекторат. Нашите партнери и тројката треба да го сфатат тоа - рече Венизелос.

Бременоста од силување е божје дело

Републиканскиот кандидат за американски сенатор, Ричард Мардок, ја шокираше американската јавност откако го изнесе својот став за абортусот. Запрашан дали абортусот треба да биде дозволен во случаите кога жената е жртва на силување или кога е инцест, тој одговори дека долго време се борел со ова прашање за на крај да сфати дека животот е дар од Бога. - Дури и кога живото ќе почне во таква ужасна ситуација на силување, тоа е Божја желба – рече

Мардок. По неговата контроверзна изјава следеа бран критики од страна на демократите. Со оглед дека таа доаѓа во финишот на претседателската кампања во која женското избирачко тело ќе има важна улога и може да му наштети на републиканскиот кандидат, од штабот на Мит Ромни се дистанцираа од ставот на Мардок. Говорејќи на дебата во Сенатот, Мардок рече дека е против абортусот во секој случај, освен кога е загрозен животот на мајката.

СО ОДЛУКИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПУТ

К

ако што сивото небо ја покрива Москва, така Русите се приспособуваат за доаѓањето на политичката зима. Откако ја презеде функцијата пред шест месеци, претседателот Владимир Путин систематски го намали просторот за дејствување на граѓанскиот сектор преку инсталација на разни закани за предавство, богохулење, клевета, цензура на интернет и забрана за протести, пренесува „Гласот на Америка“. А, во понеделникот Русите видоа нова сцена, добропознатиот опозициски активист Леонид Развољајев додека го носеа во лисици им довикуваше на фоторепортерите дека бил киднапиран во Украина и насилно донесен на судење во Москва. Аналитичарот Олег Кашин вели дека Русите треба да се навикнат на таквите сцени. - Претседателот Путин ја води Русија по патот кој го оди Белорусија – вели Кашин. Но, за разлика од последниот диктатор во Европа, Александар Лукашенко, Путин сè уште е добредојден во многу престолнини на Западот. Откако владејачката партија победи на локалните избори, а следната недела треба да стапи во сила законот за странски агенти, Путин изгледа прави голем политички чекор кон враќање во времето на Советскиот Сојуз. Засега овие конзервативни нови закони имаат застрашувачки ефект. - Тоа е желба да се заплашат десетици илјади луѓе што учествуваа во протести и други форми на граѓански активизам – вели Маша Липман од Карнеги центарот во Москва. Според неа, целта на Путин е со новите закони да ја врати Русија во аполитичните денови како што беше случај за време на економскиот бум во претход-

Путин

ната декада. Во тоа време Русите во голем дел ги жртвуваа своите политички слободи за да можат да патуваат слободно, купуваат и да прават повеќе пари. Но, сега Кремљ се плаши дека рецесијата во Европа и забавената кинеска економија ќе ги намалат цените на нафтата, гасот и на другите суровини, кои се јадрото на модерната руска економија. Аналитичарите прогнозираат ако паднат цените

УПРАВА ЗА ПАТРИОТСКО ВОСПИТУВАЊЕ Дали Русите се патриоти и дали патриотизмот го искажуваат на прав начин? Во руските државни институции сметаат дека во тој поглед не е сè како што треба, па така претседателот Путин завчера го потпиша указот за

формирање на Управа за општествени проекти (УОП), која ќе биде задолжена за развој на патриотско воспитување и духовно-моралните начела на општеството. Во Кремљ сличен орган не по-


СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

ТИН, РУСИТЕ ГИ ЧЕКА СТУДЕНА ПОЛИТИЧКА ЗИМА

н го враќа СССР Русите секој месец добиваат по некои нов конзервативен закон

на енергентите, Путин ќе се реши на нови репресивни мерки за да не се случат масовни протести. Неговиот мандат трае до 2018 година, но, како и во други нафтени земји, тој ќе биде популарен колку што се полни џебовите на граѓаните. А, за подигање на моралот на Русите, стоел уште од времето кога ЦК на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз имаше секретар за идеологија. Затоа не чуди што многумина создавањето на УОП го прогласија за своевидно враќање во СССР.

Кремљ игра на антиамериканската карта. Властите што постојано ја обвинуваат опозицијата дека дејствува по налог на Западот, неодамна à ставиле крај на програмата на УСАИД. - Државната телевизија постојано ја прикажува руската опозиција дека е финансирана од Западот, дека е инспирирана од Западот, дека соработува со Западот или дека се огледува на Западот. Сето тоа е дел од антиамериканската пропаганда, според која опозицијата сака да à наштети на Русија, да ја ослаби и да направи многу лоши работи за Русија - вели Липман.

Но, иако оваа пропаганда зема нови постсоветски височини, летовите на Аерофлот за Њујорк се секојдневие. Ова, според Кашин, е дилема за Путин бидејќи Русија не е како Белорусија, каде што елитата е херметички затворена од надворешниот свет. - Голема разлика е што Путин е многу тесноврзан за Западот. Политичкиот изолационизам удира по неговиот внатрешен круг – вели Кашин. Тој додава дека руската елита своите деца ги школува во странство, каде што има банкарски сметки и имоти. Но, ако Русите почна да добиваат 20-годишни казни затвор само затоа што зборувале со странци и ако се избркаат премногу странски дипломати, Путин може да го загуби ракувањето со странските лидери од Западот.

21

Два милиона муслимани на аџилак во Мека Во Мека, Саудиска Арабија вчера пристигнаа повеќе од два милиона муслимани како дел од традиционалниот аџилак. Кулминација на ритуалот е денешното искачување на брегот Арафат. Покрај 1,6 милион муслимани од странство, се очекуваат околу 750 илјади верници од Саудиска Арабија, во чиј западен дел лежат традиционалните места за аџилак, пренесува „Дојче веле“. Безбедносните сили на земјата се исправени пред голем предизвик за време на празникот. Минатите години често се случуваа несреќи поради пожар или масовна паника при церемониите, како онаа што изби пред шест години кога загинаа 364 аџии. Последните месеци Саудиска Арабија инвестираше повеќе од 220 милиони евра во инфраструктурни мерки и обезбедување на аџилакот во Мека, кој се смета за еден од петте столба на исламот и секој муслиман треба да го изврши барем еднаш во својот живот. Останатите четири столба се верската определеност кон Господ и Мухамед како господов пророк, ритуалната молитва, која се врши петпати на ден, милостината за сиромашните и постот за време на Рамазан.


22

СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

ВАЛЕРИ ТРИРВЕЛЕР ЈА ДОБИ СУДСКАТА БИТКА СО ТРИТЕ ФРАНЦУСКИ ВЕСНИЦИ

Казни поради бикините на првата дама Се работи за симболична казна ако се има предвид дека првата дама на Франција бараше весниците да бидат казнети со по 20.000 евра

Ф

ранцускиот суд казни три француски весници поради објавување фотографии во бикини на првата дама на Франција, Валери Трирвелер, пренесува „Франс прес“. Судот во Париз ги обврза весниците „Воаси“ и „Клоусер“ да платат казна по 1.500 евра, а магазинот „Паблик“ со 1.000 евра бидејќи сопатничката на францускиот претседател Франсоа Оланд не дала согласност тие да бидат објавени на насловната страница. Поради нарушување на приватноста на првата дама, судот, исто така, им наложи на весниците да ги тргнат фотографиите од нивните веб-сајтови. Се работи за сим-

болична казна ако се има предвид дека првата дама на Франција бараше весниците да бидат казнети со по 20.000 евра. Сепак, судијата не пропушти да ја искритикува и Трирвелер, која не секогаш покажувала дискреција за нејзиниот приватен живот. Судијата се согласил со адвокатот на „Паблик“ дека 47годишната Трирвелер понеко-

гаш го меша приватниот и јавниот живот во нејзината комуникација. Спорните фотографии се направени во август за време на летниот одмор на првата двојка во Франција на еден од островите во Средоземно Море. Откако стана прва дама, Трирвелер, која е новинарка по професија, постојано ги полни француските магазини. Познат

е нејзиниот коментар со поддршка на политичкиот противкандидат на поранешната сопруга на Оланд, Сеголен Ројал. Освен тоа, таа веќе најави тужба и за авторите на книгата „Бунтовничка“, во која се тврди дека, додека била во брак, имала врска со еден женет десничарски политичар и Франсоа Оланд, кој тогаш бил во врска со Ројал.

Хакери „упаднаа“ во италијанската полиција Хакери од тајната групација „Анонимус“ повлекле 3.500 доверливи документи од базата на податоци на националната полиција на Италија. Документите со обем од 1,3 гигабајти веќе се објавени на веб-сајтот „Анонимус Ита лија“, како и на други меѓународни страници, специјализирани за објавување тајни документи.

Упадот е извршен преку отворениот портал на полицијата, преку кој хакерите навлегле во тајната база на податоци. Пре земени се и многубројни текстови од официјалната електронска пошта. Најмногубројни се документите за електронски набљудувања и инфилтрирање полициски службеници во дви-

жењето „No-TAV“ (Не на возовите со висока брзина). Тоа се појави на почетокот на 90-тите години од минатиот век и опфаќа група за граѓанска непослушност, која се спротивставува на изградбата на инфраструктури за железнички сообраќај со висока брзина. Главните причини за проте стот се високите трошо-

ци за таквата инфраструктура, прашањето дали таа навистина е потребна, како и стравувањата од штетите, кои би ги нанела врз животната средина и здравјето на околното население. Движењето прерасна во важен фактор на италијанската политичка сцена, главно поради зао стрените социјални тензии.


Четврток, 25 октомври 2012 година

Утре почнува „Макфест“ во Штип

О

д петок до недела во Штип ќе се одржи фестивалот на забавна музика „Макфест“. Уметничкиот директор Роберт Саздов најавува хитови кои по фестивалот ќе бидат популарни. Во двете полуфинални вечери на фестивалот ќе се претстават вкупно 38 нови песни. - Имаме одлични рефрени, би рекол десетина доста добри радиорефрени. Тоа е добро за еден фестивал кој живее само ако има искрена поддршка од радијата. А секогаш може да се случи некоја песна што е надвор од клишето пријатно да изненади и да стане хит. На „Макфест“ се пее во живо. Што поквалитетни пејачи, толку подобро. А и од авторите добивме песни со доста различни стилови, што е голем плус. Сите се трудат да се пласираат што подобро. Си-

те девојки за фестивалот шијат нешто посебно за оваа пригода. Очекуваме публиката да го искаже своето задоволство по одржувањето на годинашното фестивалско издание - изјавува Роберт Саздов. Меѓу авторите, на фестивалот ќе се најдат и големи имиња како Kалиопи, Сергеј Четковиќ, Kики Лесендриќ од „Пилоти“, Ивица Брчиоски од „Ареа“ и други. Во двете полуфинални вечери ќе настапат голем број музички имиња меѓу кои се Александра Пилева, Фани Христова и Игор Митровиќ, Тамара Тодевска, Александар Белов и Милица Мајсторовиќ, Били Ѕвер, Биба Додева, Влатко Илиевски и други. Од избраните финалисти на првата и на втората вечер ќе се избере и победничката песна на годинашното издание на „Макфест“. С.М.

ДЕН И НОЌ

23

Тони Зен и „Токсикологија“, гости на концертот на Слаткар

Слаткаристика ги откри деталите за големиот концерт насловен „Отворање“, кој ќе се одржи на 2 ноември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Меѓу новините, тимот на Слаткар откри дека на концертот ќе има бина од два дела, секој по 200 квадратни метри, а во спектаклот како гости ќе му се приклучат Тони Зен и „Токсикологија“. - Горд сум на тоа дека собраните средства од концертот ќе одат во хуманитарни цели за децата од Домот „11 Октомври“. За останатото нема потреба од многу објаснување, ќе треба да се види и слушне она што го подготвивме - изјави Слаткар. Ина ку, Мар ко ќе биде и пр ви от му зич ки изведу вач што ќе ја ис про ба но вата акусти ка во са лата „Бо рис Трај ковски“.

Металците „Скиндред“ доаѓаат на „Таксират 14“ Публиката на „Таксират“ годинава ќе се раздвижи со настапот на реге-металскиот состав од Њу Порт, „Скиндред“, име кое ветува одлична забава. Уникатната група е особено препознатлива по лудите и одлични настапи во живо и по инвентивната и нетипична мешавина на реге-метал со панк, дабстеп, хип-хоп и со драмендбејс. До денес групата има издадено вкупно четири албуми, од кои последниот, „Union black“, излезе во април минатата година. Составот кој ги воодушевува обожавателите со својот нетипичен музички пристап на 8 декември ќе го има својот прв настап во „Метрополис арена“ во Скопје. Групата во моментов е на својата актуелна британска и американска турнеја, а „Таксират“ ја има екскурзијата да биде единствен домаќин на „Скиндред“ надвор од рамките на овие земји. Влезниците за „Таксират 14“ ќе бидат пуштени во претпродажба од овој петок. Првите 1.000 влезници ќе се продаваат по цена од 450 денари, а потоа ќе бидат поскапи.


24

ДЕН И НОЌ

„Не сум глупав“, соработ��а на „ДНК“ со Марко Ѓуровски По одличниот акустичен концерт од 29 септември во „Универзалната сала“, момците од „ДНК“ не запираат да ја изненадуваат својата публика. „Мислев ти си добра, фина, од сите други дека си поинаква, верував во сè што ќе ми кажеше ти, но тоа биле само добри филмови“, рапува Панчо во новата музичка соработка на „ДНК“ со познатиот српски кантавтор и диџеј Марко Ѓуровски, насловена „Не сум глупав“. Нумерата е најновата песна на синот на легендарниот фудбалер Милко Ѓуровски и брат на сегашниот македонски фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски, која е најава за неговиот нов албум „Второ поглавје“ кој ќе биде промовиран наредната недела во Белград, а е во издание на „Сити рекордс“. - Соработката со Марко излезе случајно и многу спонтано. Песната е во забавен електронски аренби-ритам, кој преовладува на целиот нов албум на Марко. Наскоро ќе снимаме и видеозапис за „Не сум глупав“, кој ќе биде промовиран на целиот Балкан - изјавуваат од „ДНК“. Тематиката на песните во „Второ поглавје“ на Марко e иста како и на првиот албум, љубовна, но овојпат од поинаков агол. Во новиот албум, како што самиот вели, на еден храбар иновативен начин тој направил музика каква што приватно сака да слуша.

Актерката Сабина Ајрула во „Сулејман Величенствениот“ Нашата позната актерка Сабина АјрулаТозија, чиј глас секојдневно го слушаме во синхронизацијата на турските серии, доби улога во новата сезона на турската хит-серија „Сулејман Величенствениот“. Пред извесно време се појави и промотивна видеоснимка за епизодата во која таа учествува. Според тоа што може да се погледне во епизодата, изгледа дека Сабина има добиено една од поважните улоги во серијата, нешто слично како улогата што ја имаше Дае, главната поданичка на мајката на султанот Сулејман Величенствениот. Инаку, актерката Ајрула по потекло е од Турција и во моментов е во својата родна земја.

Четврток, 25 октомври 2012 година

Четврток, 25 октомври 2012 година

Ѓорѓи Шарески: „Скопски џезфестивал“ е најдобар во Европа! Слободанка МАРКОВАЧЕВА

С

о концертот на „Бекјард џез оркестра“ од дополнителната програма на 31. издание на „Скопски џезфестивал“, беше заокружена програмата од 15 концерти. Како и одржаните 14, така и последниот, помина проследен од многубројна публика која секој еден изведувач го враќаше на сцената на бис. Џезгитаристот Ѓорѓи Шарески, кој беше присутен на сите концерти, вели дека македонскиот џез-фестивал е манифестација од која освен уживањето се добива и музичка едукација. - „Скопје џез-фестивал“ важи за еден од најдобрите фестивали не само во регионот, туку и во Европа. Честопати, зашто секоја година го следам фестивалот, луѓето ме прашуваат каква е програмата. Јас некои од изведувачите не ги познавам, но знам дека се едни од најактуелните на европската џезсцена. Пример за тоа се Антони Брекстон и Пет Мартино, кои настапија годинава, а јас како музичар, односно џез-гитарист, секоја година учам многу како за музичарите така и за тоа што го музицираат. Многу ми значи што во мојот град имам можност да слушам најмодерна музика од џез-сцената вели Шарески. Според Ѓорѓи, најзаслужни за добрата позиција на нашиот џез-

фестивал се токму директорот, Оливер Белопета, и неговиот тим, кои низ годините изградија име за кое се слуша низ цела Европа. - Мое видување е дека програмата треба да остане таква каква што е, баш колоритна, со комерцијални и познати имиња, но и со некои нови што не сме ги слушнале или знаеле. Белопета е вистинскиот човек кој секогаш знае што е најдоброто, а тоа важи и на европско ниво, со оглед на титулата што ја носи како член на одборот на директори на џез-фестивалите во Европа. Никогаш не се сомневам во неговиот избор, а сите ние љубители на џезот може само да уживаат во концертите - раскажува Шарески. Освен македонските музичари и љубители на џезот, годинава имавме и многу гости од соседните зем-

ји и пошироко, кои велат дека Скопје во октомври го посетуваат токму поради фестивалотна џезот. - Ова е втора година по ред како доаѓам во Скопје и тоа конкретно за фестивалот. Може да кажам дека вашиот фестивал е еден од најдобрите во Европа. Комплетно ми се допаѓа програмата оваа го-

дина, но специјално дојдов да го гледам концертот на Пет Мартино - вели посетител од Швајцарија. Исто како и претходните изданија на џез-фестивалот, и 31. помина спектакуларно, со квалитетна музика и со виртуозни уметници од светската и од европската џезсцена.

ДЕН И НОЌ

25

Лоба: Не абортирав, ќе ги тужам медиумите што ја објавија веста! Атрактивната поп-пејачка Викторија Лоба подготвува тужби за сите медиуми што ја објавија информацијата дека таа абортирала на Кипар. На македонските портали и на српскиот портал „Познати” се прошири информација дека Лоба неодамна абортирала. Таа ја демантираше оваа вест и побара јавно извинување од таблоидот што ја пласирал неточната вест. - И порано имало измислици за да го оцрнат моето име, но ова беше многу невкусна шега. Јавно демантирам дека сум абортирала, подготвувам тужба за тие што ја објавија веста и ќе барам јавно да ми се извинат - изјави младата пејачка. Лоба пред еден месец со нејзината мајка и со нејзини роднини од Русија била на заеднички одмор на Кипар. Пејачката неодамна ја раскина врската со бизнисменот Горан Наумовски- Кизо, сопственик на хотелот „Драма” во Охрид, каде таа одмораше летово.

Зоки Фаци со свој парфем „Материјално момче“

Почна вториот дел од „Моден викенд Скопје“ Со презентацијата „Бизнис стил“ во ресторанот МКЦ на модната новинарка Снежана ЈаначковаБогдановска, попозната како Сани, почна вториот дел од „Моден викенд Скопје“, кој ќе трае до 28 октомври. Веќе денеска почнуваат и презентациите на новите колекции на македонските модни дизајнери. Никола Ефтимов денеска ќе го отвори своето модно студио, исто како што минатo издание во рамките на модниот викенд свое модно аталје отвори и дизајнерката Олги-

ца Ѓеоргиева. Утре во салон „Ауди Порше“, дизајнерката Лидија Ѓеоргиева и фотографката Ива Димеска ќе имаат своја изложба на модни фотографии, насловена „Ѕверки во системот“, веднаш по изложбата програмата продолжува со ревијата на Мила Кадриу и на Росана Ѓурческа. До недела љубителите на модата ќе можат да ги погледнат ревиите на Ведрана Панева, Сара Сековска, Росица Мршиќ, Елена Лука, Антонија Ристовска и на други дизајнери.

ТВ-водителот и уредник на магазинот „Фаци“ наскоро ќе го промовира својот парфем кој го крсти „Материал бој“. Сопствениците на марката за масла и за парфеми „Делта ароматик“ од Скопје решиле токму тој да биде првата јавна личност од Македонија што ќе лансира свој парфем, кој ќе се продава во Македонија. - Десетгодишната кариера во шоу-бизнисот ја крунисав со прекрасен парфем кој наскоро ќе се најде на пазарот. За името бев инспириран од мојот досегашен живот. Со ова се заокружува еден дел од мојот животен пат или патот до славата, успехот и материјалниот свет. Се надевам ќе уживате во прекрасните мирисни ноти - изјави новинарот Василевски. Дел од јавните личности веќе се заинтересираа да го купат парфемот, а на профилот на Зоки постојано се редат коментари на

идните консументи на новиот мирис. - И јас сакам да имам свој парфем, веднаш го замислувам шишенцето како мало, заоблено совршенство - напиша пејачката Ноне Неделковска. Ова е фотографијата што ќе стои на амбалажата на парфемот кој ќе се најде и на рекламните паноа низ цела Македонија. Фотографијата е изработена од фотографот Бојан Стоилковски. С.М.


26

ДЕН И НОЌ

Четврток, 25 октомври 2012 година

Тони Цетински им готвеше појадок на новинарите

С

о готвачка капа и со престилка, хрватскиот пејач Тони Цетински како вистински домаќин вчера на осмиот кат на хотелот „Ин“ во Белград подготвувал палачинки и кајгана за појадок за седмата сила, новинарите. Пејачот пристигнал во осум часот наутро и се потрудил на трпезата да не недостига сирење, јајца, колбаси, овошје, печиво, џем и топли пијалоци. Потоа, како вистински домаќин, покажал како се подготвуваат палачинки и ги сервирал по желба на го стите. - Се будам околу осум часот наутро, без оглед на тоа кога ќе легнам бидејќи тоа ми е најубавиот дел од денот. Не дека се

форсирам , туку така е, јас сум ранобудник и наутро сакам да ги завршам сите работи - изјавил пејачот кој се разведе пред извесно време од втората сопруга Ивана Нобило и неколку месеци се забавува со Сандра Мулвај. То ни из ја вил де ка овој по ја док не е са мо по за за фо то гра фи ра ње, ту ку де ка се под го тву ва за сво јот трет брак. - Ова под готву ва ње хра на ми е под гото вка за мо јот трет брак. Мо ра да знам ба рем да направам појадок. Би го сервирал и в кре вет, и в ка да и на покрив. За мене е доволен само еден бакнеж како благодарност - изјавил Цетински.

Бездомничка како туристички водич ја открива темната страна на Лондон

Атрактивната Ева Лонгорија повторно е сама

ногу жители на Лондон заработуваат за живот покажувајќи им ги на туристите знаменитостите на својот град, но Вив е специфичен туристички водич. Вив (56) живее како бездомничка, а на посетителите им ги покажува местата каде некогаш живеела. „Тука поминав два месеци“, им зборува на туристите собрани во близина на мостот од каде има убав поглед на зградата на парламентот и на катедралата „Св. Паул“. „Имав куќичка од дрвени палети, весници и од картони“. Слабо лице и без неколку заби во сива јакна која ја има најдено на улица, оваа жена родена во Норвешка на гостите им го покажува британскиот главен град виден преку очите на бездомник и зборува за своите искуства. Вив не го открива своето презиме, а турите ги почнува во ботаничката градина „Викторија ембанкмент гарденс“ во близина на реката Темза. Импозантната статуа на Едвард Форстер од 19 век гледа на уредениот парк, кој

Американскиот рагбист Марк Санчез остана без својата поубава половина. Менаџерот на Ева Лонгорија потврди дека таа и Марк ја прекинаа неколкумесечната врска. Тоа е втор пораз за овој рагбист, кој по изгубениот натпревар во текот на викендот, сега изгуби и на емотивен план. - Марк ја обожува и ја почитува Ева, но поради разидувањата во распоредот, одлучија дека така е најдобро. Ќе останат блиски пријатели - рече менаџерот на Ева. Рагбистот и „очајната домаќинка“ се забавуваа само два месеци. Лонгорија неодамна ги предаде и документите за развод од сопругот Тони Паркер и ги извади сите тетоважи од телото кои беа инспирирани од него.

М

четири лета бил дом на оваа жена. „Она беше мојата клупа“, зборува Вив и покажува на местото каде се собрало едно семејство. „Во паркот сте многу сигурни затоа што тој во текот на ноќта се затвора. Никој не може да ве нападне“. Раскажуваше и за случката кога некои деца се обиделе да запалат некоја жена додека спиела. Еден од туристите ја прашува Вив како станала бездомничка. „Мојот брак не успеа. Ги оставив децата и се отселив“, вели таа како тоа да е нешто најнормално.

Вив без дом е од 1997 година. Кога повеќе не можела да спие кај роднините и пријателите, ноќта почнала да ја поминува во парковите и под мостовите. Како туристички водич во рамките на проектот „Тури кои никогаш не сте ги виделе“, кои ја иницираа мрежата волонтери „Сок моб“, неделно заработува 30 евра плус пари за превоз и за телефонска сметка. „Малку е, но вреди. Ако ништо друго, барем со нешто да се занимавам и да ми го сврти вниманието од секојдневието“, порача таа.


Четврток, 25 октомври 2012 година

КУЛТУРА

27

КОЛЕГИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ОД ФДУ СЕ ПРОСТИЈА ОД ВЛАДО ЦВЕТАНОСКИ

Замина човекот чии сценски слики беа како сон

П

о повод смртта на режисерот и профе сор на Факултетот за драмски уметно сти, Владо Цветановски, вчера во неговата матична куќа беше одржана комеморативна седница на која неговите колеги и студенти се про стија од него. - ФДУ загуби профе сор и колега, човек кој го сакаше ФДУ и во кој по стојано ги вложуваше своите можно сти, неисцрпна енергија, ентузијазам и знаење, а за возврат сите го респектираа, почитуваа и сакаа: и колегите и студентите. Тој имаше нешто што малкумина го по седуваат: човештина, искреност, скромност, сочувствителност, доверливост, праведност, неисцрпна енергија и по светеност, љубов и разбирање – рече, меѓу другото, деканот на ФДУ, Лазар Секуловски, во својата бе седа. Студентите и колегите кои

во огромен број присуствуваа на комеморацијата не можеа да ги запрат сеќавањата, солзите и гневот поради прераното заминување на Цветановски. Студентите од неговата класа во негова чест дене ска испитот ќе го одржат во са лата на ФДУ и ветија дека и понатаму ќе ги следат неговите насоки. - Енергијата, ангажирано ста

и по светено ста на која инсистираше во сите негови претстави и на сите часови со студентите, тој неизмерно ја по седуваше и ја прене суваше наоколу дури и во миговите кога беше многу уморен. Беше задоволство да се соработува со него и сите ние што бевме негови соработници

Министерска конференција за културно наследство на југоисточна Европа Во Софија се одржува осмата министерска конференција за културно наследство во југоисточна Европа, овојпат на тема „Нематеријално културно наследство и одржлив развој“. Покрај министрите за култура на земјите од југоисточна Европа, гостин на конференцијата ќе биде Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, со која министерката за култура Канческа-Милевска, денеска, по своето обраќање на кон-

ференцијата, ќе има билатерална средба. Во фокусот на министерската конференција ќе биде подобрувањето на регионалната соработка за заштита на нематеријалното културно наследство во југоисточна Европа, ќе биде поздравено отворањето на Регионалниот центар за нематеријално културно наследство, кој во Софија функционира од февруари годинава, како и различните регио-

нални активности почнати во ЈИЕ од генералниот директор на УНЕСКО, во рамките на новата глобална иницијатива, „Култура: Мост за развојот“. - Одржувањето на оваа конференција во Софија ја покажува заложбата земјите на ЈИЕ меѓусебно да соработуваат во рамките на УНЕСКО, Европската Унија, Советот на Европа и воопшто како земји-соседи кои на пријателски и на демократски начин ги споделуваат заедничките потреби, иницијативи и вредности во доменот на културата и на културното наследство - се вели во соопштението од конференцијата. Во рамките на конференцијата се очекува да биде донесена и заедничка декларација на министрите за култура на југоисточна Европа за „Нематеријалното културно наследство и одржливиот развој“. А.Б.

или негова публика ја имавме таа среќа да сонуваме заедно, создавајќи ги или гледајќи ги прет ставите кои беа правени токму како слики од сон. Импре сивни сценски слики како од сон - рече актерката Мими Таневска, про стувајќи се од својот колега. Н.П.

Промоција на поезија од Александар Поповски Во Друштвото на писателите денеска, со почеток во 13 часот, ќе бидат промовирани три тома од поезијата на Александар Поповски, еден од доајените на македонската писателска асоцијација. За творештвото на Поповски ќе зборува Љубинка Донева, а стихови ќе интерпретираат Анастасија Стојчевска и Миле Попов. За популаризација на литературата, на секој од присутните ќе му биде подарена по една книга со потпис од авторот. Со ова писателската асоцијација одбележува 80-годишен животен јубилеј на авторот и 65 години творечка дејност. Изборот од поезијата го објави издавачката куќа „Александар и Александар“ од Скопје. Н.П.


28

КУЛТУРА

Награда во САД за актерката Јана Стојановска Актерката Јана Стојановска е добитник на награда за најдобра женска улога за краткиот филм „Епизодист“ на второто издание на фестивалот „Тивка река“ кој се одржа од 11 до 14 октомври во Ирвин, Калифорнија. Филмот беше номиниран во две категории – за најдобар краток филм и за најдобра женска улога во краток филм. На фестивалот во краткометражната категорија се натпреваруваа 31 филм од 10 држави во светот. Ова е трета награда за „Епизодист“, кој е во режија на Игор Алексов, а во продукција на „Квазар филм“ од Скопје, откако претходно беше награден на „Скопскиот филмски фестивал“ за најдобро краткометражно остварување и на „Холи шортс“ каде што ја доби наградата за најдобар интернационален краток филм. „Епизодист“ е горчлива при-

казна за две различни времиња, два политички различни система, две различни судбини на еден ист лик околу кој злото, лицемерството и суровоста на моќта остануваат исти. Во филмот, покрај Јана Стојановска, играат уште и Силвија Стојановска, Предраг Павловски, Игор Ангелов, Славица Јовановска, Кирил Ристески и Благица Трпковска. А.Б.

Поетот Никола Маџиров на фестивал во Естонија Никола Маџиров ќе ја претстави својата поезија на естонски и на македонски јазик во неколку места во Естонија. Првото читање ќе биде денеска, во просторот Сент Олав во стариот дел од главниот град Талин, каде што Маџиров ќе настапи во рамките на фестивалот „Триалогос“, во делот посветен на современата европска поезија, заедно со италијанската поетеса Пјера Матеи. Маџиров е најавен како еден од најзначајните европски современи поети и најчитаниот естонски неделник за литература и уметност „Сирп“ во најновиот број посвети значаен простор на неговата поезија, објавувајќи во печатеното издание десетина песни во превод на естонски јазик. А.Б.

Изјава на денот „Се надевам дека не живееме во време на претфашистичка Германија. Не може ако не си со нас, против нас си. Секој има право на своја лична неутрална територија.“ Дејан Дуковски

Четврток, 25 октомври 2012 година

НИСКАТА ТЕМПЕРАТУРА ЗАКАНА ЗА УМЕТ

Настинаа од МНТ и

Во вечерните часови температурата опаѓа, а токму тогаш се изведуваат и претставите во МОБ и во МНТ. Невозможно е да се игра претстава на студено, велат дел од актерите на МНТ и на МОБ кои „закачиле“ настинка

П

Игор ИВКОВИЌ

оради неплатен долг кон „Топлификација“, двете најголеми институции од културата во Македонија, МНТ и МОБ, целосно се отсечени од парно греење. Иако грејната сезона е почната, во овие две институции топлина има само со помошни грејни тела. Актерите, балетските играчи, оркестрантите и солистите се жалат на, како што велат, „нечовечките“ услови за работа“. - Викендов имавме претстава во МНТ која се одигра во вечерните часови. Беше премногу ладно. Морам да признаам дека оттогаш

до сега сум настината, затоа што во претставата играме полуголи. Згора на тоа, театарот е голем салон, кој е невозможно да се згрее со една обична греалка. И дел од моите колеги од истата претстава се разболеа. Пијам рибино масло за да се одржувам во форма - вели една актерка од МНТ, која сакаше да остане анонимна. Ист е случајот и со балетаните во МОБ. Тие таму се снаоѓаат со помошни грејни тела, „тајфуни“, калорифери, домашни греалки, за да ги затоплат големите сали пред да

„Мајки“ во Данска, Австралија, Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, кој премиерно беше прикажан пред две години, овој месец се прикажува во Копенхаген во рамки на фестивалот „Југ/југозапад“ организиран во Кинотеката на Данска од Данскиот филмски институт. Патувачкиот филмски фестивал „Спринг“, пак, годинава се отвори токму со филмот „Мајки“

во Мелбурн, а следуваат проекции и во Перт, Сиднеј, Њукасл и во Оукланд, Нов Зеланд. Оваа недела „Мајки“ беше прикажан и на филмската акаде ми ја во Син гапур. Со студен ти те на постдип лом ски студии по ре жи ја во Син гапур, Манчевски по про екцијата одр жа ед ноча со вен разговор остварен преку виде-


Четврток, 25 октомври 2012 година

НИЦИТЕ

актерите од МОБ

почнат да танцуваат, а на оперските солисти им било полесно зашто тие вежбале во помали простории и со мало грејно тело се затоплувале, велат извори од МОБ. Директорот на МНТ, во телефонски разговор ни објасни дека неговата институција прави напори од идната недела, вработените, но и публиката да добијат парно греење. - Верувам дека веќе од идната недела ќе се реши проблемот со парното греење затоа што сите сме свесни дека како што опаѓа темпе-

ратурата, така ќе биде неизвесен и целиот репертоар доколку нема греење. Тоа ќе се реши, во интерес и на актерите и на публиката - изјави Дејан Лилиќ. Проблемот со исклучување на парното греење на овие две институции настана откако подолг временски период ги немаат подмирено сметките кон „Топлификација“. Проблем се и превисоките камати кои ги пресметува „Топлификација“ за заостанат долг, кои според директорите, се нелогични и неосновани.

Нов Зеланд и во Сингапур оврска од Скопје. - Многу е убаво што „Мајки“ е толку прифатен со широки раце на најразлични места, од престижниот Дански институт до далечниот Виетнам, цели две години по премиерата, кога повеќето филмови обично се одамна пензионирани. Кој би го очекувал тоа од еден ваков мал, чуден филм - вели Манчевски. А.Б.

КУЛТУРА

29

Лилиќ продефилира и на московскиот црвен килим Завчеравечер во најголемото кино „Октојобер“ во Москва се одржа руската премиера на филмот „Измена“ на режисерот Кирил Серебреников. Македонскиот актер Дејан Лилиќ, кој ја толкува главната машка ролја во филмот, ја воодушевил специфичната руска публика и критика со својата мајсторски изградена филмска улога. Заедно со режисерот и со останатите актери од филмот, Лилиќ проде филира и на рускиот црвен килим, во чест на премиерното прикажување на филмот, по свет ската премиера на неодамнешниот Венециски филмски фе стивал.

- Пред про екцијата на филмот, многумина од руските актери и јавно ста генерално беа скептични од потребата македонски актер да игра во еден ваков руски филм, но по завршувањето на премиерата, ми стигнуваа че ститки од тие што се сомневаа - изјави за „Ден“ актерот Дејан Лилиќ. Од почетокот на наредниот ме сец, „Измена“ ќе се прикажува низ цела Русија, а за проекции во Македонија сè уште се преговара. Но, како што вели Лилиќ, се прават сите напори и македонската публика да го види ова филмско остварување. И.И.

Игор Исаковски ја претставува својата поезија во Холандија

Македонскиот писател и издавач Игор Исаковски следниве пет дена ќе одржи поетски читања во холандските градови Меерсен, Амстердам и Мастрихт, при што ќе биде промовирана неговата книга на одбрана поезиjа „Мадам Хаjд, мистер Хаjд“ во издание на „Азул прес“, а во холандски превод на Рул Шуjт. Едно од читањата ќе се одржи во рамките на меѓународниот поетски фестивал „Интернационални

поетски ноќи на Мастрихт“, коj се одржува секои две години, а годинава ќе го има своето деветто издание. Игор Исаковски досега има објавено два романи, две збирки раскази, две книги куси прозни и поетски записи и седум книги поезиjа. До сега книги со неговата одбрана поезиjа се обjавени на англиски, словенечки и на хрватски јазик. А.Б.


30

КУЛТУРА

Четврток, 25 октомври 2012 година

АКТУЕЛНОСТИ

Изложба на копаничарски дела во Дом на АРМ Во Дом на АРМ во тек е 54. изложба на копаничарски дела во организација на Здружението на копаничарите на Македонија. На досегашните повеќе од 50 изложби се претставиле 1.513 учесници со вкупно 3.040 дела. Здружението со оваа изложба го одбележува 20-годишниот јубилеј. Со ова се потврдува македонскиот копаничарски производ, кој во 18 и во 19 век многу високо се запишал во историјата на уметноста, а денес повторно зрачи со своите дела и се пробива не само во сите градови во Македонија, туку и во светот - велат од Здружението на копаничари. Изложбата ќе биде отворена до 28 октомври.

Изложба на Кристина Зимбакова на Универзитетот „Индијана“ Сликарката Кристина Зимбакова учествува на изложба во Музејот на уметноста при Универзитетот „Индијана“ во Блумингтон, САД. Изложбата ќе трае од дене ска до 27 јануари 2013 година и ќе биде отворена истовремено со интердисциплинарниот светски симпозиум за Силвија Плат. По е зи јата на оваа култ на американска по ете са е и тема на по ста вката „Оли це тво ру -

ва ње на ’Ари ел‘ од Сил ви ја Плат“. Зимбакова ќе изложува заедно со британската сликарка Стела Вајн, американската фотографка Линда Адел Гудајн и со легендарниот руски уметник Борис Лури – основоположник на светското движење „Ноу!арт“. Во рамки на настанот, профе сорката Линда Бандцен ќе одржи предавање на тема „Од улиште до грне со мед - уметниците жнеат од изобилието на Плат“. Кристина Зимбакова имала самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои се Британскиот совет и во галеријата на Швајцарската амбасада во Скопје, Театарот во Оксфорд и Тајмс сквер во Њујорк.

Африкански „Епл“

Името зборува за квалитетот

Еминем ти ли си? статус:

ЕЛЕНА РИСТЕСКА

Значи, не сакам коментари дека филмот бил ваков или таков. „Трето полувреме“ е супер филм! Актерите се исто така одлични! Ова го пишувам зашто се изнаслушав разни коментари пред да го гледам. Поддржете ги македонските дела, а не туѓите. Толку од мене!


ХРАНА

Подготвија: Анета Стојковска и Марија Петковска

Бонтон при служење вино

25.10.2012

КОРИСНИ СОВЕТИ КРОФНИ Секогаш кога пржите крофни, маслото за јадење мора да биде многу врело. Во тавата во која пржите треба да има поголема количина масло за јадење, а тестото не смее да се пржи ако е ладно, мора неколку часа да биде на собна температура.

ЏЕМ Ако никогаш досега не сте правеле џем, пред да почнете со неговата подготовка, мора да знаете неколку работи. Џемот се вари на посилен оган за да ги сочува аромата и корисните состојки. Пената се собира пред крај. Шеќерот не се става веднаш. Во џемот од дињи или од сливи, ставете рум или цимет, така ќе добие поубава арома.

В

иното, пија локот на боговите, зазема по себно ме сто и во нашата секојдневна исхрана. Љубителите на вино велат дека кон овој пијалок мора да се одне суваме со голема почит и да уживаме во секоја испиена голтка. Тоа што треба да се знае е дека има одредени правила кои мора да се почитуваат кога се служи и се пие вино. ТЕМПЕРАТУРА Шишето со вино секогаш се става на маса пред за почне ручекот или вечерата. Температурата на белото вино мора да биде од 11 до 14

Целзиусови степени, додека температурата на црните вина од 16 до 22 степена. Пенливите вина се служат малку по студени, на температура од 7 до 9 Целзиусови степени. ПОСЛУЖУВАЊЕ Во проце сот на правење и стареење, кај вината се создаваат материи, поче сто кај црните вина, и тој талог е нормална појава. Но, треба да се знае дека при ставање на виното во чаша, не смее да се истури од талогот, односно шишето не смее да се тре се. Квалитетното вино се служи од шишето во кое било оригинално

спакувано, додека домашното вино подобро е да се сервира во бокал, кој одговара со сервисот за ручање. Првата чаша секогаш му се дава на го стинот бидејќи тој треба да го оцени квалитетот на виното. Ако тој констатира дека виното одговара на храната, тогаш им се става и на другите членови. Винотото се служи во чаши, специјализирани за вино, кои се полнат малку повеќе од половина бидејќи така најдобро се чувствува мирисот, бојата и вкусот на виното. Ако се смени виното, тогаш задолжително мора да ја смените и чашата за да не дојде до мешање на вкусовите.


32 ХРАНА Мирисајте ја храната

Ви се случило ли да готвите нешто гладни, а кога, конечно, сте го сервирале оброкот, да се чувствувате сити? Научниците тврдат дека вдишувањето на мирисот на одредена храна може да го измами вашиот мозок дека не сте гладни и да го намали бројот на калории што ќе ги внесете. Џвакајте го секој залак 30-35 пати и често помирисувајте ја храната.

Четврток, 25 октомври 2012 година

Почесто мерете ја тежината

Најдобро е да ја мерите својата телесна тежина наутро, пред појадокот, но о��како сте го по се ти ле то а ле тот. То гаш ќе добиете најточна прет става за вашата тежина бидејќи во текот на денот таа варира во за вис ност од кон суми ра ни те храна и течно сти. Колку че сто ќе се мерите зависи од вас. Но, истражувањата по ка жу ва ат де ка че стото мерење е добар начин за контролирање на тежината затоа што можете да го промените начинот на живот и исхраната веднаш откако ќе забележите дека тежината ви се зголемува, односно пред да претерате. Сепак, треба да имате предвид дека тежината кај жените варира и во зависност од ме сечниот циклус, а, исто така, и дека тежината не е единствениот индикатор дека изгледот на вашето тело се подобрува. Ова се препораки кои не е задолжително да ги вклучите во вашата стратегија за да слабеете бидејќи секоја личност е различна и тоа што дејствува кај едни, не е толку ефективно кај други. Со тек на време сами ќе утврдите кои тактики ви носат најдобри резултати.

Внимателно со месото од дивеч

Оловните куршуми со кои се убива дивечот се отровни, па на тој начин и месото се загадува и може да предизвика не сакани последици кај луѓето што го консумираат. Затоа жените кои сакаат да забременат, бремените жени и малите деца не би требало да консумираат ме со од дивеч, велат од британската Агенција за контрола на храната. Затруеното месо може да предизвика оштетување на мозокот и на нервниот систем и други тешки оштетувања на организмот. Особено се загрозени луѓето што јадат повеќе од 100 грама ме со од дивеч неделно. Ме сото кое пред да се пече, стои во вино, оцет или во сос од домати, уште повеќе го забрзува проце сот на ослободување на оловото, па тоа полесно се разложува и во организмот.


ХРАНА 33

Четврток, 25 октомври 2012 година

Правилно поставената маса е одраз на вашата култура

П

ри по ставувањето на масата и консумирањето на храната по стојат одредени правила што мора да се почитуваат бидејќи го покажуваат степенот на вашата култура и на вашите манири. Затоа и дома кога сте сами, но и во секоја пригода кога консумирате храна, треба да бидете многу внимателни како јадете. Кога ќе ви дојдат го сти, треба да ги пречекате и да ги сме стите на претходно определени ме ста на трпезариската маса. Домаќините секогаш седат на чело на трпе зариската маса.

Од десната страна на домаќинката седи најважниот го стин, додека од десната страна на мажот седи најважната го стинка. Но, кога се по ставува масата мора да се води грижа го стите да не бидат многу блиску еден до друг, туку да имаат доволно простор меѓу себе. Двојките не мора да седат еден до друг, освен младенците. Никогаш не треба да се бр за со по ставување на ручекот или на вечерата, ниту, пак, да се бр за со ја де ње то. Доде ка дома ќин ката го по ста ву ва при готве ното ја де ње, ма жот служи пија лак.

ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ Иако кога јадеме дома најчесто користиме еден прибор, кога ја подготвуваме масата за гости задолжително мора да има прибор за секое јадење. Приборот со кој се служат гостите не се употребува секој ден. Лажиците и виљушките се поставуваат од десната страна на чинијата и тоа со редослед по кој би се употребувале. Понекогаш лажицата може да се постави и над чинијата. Доколку не знаете со кој прибор би требало да

јадете одре де но јадење, секогаш

почнете со користење на приборот што е поставен од надворешната страна. Додека се јаде, ножот се држи во десната, а виљушката во левата рака. А, ако се користи само виљушката, тогаш таа се држи во десната рака. Ножот никогаш не се става во уста, а со виљушката само се принесува храната до устата. Ако правите пауза во јадењето, тогаш виљушката и ножот се ставаат вкрстени во чинијата, а ако сте завршиле со јадењето, тогаш се ставаат паралелно во чинијата. Приборот никогаш не се остава на маса. ЧАШИ Секој пијалак се служи во специјална чаша, од пијалокот што се консумира зависи дали чашата ќе биде длабока или плитка, голема или мала. При сервирањето на масата чашата во која ќе биде послужен пијалакот треба да се стави десно над чинијата, а доколку има потреба од повеќе чаши, се ставаат од десно кон лево. На крај се става чашата за вода, која се полни со вода пред да почне оброкот.


34

НОВ СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

И момчињата порано влегуваат во пубертет Веќе е познато дека девојчињата влегуваат во пубертет порано отколку пред неколку години, па така забележано е дека градите им се развиваат уште на седумосумгодишна возраст. Како можни причини за ова, научниците, пред сè, ја наведуваат дебелината бидејќи масните клетки се поврзани со создавањето на женскиот полов хормон естроген, но тие како причини ги наведуваат и хемикалиите што се присутни во водата и во храната. Група научници во САД, сакајќи да дознаат дали истото се случува и со машките деца, направиле истражување на повеќе од 4.000 американски момчиња. Резултатите што ги добиле покажуваат дека во просек момчињата влегуваат во пубертет две години порано од претходно утврдената возраст од единаесет и пол години. Кај белците и латиноамериканците просечната возраст на влегување во пубертет била 10 години, а кај афроамериканците дури девет години. Истражувачите, иако повеќе се насочиле кон бројки, а не кон констатирање на причините за овој феномен, сепак во можни виновници за ваквата појава ги вбројуваат влијанието на околината, неактивното детство, како и начинот на исхрана. М.Н.

Нок - кит што зборува Нок, китот што зборува од Националната фондација за морски цицачи во Сан Диего, Калифорнија, кој живеел до 2007 година, успешно ги имитирал човечките гласови што ги слушал, покажаа новите резултати од студија спроведена уште пред околу 30 години. Одгледувачите на китот забележале некое чудно брборење уште во 1984 година кога слушнале дека некој во близина на Нок зборува, но не можеле да видат кој, ниту, пак, да наслушнат за што се зборува. Изворот на брборењето подоцна е потврден од нуркач кој додека нуркал, слушнал предупредување да излезе надвор, односно „out“, а предупредувањето не дошло од човек, туку од китот Нок. Во 80-тите години тимот на истражувачи открил дека ри-

тамот на „говорот“ на китот и фреквенциите се многу слични на човечкиот говор, но новите истражувања покажуваат дека Нок за да имитира човечки говор ја намалувал фреквенцијата на своето „говорење“ за неколку октави. На Нок му бил вграден и мал уред во носните празнини кои се еквивалент на човечкиот душник и уредот покажал дека китот белуга ги произведувал звуците со многу повеќе напор и притисок отколку при нормална вокализација, па затоа главата при „говорење“ му набабрувала. Меѓутоа, кога Нок достигнал зрелост, тој престанал да ги имитира луѓето, а со тоа престанале и истражувањата. Сепак, она што е откриено е дека китовите белуги можат да имитираат човечки глас и тоа со точна интонација, но, за жал, тие не можат да разберат што говорат, туку само го копираат звукот што го слушаат.


НОВ СВЕТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

35

Жештината фатална за живиот свет на Земјата?

Официјално претставен „ајпад мини“

„Епл“ уште еднаш ја збогати својата понуда на таблет-компјутери и тоа овојпат со новиот „ајпад мини“. Тој има 25-сантиметарски екран на допир со резолуција од 1024 х 768 пиксели, што е исто со обичниот „ајпад“, но „ајпад мини“ со дебелина од само 7,2 милиметри е за една четвртина потенок од неговиот роднина и тежи само околу 317 грама. Бидејќи имаат иста големина на екранот и иста резолуција, сите апликации што функционираат на „ајпад“ ќе функционираат и на „ајпад мини“. „Ајпад мини“ има две камери, една од напред за видеоразговори и петмегапиксел-

на камера одзади која има можност и да снима видео со висока резолуција. Таблет-компјутерот е снабден со процесор А5со двојно јадро, а батеријата ќе овозможи 10-часовна употреба. Исто така, има вградено и ви-фи и дигитален компас, а ќе се продава во три варијанти со различна големина на вградената меморија. Така за 16 гигабајти ќе треба да платите 329 долари, за 32 гигабајти – 429 долари, а за моделот со 64 гигабајти меморија цената ќе изнесува 529 долари. Нарачките за „ајпад мини“ ќе се примаат уште утре, а продажбата официјално ќе почне на 2 ноември. М.Н.

Во периодот тријас, кој траел во период меѓу 252 милиони години и 247 милиони години пр.н.е., планетата Земја изгледала како пустелија. Најновите истражувања покажуваат дека до пермско-тријаските истребувања на видовите, кои се познати како најмасовни во историјата, дошло поради превисоките температури и топлина на Земјата. Пермско-тријаските истребувања ги збришале сите видови, па без растенијата, јаглеродниот диоксид почнал да ја загрева земјата и таа целосно била под ефект на стаклена градина. Ова е докажано со новата студија во која се испитувани фосили од јужна Кина, која во тоа време го претставувала екваторот. Со проучувањето на изотопите на кислород во фосилите кои се веродостоен доказ за температурите на морските води, научниците открија дека некои мориња од постпермскиот период достигнале температура од 40 Целзиусови степени. Оваа температура е „смртоносна топ-

лина“, особено ако направиме споредба со просечната температура на морската вода која изне сува меѓу 25 и 30 степени. Резултатите од ��стражувањето ја решаваат долгогодишната загатка зошто Земјата закрепнувала од пермското истребување цели пет милиони години, додека за обновување од другите истребувања биле потребни само неколку стотици години. Научниците ги загрижува фактот што температурите и денес постојано растат, особено во изминатите 30-тина години и истото затоплување може повторно да се случи, иако не во блиска иднина.

Камера што ќе го фотографира секој момент од вашиот живот „Мемото лајфлогинг камера“ е името на новиот концепт за мала камера што се прикачува на облека и не дозволува да испуштите ниту еден момент од вашиот живот. Таа има димензии од само 36 на 36 на 9 милиметри, лесно се закачува на облека и по-

тоа прави фотографии на секои 30 секунди. Вградената меморија дозволува складирање на 4.000 фотографии, што се околу 2 дена константно фотографирање, а исто толку време, всушност, може да издржи и батеријата на оваа камера. Компанијата „Мемото“,

свесна дека толку многу слики секој ден бараат и многу про стор за складирање, за годишна претплата нуди бе сконечно складирање на сите ваши слики на интернет. Оваа камера е многу едно ставна за користење бидејќи на неа нема ниту едно копче и сè додека ја но сите, таа ќе прави фотографии. Потоа, сè што треба да направите е да ја повр зете камерата „мемото лајфлогинг“ со компјутер и таа ќе ги наполни батериите и ќе ги пре фрли сликите на интернет-серверите на „Мемото“. Покрај тоа, во неа има вградено и уред за глобално позиционирање кој ќе води евиденција за локациите на вашите фотографии, па така никогаш нема да заборавите ниту каде сте биле, ниту што сè сте виделе. М.Н.


36

СПОРТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

НАЈАВА ДЕКА КОШАРКАРСКИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАРТУВА ВИКЕ

Кошарката добива зел По две одложувања, Првата кошаркарска лига на Македонија треба да почне овој викенд

П

Стеван ЦАНЕВСКИ

о две одложувања, кошаркарскиот шампионат на Македонија треба да стартува претстојниов викенд со дуелите од првото натпреварувачко коло. Незадоволството, кое се зголеми по второто одложување на првенството, беше причина претставниците на Агенцијата за млади и спорт да пронајдат заеднички јазик со раководните луѓе на Македонската кошаркарска федерација, па недоразбирањата се надминати и конечно има зелено светло за почеток на

Болт се откажува од скок во далечина Ризикот од повреди го премисли Јусеин Болт во намерата на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, освен во спринтерските дисциплини, да настапи и во скок во далечина. - Планирав пред ОИ во Бразил да се натпреварувам во скок во далечина, но мојот тренер е загрижен бидејќи таа дисциплина може да ми доне се проблеми со коленото и да го доведе во прашање мојот настап во Рио. Мора да проценам дали сакам да го сторам тоа - изјави Болт на прес-конференцијата во Рио де Жанеиро каде што престојуваше како го стин на организаторите на следните Олимписки игри. Откако на ОИ во Лондон ги одбрани титулите на 100 м, 200 м и во штафетата на 4х100 метри, спринтерот од Јамајка најави дека на наредната

Олимпијада би можел да се натпреварува и во скок во далечина и во трката на 400 метри и да атакува на пет златни медали. Болт е сопственик на шест олимписки злата од Пекинг и од Лондон, а тој е и актуелен светски рекордер на 100 метри (9.58 сек.) и на 200 метри (19.19 секунди).

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО НОВ ТРЕНЕР

Рајковиќ го одби МЗТ, у

Раководството на МЗТ Скопје се соочува со тешка задача да ангажира нов тренер што би можел да го наследи Александар Тодоров и да го предводи тимот во следните натпревари од АБА-лигата, во обид да ја прекине серијата слаби игри и трите порази во низа во силното регионално натпреварување. Фактот дека металците следниот меч го играат веќе в сабота претставува дополнителен притисок врз водечките луѓе на клубот што поскоро да пронајдат адекватен стратег, кој потоа би имал време да одржи барем неколку тренинзи пред дуелот со Црвена звезда. Приоритет на металците беше ангажман на домашен терен, но работите осетно се променија откако понудите на македонскиот шампион беа одбиени од

водечките тројца кандидати. Заре Марковски веднаш им се заблагодари на металците за интере сот, Боби Митев не можеше да ја прифати понудата бидејќи има цврст договор со Кошаркарската федерација на Иран, а во последен момент од


Четврток, 25 октомври 2012 година

ЕНДОВ

лено светло Првата кошаркарска лига. Двете претходни одложувања беа резултат на мешаницата што се создаде околу толкувањето и спроведувањето на новиот Закон за ,спорт и трансформација на клубовите во акционерски друштва. Агенцијата за млади и спорт не даваше одговор на барањата од МКФ точно да се потенцира кои клубови имаат право за настап во Првата лига во согласност со Законот за спорт поради што водечките луѓе на македонската кошарка не сакаа да ризикуваат да го стартуваат натпреварувањето, прекршок што сам по себе значи и кршење на Законот и опасност од затворска казна со времетраење од три години. Токму тоа беше причина за одолговлекување при решавањето на целиот проблем, но ситуацијата стана алармантна кога дојде и до второ одложување.

Тоа само по себе повлече и потреба од менување на календарот, но на сите им стана јасно дека ако се продолжи во ист стил, може да биде одложен и финишот на сезоната, со што по стоеше опасност од нарушување на подготовките на националниот тим за ЕП 2013 во Словенија. Во една таква ситуација, на сите страни им стана јасно дека е неопходно што поскоро да биде пронајден заеднички јазик, се седна на маса и се пронајде адекватното решение. Првата кошаркарска лига својот старт треба да го има овој викенд. Според ждрепката што беше извршена за време на последниот со станок на кошаркарските прволигаши, силите во првото натпреварувачко коло би требало да ги одмерат Струмица – Пелистер, Лирија – Фени индустри, Вардар – Куманово и Кожуф – Работнички.

управата бара странец трката самиот се повлече и Емил Рајковиќ, кој на крајот, сепак, се реши да остане на клупата на Фени индустри. Откако увидоа дека потрагата по нов домашен тренер не вроди со плод, челниците на МЗТ погледите ги насочија кон

стратези од странство. Во игра за испразнетото тренерско ме сто се наоѓаат неколку стручњаци од просторите на поранешна Југославија, а според сите најави името на новиот кормилар треба да биде официјално обелоденето денеска. Без оглед на фактот кој тренер ќе го наследи Тодоров, јасно е дека пред него ќе биде сериозен предизвик, не само поради фактот дека ќе биде тешко експресно да се врати победничкиот менталитет во тимот, туку и поради пеколниот распоред што му претстои на МЗТ. Имено, македонскиот шампион в сабота ја пречекува Црвена звезда, по што следат дуели со Олимпија, Цедевита и Игокеа, на кои „металците“ реално гледано имаат само минимални шанси за успех.

СПОРТ

37

КОШАРКАРСКИ МЕЧ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

Црвена звезда доаѓа на гости во Куманово Срп ски от клуб Цр ве на звезда на 28 октом ври, ден по нат пре ва рот со МЗТ Скоп је во АБА-ли гата, ќе го сту ва во Кума но во и ќе одигра пријателски натпревар со македонскиот кошаркар ски тим што се натпреварува во БИБЛ-лигата. Овој ко шар кар ски меч, кој ќе се одигра во 13 часот,

ќе биде дел од одбележувањето на стогодишнината од кумановската битка, која се случила на 23 и 24 октомври 1912 година. Овој пријателски меч ќе биде одлична можност за тимот на тренерот Љубисав Луковиќ да го те стира својот тим, кој оваа се зона е дел од БИБЛ и против силниот со став на Црвена звезда.


38

СПОРТ

Роси: Мото ГП станува здодевен спорт

Трофејниот италијански моторциклист Валентино Роси изјави дека е разочаран бидејќи шампионатот Мото ГП станува многу здодевен и дека челниците на ова натпреварување треба добро да размислат за воведувањето промени за да се зголеми интересот меѓу навивачите. - Мото ГП шампионатот е во најголема криза откако јас станав дел од овој спорт во 2000 година. Здодевноста станува огромен проблем, трките се неинтересни за гледачите и поголемиот дел од нив не губат време за да дојдат и да не гледаат како се тркаме. Гледајте ги останатите шампионати, Мото3 трките се многу интересни, Мото2 се фантастични, доаѓа на ред Мото ГП трката и интересот се губи. Јасно е дека нешто не е во ред со продуктот што им го нудиме на гледачите, тоа е доволен знак дека нешто мора да се смени – изјави Роси,

кој е седумкратен шампион во ова натпреварување. Италијанецот не крие дека е разочаран и од сопствените слаби резултати како член на Дукати, што беше главна причина тој да се реши да не потпише нов договор и по завршувањето на сезонава да се врати во Јамаха. За агонијата на Докторот Роси најдобар доказ е дека тој не знае за триумф на последните 37 трки, а последен пат се радувал на победа на трката во Малезија во 2010 година. - Сите работевме напорно во Дукати, но, за жал, резултатите изостанаа, не успеавме да склопиме мотор со кој би атакувале на трофеи. Во оваа фаза од кариерата сакам да бидам дел од конкурентен тим, затоа и ја одбив понудата за нов договор, туку решив да се преселам во Јамаха - ја објасни Валентино Роси својата одлука за менување на тимските бои.

Вирус ја „елиминира“ Квитова

Чешката те��исерка Петра Квитова поради вирус се повлече од завршниот турнир на ВТА во Истанбул. Квитова во првото коло од „белата“ група загуби од Агнешка Радванска. Нејзиното место на турнирот ќе го заземе Саманта Стосур. Чешката тенисерка сезонава играше во полуфиналето во Мелбурн и на Ролан Гарос, на Вимблдон испадна во четврт-финалето, а на Отвореното првенство на САД го заврши настапот во четвртото коло. Годинава Квитова освои две титули, во Монтреал и во Њу Хејвен.

Четврток, 25 октомври 2012 година

МАГДЕБУРГ ПО ТРЕТПАТ ЌЕ ИГРА ПРОТИВ

Вардар им но В ардар и Магдебург двапати до сега играле меѓу себе во Лигата на шампионите, првпат во се зоната 2001/2002, а по вторпат две години подоцна, во сезоната 2003/2004. Третиот меѓусебен дуел овие два тима ќе го имаат се зонава во 3. коло од ЕХФ-купот. За разлика од вардарци, кои не се најсреќни со епилогот од ждребот, Германците се задоволни и во овој дуел гледаат најава за „долга европска сезона“. Велат дека Вардар им но си среќа. Тоа го поткрепуваат со фактот дека секогаш кога играле против македонскиот тим, стигнувале до завршницата во ЛШ. Во 2002 година, кога играше со Вардар во групата Д, Магдебург стана европски шампион победувајќи го во финалето Фотекс Веспрем, а две години подоцна кога беа заедно во групата Б од ЛШ, германскиот тим стигна до полуфиналето во кое беше елиминиран од Фленсбург. Сведок на настаните од пред 11 години е левото крило на Магдебург, Бенет Вигерт. - Вардар за нас е добар знак.

Единствената титула во ЛШ Магдебург ја освои во 2002 година кога играше во иста група со Вардар

Секогаш до сега кога игравме против тимот од Скопје, стигнувавме далеку во Лигата на шампионите . Во 2002 година го победивме Веспрем и станавме европски шампиони, а во 2004 година во незаборавното полуфинале бевме елиминирани од Фленсбург. Ќе биде убаво ако и годинава за нас Скопје биде старт на една долга сезона овој пат во ЕХФ-купот – вели Вигерт. Во четирите одиграни средби, Германците имаат три победи и еден нерешен резултат од првиот дуел во „Кале“ одигран на 1 декември 2001 година. Во пресрет на третата пресметка со „црвено-црните“, Вигерт ги освежи сеќавањата од „Кале“ од пред 11 години. - За време на последниот

Мерцедес прави нов болид за Хамилтон

Тимот на Мерцедес АМГ почна со работа на потполно нов болид за следната сезона во Формула 1. Со него новата ѕвезда во тимот, Луис Хамилтон, ќе има можност да ги покаже своите способности и, конечно, да ги исполни целите на германскиот тим. Легендата на Ф1, Ники Лауда, кој е нов член во бордот на директори на Мерцедес, призна дека сегашниот W03 не е доволно добра база за развој и затоа решиле да направат комплетно нов болид за следната сезона. Со сегашниот болид на Мерцедес единствена титула што ја освои тимот по враќањето како конструктор во Ф1 е таа што ја освои Нико Розберг во Кина. - Работиме по целосно нова кон-

цепција за болид за следната сезона. Сегашниот болид едноставно не ни дава доволно добра платформа за понатамошен развој. Се надевам дека новиот проект ќе биде многу успешен и Луис Хамилтон и Нико Розберг ќе успеат да ги реализираат своите можности – изјави Ники Лауда.


СПОРТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

39

МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ

оси среќа на Германците?!

тренинг температурата во салата беше смрзнувачка, а на подот во „Кале“ имаше мраз. Се чудевме како ќе играме, но смрзнувачки беше додека не дојдоа навивачите, тие убаво ја загреа-

ја атмо сферата. Гледачите го прославуваа ремито од 27-27 како победа. Слична атмосфера во Скопје нè очекува и сега. За нас ова ќе бидат два тешки натпревари против Вардар – предупре-

дува ракометарот на Магдебург поучен од претходното искуство. Левото крило на Магдебург, сепак, не се сомнева дека неговиот клуб ќе биде тој што ќе го

продолжи настапот во следната фаза од ЕХФ-купот, во која за првпат од оваа сезона се формираат четири групи со по четири екипи. Во елиминаторниот двомеч со Вардар про, Магдебург ќе биде домаќин на првиот меч на 24/25 но ември, а реваншот на 1/2 декември ќе се игра во Скопје. - Свесни сме дека добивме многу силен противник, но барем се исполни мојата желба реваншот да го играме на домашен терен. Германските екипи секогаш се по себен предизвик, но однапред не се предаваме. Ќе настојуваме да одиграме што подобро на првиот меч во го сти, а потоа да се обидеме да изненадиме на реваншот пред нашата публика – истакнува тренерот на Вардар про, Ве селин Вујовиќ. Големи се шансите, македонскиот тим засилен да излезе во дуел со Магдебург. Според Вујовиќ, на Вардар му треба еден бек и пикер, но засега сè уште нема конкретни имиња за потенцијалните нови засилувања во тимот. Б.Б.П.

Фереро ја заврши тениската кариера Поранешниот прв свет ски рекет, Хуан Карлос Фереро, официјално à стави крај на тениската кариера по поразот од Николас Алмагро на турнирот во Валенсија. - Ова беше многу по себна и многу емотивна недела за мене. Кога го видов ждребот, не бев среќен бидејќи не сакам да играм со Нико, кој ми е најдобар пријател. Сепак, другата страна на меда лот е дека последниот меч во кариерата го одиграв против важна личност во мојот живот. По стојат големи шанси следната година да патувам со Нико на некои турнири, можеби како негов тренер – изјави Фереро. Шпанскиот тенисер објасни

дека одлучил да ја заврши кариерата кога почувствувал дека не може да држи чекор со најдобрите и да победува. - Отсекогаш сум бил победник, натпреварувачки настроен и едно ставно почувствував дека повеќе го нема тоа во мене. Потребно е многу труд за да држам чекор со сегашното ниво на игра во светскиот тенис. Сигурно можев да играм уште некое време, но отсекогаш сум бил перфекционист и затоа сакам да застанам сега – вели поранешниот прв тенисер во светот. Фереро има 32 години, во кариерата од турнирите заработи околу 14 милиони долари, а вкупно има освоено 16 титули.

Врв на кариерата по стигна во 2003 година кога беше шампион на Ролан Гарос и фина лист

на Отвореното првенство на САД, а стигна и до првото ме сто на листата на АТП.


40

СПОРТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

ПРВ ПОРАЗ НА АКТУЕЛНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО НОВАТА СЕЗОНА ОД ЛИГА

Лекција по фудбал з

Е

кипата на Шахтјор ги потврди високите амбиции за новата сезона откако во рамките од третото коло од Лигата на шампионите успеа да слави над актуелниот европски првак Челси со 2-1. Резултатот не е најреална слика за случувањата на теренот во Донецк, со оглед на фактот дека украинскиот гигант доминираше во текот на целиот меч, создаде десетина шанси за гол, но само двапати ја затресе мрежата на Петр Чех. - Сите добро знаат дека Челси е моќен тим, но нашиот тренер Луческу одлично нè подготви за дуелот со европскиот шампион. Во прилог ни одеше и што многу рано постигнавме гол, па Англичаните мораа да се отворат, со што ни оставија доволно простор за да ја наметнеме сопствената игра – изјави Хенрик Мхтаријан, ерменскиот интернационалец во дресот на Шахтјор. Челси во самиот финиш успеа да го ублажи поразот преку Оскар, но тоа беше премалку за актуелниот европски шампион да го поправи впечатокот на ста-

Фудбалерите на Челси загубија со 2-1 на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус освои само бод против Нордсјиланд, додека Барса со многу мака го совлада Селтик

дионот во Донецк. - Факт е дека не одигравме во рамките на нашите можности. Моравме да бидеме покомпактни, да создадеме повеќе шанси пред противничкиот гол. Се наоѓаме во незавидна ситуација, па мораме да славиме во Лондон над истиот ривал за да си ги зголемиме шансите за пласман во следната рунда. На домашен терен секогаш играме многу подобро, очекувам тоа да го покажеме и на следниот меч – истакна стратегот на Челси, Роберто ди Матео. Во прилог на лондонскиот клуб оди и резултатот од Копенхаген, каде што данскиот првак

Нордсјеланд остана непоразен во пресметката со Јувентус (1-1). Изгледа неверојатно, но ова беше деветто реми во низа за Јувентус во европските натпревари откако претходно одигра нерешено на сите шест натпревари во групата од Лигата на Европа пред некол-

ку сезони. Италијанскиот првак не искористи неколку стопроцентни шанси, па на крајот се доведе во ситуација преку Вучиниќ да спаси бод на ова гостување. Барселона се мачеше сè до 94. минута да го скрши отпорот на Селтик за на крајот да стигне до минимален триумф од 2-1. Маскерано со автогол им донесе огромна предност на гостите од Шкотска, но атмосферата меѓу навивачите на „Камп ноу“ се подобри со израмнувачкиот пого-

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Е: Нордсјеланд - Јувентус 1-1, Шахтјор Донецк - Челси 2-1. Табела: Шахтјор 7, Челси 4, Јувентус 3, Нордсјеланд 1. ГРУПА Ф: Бате Борисов - Валенсија 0-3, Лил - Баерн Минхен 0-1. Табела: Валенсија 6, БАТЕ Борисов 6, Баерн Минхен 6, Лил 0. ГРУПА Г: Спартак Москва - Бенфика 2-1, Барселона - Селтик 2-1 Табела: Барселона 9, Селтик 4, Спартак М. 3, Бенфика 1. ГРУПА Х: Галатасарај - Клуж 1-1, Манчестер ј. - Брага 3-2. Табела: Манчестер ј. 9, Клуж 4, Брага 3, Галатасарај 1.


СПОРТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

41

АТА НА ШАМПИОНИТЕ

за Челси во Донецк ЧЕХ: РАНИОТ ГОЛ ГО СМЕНИ МЕЧОТ - Знаевме дека Шахтјор е тим што е многу опасен при противнападите и дека треба да внимаваме добро да не оставаме премногу простор зад себе. Сепак, целиот план падна во вода кога противникот прерано постигна погодок и потоа бевме приморани да ја отвориме играта. Целиот тек на натпреварот се промени, а фудбалерите на Шахтјор ја покажаа својата висока класа. Се наоѓаме во незавидна ситуација бидејќи освоивме само четири бода по првите три кола, но во прилог ни оди што и Јувентус загуби планирани бодови во Данска – истакна голманот на Челси.

док за Иниеста. Многумина очекуваа Селтик лесно да капитулира, но Шкотите одолеваа на нападите на Барса сè до четвртата минута од судиското продолжение кога Жорди Алба го постигна победничкиот погодок за каталонскиот гигант. - Тоа е нашата сила, не се предаваме сè до последниот судиски свиреж. Уште еднаш го покажавме победничкиот карактер – задоволен беше Маскерано, кој во случај на неуспех сигурно ќе бе-

ше главен трагичар во својот тим. Манчестер јунајтед се врати од негатива од 0-2 и стигна до триумф од 3-2 во пресметката со Брага. Најзаслужен за резултатскиот пресврт беше Чикарито Хернандез со два погодоци, додека еднаш мрежата на гостите од Португалија ја затресе дефанзивецот Џони Еванс. - Имаме навистина фантастични напаѓачи. Хернандез денеска доби шанса и ги импресионираше сите, вклучувајќи ме и мене во таа група. Сега добро треба да размислам дали да му дадам шанса и на следниот натпревар – истакна сер Алекс Фергусон. Валенсија славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај БАТЕ Борисов, прекинувајќи ја извонредната серија резултати на белорускиот првак во Лигата на шампионите. Во вториот натпревар од истата група, Баерн Минхен стигна до триумф од 0-1 на гостувањето кај Лил. - Задоволни сме од победата, можам да кажам дека Лил има одличен тим и навистина не ми е јасно како оваа екипа може да е без освоен бод по првите три кола во ЛШ. За нас е најважно што освоивме три бода и експресно се рехабилитиравме од поразот во Борисов во минатото коло – изјави Милер.

КЈЕЛИНИ: КАКО НЕ ПОБЕДИВМЕ? - Во текот на 90-те минути од натпреварот, им дозволивме на Данците еден слободен удар и една полушанса по долго додавање. Ние направивме 30 шанси, 15 пати шутнавме кон противничкиот гол и, сепак, освоивме само еден бод. Не можам да разберам како можеше да се случи да не победиме на овој натпревар бидејќи со играта дефинитивно го заслу живме тоа. Можеби тркалото се врти бидејќи во Серија А имавме средби со Џенова и со Сиена кога победувавме и со слаба игра, овојпат се случи токму спротивното – прокоментира дефанзивецот на Јувентус.

ЧАВИ СО ДЕСЕТ ДОДАВАЊА ПОМАЛКУ ОД ЦЕЛИОТ ТИМ НА СЕЛТИК Квалитетите на Чави се добропознати на целокупната фудбалска јавност, но шпанскиот ас ја потврди својата генијалност и на дуелот со Селтик. Имено, извонредниот плејмејкер постави нов рекорд во Лигата на шампионите со неверојатни 183 прецизни додавања, со 97% точност на неговите проигрувања до соиграчите. Само за споредба, целиот тим на Селтик имаше 193 додавања или

само десет повеќе од она што шпанскиот ас го имаше како бројка зад своето име по завршувањето на натпреварот. Статистичарите пресметаа дека тој имал и осум додавања со кои ги исфрлил соиграчите во голшанса, како и една асистенција (при првиот гол на Иниеста), што е најдобар доказ дека Чави бил убедливо најкорисен фудбалер на теренот на оваа средба од ЛШ.

КАГАВА ГО ПОВРЕДИ КОЛЕНОТО

Манчестер јунајтед славеше со 3-2 на дуелот со Брага, но Алекс Фергусон се соочува со проблем откако јапонскиот интернационалец Шинџи Кагава заработи незгодна повреда на коленото и мораше да биде заменет по само дваесетина минути игра на „Олд трафорд“. - Тој незгодно го свитка коленото и мораше да биде заменет, а со нетрпение ги очекуваме резултатите од деталните лекарски прег-

леди. Повредата е незгодна, но се надевам дека не станува збор за кинење на лигаментите, што ќе значи и многу долга пауза – изјави стратегот на Манчестер јунајтед. Сепак, сигурно е дека Јапонецот нема да може да настапи за „црвените ѓаволи“ на саботното дерби против Челси, а во следните денови ќе се знае кога поточно ќе може да се очекува неговото враќање на терените.


42

СПОРТ

Четврток, 25 октомври 2012 година

НА ВЕЧЕРАШНИТЕ ДУЕЛИ ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Лазевски на гости во Милано

Интер е фаворит, но младиот тим на Партизан има квалитети за да изненади во Милано, вели тренерот на „црно-белите“ Владимир Вермезовиќ

Ч

етврток е ден по светен за натпреварите од Лигата на Европа, а во ова натпреварување се зонава настапуваат неколкумина македонски интернационалци со своите клубови. Александар Лазевски со Партизан вечерва ќе го стува на „Џузепе Ме аца“ против ита лијанскиот гигант Интер, а „црно-белите“ се надеваат на добро издание и можност да го изненадат големиот противник. Тренерот Владимир Верме зовиќ се надева дека Партизан мо-

же да оствари позитивен резултат. Интер Милано е голем фаворит, тоа е јасно, но јас верувам во овој млад тим на Партизан и сигурен сум дека имаме квалитети за да изненадиме на вечерашниот дуел. Не сакам фудбалерите да се оптоваруваат со резултатот, туку да одиграат најдобро што можат против силниот противник – изјави Вермезовиќ во пре срет на овој меч. Агим Ибраими со Марибор, исто така, ќе има голем предизвик, да се надигрува со англи-

скиот премиерлигаш Тотенхем. Откако во Словенија падна Панатинаикос, фудбалерите на Марибор се надеваат дека можат да го земат скалпот и на силниот тим од Премиер-лигата. Тотенхем е екипа која заслужува максимален респект, еден од најдобрите тимови во Англија, но тоа не значи дека немаат свои слаби страни. Ќе истрчаме на теренот мотивирани, па подобриот нека победи – истакна Ибраими за словенечките медиуми во пре срет на дуелот. Игор Митревски со Нефчи оди на го сти кај Рубин Казан, Дарко Тасевски како дел од тимот на Хапоел Киријат Шмона ќе ги одмери силите со Спарта во Прага, Даниел Георгиевски со Сте ауа го пречекува Молде, а и Иван Тричковски ќе има пред себе силен ривал во Њукасл на го стувањето на „Сент Џејмс парк“. Не сме во позиција да му се закануваме на Њукасл, тоа е тим од англиската Премиер- лига, но далеку од тоа и дека предвреме ќе се предадеме. Ќе сториме сè за да не загубиме на ова го стување – изјави тренерот на Клуб Бриж, Жорж Ликенс. Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев до сега до-

биваше поштеда на натпреварите на Наполи во Лигата на Европа, но откако одигра слаб меч против Јувентус во Серија А, тренерот Валтер Мацари истакна дека ќе треба да се докажува и во ова европско натпреварување. Пандев не покажа доволно пожртвувана игра на мечот со Јувентус, а на ниту еден играч во Наполи не му е загарантиран првотимскиот статус. Ќе добие шанса да игра и на го стувањето против Дњипро – истакна Мацари. Двојки Лига на Европа: Рубин Казан – Нефчи (18 ч.), Генк – Спортинг Л., Хелсинборг – Хановер, Интер – Партизан, Леванте – Твенте, Лион – Атлетик Б., Марибор – Тотенхем, Панатинаикос – Лацио, Рапид Виена – Баер Леверкузен, Розенборг – Металист, Спарта Прага – Хапоел Киријат Шмона, Видеотон – Базел (19 ч.), АЕЛ Лимасол – Фенербахче, Атлетико М. - Академика, Борусија М. - Ол. Марсеј, Јанг Бојс – Удинезе, Днипро – Наполи, Хапо ел ТА – Плзен, Ливерпул – Анжи, Маритимо – Бордо, Њукасл – Клуб Бриж, ПСВ – АИК Стокхолм, Стеауа – Молде, Штутгарт – ФК Копенхаген (21.05 ч.).


ФЕЉТОН

Четврток, 25 октомври 2012 година

18

РОБИН ШАРМА

ТАЈНИТЕ ПИСМА НА КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ

З

а време на вечерата од полнети пиперки со ориз и борови семки, јагнешко со пире од модри патлиџани и леб со сусамово семе, Ахмет и јас си муабетевме за нашата работа и за нашите животи. Напати, сепак, над софрата се спушташе пријателско молчење. Тишината ќе беше прекината со „Пробај го ова“, од Ахмет, или „Ова беше вкусно“, од мене, но имаше дол-

да ми се јави Џулијан. Но, син ми ме замени.“ Одевме покрај пристаништето каде што чекаа огромни јавни фериботи и големи туристички бродови. Покрај еден од пристанишните ѕидови беше закотвен долг, низок брод со богато украсен клун и со декорирана крма, со обработени сводови и со блескави позлатени горни рабови. „Реплика на империјалните бродови“, му појасни Ахмет. „За туристи.“

ги периоди кога дозволувавме да преовладуваат далечните звуци од улицата. Се чувствував далеку од сè што некогаш сум познавал. Сонцето тукушто почнуваше да заоѓа од небото кога пристигнавме на пристаништето. Воздухот го исполнуваше остриот мирис на солена вода. Заливот беше преполн со бродови, пространи и мали, а во крајбрежјето доминираа големите комерцијални фериботи. Разбрав дека Ахмет не бил само капетан на ферибот. Тој всушност бил сопственик на некоја голема фери-компанија, но ја продал пред повеќе години. Сега бил полупензиониран. Задржал само еден брод – еден вид товарен брод што претходно бил рибарски, и му служел како прв ферибот во почетоците на неговиот бизнис. „Не можев да поднесам да се разделам од него“, ми рече. „Сега одвреме-навреме го користам за приватни патувања по Босфор. Имав резервирано едно за денес, пред

Конечно дојдовме до делот каде што со јажиња беа заврзани помали бродови. Ахмет се искачи на еден скромен бел брод со сини едра. „Еве го“, рече смеејќи се. „Мојата гордост и радост.“ Тоа беше едреник што изгледаше цврсто и прилегаше на влекач. Блиску до клунот се наоѓаше малечка, одозгора отворена куќичка за кормиларот, а зад малата преграда од дрво и стакло беа сместени контролната табла и кормилото. Зад него имаше излижан кожен стол без потпирач. Задниот дел на едреникот го обрабуваа дрвени клупи, а неколку седишта беа поставени околу просторот со кормилото. Бело-сината боја на страните беше малку испукана, ама чиста. Стар, но добро одржан. „Се чини дека се разминавме со Јусуф. Па добро. Можеби при твојата следна посета ќе можам да те запознаам со моето семејство“, рече Ахмет додека го одврзуваше бродот од алката на пристанишниот ѕид.

Не ни требаше многу време за да излеземе од заливот на отворено море. Пловевме бавно, но во ова време на ноќта се чинеше небаре сè функционира со таа спокојна брзина. Огромни фериботи со своите трепкави светла се пенавеа кон азиското копно, а далеку на хоризонтот се забележуваа помали бротчиња. Водата се чинеше неприродно мирна. Во самракот можев да го видам Истанбул распостелен на двете копна – сложена прекривка од џамии, палати и други елегантни градби, прошарани со покриви од црвени ќерамиди, поединечни куќи, палмини дрва, со продавници и кафулиња. Поминавме под Босфорскиот мост и се упативме на север. Би можел детаљно да ги опишам дрвените градби, за кои Ахмет ми кажа дека се викаат јали – летни куќи на богатите – нанижени покрај водата божем пловат, наместо да се прицврстени за копното. Со секоја измината минута, небото стануваше потемносино, додека полната месечина прилегаше на џиновски бисер закачен на црно езеро. Нејзината светлина се отсликуваше врз морската површина, а Ахмет уште повеќе го забави движењето на моторот. Чувствував како едреникот потскокнува наспроти лекиот ритам на морската струја. „Несекојдневно е, зарем не?“, рече Ахмет. Кимнав со главата. „Не изгледа сосема реално“, дополнив. „Но, многу е тешко да се каже што е реално, нели?“, продолжи Ахмет. „Претпоставувам.“ Тоа не беше нешто за што обично размислував. Отидов на крмата на бродот и погледнав во градот што исчезнуваше. „Дали знаеш“, продолжи Ахмет, „дека теснецот не е како реките? Водата не се движи само во една насока.“ Се завртев за да го погледнам и одмавнав со главата.

43

ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ”, Издавачки центар ТРИ

На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари” открива изненадува чки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа. БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ Робин Шарма во моментов е еден од најчитаните автори во светот. Меѓу неговите единаесет светски бестселери се Калуѓерот што го продаде своето ферари, Откријте ја својата судбина со калуѓерот што го продаде своето ферари, Светецот, сурферот и директорот, Кој ќе плаче кога ќе те нема?, Патот до величенственоста и Лидер без титула, книга која предизвика глобално движење преку поединци кои со своето лидерско однесување влијаат на другите. Книгите на Робин Шарма се продадени во милиони примероци во повеќе од шеесет и пет земји, и се преведени на седумдесет и пет јазици. Меѓу неговите обожаватели – со кои сака да комуницира на Фејсбук и на Твитер – се вбројуваат и филмски ѕвезди, книжевни икони, членови на кралски семејства и луѓе од сите можни генерации. Робин е баран говорник, кој патува по светот работејќи со клиенти како што се Најк, Џенерал електрик, Федекс, ИБМ, Кокакола, Универзитетот Јеил и Организацијата на млади претседатели. За да дознаете повеќе за Робин Шарма, посетете ја неговата веб-страница robinsharma.com


44

ИНФОРМАТОР

Полиција 192 Брза помош 194 Противпожарна бригада 193 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ Топлификација 3076-200 Електро – Скопје – дежурен диспечер 3161-454 Служба за наплата 3116-099 Улично осветлување 2622-789 Водовод и канализација – дежурна служба 3073-010 Водовод 3163-240 Оџачарски услуги 2440-293 Пламен 2650-230 Организација на потрошувачите 3212-440 Комунална хигиена 3216-644

ХОРОСКОП

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ Клиничка болница 3147-147 3283-000 Воена болница Градска општа болница 3087-400 Гинекологија и акушерство – Чаир 2611-033 Поликилиника Букурешт 3064-088 Поликлиника Јане Сандански 2469622 Неуролошка клиника 3147-342 Институт за белодрбни заболувања 3035-822 Институт за трансфузиона медицина 3226-923 Ремедика 2603-100

Четврток, 25 октомври 2012 година

Систина 3099-500 Свети Лазар – гинеколошка болница 5112-016 Неуромедика 2042-323 Авицена – лабараторија 3179-001 Адриалаб 3296-925 Фармахем – биохемиска лабараторија 2031-905 Мак Медикус 3224-445 Неуропсихијатриски центар Др. Павлов 3236-667 Рендген дијагностика 3110-003 Центар за стерилитет 3213-697 Центар за сколиозии 3212-353 Национална СОС линија 15700 СОС телефон за помош од дрога 0800 11 444 СОС телефон за деца и младинци 0800 12222 СОС превенција од трговија со луѓе 2777070 Прва детска амбасада 0800 12222 СОС превенција од ХИВ 0800 33 444 СОС Национална линија 070/141700 Сакам да знам – центар за сексуално здравје 3176950 Шелтер центар 070/520639 Кризен центар – Надеж – жртви од насилство 3173-424 Институт отворено општество 3136-400 Ветеринарна амбуланта Пет- Вет 3178-656

21.03 19.04

Овен - Премногу се вложувате во работи што се безначајни, партнерот ви замерува за тоа. Совет: внимавајте на здравствената состојба, можни се кардиоваскуларни проблеми.

20.04 20.05

Бик - Премногу бурно и емотивно реагирате за сè што се случува околу вас. Пробајте со смирен тон на луѓето да им кажете што ви пречи. Совет: прошетка во природа ќе ве отпушти.

21.05 20.06

Близнаци - Се соочувате со предизвици кои воопшто не се лесни, но вие знаете на мајсторски начин да излезете од секоја незгода. Совет: потребни ви се мир и тишина за да размислите што сакате понатаму.

21.06 22.07

Рак - Еден пријател има големо влијание врз одлуките што ги носите во секојдневниот живот, но на партнерот му пречи тоа. Совет: ако сакате да биде сè добро, внимавајте како се однесувате.

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

ПТТ СООБРАЌАЈ Будење 180 Информации 188 Меѓународна ценетрала 182 Меѓуградска централа 901 Повик на сметка 1833 Точно време 185 Телеграми 186 Пријава на ПТТ дефекти177 Федекс – брза пошта 3111-116 ЕМС услуги - Од врата до врата 15000

Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

СООБРАЌАЈ Меѓуградска автобуска станица 2466-011 Железничка станица 3164-255 Аеродром Александар Велики - Скопје 3148-333 Аеродром Свети Павле - Охрид 046 252842 Чех Ерлајнс 3290-572 Инех 3216-120 Делфина травел 3111-214 Кроација ерлајнс 3115-858 ЈАТ 3229-078 Регионален центар за управување со кризи 195 АМСМ – Помош на патишта 196 АМСМ – Инфо центар 15555 Воена полиција 3282-361 Матична служба 3117-766 Сала за венчавање 3118-250 Храм Свети Климент 3237-218 Храм Свети Димитрија 3162-919 Храм Света Петка 3238-066 Храм Пресвета Богородица 3227-165

23.07 22.08

Лав - Мно гу тешко го прифа ќате поразот, но од се ко ја би тка не можете да излегувате како победник. Совет: доло го оче ку ва ни от од мор ќе ги исполни вашите очекувања.

23.08 21.09

Девица - Во потполност ги исполнивте очекувањата на претпоставените, па затоа нема потреба веќе да стравувате за своето работно место. Совет: пијте повеќе течности.

22.09 23.10

Вага - Конечно, разумот ги победи емоциите. Одлуките што ги носите се темелат на цврсти докази. Совет: партнерот сака да му посветите поголемо внимание.

24.10 21.11

Скорпија - Времето за одмор заврши, сега е вистинско време да почнете да размислувате дали вреди да го смените работното место. Совет: имате вишок енергија, искористете ја правилно.

Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители. Други тројца христијани, кои присуствуваа на убиството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Кризант и Св. Дарија

Тие се маченици од третиот век. Непријателите на христијанската вера на многу начини сакале и се обидувале да го одречат од верата. Кризант го затвориле во соба и пуштиле пет голи жени со цел да го наведат на неморал и грев, но не успеале во тоа. Тогаш во собата ја донеле најубавата жена, Дарија, која требало да го наведе на грев, но наместо тоа , тој на неа делувал, таа да стане христијанка. Таа се покрстила и ја ширела христијанската вера. Двајцата биле на различни начини мачени и умреле во маки. Верниците им се молат за да останат доследни на верата како и за помош против неморалните искушенија.

22.11 21.12

Стрелец - Семејните проблеми нема да се решат сами, ако сакате да ги задржите редот и хармонијата, сериозно сфатете си го проблемот. Совет: здравствените проблеми не се за потценување.

22.12 19.01

Јарец - Иако околу вас има многу луѓе, вие се чувствувате осамено. Бидете поотворени за соработка, вашето искуство и добро расположение им годи на колегите. Совет: искористете го денот за дружење.

20.01 18.02

Водолија - Вие ја сакате слободата, но партнерот почнува да ве задушува со постојаните прашања. Кажете му што ви пречи. Совет: внимавајте колку трошите.

19.02 20.03

Риби - Престанете да живеете во минатото, подобро ќе биде за вас да се свртите кон иднината. Совет: партнерот ви подготвува пријатно изненадување.


Четврток, 25 октомври 2012 година

WWW.ELANCER.MK

45


46

ИНФОРМАТОР

Четврток, 25 октомври 2012 година

МНТ „Декамерон“ Почеток: 20 часот

КИНО „РАМСТОР“ „Мачорот в чизми“ Жанр: авантура, анимиран, комедија Режија: Крис Милер Почеток: 13 и 16 часот

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Ледена доба 4“ Жанр: анимација, авантура, комедија Режија: Стив Мартино, Марк Турмејер Почеток: 11 часот

ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Меѓународна колекција Отворен од вторник до недела од 10 до 18 часот

„Збогум, моја кралице“ Режија: Бенот Џекот Почеток: 15.30, 18 и 20 часот

„Мадагаскар“

„Поинт Бланк“ Жанр: криминалистички, трилер Режија: Фред Каваје Почеток: 22 часот

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Хрватска традиционална музика и идентитети“ привремена изложба

Сала 2 „Кунг-фу панда“ Жанр: анимиран Режија: Крис Милер Почеток: 10.30 и 12.30 часот „Огледалце огледалце“ Жанр: авантура, комедија Режија: Тарсем Синг Почеток: 15 и 17.30 часот

Жанр: анимиран, комедија Режија: Ерик Дарнел, Том Мекграт, Конрад Вернон Почеток: 13 и 15 часот „Притаено зло“ Жанр: акција, хорор Режија: Паул В.С. Андерсон Почеток: 17 часот „Трето полувреме“ Жанр: драма Режија: Дарко Митревски Почеток: 20 и 22.30 часот

„Што да очекувате кога очекувате“ Жанр: комедија, романса Режија: Кирк Џонс Почеток: 20 и 22 часот

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Скопска тврдина – Археолошки ископувања на Кале - изложба

ДРАМСКИ ТЕАТАР „Генетика на кучињата“ Автор: Венко Андоновски Режија: Дејан Пројковски Почеток: 20 часот

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

23

l

22

Крива Паланка

25 l Кочани

21

24

22

l Кичево

l Дебар

19

l Штип

Велес l

l Берово

21

l Радовиш

l Неготино

23

22

l Струмица

l Кавадарци

19 l Струга

21

18 l Охрид

l Прилеп

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г целер 90 г ореви 150 мл мајонез 1 лимон 500 г јаболка ПРИГОТВУВАЊЕ: Јаболката се лупат и се сечкаат на мали коцки. Целерот се мие и се сечка, како и оревите. Сè се меша со мајонезот и на крај се додава сок од лимон.

23 l Гевгелија

Времето денеска ќе биде стабилно и топло. Во Скопје минималната температура ќе биде 5 Целзиусови степени, а максималната 21 степен. Влажноста на воздухот ќе биде 59 проценти, а видливоста до 10 километри.

Битола

19 l Ресен

l

20 1 26 ПЕТОК

21

Барселона

19

Букурешт

16

Будимпешта

17

Загреб

22

Софија

23

Атина

20

Приштина

16

Сараево

18

Белград

21

l Делчево

23

22

Салата валдорф

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен правец, кој ќе се движи со брзина од четири километри на час.

23

l

Скопје l

20

17

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Одбрани дела 2007-2012 од Игор Јосифов Изложба на Борка Аврамова „Говорот на модерната форма“

Рецепт на денот

4 23 САБОТА

6 20 НЕДЕЛА


ЗРНЦА НА МУДРОСТА Ако секој го прави она што го знае, народот нема да пропадне!

"DEN#

47

РАЗОНОДА

Четврток, 25 октомври 2012 година

É

PEJA^KATA OD GRUPATA "NIRVANA#

R

RAP PEJA^ NA[ KO[ARKAR

FILMSKI "YVEZDI# QUBOVNIK, SLADOSTRASNIK

Ê

É

S

S

LITERATUREN ROD ARTISTOT NOLTI

HUMORISTOT KARADAK

JOHANES EVALD

KANCELARIJA, URED NA KAPETAN RABOTNIK VO OPERATIVA

KISLOROD JASNOVIDEC

GOVORNI[TVO

NIKOLA PETKOVSKI SENKA, LADOVINA

VID UKRASNO RASTENIE SOPERNIK DEZINFEKTIVNO SREDSTVO

NORVE[KA @ITELKI NA LION

Ä Вук Караџиќ Кревка е љубовта што се крши од првиот удар! Руска поговорка Не гледајте во минатото со лутина или во иднината со страв, туку со внимание кон средината! Џејмс Турбер Љубовта, верата, верноста и правдата отишле на спиење, кога ќе се разбудат, сè на светот ќе биде подобро! Холандска поговорка Да сакаш и да бидеш сакан, значи да го чувствуваш сонцето од двете страни. Денев Не е тешко да се вљубиш, туку да кажеш дека сакаш!

RISTO SAMARXIEV VOAL, FEREXE

L

LORENS KLEMENT ATLI

Æ

NAJGOLEM MORSKI CICA^ (MN.)

PU^ (MN.) GODI[NA PRIREDBA FORTIFIKACISKI OBJEKT, [ANEC VODA^

Z

KOJ IMA ZAVRATENI RAKAVI EDEN RIMSKI RID ^ITAJTE "DEN#

RA^KA OD VIOLINA IRANSKA NOVINSKA AGENCIJA NEUTRON KAMERUNSKI FUDBALER SAMUEL

PARI^NA POMO[ (MN.) [PANSKO @ENSKO IME

KISELA ZELKA 16 - ti VEK VO UMETNOSTA

Ä

EKS KUBANSKI BOKSER TEOFILO

HEMISKI ELEMENT DESNA PRITOKA NA UNA

SPORTSKA MAICA ^ARLS BRONSON

^

BUNTOVNIK (MN.)

9 4 3 1 5 8 7

KAFENA BOJA

8

6

4 2

4 8

3 5

9 8

5

3

6

3

2 1 6

5 8

2 7

3 9 4 9

1 3

1 6 3 4 5 7

4 5

4 1

7 4 1

1 6 2

6 9

2 8

6 1

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: KAPETANIJA, OPERATIVEC, RETORIKA, O, TRATOR, NP, N, RIVAL, RS, LIONKI, AZOT, LKA, UDARI, ZASUKAN, ROV, VIMINAL, KE, DOTACII, N, RASOL, DRES, ^INKVE^ENTO, ASII, BRAON; SUDOKU: 1) 195 724 683, 743 658 921, 628 931 574; 314 295 768, 987 463 152, 256 187 439; 562 849 317, 879 316 245, 431 572 896; 2) 582 794 316, 763 821 549, 491 635 782; 278 169 453, 634 258 197, 915 347 628; 857 916 234, 126 483 975, 349 572 861

Алфред Мусет

POETOT [OPOV


ВИЦОТЕКА

Се сретнуваат Мујо и Хасо и Хасо вели: - Мујо слушнав дека си се оженил, како дојде до таква идеја? - Па, не ми се допаѓаше храната во мензите и затоа решив да се оженам? - И, сега? - Па, сега ми се допаѓа! *** Дошол Мујо кај баба му на гости, откако седнале да јадат, à рекол: - Бабо, зошто твојот пес по-

стојано ме гледа и мислам дека ќе ме нападне? - А, не грижи се, тој е лут бидејќи јадеш од неговиот чинија! *** Во ресторан седат Перица и татко му, откако завршиле со јадење, таткото му вели на келнерот: - Ве молам, храната што остана, спакувајте ми ја за песот! А, Перица вели: - Тато, тато, ќе ми купиш пес?

ТИКЕТ СЕК Ј Рапид В. Баер Л. Хелсингборг Хановер

Јанг Бојс Удинезе

GG GG

Дњипро Наполи

Коефициент 6,3

GG GG


Den 25 Oktomvri