Issuu on Google+

ЖИВОТ И ЗДРАВЈЕ

www.den.mk

vo ovoj broj

31 o

Среда, 18 јули 2012, година 1, број 104

цена

15 денари

ПОСКАПУВАЊЕТО НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ ГИ ШОКИРА ГРАЃАНИТЕ

8-9

Цената на бензинот нè врати во комунизмот

5

Пожар пеплоса цело село во Свети Николе

12-13

Зелен хаос на Партизанска


2

ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

СТАПИ ВО СИЛА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛУСТРАЦИЈА

КОМЕНТАР

Наташа СТОЈАНОВСКА

Богданци виновен за бензинот!

„Изгледа слабо поминал митингот на СДСМ во Богданци, а?! Гледам бензинот ќе поскапува за 5 денари“, ваков коментар напиша некој на социјалните мрежи по објавувањето на веста за зголемувањето на цената на горивата. И веднаш се отвори дебата дали намерно поскапува бензинот бидејќи имало многу луѓе на митингот, па морало да поскапат горивата за да не одат луѓето на митинзите на опозицијата или, пак, имало толку малку луѓе што значи дека нема критична маса која ќе реагира на зголемените цени за 7 отсто? Сепак, Регулаторната комисија за енергетика, која ги креира цените на дериватите, е независно тело и не е подложна на притисоци за дневно-политички потреби. Ваквите муабети се за социјалните мрежи и за лаиците, како нас! Тие си имаат формула по која пресметуваат. А, според таа формула, за огромниот скок на цените биле виновни: цената на нафтата на светските берзи, која изнесувала 99,6 долари за барел, како и курсот на денарот во однос на доларот. Па, затоа бензинот сега чини 82 денари за еден литар. Ама, нешто математиката пак не ни се совпаѓа на нас лаиците оти се сеќаваме и на времето кога пред четири години, цената на нафтата на светските берзи достигна рекордни 146 долари за барел. Тогаш бензинот во земјава се продаваше за 78,5 денари. Попусто поевтинуваа горивата изминатите два и пол месеца. Џабе на шесте седници регулаторите ги спуштаа цените кога на само една седница ги зголемија, и тоа речиси за половина од она што беше намалување од април, па досега. ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач и управител - Живко Серафимовски, Главен и одговорен уредник - Коле ЧАШУЛЕ, Заменик на главен уредник - Горан ПЕТРЕСКИ, Помошник на главен уредник - Диана МЛАДЕНОВСКА Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски, Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев Редакција: redakcija@den.mk, 02/3162 666 marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Кодошите на увид на јавноста

И

мињата на соработниците на тајните служби ќе можат јавно да бидат објавувани откако од вчера стапи во сила новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, попознат како закон за лустрација. Со Законот ќе биде опфатен периодот до 2006 година кога почна примената на Законот за слободен пристап до информации. Новина што ја предвидува Законот е лицата што стекнале капитал во претпријатија со општествена сопственост да подлежат на лустрација, во согласност со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. Со новиот закон Комисијата за верификација на фактите состави и нов деловник за работа, според кој членовите на Комисијата ќе може да расправаат најмногу три минути за досие на функционер, а одлуките на Комисијата ќе има право да ги соопштува само нејзиниот претседател. На тоа остро се

спротивставија членовите на Комисијата предложени од опозицијата. Во согласност со новиот закон, обврска за подне сување изјава до Комисијата ќе имаат сите поранешни и актуелни но сители на јавни функции, претседателот на државата, премиерот, министри, пратеници, судии, јавни обвинители, народниот правобранител, адвокати, нотари, медијатори, директори на јавни претпријатија, членови на МАНУ, во ени лица, вработени во високообразовните институции. Новинарите, верските лица, невладините организации и членовите на политичките партии со новите одредби немаат обврска да поднесат изјави до Комисијата за верификација на фактите. Ова е втора промена на законот за лустрација откако Уставниот суд кон крајот на март укина 12 контроверзни одредби од претходниот закон, кој беше усвоен во 2008 година.

Собраниска кавга за главен архитект Пратениците од власта и од опозицијата вчера во Собранието повторно навлегоа во кавга за предлогот на пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, за воведување функција главен градски архитект во локалната самоуправа. - Целта на измените е архитектите да го добијат заслуженото ме сто во проце сот на хармоничен урбанистички развој. На тој начин ќе се почитува волјата на еснафот, ќе се доне суваат подобри урбанистички решенија, ќе се штити животната средина и ќе се негуваат енергетски ефикасни, т.е. зелени и паметни градови – изјави Поповска. За пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули, главен градски архитект е Владата. - Иницијативата да се воспостави ред е добра, но е лошо што доаѓа по седум години за-

што Скопје пред наши очи го губи ликот и идентитетот. Градски архитект не може да помогне во „барокизацијата на Скопје“ зашто главниот град е „урбанистички силуван, а стручната јавност маргинализирана кога се побуни против проектот Скопје 2014“ - изјави Макрадули. Ивон Величковски од Либералната партија ја праша Поповска дали, како дел од владејачката коалиција, со поднесениот предлог признава дека Скопје е во урбанистички хаос и упропастено со кичести митологии. - Дали е добро избрано времето откако сè е завршено - праша Величковски. Поповска одговори дека измените не се поднесени поради локалните избори и дека предлогот го подготвувала една и пол година во соработка со стручната фела од професионалните архитектонски здруженија.

МАКЕДОНИЈА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ СИРИЈА Македонија, заедно со Србија, Црна Гора, Албанија, Исланд и со Молдавија, кои се наоѓаат во различна фаза од процесот за прием во Европската Унија, ја прифатија одлуката на Европската комисија, од 25 јуни, да се прошири списокот на физички и на правни лица од Сирија што се на црната листа, јави агенцијата „Танјуг“. Оваа одлука ја прифатија и Лихтенштајн и Норвешка иако не се членки на ЕУ, но се дел од Европската економска зона. Европската комисија, пренесува „Танјуг“, го поздравила овој чекор како доказ за посветеноста на европските вредности.


ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

3

ПОЧНАА ЛИ ДА ЗРЕАТ МАКЕДОНСКИТЕ И АЛБАНСКИТЕ ГЛАСАЧИ?

СДСМ и ДПА го рушат предизборното табу

Објавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека ќе соработува со македонската опозиција на претстојните локални избори, значи дека во Македонија полека се надминуваат стереотипите и апсурдите од минатото, децидни се аналитичарите

Ана АНАСТАСОВСКА

О

бјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека ќе соработува со македонската опозиција на прет стојните локални избори, значи дека во Македонија полека се надминуваат стереотипите и апсурдите од минатото, децидни се аналитичарите. Кај нас, првпат на овие избори ќе се случи предизборно, технички, без заеднички листи, да коалицираат македонски и албанска партија, нешто што до сега се случува ло само на терен, оперативно, но не и реално. Имено, добро познато е дека и до сега на локални и на претседателски избори се случувало Македонците да даваат поддршка на албански кандидат во вториот круг и обратно, Албанци да гласаат за македонски кандидат, особено за претседател на државата. Договорот за соработка меѓу ДПА и СДСМ, како најголема опозициска партија од македонскиот блок, се очекува да биде потпишан дене ска. - Според договорот, таму каде што не може да победи кандидат Македонец, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА и обратно, таму каде што не може да победи

кандидат Албанец, ДПА ќе го поддржи кандидатот на СДСМ - изјави завчера, по со станокот на централното претседателство на ДПА, Луан Тре си, претседател на тетовскиот разгранок на партијата. Ана литичарите се надеваат дека ваквата офи ци јал на со ра ботка ме ѓу ма кедон ската и албанската опозиција нема да има вли ја ние врз до се гаш ната со ра ботка на локално ниво и се надеваат дека гласачкото тело во Македонија веќе е созре ано до тој степен да гласа за кандидат од друг етникум. - Кај нас до сега нема ло избори на кои немало локална поддршка и соработка. Не верувам дека формалната објава на соработката меѓу ДПА и СДСМ ќе промени нешто. Партиите ги контролираат своите гласачи и симпатизери и тие работат под директива. Очекувам на овие избори и тврдите гласачи на СДСМ да гласаат за „војводата“ Тачи. Зошто да не кога тврдите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за „терористот“ Ахмети - по сочува ана литичарот Петар Арсовски. На соработка меѓу македонската и албанската опозиција пред извесно време упатуваа и поранешниот премиер, Владо Бучковски, како и други високи функцио-

нери на СДСМ. - За да победи опозицијата во Македонија, потребно е, на пример, на локалните избори да се и��лезе со заеднички листи на албанските и на македонските партии. Во градовите каде што доминира албанско население, на пример, излегувањето на македонските партии со свои кандидати е за лудно фрлање гласови и обратно. Ако опозицијата во Македонија навистина сака да се обедини против ВМРО-ДПМНЕ и против ДУИ, потребно е буквално целата опозиција да се обедини, и албанска и македонска, и да излезе со заеднички листи смета Бучковски. Соработката меѓу ДПА и СДСМ ја поздравува и профе сорот Јове Кекеновски, по сочувајќи дека во Македонија, конечно, почнале да се надминуваат стереотипите и апсурдите од минатото. Сепак, според него, дискутабилно е дали Албанците ќе гласаат за македонски кандидат и, обратно, дали Македонците ќе гласаат за албански кандидат. - Ако граѓаните на Македонија ја прифатат ваквата соработка, тогаш тоа ќе биде добро за целата држава - советува Кекеновски. Соработка на следните локални избори најавуваат и од владејачката коа лиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но, дали таа ќе биде официјална како во опозицискиот блок, од двете партии не сакаат да зборуваат попрецизно.


4

ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

ПАТОТ ДО ДОБИВАЊЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВОДИ ПРЕКУ ГРЦИЈА

Пофалбите не носат датум за преговори М

Игор ЧАВЕСКИ

акедонскиот државен врв се надева дека Советот на Европа во декември ќе одреди датум за преговори и без решение на спорот со Грција. Владини извори неодамна потврдија дека зачестените средби со претставниците на Европската Унија, како и со неколкуте министри за надворешни работи од земји-членки чијшто глас „тежи“, и позитивните реакции што доаѓаат им даваат надеж дека преговори се можни и доколку до крајот на годината ситуацијата со името остане статус кво. Најголем адут на власта дека по седум години кандидатски статус ќе се помрднеме во процесот на евроинтеграција се пофалбите што дојдоа најнапред од комесарот за проширување Штефан Филе, а завчера и од одговорниот во Директоратот за проширување, Стефано Санини, дека Македонија во целост ги исполнува обврските од дијалогот на високо ниво. Санини нагласи дека дијалогот е мост кој треба да ја однесе земјата до преговорите со Унијата. Тој дури имаше пофални зборови и за областите каде досега ги трпевме најголемите критики, а тоа се судството, слободата на медиумите и изборното законодавство. Експерите не го делат оптимизмот на власта дека без решен спор со Грција, Европската Унија би можела да донесе одлука

Македонија да ги почне преговорите за членство. Според нив, тоа е малку веројатно ако се има предвид досегашниот цврст став на Советот дека патот до преговори води единствено преку компромис со Атина. Лидија Димова од Центарот за европско образование смета дека доколку Советот на Европа сака, може да ја убеди Грција да дозволи Македонија да ги почне преговорите, но прашање е зошто би го на направила тоа за земја која не покажува волја дека сака да го реши спорот. Според неа, изјавите на министрите Лајчак и Шпинделегер, како и последната на Санини, даваат само лажна надеж, но се без реална основа. - Тие зборуваат од свое име, а

ГРУЕВСКИ: ДИЈАЛОГОТ СО ЕУ НАПРЕДУВА

Постои прогрес во претпристапниот дијалог со ЕУ, кој се одвива во една добра насока и се надевам дека во септември, кога ќе имаме состанок со комесарот Штефан Филе, ќе се регистрира добар напредок бидејќи во меѓувреме доста работевме, нагласи вчера

премиерот Никола Груевски. - Одевме дел по дел, секоја мерка, секој чекор го разгледавме детално, го коментиравме. Ги кажавме напредоците што досега сме ги направиле и, се разбира, она што останува да се направи во иднина - рече Груевски.

не од името на Европската Унија. Впрочем, ние немаме проблем со Комисијата, која си го кажа својот став, туку со Советот. Лајчак, на пример, ништо не стори за Босна и Херцеговина кога беше претставник на ЕУ, па малку е веројатно дека ќе à помогне на Македонија од позиција на министер за надворешни работи на својата земја - нагласува Димова. Политичкиот аналитичар Алберт Муслију смета дека со разумно однесување од македонскиот политички врв може да се убеди, но не и да се принуди Грција да не нè блокира. - Македонија треба да се воздржи од постапки кои Атина ќе ги смета за провокација. Само на тој начин ќе ја убедиме Грција да дозволи да почнеме преговори со нагласок дека доколку сакаат тие, можат да стават блокада на секое ниво од преговорите - нагласува Муслију. Министрите за надворешни работи на Словачка и на Австрија, Мирослав Лајчак и Михаел Шпинделегер, на средбата со нивниот македонски колега Никола Поповски минатата недела нагласија дека преговорите за

името и преговорите за членство во ЕУ треба да се одвојат, а името да биде услов за завршување на пристапниот процес, а не за негов почеток. Тие се надеваат дека ќе успеат да ја разубедат Грција да ја промени одлуката за блокада, со што на македонките власти ќе им остават помал простор за маневар и на некој начин ќе ги принудат на одредени отстапки во однос на прашањето за името. Првиот услов да се оствари сценариото што го заговараат двајцата министри е во извештајот за напредокот на земјата, што Европската комисија ќе го објави на средината на октомври, повторно да има препорака за почеток на преговорите за членство. Судејќи според позитивните сигнали што ги упатија европските челници во последниов период, не постои сомнеж дека ќе има препорака. Сепак, работите ќе бидат многу појасни по посетата на комесарот Филе на Скопје на 17 септември кога ќе го даде своето крајно мислење за дијалогот на високо ниво, по што ќе може да се насети каква ќе биде содржината на извештајот за напредокот на земјата.


ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

5

Пожар пеплоса цело село

О

гнената стихија, која два дена дивее во Светиниколско, голтна едно цело село и уништи повеќе од 300 хектари полиња засе ани со жито. Пожарот кој избувна завчера во попладневните часови, во селото Патетино кај Свети Николе, сè уште е активен, силниот ветер ја проширил огнената стихија во два правци кон со седното село Мечкуевци, во правец на Пробиштип и кон Оранчинци, во правец на Свети Николе. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарот предизвикал голема материјална штета, но повредени нема. - Пожарот во селото Патетино кон Ранчинци, Свети Николе, е сè уште активен, горат околу 30 хектари ниско стебле ста и дабова шума. Дежурните од Противпожарната единица – Штип се повикани, а ангажирани се и ЈП „Македонски шуми“, како и месното население – велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на вчерашниот ден и војници од штипската касарна биле активирани да учествуваат во

гасење на пожарот во тој крај. Повеќе од 150 хектари борова шума со пре сеци од смрека изгореле во пожар во делчевскиот крај, кој вчера беше ставен под контрола, но само од селото Разловци кон Делчево. Според Дирекцијата за заштита и спасување, поради непристапно ста на теренот и ветерот од северен правец, на територијата на Берово и на Пехчево пожарот бил со зголемен и забрзан интензитет. Авионите дејствуваат од вчераутро, а на терен, според Дирекцијата, биле ангажирани ЈП „Македонски шуми“, Територијалната противпожарна единица и околу 100 граѓани. До сега, според информациите на надлежните, изгорени се 200 хектари борова шума и смрека. Вчера беа локализирани пожарите во атарот на тетовското село Желино, неготинското село Тремник, како и големиот пожар во близина на Стар Дојран, информираат од Центарот за управување со кризи. Вчераутро бил локализиран и пожар во атарот на гевгелиското село

Смоквица, кај новата бензинска станица на автопатот, кој избувнал околу полноќ. Противпожарните служби интервенирале два часа, а сообраќајот на тој патен правец бил во прекин. Противпожарните бригади го локализирале и пожарот кај Пекинце, каде се запалила сува трева. И покрај локализирањето на огнените стихии, поради ветровито време, по стои опасност од повторно разгорување, па затоа надлежните по ставиле дежурни екипи. Голем пожар завчера избувна и во Скопје, во близина на пругите кај средното училиште „Димитар Влахов“, меѓу населбите Аеродром и Кисела Вода. Според Противпожарната служба, огнот зафатил само поголема тревна површина, но во опасност биле и околните куќи. Пет противпожарни возила успе а ле да го стават под контрола огнот пред да предизвика поголема штета. Според до сегашните информации, загинати и повредени нема, но во пожарите е причинета голема материјална штета. К.Г.


6

ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

Ќе се доделат три концесии во здравството

Три конце сии од областа на хирургијата, офталмологијата и неврологијата на секундарно ниво ќе бидат доделени во три региони во земјава. - Ќе се доделат конце сии за вршење здравствени услуги од областа на хирургијата на секундарно ниво во вардарскиот регион, за вршење здравствени услуги од областа на неврологијата на секундарно ниво во пелагонискиот регион и за вршење здравствени услуги од областа на офталмолошката хирургија на ниво на Република Македонија - изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Во вардарскиот регион, кој ги опфаќа Велес, Градско, Чашка, Кавадарци, Ро соман, Неготино и Демир Капија и има 133.106 жители, во моментов има осум тима за хирургија на секундарно ниво со договор со Фондот за здравствено осигурување, од кои еден приватен во Неготино, а другите се во јавното здравство. Пелагонискиот регион, во кој спаѓаат Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Ре сен, има 92.432 жители, а располага со пет тима за неврологија со договор

со Фондот, сите во јавното здравство. На ниво на Република Македонија има 13 установи што имаат договор со Фондот за офталмолошка хирургија, од кои две во приватно здравство, а останатите во јавно здравство. На терцијарно ниво е само Клиниката за офталмологија, а сите други се на секундарно ниво. Надлежните се одлучиле на ваков чекор по направените анализи, кои покажале дека по стојните здравствени установи од овие области не ги задоволуваат потребите на населението во овие региони. По стапката за доделување конце сија ќе поч не во август, а доде лу ва ње то на конце сијата ќе се спроведе во рок од 120 дена од денот на објавувањето. Конце сијата ќе се додели на најповолниот понуду вач, кој ќе ги ис пол ни ус ло ви те и ќе понуди финансиски најповолна понуда, односно највисок ме сечен износ за надомест за конце сијата или економски најпо вол на по нуда, ве лат во Вла дата. Конце сијата ќе се додели за период од 10 годи ни, а спе ци ја ли сти те тре ба да почнат да работат од почетокот на идната година. М.А.Т.

Во детските градинки вклучени 1.700 деца Роми Во 18 македонски општини продолжува реализацијата на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните предучилишни установи“, а чија целна група се деца Роми на возраст од 3,8 до 5,7 години. Главна цел на проектот, што се реализира со средства на Министерството за труд и социјална политика, Ромскиот едукативен фонд и единиците на локалната самоуправа, е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми во јавните детски градинки. - Во изминатите пет години повеќе од 1.700 деца Роми се вклучени во детските градинки. Од нив преку 84 проценти го продолжуваат основното образование што за нас претставува основен мотив да продолжиме и понатаму со имплементација на овој проект и во учебната 2012/13 година - рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Според него, Владата ќе продолжи континуирано да ги спроведува политиките во насока на подобра едукација и подобро вклучување на децата Роми како една од најчувствителните категорија деца во земјава. - Продолжуваат поддршките за нивното

основно образование, стипендиите за средно образование, како и проектот условени парични трансфери во кој приматели на поддршка се социјални семејства чии деца редовно посетуваат средно образование. На наше огромно задоволство, 13-14 проценти од корисниците на условените парични трансфери се деца од ромските семејства рече Ристовски. За министерот без ресор Неждет Мустафа ромските проблеми се децениски и крупни и не се леснорешливи. Ромите, како што рече, живеат во тешки супстандардни услови, па упати апел јавните претпријатија континуирано да ги снабдуваат ромските населби со вода за пиење во услови на зголемени надворешни температури, особено во Шуто Оризари. Во Република Македонија згрижувањето и воспитанието на децата од предучилишна возраст се остварува во 54 јавни установи за деца - детски градинки распоредени во 43 општини во 176 објекти. Покрај тоа, во десет села, односно населени места и во две општини функционираат групи за згрижување деца во други просторни услови.

ФРАПАНТНИ ПОДАТОЦИ ОБЈАВИ

Жените знаат за Иако признаваат дека лекувањето чини 30 проценти повеќе од превенцијата, од Фондот велат дека не планираат да ги стават контрацептивните таблети на позитивната листа на лекови

С

Менче АТАНАСОВА-ТОЧИ

амо де сет проценти од жените во Македонија знаат што е модерна контрацепција, со што државата се најде на дното од сите земјите во светот. Повеќе од македонските жени во контрацепцијата се упатени и жените во Таџикистан, каде што 40 проценти од жените се информирани и употребуваат средства за заштита од не сакана бременост. Во Албанија дури 70 проценти од жените знаат за таблетите против бременост. Овие фрапантни податоци се официјално објавени од Интернационалната федерација за планирање на семејството. Македонската делегација што учествувала на форумот, а во која имало претставници и од Фондот за здравствено осигурување, била шокирана од презентираните податоци. - Тоа значи дека од 13 жени само 1,3 знае што е контрацепција. Шокантно, но очигледно е вистинито. Навистина бевме изненадени кога ги слушнавме тие податоци - изјави Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравствено осигурување. Од невладината организација „ХЕРА“ реагираат дека државата нема слух за таквите работи, а потоа се чуди кога ќе се соочи со последиците. - Ниту еден вид таблети против бременост не се наоѓа на позитивната листа. Министерот за здравство, Никола Тодоров, рече дека тоа не е приоритет на оваа влада. Но, оваа држава мора да најде модалитет како да ја даде контрацепцијата - велат во невладината организација „ХЕРА“. Иако признаваат дека лекувањето чини


ВЕСТИ

Среда, 18 јули 2012 година

7

ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

во Македонија малку антибебе-пилулите

30 проценти повеќе од превенцијата, а несаканата бременост може да ја чини многу повеќе државата, од Фондот велат дека не планираат контрацептивните таблети да ги стават на позитивната листа на лекови. - Одредени таблети за контрацепција се наоѓаат на позитивната листа, но се препишуваат само доколку има медицинска индикација за лекување на некоја болест, никако како контрацепција. Така е и во повеќето земји. Но, треба да се знае дека Фондот за здравствено осигурување ги лекува последиците, а Министерството за здравство е тоа кое треба да ја воведе превенција - одговори Аџигогов. Освен што се неедуцирани и незнаат како да се заштитат од не сакана бременост, многу жени немаат пристап до гинеколог. Бремено ста кај нив воопшто не се следи, ниту се контролира. - Загрижува податокот што многу од жените што доаѓаат да се породат кај нас првпат се среќаваат со гинеколог - велат од Специјална болница за гинекологија во Чаир. Во населбата Шуто Оризари веќе пет го-

дини нема гинеколог. Таму има турканици кога еднаш неделно доаѓа лекар, па ги користат услугите во Центарот за репродуктивно здравје бидејќи нема друг начин како да дојдат до гинеколог. Но, Шутка не е единствена населба што нема гинеколог, признаваат надлежните. Во некои села во државата жените сè уште сами се породуваат како пред два века бидејќи додека да стигнат до најблиското населено место, работата веќе е завршена. Проблем е што и во повеќето градови нема родилишта бидејќи државата проценила дека нивното постоење не е економски исплатливо. Затоа трудниците од Неготино мора да патуваат до Кавадарци, тие од Берово да одат на породување во Штип, при што многу од нив ризикуваат да се породат по пат. Во помалите места, пак, воопшто и нема гинеколог. Официјалните податоци од Фондот за здравствено осигурување говорат дека ниту половина од жените во државата немаат матичен гинеколог. Оттаму објаснуваат дека 146 медицински тимови во примарната гинекологија се премалку за да можат сите жени да изберат матичен гинеколог. Потен-

цираат дека во април завршил четиригодишниот циклус на превентива, во кој 25 проценти од жените имаа до стапност до бесплатен ПАП-тест. Надлежните одлучија дека секое девојче со наполнети 12 години има право да си одбере матичен гинеколог. Но, ова право останува на хартија во услови кога во државата нема доволно гинеколози. - Лекарите не сакаат да специјализираат гинекологија поради многу причини. Сепак, Министерството за здравство мора да најде начин стратегиски и долгорочно да го реши овој проблем - изјави Аџигогов. Во Македонија има 18 центри за репродуктивно здравје, а во Скопје два, еден е во близина на скопските клиники, а вториот во населбата Шуто Оризари. Целта на овие центри е да ги едуцираат младите како да се заштитат од несакана бременост и половопреносливи болести. Од невладиниот сектор потенцираат дека во 2010 година е доне сена стратегијата за репродуктивно здравје, но не е донесен акцискиот план бидејќи државата не сакала да инвестира на овој план.


8

ПАРИ

Среда, 18 јули 2012 година

НОВИТЕ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ ГИ ШОКИРАА ГРАЃАНИТЕ КОИ СТРАВУВААТ ДЕКА

Бензинот нè врат Цели пет денари повеќе за еден литар безоловен бензин на цел резервоар и не се малку пари, па тие што успеаја да дојдат на ред пред полноќ и ги наполнија резервоарите заштедија пари

А

Наташа СТОЈАНОВСКА

втомобил зад автомобил, во колони од неколку стотици метри, во понеделникот вечерта бензинските пумпи во земјава беа буквално преплавени со граѓани кои откако ја слушнаа ве ста за новото по скапување на бензинот, побр заа да ги наполнат ре зервоарите пред да стапи на сила новата цена. Цели пет денари повеќе за еден литар безоловен бензин на цел резервоар и не се малку пари, па тие што успеаја да дојдат на ред пред полноќ и ги наполнија своите ре зервоари

заштедија пари во оваа сиромаштиј��. Ваквите слики од големи редици на бензинските пумпи ги во скреснаа сцените од времето на комунизмот, кога за полнење еден резервоар со гориво се чекаше со денови. Многумина во Македонија се надеваа дека редиците за бензин ќе останат дел од минатото. Најголем шок за граѓаните е што ваквото нагло зголемување на цените на бензинот и на дизел-горивото дојде по речиси два и пол ме сеци намалување. Паниката и револтот кај граѓаните се појави поради тоа што во изминативе ме сеци, односно од 23

април годинава, кога почна намалувањето, па сè до последново по скапување, во апсолутни бројки бензините поевтиниле за 13,5 денари, додека дизелот за девет денари. Сега, пак, со само едно зголемување бензините по скапеа за пет денари, дизелот за четири денари, што е речиси половина од тоа што беше нама лување во изминатите два и пол ме сеци. Истовремено, новата цена дојде во време кога повеќето граѓани се подготвуваат за летни одмори, така што полните резервоари им се неопходни за патување. Во изминатава година цените на горивата уриваа рекорди. Владата неколкупати најави дека ќе разговара со „Окта“ и ќе бара рафинеријата да се откаже од дел од своите приходи, кои à се загарантирани со договор до 2019 година. Меѓутоа, експертите тогаш по сочуваа дека нема логика рафинеријата да направи от стапки прифаќајќи услови полоши од договорените и тоа во ситуација кога самата Влада не


9

ПАРИ

Среда, 18 јули 2012 година

ЌЕ ДОЈДЕ ДО НОВА СЕРИЈА ПОСКАПУВАЊА

и во комунизмот сака да направи компромис во интерес на граѓаните, односно да ги намали акцизите. Од своите приходи, односно од дел од маржата, не сакаа да се откажат ниту бензинските станици. Високата цена на почетокот на годинава ја намалија потрошувачката на бензините за 10-15 проценти. Како дојде до тоа сред лето да се случи ваков скок на цените на горивата? Регулаторната комисија за енергетика ги оправдува по скапувањата со цената на еден барел нафта на светските пазари, кој чини 99,6 долари и е за 8 проценти по скап во однос на претходните две недели кога се кроеја цените во земјава, како и поради курсот на денарот во однос на доларот. Поради ваквите параметри, регулаторите одлучија бензинот во земјава да се продава за 82 денари за еден литар.

ЦЕНИ ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА Земја

еуросупер 95

Албанија Австрија Црна Гора Хрватска Словенија Србија Турција

1,25 1,40 1,34 1,34 1,43 1,41 1,87

дизел 1,24 1,34 1,25 1,25 1,32 1,31 1,65

цените се во евра

За споредба, пак, пред четири години во истиот период, во времето кога нафтата на светските пазари изне суваше рекордни 146 долари, бензинот во Македонија чинеше 78,5 денари. Експертите цела година по сочуваат дека е неопходно власта да преземе мерки за ублажување на ударот од бранот по скапувања, со кој граѓаните секојдневно се соочуваат од почетокот на 2012 година. Според експертите, јасно е дека нафтените деривати се главна суровина кај сите претпријати-

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

ФУНТА

Фото: A1on.mk

ја и по скапувањето, секако, ќе влијае врз цената и на полупроизводите, готовите производи, сè до финалната потрошувачка. Особено проблематично е што порастот на цените се случува во време кога стопанството е со влошена ликвидност, што може да има сериозни последници врз домашната економија. За потсетување, годинава почна со серија по скапувања: струјата по скапе за 7,8 проценти, цената на парното греење се зголеми неколкупати, за 50 проценти се повисоки и билетите во железничкиот сообраќај, а и јавниот градски превоз го следи трендот. ФРАНК

ДОЛАР

61,5

78,4

51,2

50,5

продажен

61,60

78,00

51,50

50,50

куповен

61,40

77,00

50,50

49,50

Менувачници

МЕРКИ ВО РЕГИОНОТ

Во Србија бензинските пумпи одлучија да ги намалат цените без оглед на тоа што цените се се зголемени во големопродажбата. Во Хрватска, пак, владата привремено ја одложи одлуката за зголемување на акцизите на горивата.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ВРЕДНОСТ ИНДЕКС

12 ЈУЛИ 2012

НБРМ

Дополнително, сега, на средината на годината, повторно сме во очекување на ново зголемување на цената на струјата, како и на парното греење, што одново ќе предизвика нова спирала на повисоки цени и кај другите производи.

ПРОМЕНА

ПРОМЕНА ВО %

МБИ10

1.863,82

1,18

0,06%

МБИД

1.827,36

3,79

0,21%

118,52

0,44

0,37%

ОМБ


10

ДОСИЕ

Среда, 18 јули 2012 година

КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО НЕГОТИНО

Убиството на мајка си го признал на „Фејсбук“ Д имитар Спасов, 23-годишниот неготинец што комуналните работници завчера го пре сретнаа додека се обидуваше во контејнер да го фрли телото на својата мајка, која претходно ја избодел до смрт, грозоморниот чин го опишал на својот профил на „Фејсбук“. Во исповедта, Димитар пишува дека љубовниот живот на неговата мајка Нада бил причина за да ја убие. - Кој колку може дава... Да е жива и здрава, се надевам дека ќе си најде нов човек за нови победи... Те сакам мајка, татко нека ти суди што му немаш појдено на гробот... Фала ви на сите ... Еве ви ја заклав, ја задушив... - пишува со латинични букви и со неповрзани зборови на профилот на Спасов под прикачената слика на која тој е

Кривична пријава за злоупотреба на службена должност Делчевската полиција поднесе кривична пријава против М.Ч.(57) од село Звегор, референт за поддршка при вработување во Центарот за вработување во Делчево, и З.З.(64) од Делчево, референт за посредување при вработување во Центарот за вработување, за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во текот на 2009 година, бил потпишан договор за вработување со субвенционирање на четири лица меѓу Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување од Делчево и фирмата „Елком трејд“ ДООЕЛ од Делчево чиј управител е Д.М. По ова, во декември истата година, пријавените од страна на Д.М. биле известени дека сметката на фирмата „Елком трејд“ е блокирана и тој побарал од пријавените средствата за субвенционирање да му бидат исплатени на неговата нова фирма „Елком инвест“. Пријавените, иако знаеле дека оваа фирма нема склучено договор за вработување, на сметката на оваа фирма префрлиле две рати од субвенциите во висина од 219.132 денари, со што го оштетиле државниот буџет.

Во исповедта, Димитар пишува дека љубовниот живот на неговата мајка Нада била причина да ја убие

прегрнат со 57-годишната Нада. Коментарите Димитар ги напишал околу 22 часот. Вчера утрото ужасна била првичната глетка за станарите од зградата на улицата Маршал Тито во центарот на Неготино. За локвите крв по скалите не ни помислувале дека се од нивната сосетка Нада, станарка на зградата, која живеела со својот 23-годишен син Димитар. Грозоморно убиство се случило минатата ноќ, кога во својот

дом Димитар ја убил родената мајка, информираат од полицијата, а телото го симнал пред зградата и сакал да го фрли во контејнер во близина. - Во 3.40 часот, од вработени во комунална хигиена било забележано лице, син на починатата, како фрла во контејнер женско тело облеано во крв. По добивањето на пријавата и по излегувањето на униформираните полициски службеници на местото на настанот, лицето е приведено во полициска станица во Неготино, каде кажало дека ја убило својата мајка која живеела со него во истиот стан – изјави Иво Котевски, портпарол на МВР. Според полицијата, синот го признал грозоморното убиство, но не кажал зошто го сторил тоа. Најверојатно, нетрпеливоста

„Свадбарски“ куршуми повредија девојка и момче Со прострелна рана на десната страна од вратот, вчера во тетовската болница била примена 28-годишната Б.Р., а со неа во болница бил донесен и 11-годишниот Д.Л., нејзин роднина, кој имал гребаници на левата дланка. Лекарите констатирале дека и малолетникот и девојката се повредени од проектили од огнено оружје, поточно од заталкани куршуми. Случајот бил пријавен во полиција, а според истрагата, дента кога се случила несреќата, повредените биле на свадба во тетовското село Камењане, во домот на Б.З. Според полицијата, околу 17.30 часот домаќинот зел

пиштол марка „ЦЗ“, калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола, излегол на терасата од куќата и почнал да пука. Куршумите удриле во таванскиот дел од терасата, а потоа се одбиле и ги повредиле момчето и девојката. Полицијата го уапсила Б.З., а оружјето му било одземено. Заталкан куршум во неделата завршил во домот на скопјанецот Ц.А., кој во критичниот момент со својата сопруга седел на терасата, кога слушнал тап удар во една од собите. Повредени немало, но полицијата пронашла едно зрно од заталкан куршум.

Манијак нападнал девојчиња во лифт

Охриѓанец пријавил дека во понеделникот попладнето пред зграда на улица Туристичка две малолетни девојчиња на возраст од 11 и од 12 години биле пресретнати од непознат маж на возраст од околу 35-40 години. Според пријавата, непознатиот со рака го удрил едното девојче по задникот, а потоа почнал да се смее, по што девојчињата брзајќи се упатиле кон влезот од зградата. Откако влегле во лифтот, според пријавата, лицето дошло по нив и со една рака ја фатило вратата од лифтот, а

со другата се потпрело со рамото на лифтот и притоа им се обратило, фаќајќи го едното девојче со рака за здолништето, по што почнало да ја влече со намера да ја соблече, но таа со двете раце успеала да го задржи. За тоа време човекот ги откопчал панталоните и се соблекол. Во еден момент девојчињата успеале да се оттргнат од непознатиот, по што избегале, а тој почнал да вика дека ништо нема да им направи, смеејќи се на глас. Охридската полиција трага по напаѓачот.


ДОСИЕ

Среда, 18 јули 2012 година

11

Дедо осомничен дека ја силувал внуката Шеесет и едногодишниот П.Т. од Крива Паланка од полицијата е осомничен дека завчера ја силувал својата малолетна внука. Сексуалната злоупотреба на девојчето во полициската станица во Крива Паланка било пријавено од непознато лице, завчера околу 19.20 часот, велат од МВР. По пријавата полициски службеници отишле во домот на П.Т., а таму неговата малолетна внука им ја раскажала случката. Околу 17 часот дедото ја однел внуката во плевната и ја силувал, а потоа à се заканил дека ќе ја истепа ако каже некому. Полицијата го привела осомничениот за силување.

и караниците биле причина за тој да посегне по животот на Нада. Според првичната неофицијална истрага, 58-годишната жена починала како последица на убоди од остар предмет. Најверојатно Димитар ја убил со нож, нанесувајќи à околу десетина убоди во пределот на стомакот, градите и на вратот. Момчето во текот на вчерашниот ден требаше да биде изведено пред истражен судија. Како што прене соа неколку медиуми, повикувајќи се на информации од местото на настанот, мајката и синот живееле сами

во станот на улицата Маршал Тито во Неготино. Соседите ги познавале како мирно семејство. Нада работела како хигиеничарка во Здравствен дом во Неготино, а живеела со синот Димитар, кој не бил вработен, а активно се занимавал со спорт. Пред некоја година починал сопругот на убиената жена, кој бил познат забар во тој крај. По неговата смрт, соседите понекогаш слушале расправии меѓу мајката и синот, но која била причината синот да посегне по животот на својата мајка треба да утврди истрагата на полицијата. К.Г.

Машина му скинала рака на пекар Мешалка за тесто му ја скинала раката на пекар вработен во скопската пекарница „Жито центар“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчераутро, околу 5.30 часот, кога пекарот А.А., обидувајќи се да ја исчисти мешалката за тесто, бил фатен од спиралата која му ја откинала левата рака над лактот. Повредениот е пренесен во скопската Градска болница.


12

СКОПЈЕ

Среда, 18 јули 2012 година

Во употреба спортска сала и игралиште

И ВОЗАЧИТЕ И ПЕШАЦИТЕ НЕЗ

На Пар Скопјани реагираат дека возењето по булеварот, каде што се новите семафори, се одвива по принципот „тргни- застани“ и дека создава нервоза кај возачите

Спортска сала и игралиште е пуштено во употреба вчера, на местото на руинираното игралиште во Ново Лисиче. Станува збор за повеќенаменска спортска сала за кошарка, мал фудбал и за одбојка, како и дополнителни сали за фитнес и за пингпонг. Површината на објектот изнесува околу 1.000 квадратни метри на две нивоа. Новата сала е опремена со неопходните реквизити, санитарни јазли, канцела-

рии, соблекувални и други про стории и монтажни трибини. Капацитетот на гледачи во салата изне сува околу 100 гледачи, а на отвореното игра лиште собира речиси 1.000 гледачи. Градежните активно сти ги изведуваше градежната фирма „Промонтинг“, додека инве стицијата во висина од 55 милиони денари е целосно покриена од општинскиот буџет.

Со колектор ќе се спасува Вардар Со заеднички сили Град Скопје и Министерството за финансии ќе градат колектор за отпадни води по десниот брег на Вардар. За инве стицијата, вредна 100 милиони евра, Градот ќе обезбеди 40 проценти од потребните пари, 25 проценти ќе даде Министерството за финансии, а за да се обезбеди остатокот ќе се аплицира преку програмата ОРИО на Европската Унија. Системот за управување со отпадните

води што се излеваат и го загадуваат Вардар, освен колекторскиот систем и централната пречистителна станица која ќе биде лоцирана во Трубарево, ќе опфати и помали пречистителни станици кај Волково, Сарај и кај Драчево. Планот е изградбата на колекторот, кој е неопходен услов за изградба на главна пречистителна станица со што ќе се реши проблемот со отпадните води на територијата на градот, да заврши до 2020 година.

Градот ги анкетира скопјани

Градските власти решија да го слушнат мислењето на скопјани, па на својот официјален портал објавија анкета за квалитетот на услугите што ги нудат. Со учеството во оваа анкета, граѓаните имаат можност да ја оценат работата на администрацијата на Градот одговарајќи на неколку прашања, а имаат про стор и да дадат свои мислења, забелешки и предлози. Од скопјани се бара одговор за тоа колку се задоволни од квалитетот и навременото извршување на услугите што ги

нуди Градот, како ја оценуваат подготвено ста за работа и колку се информирани за услугите и соработката што ја нуди градската администрација. Од Град Скопје нагласуваат дека по светуваат особено внимание на одно сите со корисниците на нивните услуги и развивање меѓусебна доверба и соработка. Повратните информации од граѓаните, како што велат, ќе ги искористат за да ги зголемат ефикасно ста и квалитетот во работата.

С

Анета СТОЈКОВСКА

емафорите што се по ставени речиси на секој пешачки премин на Партизанска на потегот од Соборен храм до Карпош 3, се чини, направија поголем хаос по булеварот отколку што го олеснија движењето по него и ја зголемија безбедно ста. Скопјани реагираат дека возењето по Партизанска се одвива по принципот „тргнизастани“, дека создава нервоза кај возачите и дека зелениот бран не функционира и покрај сите најави. Најтешко поминуваат граѓаните што користат јавен превоз, на кои патувањето во делот каде што се новите шест семафори им трае цела вечност затоа што возачите на автобусите и да сакаат не можат да се вклопат во зелениот бран, со застанувањата на по стојките. Кому и зошто му беше потребна авантурата наречена семафори на речиси секој пешачки премин, не е јасно затоа што на ниеден од учесниците во сообраќајот не му се допадна. - Почнав да ја заобиколувам Партизанска секогаш кога можам и да одам по Илинденска или по Теодо сиј Гологанов зашто возењето по неа е вистински напор. Каков зелен бран, ништо не функционира. Семафорите де се вклучени де исклучени, задржувањата се поголеми, па патниците по стојано реагираат. Настрана што некои премини се затворени, а луѓето не се откажуваат од нивното користење, па не знаеш од која страна ќе ти истрчаат на улица - вели таксист од една скопска компанија. За скопјани е нејасно и поради што по стојано се исклучуваат и вклучуваат семафорите. Ден по промоцијата на воспо ставувањето на зелениот бран на Партизанска, градските власти излегоа со


СКОПЈЕ

Среда, 18 јули 2012 година

13

АДОВОЛНИ ОД ПОСТАВУВАЊЕТО СЕМАФОРИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

тизанска зелен хаос Скопјани не се откажуваат од пешачкиот премин кај Буњаковец, иако тој веќе не е во функција

соопштение дека тој че сто е надвор од функција поради испади во електричната мрежа. Исклучувањата продолжуваат, но сега нема конкретно објаснување да ли пречките се надминати. - Зелениот бран на булеварот Партизански одреди е функционален и од функционално ста от стапува само кога се исклучуваат семафорите од МВР за минување на важни лично сти, а по вклучувањето, зелениот бран повторно се воспо ставува за 15 минути - е одговорот од Град Скопје за „Ден“. Најголем проблем е потегот кај „Буњаковец“, каде што е затворен најкористениот пешачки премин од трговскиот центар кон пазарот, па граѓаните мора да ги користат само страничните, но не откажувајќи се од овој, некои пре скокнуваат преку заградениот премин. Од Градот не одговара-

ат кој направил процена дека овој пешачки е непотребен, туку велат дека е затворен од безбедносни причини, а безбедното минување на пешаците „се одржува преку семафоризираните крстосници кои гравитираат на овој про стор“. - Хаос направија, хаос невиден. Ставија кај Градежен факултет два семафора на де сет метри, а го затворија тој кон пазарот. Знаат ли тие што прават? Настрана што на овие жештини стоиме долго на семафорите чекајќи зелено, додека автомобилите си поминуваат. Порано барем ќе застанеше некој, ќе те пропуштеше. Сега, катастрофа. Никој не мисли на пешаците, сè е приспо собено на автомобилите - ре агира скопјанец што живее зад трговскиот центар „Буњаковец“. Од Градот избегнаа да одговорат и на прашањето дали сметаат дека навистина се

зголеми безбедно ста на пешаците на Партизанска и дали сега побрзо се стигнува од Центар до Ѓорче Петров. Тврдат дека безбедно ста им е приоритет. - Град Скопје сите сообраќајни проекти поврзани со модернизацијата на сигнализацијата, регулацијата на сообраќајот, како и проектите за проширување на булеварите и реконструкција на сообраќајниците ги прави со единствена цел да се зголеми безбедно ста во сообраќајот, да се намали сообраќајниот метеж и да се намали штетната емисија на гасови - велат од таму. Како што најави градоначалникот Коце Трајановски на промоцијата на зелениот бран, во наредниов период ќе се изградат уште 6 семафоризирани пешачки премини на Партизанска. За да се фати бранот, според него, по булеварот треба да се вози со брзина од 50 километри на час.


14

СВЕТ

Среда, 18 јули 2012 година

ЕДЕН УБИЕН И ТРОЈЦА РАНЕТИ ВО ПУКОТНИЦА НА БР��ДОВИ ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ

САД пукаа во индис Чамецот претходно ги игнорирал предупредувањата што му ги упатиле американските војници

Б

род на американската Воена морнарица завчера отвори оган врз мал моторен чамец што му се приближил во близина на пристаништето Џебел Али во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, при што едно лице е убиено, а тројца се ранети, јави „Ројтерс“. Според Грег Рејлсон, портпарол на американската Петта флота, која е стационирана во Бахреин, посадата на американскиот воен брод „Рапаханок“ упатила неколку предупредувања, но чамецот

Гореше Полат тауер во Истанбул Голем пожар вчера избувна во 42катна зграда со луксузни апартмани Полат тауер, во центарот на Истанбул, пренесува „Би-Би-Си“. За среќа, во пожарот што ја зафати 152 метри високата кула, коај се наоѓа во квартот Бешикташ, на европскиот брег на турскиот град, нема жртви или повредени. Стотици пожарникари и неколку хеликоптери успеале да го локализираат пожарот за брзо време. Иако истрагата за причините за пожарот сè уште е во тек, градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, истакна дека е можно зградата да се запалила поради неисправен клима-уред. За среќа, огнената стихија го зафатила само надворешниот дел од облакодерот, па внатрешноста на луксузната зграда останала нечепната. - Системот за пожар во зградата автоматски се активирал, инаку можевме да бидеме сведоци на огромна катастрофа – истакна локалниот претставник Мустафа Саригул. Во висококатницата, освен луксузни апартмани, се наоѓаат и многу продавници и канцеларии.


СВЕТ

Среда, 18 јули 2012 година

ки рибари ги игнорирал, па затоа америкаснките војници отвориле оган од тежок митралез врз чамецот. Најверојатно, моторниот чамец бил сфатен како закана за американскиот брод во Персискиот Залив, кој се наоѓал недалеку од иранските територијални води. По инцидентот, десетици припадници на безбедносните сили на ОАЕ се насобрале околу моторниот чамец, кој останал усидрен во мало рибарско пристаниште во Дубаи. САД сè уште немаат официјална верзија за екипажот на чамецот, но Тарик Ахмед ал Хајдан од Министерството за политички афери во ОАЕ за новинската агенција „ВАМ“, изјави дека се работи за рибарски чамец со екипаж од четири Индијци. Чамецот е долг околу девет метри и е сличен на бротчињата што се користат за риболов во овој регион. Иранската Револуционерна гарда користи исти такви релативно мали и брзи бродови додека патролира во Персискиот Залив. Американските воени бродови без инциденти

Невидена суша во САД Огромни површини во Соединетите Американски Држави се зафатени со незапаматена суша, најлоша во последните педесет години, јави „Си-Ен-Ен“. До крајот на јуни повеќе од 55 проценти од територијата на САД била зафатена со умерена или екстремна суша, покажуваат податоците на американската Национална канцеларија за океанографија и атмосфера. Високата, а во некои делови и екстремно високата температура, заедно со малото количество дожд, не само што предизвика уништување големи земјоделски површини, туку е причина и за големите пожари кои минатиот месец пустошеа низ САД. Најпогодена од пожарите беше сојузната држава Колорадо. Повеќе од 80 проценти од територијата на САД влегоа во категоријата „абнормално суви“, додека во повеќе од 1.000 населени места во 26 сојузни држави е прогласена природна катастрофа.

секојдневно се среќаваат со ирански пловила во меѓународните води во Персискиот Залив. Затоа, пак, глисери на иранската Револуционерна гарда повеќепати приоѓаат многу блиску до американските бродови, по што во Вашингтон се вклучува алармот. На почетокот на 2008 година, тогашниот американски претседател Џорџ Буш го обвини Иран за „провокативна акција“ откако пет мали ирански брода кружеле околу американскиот разурнувач „хопер“. Во Персискиот Залив тензиите се засилени откако Иран минатата недела се закани дека ќе го блокира Ормутскиот теснец, кој е стратегиска точка низ која поминува една петтина од целокупниот транспорт на нафта во светот. Таквата акција Иран би ја презел како одмазда за заострувањето на санкциите кои ги воведе Западот откако Техеран одби да се откаже од својата нуклеарна програма, додека САД неодамна го засилија своето воено присуство во Заливот.

15

Трагична забава во Торонто Двајца убиени и 19 ранети е билансот од завчерашната пукотница на скараџиската забава во округот Скарборо во Торонто, Канада. Жртвите се едно девојче и 20-годишно момче, додека меѓу ранетите има едно бебе, пренесуваат светските агенции. На забавата присуствувале околу 200 луѓе, а пукањето почнало по претходна караница меѓу неколку млади лица. Полицијата веќе уапси еден осомничен, а трага по уште двајца за кои постои сомнение дека отвориле оган на забавата. Торонто е во шок бидејќи, и покрај тоа што во Канада голем број жители поседуваат оружје, земјата има една од најмалите стапки на криминал во светот. - Ова е најтежок инцидент во кој е користено огнено оружје во Торонто - изјави полицискиот претставник Били Блер.

Криминалците годишно вртат 870 милијарди долари Шверцот на дрога, продажбата на оружје, шверцот на имигранти и другите нелегални активности им носат на криминалците низ светот заработка од 870 милијарди долари годишно, се вели во годишниот извештај на Обединетите нации. Целта на документот да се подигне свеста, како и да се поттикнат националните влади во борбата против организираниот криминал, кој остварува приходи од неверојатни 1,5 проценти од светскиот домашен бруто-производ или, со други зборови, седум проценти од вкупниот извоз во светот. - Транснационалниот организиран криминал влезе во сите делови на светот, во секоја држава во светот - изјави Јуриј Федотов, извршен директор на Канцеларијата на ООН за дрога и организиран криминал. Според него, борбата со оваа напаст е најголемиот глобален интерес на меѓународната заедница. Аналитичарите на ООН пресметале дека криминалните групи годишно заработуваат околу 320 милијарди долари со продажба на дрога, 32 милијарди од трговијата со бели робје, а околу седум милијарди заработуваат со шверцувањето нелегални мигранти. Со незаконско сечење на шумите,

само во регионот на југоисточна Азија, криминалците заработуваат три и пол милијарди долари годишно, додека 75 милиони добиваат од незаконската продажба на слонова коска. Само од бизнисот со фалсификување, припадниците на организираниот криминал заработуваат околу 250 милијарди долари секоја година.


16

СВЕТ

Среда, 18 јули 2012 година

Грчки остров сака да се отцепи и да се припои со Австрија

Грчкиот остров во Егејско Море Икарија сака да се отцепи од Грција и да се припои со Австрија, пренесува виенскиот весник „Хојте“. Ваквата вест доаѓа во момент кога истекува 100-годишниот договор со кој Икарија доби независност и се припои кон Грција. По истекот на овој договор, Икарија размислува да распише референдум на кој 9.000 жители ќе се изјаснат дали сакаат да бидат во состав на Грција или да станат независни. - Владата во Атина одамна нè заборави. Ако

не може да ни се ветат нови патишта, нова болница, тогаш можеме да одлучиме да се отцепиме од Атина. За нас е тешко да бидеме независни. Меѓутоа, може да побараме приклучување кон друга држава. Секако не Турција, туку кон Австрија - велат локалните жители. Икарија е битен остров за Атина бидејќи морето во околината е богато со риби, а рибарите го снабдуваат атинскиот пазар. Според дел од аналитичарите, отцепувањето на островот може да има тешки последици за грчката економија.

Асад ќе удри со хемиско оружје? Поранешниот сириски амбасадор во Багдад, Наваф Фарес, синоќа изјави дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад, би можел да употреби и хемиско оружје доколку се најде во безизлезна ситуација, пренесува „БиБи-Си“. Фарес истакна дека таквото оружје „веројатно и досега било употребено“, но не даде докази за ова обвинување, ниту посочи каде и кога се случило тоа. Фарес донеодамна беше првиот амбасадор на Сирија во Ирак, по повеќегодишниот прекин на односите меѓу овие две соседни земји. ТФарес вели дека сите досегашни бомбашки напади на територијата на Сирија

се оркестрирани од режимот во Дамаск во соработка со Ал Каеда. Ова е првпат некој да го обвини Асад дека соработува со оваа терористичка мрежа бидејќи досега тој постојано ги обвинува „терористите и Ал Каеда“ за насилството во Сирија. - Тој нема сам и доброволно да се повлече, туку само со употреба на сила - изјави Фарес. И додека бунтовниците упатуваа слични апели до САД за воена интервенција, британскиот печат пренесува дека поголем чекор, акција или решенија за Сирија од САД не може да се очекува пред претседателските избори кои се закажани за ноември годинава.

Игли во сендвичи во авион ФБИ отвори истрага откако пет пати беа откриени игли во сендвичи во авионите на компанијата „Делта ерлајнс“, кои летале од Холандија за САД, јави „Би-Би-Си“. Иглите за шиење биле пронајдени во пет сендвичи, кои биле подготвени од една холандска фирма за храна. Овие сендвичи биле откриени пред три дена откако еден патник, кој летал за Минесота, се повредил додека го јадел сендвичот. Потоа ваквите сомнителни

сендвичи биле пронајдени и во два авиона што летале за Атланта и еден за Сиетл. Од „Делта ерлајнс“ велат дека случајот е екстремно сериозен и оти неколку страни се вклучени за негово решавање. Портпаролката на компанијата Кристин Баур вели дека, по откривањето на иглите, веднаш е прекинато делењето на овие сендвичи и оти компанијата работи за задржување на високите безбедносни стандарди за храна во авионите.

СВЕТ

Среда, 18 јули 2012 година

ИТАЛИЈА ПОДЕЛЕНА ПО НАЈАВАТА ДЕКА СУПЕР СИЛВИО СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА

Берлускони фаворит на МАФИЈАТА Сокријте ги вашите ќерки постари од 16 години и заклучете ги женските деца помали од 16, тој се враќа, е само еден од коментарите на интернет

П

оранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (75) најави дека се враќа во политиката. Тој повторно ќе се кандидира за функцијата премиер на изборите идната пролет. Од неговата партија Народ на слободата велат дека контроверзниот политичар и милијардер се решил на таков чекор поради огромниот пад на рејтингот на неговата партија. Италијанците, како и секогаш, имаат поделени мислења кога ќе се спомене неговото име. Дел го сакаат, дел не сакаат да го видат и го обвинуваат за сегашната економска состојба во земјата. Сегашните процени велат дека на изборите во 2013 година без Берлускони, Народот на слободата би освоил околу 10 проценти од гласовите. - Доколку Берлускони на тие избори го поддржи актуелниот лидер на партијата, Анџелино Алфано, партијата би освоила 18 проценти од гласовите. Меѓутоа, ако Берлускони се кандира за премиер, со Алфано и другите млади политичари, партијата би можела да добие околу 30 проценти од гласовите. Со толкав процент гласови сигурно би успеал да направи коалиција со некоја друга партија и повторно да стане премиер - пишува „Кориере дела сера“. Дека Берлускони подготвува враќање потврдува и Алфано. - Многумина бараат од него да се врати, а јас сум еден од нив – вели Алфано. Доколку Италијанците в година навистина му дадат поддршка, Берлускони по четврти пат ќе се најде на премиерската фотелја. Медиумскиот магнат и милијардер, кој себеси се нарекува Христос во политиката, е политичар

со најдолг стаж во Италија. Последниот од неговите три мандати го одбележаа серија секс-скандали со малолетнички и судење за корупција под обвинение дека политичката моќ ја користел за сопствени бизнис-интереси. Информацијата за враќањето на Берлускони се појави откако актуелниот премиер и технократ Марио Монти најави оти нема да се кандидира. Но, постојат голем број луѓе што не сакаат Берлускони повторно да добие мандат. - Италија мора да тргне напред, а не назад. Неговите идеи се исти како пред 18 години, кога првпат се кандидираше и победи – напиша колумнистот во „Република“ Курцио Малтезе. Според голем дел од аналитичарите, враќањето на Берлускони би претставувало целосен крах на Италија и земјата повторно би станала предмет на потсмевање во светот поради неговите забави. Веста за неговото враќање брзо се прошири во Европа, а на веб-порталите може да се прочитаат многубројни коментари. Некои го сакаат Супер Силвио назад, додека други се разочарани. - Сокријте ги вашите ќерки постари од 16 години и заклучете ги женските деца помали од 16, тој се враќа - е само еден од коментарите за Берлускони и неговите развратни забави. Други, пак, се однесуваат на критиките до него дека е поврзан со италијанската мафија. - Мама миа! Се враќа фаворитот на мафијата. Зар кризата не е доволна, па сега ни треба уште и тој – се само дел од коментарите по италијанските портали.

ФОРЦА ИТАЛИЈА!

Освен враќањето во политиката, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони најави дека ќе го врати старото име на неговата партија, која сега се вика Народ на слободата, што веднаш наиде на критики од неговите политички сојузници, но и од обичните Италијанци. Берлускони веднаш реагираше истакнувајќи дека се работи само за предлог, а не за конечна одлука. Берлускони дојде на власт во 1994 година користејќи го навивачкиот слоган „Форца Италија“ како име на неговата партија.

17


18

КУЛТУРА

Изложба и претстава на „Скопско лето“ На „Скопско лето“ вечерва, со почеток во 20 часот, во Мала станица ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“ на Шкипе Мехмети. На летната сцена, на платото пред „Универзална сала“, во 21 часот ќе биде изведена претставата „Приказна од предиво“. Автор и режисер е Стефка Минева, а претставата е во продукција на теататот „Илкова“ од Софија, Бугарија. На репертоарот на летното кино е филмот „Предавство“ со Јуан Мекгрегор, Антонио Бандерас и со Мајкл Даглас во главните улоги.

Среда, 18 јули 2012 година

СТАРИТЕ ИЗДАНИЈА ПРОПАЃААТ, НО САМО МАЛ БРОЈ ЛУЃЕ

КАДЕ ОДАТ

старите книги?

„Питачка опера“ на „Охридско лето“ „Охридско лето“ вечерва е домаќин на претставата „Питачка опера“ од Вацлав Хавел, во режија на босанскиот режисер Дино Мустафовиќ, а во изведба на Албанскиот театар од Скопје. Претставата ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Во главните улоги настапуваат Џевдет Јашари, Адем Карага, Дрита Каба, Амернис Нокшиќи Јовановска и Бајруш Мијаку. Сценографијата е на Драгутин Броз, а костимите на Благој Мицевски. „Питачка опера“ е познато дело на Хавел и е сатирична приказна за односите меѓу режимот и криминалците, корупцијата и криминалот кои ги рушат сите идеолошки и статусни бариери.

Изјава на денот „Ако постои Бог, тогаш ќе треба да одговори на многу прашања.“ Роберт де Ниро

Н

Невена ПОПОВСКА ситуација да види фрлена книга или кни-

еодамнешната иницијатива на „Кооперација“, која во Виница, правејќи споменик од книги кои потоа им ги подели на по сетителите, им овозможи на граѓаните да ги збогатат своите библиотеки, го по стави прашањето за пропаѓањето на книгите. - Стотици книги заедно формираат споменик, во кој секоја од нив е истовремено сама за себе скулптура. Споменик, кој по стојано ја менува својата форма, маса, тежина, смисла, содржина; споменик кој се надоврзува на колективната меморија и на подзаборавената улога на книгата. Споменик, чија нова смисла ќе биде одново откриена во повторното раздавање, односно распарчување и споделување на токму онолку делови од колку е и направен, на онолку граѓани на кои тој навистина им припаѓа - го објаснуваат својот проект членовите на „Кооперација“. Секој од нас барем еднаш се нашол во

ги. Треба ли тие за завршат на буниште. - Книги на буниште. Тажна глетка за градот. Со несебичната помош на неколку мои блиски пријатели, извршивме мала акција за нивно спасување. Но, остана прашањето – што потоа? Книгата не е за да седи во складиште, туку нејзините богатства се за да прејдат од рака во рака... - вели Кирил Арсов од невладината „ОЗТ Фабрика“. Авторите кои вложиле труд и енергија да создадат дело се револтирани кога нивните изданија се фрлени и заборавени. - Најубиствено за еден автор е неговата книга да заврши во подрум или во складиште: прво, тој е погоден од фактот што не го читаат, но е навреден и од издавачот кој не ги дисперзирал книгите без оглед на тоа што тие не се продаваат. Во добро организираните и развиени култури, издавачите не само што имаат добро развиена дистрибутерска мрежа, туку постојано прават литературни вечери со автори, распродажба на некои наслови, промоции, какви било на-


КУЛТУРА

Среда, 18 јули 2012 година

ИМААТ РАЗБИРАЊЕ ЗА ТОА

Најубиствено за еден автор е неговата книга да заврши во подрум или во складиште: прво, тој е погоден од фактот што не го читаат, но е навреден и од издавачот кој не ги дисперзирал книгите без оглед на тоа што тие не се продаваат, вели Александар Прокопиев стани кои се насочени на продажба на книгата. Но, уште поважен е фактот што книгите треба да се дистрибуираат во сите библиотеки. Во Словенија, на пример, јас и Ермис Лафазановски бевме вчудоневидени кога во библиотеката во едно село најдовме наши книги. Тука се по ставува прашањето за третманот на библиотеките кај нас. Дали тие стануваат темни ме ста бидејќи немаат книги? Дали работат во корист на книгата? Книгата треба да се направи попристапна. Едноставно, кај нас, не само литературата, туку и културата, ако не се користи за некои дневни промоции, таа е буквално фрлена на маргините. Треба долгорочно да се инвестира во литература, култура и во книги, а не само на еден ден. За тоа авторот е најмалку виновен, за тоа треба да се замислат издавачите, Министерството за култура и Саемот на книга, кој со години функционира на ист начин вели писателот Александар Прокопиев. Продавачите на стари книги што можеме да ги видиме низ градот се, можеби, „последните Мохиканци“ во борбата за зачувување на вредно ста на книгата. Че стопати токму на нивните штандови може да се најде некоја ретка книга што ја нема на друго ме сто. - Ние на штандовите за продажба на книги на плоштадот до примероците доаѓаме преку приватни донатори. Луѓето на консигнација ги оставаат своите книги, но, искрено, се продаваат само тие книги што не може да се набават преку интернет и по некој редок наслов што навистина тешко се набавува. Понекогаш книги ни но сат и Ромите што чистат по подрумите, ��д каде сопствениците ќе им дозволат да ги понесат книгите со себе, а ниту едните ниту другите не ја знаат вистинската вредност на книгата. Жално е ретките наслови да пропаѓаат, но само мал број луѓе имаат разбирање, вели Соња Иванова.

19

Уметникот Зоран Поповски доби награда „Артслант“ Делото „Хонг Конг Атлас“ на Зоран Попоски, дел од серијата урбани пејзажи од Хонг Конг инспирирани од романот „Атлас: Археологија на имагинарниот град“ од Каи Чунг Дунг, е избрано за најдобро на четвртото презентирање на авторски дела „Артслант 2012“ во категоријата комбинација на медиуми. Неговите видеозаписи, перформанси, дигитални графики ги истражуваат прашањата на лиминалноста и постојаната менливост, продуцирањето идентитетот, територијата и јавниот простор. Попоски го наметнува активизмот како теориска, но и како основна општествена форма на дејствување во јавниот простор. Конкурсот „Артслант“ е осмислен да презентира и промовира талентирани уметници од цел свет. Победниците во овој избор се проценети како ветувачки уметници, уметници кои допрва треба да се покажат со својата работа. Делата во овој конкурс беа селектирани од професионални уметници, опсерватори, дел од тимот на „Артслант“.

Премиера на „Архелаос“ на Фестивалот на античка драма Фестивалот на античка драма во Стоби вечерва во 21 часот продолжува со премиерата на „Архелаос“ од Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски. - „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“ е драма за една изгубена трагедија. Имено, во драмата го следиме враќањето на Еврипид, најтрагичниот трагичар што можел сè да претвори во песна и кој умрел во 406 година пр.н.е, прогонет од атинската демократија во македонското село Аретуса, денешен Маслар, каде што ја напишал својата

последна драма „Архелаос“ или „Почетокот на народите“, по која безуспешно се трага речиси 25 века. Тој тргнува на тоа долго патување на иницијатива на претседателот на бесмртните, техноменаџер на вечноста, роден во нашава епоха на нет-револуцијата и чиракот-трагичар, Александар Ајго, со едноставна цел да ја пронајде Ифигенија - симболот на невината жртва во светската цивилизација - вели авторот Плевнеш. Публиката во Стоби во главната улога во претставата ќе го види Рубенс Муратовски.

Второ издание на „Ѕиркачот“ од Прокопиев објавено во Италија

Во Италија деновиве беше објавено второто издание на книгата „Ѕиркачот“ од Александар Прокопиев откако беше исцрпен тиражот на првото издание. - Овојпат книгата е со нова корица и на неа стои назнаката „Добитник на наградата Балканика“, што ме прави многу горд како автор. Досега во неколку реномирани книжевни списа-

нија беа објавени рецензии и текстови со кои се препорачува книгата, така што се надевам дека и овој тираж бргу ќе се продаде - вели Прокопиев. Романот „Ѕиркачот“ од Александар Прокопиев, кој го објави издавачот „Магор“ во Македонија, бележи голем успех низ светот. Покрај изданието објавено на англиски јазик, во извонреден пре-

вод на Метју Рид, со поговор на Фиона Сампсон, „Ѕиркачот“ доживеа и објавување во речиси сите соседни држави, а наскоро ќе биде објавен и на француски јазик. „Ѕиркачот“ во 2007 година беше македонски претставник за наградата „Балканика“, а во Италија е оценет како „еротска и внатрешна проза, во која различни ликови се конфронтираат“. Н.П.


20

МОЗАИК

Почина легендарниот клавијатурист на „Дип парпл“ Поранешниот клавијатурист и основач на британската рокерска група „Дип парпл“, Џон Лорд, почина на 71-годишна возраст. На неговата официјална интернетска страница се наведува дека Лорд, кој е роден во англискиот град Лестер, ја загубил долгата битка со ракот на панкреас. Тој напиша многу од легендарните песни на „Дип парпл“, меѓу кои и „Smoke on the water“, а подоцна, по повлекувањето од групата, Лорд почна успешна соло-кариера. Минатата година пред своите обожаватели Лорд изјави дека ќе се бори против ракот и дека ќе се одмори од концертите во живо „додека се лекува и закрепне“. - Нормално дека ќе продолжам да пишувам музика. Во мојот свет таа е дел од терапијата и очекувам да се вратам во добра форма следната година - објави тој на својата веб-страница во август 2011 година.

Среда, 18 јули 2012 година

КАДЕ ЛЕТУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ

Се капат во Грциј сонуваат за Шпан М акедонските естрадни уметници, кои преку годината си го одработија својот дел, веќе уживаат на плажите на своите омилени де стинации. Пејачите се тие што во текот на летото работат со полно темпо, но не пропуштаат и да си ја одморат душата и да потрошат некој денар. Поп-пејачката Кристина Арнаудова топлите летни денови ги поминува во Ораховац на црногорското крајбрежје заедно со својот сопруг и со синот Максим. - Котор личи на Ита лија, преубав е! Ме стото навистина ме изненади. Одморот го чекав цела година, па сега уживам додека го гледам Максим како се шлапка во водата. Мислам дека нема нешто поубаво од море, најдрагите лично сти и од љубовта вели Кристина Арнаудова.

И пејачката Наташа Малинкова се релаксира на Халкидики во Грција. Таа вели дека по напорната работа преку годината, многуте настапи и по метежот, сака да се изолира во тишина, на ме сто без телефони и без многу луѓе. - Во август планирам повторно да си земам одмор, мојата профе сија го дозволува тоа, така што тоа сигурно ќе биде некое мирно ме сто без дискотеки и забави. Така ќе можам да се одморам најубаво. Ќе го паметам одморот во Порто Карас, кога се собравме цело семејство. Генерално, секој одмор ми е убав и полн со убави спомени. Де стинација која се надевам ќе ја по сетам еден ден, се Малдивите - вели Наташа Малинкова. Модниот дизајнер Никола Ефтимов си дозволил да ужива на една од најубавите плажи во Тајланд. Тој на својот профил на „Фејсбук“ прикачи фотографија од убавите сребрени пе сочни плажи на островот. Стрелачката Дивна Пешиќ, пак, поради обврските што ги има во текот на ме сецот, одморот планира да го почне во август. Таа вели дека спомените од одморите по стојано ги евоцира, а еден од најубавите à бил одморот на Аруба. - До ден-денес се смееме со сестра ми кога ќе се потсетиме на одлично поминатите заеднички одмори. Имаме толку интересни случки, што, еве, до ден-денес си ги раскажуваме. Годинава знам дека ќе одморам во август, а за де стинација секогаш одлучувам во последен момент. Друштвото ми е многу поважно од де стинацијата - објаснува Дивна Пешиќ. И поп-пејачот Бојан Стојков и негова-

Хипхоперски камп на плажата

статус: ПЕТАР МЛАДЕНОВСКИ „СУПЕРХИКС“ Како Лепа Брена? Слушам добра била, а?

Од плејадата артисти што ја претставуваат македонската хипхоперска култура на дводневниот хипхоперски камп на 27 и 28 јули на плажата Оревче во Градиште, публиката ќе ги слушне „Легијата“, засилени со „Кемп ОД“, „Бад“, „Контракт“ од Охрид - кои ќе промовираат видеоспот, „Подземен ефект“, „Кискинов“ - кој промотивно ќе го изведува „Пат до дома“, албумот издаден за „Шурикен рекордс“, исто така, првпат од промоцијата на албумите во живо ќе се изведува материјалот

на „Зад аголот - Чувај го вистинско волу.1“ и „Божјиот прототип“ на Џака Накот. Свои настапи ќе имаат и „Алфа“, „Хипхоплетика“, Жиле и Вали, Нешо и Саша, „Екипата“, Хроник и Ел Борачо од „Тха титаниум“ и Бвана из Лагуне од Белград, кој доаѓа на барање на македонската и српската публика во кампот. Со диџејски настапи ќе се претстават Оки Доки, диџеј Славе од „Легијата“, Илич од „Зад аголот“ и легендарниот Пикисипи, односно Димитри од Чаир (член


МОЗАИК

Среда, 18 јули 2012 година

а, ија

21

Очајната домаќинка на море во Хрватска

Познатата американска актерка, 47-годишната Тери Хачер, го по сети Јадранско Море. Холивудската актерка дојде во Хрватска со својата 14-годишна ќерка Емерсон. Поради нејзината слава, Хачер предизвика голем интерес во хрватските медиуми, но и кај жителите од околните ме ста. Минатата година Јадранот го по сети уште еден познат лик од популарната серија „Очајни домаќинки“, актерката Ева Лонгорија, која, исто така, уживаше во убавините на Хрватска.

Ѓоковиќ се одмора на Крф

та де вој ка Со ња Мем бре њо ќе ле ту ва ат на не кол ку кратки од мо ри во Гр ци ја. На би тол ча не цот се меј ни те од мо ри му се оми ле ни и ги па ме ти ка ко нај дра ги. - Класичен одмор годинава нема да имам. Грција сигурно ќе ја по сетам на неколку дена. Че сто патувам и се релаксирам таму, а кога ретроспективно ќе подразмислам, повеќето од семејните одмори ни биле во Грција. Доколу ми се отвори можност и време, би сакал да ја по сетам Сицилија, па и бреговите на Шпанија - вели Бојан. С.М.

Оревче

на САФ и на „Чиста околина“), кој покрај настапот со „Подземан ефект“, ќе има своја диџејска програма, како и специјалниот гостин Огнен кој ќе има свој битбокс-настап. За визуелно-артистичкиот дел на фестивалот ќе се погрижат цртачите на графити од „Графити шоп хром“ и Страјк од „Легијата“, со работилници за цртачи и студиото за тетоважи „Темпл од инк“ од Скопје, кои два дена ќе имаат штанд во кампот и ќе прават тетоважи по фестивалски цени.

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ од тениските терени се одмора на Крф, каде е заедно со својата девојка Јелена Ристиќ и со нивниот миленик Пјеро. Тој на своите обожаватели преку „Твитер“ им испрати фотографија и порака. „Чао на сите. Поздрав од Грција! За два дена се враќам во канцеларија и тогаш ќе се видиме“, напишал Ѓоковиќ на својот профил на „Твитер“. Пред да замине на одмор, тој се обидел својата летна де стинација да ја држи во тајност, но само четири дена откако стигнал на Крф, бил препознаен од локалниот сопственик на продавницата со спортска опрема Кастамонис Јоргос, со кој тенисерот потоа à се фотографирал. Сфаќајќи дека е залудно да се крие, тој ја објавил својата фотографија на социјалните мрежи.

Филмот „Аватар“ е плагијат? Славниот холивудски режисер Џејмс Камерон ги отфрла тврдењата објавени во медиумите дека ја украл идејата за филмот „Аватар“. Тој одлучил да поднесе контратужба и барање за решавање за пријава вредна две милијарди долари. Причината за ова е што писателот на научна фантастика Брајант Мур во декември минатата година поднесе тужба против Камерон и го обвини дека направил плагијат за филмот. Како што е наведено во документот на тужбата, Камерон позајмил неколку идеи од Мур, како што е светликавата флора и фауна, атмосферата непогодна за луѓето, духовната врска со животната средина и реинкарнацијата. Камерон тврди дека не позајмил ништо, односно дека не украл ништо. Според неговите зборови, филмовите се оригинални.


22

МОЗАИК

Среда, 18 јули 2012 година

Излезе на виделина омразата меѓу холивудските диви

Ен Хатавеј е бремена Успешната актерка Ен Хатавеј би можела на најдобар можен начин да ја заокружи годинава доколку се точни медиумските шпекулации дека таа и нејзиниот свршеник Адам Шулман ја очекуваат својата прва принова. Двојката која е во врска од 2008 година, направи свршувачка минатиот ноември, а потоа следеше веста дека чекаат бебе. Имено, Ен и Адам пред неколку дена беа на вечера со своите родители за да ја споделат среќната вест со членовите на најтесното семејство бидејќи во моментов не сакаат да разговараат на оваа тема со медиумите. - Ен во текот на вечерата воопшто не пиеше алкохол, што само по себе е индикација дека е бремена. Можеше да се забележи и дека прославуваат нешто важно - изјавил еден од вработените во ресторанот.

Белгиските весници ја исмеваат Мадона

И

ако Анџелина Џоли беше одмерена во своите изјави за поранешната сопруга на Бред Пит, омразата на Џенифер Анистон кон Анџелина излезе на виделина. Познато е дека нетрпеливо ста меѓу двете холивудски актерки трае откако Анџелина à го украде сопругот на Џенифер,

Бред Пит. Но, потоа Анистон, наводно, се помири со тој факт и изјавуваше дека на својот поранешен сопруг му по сакува среќа. Работите се сменија повторно и сега Џенифер повторно не успева да се воздржи, па à упати неколку навреди на Анџелина. - Роговите одлично à стојат. Отсекогаш била безобраз-

Една фунта хонорар за настап на Олимписките игри Кејт Мос и Наоми Кемпбел се само дел од списокот на британски славни лично сти што ќе се појават на церемонијата на затворањето на Летните олимписки игри во Лондон. Британскиот весник „Мирор“ пишува дека славните манекенки како Лили Кол и Меј Џегер ќе прошетаат на модната писта придружени од песната на Дејвид Боуви „ Fashion and rebel rebel“. Весникот „Телеграф“, пак, ја објави информацијата дека славните манекенки и другите познати лично сти што ќе бидат вклучени во олимписките свечено сти ќе добијат хонорар од само една фунта за нивниот патриот ски придонес. Организаторите на Олимписките игри сè уште официјално не ја потврдиле оваа информација.

на кучка. Таа е вистинска вештерка - изјавила Анистон. Џоли сè уште не ги коментираше овие навреди. Таа моментално го снима филмот „Злобница“. Во него таа има улога на злобна кралица и носи рогови. Токму оваа нејзина улога ја инспирираше Џенифер Анистон, поранешната сопруга на Бред Пит, да упати навреди на нејзина сметка.

Концертот на американската пејачка Мадона во Брисел станал повод за потсмешливи статии во белгиските весници. Не биле продадени сите билети, а во анализите се вели дека последниот нејзин албум е слаб и младата публика не ја препознава како свој идол. Концертот се одржал на стадионот „Крал Бодуен“. Според весникот „Соар“ биле продадени само околу 40.000 билети или 75 проценти од вкупно понудените. Весникот „Либр Белжик“ наведува дека неколку часа пред концертот половината билети биле непродадени. За најскапите, кои чинеле 150 евра, немало заинтересирани. Мадона наскоро ќе наполни 54 години. „Либр Белжик“ додава во коментарите дека за младите Мадона изгледа како „баба во мини-здолниште“ со истакнати „разголени гради и задник“. Весникот додава дека таа сега има силна конкуренција, пред сè, во Лејди Гага. Пред три години биле продадени сите билети за нејзиниот концерт во Брисел.


СПОРТ

Среда, 18 јули 2012 година

23

ВАРДАР ДЕНЕСКА (18 ЧАСОТ) ГО ИГРА ПРВИОТ МЕЧ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ

Вардарци ја освојуваат Белорусија

М

акедонскиот фудбалски првак Вардар дене ска од Белорусија го почнува својот поход во елитната Лига на шампиони, со надеж дека ќе успее да ја помине првата пречка во квалификациите наречена Бате Борисов. По долги девет години, „црвено-црните“ повторно се дел од ЛШ, а пред себе имаат силен противник кој минатата година играше во групната фаза, заедно со Барселона, Милан и со Плзен. Но, вардарци веруваат во своите квалитети и ќе се обидат на денешниот меч, кој почнува во 18 часот, да остварат поволен ре зултат, кој ќе им даде ре ални шанси за пласман понатаму на реваншот што седум дена подоцна се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје. Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар пред два дена отпатуваа за Минск, каде што одржаа еден тренинг, а вчера го продолжија својот пат за Борисов, каде што дене ска ги очекува првиот европски испит. Најавите се оптимистички, сите веруваат дека Вардар има капацитет за да му се спротивстави на белорускиот шампион. - Не стравуваме од Бате Борисов, веруваме во своите квалитети и во Белорусија сме за да оствариме позитивен ре зултат. Нема да се расфрламе со помпезни изјави, но затоа ќе го оставиме срцето на теренот за да обезбедиме ре зултат со кој во реваншот полесно би можеле да го елиминираме белорускиот првак. Знаеме дека се работи за силна екипа, која во последните неколку години е редовен учесник во Лигата на шампионите, настапуваше и во

Не стравуваме од Бате Борисов, веруваме во своите квалитети, дојдовме да оствариме позитивен резултат, изјави капитенот на тимот Милан Илиевски групната фаза, што само по себе дава јасна слика за нивните квалитети – изјави новиот капитен на тимот Милан Илиевски. Тренерот Илчо Ѓорѓио ски добро го познава противникот, со оглед дека пред три се зони имаше дуели со Бате Борисов, како шеф на стручниот штаб на Македонија ЃП. Сега е пред нов предизвик и нов мегдан со стариот ривал. - За Бате Борисов доволно зборуваат остварените резултати во изминатиот период на европската сцена. Но, овој нов Вардар, иако повеќе години го немаше во Европа, сега е реорганизиран и спо собен да се носи со европските екипи. Одлично се подготвивме и мислам дека имаме сили за рамноправно да се но симе со противникот. Добро го проучивме ривалот, а и ние имаме свои адути за да го загрозиме против-

„КОМИТИ“ НЕ ОТПАТУВАА Навивачката група „Комити“ иако направи напори, не успеа да отпатува за Белорусија за да му даде поддршка на својот Вардар. Поголем дел од навивачите имале проблеми при добивањето на визите и затоа патувањето е откажано. Сепак, „Комити“ најавија дека ќе направат спектакуларна атмосфера на реваншот што ќе се игра по седум дена на арената „Филип Втори“ во Скопје.

ничкиот гол – истакнува Илчо Ѓорѓио ски. Тој на првиот натпревар нема да може да смета на услугите на де фанзивецот Раденко Бојовиќ, кој се жали на повреда. Белорускиот тим, исто така, гледа оптимистички во пре срет на денешниот натпревар на свој терен. Тренерот Виктор Гончаренко изјави дека Бате Борисов има доволно информации за ква литетите на Вардар и македонскиот првак не може по сериозно да ги изненади. - Работевме напорно за да собереме информации за Вардар и ги имаме доволно, така што Македонците нема да нè изненадат. Сè зависи од нас, треба да одиграме квалитетен натпревар и иако сме во мала ре зултат ска криза во домашното првенство, овие натпревари се со сема нешто друго. Сакаме повторно да стигнеме да леку во Лигата на шампионите - изјави Гончаренко на прес-конференцијата во пре срет на мечот. Бате Бо ри сов ќе би де ос ла бен на пр виот натпревар, со оглед дека нема да настапат двај цата нај до бри играчи на тимот, кре ативците Дмитри Бага и Ренан Брешан. Тие се наоѓаат на подготовки со олим пи ската ре пре зен та ци ја на Бе ло ру си ја. Ра ко водс твото ин тер ве ни ра ше и го врати од оваа се лек ци ја де фан зи ве цот Денис Пољаков. Н.Ѓ.


24

СПОРТ

Гатузо: Тренерот Алегри нè избрка мене и Неста

Долгогодишниот фудбалер на Милан и поранешен италијански репрезентативец, Џенаро Гатузо, го нападна тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри, посочувајќи го како единствен виновник за неговото заминување од клубот, како и разделбата со Алесандро Неста. - Алегри е тој што не нè сакаше ��о тимот. Сите наоколу говореа кога овие старци ќе го напуштат Милан. Сега откако си отидовме, низ јавноста се создава слика дека ние, всушност, сме се одлучиле на таков чекор. Не е точно, тренерот јавно соопшти дека нема веќе да смета на мене, на Неста, на Сидорф, и нормално беше ние да си побараме други клубови затоа што сè уште сакаме да играме фудбал – изјави Џенаро Гатузо. Тој во новата сезона ќе настапува во Швајцарија, во редовите на Сион, а ја прокоментира и продажбата на Тијаго Силва и, најверојатно, на Златан Ибрахимовиќ. - Многу големи светски компании се во криза, исто така и фирмите на Силвио Берлускони. Оттаму, навистина не гледам дека за еден фудбалски тим треба да се даваат такви огромни средства, како што тоа го прави Пари Сен Жермен. Но, тоа е веќе нивен проблем. Од друга страна, тие се фантастични фудбалери и Милан ќе биде многу ослабен – заврши играчот за врска.

Среда, 18 јули 2012 година

„КРАЛЕВИТЕ“ БАРААТ НАЧИН ДА СЕ О

Кака мор замин

дојде М Р

еал Мадрид ги има договорено речиси сите детали од трансферот на Лука Модриќ, но истиот не може да биде комплетиран додека „кралевите“ не најдат начин да се ослободат од Рикардо Кака. Најтрофејниот европски клуб пред три години плати огромни 65 милини евра за да го ангажира најдобриот светски фудбалер од 2007 година, но тоа се покажа како многу лоша инвестиција. Имено, многуте проблеми со честите повреди, како и големиот пад во формата, го спречија Кака да ја оправда оваа огромна инвестиција, а, како што одминува времето, шансите такво нешто да се случи сè повеќе се намалуваат. Последните информации од Шпанија говорат дека Жозе Мурињо на самиот старт од подготовките јасно му ставил до знаење на Кака дека не смета сериозно на неговите услуги и дека Бразилецот слободно може да почне да си бара нов клуб. Голем проблем за „кралевите“ претставува фактот дека тие во 2009 година потпишаа шестгодишен договор со овој фудбалски генијалец, кој е валиден уште три сезони, за заработувачка од 10 милиони евра по сезона. Ова го прави Кака убедливо најдоброплатената резерва во светот на фудбалот, па претседателот Флорентино Перез неслучајно ја посочи токму продажбата на овој играч како еден од приоритетите за летниот преоден рок. - Кака имаше доволно шанси за да ги покаже своите квалитети во дресот на Реал, но, за жал, не ги искористи. Залудно е да се плаќа по 10 милиони евра годишно на фудбалер што поголемиот дел од натпреварите ги следи од клупата


СПОРТ

Среда, 18 јули 2012 година

СЛОБОДАТ ОД БРАЗИЛЕЦОТ

ра да си не за да

Модриќ

25

Манчестер јунајтед е број 1 во светскиот спорт Aнглискиот фудбалски гигант Манче стер јунајтед и натаму е број 1 во светот на спортот откако американскиот магазин „Форбс“ по сочи дека актуелната вредност на гигантот од „Олд трафорд“ изне сува огромни 2,23 милијарди долари. Иако „црвените ѓаволи“ минатата сезона беа рано елиминирани од Лигата на шампионите и не освоија ниту еден трофеј, ја продолжија својата доминација на економски план. Новите спонзорски договори што беа потпишани и огромните приходи од продажбата на опремата на овој клуб се главните причини поради кои, без оглед на огром-

ните долгови од околу 660 милиони долари, Јунајтед, сепак, останува главна спортска марка во светот. Веднаш зад „црвените ѓаволи“ се наоѓа најтрофејниот европски фудбалски клуб, Реал Мадрид, проценет на 1,88 милијарда долари. Третата позиција му припадна на бејзбол-тимот Њујорк јенкис, зад кој следат два клуба од НФЛ, Далас каубојс и Вашингтон редскинс. Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа на осмото ме сто на оваа ранг-листа на „Форбс“, со вкупна вредност од 1,31 милијарда долари.

за резерви - комен-

тира еден од диЖозе Мурињо кторите на не смета сериозно на ре„крал ски от бразилскиот плејмејкер, клуб“. Италино неговата плата од 10 јански от гимилиони евра по сезона е гант Милан големо оптоварување не ја крие желбата да го за шпанскиот врати Кака во своите редови, шампион

особено во ситуација кога „росонерите“ ги продадоа Ибрахимовиќ и Тијаго Силва. Сепак, голем проблем претставува фактот дека „црвено-црните“ од Милано се подготвени само за ангажман на едногодишна позајмица, солуција што воопшто не им одговара на „кралевите“, кои во тој случај до година би се соочиле со истиот проблем. Реал останува цврсто на сумата од околу 25 милиони евра што очекува да ги добие од продажбата на Кака, но останува да се види дали ќе се најде клуб што ќе издвои толкави средства за фудбалер што веќе три години е далеку од одлична форма. Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид веќе постигнал договор за петгодишна соработка со Лука Модриќ, но сега останува да се договори само висината на отштетата со раководството на Тотенхем. Претседателот на англискиот клуб, Даниел Леви, останува цврст на ставот дека Хрватот чини 40 милиони евра, сума што шпанскиот гигант не успеа да ја намали со вклучување на Шахин и на Карвалјо во испратените понуди што беа одбиени од Спарси. Сепак, информациите на шпанската спортска јавност говорат дека за Флорентино Перез во моментов е многу поважно да го реши статусот на Кака и некако да се договори со Милан за целосно да го врати Бразилецот на „Сан Сиро“, па потоа експресно ќе ги задоволи условите што ги бара Тотенхем за Лука Модриќ и официјално да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Кавани бара 150.000 фунти неделна плата од Челси

Единсон Кавани е подготвен за пре селба во редовите на Челси, но само доколку раководството на новиот европски првак му понуди договор со кој би бил рамо до рамо со најплатените фудбалери на англискиот гигант. Џон Тери, Френк Лампард и Фернандо Торес се наоѓаат на врвот на оваа листа со неделна заработувачка од 150.000 фунти, сума што и Кавани очекува да ја заработува доколку „сините“ се сериозни во својата намера да го ангажираат во своите редови. Уругвајскиот голгетер беше лоја лен на Наполи изјавувајќи дека нема намера да си замине од италијанскиот прволигаш, но милионските суми што се споменуваат со неговото име очигледно му го сменија ставот, па сега Кавани ќе на-

стојува добро да заработи од својот следен транс фер. - Ситуацијата е јасна, Кавани е голгетер од свет ска класа и ќе мора да биде платен во согласност со своите квалитети. Доколку Челси сака да го ангажира, ќе треба да му понуди плата како на своите најдобри фудбалери. Би било нелогично мојот клиент да има пома ла заработувачка од Фернандо Торес – соопшти агентот на Кавани, кој во следните неколку дена би требало да седне на преговарачка маса со првиот човек на Челси, Роман Абрамович. Челси успешно ги фина лизираше преговорите со бразилскиот плејмејкер Оскар, кој ќе му се приклучи на лондонскиот клуб откако ќе заврши со настапите за „кариоките“ на ОИ во Лондон.


26

СПОРТ

Трет пораз на младинците Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на четвртиот меч на Европското првенство – Бдивизија, кое се одржува во Бугарија. По убедливите неуспеси во пресметките со Белгија и со Полска, нашите младинци овојпат беа поразени и од националниот тим на Холандија, со 56-61. Како пресуден период од мечот се покажа почетокот на четвртата четвртина, во која Холанѓаните стигнаа до предност од 51-43, што потоа знаеја како да ја задржат сè до самиот крај. Горјан Марковски со тројка успеа да намали на 56-57 на една и пол минута до крајот, но следеа неколку нереализирани напади во низа на македонската репрезентација, што придонесе да биде претрпен и третиот пораз во Софија. Марковски повторно беше единствен расположен за игра постигнувајќи 26 поени, соодветна помош доби од Пајиќ, кој реализираше 12 поени и седум скока, но тоа беше премалку за да се совлада и сосема просечната холандска селекција. Со завршувањето на првата фаза, Македонија сега ќе се бори за пласман меѓу 9. и 18. позиција на Европското првенство. Во останатите две средби нашите кошаркари ќе се сретнат со Австрија и со Словачка.

Среда, 18 јули 2012 година

ЈОХАН БЛЕЈК И ЈУСЕИН БОЛТ СЕ ГЛАВНИТЕ РИВАЛИ ЗА ЗЛАТОТО Н

Кој и да победи ќе останеме пр

Ј

охан Блејк е името што сè поче сто се споменува како главен ривал на Јусеин Болт во битките за златниот медал на трките на 100 и на 200 метри на Олимписките игри во Лондон. Тоа воопшто не е случајно ако се земе предвид фактот дека Блејк е актуелен светски првак на 100 метри, а воедно и успеа да го победи Болт и на двете трки за време на националните квалификации во Кингстон. Овој атлетичар останува максимално скромен, све сен дека токму Болт многу му има помогнато на почетоците од кариерата. - Советите на Болт од пред неколку години ми помогнаа да ја надминам менталната бариера и да станам врвен атлетичар. Тој ме отпушти, ме натера да верувам во себе и ме убеди дека морам да трчам поради себе, а не поради своето семејство или ил-

Бразил ги измачи американските ѕвезди Репрезентацијата на САД многу потешко од очекувањата стигна до триумф над Бразил (80-69) во својот последен контролен меч на домашен терен пред заминувањето за Европа. Амери-

канските суперѕвезди имаа големи проблеми да влезат во својот препознатлив ритам, погодија само една тројка од 12 обиди во првото полувреме и никако не успеваа да најдат начин да ја

пробијат цврстата одбрана на Бразилците. Сепак, во второто полувреме на сцена стапи Леброн Џејмс, кој целосно ги презеде работите во свои раце и се погрижи тимот од соништата со нов триумф да се прости од своите сонародници пред патот за Европа. Суперѕвездата на Мајами го заврши овој меч со 30 поени и беше убедливо најпрецизен на теренот, пред Дурент со 11 и Крис Пол со 10 постигнати поени. Тимот од соништата во следните неколку дена ќе одигра уште три контролни средби, кои ќе претставуваат увертира за настапот на Олимписките игри. Американските кошаркарски суперѕвезди најпрвин во Манче стер ќе се сретнат со домаќинот Велика Британија, по што ќе се преселат во Барселона, каде што ќе играат две контролни средби со Аргентина и со Шпанија.

Без оглед на исходот од трките во Лондон, ние ќе останеме добри пријатели, порачува Јохан Блејк

јадници други луѓе, блиски или да лечни пријатели. Со тоа притисокот што го чувствував едно ставно исчезна и почнав да се фокусирам единствено на подобрување на сопственото време - истакнува Блејк. Овој 22-годишен атлетичар не крие дека има голема желба по светското злато, да се закити и со олимписко признание, но све сен е дека против себе ќе го има големиот Јусеин Болт. - Секој спортист секогаш сака да биде прв, јас имам проблем бидејќи секогаш

Хамилтон посакува ноќна трка низ Москва

Луис Хамилтон не го криеше задоволството откако беше дел од тркачкиот спектакл што се одвиваше по улиците на Москва, по кои тој возеше во болидот на Мекларен Мерцедес. Покрај Британецот, дел од ова шоу беа и Чарлс Пик од Марусија и тест-возачот на Ферари, Џанкарло Физикела, кои им понудија моменти за уживање на многубројните руски навивачи. Самиот настан беше организиран за уште еднаш да се покаже дека руската метропола може да биде домаќин на трка од Формула 1, идеја со која целосно се согласува и Луис Хамилтон. - Москва е навистина прекрасен град во кој може да се ужива и при прошетките, но и при возењето. Уживав во овој спектакл, кој ми ја зголеми желбата да се вратам во Русија и да бидам дел од Ф1-трка во главниот град на оваа земја. Навистина би било прекрасно кога би имало трка низ улиците на Москва, возачите секогаш уживаат во таквите настани. Доколку јас се прашувам, би избрал тоа да биде ноќна трка, слична на онаа во Сингапур. Можам да кажам дека трката во Сингапур е омилена речиси на сите возачи, не гледам зошто истото не би било случај и со Москва – изјави Хамилтон.


СПОРТ

Среда, 18 јули 2012 година

27

НА ТРКИТЕ НА 100 И НА 200 МЕТРИ

и на ОИ, ијатели

против себе го имам Јусеин. Тој беше дисквалификуван на СП, па јас стигнав до златото, но токму тој неуспех ќе го направи уште помотивиран за Лондон. Знам дека и двајцата ќе дадеме сè од себе за да стигнеме до првото ме сто, но, исто така, гарантирам дека без оглед на исходот на трките на 100 и на 200 метри, ние ќе останеме добри пријатели - порачува Јохан Блејк. И самиот Болт со ме сеци изјавуваше дека е горд што го има Блејк за свој пријател, но таквите коментари на најбрзиот човек на денешницата стануваат сè поретки и потивки како што се ближи почетокот на Олимписките игри. - Секој ден тренираме заедно, знам колку напорно работи, па доколку од која било причина јас не го освојам златото во Лондон, искрено би сакал тоа да заврши на

градите на Јохан Блејк. Сепак, не би сакал повеќе да одговарам на вакви прашања, не сакам да си предизвикам некаков ма лер

пред најзначајното натпреварување – изјави Болт на де сетина дена пред официјалниот почеток на Олимписките игри.

Во утрешниот број прочитајте што нуди најстариот огласник во Македонија


28

РАЗОНОДА

Среда, 18 јули 2012 година

АЛСАТ-М

СИТЕЛ

КАНАЛ 5

АЛФА ТВ

ТЕЛМА

ТВ ПРОГРАМА 06.45 Добро утро, Македонијо 09.05 Без рецепт 09.25 Риба - сериски филм 10.00 Дневник 10 10.20 Чесниот кадија и сиромавиот - македонски народни приказни 10.50 Лексикомани - образовна програма 11.00 Бисерчиња биберчиња образовна програма 11.30 Мали, а опасни - образовна програма

12.00 Патување со рабробил играна програма 12.30 Симпсонови - анимирана серија 13.00 Вести 13.20 Светот на тишината образовна програма 13.50 Конечно викенд – микс образовна програма 14.30 Анплагд - музичка програма 15.00 Вести 15.10 Без рецепт 15.30 Митските плажи на 60-тите -

документарна програма 16.10 Бостонските адвокати-серија 17.00 Дневник 1 17.40 Тротоар њуз - забавна програма 18.00 Да бидеме начисто информативен магазин 18.30 Риба - сериски филм 19.00 Симпсонови - анимирана серија 19.30 Дневник 2 20.15 За Македонија документарна програма

21.00 Без пардон - инфорамтивен магазин 22.00 Бостонските адвокати -серија 22.50 Дневник 3 23.20 Тротоар њуз - забавна програма 23.40 Пусто турско - драма 01.00 Бостонските адвокати -серија 02.45 Анплагд - музичка програма 03.30 Риба - сериски филм 03.50 Симпсонови-анимирана серија 04.10 Без пардон - инфорамтивен магазин

07.15 ТВ серија 08.05 Документарна програма 09.00 Дигитална зона - емисија за нови технологии 09.30 Ловечко око 10.00 Том Соер – играна филм 11.45 Храна и вино – емисија за гурмани 12.15 Диви суштества – документарна програма 13.00 Цртан филм 13.45 Девици благороднички –

играна серија 14.35 Аларм за Кобра 11 – серија 15.30 Вести 15.50 Канцеларијата – серија 16.20 Диви суштества – документарна програма 17.05 Доктор Хаус – серија 17.50 Храна и вино – емисија за гурмани 18.30 Вести 19.00 Метео 19.05 Спорт

19.10 Аларм за Кобра 11 – серија 20.00 Девици благороднички – играна серија 21.00 Засекогаш млади музичка емисија 21.40 Вести 22.10 Метео 22.15 Спорт 22.20 Сексот и градот – серија 22.45 Закон и ред – серија 23.30 Културна хроника 23.40 Благодарам д-р. Реј – игран

филм 01.20 Сексот и градот - серија 01.50 Засекогаш млади - музичка емисија 02.20 Том Соер – игран филм 03.35 Вести 04.10 Културна хроника 04.20 Ловечко око 04.50 Храна и вино – емисија за гурмани 05.20 ТВ серија 06.30 Вести

06.55 5 до 7 – утринска програма 09.00 Вести 09.10 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 09.25 Осомничени - играна серија 10.15 Портик – хроника на денот 11.45 Телешоп 12.00 Вести 12.15 Вкусот на традицијата – рецепт на денот

12.30 Пет и Стен-анимирана серија 12.45 Моите џебни миленичиња – цртана серија 13.05 Ај ти замижи-емисија за деца 13.30 Супер ѕвезда – топ листа – емисија за деца 14.00 Евро Панорама – информативна програма 14.30 Забавна програма 15.00 Вести

15.15 Миле против транзицијата – играна серија 15.45 Во прво лице – забавна програма 16.15 Осомничени – играна серија 17.05 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 17.30 Вести 17.55 Миле против транзицијата – играна серија

18.30 Фактор здравје – контактна програма 19.00 Вести 19.45 ВОА - Гласот на Америка 20.00 Градот – документарна програма 20.45 Вкусот на традицијата – емисија за кулинарство 22.00 Вести 22.55 Л.А. Без мапа – игран филм

07.00 Здраво Македонијо 09.00 Вести 09.10 Јунска ноќ – турска серија 10.05 Oчајни домаќинки – турска серија 10.55 Метео 5-временска прогноза 11.00 Вести 11.10 Разделба – индиска серија 12.00 21 – интерактивен квиз

12.30 Опасна убавина – турска серија 13.25 Капали чаршија-турска серија 14.15 Добра идеја – иновации 14.55 Метео 5-временска прогноза 15.00 Вести 15.20 Величествениот-турска серија 16.00 Крај – турска серија 16.55 Јунска ноќ – турска серија

17.55 Метео 5-временска прогноза 18.00 Вести 18.45 Екстра Ексклузив – забавен магазин 19.00 Величествениот-турска серија 19.45 Капали чаршија-турска серија 21.00 Крај – турска серија 22.00 Опасна убавина – турска серија

22.55 Метео 5-временска прогноза 23.00 Вести 23.35 Доктори - турска серија 00.20 Екстра Ексклузив – забавен магазин 00.35 Крстопат - игран филм 02.00 Автомагазин – емисија за автомобили 02.45 Разделба – индиска серија

06.15 Засекогаш вљубени - серија 07.00 Вести 07.10 Журнал -утринска програма 09.00 Вести 09.10 Кај Ана - кулинарско шоу 09.25 Македонски стари приказни 10.00 Слушни ја мојата судбина играна серија 10.25 Топ шоп 10.55 Бекстејџ - естраден магазин 11.05 Малечката невеста - серија 11.30 Огнови на љубовта - серија

12.00 Вести 12.10 Огнови на љубовта - серија 12.30 Топ шоп 12.50 Љубов и казна - серија 14.20 Под сенката на врбите серија 15.05 Зет домазет - играна серија 16.00 Вести 16.24 Временска прогноза 16.26 Зет домазет - играна серија 17.00 Огнови на љубовта - серија 18.00 Малечката невеста - серија

18.35 Бекстејџ - естраден магазин 19.00 Дневник 19.30 Бизнис вести 19.40 Временска прогноза 19.45 Под сенката на врбите серија 20.00 Лото - извлекување 20.08 Под сенката на врбите серија 20.50 Зет домазет - играна серија 22.10 Вајпаут - реално шоу 23.10 Дневник

23.35 Временска прогноза 23.37 Херои - играна серија 00.30 Просечен маж - играна серија 01.15 Бекстејџ - естраден магазин 01.30 Се или нешто - забавна емисија 02.20 Балкан бенд - забавна емисија 02.50 Кој те шиша-забавна емисија 03.10 Журнал - реприза 05.00 Зора зори - забавна емисија

08.00 Ноди - цртан филм 08.15 Утеран - индиска новела 09.00 Опасна љубов - шпанска новела 09.45 Да готвиме заедно со А. Положани 10.00 Телешоп Бјорнер Германија 10.10 Топ шоп 10.25 Скај шоп 10.45 Бакуган - цртан филм

11.05 Пет плус - детска емисија 11.45 Љубов и казна - турска серија 12.45 Телешоп Бјорнер Германија 13.00 Странски зет - турска серија 14.00 Телешоп Бјорнер Германија 14.15 Топ шоп 14.30 Скај шоп 14.45 Пет плус - детска емисија

15.35 Бакуган - цртан филм 16.00 Вести 16.30 Да готвиме заедно со А. Положани 16.45 Утеран - индиска новела 17.30 Опасна љубов - шпанска новела 18.25 Пицикато -забавна емисија 19.00 Вести 19.45 Странски зет - турска серија 20.45 Љубов и казна - турска

серија 21.45 Под липите - турска се��ија 23.00 Вести на македонски јазик 23.35 Пицикато – забавна емисија 01.00 Љубов и казна - турска серија 01.50 Странски зет - турска серија 02.40 Под липите - турска серија 03.30 Игран филм 05.00 Опасна лубов - шпанска новела


ИНФОРМАТОР

Среда, 18 јули 2012 година

ВРЕМЕПЛОВ 1877 - Американскиот научник Томас Едисон во својот дневник запиша: „Нема сомнение, мене ми успеа да го забележам човековиот глас, што подоцна можам да го репродуцирам“. Веќе во декември 1877 година Едисон го патентира својот изум што го нарече „конзерва на човековиот глас“ (фонограф, грамофон). 1898 - Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер 1374 - Во Арква, во близината на Кири го открија полониумот, прв Падова, умре Франческо Петрарка, познат радиоактивен елемент. голем лирски поет на италијанската 1918 - Роден е јужноафриканскиот предренесанса. Се смета за осноправник и државник Нелсон Ролихвач на модерната европска поезија лахи Мандела, претседател на Јужи несомнено за еден од најсоврше- на Африка и водач на ните поети во историјата на светска- Африканскиот национален конгрес та книжевност. Целиот негов живот во борбата против апартхејдот. Раи книжевно дело се обоени со него- систичкиот режим во Јужна Африка вата љубов спрема убавата Лаура. во 1962 година го осуди на пет гоСветска слава стекна со делото дини, а во 1964 година на доживот„Канцониер“ - зборник од 366 сонена робја. Од затвор, по огромниот ти, канцони и мадригали. Роден е во притисок на светското јавно мислеАрецо, на 20 јули 1304 година. ње како и јавноста во Јужна Афри1536 - Со одлука на парламентот ка, е пуштен во 1990 година, а шеф во Англија е поништена власта на на државата стана во 1994 година. папата. 1921 - Роден е првиот американски 1635 - Роден е англискиот физичар астронаут Џон Глен, кој со вселенРоберт Хук, секретар на Кралското скиот брод „Меркјури - Атлас 6“ на друштво во Лондон, кој ги усоврши 20 февруари 1962 година трипати ја обиколи Земјата. барометарот, телескопот и микро1951 - Американскиот боксер од скопот и прв ја откри ќелиската африканско потекло Џерси Џо структура на билките. Го докажа Волкот на 37-годишна возраст ја движењето на Земјата и на гравитационите небески тела, а е автор освои титулата светски првак во тешка категорија, станувајќи наји на законот за истегнување на стар боксер кому тоа му успеа. еластичните тела (Хуков закон). 1967 - Во Охрид на Третиот црков1817 - Умре англиската писателка Џејн Остин. Дела: романите „Разум но-народен собор, Светиот синод и чувствителност“, „Гордост и пре- на Македонската православна црдрасуди“, „Менсфилд парк“, „Ема“, ква донесе одлука за прогласува„Наговорање“. ње автокефалност на

ХОРОСКОП

21.03 19.04

Овен – Успешно ги реализирате сите задачи што претпоставените ги бараат од вас, тоа ќе ве искачи едно скалило погоре во работната организација. Совет: нема потреба партнерот да го држите во неизвесност.

21.05 20.06

Бик – Бидејќи јазикот ви е побрз од мислата, треба да бидете крајно внимателни што зборувате и на работа и дома. Совет: време е да почнете да размислувате каде ќе го поминете годишниот одмор. Близнаци – Чувајте се од озборувањата кои се упате ни на ва ша адре са од конкуренцијата. Совет: љу бовниот живот ви е запоставен, партнерот веќе не сака да ве толерира, бидете внимателни.

21.06 22.07

Рак – Денеска покажете се во вистинско светло и покажете ги своите организациски способности. Нема потреба да се воздржувате. Совет: проверете ја крвната слика.

20.04 20.05

Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ охридски и македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски). 1986 - Во Скопје умре Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Родена е во Радовиш, на 9 август 1923 година. 2003 - Британската полиција го пронајде телото на д-р Дејвид Кели, еден од клучните сведоци за манипулацијата со наводно оружје за масовно уништуваање во Ирак. Наведено е дека извршил самоубиство. 2007 - Најмалку 200 луѓе го загубија животот во авинска несреќа во Бразил. Авионот од типот „ербас А320“ на бразилската компанија ТАМ, со 176 патници и членови на екипажот, се запали при слетување на аеродромот „Конгоњас“ во Сао Паоло. Освен патниците во авионот, животот го загубија и голем број луѓе на земјата. 2007 - Најмалку 37 луѓе загинаа во текот на 16-часовното невреме кое ја погоди југозападна Кина. Во луњата беа регистрирани повеќе од 40.000 удари на гром при што беа повредени преку 100 луѓе, околу 10.000 куќи уништени.

23.07 22.08

Лав – Предолго размислувате каде да го поминете годишниот одмор. Додека вие се колебате, другите се сончаат. Совет: лавовите кои имаат сериозна врска, конечно ќе одлучат да предложат брак.

23.08 21.09

Девица – Сакате со авторитет да дојдете до целта, но размислете добро дали тоа е вистински начин да се поентира. Совет: покажете му ги своите чувства на партнерот.

22.09 23.10

Вага – Ако сакате да успеете, тогаш мора да преминете преку неколку пречки. Потпрете се на својата интуиција и на старите добри пријатели. Совет: одете на прошетка со партнерот.

24.10 21.11

Скорпија – Денот ќе ви помине во дружење и во забава. Иако вие à давате предност на работата, сепак некогаш е потребна и релаксација. Совет: посветете внимание на тоа колку трошите.

29

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски

Овој Атанасиј се роди во Трапезунт и живееше во десеттиот век. Крстеното име му беше Аврамиј. Рано остана сирак, па за него се грижеше некој византиски великодостојник кој подоцна го испрати во Цариград на школување. Потоа Аврамиј се подвизуваше како монах (сега со името Атанасиј), најпрвин кај познатиот Михаил Малеин, а потоа на Света Гора. Околу него наскоро се собраа голем број монаси кои ја изградија лаврата Свети Атанасиј Атонски или Великата лавра. Заради големата чистота на срцето, Бог му даде на свети Атанасиј дар да чудотвори. Се упокои во 980 година. Тешко е да се зборува за животот на еден ваков подвижник.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Свети Бруно Бил роден во 1049 година, во Астија. Во 1080 година, папата Гргур Седми го прогласил за бискуп во Сењија. Тој му помогал на папата во борбата против мешањето на царот во внатрешните работи на црквата. Пишувал многу, па во историјата на христијанската книжевност бил познат како хагиограф, теолог, говорник и литургичар. Свети Бруно умрел во 1123 година.

22.11 21.12

Стрелец – Саканата личност целосно ве исполнува, а тоа ви дава поттик со леснотија да ги извршувате сите обврски. Совет: посветете внимание на соновите, тие ви кажуваат нешто.

22.12 19.01

Јарец – Причината за напнатоста побарајте ја во вашата преголемa амбиција, а помалите можности. Совет: вие сакате другите да ги читаат вашите мисли, затоа често доаѓате во конфликти.

20.01 18.02

Водолија – Успешниот период продолжува и понатаму. Уживајте во убавите моменти. Совет: почнете со некоја физичка активност, кондицијата ви е многу лоша.

19.02 20.03

Риби – Кога се парите во прашање, немате никаква контрола, а тоа ви создава главоболки и расправии. Совет: мора да ја контролирате љубомората, таа нема да ви донесе ништо добро.


30

РАЗОНОДА

Среда, 18 јули 2012 година

Почеток: 17.15, 19.30 и 22.00 часот

комедија Режија: Стив Мартино, Марк Турмејер Почеток: 18.00 и 20.00 часот

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Пустинско цвеќе“ Жанр: драма Режија: Шери Хорман Почеток: 15.00 часот

Сала 2: „Каубои и вонземјани“ Жанр: акција, трилер, научна фантастика Режија: Џон Фавреу Почеток: 10.30 и 13.00 часот

„Човек-пајак“

„Мачорот во чизми“ Жанр: анимиран филм Почеток: 15.30 часот

„Ледена доба 4“ Жанр: анимација, авантура,

„Огледалце, огледалце“

Жанр: Акција, авантура Режија: Марк Веб Почеток 22.30 часот КИНО „РАМСТОР“ „Кунгфу-панда 2“ Режија: Џенифер Јух Автор: Џонатан Аибел, Глен Бегрер Почеток: 11.00, 13.00 и 15.00 часот „Што да очекувате кога очекувате“ Режија: Кирк Џонс Жанр: комедија, романса

ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Меѓународна колекција Отворен од вторник до недела од 10.00 до 18.00 МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Традиционални предмети од метал“ „1+ 1 Живот и љубов низ македонската историја“ MUNICIPiVM STOBENSIVM – Римска монетарница во Стоби МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Изложба „Прагови“

Жанр: авантура, комедија, драма Режија: Тарсем Синг Почеток: 17.30 и 20.00 часот „Предавство“ Жанр: акција, драма Почеток: 22.00 часот

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка Објектите на Националната галерија работат од 10.00 до 18.00

ЗРНЦА НА МУДРОСТА Лутењето е сигнал што треба да се послуша! Грег Еванс

нема да дојдеш до неа!

Мудриот човек со себе носи сè свое! Биас

Жената секогаш е помлада од мажот кој е на нејзина возраст! Елизабет Барет Тој што прашува, пред другите е будала

Не плаши се од совршеноста, никогаш

l

29

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

29

l Кочани

31

32

31

l Штип

33 l Неготино

33

34

l Струмица

l Кавадарци

27

28

27 l Охрид

32

l Радовиш

l Кичево

l Дебар

l Струга

l Делчево

Велес l

27

24

32

Скопје l

29

28

l

l Прилеп

пет минути, а тој што не прашува - будала е цел живот! Кине ска поговорка Таму каде што љубовта владее, лутата љубомора е стражар на љубовта. Шекспир

Во текот на денот ќе дува ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 16 километри на час.

Крива Паланка

31

Салвадор Да ли

34

Времето денеска ќе биде стабилно и топло. Во Скопје минималната температура ќе биде 11 Целзиусови степени, а максималната 31 степен. Влажноста на воздухот ќе биде 36 проценти, а видливоста до 10 километри. Индексот на УВ-зраците ќе биде 9.

l Гевгелија

Битола

27

l Ресен

l

29 8 34 ЧЕТВРТОК

9 ПЕТОК 37

11 САБОТА 39

29

Барселона

29

Букурешт

26

Будимпешта

28

Загреб

30

Софија

33

Атина

28

Приштина

28

Сараево

29

Белград


Рецепт на денот

Солен ролат ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто: 800 г брашно 400 мл млеко 1 коцка свеж квасец 125 г маргарин 2 жолчки 1 јајце 1 лажица сол 1 лажиче шеќер За фил: 125 г маргарин 500 г сирење 2 белки

31

РАЗОНОДА

Среда, 18 јули 2012 година

" S A G I TTA R I U S #

DEFORMIRANOST (MN.)

É

A

^OVEKOLIK MAJMUN SILA NA ZEMJINATA TE@A

TESTENINA ZA SUPA RADA NAGALENO

Ê

F

E

É

POSTAR BRAZILSKI FUDBALER

SLEDBENIK NA U^EWETO NA ARIJ

MODEL NA "FORD#

VID KOWSKI ^EKOR MOLWA (MN.)

ARTISTKATA BERGMAN ITALIJANSKI IZRABOTUVA^ NA VIOLINI ANTONIO ARAMILAK PREDEN DEL OD BRODOT (MN.)

Ä

ILIJA JORGA STARA MERKA ZA TE^NOSTI (MN.) SOBA PAMU^NA PRE\A

P

PRVIOT MITSKI LETA^ OBUKA

H

Æ

ODMETNICI OD CIVILIZACIJATA GLASA^

GRAD VO GRUZIJA EDNA OD SAD EKS JU FUDBALER DOBRIVOJ KOWSKA POKRIVKA

"EUROPEAN PRESS AGENCY#

NBA KO[ARKAR DEJL SIDRO, KOTVA

GRAD VO FRANCIJA

ARSENOVODOROD

TOME ARSOVSKI VKUS, VREDNOST

SELO BLIZU DEBAR

RADIUS "OP[TO NARODNA ODBRANA#

SEME ZA SEIDBA

Æ

EGEJSKI OSTROV ROBERT OVEN

U

NO]NA PTICA ITALIJA

^ITAJTE "DEN#

1

VOLT

PO[IROKI TERITORIJALNI PODRA^JA ISTOK NAJGOLEM KOPNEN CICA^

SILEN VETAR

3 7

5

2 5 4 3 6 3 9 2 9 2 8 7 8 1 5 7 9 2 6 8 7 9 5 2 4 6 9 3 8 5

3 7 4 5 9

2 8

8 6 4 6 5 4

3

4

8 7

9 1

9

3 8

2

4

3 8 4 7 5 1 2

3 8 9

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: INGRID, KAS, STRADIVARI, KRADEWE, IJ, PROVI, ODAJA, HIPICI, IKAR, VOTANT, ONI,EPA, TRIVI], NICA, ELIS, OTI[ANI, TA, SEJANINA, R, UTKA, KNOSOS, I, REGIONI, VIOR, SLON; SUDOKU: 1) 189 237 654, 725 469 183, 643 815 927; 914 528 376, 872 643 591, 356 791 842; 268 154 739, 531 972 468, 497 386 215; 2) 376 185 294, 148 239 657, 592 674 318; 931 862 475, 257 941 863, 864 753 921; 685 397 142, 719 428 536, 423 516 789

Приготвување: Во длабок сад ставете ги млекото, шеќерот, свежиот квасец и една лажичка брашно. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да стаса. Кога смесата ќе нарасне, додадете половина од вкупната количина брашно, а потоа се додаваат жолчките, јајцето, маргаринот и солта. Се замесува тесто, а кога добро ќе се изедначи, се додава и останатото брашно и повторно се меси. Повторно се остава да нарасне. Потоа тестото се дели на два еднакви дела, секој дел се развлекува во правоаголна кора со сукало и се премачкува со маргаринот од филот. Потоа врз корите се става од сирењето кое е измешано со белките и се витка во ролат. Ролатот се става во подмачкан плех и повторно се остава да стои околу 10 минути. Се премачкува со јајце и одозгора се попрскува со сусам. Се пече на 200 Целзиусови степени додека не се зарумени.

BOSANSKI PISATEL ]AMIL


ВИЦОТЕКА

Русокоса девојка фаќа риби, дошол чуварот и à кажал: - Госпоѓице, овде се фаќа само со дозвола! - Па, зошто не ми кажавте порано јас половина час фаќам со црви! * * * - Докторе, кажете ми искрено, уште колку ќе живеам? го прашува пациентот докторот.

- Тешко е да се каже тоа, но не читајте романи во продолженија! * * * Мујо купил аквариум и по неколку дена сите риби му умреле. Отишол во продавницата да се пожали, а продавачката му вели: - Дали редовно им менувавте вода? - Па, тие не ја испија ни таа што првпат им ја ставив!

ТИКЕТ СЕК Ј Бате Борисо в Вардар Марибор Жељезнича р

2

1

Коефициент 6,6

Лудогорец Динамо З. Молде Вентспилс

GG 1


Den 18 Juli