Page 1

1 5 денари

www.den.mk

АКТУЕЛНО: ИЗБОРИ ЌЕ ИМА - КАНДИДАТИ НЕМА

23o

Четврток, 18 октомври 2012, година 1, број 178

8

Победа над Србија за фудбалска еуфорија 36-37

ОТКАЗНО РЕШЕНИЕ ЗА РИСТО ПЕЈОВСКИ ЗАШТО МНОГУ ЗБОРУВАЛ

9

Бунтовниот машиновозач остана без работа

Струга ја мати водата меѓу Бранко и Тачи

Надмудрувањата околу кандидатот за градоначалник на Струга се една од клучните причини зaшто од ДПА деновиве брифираа дека се на пат да ја раскинат соработката со СДСМ 5

Александра Амбросио во градник од 2,5 милионa долари 26


2

ВЕСТИ

Четврток, 18 октомври 2012 година

Возот тргна по удолница КОМЕНТАР

Бране СТЕФАНОВСКИ Да се употреби сила врз предводник на синдикална група е немоќ и нетактичност. Со овој потег на Ристе Пејовски му се одредени контурите на Лех Валенса, кој со својата подготвеност во име на вистината ја жртвува личната егзистенција. Од друга страна, да се замолчи и да се избрка лидер на синдикат, каков и да е, репрезентативен или не, во кој членуваат 108 луѓе, е ризик за приказната дека работничката класа во оваа земја се чувстува добро и покрај невработеноста од 31 насто и дека таа има светла перспектива во инвестициите што ги нема. Сепак, македонскиот Лех Валенса, односно синдикалното движење за вистината и за правата во железницата, нема да добие поголеми поддршка. Тоа е веќе задушено со стравот од отка зот на Ристе. Синдикалниот отпор што цица од власта е како куче што лае, а не каса. Има ли министер овој сектор? За две години се удавени 18 бугарски државјани во Охрид, две

железнички несреќи, избегнат е еден директен судир на возови, хеликоптерска несреќа на мировниците - виновници се секогаш тие што управуваат... Сето тоа ќе се заташка со отка зот на Ристе и така ќе биде задоволена правдата. Прашање е дали со отка зот на Ристе е подобрена безбедноста и ефикасноста во железницата, дали се правилно искористени човечките и материјалните ресурси, дали е воведена контрола на паричните текови во фирмата или во име на сопствената комоција е дозволено да гинат луѓе? Приказната за Ристе допрва ќе се плете и сама од себе ќе се режира. Сега Ристе ќе ја бара правдата, која вели дека ниеден синдикален лидер не може да биде избркан од работа поради своите синдикални активност. Какво ќе биде продолжението, ќе гледате во следната епизода од македонската работничка сага или тага. Денеска прес-конференција на Ристе!

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 Стопанска банкa жиро-сметка 200-0024863780-03 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

КИДНАПИРАН СИНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРАГА Македонскиот амбасадор во Прага, Игор Илиевски, вчера на прес-конференција информираше дека неговиот син, Џон Џејмс Илиевски, е одземен од неговата сопруга и не му е дозволен никаков контакт со него, јави дописникот на МИА од Прага. - Џон Џејмс е македонски дипломат кој де факто е лишен од правата и можностите за регистрација во Чешка - изјави Илиевски, обраќајќи се како приватно лице, а не како македонски функционер. Тој објасни дека со помош на позната локална адвокатска канцеларија и физичко насилство од приватна агенција за обезбедување му е одземен две и полумесечниот син и оневозможено му е да го пријави престојот на чешка територија и да побара дипломатски документ. - Правниот обид за киднапирање на мојот син од екстериторијална територија, резиденцијата на амбасадорот, е реализиран од приватна фирма и оттогаш сите повторени обиди да го видам својот син и да ги заштитам неговите човекови права беа неуспешни - рече Илиевски, кој не го има видено синот еден месец и нема никакви информации за него. - За сите кои со „нелегални средства“ го ограничуваа мојот контакт со синот, за сите кои го предизвикаа инцидентот, кои предупредуваа, уценуваа или бараа да не притискам врз проблемот повеќе, сакам да најавам дека синот не може да биде користен како средство за војна со мојата личност - рече Илиевски. Негирајќи дека оваа кауза има политичка конотација, Илиевски додаде дека неговата сопруга на сличен начин со помош на истата чешка фирма пред девет години ја киднапирала својата прва ќерка од нејзиниот татко кој бил од Шпанија. Илиевски смета дека зад чинот на неговата сопруга стојат некои мотиви кои се надева дека, доколку заврши целата драма, ќе à бидат познати на јавноста.

НЕМА ВРАЌАЊЕ НА ВИЗИТЕ Барањата на дел од германските европратеници за враќање на визите за земјите од западен Балкан од опозицијата и од експертите во Германија се толкуваат како популизам што загрижува. - Јас сум строго против барањата на министрите за внатрешни работи. Зголемен е бројот на Роми од Македонија и од Србија што доаѓаат тука, но во најголем број барањата за азил се одбиваат. Ако се погледнат бројките, ќе се види дека Германија, како и досега, има мал проблем, каков што имаат и многу други земји. Но, поради ова и малите внатрешни проблеми што ги имаме во никој случај не смее да им се одземе слободниот визен режим на граѓаните на Македонија и на Србија - изјави за Дојче веле, Мариелуизе Бек. Аналитичарите потсетуваат дека „зимскиот бран баратели на азил“ од Балканот не е нова појава и дека политичарите со него се занимаваат особено во предизборен период.


ВЕСТИ

Четврток, 18 октомври 2012 година

3

ФУДБАЛСКИОТ МЕЧ ГИ ДОПРЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ЧУВСТВА И ТОГАШ ЗОВРЕА СТРАСТИТЕ

Србите провоцираа со грчко знаме, исвиркани и двете државни химни

Никола ЃУРОВСКИ Кога ќе зовријат страстите, тогаш се губи разумот, а фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Србија донесе непријатни сцени. Пред почетокот на натпреварот во Скопје, околу 200 српски навивачи, кои беа сместени на источната трибина на арената „Филип Втори“, развеаја грчко знаме сакајќи со тоа да ја испровоцираат македонската публика на стадионот. Но, само добија реакција од македонската полиција, која влезе на трибините за да им го одземе знамето кое служеше за провокација. Сепак, за жал, успеаја да ја испровоцираат домашната публика бидејќи потоа македонските навивачи им се реваншираа со свирежи при интонирањето на химната на нашиот северен сосед. Потоа и Србите возвратија

исвиркувајќи ја македонската химна, што го расипа комплетниот впечаток на натпреварот. - Ова не беше коректен однос од поединци, српските навивачи не смееја да го извадат грчкото знаме, а како реакција на тоа дојдоа и свирежите на двете химни. На Балканот не му треба многу, еден испад може да предизвика многу други верижни реакции – пишуваат и српските медиуми. Ваквите сцени се за секоја осуда и не треба да се повторат во иднина, особено што се работи за соседни земји чии народи меѓусебно се почитуваат. Меѓутоа, некогаш зовриените глави умеат да претераат и да ги запалат страстите. Хулиганите почнаа да „готват“ лошо сценарио уште два дена пред натпреварот кога српските навивачи најавија дека ќе дојдат во Скопје само за да тепаат Албанци. Но, тоа предизви-

РЕСТАВРИРАНА СААТ-КУЛАТА ВО ГОСТИВАР Министерката за култура, Елизабета Каческа-Милевска, вчера во Гостивар ја промовираше реставрираната саат-кула, споменик на културата од почетокот на 17 век. - Посебно ми е драго што овој значаен споменик го доби својот автентичен архитектонски изглед. Следната година се очекува да биде направено осветлувањето и да се заврши ентериерното уредување - изјави Канческа-Милевска. Гостиварската саат-кула стара четири века е симбол на градот и ја има на грбот на општината.

ка реакција, па бевме сведоци на физички пресметки во Скопје, при што беа нападнати српски фанови кај ТЦ „Мавровка“, а потоа и на плоштадот во нашиот главен град. Двајца навивачи со раскрвавени глави завршија во Градската болница „Осми септември“, а имаше дури и избодени на кои им се укажуваше помош во Клиничкиот центар. Пресметки имаше и по завршувањето на мечот, повторно кај ТЦ „Мавровка“, кога полицијата мораше да употреби солзавец за да ги разбие вжештените навивачки групи. И сето тоа треба да дејствува поучно и во иднина да не се повтори. Спортските натпреварувања не треба да биде фитил за да се запалат меѓунационални тензии, особено кога се работи за две соседни земји, Македонија и Србија, кои досега безброј пати ги докажале своите пријателски односи.

МВР: 13 ПОВРЕДЕНИ ВО ИНЦИДЕНТИТЕ

Девет повредени, од кои двајца потешко, што морале да бидат згрижени во болница, еден приведен поради истакнување на грчкото знаме и уште еден за напад по натпреварот, е билансот од дивеењето во Скопје поврзано со фудбалскиот натпревар. Дополнително повредени се и четворица полицајци и оштетени се неколку полициски возила. Полицијата соопшти дека во четири посебни инциденти се повредени петмина Срби, двајца Црногорци и две момчиња од Велес. Овие инциденти се случиле пред натпреварот околу ТЦ „Мавровка“, каде што по натпреварот македонските навивачи биле нападнати од хулиганите на навивачката група „Шверцери“. Во овој напад се искршени и оштетени повеќе дуќани и кафулиња лоцирани во делот од стоковната куќа „Мост“ кон Бит-пазар.


4

АКТУЕЛНО

Четврток, 18 октомври 2012 година

КОЛКУ ПАРТИИТЕ ГО СЛЕДАТ СВЕТСКИОТ ТРЕНД

Политичарите, приватниот живот и јавноста

Б

итката за семејните вредно сти наспроти тенденциите за легализација на хомо сексуално ста се чини најмногу ја форсира премиерот Груевски. Дури и со личен пример. Семејните рекреативни прошетки на повеќе локации низ Скопје земаат сè поголем дел од неговото слободно време иако е малку неизвесно кога тој има слободно време кога, нели, работи 24/7. Граѓаните сè поче сто може да го видат премиерот, неговата сопруга Боркица и двете ќерки во јавност. Тие последен пат беа фотографирани на Водно, а на оваа семејна идила à претходеше по сета на циркусот што го стуваше во Скопје. Инаку, информации и фотографии од приватниот живот на Груевски претходно не беа толку че сти и до стапни. Беше строго чувана тајна каде го поминува летниот одмор и дали воопшто го кори-

сти. Неговиот ПР се обидуваше да го прикаже како натчовек кој нема приватен живот, туку целосно à е по светен на партијата и на државата.

Но, според експертите по политички маркетинг, очигледно има пре сврт во партијата на Груевски. Петар Арсовски од „Генезис“, на пример, смета де-

ка ВМРО-ДПМНЕ го следи светскиот тренд според кој луѓето сè повеќе се интере сираат за лично ста на оние што ги водат. Оттаму, вели Арсовски, „сè повеќе лично ста на политичарот не може да се одвои од неговите политики. Тие политичарите стануваа еден вид славни лично сти и прашање на одлука на партијата или на лично ста и семејството е дали нивниот ПР ќе биде таков да го отворат приватниот живот за јавно ста“. Арсовски не сакаше да прави споредба со јавниот настап на политичкиот опонент на Груевски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, но, сепак, смета дека секој политичар треба да одбере свој стил што ќе го разликува од другиот противкандидат. - Најважно е да се биде автентичен - смета Петар Арсовски од „Генезис“.


АКТУЕЛНО

Четврток, 18 октомври 2012 година

5

СДСМ И ДПА РАСЧИСТУВААТ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ

Струга ја мати водата меѓу Бранко и Тачи

Првичните брифинзи беа дека проблем е антиалбанската реторика на СДСМ, па соработката со Руфи Османи, но сега излегуваат на виделина надмудрувањата околу Струга

Н

Тони Ангеловски

адмудрувањата околу кандидатот за градоначалник на Струга се една од клучните причини зошто од ДПА деновиве брифираа дека се на пат да ја раскинат соработката со СДСМ, дознаваме од партиски извори. Иако од двете партии официјално негираат дека има спор меѓу нив, според нашите извори, проблемите настана ле затоа што за трката за градоначалничкото ме сто во Струга е заинтере сирана и ПЕИ на Фијат

Зијадин Сеља решен да ја освои Струга

Цано ски, која е дел од опозицискиот фронт на СДСМ, а од ДПА не сакаат ниту да слушнат да ја отстапат оваа општина, па дури и веќе го промовираа пратеникот Зијадин Сеља како кандидат за градоначалник. Лидерот на ПЕИ, Фијат Цано ски, на минатите локални избори за градоначалник на Струга тесно загуби од кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко, и веднаш по изборите обвини дека Мерко победил со фалсификат. Ваквиот ре зултат тогаш беше изненадување затоа што пред решавачкиот втор круг на изборите Цано ски ја доби поддршката токму од ДПА, но и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Според нашите извори, во партијата на Цано ски и сега се заинтере сирани да се тркаат во Струга, каде што смета дека имаат најголеми шанси покрај општината Маврово-Ро стуше. Но, од ДПА не сакаат ниту да слушнат да се откажат од Струга. Пратеникот Зијадин Сеља, кој оваа партија и официјално веќе го прет стави како кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Струга, вели дека тоа веќе е завршена работа. - Јас сум единствен официјален кандидат што е промовиран до сега во овој град. Ние имаме договор со СДСМ онаму каде што Албанците се мнозинство, да се поддржи кандидатот на ДПА, а онаму каде што Македонците се мнозинство, да се поддржи кандидат на СДСМ. Во Струга има 65 проценти Албанци и тука е јасна

Мендух Тачи и Бранко Црвенковски

работата. Не може да има проблем затоа што, во спротивно, се крши она што е договорено. Ние немаме проблем со договорот, а ако некој има, нека ви каже - вели Сеља. И портпаролот на ДПА, Агрон Ферати, официјално вели дека нема сериозни проблеми во соработката со СДСМ иако додава дека наскоро ќе се разјаснат многу работи. И од СДСМ неофицијално велат дека наскоро ќе се знаат некои работи, но, официјално, демантираат дека има каков било проблем. Лидерот на најголемата опозициска партија, Бранко Црвенковски, завчера во интервју за телевизијата „Алфа“ изрази чудење за ваквиот став на партијата на Тачи. - Не сум се видел со Мендух Та-

чи. Очекувам да се сретнеме деновиве и да разговараме за причините за таквиот нивни став вели Црвенковски. Брифинзите за намерата на Тачи да ја раскине соработката со Црвенковски се појавија пред неколку дена. На почетокот се тврдеше дека причина била антиалбанската реторика на високи функционери на СДСМ, а потоа и наводно противењето на ДПА во опозицискиот блок да биде вклучена и НДП на Руфи Османи. Но, според последните информации, сепак, надмудрувањата околу Струга се клучната причина за нервозата во ДПА и проблематизирањето на договорот за соработка на локалните избори што овие две партии го официјализираа во јули оваа година.


6

АКТУЕЛНО

Четврток, 18 октомври 2012 година

МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНА БЕЗ СТАНДАРДИ

Болниците извор на инфекции Не постои тело што ќе ја следи состојбата со интерхоспиталните инфекции, ниту интерес да се направи систем што ќе функционира на национално ниво, велат стручњаците

интерхоспитални инфекции. Овие опасни инфекции пациентите ги добиваат во болниците, каде што доаѓаат да се лекуваат од една болест, а добиваат друга. Во 50 проценти од случаите болничките инфекции се добиваат во одделите за интензивна нега и шок-соба, каде што се хоспитализирани најтешкоболните. Се јавуваат кај пет до 10 проценти од хоспитализираните пациенти. Стручњаците велат дека предизвикувачи се разни бактерии, вируси или габи што се отпорни на антибиотици. Кога таквите микроорганизми ќе навлезат во крвта на човек што веќе се лекува од нешто друго и има ослабен имунитет, новата инфекција може да биде кобна за неговиот живот. Опасноста е поголема кога овие инфекции ќе ги зафатат дишните патишта, тогаш смртноста е дури 70 проценти, предупредуваат лекарите. За да се заштитат од интерхоспитални инфекции, болниците треба да

развијат систем на високо ниво на стерилизација и хигиена. Иако речиси во секоја болница постои лице кое е одговорно за оваа проблематика, специфична едукација не постои, а со тоа и нивото на заштита на болничките соби и операционите сали е на ниско ниво. Стручњаците што се занимаваат со оваа проблематика велат дека клучот за да се стави ред во болниците е во донесување правилник за болнички инфекции. Според информациите на „Ден“, таков правилник одамна е подготвен, но стои во некоја од фиоките на правните служби на Министерството за здравство бидејќи тие сметале дека не е во согласност со Законот за заразни болести. Извори за „Ден“, кои сакаат да останат анонимни, велат дека партизацијата и роднинските врски во здравството имаат негативно влијание и во овој домен, каде што во комисии се ставаат луѓе што не ја познаваат оваа проблематика.

На повидок нов штрајк на клиниките? На скопските клиники, најверојатно, наскоро ќе има нов штрајк. Само стојниот синдикатот и Одборот на лекари во клиничкиот блок вчера доцна попладне се со станаа за да се изјаснат за ваквата можност. Тие треба да најдат правен модус како да се закаже термин

Нова к

Паралелно со етапното етаблирање на косовската независност, сценариото за отцепувањето на северниот дел од Косово оди во пакет со компензација на македонска територија

М

акедонија е единствена земја во Европа што нема систем како да се справи со опасните болнички инфекции, ниту податоци за бројот на овие инфекции во болниците. На конференцијата на Интернационалната федерација за интерхоспитални инфекции (ИФИК), која се одржа минатата недела во Хрватска, нашата земја била обоена во бело, односно единствено графата за податоци од Македонија останала празна. Иако има стручњаци што се занимаваат со оваа проблематика и се обидуваат достојно да не претстават во светот, поради несериозниот однос на институциите на системот, Македонија е единствена на листата што не води сериозна грижа за справување со ова зло, предупредуваат експертите. Треба да постои едно тело кое постојано ќе ја следи состојбата со интерхоспитални инфекции и за тоа ќе ја информира Комисијата за заразни болести. Но, очигледно не постои интерес за да се направи систем што ќе функционира тимски - изјави за „Ден“ Каќа Поповска, микробиолог и претседател на Здружението за

СЕВЕРОТ НА КОСОВ

за нов штрајк, не зависно од судскиот процес во кој Министерство за здравство ја спори легитимно ста на одлуката за претходно закажаниот штрајк. - Ќе бараме правни решенија како можеме да го изведеме тоа - изјави кратко Слободан Георгиевски од

Синдикатот на клиниките. Лекарите се револтирани бидејќи истекува рокот од еден месец за преговори со министерот за здравство, а тој по првите две средби веќе не ги викнал на преговори. Оттука и одлучноста да се решат да закажат нов штрајк, велат синдикалците. М.А.Т

С

Стојан СИНАДИНОВ

рпскиот претседател Томислав Николиќ со понеделничката изјава дека ако Европа им го побара Косово, тогаш Србија ќе скршне од европскиот пат, уште еднаш актуелизираше најмалку две работи. Првата е можната поделба на Косово (отцепување на северниот, „српски“ дел), а втората, побитна за нас, е рефлексијата на тој евентуален процес врз западна Македонија. Последнава декада, да потсетиме, паралелно со етапното етаблирање на косовската независност - од де факто до де јуре – сценариото за отцепувањето на северниот дел од Ко сово речиси редовно оди во пакет со компензација на македонска територија: минимумот е федерализација, а максимумот е отцепување на западните делови во кои е доминантно албанското население. Малку појасен српски став околу дилемата Косово и(ли) ЕУ може да се очекува в петок, кога во Белград се со станува комплетниот државен врв, кој треба да понуди платформа за решение. Според српските медиуми, таа нова државна платформа на Европската Унија – која во најновиот извештај побара Србија да го почитува територијалниот интегритет на Косово - треба да à понуди неколку варијанти за Косово, кои би важеле за целата територија или, пак, други опции од меѓународното право. Целта на српскиот врв е решение кое не е независност на Ко-


Четврток, 18 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

7

О И ЗАПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА

ројка по стариот шнит?

сово, но кое во голема мера ја отсликува суштинската автономија од резолуцијата 1244 на Обединетите нации. Новата платформа треба да биде одговор на ко совската иницијатива за нормализација на одно сите меѓу Ко сово и Србија - прекинувани со правните толкувања околу ингеренциите на северот на Косово, но че сто и со вооружени инциденти – и најмалку два модели од меѓународната практика. Едниот урнек е јужнотиролскиот, а вториот е источнобелгиски модел. Јужен Тирол по Првата светска војна е одвоен од Австрија и припоен кон Италија, но по Втората светска војна на германското малцинство му се

загарантирани големи права, од локална власт и пропорционалност при вработување до образовна и културна автономија. Денес во Јужен Тирол живеат една третина Германци и тој е најразвиениот италијански регион. Според моделот Епен во Валонија, пак, Германците кои живеат во овој град на истокот на Белгија имаат право на вето на одлуките на централната власт. Според белградскиот експерт за меѓународно право Предраг Симиќ, кој било модел скапо би го чинел Белград бидејќи тој и сега одвојува околу 700 милиони долари годишно само за парадржавна одржливост на северот на Ко сово, каде

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: „За Македонија е најбитно инсистирањето на лондонскиот договор на контакт-групата за Косово од 2006 година, кој содржи 10 принципи. Најважен за нас е принципот под број 6: Кога Косово ќе стане независна држава, не смее да се спојува со други држави или делови од други држави!“

има помалку од 10 проценти од вкупното ко совско население. Од друга страна, пак, додека идната платформа е толкувана како вовед во српскиот „План Б“ за Ко сово – Србија да го изме -

машната јавност. Меѓународната заедница од Србија бара конечно да престане со косовската фикција и паралелните институции на северот на Ко сово, а дека целиот процес е во зрела фаза, според овој аналитичар, говори и малата медиумска минутажа на митот за Ко сово наспроти новите теми, какви што се банкротот и корупцијата во државата. Какви ли ќе бидат реперкусиите за Македонија? Универ зитет скиот профе сор и аналитичар Стево Пендаровски вели дека Албанците, исто како и Србите, секогаш реагираат регионално (така би ре агира ле и Македонците при поинаква геополитичка клима). Ко совските политичари, како компензација за евентуалното отцепување на северот на Ко сово, (полу)официјално ја споменуваат Прешевската долина, но регионалната рамка е поинаква зашто таму живеат само 30.00040.000 Албанци, додека во Македонија околу половина милион. Од друга страна, во регионалните компензации Маке-

сти проблемот од Брисел во Њујорк (ООН) – дел од српските аналитичари велат дека повеќе и нема дилеми за паралелниот процес „и Ко сово и ЕУ“ бидејќи тој е мртов. Ѓорѓе Вукадиновиќ, влијателен универзитетски профе сор по меѓународна политика, во колумна за „Политика“ тврди дека операцијата на одземање на Ко сово од Србија е во завршна фаза и актуелниот српски политички врв денес нема време ниту да „купи време“, макар тоа им било потребно за до-

донија е најслабата алка и на политички и на биолошки план, па можно е да се очекува реакција од, најпрвин, македонските Албанци, според принципот „Ако не важи договорот за независно ста на Ко сово, тогаш не важи ниту Охридскиот рамковен договор“. Според Пендаровски, евентуалното (и не сакано) „ѕвецкање со оружје“ нема да дојде од страна на Албанците кои се во политичкиот систем, туку од радикалните групации надвор од него.


8

АКТУЕЛНО

Четврток, 18 октомври 2012 година

ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ НА МАКА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Избори ќе има, кандидати ни за лек

В

Игор ЧАВЕСКИ

ласта и опозицијата мака мачат да ги пронајдат кандидатите за градо начал ни ци во оп шти ни те што ва жат за упо ри ште на спротив ни от та бор или, пак, ка де што нив ни от кан ди дат по стиг нал ре зул тати под оче ку ва но то. На пет ме се ци пред одр жу ва ње то на ло кал ни те из бо ри, ВМРОДПМНЕ и СДСМ не ма ат из бра но кан ди дати за по ве ќе то оп шти ни. Изми нати ве не кол ку ме се ци опо зи ци јата на ра бот но то ле то, а вла ста на конкурс, се обидуваше да дојде до кан ди дати те што ќе им до не сат што по го лем број гла со ви. Партиски извори велат дека причина за тактизирањето е слабиот потенцијал на понудените ре ше ние, но и нај а вата де ка е мож но, за ед но со ло калните избори во март, да се одржат и предвремени парламентарни, со што многу ќе се промени ситуацијата на терен. Сепак, и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ се едногласни дека ова ќе бидат едни од најнеизвесните избори и дека до последен момент нема да се знае победникот. Најголема битка се очекува да се води за градоначалничкото ме сто во главниот град. Премиерот Никола Груевски пред неколку дена нагласи дека очекува сигурна победа во Скопје и дека СДСМ не може да пронајде кандидат што ќе му се спротистави на Коце Трајановски. И додека во Скопје владејачката партија е убедена во триумф, со сема различно расположение владее во Карпош, која е единствената општина што е под владе-

Партиски извори велат дека причина за тактизирањето е слабиот потенцијал на понудените решение, но и најавата дека е можно, заедно со локалните избори во март, да се одржат и предвремени парламентарни

ние на опозицијата. Актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски е убеден дека повторно ќе ја добие довербата на граѓаните на неговата општина. Поради тоа , тој се заблагодари на понудата на неговата матична партија да биде заеднички кандидат на опозицијата за прв човек на главниот град. За во Карпош ВМРО-ДПМНЕ размислува да го кандидира поранешниот директор на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, или, пак, актуелниот заменик-министер за локална самоуправа, Сашо Лазаревски. Неизвесна трка се очекува и во останатите скопски општини. Во Ѓорче Петров, Ана Павловска-Данева или Александар Наумовски ќе

му се спротивстават на Сокол Митревски. Во Кисела Вода е речиси сигурно дека ВМРОДПМНЕ нема да го кандидира Марија Ѓорчев поради слабите резултати, но и СДСМ сè уште го нема избрано својот кандидат. Ивица Коневски очекува сигурна победа во Аеродром, додека, пак, во Центар ќе се води изедначена битка. Кандидат на опозицијата, најверојатно, ќе биде лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, додека, пак, Златко Ка леников нема да биде изборот на ВМРО-ДПМНЕ. Според извори во владејачката партија, сопственикот на „Кадис“ се откажал од таквата намера не задоволен што неговата фирма не беше избрана на тендерот

за полициски возила. Во останатите градови најнеизвесна битка се очекува да се води во Битола, Прилеп и во Охрид. Во градот на конзулите Менде Диме ски ќе се спротистави на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за кој сè уште не е одлучено да ли ќе биде актуелниот градоначалник Владимир Та левски или актуелниот министер за информатичко општество, Иво Ивановски. Во Прилеп, Хари Локвенец ќе се трка со Маријан Ристе ски, додека, пак, во Охрид најверојатниот избор за противкандидат на Александар Петре ски ќе биде Цветко Грозданов, директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен про стор.


Четврток, 18 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

9

САНКЦИИ ЗА МАШИНОВОЗАЧОТ ШТО ЗБОРУВА ОТВОРЕНО ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО МЖ

Ристо Пејовски е суспендиран од работа М ашиновозачот Ристо Пејовски, претседател на Независниот синдикат на машиновозачите, кој во понеделникот даде интервју за нашиот весник, е веднаш „отстранет од работа“. Во образложението стои дека Пејовски со интервјуто во „Ден“ го нарушил угледот на „МЖ – Транспорт“. До конечното добивање на отказното решение ќе му биде исплатен надомест од 50 проценти од платата од претходниот месец, стои во документот. Ова е втор пат со решение Пејовски да биде избркан од работа, а еднаш е избркан без решение. Враќан е на работа по добивањето на споровите пред надлежните судови. Последново решение му е врачено вчера, во време кога тој бил на годишен одмор. Тоа е доказ дека Дерковски е над законот, вели Пејовски. Како ја примивте веста за Вашата суспензија? - Јас сум шокиран од одлуката на директорот Дерковски и од

образложението во решението за нарушен углед. Всушност, јас си ја вршам мојата синдикална обврска, а угледот на претпријатието треба да се гледа токму во ликот и во делото на генералниот директор и тоа пред вработените и пред неговите ментори. Моето решение за отстранување од работа е доказ дека се вршат закани и уцени врз синдикалните активисти, кои во јавноста не смеат да зборуваат за проблемите во железницата. Во Вашето интервју од понеделникот тврдите дека директорот зема плата од 100.000 денари, а тој оваа ваша изјава ја негира и вели дека е без докази. Како можете да тврдите нешто за кое немате докази? - Всушност, е обратно, тој тврди дека машиновозачите имаат плата од 40.000 денари, што не е точно, туку е максимум 27.0000, а јас тврдам дека тој има, според ставките, пет пати поголема плата од мене, што значи дека моето тврдење е по-

вистинито од неговото. Имам уште многу забелешки за состојбите во претпријатието што не ги изнесов во интервјуто: поважен е односот на директорот кон правата на работниците, кои за полесно да преживеат во овие тешки времиња се зачленуваат во синдикатите за да добијат канта сирење. Работниците што не членуваат во тие синдикати не добиваат такви поволно сти. Директорот со неговите постапки ги наруши меѓучовечките односи, мотивира кодоши и преку таквата дисциплина сее страв. Нема годишни здравствени прегледи, кои по Законот за здравје и безбедност при работа се задолжителни. Нема никаква комуникација меѓу мене и него, тој ги избегнува состаноците со мене иако писмено му се обраќам да разговараме за проблеми што можат да се решат преку ди-

јалог. Ќе повторам дека со решението што ми ги врачи е убиена демократијата во одно сите на релација работоводен орган синдикат. Имате на располагање правни лекови. Што ќе преземете? - Овој проблем не е само мој. Ова е проблем на синдикалното движење во РМ и веќе е интернационализиран. Изве стени се ЕЗА и ИТУК, во кои членува нашиот синдикат, УНАСМ кој е единствен претставник на македонскиот синдикализам во нив и пошироко. Верувам дека Европската Унијата на земја-аспирант за членство нема да à дозволи да внесе вирус со кој ќе ги уништи клетките на демократијата. Се разбира дека и ќе поднесам тужба. Не ми е јасно Дерковски каква политика води и пред кого одговара.


10

АКТУЕЛНО

Четврток, 18 октомври 2012 година

ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈА НА СИМ-КАРТИЧКИТЕ

Нема веќе анонимни повици

К

Ирена ЧАЧКОВА

орисниците на припејдкартичките веќе нема да бидат анонимни. Од утре, трите мобилни оператори ќе имаат законска обврска да ги регистрираат корисниците на сим-картичките и ќе се знае точно кое лице кој број го користи. За да можат да ја користат сим-картичката, новите корисници прво ќе треба да достават свои лични податоци кај операторот бидејќи во спротивно нема да можат да ја активираат картичката. - На тој начин ќе се заштитат крајните корисници бидејќи во последно време граѓаните се жалат дека добиваат анонимни повици. Корисникот може да се идентификува во салоните на мобилните оператори, преку СМС или преку веб-страницата на мобилниот оператор - изјави Роберт Ордановски, директор на Агенцијата за електронски комуникации. И мобилните оператори ја поддржуваат оваа одлука. Тие веќе ги имаат завршено сите

технички подготовки. - Очекуваме новата одлука да предизвика нервоза кај корисниците, но се надеваме дека ќе ја добиеме поддршката од корисниците. Не очекуваме дека поради одлуката може да дојде до намалување на бројот на ко-

рисници - велат претставниците на операторите. За новите измени, корисниците ќе бидат известени преку СМС. Од трите мобилни оператори апелираат до постојните корисници на припејд, кои сè уште не се регистрирале, да го

направат тоа што поскоро. Се очекува дека во првата половина на 2013 година целосно да биде оформена базата на корисници. Оваа обврска подолго време се практикува во сите земји во Европа.

Глобална невработеност и забавен економски раст

Све тот е со очен со ни зок сто пан ски раст и со висока невработеност, изјави гене рал ни от се кре тар на Ор га ни за ци јата за еко ном ска со ра ботка и раз вој, Ан хел Гу ри. Во пос лед ни от из ве штај на ОЕСР за перс пе кти ви те на гло бал ната еко номи ја се наведува дека водечките стопански инде кси во неј зи ни те член ки го во рат де ка по ве ќе голе ми еко номии оче ку ва ат сла бе е ње на рас тот во прет стој ни те кварта ли.

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

ФУНТА

На се кои 100 ра ботос по соб ни жи те ли во водеч ки те свет ски сто панс тва, 65 од нив во вто ри от квартал би ле вра боте ни, што е не што по ве ќе во од нос на пр ви те три ме се ци оваа годи на, со оп шти оваа ор га ни за ци ја. До тренд на зго ле ме на вра бо те ност ме ѓу по ста ри те ра бот ни ци дој де по ра ди зго ле му ва ње на ста рос ната гра ни ца за оде ње во пен зи ја, доде ка стап ката на вра ФРАНК

ДОЛАР

17 ОКТОМВРИ 2012 ГОДИНА

НБРМ

61,5

75,9

50.8

47,1

продажен

61,65

76,8

51,20

48,00

куповен

61,35

74,60

50,0

46,30

Менувачници

боте ност ме ѓу мла ди те е на ма ле на, на веду ва Ор га ни за ци јата. Пре тсе дате лот на Европ ската коми си ја, Жо зе Ма нуел Ба ро со, ве ти де ка Евро па и ната му ќе би де пр ва во изд во ју ва ње то средс тва за помош и апе ли ра ше при ват ни от се ктор да напра ви повеќе за да придоне се на тоа поле. Баро со истак на де ка е по тре бен еко ном ски раст и тоа ток му во при ват ни от се ктор, кој може да има клуч на уло га.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.793,03

6,40

0,36%

МБИД

1.698,73

12,12

0,71%

118,92

0,03

0,03%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


Четврток, 18 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

11

„Брима Галуп“: Повеќе од 57 проценти од граѓаните против „Скопје 2014“ Во текот на септември „Брима Галуп“ изврши истражување на јавното мислење за актуелните политички состојби на репрезентативен примерок од 1.165 испитаници. Едно од прашањата беше каква е реакцијата за реализација на проектот „Скопје 2014“. 42,7 проценти од анкетираните имаат многу негативно мислење за проектот, а делумно негативно мислење имаат 15,1 процент или вкупно 57,8 насто имаат негативно мислење за „Скопје 2014“. На другата страна се 10,9 проценти од испитаниците со многу позитивна оценка за проектот и 15,5 проценти со делумно позитивна или вкупно 26,4 проценти од граѓаните имаат позитивно мислење

за проектот. Неодредени биле 15,8 проценти од граѓаните. Ако се анализираат одговорите на испитаниците според етничката припадност, се забележуваат

Ќе се приватизираат „Хеленик петролеум“ и солунското пристаниште

Грција планира да објави тендери за продажба или за закуп на најголемата рафинерија и на двете најголеми пристаништа за да го плати долгот и да ги задоволи условите од договорот за меѓународна финансиска помош. Зделките ќе бидат дел од вториот бран приватизација, по шест про екти кои се очекува да завршат на почетокот од 2013 година. Државата, исто така, планира да бара инве ститори за атинскиот ае родром, за авто патот „Иг на ци ја“, ка ко и за ма ли ре ги о нал ни ае родроми и при ста ни шта. При вати за ци јата е клучен дел од грчките напори да се плати долгот и земјата да се врати од работ на банкрот. Според планот за враќање на долгот потпишан со ЕУ и со ММФ, Атина треба да собере 19 милијарди евра до крајот на 2015 година и околу 50 милијарди евра до 2020 година.

значително различни перцепции кај Албанците, од една, и кај Македонците и кај останатите заедници од друга страна. Сепак и кај Македонците расположе-

нието кон проектот „Скопје 2014“ е доминантно негативно со речиси една половина од анкетираните со негативен одговор и една третина со позитивен.

Скопјанец лани заработил повеќе од 2,5 милиони евра Скоп ја нец ла ни за ра бо тил по ве ќе од 156 ми ли о ни де на ри, од нос но не што по ве ќе од 2,5 ми ли о ни евра, со оп шти Упра вата за јав ни при ходи. Че тво ри ца гра ѓа ни при ја ви ле годишни приходи од повеќе од 100 ми ли о ни де на ри. Ме на џер во фарма цевтска ин ду стри ја ла ни при ја вил годиш на бру топлата од 68.105.262 де на ри, и тоа е нај голе мата плата во Ма кедо ни ја за 2011 годи на. Врз ос но ва на подато ци те до би е ни од годиш ни те да ноч -

ни при ја ви за 2011 годи на, од де сет те пр во ран ги ра ни нај ви со ки годиш ни бру то-плати, три се ос тва ре ни од тр го ви ја или про из водс тво на фарма цевтски про из води и пре па рати. Нај ви со ко то „до пол ни тел но при ма ње и на доме сток од ра ботен од нос“ из не су ва 57,7 ми ли о ни де на ри и, пак, е исп лате но во Скоп је. Од продажба на ак ции нај ви со ката до би вка би ла око лу 40 ми ли о ни де на ри.


12

СКОПЈЕ

Четврток, 18 октомври 2012 година

Изложба на портрети на џез-великани Во про сториите на Кинотека на Македонија во рамките на програмата за култура на Општина Карпош за поддршка и организирање ликовни изложби се одржа изложба насловена „JAZZ“, инспирирана од светските великани на џезот. Поздравен говор даде советникот за култура во Општина Карпош, Горан Михајлов, кој истакна дека општина Карпош секогаш ги подржува ликовните уметници и им дава про стор да го изразат својот талент. Автори на цртежите се Гоце и Владимир Илиевски, млади и надежни таленти кои учествувале на ликовните хепенинзи во рамките на „Карпошово културно лето“. На изложбата беа претставени 40 дела во техника масло на платно, на кои се претставени портрети од џез-легенди. Изложбата беше збогатена со настап на легендарниот Симон Киселички.

Изградени детски игралишта во Бутел Заврши изградбата на петте нови дет ски игра лишта во оп шти ната Бу тел. Ка ко што ин форми ра ат од Оп шти ната, првото игра лиште се наоѓа во населбата Радишани, веднаш до спорт ската са ла „Иван Хаџи Николов“. Дет ското за бав но игра ли ште, ка ко што ве лат од Оп шти ната, е опре ме но со то бо ган, две клац кал ки, две лула шки, ме та лен мост, од нос но лак и че ти ри ма сив ни клупи за седење. Поради конфи гу ра ци јата на те ре нот, из гра ден е пот по рен ѕид со

Нова фирма ќе ги чува спомениците во Центар Оп шти на Цен тар склу чи до го вор со фирмата „МДН обезбедување“, која ќе биде задолжена за обезбедувањето на споме ни ци те на те ри то ри јата на оваа оп шти на. Прет ход но оваа задача à беше доделена на аген ци јата за обез беду ва ње „Лупус“, но, како што велат од Оп шти ната, до го во рот за вр шил. За оваа намена Општината ќе à плати на новата фирма околу 120.000 евра. Договорот

е со времетраење од две години. Од Оп шти ната ве лат де ка во согласност со договорот, новата фирма ќе ги има об вр ска 24 часа да ги чува сите фонтани и спомен- обе леж ја што се по ста ве ни и кои во след ни от период ќе се по стават, а кои се во сопс тве ност на Оп шти на Центар. Обезбедувањето ќе се врши патролно и физички за да се спречи уни шту ва ње то на спомениците.

жардиниери и по себна патека со пристапна рампа. Другите четири се наоѓаат во на се ле ното ме сто Љуботенски Пат, Бутел 1, на улицата Мар ко Кра ле и во Радишани, покрај реката Сера ва. Си те пет игра ли шта имаат нова електрична инсталација за новите украсни канделабри и рефлектори, со што е овозможено забавата на децата да се одвива и во вечерните часови. За оваа намена Општината издвои од буџетот околу 3 милиони денари.

Гологанов затворен за сообраќај Доколку дозволуват временските услови, односно ако не врне, поради изведување градежни работи, дене ска во периодот од 9 до 20 часот булеварот Митрополит Теодо сиј Гологанов ќе биде затворен за сообраќај. Сообраќајот не ма да се од ви ва на поте гот од кр стос ни цата со ули ца Франклин Рузвелт до фабриката „Алумина“. При из веду ва ње на гра деж ни те актив но сти на оваа делница, сообраќајот ќе биде пренасочен и тоа кон Ѓорче Петров по улицата Франклин Рузвелт, булевар Партизански одреди и улицата Мо сковска, а во обратна насока кон Центар ќе биде пренасочен по улица Мо сковска, по булевар Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт. Од Град Скоп је ин форми ра ат де ка авто бу си те на јав ни от градски превоз со број 5 ќе ја користат претходно по сочената траса.


Четврток, 18 октомври 2012 година

СКОПЈЕ

13

ОПШТИНСКАТА „ПАЈАК-СЛУЖБА“ СОБИРА ВОЗИЛА КАДЕ ШТО ЌЕ СТИГНЕ

Центарските „пајаци“ ги дерат граѓаните П

Игор ЧАВЕСКИ

аркинзи на општина Центар секојдневно ги дерат граѓаните со казни за непрописно паркирање на ме ста на кои воопшто не е означено дека паркирањето е забрането. Револтот на граѓаните за самоволието на нивната „Пајакслужба“ станува сè помасовен. Вработените во оваа служба велат дека стотици не задоволни од утро до вечер доаѓаат кај нив барајќи објаснување зошто им се од земени возилата. Речиси сите се жалат дека автомобилите им се подигнати од „Пајакслужбата“ и покрај тоа што не сториле никаков сообраќаен прекршок. Најголем проблем претставува тоа што никаде не е обележано каде е дозволено, а каде не е дозволено паркирањето и дека „рекет-службата“, како што ја нарекуваат граѓаните, го користи секој момент за дебело да профитира. Најголеми редици пред билетарницата на депото под Транспортен центар, каде што се подигнуваат автомобилите запленети од „Пајак-службата“ на Општина Центар, имаше завчера. Општинските пајаци го искористија големото количество автомобили дојдени во центарот на градот поради фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Србија за добро да заработат. Иако од Општината на големо се пофа лија дека поради натпреварот паркирање-

Граѓаните се жалат дека автомобилите им се подигнаат од „Пајакслужбата“ и покрај тоа што не сториле никаков сообраќаен прекршок

то ќе биде бесплатно и дека „Пајак-службата“ нема да оперира, тоа не се случи. Сведоци потврдуваат дека автомобили во депото на „Пајак-службата“ беа но сени на секои де сетина минути. Посебно на удар биле возилата од внатрешноста на државата кои не се доволно запознаени за тоа како функционира паркирањето во делот околу стадионот и дека, всушност, доаѓањето во главниот град ќе ги чини неколкукратно повеќе.

И новинар на „Ден“ во средата беше жртва на самоволието на вработените во „Паркинзи на општина Центар“. Неговото возило беше од земено во една од уличките во близина на Клиничкиот центар иако таму нема никаков знак дека паркирањето е забрането. Но, голготата што ја приредија надлежните на „Пајакслужбата“ на Општина Центар не заврши со подигнување на возилото. Кога оштетениот заминал да си го плати долгот,

следувал нов шок. Неговото возило било изгребано при транспортот, а, згора на тоа, вработените одбиле да му покажат фотографија од „прекршокот“ иако тоа е нивна должност. Општина Центар е единствената општина во градот што има сопствена „Пајак-служба“. Според информациите на вработените во Центар, профитот секоја година вртоглаво расте за што доволно говори и фактот што по стојано се набавуваат нови возила.


14

МАКЕДОНИЈА

Четврток, 18 октомври 2012 година

СТРУМИЦА

Заеднички проект со општина Кукуш

О

пштина Струмица и општина Кукуш од Грција добија грант од 956.000 евра од ИПА-фондовите на ЕУ од програмата за прекугранична соработка. Ова е прв заеднички проект на двете погранични општини од Македонија и од Грција, кој во силна конкуренција од 180 пристигнати проекти, без проблеми ги помина строгите критериуми на комисијата на Европската Унија. - Вкупните средства за овој проект, кој е од областа на заштитата на културното наследство, традицијата и развојот на туризмот во двете соседни општини, се 956.000 евра, од кои на Оп-

штина Струмица на располагање à се 336.000 евра. Со овие средства и со средства од општинскиот буџет во наредните две години, со помош на стручните луѓе од Завод-Музеј Струмица, ќе извршиме комплетна реставрација на западниот бедем на тврдината и на влезната северна врата на Царевите кули над Струмица - изјави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Целосното завршување на ре ставрацијата на Царевите кули, која ја почна Министерството за култура, се планира за 2014 година, кога се одбележуваат 1.000 години од битката на Беласица.

БИТОЛА

КУМАНОВО

Волци шетаат слободно Мештаните од селото Романовце тврдат дека че сто гледаат волци како слободно се шетаат во полето и не се плашат од луѓето. Од ловечкото друштво „Фауна“ потврдуваат дека има наезда на волци во кумановсколипковскиот регион. Тие сметаат дека волците слободно се шетаат по населени ме ста затоа што во изминатите две години имало забрана за нивно ловење и многу се накотиле. - Во целиот североисточен регион има волци како никогаш до сега. Иста е со стојбата и во Старо Нагоричене, Ранковце и во Кратово. Селаните се на мака бидејќи волците им правaт големи штети, а немаат начин да се заштитат. Не смеат да ги остават стадата сами ниту еден момент. Волците се вистински ѕверови, кога се гладни не напаѓаат само една овца, туку ги дават сите и потоа ги оставаат. Во последно

време многу повеќе ги има по нивите и во полето отколку во планината бидејќи таму нема што да јадат, а во населбите се хранат и на ѓубришта. Пред де сетина дена, додека бев на лов кај црквата во селото Романовце, видов волк - вели ловџијата Хафис Рамадани од Черке ско Село. Од ловечкото друштво „Фауна“ велат дека доколку надлежните институции побараат од нив, тие се подготвени да организираат хајки за волци за да го заштитат населението од крволочните животни.

Почесен конзулат на Унгарија Во Битола утре ќе биде отворен 13. поче сен конзулат во тој град, а одлуката за негување на овие меѓународни врски и релации ја доне се Унгарија. Свечениот церемонијал во присуство на истакнати јавни лично сти од двете држави ќе се одржи во зградата на конзулатите на Широк сокак во Битола, а за поче сен конзул на Унгарија во Република Македонија ќе биде промовиран Сашо Јанакиевски, бизнисмен од Битола. Од денот на независно ста на Република Македонија во Битола почесни конзулати отворија Франција, Турција, Велика Британија, Русија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Црна Гора и Украина.


МАКЕДОНИЈА

Четврток, 18 октомври 2012 година

ВЕЛЕС

Осма „Питијада“

Ц

ела пастрмалија за 120 денари. Првата чаша вино со стаклена неповратна амбалажа за 30 денари, а потоа секоја наредна за 10. Ова, неофицијално, се цените што ги договориле велешките угостители кои ќе учествуваат на осмата по ред манифестација „Велешка пастрмалија - Питијада“. Од локалната самоуправа очекуваат најмалку 30 излагачи. Сепак, велат дека нема да бидат изненадени ако има и повеќе. - Очекуваме дека годинешната „Питијада“ ќе биде со многу учесници. Сигурно ќе ги има колку и лани, а можеби и повеќе - вели Катица Чадиева од локалната самоуправа. Новост годинава е локацијата на манифестацијата. Тезгињата и штандовите од центарот на градот се селат на улицата пред гимназијата. Така решиле угостителите. Сметаат дека на ова место има по-

голема фреквенција на граѓани. На тој начин манифестацијата ќе биде повеќе посетена. - Угостителите и учесниците побараа штандовите да се постават на локацијата кај кафулињата затоа што тука е сврталиште на младите во вечерните часови и на тој начин и тие ќе бидат вклучени во манифе стацијата -

рече Чадиева. Манифестацијата „Велешка пастрмалија – Питијада“ ќе трае три дена, во викендот што почнува на 9 ноември. Прв пат се организира толку рано поради искуството од претходните години кога студеното време направи посетата во вечерните часови да биде минимална.

15


16

КОЛУМНА

Четврток, 18 октомври 2012 година

Бранко одлучно рече „не“!

Љубиша НИКОЛОВСКИ

К

ол ку е ла год но да си власт во Ма кедо ни ја се га. Со реч ни кот на зодијакот, сите планети се на твоја страна. Народот те сака до покорност. Не знам зошто! Колку му даваш толку и му зе маш. Опо зи ци ја има, ама ка ко да ја не ма, по ве ќе служи да ја разд ви жи вла ста одо што да ја де ле ги ти ми ра. Не знам зошто! Може си имаат на ти го дај ми го. Меди уми те раздрн ка ни: ед ни те мегафони на власта, другите измеќари на опозицијата. Има и трети - вечни ловци на долари од странски донатори. Нив ги интере сира само таа власт. Се знае зошто. Лагодно ста ти ја подгрева и старата блудница Европа што те „тинтра“ до балчак. Таа е таква ете зошто! Аме ри ка сè не што е, де мек, загрижена за курсот што го тераш. Ќе те кодоши и шпионира, ама во клучни моменти ти го чу ва гр бот - таа по сто ја но те подржува. Е, ај зошто? Значи, по ар но од ова - здрав је. Ама ти не си власт, ти си и власт и опозиција. Две во едно. Та ка и збо ру ваш. Ко га ти оди, си власт. Ко га не што не ти штима во власта, тогаш си и опо зи ци ја. И à ве лиш на дру гата поло ви на од вла ста: „Уа, не може веќе вака, не се сложу вам со ова што го пра виш. Ду ри и ќе те тужам ако пре те ра но ме из нер ви раш. Ако и тоа не те опамети, ќе ви стег нам из бо ри на си те: и на се бе и на Али и на Бран ко и компанија“. И види чудо! Народот вика „Браво, арно им ка-

Дневниот весник „Ден“ е отворен за различни мислења, но се оградува од ставовите на колумнистите

жа“. Опозицијата, онаа другата, онаа „де јуре“, блее, се прпел ка и се чуди ка ко тоа власта à го јаде лебот. Медиуми те, не ли, тре ба да се са мо трансмисија, нема што да прашу ва ат, са мо пре не су ва ат. Евро па ќе мол чи, САД ќе те подржуваат како и секогаш. И на ед наш - чудо. Бран ко одлучно рече „не“! „Не“ за избори што ќе ги распише оваа власт по закон што ќе го доне се ова парла мен тар но мно зинс тво без при фа ќа ње на за бе ле шки те на ОБСЕ и на ОДИХР и на другите меѓународ ни ор га ни за ции, без кон сен зус со опо зи ци ски те политички партии. Тоа е прв радика лен чекор на лидер на партија што претендира да биде водач на здруже ната опо зи ци ја, потег што има намера да ја делегитимира власта и нејзината ароганци ја со над мо ќта што ја има во Собранието, а што се нарекува надгласување. Така, заканата за из бо ри, ако не е автогол на Груевски, тогаш, по сè изгледа, Бранко со овој потег му даде гол на Никола. На овој начин лидерот на СДСМ му го тут на вре ли от ко стен (ком пир, ка ко са кате) на пре ми е рот. Се га тој не ка го пр пелка во своите раце и нека му ја мисли кому ќе му го пре фрли. Англичаните велат „Who’s got the monkey!“ Знаете каков е мајмунот - кога ќе ти се закачи за врат, не можеш да го откачиш. Но, натпреварот не е за вр шен, тоа ни ка ко. И Гру јо не е за пот це ну ва ње. Напротив. Може да се случи играта да продолжи со автоголови од две те стра ни, кои дру ги от ќе ги мате ри ја ли зи ра ка ко свои погодоци. Еве кои се дилемите што ги има ат водачи те на играта од ва ка ра ди ак ли зи ра ните ставови по прашањето на изборите. Одлуката да се оди

сам на из бо ри не е во оп што пре по рач ли ва за ко ја би ло власт, па ни ту за Вла дата на Никола Груевски. Особено не за власт ко ја пре тен ди ра на ско ре шен при ем во ЕУ. Не за власт што е под по стојан над зор на меѓународниот фактор, на оној исти от од по го ре во текстот кој за час од твој поддр жу вач ќе се пре тво ри во суд ски из вр ши тел. От та му партиите од парламентарното мнозинство ќе мора да ја избалансираат суетата со прагмата во доволна мера за да бидат ем свои на сво е то, ем ко о пе ративни. Ако ароганцијата и самоу ве ре но ста на вла ста, сепак, надвладее, тогаш и опозицискиот СДСМ ќе има сериоз ни пробле ми. Осо бе но Бран ко Цр вен ковски ка ко ли дер на партијата. Прво, тој сами от тре ба да е ре шен да истрае до крај и во еден вре мен ски неде фи ни ран пер и од да би де вон парла мен тар на опозиција. Тој тоа искуство го има помирисано, ама од другата стра на. Онаа кон ко ја се га за стра ну ва Груевски. Сам на власт. Апсолутна власт. Бранко сега би треба ло да го одживее вре ме то на Љубчо Ге ор ги евски ко га не го вото ВМРО шеташе по улиците, кога меди уми те не го фермаа, кога власта (Бранко) го гонеше и на кра јот пак по беди на следните избори и го симна од власт ток му Бран ко. За тоа, богами, треба голема хрброст за која не сум сигурен дека ја има Бранко, а богами ни Љубчо по „ста ри“ годи ни. Значи, сè може да биде дежа ви, само актерите ако си ги сменат улоги те. Ни кола да би де Бран ко, Бранко – Љубчо, а Љубчо- Перо (Гошев)?! Плус тоа, тие не се са ми. Зад нив се влечат еден куп партиски бирократи на кои те шко ќе им пад не одеднаш да не одат на работа

во Собрание, да не инкасираат илјадарче (евра) во ме сецот, без скапи ко стуми, ќе исчезнат и сите седници-дневници, хаха-хи-хи-муабети, ќе нема по се бен трет ман, ќе сек нат пату ва њата во странс тво, из губен иму ни тет... Ќе би дат обични граѓани. Од тоа тешко се отка жу ва. По пр во од натре ќе се изглода ат и ВМРО и СДСМ и ДУИ и сите други. Единс тве но, може би, ко га ќе размис лам, би ти пу вал на Бранко. Зашто не може Груевски да би де тол ку дол го на власт колку што Црвенковски може да биде во опозиција.


ДОСИЕ

Четврток, 18 октомври 2012 година

Откриена нива со марихуана Тетовската полиција завчера во нива во атарот на тетовското село Желино, поточно во месноста Студена вода, сопственост на 62-годишниот желинчанец М.И., откри насад со марихуана. На дел од јужната страна и во внатрешноста на нивата насеана со пченка, пронајдени искорнати и подигнати за вештачење се 85 стебла на растението канабис, високи повеќе од два метри. Во тек се мерки за целосно расчистување и за документирање на случајот.

17

Таксист избоден по сообраќајка Скопјанец ограбен од малолетници

Такси-возач од Скопје завчера по полноќ бил избоден со нож. Инцидентот се случил на улицата Методија Митевски, каде такси-возило „ровер“, управувано од Ј.М.(27) од Скопје, имало сообраќајна незгода со патничко возило, од кое излегле неколку непознати лица и физички го нападнале Ј.М., а едно од лицата со нож му нанело убодна рана на телото. Заради укажување лекарска помош, Ј.М. бил прене сен во Градската болница. МВР презема мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.

Шверц на крзно

Цариниците на граничниот премин Меџитлија спречиле обид за шверцување зајачко крзно вредно околу 100.000 денари. Крзното било најдено во товарно возило, комби, со грчки регистарски ознаки, со кое се превезувале двајца државјани на Грција. Тие изјавиле дека немаат ништо да пријават за царинска контрола и приложиле потвр-

Делумно изгоре вилата „Македонија“ Во резиденцијалната вила „Македонија“ во Охрид во вторникот, околу 18 часот, избувнал пожар при вклучување на системот за парно греење. Веднаш е повикана територијалната противпожарна екипа, која по брза интервенција го локализирала и изгасила пожарот. Повредени нема, а по синоќешниот првичен увид, надлежните служби денеска ги утврдуваат причините за пожарот и материјалната штета.

да за празно возило. Но, цариниците при контрола под подот на товарниот дел на возилото нашле 24 парчиња крзно од питом зајак, со димензии 120 на 60 сантиметри. Комисијата за одлучување по царински прекршоци итно донела решение за одземање на стоката, а на прекршителот му изрек ла парична казна.

Малолетничка банда од Скопје нападнала, претепала и ограбила 53годишен граѓанин на Меѓуградската автобуска станица. Според МВР, станува збор за три момчиња и за едно девојче, кои го нападнале скопјанецот додека чекал автобус. Тие му се нафрлиле, го удриле со камен во главата, момчињата му ги фатиле рацете, а девојчето му ги испразнило џебовите од каде што му биле одземени 200 евра. Нападнатиот со повреди завршил в болница, а полицијата трага по малолетничката банда.

Судир на автомобил и на патнички воз

Пред железничката станица во Гостивар завчера вечер се судрија патнички воз и возило. До несреќата дошло кога 49-годишниот Р.С. од Гостивар со автомобил „форд ескорт караван“ ја преминувал пругата во време кога патничкиот воз што сообраќал на линијата Скопје – Гостивар пристигнувал на станица. Повредениот возач бил пренесен во болница, а сообраќајот бил во прекин неколку часа. Невнимание, најверојатно, била причината за несреќата.


18

СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

ЖЕСТОК ДУЕЛ ВО ЊУЈОРК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ВО САД

Обама се врати во втората Парите што ги трошевме на војни во изминатата деценија ќе ги инвестирам за да ги обновиме американските патишта, мостови, училишта, истакна Обама

П

о неуспешниот прв дуел, претседателот на САД, Барак Обама, успеа со убедлив и агресивен настап да забележи поени против предизвикувачот Мит Ромни во втората телевизиска дебата на претседателските кандидати на САД. Двата ривали завчера во Њујорк жестоко дебатираа за буџетот, даноците, енергентите и надворешната политика, често прекинувајќи се еден со друг. Обама го обвини својот ривал дека е кандидат на богатите Американци, кој ќе ги намали нивните даноци, а ќе им дозволи на банките да работат по старо. Ромни возврати дека во изминатите четири години економијата е со неприфатливо низок раст и висока стапка невработеност, и рече дека уште четири години на Обама ќе значат продолжување на стагнацијата. - Претседателот Обама кажа дека ќе го преполови буџетскиот дефицит, а го удвои. Ако претседателот повторно биде избран, долгот ќе биде 20 трилиони. Тоа нè носи на патот кон Грција - изјави Ромни. Обама, Еврокомесарот за здравство, Џон Дали, поднесе оставка поради сомнение дека е вмешан во корупција. Истрагата спроведена од службата на ЕУ за сузбивање измами (ОЛАФ) покажува дека нема непосредна вмешаност на комесарот во корупција, но дека знаел што се случува. Причина за оставката на малтешкиот еврокомесар е истрагата од страна на Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) по жалба на тутунската индустрија „Свидиш

пак, истакна дека се грижи за средната класа, особено неговите мерки за автомобилската индустрија. - Гувернерот Ромни кажа дека автомобилската индустрија треба да банкротира. Сакам да им помогнам и на малите компании. Мораме да го намалиме дефицитот, но тоа треба да го сториме на балансиран начин, да ги прашаме богатите да платат малку повеќе, заедно со намалување на трошењето за да можеме да инвестираме во образование. Парите што ги трошевме на војни во изминатата деценија ќе ги инвестирам за да ги обновиме американските патишта, мостови, училишта истакна Обама. Најмногу контроверзии во дебатата предизвика прашањето за нападот на 11 септември во Либија, во кој беа убиени американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци. Ромни го обвини Обама дека по нападот заминал да собира изборни донации во Лас Вегас, и притоа погрешно го претставил терористичкиот напад врз конзулатот во Бенгази

како спонтан протест предизвикан од филмот што е навредлив за муслиманскиот пророк Мухамед, за многу подоцна администрацијата да признае дека се работело за организиран напад. Обама возврати дека уште првиот ден, по нападот, рекол дека се работи за тероризам. Во последното прашање, Обама и Ромни имаа шанса да исправат некоја невистина за нив која била прикажана во текот на кампањата. Обама го искористи својот завршен збор да го обвини Ромни за неговата позната изјава за 47 проценти од Американците. - Верувам дека гувернерот Ромни е добар човек, кој го сака своето семејство и се грижи

за својата вера. Но, тоа што го кажа зад затворени врати, дека 47 проценти од оваа земја се сметаат себеси за жртви и одбиваат да преземат лична одговорност, се однесува на луѓе што примаат социјална помош и што работеле целите свои животи. На ветерани што се жртвувале за оваа земја. Јас ќе се борам за нив - обвини Обама. Ромни возврати дека изјавата не го претставува во вистинско светло. - Кампањата на претседателот Обама се обиде да ме претстави како некој многу поразличен од тоа што навистина сум. Јас се грижам за 100 проценти од американските граѓани, и сакам 100 проценти од

Еврокомесарот за здравство подне мач“ поднесена во мај оваа година. Според ОЛАФ, Дали знаел дека имало обид за корупција за новиот пропис за шведскиот тутунски производ наречен „снус“. Се работи за вид тутун за џвакање, чија продажба е забранета во ЕУ, но не и во Шведска, која го бараше овој исклучок при нејзиниот влез во ЕУ во 1995 година. ЕК соопшти дека

ОЛАФ нема докази за непосредна вмешаност на Дали, но смета дека тој знаел за настаните. Дали категорично ги отфрлил наодите, но се одлучил за оставка за подобро да го одбрани својот углед и угледот на ЕУ. Службата на ОЛАФ испратила извештај до ЕК откако ја истражила пријавата од „Свидиш меч“. Комисијата тврди дека еден малтешки

бизнисмен се обидел да го искористи познанството со комесарот Дали за да издејствува поволно решение за „снус“, а за ваквата одлука да добие пари од шведската фирма. Пред дваесет години целата Европска комисија поднесе оставка откако одборот за истрага укажа на размена на услуги и финансиски неправилности во нивните редови.


СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

рунда

19

Од порноѕвезда до министерка Аргентинката Изабел Сарли, инаку секс-симбол на шеесеттите години и ѕвезда во порнофилмови, ја замени порнокариерата за политички ангажман. Претседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, најави дека Изабел ќе ја извршува функцијата амбасадор на поп-културата. Аргентинците на неа се сеќаваат како убавица со совршено тело заради што ја нарекувале Кока Шарли, споредувајќи ја со шише од „кока- кола“. Таа во шеесеттите години беше првата аргентинска актерка што целосно се соблече пред камерите. Кариерата ја почнала како модел, а во 1955 година станала убавица на Аргентина. Изабел сега има 77 години, но сè уште го привлекува вниманието на јавноста, но овојпат како амбасадор на поп-културата. Аргентинската претседателка Киршнер изјави дека националниот секс-симбол ќе биде вистински претставник на националната култура, како нејзин нов амбасадор. - Таа на ова место доаѓа не само заради актерските квалитети, туку и затоа што во тоа време беше сметана за популарна икона и симбол на аргентинскиот филм - додаде Киршнер.

Швајцарската војска чека немири во Европа Американците да имаат блескава и просперитетна иднина. Го поминав целиот мој живот во приватниот сектор, а не во Владата. Сакам, со искуството што го имам, да му помогнам на американскиот народ - кажа Ромни. Анкетите спроведени по дебатата покажуваат дека Обама бил подобар, но со многу мала разлика. Ромни убедливо победи во првата дебата, по што дојде до изедначување на популарноста на двајцата кандидати, дури и преземање на водството во некои од анкетите од страна на Ромни. Следната, и последна дебата, е предвидена за 22 октомври и ќе биде на тема на надворешната и одбранбената политика.

се оставка

- И покрај напорите во последните неколку години да се исчисти, продажбата на влијание и личните контакти и натаму може да бидат одлика за лобирање во ЕУ. Ако е така, службите многу посериозно мора да преземат мерки против корупција - вели Јана Митермајер, шефица на канцеларијата на „Транспаренси интернешнел“ за ЕУ.

Швајцарија не е членка на ЕУ, ниту на еврозоната, но швајцарската армија се подготвува за можни немири поради кризата во еврозоната и многубројните демонстрации против мерките за штедење, пренесува виенскиот

весник „Стандард“. Воената вежба под назив „Стабило дуе“, која е спроведена минатиот месец, а во која учествувале 2.000 војници, требало да ја подготви армијата во случај да има потреба да одгово-

ри на внатрешните немири или потенцијалниот бран бегалци од земјите како Грција, Шпанија, Италија, Франција и Португалија. Во воените маневри учествувале припадници на пешадијата, но и на воената авијација и специјалните единици. Швајцарското Министерство за одбрана тргнува од фактот дека нејзините сили во иднина ќе бидат потребни бидејќи безбедноста во земјите кои во моментов мора да штедат драстично ќе биде загрозена бидејќи сè повеќе ќе снемува пари за војската. До декември, пак, Швајцарија планира да стационира дополнителни 1.600 војници на аеродромите, индустриските зони и пред меѓународните организации. - Ако овие земји веќе не можат да се бранат, состојбата во цела Европа ќе се заостри - изјави министерот за одбрана Ули Марер. Од друга страна, партијата на зелените ја критикува оваа одлука и оценува дека Министерството за одбрана ја користи нестабилноста во Европа како параван за јакнење на улогата на војската и дејствување против сопственото население. Швајцарската армија брои 200.000 војници, на осум милиони население, со што е најголема во Европа.


20

СВЕТ

Аква алта во Венеција

Аква алта или висока вода е познат феномен во италијанскиот туристички најпривлечен град Венеција, кој и годинава ги поплави познатите плоштади. Нивото на водата вчера на одделни места достигна висина од 105 сантиметри. Аква алта се јавува како последица на голема плима и на силен јужен ветар. И покрај водата на плоштадот „Свети Марко“, може да се видат весели Италијанци и туристи, кои се шетаат со најлонски ќеси на нозете.

Си го продала синот за мобилен телефон Индиската полиција беше шокирана кога една млада мајка одбила да го прими сопственото дете во семејството, по што го продала за 70 евра, јави „Франс прес“. Младата Ракхи Патра, откако го продала својот 17-месечен син, парите ги потрошила на нова облека. Иако оваа 20-годишна мајка тврдела дека на тој потег се одлучила за да го плати адвокатот за нејзиниот сопруг, кој е во затвор, полициската истрага покажала дека се почестила со мобилен телефон, хеланки и со маички. За несреќното дете сега се грижат социјалните служби затоа што мајката одбила да го прими назад во семејството.

Четврток, 18 октомври 2012 година

СПОНЗОРОТ НА АВСТРИСКИОТ ПАДОБРАНЕЦ ТРИЕ РАЦЕ

Феликс му донесе шест милијарди долари на „Ред бул“ Познатиот производител на енергетски пијалок има 12.000 отсто добивка

С

кокот на Феликс Баумгартнер од работ на вселената, од вртоглави 39 километри висина, му донесе на спонзорот „Ред бул“ приход од реклами во износ од шест милијарди евра, пренесува американскиот печат. Со вложените 50 милиони долари во скокот на бестрашниот Феликс, познатиот производител на енергетски пијалак има 12.000 отсто добивка. - Сè е маркетинг – вели основачот на „Ред бул“ и еден од најзаслужните за мисијата „Ред бул стратос“, Дитер Матешич. Од компанијата велат дека очекуваат долгорочна корист од историскиот скок. Па, така „Евробренд“ проценува дека вредноста на фирмата од 14 милијарди евра, по скокот на Феликс, скокнала на 17 милијарди евра. - „Ред бул“ има потенцијал да стане европски „Епл“, а Матешич на пазарот може да излезе со нов производ, како, на при-

мер, автомобил - вели аналитичарот Герхард Хребичек. За разлика од фирмата што својот бенефит може да го смета во пари, бестрашниот Феликс сатисфакција наоѓа на друга страна. Мисијата, која ја следеа милиони луѓе во живо, му донесе светска слава, влез во историјата, рекорди кои во брзо време нема да се соборат, ненадминлива доза адреналин и, најважното, остварување на сонот. Што се однесува до парите, магазинот „Форбс“ тврди дека Феликс нема да стане милионер. - Скокот само го потврди неговото партнерство со „Ред бул“, што би можело да го „заклучи“ на подолго време. Не верувам дека ќе добие некои нови спонзорски договори бидејќи луѓето, дефинитивно, ќе го идентификуваат само со еден бренд – вели аналитичарот Дејвид Шваб, кој додава дека Феликс има соработка со „Ред бул“ уште од неговите тинејџерки денови.

Лукашенко à се заканува на


СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

21

На 96 години станал татко Индиецот Рамаит Рагхав на 94-годишна возраст го доби првото дете, со што стана најстариот татко на светот. Две години подоцни, го урна сопствениот рекорд кога неговата 52-годишна жена пред десетина дена му го роди вториот син, јавија индиските агенции. - Кога почнавме да живееме заедно, одлучивме да го прошириме нашето семејство и сакавме два сина. Со божја милост, нашата желба беше

а Европа со имигранти Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, вчера се закани дека ќе овозможи прилив на илегални мигранти во европските земји како одговор на санкциите што Европската Унија ги воведе за неговата земја, јави „Асошиејтед прес“. Заканите од последниот диктатор во Европа доаѓаат откако министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ завчера ги продолжија за уште една година санкциите против режимот во Белорусија, од кој се бара да спроведе демократски реформи. Но, Лукашенко смета дека ЕУ треба да à плаќа на Белорусија затоа што неговата земја не дозволува премин на илегални мигранти преку нејзините грани-

ци. Според него, Белорусија веќе не сака да одвојува ресурси за заштита на ЕУ од мигранти, кои некогаш пренесуваат дрога, експлозив и други забранети материјали. На Белорусија à досади да биде шутирана од ЕУ и да биде нарекувана со разни имиња - додаде Лукашенко. Инаку, Летонија, Литванија и Полска се земји-членки на ЕУ што се граничат со Белорусија. Официјален Минск тврди дека во минатото во просек по 10.000 мигранти годишно биле спречувани во намерата илегално да влезат во ЕУ. Санкциите што беа воведени за Белорусија се однесуваат и за увоз на оружје, додека на црната листа се наоѓаат 243 лица и 32 ком-

исполнета - изјави Рамаит. Освен што за себе тврди дека е најстариот татко на светот, Рамаит гордо раскажува дека до пред десетина години живеел во целибат. Тајната на ова „витално деденце“ можеби се крие во тоа што секој ден станува во пет часот наутро и оди да работи во полето. Секое попладне се одмара по два часа, додека легнува да спие пред осум часот навечер. Освен тоа, Рамаит е строг вегетаријанец.

пании, на кои им се замрзнати банкарските сметки и им е забрането да патуваат. Министрите од ЕУ ги критикуваа парламентарните избори во Белорусија, кои се одржаа минатиот месец, оценувајќи дека се „пропуштена шанса“, додека од тамошните власти побараа да ги ослободат политичките затвореници и да престанат со прогонот на опозицијата и независните медиуми. Истовремено, министрите нагласија дека нивната политика нема за цел да спроведува изолација затоа што ЕУ со Белорусија одржува врски на техничко ниво и го поддржува граѓанското општество во таа поранешна советска република.


22

СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

СПОРЕД ЛИСТАТА НАПРАВЕНА ОД ИНТЕРПОЛ На тронот и натаму останува руската мафија, која има половина милион луѓе

С

рпската мафија е на осмото место во светот, според податоците на Интерпол. Критериумот за влез меѓу десетте најмоќни криминални организации во светот се влијанието во организираниот криминал, убиствата, трговијата со дрога и со оружје, но и инвентивноста и спектакуларноста во грабежите, пренесува „Телеграф“. Според Интерпол, српската мафија ја црпи својата моќ и од фактот што своите бизниси ги има разгрането низ најмалку десет земји. На листата на Интерпол се наоѓаат околу 350 српски државјани, за кои се знае дека се блиски соработници на водачите на најголемите наркокартели во светот. Првото место на листата со десетте криминални организации го зазема руската мафија, за која се проценува дека има повеќе од половина милион членови и контролира околу 70 проценти од руската економија. Веднаш зад неа е италијанската мафија, која е една од најстарите криминални организации во светот. Се верува дека италијанските мафијаши имаат 65 милијарди евра во кеш, со вкупен годишен приход од 100 милијарди евра. Третото место го држат ко-

Српската мафија е осма во светот

лумбиските наркокартели, кои најголемиот подем го остварија во 60-тите години од минатиот век, првенствено преку продажбата на дрога во САД. Кинеските тријади се на четврто место, кои се познати по шверцувањето нелегални имигранти, а се верува дека контролираат дури две третини од трговијата со кокаин во светот. Со 110.000 членови, јапонската Јакуза е на петтото место. Нивната работа е ориентирана на проституција, коцкање, порнографија, шверцување луѓе, лих-

варство, шверц и перење пари. Мексиканската мафија е формирана во американските затвори и со 30.000 члена го зазема шестото место. Најчесто се занимаваат со прекуокеанско шверцување оружје и дрога, но контролираат и доброорганизирани синџири на проституција. Израелците го заземаат седмото место, чии бизниси често се поврзуваат со српското подземје. Имаат репутација на немилосрдни мафијаши, со монопол врз трговијата со хашиш. Веднаш зад осмопласираното срп-

ско подземје се наоѓа албанската мафија, која своите разграноци почнала да ги развива во осумдесеттите години на минатиот век. Нејзина специјалност се трговијата со наркотици, оружје и луѓе. Интересно е што многу криминолози тврдат дека во рамките на оваа мафија се почитува кодекс кој е стар повеќе од 600 години. На последното, десетто место на листата на Интерпол се наоѓа јамајканската мафија, позната по трговијата со дрога и суровите ритуални убиства.

Во Шпанија разбиена кинеска перална на пари

Шпанската полиција вчера во Барселона и во Мадрид уапси 80 луѓе во акција за разбивање на кинеските криминални банди. Во операцијата учествувале 300 полицајци, а целта била да се спречи перење пари и даночно затајување. Во акцијата се уапсени и порноактерот Начо Видал и еден советник од Мадрид. Оваа група годишно перела меѓу 200 и 300 милиони

евра, изјави државниот секретар за безбедност, Игнасио Улола. - Обемот на дејноста на кинеската криминална група, која оперирала во Шпанија од 2009 година, ги надмина сите наши очекувања. Според нашите податоци, за четири години криминалците успеале да исперат меѓу 800 милиони и 1,2 милијарда евра - изјави Улола.


Четврток, 18 октомври 2012 година

ДЕН И НОЌ

23

Игор Џамбазов за Тоше: Пријателе, ќе се видиме наскоро, сакале или не!

В

о емисијата која се емитуваше на Македонската телевизија, а кој ја одбележуваше петгодишнината од смртта на Тоше Прое ски, македонскиот шоумен Игор Џамбазов, во улога на домаќин на емисијата, откри што му порачува на Тоше во книгата што ја пишува новинарката Соња Неделковска. - Пријателе, ќе се видиме наскоро, сакале или не. Но, јас не

верувам дека ќе ме пуштат таму каде што си ти, ако фатам врски преку дедо Петре, ќе биде лудо и незаборавно - гласи по светата на Џамбазов. Ка жа ни те збо ро ви на Игор го им пре си о ни раа по ши ро ки от ауди то ри ум, а на со ци јал ни те мре жи по за вр шу ва ње то на еми си јата можеа да се прочи та ат мно гу стату си пре ку кои се ци ти ра ше не го вата из ја ва. С.М.

Викторија Лоба, страстен навивач на трибините

Атрактивната поп-пејачка Викторија Лоба завчера од трибините на Националната арена „Филип Втори“ го следеше натпреварот во фудбал меѓу репрезентациите на Македонија и на Србија. Дека Лоба не е меѓу тие девојки што не гледаат фудбал, докажа со нејзиното присуство на натпреварот заедно со дру-

гарките. Како обожавателки на фудбалот и по завршувањето на натпреварот, тие ја прославиле победата на македонската репрезентација. Пред неколку ме сеци Викторија Лоба ја раскина врската со бизнисменот Зоран Наумовски-Кизо, сега е слободна девојка, а вчера го прослави и својот 25. роденден. С.М.

Електронското трио „01 Плент“ најавува деби-албум Ма кедонскoтo еле ктрон ско трио „01 Плент“ го об ја ви сво е то пр во ЕП-изда ние, нас ло ве но „Missing link“. Со изда ни е то, кое содр жи че ти ри пес ни, гру пата го нај а ву ва сво јот де би-ал бум, кој тре ба да се појави на почетокот на 2013 годи на. Но ви от мате ри јал е до стапен за бесп лат но пре зе ма ње на ин тер нет. -„01 Плент“ е кон цеп ту а лен му зич ки про ект што нуди комп лет но аудио-ви зу ел но дожи ву ва ње. Овој еле ктро со став ди зај ни ра му зи ка со помош на комп ју тер ски соф твер. Екс пе ри мен тал ната му зи ка, ко ја спон та но се соз да ва на под ло га на крау трок, пси -

ходе ли ја, ин ду стри ал и нојз, прет ста ву ва осве жу ва ње за љу би те ли те на модер ната му зи ка. Нив ни от звук се ба зи ра на дла бо ки и ди стор зи ра ни ана ло гсинтба со ви, емо тив ни ме лодии од еле ктрич на ги та ра и спе ци фич ни синт-зву ци ди зај ни ра ни да ги разд ви жат те ло то и умот - ве лат од продук ци јата. Гру пата е форми ра на во 2010 годи на и е со ста ве на од троjца искусни музичари од Ку ма но во: Але ксан дар Златков ски, Да ни ел Ѓу рев ски и Иван Јо ва но виќ. Зад се бе има ат не кол ку на стапи во Скоп је, Кума но во и во При леп. Тие беа дел и од годи неш но то изда ние на фе сти ва лот „Де со нанц“.


24

ДЕН И НОЌ

Звукот на Детроит во Капан ан За љубителите на добрата му зи ка, промотер ската ку ќа „Пјур соул“ организира модерен му зич ки на стан на уни кат на ло ка ци ја во Ста рата скопска чаршија, во Капан ан, утре вечер со поче ток во 23.30 часот. Презентација на иновативна и ква литетна музика со легендарниот детроит ски диџеј, проду цент и про фе сор Мајк Хакаби со локална поддршка од познатите диџеи Томи Боја џи и Тевдо. За за ба вата се предвидени специјални аудио и ви зуел ни ефе кти. Мајк е еден од момците што ги познаваат сите корени и културата на еле ктрон ската му зич ка денс-сцена. Тој е профе сор за музика и за модерни музички

опреми, дизајнер на звук, колекционер на плочи. Препознатлив е по сво јот хаус-стил со приме си на џез, фанк и на соул и на стапу ва по ве ќе од две де це нии во све тот, прет ста ву вај ќи ја де тро ит ската електронска музичка култура. Ре зи дент е во нај поз нати те европски клубови, меѓу кои и ле ген дар ни от „Тре зор“ во Берлин.

Јоце Панов снима видеоспот за „Љубовна религија“

Поп-пе јачот Јо це Па нов деновиве го подготвува новиот видеоспот за песната „Љубов на ре ли ги ја. Ре жи сер на но ви от ви де о запис е Да рио

Јан ко виќ, сни мен е покрај езеро, а во при каз ната е Јо це и уште ед на де вој ка. Спо ред објавените фотогра фии, може да се забележи дека но ви от ви де ос пот на штипјанецот Панов многу потсе ту ва на тој што го изра боти за пес ната „Ти пе ам пес на“. По сè изгледа ам би ен тот по крај езеро во дрвена куќичка му е оми лен на Јо це или на режисерот. С.М.

Четврток, 18 октомври 2012 година

Четврток, 18 октомври 2012 година

АЛЕКСАНДРА МИТКОВСКА НА 6. ИЗДАНИЕ НА „МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ“

Лабина Митевска е мојата муза за смели варијанти!

ДЕН И НОЌ

25

Хуманитарен концерт за Марга Под мотото „Со помош до нов живот“ на 23-ти октомври во зимскиот клуб „Хавана“ во Скопје ќе се одржи концерт за младата 26 годишна, Марга Велевска, која боледува од целебрална парализа. За да се подобри нејзината здраствена состојба потребен е третман со пресадување матични клетки во Русија. Се со таа цел, неколку бендови од Скопје излегуваат во пресрет да бидат дел од хуманата акција преку музички концет, од кој собраните средства од влезлиците ќе бидат донирани со

таа цел. На хуманитарниот концерт ќе настапат: „ Културно уметнички работници“, „ Фулиш грин“, „Стил темпл“, „Фуснота“, „Тотално опуштање“ и „ Верка“. Влезниците се со симболична цена од 15о денари.

Впечатлива модна недела во Јапонија Слободанка МАРКОВАЧЕВА

П

о модната етикета „Вибразиони“, младата македонска модна дизајнерка Александра Митковска своите колекции досега ги претставила на модните недели во Србија, Бугарија и пошироко. Нејзината најнова колекција насловена „Пластичен свет“, беше промовирана вчера на шестата сезона на „Моден викенд“ во Скопје. Митковска во својата колекција претстави смели и авангардни модели од пластифицирани и од проѕирни мантили за дожд, фустани, панталони, пластифицирани чевли и од впечатливи модни додатоци. Во колекцијата преовладуваа геометриските форми, а се појавуваат и дезени на свила и на памук, инспирирани од македонскиот фолклор. Бои кои преовладуваат

се белата, сивите нијанси и беж. - Целта ми е да направам една популарна марка која нема да функционира само во Македонија, туку пошироко. Модните викенди се едни од местата каде секој дизајнер може да се промовира. Доста луѓе од моите сегашни клиенти ме запознаа токму на овие модни случувања. Да не е модниот викенд, многу потешко би било да успееме - вели Митковска. Во својата кариера како дизајнерка, Александра соработува со

Милан од „Екатерина Велика“ добива улица во Загреб

„Ти си аут“, нова песна на Зои Блаж

Пејачот и гитарист на славната белградска рок-група „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ, кој почина на 5 но ември 1994 година, на 25 октомври ќе добие улица во Загреб, кој е негов роден град. На истиот датум, улица по сво ето име ќе добие и кантавторот Карло Метикос, познат како Мат Колинс. Двете улици се наоѓаат во населбата Јакушевац.

Младата и атрактивна пејачка Зорица Блажевска, попозната како Зои Блаж, продолжува да го зголемува бројот на песни. Според коментарите на упатените, таа од неодамна стана актуелна на македонската забавна сцена повеќе заради атрактивниот изглед отколку заради талентот и музиката што ја работи. Но, таа не се вознемирува од овие коментари и продолжува да си ја гради музичката карие-

ра. Нејзината нова песна е насловена „Ти си аут“, а како композитор се потпишува Александар Масевски, со кој Зои соработуваше и за претходните песни. Како и „Живеј со времето“, и новата песна го задржува стилот на модерен и брз ритам кој исполнува со енергија. Наме сто видеоспот, Зои за песната изработи фото се сија која е дело на фотографот Зоран Поповски-Аварел. С.М.

голем дел од македонските, српските и од хрватските јавни личности. Меѓу нејзините постојани клиенти се Ивана Петерс од српскиот рокерски состав „Негатив“, актерката Лабина Митевска, Дани Димитровска, Каролина Гочева, Елена Ристеска и многу други. Од своите клиенти, Лабина Митевска ја вбројува во оние кои моделите знаат да ги носат со посебна енергија. - Лабина е фантастичен човек, со кој многу лесно се работи. Не е личност која бара да најде некои недостатоци, но секогаш знае што сака да облече и каква енергија ќе пренесе преку моделот. За црниот фустан што го носеше на отворањето на „Браќа Манаки“ годинава беше толку одлучна за таа смела варијанта, преку која се откриваат нозете, а се истакнуваше и нејзиното заоблено стомаче од бременоста. Брзо одлучи дека ќе го носи

тој фустан, па дури и не направивме проба пред да го облече. Иако знае што сака, Лабина ги прифаќа и моите сугестии - раскажува Александра. Геометриските форми се нејзина честа инспирација во колекциите. Причината за тоа ја гледа во тоа што нејзиниот татко е градежен инженер. - Јас не сакам лелеави форми, геометриските се мојата слабост. Изгледаат сигурно и смело. Веројатно поврзаноста е со тоа што мојот татко цел живот работи со челик, конструира градби, па можеби тоа потсвесно влијае на мојата инспирација вели Митковска. Освен колекцијата„Пластичен свет“ на Александра Митковска, на „Моден викенд“ беа прикажани и кратки модни филмови кои се новитет во програмата на шестото издание.

Спо ред јапон ски те мод ни ди зај не ри, ин тен зив ната жол та и пор то ка ло ва бо ја ќе би дат гла вен моден тренд за се зо ната про лет-ле то 2013 годи на. Во глав ни от град на Ја по ни ја, То кио, ве ќе ед на неде ла се одр жу ва мод на неде ла на ко ја се промо ви ра ат трен до ви те за годи ната што до а ѓа. По го лем број ја пон ски ди зај не ри ги про мо ви раа сво и те нај но ви колек ции во кои пре ов ла ду ва ат ја ки те бои, па муч ни те, сви ле ни те и ле ле а ви мате ри ја ли. Освен мод ни те парчи ња, во То кио беа промо ви ра ни и но ви моде ли на авто мо бил ската ком па ни ја „Мер це дес“, ко ја е ге не ра лен спон зор на на ста нот. С.М.

Убавицата на Србија е мажена, мора да ја врати круната Николина Бојиќ повеќе не е носителка на титулата „мис на Србија“, а од круната се откажа преку соопштение кое нејзиниот адвокат го предал во компанијата „Мис Ју“. - Николина Бојиќ повеќе не е во состојба да го издржи сето тоа што во следниот период се бара од избраната убавица на Србија - стои во соопштението кое адвокатот на Николина Бојиќ à го дал на компанијата „Мис Ју“. Николина, сепак, не открила каде се наоѓа сега ниту дали навистина е мажена за канадскиот тенисер Франко Данчевиќ. Титулата „мис на Србија“ би требало да ја преземе првата придружничка Александра Докниќ.


26

ДЕН И НОЌ

Четврток, 18 октомври 2012 година

Стјуардесите на „Рајанер“ со секси реклама за компанијата

А

виокомпанијата со нискобуџетни летови „Рајанер“ повторно ги фотографираше своите секси стјуардеси во оскудна долна облека за специјалното издание на календарот за 2013 година. Сите средства од продажбата на овој ка лендар ќе одат во хуманитарни цели, а целта е да се соберат 100.000 фунти за полскиот хуманитарен фонд „АВН“. „Рајанер“ и лани направи календар со провокативни фотографии од своите стјуарде си, кој предизвика големи полемики во јавно ста, и многу критики на сметка на компанијата. Компанијата некои од фотографиите користеше и во промотивни цели во дневниот печат, а сликите се окарактеризирани како сексуално суге стивни. Овој календар наскоро ќе се најде во продажба, а ќе може да се купи на летовите на „Рајанер“ кои сообраќаат кон Полска, по цена од осум фунти, односно де сет евра. Девојките

кои се фотографираа за овој календар, 12 на број, изгледаат речиси како манекенки, што само говори за високите стандарди на „Рајанер“ кога е вработува-

њето врз основа на физичкиот изглед во прашање. Ова е ше сти пат една од најпознатите компании за евтини летови да прави ваква акција.

Александра Амбросио во градник од 2,5 милиони долари Алесандра Амбросио е новата избраничка на „Victoria’s Secret“ која го облече скапоцениот градник вреден 2,5 милиони долари. Познатата манекенка го претстави цветниот градник со аметисти, сафири, рубини и дијаманти, во чиј центар има бел дијамант од 20 карати. Заедно со градникот, доаѓа и колан во ист стил, декориран со 5.200 скапоцени камења. „Victoria’s Secret“ секоја година создава по еден луксузен градник. Минатата година Миранда Кер го носеше градникот „Fantasy Treasure“, вреден 2,5 милиони долари.

Никој не сака здодевен погреб, нека свири нешто од Адел или Синатра Неодамнешното истражување покажа дека никој не сака да се досадува на погребите, и поради тоа се повеќе луѓе во Велика Британија избираат поп балади кои на последното патување ќе ги испрати нивните најмили или пак нив самите. Реквием од Моцарт веќе не се слуша на погреби. Во изминатите 12 месеци, од 30.000 погреби во Велика Британија, во најголем дел било побарано да свири поп музика. Само во четири отсто се определиле за класична музика, пишува „Гардиен“. Песната „My Way“ од Френк Синатра, која седум години го држеше рекордот во пуштање на погребите, сега свири само на 15 отсто од погребите. Добитничката на музичката награда Греми, пеачката Адел, исто така, е на врвот на „погребалната музичка листа“. Нејзината балада „Someone Like You“ е на број 22 по популарност. Во текот на 2005 година, 41 отсто од песните на погребите биле химни, но во последните 12 месеци тој процент опадна на 30 отсто. На четвртина од погребите воопшто немало музика , затоа што песната која ја одбрале најчесто била непримерна според мислењето на свештеникот кој го извршувал обредот за погреб. Меѓу нив е и песната „Imagine“ од Џон Ленон и тоа поради стиховите „Imagine there's no heaven...“ (Замисли да нема рај).


Четврток, 18 октомври 2012 година

КУЛТУРА

27

ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА НА БЛАЖЕ МИНЕВСКИ

Роман за македонската политичка емиграција Н ајновото прозно остварување на Блаже Миневски, насловено „Црна лисица“, вчера во „Матица ексклузив“ беше претставено пред македонската читателска јавност. - Романот не е за Драган Богдановски како што се зборуваше пред објавувањето. Станува збор за документарно-игран роман, кој говори за македонска политичка емиграција опфаќајќи го периодот по војната, па сè до осамо стојувањето на Македонија - вели Миневски. Дејствието на „Црна лисица“ се одвива на три нивоа: првото е ре алното присуство кое се одвива во текот на еден час додека главниот лик се вози во возот, второ ниво е она што ликот го враќа назад во времето на сè она што го преживеал во минатото, и третото ниво е до сие-

то кое главниот јунак го но си со себе за да им го даде на синовите на кои сака да им ја раскаже

својата животна приказна за што немал време, ниту можност додека тие растеле.

Награда за најдобра режија за Владимир Милчин Режисерот Владимир Милчин, за претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, со Турскиот театар од Скопје, доби награда за најдобра режија на меѓународниот теа-

тарски фестивал „Јоаким интерфест“ во Крагуевац. Во образложението на жирито се вели: Милчин аналитички, со секое микродејство откри нов колорит и

поезија во Бекетовиот текст. Релјефниот начин на кој ја прикажува вечната човекова борба за изнаоѓање на смислата е повеќезначен и филозофзки. Милчиновата режија со силна, хуманистичка порака, го претставува ангажираниот политички театар во нова светлина“. Награда за најдобра претстава доби новосадскиот театар „Ујвидеки синхаз“, за претставата „Мара Сад“ на Петер Вајс, во режија на Андраш Урбан. Турскиот театар утре вечер ја отвора сезоната токму со претставата „Чекајќи го Годо“. Во главните улоги настапуваат Зиба Радончиќ како Годо, Несрин Таир, Селпин Керим, Џенап Самет, Аксел Мемет. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Марија Пупучевска, а музиката е во избор на режисерот Милчин. Обезбеден е и превод на македонски јазик. Претставата е со почеток во 20 часот.

Авторот информираше дека две години работел на романот, една година ги проучувал документите од Архивот на Македонија и документите од УДБА, кои сè уште не се целосно до стапни, но исто така користел и искази од луѓе кои сведочат за настаните од тоа време. - Извесен период поминав и на терен каде што се случува дејството бидејќи за настаните да бидат автентични, треба да се знае, барем, на која страна изгрева сонцето. Некои од ликовите во романот се автентични, но некои се фикција. Има и такви кои, можеби, ќе се препознаат во него, но јас би сакал и едните и другите да сфатат дека тоа навистина се случило и дека тоа било време на црна лисица, за која не се знае дали таква се родила или à била нанесена боја додека се движи појаснува Миневски. Н.П.

Изложба на Гоце Трајковски во КИЦ Во Културно-информативниот центар вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложба на графики и на цртежи, насловена „Телото како провокација“ од Гоце Трајковски. На излож бата авторот ќе се претстави со 22 графики работени во графичките техники бакропис, акватинта, сува игла, мецотинта и литографија, создадени од 2006 до 2009 година и со 20 цртежи работени во туш, создадени годинава. Излож бата ќе биде отворена до 30 октомври. Н.П.


28

КУЛТУРА

Женски стрип во Музеј на град Скопје

Четврток, 18 октомври 2012 година

ОД 400 МИЛИОНИ ЕВРА, МАКЕДОНСКА

Европските п преку посебен

Со новата национална стратегија, Министерството за култура предвидува основање посебен фонд за култура, од кој би се кофинансирале европските проекти и на тој начин ќе се олесни процедурата за аплицирање на македонските уметници Игор ИВКОВИЌ

М За утре во Музејот на град Скопје е најавено отварањето на групната изложба на женски стрип - избор направен според „Антологија на женскиот стрип на Балканот“ на Ирена Јукиќ Прањиќ, во издание на пре стижната издавачка куќа од Загреб „Фибра“. Проектот до сега бил прет ставен во де сетина градови на Балканот и низ Европа. - Изложбата ја организираме со надеж дека во Скопје и во Македонија овој проект ќе влијае мотивирачки, инспиративно за сите автори и авторки на алтернативен и мејнстрим стрип локално или ќе испровоцира нова генерација женски македонски стрип-авторки кои ќе ја освежат сцената со искрени и изненадувачки приказни и со

моќен визуелен јазик, нешто што ни недо стига, и ќе крикнат со свежина на меѓународната сцена - велат кураторите на изложбата, Иванка Апо столова и Атанас Ботев. На отворањето на изложбата утре ќе присуствува и авторката Ирена Јукиќ Прањиќ. - Овој проект ги претставува стриповите на 24 авторки, различни или слични по сензибилитет, наративни искуства, стриповски јазик, географско потекло, авторки со прецизен цртеж, богат колорит, лазурен раскош, со интимен ангажман, огорчени љубовни фрагменти и со многу други содржински и визуелни пристапи - додава Апостолова. Изложбата ќе биде отворена до 19 ноември. А.Б.

Изјава на денот „Во Париз има многу луѓе кои дошле од традиционалните култури кои сè уште не се американизирале преку интернет или телевизија. Тие луѓе им припаѓаат на достоинствени култури. Да се биде Иранец или Авганистанец е цивилизациски повтемелено отколку да си Американец.“ Дарко Рундек

акедонските уметници од идната година ќе добиваат пари од европските фондови и преку новата програма за култура на Европската комисија „Креативна Европа 2014-2020“. Министерството за култура, со новата национална стратегија, предвидува основање на посебен фонд за култура, од кој би се кофинансирале европските проекти, како дел од досегашната програма на Европската комисија. Македонските уметници и продукции од областа на културата досега имаа проблем при аплицирањето со проекти во оваа програма на ЕУ затоа што не можеа да ги усогласат роковите за аплицирање на јавниот конкурс во Министерството за култура и оној на Европската комисија. Конкурсот на Министерството за култура излегува во јуни за проекти кои ќе се одобрат во јануари следната година, а конкурсот на Европската комисија е во периодот од октомври до декември. При аплицирањето во ЕУ, задолжително се бара и обезбедување финансиски средства и од Министерството за култура, кое поради јунскиот конкурс не беше во можност да им излезе во пресрет. - Тоа се средства кои се планираат во рамки на годишната програма на секторот за евроинтеграции врз основа на одобрените апликации од фондовите на ЕУ. Тоа што е ново од минатата година е дека македонските оператори не мора да достават аплика-

ција за поддршка од Министерство додека трае годинашниот конкурс на Министерството, туку независно кога ќе го потпишат договорот со европскиот фонд. Ова го направивме за да се усогласат крајните рокови со фондовите за култура на ЕУ, односно македонските оператори да бидат поддржани од Министерството и во првата година од


Четврток, 18 октомври 2012 година

ТА КУЛТУРА ИСКОРИСТИЛА САМО ДВА

ари достапни фонд имплементацијата на проектите. Бидејќи апликациите до европските фондови се доставуваа во октомври, ноември, што значи во јуни реално немаат подготвен проект, а и резултатите се објавуваат по март - вели Билјана Прентовска, раководителка на Културно-контактна точка на Македонија. Македонските културни оператори добиваа поддршка од Министерството за култура, но откако ќе добијат одобрување и од Европската комисија. Македонските уметници сметаат дека основањето посебен фонд за култура ќе ги намали тешките административни процедури за аплицирање на некои од фондовите. - Иако последната година е по-

едноставена процедурата и од Министерството за култура, сметам дека основањето посебен фонд за проекти поддржани од ЕУ значително ќе ја олесни процедурата вели Ненад Стевовиќ од издавачката куќа „Или-или“, која изминатите неколку години доби поддршка од програмата „Култура 2007-2013“. Од досегашната програма на европската комисија „Култура 2007-2013“ најмногу ќар имаа издавачките куќи, но и неколку сценско-уметнички независни продукции кои добија дел од грантовите. Од можните 400 милиони евра, културата во Македонија успеа да добие само 2 милиони од оваа програма.

КУЛТУРА

29

Концерт „Црвено“ на Македонската филхармонија Во Домот на АРМ вечерва, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе се прет стави со концертот симболично именуван „Црвено“. На овој концерт првпат во Македонија ќе биде изведен концертот за виола и за оркестар на Емил Табаков, кој самиот ќе го води оркестарот, а солист ќе биде еден од најистакнатите руски виолисти на денешницата Александар Земцов, кој бил солист и при светската праизведба на овој концерт во Софија во март годинава.

На концертот, исто така, ќе биде изведена и Симфонијата бр. 2 од Александар Скрјабин, напишана во „црвениот“ тоналитет ц-мол. Скрјабин и неговата музика се тесно поврзани со синестезијата (поврзаност на звукот со бои) и оваа Симфонија претставува вистинска реткост на концертните програми заради нејзината комплексна партитура и технички барања од оркестарот кои, пак, се оправдани со гломазната звучност и со изразените оркестарски ефекти. Н.П.

Детскиот центар ја почна новата сезона

Тајните на создавањето сопствен идентитет кај децата е само една од темите со кои се занимава претставата „Касета“ по текст на Денис Магнусон, а во режија на Софија Ристевска, која вчеравечер премиерно беше изведена на сцената на Дет скиот те атарски центар, со што тој ја почна својата нова се зона. -„Касета“ како пие са овозможува преку модерна урбана иконографија на една урбана подкултура да се раскаже театарска бајка за најисконските егзистенцијални стравови и прашања на детето, но и на возрасните - велат од ДТЦ. Четирие сет и петминутната претстава е наменета за млади од 11 до 14 години, а неа бесплатно ќе може да ја погледнат сите ученици од основните

училишта во текот на 30 претстојни репризи. Во „Касета“ играат Аида Еле зи, Блерим Дарлишта и Ибрахим Џемаили. Сценографијата е дело на Крсте С. Џидров, ко стимографијата на Гента Мир зо, а музиката на Самир Дургути. За кореографијата и за сценските движења задолжена е Викторија Илио ска. Претставата е на албански јазик, со титлуван превод на македонски јазик. А.Б.

Награден филмот за македонското културно наследство Филмот „Зачувување на светото културно наследство на Република Македонија“ доби трета награда во категоријата телевизиска репортажа на Интернационалниот фе стивал на репортажи ИНТЕРФЕР – 2012, што се одржа во Апатин, Србија, од 12 до 16 октомври. Филмот е авторски проект

на Панче Велков, во продукција на невладината организација „Македонида“. На фе стивалот се пријавиле повеќе од 200 филмови од 16 земји кои конкурира ле за награди во три категории – телевизиска репортажа, новинарска репортажа и комерцијална репортажа.


30

МОЗАИК

Слики од Пикасо и од Моне меѓу делата украдени од музеј во Холандија

Седум слики вклучувајќи и дела од Пабло Пикасо, Анри Матис, Клод Моне и од Пол Гоген, вчера се украдени од музејот „Кунстхал“ во Ротердам. - Во согласност со сопствениците, полицијата дене ска може да ги објави називите на нивните слики се вели во соопштението на холандската полиција, со оглед на фактот дека набргу по објавувањето на ве ста за кражбата во интерес на истрагата не се објавуваа сли-

ките и имињата на нивните сопственици. Станува збор за „Девојката што чита“ од Матис, како и за слики од Фондацијата „Тритон“, кои биле изложени во рамките на прославата на дваесетгодишнината на музејот. Фондацијата „Тритон“ има колекција на авангардна уметност и во „Кунстхал“ биле изложени дела од преку 150 познати уметници, вклучувајќи ги Пол Сезан, Салвадор Дали, Рој Лихтенштајн и Едни Ворхол.

Четврток, 18 октомври 2012 година

АКТУЕЛНОСТИ

Дали сте знаеле дека можете да ги менувате коментарите на „Фејсбук“?

Иако „Фејсбук“ ја воведе оваа новина уште летоска, се чини дека поголемиот број корисници сè уште не се свесни за новата опција која им се нуди. На сите ни се случило да промашиме буква, па и цел збор во некој коментар, па потоа бевме принудени или да го избришеме стариот или, пак, да додадеме нов, со кој сме се поправиле. Но, понекогаш, доколку не сте забележале навреме дека сте погрешиле, под вашиот коментар се појавиле уште ред други, па потоа се губи смислата да додавате уште еден коментар и мора да го трпите оној со печатна грешка иако „ви боде очи“. Сега тоа повеќе не мора да биде случај, меѓутоа не сите се запознаени со новата моќ која им е доделена. Се чини дека „Фејсбук“ недоволно нè информира за одредени измени што ги прави и за одредени опции што ги додава. Така, доколку сакате да го измените вашиот

коментар, треба глувчето да го насочите над коментарот, по што од десната страна ќе ви се појави минајатурно копче во вид на моливче кое треба да го притиснете. Откако ќе го направите тоа, ви се нудат две опции, односно „edit“ за да го промените коментарот и „delete“ за да го избришете. Интересно е што истото не можете да го направите и со вашиот статус на „Фејсбук“. Како и да е, покрај тоа што можете да си ги исправите грешките, добивате и нов начин да се пошегувате со вашите пријатели. Доколку ви потврдат дека им се допаднал коментарот, сега можете да го промените во нешто што знаете дека, всушност, не им се допаѓа, па сето тоа да го документирате со еден „принт скрин“. М.Н.

Се повикуваат сите колумнисти, слободни артисти и други креатори на слични дела, слободно да ни ги испратите вашите колумни, стории, фотовести, статии, лични погледи и реакции на работи што ви се чини дека ќе бидат интересни за пошироката публика за да бидат објавени во оваа рубрика, на facebook@den.mk

статус:

ЈЕЛЕНА СПАНЏАРСКА

Вашите статуси на „Фејсбук“ изгледаат доста паметни и интересни и сè е баш така како што пишувате, мудрувате. Сè е тоа во ред. Но, внимавајте, меѓу вашите пријатели има некој кој ве познава и во реалниот живот!


храна 18.10.2012

Три вида овошје секој ден

Еден од нај важ ни те фа кто ри за ед но дете да би де здра во и пра вил но да се раз ви ва е начи нот на кој се хра ни. Са мо ко ри сте ње на здра вата хра на и кон суми ра ње на при род ни со стој ки се га ран ци ја де ка детето пра вил но ќе се раз ви ва и ќе би де иму но на различ ни боле сти. Раз но вид ната хра на, под готве на до ма, бо гата со ви та ми ни и со ми не ра ли, треба да би де за ста пе на речи си во се кој оброк. Ме шун ки: Ме шун ка сти те рас те ни ја спа ѓа ат во гру пата про из води кои треба да би дат за ста пе ни по ве ќе пати во неделата. Бла года ре ние на ви та ми ни те и на ми не ра ли те кои ги содр жат, не доз волу ва ат кај де цата да се раз ви јат тумо ри, го ба лан си ра ат ше ќе рот во кр вта, ја на ма лу ва ат мож но ста од ек стрем но дебеле е ње и ја олес ну ва ат ра ботата на цре вата. До кол ку детето од би ва да ја де гра шок, грав, ле ќа или дру го ме шун ка сто рас те ние, то гаш роди тели те треба да се оби дат на по ин вен ти вен начин да го нате ра ат детето да ја де, со различ ни не се којд нев ни де ко ра ции или со вмет ну ва ње на ме шун ки те во нив ното оми ле но ја де ње. Овош је: Ну три ци о ни сти те велат де ка ни ту еден ден не смее да по ми не, а во ис хра ната на детето да не би дат за ста пе ни ба рем три различ ни ви да овош је. Нај до бро е да се кон суми ра сезон ското овош је би деј ќи ово шки те се пол ни со ви та ми ни, ми не ра ли и со ан ти о кси дан ти. До кол ку детето не са ка да ја де овош је, може од не кол ку ово шки да се пра ви сок, но без дода ва ње ве штач ки зас ла ду вачи. Зе лен чук: Зелен чу кот е из вор на енер ги ја, ко ја му е не оп ход на на детето во не го ви от раст и раз вој. Ви та ми ни те А, Б, Ц, Е ка ко и ми не ра ли те ги има во се кој зелен чук. Затоа ни ту еден оброк не смее да по ми не без свеж зелен чук. Нај до бро е детето зелен чу кот да го ја де свеж би деј ќи на тој начин се за др жу ва ат си те здра ви со стој ки, но може да би де и оба рен.


32 ХРАНА

Четврток, 18 октомври 2012 година

Заменете го шеќерот со мед

Медот е најздравиот и најдобриот производ што ни го дала природата. Благодарение на големиот број состојки што ги содржи, медот се употребува во секојдневната исхрана како здрава храна, но и како лек. Тоа што е многу важно да го знае секоја домаќинка е фактот дека медот е производ што не може да се расипе. Ако до-

ма имате тегли со мед, кои се стари повеќе години, воопшто не грижете се, можете слободно да ги употребувате. Големите количества шеќер, оксидативните ензими и ниски количини на PH-вредности не дозволуваат да се развијат микроорганизми. По подолг период шеќерот може да се стврдне, а тоа можете многу лесно да го решите, доколку ја ставите теглата мед во тенџере

со млака вода и ја оставите така да постои. За неколку часа медот повторно ќе биде во течна состојба. Медот има толку хранливи состојки што може да ги надополни сите недостатоци во исхраната. Нутриционистите велат дека со земање една лажица мед наутро и навечер, ги задоволувате сите дневни енергетски потреби. Ако сакате шеќерот да го исфрлите од употреба, поради неговото штетно влијание врз организмот, можете постепено да почнете да го заменувате со мед, но притоа треба да внимавате на соодносот. Медот е посладок и погуст од шеќерот и затоа треба да внимавате кога при подго-

твување храна ставате мед место шеќер. Ако ставите поголемо количество мед, можете целосно да го смените вкусот на јадењето. Една лажица шеќер, која има околу 15 грама, се заменува со една мала лажичка мед. Бидејќи медот е течен, при приготвување на храна треба да знаете дека тестото може да биде полепливо и повлажно, за разлика од тестото во кое има шеќер.


ХРАНА 33

Четврток, 18 октомври 2012 година

Ракијата ги чисти дамките од вино Кога ја подготвуваме храната, кога јадеме или при транспорт, на сите ни се случува да се извалкаме, а трагите на облеката можат да останат засекогаш. Ако незгодата се случила дома, проблемот може да се реши веднаш, но во одредени случаи, треба да се реагира брзо. Дамките од пролеаното кафе можат веднаш да се отстранат доколку на местото каде што се истурило кафето, веднаш ставите ладно млеко. Оставете го млекото да постои околу 30 минути и потоа исперете со ладна вода. Дамките од црвено вино најбргу и најефикасно ќе ги отстраните ако врз истуреното вино ставите ракија и ја оставите да се исуши. Познато е дека чајот остава темни траги на чашите, а за да го решите овој проблем, во чашата истурете сок од лимон, кој ќе стои неколку часа.

Направете си боза Бозата е ориентален пијалок, стар повеќе од илјадници години. Распространет е и се консумира насекаде низ светот, па и кај нас. Бозата ја викаат и витаминска бомба бидејќи содржи состојки кои се здрави за човекот. Доколку сте љубител на бозата, еве како можете да ја подготвите сами. Во длабок сад ставете 1 килограм пченкарно брашно, кое ќе го полеете со 10 литри вода. Утредента течноста ставете ја на тивок оган да врие околу два часа. Додека се вари течноста, треба повремено да промешувате со дрвена лажица. Свареното брашно ставете го да отстои неколку часа, а потоа се додава 10 грама квасец, кој е растворен во малку млака вода. Смесата оставете ја да стои до утредента. Потоа процедете ја низ газа или сито и засладете ја по желба. Најдобро е да ја чувате во фрижидер.

Мали трикови за полесно готвење

ТОПЛЕЊЕ НА РУЧЕКОТ Ако сте го подготвиле ручекот порано од планираното време за јадење, наједноставно можете да го згреете, а при тоа да не го исушите, ако го ставите да се стопли на тенџере со пареа.

НЕПЕЧЕН КОЛАЧ Ако сте го извадиле колачот од рерна, а тој не е допечен, тогаш лесно ќе го решите проблемот. Ставете го во ладно млеко и потоа повторно вратете го во рерна. Доколку сте заборавиле да ставите хартија за печење и колачот се залепил за тавата, тогаш врз колачот ставете мокра крпа, оставете ја да стои неколку минути и колачот сам ќе се одлепи од плехот.

ПРИБОР КОЈ СВЕТИ Водата во која се вареле компири е идеално место за чистење на приборот за јадење. Приборот треба во водата да врие околу десет минути, а потоа се плакне со ладна вода. СЕЧЕЊЕ ТОРТА Ако сакате тортата или колачот да ја исечете на еднакви парчиња, по секое сечење ножот ставајте го во ладна вода, а доколку сечете торта или колач кој има многу крем, тогаш ножот полејте го со млака вода. МАСЛО ЗА ЈА ДЕЊЕ Маслото за јадење кое еднаш сте го употребиле, по неколку часа ќе ја смени бојата. Ако сакате да ја задржите бојата, во маслото ставете лушпи од јајце, кои ќе ги менувате на неколку дена. ПРЕМНОГУ СОЛ И на најдобрите готвачи им се случува понекогаш да стават сол повеќе од тоа што е потребно. За да ја исправите грешката и да го добиете посаку-

ваниот вкус, во јадењето ставете една лажица оцет и една лажица шеќер. Секако, можете да ставите и малку сода бикарбона. Ако сте ја пресолиле супата, тогаш за да го неутрализирате солениот вкус, додајте еден-два компири. Доколку сте го пресолиле месото, тогаш обвиткајте го во мокра крпа и оставете го да постои околу еден час. ПРЖЕЊЕ КОМПИРИ Помфритот ќе биде повкусен ако пред да го пржите, го ставите неколку минути да проврие во врела вода. Потоа се суши, па се пржи. На крај се посипува со малку брашно за да биде крцкав. КОМПИР Ако сакате компирите да останат цели додека ги варите, тогаш во

водата задолжително ставете малку сол. КРОМИД КОЈ НЕ ГИ ДРАЗНИ ОЧИТЕ Кромидот полесно ќе го излупите и нема да ги изиритирате очите ако прво го ставите неколку минути во вода, а потоа го сечкате. БРАШНО Ако немате многу големо искуство со месење, тогаш треба да знаете дека пред да почнете да месите, брашното треба да го сеете. Така брашното ќе биде полесно за месење.


34

НОВ СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

Алка што ви го олеснува животот В исокотехнолошката алка наречена „ларклајф“ се грижи за вас и за вашето здравје, ви дава совети за поквалитетен живот, а сè што прави е седење на вашата рака. Таа има многу опции преку кои води евиденција за вашата диета, вежбање, спиење и за целокупните ваши дневни активности. На пример, „спијачката опција“ секоја вечер мери колку часа спиете, но и колку време ви треба за да заспиете. Во неа има и вграден вибрирачки аларм, кој ве буди секое утро, а притоа ве советува како да ја зголемите вашата енергија во раните часови. Исто така, во

„ларклајф“ има вградено и ч е ко р ом е тар, па може да ви каже колку време и колку километри сте поминале, а ќе ве советува и кога да се одморите. Преку софистицирана технологија, таа може да препознае и дали одите или, пак, трчате, со што ви дава прецизни информации за тоа колку калории сте потрошиле. Во софтверот на едно ставен начин можете да

вне се те и што ја де те, па та ка ал ката ќе ве потсе ти ако ви тре ба ма ла ужи на или осве жу ва ње. Бит но е да се на поме не де ка ако са кате да ја ко ри сти те оваа ал ка, ќе мо ра да имате и

па ме тен те ле фон би деј ќи са мо та ка ќе имате пристап до податоците што таа ги до би ва од ва ше то те ло. Ал ката до а ѓа со спе ци јал на ап ли ка ци ја за ва ши от па ме тен те ле фон, а со не го се по вр зу ва пре ку „блу тут“. „Ларк лајф“ на свет ски от пазар ќе се појави до крајот на годи на ва, а ве ќе може те пред вре ме но да ја на рачате по це на од 150 дола ри. М.Н.

Безжичен принтер за паметни телефони

Ком па ни јата „Ха мачер Шле мер“ пу шти во употре ба нов безжи чен прин тер за па мет ни те ле фо ни, на кој не му се по треб ни бои за да ја напра ви ва шата сли ка во бо ја. Ком пати би лен е и со апа рати кои ко ри стат опе рати вен си стем „ан дро ид“ и со оние кој го ко ри стат си сте мот „iOS“, ка ко на при мер „ај фон“. Тој има ди мен зии од 18 сан ти ме три дол жи на, 15 сан ти ме три ши ри на и 10 сан ти ме три ви си на, а сли ки те ги печати во голе ми на од 10 на 15 сан ти ме три. Ин те рес но е што ис печате ни те сли ки се во бо ја иа ко во оп што не е по треб но во не го да се вмет ну ва ат кертри џи со бо ја. Тај ната зад овој фе номен е во хар ти јата на ко ја се печатат сли ки те, во ко ја има вмет нато спе ци јал ни кри ста ли во бо ја, кои под топ лот но вли ја ние се топат и ја бојат сликата. Доколку сакате да го имате ова парче техноло ги ја ка ко под др шка на ва ши от па ме тен те ле фон, ќе мо ра да од во и те сума од 220 дола ри. М.Н.


НОВ СВЕТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

35

Инвалидска количка што се качува по скали На Институтот за технологија „Чиба“ во Јапонија е дизајниран прототип на нова роботска инвалидска количка која може да се движи насекаде, да се качува и симнува по скали и да преминува пречки кои се наоѓаат на патот на физички онеспособено лице. Тркалата на стандардните инвалидски колички не можат да одведат секаде, но ротацијата на оските на осовината на новата инвалидска количка овозможува непречено движење низ просторот. Сè што треба да направи корисникот на ко-

Компјутерска програма, помош за спортските коментатори Кога гледате спортски натпревари, случувањата на екранот се само еден дел од забавата. За таа да биде комплетна, потребен е и добар коментатор, кој моменталните настани на теренот ќе ги зачинува со експертско знаење и со интересни факти. Но, дури и најискусните коментатори имаат ограничен репертоар на информации. Инспириран од ова, спортскиот навивач Грег Ли на Универзитетот во Алберта, Канада, создаде компјутерска програма со која сака да им помогне на спортските коментатори да ги прават натпреварите поинтересни. Програмата наречена „скорс“ функционира така што според актуелната статистика на натпре-

варот кој се коментира, во базата на податоци бара слични натпревари што се случиле во минатото, а потоа ги бира најрелевантните од нив и со тоа на коментаторот му нуди интересни податоци за споделување. Програмата зема предвид низа фактори, како што се играчите на теренот, постигнатите поени или голови, како и преостанатото време од натпреварот и според нив ги пронаоѓа интересните приказни кои му ги прикажува на коментаторот. Грег ја добил идејата откако забележал дека спортските програми ги избира според коментаторите на натпреварите. Тој вели дека како гледач, секогаш сакал да чуе некои интересни информации. Сепак, одредени критичари тврдат дека премногу историски информации звучат здодевно и го оттргнуваат вниманието од моменталните случувања на натпреварот и дека ваквиот софтвер најмногу може да им се најде на тие што коментираат долги натпревари кои траат со часови, како на пример безбол, крикет или разни трки. М.Н.

личката е да го насочи управувачот во вид на џојстик кон саканата локација и роботската количката ја разбира командата. Сензорите на стапалата ја детектираат раздалеченоста до пречките и ја определуваат големината, по што количката се стабилизира, па едно од предните тркала се подигнува и ја преминува. Инвалидската количка има погон на четири тркала, пет подвижни осовини, хоризонтални стабилизатори и можност за вртење во круг што ја олеснува промената на насоки дури и во мал простор.

Чекор понапред до откривањето нова Земја По сто јат ми ли јарди планети во нашата га ла кси ја кои имаат потенцијал да под др жат жи вот, па астро номи те по сто јано се обидуваат да раз ви ва ат раз лич ни технологии и начини за нив но полес но пронаоѓање и истражување. Ми натата годи на астрономите открија но ва пла не та ло ци рана на 620 светлосни години од Земјата и ја име ну ваа Кеп лер 22б. Таа е првата планета откриена од все лен ски от те ле скоп на НАСА „Кеплер“ во „зо ната ко ја под др жу ва жи вот“, од нос но во ре ги он во кој се смета дека има вода во течна со стојба. За жал, вселенскиот теле скоп не може да истражи дали новопронајдените пла не ти има ат цвр ста под ло га, да ли има ат кис ло род и атмо сфера и имаат ли вода во течна со стојба на површината, односно да ли по стои живот на други планети освен Земјата. НАСА уште во 90-ти те годи ни на ми нати от век раз ви ва ше технологија за испитување на присуство на водена пареа, кислород или метан на новопронајдените планети, но мисиите про па ѓаа по ра ди недо стиг од фи нан си ски средс тва. Де нес, свесни за фактот дека најлесно се откриваат и истражуваат планетите кои се наоѓаат до светли ѕвезди и релативно блиску до Земјата, експерти во НАСА моментално развиваат очила „ан тиглер“ за лов ци те на пла не ти кои го ап сор би ра ат силниот отсјај од ѕвездите. Прототипот на очила изгледа како цвет со шестметарски листови и овозможува блокирање на светлината од ѕвезда за фактор од 10 милиони пати. Одговорните за про ектот сметаат дека со многу помал буџет, за околу де сет години овој изум заедно со теле скопите ќе одговори на интригантното прашање да ли по стои друга планета што поддржува живот. К.И.


36

СПОРТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

ПРВ ТРИУМФ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Победа над Србија за М

Никола ЃУРОВСКИ

акедонската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во квалификациите за СП 2014 во Бразил откако на арената „Филип Втори“ во Скопје ја совлада Србија со 1-0. „Црвено-жолтите“ успеаја да се вратат психолошки по поразот од Хрватска, покажаа голема желба за триумф, неверојатна борбеност и заедништво на теренот, а тоа резултираше и со триумф над Србите, прв во до сегашните меѓусебни дуели со нашиот северен со сед. Тоа е и прва победа за селекторот Чедомир Јаневски, кој вне се голема свежина во националниот тим, им вгради победнички дух на фудбалерите и бара од нив со гордост да го носат националниот дрес. Победата е уште поважна и поради фактот дека е остварена без нашиот најдобар фудбалер, капитенот на репре-

Македонскиот национален тим со пожртвувана игра успеа да ја совлада Србија со 1-0, со голот од пенал на Агим Ибраими

зентацијата, Горан Пандев, кој не играше поради жолти картони, како и без повредениот Ванче Шиков, но и без суспендираните Горан Попов и Стевица Ристиќ, кои беа отстранети од селекцијата пред мечот поради недисциплина. Македонија со седум промени во стартниот состав во однос на претходниот меч со Хрватска, истрча на теренот против Србија, а сите што добија шанса од селекторот Чедомир Јаневски покажаа голема одлучност на теренот, „изгинаа“ за националниот дрес и покажаа победнички карактер каков што досега ни недостигаше. Тоа е уште поголемата добивка од триумфот и трите бода со кои Македонија има четири поени по четири одиграни натпревари во мундијалскиот квалификациски

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ

Честитки до сите фудбалери, одиграа одличен натпревар, драго ми е што приредија убава вечер за македонските навивачи. Задоволен сум поради триумфот, но и поради колективната игра со која ја совладавме Србија. Не бевме комплетни, но оние што истрчаа на теренот одиграа

храбро и одважно, го дадоа својот максимум и така треба да биде и во иднина. Одлучив да им дадам шанса и на некои други фудбалери, да ја освежам селекцијата, впрочем затоа и повикав на списокот 23 фудбалери. Јас имам доверба во секој од нив, а тие покажаа дека се подготвени да помогнат во секој момент и да одиграат на потребното ниво. Драго ми е што покажавме дека слабата игра со Хрватска, со која не заслуживме ништо друго освен пораз, беше само еден лош ден за нас, по кој успеавме психолошки да се вратиме и да славиме. Сега имаме четири бода од четири натпревари во квалификациите и продолжуваме во ист стил и на наредните натпревари. Никогаш не реков дека ќе одиме на СП во Бразил, но можам да ветам дека на секој меч ќе настојуваме да играме најдобро што знаеме и дека ќе атакуваме на победа.

циклус за Бразил. Србите најавуваа триумф во Скопје, но на теренот не покажаа дека се поквалитетни од македонската репрезентација. Селекторот Синиша Михајловиќ одлучи да го остави на клупата капитенот Бранислав Ивановиќ, на десната бековска позиција шанса доби Ненад Томовиќ и се чини дека тука ја загуби тактичката битка со Чедомир Јаневски. Брзиот Ферхан Хасани во 58. минута доби одлична топка од Агим Ибраими, влезе во шеснае сетникот, а таму беше повлечен од зад грб токму од Томовиќ. Судијата Бас Нујхиус не размислуваше воопшто, досуди на белата точка, му додели и црвен картон на српскиот дефанзивец, а Агим Ибраими ја презеде одговорно ста за


Четврток, 18 октомври 2012 година

СПОРТ

37

ЗА СП 2014

фудбалска еуфорија ПОПОВ И РИСТИЌ ОТСТРАНЕТИ ПОРАДИ НЕДИСЦИПЛИНА

изведувањето на пеналот. Беше ладнокрвен, го испрати српскиот голман Жељко Бркиќ во една страна, а топката со сема на спротивната и предизвика еуфорија на арената „Филип Втори“. Македонија имаше водство од 10 и играч повеќе на теренот, а овојпат селекцијата на Јаневски знаеше како да ја сочува предноста за разлика од претходниот дуел со Хрватска. Рака на срце, Србите не покажаа дека се врвен фудбалски калибар, македонската одбрана делуваше непробојно, успеавме да ги неутрализираме уште на средината на теренот и на крајот стигнавме до првиот, многу важен триумф во квалификациите за Светското првенство во Бразил. Наредниот квалификациски меч Македонија повторно го игра на домашен терен, но следната година, на 22 март против Белгија, а еуфоријата ќе може да продолжи веќе следниот ме сец кога на гости ни доаѓа репрезентацијата на Словенија на пријателски натпревар.

Горан Попов и Стевица Ристиќ не беа во официјалниот записник на синоќешниот меч со Србија откако беа суспендирани од стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација поради недисциплина. На два часа пред почетокот на дуелот со Србите, во јавноста се прошири информацијата дека Попов и Ристиќ ја напуштиле базата на македонскиот национален тим, а Јаневски по мечот го потврди тоа иако не ги сподели со јавноста и вистинските причини за скандалот. Попов и Ристиќ не беа во записникот затоа што заработија суспензија поради недисциплина. Во репрезентацијата треба да се почитува одреден кодекс, тој ќе важи за сите фудбалери и тука нема отстапки. Дисциплината ни е многу важна, за неа сите се залагаме и треба да ја почитуваме – изјави селекторот Јаневски по натпреварот.

СИНИША МИХАЈЛОВИЌ

Го загубивме натпреварот, но сè уште не се откажуваме од аспирациите за освојување на едно од местата што водат на СП во Бразил. Се согласувам дека по овој пораз шансите се намалуваат, но има уште шест натпревари и ние нема да се откажеме од амбициите за пласман на мундијалот, сè додека математиката не држи во игра. Одлуката да игра Томовиќ не местото на Ивановиќ е моја, не се каам поради тоа и не треба сега да го обвинуваме фудбалерот што направи пенал и доби црвен картон затоа што тоа можеше да го стори и кој било друг играч. Инаку, се согласувам дека тоа беше решавачки момент на натпреварот, но ние и по примениот гол и откако останавме со играч помалку не се предадовме и создадовме две убави шанси за израмнување.


38

СПОРТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

ПО ГОСТУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПРОБЛЕМИТЕ НА СРПСКАТА РЕПР

Поразот во Скопје го зголеми хаосот

В

о таборот на српската фудбалска репре зентација владее хаос, одно сите меѓу селекторот и играчите се сериозно нарушени, а недо стига и тимската „хемија“ што е одлика на големите колективи. Спорт ската јавност кај нашиот северен со сед не го крие разочарувањето поради очајниот старт на

Медиумите го посочуваат селекторот Синиша Михајловиќ како главен виновник што по првите четири кола оваа селекција има освоено само четири бода овој ква лификациски циклус, во кој „орлите“ освоија само четири бода по првите четири кола и веќе имаат значително зао станување зад водечките Белгија и Хрват ска.

Факт е дека во таборот на српскиот национа лен тим владее хаос, ситуација што беше за кратко покриена со победата од 6-1 над Велс, но проблемите повторно излегоа на површина со поразите од Белгија и од Македонија. Селекторот Синиша Михајловиќ по пристигнувањето на кормилото на репрезентацијата најави дека „орлите“ сигурно ќе се пласираат на СП 2014, а потоа ќе се повлече од својата функција. Сепак, по само неколку неуспе си, овој млад стратег реши вината да не ја бара кај себе, туку кај поискусните фудба лери, поточно Александар Коларов и Бранислав Ивановиќ. Токму со тоа

кулминираше хао сот, кој беше искористен од нашите репре зентативци, кои со одлична игра заслужено дојдоа до трите бода на мечот на „Филип Втори“. Во Скопје, Коларов уште еднаш се осврна на конфликтот со Михајловиќ и критиките што ги претрпе од селекторот по поразот од Белгија. - Нереално е вината за поразот да се насочи само кон двајца фудбалери. Никој не може да каже дека двајца фудба лери толку многу потфрлиле за репре зентацијата, за која настапуваат единае сет играчи, за да претрпи пораз. Можеби Михајловиќ сакаше да ги заштити младите фудбалери, но погреш-

ИВАНОВИЌ: ОСТАНУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Бранислав Ивановиќ ги демантираше гласините дека поради конфликтот со селекторот Синиша Михајловиќ во иднина нема да го носи дресот на српскиот национален тим. - Селекторот објасни буквално сè. Тоа што останав на клупата беше обид за шок-терапија врз репрезентацијата, што се покажа како неуспешен. Мораме да ја спуштиме топката, да ги намалиме тензии и да се обидеме да се вратиме во игра за СП 2014. Без оглед на тоа што беше пишувано во дел од весниците, јас останувам во репрезентацијата, секогаш ќе му бидам на располагање на селекторот - изјави одбранбениот фудбалер на Челси.

Неверојатно реми на Швеѓаните во Берлин Шведска и Германија во Берлин изиграа нерешено 4-4, во натпреварот со неверојатен пресврт. Швеѓаните успеаја да се вратат во игра иако губеа со 4-0 и на крај дури и да освојат бод. Сите четири погодоци „викинзите“ ги постигнаа во последните триесет минути од натпреварот. Четвртиот гол за Германија што

го постигна Месут Озил беше најава за катастрофа на Шведска, но кога малку кој очекуваше, Швеѓаните се разбудија. Првиот гол за Шведска го постигна Златан Ибрахимовиќ во 62. минута. Две минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Лустиг, а во 76. минута прецизен беше Елмандер.

Швеѓаните продолжија со офанзивата и тоа им донесе уште еден, израмнувачки погодок на Елм во судиското продолжение. Без победник заврши и дуелот во Мадрид меѓу Шпанија и Франција (1-1). Шпанците поведоа со голот на Рамос, а потоа Фабрегас не искористи пенал. Во 94. минута од средбата, Жи-

ру го постигна израмнувачкиот гол за Франција. Изненадување приредија фудбалерите на Северна Ирска, кои одиграа нерешено (1-1) на гостувањето против Португалија. На Кристијано Роналдо ова му беше јубилеен, 100. натпревар во дресот на португалската репрезентација.


Четврток, 18 октомври 2012 година

РЕЗЕНТАЦИЈА

СПОРТ

39

ИНЦИДЕНТИ НА МЕЧОТ СРБИЈА - АНГЛИЈА

Тепачки и расизам во Крушевац

но беше вината да се насочи само кон мене и кон Ивановиќ – истакна Коларов. Михајловиќ остана цврст на својот став, па дури и го изо стави Ивановиќ од стартниот тим, но ре зултатот од таквиот негов потег беше очигледен. Томовиќ, кој доби шанса пред де фанзивецот на Челси, беше трагичар на мечот со добиениот црвен картон за стартот за пенал над Хасани. Иако селекторот одби да го по сочи младиот дефанзивец како виновник за поразот, останува фактот дека Србите одиграа уште еден

потпро сечен натпревар, по кој сонот за настап на мундија лот во Бразил стана уште понере ален. Хао сот е очигледен, рецептот за подмладување на репре зентацијата крајно неуспешен, па останува да се види да ли Михајловиќ ќе остане цврсто на своите ставови, кои до сега не доне соа никаков успех. И уште поважно, уште колку јавно ста и челниците на Фудбалската федерација на Србија ќе го трпат овој некогаш одличен фудбалер, кој се покажува како потпро сечен селектор.

Хрватска и Белгија со нови победи Репрезентациите на Хрватска и на Белгија се одлепија на врвот на табелата и ја потврдија улогата на фаворити во нашата квалификациска група А. Во натпреварите од 4. коло, Хрватите во Осиек го победија Велс со 2-0. Головите за Хрватска ги постигнаа Манџукиќ и Едуардо. Третата победа на Хрватска во овој квалификациски циклус можеше да биде и многу поубедлива доколку хрватските фудбалери реализираа некоја од многубројните шанси што ги имаа. Победа со идентичен резултат од 2-0 славеше и репрезентацијата на Белгија во дуелот со Шкотска во Брисел. Бентеке биеше прецизно со глава за почетното водство на домаќините, а Компани со погодок од петнаесетина метри ги постави конечните 2-0.

Фудбалската федерација на Србија се соочува со нова казна од УЕФА по серијата инциденти што беа забележани за време на бараж-дуелот меѓу младинските селекции на Србија и на Англија, кој се одигра во Крушевац. Домаќините бркаа негатива од 0-1 од првиот меч за да се обидат да обезбедат учество на завршницата од Европското првенство за играчи до 21 година, но како што мечот се ближеше до својот крај, така стануваше сè потензична атмо сферата и на теренот и на трибините. Англиските репре зентативци на крајот славеа со 1-0 со голот на Викхем во самиот финиш од натпреварот, за веднаш по последниот судиски свиреж да дојде до тепачка меѓу фудба лерите и членови на стручниот штаб на двете селекции. Обезбедувањето мораше да ре агира за да биде спречен уште поголем инцидент, а дополнителна димензија добија и расистичките навреди на адре са на младиот англиски фудба лер, Дени Роуз, во текот на целиот натпре-

вар. Роуз заработи црвен картон откако по последниот судиски свиреж ја шутна топката во публиката предизвикувајќи же стоки ре акции од страна на и онака исфрустрираните домашни навивачи. - Не знам што уште треба да се случи за УЕФА да реагира како што треба и да ги заштити фудбалерите од расистички навреди. Цели 90 минути слушав свирежи и мајмунски извици кога и да ја допрев топката. Кога ја шутнав топката по нашиот гол, не размислував за одмазда, едно ставно го прославував погодокот. Не сакав да навредам никого, но, сепак, добив неколку шлаканици од страна на српските фудбалери. Сите треба да бидат казнети – изјави Роуз по натпреварот. Останува да се види како за целата ситуација ќе се изјасни европската куќа на фудба лот, која најпрвин ќе го сочека извештајот на делегатот и на судиите на натпреварот, по што ќе биде доне сена одлука каква казна ќе добие Србија за овие инциденти.


40

СПОРТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ НА ПРЕМИЕРАТА ВО БИБЛ-ЛИГАТА

Кожуф го освои Бел Тимот од Гевгелија забележи победа од 6674 на гостувањето кај ОКК Београд во своето деби во регионалното натпреварување

К

ошаркарите на Кожуф имаа деби од соништата во БИБЛ-лигата откако ја почнаа својата авантура во регионалното натпреварување со голем триумф од 66-74 на гостувањето кај ОКК Београд. Македонскиот претставник ја имаше улогата на аутсајдер во пресрет на овој натпревар, но избраниците на Марјан Србиновски изненадија со одлична игра и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Тимот од Гевгелија беше подобар ривал во текот на сите 40 минути, јасно покажувајќи дека нема да има епизодна улога без оглед на фактот дека е дебитант во ова натпреварување. Како пре судна се покажа втората четвртина, во која Кожуф му дозволи на противникот да по стигне само девет поени стигнувајќи до

двоцифрена предност. Ваквата позитива беше задржана до крајот на третата четвртина, што македонскиот прволигаш ја заврши со предност од 11 поени. Домаќините дадоа сè од себе за да се вратат во мечот, направија неколку мини-серии и се приближија на само еден поен негатива, но македонските кошаркари покажаа карактер и останаа смирени кога беше најпотребно. Караџовски реализираше неколку слободни фрлања во клучните моменти, Филиповиќ погоди тројка на две минути до крајот, со што избраниците на Србиновски ги отстранија сите дилеми за победникот на овој натпревар. Плејмејкерот Караџовски се покажа како суперзасилување за Кожуф предводејќи го тимот до

оваа голема победа со 17 поени. Миладин Пековиќ реализираше 12 поени за екипата од Гевгелија, додека центарот Кирил Павловски го заврши натпреварот со 10 поени. На спротивната страна, Ми-

лорад Сутуловиќ по стигна 16 поени за ОКК Београд, Маринковиќ беше стрелец на 11 поени, но и тоа беше недоволно за српскиот тим да избегне пораз на овој натпревар. Големиот триумф во Белград

БРАЗИЛСКИОТ ВОЗАЧ ОСТАНУВА ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Маса го продолжи договорот со Фелипе Маса и во следната сезона ќе вози за Ферари. Бразилецот вчера го официјализира новиот договор со италијанскиот тим до крајот на сезоната 2013. Со потписот на договорот се става и крај на трансферните шпекулации. Иако Маса имаше слаба сезона, од Ферари се одлучија да го задржат постојниот возачки тандем, Фелипе Маса и Фернандо Алонсо, кој од претходно има договор со тимот до 2016 година. Триесет и едногодишниот Бразилец е задоволен што доби доверба од раководните луѓе да остане во „Скудеријата“. - Ферари е моето спортско семејство. Сакам да им се забла-

годарам на претседателот Лука ди Монтеѕемоло и на шефот на тимот, Стефано Доменикали. Тие ми ја дадоа довербата што ми беше потребна за да покажам колку можам. Дури и во најтешките моменти застанаа до мене и ме поддржаа. И тие и целиот тим, но и нашите фанови може да бидат сигурни дека ќе направам сè што е во моја моќ да го постигнеме тоа кон што се стремиме секоја година - изјави Маса по потпишувањето на новиот договор со Ферари. Во последните две години, по не среќата што му се случи пред две сезони на трката во Унгарија, Маса имаше многу проб-

леми да се врати во старата форма и со болидот на Ферари не успеваше да ги оствари очекува-

ните резултати. Изминативе месеци на големо се шпекулираше дека ова ќе биде негова послед-


СПОРТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

град

уште повеќе ќе ја крене атмо сферата во таборот на Кожуф за претстојниот меч на домашен терен против грчкиот прволигаш Кавала, прв за македонскиот тим во Гевгелија во рамките од БИБЛ.

Ферари

на сезона во црвениот болид на Ферари, а неодамна одредени медиуми го промовираа Себастијан Фетел како негов наследник, но италијанскиот тим сето тоа го демантираше. Бразилскиот возач во Ферари е од 2006 година и до сега има по стигнато 11 победи. До крајот на сезоната во Формула 1 останаа уште четири трки, а следната ќе се вози на 28 октомври во Њу Делхи. По 16 извозени трки, Алонсо е втор во генералниот пласман со 209 бода и е во игра за освојување на третата шампионска титула, а Маса е на 9. место со 81 бод.

41

Меси на два гола од Марадона Лионел Ме си продолжи со серијата импре сивни настапи во дре сот на Аргентина предводејќи ги „гаучо сите“ до триумф од 1-2 на го стувањето кај Чиле. Откако претходно по стигна два гола против Уругвај, најдобриот фудба лер на денешницата овојпат беше стрелец „само“ на еден гол за „гаучо сите“, кои остануваат на врвот на табелата во квалификациите за СП 2014. Погодокот по стигнат во Чиле е вкупно 31. за овој фудба лер во дре сот на аргентинскиот национален тим, со што Ме си опасно му се приближува на легендарниот Диего Армандо Марадона. Имено, Марадона во својата репрезентативна кариера по стигнал 33 гола, па јасно е дека Ме си во најблиска иднина ќе го надмине својот фудбалски идол. - Не размислувам за остварувањето на Марадона, туку за тоа што повеќе да à помогнам на репре зентацијата да ги ре ализира зацртаните цели. Со

двете победи над Уругвај и над Чиле си ја олеснивме задачата, но не треба да се релаксираме поради тоа. Квалификациите не се завршени – изјави Ме си по мечот со Уругвај. Дури и откако ќе го помине

Марадона, на Ме си ќе му биде потребно уште многу време за да го до стигне најдобриот стрелец во историјата на аргентинската репре зентација, Габриел Батистута, кој по стигнал 54 погодоци но сејќи го дре сот на „гаучо сите“.

Нови проблеми за Мурињо

Настапите на поголемиот дел од првотимците на Ре ал Мадрид за своите репрезентации му создадоа огромни проблеми на тренерот Жозе Мурињо откако дел од нив се вратија повредени во шпанската пре столнина. Веќе е познато дека Фабио Ко ентрао ќе паузира еден ме сец, на Марсело му прет стои отсуство од три месеци од фудбалските терени, а последните квалификациски дуели за сво-

ите селекции поради повреди не ги довршија ниту Алваро Арбелоа, Гонзало Игуаин и Карим Бензема. Она што е сигурно е дека Арбелоа ќе паузира најмалку две недели, што го остава Мурињо без ниту еден класичен бек во тимот, по повредата на Коентрао и на Марсело. Повредата на Бензема, по сè изгледа, не е премногу сериозна, па францускиот ас експресно ќе може да се врати на терените, но „кра левите“ со нетрпение ќе го очекуваат враќањето на Игуаин од Аргентина, за врз голгетерот да бидат извршени детални лекарски прегледи, по што ќе биде познато кога тој повторно ќе му биде на располагање на Жозе Мурињо. Само за потсетување, Реал Мадрид веќе зао станува осум бода зад лидерот Барселона и му претстои тешка битка за да ја одбрани титулата во Примера дивизион.


42

СПОРТ

Четврток, 18 октомври 2012 година

СРПСКИОТ ГОЛМАН НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Станиќ му се посветува само на Металург

Српскиот чувар на мрежата најави дека по настапот на СП 2013 во Шпанија нема веќе да настапува за својот национален тим

Дарко Станиќ е подготвен да à каже збогум на репре зентацијата на Србија и во иднина своите погледи да ги насочи единствено кон настапите за Металург. Извонредниот чувар на мрежата, кој е еден од најзаслужните за одличниот старт на Металург во ЛШ сезонава, за српските медиуми најави дека настапот на следното Светско првенство во Шпанија, најверојатно, ќе биде последен за него во дре сот на националниот тим. - Размислувам за тоа да земам пауза кога станува збор за националниот тим. Ритамот на натпреварување ми е пеколен, по Олимписките iгри во Лондон имав само седум дена одмор. Дефинитивно ми е потребно подолго време за да се релаксирам, да ги наполнам батериите и потоа да можам да бранам во врвна форма – изјави Станиќ за српскиот весник „Спорт“. Голманот на Мета лург беше меѓу најзаслужните за осво еното второ ме сто на Србија на последното Европско првенство, па логично е што ќе биде еден од главните адути на селекторот

Надал сака долга кариера Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој во последните три ме сеци е надвор од тениските терени поради повреда на коленото, изјави дека сака кариерата да му трае што подолго и дека позицијата на листата на АТП не му е приоритет. - Приоритет ми е да имам што подолга кариера, како и настапите на турнирите што ме интересираат. Евентуалниот напредок или пад на листата на АТП не ми е толку важен – рече шпанскиот тенисер. Поради сериозната повреда на коленото, Надал ги пропу-

шти Олимписките игри во Лондон и Отвореното првенство на САД. Неговиот прв настап по неколкуме сечната пауза, најверојатно, ќе му биде на Отвореното првенство на Австра лија во јануари наредната година. - Кога се случуваат вакви не среќи, најдобро е мирно да ги прифатите и да останете дома. Ако сè биде во ред, се надевам дека ќе учествувам на гранслем-турнирот во Мелбурн – вели Надал наведувајќи дека долгорочна цел му е настапот на ОИ во Рио де Женеиро во 2016 година.

Вуковиќ и на следниот мундијал во Србија. Иако размислува за пауза од околу две години од националниот тим, Станиќ е реален дека потоа би било некоректно тој да го од земе ме стото во тимот на некој помлад голман за Олимписките игри во Рио во 2016 година. - Не знам дали ова ќе биде дефинитивно збогување со репре зентацијата, но чувствувам дека едно ставно морам да пропуштам едно-две големи натпреварувања. Веќе сум во години кога не можам да го издржам ваквиот ритам. По Шпанија, ќе почне да се создава ко стурот на тимот за Олимписките игри во Рио во 2016 година, па не е логично јас по две години пауза да се вратам и да му го одземам ме стото на некој помлад голман што бранел во меѓувреме – заврши 34-годишниот Станиќ. Дарко Станиќ има одиграно 59 официјални натпревари за српскиот национа лен тим, бројка што сигурно ќе се зголеми со неговите настапи на СП 2013 во Шпанија, најверојатно неговите последни во репре зентативната кариера.


ФЕЉТОН

Четврток, 18 октомври 2012 година

13

РОБИН ШАРМА

ТАЈНИТЕ ПИСМА НА КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ

Станав од столот и тргнав кон вратата. Пред да излезам, се свртев и реков: „Дејвид, ќе го кажевте ли истото доколку ова го побарав ако нешто се случуваше со сопругата или со син ми?“ Тој продолжи да зјапа низ прозорецот. Од изразот на лицето не можеше ништо да се одгатне. Враќањето во мојата канцеларија траеше долго. Помислата

оставам зад мене. Оддалечувањето од сето тоа веројатно беше најдоброто нешто што можев да го сторам. Следните неколку дена беа вистински вриеж. Сè испревртев за да ги расчистам работите в канцеларија. Ослободив цунами од пораки и телефонски повици. Се вртев низ градот, завршувајќи работи во банка, земајќи облека од хемиско, обидувајќи се патем да го видам

дека Дејвид не би се погрижил да ми помогне ако детето ми е болно или ако има некаква друга потреба, беше страшна. Но зошто очекував што и да е поинаку? Ова место им правеше така на луѓето. Тоа го видов со Хуан. Хуан. Немаше ден, а да не помислам на мојот стар шеф, мојот стар пријател. Како што поминуваа месеците, открив дека ми е сè потешко да не бидам обземен со неговото отсуство. Често се затекнував себеси како се будам ноќе, неспособен повторно да заспијам, разгледувајќи ги повторно и повторно случувањата, ублажувајќи го мојот удел во целата катастрофа. Без оглед колку пати го повторував тоа, не можев да го

син ми. Дури и пакувањето беше хаотично – како да знам што треба да понесам кога ниту ги знаев сите места каде што треба да одам. И потоа, еве ме, на ноќниот лет. За Турција. За да го сретнам пријателот на Џулијан. Телефонот ми беше исклучен; во мојот рачен багаж немаше канцелариска работа. Ми претстоеја многу мирни часови само за мене, без ништо што морам да сработам, ништо што би можел да работам. Се надевав дека ќе се одморам, но умот продолжуваше да ми јури. Извадив едно парче хартија од џебот на моето сако. Џулијан ми беше испратил кратка белешка, заедно со авиобилетите. „Ти благодарам“, пишуваше,

„што одвои време од твоето семејство и од работата за да тргнеш на патувањето. Знам дека имаш повеќе причини да не одиш, но еден од најголемите подароци што можеме самите себеси да си го дадеме е да се ослободиме од нашите оправдувања. Радјард Киплинг еднаш напишал: ’Имаме четириесет милиони причини за неуспех, ама ниту едно единствено оправдување‘. А опасната работа во врска со оправдувањата е таа што доколку ги кажуваме доволно често, всушност почнуваме да веруваме дека се вистинити. Задачата што ја побарав од тебе вклучува многу патување, но се надевам дека ќе можеш да се фокусираш повеќе на можностите што тоа ги овозможува, отколку на непријатностите што можат да настапат. На крајот на краиштата, животот сам по себе е патување, и она што е најважно, не е што добиваш туку кој стануваш“. Џулијан, исто така, имаше испратено мала кожена торбичка со долг гајтан. Требаше да го носам околу врат и во него да ги собирам талисманите. Засега, тој се наоѓаше во џебот на моето сако. Отсутно ја превртував во рацете меката кожа. Сите околу мене во авионот спиеја. Се слушаше тивкото брмчење на моторите; суптилното ѕвечкање на количката со пијалаци исчезна во заднината. Ги затворив очите. Си помислив на Аниша и на Адам. Некако знаев дека, колку сум подалеку, толку повеќе ќе ми недостасуваат. Потоа помислив на другите луѓе што недостасуваа во мојот живот. Отсуството на татко ми беше подмолна болка што ми тежеше во градите. Но тоа беше болка со извесна благост, придружена со премногу среќни спомени. Потоа, тука беше Хуан. Ми се вратија зборовите на Џулијан. „Не се случува секој ден да спасуваш живот“. Нели е тоа вистина?

43

ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ”, Издавачки центар ТРИ

На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари” открива изненадува чки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа. БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ Робин Шарма во моментов е еден од најчитаните автори во светот. Меѓу неговите единаесет светски бестселери се Калуѓерот што го продаде своето ферари, Откријте ја својата судбина со калуѓерот што го продаде своето ферари, Светецот, сурферот и директорот, Кој ќе плаче кога ќе те нема?, Патот до величенственоста и Лидер без титула, книга која предизвика глобално движење преку поединци кои со своето лидерско однесување влијаат на другите. Книгите на Робин Шарма се продадени во милиони примероци во повеќе од шеесет и пет земји, и се преведени на седумдесет и пет јазици. Меѓу неговите обожаватели – со кои сака да комуницира на Фејсбук и на Твитер – се вбројуваат и филмски ѕвезди, книжевни икони, членови на кралски семејства и луѓе од сите можни генерации. Робин е баран говорник, кој патува по светот работејќи со клиенти како што се Најк, Џенерал електрик, Федекс, ИБМ, Кокакола, Универзитетот Јеил и Организацијата на млади претседатели. За да дознаете повеќе за Робин Шарма, посетете ја неговата веб-страница robinsharma.com


44

ИНФОРМАТОР

Полиција 192 Брза помош 194 Противпожарна бригада 193 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ Топлификација 3076-200 Електро – Скопје – дежурен диспечер 3161-454 Служба за наплата 3116-099 Улично осветлување 2622-789 Водовод и канализација – дежурна служба 3073-010 Водовод 3163-240 Оџачарски услуги 2440-293 Пламен 2650-230 Организација на потрошувачите 3212-440 Комунална хигиена 3216-644

ХОРОСКОП

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ Клиничка болница 3147-147 3283-000 Воена болница Градска општа болница 3087-400 Гинекологија и акушерство – Чаир 2611-033 Поликилиника Букурешт 3064-088 Поликлиника Јане Сандански 2469622 Неуролошка клиника 3147-342 Институт за белодрбни заболувања 3035-822 Институт за трансфузиона медицина 3226-923 Ремедика 2603-100

Систина 3099-500 Свети Лазар – гинеколошка болница 5112-016 Неуромедика 2042-323 Авицена – лабараторија 3179-001 Адриалаб 3296-925 Фармахем – биохемиска лабараторија 2031-905 Мак Медикус 3224-445 Неуропсихијатриски центар Др. Павлов 3236-667 Рендген дијагностика 3110-003 Центар за стерилитет 3213-697 Центар за сколиозии 3212-353 Национална СОС линија 15700 СОС телефон за помош од дрога 0800 11 444 СОС телефон за деца и младинци 0800 12222 СОС превенција од трговија со луѓе 2777070 Прва детска амбасада 0800 12222 СОС превенција од ХИВ 0800 33 444 СОС Национална линија 070/141700 Сакам да знам – центар за сексуално здравје 3176950 Шелтер центар 070/520639 Кризен центар – Надеж – жртви од насилство 3173-424 Институт отворено општество 3136-400 Ветеринарна амбуланта Пет- Вет 3178-656

21.03 19.04

Овен - Многу вешто се снаоѓате во новата ситуација иако не ви се допаѓа тоа што се случува околу вас. Совет: не отфрлајте ја веднаш понудата за состанок, од таа средба може да се роди нова љубов.

20.04 20.05

Бик - Во овој момент за вас е најважно да бидете смирени и сите информации да ги примате со доза сомнеж. За кратко време ситуацијата ќе биде многу појасна. Совет: верувајте во себе.

21.05 20.06

Близнаци - Многу често го менувате расположението, тоа предизвикува конфузија кај колегите. Обидете се да бидете поопуштени. Совет: посветете внимание на физичкиот изглед.

21.06 22.07

Четврток, 18 октомври 2012 година

Рак - Сега сè зависи од вас и од тоа колку ќе бидете брзи и организирани во извршувањето на обврските. Совет: посветете му поголемо внимание на партнерот.

23.07 22.08

Денеска е Св. маченица Харитина

СООБРАЌАЈ Меѓуградска автобуска станица 2466-011 Железничка станица 3164-255 Аеродром Александар Велики - Скопје 3148-333 Аеродром Свети Павле - Охрид 046 252842 Чех Ерлајнс 3290-572 Инех 3216-120 Делфина травел 3111-214 Кроација ерлајнс 3115-858 ЈАТ 3229-078 Регионален центар за управување со кризи 195 АМСМ – Помош на патишта 196 АМСМ – Инфо центар 15555 Воена полиција 3282-361 Матична служба 3117-766 Сала за венчавање 3118-250 Храм Свети Климент 3237-218 Храм Свети Димитрија 3162-919 Храм Света Петка 3238-066 Храм Пресвета Богородица 3227-165

Лав - На вашата упорност можат да ви љубоморат сите. Доколку посакате нешто, за вас нема пречка која може да ве спречи. Совет: очекувајте пријатно изненадување од партнерот.

22.09 23.10

Девица - Не заморувајте го партнерот со проблемите од работа, слободното време поминете го во заедничко дружење и опуштање. Совет: внимавајте на количествата храна што ги консумирате. Вага - Се чувствувате вознемирено бидејќи добар пријател не ви ја даде поддршката што ви беше многу потребна. Совет: направете селекција со кого ќе се дружите во иднина.

24.10 21.11

Скор пи ја - Ако партнерот има забелешки за вашето однесување, тогаш навистина сте претерале и сте ги надминале сите граници. Совет: опуштете се со добра книга.

23.08 21.09

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

ПТТ СООБРАЌАЈ Будење 180 Информации 188 Меѓународна ценетрала 182 Меѓуградска централа 901 Повик на сметка 1833 Точно време 185 Телеграми 186 Пријава на ПТТ дефекти177 Федекс – брза пошта 3111-116 ЕМС услуги - Од врата до врата 15000

Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот. За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на суд како христијанка. Откако го исповеда Христа пред судот и ги посрами идолопоклониците, беше ставена на маки. Најпосле судијата прати некои развратни момчиња да ја осквернат. Харитина се помоли на Бога да ја сочува нејзината девственост и кога момчињата дојдоа до неа, видоа дека таа веќе го беше предала својот дух.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Лука евангелист По потекло бил од Антиохија. Го следел свети Павле на неговото второ мисиско патување од 49-52 година, од Троада до Филипи. Од свети Лука има само две веродостојни списи, Евангелието по Лука и Делата апостолски. Во своето Евангелие го прикажува Христос, кој дошол да ги спаси грешните, им се приближува и им нуди спас. Така Лука ја запишал една од најдобрите параболи - приказната за изгубениот син. Оваа парабола се смета за една од најчитаните страни на Библијата бидејќи оваа приказна најдобро покажува каков е Господ, нашиот татко небесен. Во Делата апостолски Лука ни кажува за ширењето на христијанството од Ерусалим до Рим. На свети Лука му се молат и душевно и физички болните.

22.12 19.01

Стрелец - Врската ви е во криза благодарение на вашата посесивност и љубоморни сцени, веднаш мора да го смените однесувањето. Совет: ако самите не можете да си помогнете, побарајте стручна помош. Јарец - Спремни сте пред новата средина да ги покажете своите способности, но работите не одат така како што посакувате вие. Совет: во одредени ситуации се однесувате како разгалено дете.

20.01 18.02

Водолија - Од секоја мала грешка не мора да правите голем проблем, обидете се проблемите да ги решите смирено, со разговор. Совет: јадете здрава храна.

19.02 20.03

Риби - Денеска ќе имате важен состанок од кој, можеби, зависи иднината на вашата кариера, затоа покажете се во најдобро светло. Совет: само со упорност можете да дојдете до целта.

22.11 21.12


ИНФОРМАТОР

Четврток, 18 октомври 2012 година

45

ВРЕМЕПЛОВ

1469 - Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за арагонскиот крал Фернанд Втори под чија круна се обединија речиси сите шпански христијански земји. 1685 - Францускиот крал Луј Шеснаесетти го поништи Нантскиот едикт, лишувајќи ги протестантите од сите верски и граѓански слободи, кои во 1598 година им ги гарантираше кралот Анри Четврти. 1697 - Роден е италијанскиот сликар Џовани Антонио Канал, познат како Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век, мајстор на доловување на атмосферата и ведриот прозрачен колорит. Најмногу ги сликаше Венеција и нејзините канали и палати. 1859 - Во Париз е роден Анри Бергсон, француски филозоф и академик. Разви нов вид филозофија на животот, заснована врз идејата на „животен полет“. Од делата познати му се „Творечка еволуција“, „За смеењето“, „Материја и меморија“ и други. Во 1927 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 4 јануари 1941 година.

1860 - Британските трупи ја запалија до темел Јуанминџуан, летната царска палата во Пекинг. 1865 - Умре англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон. Беше двапати премиер меѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумска-

та војна“ против Кина и Кримската војна против Русија и беше иницијатор во задушување на антиколонијалните востанија во Индија и во Кина. 1867 - Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари. 1893 - Умре Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери: „Ромео и Јулија“, „Фауст“, „Миреј“, „Со сила лекар“, како и обработката на Баховиот „Прв клавирски концерт“. Роден е во Париз, на 17 јуни 1818 година.

1898 - Во Прилеп е родена Вера Циривири, носител на„Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13 јануари 1984 година. 1912 - Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија ја водеа против Османлиското Царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година, Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и за независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради „несоодветната поделеност“, беше причина за почетокот на Втората балканска војна. 1912 - Во Лозана, Турција и Ита-

лија потпишаа Договор за мир, со што заврши Италијанско-турската војна (1911-1912 г.). 1922 - Основана е британската радиокомпанија „Би-Би-Си“. 1931 - Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за „прв добротвор на човештвото“. Роден е во Мајлен во 1847 година. 1962 - По неколкудневните поројни дождови, реката Вардар се излеа во градот и бидејќи не беше регулирано коритото на реката, поплавата го зафати целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траеше три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета. 1967 - Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“ спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. 1972 - Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина. 1982 - Умре францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалсоцијалистичката партија. Како премиер во 1954 година ја заврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуни во Алжир. Во Втората светска војна се бореше во Движењето на отпорот до 1942 година, по што се префрли во Лондон и учествуваше во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерските групи „Лорен“. 1983 - Научниците на американската Агенција за еколошка за-

штита го предупредија светот дека е соочен со опасно зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата кој може да го наруши производството на храна, да го забрза топењето на мразот на половите и да го зголеми нивото на морињата. 1989 - Генералниот секретар на Единствената социјалистичка партија на Германија Ерих Хонкер, веднаш по посетата на Берлин на советскиот лидер Михаил Горбачов поднесе оставка поради „здравствени проблеми“, а за нов шеф на партијата е избран Егон Кренц. 1998 - Најмалку 700 луѓе загинаа при експлозија на нафтовод на југот во Нигерија. 1998 - Во Република Македонија се одржаа вторите (по осамостојувањето) парламентарни избори. 1994 - Британската кралица Елизабета Втора за првпат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија.

2000 - Американскиот Сенат одобри продажба на храна и на лекови на Куба. Тоа претставува најголема измена во ембаргото кое САД го воведе пред четири децении против Куба. 2005 - Умре идеологот на руската Перестројка, Александар Јаковљев. Перестројката значително го измени начинот на живот во земјата, а на крајот придонесе и за распад на советската држава. 2007 - Најмалку 133 луѓе загинаа, а повеќе од 450 беа повредени во Караџа, при напад на конвојот во кој се наоѓаше поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, која се врати во земјата по осумгодишен егзил.


46

ИНФОРМАТОР

Четврток, 18 октомври 2012 година

„Кунг фу Панда“

Режија: Џо Џонстон Почеток: 15 часот „Што да очекувате кога очекувате“ Жанр: комедија, романса Режија: Кирк Џонс Почеток: 19.30 и 22 часот

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Ледена доба 4“ Жанр: анимација, авантура, комедија Режија: Стив Мартино, Марк Турмејер Почеток: 11 часот

ИЗЛОЖБИ Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим Меѓународна колекција Отворен од вторник до недела од 10 до 18 часот

„Мадагаскар“ Жанр: анимиран, комедија Режија: Ерик Дарнел, Том Мек Грат, Конрад Вернон Почеток: 13 и 15 часот Жанр: анимиран Режија: Џенифер Јух Почеток:10.30 часот

„Притаено зло“

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Традиционални предмети од метал“ „1+1 Живот и љубов низ македонската историја“

„Мачорот в чизми“ Жанр: авантура, анимиран, комедија Режија: Крис Милер Почеток: 13 и 16 часот „Поинт Бланк“ Жанр: криминалистички, трилер Режија: Фред Каваје Почеток: 18, 20 и 22 часот

Жанр: акција, хорор Режија: Паул В.С. Андерсон Почеток: 17 часот

l

l

Гостивар

Куманово

25

24

Крива Паланка

28 l Кочани

23

25

27

l Кичево

l Дебар

22

l Штип

Велес l

l Берово

24

l Радовиш

l Неготино

26

26

l Струмица

l Кавадарци

21 l Струга

22

22 l Охрид

l Прилеп

27 l Гевгелија

Битола

23

l Ресен

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 375 г брашно 180 г маргарин 100 г шеќер 1 јајце 1 жолчка 1 ванилин шеќер

Фил: 250 г мелени бадеми 100 г урми 100 г шеќер 50 г мед 3 лажици ликер 1 лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ

Маргаринот и брашното се матат убаво. Во друг сад се матат јајцето, жолчката, шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа двете смеси се соединуваат и се изедначуваат. Тестото се остава да постои на ладно. Урмите се сечкаат и потоа се додаваат мелените бадеми, шеќерот, медот, ликерот и сокот од еден лимон. Тестото кое е оладено се дели на два дела, едниот дел се става во тава и одозгора се става од филот со урмите и со бадемите. Потоа се става другиот дел од тестото. Се пече на 250 Целзиусови степени. Додека е топол, колачот се прелева со ликерот и со шеќерот.

Времето денеска ќе биде стабилно и топло. Во Скопје минималната температура ќе биде 6 Целзиусови степени, а максималната 23 степена. Влажноста на воздухот ќе биде 68 проценти, а видливоста до 10 километри. Биометеото е неповолно.

l

22 4 27 ПЕТОК

Прелив: 75 г шеќер 1 чашка ликер

22

Барселона

23

Букурешт

16

Будимпешта

20

Загреб

25

Софија

30

Атина

22

Приштина

22

Сараево

19

Белград

23

l Делчево

26

24

Рум-штангли

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 7 километри на час.

27

l

Скопје l

21

21

НАЦИОНАЛНА ГА ЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифтеамам и Мала станица Постојана поставка

„Првиот одмаздник Капетан Америка“ Жанр: акција, авантура, научна фантастика

КИНО „РАМСТОР“

Тетово

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка

Сала 2 „Шрек“ Почеток: 11, 13 и 17.30 часот

„Трето полувреме“ Жанр: драма Режија: Дарко Митревски Почеток: 20 и 22.30 часот

l

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Одбрани дела 2007-2012 од Игор Јосифов Изложба на Борка Аврамова „Говорот на модерната форма“

Рецепт на денот

5 26 САБОТА

6 24 НЕДЕЛА


ЗРНЦА НА МУДРОСТА Единствено жената може да плаче и да се смее во исто време!

ZBIRKA QUBOVNA POEZIJA

Ä

HARMONISKA OSNOVA NA KOMPOZICIJATA SKLADNO DVI@EWE

Ê

É

T

I

@ITEL NA ITALIJA PROTIVNIK NA IKONI

NEUPOTREBENI KANTA ZA VODA

Ê

N

É

A

KONAK, MEANA

REKA VO MONGOLIJA PRO[ETKA

M FRANCUSKI PISATEL MARSEL OKOLEN PREDEL

"DEN#

EDI MARFI VID IGRA SO OREVI ARTISTKATA @IRARDO AMERIKANSKI AKTER STIVEN

POTKO@EN OTOK NA LOJNA @LEZDA

Мажите можат да прават три работи со жените: да ги сакаат, да патат за нив или да ги претворат во книжевност. Сте фан Стилс

VODOROD

Ни ко гаш не сум бил си ро ма шен, но има ло пер и оди ко га сум не мал па ри. Да би деш без па ри е мин ли ва со стој ба, а да би деш си ро ма шен е со стој ба на ду хот!

ANTI^KI EP OD HOMER

STRANSKO MA[KO IME POETOT NEDELKOVSKI BEZO^EN ^OVEK MOMENT

AGATA KRISTI

AMPER REKA VO LAOS VID REVOLVER JAMAJKA

KR[, NERED

OZI OZBORN 8 - ta BUKVA DR@AVA VO AFRIKA

GRI@A ZA BOLEN

1 8 8

5 6

3

2 3

2 1

9 9 5 7 2 8 4 2 8

7 9

7 2

2 9 5 1

5

3 5

5 6 2

1 9 6 7 3 5 8 4 7 4 3 8 6 2 7 7 5 6 4 8 7 3 8 2 6

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: EROTIKON, DE, INAKOV, SRK, TALOFITI, O, MALINA, ONON, MIJO, PRUST, TABOR, STA, SENOKOS, EM, ATEROM, ANI, H, CELESTIN, AK, CINIK, A, LOM, NAGANT, ILIJADA, OO, NEGA, AL@IR; SUDOKU: 1) 395 642 179, 187 593 426, 462 718 539; 816 379 245, 249 165 783, 573 284 691; 758 921 364, 921 436 857, 634 857 912; 2) 278 936 451, 319 854 627, 456 712 893; 935 278 164, 627 541 389, 841 693 275; 192 367 548, 564 189 732, 783 425 916

Мајк Тод

SLOVENE^KA TELEGRAFSKA AGENCIJA SEVER

VOJNI^KI LOGOR RUSKI OSTROV

KOSIDBA NA TREVA ZA SENO

5 7

D

KISLOROD STAP ZA BODEWE DOBITOK (MN.)

VID OVO[JE SRPSKO MA[KO IME

Наместо на пријателот да му посакуваш смрт, посакај си себеси долг живот. Народна поговорка

Ê

GOLTKA NORDISKI BOG NA GROMOT

PODRUG, RAZLI^EN

RASTENIJA BEZ RASTITELNI ORGANI

Молиер

VR[ITEL NA DEKONTAMINACIJA

DOBRICA ERI] TRIGONOMETRISKA FUNKCIJA

E

Æ

47

РАЗОНОДА

Четврток, 18 октомври 2012 година


ВИЦОТЕКА

Зборуваат две русокоси и едната вели: - Дали слушна дека нашиот оџачар го згазнал автомобил? - Страшно - вели втората - веќе не сме сигурни ниту на покрив! * * * Пријателката à вели на Фата: - Пријателке драга, дали знаеш дека Мујо те изневерува?

- Знам, знам и со кого, само не знам со што? * * * Влегува Перица во собата на своите родители и вели: - Тато, ти навистина си скржав! - Зошто? - прашува таткото. - Па, кога соседот спие со мама, секогаш ми дава по 50 денари, а ти никогаш ништо!

ТИКЕТ СЕК Ј Славија БАТЕ Борисо в

Макаби Сиена

2

Лас Палмас Р. Сантандер 0-2

1

Литвос Барселона

Коефициент 5,2

хен.

2

Den 18 Oktomvri  

Dneven Vesnik Den

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you