Issuu on Google+

1 5 денари

www.den.mk

СЛАВНИТЕ И ОДДАДОА ПОЧИТ НА ПОЧИНАТАТА ДИВА ВИТНИ ХЈУСТОН

24o

Понеделник, 15 октомври 2012, година 1, број 175

26

Се подготвува избор за најубав Македонец 25

Груевски: СДСМ нема противкандидат за Коце Трајановски МАШИНОВОЗАЧОТ РИСТО ПЕЈОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „ДЕН“ ТВРДИ:

Директорот на Железница

има свој воз Дерковски нема слух за безбедноста на железницата, вели Пејовски, а најавениот штрајк, што беше закажан за 28 септември, го ставаат во мирување поради страв од заканите на раководс14-15 твото на „МЖ – Транспорт“

Скромно чествување за Тоше 24-25

Со присуство на околу 20 луѓе, вклучувајќи ги и новинарските екипи, вчера пред Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје беше одбележана петгодишнината од смртта на големата музичка легенда Тоше Проевски

28-29

ДЕЈАН ЛИЛИЌ ЗА „ДЕН“ :

Не сум бил, ниту ќе бидам партиски човек


2

ВЕСТИ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Сите на фудбал

ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД ФИНАНСИСКИОТ КРАХ?

КОМЕНТАР

Никола ЃУРОВСКИ Дојде Хрватска и ни создаде фудбалска еуфорија. По подолго време, и ние почувствуваме атмосфера каква што редовно гледаме на ТВ-екраните на стадионите во Европа. Повторно ни се појавија емоции, желба да можеме многу повеќе од реалните капацитети. Сакавме да ја победиме селекцијата која е редовно е меѓу најдобрите 10 на листата на ФИФА, но нашите фудбалери „изгореа“ во преголемата желба. И одеднаш, еуфоријата се претвора во трагедија. Сите се незадоволни, пцујат по фудбалерите, го менуваат селекторот, претпоставуваат дека некои нивни фудбалски миленици би одиграле подобро во националниот тим. И така, повторно од фудбалска Европа се враќаме во Македонија, се свестуваме дека ни недостига уште многу за да бидеме и ние од европски ков. Во фудбалската игра, но и во организацијата... На натпреварите од домашното првенство трибините на арената „Филип Втори“ зјаат празни. Одеднаш доаѓа Хрватска и сите сакаат „да удрат фотка“ со нив, се прават фудбалски познавачи, сакаат да бидат дел од спектаклот. Но, дури тогаш е јасно воочливо дека Македонија е далеку од Европа. Се појавија фалсификувани билети за натпреварот. Зошто Македонец, кој и така нема навика да оди на стадион секој викенд, кога може да направи поевтина фотокопија

верна на оригиналот. Можеби ќе најде и некој познат меѓу редарите, па ќе се провлече и ќе влезе на стадионот. Па, ако треба, и ќе се степа со другиот гледач што го има оригиналниот билет или, пак, ќе му рече „Добро де, седни ти на она другото столче, гледаш дека е празно“. Токму затоа имаше и огромна мешаница на влезовите, сите четири што ги има ова наше фудбалско здание се покажа дека се премалку за стадион со капацитет од 33.000 гледачи, посебно за македонски услови. Препораката од ФФМ беше да се дојде на стадион порано.Но, само еден поглед од надворешната страна на стадионот на „пет минути пред почетокот“ беше доволен да сфатиме дека ова е Македонија. Имаше десетина илјади луѓе на влезовите, сакаа да го фатат почетокот на мечот, ама многу биле зафатени во текот на целиот ден и едвај стигнале на натпревар. Или, пак, тогаш го добиле билетот, се разбира, бесплатно, на подарок, па се упатиле кон стадионот. Значи, во Македонија сите сакаат на фудбал, ама само кога ќе дојде некој силен противник, ако може да е за бадијала, а главно е таму да се истури домашната фрустрација. И ете, Хрватска помина, сега на ред е Србија. Еуфоријата стивна, сега повторно ќе биде она македонското „што ќе одам на фудбал, кога нашите ќе загубат“... Дај Боже да се лажам.

Грција нема да банкротира, уверува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Тој предупредува дека ако Атина ја напушти еврозоната, тогаш тоа може да à наштети не само на монетарната унија, туку и на самата Грција. - Според мене, во Грција нема да биде прогласен државен банкрот - рече Шојбле на средбата со бизнис-лидери во Сингапур. Тој додаде и дека Грција треба да преземе сериозни реформи и дека тоа многу боли.

- Сите веруваат дека грчката влада прави сè што е неопходно - забележа министерот и додаде дека не треба да се шпекулира дека Атина ќе ја напушти еврозоната. Истовремено, грчкиот премиер Антонис Самарас во интервјуто за весникот „Катимерини“ вели дека очекува договор со доверителите од „тројката“, Европската Унија, Централната банка и ММФ за следната финансиска транша пред самитот на ЕУ на 18 октомври.

КРИЗА ВО ЕВРОЗОНАТА

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 Стопанска банкa жиро-сметка 200-0024863780-03 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Илјадници луѓе протестираа во Мадрид и во Лисабон против мерките за штедење што ги наметнуваат владите на двете земји заради намалување на дефицитот. Демонстрантите тврдат дека не е фер обичните граѓани да се соочуваат со намалување на јавните услуги и бенефиции додека државните проблематични банки добиваат милтимилијардерски пакети за спас. Шпанија досега успеа да одбегне да побара спасоносен пакет сличен на оној на Грција. Околу 25 проценти од населението во Шпанија е невработено, со што таа е земја со најголема невработеност во ЕУ.


ВЕСТИ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

3

ВИЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА СРБИЈА? Пет земји од Европската Унија најавија дека ќе побараат преиспитување на визната либерализација за Македонија и за Србија. Имено, Германија, Белгија, Луксембург, Шведска и Холандија на самитот на европските министри за внатрешни работи и за правда што ќе се одржи на 25 октомври ќе покренат процедура двете земји, евентуално, по кратка постапка да се симнат од белата шенген-листа и повторно да им се воведат визи, пренесуваат дел од балканските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел. Дел од германските политичари, особено баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, деновиве сè погласно бараат повторно да се воведе визен режим за некои земји од каде што се зголемуваат барањата за азил. Македонските власти тврдат дека ги преземаат сите мерки против злоупотреба на безвизниот режим за да се спречат лажните азиланти да патуваат кон земјите на ЕУ.

ЗАГИНА РАБОТНИК НА ЕВН Педесет и тригодишен работник на ЕВН вчера загина од струен удар во близина на фабриката за производство на конци во Велес. Според МВР, работникот А.М., работејќи на далноводот, починал на самото место. Екипи на МВР извршија увид за да се констатираат причините за несреќата.

СУДИР МЕЃУ НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА И НОСАЧ НА РАКЕТИ НА АРМИЈАТА НА САД

ТИРАНА КУПУВА СТРУЈА ЗА 40 МИЛИОНИ ЕВРА Албанската влада на премиерот Сали Бериша ќе à гарантира на електрокорпорацијата (КЕШ) кредит од 40 милиони евра за набавка на електрична енергија. Поголемиот дел ќе биде од увоз, но КЕШ е овластена дел од кредитот да користи за купување струја произведена во новите хидроцентрали во земјата. - Купувањето електрична енергија е обврска на ЧЕЗ-Дистрибуција, меѓутоа не е реализирана. Но, за нормално снабдување со електрична енергија, бидејќи поради сушата домашното производство ни од далеку не може да ги задоволи побарувањата, ја овластивме КЕШ да земе кредит за набавка на електрична енергија - рече премиерот Бериша. Владата во Тирана деновиве донела одлука за укинување на данокот на додадена бредност за цемент и за железо, што се употребуваат во изградба на хидроелектрични централи, како стимулација за привлекување инвестиции на овој план.

БРИТАНСКИ ГЕНЕРАЛИ ТАЈНО СЕ НУДАТ ЗА ПОСРЕДНИЦИ ЗА ВОЕНИ ЗДЕЛКИ

aНема настрадани во инцидентот на нуклеарната подморница на американската морнарица „Монпелје“ и на носачот на ракети „Сан Хасинто“ за време на рутинска обука, во близина на атлантскиот брег. Пентагон соопшти дека ги истражува причините за судирот. - Сè уште не се знае какви се оштетувањата на двата пловни објекти, но нуклеарната инсталација на подморницата е неоштетена - изјави портпарол на американската команда.

Пензионирани генерали на британската армија тајно се нудат како посредници при правење комерцијални зделки на разни фирми за армијата, тврдејќи дека имаат „силни врски“ во министерството за одбрана и во врвот на владата, открива британскиот неделник „Сандеј тајмс“. За улогата на лобисти, што е забрането според британските закони, тие бараат „илјадници фунти“. Лондонски неделник три месеци го

истражувал можното лобирање за зделките што ги прави британската армија. Преправени како претставници на компании за оружје и за воена опрема и снабдени со скриени камери, репортерите успеале да „уловат“ четворица поранешни генерали кои тврдат дека имаат доволно силно влијание за да обезбедат врски во владата и во министерството и за да помогнат за постигнување договор.


4

АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Фармацевтите бараат лековите да поевтинат од идниот месец Фармацевтската комора на Македонија го поддржува намалувањето на цените на лековите и смета дека со новата методологија на пресметување на единствените цени и натаму ќе се намалуваат цените, со што пациентите од сите категории ќе имаат подобар финансиски до стап до потребната терапија. Фармацевтската комора го замолува министерот за здравство во името на сите аптеки во Република Македонија да ја одложи најавената имплементација на пониските единствени цени на лековите и наме сто од дене ска, новите единствени цени да почнат да се применуваат од први идниот ме сец. Од комората наведуваат дека временскиот период за подготвување на аптеките за имплементирање на новите цени во практиката е многу краток, а почнувањето од 1 ноенври 2012 е важно од следните причини: Пресметувањето на ДДВ се

врши од први секој ме сец и примената на новите цени од 15 во ме сецот, според искуството од март годинава, е технички тешко изводливо; Во согласност со договорите со ФЗОМ, аптеката еднаш ме сечно до ставува фактура во периодот од 1 до 10 за целиот претходен ме сец. Софтверското решение е прилагодено во согласност со договорот со Фондот и промената на цените во средината на ме сецот бара временски период за негово усогласување; Со промената на цените ќе се појават резерви на лекови по стара цена, чие нивелирање исто така бара соодветно упатство и период за прилагодување. Фармацевтите ќе направат сè за што побр зо прилагодување на промените и ќе вложат максимални напори да се намали застојот во снабдувањето, велат во Фармацевтската комора на Македонија.

Континуирана медицинска едукација на службите за итна медицинска помош Министерот за здравство, Никола Тодоров, вчера го по сети Здравствениот дом во Велес по повод означување на почетокот на првиот циклус од про ектот за обука на тимовите за итна медицинска помош во Република Македонија, чија цел е унапредување и, пред сè, унифицирање на работата на итните медицински служби во

земјава. Се работи за про ект за зголемување на соработката меѓу персона лот на клиниките и здравствениот персонал (лекари и се стри) во вонболничките итни медицински служби и за по ставување на ургентната медицина на повисоко ниво. За секој член од тимот за итна медицинска помош се подготве-

ни повеќе модули за едукација, кои се засноваат на веќе изготвени протоколи за итна медицинска помош, чија цел е обезбедување ефикасна, адекватна и бр за здравствена грижа за пациенти кои се наоѓаат во животнозагрозувачки со стојби. - Дене ска почнува дополнителна едукација од првиот циклус, со кој покрај Здравствениот дом - Велес, се опфатени и службите за итна медицинска помош во здравствените домови во Битола, Демир Хисар, Струга и во Дебар. Заклучно со февруари, вкупно ќе бидат организирани 36 работилници за интензивирање на соработката меѓу персона лот на клиниките и здравствениот персонал и тимови на итната медицинска помош во земјава, како и за екипите кои работат во ургент-

ните служби во општите болници низ земјава - изјави Тодоров. По себно значајно е што, како што рече, со овие обуки се опфатени и новите 80 лекари, вработени во службите за итна медицинска помош во здравствените домови низ Републиката.


АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

5

Попоски (не) побарал поддршка од Оланд за Македонија

На маргините од дводневниот Самит на франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, остварил повеќе неформални средби со негови колеги од земјите-членки на Меѓународната организација на франкофонијата. Министерот Попоски имал неформална средба и со претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд, со кој разговарале за теми од регионален контекст. - Го информирав францускиот претседател Оланд дека Македонија е актуелен претседавач со процесот за соработка во југоисточна Европа. Во тој контекст стана збор за можноста за нови иницијативи и активности во рамки на процесот за соработка на Југоисточна Европа и за поголема видливост на Организацијата на франкофонијата со оглед дека повеќе земји од регионот се

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, учествува на 14. Самит на франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго

членки на оваа организација истакна Попоски во изјавата за МИА. Од изјавата на министерот Поповски објавена на страницата на МНР не се гледа дека тој со Оланд говорел и за македонското прашање иако во претходно обја-

вениот извештај на МИА се вели дека министерот Поповски му предочил на францускиот претседател дека „Република Македонија очекува поддршка и од Франција за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, потврдувајќи ја

подготвеноста на Македонија за преминување во следната фаза од процесот на интеграција кон ЕУ.“ Во текот на денот тој остварил неформални средби и со повеќе шефови на држави и влади, се вели во соопштението на МНР. Љ.Н.

Груевски: СДСМ нема противкандидат за Коце Трајановски Со реализираните проекти и со демонстрираната посветеност и дела, ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на наредните локални избори, порача вчера во Скопје премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој им ги врачи книшките на новите членови на партијата во редовите на Градскиот комитет, одбележувајќи ја бројката од 40.000 членови. Премиерот и лидер на партијата со став и за одложувањата на објавата од опозицискиот СДСМ во однос на можниот нивен кандидат за градоначалник на Скопје. - Кога шетам низ проширените нови булевари, кога ги гледам новите паркови, новите објекти, административни згради, новите работи што Скопје го направија многу поубав и вистинска метропола, сфаќам зошто СДСМ толку време не може да избере кандидат за градоначалник на Скопје. И кога гледам колку нови луѓе ни се приклучуваат во ВМРО-

ДПМНЕ, квалитетни луѓе од сите општествени слоеви и социјални групи, и колку масовно приоѓаат кон нас, пред сè поради тоа што го правевме, поради нашиот труд, енергија, дела и резултати, сфаќам и зошто во СДСМ практично не само што не можат да изберат кој да биде кандидат за градоначалник, туку имаат сериозен проблем затоа што секојдневно се караат меѓу себе кој да не биде рече Груевски. На одбележувањето на јубилејниот 40-илјадити член во скопскиот Градски комитет се обратија и градоначалникот на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, и претседателот на Градскиот комитет и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, кои подвлекоа дека со низата спроведени програми и активности на партијата во соработка и со поддршка на Владата, Скопје прерасна во вистинска европска метропола.


6

АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

НОВА КНИГА ЗА ЏУЛИЕН АСАНЖ

Ново шоу на шифрираните отпадници

Д

одека Џулиен Асанж чека политички азил во лондонската амбасада на Еквадор, кон крајот на ноември од печат излегува нова книга за него. Се работи за насловот „Виртуелни активисти: Слободата и иднината на интернетот“ („Cypherpunks: Freedom and the future of the internet“) чии коавтори се Енди Милер-Магун (Германија), Џереми Зимерман (Франци-

Средба Црвенковски Орав Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по повод извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, утринава оствари средба со евроамбасадорот Аиво Орав, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефан Санино, и со шефот на одделот за Македонија во Директоратот за проширување на Европската комисија, Дејвид Кален.

ја) и Џејк Еплбаум (САД). Книгата е базирана на разговорите на авторите со Асанж водени во јуни во емисијата „Светот утре“ („Шоуто на Џулијан Асанж“). Во „Виртуелни активисти“ (поради темата преведувано и како „Шифрирани отпадници“) се говори за тоа дали електронскиот облик на комуникации ослободува или поробува, како и расправата дали „Фејс бук“ и „Гугл“ прет ставуваат најсовр-

шени системи за надгледување кога било направени и зошто повеќето од корисниците на интернет доброволно и свесно го прифаќаат тоа надгледување. Виртуелните активисти по стојат повеќе од две децении и Асанж е еден од лидерите на движењето од неговите почетоци. Изразот „cypherpunks“ означува активисти кои се залагаат за широка употреба на криптографијата (шифрирањето), во која гледаат еден од начините за заштита на приватно ста од „големиот брат“ на интернет, а нивното мото гласи: „Приватност за слабите и транспарентност за силните“. Авторите на книгата ги по ставуваат и прашањата за легитимните облици на надгледувањето, кога во прашање се перењето пари, тероризам, педофилија и порнографија, и дали корисниците на интернет имаат спо соб-

ност свесно да се спротивстават на овој бран, создавајќи кибер��ро стор во служба на слободата? Коавторот Зимерман најавува широк спектар на прашања, од над зор и заштита на податоците, преку влијанието на големите корпорации на политиката, граѓанска акција, одговорност и транспарентност, либерализам и анархизам, до авторски права, култура и др. Ова е втора книга на Асанж и повторно индиректна. Пред две години потпиша договор со издавачката куќа „Кенонгејт букс“ за книга која требало да биде микс од автобиографија и од неговиот манифест за пронаоѓање нови односи меѓу народите и нивните влади. Година дена подоцна Асанж сакаше да го поништи договорот, велејќи дека сите мемоари се про ституција, па издавачот ја објави неговата неавторизирана биографија.


Понеделник, 15 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

7

РАКОВОДСТВОТО НА ДУИ ГО ПРОМОВИРА СПОМЕНИКОТ НА АЛБАНСКИОТ ДЕЕЦ

Хасан Приштина се исправи пред „Мавровка“ Тони АНГЕЛОВСКИ

Споменикот на Хасан Пришти на, кој бе ше по ста вен во пе то кот, вче ра бе ше и офи ци јал но промо ви ран на свече на церемонија, на која присуствуваше раководството на ДУИ и го сти од Ко сово и од Албанија. Споменикот е висок три метри и е донација од внукот на Ха сан При шти на, Мех мет При шти на, а чи ни околу 75.000 евра. Ха сан При шти на е ал бан ски поли ти чар од Ко со во, кој пред Пр вата свет ска вој на имал важна улога во албанското дви же ње за не за вис ност. Пред една недела Универ зитетот во Приштина го доби токму не го вото име, а во овој град веќе има негов споменик. При шти на бил ми ни стер во пр вата вла да на не за вис ната

Челниците на ДУИ побараа сите да го почитуваат Приштина затоа што тој заедно со припадници на ВМРО работел за ослободување на Македонија

албанска држава, а неколку дена бил и премиер на албанската вла да, во де кем ври 1921 година. Бил убиен од Албанецот Ибрахим Чело во 1933 годи на во ка фе-ре сто ран во Солун, но не е до крај јасно дали по ра ди внатре поли тич ки прес ме тки или по ра ди крв на одмазда. На свече но ста за по ста ву ва ње на споме ни кот го во реа градоначалникот на Чаир, Изет Ме џи ти, и пре тседате лот на ДУИ, Али Ахмети, кој побара При шти на да го почи ту ва ат и другите, а не само Албанците. Чел ни ци те на ДУИ по ба раа

сите да го почитуваат Приштина затоа што тој заедно со припад ни ци на ВМРО ра ботел за ос ло боду ва ње на Ма кедо ни ја. На по ставувањето на споменикот му прет ходе ше завче раш ната ака де ми ја по све те на на Ха сан При шти на, на ко ја Ах ме ти рече де ка При шти на е при мер ка ко тре ба да се води политика и како треба да се решат некои проблеми. - Исто како што тој наоѓаше со ра бот ни ци и со го вор ни ци ме ѓу ма кедон ски от на род во те шки вре ми ња, та ка и ние треба наоѓаме компромис меѓу двете најголеми заедници - ре-

че Ахмети, додавајќи дека Хасан При шти на е нај голе ми от херој кој работел за интере сите на Албанците, а бил и негова инс пи ра ци ја да вле зе во политиката. На академијата, покрај највисокото раководство на ДУИ, при сус тву ваа и ал бан ски от принц Лека Зогу Втори, како и вну кот на Ха сан При шти на, Мех мет При шти на. Ака де ми кот од Ал ба ни ја Бе кир Ме та, пак, освр ну вај ќи се на де лото на Ха сан При шти на, потсе ти де ка „си те Ал бан ци тре ба да живе ат во една држава“. - Идејата на Хасан Приштина е веќе остварена. Ова е процес кој ќе продолжи и ќе води кон формирање на една заедничка албанска држава која ќе биде пријателски расположена кон другите балкански земји рече академикот Бекир Мета.


8

АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

КОЊАНОВСКИ ВО ПРЕСПА

Владата и натаму ќе им помага на овоштарите

Квалитетот на преспанското јаболко задоволува, но за подобра цена, покрај пазарите, значајни се и просториите за складирање

З

а ме ник-ми ни сте рот за зем јоделс тво, шумарс тво и водо сто панс тво, Зоран Коњановски, вчера ја по се ти Прес па ка де во тек е бербата на јаболката. Годи наш ната ре кол та се про це нува на 80.000 тони. Родот е со од ли чен ква ли тет, плас ма нот солиден, а цената во зависност од ква ли те тот се дви жи од 16 до 20 денари за еден килограм. Днев но се прода ва ат и по 400 тони јаболка, главно за извоз. Ко ња нов ски, за до волен од ква литетот на преспанското јабол ко, истак на де ка за да се по стигне подобра цена, покрај пазарите, значајни се и про сториите за складирање, па затоа по сочи дека Владата во тој дел ќе помогне со субвенции.

- Во Прес па до се га за суб вен ции во пос лед ни те три годи ни доде ле ни се околу 100 тра кто ри и голем број прик лучна механизација, како и 100 ми ли о ни де на ри. Ка ко Вла да оста ну ва ме по све те ни да им помог не ме на ово шта ри те во осо вре ме ну ва ње то и во из -

град ба на ла дил ни ци и да се отво рат но ви па за ри, освен тра ди ци о нал ни те зем ји. ЕУ, Русија, Египет и Индија допрва треба да ги запознаат нашите ја бол ка из ја ви Коњановски. Тој додаде дека солидна цена има и јаболкото за прерабо-

тка од шест де на ри за ки ло грам, а покрај тоа Владата субвен ци о ни ра уште два де на ри. Тој по сочи де ка ро кот за при ја ву ва ње суб вен ции ќе би де продолжен. Ко ња нов ски де не ска по се ти и по ве ќе ово штар ни ци во овој крај.

Според две третини од граѓаните, минималната плата треба да важи за сите веднаш Око лу шест про цен ти од гра ѓа ни те на Ма ке до ни ја сме та ат де ка ми ни мал ната плата тре ба да из не су ва ме ѓу 8.000 и 10.000 де на ри, 4,92 про цен ти де ка ми ни мал ната плата треба да биде поголема од 10.000 де на ри за да се има не ка ков при сто ен жи вот и тоа 16 проценти сметаат дека таа тре ба да бби де до 12.000

де на ри, 32 про цен ти до 15.000 де на ри и 43 про цен ти сме та ат де ка таа тре ба да из не су ва по ве ќе од 15.000 де на ри. Ова се подато ци од ан ке тата на Ин сти ту тот за со ци јална демократија „Прогрес“. Две тре ти ни од гра ѓа ни те во Ре публи ка Ма ке до ни ја сме та ат де ка ми ни мал ната плата

тре ба да ва жи за си те вед наш, без да има пре оден рок за опре де ле ни деј но сти. Во момен тов ра бот ни ци те од деј но сти те со нај ни ски про сеч ни плати, ми ни мал ната плата од 8.050 де на ри ќе ја до би јат во 2015 годи на. Се га за нив ми ни мал ната плата из не су ва 6.230 де на ри. Ан ке тата е напра ве на на ре -

пре зен тати вен при ме рок на на ци о нал но ни во во чиј фо кус бил ставен Законот за мини мал на плата, а оп фате ни би ле 1.150 ис пи та ни ци. Глав ни те зак лу чо ци од ан ке тата се де ка за 67 про цен ти од ис пи та ни ци те за ко ни те во др жа ва ва не ги шти тат ра бот ни ци те и ра бот нич ки те пра ва.


АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

9

САМИТ НА ММФ ВО ТОКИО

Лагард и Шојбле во клинч Са ми тот на Ме ѓу на род ни от мо не та рен фонд во То кио изми нати ов ви кенд ка ко топ-те ма го исфрли нес ла га ње то ме ѓу из врш ната ди ре ктор ка на Фон дот, Кри стин Ла гард, и герман ски от ми ни стер за фи нан сии, Вол фганг Шојбле, околу политиката на штедење. Изве стувачите јавуваат дека спротивста ве ни те ста во ви за тоа да ли Евро па тре ба по се ко ја це на да се при др жу ва кон че лич ната фи нан си ска сте га што ја на мет ну ва Герма ни ја оста ва ат нај си лен впечаток од то ки ски от са мит иа ко Ла гард и Шојбле во подоцнежните не формал ни раз го во ри се оби ду ва ле да ги на ма лат разме ри те на не согла су ва њата. Во при лог не им оди и подато кот де ка тај мин гот на нив ната рас пра ва се сов пад нал со зем јотре сот од 5 сте пе ни по Рихтер кој ток му то гаш го по годил То кио. Суди рот на ста во ви те ме ѓу ММФ и ЕУ (или нејзината доминантна политика диктирана од Германија) еска лирал откако Шојбле го обвинил ММФ дека ги мини ра европ ски те про це си на мо не тар но за креп ну ва ње со пред ло зи те на Ла гард да им се овозможи на земјите од перифери јата на евро зо ната да здив нат од же сто ки те мер ки на штеде ње кои ги за ду шу ва ат нив ни те еко номии. Ста вот

на ММФ, прилично различен од неговата тра ди ци о нал на кон зер ватив на поли ти ка, е де ка зем ји те од евро зо ната не треба слепо да се придржуваат кон строгите стапки на де фицит ако тоа го забаву ва рас тот по ве ќе откол ку што во претходните про екции било зацртано. Според Лагард, на земјите кои ја пробиле границата на планираниот де фицит, сепак, треба да им се дозволи активаци-

ја на автомат ски стабилизатори: зголемена потрошувачка на соција лата со пониски ка мат ни стап ки, со што ос ла бе ната економија би добила поттик за раст. Герма ни ја се проти ви со ар гумен тот на Шојбле дека е штетно за меѓусебната довер ба ако дру гата стра на го сме ни пла нот за ак ци ја, ко ја подраз би ра по стиг ну ва ње одреде ни до го во ри за среднорочни цели.

Ново топловодно греење во СОУ „Коле Нехтенин“ Во тек се завршните работи на реконструкцијата на топловодната мрежа во СОУ „Коле Нехтенин“ во општина Штип. Со промена на цевководната мрежа ќе се намалат потребите од средства за нафта, додека со сервисирањето на горилниците ќе се по стигне поголем ефект на искористливост на нафтата, дури до 95 проценти. - Со новите, помоќни циркулациски пумпи, кои се димензионирани според потребите, за разлика од претходните кои се послабо димензионирани од потребното, ќе се дистрибуираат поголеми количества загреана

вода, со што ќе се подобри загревањето на просториите во училиштето, еднакво во сите простории, а не како досега, најоддалечените училници да немаат греење - се вели во соопштението од Министерството за образование и наука. Вредноста на инвестицијата е приближно 3 милиони денари и реконструкцијата се очекува да заврши кон крајот на овој месец. Од МОН информираат дека и понатаму ќе продолжат со реализација на активно стите поврзани со изградба и со реконструкција на училиштата во Република Македонија.

Почна традиционалниот кавадаречки панаѓур

Од вчера почна традиционалниот кавадаречки панаѓур. Годинава на него учествуваат 420 трговци што имаат закупено тезге, информира локалната самоуправа. Панаѓурот ќе трае до утре. Манифестацијата се одржува од кружниот тек во новиот центар на градот, по булеварот Едвард Кардељ, до Северниот булевар. Трговците нудат најразлични видови производи, но најчесто текстил. Од локалната самоуправа нагласуваат дека по укинувањето на пролетниот, останува есенскиот панаѓур во Кавадарци, иако од трговците од градот кои имаат сопствени дуќани имаше иницијатива и за негово укинување.


10

АКТУЕЛНО

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Автомобилска парада низ улиците на Прилеп

Прилепчани се пофалија со своите стари автомобили

В

о Прилеп ше сти пат пат се одржа парадата „Кар шоу“, која беше една од најпо сетените манифе стации за време на празникот 11 Октомври. На парадата беа изложени стари и атрактивни автомобили, кои побудија голем интерес кај граѓаните, но и кај младата популација. Беа пријавени 185 учесници, кои беа дел од официјалната категорија за наградување, а пристигнаа 240 учесници кои со задоволство и со гордост ги прикажаа своите возила пред присутните, демонстрирајќи ја својата неизмерна љубов кон скапите и автентичните „љубимци“ на четири тркала. Прилепчани го искористија прекрасното време за да уживаат во оваа атрактивна парада, но и да се фотографираат покрај убавите автомобили што им ги привлекуваа погледите. Организаторите на манифе стацијата

беа задоволни од бројот на пријавени учесници, така што оваа година се поделија награди за најдобар надворешен изглед на автомобил, за најдобар ентериер, за најдобра ре ставрација на стар автомобил, за теренско возило, како и награда за најстар автомобил. Р.А.


Понеделник, 15 октомври 2012 година

АКТУЕЛНО

11

Сараќини е задоволен од економските аспекти на извештајот на ЕК

Дене ска министерот за економија Ваљон Сараќини ги презентираше по стигнатите резултати нотирани во извештајот на Европска комисија за Република Македонија, кој воедно ги потврдува напорите на Владата за подобрување на со стојбите во националната економија и условите за водење бизнис. “Како министер за економија, исклучително сум задоволен од констатацијата во извештајот, според која, во РМ е забележан е сериозен напредок во еден од најважните аспекти на македонската економија, а тоа е конкурентно ста бидејќи се работи за зголемување на конкурентно ста во услови на криза и во сериозно отежнати услови за водење бизнис. Тоа е потврда на нашите сериозни напори во делот на доне сување пакет закони што се одне суваат на реалниот сектор и олеснување на условите за водење бизнис“, изјави Са-

раќини. Во рамките на ше стото поглавје за право на трговски друштва, очекувано ЕК го признава напредокот на РМ во областа на право на друштва. Дополнително беа доне сени Законот за европско друштво и Законот за европски економски интересни групи како последна фаза во финалното усогласување. „На наше огромно задоволство, извештајот ја нагласува промената на структурата на извозот во позитивна смисла, односно значаен удел во структура на извозот имаат производи со додадена вредност што, пак, е резултат на успехот на Владата за привлекување странски инве стиции и за отворање нови производствени капацитети кои на свет ските пазари нудат производи со високи стандарди и со висока додадена вредност. Промената на структурата во извозот е резул-

тат на присуството на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, додаде министерот Сараќини. Според него, извештајот ја нагласува важно ста на макрое-

кономската стабилност на земјата во услови на турбуленции кои се случуваат на светската, а особено на сцената на Европската Унија.

Владата ќе го зајакнува пазарниот информативен систем

Владата одлучи да го зајакне системот за пазарни информации и пласман кои се до ставуваат до земјоделците, преработувачите и до трговците, што треба да овозможи нивна поголема профитабилност и продуктивност и подобар пласман на домашниот и на странските пазари. - Столб на системот е силен пазарен информативен систем,

со кој ќе се обезбедат повеќе корисни информации и предвидувања за пазарните движења особено за странските пазари кои ја одредуваат цената на клучните земјоделски производи, и така добиените информации редовно ќе се до ставуваат до земјоделците во вид на редовни билтени - рече владиниот портпаролот Александар Ѓоргиев.

Како мерка за подобрување на пазарната положба на ситните економски оператори на страната на побарувачката, Владата ќе спроведе и дополнителни мерки за јакнење на капацитетот на групите на производители. Тоа се групи кои се со ставени од субјекти кои имаат слично производство и учество на пазарот на слични производи. Нивниот вкупен

обрт на средства на годишно ниво ќе го определува процентот на учеството во изградба на инфраструктурни потреби, ладилници, маркетинг и слично. Владата ја задолжи и Агенцијата за странски инве стиции и поттикнување на извозот да обезбеди квалитетни информации за надворешните извозни пазари, најдоцна до 20 но ември.


12

СКОПЈЕ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

СÈ УШТЕ НИШТО ОД ВЕТУВАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ

Јакимовски заборави на бесплатните ужинки И Анета СТОЈКОВСКА

по еден и пол ме сец од почетокот на учебната година, од ветувањето на првиот човек на Карпош, Стевчо Јакимовски, дека основците во оваа општина нема да плаќаат за ужинки и за екскурзии, до сега нема ништо. Градоначалникот уште во август, во интервјуто за општинскиот весник „Урбан“, ги израдува родителите дека Општина Карпош целосно ќе ги финансира ужинките и екскурзиите за сите ученици од сите училишта на територијата на Карпош и дека пари за таа намена ќе бидат издвоени од општинската каса. Ваквиот потег Јакимовски го објасни со желбата да им се помогне на семејствата со низок стандард и да се ослободат учениците од можните понижувања ако немаат пари за овие издатоци. Со други зборови, сите ученици да бидат еднакви барем во однос на ужинките и екскурзиите. Сега се чини работите се променија. Ветеното се заборави или се виде претешко за реализација. Претешко стана и да се најде одговор на прашањето зошто учениците и натаму сами плаќаат за ужинки и за екскурзии. По десетдневен молк на поставеното прашање од „Ден“, од Карпош стигна објаснување кое не кажува многу. - За идејата на градоначални-

Од Општината велат дека Советот треба да ја одобри идејата на Јакимовски, која досега воопшто не е ставена како предлог на дневен ред

кот Јакимовски да добие конкретна реализација, мора да се испочитува законската регулатива. Имено, најавата за бесплатни ужинки и екскурзии мора претходно да добие верификација од Советот на Општина Карпош, односно советниците да се изјаснат „за“ со што ќе à дадат проодност, а после тоа, по огласувањето во службен гласник, таа ќе влезе во сила и ќе може да се применува велат од одделението за односи со јавност. Од изјавата на Јакимовски до денес Советот на Карпош одржа три седници. На ниедна од нив

на дневен ред не се најде овој предлог. Зошто и дали неговата најава се покажа премногу амбициозна за општинскиот буџет, нема одговор. Родителите се разочарани затоа што сметките за ужинки им беа испорачани веднаш. - Се израдувавме за џабе. Очекувавме дека нешто што е соопштено како конечна работа, ќе се применува. Сега сите молчат, директорката крева рамења, а ние пак ќе си ги плаќаме сметките. Човек веќе ништо не може да верува, па и кога ветувањето доаѓа од тие што се должни да ги

исполнуваат - вели мајка на ученик во ОУ „Петар Поп Арсов“. Директорите на училиштата не знаат што да им објаснат на родителите, кои секојдневно реагираат и прашуваат зошто да ги плаќаат ужинките кои требаше да бидат бесплатни. Според нив, реакциите на родителите се упатени на погрешна адреса затоа што училиштата работат по налог на Општината, а оттаму немаат никаков официјален документ дека Карпош ќе ги покрива трошоците. Додека тоа не се случи, како што велат, и натаму сами ќе плаќаат родителите.

Трка за мир на кејот на Вардар На кејот на реката Вардар петти пат се одржа Трката за мир, соживот и толеранција, на која учествуваа 500 ученици од седмо и од осмо одделение од основните училишта од општина Гази Баба и општина Петровец. Во рамките на оваа традиционална трка се одржа и трка со ролери, како и трка за познати лично сти во која учествуваа градоначалникот на општина Петровец, наставниците, директорите на основните училишта и го стите.


СКОПЈЕ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Асфалтирани улици во Бутел и во Кисела Вода

Осум улици во населеното ме сто Радишани и во селото Љуботен добија нов асфалт со што заврши втората фаза од проектот за темелна реконструкција на 25 улици во општина Бутел. Како што соопшти општинската пресслужба, нов асфалт добиле улиците 40, 48, 52, 15, 28, 10, 8 и 12. Вкупната должина на делниците со нов асфалт изне сува три километри или вкупно асфалтирана површи-

Бесплатните паркинзи во Центар ќе бидат во боја Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ одлучи бесплатните паркинг-места со кои стопанисува да се бојосаат во различни бои. Од претпријатието велат дека овој начин полесно ќе се препознаат резервираните паркинг-места. Така местата за инвалиди ќе се бојосаат во сина боја, паркинг-местата за родителите со бебиња ќе бидат бојосани со виолетова боја, оние за велосипедистите со црвена боја, моторџиите ќе си го препознаваат местото по сивата боја, а местото за хибридните возила ќе биде бојосано во зелена боја. Од општинското претпријатие велат дека на ваквата идеја дошле поради тоа што не се почитуваат правилата за паркирање. За да нема забуни и манипулации, граѓаните од овие категории ќе треба да аплицираат до ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за што ќе добијат соодветни налепници.

Се реконструираат улици во Карпош

Заврши реконструкцијата на дел од улицата Ловќенска број 9 во населбата Козле, во должина од 32 метри. Од општината Карпош велат дека обновата на оваа улица чинела 886.612 денари. Во акцијата за реконструкција, нов коловоз добија и улиците Крчин во должина од 210 метри, улицата Пијанец во должина од 190 метри и улицата Стрезово во должина од 410 метри. Од Општината информираат дека во тек е асфалтирањето на крак од улицата 18 во Бардовци и улицата 8, исто така, во населбата Бардовци.

на од 7.600 квадратни метри. И во општина Кисела Вода се асфалтираат и реконструираат улици, се санираат ударните дупки, се градат нови дет ски и спортски, а се реконструираат и рехабилитираат веќе изградените повеќенаменски спортски игралишта. Изминатиот период екипите на фирмата „Изолација“ од Скопје извршија реконструкција и асфалтирање на неколку улици во насел-

13

бите Пржино и Припор. Градежни активности се одвиваат и на улицата Марко Орешковиќ во населбата Кисела Вода. Во населбата 11 Октомври – бараки, во комплексот на спортски игралишта до трим-патеката неодамна се изгради детско игралиште на површина од 80 квадратни метри. Во моментов, екипи на фирмата „Метал инженеринг - градинг“ вршат реконструкција на постојните спортски игралишта за фудбал, кошарка и за тенис.


14

ИНТЕРВЈУ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ИНТЕРВЈУ СО РИСТО ПЕЈОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ

Дерковски нема слу безбедноста на жел u Зошто го ставивте штрајкот во мирување?

- Го ставивме во мирување затоа што бевме принудени. Членовите на штрајкувачкиот одбор беа повикани на „информативен разговор“ од директорот на правната служба, Божидар Цветковски, и со еден политички речник им беше кажано дека со нив е готово, дека е завршено, дека нема што да се разговара, едноставно, со други зборови, им беше кажано дека ако многу креваат врева, ќе бидат избркани од работа. Иако знае дека јас сум претседател на синдикатот, мене не ме повика. Две години бараме средба со генералниот директор за да разговараме на теми што директно се однесуваат на безбедноста на железничкиот сообраќај, но менаџментот на АД „Транспорт“ не сака да комуницира со раководството на Независниот синдикат на машинскиот персонал, во кој членуваат машиновозачи и из-

Штрајкот на Независниот синдикат на машинскиот персонал, што беше закажан за 28 септември, па одложен за еден месец, нема да се одржи поради тоа што неговите членови се исплашени од заканите на раководството на „МЖ – Транспорт“, тврди Пејовски вршниот персонал (свртничари, маневристи, прегледна служба...) u За што сакате да разговарате, на кои теми? - Условите за работа се загрозени. Тоа се секојдневни работи со кои се соочуваат машиновозачите: сигурно ста и безбедно ста во сообраќајот. Сакаме да му кажеме дека средствата за работа се неисправни. Од вкупно 13 електрични локомотиви, ние работиме со половина од нив и тие не се со сема исправни. Директорот ни вели дека има контролна служба и дека ние не треба да се грижиме за тоа. Штом не сака да комуницира со нас, одговорно

тврдам дека нема да помине колективниот договор без учество на нашиот синдикат. Ние семе единствен синдикат што ги штити правата на машиновозачите. Ние машиновозачите и помошниците сме 220. Во овој синдикат членуваат 85 машиновозачи, од вкупно 135, а сепак генералниот директор го смета за нерепре зентативен. Сепак, според бројот на машиновозачите, сметаме дека имаме право да му укажеме на генералниот директор со какви опасно сти се соочуваме како директни учесници во сообраќајот? u Зошто не сака да ве прими? - Не знам зошто. Веројатно за да не му го нарушиме неговиот комодитет? Тој е толку комотен што има свој воз што го вози од Прилеп до Скопје, во кој се служи кафе и сок, има инсталиран телевизор, а возот го возат само четворица одбрани машиновозачи. Само тие го возат тој воз. Значи рекламата дека македонските железници имаат европски стандард се одне сува само на тој воз, а не на сите возови во какви што треба да се возат сите граѓани. u Врз основа на што тврдите дека состојбата во безбедноста на сообраќајот не е добра? - Од 2010 година до сега имаме две железнички не среќи кај Го стивар и кај Чашка, имаме избегнато два директни судири кај Романовце во 2012

година. Тоа е сликата на македонскиот железнички транспорт. За овие две години директорот нема контакт со нас, ние го сфаќаме тоа како не сакање да реши ни еден од проблемите со кои се среќаваме, а кои директно влијаат на безбедно ста. Но, тој прво што направи, си ја зголеми платата на 100.000 денари, секретарката зема 40.000 денари, сите негови соработници имаат службени возила и возачи. Вработува секаков кадар што ќе му дојде по партиска линија. Вработува работници, а тие не одат на работа. Дури вработува контролори што немаат ни еден ме сец искуство!? Кадарот што има 30годишно искуство во одржувањето на локомотивите, компре сорите, го тргна на страна затоа што има знаење и им пречи на новите што немаат ни знаење ни искуство, ниту имаат задача да го развиваат транспортот, туку да ја осиромашуваат железницата. Иако ние имаме сервис, тој ангажира други фирми за поправка. Зошто се трошат пари, а работниците во нашиот сервис седат без работа? u Колкава е платата на машиновозачите? - Дерковски вели дека машиновозачите земаат плата од 40.000 денари, но тоа не е точно. Машиновозачите не земаат повеќе од 27.000 денари иако имаат највисок ранг во железницата. Други служби земаат поголема плата од нас. Канце-


Понеделник, 15 октомври 2012 година

ИНТЕРВЈУ

Т НА МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ НА „МЖ – ТРАНСПОРТ“

ух за лезницата ларијата на машиновозачите што се во мојот синдикат им е одземена, а другите имаат. На сите овие теми сакаме да разговараме со генералниот директор.

u Тогаш, зошто не ве прима? - Тој се оправдува со тоа дека има репрезентативен синдикат кој е навистина поброен од нашиот, но тој синдикат е формиран пред две години и тоа наменски, за да ги игнорира сите синдикати во кои има некаков синдикален дух. Од осумте синдикати во „Транспорт“, само овој синдикат се труди да се слушне гласот на работникот. Другите синдикати служат за бизнис во кој се вртат околу пет милиони денари ме сечно преку синдикални сметки, сирење, дрва, одмори, дури до регистрација на возила. Се прашувам дали тие пари се оданочени. Со ваков однос раководството има контрола врз синдикатите. Тоа е убиство на демократијата. u Вие бевте суспендиран поради тоа што спречивте судир на два воза? - Бев суспендиран затоа што случајот беше изне сен во медиумите. u Како се случи тоа? - Стоев на споредниот коло сек на станицата во Романовце, чекајќи вкрстување. Возев на релација Скопје - Куманово, а го чекав возот од Куманово кон Скопје. Веднаш видов дека свртниците, наме сто да бидат насочени право, беа свртени кон споредниот коло сек на кој сто ев јас со мојот воз. À се јавив на контролата, но дежурниот ми рече дека сè е во ред и ми го исклучи теле фонот. По неколку минути наиде возот од

спротивната страна и почна да навлегува на мојот коло сек. Тогаш јас реагирав со договорениот знак за опасност, пет пати кратко свирење, на што колегата од спротивната страна, исто така, брзо реагираше и почна да сопира, па така го запре возот на 100 метри од мене.

u Како може да се случи тоа? - Затоа што електрониката во железницата е комбинирана со стара технологија, па една со друга не е компатибилна и затоа таа откажува и пак генералниот директор вели дека железницата е безбедна и не сака да нè прими на разговор.

15


16

КОЛУМНА

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Факултетски модни стилови

Матеја НИКОЛОВСКИ

Стил „свадба“: Овој стил најде широка примена низ ходниците и амфитеатрите особено на мојот (не)мил Правен факултет. Лесно се забележува во секакви временски услови. Главни компоненти се: сако, панталони од штоф и лакирани чевли. Исто така, на овој стил одговара и (по можност бела) кошула и (по можност црно) елече - комбинација попозната и како свадбен келнер. Единствено што ме збунува кај овие луѓе е дали кога навистина ќе одат на свадба ќе го но сат истото или, пак, таму, со сем спротивно, за инает се облекуваат во фармерки и во маица? Стил „директор“: Префинет стил, фармерки и кошула пикната во фармерките, зачинети со кожен каиш, а че ста појава е и фризура направена со гел кој à дава екстра сјај на вашата ко са. Лете моден додаток се очила за сонце, а зиме задолжително е капутче и шалче. Она што не го менуваат и што во едно им прет ставува и главна карактеристика е машката чанта, која се но си како актовка, но е помодерна, а потсетува на торба за лаптоп. Вечната дилема е што но сат внатре освен пенкало? Стил „сакам да бидам асистент“: Всушност: „Сè уште не сум асистент, ама ќе станам веднаш штом ќе дипломирам. Моментално сум нешто како демонстратор, хе-хе, штета што ја укинаа таа опција“.

Дневниот весник „Ден“ е отворен за различни мислења, но се оградува од ставовите на колумнистите

Џемперче, кошула, наочари со диоптер за да изгледаат интелектуално, секогаш ги гледаш низ ходници, се знаат со сите профе сори (читај - им се умилкуваат на сите профе сори), а всушност главна функција им е да тркнат да ископираат нешто или да го викнат компјутерскиот техничар. Стил „мањо“ (изведено од манијак): Ги нема во голем број, но не грижете се, не се загрозен вид. Најче сто слаб, со средно долга мрсна коса, лузни или акни на лицето и кукаст нос по можност. Главна карактеристика - долг, црн мантил. Мисли дека личи на лик од „Матрикс“.

Стил „кој би рекол, чуда се случуваат?“: Најзастапен вид. Изобилство од комбинации, но најпопуларна е тесни фармерки „цевка“ во комбинација со широка блуза со качулка и со тексас-јакна поголема за еден и пол број, што доаѓа до израз кај ракавите. Фризура со шишки, или евентуално разделена напред на патец во мали кадрици. Јадат тост или

хот-дог во хол и не излагуваат на паузи.

Стил „Фез од Луди 70-ти“: Овој стил засега е прототип, но со потенцијал да се прошири во култ или во студентско движење. Фризура како од старата школа, тесни панталони и полуширока маица од некој тенок, нежен материјал, отворено деколте за да дојде до израз љубовниот тепих. Може и припиена маица комбинирана со кожна јакна. Во по студени денови - исклучително шарени џемпери од груб материјал. Од женската мода најистакнати се следниве два стила: Стил „диско-дива“ или „диско-кралица“: Можеби во идеологијата си одговараат до некаде со првиот стил (свадба) и, веројатно, биле партнери за матура. Неизо ставен дел од нивната гардероба се високите потпетици, кои создаваат ехо низ холот и ходниците и привлекуваат погледи. За да го задржат и понатаму вниманието

на себе, секако, имаат некој опасен изглед како тесни хеланки и маичка со длабоко деколте или, пак, секси фустанче. На лице - големи очила за сонце, кои зафаќаат половина од лицето, а ако се случи да ги извади (на кратко), оставаат линии на слојот шминка. Стил „имам две професионални слики и сега сум манекенка“: „Во средно бев најубава и сите мене ме сакаа. Ме има сликано Решов и некој друг анонимец и сите слики може да ми ги видите на профилот на „Фејсбук“. Поточно, на двата профила, бидејќи сите сакаат да ми бидат пријатели и ми ставаат „лајк“, па морав да направам два. На факултет, кога поминувам, гледам само право и внимавам да не сретнам нечиј поглед, па да морам да речам здраво. Во бифе се шетам неколкупати на ден иако никогаш не јадам затоа што сум на диета, а и срамота е. Гардеробата ми е од Милано, секоја година одам таму на купување или, евентуално, ми ја даваат на ревии.“


ДОСИЕ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Сексуално експлоатирале Босанка Подне сена е кривична пријава против две лица од Скопје и против еден српски државјанин. Станува збор за две 45-годишни лица од Скопје и за еден 23-годишен српски државјанин. Тие се осомничени дека сториле кривично дело трговија со луѓе. Тројцата со закана и со присила по средувале при вршење сексуална експлоатација над една бо санска државјанка. Истражен судија на секој од осомничените му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Српскиот државјанин во текот на минатиот ме сец со измама за склучување брак ја довел во заблуда 23-годишната Бо санка, по што заедно илегално влегле во Македонија. Оштетената била сме стена во куќата на едниот од осомничените, кој à ги од зел личните документи и мобилниот теле -

фон, а потоа заедно со другиот скопјанец, со употреба на физичка сила и со сериозни закани, над неа вршеле сексуална експлоатација. Оштетената била принудувана да дава сексуални услуги на клиенти за сума од

500 до 1.000 денари, пари што мора ла да му ги предава на сопственикот. На 3 октомври оштетената успеала да избега од куќата на А.М. и случајот го пријавила во полициската станица Бит-пазар.

17

Нејасна смрт на 90-годишна старица Во саботата околу 9.45 часот во Битола, на улица Козјак, во сопствената куќа пронајдена е почината 90годишната старица Н.Е. Смрт е констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Битола, при што била забележана повреда, гребнатина на левата страна од главата. Увид на местото на настанот извршиле заменик обвинител и истражен судија и увидна екипа од СВР - Битола. По наредба на истражниот судија, над телото на починатата ќе се врши обдукција.

Грабеж во куќа во Кавадрци

Непознат сторител упаднал во куќата на П.К. во Кавадрци на улица Народни херои и извршил кражба при што одзел пренослив компјутер марка ,,хапе“, машки златен синџир, машки златен прстен и 7.000 долари, со што му нанел материјална штета од околу 600.000 денари. Имено, сторителот во наведениот период на неутврден начин влегол во куќата, извршил пребарување на приземјето и во подрумските простории, ги одзел наведените работи и го напуштил местото. Увид на местото на настанот извршила екипа на полициската станица Кавадарци.

Ограбен „Зегин“ кај МНТ

Нападнат полицаец во Кратово На градскиот плоштад во Крато во вче ра, не што по пол ноќ, поли ци ски службе ни ци, оби ду вај ќи се да вос по ста ват ја вен ред и мир, изда ле наредба до лицето со ини ци ја ли Н.П. (1987) од Крато во, да пре ста не со не пристојно одне сување, но тој се спротив ста вил напа ѓај ќи

го ед ни от поли ци ски службе ник и влечеј ќи го за уни формата кон земја. Н.П. бил совла дан и при веден во полициската станица во Кратово. По ра ди се ри оз ни за ка ни по жи вотот на поли ца е цот, полициската станица од Кратово пре зема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчераутро, во 3 часот, во Скопје, во аптеката „Зегин“ во подземните гаражи на МНТ, две маскирани лица со вооружена закана извршиле разбојништво врз вработениот А.К. (1989), одземајќи 25.000 денари и 300 евра, по што побегнале во непознат правец. Увид извршила екипа на СВР - Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Се врши пренос на фирмата Бутик МС СЛАЈН ТП Имер Аднан Идризи Тетово, ул.М.Тито бб, на лицето Аднан Сабит Идризи од Тетово. Се повикуваат доверителите во рок од 30 дена доколку не се согласуваат со преносот да достават поднесок пред Централниот Регистар,во спротивно ке се смета дека се согласиле за преносот. ТП Имер Идризи


18

СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

РАЗНИТЕ АФЕРИ ЈА РАЗОБЛИЧИЈА КО

Штедење стигнаи гр

Д Украина со делфини ќе го брани морето Иако употребата на делфини во воени цели не е новост, Украина е единствената земја од поранешниот Советски Сојуз што ја обновува програмата за тренирање морски животни, пишува рускиот печат. Имено, украинската морнарица почнала повторно да ја развива советската тренинг-програма во која се вклучени делфини и други животни за најразлични воени цели. Делфините се тренираат за откривање и за уништување подводни мини и за убивање на непријателските нуркачи. - Десет делфини во моментов се тренираат за специјални задачи во Украинскиот државен океанариум, а украинската морнарица редовно ги тренира овие животни да го истражуваат морското дно - изја-

ви анонимен претставник на украинската морнарица. Оваа програма е обновување на советското тренирање делфини во поморската база во Севастопол од 1973 година. По распаѓањето на СССР и по поделбата на Црноморската флота на руска и на украинска флота, дел од одделот за тренирање делфини à бил доделен на украинската морнарица. Тогаш делфините биле користени за цивилни задачи, како работа со деца со заостанат развој. Неколкупати претходно доверливи извештаи на американското разузнавање предупредуваа за можноста поранешните советски научници да ги продадат тајните воени програми за користење делфини во воени цели на Иран.

одека ригорозните мерки за штедење го гризаа секој дел од грчкото општество, Грчката православна црква успеваше да ги зачува многубројни економски привилегии, но на сето тоа му се приближува крајот. Како што разните афери ја разобличуваа корупцијата и проневерите во црквата, сè повеќе Грци бараат жртви, пишува германски „Шпигел“. Солунскиот епископ Антимос (78) à должи на владата заостанат данок. Покрај куп верски текстови и слики на светци, на неговата маса има и писмо од Министерството за финансии со известување дека треба да плати 1.350 евра. Освен тоа неговата месечна плата ќе биде намалена од 2.200 на 1.930 евра. Овој епископ е еден од најконзервативните духовни лидери во Грција. Познат е по вербалните напади на муслиманите, левич��рите и на хомосексуалците. Смета дека го загрозуваат доверителите кои се наостриле на неговата земја, илегалните имигранти кои никој не може да ги контролира оние кои решиле да се искараат со црквата, всушност, интелектуалците кои тврдат дека во криза и свештенството може да се жртвува. - Ние тоа одамна го правиме тврди Антимос. Со години многу Грци се огорчени поради фактот што моќната православна црква плаќала многу малку даноци сè до 2010 година. Освен поддршката на грчката влада, црквата добива значајни субвенции и од Европската Унија. Платите на свештениците и на епископите ги чинат даночните обврзници околу 230 милиони евра годишно. Дури пред неколку месеци владата се обиде да го намали тој издаток, но сепак голем дел од даночните олеснува-

ња на црквата не се целосно укинати. И понатаму не се плаќа данок на неиздадени недвижности, а дури од 2010 година е воведен данок на приход остварен од недвижности. Пред тоа, на црквата à беше дозволено да добива приходи од бројни имоти, а да не плаќа ништо. Православната црква е, тврдат, втор најголем земјопоседник во Грција, иако не се знае точно колку земја има бидејќи не постои ни сеопфатен катастар. Експертите проценуваат дека црквата има повеќе од 130.000 хектари шума и обработлива земја и згора на тоа и недвижнини во секој поголем град. Левичарскиот пратеник Григориос Псаријанос смета дека вистинскиот проблем лежи во тоа што црквата не е одвоена од државата. - Ни во една друга европска земја тие не се толку поврзани. Многу политичари зависат од благословот на свештениците, а многу свештеници се навлезени во политиката - вели тој. Историјата дава објаснување зашто е тоа така. Со векови црквата била чувар на грчкиот идентитет, јазик и вера, посебно кога земјата била под турска власт. Многу земјопоседници тогаш својата земја ја префрлале на име на црквата. По стекнувањето независност, православната вера станува доминантна религија (денес 97 проценти Грци се православни христијани). Религијата во Грција ја има во сите пори на јавниот живот: сликите на Марија и Исус висат во секое училиште, а пратениците даваат заклетва во присуство на атинскиот архиепископ. Заради ова Псаријанос смета дека кризата на Грција е воедно и криза за црквата. - Оваа институција не е ништо помалку подложна на корупција од остатокот од општеството - вели тој.


СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

19

РУПЦИЈАТА И ПРОНЕВЕРИТЕ ВО ЦРКВАТА

то, конечно, ги чките свештеници Епископот Атимос смета дека освојувањето на црквата од државата е сатанско дело

АФЕРАТА „ВАТОПЕД“ Е ПРЕДВЕСНИК НА ОЧЕКУВАНИТЕ ПРОМЕНИ

Епископот Пантелејмон од Атика во 2008 година е осуден на шест години затвор поради проневера на 2,5 милиони евра црковни пари. Се правдаше дека тие пари му се црн фонд за старост. Еден друг епископ наводно одржувал контакти со наркомафијата. Најспектакуларен скандал е секако случајот во манастирот Ватопед на Света Гора, автономна држава на полуостров во северна Грција, каде се наоѓаат околу 20 православни манастири. Кон крајот на 2011 година тогашниот игумен Јефрем е уапсен заради превара и проневера и е ставен во

куќен притвор. Со помош на неколку сомнителни лица, тој наводно трампал помалку вреден манастирски имот за многу поскапа државна парцела. Договорот наводно му донел на манастирот сто милиони евра. Скандалот изби во 2008 година. Портпаролот на владата и министерот поднесоа оставка, и тогашната конзервативна влада на Костас Караманлис беше принудена да распише нови избори, кои ги загуби. Случајот „Ватопед“, според мислењето на Псаријанос, претставуваше пресвртница. Сè поголем број на Грци почна да верува дека

и црквата сноси дел од одговорноста за кризата. Неговата партија, Демократска левица, која е дел од сегашната влада, бара поголема одвоеност на црквата и државата, дури и доколку поголемите коалициони партии, социјалистите од ПАСОК и конзервативната Нова демократија, не го сметаат тоа за приоритет. За епископот Антимос, предлогот на Псаријанос би бил сатанско дело. - Постои света врска помеѓу грчкиот народ и црквата. Никој не би требало да го наруши тоа - вели тој.


20

СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

НАЈМАЛАТА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА СЕ СООЧУВА СО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Ќе оди ли Ѓукановиќ во пензија? Сите досегашни анкети покажуваат дека шансите за победа на црногорската опозиција сега се нешто поголеми отколку на претходните избори

В

о Црна Гора вчера се одржаа парламентарни избори, трети по ред по прогласувањето независност. Прашањето е дали тие ќе доведат до значајни промени по дводецениската апсолутна доминација на една партија, јавува „Дојче веле“. Сите досегашни анкети покажуваат дека шансите за победа на црногорската опозиција сега се нешто поголеми отколку на претходните избори. Не само затоа што таа е зајакната и далеку подобро организирана, туку и поради големите промашувања и празни зборови на актуелната црногорска власт, сочинета од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ и од нејзиниот партнер Социјалдемократската партија. Црна Гора е мала земја, со само 650.000 жители, просечната плата е околу 480 евра, а трошоците за живот на едно просечно четиричлено семејство се двојно поголеми. Дури и Европската комисија во последниот извештај констатира дека во оваа земја економската и социјалната состојба стануваат сè потешки. Во него се нагласува дека во Црна Гора има висока инфлација, огромна невработеност и раст на јавниот долг, додека социо-економските разлики се најголеми во Европа. Аналитичарот Зоран Радуло-

виќ вели дека иако Црна Гора пред шест години станала самостојна, сè уште не може да се оцени како демократска држава во која има владеење на правото. - Мислам дека и тие што беа против независноста им е јасно дека Црна Гора го одбра вистинскиот пат, но проблемот е што по тој пат не одиме ни со приближно доволна брзина - вели Радуловиќ. Незадоволните со ваквата состојба во голем дел се групираа во партијата Позитивна Црна Гора (ПЦГ). Анкетите покажуваат дека таа партија со граѓанска ориентација ќе освои околу 10 проценти од гласовите на Црногорците. Се очекува овој резултат да ја оневозможи владејачката партија да оствари мнозинска поддршка во новиот парламентарен состав, додека коалициите со партиите на националните малцинства се сè поизвесни. Според анализите, најмногу гласови кај опозицијата ќе освои Демократски фронт, кој е составен од Нова српска демократија на Андрија Мандиќ и од Движењето за промени на Небојша Медојевиќ, со поддршката од еден дел од досега најсилната опозициска партија, Социјалистичката народна партија. На чело на тој сојуз е поранешниот прв човек на црногорската дипломатија и некогашен југословенски амба-

МИЛО КАКО ЈАРЕЦ ЗА ЖРТВУВАЊЕ Без разлика на изборните резултати, идната власт ќе треба напорно да работи за да се решат натрупаните проблеми во земјата, која кон крајот на јуни ги почна преговорите за членство во ЕУ. - Пред нас претстои најстресниот период бидејќи преговорите ги почнуваме со најтешките поглавја 23 и 24, кои се однесуваат на Ахиловата петица на Црна Гора, а тоа е владеењето на правото - изјави Милка Тадиќ Мијовиќ, директорката на независниот подгорички неделник „Монитор“. Според Тадиќ Мијовиќ, првата жртва во тој процес би можел да биде токму Мило Ѓукановиќ. Таа смета дека на Ѓукановиќ му е потребен уште еден мандат на некоја висока државна функција за да си обезбеди имунитет од судски прогон за многуте корупциски афери во кои се споменуваше неговото име во последните две децении. - Мислам дека тој би можел да биде онаа крупна риба која европските земји ја бараат како доказ дека Црна Гора се бори против криминалот - заклучува Мијовиќ.


СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

21

Ватикан нема да се менува Еден од најблиските соработници на папата Бенедикт Шеснаесетти, кардиналот Лудвиг Милер, кој инаку е претседател на Конгрегацијата за верски прашања, завчера изјави дека не треба да се очекуваат промени од разговорите кои се водат во Католичката црква, особено кога станува збор за „сексуалниот морал“, пишува италијанскиот печат. Според Милер, црквата нема да се адаптира на промените во светот иако постојано е на удар во јавноста. - Разведените не можат да очекуваат да им се овозможи

садор во Рим, Миодраг Лекиќ. Опозиционерот Медојевиќ тврди дека Демократскиот фронт се залага за суштински промени во Црна Гора. - Говориме за потребата од радикална реформа на еден гнил политички, економски и социјален систем, кој не сакаме само да го шминкаме, туку радикално да го менуваме -дециден е Медојевиќ. Во оваа ситуација, на Мило Ѓукановиќ, лидер на владејачката коалиција За европска Црна Гора, не му преостана ништо друго освен повторно да ветува подобар живот негувајќи ги имиџот како татко на сè уште младата држава. - Во игра на овие избори е

многу крупен влог, до кој дојдовме по 100 години чекање изјави Ѓукановиќ. Воедно, тој ги обвини двете опозициски коалиции, процрногорската Позитивна и просрпскиот Фронт, дека планираат постизборна коалиција и дека и едните и другите служат како дел од „политичкиот инженеринг“. На Ѓукановиќ му пр��чеше тоа што лидерот на опозицискиот Фронт, Миодраг Лекиќ, во завршницата на кампањата се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел додека двајцата лидери на втората опозициска коалиција беа примени на високо ниво во Берлин.

да се причестуваат, бракот е нараскинлив, а кога доаѓа до развод, најмногу страдаат децата, кои имаат право на двајца родители - изјави Милер. Според овој кардинал, жените во никој случај не треба да очекуваат дека ќе бидат ракоположени за свештеници затоа што петициите за ова прашање немаат никакво влијание на Црквата. - И за двете прашања Црквата нема маневарски простор да постапи поинаку дециден е кардиналот Милер, додавајќи дека црквата никогаш нема да падне под влијанието на „широките маси“.

Во Тибет нов случај на самозапалување

Тибетските активисти за човекови права соопштија дека вчера се самозапалил еден од протестантите против кинеската окупација, јави „Би-Би-Си“. Тибетанецот Тамдрин Дорџи починал како резултат на изгорениците по неговото тело недалеку од манастирот Цое, во северозападната кинеска провинција Гансу. Веднаш по овој инцидент, кинеските власти го зајакнале полициското присуство во областа. Повеќе од 50 Тибетанци се замозапалиле од почетокот на големите протести

во 2009 година, демонстрирајќи против неколкудецениската окупација на Тибет од страна на Кина. Од друга страна, кинеските власти го обвинуваат Далај-лама, тибетскиот духовен водач во егзил, дека со неговото дејствување ги поттикнува луѓето да се самозапалуваат, поддржувајќи го сепаратизмот. Далај-лама ги отфрла обвинувањата, сметајќи дека ваквите настани се израз на несогласување со кинеската контрола врз Тибет, како и со големите репресии врз тибетските манастири и монаси.


22

СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ДЕСЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ДА ГО ОДНЕСАТ ВО МУЗЕЈ

„Ендевор“ замина во историјата Со должина од 37 метри, широк 24 метри, тежок 80 тони и опашка висока колку петкатница, „Ендевор“ е досега најголемиот објект што се прошетал по улиците на Лос Анџелес

П

ензионираното вселенско летало „Ендевор“ замина во историјата откако во саботата беше однесен во музеј во Калифорнија. На неговото последно патување низ улиците на Лос Анџелес беше испратен од стотици луѓе, пренесува АФП. За локалната полиција ова бил невообичаен предизвик бидејќи со должина од 37 метри, широк 24 метри, тежок 80 тони и со опашка висока колку петкатница, „Ендевор“ е досега најголемиот објект што се прошетал по улиците на Лос Анџелес. За ваквиот подвиг се потрошени десет мили-

они долари. Последните 19 километри „Ендевор“ ги мина на транспортер што специјално за тоа го дизајнираше фирмата „Боинг“. Леталото се движеше низ улиците на Лос Анџелес со брзина од 3,5 километри на час, а поради неговата големина беа исечени околу 400 дрвја. Поради транспортот привремено од улиците беа извадени десетици знаци, семафори и бандери. Научниот центар во Калифорнија каде е пензионирано леталото вети дека ќе засади илјада дрвца за да се надомести штетата. „Ендевор“ беше приземјен кога НАСА во јули годинава ја стави

во мирување шатл-програмата откако беше завршена 100 милијарди вредната меѓународна вселенска станица, во сопственост на 15 земји. За 20 години употреба, „Ендевор“ беше на 25

мисии и мина вкупно 299 дена во вселената. Изграден е како замена за „Чаленџер“, кој беше уништен во експлозија во 1986 година, при што загинаа сите седум астронаути.


ДЕН И НОЌ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

23

Во Крушево подготовки во пресрет на петгодишнината од загинувањето на Тоше

И

нспирирани од песната на Тоше „Полско цвеќе“, неговите верни обожаватели од Сомбор, Соња Јоковиќ и Драго Ганиќ, во саботата на неговиот гроб по ставија витраж со неговиот лик, вели Андреј Николо ски, претседател на Меѓународната фондација „Тоше Про е ски“. Во Крушево се одржа и четвртиот Mеморија лен турнир во одбојка во чест на Тоше. Учествуваа екипи од Струмица, „Мавис“ од Штип, „Вардар“ од Скопје и домашната „Синалко“. Синоќа беше прогласен победникот, „Вардар“ од Скопје. Спомен-куќата на Гумење е најпо сетуваното ме сто во Крушево. По сетители има од сите страни од светот. Откако е отворена спомен-куќатa, пред една година и пет ме сеци, до сега ја по сетиле преку 180.000 по сетители, вели директорката Каљопи Бојчино ска. - Не стивнува по сетено ста кога и да е, во кое било годишно време. Доаѓаат од секаде: од Австралија, Америка, Јапонија, Украина, Европа, од Балканот. Ги има од сите генерации и не само оние што ја слушаат и

обожуваат неговата музика. Тука се и оние кои дотогаш не ја слушале, но сега сакаат да биде поблиску до нивните срца вели Бојчино ска. Се купуваат сувенири и сè што е со ликот на Тоше. Има и барања. - Бараат да купат реплики на изложените работи кои му припаѓаа на Тоше. Секако за тоа треба да се консултираме со семејството и со Фондацијата -

објаснува Бојчино ска. Таа информира дека наскоро изложените работи ќе се дополнуваат. - Намерата ни е да одредиме што да додадеме на изложеното во спомен-куќата што засега е во депото. Ќе направиме избор - вели Бојчино ска. Ѕидот со пораките се пополнува, а во спомен-куќата до сега се пополнети и околу 80 книги со впечатоци од по сети-

телите. Како што најавува Бојчино ска, наскоро тие ќе бидат и публикувани. На 16 октомври, на денот на годишнината кога Тоше Про е ски загина во автомобилската не среќа кај Нова Градишка, Хрват ска, изутрина во црквата „Успение на пре света Богородица“ во Крушево ќе има парастос. Утре ќе пристигнат и маратонците, кои тргнаа од Нова Градишка, Хрват ска.

Драган Спасов-Дац симболично се соблече за денот без градници

Кирил Џајковски на „Ем-Ти-Ви Адрија“ Официјалната видеопромоцијата на новиот спот на Кирил Џајковски ќе се одржи денеска на регионалниот музички канал „Ем-Ти-Ви Адрија“. „Лион’с ден“ е воедно и бонус-тема на новото ЕП на Кирил, на која како вокали гостуваат МЦ Васп (MC Wasp) и Гето Прист (Ghetto Priest). Своето концертно промовирање „Лионс’с ден“ го имаше токму на годинешната летна турнеја на Кирил. Видеоспотот е компилација на снимки од настапите во живо на повеќе музички фестивали низ Балканот и Европа, сите дел од летната турнеја.

Тринаесетти октомври е светскиот ден без градници, кој, всушност, е дел од кампањата за борба против ракот на дојка. Речиси низ целиот свет, жените на овој датум ги ослободуваат своите гради од градниците и со тоа го одбележуваат денот. И актерот Драган Спасов -Дац симболично го одбележа овој ден и тоа на духовит начин, со тоа што на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на која го покажува својот гол граден кош и со тоа и тој им се прик лучи на жените и на девојките за светскиот ден без градници. С.М.


24

ДЕН И НОЌ

Бојана Васиќ и во Америка не може без ајвар Македонската топ-моделка Бојана Васиќ, која веќе неколку години живее, работи и студира во Америка, се покажа како зависник од македонскиот ајвар. Веќе подолг временски период таа не била во посета на својата родна земја, но се потрудила да складира од зимницата на мајка си и преку океанот. На фотографијата се гледа дека манекенката на своето мени често го има македонскиот ајвар. Инаку, медиумите ја поврзуваа Бојана со тенисерот Новак Ѓоковиќ, со кој таа стана добра пријателка и од него доби на подарок скап рачен часовник. Освен тоа Васиќ се проба и како актерка, со мала улога во филмот на режисерот Абел Ферара. С.М.

Мила. По сè изгледа Марко и убавата Љупка планираат својот понатамошен живот да го продолжат во Америка каде веќе неколку години живее и нејзината сестра Мила Арсовска. Освен како стилистка, Љупка неодамна почна да работи и како моден дизајнер, а својата прва колекција ја претстави на последниот „Моден викенд“ во Скопје. С.М.

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Скромно чествување за Тоше

Слободанка МАРКОВАЧЕВА

Се омажи стилистката Љупка Арсовска

Познатата стилистка за шминка и за фризура, Љупка Арсовска, попозната како македонската Северина, викендов се венча со своето долгогодишно момче, фотографот Марко Георгиев. Свадбената прослава се одржа во клуб ресторанот МКЦ, во присуство на најблиските, меѓу кои и поголем од јавните личности со кои соработуваат двете сестри, Љупка и

Понеделник, 15 октомври 2012 година

С

о скромно присуство на околу 20 луѓе, вклучувајќи ги и новинарските екипи, вчера пред Спомен-домот на Мајка Тере за во Скопје беше одбележана петгодишнината од смртта на големата музичка легенда Тоше Про евски. Организатори на настанот беа здружението „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тере за“. Преку молитвено чествување, со неколку запа лени свеќи, само еден букет цвеќе и со фотографии од неговите хумани дела, беше оддадена тивка почит за големиот хуманист и богољуб. Малиот број присутни пријатели, почитувачи и обожаватели на Тоше ги прочитаа своите стихови и пораки, со надеж дека Тоше ќе ги слушне. Митко Ко стов, претставник на влашката заедница во Македонија, рече дека за македонската историја, култура, песна и за хуманост има две имиња кои значат многу, Мајка Тереза и Тоше Прое ски. - Го изгубивме големиот син на татковината, бисерот на песната, ангелот на вечно ста и богат ството на родот човечки и на вечното богољубие. Тагуваат твоите, тагува Крушево и Македони-

ја. Но, воздивнуваат сите што се гордеевме и те славевме. Ни припаѓаше на сите, и со песна, добрина и со убав збор се бореше и се молеше за сите. Имаше љубов и милост за сите. Сега тоа ни недостига, ни треба - изјави Костов. Проф. д-р Љупчо Ајдински, филантроп, истакна дека Тоше Прое ски беше дете на Македонија, ги испеа нашите исконски песни и останува, како што рече, син на неговите родители и на сите што го знаевме и што го чувствувавме како свое дете. - Знаеше многу и правеше многу. Неговиот продорен глас допираше и секаде стасуваше. Го сакаа младите, му се воодушевувавме и ние по старите. Затоа ни беше драг и мил. Неговата загуба силно нè погоди сите. Немерлива е болката по тебе - рече Ајдински. Претседателот на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тере за“, Стојан Тренчевски, истакна дека Мајка Тереза и Тоше Про е ски биле и остануваат големи хуманисти. Пораката на Тоше за Мајка Тереза ја прочита новинарката Валентина Ѓоргиевска-Парго. Стихови на влашки јазик читаше и Билјана Филиповска. Под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на 5 октомври на плоштадот

„Македонија“ со мултимедијален настан беа одбележани пет години од последен концерт на македонска музичка ѕвезда. Истиот ден се одржа и крводарителска акција организирана од Интернационалниот клуб- форум на обожаватели на Тоше Про е ски и Црвениот крст на Град Скопје, а поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Про е ски“. Тодор Про е ски беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Настапи на дет скиот фе стивал „Златно славејче“ во 1992 година каде испеа песна на влашки јазик. Својата музичка кариера ја почна на прилепскиот фе стивал „Мелфест“ во 1997 година, каде победи. Има учествувано на „Макфест“, „Скопје-фест“, на „Беовизија“, ја

прет ставуваше Македонија на „Евровизија“ во Истанбул, на Хрватскиот радиски фе стивал. Песните „Пушти ме“, „Остани до крај“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси ко си“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ се само дел од песните на Тоше. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“. Издаде повеќе албуми, одржа неколку концерти, од кои последниот беше на Градскиот стадион во Скопје. Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна не среќа во Хрват ска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

ДЕН И НОЌ

25

80 момци кандидати за убавец на Македонија Во организација на магазинот за славни „Фаци“ и на модното студио „Црнокрак“ на 26 октомври во клубот „Б2“ ќе се одржи изборот „Мистер на Македонија 2012“. Победникот кој ќе го избере Црнокрак патува на изборот „Мен хант 2013“ во Кина, а еден од учесниците по избор на Зоран Василевски, уредник на магазинот „Фаци“, ќе се натпреварува во Перу на „Мистер си ворлд 2013“. Од досега пријавените 80 кандидати, утре ќе бидат избрани 12 финалисти кои ќе се натпреваруваат за титулата убавец на Македонија. - Лани изборот помина одлично, тоа беше шоу кое се запамети, а сега со медиумската поддршка од неколку ТВ-куќи, весници им портали ќе направиме уште поголем спектакл. Убавецот што оваа година јас ќе го изберам мора да има харизма и да биде лојален, оти од него планирам да направам светска ѕвезда - вели Василевски. Титулата убавец на Македонија за 2011 година ја доби Стефан Лошковски, а освен титулата за најубаво момче во Македонија Стефан се закити и со светско признание.

Лепа Брена: Во Мајами го пронајдов мирот!

Популарната српска пејачка Лепа Брена сè уште води битка со болеста. Таа неодамна отпатува за Мајами каде ќе побара помош и од тамошните лекари. Таа вели дека им верува и на лекарите во нејзината земја, но дека сака да слушне и друго мислење. Пред неколку дена лекарите ја советуваа да не лета со авион зашто тоа може да биде фатално за неа. Сепак, Брена е во Мајами заедно со нејзиното семејство.

- Тука сум со семејството и конечно со мојот син Стефан кој работи во Њујорк. Многу ми Моментално недостасуваше. уживам иако дојдов да се ослободам од болеста - изјавила Лепа Брена. Славната пејачка доби тромбоза во 2004 година. Оваа лето болеста премина во посериозен стадиум, а причините за тоа, како што вели таа, се психичките стресови.


26

ДЕН И НОЌ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Расел Кроу запуштен поради улогата во „Арката на Ное“ Тој е еден од најславните актери во светот, а додека возел велосипед во Њујорк, никој не го препознал. Оскаровецот Расел Кроу, облечен во спортска облека, со многу долга брада и со очила, го покажа новиот изглед кој медиумите го нарекоа „запуштен“. Тој не се срами од овие фотографии, напротив, истите сам си ги објави на „Твитер“ и напиша: „Моменталниот статус на мојата брада е епски!“ Очекувано, ваквиот изглед на актерот е поради потребите за снимањето на новиот филм „Арката на Ное“, каде Расел ја толкува главната улога.

Саша Барон Коен ќе биде Фреди Меркјури Гитаристот на групата „Квин“, Брајан Меј, потврдил дека популарниот Борат, односно глумецот Саша Барон Коен, ќе го глуми починатиот пејач на „Квин“, Фреди Меркјури, во биографскиот филм на оваа музичка легенда. Снимањето на филмот за животот на Меркјури од раната младост до концертот „Лаив еид“ во 1985 година би требало да почне во 2013 година. - Сите делови си доаѓаат на место иако малку доцниме со планот. Снимањето треба да почне напролет следната година, а Саша Барон Коен ќе го глуми Фреди. Филмот треба да биде готов до 2014 година - напишал Меј на својата интернетска страница.

Леонардо ди Каприо си го изгоре задникот Познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо на снимањето на новиот филм имал непријатна случка која сигурно нема да ја заборави цел живот. Имено, на паузата од снимањето на филмот на Мартин Скорсезе „Волкот од Волстрит“, несреќниот Леонардо си го изгорел задникот. Тој не носел облека поради потребите на одредена сцена, па седнал на клупа којашто била вжештена од

многубројните рефлектори и си го изгорел задникот. - Лео вресна од болка. Веднаш дојде болничарката и му го намачка задникот со крем од алое вера - рече еден од присутните на снимањето. Ди Каприо во филмот игра пропаднат брокер и заводник кој завршува во затвор поради измама.

Славните и оддадоа почит на починатата дива Витни Хјустон Џенифер Хадсон, Ашер, Бритни Спирс, Кул Џеј и Хали Бери се само дел од ѕвездената листа која со настап во специјалното телевизиско шоу на „Греми“ во Лос Анџелес à оддаде почит на трагично починатата пејачка дива Витни Хјустон. „Хафингтон пост“ пишува дека по изведувањето на нејзините бројни хитови, ѕвездите се присетиле на својот идол и за Витни проговориле со зборови на пофалба. Додека Бритни Спирс потсетила дека токму преработката на песната на Витни „I have nothing“ à овозможила да се прослави и да потпише договор со издавачка куќа, Џенифер Хадсон открила дека нејзиниот живот го одбележале стихови од песните на дивата. На свеченоста присуствувала и ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, и Клајв Дејвис, извршен директор на издавачка куќа кој ја откри оваа пејачка.

Пипа Мидлтон не сака да ја срами сестра си

Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, ги одбила сите понуди што се однесуваат на јавниот живот за да не ја засрамува сестра си Кејт Мидлтон. На Пипа à биле понудени многу работни места во Америка, меѓу другото и да води американско телевизиско шоу, но, како што вели нејзин пријател, таа го одбила тоа бидејќи стравува дека дополнително ќе ја засрами сестра си. - Откако Кејт мораше да минува низ хаосот околу фотографиите на кои раа еразголена, последното што Пипа сака е дополнително да ја посрами сестра си. Го одби и интервјуто кај Опра Винфри поради тоа - вели пријател на Пипа. Тој наведува дека Пипа е свесна дека ќе à постават прашање за фотографиите на сестра à и затоа избегнува појавување и работа во медиуми.


КУЛТУРА

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Најновите дела на Тања Балаќ во „Око“ Во галеријата „Око“ вечерва, со почеток во 20,00 часот, своите најнови дела ќе ги претстави познатата македонска сликарката Тања Балаќ. Циклусот „Просторни дистанци“ опфаќа дваесеттина дела, работени во комбинирана техника, создадени во последните две години. „Низ личното, интимно сеќавање, со внатрешната, одмерена емотивна дистанца, Балаќ се обидува (наспроти современите глобалистичко-плуралистички визуелни технолошки трендови) во напуштените, осамени урбани и пејзажни предели да ги всели, да ги вдоми разнородните заборавени или избришани културни артефакти

од нашата колективна меморија. Со бдеењето на тишината над опсесивното присуство на дистанцата, Балаќ истовремено на набљудувачот му ја сугерира и му ја трансферира насладата од контемплативната и сетилна моќ на нејзиното поетско ониричко писмо“, меѓу другото вели Конча Пиркоска, историчар на уметност, автор на текстот во каталогот. Инаку, оваа година се навршуваат 20 години од првата самостојна изложб�� на Тања Балаќ и нејзиното активно присуство на домашната и на меѓународната ликовна сцена. Таа е и актуелен претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. А.Б.

РЕЦЕНЗИЈА ИНТЕРФЕСТ - БИТОЛА 2012

Браво за италијанските музичари Со класично-романтична вдахновеност италијанските уметници-трубачкиот ас Луиџи Санто во прекрасна пијано-придружба на Даниела Џентиле на фестивалската сцена на ИнтерфестБитола 2012 презентираа репертоар со дела прв пат чуени на нашите концертни подиуми ,а исклучок беше само Гершвин.Изведбата ги издржуваше високите естетски критериуми со што актерите ги изразуваа респектабилните доблести на нивната префинета сензуална интерпретација и ги

заслужија сите комплименти. Концертот се одвиваше во еден здив, без пауза,каде раскошно се одгласуваа широко распеаните мелодии од трубата на Санто, од новиот модел -Стомби..Натопени со благороден романтичен лиризам , што зрачеше со прекрасна убавина од делата на Мек Доуел, Турин и Пескин , тие дадоа суптилна емотивна интерпретација. Обдарен со префинета чувствителност маестро Санто со своето импресивно музицирање уверливо ја рефлектираше моќта на

27

Дубравка Угрешиќ наградена во Франкфурт На Саемот на книга во Франкфурт, хрватската писателка Дубравка Угрешиќ ја доби наградата за есеј „Жан Емери“ за германското издание на нејзината книга „Караоке култура“. Вредноста на наградата е 12.000 евра. Угрешиќ две децении живее во Амстердам, Холандија, но исклучително често патува, гостувајќи како професор по книжевност и писател со голем број преводи. Пред три години истата награда му беше доделена и на нобеловецот Имре Кертес. Во септември, во Амстердам почна снимањето на биографскиот филм за Дубравка Угрешиќ „Вештерки во вилиците на животот“. Овој филм, меѓу другото, се занимава и со причините за заминувањето на писателката од Хрватска пред 20 години заради несогласувањето со тогашната националистичка политика. Во филмот, Угрешиќ се сеќава на медиумскиот линч на кој биле изложени т.н. „вештерки од Рио“ - новинарката Јелена Ловриќ, Филозофката Рада Ивековиќ, писателката Славенка Дракулиќ и други, откако на светскиот конгрес на ПЕН-центарот во Рио де Жанеиро лобирале следниот конгрес на светската писателска асоцијација да не се одржи во Хрватска, предупредувајќи дека се случуваат масовни воени силувања на територијата на поранешна Југославија. А.Б.

магијата на неговата репродуктивна уметност која лесно допираше до срцата на слушателскиот аудиториум. И токму тоа е главниот адут за неговата голема популарност во Италија и Европа, бидејќи се специјализирал за ваков атрактивен и привлечен романтичен репертоар со кој лесно ги бранува емоциите на многубројните слушатели. Покрај Канцоната и Псалмот, внимание заслужува и Концертот за труба и пијано бр 1 од Пескин , кој се одгласи атрактивно во концертен стил и гравитира кон т .н. -свит-музика-проткаена со забавни и џез елементи во манир на некогаш популарните американски музички ревии во кои доминираше трубачот Хари

Џемс. Крајот го означи со ефектната изведба на прочуената Рапсодија во сино од Гершвин во транскрибирана верзија за труба и пијано што овозможи да ги изрази сите доблести на неговата креативна фантазија, неговите технички бравурозни и емотивни дострели од чија сензуална убавина и префинета динамика естетски се насладуваше битолската публика. Големиот успех на концертот Луиџи Санто го споделува со извонредната пијанистка Даниела Џентиле која со маестралната придружба овозможи трубачкото соло сигурно да плави како зејтин на вода. Браво и за двајцата. Костадин Костадиновски, музиколог


28

КУЛТУРА

Нов роман од Лидија Димковска

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ДЕЈАН ЛИЛИЌ, АКТЕР И ДИРЕКТОР НА

Не сум бил, ни Игор ИВКОВИЌ

Издавачката куќа „Или или“ в четврток, во клубот ГЕМ, ќе го промовира новиот роман од Лидија Димковска, „Резервен живот“. Книгата ќе ја претстават Оливера Ќорвезировска и Гоце Смилевски. - „Резервен живот“ е втор роман потпишан од Лидија Димковска, несомнено најсилниот творечки глас од генерацијата македонски писатели родени во седумдесеттите. Реткост е, не само кај нас, да се биде еднакво успешен и во поезијата, и во прозата, но таа реткост е правило кај Димковска, правило кое го потврдува со секоја своја објава – таа е еднакво моќна во своите пет поетски збирки (за чија вредност сведочат бројните избори објавени во странство и неколкуте високи меѓународни признанија), како и во романот „Скриена камера“ (за кој ја доби наградата „Стале Попов“ и е преведен на неколку јазици). „Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 година од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето низ кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел

не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја. Играта на претскажување на судбината со која романот почнува се исполнува на ироничен и трагичен начин, а романот го завршува својот круг со реплика на почетната сцена на делото, но во која нараторката не е повеќе учесник, туку нејзин сведок. Романот преку необични пресврти, психолошка анализа, специфичен пристап кон љубовта, стварноста и кон времето во кое живееме ја истакнува храброста на Димковска да им даде книжевен облик на актуелностите на нашето време и на судбината на човечкото битие, вели Гоце Смилевски. Лидија Димковска досега објавила пет поетски книги и романот „Скриена камера“ за кој ја доби наградата „Стале Попов“. Нејзините дела се преведени на англиски, германски, словенечки, полски, словачки, бугарски и на романски јазик. Ја добила германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди за литература „Поесис“ и „Тудор Аргези“, а била номинирана и за германската награда „Берлински мост“. Составувач е на антологијата на најмладата македонска поезија „20.млади.мак.поети.00“. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби и читања и престојувала на книжевни резиденции ширум светот. А.Б.

Изјава на денот „Ова наше време е до таа мерка трагично што невозможно е да се раздвои доброто од злото.“ Весна Крмпотиќ

Помина речиси еден месец по Вашето учество на пре стижниот Венециски филмски фестивал, каде Вие ја претставувате Македонија преку рускиот филм „Измена“. Какви се Вашите впечатоци по тоа искуство? u Тоа е незаменливо искуство. Нешто што не сум го доживе ал до сега, дали на домашни или странски театарски и филмски фе стивали. Венецискиот филмски фе стивал е нешто што човек треба навистина го доживее. Секоја секунда од престојот таму ми беше различна. Голем гламур. Нешто што е режирано од првата до последната секунда. Организаторите по светуваат огромно внимание на актерите, режисерите и на сите останати учесници. Се грижат за тебе во секој поглед, од тоа каде спиеш, што јадеш, каде имаш фото се сија, која е твојата патека на движење... Едно ставно, во таква атмо сфера навистина не можеш да не си важен. Колку и да сакаш да имаш скромност, тие како да ти велат „Дај, исфрли ја скромно ста“. А јас лично, бев одлично бев прифатен. Имав доста разговори со режисери, продуценти, актери, разменивме до ста искуства, добив неколку понуди за соработка на други филмови и на друг вид проекти, но ги стопирав затоа што сакам да си ја довршам работата со МНТ и со мојата кариера тука. Холивудски се понудите или европски? u Повеќето се европски, но има и една што се вика „Голден глоуб“, за тие што знаат што значи тоа, така што може и таму да се оди. Иако имам една интересна понуда да се пре селам надвор од Македонија на минимум три години, тоа, исто така, го оставам за понатаму. Каде? u Станува збор за Москва. Таму треба да бидам поголем дел од тие три години, а потоа во западна Европа, поточно во Германија, се разбира на пози-

цијата актер. Зошто не заминете? u Затоа што сè уште мислам дека не можам. Овде имам недовршени обврски. Ќе оставам многу работи кои сум ги почнал. Да ги завршам работите во наредните неколку години, па потоа ќе размислувам за пре селување. За Вас велат дека сте најголемата, но и најскапа македонска ѕвезда за соработка? Колку Ви пречат или помагаат ваквите епитети? u Немам услови да се чувствувам како ѕвезда во Македонија. Кај нас има луѓе кои заработуваат многу многу повеќе од мене... Иако заработувачката не е најважното нешто во нашето по сто ење... Ако малку подобро размислиш и ако не гледаш само на придобивките кои може да ти ги донесе професијата, тогаш едно ставно си го бараш спокојот и си ја извршуваш профе сијата до стојно... Треба да знаеш зошто си се одлучил да бидеш актер. Ако си се одлучил за да бидеш ѕвезда, тоа е еден избор, а за мене погрешен. Ѕвездите се горе на небото, а ние можеме само да бидеме добри и хумани и да си ја извршуваме задачата профе сионално и човечно. Вистина ли е дека сте најскап македонски актер?


Понеделник, 15 октомври 2012 ��одина

КУЛТУРА

29

НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР

ту ќе бидам партиски човек

u Не сум скап. Јас си го вреднувам својот труд. Ако некој посака, нека ме контактира и ќе види. Јас сум можеби еден од најнеплатените актери (се смее). Ако Дејан Лилиќ игра секоја вечер во театар претстава и зема иста плата, како некој актер кој нема ниту една претстава на репертоарот, па тогаш кој зема повеќе и кој е по скап актер? Второ, со моето директорување, многу тезги затворив, ги одбивам, што воедно доведува до фактот дека не заработувам толку многу. Една друга работа, јас повеќе ги наплаќам моите услуги надвор од Македонија, а не тука. Она од што повеќе заработувам е нешто што нема врска со театарот. Тоа се комуникациските вештини, каде што сум предавач, обучувач, профе сор. Пред две години дојдовте на функцијата директор на МНТ. Многумина беа изненадени за Вашата нова функција. Па оттука: колку за оваа функција имаше влијание Вашата партиска инволвираност со луѓето од актуелната власт? u Не е од партиски причини мојата функција директор на МНТ. Јас не сум член на ниту една партија од Македонија или во која било друга земја. Ниту, пак, немој ме терал да станам член на некоја партија за да ста-

нам директор на некоја институција. Ниту, пак, сега, по две години мандат во МНТ, ме тераат да станам член. Не можеш на народот да му забраниш да зборува што сака. Порано Дејан Лилиќ беше СДСМ, сега е ВМРО-ДПМНЕ. А јас ќе кажам дека сум само Дејан Лилиќ. Никој не ме терал ниту ќе ме тера да повикувам режисери само од една идеологија, партија и што и да е. Ви пречи ли што за Вас велат дека сте партиски актер, кој заедно со партискиот режисер Дејан Пројковски, како што велат граѓаните, работи низ сите театри во Македонија? u Дејан Лилиќ ги добиваше наградите и главните улоги и кога на власт беа од СДСМ и во периодот кога беше на власт ВМРО. Јасно ми е што зборува народот. Порано се нервирав, сега веќе не. Но, има една рече-

ница што ја кажуваат некои од граѓаните која мене лично ме навредува, а тоа е кога ќе речат: „Зошто Србинов го ставиле директор на МНТ“. Јас како младо дете сум доживе ал да ми речат: „Ти си Србин, ти не треба да работиш во македонски те атар“, заради мо ето пре зиме Лилиќ. Помало зло е кога некој ќе ми каже дека сум партиски актер отколку кога ќе ме навредат на мојата национална припадност. „Србинов е директор на МНТ“... Зошто големите европски тимови имаат и странци во своите редови... Зошто да се оценуваме кои сме, од каде сме и каква националност сме? Немам чувство некого да прифаќам или не заради националната припадност. Инаку, јас со Дејан Пројковски не сум вр зан толку како што се прикажува. Со него во последните две години имам направено само две прет стави:

Во контекст на тоа дека во МНТ режираат Милчин, Унковски, Поповски, многумина се шегуваат дека Дејан Лилиќ, всушност, е шпион на СДСМ поставен во МНТ? u Кај нас никогаш не можеш да му го погодиш вкусот на народот. Сега зашто режираат Унковски, Милчин, има муабети дека Лилиќ е шпион на СДСМ. А јас сакам луѓе кои работат и луѓе кои создаваат успеси. Никој не ми рекол да ги повикувам тие режисери. Ниту од Министерството за култура, ниту кој било друг. Знам дека премиерот ни го следи репертоарот, исто и министерката Елизабета Канческа-Милевска и едната и другата партија ја следат нашата програма. Јас ја имам поддршката од Министерството за целата програма, без разлика дали некој режисер е од оваа или од онаа партија. Тоа е Македонски народен театар, тоа не е сопственост ниту на едната, ниту на другата или која било партија, тоа е на сите нас. Нема во МНТ само македонски режисери, има и странци. Од каде се тие, на која партија припаѓаат? На ВМРО-ДПМНЕ? Ќе тргне работата и пак некој „злобен“ ќе дојде и ќе праша: дали има политика во театарот? Каква политика? Дајте да се ослободиме од таквите прашања. Има политика на правење добра претстава, на менаџирање, на носење публика итн.

„Хамлет“ и „Генетика на кучињата“. А што да кажеме за тандемите како што се: Унко и Јовица Михајловски или Унко и Тони Михајловски или, пак, Ацо Поповски и Никола Ристановски, Ре фет Абази и Владимир Милчин? Тие се виновни што се пронаоѓаат во проце сот на работа? Не, нека работат. Знаат како да го изодат проце сот на создавање прет става. А за „Ромео и Јулија“ за „Охридско лето“, тоа беше идеја на Валентин Светозарев, а не на Пројковски. Секој режисер сака да работи со актери за кои знае каков им е сензибилитетот. Тоа е плитко гледање на работите. Тоа е исто како да го коментираме Мартин Скорсе зе, кој го зема Леонардо ди Каприо во речиси секој негов филм. Како сега работи МНТ со Вашата востановена политика? Како ги менаџирате долговите од минатото? u Години наназад МНТ си има финансиски проблеми и долгови. Не обвинувам никого, ниту имам потреба да обвинувам. Јас сакам да си ја терам својата работа. Уште од првиот ден кога дојдов како директор, сите ми рекоа дека за еден ме сец ќе се откажам. За две години успеав заедно со колегите од МНТ да направам 17 квалитетни нови прет стави, вработив неколку актери, маркетингот на МНТ е подигнат на високо квалитетно ниво. Последните неколку фе стива ли МНТ оди со најмногу претстави, освојуваме награди, имаме најмногу одиграни прет стави во последните неколку години. Министерството за култура многу ни помогна во затворање на некои од долговите, но и ние од наши сопствени прет стави ги враќаме. Особено им благодарам на актерите кои играат и во недели, денски работат на нови претстави. Мислам дека тоа покажува дека како театар можеме да опстоиме, дека имаме одличен кадар и услови, само треба уште некое време да се ослободиме од некои од долговите.


30

КУЛТУРА

Понеделник, 15 октомври 2012 година

АКТУЕЛНОСТИ

Јакна што ве гушка за секој „лајк“ на „Фејсбук“ Најден гробот на сопругата и на синот на Александар Македонски? Во Амфиполис, во близина на Серес, каде се одвиваат археолошки истражувања, грчките археолози тврдат дека првичните ископини упатуваат на тоа дека токму таму се закопани Роксана и синот на Александар Македонски. Доколку и официјално се потврдат овие предвидувања, тоа би било најголемо откритие во грчката област Македонија во последните 15 години, по пронаоѓањето на кралските гробови во Вергина, пишуваат грчките медиуми. Водачот на археолошкиот тим, Катерина Перистери, вели дека е прерано да се говори кој е погребан во гробниците. - Сè уште не можеме да го повр-

земе ова откритие со историските личности и да правиме претпоставки бидејќи недостигот од докази и од финансии засега не ни дозволува да продолжиме со копањето - вели таа за грчките медиуми. Археолозите своите тврдења ги темелат на откритија во кружниот простор со обем 500 метри, дијаметар 160 метри и длабочина од 3 метри, во близина на Серес. Како што пишуваат тамошните весници, археолозите од Грција по ова ќе бараат и финансиска поддршка од Европската Унија за да продолжат со истражувањата на ископините на брдото Каста во близина на Серес.

Новиот Џемс Бонд ја освои британската критика

Британската критика е воодушевена од новиот филм за суперагентот Џемс Бонд 007 насловен „Пад од небо“, кој во петокот беше прикажан на затворена премиера за критичарите од водечките медиуми „Пад од небо“ јавноста премиерно ќе може да го погледне на 26 октомври, по повод 50-годишнината од првиот филм за славниот агент. „Дејли мејл“ на филмот му даде максимална оценка 5, а слични критики доби и од престижниот „Тајмс“. - Крег е одличен. Нема да бидете разочарани. За агентот 007 почнуваат новите 50 години – пишува списанието „Џи кју“. Филмскиот критичар на „Би-Би-Си“, Рајан Дилан, пак, на својот профил на „Твитер“ напиша:„Едноставно е супер!“

Убаво е да имате пријатели на кои им се допаѓате на „Фејсбук“, но зарем не сте посакале да ја почувствувате љубовта кога некој ќе го притисне копчето за допаѓање? Тоа била појдовната точка во размислувањето на студентката по технолошки науки Мелиса Чоу, која ја дизајнираше јакната што ве прегрнува секој пат кога ќе добиете „лајк“ на „Фејсбук“. Оваа јакна има задача да ги прави виртуелните искуства за нијанса пореални. Таа функционира на тој начин што кога ќе прими сигнал дека на „Фејсбук“ сте добиле „лајк“, се надувува преку вградените воздушни џебови, со што би требало да предизвика чувство слично на прегратка. Креаторката на овој изум нè убедува дека тој „ни овозможува да ја почувствуваме топлината, охрабрувањето, поддржувањето и љубовта што ги чувствуваме кога некој ќе нè прегрне.“ Исто така, Чоу вели дека нејзината јакна е погодна за сите кои одржуваат врски на далечина, и дека видеоразговорите ќе ги подигне на едно сосема ново ниво на доживување. Двојките ќе можат да си разменуваат прегратки со притиснување на сопствената јакна, а таа ќе ги пренесе вашите чувства кај соговорникот. Оваа јакна засега е само прототип, но земајќи ја предвид популарноста на „Фејсбук“, па и сè поголемиот број врски на далечина, нема да биде ништо чудно ако таа стане хит. Овој вид направи што овозможуваат интеракција на луѓето кои комуницираат преку интернет, станува цел на сè повеќе иноватори во светот. М.Н. Се повикуваат сите колумнисти, слободни артисти и други креатори на слични дела, слободно да ни ги испратите вашите колумни, стории, фотовести, статии, лични погледи и реакции на работи што ви се чини дека ќе бидат интересни за пошироката публика за да бидат објавени во оваа рубрика, на facebook@den.mk

статус:

ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ

Ако човек живее за да работи, зошто тогаш работата го убива?


дом

Кога куќата станува дом

15.10.2012

ШУМСКИ ХОТЕЛ НА ГРАНКИ ОД ДРВО

Границите на човечката креативност одамна се надминати. Доказ се овие невообичаени хотели и преноќишта изградени на гранки и во крошните на дрвјата во шумите во Америка. Дизајнерите на овие куќички гарантираат безбедност за посетителите и ветуваат незаборавно чувство на мир, тишина и на духовно поврзување со природата.

Просторот не е пасивна категорија, тој има големо влијание на тие што живеат во него

К

уќа е она што купуваме или изнајмуваме, но дом е она каде навистина сме тоа што сме. Многумина од нас растат со идејата за неколку домови: дом на нашето детство, каде што сме израснале, домот во кој сега живееме и оној аспиративен дом, дом каков што сметаме дека заслужуваме и за кој мечтаеме. Уметно ста и литературата веќе подолго време се занимаваат со емотивната димензија на домот, но и психологијата се обидува за објасни зошто е тоа така и изнаоѓа одговори на прашањата за нашиот личен ентериер. Големото интересирање за основната интеракција меѓу нашиот мозок и опкружувањето ги инспирираше научниците да ги проучат ефектите

на ентериерот на нашето расположение. Профе сорот Џон Заисел смета дека кога нашите мозоци се среќни во телото се ослободува ендорфин и дека затоа е мошне важно да се креира опкружување кое му се допаѓа на нашиот мозок. Според него, архитектите во последниве 50 години го прават со сема спротивното, игнорирајќи ја нашата потреба за сигурно и топло опкружување, и создаваат елегантни ентериери лишени од можно ста да воспо стават каква било интимна врска со човекот. Многу ентериери изгледаат стерилно или ние пот свесно ги регистрираме како опасни, а со самото тоа во нас се ослободуваат елементите за стрес. Се раѓаме со генетски инстинкти поради кои се чувствуваме опуштено кога околу нас имаме цвеќиња и вода.

Оваа потреба за органско опкружување се нарекува биофилија, термин што го во становил Едвард Вилсон од универ зитетот Харвард. Тој тврди дека нашиот афинитет кон природата е повр зан со фактот дека нашиот мозок еволуирал во опкружувањето регулирано од природата, а не од машините.


32 ДОМ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Радијатори во облик на риба

Заборавете ги старите радијатори кои можеби сè уште ги користите и погледнете ги овие во форма на риба. Овој радијатор секако го привлекува вниманието на прв поглед и тоа од вистинска причина бидејќи има форма на скулптура,

но исто така има модерен изглед и што е поважно функција. Се одликува со апстрактен облик на риба со попречни брановидни линии и доаѓа во изразито воочливи бои како што се виолетова, црвена, зелена, сина, златна...

Мултифункционален мебел Доколку имате недостиг од простор во вашиот стан, има решение за тоа. Италијанската фабрика „Ресоср фурничр“ има интересно и мошне практично решение: мултифункционален мебел кој може да се смести во секој стан, а притоа да изгледа модерно, елегантно и удобно.

Заштедете изолација

З

а разлика од децата, кои à се радуваат на зимата, многумина од возрасните ја очекуваат со страв од зголемени трошоци за греење. Затоа на некои детали треба да се мисли однапред за зимата да помине што поспокојно и што помалку да го опустоши вашиот паричник. Во прашање се трикови кои се повр зани со подобрување на изолацијата на вашата куќа или стан кои може сами да ги примените за само неколку денови во попладневните часови и со тоа да заштедите и до 20 проценти од трошоците за греење и да ја подигнете про сечната температура во про сториите за 2 до 4 степени. Загревањето на вашиот дом во зимските ме сеци може да

учествува во вкупната енергет ска потрошувачка и до неверојатни 50-70 проценти. Приближно 20 проценти од тоа се троши за загревање на водата во бојлерот и во машината за перење алишта. Прва мерка за заштеда во секој дом е планско користење на топлинските уреди за време на студените ме сеци. Недоволната топлинска изолација е случај кај повеќето куќи и станови. Најголемата причина за тоа е недоследното почитување и контрола на стандардите во градежништвото, како и застареност на тие стандарди и на самите топлотни изолации (кај старите градби). Треба да се земе предвид фактот дека изолацискиот материјал како што е стаклената волна, плочите изработени од синтетички материјал, а особено природни-


Понеделник, 15 октомври 2012 година

со добра

те изолациски материјали (на пример трската) со текот на времето губат од своите изолациски карактеристики поради дејството на времето и на влагата, така што ако вашиот дом некогаш и ги задоволувал стандардите на топлинска проводливост, сега веројатно „работи со загуба“. Основниот физички закон за одржување на енергијата на лага дека тој кусок на енергија мора да се надоме сти, а тоа го правите вие, од својот паричник. Покрај основната улога на изолациските материја ли – да се спречи прено сот на топлината во надворешната околина, тие вршат и други важни функции. Тие прет ставуваат изолација од бучава и се физичка бариера на ширењето на неповолните атмо сферски влијанија

(влага, ветер или горештина во летните ме сеци). Не по стои дом каде што не е возможно да се подобри изолацијата. Најче сто таа работа може да ја направите сами (освен доколку куќата не ви е малтерисана) и со тоа да заштедите значителни финансиски средства. Количеството енергија која ќе ја заштедите зависи од повеќе фактори: од веќе по сто ечката со стојба, од силината на прет стојната зима, од обликот и конструкцијата на вашата куќа или зграда, од навиките на вашите домашни, од ефикасно ста на системот на греење итн. Доколку сте решени да направите подобрување на изолацијата, сетете се да ги сочувате сметките за струја од минатата зима и напролет да увидите колку киловати сте заштедиле.

ДОМ 33 ПОПРАВЕТЕ ЈА СТОЛАРИЈАТА По потреба (особено ако е стара и дрвена), обложете ја столаријата во станот со изолациони ленти, а сите евентуални дупки во околниот ѕид затнете ги со пур-пена и дихт-премази. Доколку сте во можност, набавете што е можно понепропусни капаци за прозорците и вратите и држете ги затворени што е можно повеќе, особено кога дува студен зимски ветар.


34

НОВ СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Порано имало вода на

Истражувањето на метеорит што лани падна на Земјата дава докази дека некогаш на Марс имало вода. Метеоритот, кој бил исфрлен во вселената при судир на планетата со комета или голем астероид пред околу 700.000 години, како што тврдат научниците, содржи и траги од атмо сферата на Марс, што покажува дека тој потекнува од неговата површина. Она што ги тера научниците да помислат дека на Марс имало вода е фактот што

во малите пукнатини на метеоритот пронајдени се траги од елементи кои таму ги донела вода или, пак, некоја друга течност. Ова е прв таков забележан случај на метеорит кој доаѓал од оваа планета. Метеоритите кои паѓаат на Земјата, во принцип, им овозможуваат на научниците да истражат нешто повеќе за геологијата на планетата од која доаѓаат, но повеќето од нив, додека да бидат пронајдени, се „расипуваат“ од хемикалиите и од бактериите кои ги има овде, па затоа не се сите

погодни за вакви истражувања. Ме те о ри тот „Ти синт“, за кој се га ста ну ва збор, бе ше за бе ле жан уште при са ми от не гов пад на Зем јата, па бе ше на бр гу со бран од пу стин ски те подрач ја на Ма ро ко, бли зу грат че то Ти синт, по кое и го до би сво е то име, а со бр зата ин тер вен ци ја бе ше спрече но негово земско контаминирање. По тоа „Ти синт“ бе ше истра жен од гру па од 20 ме ѓу на род ни експерти и научници од пет зем ји, а ли де рот на истра жу вач ката еки па, про фе сор Хас на Че ноуи Ау џе ха не од Ма ро ко, ве ли де ка ме те о ри ти те се сон ди на си ромаш ни те лу ѓе. Во сво е то из ла га ње таа

Риба-робот

Рибите, во принцип, важат за домашни миленичиња кои бараат најмалку нега и одржување, но сепак треба да се нахранат неколкупати на ден и одвременавреме да им се исчисти аквариумот и да се смени водата. Но, доколку и тоа ви прет ставува проблем или не сте доволно време дома за да им по светите минимално внимание на вашите риби, а сепак са-

кате да ги имате, можеби роборибата е вистинскиот избор за вас. Таа не бара никаква нега и внимание и најлошото нешто што може да à се случи е да снема батерија, со што, секако, можете многу лесно да се справите. Роборибата, не само што личи на вистинска риба, туку така и се одне сува. Таа ќе плива низ аквариумот преправајќи се дека бара хра-

на на дното или, пак, ќе си плива среќно близу површината на водата. Единствено ја издава ма лата празнина меѓу задната перка и остатокот од телото, но покрај тоа таа изгледа и се одне сува како вистинска риба. Доколку мислите дека ова е вистинското милениче за вас, истото можете да си го купите преку интернет по цена од 37 долари. М.Н.


НОВ СВЕТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Марс напоме на и де ка не ма ло ни ка кви ин ди ка ции за по сто е ње на ка ков би ло жи вот на Марс и по крај мож ното при сус тво на вода на по вр ши ната на пла не тата. „Ти синт“, по де тал ни те ис пи ту ва ња, е екс по ни ран во Лон дон ски от при род но-нау чен му зеј. М.Н.

35

Пронајдено џиновско око на плажа во Флорида Случаен минувач на плажата Помпано во Флорида наишол на нешто што најмалку го очекувал – огромно око од органска природа. Тој го предал окото на надлежните, по што е пратено во Институтот за истражување на дивиот свет во Флорида. Оттаму сè уште нема информации од кое животно потекнува мистериозното око, но експертите велат дека џиновските морски сипи можат да имаат толку големо око, па дури и поголемо. Иако досега биолозите не успеаа да откријат за какво животно се работи, сепак велат дека е извесно дека тоа ќе се случи бидејќи најавија дека ќе употребат и генетски тестирања доколку тоа се покаже неопходно за да се реши мистеријата. Засега меѓу осомничените, покрај сипата, се наоѓаат и сабјарка, туна или марлин.

Сè повеќе мраз на Антарктикот Викендов во јавно ста беше објавено дека мразот околу Јужниот Пол на Земјата се зголемил на рекордно ниво во последниве трие сетина години, од кога, всушност, и почнале ваквите мерења. Сателитските слики покажале дека во моментов мразот околу антарктичкото копно се про стира на цели 20 милиони квадратни километри и се шири за околу еден процент годишно. Пред да се израдуваме дека сме ги победиле негативните ефекти од глобалното затоплување, треба да знаеме дека, за разлика од Јужниот, Северниот Пол губи масовни количини од својот мраз, односно четири проценти секоја година. Статистички, за секој 2,6 квадратни километри повеќе на Јужниот Пол, Северниот губи 14,8 квадратни километри мраз. Додека целата земјина топка се затоплува под ефектите на глобалното затоплување, Антарктикот забележува пониска температура. Оваа необична појава научниците му ја препишуваат исто така на глобалното затоплување, колку и да звучи тоа чудно.

За разлика од Арктикот, каде нивото на мраз зависи од температурата на морето и воздухот, на Антарктикот клучниот фактор прет ставува ветерот. Имено, поради климат ските промени и ана логно на тоа промените во јачината и насоката на ветровите, научниците

тврдат дека се созда ло еден т.н. „ѕид од ветер“, кој ја штити целата област од топлото време кое владее на останатиот дел од планетата. Заштитени зад овој „ѕид“, барем пингвините и фоките сè уште не мораат да се грижат за своето живеалиште. М.Н.

Желка која уринира преку уста Кинеската желка со мек оклоп или пелодискус синенсис, според последните истражувања, кога треба да уринира, едноставно ја отвара устата и го прави тоа. Колку и да изгледа тоа чудно, за оваа желка тоа е сосема нормално. Кога е на копно, низ устата исфрла одредени количества уреа, која е главна компонента на урината. Бидејќи таа живее во солени мориња, а нема жабри, но има слични органи преку кои може да дише под вода, кои се наоѓаат во нејзината усна празнина, научниците се на мислење дека наместо да ја преработува солената вода во урина, што би можело да биде штетно поради солта, таа уреата ја исфрла заедно со солената вода преку усната празнина. М.Н.


36

СПОРТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ПО ПРЕТХОДНИТЕ ПОРАЗИ, И МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА СЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УТРЕШН

Меч за рехабилитација П Никола ЃУРОВСКИ

о ра зот од Хр ват ска се уште пече, по себ но што стиг на по на ши ката стро фал ни грешки, кои доколку не се случеа може би и ќе ус пе евме да го из не на ди ме фа во ри тот. Но, не ма мно гу вре ме за оча ју ва ње и за „плаче ње“, затоа што ве ќе утре пред ма ке дон ски те фуд ба ле ри ќе би де но во иску ше ние, се лек ци јата на Ср би ја. Уште еден до бро познат противник, со седна Срби ја, ко ја во пе то кот исто та ка има ше шо кан тен меч про тив Бел ги ја во Бел град и за губи со убед ли ви 0-3. Се га до а ѓа во Скоп је со на ме ра да се „ва ди“ за по ра зот и по са ку ва три бода од ду е лот со Ма ке до ни ја. Се чи ни де ка утре вечер на аре ната „Фи лип Вто ри“ ќе би де тоа „дуел на по ра зе ни те“, а са мо ед на ре пре зен та ци ја по

И ние и Србите загубивме, сега е многу важно кој прв ќе закрепне од шокот и подобро ќе се подготви за новото искушение, вели селекторот Јаневски мечот ќе успее да се рехабилити ра. За тоа е потреб на по беда, а ја по са ку ва ат и „цр ве но-жол ти те“, но и Ср би те. - Ќе би де тоа еден вид „дуел на по ра зе ни те“. Се кој нат пре вар е но во иску ше ние, а голе ми ната на ед на се лек ци ја во ва кви пос ле до вател ни мече ви што се игра ат во пер и од од не кол ку де на е по бр зо да се кренете по претходниот пораз. Ток му тоа мис лам и де ка ќе биде клучно, кој прв ќе се опора ви од шо кот. И ние и Ср би те за губивме во ми натото коло и се га е мно гу важ но кој прв ќе го оста ви тоа зад се бе и ќе се под готви за след ното иску -

ше ние – ве ли се ле кто рот на ма ке дон ски от на ци о на лен тим, Чедомир Ја невски. Не е тра геди ја да се за губи од фа во рит на дома шен те рен, Хр ват ска де фи ни тив но е по ква ли тет на се лек ци ја од нас, но ма кедон ски те фуд ба ле ри се уште размис лу ва ат за ми нати от меч, пред се затоа што за губивме од сопс тве ни те гре шки. Но, еден од нај и скус ни те во нашиот табор е Николче Нове ски и тој ве ли де ка се га са мо Ср би ја и на ред ни от нат пре вар тре ба да би дат во мис ли те. - При каз ната со Хр ват ска за вр ши. За гу бивме, иа ко може ше да би де и по и на ку за нас, но не ма да се вра ќа ме на

тој меч. Ве ќе утре не оче ку ва но ва би тка, ни го сту ва Ср би ја, исто та ка мош не ква ли тет на ре пре зен та ци ја и тре ба ма кси мално да се фокусираме на нови от нат пре вар. Тре ба да смог не ме си ли, да се моти ви ра ме по втор но и да истрча ме на те ре нот со жел ба за три умф. Не ма сом не ние де ка ќе би де та ка, оваа ма кедон ска ре пре зен та ци ја има си ли и ква ли тет за да оди гра на ни во против Ср би те. Не ма да би де ме комп лет ни, но си те што ќе настапат треба да го дадат својот ма кси мум и да би дат во служ ба на ко ле кти вот – ве ли Ни кол че Но ве ски. Нат пре ва рот со Ср би ја ќе се оди гра утре вечер на аре ната „Фи лип Вто ри“ во Скоп је, со поче ток во 20.30 ча сот, а правдата ќе ја дели холандскиот суди ја Бас Ниј ху ис, со сво и те аси стен ти Ан џе ло Бун ман и Роб ван де Вен.

Хрватите ужива Очекувањата беа преголеми, а реалните можности некогаш не можат да одговорат на сопствените желби. Фудбалската репрезентација на Македонија во петокот и по вторпат загуби од Хрватска во рамките на квалификациите за СП 2014, овојпат во Скопје со 1-2, а поразот е последица на катастрофалните грешки во одбраната. Им подаривме на Хрватите два гола, а тие умееја да ги претворат во триумф и си заминаа од арената „Филип Втори“ со три бода в џеб. Не помогнаа ниту 33.000 гледачи кои дојдоа да ги бодрат македонските фудбалери, кои можеби и „изгореа“ во преголемата желба да се изненади фаворитот. Во една таква еуфорична атмосфера, Горан Попов и Мартин Богатинов направија почетнички грешки, а тоа Чорлука и Ракитиќ знаеја како да го искористат.

Македонија имаше старт од соништата на овој натпревар. По петнаесетина минути игра, „црвено-жолтите“ изведоа брз противнапад, Стевица Ристиќ го пронајде Агим Ибраими, кој и побегна на противничката одбрана и успеа да го матира Стипе Плетикоса. Тоа предизвика делириум на трибините на арената „Филип Втори“, сите се понадеваа дека Хрватска може да „падне“ во Скопје. Но, по постигнатиот гол, Македонија се повлече, им дозволи на хрватските фудбалери да ја превземат играта на средината на теренот, а избраниците на Игор Штимац веднаш притиснаа да израмнат. Иницијативата резултираше со неколку последователни корнери пред голот на Богатинов, а во 33.минута, токму од таква позиција, Хрватска го израмни резултатот на 1-1. Ра-


Понеделник, 15 октомври 2012 година

ИОТ МЕЧ ВО СКОПЈЕ

СПОРТ

37

Како без Пандев и без Шиков?

Македонскиот селектор Чедомир Јаневски има дополнителни главоболки во пре срет на утрешниот меч со Србија. Ќе мора да пронајде соодветни замени за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, како и за дефанзивецот Ванче Шиков, кои нема да настапат на квалификацискиот дуел со Србија. Капитенот Пандев наивно заработи жолт картон во самата завршница на натпреварот против Хрват ска, во 90. минута и тоа поради приговор, а тоа е негов втор жолт картон во квалификациите, што значи автоматска суспензија од еден натпревар. Нема да може да им помогне на соиграчите на важниот дуел со Србија. Од друга страна, Ванче Шиков не го заврши натпреварот со Хрватска поради повреда. Побара замена во текот на второто полувреме, а повредата на мускулот вооп-

што не е наивна, па тој нема да биде способен за настап на утрешниот натпревар. - Загубивме од Хрват ска, но останавме и без двајца важни играчи од првиот со став. За натпреварот против Србија ќе ги немаме Пандев и Шиков, ќе бидеме значително ослабени, но ќе мораме да пронајдеме адекватни замени – вели селекторот Јаневски. На ме стото на Ванче Шиков, на централните одбранбе ни по зи ции на Но ве ски најверојатно ќе му се приклу чи Бо бан Грн ча ров, кој влезе на ме стото на Шиков и на средбата со Хрват ска. Селекторот се уште размислува кој да го замени Пандев, иако тоа воопшто не е лесна задача. Најблиску до првиот со став е Ферхан Хасани, но во ком би на ци ја се и Дар ко Та севски, па ду ри и Осто ја Стје па но виќ и Дра ган Ѓор гиев.

аат во македонските подароци китиќ ја нафрли топката на вториот дирек, Горан Попов направи голема грешка, дозволи топката да го прелета без да интервенира и тоа беше класичен подарок за Ведран Чорлука, кој непречен од никого можеше да бира како да го матира македонскиот голман. Не погреши и „коцкестите“ се вратија во мечот, пред се поради невнимателноста на нашата одбрана. Сепак, Македонија имаше добра позиција по првите 45 минути, реми против

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ

фаворитот. На почетокот од вториот дел, слично како и на стартот од натпреварот, македонските фудбалери тргнаа еуфорично, носени на крилјата на публиката. Пандев во 50.минута имаше шанса, во соло акција мина неколку фудбалери на противникот, падна во шеснаесетникот, но данскиот судија Расмусен не се реши да покаже на белата точка. И потоа повторно шок на спротивната страна од теренот.

Би сакал да им честитам на хрватските фудбалери за заслужената победа. Ние сакавме да освоиме барем еден бод против фаворитот, но, не успеавме во тоа. Жал ми е за навивачите кои што создадоа одлична атмосфера, а ние не им возвративме со добра игра и со позитивен резултат. Се подготвувавме напорно, не можеме да им забелжиме на фудбалерите дека не се бореа, но против себе ја имавме квалитетната селекција на Хрватска. Примивме два наивни гола по прекин на играта, поради наши лоши реакции. Не ја повторивме играта од Загреб и со Србија ќе мораме да играме многу подобро.

Повторно од прекин на играта, и повторно по катастрофална грешка на македонските репрезентативци, Хрватска дојде во водство. Овојпат голманот Мартин Богатинов направи огромен „кикс“, не го процени правилно летот на топката по нафрлувањето на Ракитиќ и таа отседна во мрежата. Тоа беше уште поголем подарок за Хрватите, кои по наши грешки поведоа со 1-2. По вториот примен гол, и дефинитивно падна моралот во македонската репрезентација, Хрватите искусно умееја да ја „умртват“ играта и да го приведат мечот до крај. По истекот на 90.минути, остана само да се направи анализа, дека којзнае по кој пат губиме од фаворитите по наши кардинални грешки и конечно треба да извлечеме поука како не треба да играме во продолжение од квалификациите.

Освен поразот, македонските фудбалери им останаа должни на гледачите, оние преку 33.000 кои дојдоа на арената „Филип Втори“, и со својата слаба игра. Ќе мора да се потрудат многу повеќе на утрешниот натпревар со Србија.

ИГОР ШТИМАЦ Апсолутно ја заслуживме победата против Македонија, која се покажа како незгоден ривал. Одигравме мудро, ги чекавме грешките на противникот и успеавме да ги искористиме. Така играат големите репрезентации, дојдовме да ги освоиме трите бода и го сторивме тоа. Неочекувано добивме свирежи од нашите навивачи, тоа е третман што не го заслужуваме, но ме радува што покажавме силен карактер, па дури и покрај тоа одигравме одличен меч.


38

СПОРТ

Сигурен почеток на вардарци во Купот на ЕХФ Вардар про супериорно го почна настапот во Купот на ЕХФ со победа над чешкиот Место Ловосице со 36-19. Со овој триумф вардарци практично веќе обезбедија пласман во следната рунда и реваншот во Чешка треба да биде само формална потврда. „Црвено-црните“ влегоа како фаворити и таа улога ја потврдија со доминантната игра во текот на целиот меч во „Кале“. Чешкиот тим кој во Скопје допатува со автобус, со Вардар држеше чекор само во првите пет минути до ремито од 2-2. Во продолжение, вардарци

комплетно ја презедоа контролата на теренот. Комотното водство му овозможи на тренерот Веселин Вујовиќ да им даде шанса на сите играчи. На теренот не се појави само бекот Милорад Куковски кој е повреден. Голманот Страхиња Милиќ имаше свој ден на голот на Вардар про со 19 одбрани и два одбранети седмерци. Во нападот најефикасен кај „црвено-црните“ беше пикерот Никола Маркоски со седум гола. Шест погодоци запиша Лука Раковиќ, а по три гола постигнаа Немања Прибак, Добривоје Марковиќ и Филип Лазаров. Во чешкиот тим по четири гола имаа Јири Мотл и Павел Крустовски. Реванш натпреварот е в сабота во Ловосице. Сигурна победа во првиот меч од 2.коло во ЕХФ-купот славеше и романскиот тим Одорхеи за кој настапува Горан Кузманоски, против Бешикташ. Македонскиот бек постигна девет гола во победата на Одорхеи со 40-33. Седумте гола позитива на романската екипа и обезбедуваат мирен реванш во Истанбул.

Елена Ѓоргиевска со тешка повреда го пропушта ЕП

Македонската репрезентативка Елена Ѓоргиевска доби тешка повреда на зглобот на ногата и најверојатно ќе го пропушти настапот на ЕП во Србија во декември. Ѓоргиевска која настапува за екипата на Будуќност се повреди во саботата, на почетокот од мечот во Лигата на шампионите. Според информациите од Подгорица, се работи за скршеница на скочниот зглоб по која вообичаено следува пауза од најмалку три месеци. - Ѓоргиевска претрпе тешка повреда и со сигурност може да се каже дека до јануари не ќе може да игра. Ова е голем проблем за нас, верувавме дека Ѓоргиевска сезонава може да блесне во полн сјај и очекував-

ме многу од неа, а сега се случи овој малер – изјави тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ. Уште поголем проблем да го надополни отсуството на Ѓоргиевска ќе има селекторот на македонската репрезентација, Гино Стрезовски. За ЕП во Србија, македонската селекција остана без двата десни бека – Новеска чека принова, а Ѓоргиевска е повредена. Засега нема ниедна друга ракометарка што ќе биде соодветна замена за нив на оваа позиција. Натпреварот што беше фатален за Ѓоргиевска заврши со победа на Будуќност со 29-21. Јулија Николиќ беше прв стрелец во рускиот тим со седум погодоци.

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ТРОЈЦА ПОРАНЕШНИ СЕЛЕКТОРИ НА МАКЕД

На видели македонс

Веселин Вујовиќ јавно кажа дека се обложувал додека бил селектор, пред него Љубомир Савески предупреди за допинг, а Илија Темелковски на телевизија откри тепање... Билјана Б. ПЕТРУШЕВА

М

ногу валкани алишта од македонскиот репрезентативен ракомет излегоа на виделина во последните две-три години, токму кога машката ракометен репрезентација се врати на големите натпреварувања и ги забележа најголемите успеси на СП 2009 во Хрватска и на ЕП годинава во Србија. И тоа ни помалку ни повеќе, ги извадија тројца селектори на македонската репрезентација во јавни настапи. Минатонеделното јавно признание на Веселин Вујовиќ дека

се обложувал на Македонија додека бил селектор на националниот тим е трет шок во серијата обелоденети пороци во најпопуларната македонска репрезентација. Тоа ја освежи меморијата на малку подзаборавените шокантни искази уште на двајца селектори што дојдоа по него на кормилото на македонската ракометна репрезентација. Пред три години, неколку месеци по огромната еуфорија што се крена со настапот и 11. место на ракометарите на СП 2009 во Хрватска, селекторот Илија Темелковски во ТВ-емисијата „Во името на народот“ јавно призна дека за време на СП има-


Понеделник, 15 октомври 2012 година

СПОРТ

39

ДОНСКАТА МАШКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ШОКАНТНИ ИЗЈАВИ

ина пороците во скиот ракомет

ло расправија во репрезентацијата и физичка пресметка со Раде Стојановиќ кој се обидел да го удри. Од РФМ официјално немаше санкции за инцидентот, само „информативни разговори“ со учесниците во обид да се забошоти работата. Но после ова, Стојановиќ веќе не влезе во репрезентација, а Темелковски набргу беше елегантно тргнат од функцијата со образложение дека УО на РФМ не го прифатил неговиот извештај за настапот на СП! Една година подоцна излегоа нови валканици од националниот тим. Љубомир Савески на кормилото на репрезентацијата го замени Илија Темелковски, но по еден неуспешен квалификациски циклус и бојкот од играчите, тој ја напушти селекторската функција со образложение дека „не сака да учествува во валкани игри“, а набргу потоа заврши и неговиот ангажман како тренер на Вардар. Во интервју за „Днев-

ник“ во ноември 2010 година, Савески даде знак за тревога, јавно проговори за користење допинг во македонскиот ракомет, за двоен морал и за неспортско однесување на играчите и побара

„елиминирање на корумпираните личности со морални дефекти, залутани во спортот“... И повторно никој не ги сфати сериозно многу сериозните обвинувања од човекот кој трипати беше избран за селектор на македонските репрезентации. Повторно немаше ни истраги ни санкции, ама после овие обвинувања, Савески, кој важеше за најдобар македонски ракометен стручњак, комплетно се повлече и две години е надвор од ракометот. Сега Вујовиќ излезе и на прес-конференција пред првиот натпревар на Вардар про во ЕХФ-Купот, пред новинарите кажа дека додека бил селектор на Македонија се обложувал на меч на репрезентацијата! Во обложувачката 2007 година, Вујовиќ, како што рече, играл и „изгорел“ на победа на Македонија во реваншот со Словенија (32-33) во уште тогаш „чудниот“ бараж во кој Македонија не обезбеди пласман на ЕП 2008. Во истата сезона, Вујовиќ како тренер на Вардар про „промашил“ и на победа на

неговиот тим во дуелот од ЛШ против Адемар Леон (28-21)! - Обложувањето не е забрането, казниво е лажирањето натпревари – рече Вујовиќ. И во тој дел е во право, обложувањето во Македонија не се казнува, тоа е „национален спорт“, но сепак постои нешто што се вика морална одговорност кон функцијата, посебно кога таа функција е селектор на сите машки ракометни репрезентации на Македонија, како што беше тогаш наименуван легендарниот Веселин Вујовиќ. Освен шокантната изјава, постои и друга опасност. Вујовиќ спомна ракометари на кои „не им одело“ на тие мечеви, па може да се затркала клопчето, ако и тие му одговорат на тогашниот селектор и ако не дај Боже, излезе дека имало и други „неизгорени“ ливчиња. И тоа во многу незгоден момент, бидејќи македонската репрезентација за две недели ја очекуваат првите натпревари од квалификациите за ЕП 2014, а во јануари настапот на СП во Шпанија.


40

СПОРТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

МЗТ СКОПЈЕ ЗАГУБИ ОД РАДНИЧКИ КРАГУЈЕВАЦ ВО ЧЕТВРТОТО КОЛО ОД ЛИГАТА АБА

„Металците“ призем Н

Стеван ЦАНЕВСКИ

а кошаркарите на МЗТ Скопје и на управата на овој клуб експресно им беше ставено до знаење дека двата триумфи на стартот од АБА-лигата немаат преголемо значење доколку не се продолжи со истата фокусирана и максимално ангажирана игра. „Металците“ тоа го согледаа по саботниот пораз од Раднички Крагујевац (75-83), во кој што слично како и при претходниот неуспех против Будуќност одиграа далеку под своите можно сти и со сема заслужено го напуштија теренот со наведнати глави. Минатиот викенд Будуќност, а овој и Раднички Крагујевац својата прва победа во АБА-лигата ја прославија токму при пресметката со македонскиот шампион. Станува збор

По поразот во Подгорица од Будуќност, избраниците на Александар Тодоров сосема заслужено го забележаа и првиот неуспех пред своите навивачи за две многу квалитетни екипи, но мора да се биде реален и да се признае дека работата им беше сериозно олеснета со самото тоа што „металците“ не одиграа ниту приближно во рамките на своите можно сти. - Кога ќе се загубат 22 топки, кога нема да се одигра агре сивна одбрана, кога на теренот ќе немаш ниту еден расположен кошаркар за игра, нормално е да се загуби натпреварот. Имавме зацртано план за игра кој што не го реализиравме и нормално е да се биде разочаран по еден ваков пораз. Тоа е само доказ дека треба напорно работиме за да напредуваме во играта, да ги адаптираме новите кошаркари во средината и потоа да вле земе во позитивна серија – изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров. Македонскиот шампион мечот го загуби во првото полувреме. Одбраната премногу лесно им дозволуваше поени на

го стите, а се повтори и старата болка, „металците“ имаа дури 14 загубени топки за 20 минути игра, повеќето од нив експресно казнети со лесни по ени од страна на го стите. Во вториот дел негативата беше намалена, избраниците на Тодоров стигнаа до „минус пет“, но немаа сили за целосно враќање во мечот. Мора да се одбележи и исклучувањето на Тодор Гечевски на почетокот од третата четвртина, кога искусниот центар реагираше на нееднаквиот судиски критериум, експресно му беа покажани две технички грешки и беше испратен кон соблекувалните. - Гечевски по мечот се извини на тимот, но сметам дека неговото исклучување не беше клучен момент на овој натпревар. Целосно го разбирам, сигурно е дополнително нервозен поради повредата што се уште ја влече и под болки игра за да

МЗТ СКОПЈЕ – РАДНИЧКИ К.

75-83

Сала: „Борис Трајковски“, Гледачи: 2.000. МЗТ СКОПЈЕ: О. Стојановски 6, Мијајловиќ 7, Грнчаров 6, Д. Стојановски 19, Гечевски 6, Николовски 8, Чековски 6, Марковски, Бакиќ 6, Дејвис 11, Далман, Николиќ. РАДНИЧКИ: Миленовиќ, Синовец 4, Чапин 16, Јовиќ, , Еменинг 15, Бирќевиќ 4, Борисов 16, Крстовиќ 5, Мијатовиќ, Вајт 9, Вортингтон 14.

ЌЕ ИМА ЛИ СУСПЕНЗИЈА ЗА ГЕЧЕВСКИ?

„Металците“ се во исчекување на изрекување на казните од страна на АБА-лигата поради фрлените предмети на теренот во текот на второто полувреме, при што во раката беше погоден и еден од судиите. Сепак, она што е најзначајно е дали ќе му биде изречена суспензија од еден натпревар неиграње на Тодор Гечевски, искусниот центар чија помош сигурно ќе му биде добредојдена на тренерот Тодоров. Правилата на АБА-лигата не налагаат автоматска суспензија за секое исклучување, но останува да се види што се било наведено во записникот од мечот, со оглед на фактот дека Гечевски имаше долг конфликт со судиите пред да го напушти теренот.

му помогне на тимот. Тоше Гечевски има добиено голем број мечеви на МЗТ, тој останува наш лидер – порача стратегот на „металците“. По двата порази во низа, и тензијата во таборот на МЗТ Скопје станува се поочигледна. Затоа, тренерот на македонскиот шампион побара да се намали притисокот врз неговиот тим, за да може да се прикажат игрите што се очекуваат од „металците“. - По триумфот во Загреб, некои по единци ни создадоа непотребен притисок со нере алните очекувања околу наши-


СПОРТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

41

А

мјени и среде Скопје ЧАПИН, НЕСУДЕН „МЕТАЛЕЦ“

Александар Чапин имаше одлично деби за тимот на Раднички Крагујевац. Во ситуација кога стартниот плејмејкер Стивен Марковиќ не настапи поради стомачен вирус, токму новиот кошаркар на Раднички ја презеде одговорноста врз себе и со 15 поени го предводеше својот тим кон победата. - Добро ни се познати квалитетите на Чапин, впрочем тој е кошаркарот што јас лично посакував да го видам во дресот на МЗТ. Имав и разговор со него додека бевме на турнирот во Сараево, но за жал трансферот не се реализираше. Од кои причини, не би сакал да навлегувам, но сега уште еднаш се уверивме дека станува збор за многу квалитетен кошаркар – изјави тренерот Тодоров на прес-конференцијата по натпреварот.

ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ: ЗАСЛУЖЕН ПОРАЗ от пласман во АБА. Така, наме сто на секој меч во Скопје да се гледа како на празник на кошарката во кој што ќе се ужива и играчите ќе го дадат максимумот за тимот, тие се соочуваат со тензија бидејќи стравуваат дека секој исход освен победа ќе биде сметан за катастрофа. Сметам дека и тоа е една од причините поради кои што не го исполнуваме потенцијалот што го имаме – ја заврши својата анализа Александар Тодоров. Следниот јадрански предизвик „металците“ ќе го имаат в сабота, кога ќе го стуваат на со -

ставот на Сплит. Хрват скиот тим во првите две средби на домашен терен веќе ги совлада Црвена звезда и Цедевита, па јасно е дека македонскиот шам-

пион ќе мора да одигра најдобро што знае доколку сака да стигне до позитивен ре зултат во Далмација и да го избегне третиот пораз во низа.

НИКОЛИЌ: СКОПЈЕ СЕ ВРАЌА НА КОШАРКАРСКАТА МАПА

„Мило ми е што Скопје стана дел од АБА-лигата, ова е убава арена во која што навивачите создадоа прекрасна атмосфера во која што беше уживање да се игра. Скопје се враќа на кошаркарската мапа и среќен сум поради тоа, веќе не станува збор само за минатото на македонската кошарка, бидејќи и во моментов имате многу квалитетен тим. Верувам дека голем број екипи ќе паднат во Скопје во текот на оваа лига, што ја прави оваа наша победа уште позначајна“, истакна стратегот на Раднички Крагујевац на прес-конференцијата по натпреварот.

„Сакам да им честитам на кошаркарите на Раднички Крагујевац за заслужената победа. Ние влеговме во натпреварот со огромна желба за победа, но за жал не прикажавме игра каква што се очекуваше. Одигравме многу слабо во одбраната во првото полувреме, примивме преку 40 поени и му дозволивме на противникот резултатски да се одлепи. Потоа се обидовме да се вратиме, дадовме се од себе, но за жал тоа не беше доволно“, го искажа своето видување за натпреварот македонскиот репрезентативец во дресот на МЗТ Скопје.


42

СПОРТ

Понеделник, 15 октомври 2012 година

СО ТРИУМФОТ НА ТРКАТА ЗА ГН НА ЈУЖНА КОРЕЈА

Фетел го прелета Алонсо

Себастијан Фетел е новиот лидер во генералниот пласман од шампионатот Формула 1 откако германскиот возач успеа да триумфира и на трката за Големата награда на Јужна Кореја. Ова беше трет триумф на возачот на Ред бул во последните четири трки, со што тој успеа да го мине Фернандо Алонсо, кој што овојпат мораше да се задоволи само со третото место, зад Фетел и неговиот тимски колега Марк Вебер. Актуелниот Формула 1 шампион ја почна трката како второпласиран, но веќе на првиот свиок успеа да го мине Вебер и да се најде на чело на колоната. Австралиецот во текот на првиот круг се обиде да се врати на првото ме сто, но откако Фетел се одбрани од неговите напади,

Актуелниот шампион триумфираше третпат во последните четири трки и се искачи на првото место во генералниот пласман во Ф1-шампионатот

уште повеќе доби на самодоверба и без поголеми проблеми стигна до најновиот триумф, кој што широко му ги отвори вратите на патот кон третата титула во низа. - Пре среќен сум, ова е извонредна победа. Немаше многу време меѓу трките во Јапонија и Кореја, но механичарите ми направија уште побрз болид. Ова беше перфектен викенд, возев одлично, менувањето на гумите беше беспрекорно. Пре среќен сум што повторно се наоѓам на чело на генералниот пласман,

но сигурно нема да летнам во облаци. Има уште четири трки до крајот на сезоната и на секоја од нив ќе одам на победа – изјави Фетел по трката. Третото ме сто е солиден успех на Алонсо, со оглед на фактот дека болидот на Ферари и на оваа трка беше многу побавен од оној на Ред бул, но Шпанецот мора да биде разочаран што по долго време на врвот на генералниот пласман, сега има шест бода негатива во однос на Германецот. - Мораме да бидеме задо-

Триумф на Ѓоковиќ во Шангај Новак Ѓоковиќ спаси пет меч-топки и со голем пре сврт го победи Енди Мареј со 5-7, 7-6, 6-3 во фина лето на Мастерстурнирот во Шангај. Со овој триумф, вториот свет ски рекет ја прекина победничката серија на Мареј во Шангај, но и во нивните меѓусебни дуели бидејќи шкот скиот тенисер славеше во претходните две пресметки, во финалето на ОИ во Лондон и во финалето на Отвореното првенство на САД. Во меѓусебниот скор со Мареј, Ѓоковиќ води

со 9-7. На српскиот тенисер ова му е прва победа во Шангај и вкупно седма титула на турнирите од Мастерс-серијата со што се изедначи со по стигнувањето на Андре Агаси. Во неговата колекција сега недо стигаат само титулите од Мастерс-турнирите во Монте Карло и во Синсинати. Победата во Шангај на Ѓоковиќ му но си нови бодови со кои ја намали разликата со водечкиот на листата АТП, Роже Федерер, на само 195 бода.

волни од нашиот настап, го освоивме третото и четвртото ме сто, зад болидите на Ред бул кои што реално се недо стижни во моментов. Го минавме Мекларен во шампионатот на конструктори, но сега ќе треба да работиме за да го намалиме зао станувањето во однос на Ред бул, за последните четири трки да бидат вистински спорт ски празник – порача Алонсо. ТРКА ЗА ГН НА КОРЕЈА: 1. Себастијан Фетел, 2. Марк Вебер, 3. Фернандо Алонсо, 4. Фелипе Маса, 5. Кими Раиконен, 6. Нико Хулкенберг, 7. Роман Грожан... ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН: Себастијан Фетел 215 бода, Фернандо Алонсо 209, Кими Раиконен 167, Луис Хамилтон 153, Марк Вебер 152 бода...


ФЕЉТОН

Понеделник, 15 октомври 2012 година

10

РОБИН ШАРМА

ТАЈНИТЕ ПИСМА НА КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ

„Едно од нештата што ме научија мудреците е моќта на талисманите.“ „Талисманите?“, прашав. „Мали статуетки или амајлии. Ги има девет. Секоја содржи дел од основната мудрост за среќа и убав живот. Поединечно, тие се само симболични обележја, ама заедно содржат исклучителна моќ за преобразба. Во практиката, меѓутоа, тие можат да ни го спасат животот.“ „Сакаш да спасиш нечиј живот?“, го прашав. Звучеше по

„Мајка ти не е во опасност“, рече Џулијан. „Тоа е сè што можам да ти кажам.“ Бев подготвен да го притискам, да го распрашувам повеќе, но Џулијан ги стисна усните и ја остави шолјата со кафе на масичката пред нас. Се чинеше подготвен да го заврши разговорот. Воздивнав и на кратко погледнав надолу. „Добро“, реков потоа. „Ама каде би можел јас да се вклопам? Зошто ти требам?“ Џулијан стана од столот и отиде

малку мелодраматично. Или по малку лудо. „Да. Постои некој што го познавам и си има мака. Други се обидувале да му помогнат, но без успех. Ова е нашиот последен обид.“ „Има ли тоа некаква врска со мајка ми?“, прашав. Таа беше мошне вознемирена кога разговаравме по телефон. „Има“, одговори Џулијан. „Но ја немам слободата да објаснам на кој начин.“ „Слушај, ако мајка ми е болна или нешто такво, имам право да знам.“ Сетив како градите ми се стеснуваат, а дишењето ми стана забрзано.

до прозорецот. Ја гледаше улицата долу, но се чинеше дека неговите очи се фокусирани многу понатаму, во далечината. „Кога го напуштив селото“, рече, „калуѓерите ми ги дадоа талисманите во кожено кесенце и побараа од мене да бидам нивниот нов чувар. Но откако ги напуштив Хималаите, патував малку низ светот. Една ноќ, во хотелот каде што бев отседнал, избувна пожар. Во тоа време бев надвор, но пожарот ја уништи мојата соба. Ги носев талисманите со мене, така што единственото нешто што го загубив беа чифт сандали. Во друга гостилница, слушнав

како еден патник како мене кажува дека бил ограбен во една споредна уличка во Рим. Ми падна на ум дека, додека талисманите се наоѓаа кај калуѓерите во селото, тие беа на сигурно. Јас бев единствениот посетител што по долго време беше дошол во тоа изолирано место. Но сега, кога тоа богатство го имав кај мене, тие беа изложени на ризик. Во секое време можеа да бидат украдени, изгубени или уништени.“ Џулијан продолжи да објаснува дека решил секој талисман да го даде на различен доверлив чувар, кој би му го вратил кога ќе му затреба, за да бидат на сигурно. Со секој од нив, тој испратил и писмо со објаснување во врска со тоа како го сфаќа значењето на талисманот. Сега беше јасно дека тие талисмани му требаат. Рече дека од мене бара да одам и да му ги донесам. „Што?“, пропелтечив. „Мислам... нели постои Федекс за тоа?“ Тој се насмеа. „Мислам дека не ја сфати важноста на талисманите. Не можам да му ги доверам на курир или на поштата. Тие се расфрлани насекаде низ светот и ми треба некој што го познавам за да ги собере лично.“ „А ти не можеш да одиш?“, го прашав. Знаев дека бев малку некултурен, ама сликата на Џулијан како танцува танго по подот во долната просторија, сè уште ми беше пред очи. Тој се закикоти. „Знам дека не изгледам како да сум премногу зафатен“, рече, а гласот му стана посериозен. „Но навистина не е можно да го сторам тоа.“ Молчев неколку секунди. Како можев да го избегнам ова? „Братучеду Џулијан“, му се обратив. „Без навреда, ама ти рече дека ти треба некој што го познаваш за да ти ги донесе тие нешта. Ти и не ме познаваш вистински. Сме се сретнале само еднаш – кога имав десет години.“

43

ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ”, Издавачки центар ТРИ

На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари” открива изненадува чки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа. БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ Робин Шарма во моментов е еден од најчитаните автори во светот. Меѓу неговите единаесет светски бестселери се Калуѓерот што го продаде своето ферари, Откријте ја својата судбина со калуѓерот што го продаде своето ферари, Светецот, сурферот и директорот, Кој ќе плаче кога ќе те нема?, Патот до величенственоста и Лидер без титула, книга која предизвика глобално движење преку поединци кои со своето лидерско однесување влијаат на другите. Книгите на Робин Шарма се продадени во милиони примероци во повеќе од шеесет и пет земји, и се преведени на седумдесет и пет јазици. Меѓу неговите обожаватели – со кои сака да комуницира на Фејсбук и на Твитер – се вбројуваат и филмски ѕвезди, книжевни икони, членови на кралски семејства и луѓе од сите можни генерации. Робин е баран говорник, кој патува по светот работејќи со клиенти како што се Најк, Џенерал електрик, Федекс, ИБМ, Кокакола, Универзитетот Јеил и Организацијата на млади претседатели. За да дознаете повеќе за Робин Шарма, посетете ја неговата веб-страница robinsharma.com


44

ПИСМА

ПИСМА НА НАШИ ЧИТАТЕЛИ

За Европската комисија има македонска влада, ама во извештајот нема македонски народ и македонски јазик! Шефот на државата поради изоставувањето на придавката „македонски“ во претходните два извештаи на Европската комисија за Македонија, во 2010 и 2011 година испрати писма до претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, во кои му укажа дека таквата практика на Брисел ги навредува чувствата ,на македонскиот народ. Иванов во писмата до Баросо нагласи и дека тоа не помага ниту за изнаоѓање решение за наметнатиот спор за името од страна на Грција. Претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија најави и дека нема да го прими новиот извештај на Европската комисија ако во него не е содржана придавката „македонски“. - Придавката „македонски“ ја има двапати во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес. По две години, потврдувам дека се вративме на претходната практика, а тоа е употребата на придавката македонски. Но, за мене не се најважни придавките и колку тие се застапени, туку супстанцата и новиот јазик на препорака што ја дава Комисијата. Ова за МИА, на 10 октомври, го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе по прес-конференција на која го претстави прогрес-извештајот за земјите-кандидати за членство во Унијата. Истовремено Штефан Филе повтори дека „Европската комисија е подготвена да предложи рамка за преговори, што ќе ја земе предвид потребата од решавање на спорот со името во раната фаза од преговорите, доколку биде донесена одлука за нивен почеток.“ Штефан Филе е дециден дека оваа препорака за датум за преговори на Европската комисија е за прашањето за името да се реши во почетната фаза од преговорите за членство на Македонија во Европската Унија. - Како што се вели меѓу народот, ако не се борите, однапред сте изгубиле. Затоа толку бев упорен токму за ова затоа што во изминатите два извештаи на Европската комисија тоа беше изоставено. Секогаш

сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого. И затоа тоа треба да биде пример, секојпат кога настојуваме нешто што е наше, а што им припаѓа и на други, а нам ни е ускратено, вака да реагираме - изјави претседателот Ѓорге Иванов. Арно ама, во извештајот на Европската комисија за Македонија за 2012 година што го опфаќа периодот од октомври 2011 до септември 2012 година, придавката од именката Македонија навистина се среќава само двапати, но во контекст „македонска влада“ и „македонски институции“. Никаде во извештајот не се зборува за македонски народ и за македонски јазик. Само еднаш е спомнат ромскиот народ, а во целиот извештај се зборува за народот, јазикот, јазиците, граѓаните... Толку од радоста дека Европската комисија ги прифатила нашите забелешки и ја употребила придавката „македонски“ во извештајот. - Комисијата е подготвена сега да ги почне преговорите со Македонија без да биде претходно решено прашањето со името. Значи овие два процеса, преговорите и решавањето на спорот за името, ќе можат да одат паралелно. Засега нема поставено временски рок за решавање на спорот. Дали еден месец или две години, но е пожелно тоа да биде што е можно поскоро - подвлече евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, на 10 октомври. Иако евроамбасадорот Аиво Орав не е определен за временски рок за решавање на прашањето за името меѓу Скопје и Атина, за очекување е Европската комисија да излезе со таков рок по декемврискиот самит на Советот на Европската Унија, ако биде донесена одлука за нивен почеток. Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, пак, во врска со употребата на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК, на 11 октомври рече дека „Владата во Скопје на некој начин се обидела да ја уцени Европската комисија велејќи дека нема да го прими из-

Понеделник, 15 октомври 2012 година

вештајот и такво однесување не е соодветно за земја-кандидат“. Грчките медиуми јавија дека првично извештајот три пати ја содржел придавката „македонски“. Но грчката претставничка во Европската комисија Марија Даманаки инсистирала кај еврокомесарот за проширување Штефан Филе терминот да се изостави од целиот извештај. По притисокот од Атина терминот „македонски“ не е употребен за јазикот, но останал за „македонската влада“, на што грчките медиуми и најмногу му придаваат значење. Филе изразил остро негодување на барањето на Даманаки да не се препорачува датум за почеток на преговори и изразил уверување дека со почеток на процесот на преговори ќе се најде и решение за името, јавија грчките медиуми. Атина најверојатно очекува идентитетските прашања да се решат со името, во раната фаза на преговорите, доколку Советот на Европската Унија на декемврискиот самит ја прифати препораката на Европската Комисија за определување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија. Во Меморандумот за соработка што на 4 октомври грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос го испрати до неговиот македонски колега Никола Попоски, Атина го повтори барањето за име со географска одредница за сите erga omnes и за сите намени. Одговарајќи на прашања на пратениците во Европскиот парламент на 10 октомври, комесарот Штефан Филе го поздрави меморандумот за соработка на грчкиот министер за надворешни работи. Но, истовремено нагласи дека “Европскатак не прави компромис за прашањето за името“, туку нагласува дека решавањето на прашањето за името во раната фаза на преговорите ќе биде корисно во процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија. Филе беше дециден дека до декемврискиот состанок на Советот на ЕУ очекува да продолжи дијалогот и да се даде конструктивен придонес за решавање на прашањето за името. Да не заборавиме дека еврокомесарот Штефан Филе во интервју за „Радио слободна Европа“, во целост емитувано на 23 септември годинава, недвосмислено изјави дека „е наивно да се верува оти Македонија ќе започне преговори без решен спор за името“ и дека „многу опасен концепт е да се верува дека може да се оди напред кон преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, а при тоа прашање-

то за спорот за името да се остави за на крајот од преговорите“. “Како прво, знам дека можноста да се чува или остави тешкото прашање за на крајот на процесот не е реално. Да се верува дека ќе се оди напред и кога сè е направено, ние тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името верувајќи дека така ќе биде полесно тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Сè наредно е до членовите на Унијата, не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, би ги намалил очекувањата тука. Членките на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи. Ние уште не сме ги направиле првите чекори, ние уште не сме го усвоиле извештајот за напредокот, таму е важната препорака. Јас очекувам дека членките на ЕУ во декември ќе дејствуваат по неа, јас многу се надевам дека ќе ги земат предвид и тие позитивни елементи кои ги донесе дијалогот на високо ниво, но повторно ќе кажам, би било наивно да се верува дека сето тоа може да се случи, дека може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот за името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат“, рече Филе во Неделното интервју на Радио Слободна Европа на 23 септември годинава. Сè поочигледно е дека оркестрацијата во медиумите за сатанизација на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во врска со смртта на Александар Самарџиев во Солун, има за цел амортизација на семакедонскиот отпор против евентуална согласност за промена на државното име Македонија за сметка на добивање датум за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија на декемврискиот самит на Советот на ЕУ. Третото полувреме, за очекување е дека ќе има и продолжение, ама кој мисли дека може државното име да го промени, нека проба! Но, и нека не заборава, дека акронимот „поранешна југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име кое треба да се промени, туку само привремено обраќање во системот на Обединетите нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија ерга омнес кое мора да остане за сите и за сите намени, заедно со македонскиот народ и македонскиот јазик, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик „Republic of Macedonia“ и „Macedonian“! Тодор ПЕТРОВ


45

Понеделник, 15 октомври 2012 година

ВРЕМЕПЛОВ

- Светски ден на слепите - Меѓународен ден на пешачењето 1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра.

ХОРОСКОП

1805 - Роден е Вилхелм Каулбох, германски сликар. Умре на 7 април 1874 година. 1814 - Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски.

Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“. 1815 - Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен 1 стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре.

1844 - Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“. 1854 - Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: „Ладалото на Леди Виндермаер“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година. 1917 - Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната тан-

21.03 19.04

Овен - Поголемиот дел од денот ќе го поминете во зборување на телефон и во организирање на важен состанок. Попладнето посветете му го на партнерот. Совет: повеќе одмор.

20.04 20.05

Бик - Денешниот ден е од оние денови, кои сакате побрзо да завршат, ниту наједноставните обврски нема да можете да ги решите со леснотија. Совет: вечерта искористете ја за одмор.

21.05 20.06

Близнаци - Трошите многу време за планирање и анализирање на секој професионален чекор, затоа ретко правите грешки. Совет: направете анализи, здравствената состојба не ви е во ред.

21.06 22.07

Рак - Комуникацијата со партнерот денеска ќе биде одлична, пополека но сигурно стекнувате доверба еден во друг. Совет: не трошете пари на непотребни работи.

23.07 22.08

черка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година. 1964 - Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин.

1984 - Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. 1986 - Во Скопје, во адаптирани простории на Старата железничка станица, е даден во употреба Салонот на весникот „Остен“, во којшто е отворна Осумнаесеттата изложба на Светската галерија на карикатури на тема „Се е кабаре“. 1989 - Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско ре-

Лав - И на работа и во љубовниот живот одите на тенок мраз, крајно време е да одлучите што сакате за да не биде доцна. Совет: бидете внимателни, можна е мала незгода.

22.09 23.10

Девица - Сакате да доминирате и на работа и дома, а таа желба за доминација ви ги создава сите проблеми и конфликти. Совет: бидете поодмерени и потолерантни во комуникацијата. Вага - Желбата да го реновирате домот сега ќе ви се исполни, само бидете внимателни да не потрошите повеќе пари од тоа што планирате. Совет: јадете повеќе овошје и зеленчук.

24.10 21.11

Скорпија - Денеска ќе имате многу важен и сериозен состанок, од кој ќе зависат многу работи. Внимавајте како се изразувате. Совет: посветете му повеќе внимание на партнерот.

23.08 21.09

номе. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година. 1992 - Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач. 1993 - Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка. 1993 - Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА). 1995 - По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. 1997 - Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо. 1997 - Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година. 2000 - Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година.

22.12 19.01

Стрелец - Бидете малку потолерантни и поемотивни со партнерот, нема потреба да ги криете своите емоции. Совет: сконцнтрирајте се на суштинските проблеми, не трошете енергија на непотребни работи. Јарец - Советите кои ги добивате од блиските пријатели треба да ги прифатите без да се двоумите, тие ви мислат сè најдобро. Совет: опуштете се, дозволете оптимизмот да доминира.

20.01 18.02

Водолија - Не опуштајте се премногу кога разговарате со колегите, некои ваши зборови и ставови можат да бидат злоупотребени. Совет: одете на прошетка со пријателите.

19.02 20.03

Риби - Еден телефонски повик ќе ве извади од колосек и целосно ќе ги преокупира вашите мисли. Обидетете се да се смирите. Совет: посветете си внимание себеси и на својот изглед.

22.11 21.12


46

информатор

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Жанр:криминалистички,трилер Режија:ФредКаваје Почеток:18,20и22часот

Почеток:17часот „Третополувреме“

Сала2 „Шрек“ Почеток:11,13и17.30часот

КИНО„МИЛЕНИУМ“ „Леденадоба4“

„Првиотодмаздник-Капетан Америка“

КИНО„РАМСТОР“ „КунгфуПанда“ Жанр:анимиран Режија:ЏениферЈух Почеток:10.30часот

„Мадагаскар“ Жанр:анимиран,комедија Режија:ЕрикДарнел,ТомМек Грат,КонрадВернон Почеток:13и15часот

Жанр:акција,авантура,научна фантастика Режија:ЏоЏонстон Почеток:15часот

„Мачоротвчизми“ Жанр:авантура,анимиран, комедија Режија:КрисМилер Почеток:13и16часот

„Притаенозло“ Жанр:акција,хорор Режија:ПаулВ.С.Андерсон

ИЗЛОЖБИ Музејнамакедонскатаборба задржавностисамостојност, МузејнаВМРОиМузејнажртвитеодкомунистичкиотрежим Меѓународнаколекција Отворенодвторникдонедела од10до18часот МУЗЕЈНАМАКЕДОНИЈА „Традиционалнипредмети одметал“ „1+1Животиљубовниз македонскатаисторија“

Жанр:драма Режија:ДаркоМитревски Почеток:20и22.30часот

Жанр:анимација,авантура, комедија Режија:СтивМартино,Марк Турмејер Почеток:11часот

Режија:КиркЏонс Почеток:19.30и22часот

„Штодаочекуватекога очекувате“ Жанр:комедија,романса

„ПоинтБланк“

МУЗЕЈНАСОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Одбранидела2007-2012 одИгорЈосифов ИзложбанаБоркаАврамова „Говоротнамодернатаформа“ МУЗЕЈНАГРАДСКОПЈЕ Постојанапоставка НАЦИОНАЛНАГАЛЕРИЈАНА МАКЕДОНИЈА:Даут-пашинамам, Чифте-амамиМаластаница Постојанапоставка

зрнца на мудроста Солзитесестопенмразоддушата! ХерманХесе Ситениесмероденилуди,самонекоиостанувааттаквицелживот! СемјуелБекет

Мајчинатаракаикогатепа,милува,атуѓата икогамилува,тепа! Рускапоговорка

Сакајмезадаможамдатесакам,држи мезадаможамдатедржам! Грчкапоговорка

Љубовниотпогледимадолгтекст! Германскапоговорка

Најголемпорокеповршноста! ОскарВајлд

25

l

l Делчево

25

26

Гостивар

25

l Кичево

l Дебар

20

l Штип

Велес l

20

l Берово

22 l Радовиш

l Неготино

28

25 l Струмица

l Кавадарци

21 l Струга

24 21

l Охрид

l Прилеп

28 l Гевгелија

Битола

22 l Ресен

20

Барселона

25

Букурешт

21

Будимпешта

22

Загреб

23

Софија

27

Атина

21

Приштина

20

Сараево

23

Белград

20

l Кочани

24

25

18

26

Скопје l

Тетово l

Крива Паланка

Куманово

25

l

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен правец, кој ќе се движи со брзина од 4 километри на час.

23

l

Времетоденескаќебиде променливо.ВоСкопјеминималнататемператураќе биде9Целзиусовистепени,амаксималната24степена.Влажностана воздухотќебиде71процент,авидливостадо10 километри.Биометеотое неповолнозалуѓетосо хроничниболести.

l

25 6 29 вторник

10 среда 27

9 28 четврток


KARAKTERISTI^NA GOLEMINA VO TEHNOL. PROCES

Ä

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 домати со средна големина 100 г салама 100 г сирење 3 кисели краставички 150 мl павлака 2 лажици мајонез сол ПРИГОТВУВАЊЕ Доматите убаво се мијат, потоа од горниот дел со лажичка се вади мекото од доматот. Во длабок сад ситно се сецкаат краставичките, саламата и сирењето, а потоа се додаваат павлаката и мајонезот. Со добиената смеса се полнат доматите и се оставаат во фрижидер два часа. Можат да се служат како ладно предјадење.

NAU^NICI [TO SE ZANIMAVAAT SO ATOMISTIKA

PROTIVDEJSTVO

QUBITEL NA VOZBUDLIVI DO@IVUVAWA

VID LADNO ORU@JE

FUDBALEROT KANTONA

"BELIOT# SPORT

AVSTRIJA

POKA@UVA^I NA PRAVECOT NA DUVAWE NA VETROT

NARODNATA HEROINA PALIKU]A GRAD VO ITALIJA ZAGAR PROVERKA NA ZNAEWA

STRANA SPROTIVNA NA LICETO REKA VO FRANCIJA MEDITERANSKO RASTENIE

PROIZVEDUVA^ NA KISTOVI ZAPOVED NA KU^E ARTISTOT SPASOVSKI EKS JU [AHIST BORA

M

PISATELOT BABEQ OZI OZBORN

STAROTO IME ZA SKOPJE

ONOMATOPEJA NA TRUBEWE VID ZA^IN

MESTO VO HRVATSKA BLIZU @UMBERAK

Æ

PROST BROJ

VOLT VID ZANAET^II

P

ITALIJANSKI ANZIV ZA REKATA TIBAR

Ä

T

É

IVA ZANIKI STRANSKO @ENSKO IME

M

NA[ PRERODBENIK KRSTE PETKOV NEVALKANO

PEKOL @ITEL NA ARABIJA NA[ PEJA^ ZORAN "CAROT# NA @IVOTNITE

ABEL JANSON TASMAN

VKO^ANETOST, ODZEMENOST NA TELOTO AZOT

ITALIJA

"DEN#

2

JU@NO OVO[JE, KALINKA RUSKI NAU^NIK NIKOLAJ ALEKSEVI^ RIEKA

LITAR REKA VO ITALIJA

EGIPETSKI BOG AMON

ISTOK ODOBRENIE ZA VLEGUVAWE VO DR@AVA

GRAD VO SRBIJA

4

3

3 6 5 1 3 5 4 8 6 9 8 6 1 2 4 3 8 4 1 7 6 7 2 5 4

9

8

5 2 1 7 3 5 5 3 8 9 6 7 1 9 7 6 5 2 1 8 8 7 2 5 4 9 4 9

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: PARAMETAR, V, TEVERE, IBE, OPA^INA, RT, MEN, KISTAR, MIRTA, STEVO, SKUPI, ISAK, TUROVO, TRA, MISIRKOV, IZ, ^ISTO, AD, I, AJT, VANEV, RA, L, RININ, I, PARALIZA, NOVI PAZAR; SUDOKU: 1) 528 146 793, 794 283 651, 163 975 482; 412 837 569, 859 612 374, 637 594 218; 385 469 127, 946 721 835, 271 358 946; 2) 195 264 783, 473 958 621, 682 173 549; 534 819 267, 821 637 954, 769 542 318; 918 725 436, 356 491 872, 247 386 195

Рецепт на денот Полнети домати

47

РАЗОНОДА

Понеделник, 15 октомври 2012 година


ВИЦОТЕКА

Наставничката ги прашува учениците дали знаат некои странски пари. - Перо дигнал рака и рекол дека во САД се употребува долар! - Фунтата се користи во Англија! – рекол Тоше. Дошло ред и Тасе да каже и по неколку минути молчење, рекол: - Пати! Која валута е таа, јас досега не сум слушнала за таква - рекла наставничката! - Наставничке, вчера сестра ми

купи бунда и мајка ми ја праша колку ја платила, а таа рече, пет пати! *** Дошле зајакот и син му дома. Синот цел помочан, а таткото покакан. Зајчицата вознемирена ги прашува: - Сине, па, што ви се случило? А, синот одговара: - Леле мамо, се помочав од смеење додека мечката си го бришеше газот со тато!

ТИКЕТ СЕК Ј Портвејл Оксворд Катанзаро Ночерина

Холандија (2 1) Словачка 1

3+ 0-2

Ефес Пилсе н Банвит

Коефициент 5,6

1


Den 15 Oktomvri