Page 1

СПОРТ: 30.000 ЕВРА ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА ОД ВЛАДАТА

23

1 5 денари

www.den.mk

СИНДИКАЛНА БИТКА ВО ЗДРАВСТВОТО

30o

Четврток, 13 септември 2012, година 1, број 149

Новиот синдикат како тројански коњ 6

ПАРТИСКОТО НАДМУДРУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА

ДУИ влезе, СДСМ излезе

ЕВРОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО МАЛТА

„Жената...“ на Теона Митевска во трка за европскиот „Оскар“ 18

5

„Детонатор“ во судница 11


2

ВЕСТИ

Четврток, 13 септември 2012 година

РЕСТОРАНОТ „АРАВО КАРДИОХИРУРГИЈА „ФИЛИП ВТОРИ“ ИЗВРШЕНИ ПРВИТЕ БЕСКА“ СО ХУМАНИ- ОПЕРАЦИИ НА ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА ТАРНА АКЦИЈА ЌЕ ГО Првпат во Македонија, вчера, во ПРОСЛАВИ ПРВИОТ Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори” беа РОДЕНДЕН оперирани првите три деца на воЕдна година постоење од ресторанот „Арабеска“ е само една од причините за почнување на хуманитарна акција за собирање средства за Домот за деца без родители „11 Октомври“. Следните неколку месеци до Нова година дел од месечниот промет на ресторанот ќе биде наменет токму за потребите на децата без родители. Со акцијата на „Арабеска“ ќе се отвори можност за донација на средства во Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде што ќе се набават потребни нешта кои ќе го направат повесело секојдневието на овие деца. - Многу се радувам што првпат добивме можност да оствариме соработка со угостителски објект, во случајов, ресторанот „Арабеска“. На децата од нашиот дом им е добредојдена секаква помош, насмевката кога некој ќе им подаде барем симболичен подарок, е нешто што не се купува со ниту едни пари на светот. Од „Арабеска“ ни најавија дека нивната помош не завршува овде и дека планираат уште неколку акции, кои барем за момент ќе ја вратат насмевката на децата изјави Ристенка Атанасова, директорката на Домот. Н.П.

зраст од 6, 10 и од 14 години со вродени срцеви мани, а со тоа и првпат беа извршени вакви кардиохируршки интервенции по новоформираниот систем на дијагностички поврзани групи за детска кардиохирургија. Доктор Жан Митрев изјави дека операциите врз трите деца што тој ги извршил поминале добро и дека тие се во многу добра состојба. - Со ова почнува еден нов период за детската кардиохирургија во Македонија. Најголемиот дел од децата ќе можат тука да бидат третирани, а само мал дел од децата со тешки аномалии, можеби, ќе треба да се упатат во странство.

02/3162 666

Со бурен аплауз и со овации на многубројната публика во Словенечкиот театар во Марибор, беа поздравени актерите на Драмскиот театар за изведбата на претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски. Маестралната игра на македонскиот Хамлет, Дејан Лилиќ, како и на останатите актери, претставена во една современа димензија, ја остави словенечката публиката без здив. Со изведба на претставата „Хамлет“, која во изминатиот период ги освои театарските сцени во повеќе европски градови, беше заокружено претставувањето на македонската култура во рамките на манифестацијата

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач и управител - Живко Серафимовски Главен и одговорен уредник - Бране СТЕФАНОВСКИ Заменик на главниот уредник - Љубиша НИКОЛОВСКИ Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази, ја посетија болницата „Филип Втори“. Операциите на првите деца кои кардиохируршки се третирани во Македонија се на товар на ФЗОМ.

МАЕСТРАЛНА ИГРА НА ЛИЛИЌ ПРЕД СЛОВЕНЕЧКАТА ПУБЛИКА

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk,

Болницата „Филип Втори“ по бројот на интервентни процедури кај деца е водечка во целиот регион посочи д-р Митрев. По тој повод, директорите на Фондот за здравствено осигурување,

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

„Марибор - европска престолнина на културата за 2012 година“. - Оваа ноќ Република Македонија и Република Словенија градат уште

еден симболичен мост на нивните идентитети, на нивните многу слични историски и духовни мемории во трезорот на европската култура. Од Македонија преку презентацијата на македонската култура во престолнината на Европа за 2012 година ви носиме пријателски интонирана порака, со желба и понатаму да ги надминуваме границите на сопствениот културен простор, а наша единствена константа да биде постојаната метаморфоза на настани и на случувања од областа на културата - истакна пред присутните Канческа-Милевска, која присуствуваше на затворањето на Н.П. манифестацијата.

РАЗРЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА ЗА СМРТТА НА АЉЕНДЕ Чилеанското правосудство и официјално ја затвори истрагата за смртта на поранешниот претседател Салвадор Аљенде откако беше утврдено дека тој се самоубил на денот на државниот преврат, кој се случи на 11 септември 1973 година. 39-годишнината од државниот удар извршен од генералот Аугусто Пиноче беше одбележана завчера и, како и секоја година, имаше судири со полицијата. Со едногласна одлука Апелацискиот суд во Сантијаго ја затвори истрагата за смртта на поранешниот претседател Аљенде

точно 39-години подоцна. Посмртните останки на Аљенде беа ексхумирани на почетокот на 2011 година за да се открие како починал. Странските политичари и новинари веруваа дека постои можност Аљенде да бил убиен од учесник во ударот, додека други сметаат дека станува збор за „помогнато самоубиство“, во кое тој се обидел да се самоубие, но не успеал, по што неговиот телохранител му помогнал. Салвадор Аљенде беше првиот марксист избран за претседател на Чиле во 1970 година.


ВЕСТИ

Четврток, 13 септември 2012 година

3

БИТОЛСКИТЕ ТАКСИСТИ ОДРЖАА МИРЕН ПРОТЕСТ Такси-превозниците од Битола вчера одржаа предупредувачки едночасовен протест, блокирајќи го сообраќајот пред административната зграда на општина Битола од каде чекаат одговор на нивното барање за зголемување на цената на услугите за такси-превозот. - Барањето го поднесовме во согласност со промените во Законот за такси-превоз во Република Македонија, како и со зголемувањето на цената на горивата, а за да се одржи рентабилноста, да се запази квалитетот на услугата и да се продолжи со работа според пропишаните законски регулативи -

изјави Ѓорги Пановски, претставник на Здружението на лиценцирани автотакси-превозници од Битола. Битолските таксисти бараат актуелната цена од 20 денари да се зголеми на 30 денари со вклучен еден километар или да се зголеми цената на изминат километар од 20 на 25 денари по поминат километар. Според претседателката на Советот на општина Битола, Силвана Ангелевска, користењето на демократското право за протест е легална форма, а така постапува и општинскиот совет каде во соодветна процедура ќе биде разгледано барањето на битолските таксисти.

ЈАПОНИЈА И КИНА ЅВЕЧКААТ СО ОРУЖЈЕ САД вчера упатија предупредување до Кина и до Јапонија да не дозволат ескалација на спорот околу островите на кои двете земји полагаат право бидејќи тензиите меѓу втората и третата економска сила во светот имаат огромни последици. Јапонија деновиве ги отфрли острите предупредувања на Пекинг, соопштувајќи дека ги купила островите од приватен сопственик. Кина го повтори предупредувањето до Јапонија, а кинеските државни медиуми јавија дека Пекинг испратил два борбени бродови во водите околу спорните острови за да го потврди својот суверенитет. Помошникот на државниот секретар, Курт Кемпбел, во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон повика на сталоженост од двете страни. - Верувам дека мирољубивиот дијалог и зачувувањето на мирот и на стабилноста секогаш се најважни, но

особено сега, во овие околности - истакна Кемпбел. Од друга страна, кинеското министерство за одбрана предупреди дека може да следи преземање нови чекори.

РОМАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЌЕ ОТПУШТИ 1.000 ВРАБОТЕНИ Околу 1.000 вработени во романската државна телевизија ТВР ќе ги изгубат работните места бидејќи телевизијата има долг кој надминува 145 милиони евра. Клаудиу Сафтоју, новиот генерален директор на ТВР, ги известил синдикатите дека до 20 ноември ќе бидат укинати 962 работни места во рамките на процесот за преструктурирање, кој инаку е дел од програмата за економско обновување на телевизијата. Заклучно со минатиот месец, во ТВР работеле 3.302 луѓе, а со програмата за преструктурирање предвидено е бројот на вработени да биде максимум 2.340.

ВО ПОЖАРИТЕ ВО ПАКИСТАН ЗАГИНАА 261 ЛИЦЕ Во пожарите во двете пакистански фабрики во градовите Карачи и Лахоре загинаа 261 лице, соопшти вчера локалната полиција. Во пожарот, кој завчера избувна во текстилна фабрика во пакистанскиот пристанишен град Карачи, загинаа најмалку 236 лица, додека во вториот пожар во фабриката за обувки во Лахоре животот го загубија најмалку 25 лица. Раководителот на противпожарната служба во Карачи, Ехтешам

Салим, истакна дека фабриката е опасен објект во целина бидејќи е неквалитетно изградена, има пукнатини по ѕидовите и нема излези за евакуација. Повеќето од жртвите во таа фабрика починале како последица на задушување бидејќи работниците не можеле да побегнат од приземјето, додека останатите скокале од повисоките катови на фабриката. Во пожарот се повредени десетици лица од вкупно 450 работ-

ници во фабриката. Полицијата веднаш го приведе сопственикот на фабриката во Карачи и поведе истрага против него. Причините за пожарот во двете фабрики се сè уште непознати. - Сопствениците многу повеќе водат сметка за облеката, отколку за вработените - изјави Мохамед Первез, еден од работниците. Објектот на фабриката во Лахор била нелегално изграден во станбен кварт на градот.


4

ВЕСТИ

Четврток, 13 септември 2012 година

ЗАГРЕБ СЕ ПОНУДИ ДА БИДЕ МЕНТОР ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БРИСЕЛ

Хрватска ќе не турка во ЕУ и во НАТО

Новиот хрватскомакедонски договор вчера го најави помошникот министер во министерството за надворешни работи, Хрвоје Марушиќ, која нагласи дека искуството во патот на Хрватска кон ЕУ за Македонија може да биде драгоцено и дека тоа треба да се искористи

Х

Игор ЧАВЕСКИ

рватска ќе à понуди на Македонија договор за евроатланско партнерство, кој преку конкретни мерки и разменување искуства треба да помогне земјата што поуспешно да ги финализира преговорите со Европската Унија и да добие покана за прием во НАТО. Новиот хрватско-македонски договор вчера го најави помошникот министер во управата за ЕУ во министерството за надворешни работи, Хрвоје Марушиќ, која нагласи дека искуството во патот на Хрватска кон ЕУ за Македонија може да биде драгоцено и дека тоа треба да се искористи. - Се надеваме дека ќе можеме да ја формализираме ова соработка преку договорот за евроатлантско партнерство што ќе à го предложиме и на Владата. Ние не сме овде да ви држиме предавања, ние сме овде да ве прашаме кои се вашите потреби

и да се обидеме да обезбедиме што е можно поконкретна и пофункционална помош. Ние нема да држиме лекции, туку оваа размена на искуства ќе ја направиме преку дијалог во кој Македонија ќе биде партнер во процесот - објасни Марушиќ. Хрватска лани ги финализира преговорите со ЕУ, а официјално ќе à се приклучи на Унијата следната година. На потпишувањето на договорот за прием хрватските власти нагласија дека преговорите биле мачни и исцрпувачки и дека проблемот со корупцијата и спорот со Словенија биле најкрупните предизвици со кои се соочиле. Македонија, пак, сè уште е далеку од почеток на преговорите со ЕУ. По седум години кандидатски статус и три препораки за почеток на преговорите, спо-

рот за името со Грција е единствената причина поради која Европскиот совет одбива да одреди датум за отварање на преговорите. Како еден вид утешна награда, ЕУ на почетокот на годината првпат воспо стави нов вид разговори наречени пристапен дијалог на високо ниво и дозволи Македонија да почне преговори за поглавјата 23 и 24, во кои спаѓаат право судството, фундаменталните права и слобода и безбедно ста, кои важат за едни од најтешките. Вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи, вчера нагласи дека овие поглавја се најчувствителни и дека е неопходно да се зајакнат административните капацитети. Целта, пак, на дијалогот на високо ниво беше преку конкретни мерки и цели земјата да биде

што поподготвена за преговорите кога тие и официјално ќе почнат. Комесарот за проширување Штефан Филе в понеделник доаѓа во Скопје на финална инспекција на сработеното од дијалогот. По по сетата на коме сарот, Европската комисија ќе го објави и извештајот за напредокот на Македонија, во кој се очекува повторно да биде повторена препораката за преговори. Сепак, малку е веројатно дека препораката ќе ни донесе датум за почеток на преговорите, откако претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпуј по средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Брисел минатата недела беше дециден дека решавањето на спорот за името останува главниот услов за нивен почеток.


ВЕСТИ

Четврток, 13 септември 2012 година

5

ВЛАСТА СЕ ДОГОВОРИ, ОПОЗИЦИЈАТА СЕ НАЛУТИ

ДУИ влезе, СДСМ излезе Тони АНГЕЛОВСКИ

П

ратениците на ДУИ вчера се вратија во собраниските клупи да ги гласаат законите предложени од Владата иако само еден ден претходно излегоа од собраниската сала и најавија дека со бојкот ќе ги блокираат сите закони. Враќањето на ДУИ во собраниската сала предизвика лавина реакции и навреди од пратениците на ДПА, а СДСМ ја напушти собраниската сала, со што повторно се блокирани законите од европската агенда за кои е потребно двотретинско мнозинство. Од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ не признаваат јавно дека се договориле, но, според неофи ци јал ни те ин форма ции од овие партии, договорот е ДУИ да се врати во Собранието и да продолжи усвојувањето на зако ни те, а за ко нот на бра ни те ли те ни ко гаш да не се до не се затоа што бе ско неч но ќе се бло ки ра од прате ни ци те на ДУИ во комисиската расправа. Наводно, во наредниот период би тре ба ло де се сер ви ра ат и низа афери за да се покрие кавгата околу законот за бранители и да се тргне вниманието на јав но ста. Дел од прате ни ци те на ВМРО-ДПМНЕ, пак, како и не кои провла ди ни меди уми, уште вчера тврдеа дека ДУИ се врати ла во Со бра ни е то под притисок на САД и на ЕУ, кои не са ка ле да доз волат кри зата да ескалира. Од двете владејачки партии вче ра потврди ја и дека би било лудост да се оди на избори во пре срет на очекува ни от по зи ти вен из ве штај и во ус ло ви ко га ре зул татот на из бо ри те не би сме нил ни што драстично иако информациите во претходните денови беа со сема поинакви. На почетокот на вчерашното продол же ние на 40. со бра ниска седница, координаторот на ДУИ, Та лат Џафери, побара збор и со оп шти де ка ДУИ се

ДУИ се враќа во Собранието за да гласа за европските закони, а законот за бранители ќе заглави во бесконечната комисиска расправа

вра ќа затоа што не са ка да се ис пречи на европ ски от пат на земјата. - ДУИ го става целиот свој потенцијал за блокирање на законот за бранители и ќе ги искористиме сите институции што ги овозможува деловникот. Ние покажавме дека можеме да гласаме и против закони предложени од наши министри. Но, нема да дозволиме да се загрози позитивниот однос на ЕУ кон земјата и ќе гласаме за останатите закони на оваа седница рече Џафери. На неговата дискусија реагираше пратеникот на НДП, Изет Зекири, кој го праша Џафери зошто ДУИ сега попушта, самиот заклучувајќи дека се работи за игра. По него за збор се јави Игор Ивановски од СДСМ и побара од ДУИ да дообјасни дали ќе ги поддржат другите 19 закони кои се на дневен ред и побара пауза од еден час. Без

вооппшто и да чекаат спикерот Вељаноски да одговори на барањето, пратениците на СДСМ ја напуштија салата и Вељано ски беше принуден да даде пауза. Во паузата Ивановски во прес-центарот им соопшти на новинарите дека СДСМ нема да се врати во собраниската сала дури ДУИ не одговори дали ги усогласиле ставовите со ВМРО-ДПМНЕ и да ли ќе гласаат за прео станатите закони, со што стана невозможно да се гласа за законот за следење на комуникациите затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство, кое не може да се обезбеди без присуство на СДСМ на седницата. - Прашуваме дали ги усогласиле ставовите и ќе гласаат „за“. Сè додека јавно ста не добие одговор, ние нема да влеземе во са лата. Во оној момент кога ќе добиеме потврден одговор од ДУИ, ние ќе влеземе во

салата - рече Ивановски. Поради неприсуството на СДСМ, спикерот Вељано ски реши да го одложи гласањето за законот за следење на комуникациите за дене ска во 11 часот, а седницата да продолжи со расправа за законите за кои не треба двотретинско мнозинство. Потоа Имер Алиу од ДПА побара збор и распали по пратениците на Ахмети. - ДУИ гла са ше против днев ни от ред, а Ерми ра Мех мети најави дека за сите закони ќе гла сате против за потоа воопшто да не влегувате во са лата. Но, сега како ништо да не би ло. Ова е це лос но ком проми ти ра ње. Очиглед но Груев ски ви фрлил не ко ја ко ска со некој тендер. Вие минатите денови рековте дека сте шампиони и тоа е точ но, но во кате го ри ја на па ра олим пиј ци затоа што по ова вие сте осакатени - рече Алиу.


6

ВЕСТИ

Четврток, 13 септември 2012 година

ЕКСПРЕСНО ФОРМИРАН НОВ ПАРАЛЕЛЕН СИНДИКАТ НА КЛИНИКИТЕ

Протестот на лекарите доби контрапротест Б Менче АТАНАСОВА ТОЧИ

арањата на синдикатот и на лекарите на клиниките се нереални и затоа тие воопшто не биле ставени на дневен ред на завчерашната владина седница. Ова го изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, за кој анкетата направена на мал примерок граѓани што го прифатиле моделот за плаќање според сработеното е доволен доказ дека граѓаните го одобруваат овој проект. - Тие сакаат штрајк по секоја цена, а едната страна е сериозно условена. Владата во својата програма има предвидено зголемување на платите од пет проценти, но од 100 проценти, колку што бараат лекарите, едноставно не е возможно - изјави министерот Тодоров. Според него, проектот по кој лекарите сега си ја заработуваат платата може да биде ставен во мирување само доколку има сериозни недостатоци. - Од она што го гледам, моделот нема недо статоци освен фингирани податоци од некои лекари кои сакаат да дадат лажна слика за своето работење тврди Тодоров. И додека Тодоров не попушта, две недели пред најавениот штрајк во јавност се појави новиот паралелен синдикат на клиниките „Мајка Тере-

за“. Овој синдикат за кој многу се зборуваше на клиниките бил регистриран завчера. На негово чело стои доктор Горан Мицевски од Клиниката за уво, нос и грло. Кому и зошто толку му се брзало да се формира уште еден синдикат на клиниките кога таму има синдикат кој активно го застапува членството со години, останува непознато. - Одлучивме да го формираме овој синдикат бидејќи не одат работите со по стојниот синдикат. Тој нè носи на штрајк кој не води никаде. Овој синдикат е против штрајк бидејќи сметаме дека со протести не се постигну-

ва целта. Затоа уште веднаш ќе седнеме да преговараме со министерот Тодоров - изјави Мицевски. Тие бараат по пат на колективно преговарање да се зголемат платите толку колку што е возможно, а за проектот „Плата според сработеното“ да се преговара за да можат да се надминат слабо стите. Имаат и уште едно барање, а тоа е да продолжи трендот на вработување на медицински персонал со што ќе се надминел недо стигот од кадар. Од овој паралелен синдикат тврдат дека веќе имаат пристапници од 450 членови од клиниките.

Во по стојниот синдикат на клиниките се сомневаат дека новиот синдикат е продолжена рака на власта бидејќи е експресно формиран, а претседателот Мицевски не е законски избран на конгрес. Оттаму велат дека нема можност новиот синдикат да влијае на преговорите со министерот Тодоров бидејќи не се знае тој за кого и во чие име ќе преговара. - Ако седнат на преговарачка маса, ние ќе ги напуштиме преговорите. Се прашуваме кои се тие лекари што им е доволна оваа плата или, можеби, се стимулирани на друг начин и не им треба зголемување на плата - изјави за „Ден“ Дејан Ставриќ, претседател на синдикатот на клиниките. Штрајкот на лекарите од клиниките, на повеќе болници од внатрешноста, како и Градската општа болницата „8 Септември“ е закажан за 24 септември и ќе трае сè до исполнување на барањата. Во деновите на штрајкот ќе се примаат само итните случаи, а ќе се откажуваат операции и прегледи кои не се итни. Нема да биде загрозен ниту еден човечки живот, најавија од синдикатот. Во меѓувреме преговорите со министерот Тодоров се одвиваат континуирано, но без видлив напредок.


ПАРИ

Четврток, 13 септември 2012 година

7

НОВИОТ ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТ ФУНКЦИОНИРА

Две задолжници 24 милиони денари

Задолжницата станува реалност во Македонија, како уште еден квалитетен, сигурен и брз инструмент за обезбедување на плаќањата, кој, во суштина, ги штити, пред сè, доверителите, односно е во корист на доверителите бидејќи за нив овозможува поголем степен на сигурност дека ќе го наплатат побарувањето од должникот, додаде Ставревски. Но, како што рече, овој инструмент е корисен и за должниците, односно квалитетните фирми што сакаат да ја задржат добрата репутација, нема да имаат проблем и дилеми дали да издадат задолжница и на тој начин ќе се идентификуваат такана-

речените добри должници кои ги покриваат обврските со ваков нов инструмент. Министерот истакна дека задолжницата е дизајнирана на барање на бизнис-заедницата и е во корист на стопанствениците бидејќи овозможува сигурност на наплатата и овозможува едноставност на наплатата. - Предност е што на тој начин ќе се избегнат долготрајните судски постапки, како и трошоците што се поврзани со тие судски постапки и ќе може на многу побрз начин да се реализираат доколку е потребно да се ефектуира таа задолжница - истакна Ставрески.

Ориентален тутун и натаму ќе се сади и ќе се исплаќаат субвенциите Ориентален тутун и натаму ќе се сади и ќе се исплаќаат субвенциите, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, истакнувајќи дека препораките на Светската здравствена организација повеќе се однесуваат на зачувување на здравјето на пушачите, отколку на тие што произведуваат тутун. - Производителите на тутун можат да бидат спокојни. Нема ризик за македонските производители на тутун ниту, пак, има опасност од нама-

лување на субвенциите - рече министерот и додаде дека субвенциите на тутунарите за годинава се целосно исплатени во износ од 20 милиони евра во текот на мај и на јуни годинава. Во однос на препораките на СЗО што треба да се гласаат во ноември, Ставрески рече дека Владата ќе ги заштити интересите на Македонија и на производителите на тутун и во тој дел ќе заземе став во корист на македонската економија и на македонското земјоделство.

Ребаланс нема да има Одговарајќи на новинарско прашање, Ставревски рече дека ќе нема ребаланс на буџетот за годинава и оти веќе се почнати подготовките за буџетот за наредната година. - Во моментов сме во фаза кога сè уште ги добиваме информациите од буџетските корисници - рече Ставрески. Тој истакна дека нема да има зголемување на даноците. - Владата во програмата за 2011-

2015 година нема предвидено зголемување на даноците наспроти тоа што го прават многу држави, а неодамна и соседната Србија. Не планираме зголемување на ДДВ - рече министерот и додаде дека сите предлози на бизнис-заедницата Владата сериозно ги разгледува и дека ако може, ќе ги прифати. За повратот на ДДВ рече дека тоа се прави во согласност со законските норми.

Тој искажа уверување дека врз основа на интересот што го има од компаниите, инструментот ќе заживее добро и дека во овие тешки времиња, кога има нарушена ликвидност на стопанството, пред сè, поради европската криза, приватниот сектор ќе ја искористи оваа можност и ќе го користи инструментот што почесто за да се намали ризикот и неизвесноста од меѓусебните плаќања на стопанските субјекти. Концептот на задолжницата, како што посочи, е дизајниран како и во другите држави и како што бараше бизнис-заедницата. Овој инструмент ќе им помогне на фирмите што имаат долго-

годишен проблем со блокирани сметки. Се работи на расчистување на базата на податоци за да се види кои од тие се активни, а кои се згаснати и немаат намера да работат. Директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски, истакна дека издавањето на првите задолжници во првите десет дена од воведувањето упатува на тоа дека ова е добар инструмент кој ќе биде прифатен од бизнис-заедницата и ќе има значајна улога во подобрување на ликвидноста на претпријатијата. Според него, постојат сите услови тој да стане ефикасен инструмент за наплата на побарувањата меѓу фирмите.

Врз основа на член 50-а став 6 точка 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање (Сл. Весник бр. 137/07; 91/09; 124/10; 18/11 и 53/11) Градоначалникот на Општина Делчево, објавува СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавна презентација и јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за фотонапонска соларна централа со моќност до 500 kw на ДЕЛ 2 к.п. бр. 982 КО Стар Истевник-Делчево со намена Е2- комунална супраструктура (фотонапонска соларна централа). Се спроведува јавна презентација и јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за фотонапонска соларна централа со моќност до 500 kw на ДЕЛ 2 к.п. бр. 982 КО Стар Истевник Делчево со намена Е2-кумунална супрструктура (фотонапонска соларна централа) е со површина од 2084 м2. Овој локалитет е дефиниран со следните граници: - на североисток 983 и пристапен пат - југоисток со со страна на к.п. бр.933 - југозапад со к.п. 986 и - северозапад со 984/1 Јавната презентација ке се одржи на ден 17.09.2012 г во просториите на ГЕО СОЛАР , бул. „Македонија“ бб во Делчево (сала за состаноци) со почеток во 12,30 часот. Јавната анкета ке трае 5 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за фотонапонска соларна централа со моќност до 500 kw на ДЕЛ 2 к.п. бр. 982 КО Стар Истевник - Делчево со намена Е2- комунална супраструктура (фотонапонска соларна централа) ке биде изложена во просториите на Општина Делчево и во просториите главен влез во ГЕО СОЛАР. Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлоз на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила По завршувањето на јавната анкета и јавната презентација стручна комисија ке изготви извештај со образложение за неприфатени забелешки. Оваа решение влегува во сила со денот на донесувањето а да се објави во ,,Службен гласник,, на Општина Делчево. ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО Градоначалник Горан Малешевски


8

ПАРИ

Четврток, 13 септември 2012 година

УСТАВНИОТ СУД КАЖА „ДА“ ЗА ЕВРОПСКИОТ СТАБИЛИЗАЦИСКИ ФОНД

Германија доби зелено светло за спас на еврото

Судот во Карлсруе ги отфрли низата правни предизвици кои имаа цел да го спречат германскиот претседател Јоаким Гаук да ги потпише двете клучни мерки за спречување на економската криза во еврозоната

Г

ерманскиот Уставен суд го одби барањето за блокада на европскиот траен фонд за спас, вреден 500 милијарди евра, кој е наменет за 17 земји од еврозоната, пренесува „Дојче веле“. Во пресудата која ја следеше цел свет, Уставниот суд ги отфрли низата правни предизвици кои имаа цел да го спречат германскиот претседател Јоаким Гаук да ги потпише двете клучни мерки за спречување на економската криза во еврозоната. Осумте германски судии донесоа значајна одлука со далекусежни импликации за иднината на еврото, односно без нивното „да“ Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) немаше да профункционира. Оваа вест ги смири пазарите и инвеститорите и берзите кои стравуваа од нова политичка и продлабочување на економската криза во Европа. Овој фонд, кој ќе го полнат даночните обврзници, е значаен фактор во справувањето со должничката криза во заедничката монетарна унија бидејќи од него можат да позајмуваат државите од еврозоната заглавени во долгови, кои ги исцрпеле останатите можности за зајмување. Неодамна, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во своето обраќање пред Европарламентот истакна

дека земјите-членки на ЕУ мора да сфатат дека сите заедно мора да работат на решавање на финансиската криза. Сè уште не се знае кога германскиот претседател Јоаким Гаук ќе ја потпише мерката за спас, која парламентот веќе ја одобри. И покрај тоа што Уставниот суд во Карлсруе даде зелено светло за фондот, тој постави и одредени услови. Еден од главните е владата во Берлин при ратификацијата на ЕСМ да гарантира дека нема да биде надмината сумата со која земјата треба да учествува во овој фонд од 500 милијарди евра. Судот, всушност, налага да не

се надмине границата од 190 милијарди евра, максимална сума на пари која даночните обврзници во Германија може да ја издвојат за спас на останатите презадолжени членки на еврозоната. Доколку оваа сума се надмине, германскиот парламент има право да стави вето. За да не дојде до надминување на оваа граница, секоја транша или рата што ќе ја исплаќа Германија во овој фонд ќе мора да мине со одобрение на германскиот парламент. - Должноста на чување на професионална тајна, на која се обврзуваат вработените во фондот не смее да биде во


ПАРИ

Четврток, 13 септември 2012 година

конфликт со Бундестагот и неговото известување – наведе судот. Тој, исто така, нагласи дека Германија мора да осигура клаузула на неучествување во случај да процени дека нејзините интереси се загрозени. ЕСМ, всушност, треба да стане меѓународна финансиска институција, како Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Засега ЕСМ постои сè уште само на хартија. Ова тело ќе биде основано кога ќе бидат обезбедени 90 проценти од почетниот капитал на ЕСМ, а тоа се 630 од планираните 700 милијарди евра. Поради тоа сè уште нема датум на негово основање. Шеф на ова тело треба да биде директорот на досегашниот привремен Европски фонд за спас на еврото, Клаус Реглинг. За овој фонд е предвидено да располага со повеќе од 700 милијарди евра. Осумдесет милијарди евра треба да уплатат како сопствен капитал 17 членки на еврозоната, додека преостанатите 620 милијарди се гаранција кои овие членки неотповикливо треба да ги дадат. Сумата која ќе може да се позајмува е 500 милијарди евра, додека остатокот ќе стои во сефот како сигурност. Сопствениот капитал во висина од 80 милијарди евра државите ќе го уплаќаат на пет рати. Според демохристијанскиот пратеник Патрик Сенсбург, ова е добар механизам за заштита од кризата, но многумина сметаат дека ЕСМ не е доволно голем за да може да финансира спасување на држави или на банки. - Прашањето кое се поставува гласи: дали ЕСМ е доволно голем за да ги смири пазарите. Сметам дека тој не може да го стори тоа бидејќи ситуацијата во некои држави ескалира, пред сè, во Италија и во Шпанија. Со неограничени средства располага Европската централна банка(ЕЦБ). Таа најави дека од 6 септември ќе купува државни обврзници на земјите во криза доколку тие побараат помош од ЕСМ. Тоа значи дека ЕСМ и ЕЦБ ќе работат паралелно и координирано – вели бриселскиот економист Јанис Еманулидис.

НЕ СМЕЕ ДА ЗАЈМУВА ОД БАНКИ Во моментов не е предвидено ЕСМ да зајми пари од ЕЦБ за да ги проследи до земјите на кои им се потребни. - Во принцип, постои можност ЕСМ за да ја исполни својата задача, да набави пари на пазарите на капитал или од банките или од други институции. Но, тоа не го сакаме бидејќи сметаме дека 500 милијарди евра навистина се доволни. Не смее да се случи ЕСМ на тој начин малку по малку да го зголемува волуменот, а за него да гарантираат државите потписнички – вели германскиот пратеник Патрик Сенсбург.

9

Српскиот буџет ќе се крпи со руски кредит Русија ќе одобри кредит за Србија со кој ќе се пополнат празнините во буџетот, а со тоа ќе се овозможи редовно исплаќање на платите и на пензиите. Тоа е еден од резултатите од разговорите меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Со заемот од Русија, Србија, всушност, се спасува од банкрот бидејќи државната каса е

испразнета. На средбата во Сочи, Путин и Николиќ разговарале за што поскоро потпишување на стратегиски договор, а до крајот на годината би требало да почне и изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на територијата на Србија, како и со финансирање на низа проекти во областа на енергетиката, банкарството и на инфраструктурата.


10

ДОСИЕ

Приведени танчерки во Тетово Секторот за внатрешни работи Тетовово вторникот спроведе акциска контрола во уго стителскиот објект „Бабилон“ на улица Илинденска, односно во комплексот „Ловец“ во Тетово. Во објектот, сопственост на 29-годишниот С.З. од тетовското село Брвеница, биле затекнати седум девојки од Република Србија и една од нашата земја, на возраст од 20 до 29 години, кои работеле како танчерки. Странските државјанки, најмногу од Нови Сад, и сопственикот на објектот се приведени и задржани за натамошна по стапка, во која ќе се утврдуваат сите по едино сти околу нивниот пре стој и работа во објектот. По целосното расчистување на случајот, ќе бидат подне сени соодветни подне соци.

Повредените од Охрид се во тешка здравствена состојба

Четворицата повредени во сообраќајната не среќа што се случи завчера попладне на влезот во Охрид се хоспитализирани на скопските хируршки клиники. Според лекарите, кај тројцата возрасни и кај детето што се наоѓа ле во возилото се извршени оперативни зафати и сите се во многу тешка здравствена состојба и се наоѓаат во шок-соба. Во сообраќајната не среќа биле повредени седум лица во судир на три автомобили. М.А.Т.

Кривична пријава за управителката на „Лион фешн“ Полициската станица од Неготино подне се кривична пријава против Љ.Г.(36) од Кавадарци, управител на конфекциските фирми „Метал Еми текс“ ДООЕЛ Кавадарци и „Лион фешн“ ДООЕЛ Неготино за сторени кривични дела фалсификување или уништување деловни книги, измама, повреда на правата од работен однос и повреда на правото од социјално осигурување. Во периодот од март до мај 2012 година, пријавената ангажирала 55 лица како тек-

Четврток, 13 септември 2012 година

Кражба во Драчево

стилни работници во „Метал Еми текс“ - Кавадарци и „Лион фешн“, за што им ветила дека редовно ќе им исплаќа плата, како и дека ќе бидат здравствено и пензиско осигурани, но истото не го сторила иако лицата биле ангажирани со полно работно време. Исто така, по подне сување оставка од функцијата управител во „Лион фешн“ Неготино, уништила дел од деловната документација на фирмата, наме сто да му ја предаде на сопственикот.

Недозволено држење ловечка пушка

Секторот за внатрешни работи Битола подне се кривична пријава против Д.Ѓ.(27) од селото Бистрица за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Пријавениот подолг временски период во својот дом неовластено по седувал ловна пушка „ИЖ”, со калибар од 12 милиметри и 45 патрони за неа, кои минатата сабота на магистралниот пат од Битола кон државната граница со Република Грција се пронајдени при контрола во неговото патничко возило.

Во полициската станица во Драчево, во вторникот В.Ѓ.(55) од Скопје пријавил дека ноќта на улица Румена Хаџипанзова, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во неговата куќа и извршил тешка

кражба, одземајќи златен накит, рачен часовник и бижутерија, како и 1.200 евра, со што стекнал вкупна противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.


ДОСИЕ

Четврток, 13 септември 2012 година

11

„Детонатор“ во судница Во Ос нов ни от суд Скоп је 1 вче ра на об ви ни тел на клу па сед наа 16 об ви не ти од ак ци јата „Де то натор“, а по ли ци јата сè уште тра га по двај цата об ви не ти кои се недо стап ни за вла сти те на про го нот. Спо ред об ви ни тел ни от акт, си те 18 об ви не ти тре ба да од го ва ра ат за на си лен и за фи нан си ски кри ми нал. Се то ва рат де ка дејс тву ва ле ка ко ор га ни зи ра на гру па во не кол ку гра до ви во источ на Ма ке до ни ја. На по че то кот од суде ње то исказ да де пр во об ви не ти от, кој ги отфр ли си те об ви не ни ја про тив не го, ме ѓу кои и тоа за обид за убис тво. Во гру пата пр во об ви не ти е и со пру гот на пра те нич ка та на ВМРОДПМНЕ, Бе ти Куз ма нов ска, Го ран. Об ви ни телс тво то твр ди де ка тие сто ри ле кри вич ни де ла лих варс тво, од нос но де ка да ва ле за е ми со ви со ки ка мати, по се ду ва ње не ле гал на коц кар ни ца и де ка пре ку нив на аген ци ја за обез бе ду ва ње „Ти тан груп“ при нуду ва ле газ ди на фир ми да им пла ќа ат за обез бе ду ва ње. Акцијата што беше спроведена од полицијата резултираше со заплена на пове-

ќе од сто апарати за покер, пари и оружје. Во акцијата паднаа и неколку полицајци на раководни функции кои се

осомничени дека замижувале пред криминалните дејства. Полицијата го смени од началничка функција и Зоран Каширски.


12

СКОПЈЕ

Четврток, 13 септември 2012 година

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА КАПИТАЛНИОТ ПРОЕКТ КАЈ ЦРКВАТА „ СВЕТИ ПЕТА

Кружниот тек во Ѓор Петров пуштен во упо

Н

овиот кружен тек меѓу булеварите Партизански одреди и Македонска војска и улиците 4 Јули и Лука Геров, во општина Ѓорче Петров, од вчера и официјално е пуштен во употреба. Кружниот тек кај црквата „Св. Петар и Павле“ е изграден на ниво на постојниот коловоз, а во него се оформени две коловозни ленти, со ширина од 4,5 метри секоја. - Град Скопје го заврши овој капитален проект во предвидениот рок и реши еден од најголемите сообраќајни проблеми во оваа општина. Ова е втор кружен тек во општината Ѓорче Петров. Го поврзавме Ѓорче Петров со обиколницата, ја реконструиравме улицата Волковска, го пробивме булеварот Македонска војска до стадионот, изградивме пешачка патека по кејот на Вардар. Веќе три години, интензивно работиме за да го уредиме западниот влез во Скопје и да го измениме ликот на општината Ѓорче Петров на подобро, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој нагласи дека проектот за изградба на кружен тек меѓу булеварот Партизански одреди, буле-

варот Македонска војска, улицата 4 Јули и улицата Лука Геров е меѓу најголемите во Скопје, особено зашто ги решава долгогодишните проблеми на граѓаните. - На новоизградениот кружен тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ е поставено и ново улично осветлување. Монтирани се 20 столба за осветлување со 26 светилки. Во полза на новото сообраќајно решение е изведена и нова атмосферска канализација со профил од 300 милиметри, на должина од 180 метри, која ќе овозможи одведување на атмосферските води. Изведена е и заштита на постојната водоводна мрежа под коловозот, на должина од 80 метри. На изградба на новиот кружен тек во Ѓорче Петров работеа екипите на АД „Гранит“. Град Скопје во овој градежен зафат вложи околу 25 милиони денари - рече Трајановски. За изведба на завршниот слој на коловозот на новиот кружен тек е употребена мешавина на асфалт „сплит-мастикс“ наменет за поголемо сообраќајно оптоварување, односно за поминување на тешки товарни возила, кој не дозволува да се формираат

Република Македонија ИЗВРШИТЕЛ Ванчо Марковски именуван за подрачјето на Основниот суд Тетово

И.бр.989/2012

Врз основа на член 128 и 130 од Законот за основно образование (“Сл.весник на РМ” бр.103/08), ОУ “11 Октомври” – Скопје објавува

ОГЛАС

ЈАВНА ОБЈАВА ( врз основа на член 46-б, од Законот за измени и дополнувања на Законот за извршување, Сл.Весник бр.8 од 17.01.2008 година )

Извршителот Ванчо Марковски од Тетово постапувајќи по барањето за извршување на доверителот Алими Насир со ЕМБГ 0607970473027, против должникот Нади Идризи од Тетово со ЕМБГ 0611960340727 и живеалиште на ул. Струшка бр. 16 во Тетово, заради остварување на парично побарување во вредност од 1.258.884,00 денари на ден 07.09.2012 година го: ПОВИКУВА Должникот Нади Идризи од Тетово со ЕМБГ 0611960340727 и живеалиште на ул. Струшка бр. 16 во Тетово, заради доставување на налог за извршување И.бр. 989/2012 од 27.04.2012 година, изготвен врз основа на член 154 од ЗИ, како и налог за извршување И.бр. 1650/2012 од 15.06.2012 година, изготвен врз основа на член 157 од ЗИ во рок од 3 (три) дена од денот на последното 6 (шесто) објавување на ова јавно повикување во јавното гласило. Се предупредува должникот Нади Идризи дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат ги сносат самите странки. Ова објавување претставува ПРВА ОБЈАВА на јавниот повик. 07.09.2012 година Извршител Тетово Ванчо Марковски

за униформирање на ученици ОУ “11 Октомври” – Скопје, Центар, со седиште на ул. “Мирче Ацев” бр.102, 1000 Скопје, тел. 02 3164 551, има потреба од: 1. Униформирање на 640 ученика од 1 до 8 одделение: Заинтересираните правни субјекти да ги достават следниве потребни документи: l Барање – понуда l Решение и тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија l Приложување урнеци од ученички униформи l референтна листа Заинтересираните правни субјекти да ги достават своите понуди до ОУ “11 Октомври” – Скопје, ул. “Мирче Ацев” бр.102 – Скопје, во затворен неозначен плик. Огласот трае 3 дена од денот на објавувањето, заклучно со 17.09.2012 година до 10.00 часот. Сите пристигнати понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат. ОУ “11 Октомври” – Скопје


СКОПЈЕ

Четврток, 13 септември 2012 година

ТАР И ПАВЛЕ“

че треба

13

Се гради игралиште во Автокоманда

На улицата Ташко Караџа во Автокоманда, во тек е изградба на мултифункционално игралиште со терен за кошарка и со детско забавно катче со реквизити и изградба на паркира лиште, со што се уредува површина од

350 квадратни метри. Активно стите ги изведуваат фирмите „Чингар“ и „Инком“, а општината за оваа намена од буџетот издвои средства во висина од 1.000.000 денари.

Улицата Иван Милутиновиќ Стратешки план за развој пред реконструкција

вдлабнатини на коловозот. Пред влезот во кружниот тек, Партизанска е проширена со една коловозна лента од десната страна, гледано во насока кон Новоселски пат. По должината на булеварот Партизански одреди на оваа делница се изградени тротоари со ширина до 2,5 метри, кои се покриени со плочки. На местото на средишното зеленило на булеварот Партизански одреди е изградена жардиниера. По должината на булеварот Македонска војска и на улиците Лука Геров и 4 Јули се оформени тротоари од двете страни, широки до 4,5 метри, кои се покриени со плочки.

Оп шти на Цен тар на ско ро ќе поч не со комп лет на ре кон струкција на улицата Иван Милутиновиќ, која се протега од Руз вел то ва до ули цата Ле ни но ва, зад ТЦ „Бу ња ко вец“. На улицата ќе биде по ставен нов асфалт, тротоари и комплетно осветлување. За време на градежните работи ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а ќе биде по ставена и соодветна патна сигна лизација. Општина Центар ги замолува сите граѓани што живе ат, работат и минуваат во овој дел од градот да бидат трпеливи и да ја почитуваат по ставената сигна лизација.

Привремен сообраќаен режим на улица Козле Поради изведување градеж ни ра боти на ули цата Козле, сообраќајот од вчера е во цело сен прекин на потегот од крстосницата со ули ца Не ре шка до кр стос ницата со улица Кораб. По ра ди тоа, ка ко што ин форми ра ат од Град Скоп је, јав ни от пре воз на

патници на автобуската лини ја број 57 ќе поч ну ва и ќе за вр шу ва на кр стос ни цата со ули ца Не ре шка, пред бензинската пумпа на „Макпетрол“. Ва кви от ре жим на пре воз ќе се од ви ва до за вр шу ва ње то на гра деж ни те работи.

на Илинден

Во Општина Илинден вчера беше промовиран Стратешки план за локален економски развој за периодот 2012-2016 година, подготвен во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје. Стратегискиот план содржи конкретни цели и акциони планови за одржлив економски и социјален развој во насока на создавање просперитетна иднина во локалната зедница и во регионот. Во соработка со ОБСЕ, Општина Илинден го изработи и првиот стратегиски план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2006-2011 година. Зацртаните чекори во овој акционен план беа реализирани со 91 процент успешност, што придонесе за брз локален економски развој на општината, информираат од Илинден.


14

СВЕТ

Четврток, 13 септември 2012 година

ПО НАЈАВИТЕ ЗА НОВО КАСТРЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Грците повторно на нозе

У

чители, лекари и воени лица вчера излегоа да штрајкуваат во Грција против планираното намалување на платите. Во исто време, и сите општини во Грција до денеска остануваат со затворени врати заради намалено финансирање, пренесува „Дојче веле“. Лекарите од болниците прогласија 24-часовен штрајк, најавувајќи дека од 17 септември во нивниот протест ќе се вклучат сите државни болници. Продолжуваат и протестите на фармацевтите поради неисплатените обврски од државата и намерата на владата да го либерализира пазарот. Освен лекарите и фармацевтите, 24-часовен штрајк вчера прогласија и учителите во основните училишта. Професорите во високите институти штрајкуваат од петокот. Синдикатот на државните службеници АДЕДИ прогласи тричасовно запирање на работата за да им го олесни учеството во протестите на вработените во секторот образование. Најавите за намалување на платите и за кастрење на средствата за одредени институции и сектори е дел од мерките на кои е принудена грчката влада, која треба да ги испочитува преземените обврски и да го забрза

заздравувањето на економијата. Такво ветување даде грчкиот премиер Андонис Самарас на средба во Франкфурт со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги. Според грчкиот премиер, Драги го признал напредокот, одбележан од Грција. Сепак, во

соопштението од ЕЦБ ја потсетија Грција дека „пред неа стојат уште големи предизвици“. Грција мора да намали уште илјадници работници од државниот сектор, да ја спроведе приватизацијата на државните претпријатија и да биде поефективна во собирањето даноци.

Од овие реформи директно зависи и следната транша помош од европските кредитори. Но, Грците, од својата страна, велат дека целиот товар паѓа на нивни грб и оти не гледаат светло на крајот од тунелот бидејќи состојбата секојдневно е сè полоша.


СВЕТ

Четврток, 13 септември 2012 година

15

НАПАДНАТИ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСТАВНИШТВА ВО ЛИБИЈА И ВО ЕГИПЕТ

Израелски режисер ги запали Бенгази и Каиро Во нападот во Бенгази беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс

И

зраелскиот режисер Сем Басил се крие од завчера бидејќи неговиот филм „Невиноста на муслиманите“, во кој упатува жестоки критики кон муслиманскиот свет, предизвика напади врз американските дипломатски мисии во Каиро и во Бенгази. Во нападот во Бенгази беа убиени американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца вработени во конзулатот, пренесува американскиот печат. Во изјава за „Асошиејтед прес“, Басил рече дека „исламот е рак“ и оти сакал неговиот филм да биде провокативна порака против исламот. Во излив на бес против овој филм, ултраконзервативните исламисти го нападнаа со ракети и го запалија американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, при што беше убиен амбасадорот заедно со уште тројца вработени. Стивенс се задушил од ча-

дот што ја зафатил зградата по пожарот. - На Либијците не ми се допаѓа некој да им кажува нешто лошо за нивниот пророк Мухамед. Тој не е Осама бин Ладен, тој не е некој друг, тој е нашиот пророк - изјави еден од тие што протестираа во Бенгази. Во Каиро, пак, во знак на протест против филмот, демонстрантите го прескокнаа ѕидот на американската амбасада, го искинаа американското знаме и го заменија со црно со исламски написи. САД го осудија насилството во Либија и во Египет истакнувајќи дека осудуваат секаков намерен обид за негирање и за загрозување на верските верувања на другите, но оти нема никакво оправдување за вакви насилни акти. Контроверзниот Басил е 56годишен калифорниски бизнисмен кој се занимава со недвижнини и се претставува

како израелски Евреин, вели дека неговиот филм ќе à помогне на неговата татковина така што ќе ги открие сите мани на исламот. - Исламот е рак и точка - повторува Басел. Двочасовниот филм е снимен за пет милиони долари, со донации од стотина Евреи. Рекламната најава за филмот може да се види на „Јутјуб“, а во неа актери аматери упатуваат навреди кон пророкот Мухамед, чии следбеници се претставени како силеџии. Мухамед, пак, е

Обама нема време за Нетанјаху

Белата куќа ги демантираше извештаите дека постои судир меѓу американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за иранската нуклеарна програма и оти шефот на Белата куќа одбил да се сретне со израелскиот премиер, пренесува „Асосиејтед прес“. Портпаролот на Белата куќа, Томи Виетор, изјави дека ниту имало ниту било одбиено барање за средба меѓу двајцата политичари бидејќи го немало. Интересно е што Белата куќа се јави откако Нетанјаху упати жестоки критики кон Вашингтон бидејќи не одредил црвени линии кон Техеран за неговата нуклеарна програма. Тој рече дека станува јасно оти дипломатијата не функционира за иранското

прашање. - Светот му вели на Израел: „Чекај, сè уште има време“. Но, јас велам: За што? До кога ќе чекаме. Оние од меѓународната заедница кои одбиваат да ставаат црвени линии пред Иран немаат морално право да стават црвено светло

пред Израел - истакна Нетанјаху. Израелскиот премиер ја критикуваше американската администрација затоа што го одби неговото барање да му се одредат на Иран конкретни рокови, кои мора да ги испочитува. Израел предупредува дека истеку-

претставен како измамник и човек кој одобрувал сексуално злоупотребување на деца. Овој филм ги разгневи муслиманите, кои го сметаат за навредливо секое прикажување на Мухамед. Објавувањето на 12 карикатури со муслиманскиот пророк од еден дански весник во 2005 година предизвика протест во многу муслимански земји. Филмот „Невиноста на муслиманите“ е снимен за три месеци, а во целост е прикажан само еднаш во речиси празно кино во Холивуд. ва времето за спречување на Техеран да создаде атомска бомба, а американскиот министер за одбрана Леон Панета завчера, пак, даде изјава со која го негира тоа. САД ќе имаат околу една година за да преземат акција ако Иран реши да создаде нуклеарно оружје, рече Панета. Аналитичарите ги толкуваат жестоките критики од Израел кон Вашингтон како обид на Израел да изврши притисок врз претседателот во пресрет на изборите. Ова е уште еден доказ дека Обама и Нетанјаху имаат различни ставови за тоа како да се дејствува кон Иран. Израел покажува нетрпение и турка итна воена акција за напад на иранските нуклеарки, додека Обама и натаму се надева дека преку дипломатијата и економски санкции ќе го натера Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма.


16

ДЕН И НОЌ

Четврток, 13 септември 2012 година

Тамара, Белов и Биба Додева меѓу учесниците на„Макфест 2012“ Биба Додева, Александра Пилева, Тамара Тодевска, Александар Белов се само дел од популарните изведувачи што ќе настапат на 27. издание на фе стивалот на забавни мелодии „Макфест“ кој оваа година ќе се одржи на 12, 13 и на 14 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Концептот на музичката програма со та лентирани изведувачи и квалитетни композиции, кои потоа ќе станат хитови вредни за паметење, е надополнет со учество на многу популарни артисти кои одамна не сме ги виделе на фе стивалските сцени. - Рефрените од песните на годинешното издание на „Макфест“ веќе се вртат на радио станиците, па фе стивалската публика има можност да ги слушне, да добие прет става каква музичка програма ќе понуди фестивалот оваа година и делумно да си одбере свој фаворит за кој ќе може да гласа во деновите на одржување на

фе стивалот – изјавуваат организаторите „Нова икс идеја“. Атрактивни го сти од домашната музичка сцена и од странство кои настапуваат во дополнителната програма е неизбежен дел од секој „Макфест“, па и оваа година организаторите најавуваат изненадувања за публиката која ќе биде присутна во Штип на 27. издание на фестивалот.

Лоба

Влатко Илиевски

Вистински миленици на естрадата Слободанка МАРКОВАЧЕВА

стор, Олгица Менкова на виолина, Александра Димитриевска Колевска, виолина, Милена Тодоровска, исто така на виолина, Фана Спирковска на виола, Александра Петковска, виолончело, Митко Иванов на контрабас. Концертот ќе почне во 19.30 часот.

Т

ие се семејни миленици и рамноправни членови во домот. Не зависно од нив ната рас а, ми ле ни ци те се не пре су шен из вор за забава и за дружење. Дека животните се тие што ја но сат позитивната енергија во домот, ќе кажат и поголемиот број јавни лично сти. Најче сто имаат куче или мач ка. Акте рот Ки рил Поп-Хри стов и не го вото се мејство не можат да го замислат сво е то се којд не вие без мачорот по име Милисав и без кучето од расата пинч, Кларинка. - Моите животни се повеќе

од луѓе и воопшто не се миленци, ние можеме да им бидеме ми ле ни ци, за што нè ше та ат три пати на ден и ко га не ма ме жел ба. Затоа мо јата Кла рин ка живее само сто ен, не зависен и слободољубив живот, за разлика од си те ку чи ња кои до се га сте ги срет на ле. Си јам ски от мачор Милисав, пак, е приказна са ма за се бе, ко ја со за до волс тво тој ќе ви ја рас ка же доколку му доне сете најскапа и најква литетна храна - вели Кирил Поп-Христов. Мики е името на мачката на Мартин од рок-дуото „Некст тајм“. Ве ќе две годи ни тие во сво јот дом го чу ва ат маче то и ве лат де ка не можат да го за мислат секојдневието без игри-

те и обврските кон неа. Мики е првото милениче што го имаат. Иако претходно не биле големи љубители на овие животни, сега велат дека мачките се иде а лен семеен пријател. - Пред да дој де Ми ки во на ши от дом, бев ме мал ку скеп тич ни околу мач ки те. На шата ми ле нич ка ја до не се од ули ца по ста ри от брат и от то гаш таа е со ста вен дел од на ши те жи во ти. Јас сум за дол жен се кое утро да ја на хра нам, да à ку пам хра на и си те оста нати об вр ски око лу неа. А штом лег нам да спи јам, Ми ки ми воз вра ќа со до за преде ње за сла док сон - ве ли Мартин Фи ли пов ски. И пејачот Влатко Илиевски

е љуби тел на мач ки те. Тој ги има по старата Бела и нејзиното ма леч ко, Оскар. Поп-пе јач ката Ви кто ри ја Ло ба ве ќе неколку години го чува кучето од рас ата пи ки не зер по име Нола и е неј зи ната нај вер на другарка од животинска рас а.

Каролина Гочева: Ниту сум бремена, ниту здебелена Откако српскиот портал „Пулсонлајн“ објави информација дека македонската поп-пејачка Каролина Гочева е бремена, на нејзината официјалната обожавателска страница на „Фејсбук“ стои следниот статус: „Да одговориме на прашањето на српски „Пулсонлајн“, Каролина ниту е здебелена ниту е бремена“. Шпекулациите околу нејзи-

ната наводна бременост и здебелувањето се појавија откако Каролина настапи на манифе стацијата по повод Денот на не зависно ста на Македонија. Таа беше облечена во долг те сен црвен фистан кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Каролина е популарна и актуелна и во Србија, па оттаму излегува и трката со предвремени и непроверени информации.

17

Српска манекенка повредена на снимање

Мики - Некст Тајм

Кили

Концерт во Неготино на виолинистките од „Скопје лејдис оркестра“ Во организација на НУ центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино и на Министерството за култура, вечерва на плоштадот во Неготино ќе се одржи концерт на класична музика на „Скопје лејдис оркестра“. Во рамките на концертот ќе настапат Марина Чадо, концерт-мај-

ДЕН И НОЌ

Четврток, 13 септември 2012 година

Несреќа како на скриена камера. Српската манекенка Александра Николиќ поради повреди за време на снимањето на еден видеоспот во Бејрут поминала три дена во болница. Младата манекенка и заштитно лице на модната куќа „Кристал“ работела на кампањата за една позната светска марка, а за време на паузата, прелетала низ стаклена врата и завршила во болница.- Отидов да се преслечам, а продуцентот ја затвори вратата. Бидејќи стаклото беше кристално чисто, не забележав дека вратата е затворена. Многу брзав, удрив силно и пролетав низ стаклото. Почувствував силна болка, имаше стакло на сите страни. Ми беше ужасно да гледам парчиња стакло во мојата рака и нога. Многу се плашам од крв, па локвата крв на подот дополнително ме исплаши - раскажува Александра.Во болница била задржана три дена, па била пуштена на домашно лекување. Наместо неа, рекламата ја завршила дублерка, а манекенката допатувала во Белград каде одмора пред патувањето за Мајами.


18

КУЛТУРА

Четврток, 13 септември 2012 година

ОД 21 ДО 26 СЕП ТЕМВ РИ ВО МКЦ ЌЕ

МОТ почнува со но

Т „Жената...“ на Теона Митевска влезе во трката за европскиот „Оскар“ Последниот филм на режисерката Теона Стругар Митевска, „Жената која ги избриша своите солзи“, е одбран за 25. издание на Европските филмски награди. Фе стивалот кој ќе се одржи на 1 декември во Малта претставува големо до стигнување за европските филмски работници и неговото значење е на нивото на американските награди „Оскар“.

Во конкуренцијата за награди се дури 47 филмови од 31 земја. Околу 2.700 членови на европската филмска академија до 3 ноември ќе ги гледаат филмовите и ќе гласаат за награди во различни категории. Потоа, номинираните филмови ќе бидат соопштени на 3 но ември, во Севилја, Шпанија, а официјалното доделување на наградите ќе се случи во Малта на 1 декември.

Невена Поповска

рие сет и седмото издание на МОТ годинава почнува со нов совет на фе стивалот, во кој членуваат Љубиша НикодиновскиБиш, Златко Стефковски, Зоја Бузалковска, Жанина Мирчевска, Нина Николиќ, Билге Емин, Никола Ристановски, Ванчо Богоев и Русе Арсов. Фе стивалот ќе се одржи од 21 до 26 септември под мотото „Нешто е гнило...“, а од претставите кои ќе може да се погледнат, организаторите ги издвоија: „Гоб скуад“ - трупа составена од англиски и германски уметници кои претставуваат една од најиновативните современи изведувачки трупи во Европа, настапот на Албанскиот театар со „Питачка опера“, „Конфузија“ на Билјана Радино ска, „Хипермнезија“ во

режија на Селма Спахиќ и, секако, гостувањето на Словенско младинско гледалишче со „Мефисто“ во режија на Едуард Милер. Во рамките на фестивалската програма е предвидена и работа врз актерски импровизации од кои настануваат мали, кратки ситуации, сцени, под наслов „Кратки резови“, кои ќе се реализираат во соработка со Аида Буквиќ. Основоположникот на МОТ, Љубиша Никодиновски-Биш, годинава ќе има свое претставување под наслов „МОТ: Зошто, кога, кој, како - Ние одиме понатаму!“, на кое ќе проговори за искуствата од до сегашните 36 изданија, со повеќе од 600 претстави од педе сетина земји од сите страни на светот. Александар Опиц ќе одржи работилница за независниот театар во Македонија и во регио-

Две изведби на „Јованче и Марика“ на сцената на МОБ

Оперската бајка за деца „Јованче и Марика“ од Енгелберт Хумпердинк на сцената на МОБ ќе биде изведена дене ска, со почеток 12 часот и утре во 19 часот. Ди ри гент на прет ста вата е Бисера Чадловска. Режијата е на Ни на Нај де но ва од Бу га ри ја, а сце но гра фи ја е на Бо рис лав Стој нов од Бу га ри ја. Ко сти мо гра фи ја е на Ма ри ја Пу пу чев ска, ко ре о гра фи јата на Ол га Пан го, а

кон церт-мај стор е Кли мент Тодо ровски. Во улогата на Петар (таткото) ќе настапи Невен Силјановски, Гертруда (мајката) Александра Лазаровска Василевски, а во улогата на Јованче ќе настапи Билјана Талеска. Марика ќе ја толкува Ана Ројдева Талевска, вештерката – Десанка Глигоријевиќ, самовилата на ноќта – Нада Талевска, а раскажувач е Кирил Андоновски.

Изјава на денот

„Се чини дека светот е поделен на добри и лоши луѓе. Добрите луѓе помирно спијат, но лошите повеќе уживаат кога се будни.“

Вуди Ален

Отворена изложба на дела од 49. Струмичка ликовна колонија Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица отворена е изложбата на дела создадени на годинашнава 49. Меѓународна струмичка ликовна колонија. Според промоторот Васил Ѓорѓиев, Меѓународната струмичка ликовна колонија е нишка која своите почетоци ги бара и наоѓа во средновековното византиско сликарство, кое по стоело во многубројните манастири во овој крај, со современите свет ски трендови во уметно ста. - Речи си пет де це ни ско то оп сто ју ва ње и созда ва ње на риз ни ца со по ве ќе од 2.000 де -

ла, Ме ѓу на род ната струмич ка ли ков на ко ло ни ја ја пра ви да би де единс тве на и пре поз натли ва ма ни фе ста ци ја на про сто ри те на ју го и сточ на Евро па. Стру ми ца и Ма ке до ни ја се бла годар ни и гор ди што во безмал ку поло ви на век се инс пи ра ци ја и ме сто за сред ба и за кул ту рен нат пре вар ме ѓу умет ни ци те од цел свет - рече Ѓор ѓи ев. Традиционално, изложбата од 49. Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе биде отворена за по сета до крајот на октомври, по што ќе биде прене сена и прикажана во повеќе градови во земјава.


Четврток, 13 септември 2012 година

КУЛТУРА

19

СЕ ОДР ЖИ 37. МОТ

ов совет и со новини во програмата нот, која има цел да ги собере на едно место актерите од независната театарска сцена во Македонија, а ќе присуствуваат и претставници на независни театарски групи од Приштина, Софија и од Бања Лука. Европската Унија ќе се вклучи со видеопромоција на успешни проекти од програмата „Култура 2007-2013“, а годинава воведени се уште две новини и тоа: „Кинотеатар“ во чии рам-

ки ќе бидат прикажани проекциите на филмовите: „Пина“, „Уште еден куршум“, „ПеколЧистилиште-Рај“ и „На појадок со...“ каде секој ден од 11 часот ќе се организираат средби со учесниците на фестивалот. Буџетот на Фестивалот изнесува 6 милиони денари, од кои 1.500.000 финансира Град Скопје, а 4.500.000 Министерството за култура.


20

КУЛТУРА

Четврток, 13 септември 2012 година

Како ќе се ревидира Правописот В о Националната стратегија за развој на културата во Македонија за периодот 2012-2017, меѓу другото стои и: „Да се ревидира и да се осовремени Правописот на македонскиот стандарден (литературен) јазик“. Току оваа формулација предизвика жестоки дебати во јавноста околу потребата да се „ревидира“ македонскиот јазик и што тоа, всушност, значи. Па, советот на Институтот за македонски јазик се јави со објаснување за тоа во која насока ќе одат измените во јазикот. -Овoj предлог потекна од ИМЈ по низа долгогодишни интерни реакции меѓу научниците од ИМЈ, од една страна, и лекторите по македонски јазик, од друга, бидејќи во јавноста од страна на некои наши колеги, професори и доктори на филолошки науки се појавија реакции во кои беше речено дека се заговара „бугаризација на правописот“, велат од Институтот за македонски јазик. За да ја објасни гореспоменатата реченица, заради која во јавноста почнаа да се шират шпекулации, Институтoот за македонски јазик истакнува: -Ревидирањето на правописот во никој случај не значи целосно негово менување ниту, пак, скрш-

нување од веќе зацртаните насоки од првите составувачи на Правописот на македонскиот јазик во кои влегуваат големи и значајни имиња за македонската лингвистика, како што се: Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев и Радмила УгриноваСкаловска. Ревидирање на правопис и неговото осовременување не е непозната работа во рамките на одделните национални јазици, па со ова ни македонскиот јазик и неговиот правопис нема да бидат носители на некаков ексклузивитет. Ако се земе предвид дека јазикот е жива материја и во него се рефлектира секоја нова појава од севкупното човечко живеење (овде се мисли на новите термини од информатичката технологија, на новите називи и соединенија во хемијата, биологијата и во медицината, на новите историски и политички настани, на новите именувања на држави и на населени места, на новите тела во меѓународните организации и институции), тогаш дополнувањето на Правописот не само што не е избрзан потег, туку е и задоцнет. Во оваа смисла би требало главниот акцент да се стави врз неколку поглавја од постојниот Правопис на македонскиот јазик. Промените што ги предлага

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се Поглавјето „Употреба на големата буква“ треба се дополни со поголем број конкретни примери. Дополнување треба да добие и поглавјето „Слеано и разделено пишување на зборовите“. Да се дополни поглавјето „Скратеници и скратување на зборовите“ и да се заземе став како ќе се бележат кратенките кои доаѓаат најчесто од англискиот јазик, т.е. дали англиските кратенки само ќе ги транслитерираме со кирилични букви, каков што е, на пример, случајот со УНЕСКО, или ќе ги преведуваме, каков што е случајот со ООН. На претходното поглавје се надоврзува и поглавјето „Предавање на македонското писмо со латиница“. Во земјава коегзистираат две решенија за ова прашање. Едното е она старо познато и официјали-

зирано во Правописот, кој како таков е признат од ОН со една резолуција од 1977 (со што практично македонскиот јазик и писмо се признати од сите држави членки на ОН, вклучително и од Грција), а другото ја посочува предлогтранскрипцијата од еден поранешен состав на Советот за македонски јазик, направен за потребите на МВР при подготовки на лични документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи). Дополнување на правописот ќе треба да се направи и во обемното поглавје „Транскрипција на туѓите имиња“ во чија работа, покрај македонисти, ќе треба да дадат свој придонес и нашите колеги од странските јазични групи. Во поглавјето „Географски и други имиња“ да се направи збогатување со попис на сите населени места во Македонија, како и со нивните жители.

Заврши претставувањето на македонската култура во Марибор, градот на културата Со бурни аплаузи на публика, завчера во Словенечкиот театар во Марибор беа поздравени актерите на Драмскиот театар за изведбата на претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски. Со изведбата на „Хамлет“ беше заокружено претставувањето на македонската култура во рамките на манифестацијата „Марибор европска престолнина на културата за 2012 година“. На затворањето на манифестацијата присуствуваше и министер-

ката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која во своето обраќање истакна дека учеството на „Европската престолнина на културата“ е особено значајно затоа што постои можност да се прикаже сопствената култура. - Оваа ноќ Република Македонија и Република Словенија градат уште еден симболичен мост на нивните идентитети, на нивните многу слични историски и духовни мемории во трезорот на европската култура - рекла Канче-

ска-Милевска. Претходно во Марибор, министерката за култура се сретнала со директорката на манифестацијата „Марибор - европска престолнина на културата за 2012 година“, Сузана Жилиќ Фишер, која изрази задоволство што македонската култура е дел од овој значаен настан. Воедно, Фишер ги пренесе интересот и импресиите од настапите на македонските уметници Зоран Маџиров и неговиот состав и на музичката група „Ла колони

Волвокс“. Освен средбата со својот колега Жига Турк, во Љубљана, министерката за култура ја посети и Националната и универзитетска библиотека, каде што со директорката на библиотеката, Матеја Комел Сној, разговараше за идната соработка меѓу институциите од двете земји во областа на библиотечната дејност. Воедно на оваа институција и ја подари едицијата „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.


ФЕЉТОН

Четврток, 13 септември 2012 година

Фељтон

21

(9)

Наградуваниот европски бестселер „Собирач на светови“ е возбудлива приказна за извонредниот живот на сер Ричард Бартон, една од најинтригантните и најконтроверзните личности од викторијанската ера. Авторот за потребите на романот се упатил на тримесечно патување низ Танзанија по трагата на самиот сер Бартон, што на приказната à дава дополнителна автентичност. „Тројанов е извонреден раскажувач, неговата приказна содржи живописни слики на магија, на еротични средби и на ужас“ – „Тајмс литерари саплемент“ „Постојано задоволство... Тројанов ги ниже бројните наративни гласови во романот со совршен слух“ – Џајлс Фоден, автор на „Последниот крал на Шкотска“ „Волшебен роман“ – „Фајненшал тајмс“

ИЛИЈА ТРОЈАНОВ

ЕВРОПСКИOT БЕСТСЕЛЕР „СОБИРАЧ НА СВЕТОВИ“ „Во ред, во ред. Не правиме прирачник со магични дејанија.“ „Се ближел мигот на моето раѓање. Пред малата соба на моите родители се собрале сите слуги на махараџата кои во тој миг немале работа и сите се молеле ревносно да биде девојче. Трудовите потрајале, молитвите станувале пожестоки. Еден од нив довел пуџари, друг собрал пари, набавил кокосови ореви и венци. Не знам дали свештеникот навистина знаел молитви за раѓање девојче или само ги смислил набрзина. „Виртуоз на импровизацијата.“ „Што рековите?“ „Ништо. Само продолжи, не сакам да ти го одвлекувам вниманието.“ „Среде ноќ се отворила вратата – дотогаш пуџарито веќе одамна бил заминат, со татко ми биле останати само неколку пријатели – и излегла бабицата, држејќи го новороденото во своите раце. ’Прекрасно бебе‘, рекла таа радосно, ’силно и здраво, во одлична форма‘. ’Во одлична форма, каква врска има тоа, во одлична форма?‘ се развикал татко ми. ’Дали е девојче?‘ Во исцрпеноста, бабицата сосема заборавила на причината заради сето тоа развлекување и одговорила: ’Не, фала му на Кришна, машко е.‘ Татко ми се удрил по челото и вреснал толку гласно што чуварите веднаш дотрчале. Неговите пријатели се собрале околу него, обидувајќи се да го утешат. Никој не ја забележал бабицата, која повторно ме вратила во собата и ме положила покрај мајка ми. Се создала толкава вознемиреност што заборавиле да ми стават парче влажен памук на јазикот.“ „Добро, сега кога конечно се роди, сметаш ли дека би можел да ме просветлиш зошто ми го кажуваше сето ова. Сметаш ли дека полковникот Вистлер би сакал да знае дали би било подобро да си се родил како девојче?“ „Ме обзедоа сеќавањата.“ „Мораме да запишеме с¢ што дава добра слика за тебе. Треба да го претставиме твоето огромно искуство како слуга, да ги поставиме твоите моќи, да ги наброиме твоите успеси, да ги издвоиме твоите способности. Никој не сака да знае за лошата среќа што те следи. Тоа можеш да го споделиш со жена ти.“ „Немам жена.“ „Немаш жена? Да не си вдовец?“

„Не, никогаш не се женев. Бев вљубен, еднаш. Но не излезе на добро.“ „Гледаш. Тоа е важно. Отсекогаш си бил слуга, толку посветен на својата должност што дури и не си стасал да се ожениш.“ „Но тоа не беше причината.“ „Зарем е важно? Дали си сигурен кои се вистинските причини зошто нешто си го сторил или не си го сторил? Кој би можел точно да каже? Ајде, продолжи.“ „Татко ми не сакал да чека Видата да ми ја напише судбината; претпочитал да заштеди на ткаенина и слатки. Затоа веднаш ме однел кај своите роднини во Сурат. Им ги дал златните парчиња кои диванот ги беше оставил во неговиот џеб утрото по моето раѓање – татко ми изгледал толку збунето што диванот претпоставил дека се родило девојче – и во замена за миразот, ако може така да се нарече, роднините се согласиле да се грижат за мене. Јотишот му потврдил на татко ми дека несреќата може да се пренасочи, ако живеам доволно далеку од нив.“ „Дали конечно стаса до крајот на оваа неискажлива приказна? Ми го трошиш трпението повеќе од жештинава. Ајде да запреме овде. Ова ќе биде понапорно отколку што мислев. А и многу поскапо! Ќе ни бидат потребни неколку дена.“ „Неколку дена? Толку долго?“ „Не смееме премногу да се брзаме во пишувањето на писмово. Не штети што ми кажу-

ваш повеќе отколку што ни е потребно. Препушти ми мене да изберам. Но се плашам дека две рупии нема да бидат доволно. Ќе те чини повеќе од тоа.“ 4. ИСКАЖАНА НАКЛОНОСТ Никој не го беше предупредил Бартон дека во дрвената куќа која му беше доделена, не живеел никој со месеци – во Индија, ненаселените куќи не можат да се одбранат од годишните времиња. Однадвор немаше никакви знаци на оштетување, освен неколку скршени прозорци, но кога со влечење ја отворија чкрипавата врата, се покајаа во истиот миг. Смрдеата на мајмунски измет беше неиздржлива, ѕверска. Бартон одлучи да почека додека Наукарам донесе организирана помош и го расчисти местото, и остана покрај вратата гледајќи кон џунглата. Му беа доделиле бунгалов на крајниот агол од војничкиот логор, кој се наоѓаше на помалку од три милји југоисточно од градот; дива вегетација допираше веднаш до неговото дворно место. Дотолку подобро; си помисли; полесно ќе може да се држи настрана од своите колеги овде. Наукарам избриша еден стол од прачки и го довлече на верандата за да може Бартон да седне, гледајќи во оскудната градина: не баш голема, не баш бујна, и оградена со камен ѕид, но барем имаше дрво банјан и неколку раштркани палми. Би можел да врзе висечка мрежа за лежење меѓу нив.


22

МОЗАИК

Четврток, 13 септември 2012 година

АКТУЕЛНОСТИ

Шкотска – Македонија низ коментарите на „Фејсбук“ ТОМЕ: Нашиве го изгледале „Храбро срце“ пред почетокот на натпреварот. Чедо Јаневски = Вилијам Волис. ФИЛИП: Пандев ли е Меси ли е? МАРТИН: Македонската фудбалска репрезентација веќе втор натпревар по ред ме прави горд Македонец. Ме прави среќен македонски љубител на фудбалот, радосен и исполнет од она што го гледа и од она во што ужива. Веќе втор натпревар откако се сменија некои работи во ФФМ, гледаме дека сме можеле. Веќе втор натпревар како не се измачуваме со играта на нашата селекција и не спуштаме глава по промашените додавања, непожртвуваната игра,

неангажираноста и лефтерноста на нашите репрезентативци. Со вистински луѓе, со искрена работа и со заеднички обид да се поправат грешките од минатото и да се тргне кон светла и радосна фудбалска иднина, гледаме дека обидот дава плод. Редно е вистински луѓе да го водат фудбалот во Македонија. Редно е вистински стручен штаб да

статус: ВЕДРАНА ЃОРЃЕВИЌ Сите се тука кога ти е добро, а уште подобро е што не се присутни кога ти е лошо, барем ќе избегнеш лицемерство и глумење!

ја води репрезентацијата на Македонија. Редно е вистински репрезентативци кои со гордост и максимална ангажираност го носат дресот да играат за Македонија. Да играат за својата земја. ВЛАДИМИР: Браво момци, добра партија. Штета што не победивме! ВОИСЛАВ: Ибраими и Ивановски, неспособни едни!! ДАРКО: Браво за Чедомир Јаневски, каде беше досега? Да имавме малку повеќе среќа, ќе им ја наполневме мрежата на Шкотланѓаниве.

Се повикуваат сите колумнисти, слободни артисти и други креатори на слични дела, слободно да ни ги испратите вашите колумни, стории, фотовести, статии, лични погледи и реакции на работи што ви се чини дека ќе бидат интересни за пошироката публика за да бидат објавени во оваа рубрика, на facebook@den.mk

„KБО“, „Њу полис стејт“ и „Флукс“ во „Хавана“ В петок, на 14 септември, во летната дискотека „Хавана“, во Градски парк Скопје, концерт ќе одржат групите „КБО“, „Њу полис“ и „Флукс“. Легендарната панкерска група „КБО“од Крагујевац, основана во 1982 година, има издадено пет албуми досега, а по 17 години повторно настапува во Македонија. „Љу полис стејт“ е групата на браќата Перса и Шупак и е еден од најстарите панк-состави на македонската сцена. Групата „Флукс“, пак, е скопски панк-рокерски состав, основан во 1994 година и активно настапува сè до денес.


Четврток, 13 септември 2012 година

СПОРТ

23

БОГАТА ПАРИЧНА НАГРАДА ЗА ЗЛАТНАТА ПАРАОЛИМПИЈКА

30.000 евра од Владата за Наковска-Бикова

Успехот на златната македонска параолимпијка беше богато награден од Владата, а таа вчера беше на прием и кај премиерот Никола Груевски

З

Билјана Б. ПЕТРУШЕВА

латната македонска параолимпијка Оливера Наковска-Бикова за фантастичниот успех што го по стигна во Лондон е наградена од Владата на Р. Македонија со еднократна парична награда во висина од 30.000 евра. Вчера Наковска-Бикова имаше прием кај премиерот Никола Груевски. Македонската стрелачка на Параолимписките игри во Лондон го освои златниот медал во стрелање со воздушен пиштол – 10 метри, по ставувајќи и нов светски рекорд во оваа дисциплина. За Македонија ова е второ злато од Параолимписките игри по титулата што ја освои стрелецот Бранимир Јовановски во 1992 година на Параолимпијадата во Барселона, кога настапуваше под знамето на ИОК бидејќи Македонија сè уште не беше примена како рамноправна членка во олимпиското семејство. Со по стигнатиот успех, Наковска-Бикова стекна и право на спортска пен-

зија што ја доделува Агенцијата за млади и спорт. Со ре зултатот што го по стигна на својата трета Параолимпијада во Лондон, Наковска-Бикова влегува во конкуренција и за паралелен настап на Олимписките и на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Во параолимписките ква лификации, македонската стрелачка по стигна 381 поен, што е нов светски рекорд и резултат со кој Наковска-Бикова може да се натпреварува и на Олимписки игри. Златната македонска стрелачка најави дека веќе почнува да размислува на подготовките за новиот олимписки циклус. За реализација на нејзината цел во пре срет à излегува и Општина Битола, од каде à е ветена изградба на ново модерно стрелиште и добри услови за тренинг. - До сегашните резултати ги по стигнав тренирајќи во минимални услови, но добив ветување дека во иднина во Битола ќе биде вложено во изградба на нов терен со што ќе можеме во

добри услови да се подготвуваме за Олимписките и за Параолимписките игри во Бразил. Деновиве сè уште ги средуваме впечатоците по големиот успех

во Лондон, а потоа веднаш почнуваме со подготовки и со голема по светеност за следните искушенија - истакна Оливера Наковска-Бикова.

Цела поранешна Југославија на Евробаскет 2013 Кошаркарите на Србија во последен момент успеаја да изборат пласман на Европското првенство што ќе се одржи идната година во Словенија. Во мечот од последното де сетто коло, на домашен терен, избраниците на селекторот Душан Ивковиќ славеа над Израел со

83-67 и спречија катастрофа. Србите многу лошо ги играа ква лификациите и доживе аја четири порази во де сет меча, но на крајот, сепак, ја исполнија целта. Куриозитет е дека кошаркарските селекции на сите поранешни југословенски

републики обезбедија пласман на Евробаскет 2013 во Словенија. Македонија обезбеди пласман автомат ски, со четвртото ме сто на претходното Европско првенство во Литванија. На сличен начин, на ЕП во Словенија ќе се најдат и Русија, Франција, Шпанија, Грци-

ја, Литванија и Велика Британија. Од квалификациите, списокот на патници на ЕП 2013 го пополнија Црна Гора, Германија, Хрват ска, БИХ, Полска, Ита лија, Израел, Шведска, Украина, Грузија, Финска, Турција, Србија, Летонија, Белгија и Чешка.


24

СПОРТ

Србите со лева нога ги постигнаа сите шест гола Во второто коло од квалификаци- вото полувреме Белгија преку

ите за СП 2014 во нашата група, Србија славеше против Велс со 6-1, а Белгија и Хрватска играа нерешено 1-1. Интересно е дека головите за Србија ги постигнаа шест различни фудбалери и сите шутираа со лева нога. Вечерта на левучарите ја дополни и Велшанецот Џерет Бејл, кој единствениот гол за својата репрезентација го постигна, исто така, со лева нога. Првиот гол за српската репрезентација го постигна Коларов, Бејл од слободен удар изедначи на 1-1, а потоа следуваа погодоците на Тошиќ, Ѓуричиќ, Ивановиќ и на Сулејмани за конечниот убедлив триумф на Србија од 6-1. Во другиот меч од нашата група, бод на Хрватска на гостувањето во Белгија à обезбеди Перишиќ, кој погоди за почетно водство на Хрватите, но во финишот на пр-

Жилет изедначи за конечните 1-1. Група А: Шкотска-Македонија 11, Србија-Велс 6-1, БелгијаХрватска 1-1. Група Б: Бугарија-Ерменија 1-0, ИталијаМалта 2-0. Група Ц: ШведскаКазахстан 2-0, Австрија-Германија 1-2. Група Д: Романија-Андора 4-0, ТурцијаЕстонија 3-0, Унгарија-Холандија 1-4. Група Е: Кипар-Исланд 1-0, Норвешка-Словенија 2-1, Швајцарија-Албанија 2-0, Група Ф: Израел-Русија 0-4, Северна Ирска-Луксембург 1-1, Португалија-Азербејџан 3-0. Група Г: БиХ-Летонија 4-1, Словачка-Лихтенштајн 2-0, Грција-Литванија 2-0. Група Х: Сан Марино-Црна Гора 0-6, Полска-Молдавија 2-0, АнглијаУкраина 1-1. Група И: ГрузијаШпанија 0-1, Франција-Белорусија 3-1.

Аргентинците ремизираа во Перу Репре зентацијата на Аргентина не успеа да стигне до триумф на го стувањето во Лима против Перу. Домаќинот поведе со голот на Замбрано во 22. минута, а Гонзало Игуаин во 37. минута го изедначи резултатот. Колумбија го урна бастионот на Чиле на домашен терен, со одлична игра во второто полувреме. Џејмс Родригез, Фалкао и Гутиерез по стигнаа три погодоци за

Колумбијците во вториот дел од мечот. Уругвај на домашен терен освои само бод против Еквадор. Резултати: Перу – Аргентина 1-1, Чиле – Колумбија 1-3, Уругвај – Еквадор 1-1, Парагвај – Венецуела 0-2. Слободна беше Венецуела. Табела: Аргентина 14, Колумбија 13, Еквадор 13, Уругвај 12, Чиле 12, Венецуела 11, Перу 7, Боливија 4, Парагвај 4.

Четврток, 13 септември 2012 година

МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Жалиме за на играта

Фудбалскиот национален тим игра напаѓачки фудбал под водство на Чедомир Јаневски и се носи рамноправно со многу квалитетни селекции како Хрватска и Шкотска

М

акедонската фудбалска репрезентација ремизираше (1-1) против селекцијата на Шкотска на „Хемпден парк“, се врати дома со еден освоен бод, но според прикажаното на теренот, дефинитивно може да жали зашто не победи. „Црвеножолтите“ беа подобри од домашната селекција, наметнаа своја игра, во напаѓачки стил, имаа почетно водство со голот на Нове ски, создадоа уште неколку коло сални можно сти за да го нокаутираат противникот, но потфрлија во ре а лизацијата. Сепак, јасно е дека Македонија на првите два квалификациски меча од мундијалскиот циклус за пласман на СП во Бразил 2014 година одигра добро како никогаш до сега, беше рамноправна, а во голем дел од мечевите и подобра од квалитетните селекции на Хрват ска и на Шкот ска. По 180 минути, билансот е еден осво ен бод, де финитивно можеше да биде и повеќе, но големи придобивки се зголеме-

ВО ОКТОМВРИ СО ХРВАТСКА И СО СРБИЈА

По одличните две изданија на гостински терен, при што, за жал, е освоен само еден бод, Македонија квалификациите за СП 2014 година ги продолжува во октомври, на арената „Филип Втори“ во Скопје. Тогаш дефинитивно ќе се создаде еуфорија, со оглед дека ќе ни гостуваат нашите соседи, Хрватска, а потоа и Србија, во два врзани меча за четири дена.

ната самодоверба и враќањето на вербата во македонскиот фудбал. Селекцијата на Чедомир Јаневски покажа дека може многу, дека има квалитет да се натпреварува и за највисоките позиции во ква лификациската група иако за рива ли има репре зентации кои се рангирани меѓу првите 50 селекции на листата на ФИФА. Натпреварот го Глазгов го почнавме одлично, ја презедовме контролата на средината на теренот, игравме смирено, мудро, градевме акции пред голот на Алан Мекгрегор. Тоа даде и ре зултат, уште во 11. минута, кога по корнерот од левата страна, Иван Тричковски проигра двојно со Глигоров, се проби во шеснаесетникот, ја уфрли топката на петерецот, а на вистинското место се најде дефанзивецот Николче Новески, кој ја затресе противничката мрежа. Шкотланѓаните беа во шок, тие се надеваа на победа, но на го сти им дојде квалитетна репрезентација која знаеше што сака – да победи на „Хемпден парк“. Капитенот Горан Пандев беше феноменален, ја покажа својата врвна класа, беше постојано опасен во нападот, а уште покорисен во средниот ред, создавајќи им одлични можности на соиграчите. По една таква акција, во 30. минута, Пандев одлично го проигра Агим Ибраими, кој излезе сам пред Мекгрегор, шутираше со левата нога, но шкотскиот голман со пад в нозе успеа да спаси зголемување на водството на Македонија. А кога не се користат шансите, тогаш доаѓа каз-


СПОРТ

Четврток, 13 септември 2012 година

25

А РЕМИЗИРАШЕ СО ШКОТСКА ВО ГЛАЗГОВ (1-1)

победата, горди сме

на. Особено, доколку и самите направите грешка во одбраната. Во 44. минута, централниот дефанзивен ред на Македонија не беше најдобро координиран при по ставување на офсајд-замка, тоа го искористи Маки кој го проигра Кени Милер, а тој стрелаше во мрежата на Мартин Богатинов. Шкотска израмни, а, всушност, и не создаде идеална можност за тоа пред голот на Македонија. И покрај примениот гол, „црвено-жолтите“ не отстапија од својата намера и во вториот дел да играат храбро, офанзивно и да се обидат повторно да дојдат во водство. Во 58. минута, Ферхан Хасани прими топка на 20 метри од голот на Мекгрегор, се реши за удар и го погоди десниот дирек од голот на Шкотска. Повторно Македонија немаше среќа, исто како и при „бомбата“ на Горан Пандев

ТАБЕЛА, ГРУПА А

Србија Белгија 2 Хрватска Шкотска 2 Македонија Велс

2 1 2 0 2 2

1 1 1 2 0 0

на „Максимир“ против Хрватска. Но, избраниците на Чедомир Јаневски покажаа силен карактер и продолжија во исто темпо. Тоа резултираше со уште една фантастична шанса. Ја подготви капитенот Горан Пандев, откако се ослободи од тројца противнички играчи, а потоа луцидно го послужи Мирко Ивановски со топка во длабочина. Тој во 72. минута излезе сам пред противничкиот голман, беше во полн трк, можеше да избира како да го совлада, се реши за удар по земја, а Мекгрегор одбрани. Беше тоа потег за победа, но Мирко Ивановски не го искористи. Македонија остана со еден бод од Глазгов, а можеше да се врати со полн плен. Резултатот не е идеален, но стилот на фудбалот што го форсира Чедомир Јаневски дефинитивно влева голема надеж. Н.Ѓ.

1 0 1 0 1 0

0 3-1 0 1-1 1 2

6-1 4 2-1 2 1-2 1-8

4 4 1 0

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ

Треба да веруваме во себе Игравме добро, но не можам да бидам задоволен од крајниот исход на натпреварот во Глазгов. Можевме да победиме. Кога противничкиот голман ќе биде избран за најдобар поединец на мечот, јасно е дека сме одиграле квалитетно, но и дека тој ја спасил својата селекција. Создадовме доволно шанси за да стигнеме до триумф, но потфрливме во реализацијата. Фудбалерите мора повеќе да веруваат во себе кога ќе излезат пред противничкиот гол. Сепак, на добар пат сме, покажавме дека можеме да се надигруваме со секого и во ваков стил треба да продолжиме и понатаму.

КРЕГ ЛЕВЕЈН

Сите очекувавме победа на овој натпревар. Но, многу брзо примивме погодок, а потоа Македонија имаше многу поголема самодоверба. Но, ние се вративме во мечот, израмнивме пред полувремето, а во вториот дел се обидовме да стигнеме и до триумф. Не успеавме, а мораме да бидеме искрени и да кажеме дека Мекгрегор беше одличен. Планиравме многу повеќе бодови од овие два први меча на домашен терен, а освоивме два. Но, не сме во големо заостанување. Водечките селекции имаат по четири бода, а има уште многу да се игра во овие квалификации. Има уште осум натпревари и 24 бода во опција.


26

СПОРТ

Четврток, 13 септември 2012 година

„Тики-така“ цел меч

На натпреварот против Грузија,„црвената фурија“ оствари рекорден посед на топката, фантастични 80 проценти од текот на целиот меч

Е

вропскиот и свет ски фудбалски шампион, селекцијата на Шпанија, продолжува со својата фантастична филозофија на игра и во новите квалификации за Светското првенство во Бразил во 2014 година. „Црвената фурија“ својот прв меч го одигра на го сти против Грузија, победи релативно тешко, со минимален резултат 0-1 остварен преку голот на Солдадо во 87. минута од мечот, но имаше апсолутна контрола над играта. Избраниците на селекторот Висенте дел Бо ске остварија нов рекорд во по седот на топката, форсирајќи ја својата игра „тики-така“ речиси цел меч, без мака. Ова на прв поглед изгледа и невозможно, но Шпанците на натпреварот со Грузија ја имаа топката во свои нозе дури 80 проценти во текот на сите 90 минути. Тие, всушност, го подобрија својот рекорд, кој изне суваше 79 проценти од времето на еден меч.

Тренерот ја подложил олимписката шампионка на допинг Бе ло ру ската олим пиј ка во фрлање ѓуле, Надежда Остапчук (31), оста на без злат ни от олимписки медал од Лондон и до би ед но годиш на сус пен зи ја по ра ди по зи тив ни от до пингтест напра вен во те кот на олим пи ски те нат пре ва ри. Бе лоруската антидопинг-агенција на Остапчук à изрече двојно пома ла казна од вообичаените две години суспензија бидејќи ви ната за по зи тив ни от до -

пинг-тест со кој е утврдено дека таа ко ри сте ла ана болич ки сте ро ид ме те нолон ја пре зел неј зи ни от тре нер Але ксан дер Је фи мов. Во сво јот исказ Је фре мов ре кол де ка на сво јата атлетичарка, без нејзино знаење, во оброците редовно à ставал од недоз воле ното сти мулатив но средс тво. Сво јот потег тренерот го оправдувал со за гри же но ста за неј зи ната сла ба предолим пи -

ска форма. По ра ди тоа, Је фи мов доби четиригодишна суспензија. Остап чук, ко ја е свет ска шам пи он ка од 2005 годи на и европ ска пр вен ка од 2010 година, на ОИ во Лондон триумфи ра ше со фрла ње од 21.36 ме три. Но, по до пинг-скан да лот, à беше од земена титулата, а олимпиското злато дополнител но à при пад на на Ва ле ри Адамс од Нов Зеланд.


СПОРТ

Четврток, 13 септември 2012 година

- Тоа е нешто неверојатно. Вие трчате во текот на сите 90 минути, а едвај имате неколку допири со топката. Едно ставно, не можете да им ја одземете. Се обидувате по стојано, но не оди. Тие се мајстори на фудбалската игра, а ние бевме фокусирани да го заштитиме својот гол. Можевме да успееме во тоа, но на крајот Шпанците ја затресоа нашата мрежа – изјави капитенот на грузиската репре зентација, Јаба Канкава. Ова е нова тема за светските фудбалски аналитичари. До каде може да оди Шпанија со контролата на играта и со по седот на топката за 90 минути. Сите се уверени дека со ова веќе е до стигнат врвот. - Шпанија е единствената репре зентација која може да игра на ваков начин, во текот на целиот натпревар, без да ја загуби концентрацијата. Имаат неверојатни фудбалери на средината на теренот, можеби за гледачите тоа изгледа и малку здодевно, но факт е дека тие се активни во текот на целата средба. Шпанците ја диктираат играта и бараат можност за да по стигнат гол, а противникот е тој што се брани – истакна Алан Ширер, кој е стручен спортски коментатор на телевизијата „Ал Џезира“. Селекторот на шпанската репре зентација, Висенте дел Бо ске, истакна дека не е задово-

лен од играта на својата селекција на мечот со Грузија. „Црвената фурија“ мораше многу подобро да ги искористи своите шанси. - Победивме со гол пред самиот крај на натпреварот, а многу лесно можеше и да не постигнеме погодок. Требаше многу порано да го отвориме резултатот. Реализацијата на шансите едноставно мора да се подобри. Сепак, ова беше само прв натпревар и верувам дека на наредните средби ќе играме уште подобро - изјави Дел Боске. Капитенот на шпанскиот национа лен тим, голманот Икер Касилјас, уште пред почетокот на дуелот со Грузија, отвори една нова тема критикувајќи ја ФИФА. Зошто актуелниот светски првак треба да игра квалификации за да се ква лификува за мундијалот во Бразил?! - Се прашувам зошто свет скиот шампион треба да мине низ квалификации за да го брани трофејот на наредното Светско првенство. Што ќе се случи доколку Шпанија не успее да се пласира на мундијалот? Тогаш, кој ќе биде бранител на трофејот? - праша Касилјас. Но, Шпанија се чини дека е премногу силна на фудбалски план за да може да си дозволи таков луксуз, да не се квалификува на СП 2014. Тие можат цел меч да си ја играат својата „тики-така“.

Хамилтон си ги собира пехарите од Мекларен Луис Хамилтон сака да си ги земе освоените трофеи кои по традиција сега му припаѓаат на тимот на Мекларен. Британскиот возач неколкупати до сега и јавно се пожали дека во тимот на Мекларен не му дозволуваат да си ги земе дома освоените пехари бидејќи, според нивната долгогодишна традиција, сите освоени трофеи се сме стени во тимската база. Но, од британскиот тим сега се расположени да отстапат од традицијата и да ги задоволат барањата на својот возач во обид да го убедат да го продолжи договорот со Мекларен. - Отсекогаш сме биле тим кој може да направи компромис. Во Мекларен најважни се победите и прво мислиме на тоа, другите дета ли може да бидат брзо договорени. Се преувеличува проблемот на Хамилтон со неговите тро-

за разонода

без мака

27

феи. Тоа никогаш не било така фатално и можеме да се договориме - изјави директорот на Мекларен груп, Рон Денис. Луис Хамилтон, кој во 2008 година стана шампион во Формула 1, целата своја кариера во овој спорт ја мина во тимот на Мекларен. Победата што ја оствари минатата недела во Монца му беше четврта сезонава и јубилејна 20. во кариерата. По триумфот во Италија, Хамилтон сега е на второто ме сто во генералниот пласман на возачи со 37 бода помалку од водечкиот Фернандо Алонсо. На крајот од се зоната на Хамилтон му завршува договорот со Мекларен и веќе се шпекулира дека тој ќе го напушти британскиот тим и кариерата ќе ја продолжи во Мерцедес, но од Мекларен настојуваат да го задржат во своите редови.


28

КОЛУМНА

Четврток, 13 септември 2012 година

Кво вадис, претседателе? м-р Сања Ристиќ, политиколог, координаторка на Комисијата за надворешна политика и евроинтеграции во ВМРО-Народна партија

Н

е само политичките субјекти со опозициска провениенција, туку и голем дел од слободоумните граѓани, особено тие со интелектуален интегритет, едноставно се загрижени поради нестандардниот, непродуктивен и безбоен однос на претседателот на Република Македонија. Едноставно, со функцијата што му е доверена на господинот претседател, Ѓорѓе Иванов го нарушува дигнитетот и угледот на Република Македонија. Место да ги поттикнува процесите за севкупен напредок на државата, претседателот Ѓорѓе Иванов за сето време нуди движење во место. Со тоа успешно стекна имиџ на технички претседател на Република Македонија, односно на „кукла“ во рацете на владејачките структури. Ниту остава впечаток како врховен командант на АРМ (наредбата за водење истрага на

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1903 - Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата турска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу заги-

една кристално јасна диверзија за случајот Слупчане), ниту, пак, како најодговорен за надворешната политика на државата! Гаф до гаф, човек книга да напише: „разумен компромис, НАТО да ја преиспита својата одлука од Букурешт, интеграција без асимилација - позајмена доктрина на Ататурк за укинување на исламизацијата, нешто што припаѓа на едно друго време! Поканата до Папуљас за посета на Македонија, без истото да биде договорено по дипломатски пат што е стандард за реализација на средби на највисоко ниво? Неговиот однос спрема македонската дипломатија едноставно е тотално неодговорен; потпишува акредитивни писма за амбасадори кои никогаш не ги видел, а ниту, пак, изразил интерес за тоа. Како гарант на Уставот на Република Македонија, без никаква забелешка ја спроведува политиката на Собранието, потпишувајќи ги сите досега изгласани закони, па и тие што доживеале крах од Уставниот суд. Како универзитетски професор посебно е впечатливо неговото набрзина, за неколку часа потпишување на измените на Законот за високото образование и покрај јавниот протест

на повеќе од 300 негови колеги, универзитетски професори! Најсвеж пример за сета негова ваква досегашна активност се штотуку завршените средби и разговори што ги имаше во Брисел со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Зарем на претседателот Иванов не му беше доволно јасен ставот на Расмусен со одговорот што го даде во врска со пресудата на Европскиот суд на правдата дека „судските одлуки на тој суд не се обврзувачки за НАТО“ што сега и го повтори. Што ли очекуваше претседателот Иванов? Со која намера и со кои предлози господин Иванов отпатува во Брисел на разговори? Кои беа неговите подготовки за таа средба? Не еднаш се декларирани кристално јасните ставови на НАТО: „Решете го проблемот за името со Грција“. Ама има ли, воопшто, претседателот советници политиколози ако веќе тоа не е неговата примарна професија!? Повикувањето на претседателот Иванов дека за приемот на Грција во НАТО не се барало Грција да ги реши отворените проблеми со со седите, е вулгарно депласирана работа? Зарем не знае дека Грција е примена во услови на „студената

војна“. Во тоа време НАТО à нудеше и на поранешна Југославија (во тој со став и на Република Македонија), да се зачлени во НАТО. Таа констелација на силите во тогашниот свет со денешната е апсурдна и речиси срамна. По разговорите во Охрид со заменикот на помошникот на државниот секретар на САД, господин Филип Рикер, зарем не му беше јасно дека е непроменет ставот на алијансата? Зарем очекуваше одлука од повисока хиерархиска инстанца - Расмусен. Господин Филип Рикер е официјален претставник на САД, основоположници на НАТО со најголема финансиска, воена, политичка и економска партиципација. Расмусен има извршна функција, а тоа е огромна разлика? Во случајов, оваа и ваква средба со Расмусен беше без каква било потреба. Во ходниците на НАТО во Брисел, претпоставувам, се коментирал настапот на господин Ѓорѓе Иванов (претседател на Република Македонија): „Човеков не ја знае разликата меѓу тоалетна вода и вода во тоалетот“. Дневниот весник „Ден“ е отворен за различни мислења, но се оградува од ставовите на колумнистите

натите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година. 1924 - Во Софија терористот Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во битката кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на

прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20 октомври 1875 година. 1924 - Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година. 1953 - Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен

прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2. 1995 - Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи. 1995 - Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас, во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа привремена спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.


ПИСМА

Четврток, 13 септември 2012 година

Од Фонд за здравствено осигурување на Македонија Почитувани Фондот за здравствено осигурување на Македонија во континуитет негува успешна соработка со печатените и со електронските медиуми во Македонија. Од огромно значење за нас е ангажираноста на медиумите во промоцијата и во следењето на реализацијата на нашите проекти и активности кои се од интерес за осигурениците. Во таа насока, високо ги цениме и заложбите на ме-

диумите за објавувањето апели за донирање средства за децата кои имаат потреба од лекување во странство. Меѓутоа, за жал, изминатите денови бевме сведоци на една груба манипулација на социјалните мрежи, при што името и здравствената состојба на едно дете (Ева Илиевска) беа злоупотребени за финансиски цели. Во отсуство на подетални информации за начинот на плаќањето на лекувањето во апелот објавен преку медиумите, во јавноста се доби впечаток дека ФЗОМ не ја платил сумата неопходна за лекување на детето, што е сосема спротивно на вистината. Во интерес на нашата долгогодишна и добра соработка, Ве молиме во иднина кога ќе се објавуваат апелите за донирање средства за лекување во странство во медиумите, да се истакне следново: ФЗОМ за лицата на кои комисиите за лекување во

странство им одобриле лекување во странство, секогаш навремено плаќа 80 проценти од вкупната сума на услугата во странската здравствена установа. Осигурениците плаќаат само партиципација од 20 проценти, за чие намирување, всушност, се однесуваат барањата за донирање средства. Социјалните случаи со посебна потврда од центрите за социјална работа се ослободени од плаќање партиципација. Фондот за здравствено осигурување досега не дозволил финансиските средствата да бидат причина за да се доведе во прашање здравјето на ниту еден осигуреник. Со надеж дека ќе ја имате предвид оваа нашата заложба, Ве молиме го уважите ова наше укажување.

сопственик на познатите ресторани „Македонска куќа“ во Прилеп и во Скопје. „Ова е моја стара идеја, но сега наоѓа време и простор за реализација. Ова лично го правам за Прилеп и за Македонија, кои се моја душа и срце. Кај нас недостига ваков угостителски објект кој ќе биде изграден во традиционален македонски етностил. Хотелскиот капацитет на објектот ќе располага со 32 соби и со три посебни ресторани, а еден од нив ќе биде луксузна сала за свечености. Во рамките на комплексот ќе биде отворен и етномузеј кој ќе се простира на 100 квадратни метри и во него ќе има стари предмети кои го отсликуваат животот од старото време, околу еден век. Во музејот ќе можат да се видат килими, синии, стомни, везови, разбои, но и повеќе од 250 комплети на народни носии и други предмети. Освен тоа ќе биде отворена и сувенирница, каде што што македонските и странските гости ќе

можат да купат сувенири што ќе ја отсликуваат македонската историја, традиција и култура“, вели Илиоски. Во Прилеп се вели „Каде и да одиш, за ручек кај Камберо да одиш“. Во рестораните на „Македонска куќа“ се служи најмногу национална македонска храна, и тоа по многу пристојни цени за секој џеб, од биено сирење, тавче-гравче, сарма, толчени пиперки, тава, ширден... Воедно овие ресторани ги имаат посетено Израелци, Кинези, Американци, Швеѓани, Холанѓани, а годишно во нив доаѓаат повеќе од 7.000 туристи. Оваа капитална инвестиција ќе биде значајна за прилепската економија, а воедно корист ќе имаат и околу 80 граѓани кои ќе бидат вработени, а индиректно, како што вели Илиоски, преку другите услужни дејности, ќе бидат дополнително ангажирани уште стотици други работници. Рубинчо Аризанкоски

ПРВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ИЗГРАДЕН ВО ДУХОТ НА ТРАДИЦИОНАЛЕН ЕТНОСТИЛ И ЕДИНСТВЕН НА БАЛКАНОТ

Прилеп ќе го добие првиот етнокомплекс „Македонска куќа“ Етнокомплексот ќе биде изграден на површина од околу 17.000 квадратни километри и ќе се наоѓа на излезот од Прилеп, на патот за Скопје, а ќе биде единствен на Балканот. Реализацијата на оваа капитална инвестиција ќе почне наскоро и се очекува да биде завршена во текот на идната година. Инвеститор на овој проект е македонскиот бизнисмен Кирил Илиоски-Камберо, кој е и

ХОРОСКОП

21.03 19.04

20.04 20.05

29

Овен - Обидете се да имате тактичко однесување пред колегите и пред претпоставените. Не дозволувајте да ве извадат од колосек. Совет: бидете посамоуверени. Бик - Поддршката од пријателите е добредојдена во секој момент, па слободно потпрете се на нив. Совет: заслужувате поголемо внимание од партнерот, изборете се за своите права.

21.05 20.06

Близ на ци - Де не ска ќе имате мно гу стресен и напорен ден, па бидете подготвени за непријатни ситуации и за дебати. Со вет: по светете вни ма ние на здравјето.

21.06 22.07

Рак - Бидете внимателни што зборувате пред луѓе што не ви се многу блиски зашто некои од нив само ја чекаат вашата грешка. Совет: подобрете си го расположението и бидете оптимисти.

23.07 22.08

23.08 21.09

22.09 23.10

24.10 21.11

Лав - Во љубовниот живот не ви цветаат рози. Почнете да размислувате дали партнерот со кој сте во моментот одговара на вашиот карактер. Совет: ослободете се од непотребните грижи. Де ви ца - Ако продол жи те со ва кво неекономично трошење, набргу ќе го допрете дното. Затоа бидете порационални. Совет: прошетката во природа ќе ве релаксира. Вага - Професионалниот успех зависи од вас. Засукајте ги ракавите и почнете сериозно да работите. Совет: многу ви годат комплиментите за вашиот физички изглед, продолжете така. Скорпија - Иако претпоставените се обидуваат да ви наметнат строги правила, вие си терате по свое. Играте опасна игра, бидете внимателни. Совет: вечерните часови поминете ги со најблиските.

Со почит директор м-р Маја Парнарџиева-Змејкова директор Џемали Мехази

22.11 21.12

22.12 19.01

20.01 18.02

19.02 20.03

Стрелец - Без причина се навраќате во минатото и таму ги барате своите грешки. Подобро е енергијата да ја насочите кон иднината. Совет: поминувајте повеќе време со пријателите. Јарец – Поддршката од пријателите, која секогаш е искрена и добронамерна, многу ви значи. Совет: бидете опуштени на работното место, наскоро доаѓаат подобри денови. Водолија - Иако кариерата ви оди во на гор на ли ни ја, се пак до целта ќе имате уште многу пречки. Совет: избегнувајте конфликтни ситуации и недоразбирања со колегите. Риби - Имате добро претчувство затоа секогаш следете ги своите инстикти. Совет: комуникацијата со партнерот не е според планираното, но набргу сè ќе се среди.


30

ИНФОРМАТОР

Четврток, 13 септември 2012 година

Жанр: акција Режија: Симон Вест Почеток: секој ден од 23 часот КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Лурдс“ Жанр: драма Режија: Џесика Хашнер Почеток: понеделник и четврток во 13.00 часот

„Вонземјани од соседството“ Жанр: комедија, научна фантастика Режија: Акива Шафер Почеток: секој ден од 15 часот КИНО „РАМСТОР“ „Каубојци и вонземјани“

„Ледена доба 4“ Жанр: анимација, авантура, комедија Режија: Стив Мартино, Марк Турмејер Почеток: 15.00 часот „Човек пајак“ Жанр: акција, хорор, научна фантастика Режија: Ридли Скот Почеток: 17.00 часот

Режија: Тарсем Синг Почеток: 16.00 и 18.30 часот

Отворен од вторник до недела од 10.00 до 18.00

„Балкан базар“ Жанр: драма Режија: Едмонд Будина Почеток: 21 часот

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Традиционални предмети од метал“ „1+ 1 Живот и љубов низ македонската историја“ MUNICIPiVM STOBENSIVM – Римска монетарница во Стоби

Сала 2: „Шрек“ Почеток: 11.00 и 13.00 часот „Првиот одмазник - Капетан Америка“ Жанр: акција, авантура, научна фантастика Режија: Џо Џонстон Почеток: 15.00 и 17.15 часот „Што да очекувате кога очекувате“ Режија: Кирк Џонс Жанр: комедија, романса Почеток: 19.30 и 22.00 часот

„Бетмен - Издигнување на темниот витез“ Жанр: акција, криминалистика, драма Режија: Кристофер Нолан Почеток: 20.00 и 23.00 часот

Жанр: акција, авантура, научна фантастика, спектакл Почеток: 10.30 и 13.00 часот „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма

„Платеници“

ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Меѓународна колекција

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Изложба на дела од Борка Аврамова „Приказна за изгубениот рај“ Марина Лешниковска Национална колекција Глигор Чемерски Меѓународна колекција Јон Григореску МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка НАЦИОНАЛНА ГА ЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка Објектите на Националната галерија работат од 10.00 до 18.00

ЗРНЦА НА МУДРОСТА Не е тешко кога те тепаат, тешко е кога гледаш и чекаш, па боли однапред. Боли и потоа, ама тогаш е потешко! Меша Селимовиќ Моите дела се како водата. А делата на го-

l

25

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

27 30

Велес l

30

l Дебар

32

25

29

26 l Охрид

27

l Радовиш

l Неготино

l Кавадарци

l Струга

l Делчево

l Штип

l Кичево

l Прилеп

30

l Струмица

31 l Гевгелија

Битола

26

l Ресен

Среќа е кога тоа што го мислите, го зборувате и го работите, живеат во хармонија! Махатма Ганди

Денеска времето во Скопје ќе биде стабилно и топло. Минималната температура ќе биде 12 Целзиусови степени, а максималната 29 степени. Влажноста на воздухот ќе биде 54 проценти, а видливоста до 10 километри. Биометеото е поволно.

l

28 10 ПЕТОК 26

Далај Лама

26

Барселона

27

Букурешт

26

Будимпешта

13

Загреб

31

Софија

30

Атина

27

Приштина

18

Сараево

28

Белград

26

l Кочани

31

да уживаш во него!

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен правец, кој ќе се движи со брзина од 14 километри на час.

25

Крива Паланка

30

29

25

25

Живеј добар и чесен живот, кога ќе остареш, ќе можеш да се завртиш и повторно

l

Скопје l

25

лемите мајстори се како вино, но сепак сите почесто пијат вода! Марк Твен

12 САБОТА 25

11 25 НЕДЕЛА


" SAGITTARIUS #

Рецепт на денот

Швајцарска торта ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 г сусам 1 лажичка сол 125 г путер 1 младо кромитче 1 главица кромид 8 парчиња леб 250 мл павлака 200 г кашкавал 400 г домати 250 г брашно 3 јајца 1 лажичка црвен пипер

NA[ FUDBALSKI KLUB

GOVORNI^KA VE[TINA, RE^OVITOST

É

A

SPIKEROT STIKOV NEPOZNATA VO MATEMATIKA

HANS OTO CIMERMAN

SOJUZNA DR@AVA VO INDIJA

FILISTEJSKA DEVOJKA OD BIBLISKA PRIKAZNA

VID ALKOHOL

GRAD VO DREVNA ASIRIJA

GLASA^KO TELO (MN.) VID LEK, ANTIBIOTIK

Ä

A

BIV[ (LAT.) LEGURA OD @ELEZO I NIKEL

Ä

Æ

JA^INA (MN.) PROBIEN PAT VO SNEGOT

LUMEN PLANINA VO SRBIJA NEMIREN DR@AVNI DAVA^KI

I

LAMJA, A@DER VID BELKOVINI

S

ANTI^KI SILEN VIKA^ BAVNO TEMPO (MUZ.)

Æ

KARAT POTOMCI NA PODZEMNIOT SUDIJA EAK

BRCNUVAWE "NAU^NO ISTRA@UVA^KI RABOTI#

Æ

MUSLIM. MA[KO IME REVOLUCIONEROT SANDANSKI

KANTAR, TEREZIJA

NAPRAVEN OD JASIKA GLAVEN GRAD NA ITALIJA MUSLIM. @ENSKO IME GOTFRID LAJBNIC ARTISTKATA BERGMAN ITALIJA

D

AFIRMACIJA

NEUTRON

SVETLE^KI GAS UTVRDENI RIDOVI

B

FRANC. PISATEL OD ROMANSKO POTEKLO TRISTAN

GAUS METAR

POLUPARAZITSKA BILKA (MN.)

PEJA^KATA SUMAK

5

6 8 9 5 4 6 8 8 7 2 3 5 9 1 6 8

1 9 7 5 3 2 2 4 4 8 6 5 7 2 6

4

1 3

6 1 8 5 3 9 4 6 7 8 3 1 4 6 4 7

3

2 9 1 6 3 5 8 4 2 9 5

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: CELISHODEN, ELEKTORATI, AMOKSICILIN, EKS, L, SILI, INVAR, PALAV, STENTOR, ALA, ANDANTE, K, BRCAWE, NEON, NIR, RIZAH, IJ, JASIKOV, CARA, AMILA, DA, INGRID, G, IMELI, IMA; SUDOKU: 1) 427 653 198, 638 921 745, 951 478 623; 164 839 572, 895 712 364, 273 564 981; 342 196 857, 589 347 216, 716 285 439; 2) 542 136 978, 671 948 523, 398 752 641; 436 297 185, 859 314 762, 217 685 439; 985 473 216, 723 561 894, 164 829 357

Од брашното, солта, путерот и 4 лажици вода се заме сува те сто. Потоа те стото се става во подмачкан плех и се остава 20 минути во фрижидер. Кога ќе го извадите те стото од фрижидер, врз него се редат парчињата леб, потоа сечканите домати, кромидот и ренданиот кашкавал. Потоа се прави сме са од јајцата, павлаката и црвениот пипер и со неа се прелева те стото. Одозгора се попрскува со сусам. Се пече на 200 Целзиусови степени 30 минути.

NA^IN NA PI[UVAWE

CELESOOBRAZEN, NAMENET, OPRAVDAN

ILIJA JORGA

ПРИГОТВУВАЊЕ:

31

РАЗОНОДА

Четврток, 13 септември 2012 година


ВИЦОТЕКА

Еден човек купил нов и скап автомобил и сакал малку да го повози. Само што тргнал, на првиот семафор застанал и одзади го удрило едно „фиќо“. Човекот, изнервиран, излегол од автомобилот и почнал да се кара со возачот на „фиќото“. - Немој пријателе, ти гледај каква кола возиш, а јас немам пари, те молам имај милост! Возачот на скапиот автомобил бил милостив и му дозволил да си оди. На вториот семафор повторно одзади го удрил возачот со

„фиќото“ и овој со скапиот автомобил не можел да поверува дека истиот човек повторно го удрил. Изнервиран, излегол од автомобилот и почнал да вика. - Немој, те молам, имам жена и три деца! – почнал да моли возачот на „фиќото“. Возачот на скапиот автомобил повторно бил милостив и го пуштил. На следниот семафор „фиќото“ повторно го удрило скапиот автомобил и возачот рекол: - Оди, оди, пак сум јас!

ТИКЕТ СЕК Ј Гремио Наутико Сан Хозе Боливар

1 1

Лејтон Брентфорд КУПС ТПС

Коефициент 6,7

3+ 3+

Den 13 Septemvri  

Dneven Vesnik Den

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you