Page 1

ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

www.den.mk

vo ovoj broj

31 o

Вторник, 3 јули 2012, година 1, број 91

цена

15 денари

АНАЛИЗА НА УГЛЕДНИОТ „ЊУЈОРК ТАЈМС“ ЗА ТРГОВИЈАТА СО ОРГАНИ НА БАЛКАНОТ

Македонци купуваат органи на диво 7

Нелегалната трговија со човечки органи зема замав на Балканот, угледниот весник пишува дека луѓето без страв и срам ги огласуваат деловите од своето тело само за да преживеат

СИТЕ ОБВИНУВААТ, НИКОЈ НЕ ГОНИ 2-3

Секоја кампања мириса на нафта

ПАРИ

Сиромаштијата во Македонија метастазира КУЛТУРА

Предизборна санација на културата

8-9

20-21


2

ВЕСТИ

Вторник, 3 јули 2012 година

ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ ГЛУВИ ЗА МЕЃУСЕБНИТЕ ОБВИНУВАЊ

КОМЕНТАР

Ана АНАСТАСОВСКА

Не пукајте напразно!

Шверцери со нафта и цигари, олигарси, октоподи, криминални фамилии, предавници, продавачи на име и знаме..... Во овие дваесет години независност се изнаслушавме секакви афери. Политичари мавтаат со наводни докази на прес-конференции, се расправаа кој работел во интерес на државата, кој бил патриот, кој предавник. Сè едно исто. Ништо конкретно. Ниту една институција во оваа држава досега не презела ништо за да испита која било од овие афери. Ако толку сакале одговори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, зошто за толку години власт не собраа храброст да преземат конкретни чекори и да расчистат барем една афера, се разбира преку надлежните државни институции? Да се види дека во оваа држава, освен партии и политика, има и независна извршна и судска власт. А, не тие да функционираат само на хартија во Уставот. Гледаме деновиве постојано се „пука“ кон Црвенковски и Фрчкоски, да одговорат за шверцот со нафта. На кого тоа да одговорат? На Бичиклиски и на Груевски? Одговор на овие прашања треба да бараат МВР и јавниот обвинител. Ако некој навистина сторил некое кривично дело, тоа треба да се докаже и за тоа некој треба да понесе одговорност, а не аферите да се користат само за добивање политички поени. Дали Црвенковски, Георгиевски или Груевски учествувале во некаков криминал, ништо не ни значи ако не се докаже и ако не платат за тоа. Затоа, институциите нека си ги засукаат ракавите и еднаш засекогаш нека дадат одговори на овие прашања. Во спротивно, политичарите нека си молчат и нека се занимаваат со тоа што имаат да им понудат на граѓаните, а не што направиле во минатото. Така е барем во нормалните демократии. ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач и управител - Живко Серафимовски, Главен и одговорен уредник - Коле ЧАШУЛЕ, Заменик на главен уредник - Горан ПЕТРЕСКИ, Помошник на главен уредник - Диана МЛАДЕНОВСКА Уредници: Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски, Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев Редакција: redakcija@den.mk, 02/3162 666 marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Секоја кампа За овие 20 години, велат аналитичарите, се изнаслушавме за многубројни криминални дејствија на политичарите, а борбата против нив остана да се води само низ медиумите наместо низ институциите

В

Ана АНАСТАСОВСКА

о пре срет на локалните избори, како и секој пат пред секои избори, ВМРО-ДПМНЕ повторно почна да се навраќа на минатото и акцентот да го става врз аферите поврзани со приватизацијата, транзицијата, атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров и сега, најактуелно, шверцот со цигари и нафта од почетокот на деведе сетти години. Но, ваквата кампања не е вообичаена само за владе ачката партија. До сега партиите од власта и од опозицијата воделе медиумски кампањи за аферите што ги тре сеа сите поранешни влади, но ниту една власт до сега не пре зеде ништо за да ги расчисти, коментираат аналитичарите. Таков е случајот со „криминалната приватизација“ на Бранко Црвенковски, „шверцот со цигари и нафта“ на Црвенковски и Фрчко ски, „октоподот“ на Црвенковски, „ОКТА и Стопанска банка” на Љубчо Георгиевски, „национална платежна картичка“ на Никола Груевски, „Скопје 2014“ на Груевски и „фамилијата“... За овие 20 години, велат аналитичарите, се изнаслушавме за многубројни криминални дејства на политичарите, а

борбата против нив остана да се води само низ медиумите наме сто низ институциите. Слично беше и со аферата „Надеж“ на Црвенковски во периодот кога беше претседател на државата. Предметот во врска со овој случај сè уште е во фиоките на јавниот обвинител. Кога се актуализираше судскиот процес против поранешниот премиер Владо Бучковски во врска со аферата „резервни тенковски делови“, во провладините медиуми почна дури и со типувања дали тој ќе биде првиот македонски „Санадер“. Но, сето тоа остана само во архивите на медиумите. - Секогаш кога станува збор за лично сти од високата политика, Јавното обвинителство молчело. Зошто е тоа така, не знам. Сигурно обвинителите си чуваат отстапнини за кога нема да бидат на функција – коментира профе сорот Јове Кекеновски. Деновиве во медиумите се појави снимка од емисијата „Бисери“, во која Љубомир Периќ-Магаш, припадник на српските криминални структури, вели дека Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчко ски, како поранешни премиер и министер за внатрешни работи, биле едни од клучните за шверцот со нафта кон крајот на минатиот век. Периќ во интервјуто говореше и за

Трибина на десницата: Бранко и Љубчо биле губитници

Коалицијата меѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски е дело на политичари што не успеале да се докажат на политичката сцена или на двајца губитници што носат исклучително бреме, е заклучокот на вчерашната трибина на Институтот „Димитрија Чуповски“, близок до ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарот Владимир Божиновски посочи дека го загрижува изјавата на Црвенковски дека воопшто за ништо не се сложувал со Георгиевски освен дека сакаат да го сменат Никола Груевски од местото премиер, пренесе МИА. - Тоа е сериозен проблем за македонската политика бидејќи да сакаш да дојдеш на

власт само за да го смениш другиот без притоа да имаш каква било идеја или политичка платформа што ќе правиш потоа - вели Божиновски. Аналитичарот Панде Лазаревски посочи дека профилот на двајцата е повеќе од јасен и оти се работи за двајца политички губитници со многу сериозен багаж. Слободан Чашуле, новинар-аналитичар и поранешен шеф на македонската дипломатија, ги нарече Црвенковски и Георгиевски политички зомби или суштества што немаат содржина и го тегнат целото македонско општество наназад. Тој е убеден дека на следните локални избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.


ВЕСТИ

Вторник, 3 јули 2012 година

3

А ЗА КРИМИНАЛ ШТО ГИ РАЗМЕНУВААТ ПАРТИСКИТЕ ШТАБОВИ

ања труе на нафта

примопредавањето на парите. Во емисијата тој ја споменува и нивната повр заност со бугарската „Мултигруп“ за која се сомнева дека го извршила атентатот на претседателот Глигоров. Причина за тоа, според

него, е парична измама. По емисијата, владејачката ВМРОДПМНЕ секојдневно бомбардира со пресконференции барајќи одговор од Црвенковски и од Фрчко ски да кажат за

колкава сума станува збор и на кои сметки завршиле парите. Но, надлежните институции не реагираат. Поранешниот јавен обвинител, Ставре Џиков, смета дека сето тоа се прави заради загревање на предизборната атмо сфера. - Сега во пре срет на изборите политичарите ќе си кажат сè и сешто. Да ли има вистина во шверцот со нафта, кој бил вмешан во ова, тоа треба да си проверат институциите, а пред сè МВР. Полицијата е таа што треба да покрене истрага и ако има докази, да подне се кривична пријава до Јавното обвинителство. Афери имало и сега и во минатото. Но, сè зависело од тоа како ќе се наметнеле во јавно ста. Сепак, институциите треба да се занимаваат со тоа - по сочи Џиков. Во МВР велат дека од денешна перспектива многу е тешко да се покрене некаква истрага во врска со оваа афера. - За жал, во архивите на МВР не по стои ниту еден доказ кој бил обезбеден во времето кога се случил криминалот, ниту, пак, има каква било трага дека било истражувано нешто иако во 90-тите беше јавна тајна дека има ло шверц на нафта и цигари. Од сегашна перспектива, тешко е да се обезбедат докази против лицата за кои се зборува дека биле вклучени во тој криминал. Останува на ЈО да процени дали има основа да се покрене некаква по стапка. Ако е така, МВР му стои на располагање - изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски. Јавниот обвинител, Љупчо Шврговски, вчера не беше до стапен за коментар.

Георгиевски бара лустрација за „основачите“ Да се лустрираат Борис Змејковски и Мане Јаковлевски од ВМРО-ДПМНЕ за да се види кои се, побара вчера лидерот на опозициската ВМРО-НП Љубчо Георгиевски како одговор на завчерашното писмо на, според него, таканаречените основачи на ВМРОДПМНЕ, Борис Змејковски, Владо Таранталовски, Мане Јаковлевски, Васил Наумов и Дијана Таранталовска. Во нивното писмо Георгиевски беше обвинет за договорот за соработка и можноста за коалицирање со поранешниот лут ривал Црвенковски и СДСМ само поради, според нив, бизнис-интереси. Признавајќи го само Змејковски од сите потписници на писмото за основач на ВМРО-

ДПМНЕ, Георгиевски, сепак, рече дека тој на јавноста треба да à соопшти колку капитал има во Македонија и на кој начин го има стекнато. Георгиевски го повика и, како што вели, самонаречениот голем вмровец и патриот Јаковлевски да му објасни на Змејковски зошто бил главен лобист за негова промена од функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. - Сакам да потенцирам дека од потписниците на писмото, за основач го признавам само Борис Змејковски и навистина сум изненаден од дрскоста на останатите самоповикани основачи. Да се повикаш дека си основач на ВМРО-ДПМНЕ не значи дека треба да бидеш само член од 1990 година, зошто постојат најмалку 15.000 такви луѓе кои слобод-

но можат да се наречат основачи. Дали Змејковски заборави дека 2001 година стапи во коалиција со Бранко Црвенковски и ја уриваше владата во која министер за финансии беше сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски? – праша Георгиевски. Георгиевски јавно го потсетува и Мане Јаковлевски дека парите за приватизација на Олимписко село му биле дадени од ВМРОДПМНЕ. Георгиевски одговорот на писмото на „основачите“ на партијата го завршува со порака до лустраторите да ги најдат досиејата на Змејковски и Јаковлевски во Архивот на Македонија и тие да станат достапни на увид на целата јавност.


4

ВЕСТИ

Вторник, 3 јули 2012 година

ЛУСТРАТОРИТЕ ЧЕКААТ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

Први на удар кодошите што ги спаси Уставниот суд За ко нот за лу стра ци ја сè уште не е об ја вен во Службен вес ник и затоа Коми си јата за ве ри фи ка ци ја на фа кти те уште не поч на ла со про вер ка на кодо ши те спо ред но ви от за кон, ве ли пре тседате лот на коми си јата, Томе Аџи ев. Во Коми си јата не зна ат зо што сè уште не е об ја вен за ко нот иа ко бе ше изгла сан пред де се ти на де на, но ве лат де ка оче ку ва ат тоа да се слу чи де но ви ве. Отка ко ќе би де об ја вен во Служ бен вес ник, тре ба да поми нат осум де на за тој да ста пи на си ла и Коми си јата да поч не да ра боти. - Се га не може ме уште да поч не ме со про вер ката затоа што че ка ме за ко нот да би де об ја вен во Служ бен вес ник. Ко га ќе се за вр ши тоа, ќе поч не ме со про вер ката. Но, не можам да ви ка жам ко га ќе би де об ја вен затоа што тоа за ви си од Со бра ни е то, а не од нас - ве ли Томе Аџи ев, пре тсе дате лот на Коми си јата за ве ри фи ка ци ја на фа кти те. Спо ред не го, но ви от за кон ќе à овоз можи на коми си јата по лес но да ра бо ти затоа што таа ќе ја вр ши про вер ката без да че ка не кој функ ци о нер да под не се из ја ва. Спо ред не го, лу стра ци јата ќе ги оп фати и тие слу чаи за кои Коми си јата ве ќе утврди де ка се кодо ши, но нив ни те пред ме ти беа врате ни од Управ ни от

суд би деј ќи во ме ѓу вре ме Устав ни от суд уки на по голем дел од прет ход ни от за кон за лу стра ци ја. Та кви се слу ча и те на ре жи се рот Вла ди мир Мил чин и на не кол ку судии, ка ко и на дру ги по ра неш ни функ ци о не ри. - Си те што беа врате ни од Упра вен суд по втор но ќе би дат лу стри ра ни затоа што оваа иста Коми си ја ве ќе утврди ла де ка тие би ле со ра бот ни ци и за тоа има до ка зи. За тие слу чаи нај лес но ќе се до не се ре ше ние затоа што до ка зи те ве ќе ги има ме и ве ќе сме ги утвр ди ле ед наш. И во но ви от за кон стои де ка си те поч нати по стап ки спо ред ста ри от за кон ќе продол жат - об јас ну ва Аџи ев. Со ова не се согла су ва чле нот на коми си јата Чедомир Дам ја нов ски, кој ве ќе се из јас ни де ка де ло ви од но ви от за кон се проти ву став ни. - Ова што се пла ни ра е бес мис ле но, но јас со од вет но ќе ре а ги рам на сед ни ца на коми си јата, ко га та ква ра бота ќе дој де на дне вен ред. Не мам ни ка ква ин форма ци ја ко га Коми си јата ќе поч не со ра бо та. Ба рав не кол ку пати од пре тсе дате лот Томе Аџи ев да за ка же сед ни ца да го разгле да ме но ви от за кон, да ви ди ме што и ка ко ќе ра боти ме, но не ма ни ка ква жел ба за тоа. Јас не можам да за ка жам сед ни ца - ве ли Дам ја нов ски. Т.А.

Бериша и Сараќини сакаат балкански Бенелукс

Формирање балкански Бенелукс меѓу Ма кедо ни ја, Ал ба ни ја, Ко со во и Цр на Го ра за отво ра ње за ед нич ки па зар од осум милиони жители, нама лени транспортни трошоци и за искористување на Драч и на Бар ка ко ал тер нати ви за солунското пристаниште, беше една од теми те на де неш ната сред ба ме ѓу министерот за економија Ваљон Сараќини и ал бан ски от пре ми ер Са ли Бе ри ша во Тирана. - Ма кедо ни ја и Ал ба ни ја има ат од лични политички одно си, но мора да ја ин тен зи ви ра ат еко ном ската со ра ботка. Голем е потенција лот за зголемување на трговската размена, која во првите четири ме сеци од годинава до стигна само 25

ми ли о ни дола ри - из ја ви Са ра ќи ни по средбата, јави изве стувачот на МИА. Во те кот на раз го во ри те со Бе ри ша по себен акцент бил ставен на соработката во ин фра стру кту рата, из град бата на патишта и на енергетиката. - Ал бан ски те ком па нии се за ин те ре си ра ни за ин ве сти ра ње во Ма кедо ни ја особено во хотелиерството, градежништвото и во осигурувањето. Лани вложува ње то на фирми те од Ал ба ни ја изне суваше 2,5 милиони евра - рече министерот. Одговарајќи на новинарско прашање, Сараќини напомена дека Македонија интензивно работи на Коридорот 10, но меѓу приоритетите е и Коридорот 8.

НЕМА ОДГОВОР НА ПОКАНАТА

Иванов и од Бе П

Игор ЧАВЕСКИ

рвите луѓе на Србија и на Бугарија сè уште не одговараат на поканата на претседателот Ѓорге Иванов за присуство на не формалната средба на претседателите од регионот, која традиционално се совпаѓа со отворањето на „Охридско лето“. Како што дознаваме од дипломатски извори, Томислав Николиќ и Ро сен Плевнелиев не се премногу расположени да му укажат чест на својот македонски колега. Новиот српски претседател Николиќ е лут затоа што Иванов се придружи на претседателите од регионот што ја бојкотираа неговата инаугурација минатиот ме сец. Причина за недоаѓањето на Плевнелиев се затегнатите македонско-бугарски одно си во последниот период, особено со случајот на Спаска Митрова и по заканите дека Бугарија, слично како Грција, би можела да го блокира почетокот на преговорите со Европската Унија. Од бугарските власти веќе подолго време стигнуваат студени тонови дека одно сот на македонските политичари не е во духот на добро со седските одно си и дека Бугарија треба да го преиспита својот однос кон Македонија. Од кабинетот на Иванов велат дека засега ниту еден претседател од регионот нема потврдено дека ќе дојде во Охрид. Сепак, како што дознаваме, начелна согласност има од претседателите на Црна Гора, Ко сово и на Албанија.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ ВИДЕ СО ЛАРИ КИНГ

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Казахстан се сретна со познатиот новинар и водител на телевизијата „Си-Ен-Ен“, Лари Кинг. Иванов се наоѓа во официјална посета на Казахстан, каде учествува на форумот „Кран Монтана“. На истиот форум свое учество имаше и познатиот телевизиски новинар во делот посветен на улогата на медиумите. Иванов се обрати и на македонско-казахстанскиот деловен форум, на кој пред бизнисмените од Казахстан ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.


Вторник, 3 јули 2012 година

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ОД РЕГИОНОТ

ВЕСТИ

в без гости од Софија лград Српскиот претседател е лут затоа што Иванов ја бојкотираше неговата инаугурација, а бугарскиот претседател не може да му про сти поради судската разрешница за Спаска Митрова

Филип Вујановиќ, Атифете Јахјага и Бујар Нишани, кој дојде на власт пред неполн ме сец, најавиле дека ќе дојдат во Македонија. Комплицираните одно си меѓу Белград и Приштина го прават невозможно истовременото присуство на Николиќ и на Јахјага. Токму поради тоа, претседателот Иванов по стојано е принуден при слични собири да ба лансира и да избира да ли ќе повика го сти од Србија или од Ко сово. Според агендата, предвидено е претседателите од регионот на 12 јули да присуствуваат на свеченото отворање на „Охридско лето“. По традиција, претседателот на државата е покровител на најпре стижната културна манифе стација што се одржува кај нас. Покрај тоа најавено е дека домаќинот Иванов ќе има билатерални средби со своите колеги по што ќе следи и пленарен со станок. Целта на овој собир е одржување на дијалогот на со седните земји на највисоко ниво во рамки на заедничката евро-атланска перспектива. Главна тема на разговорот се очекува да бидат можно ста Македонија и Албанија наскоро да à се приклучат на Црна Гора, која веќе ги отвори преговорите за членство. Претседателите од регионот се надеваат дека со заче стените средби ќе поттикнат во иднина на ваквите собири да се придружи и претседателот на Грција, Каролос Папуљас. Иванов до сега неколкупати испрати официјална покана до својот грчки колега, но одговорот беше дека сè уште не е време за такво нешто поради нерешениот спор за името.

5


6

ВЕСТИ

Вторник, 3 јули 2012 година

ПОЧНА ДА СЕ ПРИМЕНУВА ПРИНЦИПОТ НА НАГРАДУВАЊЕ И КАЗНУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Лекарите чекаат колапс на плаќањето според учинок Бидејќи нема унифициран систем, вработените отчекуваат уште во првиот месец овој модел да ги покаже своите аномалии

Н

Менче АТАНАСОВА-ТОЧИ

овиот модел, со кој на лекарите им се плаќа според сработеното, создаде хаос по болниците, им доне се нови проблеми на директорите, ги збуни правните служби, а лекарите ги доне се на раб на очај. Плаќањето, кое официјално стапи во сила од вчера, ги збуни управните одбори и комисиите што едно ставно не знаат од каде да почнат да работат. Во синдикатот на клиниките велат дека во моментот сè е оставено на директорите, тие сами ги прават бодовните листи за здравствените услуги. Но, бидејќи нема унифициран систем, ниту софтверско решение, отчекуваат уште во првиот ме сец овој модел да ги покаже своите аномалии. Синдикалците остануваат на ставот дека плаќањето според сработеното е модел кој не е применлив во практика, кој се ко си со диер-џи системот на работа во здравствените установи, како и со колективниот договор. - Пла ќа ње то по ус лу га не е сти мули рач ки си стем за до кто ри те, бу џе ти те на клиниките не се зголемени заради оваа намена, така што истите пари ќе се прелеваат од еден вработен на друг, ќе се од земе од еден лекар за да му се даде на друг кој сработил повеќе, без можност да си ја зголемат квотата - изјави за „Ден“ Дејан Ста-

вриќ, претседател на Синдикатот на Скопските клиники. Првичните пресметки на некои од клиниките покажале големи разлики за иста здравствена интервенција да биде пресметана според едни бодови за Скопје, на пример, а во Битола или во Прилеп по други. Првите ефекти од моделот кој го воведе Министерството за здравство ќе бидат видливи со земањето на платата во јули. Тоа ќе предизвика не задоволство, ќе го дотолчи здравството и ќе создаде нетрпение меѓу вработените, се првите коментари кај медицинскиот персонал. - Во моментот нема да реагираме, ќе чекаме на ефектите од следната плата, а потоа ќе бараме одговорност од надлежните - велат од Синдикатот на Скопските клиники. Од Синдикатот велат дека цели три ме сеци се игнорирани од министерот за здравство, Никола Тодоров, кој проектот го

истурка до стартна позиција без да го слушне гласот на тие што ги застапуваат вработените. Уште минатата година лекарите побараа стопирање на проектот бидејќи сметаат дека е неприменлив во практика. Но, Тодоров одлучи од 1 јули да стартува моделот според кој на лекарите што оствариле повеќе работа да добијат 20 проценти повеќе од своите колеги, а тие што се помалку успешни да добијат намалување на платите. - Платата од 100 проценти им е гарантирана, а наградата може да оди до 20 проценти од основицата, а исто толку ќе биде и намалувањето на платите за тие што забошотуваат - изјави пред самиот старт на проектот министерот Тодоров. Инаку, со овој проект до 15 во ме сецот менаџерите се обврзани да ги предупредат оние доктори што забошотуваат или немаат доволно интервенции да се поправат.

Православните го слават свети Наум Охридски – Чудотворец Православните верници денеска го слават свети Наум Охридски за кого се верува дека имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Во Охрид, вообичаено, како и секоја година на празникот во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ доаѓаат десетици илјади верници да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски. По повод празникот Свети Наум Охридски - Чудотворец во манастирот утринава ќе

се служи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со владиците Тимотеј и Агатангел и со многубројно свештенство. Манастирскиот комплекс „Св. Наум“ се наоѓа на триесетина километри од Охрид на најјужната точка на Охридското Езеро. Главната црква во комплексот е изградена на високиот стрмен брег, во непо средна

близина на изворите на Црн Дрим. Светиот про светител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде ја развил благородната мисија за про светување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сме стен во југоисточниот дел од нартексот. На празникот на светецот во комплексот, покрај православни верници, доаѓаат и многу гости од странство и од други вероисповести.


ВЕСТИ

Вторник, 3 јули 2012 година

7

АНАЛИЗА НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ ЗА СИРОМАШТИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Македонци купуваат органи на црниот пазар

М

Менче АТАНАСОВА ТОЧИ

акедонка сакала да купи бубрег на црно преку српските весници за 24.000 долари, што е за 12.000 долари помалку од цените што се вртат на црниот пазар. Таа се јавила на оглас, но продавачот не се согласил да го продаде бубрегот за таа цена, пишува „Њујорк тајмс“. Нема податоци уште колку македонски државјани пробале да купат или, уште пострашно, да ги понудат своите органи на продажба за да заработат пари преку огласите во Србија, која е во фокусот на анализата на овој угледен весник. Сиромаштијата, безработицата и очајно тешката состојба ги натераа луѓето во оваа соседна земја да ги нудат на продажба своите органи без страв дека ќе бидат гонети од полицијата и од судските органи. Ако порано главни снабдувачи со човечки органи беа Индија, Кина, Пакистан, сега нелегалната трговија се пресели во сиромашните земји од источна Европа, но и во осиромашените од економската криза Шпанија, Италија, Грција, Русија, како и во поранешните социјалистички земји. Репортерот на „Њујорк тајмс“ разговарал со луѓе од Кикинда и од Долјевац, кои без страв од судско гонење раскажале што ги натерало да се одлучат на ваков чекор. Б.Мирков и неговата сопруга, кои живеат во Ковин, веќе шест месеци очекуваат одговор на понудата да продадат по еден бубрег за 40.000 евра секој, а со понудата доставиле и крвна група и број на телефонот. И двајцата останале без работа, имаат две малолетни деца и многу долгови. На децата можат да им понудат само по еден оброк дневно и затоа велат дека се одлучиле на ваков страшен чин. - Ова е мое тело и со него можам да правам што сакам - вели Мирков. Иако трговијата со човечки органи е казнива со 10 години затвор, тоа не ги спречило жителите на Долјевац, од кои половината се невработени, во обидот да регистрираат агенција за продажба на човечки органи и крв во странство, пишува „Њујорк тајмс“. Органите најчесто се продаваат и пресадуваат надвор од Србија, во некоја друга земја, а најмногу барани се белите дробови, коскената срцевина, рожницата од очите. Криминалците кои се занимаваат со овој нелегален бизнис ја искористуваат маката и сиромаштијата на луѓето за да дојдат до голема заработувачка.

Нелегалната трговија со човечки органи зема замав на Балканот, луѓето без страв и срам ги огласуваат деловите од своето тело само за да преживеат

Оваа масовна трговија зема сè поголеми размери во Европа, велат аналитичарите. Во овој синџир трговците со органи профитираат на сметка на очајните сиромашни луѓе кои ги продаваат органите, но и на сметка на купувачите кои очајно сакаат да најдат орган за пресадување за да преживеат. Така, Европа, а особено посткомунистичките земји станаа рај за трговците со органи, кои пресадувањето го вршат во несоодветни нелегални болници, често и импровизирани, кои работат на принципот да завршат со работата и да ја избришат трагата зад нив, а се работи со лекови со поминат рок и со сомнителна крв. Честопати млади луѓе излажани и заведени завршуваат на вакви места, каде им се вадат бубрези без да бидат свесни за тоа, а за услугата не добиваат ништо. Пред неколку години на Косово беше пронајдена илегална болница, во која беше фатена екипа од лекари предводена од турски и од израелски државјани кои вршеа нелегална трговија и пресадување на бубрези. Клопчето почна да

се одмотува кога на приштинскиот аеродром беше забележано момче, турски државјанин, како се тетерави без пари и документи, а при проверката било утврдено дека му е изваден бубрегот. Откако раскажал што се случило во болницата, беше пронајден и израелски државјанин кому му бил пресаден бубрегот од момчето, а за што платил 120.000 евра. На 24годишното момче му било ветено дека ќе добие 20-000 евра на некоја жиро-сметка, но на пат до дома бил испратен без пари. Непосредно пред ова нефролог од Македонија обелодени дека кај него дошле околу 20 луѓе кои ги понудиле своите бубрези на продажба. Бидејќи тоа е нелегално, лекарот ги вратил, по што им се изгубила секоја трага. Каде завршиле, дали успеале да ги продадат своите бубрези ќе остане мистерија, особено затоа што полицијата досега нема никакви сознанија за тоа. Се проценува дека во светот годишно на црниот пазар се продаваат од 15.000 до 20.000 бубрези, а СЗО проценува дека тоа е само 10 проценти од побарувачката и од потребата.


8

ПАРИ

Вторник, 3 јули 2012 година

ДРЖАВАТА НЕМА ЛЕК ЗА НАЈГОЛЕМАТА БОЛКА НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО

Сиромаштијата метас

Сите влади најавуваа борба против сиромаштијата, но секогаш тоа беа површни решенија и краткорочни мерки

Мишко ИВАНОВ

Н

емилосрдна е статистика, секој трет Македонец живее во сиромаштија, а најпогодени се невработените од кои дури 43 проценти живеат во сиромаштија. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства со оглед на фактот дека 47,3 проценти од сиромашните живеат во семејства со пет и повеќе члена. Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае врз бројот на сиромашни. Повеќе од 50 проценти од сиромашните живеат во домаќинства чиј носител нема или има завршено најмногу основно образование. Бројките секоја година се сè попоразителни, но државата досега не покажа сериозност во решавањето на овој проблем иако досега сите влади најавуваа борба против сиромаштијата. Секогаш тоа беа површни решенија и краткорочни мерки кои се сведуваа единствено на маркетиншки реклами, никогаш сериозна и долгорочна стратегија за решително справување со сиромаштијата. За домашната експертска јавност сиромаштијата постои откога е и човекот, за научна-

та јавност сиромаштијата е глобален проблем. Конкретно во Македонија, потребна е долгорочна стратегија, каде што ќе се развиваат економски капацитети според реалната потреба и структурата на населението.

СТАТИСТИКАТА ЈА ИЗБРИША СИРОМАШТИЈАТА Од 2011 година наваму, Државниот завод за статистика не пресметува и не утврдува потрошувачка кошничка. Објаснувањето оттаму е дека бројките што се појавуваа биле погрешно толкувани и се користеле како индикатор за сиромаштијата во Македонија. Потрошувачката кошничка, всушност, покажувала како месечните промени на цените влијаат врз буџетот на едно четиричлено семејство. - Сега сиромаштијата ќе се пресметува по методологија на Еуростат, преку анкета за приходи и услови на живеење. Првите резултати планирано е да излезат наесен. Со оваа анкета ќе се обезбедат споредливи индикатори со сите земји - велат за „Ден“ од Државниот завод за статистика, тврдејќи дека со ваквата анкета ќе се обезбедат податоци за сиромаштијата, кои се меѓународно споредливи.

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

ФУНТА

ФРАНК

ДОЛАР

2 ЈУЛИ 2012

НБРМ

61,6

76,3

51,2

48,90

продажен

61,65

77,10

51,70

49,50

куповен

61,35

75,50

50,50

48,00

Менувачници

- Ад хок-решенија нема да ја намалат сиромаштијата, а добивањето социјална помош е моментално решение кое може да влијае само за краток период, но проблемот ќе остане. Генерално и на глобално ниво, сиромашните луѓе се најманипулираната популација. Исто е и кај нас, сиромашните најлесно можеш да ги манипулираш, тие бараат милосрдие оти се во една беспомошна состојба. Јазот меѓу богати и и сиромашни постојано се зголемува, но дефинитивно проблемот може да се санира со долгорочна политика од која нема да има отстапување и во која научни и стручни тимови ќе анализираат и ќе нудат решенија. Секако ваквата слика преку ноќ не може да се промени, туку потребно е да поминат неколку генерации за да можеш да влијаеш на нивната свест - вели за „Ден“ Весна Димитриевска, универзитетска професорка.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.860,62

2,61

0,14%

МБИД

1.808,40

11,04

0,61%

118,70

0,13

0,11%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


ПАРИ

Вторник, 3 јули 2012 година

тазира

Таа додава дека, сепак, сиромашните не треба да се заборава оти и тие се членови на ова општество и кон нив треба да се покаже некаква грижа. - Она што е суштински важно е дека со овој проблем се бориме на два фронта и тоа: образование и вработување - велат за „Ден“ од Министерството за труд и социјална политика. Образованието и вработувањето се двете алатки преку кои надлежните настојувале да го прекинат трансгенерациското пренесување на сиромаштијата, што е карактеристично кај социјално загрозените семејства и се пренесува од колено на колено. - Со подигнување на степенот на образование особено кај семејствата каде што има трансгенерациско пренесување на сиромаштија се отвораат нови можности за пристап на пазарот на труд. Вработувањето е основната алатка за борба против сиромаштија, кон што сме насочени. Имајќи предвид дека образованието де факто влијае врз сиромаштијата (со тоа што најголем процент сиромашни семејства се оние во кои носителот на домаќинството нема или има завршено најмногу основно образование поради што доаѓа до израз нивната неконкурентност на пазарот на труд), а со цел да ја намaли сиромаштијата и да создаде поквалитетна работна сила, односно да ја зголеми вработеноста, воведевме мерка за задолжително средно образование. Истата се надоврзува и е поддржана од останатите мерки и проекти кои го олеснуваат нејзиното спроведување од домаќинствата корисници на социјална парична помош – велат од Министерството. Како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата.

СИРОМАШНИ ЛИЦА 1998 ... 416.000 сиромашни лица 2002 ... 610.000 сиромашни лица 2006 ... 608.000 сиромашни лица 2009 ... 637.000 сиромашни лица

СИРОМАШТИЈА НИЗ БРОЈКИ 1999 ... 21,0% 2000 ... 22,3% 2001 ... 24,6% 2002 ... 30,1% 2003 ... 30,2% 2004 ... 29,6%

2005 ... 30,0% 2006 ... 29,8% 2007 ... 29,4% 2008 ... 28,7% 2009 ... 31,1% 2010 ... 30,9%

9

Горивата поевтинуваат

Од де не ска на фте ни те де ри вати се прода ва ат по но ва по ни ска це на. Бен зи нот по е вти ну ва за 2,5 де на ри, а ди зе лот за три де на ри за еден ли тар. „Еу ро су пе рот-95“, спо ред од лу ката на Ре гулатор ната коми си ја за енер ге ти ка, ќе се прода ва за 75,5 де на ри за еден ли тар, „еу ро су пе рот-98“ ќе чи ни 77 де на ри за ли тар. За три де на ри помал ку ќе се прода ва ат и „еу роди зе лот“ и

екстра лес ното мас ло за дома ќинс тво. Но ви те це ни се 64,50, од нос но 53 де на ри за еден ли тар. Ма ло продаж ната це на на ма зу тот М-1 НС се на ма лу ва за 2,995 де на ри за еден ки ло грам. На ма лу ва ње то се дол жи на по ни ската це на на су ро вата на фта на свет ски от па зар и на по ни ски от курс на де на рот во од нос на дола рот во изми нати от 14дне вен пер и од.

Барел нафта за помалку од 84 долари, се намали еуфоријата од планот на ЕУ Суровата нафта на берзата во Њујорк поевтини до помалку од 84 долари за барел имајќи предвид дека се намали еуфоријата во врска со најновиот план на ЕУ за решавање на должничките и економските проблеми во Европа. За намалување на цената на нафтата придоне соа и информациите за забавување на кине ската економија. Цената на американската лесна нафта на Њујоршката берза се намали за 1,17 до-

лари, достигнувајќи 83,79 долари за еден барел, додека европската нафта „брент“ на Меѓународната берза во Лондон поевтини за 1,64 долари на 96,16 долари за барел. Некои аналитичари се скептични дека планот на ЕУ ќе успее да ја реши се потешката должничка и економска криза. Инве ститорите внимателно ќе ги следат дета лите на овој план, кој министрите за финансии на ЕУ ќе го разработат во следните две недели.

Со кредитно осигурување до посигурен извоз на компаниите Македонската банка за поддршка на развојот преку кредитното осигурување и факторинг им овозможува на извозноориентираните компании да ја зголемат конкурентната способност на странските пазари. Со извознокредитното осигурување, македонските извозници имаат поголема сигурност од евентуалната ненаплата на нивните побарувања од странските купувачи, односно се овозможува осигурување на наплатата. Користа е тоа што со овој инструмент македонските компании имаат посигурен настап на странските пазари и можност да најдат нови купувачи во услови кога поради економската криза има намалување на нарачките од странство. - Тоа што е актуелно во меѓународната трговија е тоа што странските купувачи сè повеќе бараат производите и услугите да ги користат на одложено плаќање и во такви услови македонските компании се соочуваат со одредени ризици да не можат да ги наплатат своите побарувања од извозните трансакции. Во таа насока овој инструмент ги амортизира ризиците со кои се соочуваат компаниите од евентуалната ненаплата на своите побарувања. Тоа значи дека преку него се овозможува осигурување на наплатата на побарувањата -

истакна Дарко Стефановски од МБПР. Извозениот факторинг, пак, нуди краткорочно финансирање преку откуп на побарувањата на извозниците. МБПР ги откупува побарувањата од странските купувачи, а извозните компании добиваат краткорочно финансирање за нивните тековни потреби. Со тоа извозноориентираните компании ги намалуваат проблемите со недостигот од обртен капитал и ја зголемуваат својата конкурентност. Од почетокот на годината се склучени вакви договори со околу 15 извозници од различни области и притоа е поддржан извоз во повеќе европски држави. Според Стефановски, во последните неколку години сè повеќе се зголемува интересот и потребата од користењето на овие два инструмента. - Странските купувачи, соочени со нивните проблеми, ги наметнуваат потребите да не може да ги платат обврските навреме, а македонските компании поради недостиг од обртен капитал не може да им излезат во пресрет на нивните барања. Затоа извозноориентираните компании треба да ги користат овие средства за да може да остварат подобри резултати и да се зголеми извозот на Македонија - нагласи Стефановски.


10

ПАРИ

Вторник, 3 јули 2012 година

СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ЗА СПОРНИОТ ВЛАДИН ПРЕДЛОГ

Невработените ги раскараа власта и опозицијата

Жестока дебата во Собранието предизвикаа измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Опозицијата обвини дека власта донесува закон со кој вештачки сака да го намали бројот на невработени. Инаку, со предложените измени се предвидува Агенцијата за вработување на лицата што се евидентирани како невработени до 12 месеци да може да им понуди работа што ќе одговара на нивниот степен на образование. На оние што се евидентирани како невработени помалку од две години, односно од 12 до 24 месеци, ќе може да им понуди работа што е за еден степен пониска од степенот на нивното образование. Тие што се невработени повеќе од две години може да им се понуди каква било работа. Агенцијата има право да

Измените се на штета на граѓаните, a Владата само сака вештачки да прикаже дека има помала невработеност, реагираат од опозицијата

им понуди работа што е оддалечена два часа патување со јавен превоз. Доколку работата се одбие, тогаш невработените се бришат од евиденцијата. - Со измените на Законот се предлага да се воведат два начини на евиденција. Според првиот, ќе се води евиденција на лица што активно бараат работа и евиденција на лица што не бараат активно работа, а остануваат евидентирани во списокот на Агенцијата за вработување заради остварување други социјални права - изјави на

дебатата министерот за труд и социјала Спиро Ристовски. Пратениците од опозицијата реагираа дека станува збор за уште еден Закон со кој се кратат правата на граѓаните во Македонија. Дополнително предвидени се ригорозни административни мерки со кои вештачки се намалува бројот на невработени лица. - Мобилноста на работниците не е во тоа да ги движите од едно на друго место туку тие да имаат можност да работат врз основа на квалитетите што ги имаат - рече

Ивон Величковски од ЛП. Тој обвини дека ова е законско решение за „фризирање“ на податоците за невработеноста, која допрва ќе се зголемувала како резултат на неповолните економски состојби. Стојко Пауновски од СДСМ истакна дека државата не направила ништо за да à помогне на економијата за да таа да биде сегментот што ќе овозможи работа за невработените. Кога индустријата ни оди надолу, не верувам дека Агенцијата за вработување може да понуди работно место некаде без оглед дали тоа е во Тетово, Гостивар, Скопје - смета Пауновски. Тврдењата на опозицијата ги негираа пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, пак, не се предвидувало бришење на невработените и одземање на нивните права. Н.С.


ПАРИ

Вторник, 3 јули 2012 година

11

РУСКИ „СТРОЈТРАНС ГАС“ И „МЕР“, ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Македонија тргна да се гасифицира по третпат

Најавено е дека договорот, кој би значел и старт на проектот за гасификација на Македонија, ќе се потпише во следните неколку месеци

Наташа СТОЈАНОВСКА

Р

уската компанија „Стројтранс гас“ и „Ма кедон ски енер гет ски ре сур си“, потпишаа меморандум за соработка како прв чекор од про ектот за из град ба на га со вод на мре жа во зем ја ва. Меморандумот е потпишан на вчерашната сред ба во Ру си ја. Се пак, нај а ве но е де ка договорот, кој би значел и старт на про ектот за гасификација на Македонија, ќе се потпише во следните неколку ме сеци. - Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која ќе се усогласат си те де та ли за да може за не кол ку ме сеци од дене ска да почне ре а лизацијата на про е ктот за га си фи ка ци ја, од нос но да се потпише и договорот со кој целосно ќе се ре а ли зи ра овој про ект. Две те стра ни имаат најмногу два ме сец да ги фина лизираат работите на своја страна и најмногу за три-четири ме сеци да се почне ре ализацијата на проектот - изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставре ски. Почнувањето на изградбата на објектите за неколку ме сеци го потврди и Максим Александрович-Травников, заменик-министер за региона лен развој, кој по сочи дека за неколку ме сеци ќе почне со изградба на

об је кти те и кон крет на до ста ва на гас на целата територија на Македонија. Меморандумот, пак, овозможува уште веднаш да се почне со по стапка за експропријација и добивање одобрение за градба, смета министерот за транспорт и врски Миле Јанакие ски. - Вредно ста на проектот е 75 милиони долари, од кои 60 милиони се од договорениот клириншки долг на Русија кон Македонија и 15 милиони долари се обезбедени од македонскиот буџет за да се заокружи

финансиската конструкција на овој дел. Понатаму, проектот за целосната гасификација на Македонија е 300 милиони долари и таа ќе се одвива по фази во согласност со разговорите што се водат со Европската банка, од каде што министерот очекува дополнителни средства - изјави Јанакие ски. Во ме ѓу вре ме, Струми ца е пр ви от ре ги он ка де што га си фи ка ци јата од есен ќе би де до стап на и за гра ѓа ни те, а Кума но во е во за врш на фа за на нај а ва за га си фи ка ци ја.


12

ДОСИЕ

ФОТО ВЕСТ

Вторник, 3 јули 2012 година

ДОГОВОРОТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО

Со пасош

М

Полициско возило прегази пешак вчера утрото, околу 8 часот, на улицата Железничка, во Скопје. Пешакот ја поминувал улицата кога на него налетал полицискиот „дефендер“ и го удрил. Пешакот е надвор од животна опасност, соопштија од Ургентниот клинички центар во Скопје.

акедонските граѓани кои летово планираат да го поминат годишниот одмор во Црна Гора ќе мора да патуваат со пасоши. Си уште не е готов законот за патување во двете држави со лични карти, па оваа туристичка сезона најверојатно ќе изо стане олеснувањето на граничните процедури на македонско-црногорската граница. Во март годинава министрите за внатрешни работи на Македонија и na Црна Гора, Гордана Јанкуло ска и Иван Брајовиќ, потпишаа договор за полициска соработка со што е предвидено патување на граѓаните од двете земји само со лични карти. Но, подготовката на законот за патување сè уште е во процедура, па оваа туристичка сезона граѓаните ќе мора да ги поминат границите со пасоши. - Врз основа на склучените договори за соработка на полициите од двете земји, Македонија и Црна Гора, постапката за патување на граѓаните со лични карти е во тек и засега патувањето е со патни исправи – изјавија од МВР. Од полицијата не информи-


ДОСИЕ

Вторник, 3 јули 2012 година

ЛИЧНА КАРТА НЕМА ДА СТАПИ ВО СИЛА ЛЕТОВО

ш во Црна Гора

13

Ограбен познат невропсихијатар Крадци го испразниле станот на познат невропсихијатар, поранешен директор на Клиниката за неврологија во Скопје. Во неделата утрото, дваесетина минути пред три часот, непознато лице влегло во станот на А.П. (68), на улицата Даме Груев и извршил тешка кражба, информираат од полицијата. Крадецот одзел 120.000 евра, 25.000 долари, 100.000 денари, еден и пол килограм златен накит и пиштол „чешка зброевка“ со 120 куршуми. Сопственикот на станот го поседувал пиштолот со дозвола. Полицијата сè уште не го пронашла крадецот.

Украдени икони од 18 век раат до кога ќе траат процедурите и дали туристите ќе може да го фатат последниот воз во август и да патуваат со лични карти. Македонските граѓани веќе патуваат со биометриска лична карта во Албанија и во Србија. Овие олеснителни околности за вла-

стите на трите земји овозможуваат поголема комуникација на граѓаните од овие земји и, исто така, одат во полза на интензивирање на економските врски, како и развој на туризмот и градење пријателство во духот на европските вредности. К.Г.

Тетовец бил во нелегален брак со малолетничка Те то вец де вет ме се ци жи ве ел во брак со 16-годиш на ма ло лет нич ка. Се кто рот за внатреш ни ра бо ти од Те то во за Н.И. (19) од се ло то Го ле ма Ре чи ца под нел при ја ва за кри вич но де ло вон брачен жи вот со ма ло лет но ли це. Спо ред по ли -

ци ја та, 19-го диш ни кот во сво јот дом до нел 16-го диш на ма ло лет нич ка од исто то се ло, со ко ја бил во љу бов на вр ска. Де вој че то до бро вол но дош ло во домот на Н.И. и кај не го жи ве е ло до мај годи на ва.

Загина мотоциклист

Двае сет и двегодишниот Дарко С. од Радибуш, општина Ранковце, завчера вечерта загинал во сообраќајна не среќа. Мотоциклистот возел на автопатот Скопје - Куманово, поточно во близина на Ми-

ладиновци, кога изгубил контрола врз мотоциклот, удрил во металниот браник и паднал во канал, соопштија од полицијата. Момчето им подлегнало на повредите во Ургентниот центар во Скопје.

Ноќта меѓу саботата и неделата извршена е тешка кражба во црквата „Свети Архангел Михаил“ во селото Радожда во струшкиот регион, велат од полицијата. Крадецот со алат ја пробил вратата и од црквата украл дрвена рамка на која имало нацртано четири икони од 1780 година. Полицијата го бара разбојникот. Во текот на минатата година двапати беше ограбена црквата „Свети Никола“ од тој крај, од каде беа украдени 22 икони од 19 век и еден сребрен крст. Штетата од кражбата на црковни предмети надлежните ја проценија на 30.000 евра.

Момче избодено со нож во Скопје

Вчера, дваесетина минути по полноќ, во скопската населба Капиштец 24-годишно момче било избодено со нож, соопшти полицијата. Според нив, С.С. се движел по улицата Народен фронт кога непознато лице го нападнало и со нож го прободело во делот на слабината. Повреденото момче било пренесено на скопските клиники. Напаѓачот сè уште е во бегство.

Продолжен притворот за осомничените од „Монструм“ Продолжен им е притворот на шестмината обвинети за петкратното убиство кај Железарско Езеро во Скопје, кое се случи во април годинава. Во притвор во затворот во Битола се четири лица осомничени дека го помагале убиството и еден од директните извршители. Полицијата сè уште трага по Алил Демири и по Африм Исмаиловиќ од Скопје кои, според истрагата, заедно

со притворениот Агим Исмаиловиќ го извршиле масакрот кај езерото. Петкратното убиство се случи на 12 април, за време на големиот христијански празник Велики Четврток. Полицијата го карактеризираше зло сторството како терористички чин, а обвинителството сè уште нема подне сено обвинение за убиството на четирите момчиња и на рибарот.


14

СКОПЈЕ

Вторник, 3 јули 2012 година

НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА СЕ ШИРИ ОД КАНАЛИЗАЦИЈАТА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

Шетање низ центар со затнат нос О

Соња Т. ЈАНКОВСКА

ткако се реши проблемот со непријатната миризба на плоштад Македонија, сега смрдеата од водоводната кана лизација се пре фрли на улицата Македонија. Граѓаните што живеат во околните згради или шетаат по оваа улица реагираат дека со зголемувањето на температурите непријатната миризба е сè поизразена. - Ајде што на периоди мириса ѓубрето од контејнерите, на улицата Македонија во последно време се шири непријатна миризба од канализацијата, а сега е особено поизразена бидејќи е топло, па кога шетаме, треба и но сот да си го затнеме. Мислам дека не личи за една метропола сè уште да има ваков проблем. Исто така, за мене е не сфатливо во попладневните часови, кога има најголема фреквенција на луѓе, рачно да се чистат шахтите на оваа улица каде што има многу кафулиња и не само што потоа лошо мириса, туку и тие што ги чистат не внимаваат што ќе остават зад себе - вели скопјанец. Опозициските советници од Град Скопје побараа од градоначалникот Коце Трајановски што побр зо да го реши проблемот со канализациската мрежа во центарот на градот. - Пред извесно време Градот доне се одлука за дислокација, но работата не е завршена иако градоначалникот вети, а непријатната миризба што се шири од канализацијата сè уште е присутна на улицата Македонија. Дел од сопствениците на кафулињата велат дека се принудени да по ставуваат најлонски ќе си на шахтите, за колку-толку да нè мириса - вели Софија Куновска, советник на СДСМ од Град Скопје. Градоначалникот Трајановски вели дека дел од канализациската мрежа е дислоцирана, а веќе е даден и налог на ЈП „Водовод и кана лизација“ да најде решение за проблемот со непријатната миризба. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека веќе работат на решавање на проблемот со непријатната миризба на улицата Македонија и улицата 27 Март. - Неколку информации за периодична појава на непријатен мирис добивме во деновите кога атмо сферската температура се

Од „Водовод и канализација“ уверуваат дека проблемот со непријатната миризба на улицата Македонија ќе биде решен наскоро

доближи до 40 степен, што укажува на можност за по сто ење нелега лен фека лен приклучок во атмо сферската канализација. Веднаш се пристапи кон подготовка на дополнително техничко решение и во следните 15 дена во ревизионата шахта, која ги прифаќа водите од улицата Македонија и улицата 27 март, ќе биде монтиран хлоринатор со што и наведената претпо ставка ќе биде елиминирана - вели Тони Јаревски, директор на ЈП „Водовод и канализација“. Непријатна миризба од канализацијата пред извесно време се ширеше и на плоштадот Македонија во близина на споменикот „Воин на коњ“. Од ЈП „Водовод и кана лизација“ велат дека овој проблем се јавил поради струењето на ладниот воздух од реката Вардар преку атмо сферската кана лизациска инфраструктура на плоштадот, но веќе е надминат. - Со реконструкцијата на плоштадот во 2004 година камените коцки од плоштадот беа заменети со гранитни плочи и се изведе целосно нова атмо сферска канализација на целиот плоштад, која опфати голем број

сливници и истата се поврза на веќе по стојниот испуст во реката Вардар. Те стиравме неколку решенија за надминување на проблемот со појавата на непријатен мирис. По ставивме гумена обвивка на испустот во реката Вардар и вршевме дневен надзор на со стојбата. Констатиравме дека со примената на ова решение се спречи струење на ладниот воздух од коритото на реката Вардар и веќе нема појава на непријатен мирис на плоштадот. Со програмата за тековно одржување на канализациската инфраструктура предвидено е еднаш ме сечно на плоштадот да се врши генерално прочистување на канализацискиот систем, со примена на каналџет техника со цистерни под притисок од 120 бари - објаснува Јаревски. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека строгиот центар на градот е комплетно покриен со атмо сферска канализација, само неколку индивидуални куќи на потегот од паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ до булеварот Кочо Рацин сè уште не се приклучени на фекална кана лизација, односно користат септички јами.


СВЕТ

Вторник, 3 јули 2012 година

15

НАЈМЛАДАТА ДРЖАВА ЌЕ ДОБИЕ ПОЛН СУВЕРЕНИТЕТ

Косово од есен без дадилки

ЕУЛЕКС и КФОР и понатаму мора да останат во Косово поради ситуацијата на северот, која сè уште не е решена до крај

К

осово наесен ќе добие полн суверенитет, но нерешената ситуација на северот бара понатамошно присуство на меѓународните сили и останува предизвик за косовската влада, изјави шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер. Австрискиот министер пред вчерашниот состанок во Виена на Меѓународната управувачка група за Косово истакна дека очекува меѓународната заедница да донесе одлука за завршување на процесот на надгледување. На Меѓународната управувачка група à припаѓаат повеќето земји на ЕУ, како и САД и Турција. - Ова е јасен знак за довербата што му се дава на Косово. Косово сега е доволно зрело за да стои на свои нозе и да ја преземе полната одговорност за иднината на сите свои граѓани - рече австрискиот министер. Според него, одлуката ќе се донесе сега затоа што за помалку од пет години косовската влада ги постигна целите на планот на Марти Ахтисари, кој предвидува создавање стабилно, демократско, мултиетничко Косово, кое ќе придонесува за регионалната стабилност. - Косово сега влегува во нова фаза на сопствена одговорност и приближување кон Европа. Но, тоа не значи дека може да се отпушти. Процесот на реформи во

најмладата држава во Европа мора да продолжи - посочи Шпинделегер. Тој додаде дека до есен сите цели од планот на Ахтисари мора да бидат внесени во косовскиот Устав и законодавство бидејќи само на тој начин правно ќе биде делотворна одлуката на набљудувачката група. Со крајот на процесот на надгледување ќе биде затворена и канцеларијата на цивилниот претставник на Меѓународната управувачка група за Косово, Питер Фејт.

Но, во земјата и натаму ќе останат мисијата на ЕУ - ЕУЛЕКС - и меѓународните сили КФОР. - ЕУЛЕКС и КФОР и понатаму мора да останат во Косово поради ситуацијата на северот, која сè уште не до крај решена и Владата во Приштина многу малку го контролира тој дел на државата - посочи Шпинделегер. Владата на Приштина не го контролира немирниот север на Косово, каде што Србите се мнозинство.


16

СВЕТ

Вторник, 3 јули 2012 година

Од старлета до пратеничка во Србија

Поранешната пејачка и фотомодел Невена Аџемовиќ ќе стане пратеничка во новиот состав на српскиот парламент, пишува српскиот печат. Поранешната членка на групата „Моделс“ беше кандидат на листата од коалицијата на новиот српски претседател Томислав Николиќ, под реден број 75. Штом стана јасно дека коалицијата ќе биде дел од новата влада, се отвори простор за политичкиот ангажман на старлетата. Таа својата кариера во политиката ја гради преку партијата Нова Србија(НС). Потпретседателката на НС, Дубравка Филиповски, потврди дека Аџемовиќ ќе биде дел од новиот српски парламент. - Нашата коалиција освои 73 мандати, а кога веќе ќе биде дел од власта, логично е

дека ќе се поднесуваат оставки, па така се отвора простор и останатите кандидати од листата да станат пратеници. Невена е сигурно една од нив. Сметам дека ќе биде вистинско освежување. Ќе бидете пријатно изненадени. Сигурно брзо ќе се приспособи, а ќе има и целосна поддршка од повозрасните колеги, кои имаат подолг пратенички стаж - изјави Филиповски. Пејачката Аџемовиќ има „богато“ минато кога се во прашање скандалите. Со години се појавуваше полугола на своите настапи, а недоразбирањата ги решаваше со тупаници. Таа се забавуваше само со моќни луѓе во Србија, а зад себе има два брака и два разводи. Своите први чекори на естрадата ги направи на 16 години.

Масоните ќе градат универзитет во Белград Српските масони на нивниот годишен собир пред еден месец во Белград се договориле да го градат првиот масонски универзитет во Белград, пренесува српскиот печат. Големиот мајстор Владимир Марковиќ истакна дека, освен воспоставувањето на високото образование, каде што професори и предавачи ќе бидат српски масони и браќа од странство, една од нивните мисии ќе биде да обезбедат стипендии за студентите, а потоа и работа. - Целта е да ги едуцираме слободните ѕидари, да се подигне квалитетот на образованието во Србија и да го спречиме одливот на мозоци во светот. Усвоивме и проект за изградба на масонски комплекс во кој ќе го

направиме новиот храм и нашиот прв универзитет - вели Марковиќ. Се планира следната година да почнат да работат во Белград во изнајмени простории, а до 2017 година да се изгради масонски универзитет со интернат. Тоа ќе биде единствена јавна институција на братството на масоните на Балканот и на многу начини единствена во светот. - Сфативме дека слабостите во образованието е една од главните причини за неединство на српската масонерија. Ние сакаме што подобро да се едуцираат младите луѓе и да го реализираме процесот на обединување на српските масони - рече Марковиќ.

МЕЃУНАРОДНАТА ТРОЈКА ЈА О

Луѓето Грција Владата на Самарас очекува да ги продолжи роковите за спроведување на реформите до крајот на 2016 година за земјата да земе здив од мерките за штедење

Н

адзорот на Грција продолжува откако вчера првпат од октомври минатата година во Атина допатуваа луѓето во црно, како што ги нарекуваат претставниците на Европската Унија (ЕУ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Европската централна банка (ЕЦБ). Нивната мисија е да видат до која мера Атина ги спровела ветените реформи, од што зависи дали парите од кредитите ќе продолжат да стигаат во Атина, пренесува „Дојче веле“. Од извештајот на оваа тројка зависи дали Грција ќе добие нова финансиска помош и дали актуелната програма за штедење ќе биде приспособена на состојбата во земјата, како што се надева новата грчка влада. Финансиските експерти од тројката неколку пати мораа да ја одложат својата посета поради предизборната кампања и болеста на двајцата клучни политичари во Грција. Аналитичарите велат дека меѓународните претставници нема да бидат дочекани со воодушевување во Грција. Новата грчка влада на Андонис Самарас победи на изборите со ветување дека ќе се избори за измена на договорената програма за мерки на штедење за да се ублажат социјалните последици од стегањето на ременот. Владата на Самарас очекува да ги продолжи роковите за спроведување на реформите до крајот на 2016 година, за земјата да земе здив од мерките за штедење. Со оглед дека во земјата има рекордна невработеност од 23 проценти и рецесија од седум проценти во третиот квартал од годинава, на Грците овие барања им изгледаат логични. Но, од експертите на тројка-


СВЕТ

Вторник, 3 јули 2012 година

17

БНОВУВА СВОЈАТА НАДЗОРНА МИСИЈА ВО АТИНА

во црно се враќаат во

та може да се очекува да укажат на фактот дека некои реформи што се ветени одамна стагнираат и не се спроведени. Пред сè ова се однесува на оданочувањето, приватизацијата и реструктуирањето на администрацијата. Но, сето тоа може да биде голем внатрешен проблем за владејачката коалиција во Атина бидејќи Радикалната левица го одбива тоа. Нејзиниот шеф Алексис Ципрас, кој е водач на опозицијата, тврди дека Самарас веќе подлегнал пред тројката и дека не зборува за нови преговори како што правел во предизборната кампања. Но, во секој случај, факт е дека Грција нема многу време за преговори. Државната каса е празна и владата има пари за сметки, плати и за пензии до крајот на јули. Покрај тоа, Грција до 20 август на Европската централна банка мора да à исплати повеќе од три милијарди евра на

РЕФОРМИТЕ МОРА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

Грција мора да ги исполни задачите со штедење и реформите „100 проценти“ за да остане во еврозоната, изјави високиот претставник на Европската централна банка, Јерг Асмусен.Тој истакна дека нема да има разговори за напуштање на целите за консолидација на грчкиот буџет и подобрување на конкурентноста.

име доспеани државни обврзници. А, до крајот на август ќе треба да плати 512 милиони евра на име на камати од претходните кредити кои земјата ги има земено за да избегне банкрот. Сепак, во земјата има и позитивни вести бидејќи, според најно-

виот извештај на меѓународните донатори, Грција го намалила својот државен апарат во минативе три години за речиси 11 проценти, односно на 780.000. Но, затоа тука е и тврдењето на еден претставник на ММФ дека во изминатите две години се вработени дури 70.000 нови службеници што е спротивно на договорот со меѓународната тројка. Ако овие бројки се покажат како точни, атмосферата за водење преговори во Атина ќе биде многу незгодна. Претставникот на ММФ, Боб Трае, беше бесен пред грчките новинари што оваа информација протекла во јавноста и истакна дека има крт во своите редови. Но, весникот „То вима“ во својот извештај за преговорите во Атина напиша дека Боб Трае се однесувал како истражен судија, односно како римски конзул кој владее со Грција.


18

СВЕТ

Вторник, 3 јули 2012 година

ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА ВЛАСТ

Мексико доби нов претседател

П

олитичката партија Институционална револуција, која владееше со Мексико повеќе од 70 години повторно се враќа на власт откако за победник на претседателските избори беше прогласен нејзиниот кандидат Енрике Пења Нието. - На овие избори победија демократијата и Мексико. Ние сме новата генерација. Нема враќање во минатото. Мојата влада ќе има визија која гледа во иднината - изјави Нето во славеничкиот говор. Според службените резултати, Пења Нието освоил 37,9 проценти гласови. Овој резултат е недостижен за неговиот најголем конкурент Андрес Мануел Лопез

Енрике Пења Нието во предизборната кампања вети пониски цени на храната, енергетски реформи, социјална заштита за сите Мексиканци и намалување на насилствата низ земјата

Обрадор од левичарската партија Демократска револуција, кој освоил околу 31 процент гласови, како и за Жозефина Васкес Мота, која беше кандидат на партијата Национална акција, а е поддржана со 25 проценти од гласовите на избирачите. Изборната победа на 45-годишниот адвокат значи повторно заживување на партијата Институционална револуција, која

во земјата авторитарно владееше 71 година, од 1929 до 2000 година. Во 2000 и 2006 година партијата доживеа пораз. Пења Нието го наследува претседателот Филипе Калдерон, кој ја извршуваше функцијата од 2006 година. Калдерон, кој немаше право да се кандидира на изборите, му честиташе на неговиот наследник и вети поддршка за владата до предавање

Иран нишани во Израел Иранската револуционерна гарда вчера почна воени вежби, на кои користи ракети „земја-земја“ со голем дострел, кои можат да стигнат до јужните делови на Европа, јави иранската агенција „Ирна“. Воените вежби се изведуваат во пустинските предели во централниот дел на Иран и ќе траат три дена. Командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Ами Али Хаџизадех, изјави дека вежбите имаат за цел процена на прецизноста и ефикасноста на боевите глави на ракетите со голем дострел, како и на системите за одредување на целите. Генералот беше дециден дека Иран ќе одговори веднаш и одлучно, на каков било напад од Израел. - Доколку тие преземат каква било акција, ќе ни дадат изговор да ги збришеме од лицето на земјата изјави Хаџизадех. Генералот додаде дека американските бази во регионот се наоѓаат во дометот на иранските проектили и другите оружја, а токму заради тоа САД нема да соработуваат со израел-

скиот „режим“. Според овој висок офицер, на тридневните вежби ќе се симулираат ракетни напади на воздухопловни воени бази. Иранските ракети „Шахаб-3“ имаат до-

стрел од 2.000 километри и токму затоа можат да бидат насочени кон Израел и кон јужните делови на Европа. Иран на 29 јуни го предупреди Западот дека новите санк-

ции ќе имаат последици врз преговорите за спорната иранска нуклеарна програма, додека шефот на иранскиот преговарачки тим, Саид Џалили, упати писмо до шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, во кое се наведува дека продолжувањето на успешните преговори е можен тек во рамките на соработката. Иранскиот функционер во своето писмо го предупредува Западот за последиците врз преговорите кои би ги имала секаква акција надвор од логиката, како и примената на нелегитимни средства против иранскиот народ. Заканите од Техеран се упатуваат токму кога Европската Унија почнува да го применува ембаргото на иранската нафта, како и други нови, поостри мерки. Таквите мерки се усвоени поодамна, а со нив се предвидува ембарго на извозот на нафта во земјите на ЕУ. Мерките се надополнети и со отежнувањето на трговијата со Иран на други земји, но главното ембарго и рестрикциите почнаа вчера.


СВЕТ

Вторник, 3 јули 2012 година

на власта во декември годинава. Нието во предизборната кампања вети дпониски цени на храната, енергетски реформи, социјална заштита за сите Мексиканци и намалување на насилствата низ земјата. Земјата има сериозен проблем со наркокартелите во чии борби за превласт секојдневно гинат десетици луѓе во земјата.

За разлика од неговиот претходник Калдерон, кој им објави војна на наркокартелите, која сè уште трае и е без поголем резултат, Нието е внимателен. Тој во кампањата се фокусираше на редуцирање на криминалот. - Борбата против криминалот ќе продолжи, со нова стратегија за намалување

19

на насилството, но пред целата е заштита на животите на сите Мексиканци - рече Нието. Тој ги отфрли обвинувањата од ривалите дека се обидува да постигнува договор со наркокартелите. - Да бидам јасен. Нема да има договор или примирје со организираниот криминал – вели Нието.

Врз основа на член 53 од Законот за водостопанство („Сл.весник на Р.М“ бр.85/03 …. 1/12), член 38 од Статутот на „Водостопанство Берово“ – Берово, Управниот одбор на корисници на вода при ВС Берово – Берово, распишува:

Јавен оглас за пројавување на интерес за именување на директор во „Водостопанство Берово“ - Берово

Изгоре театарот во Врање Зградата на професионалниот театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, каде што првата претстава се одиграла пред 116 години, вчера потполно изгоре во пожар, пренесува српскиот печат. Во гаснењето на огнената стихија учествувале 35 пожарникари, а гаснењето траело околу два и пол часа. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот прво избил во дискотеката која дели ист ѕид со театарот, а потоа пламените јазици ја зафатиле и културната институција, која е основана во 1896 година. Драган Стаменковиќ, портпарол на Полициската управа во Врање, објасни дека сè уште е рано да се зборува за причините за пожарот, освен дека изгорел комплетниот ентериер на театарот. За среќа, со пожарот не бил зафатен новиот дел од театарската зграда, во која се наоѓаат архивата, документација и костими со непроценлива вредност.

Управниот одбор на корисници на вода при Водостопанство Берово – Берово распишува оглас за вработување на директор на Водостопанство Берово – Берово. Покрај општите услови предвидени со Законот за работни односи („Сл.весник на Р.М“ бр.52/12) кандидатите потребно е да ги исполнуваат и посебните услови: 1.Да имаат завршено ВСС VII/1 степен на образование; 2.Да имаат 5 (пет) години работно искуство на раководно работно место; 3.Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат потребно е да веруваат во сопствениот капацитет, да имаат познавања за работа со компјутер, да поседуваат вештини за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на траењето на нивниот мандат за спроведување на значајни структурни реформи во остварување на политиките на Водостопанство Берово – Берово и Владата на Р.Македонија. Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет. Селекцијата на кандидатите ќе се врши по спроведена постапка на интервју. Пријавените кандидати потребно е да достават мотивационо писмо, лична биографија (CV) и фотографија. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Заинтересираните кандидати потребните документи се должни да ги достават до архивата на Водостопанство Берово – Берово, ул.„Моша Пијаде“ бр.47 – Берово. Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

Бр.65-01/12 02.07.2012 год.

Управен одбор на корисници на вода при Водостопанство Берово Берово Заменик Претседател Горан Кажлевски


20

КУЛТУРА

Вторник, 3 јули 2012 година

Награда за „Волшебна Македонија“

Новата дополнета и продолжена вер зија од филмуваниот про ект „Волшебна Македонија“ во продукција на „Трето уво“, освои уште едно меѓународно признание, специјалната награда за особено ква литетен придонес во културолшка, историска и амбиентална презентација на Македонија на јубилејниот 50. Меѓународен фе стивал за туристички филмови што се одржа од 20 до 24 јуни во Лече, Италија. Во конкуренција од вкупно 313 филмови од 51 земјa од целиот свет, нашиот филм предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од мно-

губројните новинари од медиуми од сите делови од светот, угледните го сти и домаќини на најстариот фе стивал на туристички филмови во светот. Ова е четврта меѓународна награда за овој документарно туристички филм. - Специјалната награда на фе стивалот во Лече пријатно ме изненади бидејќи ова е четврто по ред меѓународно признание во период пократок од една година. Јас веќе најавив голема свет ска промоција на овој филм и ме радува фактот дека таа засега успешно се реализира - вели Иво Јанковски, продуцентот на филмот.

Музејот како дом – изложба на Дарко Алексовски

Во Му зе јот на град Скопје вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворе на из ложбата на Дар ко Але ксовски, нас ло ве на „Дома“, која се ре а лизира по повод наградата „Борко Ла зе ски“ што овој млад автор ја до би во 2011 година. Во до го вор со се мејс твото на Бор ко Ла зе ски, на Музејот на град Скопје му се подарени картоните од овој уметник употребени за ре а лизација на големата „Фре ска за НОБ“ ре а ли зи ра на во аулата на Ста рата же лез нич ка ста ница во Скопје во 1958 годи на. Му зе јот на град Скопје прифати секоја година да организира само стојна изложба на студент од Факултетот за ликовни

умет но сти од Скоп је кој во претходната учебна годи на ја осво ил на гра дата „Борко Лазе ски“ за инвентив ни до стиг ну ва ња во сликарскиот оддел. Про е ктот на Але ксовски има тен ден ци ја да

вос по ста ви ре ла ции ме ѓу јавниот и приватниот про стор - на подот од изложбе ни от про стор Але ксовски ја ис црту ва основата од неговата куќа во размер 1:1 и во неа по ставува дел од предметите кои секојдневно го опкружуваат и се елемент од неговата приватност. - Публи ката во овој случај има избор да одлучи во кој про стор, всуш ност, се наоѓа. Прашањето со кое се соочува е да ли е по се ти тел на му зеј или дом? От ту ка про из ле гу ва фун да мен тал ното пра ша ње на про е ктот: со што еден про стор може да биде детерминиран како музеј ски, а со што ка ко домашен? - вели Алексовски.

МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА НА

Предизб спомениц

Практиката на посета и на другите градови и институции од културата ќе продолжи и во иднина според претходно утврдената агенда за работа, независно од тоа дали ќе има локални избори

С

о почетокот на летниот период и сезоната на големите фе стивали во градовите во земјата, министерката за култура, Елизабета Канче скаМилевска, тргна на културно патувачко шоу, ветувајќи нови инве стиции и проекти. Освен тоа, таа сака да види како работат, на пример, новите директори на фе стивалите „Охридско лето“ и „Струшки вечери на поезијата“. Изминатиот викенд таа беше во Охрид за да го отвори фе стива лот на француски филм во Македонија, а и да ја најави санацијата на куќата на Бојаџиеви, која претставува споменик на културата во Македонија. - Станува збор за значаен споменик на културата, специфичен објект од 19 век, кој го има задржано автентичниот изглед според охридската староградска архитектура изјави Елизабета Канче ска-Милевска, министерката за култура. Првиот дел од санацијата опфаќа уредување на влезната партија, како и на фасадата, дополнуваат од Министерството за култура. Вчера, пак, министерката го посети Дојран. Таму таа ја отвори и втората сувенирница од внатрешно ста на Македонија.

Македонски ав Во галерискиот про стор на Културноинформативниот Центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена ликовната изложба „Конекција“. На изложбата ќе бидат прет ставени дела на пет млади ликовни автори од Македонија, кои годинава магистрираа на Национална-


КУЛТУРА

Вторник, 3 јули 2012 година

ПАТУВАЧКО ШОУ НИЗ МАКЕДОНИЈА

орна санација на ите на културата

Воедно, во Дојран, Канче ска-Милевска го посети и манастирот „Пророк Свети Илија“. Но, по сетите на министерката ги актуелизираа нерешените проблеми со објектите што се дел од културното наследство. Еден од нив е случајот со тетовското Кале, каде пред еден ме сец се урна еден од влезните ѕидови на тврдината. Иако беше најавена брза и експедитивна санација, ниту по еден ме сец ништо не е направено. Тамошното население веќе реагира што им е оневозможен пристапот до ка лето. Камењата што се наоѓаат на патот, го попречувале и пристапот до црквата која се наоѓа во близина на локалитетот. Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, вели дека наскоро ќе почнат со санација на тетовското Кале. - Во моментов се очекуваат проектите за санација на тетовското Кале. Мора да ја запазиме по стапката за вакви активно сти. Пари за решавање на овој проблем има и наскоро ќе почнеме со санацијата - изјави

Паско Кузман. Во меѓувреме, политичките аналитичари сметаат дека актуелниот патувачки караван на министерката за култура е дел од предизборната кампања за локалните избори. Од Министерството за култура, пак, тврдат дека по сетата на градовите низ Македонија на министерката за култура е дел од нејзината работна агенда. - Нема ништо невообичаено во оваа агенда. Министерката за култура и во минатото и сега ги по сетува сите градови во Македонија и институциите од културата. Тоа е дел од нејзината работа и ја покажува по светено ста кон уметниците и кон институциите од културата не само во Скопје, туку и во другите градови од Македонија. Практиката на по сета и на другите градови и инситуции од културата, ќе продолжи и во иднина според претходно утврдената агенда за работа, независно од тоа дали ќе има локални избори, информираат од кабинетот на министерката за култура. А.Б.

тори со изложба во Софија та уметничка академија во Софија. Зоран Мише, Павел Целко ски и Горан Тричковски ќе се претстават со свои графики, Ненад Мичиќ со свои скулптури од керамика, а Зоран Георгиев со неколку дела во масло на платно. Предвидено е изложбата да ја отвори

директорот на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров. Изложбата ќе биде по ставена во текот на летните ме сеци, а по сетителите ќе можат да ја видат секој работен ден на центарот, до почетокот на септември.

21

Јубилејни „Денови на македонската фотографија“ Современата македонска фотографија ќе се претстави на 50. јубилејно издание на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“, која го претставува пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во земјава. Во просториите на Мала станица ќе бидат изложени околу 120 фотографии од годинешната селекција, како и омаж на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, за одбележување на неговото капитално фотографско дело.Отворањето на изложбата е најавено за вечерва, во Мала станица, со почеток во 20.30 часот.

Летен бран во „Блесок“ Издавачката куќа „Блесок“ за летово подготвува промотивна продажна акција под мотото „Два летни брана“. Првата почнува на 1 jули, а втората е веднаш по неа - од 1 до 31 август. Во својата летна акција „Блесок“ ќе понуди двапати по 15 наслови од својата продукција, со попуст од 40 проценти. Меѓу понудените наслови се романите на Оливера Николова, Ивана Сајко, Хенри Милер, Мирко Ковач, Алеш Штегер, книгите раскази од Фадила Нура Хавер, Инго Шулце, Фарук Шехик, драмите на Слободан Шнајдер, Антологијата на современиот босанско-херцеговски расказ, како и многу наслови од поетската едиција „Ева Тас“. Книгите се достапни и на интернет-страницата на „Блесок“.

Изјава на денот „Цивилизациски и животно, луѓето се богати само тогаш кога ќе сфатат дека постои нешто друго, поинакво и од тоа не смеат да се плашат“. Владислав Бајац


22

КУЛТУРА

Вторник, 3 јули 2012 година

Рио де Жанеиро влезе на листата на УНЕСКО

На 36. седница на УНЕСКО во Санкт Петербург, бразилскиот град Рио де Жанеиро со своите долги плажи, благата клима и со големата тропска вегетација е прогласен за објект на светското наследство. Знаменитите симболи на Рио, познати низ целиот свет, што ги сочинуваат единствениот пејзаж - ридот Глава на шеќерот, статуата на Христос Спасителот, плажата Копакабана и величенствениот поглед на заливот Гуанабар, беа доволен

аргумент за одлуката на Комитетот за светско наследство, јавуваат светските медиуми. Заливот Гуанабар е место каде првпат во јануари 1502 година португалските морепловцизастанале, мислејќи дека откриле делта на голема река што се влева во океанот, нарекувајќи го Рио де Жанеиро или „јануарска река“. Рио де Жанеиро е признат и како уметничка инспирација за музичарите, пејзажистите и за урбанистите.

Агенциите наведуваат дека некои од наведените области се нарушени од загадување, како што е заливот Ботофаго, а бразилскиот

официјален претставник изјави дека квалификацијата за светско наследство ќе ги подобри условите во тие области.

Археолози откриле реликвии од времето на цивилизацијата Вари

живот и здравје

Археолози во Перу откриле сончев часовник, подземен тунел и соба за прием во комплекс од времето на цивилизацијата Вари. Комплексот, кој се наоѓа во регионот Ајакучо во Андите, е откриен во 1931 година, а првите ископувања се почнати во 1942 година, но набргу се прекинати поради недостиг од финансии. За цивилизацијата Вари, која постоела меѓу 600 и 1100 година, се знае малку и археолозите од Универзитетот „Сан Кристобал де Хуаманга“ се надеваат дека новите откритија ќе им дадат поцелосни информации за овој период.

Во утрешниот број прочитајте се` за животот и здравјето

Заврши снимањето на „Соба со пијано“

По четири недели интензивна работи, заврши снимањето на филмот „Соба со пијано“ што го режира Игор Иванов-Изи. Како што соопшти „Скопје филм студио“, интернационалната филмска екипа на која филмскиот сет изграден на ЕРА - Скопски саем à беше дом во текот на изминатиот месец, функционираше беспрекорно и на највисоко професионално ниво. - Резултатот од нивната работа е целосна и навремена реа лизација на зацртаните

планови за снимање. Голема заслуга имаат сите актери од Македонија, Србија, Ко сово, Хрватска, Словенија, Германија, Велика Британија и од САД кои, без исклучок, беа бе скомпромисно подготвени за соработка и целосно по светени во работата - информира „Скопје филм студио“. Ре а лизацијата на следните фа зи од про це сот на созда ва ње на „Со ба со пи ја но“ продолжува. Кино-про екцијата на фил мот се оче ку ва след ната година.


МОЗАИК

Вторник, 3 јули 2012 година

23

Пашата не сака да оди во војска И Окан Ја лабик, ѕвездата на серијата „Ве ли ченс тве ни от“ во ко ја ја тол ку ва уло гата на Ибра хим-па ша, ја иско ри сти мож но ста што им беше дадена на сите мажи по стари од 30 години од турската влада. Имено, ним им е овозможено да бидат ослободени од обврската да отслужат во ен рок под услов на сметка на државата да уплатат приближно 15.000 евра. Оваа погодност, пред сè, ја искористија познатите лично сти, меѓу кои најмногу има актери и пе јачи. Нај голе ма тур ка ни ца во вој ни от отсек имало последниве денови кога папара ци те го сни ми ле Окан Ја ла бик, кој со потврда за уплата се појавил да стави точка на во ениот рок.

Кирстен Стјуарт е најплатена актерка според „Форбс“

Обожаватели си заминале од концерт на Ријана Додека настапувала на фестивалот „Мир и љубов“ во Шведска, Ријана наместо на Шведска, првата песна ја посветила на Норвешка. Пејачката излегла на сцена по 45 минути доцнење, изгледајќи отсутно. Иако требало да направи спектакл пред шведската публика, настапот на Ријана бил очаен. Многу обожаватели одлучиле да си заминат по само неколку песни зашто не биле задоволни од нејзиното пеење. Во меѓувреме се појавија коментари дека била пијана или дрогирана.

Ѕвездата на филмскиот серијал „Самрак“, Кирстен Стјуарт, се најде на врвот на годинешната листа на магазинот „Форбс“ на најплатени актерки. Дваесет и двегодишната актерка за секој снимен дел од серијалот заработила по 12,5 милиони долари, како и дела од парите што ги заработил филмот. Според процените, Стјуарт од мај 2011 година до мај 2012 година заработила 34,5 милиони долари. Веднаш зад неа е Камерон Дијаз со 34 милиони долари, а на трето место е Сандра Булок со 25 милиони долари заработка. На петтото место е актерката Шарлиз Терон, која со Кирстен игра во филмот „Снежана и ловецот“.

Пенелопе Круз: Најдобро е да се биде домаќинка! Убавата шпанска актерка Пенелопе Круз воопшто не мисли дека нејзината професија е најдобра на светот, туку дека е подобро да се биде домаќинка. - Јас веќе сум домаќинка и тоа е најдобрата работа на светот. Знам да готвам и важно ми е секој ден да имаме свежо подготвено јадење. Не се занимавам со никакви диети и ја обожавам медитеранската кујна - изјавила Пенелопе. Таа додала дека често брише прашина и мете, а чистењето подови à оди од рака. - Добра сум во чистење, тоа го научив додека го снимав филмот „Враќање“. Ликот што го играв постојано чисти низ куќата, а кога почнав да се подготвувам за улогата, одев кај мајка ми и сестрите кои мислеа дека имам температура зашто им чистам дома - додала Пенелопе.

статус: ПЕЦЕ – „СУПЕРХИКС“ Кавадарци! Морам да признаам дека беше еден од најлудите концерти на „Суперхикс“ до сега. Ние сме ви благодарни! Секоја чест!


24

МОЗАИК

Кемал Монтено откажал настап поради староста Популарниот 63-годишен пејач во договор со лекарите одлучил да не настапи на 52. Сплитски музички фестивал зашто не се чувствувал најдобро. Иако имал голема желба да настапи, големата жештина и неподносливиот воздух направиле Кемал здравствено да не поднесе уште еден настап откако закрепна од неколку операции. Зад сцената му паднала шапката и колабирал, па дежурната екипа на брзата помош веднаш реагирала. Кемал сега се чувствува добро и одмора во својот дом.

„Лавиринти“ на Васко Серафимов на „Скопско лето“ Вечерва пред платото на „Универзалната сала“, во 21 часот, во рамките на „Скопско лето 2012“, концерт со наслов „Лавиринти“ ќе одржи Васко Серафимов. Непосредно пред концертот на Васко, „Скопско лето“ на посетителите и на луѓето што ја сакаат неговата музика бесплатно ќе им подели негови компакт-дискови. Васко Серафимов е роден во 1966 година во Скопје, Македонија. Првиот контакт со музиката е во неговото многу рано детство како член на групата „Дизајн“. Досега има издадено три албуми: „Brainstorming“ во 1998 година, „Here“ во 2005 и „Welcome“ во 2008 година, а во моментов тој работи на својот четврт солистички албум. На неговите претходни албуми соработува со голем број познати балкански музичари: Момчило Бајагиќ Бајага, Ферус Мустафов, Венко Серафимов, Влатко Стефановски, Беби Дол, Рамбо Амадеус, Слободан Коњовиќ, Зоран Предин и други. Напишал музика за неколку театарски претстави во соработка со театарските режисери Сашо Миленковски, Владимир Милчин, Александра Ковачевиќ, Валентин Светозарев итн. Компонира и музика за ТВ-медиумите, а на „Скопско лето“ ќе се претстави со неговиот најнов проект, „Лавиринти“, посветен на неговиот пријател Роланд Јорданов.

Вторник, 3 јули 2012 година

КРИСТИНА АРНАУДОВА НАЈАВУВА СОРАБОТКА СО „ВАН ГОГ“

Доживеав да работам со својот идол! П

оп-пејачката Кристина Арнаудова деновиве беше во Србија на музичкиот фестивал „Белград колинг“ и освен тоа што уживала во настапите на светските музички ѕвезди како Џе си Џи и Ози Озборн, по сетата на Белград ја искористила и за соработка со Џуле, водачот на популарната белградска рок-група „Ван Гог“. Кристина и Џуле снимале нов музички материјал за кој засега е сè уште непознато кога ќе излезе на македонскиот и српскиот музички пазар. Тоа што Кристина го изјави е дека не верувала за една таква соработка со музичар како што е Џуле зашто отсекогаш тој бил еден од нејзините идоли. - Со Џуле работиме на нова музика, но

пред неколку години да ми кажеше некој дека ова ќе го доживеам, ќе се изнасмеев. Ова е најдоброто нешто што може да се случи, да работиш со своите идоли. Благодарна сум и повеќе од задоволна - вели Кристина Арнаудова. Моментално Арнаудова е актуелна со преработката на песната „Да си мерак песна“, оригинално испеана од легендарната Бисера Велетанлиќ. Оваа песна Кристина ја сними заедно со Васил Хаџиманов и со Гаро Тавитјан. Вокалот на Кристина е снимен во студиото „До-ре-ми“ во Скопје, каде таа го привршува својот нов албум, на кој можеби ќе се најде и новото музичко парче кое е соработка со „Ван Гог“. С.М.

подготвувала момент за да подне се барање за развод, а станот го изнајмила за нејзе и ќерката Сури. Откако Том дознал дека Кејт ќе го напушти, во консултација со адвокатот одлучил да го почека крајот на снимањето, а потоа и сам ќе подне се барање за развод. Се очекува битката за старателство над шестгодишната Сури да биде многу сурова, додека поделбата на имотот е нешто појасна. Но, само два дена откако Кејти во Њујорк подне се барање за развод на бракот, Том реши истиот процес да го покрене во

25

Симона и Филип промовираа нов видеоспот Симона Попоска и Филип Кирјаку создадоа љубовна приказна, која според првичните коментари, е волшебство од бои и од светлина. Деновиве беше промовиран видеоспотот за баладата „Летај високо“, која го означува почетокот на соработката меѓу ексклузивците на продукција „Горила“, Симона и Филип. - Интересно беше искуството да се снима видеозапис со Филип Кирјаку, како мој партнер во оваа прекрасна балада,

ама тука не сме ам да го заборавам и режисерското дуо, Дади и Нена, кои создадоа приказна и концепт, но и видеозапис кој, според првичните коментари, е волшебство од бои и од светлина, интере сен приказ на можно ста преку песна и јас и Филип да пораснеме - изјави Симона. Ба ладата „Летај високо“ ја создаде Гоце Симоновски, кој е потпишан на музиката и на аранжманот, а зад текстот стои потписот на Роберт Мато ски.

„На овој свет” - нова песна на Кико и на Денис

Кејти Холмс планирала бегство

Разводот на Том Круз и на Кејти Холмс и понатаму е тема број еден во медиумите зашто по стојано се објавуваат нови детали од нивниот живот. Дека кризата во бракот им била навистина длабока, сведочат шпекулациите дека Кејти една недела пред да подне се барање за развод, направила таен план за бегство и изнајмила стан во Њујорк. Кејти и Том последен пат заедно се појавиле на забавата по повод доделувањето на наградите „Оскар“, а додека Том го снимал новиот филм „Обливион“, Кејти

МОЗАИК

Вторник, 3 јули 2012 година

Лос Анџелес каде по стои поголема можност судот да одлучи за заедничко старателство над Сури. Поради тоа и адресата на престој која познатиот пар ја има во Лос Анџелес, Том решил следната недела да ги предаде документите за развод и од судот да побара заедничко старателство над шестгодишната ќерка. - Том сигурно нема да дозволи апсолутно старателство над ќерката. Планира за Сури да се бори по секоја цена - открил неименуван извор. Истото ова го тврдат и пријателите на Кејти, само разликата е во тоа што таа не сака да го дели старателството. Интересно е дека Том сите три жени го оставија кога имаа 33 години. Прво во 1990 го остави Мими Роџерс со која во брак беше две години. Неговата втора сопруга Никол Кидман, со која се венчаше кога таа имаше 23 години, го остави во 2001 година по точно десет години брак. Никол, како и Кејти, која сега има 33 години, побарала развод бидејќи повеќе не можела да ја трпи неговата опседнатост со скиентологијата. Во 2006 година Кејти и Том потпишале предбрачен договор, во кој јасно е дефинирано што кому припаѓа во случај на развод. Меѓу деталите кои се обидувале да ги сокријат е и тоа дека двајцата подолго време живееле во одвоени делови во куќата.

Уште една музичка соработка од дене ска заѕвонува во македонскиот радиски етер. Станува збор за новата песна на Христијан Тодоро ски-Кико, „На овој свет“, на која му го стува неговиот колега од шоуто „Македонски идол“, Денис Мурат, а како комплетен автор на песната се потпишува Јован Јованов. - По неколку ме сеци издавам нова песна, која за разлика од претходната е со побрз ритам и се надевам дека ќе à се допадне на публиката. Со Денис сме при-

јатели уште од шоуто „Идол“, па соработката излезе со сема спонтано. За песната планираме да снимиме и видеозапис - изјавува Кико. И „На овој свет“, како и претходните четири песни, ќе се најде на деби-албумот на миленикот на младата женска популација, чие издавање продукцијата „Мак мјузик“ го најавува за наесен. Албумот веќе се работи во студио „Јованови“, а во меѓувреме Кико се подготвува за својот настап на годинешното издание на „Макфест“.

„Нокаут“ најавува голем концерт во Битола На 11 јули „Нокаут“ ве предизвикува на ракометното игралиште во градот на конзулите. Вака стои во најавата на големиот концерт што ќе се случи во Битола во рамките на годинешното издание на „Бит-фест“, само четири дена по настапот на концертот на култните „Дјуран дјуран“ на Скопското кале, закажан за 7 јули. - Ги очекуваме сите битолчани, па и тие од околните места на 11 јули да дојдат на нашиот концерт бидејќи знаеме дека Битола е град што ја цени музиката и затоа заслужува добра и квалитет-

на музика. Нема да ви ветуваме ништо повеќе освен едно уникатно музичко патешествие, кое барем за миг ќе ве ослободи од секојдневието - изјавуваат на Нокаут. По одличните настапи на групата „Нокаут“ во полн

состав на првиот „Пикник рок-фест“ во Стара Бања, како и прекрасниот концерт пред повеќе од 2.000 нивни обожаватели во Прилеп, членовите најавуваат уште поголема офанзива на Македонија со големите концерти кои следуваат ова лето.


26

МОЗАИК

Вторник, 3 јули 2012 година

Казанова-фест

В

о Вр шар, Хр ват ска, ви кен дов се одр жа фе сти вал на љу бо вта и на еро ти ка та, а бе ше отво рен со нат пре вар во бак ну ва ње. Бак ну ва ње то се од ви ва ло на па но ра ма та на Ка за но ва, на ко ја се

сме та де ка два па ти пре сто ју вал. По бед ни ци на нат пре ва рот се Хел мут и Ти на Ту рек од Шту тгарт. Фе стивалот во Вршар се одржува традиционално кон крајот на јуни во чест на познатиот заводник Џакомо Казанова.

Ѕвездите на телевизиски фестивал во Монако

Сузан Бојл доби почесен докторат во Единбург Шкотската пејачка Сузан Бојл, која стана популарна во 2009 година во шоуто „Британија има талент“, доби почесен докторат на Универзитетот на кралицата Маргарет во Единбург. Почеста ја добила за придонес во креативната индустрија, а ќе ја прими во текот на летната церемонија на врачување дипломи заедно со уште три добитници. Првиот албум што го издаде Бојл „I dreamed a dream“, беше најпродаваниот албум на сите времиња и е продаден во 18 милиони примероци во светот. Во 2010 Сузан го издаде и вториот албум „The gift“, а третиот е насловен „Watch over me“. Сузан Бојл неодамна настапи и на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета.

Се омажи ќерката на Мик Џегер Џејд Џегер, ќерката на Мик Џегер, се омажи со диџејот Адријан Филари. На церемонијата присуствувале многу познати, меѓу кои Кејт Мос, втората жена на Џегер, манекенката Џери Хол и други. Четириесетгодишната Џејд го изговорила судбоносното „да“ во еден луксузен хотел, деверици биле нејзините ќерки Асиси и Амба, кои à се од бракот со уметникот Пирс Џексон. По свадбената церемонија, во истиот хотел била одржана забава. Мик отпеал неколку песни и покажал дека е во добра форма. Џејд е единствена ќерка на Мик и на Бјанка Џегер.

Новата серија на Чарли Шин со рекордна гледаност Глумци од целиот свет се собраа на Азурниот брег на телевизискиот фе стивал во Монако, чиј покровител е кнезот Алберт Втори. Меѓу славните го сти биле и Ева Лонгорија, ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“, британската дива Џоан Колинс, Тед Дансон, ѕвездата од серијата „Кафулето На здравје“ кој од неодамна глуми и во серијата „Истрага на ме стото на зло сторството“ и други. Се очекуваше и доаѓањето на Џенифер Лав Хјуит, но таа го откажала

своето доаѓање во последен момент поради смртта на мајка à. Фе сти вал ското приз на ние го до би се рија лот „Истрага на ме стото на зло сторството“ ка ко најгледа на на све тот ко ја ја следат 62 милиони гледачи и „Очајни дома ќин ки“ ка ко најгледа на хумо ри стич на серија. Почесната награда му припадна на американскиот продуцент Дик Волф, кре аторот на сериите „Пороците на Мајами“ и „Закон и ред“.

Повеќе од 5,4 милиони гледачи во Америка ја следеа првата епизода од новата комична серија на Чарли Шин, „Контрола на бесот“. Оваа серија е најгледаната во историјата на кабелската телевизија, не вклучувајќи ги програмите за деца. Станува збор за комедија во која Чарли игра ексцентричен терапевт за контрола на бесот, а и самиот има проблеми. Актерот Шин играше во мегапопуларната серија „Два и пол мажи“, но јавно се испокара со продуцентот и ја прекина соработката во 2011 година.


за патување 3.7.2012

УМЕРЕНО СОНЧАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТУВАЊАТА

ЛЕСНА ХРАНА И МНОГУ ВОДА ЗА ПАТУВАЊЕ

РИО ДЕ ЖАНЕИРО НА ЛИСТАТА НА УНЕСКО

ПОДГОТВЕТЕ ТЕСТЕНИНИ КАКО ИТАЛИЈАНЦИТЕ

Песочните плажи, магнет за туристите Р НА О М ОД ОРЕ М О ЦРН


28 ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

Лесна храна и многу вода за патување

Б

ез разлика дали одите на одмор или на службено патување, мора да внимавате на начинот на исхрана и кои со стојки ги консумирате за време на патувањето. Труењата и тешкотиите што може да ги предизвика храната се че ста појава, особено во летниот период. Затоа пред да се тргне на пат се препорачува консумирање ле сен оброк, кој не создава тешкотии во организмот. Ка лоричните оброци го отежнуваат патувањето и создаваат мачнина. Не смеете да консумирате обилни оброци, особено децата не смеат да се оптоварат со храна бидејќи во текот на патувањето може да повраќаат. Ако тргнувате на пат наутро, најдобро е да се одлучите за еден оброк со житарки. За време на патувањето треба да консумирате овошје, и тоа банани и јаболка, а, исто така, се препорачуваат и јаткасти плодови. На пат, без разлика дали е долг или краток, не смеете да тргнете без доволно количество вода. Газираните пијалаци со многу шеќер предизвикуваат тешкотии во желудникот. Ако патот е подолг, тогаш направете сендвичи со сирење или кашкавал, тие се поотпорни, додека сувомесните производи не се препорачуваат. Возачите не смеат да претеруваат со кафето, подобро е да консумираат пијалаци или производи на база на гуарана, која ја поттикнува циркулацијата и ја зголемува концентрацијата.

redakcija@den.mk


ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ 29

Вторник, 3 јули 2012 година

Воз на смртта од кој замрзнува крвта

В

о забавниот парк „Гленвуд кавернс“ во Гленвуд Спрингс во Колорадо минатата недела е отворен највисокиот воз на смртта во светот, со симболично име „Алпинист“. Возот се наоѓа на планината Ајрон Маунтајн на 2.140 метри височина и од него се пружа спектакуларен поглед на целиот кањон на реката Колорадо. Храбрите што ќе се осмелат да ги отворат очите додека се возат

со него можат да ги видат долината Роуринг Форк и кањонот Гленвуд, а до неверојатниот воз може да се стигне само со воздушна гондола. - По ставувањето беше голем предизвик затоа што конструкциите беа прене сувани по планински патишта долги и по неколку километри. Се надеваме дека ќе ни се исплатат повеќе од милион долари кои ги вложивме во него - изјавила раководителката на паркот.


30 ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

redakcija@den.mk

ОДМОР НА ЦРНО МОРЕ

Песочните плажи, ма И

сточниот бугарски брег го заплиснува Црно Море, се протега на 380 километри и можете да уживате во бистро море, чист воздух, златен песок, луксузни одморалишта, во селца за одмор и во кампови. Овде просечната температура на воздухот е околу 28 степени, а на водата околу 25. Во мај и во септември има повеќе од 240 сончеви часови, а во јули и во август, повеќе од 300. Два интернационални аеродроми во Варна и во Бургас ја поврзуваат Бугарија со остатокот од светот. Северниот брег се одликува со мирно море, широки плажи, шуми

и со многу минерални извори. Сето тоа овој брег го прави атрактивен и за бугарските и за странските туристи. Дури и гостите со префинет вкус ќе бидат воодушевени од одморалиштата на Златните песоци, Албена, Русалка, Ривиера, Сани деј, Свети Константин и Елена. Вљубениците во природни убавини и во историски знаменитости ќе уживаат во посетата на ботаничката градина Балчик и во музејот Калкирин рог. Живописниот брег и карпите, пространите плажи со песочни дини и топлото море – претставуваат атрактивна сила на бугарскиот јужен брег на Црно Море. Прекрасната природа се испреп-

летува со модерните градби во местата како што се Еленита, Сани бич, Несебар, Созопол. Таа атмосфера се чувствува и во рестораните што дишат со единствен уметнички шарм. Историјата, културата и луксузот, искомбинирани во едно – тоа е Бургас на брегот на Црно Море. НЕСЕБАР Се наоѓа на полуостров, а со копното е поврзан со долга, тесна патека. Несебар е најпознат по стариот град. Најголемиот дел од зградите потекнуваат од 11 и од 14 век. Црквите имаат убави фасади, а најстара е „Свети Јован Крстител“, изградена помеѓу 10 и 11 век.

Денес стариот град дише со традиционална романтична атмосфера: тесни улички со калдрма, мали плоштади, двокатни куќи, продавници со подароци, кафеани и убави цветни градини. КИТЕН Во ова селце туристите се вљубуваат на прв поглед. Шармантното место со пријатна клима, прекрасна природа и со гостопримливо население ги воодушевува посетителите. Селото во 1931 година го создале доселениците од Грција и имигрантите од околните места. По 1970 година Китен прераснува во атрактивен туристички центар, каде се нуди


ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

Вторник, 3 јули 2012 година

31

гнет за туристите сместување во мали хотели, приватни куќи, кампови и во мотели. Има и многу ресторани, дискотеки, забавни паркови и други атракции. Северната плажа Алтиман е многу убава, особено ако сакате да поминете мирен ден на море, додека јужната плажа граничи со реката Китен, а морето е погодно за спорт и за едрење. Комбинацијата од море и од планина го прави Китен атрактивно место за одмор на илјадници туристи. ЗЛАТНИ ПЕСОЦИ Летувалиштето Златни песоци е сместено во Националниот парк со исто име и се наоѓа на 18 километри од Варна. Местото нуди

убави, сликовити плажи, чисто море и минерални извори. Плажата е долга 3,5 километри, а широка 100 метри. Летата не се премногу топли, благодарение на ветрот кој дува од море. Просечната температура е околу 27 степени во јули и во август, а на водата околу 24 степени.

ХОТЕЛИ И РЕСТОРАНИ Постојат хотели од највисока до средна класа, како и 10 луксузни вили во одморалиштето Голден сендс. Многубројните ресторани служат национални јадења, а во понудата е и европска и егзотична кујна. Ноќниот живот има клубови, дискотеки и барови...


32 ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

redakcija@den.mk

ПОИНАКВИ ПАТУВАЊА

Подгответе тестенини како Италијанците Лежење и сончање на плажа и посета на атрактивни туристички дестинации не е идеален одмор за сите туристи. Некои луѓе за време на годишниот одмор сакаат да ја подобрат својата физичка кондиција, да доживеат несекојдневни авантури или да стекнат нови вештини УЧИЛИШТА ЗА ГОТВЕЊЕ

посена, зошто во летниот период да не Ако уживате во консумирањето хра да го те же мо ње, ша пра во та Кога е храна тите некое училиште за готвење? те во ва ужи ќе ја, ли Ита те ти се по ја Ако споите корисното со задоволството. ни на да научите да подготвите тестени же мо но ед во а та, ја зем на те ни убави мор ње ва тву го под ги научите тајните за илјадници начини. Во Хрватска ќе ски специјалитети.

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Ако имате авантуристички дух и сакате да ја запознаете околината на местото во кое летувате, тогаш можете да изнајмите велосипед. Покрај тоа што ќе уживате во убавините на земјата, можете да ја подобрите и физичката кондиција. Поекстремните туристи се одлучуваат за патување со велосипед до саканата дестинација.


ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ 33

Вторник, 3 јули 2012 година

ВИНСКИ ТУРИ

Љубителите на вино, својот годишен одмор можат да го поминат во запоз навање на начинот на кој се одгледува грозје то и процесот на производство на вино. Земјите што произведуваат големи количи ни вино во текот на летниот период организираат тури, каде што туристите одблиску можат да се запознаат со процесот на производство, а истовремено и да дегустира ат од прекрасните вина. Ако сакате да посетите некоја подалечна земја, а воедно да уживате во виното, тогаш одете во Франција во Бургундија, во Италија во Тоскана или во винородната Калифорнија.


34 ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ

redakcija@den.mk

Рио де Жанеиро на листата на УНЕСКО Б

разилскиот град Рио де Жанеиро со неговите долги плажи, блага клима и голема тропска вегетација е прогласен за објект на свет ското наследство, на 36. седница на УНЕСКО во Санкт Петербург. Знаменитите симболи на Рио, познати низ целиот свет, што го сочинуваат единствениот пејзаж - ридот Глава на шеќерот, статуата на Христос Спасителот, плажата Копакабана и величенствениот поглед на заливот Гуанабар - беа доволен аргумент за одлуката на Комитетот за светско наследство, јавуваат светските медиуми. Заливот Гуанабар е ме сто каде што првпат во јануари 1502 година португалските морепловци застана ле мислејќи дека откриле делта на голема река што се влева во океанот нарекувајќи го Рио де Жанеиро или јануарска река. Рио де Жанеиро е признат и како уметничка инспирација за музичарите, пејзажистите и урбанистите. Агенциите наведуваат дека некои од наведените области се нарушени од загадување, како што е заливот Ботофаго, а бразилскиот официјален претставник изјави дека квалификацијата за светско наследство ќе ги подобри условите во тие области.


ДЕН ЗА ПАТУВАЊЕ 35

Вторник, 3 јули 2012 година

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ НА ЛЕТУВАЊЕ

Умерено на сонце

П

окрај убавите моменти на релаксација и задоволство кои ни ги нуди годишниот одмор, може да се случат и здравствени проблеми, како сончаница или топлотен удар, особено кај малите деца. Затоа изложено ста на децата на сонце треба да биде умерена и во одредени временски периоди за да се избегнат не саканите последици. Како ре зултат на интензивната изложеност на јаките сончеви зраци доаѓа до појава на сончаница. Оваа појава може да се манифе стира веднаш или неколку часа по изложено ста на сонце. Многу е важно родителите да знаат дека во некои случаи детето може многу кратко да биде изложено на сонце, а, сепак, да добие сончаница. Првите симптоми што ги чувствува детето се вртоглавица, изнемоштеност, мачнина, висока телесна температура, поспаност, но може да биде и вознемирено. Колку детето е помало, толку симптомите се поинтензивни. Кај адолесцентите че сто доаѓа и до губење на све ста. Родителите кога одат на плажа треба да бидат многу внимателни, детето во периодот меѓу 12 и 17 часот не треба да биде изложено на сонце, секогаш треба да има капа, а додека си игра во пе сок задолжително да биде под сенка. Исто така, треба да се внимава на количината на течно сти која се вне сува. Превентивата е најдобра заштита од сончаницата, но доколку дојде до оваа не сакана појава, тогаш родителите мора да знаат како да му помогнат на детето. Штом ќе се појават

првите симптоми, детето треба да се тргне од сонце и по можност да се прене се во климатизирана про сторија. Туширање со млака вода ќе го освежи и ќе го рехаби ли ти ра ор га низмот. Голе ми коли чи ни вода, ча е ви или сок се мно гу важ ни за норма лизирање на со стојбата, но не треба да се кон суми ра ат голе ми коли чи ни течност одеднаш, туку поче сто, по мал-

ку. Многу родители на децата не им даваат да спијат кога ќе добијат сончаница, но на истоштениот организам му е неопход но потре бен сон. Во слу чаи ко га те лес ната тем пе рату ра е ви со ка, де те то че сто по вра ќа или ја губи све ста, а со стојбата не се нормализира ниту по дадениот лек, треба да се консултира лекар, најдобро педијатар.


36

СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА НАД ИТАЛИЈА ЈА ОДБРАНИЈА ЕВРОПСКАТА КРУНА

Шпанска доминац

Р

епре зентација на Шпанија ќе остане запишана во ана лите на фудба лот како една од најуспешните во историјата на овој спорт откако во рок од четири години се закити и со третиот голем трофеј, со што на пехарите од ЕП 2008 и од СП 2010 го додаде и најновиот од ЕП 2012. Избраниците на селекторот Висенте дел Бо ске на најдобар можен начин ја демонстрираа својата надмоќ во однос на рива лите откако во големото фина ле ја декласираа Ита лија со 4-0 и покажаа дека сè уште се недопирливи на врвот на Европа. Шпанците во едно урнаа низа рекорди, станаа првата селекција што успе а ла да ја од бра ни ти тулата европ ски шам пи он, Икер Ка сил јас ја за бе ле жи сво јата 100. победа во репре зентативниот дрес, додека селекторот Дел Бо ске може да се пофа ли де ка е единс тве ни от што во сво јата колек ци ја тро феи ги има најбле ска ви те

„Црвената фурија“ уште еднаш потврди дека е доминантна фудбалска сила откако стана првата селекција што успеала да ја одбрани титулата европски шампион

приз на ни ја од свет ски те шам пи о нати, европските првенства и од Лигата на шампионите. - Неверојатно е како нашата селекција продолжува да победува на големите натпреварувања, но тоа е само уште еден доказ за огром ни от потен ци јал што го по седуваат моите фудба лери. Кога дојдов на селекторската функција, моја желба беше да ги едуцирам фудба лерите, но мора да признам дека и освојувањето на трофеите не е лошо. Што се одне сува до фина ле то, за бе ле жавме убед ли ва по беда, а клу чен бе ше вто ри от по годок на Жорди Алба, по кој уште повеќе добивме на са-

модоверба бидејќи никогаш до сега немавме загубено меч во кој сме воделе со два гола разлика - изјави Дел Бо ске. Пред Алба, прв мрежата на Ита лијанците ја затре се Давид Силва, кој со глава го совлада Џанлуиџи Буфон по асистенцијата на Фа бре гас. Во пос лед ни те де се ти на ми ну ти на сце на стапи и Фер нан до Торес, кој најпрвин зголеми на 3-0, а потоа и му аси сти ра ше на Мата при че твртиот погодок за „црвената фурија“, со кој Шпан ци те ја ос тва ри ја и нај убед ли вата по беда во исто ри јата на фи нал ни те нат превари на европските првенства. Ита лијанскиот селектор Че заре Пран-


СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

ција

37

1-0

3-0

2-0

дели причината за поразот на својата селекција ја побара во преморено ста на свои те фуд ба ле ри по напор ни те дуе ли со Англи ја и со Герма ни ја во прет ход ни те две рунди. - Ова фи на ле го за губивме затоа што бевме пре мо ре ни. Уште од са ми от поче ток беше забележливо дека противникот е по свеж од нас, моите фудба лери премногу се истрошија во дуелите со Англија и со Германија, едно ставно немаа сили за да го одиграат во ист ритам и овој фина лен меч. За да се совлада Шпанија, треба да се трча повеќе од оваа селекција, да се влегу ва во дуе ли, а мо и те из бра ни ци не маа сили за такво нешто. Загубивме со 4-0, но ре зултатот од фина лето не смее да остави дам ка врз фа ктот де ка имавме од ли чен шампионат во кој стигнавме пода леку од сите прогнози. Затоа, им че ститам на сите мои фудба лери и покрај овој пораз - изјави Прандели.

4-0


38

СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

„Златна копачка“ за Фернандо Торес Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес, кој имаше релативно мал придонес во освојувањето на трофејот кај „црвената фурија“, сепак, се закити со пре стижната награда „Златна копачка“, која традиционално му се доделува на најдобриот стрелец на овој елитен континентален собир. Погодокот што го по стигна пред самиот крај од финалниот дуел со Италија беше вкупно трети за Торес на ова ЕП, со што тој се израмни на листата на стрелци заедно со Марио Гомез, Кристијано Роналдо, Марио Ба лотели, Алан Џаго ев и Марио Манџукиќ.

Според пропозициите на УЕФА, во случај повеќе фудбалери да имаат ист број по стигнати погодоци, „Златната копачка“ му припаѓа на оној играч што има најмногу асистенции. Од ше сте фудбалери на врвот на листата на стрелци, единствено Фернандо Торес и Марио Гомез имаа по една асистенција. Сепак, поради фактот што Торес помина на теренот само 189 минути на Европското првенство, наспроти 280 минути што ги одигра германскиот репре зентативец, оваа големо признание заврши во рацете на шпанскиот голгетер.

Руни на вотка-забава во Лос Анџелес

Лошото издание на Англија на ЕП 2012 и елиминацијата во четврт-финалето не му пречат на Вејн Руни да се забавува во Лос Анџелес. Голгетерот на Манчестер јунајтед постигна еден гол на двата меча што ги одигра на шампионатот, но сега веќе целосно à е препуштен на забавата полнејќи ги батериите за новата натпреварувачка сезона во Премиер-лигата. Заедно со своето семејство и со неколкумина фудбалски пријатели, Вејн Руни замина за Лос Анџелес каде што ужива во благодатите на ноќниот живот. Тој се отпуштил со вотка и комплетно се посветил на холивудскиот живот. На истата забава биле и Зет Најт, Шон Рајт-Филипс и Стефен Ајрланд, а Руни бил главна ѕвезда, заедно со американскиот рапер Треј Сонгз.

ПРИЗНАНИЕ ЗА ФУДБАЛЕРОТ Н

Незадр најдоба

А

ндрес Иние ста го додаде признанието најдобар фудба лер на ЕП 2012 на својата нова европска круна откако беше меѓу најзаслужните што селекцијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на европскиот шампионат во Полска и во Украина. Фудбалерот на Барселона ги одигра сите шест натпревари за „црвената фурија“, не по стигна ниту еден гол, имаше само една асистенција, но, сепак, остави огромна трага врз играта на Шпанците, како и врз убедливиот триумф од 4-0 над Италија. Иниеста беше избран за најкорисен фудбалер на големото финале, што беше трета ваква награда за него на шампионатот, бројка по која тој се израмни со италијанскиот плејмејкер Андреа Пирло. Сепак, фактот дека во големото фина ле тој со Шпанија успеа убедливо да ја совлада Италија на Пирло беше пре суден за Иние ста да се закити со признанието за најдобар фудбалер на овој шампионат. - Веќе реков дека не ме интере сираат индивидуалните признанија. Она што ме прави горд е фактот дека останавме европски прваци и остваривме нешто што не му успе а ло на никој претходно. Игравме одлично во текот на целиот шампионат, а круна на сè беше убедливата победа во

Буфон: Шпанците заслужија, најдобри се Ита лијанците сигурно не очекуваа така убедлив пораз од 4-0 во големото фина ле од ЕП 2012, но, и покрај тоа, собраа сили јавно да им че ститаат на Шпанците за големиот успех. Капитенот Џанлуиџи Буфон, како што доликува, им че ститаше на противниците и призна дека загубиле од најдобрата селекција во светот. - Се надевавме на да леку подобар исход, но, за жал, не бевме во можност да му се спротивставиме на поква литетниот ривал. Не е срамота да се загуби од најдобрата репре зентација на светот, но жал ми е за навивачите, кои ни даваа огромна поддршка и се надеваа на триумф во фи-

на лето - истакна Буфон. Селекторот Че заре Прандели истакна дека заморот е главната причина за убедливиот пораз во финалната средба што се одигра во Киев. Фина лето го загубивме затоа што бевме преморени, тоа е единствената причина. Уште од са ми от поче ток бе ше забележливо дека противникот е по свеж од нас, мо и те фуд ба ле ри прем но гу се истро ши ја во дуе ли те со Англи ја и со Герма ни ја, ед но став но не маа си ли за да го оди гра ат во ист ри там и фи нал ни от меч. За да се совлада Шпанија, треба да се трча повеќе од оваа селекција, да се вле-

гува во дуели, а моите избраници немаа си ли за та кво не што. Но, ре зул татот од фи на ле то не смее да фрли дам ка де ка, всушност, одигравме одличен шампионат на кој стигнавме и пода леку од сите прогнози - изјави Прандели.

БАЛОТЕЛИ СЕ РАСПЛАКА

Херојот на Италија од полуфиналниот меч со Германија, Марио Балотели, немаше свој ден во финалето, а по убедливиот пораз се расплака. Во нервозните моменти, тој дури и го оттурна членот на стручниот штаб кој му пријде да го утеши.


СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

39

НА ШПАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

жливиот Иниеста ар играч на ЕП 2012 Генијалецот на „црвената фурија“ се закити со големото признание по одличните настапи во текот на ЕП

чи 23 фудбалери. Со сема очекувано, во него доминира Шпанија, која има де сет члена во овој „дрим тим“, додека поразениот финалист Италија има „само“ четири претставници во овој со став. Интересно е што во овој идеален тим нема ме сто за „златната копачка“ Фернандо Торес, но затоа меѓу напаѓачите се вклучени Фабрегас и Давид Силва, на кои природна позиција во тимот им е да играат во средниот ред.

НАЈДОБРИОТ ТИМ НА ЕП 2012

фина лето - задоволно изјави Иние ста по најновиот успех во неговата фантастична кариера.

Воедно, во текот на вчерашниот ден беше откриен и најдобриот тим на ЕП 2012, во кој Техничкиот комитет на УЕФА вклу-

ГОЛМАНИ: Џанлуиџи Буфон (Италија), Икер Касилјас (Шпанија), Мануел Нојер (Германија). ОДБРАНА: Жерар Пике (Шпанија), Фабио Коентрао (Португалија, Филип Лам (Германија), Серхио Рамос (Шпанија), Жорди Алба (Шпанија). СРЕДЕН РЕД: Даниеле де Роси (Италија), Стивен Џерард (Англија), Чави (Шпанија), Андрес Иниеста (Шпанија), Сами Кедира (Германија), Серхио Бускетс (Шпанија), Месут Озил (Германија), Андреа Пирло (Италија), Чаби Алонсо (Шпанија). НАПАД: Марио Балотели (Италија), Цеск Фабрегас (Шпанија), Кристијано Роналдо (Португалија), Златан Ибрахимовиќ (Шведска), Давид Силва (Шпанија).


40

СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

КОШАРКАРИТЕ ВЕЧЕРВА (20 Ч.) ГО ИГРААТ ВТОРИОТ МЕЧ ВО ВЕНЕЦУЕЛА

По триумф над ослабениот Нов Зеланд

Македонските кошаркари ќе се обидат да го искористат отсуството на Пени и на Аберкомби од составот на Нов Зеланд

М

акедонските кошаркари вечерва со почеток во 20 часот ќе ја бијат и втората битка во рамките од војната за обезбедување учество на Олимписките игри во Лондон. По синоќешниот дуел со Ангола, вечерва македонскиот национален тим ќе се сретне со репрезентацијата на Нов Зеланд, со што ќе ги заврши своите настапи во групата Д и ќе го чека епилогот по третото коло, во кое силите меѓусебно ќе ги одмерат Ангола и Нов Зеланд. Веднаш по извршувањето на ждребот, Нов Зеланд беше претставен како посериозен ривал за нашите кошаркари, со оглед на фактот дека станува збор за искусна селекција која со години негува идентичен стил на игра, со брз напад што ќе мора да биде за-

прен од македонската одбрана. - Нов Зеланд е репрезентација што игра дијаметрално спротивно во однос на Ангола. Станува збор за селекција што игра шутерска кошарка и што ја одликува одлична ефикасност, а на нас ќе биде да ги задржиме под 85 по стигнати поени, што беше нивни просек во последно време – изјави македонскиот селектор Марјан Лазовски пред тргнувањето преку Атлантикот. Во прилог на македонскиот национален тим оди и фактот дека Нов Зеланд е сериозно ослабен на ова натпреварување откако поради повреди својот настап во Венецуела го откажаа најдобриот стрелец Кирк Пени и Том Аберкомби, кој, исто така, со години е член на стартната петорка на оваа репрезентација. Во отсуство на двајцата стандардни

кошаркари, селекторот Вучиниќ беше принуден да ја помлади селекцијата, па сега со видно изменет состав ќе се обиде да приреди изненадување на овој турнир. Во секој случај, проблемите на противни-

Зелено светло за женската регионална лига Новата се зона во Женската регионална ракометна лига (ВРХЛ) ќе стартува на 8 септември и во неа ќе се натпреваруваат осум екипи од регионот, утврдено е на со станокот со претставниците на клубовите во Јагодина. Потврдено е учеството на хрват ските прет ставници Подравка и Локомотива. Од комбинација за следната сезона испадна екипата на Раднички од Белград. Македонија во Регионалната лига ќе ја претставуваат ЖРК Мета лург и ЖРК Вардар СЦБТ, од Хр-

ватска се Подравка и Локомотива, од Србија ќе учествуваат Заечар и Јагодина, а прет ставници на Црна Гора се победникот во Лигата на шампионите, Будуќност и Бисери Плевља. Во однос на лани, во новата се зона распоредот на натпреварите ќе биде непроменлив во утврдените датуми со што ќе се стави многу поголем ред во ова натпреварување. За разлика од средените технички работи, нерешен проблем во ВРХЛ остануваат спонзорството и финансиите.


СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

41

Перо Антиќ остана капитен Без оглед на нај а ви те де ка Предраг Са мар џи ски ќе би де капи тен на Ма кедо ни ја на предолим пи ски от тур нир во Венецуела, последните информации од Каракас говорат дека оваа улога ќе продолжи да ја извршува Перо Антиќ. Име но, на тех нич ки от со ста нок на ФИБА пред почетокот на ова натпреварување, на кој се утврдуваат основните информации за сите селекции-учеснички, токму Антиќ бил наведен како предвод ник на ма кедон ски от на ци о на лен тим на ова големо натпреварување. Не по сред но пред за ми ну ва ње то на репре зентацијата за САД беше обелоденето дека Антиќ самиот решил повеќе да не биде капитен и заедно со поискус-

ните Гечевски и Чековски оваа улога му ја понудиле на Предраг Самарџиски, кој со задоволство прифатил да биде предводник на нашиот национа лен тим. Со самиот пре сврт во последен момент се по ставува прашање дали и зошто Антиќ по втор но го ме ну ва сво јот став во пет до дванае сет. Само за потсетување, Перо Антиќ се најде на же сток удар на јавно ста поради прет ста ву ва ње то под ФИ РОМ за време на завршниот турнир од Евролигата, а критиките станаа уште поголеми откако се појави негова изјава по триумфот во фи на ле то, во ко ја по рача да умрат на сите оние што го критикуваа во тој период.

кот се плус за нашиот национален тим, кој со триумф вечерва би направил уште еден чекор напред кон остварувањето на големиот сон – пласманот на Олимписките игри во Лондон.

Металург ги чека квалификациските противници за ЛШ Ма шката и жен ската еки па на Ме та лург дене ска ќе ги добијат противниците во ква лификациите за Лигата на шампионите. Актуел ни те ма кедон ски шам пи о ни во две те кон ку рен ции, на де неш ни от ждреб во Ви е на, старту ва ат од раз лич ни по зи ции, ракометарите се меѓу фаворитите во првиот барабан, а ракометарките на Мета лург се рангирани во последниот четврти барабан. „Ме та лур зи те“ од пр ви от ба ра бан ги из бег ну ва ат роман ска Кон стан ца со Бра нислав Ангеловски во со ставот и Звонко Шундовски на клупата, Слога (БиХ) и Динамо Минск (Белорусија). Ра коме тар ки те на Ме та лург од че тврти от ба ра бан ги из бег ну ва ат полес ни те против ни ци – Му рат па ша, Ми хај лов це и Брул, но за против ник може да до би јат

еден од фаворитите – Бјасен (Норвешка), ФТЦ (Унгарија), Клуж (Романија) или Виборг (Данска). Со ждре бот и во ма шка и во жен ска конкуренција ќе бидат одредени три групи со по че ти ри еки пи. По бед ни ци те во групите обезбедуваат пласман во групната фа за на ЛШ, а дру ги те три еки пи го продол жу ва ат на стапот во но во форми ра ниот Куп на ЕХФ. Еден тим од првиот барабан што нема да биде ждребуван во групите за пласман во групната фаза во ЛШ ќе игра само двомеч со екипа од четвртиот барабан. Шанса да игра ат двомеч на ме сто тур нир ски ква лификации имаат и РК Мета лург (прв барабан) и ЖРК Мета лург (четврти барабан). Ква лификациите за ЛШ ќе се одиграат на 8/9 септември.

Ждреб (мажи) 1 барабан: Констанца (Романија), Слога (БиХ), Металург (Македонија), Динамо Минск (Белорусија) 2 барабан: Татран Прешов (Словачка), Хаслум (Норвешка), Партизан (Србија) 3 барабан: Динамо Полтава (Украина, Порто (Португалија), Макаби (Израел) 4 барабан: Алпла (Австрија), Бешикташ (Турција), Ловќен (Ц.Гора), Бозен (Италија) Ждреб (жени) 1 барабан: Бјасен (Норвешка), ФТЦ (Унгарија), Клуж (Романија), Виборг (Данска) 2 барабан: Бера Бера (Шпанија), Ро стов Дон (Русија), Букстехуде (Германија) 3 барабан: Гдиња (Полска), Далфсен (Холансија), Заечар (Србија) 4 барабан: Металург (Македонија), Муратпаша (Турција), Михајловце (Словачка), Брул (Швајцарија).


42

СПОРТ

Шкендија на мегдан со Портадаун Македонскиот претставник Шкендија денеска во Куманово го почнува настапот на меѓународната сцена, со дуелот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против Портадаун од Северна Ирска. Со многу промени во составот во однос на минатата сезона, сепак, очекувањата се дека треба да се елиминира овој противник. За тоа ќе биде потребна победа, ако е можно без примен гол, на првата средба. - Подготовките завршија, сега треба да се покажеме на теренот. Поседуваме квалитет со кој веруваме дека можеме да го минеме првото коло во Лигата на Европа. Сепак, нè очекува незгоден противник што игра типичен островски фудбал - истакнува еден од најискусните во тимот на Шкендија, Ертан Демири. Во новата сезона Шкендија влегува со значително изменет состав. Во досегашниот тек од летниот преоден рок тимот се засили со пет нови фудбалери, голманот, Ников, левиот бек Алиевски, фудбалерите од средниот ред Хасан и Алиу, како и напаѓачот Музафер Ејупи. Од Шкендија си заминаа Сали, Пеев, Аломеровиќ и Никитовиќ. Посакувам победа без примен гол. Со мудар пристап во одбраната и со контрола на играта на средината на теренот, очекувам триумф против Портадаун – вели тренерот Османи. Главен судија на денешниот натпревар (17.30 часот) меѓу Шкендија и Портадаун ќе биде Израелецот Еитан Шемулевич.

Вторник, 3 јули 2012 година

СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ДВАПАТИ ПОРАЗЕН ОД СВОЈОТ СОНАР

Блејк му ја одзе По триумфот на 100 метри, Јохан Блејк беше побрз од Јусеин Болт и во трката на 200 метри

Н

а стапот на на ци о нал ното пр венство на Јамајка во Кингстон беше поразителен за актуелниот олим пи ски шам пи он и свет ски рекордер Јусеин Болт. Неговиот најголем ривал во репре зентацијата на Јамајка, Јохан Блејк, два пати му зеде мерка на најбр зи от чо век на пла не тата. Блејк по беди во тр ката на 100 ме три со нај бр зо вре ме се зо на ва од 9,75 се кун ди, а потоа бе ше побрз од Болт и на двојно подолгата трка на 200 метри. Тој патеката ја претрча за 19,80 секунди што беше за три секунди побрзо од времето што го по стигна Болт. По трката Болт му че ститаше на својот пом лад коле га на ко го му ја преда де и свет ската титула во трката на 100 метри. Сега се по ставува прашањето дали Болт сè уште има „молња“ во нозете. Болт вед наш ми приј де и ми че сти та ше. Ми рече дека сум бил подобар овој пат и му се заблагодарив на тоа бидејќи тој секогаш ме мотивира. Пред трката ми пора-

ча да останам смирен и тоа и го сторив. Ги познавам добро неговите можно сти и знам дека не е целосно подготвен – рече Блејк. Болт по трката имаше проблеми со грчеви и лекарската екипа му притрча на помош, но набр зо повторно беше на нозе. - Де фи ни тив но, мо рам да се до ка жу вам. Јас сум олимписки шампион и морам да му покажам на светот дека и понатаму јас сум најдобриот. Блејк победи на овие две трки, но мислам дека не ме „растури“. Многу добро знам што треба да сторам за сè да си дој де на свое ме сто. Мо ра да откријам каде грешам и да поработам на тоа - истакна Болт. Свет скиот рекордер на 100 метри и на 200 метри го призна поразот, но не покажа загриженост дека тоа може да му се повтори и на Олимписките игри во Лондон. - Не се чувствувам најдобро, но имам уште не кол ку неде ли за да се вратам во форма. Не ми треба многу и не се грижам сè додека мојот тренер не стане загрижен – нагласи олимпискиот шампион.

ЕЛЕНА ИСИНБАЕВА НАЈАВИ КРА

Уште едно оли па заминувам

Руската атлетичарка Елена Исинбаева ре ши во 2013 годи на да à ста ви крај на исклучително успешната кариера, но пред тоа са ка да го освои тре тото олим пи ско злато по ред што до се га не à ус пе а ло на ниедна спортистка. Свет ската рекордерка во скок со стап изјави дека пред себе има за црта но две голе ми це ли. Пр вата е по трет пат по ред да освои златен медал на Олим пи ски игри, а потоа во Мос ква на Свет ското првенство во август 2013 година, де финитивно, да се про сти од атлетиката. Сопственичката на светскиот рекорд во скок со стап со ре зултат од 5,06 метри го пропушти настапот на ЕП што се одржа во Хел син ки за да се под готви подо бро за Лондон и да пре скокне за ново олимписко злато. Таа објасни дека на 30 години веќе


СПОРТ

Вторник, 3 јули 2012 година

43

РОДНИК НА НАЦИОНАЛНОТО ПРВЕНСТВО ВО КИНГСТОН

еде „молњата“на Болт

АЈ НА КАРИЕРАТА

имписко злато, во пензија

à е тешко да ја темпира формата за две големи натпреварувања во се зона. - Во овој момент целосно сум по светена на Олимписките игри во Лондон и мислам дека сум 90 проценти подготвена. А, потоа, 2013 година ќе биде мојата последна година на атлет ските натпреварувања изјави Исинбаева. Руската атлетичарка со два свет ски рекорди ги освои олимписките злата на ОИ 2004 во Атина и на ОИ 2008 во Пекинг. Во својата кариера дури 28 пати го уриваше свет скиот рекорд во скок со стап и го но си епитетот најдобра атлетичарка во оваа дисциплина на сите времиња. До почетокот на ОИ во Лондон, Исинбаева ќе настапи на ми тин гот во Сотвил, Фран ци ја, а последна проверка ќе à биде настапот во Монако на 20 јули.

Руфус се врати на Вимблдон По три дена откако беше украден, јастребот Руфус, кој е заштитен знак на Вимблдон, одново е вратен кај сопствениците. Во потрага по популарната птица беше вклучен и Скотланд јард. Руфус е истрениран јастреб кој ги растерува помалите птици над терените на Вимблдон. „Летечкиот полицаец“, како што го нарекуваат, е дресиран да не напаѓа, туку само да ги растерува гулабите и другите помали птици да не им пречат на гледачите и на тенисерите. Пред неколку дена јастребот беше украден од автомобилот на неговата сопственичка Имоген Дејвис. Вимблдон воведе „летечки полицаец“ во 1999 година, а последните три години на таа „функција“ беше Руфус. Популарниот јастреб има членска карта во Вимблдон, па дури и профил на „Твитер“.


44

РАЗОНОДА

Вторник, 3 јули, 2012 година

АЛСАТ-М

СИТЕЛ

КАНАЛ 5

АЛФА ТВ

ТЕЛМА

ТВ ПРОГРАМА 06.45 Добро утро, Македонијо контактна програма 09.05 Без рецепт 09.25 Документарна програма 10.00 Дневник 10 10.25 Македонски народни риказни 11.00 Образовна програма 12.00 Опстанок - играна програма 12.30 Симпсонови - цртан филм 13.00 Вести 13.20 Аграр – информативен

магазин 14.30 Музичка програма 15.00 Вести 15.10 Без рецепт 15.30 Неразјаснети истории документарна програма 16.10 Адвокатите на Бостон-серија 17.00 Дневник 1 17.40 Тротоар њуз - забавна програма 18.00 Македонски народни приказни

18.31 Документарна програма 19.01 Симпсонови - цртан филм 19.30 Дневник 2 20.15 За Македонија документарна програма 21.00 Неразјаснети истории документарна програма 22.00 Адвокатите на Бостон серија 22.50 Дневник 3 23.20 Тротоар њуз - забавна програма

23.35 Семејни убиства - серија 00.00 Икупението во Шошенк игран филм 02.15 Адвокатите на Бостон серија 03.15 Неразјаснети истории документарна програма 04.05 Семејни убиства - серија 04.30 За Македонија документарна програма 05.20 Аграр - информативен магазин

07.05 Културна хроника 07.15 ТВ серија 08.05 Документрана програма 08.30 Градини 09.00 Мојот пат 09.30 Филмополис - филмски магазин 10.00 Черчил – игран филм 11.45 Храна и вино – емисија за гурмани 12.15 5+ 13.00 Цртан филм

13.45 Девици благороднички – играна серија 14.35 Аларм за Кобра 11 – серија 15.30 Вести 15.50 Дигитална зона - емисија за нови технологии 16.20 Доктор Хаус – серија 17.00 Цртан филм 17.10 5+ 17.50 Храна и вино – емисија за гурмани 18.30 Вести

19.00 Метео 19.05 Спорт 19.10 Аларм за Кобра 11 – серија 20.00 Девици благороднички – играна серија 21.00 Дијалози-емисија од културата 21.40 Вести 22.10 Метео 22.15 Спорт 22.20 Сексот и градот – серија 22.45 Доктор Хаус – серија 23.30 Културна хроника

23.40 Големо ништо-игран филм 01.15 Сексот и градот – серија 01.45 Черчил – игран филм 03.05 Дијалози - емисија од културата 03.30 Вести 04.05 Дигитална зона - емисија за нови технологии 04.15 Емисија за гурмани Храна и вино 04.45 Игран филм 06.30 Вести

06.55 5 до 7 – утринска програма 09.00 Вести 09.10 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 09.25 Љубовници и тајни - серија 10.15 Портик – хроника на денот 11.45 Телешоп 12.00 Вести 12.15 Вкусот на традицијата – рецепт на денот

12.30 Пет и Стен-анимирана серија 12.45 Моите џебни миленичиња – цртана серија 13.05 Ај ти замижи-емисија за деца 13.30 Супер ѕвезда – топ листа – емисија за деца 14.00 Евро Панорама – информативна програма 14.30 Патоказ-патеписна репортажа

15.00 Вести 15.15 Миле против транзицијата – играна серија 15.45 Во прво лице – забавна програма 16.15 Љубовници и тајни – серија 17.05 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 17.30 Вести 17.55 Миле против транзицијата –

играна серија 18.30 Фактор здравје – контактна програма 19.00 Вести 19.45 ВОА - гласот на Америка 20.00 Градот – документарна програма 21.00 Сунчане скале – фестивал 00.00 Вести 00.45 Мојата земја – игран филм

07.00 Здраво Македонијо 09.00 Вести 09.10 Здраво Македонијо 10.05 Јунска ноќ – турска серија 10.55 Метео 5-временска прогноза 11.00 Вести 11.10 Oчајни домаќинки – турска серија 12.00 Разделба – индиска серија

реприза 13.15 На турско кафе со .. 14.00 Опасна убавина – турска серија 14.55 Метео 5-временска прогноза 15.00 Вести 15.25 Опасна убавина – турска серија 15.30 Величествениот - турска

серија 16.15 Разделба – индиска серија 17.50 Екстра Ексклузив – забавен магазин 18.15 Метео 5-временска прогноза 18.20 Вести 19.00 Опасна убавина – турска серија 20.15 Величествениот – турска

серија 21.35 Јунска ноќ – турска серија 22.45 Метео 5 - временска прогноза 22.50 Вести 23.20 Екстра Ексклузив – забавен магазин 23.45 Стрелец - игран филм 02.00 Разделба – индиска серија

06.15 Засекогаш вљубени - серија 07.00 Вести 07.10 Журнал -утринска програма 09.00 Вести 09.10 Кај Ана - кулинарско шоу 09.25 Македонски стари приказни 10.00 Слушни ја мојата судбина играна серија 10.25 Топ шоп 10.55 Бекстејџ - естраден магазин 11.05 Малечката невеста - серија

11.30 Огнови на љубовта - серија 12.00 Вести 12.10 Огнови на љубовта - серија 12.30 Топ шоп 12.50 Под сенката на врбите играна серија 13.20 Љубов и казна -серија 14.10 Зет домазет - играна серија 15.20 Бурни времиња - серија 16.00 Вести 16.24 Временска прогноза

16.26 Бурни времиња - серија 17.00 Огнови на љубовта - серија 18.00 Малечката невеста - серија 18.35 Бекстејџ - естраден магазин 19.00 Дневник 19.30 Бизнис вести 19.40 Временска прогноза 19.45 Квалификации за ЛОИ 2012 Македонија: Нов Зеланд 21.30 Зет домазет - играна серија 23.00 Дневник

23.25 Временска прогноза 23.27 Херои - играна серија 00.20 Просечен маж - серија 01.10 Бекстејџ - естраден магазин 01.25 Се или нешто - забавна емисија 02.15 Балкан бенд - забавна емисија 02.45 Кој те шиша-забавна емисија 03.10 Журнал - реприза 05.00 Зора зори - забавна емисија

08.00 Ноди - цртан филм 08.15 Утеран - индиска новела 09.00 Опасна љубов - шпанска новела 09.45 Да готвиме заедно со А. Положани 10.00 Телешоп Бјорнер-Германија 10.10 Топ шоп 10.25 Скај шоп 10.45 Миленичиња во мојот џеб 11.05 Пет плус - детска емисија 11.45 Телешоп Бјорнер -

Германија 12.00 Така како што времето одминува - турска серија 12.45 Странски зет - турска серија 13.30 Запознајтене емисија 14.05 Телешоп Бјорнер-Германија 14.15 Топ шоп 14.30 Скај шоп 14.45 Пет плус - детска емисија 15.35 Миленичиња во мојот џеб 16.00 Вести 16.30 Да готвиме заедно -

со А. Положани 16.45 Утеран - индиска новела 17.30 Опасна љубов - шпанска новела 18.25 Пицикато -забавна емисија 19.00 Вести 19.45 Така како што времето одминува - турска серија 20.45 Под липите - турска серија 21.45 Странски зет - турска серија 23.00 Вести на македонски јазик

23.35 Во Центар - eмисија со Васко Ефтов 00.35 Ин моушн 00.50 Пицикато -забавна емисија 01.15 Така како што времето одминува - турска серија 02.00 Странски зет - турска серија 02.45 Под липите - турска серија 03.30 Игран филм 05.00 Опасна љубов - шпанска новела


ИНФОРМАТОР

Вторник, 3 јули 2012 година

ВРЕМЕПЛОВ

црква го вратија папата Пие Деветти. 1883 - Во Прага е роден Франц Кафка, чешки писател со еврејско потекло. Негови најпознати дела се романите: „Процес“, „Америка“, „Замок“ и расказите „Преобразба“, „Селски лекар“ и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1924 година. 1904 - Умре еврејскиот писател и публицист Теодор Херцл, основач и 1423 - Роден е францускиот крал Луј теоретичар на модерниот ционизам, Единаесетти, кој во текот на владее- кој силно се залагаше за основање на еврејска држава во Палестина. њето од 1461 до смртта во 1483 гоВо 1897 година беше избран за прв дина го оконча обединувањето на различните историски територии на претседател на Светската ционистичка организација. Дела: „Еврејска Франција. државата“, „Стара Нова земја“. 1608 - Францускиот истражувач Са1908 - Со излегувањето во илегалмиел де Шамплен го основа канадност на командантот на турскиот скиот град Квебек. 1642 - Умре француската кралица од гарнизон во Ресен, Ахмед Нијазибеј, со неговите единици, почна италијанско потекло Марија де Медичи, која по смртта на кралот Анри Младотурската револуција, бунт за Четврти во 1610 година управуваше воспоставување уставен режим во Турција. Носители беа претставници со земјата како регентка заедно со синот Луј Тринаесетти. Се обидува- на турската буржоазија. Најсилен поше да го сузбие самоволието на ви- дем младотурското движење имаше сокото племство, а кога не успеа во во Македонија. За десетина дена тоа, наиде на поткрепа во парламен- султанот беше сменет од власт и во тот кој го распушти во 1614 година, Уставот беа внесени одредби кои со што собранието не се состанува- значително ја ограничуваа султанше до Француската револуција во ската власт, а младотурците влегоа 1789 година. во владата. Кон младотурците се 1775 - Генералот Џорџ Вашингтон приклучија и македонските револуофицијално ја презеде командата ционери на чело со Јане Сандански, над Континенталната армија (соста- Тодор Паница и Христо Чернопеев. вена од жители-колонисти во 13 ко1927 - Роден е англискиот филмски лонии) во Американската војна за режисер Кен Расел. Филмови: „Денезависност од Велика Британија. мони“, „Густав Малер“, „Томи“, „Ва1849 - Француските трупи, и покрај лентино“. херојскиот отпор на Џузепе Гарибал- 1944 - Советската армија во Втората ди и на неговите борци, влегоа во светска војна го ослободи главниот Рим и на чело на Римокатоличката град на Белорусија – Минск, при што

ХОРОСКОП

21.03 19.04

20.04 20.05

21.05 20.06

21.06 22.07

Овен - Многу ви е важно да ги решите недоразбирањата, но немате доволно поддршка од луѓето на кои им верувате. Совет: откријте ги скриените адути тогаш кога е најпотребно. Бик - Сакате да ги наметнете своите размислувања, но некои ситуации не се решаваат лесно. Имајте повеќе трпение. Совет: партнерот знае да ве расположи, дозволете му го тоа. Близнаци - Нема потреба да се сомневате во емоциите на партнерот. Недоразбирањата не се производ на недостиг од љубов, туку на вашето несоодветно однесување. Совет: пијте вода. Рак - Колегите многу добро влијаат на вашето расположение и тоа ја подобрува работната атмосфера. Совет: романтична вечера ќе ве релаксира и опушти.

23.07 22.08

23.08 21.09

22.09 23.10

24.10 21.11

зароби 100.000 германски војници. 1949 - Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта „Продадена невеста“ од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев. 1969 - Брајан Џонс, еден од основачите на англиската рок-група „Ролинг стонс“, се удави во својот базен под дејство на прекумерно количество дрога. 1992 - На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на свети Наум Охридски Чудотворец. 1992 - Собранието на Република Македонија донесе декларација со која го отфрли делот на декларацијата за поранешна Југославија на Европската заедница донесена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, во која се условува со името на Република Македонија. 2000 - Со 72 гласа „против“, 23 „за“ и 9 воздржани, пратениците на Собранието на Република Македонија не го поддржаа барањето за недоверба на владата, поднесено од пратеничката група на СДСМ. 2001 - Во близина на караулата Танушевци - Кодра Фура, албанските терористи стрелаа од заседа врз припадниците на АРМ. Притоа загина војникот Фејзо Џеладиновски (роден во 1981 година) од селото Елово, Скопско. 2001 - Кај село Радуша, Скопско, безбедносните сили на Република Македонија водеа една од најжестоките борби против албанските терористи.

Лав - Од партнерот барате повеќе внимание и љубов. Бидете трпеливи или поразговарајте зошто се однесува на тој начин. Совет: топлото време лошо влијае на вашето здравје, бидете внимателни. Девица - Избегнувајте ги кавгите со колегите, тие нема да ви донесат ништо добро. Совет: не одбегнувајте ја средбата со една скорпија, таа има да ви каже нешто важно. Вага - Разочарани сте од однесувањето на еден член од вашето семејство, а за да ги нормализирате односите, мора сериозно да разговарате. Совет: направете му изненадување на партнерот. Скорпија - Финансиската ситуација секој ден е сè полоша, треба сериозно да размислите кој чекор ќе го преземете за да се извадите од кризата. Совет: не провоцирајте го партнерот.

22.11 21.12

22.12 19.01

20.01 18.02

19.02 20.03

45

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР Денеска е Св. Наум Охридски

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина, тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското Езеро. Овој манастир е денешниот „Св. Наум“. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, Охридската архиепископија го установи неговиот празник за време на летото.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Тома

Тома бил познат меѓу апостолите по своето неверување кое исчезнало кога му се прикажал воскреснатиот Исус. Нема податоци за неговиот живот освен тоа што е напишано во Евангелието. Според некои стари записи, тој го ширел евангелието меѓу Индијците.

Стрелец - Здравствената ситуација ви е многу лоша. Нема потреба да водите инает, вистинско време е да одите на лекар. Совет: ако сакате да флертувате, тогаш бидете подготвени за ризикот што го носи флертот. Јарец - Потребна ви е поголема флексибилност и тактика. Со вакво агресивно однесување нема да дојдете до целта. Совет: послушајте го партнерот, одете на одмор. Водолија - За да ги завршите сите обврски, треба добро да се организирате. Во иднина не ветувајте работи што не можете да ги исполните. Совет: јадете здрава храна. Риби - Сега плаќате за грешките што ги правевте минатата недела. Мора да внимавате што зборувате и пред кого зборувате. Совет: сочувајте ја блискоста со партнерот.


46

РАЗОНОДА

Вторник, 3 јули, 2012 година

Почеток: 10.30 и 13.00 часот „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Режија: Тарсем Синг Почеток: 15.15 и 17.15 часот

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Луѓе во црно“ Жанр: акција, комедија, фантазија Режија: Бери Соненфилд Почеток: 15.00 часот

„Парада“ Жанр: комедија, фантазија, романса Режија: Срѓан Драгојевиќ Почеток: 19.30 часот

„Одмаздници“ Почеток: 20.00 и 22.30 часот КИНО „РАМСТОР“ „Кунгфу-панда 2“ Режија: Џенифер Јух Автор: Џонатан Аибел, Глен Бегрер Почеток: 11.00, 13.00 и 15.00 часот

„Бесмртници“ Жанр: акција, драма, фантазија

Сала 2: „Првиот одмаздник: Капетан Америка“ Жанр: акција, авантура, научна фантастика, спектакл

„Прометеј“ Жанр: акција, хорор, научна фантастика Режија: Ридли Скот

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА „Традиционални предмети од метал“ „1+ 1 Живот и љубов низ македонската историја“ MUNICIPiVM STOBENSIVM – Римска монетарница во Стоби МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Изложба на Станко Павлески Изложба на Павле Маневски Меѓународна колекција

„Што да очекувате кога очекувате“ Режија: Кирк Џонс Жанр: комедија, романса Почеток: 17.15, 19.30 и 22.00 часот

Жанр: акција, авантура, фантазија Режија: Јос Видон Почеток: 17.00 часот

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Меѓународна колекција Отворен од вторник до недела од 10.00 до 18.00

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка Објектите на Националната галерија работат од 10.00 до 18.00

Режија: Тарсем Синг Почеток: 22.00 часот ИЗЛОЖБИ

ЗРНЦА НА МУДРОСТА Ако само еднаш во животот кажеш лага, сите добри дела што си ги направил од своето раѓање можеш да им ги фрлиш на кучињата! Ману Тајната на успехот во животот не е во тоа

l

30

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

Не е доволно само да се собира знаење, туку и да се употребува! Цицерон

Иско те ристете го овој ден и не возбудувај се многу за утрешниот! Хорациј

30 30

l Делчево

l Штип

32

Велес l

l Радовиш

31

l Кичево

l Неготино

30

l Кавадарци

30

28

30 l Охрид

31

l Кочани

30

l Дебар

l Струга

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен правец, кој ќе се движи со брзина од 9 километри на час.

29

l

31

30

30

Подобро е малку да знаеш, ама темелно, отколку многу, но површно! Кант

Крива Паланка

32

Скопје l

30

да го работиш тоа што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш! Винстон Черчил

l Прилеп

Битола

30

l Ресен

31

l Струмица

30 l Гевгелија

Сончево и топло време ќе преовладува во текот на денешниот ден. Во Скопје минималната температура ќе биде 13 Целзиусови степени, а максималната 31 степен. Влажноста на воздухот ќе биде 41 процент, а видливоста до 10 километри. Индексот на УВзраците ќе биде 8.

l

30 10 СРЕДА 37

12 ЧЕТВРТОК 38

11 ПЕТОК 39

29

Барселона

32

Букурешт

34

Будимпешта

33

Загреб

29

Софија

32

Атина

30

Приштина

34

Сараево

34

Белград


Рецепт на денот

Руска торта ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: l l l l

12 белки 6 жолчки 6 лажици гриз 9 лажици ореви

Фил: l 500 мл млеко l 6 жолчки l 10 лажици брашно l 250 г брашно l 150 г шеќер во прав l желе-бомбони l свежо овошје l сечкани ореви l 2 кесички шлаг

" S A G I TTA R I U S #

OBLIKUVANOST KAKO KRISTAL

PRETPOTOPSKI @IVOTINSKI VID

"RUDARSKO ISTRA@UVA^KI RABOTI#

MALAJSKO LUDILO

É

MUSLIMANSKO MA[KO IME

F

U^ESNIK VO ZAVR[NI BORBI VREME KOI NADOA\A

Æ

Ê

NAJVISOK MONA[KI ^IN ITRECI @ENSKO IME ODGLEDUVALI[TE ZA RIBI

EGIPETSKI BOG RA MESTO KAJ BARSELONA @ENSKO IME

VIKIN[KI BOG NA GROMOT

GL. GRAD NA OHAJO (SAD) VE^ERNA SEDENKA

PLANINSKI PREDEL VO ARABIJA

FRANCUSKI PISATEL VIKTOR NAPRAVENO OD OLOVO

S

NEJAKOST KUM

PISATELOT @UPAN^I^

SOJUZNA DR@AVA VO INDIJA

BRITANSKI KRAL MARKA GERMANSKI AVTOMOBILI

PRIPADNIK NA MAKEDONSKO PLEME

Ä

TRICIFREN BROJ

KISLOROD PISATELI NA DELA SO ALEGORIJA

SILICIUM

Æ

T

A

HOLANDSKI FUDBALER JAP IMA SUMAK POVI[ENA NOTA "E#

SOSTOJBA BEZ SVEST ACO JOVANOVSKI

"TRAFO STANICA#

RADIUS

PEKOL SULFUR

ITALIJANSKI VESNIK KALIUM BIV[ JU FUDBALER I TRENER IVICA

B

3

2 6 5 1 8 9 8 7 9 5 6 8 6 7 2 5 3 2 4 1 7 3 2 9 5 9 4 6 8 1 4

1 3

9 8 2 2 9 1 6 8

3 2 6 1

1 5

6 4

4 7 5 2

7 2 3 6 7 9 4 5

9 2

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: KIRAXII, RS, ARHIMANDRIT, ITROMANI, O, SI, KALINA, TOR, LINOLA, ASIR, SALEM, SLABOST, IGO, NUNKO, OTON, ORISA, LIR, SUKARNO, IS, TS, NESVEST, AD, UNITA, BRSJAK, OSIM; SUDOKU: 1) 319 867 542, 726 543 189, 458 921 736; 931 752 468, 867 439 251, 245 618 397; 673 284 915, 594 176 823, 182 395 674; 2) 617 324 598, 593 816 724, 482 759 316; 156 287 439, 829 431 675, 374 695 182; 231 568 947, 768 943 251, 945 172 863

Белките се матат со шеќерот, а потоа постепено се додаваат ше сте жолчки. На крај се додаваат гризот и оревите. Те стото се пече на умерена температура. Кората се остава да се олади, а за тоа време се прави филот. Во топло млеко се додаваат брашното и ше сте жолчки, но по стојано се меша за да не се направат грутки. Се вари сè додека не се згусне. Откако ќе се олади, се става маргаринот, кој претходно е убаво изматен, а потоа се додава шеќерот во прав, овошјето по желба, желе-бонбоните, а по желба може да се стави и суво грозје. Кората се дели на три дела и се филува.

PROST BROJ

RISTO SAMARXIEV NOSNI KAMEN^IWA

LU\E KOI @IVEAT VO STAN POD NAEM

EKS INDONEZISKI PRETSEDATEL AHMED

ПРИГОТВУВАЊЕ:

47

РАЗОНОДА

Вторник, 3 јули, 2012 година


ВИЦОТЕКА

Баба шета со внукот низ парк и одеднаш внукот гледа на земја 100 денари, и вели: - Бабо, види 100 денари, да ги земам? - Не, од земја ништо не се зема! – вели бабата. Продолжуваат да шетаат и детето гледа 1.000 денари, и вели: - Бабо, види 1.000 денари, да ги земам? - Не сине, од земја ништо не се зема!

Продолжуваат да шетаат и бабата не сакајќи паѓа, и му вели на внукот: - Синко, помогни ми да станам! - А, не можам, од земја ништо не се крева! *** Синот се подготвува да излезе во град и му вели на таткото: - Тато, имаш пари? - Јас имам, ти нема потреба да се грижиш за мене! - одговара таткото.

ТИКЕТ СЕК Ј Грција (19) Шпанија (19 ) Шкендија портадаун

1-1

2

Коефициент 6,8

Гетеборг Хелсинборг Оребро Малме

1

GG


Den 03 Juli  

Dneven Vesnik Den

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you