Issuu on Google+

vo ovoj broj prilog

ДЕН ЗА УБАВИНА

www.den.mk

СО НОВАТА ДАВАЧКА НЕМА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

14 o

Понеделник 2 април 2012, Година 1, број 17

цена

12-13

Кучињата не се исплашија од данокот

Во жолтата куќа се бојат нови списоци 4-5

Србија во шок по пожарот

14-15

АКТУЕЛНО:

ДОСИЕ

„Детонатор“ го разора кочанското подземје

МОЗАИК

10-11

Новинарите ги бива и за пеење, 20-21 и за соблекување!


2

ВЕСТИ

Понеделник 2 април, 2012 година

ДОДЕКА НАДЛЕЖНИТЕ СЕ ДОГОВАРААТ МАЈКИТЕ ДОБИВААТ

КОМЕНТАР

Тони АНГЕЛОВСКИ

Колатерална штета Тамам помислија професионалните војници дека Владата конечно реши да ги прифати нивните барања за подигање на старосната граница за служба во АРМ од 38 на 45 години, излезе дека измената на законот нема да важи за тие војници, а ги има околу 120, на кои веќе им бил прекинат договорот поради старосната бариера. Со тоа овие војници, кои две години константно протестираа по скопските улици, стануваат колатерална штета на одлуката на Министерството за одбрана. Иако речиси сите се отпуштени на возраст од околу 39 години и според измените на законот што денеска треба да бидат на собраниска седница, не се постари од дозволеното, тие сепак повторно ќе си останат на улица. И наместо да се обиде да го надмине овој проблем, Министерството за одбрана деновиве упорно тврди дека половината од нив биле повторно вработени преку проектот на министерството „Лепеза“. Но, војниците велат дека овој проект, всушност, бил само ветар и магла и дека ниту еден војник не е повторно вработен. А целиот проблем може да се реши со само малку добра волја од Министерството. Отпуштените војници имаат огромно искуство и тренинг, кој е платен со државни средства, а е драгоцен за секоја армија. Имаат и многу мисии во Авганистан и во Ирак зад себе, што уште повеќе говори за нивната подготвеност. Според измената на законот, сега и очигледно не се премногу стари за служба во АРМ. Само уште Министерството да си ја види грешката и да ја исправи неправдата. ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: „Вила Принт“ Скопје, ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски, Управител - Дејан Костадиноски, Главен и одговорен уредник - Коле ЧАШУЛЕ, Заменик на главен уредник - Горан ПЕТРЕСКИ, Помошник на главен уредник - Диана МЛАДЕНОВСКА Уредници: Маја Анастасова, Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски, Александар Божиновски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Владимир Димовски Систем-администратор: Огнен Митев Редакција: redakcija@den.mk marketing@den.mk pretplata@den.mk Контакт: 02/3211 - 551

УЈП не се отка

Покрај предупредувањата дека решенијата за наплата на данок за задоцнетите пари од породилното боледување се незаконски, управата продолжува со својата практика

У

Менче АТАНАСОВА ТОЧИ

правата за јавни приходи и Мини стерс твото за фи нан сии продол жу ва ат да до ста ву ва ат решенија за наплаќање данок до мајките што се на породилно боледување иако до сега неколкупати биле предупредени од На род ни от пра во бра ни тел де ка та квата практика е не законска. Станува збор за решенија за наплата на данок за задоцнетата исплата на парите од породилното боледување што им следуваат на мајките. - Зарем во оваа држава најдоа да заработу ва ат на на ша сме тка. За рем ва ка се стимулира мајчинството - велат револтираните жени, кои парите од породилното боледување треба да ги добиваат девет ме сеци. Фондот за здравство веќе неколку години доцни со исплата на парите за породилно та ка што мно гу че сто се слу чу ва по девет ме сеци боледување мајката да тргне на работа, почнува да добива редовна плата, но во исто време на сметка ги добива и

па ри те од по родил ното. Ре ше ни јата од УЈП се одне суваат за овие пари, оти освен платата, мајките, наводно, имаат дополните лен при ход што не го при ја ви ле. Ап сурдна ситуација оти се работи за пари од боледување, кое законски им следува и за кое сите плаќаат придоне си, а доцнењето на парите не е по вина на мајките. Од канцеларијата на Народниот правобранител велат дека ваквата практика по стои повеќе од една година и дека уште лани во но ември ре агирале до надлежните институции таа да прекине. Но, и покрај ваквите укажувања, од канцеларијата велат дека и оваа година добиле јавувања од мајки што се жалеле на решенијата од УЈП. - Уште лани имавме ре акција од повеќе граѓани, кои се жа леа дека на исплатата од Фондот за здравствено осигурување, што ја добиваат со задоцнување не по своја вина, им се пресметува персона лен данок на доход - рече из ја ви Ура ни ја Пировска, портпарол на Омбудсманот. Пировска вели дека од Управата за јавни приходи им признале дека мајките имаат ос но ва за ва кви те ре ак ции, но до се га

Преселба на дисперзираните студии од Велес во Крушево На дис пер зи ра ни те студии во Ве лес, што функционираат во рамките на охридскиот Факултет за туризам и уго стителство, по ве ќе не ма да се запи шу ва ат но ви генерации. Школувањето ќе го продолжат са мо тие што ве ќе студи ра ат та му сè до нив ното за вр шу ва ње. Ова значи де ка охридскиот факултет ги губи диспер зираните студии во Велес, прене се телевизија „Алфа“. Министерот за образование Кра лев ова не го на ре ку ва уки ну ва ње, ту ку разме стување на студиите. - Ќе се оди кон тоа да има одреде но разме сту ва ње, со единс тве на цел да се овозможи на друг вид профили во одредени региони да имаат можност да стекнат

образование - изјави министерот за образование. За охридските профе сори е неприфатливо понуденото решение по петгодишна успешна работа Велес да се замени со Битола и со Кру ше во. Ми ни сте рот, пак, со оцена дека Крушево е перспективен туристички центар, со голем потенцијал. - Иа ко од лу ката за тоа ка де ќе би дат рас по реде ни дис пер зи ра ни те студии сè уште не е доне сена, би сакал да истакнам дека нашата намера е тие да се стимулираат и по гранки и по региони. И Крушево е еден град кој има туристички потенцијал и од тој ас пект не би тре ба ло да би де ограничувачки - рече Кра лев.


ВЕСТИ

Понеделник 2 април, 2012 година

3

РЕШЕНИЈА СО КОИ ИМ СЕ БАРА ДА ПЛАТАТ ДАНОК НА ДРЖАВАТА

жува од породилното

никој од надлежните не презел мерки да се реши проблемот. Поради тоа Правобранителот неколкупати се обратил до Министерството за финансии. Одговорот што го добиле бил дека Управата треба да изврши корекција на до ставените решенија во согласност со одредбите на Законот за даночна по стапка и на Законот за општата управна по стапка. Но, три ме сеца работата тапка во ме сто.

УЈП негира дека се работи за задоцнета исп лата за по родил но боледу ва ње и тврди оти жал би те на мај ки те ги ре ша ва во соглас ност со упат ствата на Ми ни стерството за финансии. - Не станува збор за задоцнети исплати за по родил но од Фон дот за здравство како што информираа некои медиуми, туку за користење и за надминување на годиш ното лич но ос ло боду ва ње на

Новите правила за боледување денеска стапуваат на сила Новиот правилник за боледувања почнува да се практикува од дене ска. Матичните доктори во иднина ќе можат да издаваат боледувања до седум дена и за тоа време не мора ги праќаат пациентите на дополнителни испитувања и анализи. Фондот за здравствено осигурување одлучи дека нема потреба да се прават дополнителни трошоци во првата седмица кога пациентот ќе ја прима терапијата од избраниот лекар. Испитувања ќе се прават и па-

циентот ќе се праќа на специја лист ако се констатира дека треба да се продолжи боледувањето на 15 дена. Боледувањата што траат од 15 до 60 дена ќе ги водат лекарските комисии како што беше и до сега. Но, за период подолг од ова, т.е. за боледување подолго од 60 дена зелено светло треба да даде конзилијарен тим од Клиниките, односно ќе бидат потребни потписи од тројца лекари-специјалисти, одлучи Фондот за здравствено осигурување. М.А.Т.

категоријата родилки кои во текот на 2010 годи на, по крај ко ри сте ње на по родил но боледување, остварува ле и други приходи - изјавија од УЈП за „Ден“. Упра вата ини ци ра ла за кон ски изме ни за годиш ното утврду ва ње на да нок на трудниците, кои се на боледување со што ќе им се признае даночното ослободување во ви си на на иско ри сте ното пра во кое е различно кај секого.

Бесими во Авганистан Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котевски, вчера пристигнаа во посета на македонскиот армиски контингент во Авганистан. Нашите војници се дел од мултинационалните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан. Министерот Фатмир Бесими, покрај средбата со нашите војници, се сретна и со командантот на ИСАФ, генералот Џон Ален, и со други високи претставници на НАТО во Авганистан. Посетата на македонска делегација на Авганистан се реализираше по најновото зголемување на учеството на македонската армија во составот на мултинационалните сили во оваа земја. Македонската армија од минатиот месец дополнително го зајакна своето учество во ИСАФ со петчлен мобилен тим за обука на авганистанската армија во школото за воена полиција во рамки на мисијата на НАТО за обука во Авганистан.


4

ВЕСТИ

Понеделник 2 април, 2012 година

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА ПРЕТ

Жолтат П

Игор ЧАВЕСКИ

артиските војници на владеачката партија изминатиов ме сец повторно излегоа на терен, одејќи од врата на врата во неколку општини во земјава за да го бојадисаат гласачкото тело во пре срет на локалните избори. Според сведочењето на граѓаните, анкетарите на ВМРО-ДПМНЕ кои им тропнале на врата, главно, по ставувале прашања за тоа колку домаќините биле задоволни од своите градоначалници, колку сработиле и дали повторно би гласале за нив. - Ние сме од општинската организација, правиме истражување на јавното мислење и нè интере сира да ли ја поддржувате работата на актуелниот градоначалник - со овие зборови двајца анкетари минатата недела му се обратиле на граѓанин од општина Ѓорче Петров. Иако граѓаните не биле премногу расположени да зборуваат на таа тема, партиските анкетари биле упорни во тоа да ги извлечат потребните информации со изговор дека се работи за интерно истражување и дека нема да бидат злоупотребени собраните податоци. Според јавувањата на граѓаните, во моментов вакви истражувања спроведуваат општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Крива Па-

СДСМ гради широк фронт против власта

Опозициската СДСМ ќе се обиде наредниот период да формира широк опозициски фронт со кој ќе се бори против Владата на Никола Груевски и ќе се обиде да победи на наредните локални избори. Лидерот на партијата, Бранко Црвенковски, на седницата на Централниот комитет во саботата доби одврзани раце да разговара за обединување со опозициските партии кои во моментов се надвор од фронтот предводен од СДСМ. Во наредниот период, Црвенковски ќе разговара со лидерите на ВМРО-НП и на ЛДП, Љубчо Георгиевски и Андреј Жерновски, а потоа и со лидерите на опозициските партии од албанскиот политички блок, Мендух Тачи и Руфи Османи. Централниот одбор на СДСМ ги повика на здружување и сите поединци и организации што се незадоволни од власта за да се спротивстават на, како што велат, погубните политики со катастрофални последици.

- Ние пред неколку ме сеци јавно ја промовиравме идејата сите што се одговорни и сериозни да ги остават на страна личните и партиски тесни интереси и да се направи еден широк опозициски фронт за да се запре ова лудило, да се порази оваа власт и да се врати државата на еден нормален коло сек. Мислам дека работите се движат во добра насока и има доволно време до следните локални избори да се надеваме дека ќе се ре а лизира идејата за доброто на сите рече Бранко Црвенковски во вчерашното интервју за „Радио слободна Европа“, објаснувајќи и дека лидерската позиција во проширениот фронт не мора да му припадне на СДСМ затоа што тоа било најмалку битно. Опозицискиот фронт беше создаден од 15 партии и неколку пома ли здруженија пред една и пол година. Од СДСМ не откриваат дали веќе се договорени средби

со опозициските партии што се надвор од фронтот, но неофицијално се најавува дека СДСМ ќе понуди платформа со цели и приоритети за кои ќе разговара со овие партии. Преговорите за обединување би требало да завршат пред самитот на НАТО во мај, а здружената опозиција потоа би настапила на изборите без оглед на тоа дали ќе бидат предвремени или во редовниот термин. Од партиите од македонскиот политички блок што треба да го прошират опозицискиот фронт засега не сакаат да ја коментираат иницијативата на СДСМ и чекаат официјални покани за средби. Во меѓувреме, овие партии работат на сво ето меѓусебно здружување, па за задутре е најавена средба на лидерите на ВМРО-НП, ЛДП, До стоинство и на раководството на Обединети за Македонија. ДПА и НДП молчат за идејата на СДСМ. Т.А.


ВЕСТИ

Понеделник 2 април, 2012 година

5

СТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

а куќа бои нови списоци Анкетарите на власта повторно тргнаа од врата на врата за да ги подготват списоците пред изборите, по што се очекува да следи периодот на изборно убедување ланка и во Прилеп. Вакви „анкети“ и „испитувања на јавното мислење“ се вообичаена работа во предизборен период, но проблемот е што од до сегашното искуство во Македонија се покажа дека податоците што се собираат од граѓаните потоа се злоупотребуваат и служат за вршење притисок врз гласачите. Како доказ е и неодамнешниот пример, кога новинарот Зоран Божиновски на својот профил на „Фејс бук“ ги објави избирачките списоци од општина Центар, во кои граѓаните беа обоени според партиската припадност. Овие списоци, наводно, потекнувале од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинувањата што следеа потоа велат дека по подготовката на ваквите бојадисани списоци, следува период на „убедување“ на гласачите, при што во игра влегуваат еднакво и ветувања, но и силни притисоци. Анкетарите што во моментов се растрчани низ општините, во своите настапи не бараат лични податоци, но малкумина од граѓаните наседна ле на тој трик бидејќи знаат дека активистите многу лесно можат да дојдат до нивните податоци, особено доколку не бидат задоволни од она што ќе го слушнат. Тие стравуваат дека лесно може да се најдат во црниот список на ВМРО-

ДПМНЕ доколу се изјаснат оти не се задоволни од работата на градоначалникот и дека на тој начин ризикуваат да изгубат работа доколку се во некоја државна институција или многу потешко да дојдат до вработување во институциите што се под директна надлежност на општината. Сепак, ваквите анкети партиите ги користат и за дисциплинирање на своите градоначалници и за вистинско опипување на пулсот пред изборите, и затоа не случајно ВМРО-ДПМНЕ ги има избрано токму овие општини за анкетирање. Како што дознаваме од партиски извори, кај граѓаните по стои огромно незадоволство од работата на локалната власт во по сочените општини и партијата стравува дека лесно може да ги загуби локалните избори следната година. ВМРО-ДПМНЕ најлошо стои во Крива Паланка и во Кисела Вода и за актуелните градоначалници, Арсенчо Алексовски и Маријан Ѓорчев, се смета дека ги „преспале“ мандатите. Поради тоа, од партиската центра ла стигна ла наредба сите градоначалници да излезат со отчет за сработеното и секојдневно да бидат присутни на терен за да ги слушнат барањата на граѓаните. Во ВМРО-ДПМНЕ веќе наголемо се

подготвува стратегијата за настап на локалните избори. Веќе се нарачани и официјални анкети за секој градоначалник поединечно, а резултатите од истражувањата ќе излегуваат во јавност етапно до крајот на годинава. СДСМ неодамна правеше слично „испитување“ во скопската општина Карпош за својот градоначалник Стевчо Јакимовски. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ минатата недела излезе со анкета изработена од Институтот „Павел Шатев“, во која беше истакната високата поддршка за работата на премиерот Никола Груевски и задоволството на граѓаните од економските проекти што ги спроведува Владата. Ова не е првпат владејачката партија да се служи со вакви мерки за да демонстрира во јавно ста висока поддршка кај граѓаните. Слично сценарио беше употребено и пред парламентарните избори лани во јуни. Тогаш во игра беа списоците за вработените во јавната администрација кои до работа дошле преку партиска книшка. Тие мораа да до стават список од двае сет лица од свои роднини и од пријатели кои со сигурност ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, што беше услов да ја задржат работата.

Македонски и дански извидници на обука во Охрид Интернационалниот тренинг за лидери во Охрид ги учи младите извидници од Македонија и од Данска како да ги подобрат организациските вештини, да се справат со конфликти и како да промовираат позитивни вредности преку забава. Генералниот директор на „Алкалоид“ и генерален конзул на Данска во Македонија, Живко Мукаетов, истакна дека ова е добар начин да се изгради здрав систем на позитивни вредности кај младите. - Особено задоволство ми претставува што Македонија е пионер во регионот во организација на ваков настан, преку кој со едукативни методи ќе придонесеме да се изгради здрав систем на позитивни вредности кај младите рече Мукаетов вчера на отворањето. Интернационалниот тренинг во Охрид, на кој учествуваат по 30 извидници од Македонија и од Данска, завршува на 8 април.


6

ВЕСТИ

Понеделник 2 април, 2012 година

ИСТЕЧЕ РОКОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ ЗАЕДНИЦИ НА СОПСТВЕНИЦИ

Наместо казни, судот ќе назначи управител

Досега се регистрирани 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти во тек е постапката за регистрирање

И

змина рокот во кој станарите во зградите беа обврзани да определат управител или да регистрираат заедници на сопственици. Во согласност со измените на Законот за домување, тие згради каде нема определен управител или регистрирана заедница на сопственици, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина, ќе биде назначен управител од судот во вонпарнична по стапка, избран од регистерот на управители на станбените згради. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во следниот период, од општините и од инспекторите за домување потребно е да се врши соодветен надзор на станбенит�� згради и доколку се констатира дека определена зграда ги нема регулирано своите обврски во однос на Законот за домување, ќе биде определен управител кој ќе одговара за управувањето со таа станбена зграда. Со определувањето управител за вршење на дејно стите на управување со станбената зграда или регистрирањето на Заедница на сопственици на по себните делови, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите што живе ат во една станбена зграда. - Ова подразбира правно регулирање на

сите права и обврски што ги имаат станарите и во практика се овозможува многу подобар начин на одржување на заедничките делови во зградата со што се елиминира можно ста за де фекти, односно не функционирање на заедничките системи, како што е лифтот, осветлувањето, хигиената - се вели во соопштението од Министерството. Управител или регистрирана заедница на сопственици, во согласност со Законот, треба да има секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на по себни делови и повеќе од осум по себ-

ни делови, сметајќи ги и становите и деловните про стории, односно дуќаните. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во согласност со информациите добиени од Центра лен регистар на Македонија, заклучно со крајниот рок се регистрирани вкупно 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти кои поднеле документи, во тек е по стапката за регистрирање. Од податоците добиени од Регулаторната комисија за домување, до сега се издадени вкупно 10 лиценци за управител за вршење на дејно стите на управување со станбени згради, а за едно барање во тек е по стапката на одлучување и во овој период се определени 467 управители на станбени згради.

Објавен конкурсот за средните училишта Во јавните средни училишта во земјава, според конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, во наредната учебна година ќе има 34.791 слободни ме ста. Комисијата за запишување ученици во прва година, врз основа на податоците за уписот во претходните години, утврди дека интере сот на учениците за упис во по-

малку атрактивните струки се нама лува секоја година и ги намали бодовите кај некои од струките. Бројот на по ени за запишување во средно училиште останува ист за гимназиско образование, здравствена струка, економско, правна и за трговска струка, сообраќајна струка и за образовниот профил техничар за очна оптика од струката

лични услуги. Бројот на поени е намален за пет за сите профили во електротехничка струка, а за другите е намален на 45 поени. За образовните профили со тригодишно траење бројот на поени остана ист и изне сува 30. Првиот уписен рок е во јуни, а ќе има две пријавувања и тоа на 14 и 15 јуни и на 27 и 28 јуни.


ПАРИ

Понеделник 2 април, 2012 година

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Соба со поглед за Слим М ексиканскиот бизнисмен Карлос Слим, кој заедно со седум свои пријатели викендов пре стојуваше во Македонија, се запозна со владините про екти за привлекување странски инве стиции. Проектите беа презентирани на работен со станок во владата од економскиот тим министри. Милијардерот Слим се сретна со премиерот Никола Груевски, со кој разговараше на повеќе теми. Запознат е со економските аспекти на земјата. Сака да ја запознае земјава и да види кој ја раководи. - Сè уште е рано да се каже дали има интерес за нешто конкретно, но како што кажа, битно е да ја види прво земјата и да види кој раководи со државата. Слим бил добро запознат со со стојбата во Македонија, особено за стапката на невработено ста, задолженоста, гранките што имаат потенцијал за инве стирање и за тоа кои се најголеми извозници - изјави министерот Иво Ивановски, по средбата на премиерот Груевски со Карлос Слим. Слим до сега не инве стирал во Европа, но тој и неговите компании се заинтере си-

рани да го прошират својот бизнис. Карлос Слим вчера беше во Охрид каде што се одржа со станок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и од УНЕСКО, со која претседава тој. Во Охрид Слим беше запознаен и со најзначајните културно-историски споменици на македонската историја и култура. Инаку, Охрид викендов функционираше под по себен безбедно сен режим. Заради безбедно движење на делегациите и на возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено беше ограничено движењето на моторни и на друг вид возила со физичко регулирање на сообраќајот. Мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло, 72-годишниот Карлос Слим Хелу, инаку претседател на Фондацијата „Карлос Слим“, според американскиот бизнис-магазин „Форбс“ веќе три години по ред е најбогатиот човек во светот. Неговото богатство е проценето на 69 милијарди долари. М.И.

7


8

ПАРИ

Понеделник 2 април, 2012 година

Евтината струја се изгубила во сметките

Сметките за потрошена струја „ЕВН Македонија“ ги пресметува само по единствената цена од 3,05 денари за еден киловат-час. Тоа се зема како про сек, а сосема се елиминирани тарифите предвидени за скапа и за евтина струја, реагираат граѓани, кои тврдат дека на овој начин се оштетени од компанијата која е дистрибутер и снабдувач со електрична енергија. Со оглед на стандардот и на цените, граѓаните внимаваат во кој дел од денот вклучуваат бојлер, шпорет, машина за перење, односно сите потреби од тој вид ги прилагодуваат на евтината тарифа. - Граѓаните кои имаат проблем треба да се обратат кај нас. Веројатно се работи за расипано броило, односно склопен часовник. Во такви случаи корисниците се заштитени со закон. Конкретно, да плаќаат струја по средна вредност, што е подобро отколку, на пример, пресметките да се прават по скапата тарифа - вели Ленче Карпузовска од „ЕВН Македонија“. Во двотарифното мерење на потрошената електрична енергија, еден киловатчас скапа струја чини 3,80 денари, а евтина 1,90 денари за еден киловат-час. Во еднотарифното мерење потрошувачката се пресметува според единствена цена од 3,05 денари за еден киловат-час. Меѓутоа, граѓаните што ре агираат тврдат дека со броилата сè е во ред. Еден

од нив е категоричен дека откако открил дека струјата ја плаќа по цена со некоја средна вредност, побарал комплетна листа на сметките од 2008 година, кога во неговиот дом било монтирано ново броило. Сите сметки се пресметани по истиот принцип, вели, иако и кај него мерењето на потрошената струја е двотарифно. Незадоволните граѓани најавуваат дека правдата ќе ја истераат на виделина. И прашуваат, кога ќе се утврди со стојбата, дали „ЕВН Македонија“ ќе им го надоме сти преплатеното. Компанијата врши дистрибуција и снабдување со електрична енергија на околу 800.000 потрошувачи. Проблемите со сметките за струја се провлекуваат и во годишните извештаи на Народниот правобранител, од чија канцеларија интервенирале во повеќе случаи поради утврдени неправилно сти. Во тој контекст се по сочува присилната наплата на зао станат и на застарен долг, за кој не е навремено подне сена тужба, потоа неоснованото обвинување дека се врши кражба на електрична енергија, нееднаквиот третман на потрошувачите во однос на ослободување од камата за заостанат долг, со што се онеправдани редовните плаќачи, нередовно читање на броилата, со што се кршат правата на потрошувачите. М.А.

„Прогрес“: Македонија оди во пoгрешна насока

Повеќе од половина Македонци живеат полошо од минатата година. До вакви податоци дошле испитувањата на Институтот „Прогрес“, според кој 65,9 проценти од македонските граѓани живе ат полошо од лани. На прашањето во каква насока се движи земјата, 50 проценти од анкетираните одговориле дека се движи-

ме во погрешна насока, а само 34,5 проценти сметаат дека се движиме во вистинскиот правец. Голем дел од испитаниците сметаат и дека власта не реагира најсоодветно на последниот бран по скапувања, додека 16 проценти ги оправдуваат владините политики. Во теле фонската анкета опфатени биле 1.116 испитаници.

Тепачка за попустот во „Нептун“ Редица нервозни луѓе заглавија во саботата во турканицата при отворањето на новиот салон на „Нептун“ во трговскиот центар „Бриколаж“ поради најавите за голем попуст на некои од производите. - Во моментот кога се пуштаа граѓаните на етапи да влезат, настана турканица, па организаторите беа принудени да го за-

творат отварањето - се вели во коментарот на веб-страницата „Јутјуб“, на која беше објавен видеозапис од метежот при отворањето. Вакви слики не се реткост и во други земји. На пример, Американците пред неколку ме сеци се тепаа за по стар модел од патиките „најк“.

ВО МАКЕДОНИЈА ГРАЃАНИТЕ СЕ

Стравот

Синдикалните здруженија и студентските организации наместо коректори и бунтовници, станаа миленичиња и продолжена рака на владите

Н

Мишко ИВАНОВ

евработеност повеќе од 30 проценти, секој трет живее под границата на сиромаштијата, стандард кој упорно опаѓа, живејачката станува сè понеподнослива - овие статистички податоци кои речиси цела деценија остануваат непроменети, каде било во светот би предизвикале социјална револуција, штрајкови, проте сти... Но, очигледно, Македонија е исклучок од правилото. Во земјава од осамо стојувањето до денес владее а��атија, не сигурност и неспо собност кај граѓаните да се организираат за подобро утре. Владее егоизам, страв, не сигурност, коментира домашната експертска јавност. Секој си гледа само за себе, водејќи се од помислата дека сам не можеш ништо да направиш. - Граѓаните на Македонија се соочуваат со настани што длабоко ги уне среќија и ги трауматизираа. Тие настани кај македонските граѓани предизвикаа не сигурност и неизвесност, синдром на недоверба, како и де зориентација во поглед на културата. Овие симптоми укажуваат дека во нашиот социокултурен контекст нема традиција за активно дејствување на граѓаните во сите сегменти од социјалниот живот - вели за „Ден“, профе сорката Марија Дракуловска Чукалевска од Институтот за социологија

АРГЕНТИНСКО ЧУДО Аргентина пред десетина година минуваше низ најтешката криза во својата историја. Луѓето демонстрираа на улиците со тенџериња и со тави, протестираа против условите во земјата и против политичарите кои се одговорни за тешката состојба. Демонстрантите пееја: „Да ве нема!“ Децата гладува, а имаше и судири, во кои животот го загубија 40 луѓе. Денес во Аргентина нема ни трага од кризата. Аргентинците имаат повеќе пари и трошат многу повеќе.


ПАРИ

Понеделник 2 април, 2012 година

9

ПЛАШАТ ДА ИЗЛЕЗАТ НА УЛИЦА

посилен од штрајкот

„Првомајски протест“: наместо на барикади, синдикалците се задоволија со гравче

при УКИМ. Земјава во изминативе неколку години не памети генерални штрајкови што би го пара лизира ле функционирањето на државата и би промениле нешто во социјалниот живот. Најмасовниот протест во изминатава деценија се случи во 2002 година, тогаш штрајкуваше јавната администрација. Река од луѓе беа собрани пред Владата, штрајк кој одигра клучна улога во паѓањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш предводена од Љубчо Георгиевски. Пред околу четири години се памети и штрајкот на про светните работници, предводен од тогашниот лидер на СОНК, Дојчин Цветановски. Причините зошто Македонците не се бунтовен народ лежат во менталитетот на нашиот народ, по сочува Здравко Саве ски, универзитетски профе сор од ФОН и активист за работничките права, не можејќи да сфати како е можно луѓето воопшто да не ре агираат на информации од типот дека Македонија е на прво ме сто по мизерија, како што објави лондонски „Економист“. - Тој менталитет во голема мера се должи на стравот, пред сè, стравот од губење

СТЕЧАЈЦИ И ЖРТВИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА Стечајците предводени од Лилја Георгиевска од Куманово, колку толку го одржуваат духот на штрајковите и покрај, како што тврдат самите, сите закани што ги трпеле. За Владата тие се инструирани од СДСМ. А пред портите на најголемата опозициска партија, често како гости знаат да се појават т.н. жртви на транзиција, кои останале без работа поради лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски. Опозицијата за нив вели дека се инструирани од партијата на власт.

на работното ме сто. Дополнителен проблем се синдикатите и политичките партии. Во Македонија нема силна левичарска партија која може да повлече народ. Синдикатите станаа бирократизирани, раководството на синдикатите повеќе се грижи за своите функции, отколку за работниците. Сепак, да не заборавиме дека синдикатот е моќен толку колку што има поддршка од работниците. Ако се плашите да изле зете на проте сти, тогаш џабе ви е силен синдикат - вели Савевски. Сепак, домашната експерт ска јавност проблемот го лоцира и кај злоупотребите од штрајковите. „Глас на светлината“ беше невладина организација која штрајкуваше против про-

дажбата на ЕСМ. Блокираше раскрсници. Но, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, водачите на оваа невладина ги вработи. Едниот сега е во државната компанија МЕПСО. Злоупотреби има ло и со синдикатите, непо средно пред изборите во 2002 година, ССМ предводен од Ванчо Муратовски потпиша договор со тогаш опозициска СДСМ. Наследникот на Муратовски, актуелниот синдика лен лидер Живко Митревски, го обвинуваат дека е привр зок на ВМРОДПМНЕ. Секоја влада секогаш ќе се обидува да го задуши работничкото здружување, но граѓаните мора да ги препознаваат негативните трендови во општеството.


10

ДОСИЕ

Понеделник 2 април, 2012 година

ПОЛИЦИЈАТА НЕМОЌНА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ МОЌНИЦИ

„Детонатор“ го разори кочанското подземје Локалната полиција во Кочани две години толерирала криминал на неколкумина моќници, кои биле страв и трепет на територијата на источна Македонија. Одделението за организиран криминал од Скопје, во саботата утрото ја спроведе акцијата „Детонатор“ во Кочани, Виница и во Крива Паланка. Специјалците на ЕБР им ставија лисици на рацете на 14 осомничени за насилство, трговија со дрога и со оружје, перење пари и за лихварство, а уште двајца се во бегство. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска најави дека ќе бара одговорност и од полицајците кои со години не преземале мерки да го спречат безредието. Кој ја штител групата локални криминалци кои од 2009 до 2011 година биле страв и трепет за граѓаните на Виница, Кочани и на Крива Паланка? Улиците на Кочани и на Виница во саботата биле под опсада на Единицата за брзо распоредување. Во полна борбена готовност, по тесните улички во градовите биле распоредени околу 300 специјалци. Сите патишта што воделе кон градовите биле под полициска контрола. Специјалците тропнале на вратите на 23 лица, влегува ле во дискотеки и во други лока ли. Додека ЕБР апсела, УЈП лепела „жолти ленти“ за затворање на локалите. Изнуди, продажба на дрога, трговија со оружје, бомбашки напади, организирање убиства се само дел од криминалното портфолио на шестмина сопственици

ЕКСПЕРТИ И ЗА БОМБИ Експлозиите што се случија во мај и во декември лани во скопски Аеродром биле дело на кочанските „детонатори“. Во мај сопственикот на автомобил „сеат леон“, кој бил цел на напад, ја забележал бомбата пред да влезе во возилото. Втората бомба во декември експлодира, а била активирана од далечина. Скопјанецот заврши со тешки повреди, но тоа не ги задоволи желбите за одмазда на кочанската група. Во март годинава, член од криминалната банда со ловечка пушка се обидел да го убие скопјанецот. Обидот не му успеал, но полицијата повторно никого не уапси.

на дискотеки, барови, агенции за обезбедување на територијата на Кочани. Групата мобилизира ла уште де сет членови кои биле нивни потрчковци и глумеле локални шерифи. Иако жителите повеќепати пријавувале закани, тепачки, тортура или изнуди, локалната полиција замижува ла кога ќе се вперел прстот во некој од групата „детонатори“. Иако кривичните дела за кои се товари кочанското подземје се, главно, од областа на насилен криминал, сепак во петокот интервенираа специјалци со Одделението за организиран криминал. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вчера објасни дека во Кочани интервенирале специјалците со одделот за организиран криминал бидејќи уапсените работеле како организирана група, но не ја исклучи можноста за вмешаност и на локални полициски структури во овој криминал. - Факт е дека слабоста на локалната полиција да го сопре овој вид криминал донел до вакво безредие во овие градови од источна Македонија. Ќе се преиспита работењето на локалната полиција за да се утврди што било причина што довела до тоа. Дали нивната инертност или, пак, станува збор за нивна инволвираност - изјави министерката Јанкулоска. Според МВР, постојат индиции дека кочанското под земје било дел и од меѓународна криминална група. Доказниот материјал на полицијата зборувал дека кочанските „детонатори“ подолго време добивале пари од Грција, Итали ја и од Русија. К.Г.

ОБЕЗБЕДУВАЛЕ СО АГЕНЦИЈА ЗА ТЕРОР „Титан груп“, агенцијата за обезбедување лица и имот, била дел од кочанското подземје, информираат од МВР. На фирмите и локалите што не сакале да платат за да ги обезбедуваат секојдневно, обезбедувачите им правеле штети, ги тепале сопствениците и им се заканувале. Од МВР најавија дека на „Титан груп“, поради криминалното работење, ќе à биде одземена лиценцата за работа.

ОРГАНИЗИРАН ГРАБЕЖ ВО МИН

Војска од соп Катерина ГЕТЕВА

Тие требало да го чуваат воениот отпад каде што се складирале армиски униформи и други предмети наменети за аукциска продажба

Д

вајца чувари во Собирниот продажен центар, каде што се складира изно сена облека, опрема и бакарни предмети на АРМ, разработиле шема како да ја изне суваат опремата надвор и со надворешен соработник ја складирале во импровизиран магацин, подготвувајќи ја за препродажба. Овие предмети, Министерството за одбрана ги продава на аукција. Крадците биле фатени минатата недела, а било алармирано и Министерството за внатрешни работи, од каде почнале истрага за тоа дали и поголеми воени структури се вмешани во грабежот. Министерството за одбрана ќе било оштетено за неколку илјади евра ако не биле фатени двајцата што се обиделе да украдат облека, опрема и предмети што биле користени од војската. Во акцијата на воените инспектори минатата недела биле фатени на дело двајцата чувари на Собирниот продажен центар додека се обидува ле да

Украдени осум икони Осум икони се украдени од црквата „Св. Богородица“ во село Ѓавато ��о Битола. Непознат сторител, додека црквата била затворена, насилно ја отворил влезната врата, ги зел иконите и избегал во непознат правец. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола. Според зборовите на 88-годишниот Р.К., кој ја одржувал црквата, иконите биле врамени во стакло и биле регистрирани во Заводот и музеј Битола. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.


ДОСИЕ

Понеделник 2 април, 2012 година

11

ИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

та пљачкосувана ствените чувари

изне сат поголемо количество бакарни и алуминиумски предмети од депото за чија безбедност требало да се грижат. Алармирана била армијата, па крадците не успеале да го изне сат бакарот од кругот на центарот. Случајот со кражбата во армијата ни го потврди портпаролот на Генералштабот, потполковник Мирче Ѓорговски. - Покрената е по стапка за дисциплинска и материјална одговорност за две лица вработени во Министерството, во најкраток можен рок. Двајцата се суспендирани вед-

наш од работа, а паралелно е изве стена и полицијата - вели Ѓорговски. Од истрагата на скопската полиција било утврдено дека двајцата крадци имаат соработник однадвор, кој не е вработен во Министерството за одбрана. Соработникот бил задолжен да ја складира украдената стока во импровизиран магацин, кој се наоѓал во близина на Собирниот продажен центар, а оттаму украдената стока ја подготвувале за препродажба. Од импровизираниот магацин на крадците, полицијата запленила војнич-

Му ја исчкртале оградата, па го истепале Три лица го нападна ле 23-годишниот С.Ѓ. од Тетово во моментот кога забележал дека стојат до оградниот ѕид од неговата куќа, на кој претходно со спрејови има ло испишано графити. Напаѓачите кои биле облечени во дуксери, го нападнале С.Ѓ. во моментот кога ги прашал со што

пишуваат на оградата. Напаѓачите не одговориле на прашањето, туку само проговориле нешто на албански јазик и си продолжиле со пишувањето. Откако тие се одда лечиле од куќата и се упатиле кон крстосницата со улицата Маршал Тито, тој излегол на улицата да види што има напишано.

Напаѓачите повторно се вратиле со намера да го тепаат, но тој тргнал накај домот за да избегне инцидент. Во тој момент од џебот му испаднале клучевите од куќата. Кога се наведнал да си ги земе, бил удрен со тупаница во грбот. Напаѓачите му ги зеле клучевите и избегале.

ки униформи, чизми, шаторски крила, шинели, многу бакарни и алуминиумски предмети. Колкава штета е направена допрва ќе се утврдува. Полициските инспектори побарале армијата да направи попис на продажниот центар, со што би требало да се утврди колку изне сува вкупната штета. Двајцата осомничени, освен отказ, заработија и по две кривични пријави - за злоупотреба на службената должност и за тешка кражба. Помагачот кривично ќе одговара само за тешка кражба.

Брат и сестра претепале татко Со тешки телесни повреди и во алкохолизирана состојба, во саботата битолчанец бил пренесен во Клиничкиот центар. Според полицијата, 49-годишникот бил претепан од неговите деца. Причина за семејното насилство било континуираното малтретирање на семејството од таткото алкохоличар. Полицијата ќе постапува соодветно со пријави за тројцата.


12

СКОПЈЕ

Понеделник 2 април, 2012 година

ВО НЕДОСТИГ ОД ДРУГИ РЕШЕН

Опасни се плаш

Скопје не се насмеа на априлијада По ра ди дож дот и студеното време, вчера не се одр жа ма ни фе ста ци јата планирана за денот на шегата на градскиот плоштад. Само неколку минути пред најавениот почеток, градските власти известија дека се одложува. Како што е познато, освен дневната за-

бава за децата кои на плоштадот требаше да дефилираат во маски, најавена беше и вечерна - за повозрасните. Децата од повеќе основни училишта ја одржаа априлијадата во саботата, кога во маски дефилираа низ населбите. Традиционално беше одржан маскен-

бал и во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, каде за најуспешните маски беа доделени и награди Лошите временски услови го одложија и пуштањето во употреба за новите живеалишта за мајмуни во Зоолошка градина.

Владата остана без вода Објектот на Владата вчера остана без вода поради поправка на испуст со пречник од 200 милиметри на булеварот Св. Климент Охридски. Без вода беа и дел од граѓаните што живеат во околината. Заради изведување одре-

дени технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа, граѓаните во одредени делови на Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи на

град Скопје соопшти дека во периодот од 9 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од улиците Во станичка, Баница, Наум Охридски и Благоја Гојан, како и стопанските и не стопанските објекти во овој регион.

Во нашата земја освен законската обврска кучињата да се шетаат со маски и со ремени, за што се предвидени и казни, нема ниедна друга обврска за нивните сопственици

С

Анета СТОЈКОВСКА

опствениците на крволочни кучиња, како и тие што чуваат змии, опасни влекачи или егзотични животни, кои можат да ја загрозат безбедно ста на луѓето, своето задоволство ќе мора да го платат. Колку ќе ги чини тоа ќе се дознае ако почне да се применува данокот што се најавува. И како што може да се очекува, најавената даночна такса, која веќе функционира во повеќе земји во светот, а пред извесно време е воведена и во соседна Србија, наиде на огромно незадоволство кај граѓаните што чуваат кучиња од расите кои се сметаат за опасни. Едногласни се дека воведувањето на данокот е начин само државата да собере повеќе пари, а дека расата не одредува дали едно куче ќе биде агресивно или не. - Како ќе ја зголемат безбедно ста на граѓаните со воведување данок? Јас имам ротфајлер и секогаш кога го шетам, го но сам со синџир, без маска, затоа што не ја трпи, но тврдам дека не претставува опасност за никого. Мислам дека ова им е само уште еден изум за собирање пари од граѓаните тврди скопјанец кој со години чува кучиња од оваа раса. Всушност, во нашата земја освен законската обврска кучињата да се шетаат со маски и со ремени, за што се предвидени и казни, нема ниедна друга обврска за сопствениците. Нема прописи за нивно чување, не се потребни по себни дозволи, нема евиденција колку кучиња се чуваат од одредена рас а, ниту има забрана за чување на некоја раса кучиња. Во земјава, според објавената листа на Кинолошкиот сојуз на Македонија, најлегално функционираат


СКОПЈЕ

Понеделник 2 април, 2012 година

ИЈА, СЕ ПРЕДЛАГА „УДИРАЊЕ ПО ЏЕБОТ“

те кучиња не ат од данокот

13

Високи згради ќе никнат во Ново маало На просторот меѓу новиот ТЦ „Веро“ и Олимписки базен, на местото на старите куќи, во Ново маало ќе никнат станбени и деловни згради. Ова е зацртано во предлжениот детален урбанистички план на општина Центар за овој дел од градот. Според планот, на местото на најголем дел од куќите предвидено е да се изградат згради за домување високи до 16 метри, а деловни објекти двојно повисоки ќе се градат покрај булеварот Кочо Рацин. За новиот план граѓаните веќе можат да даваат свои забелешки и сугестии затоа што веќе е изложен на јавна анкета. Со новиот ДУП ќе треба конечно да се урбанизира и овој дел од градот бидејќи и тука, како и во скопско Маџир-маало, граѓаните со години не можат да ги обновуваат или доградуваат куќите, затоа што одамна се најавува нивно уривање.

Почнува изнајмувањето велосипеди

одгледувачници за бул териери, кане корсо, добермани, ротфајлери, бул мастифи и слично. Колку за по сетување, питбулот е забранет во повеќе земји во светот, на пример во Велика Британија, Швајцарија, Шведска, Полска, Србија и во повеќе американски држави. Покрај тоа, не по стои ни забрана за чување змии и други влекачи како домашни миленици. - За да се имплементира ова, мислам дека претходно кај нас треба целосно да профункционира Законот за заштита и благо со стојба на животните, кој моментално по стои само на хартија. Кога велам целосно да профункционира, мислам, исто така, и на предлог-промените кои се до ставувани од здруженијата. Секако, таков закон во општество како нашево би се спровел многу тешко ако за негова правилна имплементација не бидат вне сени најзасегнатите, претставници од здруженијата за заштита на животните, како што тоа е задолжително секаде во светот - објаснува Јован Наумовски од Здружението за заштита на животни „Уникорнис“. Според него, дури тогаш некој може да седне на маса и да

зборува за следење на евро стандардите, затоа што европските и светските стандарди, покрај даноците во секоја сфера на општеството, обезбедуваат исто така и функционирање на законите, што не е случај и кај нас. - Се прашувам кој ќе биде критериумот и скалилото по кое ќе се мери агре сијата? Зарем во нашата земја по стои таков стручњак? - вели Наумовски. Агре сијата како појава кај животните, ако веќе се зборува за стандардите во европските земји, според него, се решава со работилници каде на одредена агре сивна единка à се приоѓа психолошки сè додека не се припитоми, а тоа како метод се покажалo многу успешнo. Кај нас работите секогаш почнуваат да се менуваат од опашката, па така и сега, во случајот со данокот што се најавува. Со плаќање данок и со н��воспо ставување никакви други стандарди, кои исто така можат да се применат од европските земји, целата идеја ќе се сведе само на дополнително полнење на буџетот, која никако нема да придоне се за безбедно ста на граѓаните.

Скопјани од денеска повторно ќе можат да изнајмуваат велосипеди, но оваа сезона на располагање ќе им бидат уште 75 нови. За набавка на новите се погрижи Град Скопје, кој за оваа намена донираше 600.000 денари. Така сега вкупниот број на велосипедите е 137, а граѓаните ќе можат да ги изнајмат на четири пункта и тоа на плоштадот Македонија, кај Трговскиот центар „Бисер“, кај стоковната куќа „Илинден“ и кај фабриката „Треска“. Цената и годинава останува непроменета, односно 10 денари за час, а велосипедите можат да се изнајмат секој ден, во перидот од 7 до 23 часот, со задолжително приложување лична карта.


14

СВЕТ

Понеделник 2 април, 2012 година

ШЕСТ ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО ДИСКОТЕКА ВО СРБИЈА

Ден на жалост во Но Во моментот на пожарот, кој избувнал околу 2 часот по полноќ, во дискотеката имало повеќе од 300 луѓе. Според првичните информации, лошата инсталација на сцената ги предизвикала пожарот и трагедијата

Н

ови Сад, центарот на Војводина, е во жалост по несреќната смрт на шестмина младинци кои настрадаа околу 2 часот по полноќ во пожар во дискотеката „Контраст“. Според соопштението на полицијата, уште две лица се потешко повредени. Починатите се три девојчиња и три момчиња на старост до 17 и до 18 години, кои според началникот на секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Предраг Мариќ, најверојатно се задушиле од густиот отровен чад. Настраданите, според изјавата на Стеван Крстиќ, заменикот началник на полициската управа на Нови Сад, биле заглавени во дискотеката и не можејќи да излезат, се задушиле. Во моментот на пожарот, кој избувнал околу 2 часот по полноќ, во дискотеката имало повеќе од 300 луѓе. Според првичните информации, лошата инсталација на сцената ги предизвикала пожарот и трагедијата.


СВЕТ

Понеделник 2 април, 2012 година

ви Сад

Иако пожарникарите стасале само за четири минути од повикот, немало спас за четворицата настрадани бидејќи, според кажувањата на очевидците, пожарот се ширел молскавично. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најави строга истрага. Според неговите зборови, со оглед на тоа што нема повеќе настрадани, по сè изгледа загинатите девојчиња и момчиња се жртви на густиот чад, чие потекло и ниво на отровност се испитува. Дачиќ притоа потсети дека дискотеката „Контраст“ била редовно проверувана и во тие контроли не е констатиран пропуст или некаква техничка неправилност. Сепак, ова е трет голем пожар со човечки жртви во последните неколку години. Пред четири години осуммина настрадаа во пожар во кафулето „Лаунџ“, а во хотелот „Путник“ четири лица ги загубија животите.

Норвежанецот Брејвик сакал да го убие Обама Норвежанецот Андрес Брејвик, кој во јули минатата година уби 77 луѓе, планирал да го убие и американскиот претседател Барак Обама, пишуваат норвешките медиуми. Според наводите на медиумите, Брејвик на полицијата à изјавил дека сакал да го убие Обама во 2009 година, кога во Осло ја примал Нобеловата награда за мир. Планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и сакал во градската куќа да влезе преоблечен во полицаец. Сепак, ништо од тоа не можел да реализира поради огромните мерки за безбедност. Брејвик во јули минатата година во центарот на Осло активираше автомобил-бомба и загинаа 8 луѓе. Истиот ден на еден остров, оддалечен од Осло околу 40 километри, со огнено оружје уби 69 луѓе, а рани 33. Судењето за тој злочин почнува на 16 април.

15

Србите уапсија косовски полицајци

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, и министерот за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, ја обвинија српската жандармерија за киднапирање двајца припадници на косовската полициска служба и се заканија дека ќе ја казнат Србија. - Овој кукавички акт на Србија е во спротивност со европските вредности на доброто соседство и на регионалната соработка и претставува тешка повреда на договорите меѓу Косово и Србија - се вели во соопштението на косовската влада. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, од своја страна, отворено ги праша косовските власти „што бараат нивните полицајци во Србија“ и ги обвини за повреда на српската територија и за прекршување на меѓународните договори. Претседателката на Косово à се закани на Србија и изјави дека ваквото однесување е казниво и нема биде толерирано. По оваа размена на воинствени изјави, властите во Белград се обидуваат да ги смират страстите. Министерот на Србија за Косово, Горан Богдановиќ, изјави дека никому „не му е потребно натпреварување во реципрочните апсења“. Тој ги повика Албанците и Србите да се воздржат од какви и да е апсења и укажа дека во екот на изборната кампања во Србија секој погрешен чекор може да биде опасен. Припадниците на српската полиција, според соопштението од Белград, ги уапсиле полицајците од Косово во реонот на Мердаре, во саботата, и кај нив биле про-

најдени две автоматски пушки, два пиштола и специјална опрема за мерење далечина. Косовските власти на 25 февруари исто така уапсија српски полицајци, па и еден поштар, кои беа во притвор сè до саботата. Според изјавата на Дачиќ, уапсени се Шукри Бинаку и Сами Беќири, припадници на косовската полициска служба. Дачиќ ги соопштил имињата и деталите за апсењето на средбата со семејствата на припадниците на српското МВР уапсени на 25 февруари во близината на Гњилане и пуштени од притвор во саботата со одлука на Уставниот суд на Косово. Претворајќи ја средбата во предизборен митинг, Дачиќ изјави дека „така не може да се однесуваат со Србија„ и дека „ова ја преврши мерката!“. Што ќе се случеше, рекол, „нашите жандари да преминеа таму и да беа уапсени?“ Според командантот на српската жандармерија, Братислав Дикиќ, косовките полицајци се уапсени при редовната жандармериска обиколка на административните премини откако било констатирано дека илегално преминале на територијата на Србија. Косовското МВР соопшти, меѓутоа, дека „полицајците се уапсени во заседа додека патролирале во нивната зона“. Според министерот Бајрам Реџепи, тие биле „киднапирани додека отстранувале балвани од патеката“.

„Пријатели на Сирија“ на состанок во Турција Во Истанбул се одржува состанок на групата „Пријатели на Сирија“, на кој претставници на 80 земји и организации се обидуваат да пронајдат решенија за состојбата во земјата. Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, изјави дека и покрај тоа што конфликтот во Сирија трае повеќе од една година, сè уште не е доцна за политичко решение. Важно е да се зголеми притисокот врз режимот на претседателот Башар Ал Асад, исто така и од Русија и од Кина, изјави Вестервеле нагласувајќи дека мировниот

план на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан, мора да добие шанса. Според неговите зборови, јасно е дека Асад ќе биде набљудуван врз основа на она што ќе го стори, а не на основа на она што ќе го каже. Сирискиот претседател Башар Ал Асад претходно најави дека го прифаќа мировниот план на Анан, но истакна дека ќе го спроведе само откако опозицијата ќе го предаде оружјето. Планот на Анан, меѓу другото, предвидува ставање крај на сите борбени акции во Сирија, како и доставување хуманитарна помош во земјата.

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА ОГЛАСУВАЊЕ ВО ДНЕВНИОТ ВЕСНИК „ДЕН“

СЛУЖБЕНИ ОГЛАСИ, МАЛИ ОГЛАСИ, ТАЖНИ ПОМЕНИ... www.den.mk

marketing@den.mk

тел. 02/3211 551


16

СВЕТ

Понеделник 2 април, 2012 година

СВЕТ

Понеделник 2 април, 2012 година

17

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА МУСЛИМАНСКИ ИМИГРАНТИ ВО РУСКАТА ПРЕСТОЛНИНА

Москва - европска Мека за муслиманите Четирите џамии во Москва се мали да ги соберат верниците, па стотици од нив се молат на улица

Повеќе од 80 луѓе се уапсени во Данска Повеќе од 80 луѓе беа уапсени завчера откако демонстранти фрлаа камења во обид да спречат антиисламски собир на ултрадесничари од северна Европа во данскиот град Архус. Во текот на денот се случуваа помали судири додека полицијата се обидуваше да задржи околу 2.500 демонстранти антидесничари подалеку од неколку стотици луѓе што присуствуваа на антиисламски собир. Полицијата соопшти дека околу 300 луѓе од Данска, Британија, Германија, Шведска и од Полска учествувале на „европскиот митинг против џихадот“ и како што наведоа органи-

заторите, против исламизацијата на Европа. Антиисламскиот митинг почна со минута молчење за седумте луѓе што во Франција ги уби напаѓач инспириран од Ал Каеда. Нивните демонстрации минаа мирно, но немирите почнаа откако група млади лица со маски на лицата од групата антидесничари се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. По завршувањето на антиисламскиот собир, демонстрантите со камења фрлаа по автобус со симпатизери на ултрадесничарите, кои полицијата ги спроведе подалеку од градот.

Кубанските власти одлучија Велики петок да биде празник Кубанските власти одлучија Велики петок да биде одбележан како празник по желба на папата Бенедикт Шеснаесетти. Тој го побара тоа за време на посетата на островот, јавуваат државните медиуми на Куба. Властите подоцна ќе одлучат дали Велики петок ќе биде постојан празник. Католичката црква оваа година го слави Велики петок на 6 април. Бенедикт тоа го побарал на состанок во Хавана со претсе-

дателот Раул Кастро, соопшти претходно Ватикан. По кубанската револуција во 1959 година, Фидел Кастро ги укина сите верски празници во рамки на трансформација на општеството. Повторно го воведе празнување на Божиќ на барање на папата Јован Павле Втори, кога ја посети Куба во 1998 година, што означуваше почеток на поправање на односите со католичката црква.

П

овеќе од два милиони муслимани денес живеат и работат во руската пре столнина, што ја прави Москва еден од европските градови со најголем број муслиманска популација. Огромниот прилив на муслимани во Москва не беше следен со изградба на соодветна структура, поради што секој петок во центарот на градот можете да видите илјадници муслимани што се молат на среде улица, дури и на дожд и на снег, прене сува „Би-Би-Си”. Муслиманските верници че сто ги иритираат мо сковјаните, кои се принудени да ги заобиколуваат со автомобилите или да ги пре скокнуваат на тротоарите. Тоа е вообичаена сцена пред четирите џамии во Москва и се повторува секој петок бидејќи во нив нема ме сто за толкав број верници. Голем број од новодојдените муслимани во Москва се луѓе од поранешните советски републики од централна Азија и од Кавказ. Сиромаштијата и судирите во нивните земји ги принудиле да трагаат по подобар живот во Москва. Меѓу нив најмногу има Таџикистанци, Узбекистанци и Киргизи, кои нашле работа во руската пре столнина и не мислат да се вратат. Тие, најче сто, се вработуваат во градежништвото или работат други тешки работи кои Русите не сакаат да ги работат. - Нè има премногу. Мора да бидеме благодарни што воопшто има џамија во Москва. Овој град не беше подготвен да нè прифати во толку голем број одеднаш - вели Улугбек, млад имигрант од Узбекистан. Но, сите не го делат неговото мислење. Многумина ги обвинуваат руските власти дека ги игнорираат нивните потреби. Имамот Хасан Фахритидинов, кој служи во таканаречената историска џамија во Москва, вели дека по стојната инфраструктура веќе не е доволна. - Бараме од властите да ни дозволат изградба на нова џамија, но тие ги игнорираат нашите барања. Поради тоа сега луѓето мора да се молат на улица по дожд и по снег - вели Фахритидинов.

Огром ни от при лив на мус ли ма ни предизвикува различни ре акции и кај Русите. Не кои се рам нодуш ни, но мно гуми на се проти ват на до а ѓа ње то на тол кав број стран ци. Не кои, пак, ве лат де ка вла сти те што одо бру ва ат из град ба на но ви цр кви, треба да дозволат изградба и на нови џамии. Други, пак, сметаат дека толку голем при лив на мус ли ма ни може не гатив но да се одрази на зачувувањето на руската култура и на начинот на живот.

- Луѓето се натуткани и Москва сега ја на ре ку ва ат Мос ква-абад. Не ма прем но гу словенски лица кои сега можете да ги види те на ули ци те. Не мам ни што против ими гран ти те од дру ги те сло вен ски др жа ви, но мо ра ме да го со пре ме при ли вот на овие муслимани - вели Јуриј Горски, активист во национа листичката група Русовет. За разлика од претходно, кога нападите врз овие ими гран ти беа се којд не вие, се га тој процент е драстично нама лен. Според по-

ПОВЕЌЕ ОД 10.000 ХРИСТИЈАНКИ ПРЕМИНАЛЕ ВО ИСЛАМ Руските експерти предупредуваат дека огромниот прилив на муслимански имигранти довел до тоа голем број православни да преминуваат во ислам. Меѓу нив е и поранешниот свештеник и политичар Али Вјачеслав Полостин. Тој своевремено беше иницијатор православниот Божиќ да се прогласи за државен празник, а сега, 12 години подоцна, е муслиман. Тој раководи со центар за поддршка на муслиманите во Москва, кој им помага на новите имигранти да се интегрираат во општеството. Ајеша Лариса, вработена во центарот, вели дека досега само во Москва се регистрирани повеќе од 10.000 жени кои преминале во ислам. Исламот отсекогаш бил втора религија по застапеност во Русија, но тоа никогаш не било толку забележително како денес. Тој тренд веројатно ќе продолжи, особено ако се земе предвид дека руската нација има негативен природен прираст.

датоците на центарот Сова, руска организа ци ја за за шти та на чо ве ко ви пра ва, во 2011 година се регистрирани 28 расистички напади, од кои седум со смртен исход. Тоа е значително помалку од 2008 година, кога се забележани 196 напади и 57 смртни исходи. Но, приливот на муслимани, секако, влијае и на промената на животниот стил. Мо сков ја ни те се га сè поче сто од лу чуваат наме сто скапи вечери, кои чинат и по 150 евра, да купат некој по евтин азиски спе ци ја ли тет за но се ње. Та ка, ви стин ски хит во Москва сега се полнетите лепчиња самса или ха лал самса.Таџикистанецот Зариф, кој се оженил со Русинката Јелена и жи вее во се вер ни от дел на Мос ква, ве ли дека сега по стои многу поголемо разбирање меѓу него и семејството на неговата сопруга. - По не ко гаш на мо и те хри сти јан ски роднини им купувам икони, а тие мене ми подаруваат муслимански книги и ка лендари. Можам дури и да одам в црква со нив, од семејни причини. А тие избегнуваат да ја дат во мое при сус тво ко га по стам. Се га живееме во хармонија - вели Зариф.


18

КУЛТУРА

„Феникс“ организира саем на книгата во Крива Паланка Од денеска до 12 април во Крива Паланка ќе се одржи саем на книгата под наслов „Пролетни видувања“, организиран од Домот на културата од Крива Паланка и издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Саемот се одржува во чест на истакнатиот македонски писател Славко Јаневски, а на свеченото отворање за неговото прозно и поетско творештво за деца, објавено во „Феникс“, ќе говори проф. Мито Спасевски. На свеченоста ќе биде врачена наградата „Ана Франк“ за најдобра книга за деца, која ја доделува издавачката куќа „Феникс“. Во годината кога овој издавач одбележува 20 години постоење, добитник на наградата е Стана Смирковиќ. На саемот ќе бидат изложени повеќе од 2.500 изданија на „Феникс“, кои ќе бидат понудени со саемски попуст.

Месец на филмот во Кинотека на Македонија Од трети до осми април, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи фестивал на ромски филмови, а веднаш потоа публиката ќе има можност да го види и циклусот дански филмови со остварувањата: „Во подобар свет“, „Гозбата на Бабет“, „Ќе надминеме“, „Добар живот“ и „Војната заврши“. Во рамките на априлските филмски циклуси ќе биде реализиран и „Скопскиот филмски фестивал“, кој ќе ги опфати остварувањата на најпознатите руски режисери, меѓу кои и Андреј Тарковски.

Изјава на денот Хичкок ги снимал љубовните сцени како да се сцени на убиства, а убиствата како да се љубовни сцени. За него водењето љубов и смртта се целосно иста работа. Франсоа Трифо

Понеделник 2 април, 2012 година

МАРКО КОЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОКОМ, ПО ДЕНОВИТЕ

Нешто итно да се проме

Македонската култура ќе почне „да накривнува“ бидејќи еден нејзин лост целосно ќе го снема. Не е ова работа само на Министерството за култура. Проблемот е комплексен и опфаќа многу подрачја Александра БУБЕВСКА

n Каква е состојбата со македонската музика? - Не е розова. И покрај тоа што, барем таму каде што дејствувам во СОКОМ, одржуваме соодветна кондиција, па дури и правиме чекори напред, македонската музика, односно музичката култура минува низ многубројни искушенија. Некои од националните институции, како „Охридско лето“, минуваат низ кризни периоди, други се поприлично зачмаени, наспроти привидот што го оставаат со нагласените односи со јавноста, како, на пример, „Танец“, МОБ, па и Филхармонија. Единечните проекти, и покрај нивната бројност, не го даваат секогаш саканиот квалитет. Музичкото образование доби екстензија со трите факултети и со многуте средни школи, но го изгуби квалитетот. Во темелот, во основното образование, се укинуваат или се намалуваат часовите по музичка култура. Сево ова е синџир на чиј крај доаѓаме до криза во творештвото, во перцепцијата, во срцевината на самата музичка култура. Како да не знаеме дека културата е платформата врз која натаму стои сè. n Штотуку заврши 35. издание на „Денови на македонска музика“, манифестацијата минуваше низ различни фази за да ја добие денешната форма. Дали сте задоволен од фестивалот каков што е сега и каков е неговиот третман со оглед на тоа што е единствен што го негува музичкото творештво? - „Денови на македонската музика“, ќе си дозволам да кажам, се бле сок во вкупното сивило. Не можеме, а да не бидеме задоволни ако анимираме толку публика што ја слуша македонската музика, ако понудата, и покрај крајно ограничените средства, е сè подобра, ако содржините и со својот квалитет

ги оправдуваат очекувањата. Но, ваква „алхемија“ не е можна ниту секаде, ниту засекогаш. Ентузијазмот на малата екипа што го прави тоа, се плашам, спласнува, енергијата што ја вложува - секнува. Поддршката што ја добиваме од државата е драгоцена и скромна. Не смееме, токму заради последиците што може да настанат по неминовното опаѓање на напорите на малкуте ентузијасти, да не укажуваме на потребата тие скромни средства да бидат поголеми. Не можете до бе скрај да вложувате малку, а да добивате многу. Затоа, како многупати досега, укажувам дека надлежните треба да направат сè да го поддржат она што е од национален интерес, што се докажало со децении дека е на здрави основи, со институционално поставени процедури и јасни цели и визии. А, токму такви се и „Денови на македонската музика“ и вкупните активности на СОКОМ. n Дали успеавте со оваа манифе стација да израснете нови генерации публика, со оглед на фактот што кај нас како да има повеќе интерес за странски изведувачи или за понеква литетни видови музика? - Ако се погледне са лата, Музејот на град Скопје, каде што главно ги држиме концертите (па и салата на МОБ), ќе се констатира дека публика има. Дури и повеќе од онаа што е во светот за ваков вид музика. Но, ваквата глетка не смее да ни го замати видот за да не видиме дека кај нас негувањето на вкусот (уметнички и музички), кој е сложен и долготраен процес, не се одвива на вистински начин. Деновиве, заедно со најповиканите институции, потпишавме петиција за зголемување на бројот на часови по музичка култура во основното образование. Оттука сè почнува. И сè понатаму е долг процес. Ние, веројатно, нема да го дочекаме мигот кога ќе можеме да зборуваме за високоразвиен естет ски вкус, но не


КУЛТУРА

Понеделник 2 април, 2012 година

НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

мора ни

19

„Скопје ремиксд“ конечно

Премиерата на „Скопје ремиксд“ помина без бурни аплаузи

Во петокот во киното „Милениум“ премиерно беше прикажан филмотомнибус, „Скопје ремиксд“ дело на десет македонски режисери, во продукција на „Ново македонско видео“. Во главна улога е градот. Низ десетте жанров ски различни приказни, меѓу кои има и анимиран филм и мјузикл, авторите Срѓан Јанаќиевиќ, Бојан Трифунов ски, Даријан Пејов ски, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Синиша Ефтимов, Ѓорче Ставре ски, Вардан Тозија, Огнен Димитров ски и Борјан Зафиров ски ја нудат својата визија за секојдневието на урбано Скопје. Иако можеби со првична намера да ја насликаат убавата страна на градот, сепак, на крајот, направиле филм кој вознемирува и поставу-

ва прашања за автентичноста на нашите чувства и постапки. Една од најопоменувачките приказни е таа во која Скопје е прикажано во 2063 година, под страшна диктатура, поделено на сектори, а не на улици и на маала. Во главните улоги се харизматичната Кам ка То ци нов ски, Де јан Ли лиќ, Јови ца Ми хај лов ски, Оли вер Ми тков ски, Ми лан То ци нов ски, Игор Ангелов, Ана и Јана Стојанов ски, Александар Микиќ. Музиката е на повеќе скопски бендови, како „Беи д фиш“, „Му гер фу гер“, „Бер најс про па ган да“, „По ган па ган“, „ПиЕм-Џи колектив“, на Сашко Костов, кој и са ми от ја игра глав ната уло га во една од приказните, на „Д Џон“ и други.

смееме заради тоа да пре станеме да „работиме на случајот“. Секој на својот терен на дејствување. n Има ли државата слух за македонското музичко творештво, за негово негување и поттикнување? - Минатата година имавме јавна трибина во рамките на ДММ и со сема јасно беа изразени не задоволствата во оваа смисла. Накусо, нема или нема доволно. Не денес, ами многу години, па и децении наназад. Да не кажувам бројки бидејќи тие се поразувачки. Но, трендовите во опаѓањето на творештвото, осеката во бројот на млади што се определуваат за оваа профе сија итн. се доволен сигнал дека нешто итно треба да се презема. Инаку, македонската култура ќе почне „да накривнува“ бидејќи еден нејзин лост целосно ќе го снема. Не е ова работа само на Министерството за култура. Проблемот е комплексен и опфаќа многу подрачја. Почнувајќи од образованието, медиумите итн. Но, мора итно нешто да се менува.

Филмаџиите се собраа да го видат најновото филмско остварување


20

МОЗАИК

Понеделник 2 април, 2012 година

Ќелава „барбика“ во борба против ракот

КАВАДАРЧАНКАТА МАРЈАНА ПЕ

Новинар и за фал Слободанка МАРКОВАЧЕВА

С Познатата кукла „барби“ наскоро на рафтовите од продавниците за играчки ќе може да се најде и во варијанта без добро познатата долга руса коса. Производителите решиле да дизајнираат кукла што ќе им биде најдобра другарка на девојчињата што се борат со ракот. Како што најавуваат, заедно со „барбиката“ ќе одат и неколку перики, капи, марами и слични

додатоци. На девојчињата болни од рак оваа кукла треба да им помогне во игра подобро да го поднесат паѓањето на косата во текот на хемотерапијата. Оваа „барбика“ нема да ја има во малопродажба бидејќи компанијата „Метел“ ќе ги донира во болниците, потоа низ големите маркети низ Америка.

Ен Хатавеј треба да ослаби седум килограми Славната актерка за само две недели треба да ослаби седум килограми за потребите на филмот „Јадик“ во кој треба да глуми про ститутка. Таа вне сува само 500 калории дневно, наме сто потребните 2000. - За жал, таа има само од 15- 20 дена за да го постигне бараниот ефект за улогата. Продуцентите à ангажираа личен тренер и тим лекари

кои внимаваат на нејзиното здравје. Таа јаде само по неколку јаболка на ден и пие млеко - изјавил извор близок на актерката. Минатата година Ен Хатавеј за потребите на филмот „Подигнување на мрачниот витез“ морала да јаде само риба, овошје и зеленчук.

о најмногу освоени гласови од жирито и од теле фонското гласање, новинарката од Радио „Кавадарци“ ја освои титулата најдобра пејачка меѓу новинарите на манифе стацијата „Новинарите пе ат“. Со песната „Ти само ти“ , испе ана на шпански јазик, кавадарчанката Марјана се снајде одлично во улогата на пејачка. Осмислена кореографија, облека и песни од шлагери до популарни хитови, кој колку можеше, се обиде да испее најдобро што може. Беа храбри на сцената, па дури се обидоа да испеат песни од Маја Оџаклиевска и од Адел. Но, најинтересното следуваше по самата манифе стација. Колегите новинари се покажаа многу чувствителни на различни мислења и оценки. А социјалните мрежи се распламтија од же стоки коментари. Тие колеги што фаќа ле сеир од публика или преку ТВ-екраните, се јавија веднаш по завршувањето на концертот. Можеше да се прочитаат коментари од типот на „промискуитетен ужас“, „од утре и јас ќе пе ам“, „чекав забава, а видов утка до утка“ и уште многу вакви по што и другата страна не остана должна. - Се најадовте ли гнасотии, на здравје нека ви се. Она што сакам да замолам е следната година да застанете на нашето ме сто и да ни го пружите задоволството истото ова што вие ни го приредивте нам со млатењето празна слама, да ви го приредиме и ние. Иако од нас не може да излезат вакви гнасотии и тоа е непобитен факт, зашто вие сте премногу „горе“ за да прифатите лоша критика, а свесни сте дека ќе ја добиете - пишува во својот коментар Огнен Јаневски, новинар на телевизијата „24 Ве сти“. Меѓу најзабележаните на „Новинарите пеат“ беше новинарката од редакцијата на организаторите „Без пардон“, Катерина Апо столовска, која планирано или непланирано го покажа својот задник пред целата македонска јавност. Лелеавото фустанче летна до нејзината половина, а нејзиниот партнер во танцувањето не го ни забележа тоа. Новинарката се обиде да го спушти и да го затскрие срамот, но реакциите од публиката уште веднаш се слушаа. Како што најави, Зоран Василевски имаше најконтроверзен настап, но настапи во ревијални-


Понеделник 2 април, 2012 година

ШИЌ ПОБЕДИ НА „НОВИНАРИТЕ ПЕАТ“

МОЗАИК

ите ги бива и за пеење, ш и за соблекување!

от дел. Победничката, пак, Марјана Пешиќ во Кавадарци е позната по нејзиниот уникатен стил на облекување, кој не се разликува многу од тоа како изгледаше на сцена. Таа работеше во некогашната ТВ „Кавадарци“, каде беше водителка на емисија за земјоделство. Манифе стацијата „Новинарите пеат“, според најавите на организаторите, ќе се одржи и следната година со нови новинарски мултиталенти.

21


22

МОЗАИК

Шокантна изјава на мајката на Витни Хјустон

Понеделник 2 април, 2012 година

Избранинајдобр моторџии за 201

Во првото интервју по трагичната смрт на пејачката Витни Хјустон, нејзината мајка изјавила дека е „многу горда“ на својата ќерка и дека постапила најдобро што можела додека ја воспитувала. Сиси Хјустон интервјуто за телевизијата „Мајнајн“ го дала во четвртокот навечер, а ќе биде емитувано в понеделник и снимено е во баптистичката црква „Нова надеж“ во Њуарк, Њу Џерси.интервјуто Сиси рекла дека нејзината ќерка „постигнала многу за краткото време што го имала овде“ и дека била „прекрасна личност“. Рекла и дека не се обвинува себеси поради смртта на ќерка си бидејќи знае дека направила најдобро што може растејќи ја. Смртта на Витни Хјустон е окарактеризирана како несреќен случај на давење, а наведено е дека за тоа придонеле срцевото заболување и кокаинот.

Нов чоколаден Гинисов рекорд Мирко де ла Векија од селото Бикоко, крај Милано, постави нов Гинисов рекорд за најголема чоколада на светот. Тој направил чоколадна табла долга 18 метри и широка два метри. Чоколадната табла официјално била измерена завчера од претставниците на Гинисовата книга на рекорди. Тие утврдиле дека новата најголема чоколада на светот е подолга за цели три метри од претходниот Гинисов рекорд. Инаку, Де ла Векија е слаткар што има најмногу Гинисови рекорди кога станува збор за производи од чоколада. Меѓу неговите достигнувања е највисоката скулптура од чоколадо, репродукцијата на плоштадот Сан Марко во Венеција, изработена од чоколада, која ја направил во 2010 година

Сара Џесика Паркер уловена без шминка

Поз натата актер ка од серијата „Сексот и градот“ била фотографирана од папараците без грам шминка на нејзиното лице. Модната ико на, ко ја го созда де ли кот на Ке ри Бред шо, по њу јор шки те ули ци се ше та ла во најскромната варијан та што може да ја има на се бе, ка ко во од нос на лицето, така и во нејзината гардероба. Ниту новинарите и папа ра ци те не се на викнати да ја забележат во та ква днев на ва ри јан та. Таа е во 40-тите години од животот, кои и тоа како се познаваат на нејзиното ненашминкано лице.


МОЗАИК

Понеделник 2 април, 2012 година

ите македонски 1 година М отоциклистичката федерација на Македонија го одржа годишното прогласување на најдобрите во мотоциклизмот во Македонија за 2011 година. На прогласувањето беа доделени признанијата во шампионатите на Македонија во мотокрос, ендуро и за скутери, во по единечна и во екипна конкуренција. Исто така, беа врачени и награди за најбрзите од купот на Македонија во мотокрос и во супермото. На крајот од свечено ста беа доделени по себни признанија на поединци, институции и на организации што помогнаа во текот на 2011 година за промоција на мотоциклизмот во Македонија и пошироко. Претседателот на МФМ, Ленин Јовановски, истакна дека 2011 година е најуспешна во историјата на федерација. Освен тоа Јовановски ја претстави програмата за 2012 година и новопотпишаниот договор „Прекугранични тркала“, како проект меѓу Македонија и Грција од ИПА-фондовите. Исто така, првпат е оформен фонд за

наградување на меѓународните успе си врз основа на освоените поени. Во шампионатот во мотокрос најдобри беа Андријан Ристевски, Никола Гулевски, Гоце Томовски и Борче Ко стов. Кај клубовите најмногу поени освои „Мото старс“ од Битола. Особен аплауз доби и најмладиот награден, седумгодишниот Лука Ристевски, кој ја освои вицешампионската титула во класата МХ85. Во ендуро-шампионатот со титули се закитија: Александар Петровски, Ивица Милошевиќ , Ва лентин Тошев и Виктор Ефремов. Во екипниот пласман најдобри беа членовите на „Мотори“ од Скопје. Кај скутерите заслужено признанијата за првото ме сто во генералниот пласман отидоа кај Бранислав Милошевски и кај Даниел Блажевски. Најголемиот аплауз го доби Маја Ивческа, која го освои вицешампионскиот трофеј во класата до 50 кубни сантиметри и покажа дека и претставничките на поубавиот пол се рамноправни учеснички во мото-натпреварите.

Ејми Вајнхаус потрошила еден милион фунти за дрога Наследството на трагично починатата пејачка Ејми Вајнхаус, кое е проценето на 4,25 милиони фунти, припадна на нејзиното семејство. Меѓутоа, она што е чудно е што наследството е драстично пома ло од она што го заработила Ејми во текот на нејзината музичка кариера. Таа во текот на животот заработила де сет милиони фунти иако нејзиниот менаџер тврдел дека се петнае сет. Пријател на Ејми изјавил дека неговата славна пријателка имала големи трошоци за дрога, мажи, пријатели и за мачки. - Пред да умре, нејзините пари се расфрлаа на сите страни, таа беше како бебе

кое има празен мозок. Им делеше пари на сите другари, а татко à знаеше дека потрошила многу пари. За мене лично неколкупати одвои пари за лекување зашто навистина ми беа многу потребни - изјавил Алекс Фоден другар на пејачката. Ејми трошела по 20.000

фунти на едно пазарување, го плаќала обезбедувањето по 250 фунти дневно и по 150 фунти давала за таксипревоз на нејзиното поранешен сопруг Блејк Филдер, кога ја по сетувал во центарот за рехабилитација. Во периодот кога земала хероин и кокаин, à биле потребни дури по 1.000 дневно, поради што нејзиниот пријател смета дека во периодот од 2006 до 2008 година потрошила еден милион фунти и за лечење уште 130.000. Блејк по разводот во 2009 година доби 250.000 од богат ството на Ејми, а за мачките кои многу ги сака ла, ме сечно трошела по 1.000 фунти.

23

Како ќе изгледа продолжението на „Аватар“ Режисерот Џејмс Камерун не открива детали за тоа како ќе изгледа продолжението на „Аватар“. Единствено што е познато е дека продолжение ќе има. Сепак, медиумите веќе излегоа со претпоставки дека новото продолжение ќе биде инспирирано од авантурата на Камерун со спуштањето на дното на океанот на најдлабокото место наречено Маријански ров. Актерот Сем Ворингтон, кој ја имаше главната улога во првиот дел на „Аватар“, рекол дека Камерун можеби ќе сретне некое морско чудовиште на морското дно. Но, по враќањето режисерот само изјави дека има инспирација за вториот дел на „Аватар“.

статус: НОРА САМ ШАЌИРИ

„Се продава ли мозок некаде? Кредит ќе земам само да им купам на луѓето, сакам да им направам услуга... Да им е убаво, конечно, да почнат да размислуваат малку!“

Рушење на сите видови на бетони, изведување на градежни работи, малтерисување, кошулици и друго (може и со мој алат). 077/589-415

Р О Л Е ТА Р

Изработка и монтажа на пластични ролетни, венецијанер ролетни, комарници, вариолајт завеси, хантер даглас. 078/331-170

Весникот има потреба од комерцијалисти на процент. marketing@den.mk


24

СПОРТ

sport@den.mk

Ѓорѓиевска на чекор до финалето во ЛШ

Елена Ѓорѓиевска со Будуќност е на чекор до финалето во ракометната Лига на шампионките. Во првиот полуфинален дуел, црногорскиот првак на гостувањето во Норвешка го победи Ларвик со 22-20. Двата гола позитива се голема предност за Будуќност пред реваншот в недела во Подгорица и шанса за Црногорките да го елиминираат актуелниот европски шампион. Најголема заслуга за триумфот на Будуќност во Норвешка има голманката Клара Вотеринг. Ѓорѓиевска на овој меч не се запиша во листата на стрелците.

Бразил загуби на контролата со Тунис Ракометната репрезентација на Бразил, еден од трите противници на Македонија на претстојните олимписки квалификации во Гетеборг, беше поразена од Тунис со 2624 (13-11) во првиот од двата контролни натпревари. По четири гола за бразилската селекција постигнаа Тешеира, Лео, Борхес, Чиуфа и Тиагус. Македонија ќе игра со Бразил на 8 април, во последниот натпревар од квалификациите во Гетеборг.

Понеделник 2 април, 2012 година

КОНТРОЛНИ СРЕДБИ НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Романија, генера

Контролниот двомеч со Романија во Скопје ќе биде последна проверка за македонската селекција пред големото искушение во Шведска

Билјана Б.ПЕТРУШЕВА

С

о доаѓањето на Влатко Митков, од вчера македонската ракометна репрезентација е во полн со став, откако еден ден претходно на националниот тим му се приклучија и капитенот Кире Лазаров и Борко Ристовски. До среда, кога ракометарите заминуваат за Шведска, во Скопје ќе се дотеруваат тактичко-техничките подготовки за претстојните три натпревари со Унгарија, Шведска и со Бразил што нè очекуваат од 6 до 8 април во Гетеборг, во квалификациите за ОИ во Лондон.

Унгарците останаа без капитенот Илиеш На ква лификацискиот турнир во Гетеборг, репре зентацијата на Унгарија ќе игра без капитенот Ференц Илиеш. Левиот бек на унгарската селекција во текот на подготовките во саботата доби тешка фрактура на зглобот на ногата, итно беше опериран и во наредните три ме сеци ќе биде надвор од теренот. На ме стото на повредениот Илиеш, селекторот Лајош Мочаи го повика Давид Кацирц. На левата бековска позиција во унгарскиот со став за Гетеборг сè уште и ветеранот Карлос Перез од Веспрем и Барна Путич од Гумерсбах. Во првиот контролен натпревар во подготовките за олимписките ква лификации во Гетеборг, Унгарците го победија Алжир со 29-18. Левото крило Атила Вадкерти беше наје фикасен во унгар-

ската селекција со пет гола. По четири погодоци по стигнаа Гергел Харсањи и Габор Чазар, а по три запишаа Петер Гулиаш и Карлос Перез. - Ова беше шанса за убава и спектакуларна игра, но исто така имавме и многу грешки. Задоволен сум од тоа како функционираше одбраната и од перформансите на нашите голмани, но не и од нападот. Во Гетеборг нè очекуваат многу потешки мечеви. Македонија и Шведска се многу по сериозни и поква литетни репре зентации од Алжир - истакнува унгарскиот селектор Лајош Мочаи. Последната проверка пред дуелот со Македонија, в петок, на почетокот од олимписките ква лификации, на Унгарците ќе им биде дене ска на затворен натпревар со селекцијата на Чиле.


СПОРТ

Понеделник 2 април, 2012 година

25

лна проба пред Гетеборг

Балиќ доби метростаница во Лондон Хрватскиот ракометар Ивано Ба лиќ до би сво ја ста ни ца во лон дон ското ме тро. Тој е меѓу 361 великани на олимпискиот спорт според кои се преи ме ну ва ни ста ни ци те на лондонската под земна железни ца во пре срет на Олим пи ски те игри што ќе се одр жат ле то во во бри тан ската пре столнина. На Ба лиќ му припадна станицата Далстон кингсленд во се ве ро и сточ ни от дел на Лон дон, на „ракометната линија“ Лондон – Оверграунд, на која се уште и Магнус Висландер, Ан дреј Ла вров и Ка ми ла Ан дер сен. Нај голе ма почест им припадна на легендарниот боксер Мохамед Али и на пливачот Мајкл Фелпс, чии станици се на о ѓа ат на са ми от влез во Олимпискиот парк. Ди зај не ри на про е ктот се

спорт ски от но ви нар Алек Трикет и историчарот на спортот Дејвид Брокс, а во него се за стапе ни си те олим пи ски спортови. - Го сакаме спортот, ги сака ме по пи си те и го са ка ме Лондон. Не можевме да замислиме поубав предизвик за нашата карта на под зем ната железница која е икона на овој град. Мис ле њата за овој наш про ект може да бидат поделени, ни ние сме подготвени да го браниме својот избор - порачаа авторите на олимписката мапа на лондонското метро, Трикет и Брокс. На листата на елитни спорти сти што до би ја сопс тве ни метро-станици се најдоа и Роже Феде рер, Ра фа ел На дал, Хавиер Маскерано, Коби Брајант, Усеин Болт и многу други.

за патување

- Немаме многу време за подготовки, но тоа што го имаме ќе го искористиме максимално. Акцентот е, главно, на техничко-тактичката подготовка за противниците и за натпреварите што ни претстојат во Гетеборг. Особено за првите два дуели со Унгарија и со Шведска. Наше е добро да се подготвиме и да се обидеме да ги изненадиме противниците со некои наши варијанти што не сме ги играле досега. Во добра форма сме и тоа ни дава право да се надеваме на позитивни резултати и дека во овие квалификации ќе го оствариме олимпискиот сон - нагласува селекторот Звонко Шундовски. Контролниот двомеч со Романија ќе биде последна проверка за избраниците на селекторот Шундовски пред олимписките квалификации. Првиот меч беше синоќа во са лата „Борис Трајковски“, а генералната проба за Гетеборг со Романија е дене ска во „Кале“ во терминот во кој се играат и квалификациските натпревари, со почеток во14.45 часот. - Романците имаат квалитетна репрезентација и овие два натпревари со Романија добро ќе ни дојдат да видиме до каде сме

КАЈ ГРУЕВСКИ ЗА СРЕЌЕН ПАТ Премиерот Никола Груевски денеска организира прием за ракометарите и за стручниот штаб на македонската репрезентација пред нивниот настап на олимписките квалификации. Иако политичарите вообичаено ги пречекуваат спортистите по успесите, овојпат ракометарите ќе имаат прием кај државниот врв и за среќен пат во Шведска. Како што беше најавено, тие денеска треба да ги добијат и ветените премии од Владата за освоеното петто место на ЕП во Србија.

по Европското првенство во Србија и добро да се подготвиме за она што нè очекува во Шведска - вели Шундовски. Ква лификациите за пласман на ОИ во Лондон македонската репре зентација ги почнува в петок, со дуелот со Унгарија, кој, според прогнозите, може да биде и решавачки. Вториот натпревар е со домаќинот Шведска на 7 април, а во завршниот настап на 8 април ќе играме со Бразил. Првите две селекции од групата обезбедуваат ме сто на Олимписките игри во Лондон.

Во утрешниот број прочитајте се` за патувањето


26

СПОРТ

Понеделник 2 април, 2012 година

СО ОЛИМПИЈАКОС НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ОД ЕВРОЛИГАТА

Перо Антиќ во атак на првата европска круна Македонскиот капитен со тимот на Олимпијакос славеше со 3-1 во четвртфиналната серија над Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб

К

апитенот на македонската кошаркарска репре зентација, Перо Антиќ, ќе има можност првпат во својата кариера да учествува на еден завршен турнир од Евролигата, откако со тимот на Олимпијакос успеа да слави со 3-1 во четвртфиналната серија над Монтепаски Сиена, екипата за која што настапува Ле стер Бо Мекејлеб. Во клучниот натпревар грчкиот гигант успеа да ја искористи предно ста на домашниот терен и да слави со 76-69 над италијанскиот првак, на тој начин одмаздувајќи му се на со ставот на Сиена за ланската елиминација во истата фаза од елитното европско натпреварување. Македонскиот интернационалец не беше дел од стартната петорка на Олимпијакос, но затоа се наоѓаше на теренот во последната четвртина, кога грчкиот тим со фанатична одбрана не му дозволи на го стинот од Италија цели осум минути да погоди шут од поле, правејќи цело сен пре сврт

и осигурувајќи недо стижна предност. Покрај одличната игра во одбраната, Антиќ погоди и една многу значајна тројка на почетокот од четвртата четвртина, предизвикувајќи еуфорија меѓу домашните навивачи. На крајот, македонскиот капитен го заврши натпреварот со пет поени, пет скокови и со една украдена топка, солиден придонес за 15 минути игра. - Сон на секој кошаркар е да биде дел од завршниот турнир од Евролигата. Јас по потпишувањето за Олимпијакос изјавував дека моја желба е со овој тим да атакувам на европската круна, мило ми е што добивам шанса за такво нешто уште во мојата прва сезона со овој тим. Сите сме задоволни и пре среќни, но, исто така, и сме свесни дека најтешкото допрва прет стои, бидејќи крајна цел ни е да го освоиме пехарот, а не само да учествуваме на завршниот турнир во Истанбул - изјави Антиќ за грчките медиуми по големиот успех.

Радванска најдобра во Мајами Агњешка Радванска се закити со трофејот на турнирот во Мајами откако во големото фина ле беше подобра од Марија Шарапова со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). Радванска апсолутно заслужено стигна до пехарот ако се знае дека во текот на овој турнир не загуби ниту еден единствен сет, додека за Шарапова овој дуел значеше и продолжување на агонијата кога станува збор за финалните мечеви. Русинката го загуби и четвртото фина ле во кариерата во Мајами, како и

третиот меч за трофеј во текот на оваа 2012 година. - Играв одлично цел турнир и сметам дека го заслужив овој пехар. Морам да бидам задоволна, но и да останам фокусирана бидејќи моја цел е да продолжам во ист стил и на следните турнири. Знаев дека немам така добар сервис како Шарапова, па морав да се решам за нешто поинаква тактика, презадоволна сум бидејќи тоа ги даде по сакуваните ре зултати - изјави пре среќната Радванска по големиот триумф.

На спротивната страна, Ле стер Бо Мекејлеб одигра под своите можно сти за тимот на Сиена, по стигнувајќи 10 поени, со слаб шут од поле (4/11) и со три загубени топки.

Ново искушение за ватерполистите Македонската ватерполистичка репре зентација вечерва (21 часот) ќе го одигра својот втор натпревар на предолимпискиот турнир што се одржува во Едмонтон, Канада. По синоќешната пресметка со лутиот ривал Грција, македонските ватерполисти вечерва за противник ќе ја имаат незгодната селекција на Холандија. Избраниците на селекторот Поповски се свесни дека за успех на овој квалификациски турнир за ЛОИ 2012 ќе им биде

неопходен успех на што повеќе натпревари, па јасно е дека евентуален пораз од про сечната селекција на Холандија ќе значи и крај на олимпискиот сон за македонските „делфини“. Воедно, овој дуел ќе претставува идеална можност за македонските репре зентативци да им се одмаздат на „лалињата“ за поразот на ЕП во Ајндховен пред неполни два ме сеци, кога и покрај одличната игра во првата четвртина, на крајот нашиот национален тим беше поразен со 10-8.


СПОРТ

Понеделник 2 април, 2012 година

27

КАВАДАРЧАНИ СЕ ВРАТИЈА ОД „МИНУС 13“ ВО ПОСЛЕДНАТА ЧЕТВРТИНА

Шампионски пресврт на Фени индустри К ошаркарите на Фени индустри се спасија од пораз на мечот со Лирија, враќајќи се од огромна негатива за на крајот, сепак, да слават со 84-80 и да поведат со 2-0 во оваа полуфинална серија од плејофот. Го стите имаат за што да жалат на оваа средба ако се знае дека го завршија третиот период со предност од 13 поени разлика. На четири минути до крајот, резултатот гласеше 66-79 за Лирија, но тогаш актуелниот првак направи целосен пре сврт и успеа да стигне до победата. Како пре судни се покажаа двете нереализирани слободни фрлања на Димче Тасовски на 11 секунди до крајот, при резултат 82-80, што значеше и дефинитивно губење на шансите на Лирија за успех во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Најзабележителни во таборот на Фени индустри беа центрите Душан Кнежевиќ (18 поени и седум скокови) и Кирил Николовски (15 поени и седум скокови). Многу интересно беше и на дуелот во „Јане Сандански“, каде што МЗТ Скопје во последните моменти го скрши отпорот на Торус и славеше со 65-60. „Металците“ одиграа далеку под своите можно сти, имаа дури 20 загубени топки, но стигнаа до по-

бедата благодарение на тројката на Огнен Стојановски и на по ените на Чековски во последната минута од мечот. Мал проблем за тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, претставува повредата на Тодор Ге-

чевски, кој поради болки во мускулот нема да тренира следните неколку дена и неизве сен е неговиот настап на вториот меч со Торус, што ќе се одигра в сабота во СЦ „Борис Трајковски“.

Брајант погодува кога е најпотребно Коби Брајант успеа да ја надмине најдолгата шутерска криза во својата кариера во НБА-лигата, па на крајот, сепак, да му ја доне се на тимот на ЛА лејкерс победата на дуелот со Њу Орлеанс хорнетс (89-86). Најдобриот кошаркар на Лејкерс не реализираше 15 шутеви во серија, што беше негова најдолга црна низа од почетокот на профе сионалната кариера, уривајќи го неславниот рекорд од 13 промашени шутеви по ред на дуелот со Сан Антонио пред две години. Сепак, Брајант се разбуди во вистински момент и ја реализираше клучната тројка во последниот напад на својот тим, со која „езерџиите“ стигнаа до победа над најслабиот тим во Западната конференција. - Објаснувањето е едно ставно, јас сум многу тврдоглав како човек. Бев решен да му помогнам на тимот да забележи триумф и го сторив токму тоа. Секако, повеќе ќе сакав дилемите да ги решиме многу порано, но на крајот, сепак, се бројат победите - из-

јави Брајант. Тој го заврши мечот со само 11 поени и со шут од поле 3/21, а најзаслужен за победата на Лејкерс беше Шпанецот Гасол, кој реализираше 21 поен и 11 скокови. Њујорк никс продолжи со одличните ре зултати славејќи убедливо на домашен терен над Кливленд со 91-75. Во отсуство на повредените Лин и Стадемаер, улогата на прв стрелец неочекувано ја презеде „резервистот“ Ј.Р. Смит, кој беше прв стрелец на Њујорк со 20 поени, пред Кармело Ентони со 19 по ени и пред Тајсон Чендлер, кој реализираше 14 поени и 10 скокови на оваа средба. Резултати НБА: ЛА клиперс - Јута 10596, Сакраменто - Њу Џерси 99-111, Сан Антонио - Индијана 112-103, Милвоки Мемфис 99-95, Детроит - Шарлот 110-107, Њујорк - Кливленд 91-75, Филаделфија Атланта 95-90, ЛА лејкерс - Њу Орле анс 88-85.


28

СПОРТ

Понеделник 2 април, 2012 година

ФОТО ВЕСТ

ТЕШКА БОЛЕСТ НА ФУДБАЛЕРО

Ќе ја по

Изминатиов викенд на патеката на Матка се одржа 44. издание на традиционалната манифестација Илинденски кајакслалом (ИКАС). Учествуваа околу 80 натпреварувачи од БИХ, Србија, Хрватска, Словенија, Русија, Казахстан и од Македонија. Од оваа година, ИКАС влезе и во светската серија натпреварувања.

Е

Мурињо го стигнува Тошак

Неверојатната ефикасност на фудбалерите на Реал Мадрид оваа сезона ќе придонесе Жозе Мурињо да го надмине рекордот на Џон Тошак кога станува збор за најмногу постигнати погодоци на „кралскиот клуб“ во една натпреварувачка сезона од Примера дивизион. Актуелниот македонски селектор пред 20 години беше тренер на тимот на Реал Мадрид што претставуваше вистински кошмар за ривалите и кој дури 107 пати ја затресе нивната мрежа. Овој рекорд изгледаше недостижен долго време, поточно сè до сезонава, откако Мурињо состави вистинска машинерија за постигнување голови. Со петте погодоци при триумфот од 1-5 на гостувањето кај Осасуна, „кралевите“ стигнаа до магичната бројка од 100 гола сезонава во домашниот шампионат. Ако се знае дека до крајот на сезонава има уште осум средби, за очекување е Реал Мадрид да го оствари просекот од еден гол по натпревар, што ќе му биде сосема доволен на Мурињо за да го урне рекордот на Џон Тошак.

вропската фудбалска јавност доживеа нов шок откако беше обелоденета информацијата дека членот на Астон Вила и капитен на бугарската репрезентација, Стилијан Петров, боледува од акутна леукемија. Пораки со поддршка до Стилијан стигнуваат од цела Европа, а бугарскиот интернационалец и во овие тешки моменти издвои време за да им се заблагодари на сите што му по сакуваат целосна рехабилитација од тешката болест. - Морам да прекинам со фудбалот, сега почнувам тешка битка за својот живот. И верувајте, ќе победам! Пред второто полувреме од мечот со Арсенал се почувствував многу заморен и побарав да ме заменат. Заминав на медицински прегледи и се шокирав кога ја добив дијагнозата. Тоа ти е живот, пред една недела пиевме кафе во Лондон, а сега се случува ова... Но, ќе се борам и знам дека ќе победам. Благодарам за пораките со поддршка од целиот свет изјави Стилијан Петров. На натпреварот меѓу Астон Вила и Челси (2-4) изминатиов викенд, навивачите со громогласен аплауз му дадоа поддршка на капитенот. Тој заедно со сопругата Паулина и со двете деца беше во свечената ложа, а целиот стадион стана на нозе во 19.минута (Петров го но си дре сот со број 19 на Астон Вила) и ракопле скаше извикувајќи го неговиот прекар Стен. Фудба лерите на Астон Вила пред натпреварот се загреваа во маици на кои имаше порака „Поддршка за Стен“, а играчите

Вардар продолжува да гази сè Фудбалерите на Вардар го продолжија победничкиот чекор во домашното фудбалското првенство со триумфот над Брегалница од 2-1. Со тоа уште повеќе се зацврстија на лидерската позиција во Првата лига, пред Металург и Шкендија. „Црвено-црните“ стигнаа до победа во последните моменти од мечот, кога капитенот Филип Ивановски по стигна погодок со удар со глава, по центаршутот на Милан Илиевски од десната страна. - Среќен сум што со мојот погодок стигнавме до нова победа. Бевме подобри и го заслуживме триумфот. Сега се фокусираме

на дуелот од Купот на Македонија со Ренова - изјави стрелецот на победничкиот гол за Вардар. Претходно, нигерискиот интернационалец Ибе Зито Огбона донесе водство за вардарци со голот од пенал во 18. минута, откако го стинскиот фудбалер Ивановиќ играше со рака во сопствениот шеснае сетник. Брегалница израмни преку Митров во 82. минута, а Филип Ивановски сепак доне се триумф за Вардар во последната 90. минута од средбата. Работнички неочекувано потфрли на мечот со последнопласираниот тим на 11

Октомври на домашен терен и одигра 1-1. Се очекуваше сигурна победа на „романтичарите“, меѓутоа го стите од Прилеп успеаја да освојат бод. Маневски го доведе Работнички во водство во седмата минута, а Мирче ски израмни со погодокот во 56. минута од мечот. До крајот, фудбалерите на Работнички имаа неколку шанси, но не успеаја да ги реализираат. Во Тетово, Ренова и Тетекс одиграа без голови. Во второто полувреме Тетекс остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Ристовски, но сепак успеа да ја сочува до крај својата мрежа.


СПОРТ

Понеделник 2 април, 2012 година

29

Т НА АСТОН ВИЛА, СТИЛИЈАН ПЕТРОВ

бедам леукемијата Поддршка за капитенот на Астон Вила стигнува од сите страни, а тој порача дека ќе ја победи болеста, но во меѓувреме ќе се повлече од фудбалските терени

на Челси му порачаа „Нашите мисли се со тебе“. Репрезентативниот соиграч Мартин Петров, кој настапува за Болтон, по стигна гол, а потоа ја покажа пораката што беше испишана на маица под неговиот дрес „Биди силен, Стен“.

пред себе МИХАЈЛОВ ЗАМИНА ОД ОХРИД Досегашниот тренер на Охрид 2004, Горазд Михајлов, го напушти клубот. Тој испрати соопштение до јавноста во кое го истакна својот став, дека прволигашот Охрид 2004 нема светла иднина со актуелното раководство. Поради несогласувања за клучни прашања со управата, Михајлов одлучи да си замине од тренерската клупа на овој клуб.

Фуд ба лот во Англи ја, но и во це ли от свет, пре жи ву ва но ва жи вот на дра ма, откако пред само две седмици на теренот кола би ра ше фуд ба ле рот на Бол тон, Фа брис Муамба. За среќа, тој е многу подобро и закрепнува од срцевиот удар. Може

да зборува и набргу ќе биде отпуштен на домашно лекување. Целата фудбалска јавност се надева дека и Стилијан Петров ќе ја победи акутната леукемија и дека еден ден повторно ќе се врати на фудбалските терени.

Свирежи за Марио Балотели од навивачите на Манчестер сити

Марио Балотели по стигна два погодоци за Манче стер сити при ремито од 3-3 на мечот со Сандерленд, но сепак беше „награден“ со свирежи од навивачите на својот клуб, на кои очигледно им доаѓаат преку глава заче стените конфликти во кои влегува италијанскиот напаѓач. Се чини, чашата се преполни со караницата што Балотели ја имаше со својот соиграч Александар Коларов при негатива 1-3, кога Ита лијанецот се обиде да му ја земе топката од рацете на Србинот пред изведувањето на слободниот удар за својот тим. Коларов е задолжен за изведување на слободните удари во Сити од десната страна, па токму затоа српскиот интернационалец

не попушти, а Балотели, видно исфрустриран, по завршувањето на мечот го напушти теренот, испратен со свирежи и од домашните навивачи. За мизеријата на младиот голгетер да биде уште поголема, тој беше критикуван и од стратегот Роберто Манчини, без оглед на фактот дека Ба лотели со два погодоци беше еден од најдобрите фудбалери на својот тим на оваа средба. - Марио треба да разбере дека работата на напаѓачите е да се работи напорно на теренот во текот на сите 90 минути, не само во финишот. Тоа е лекција што тој ќе мо ра да ја нау чи што по ско ро - истак на Манчини.


30

РАЗОНОДА

Понеделник 2 април, 2012 година

ХОРОСКОП

СИТЕЛ

КАНАЛ 5

АЛФА ТВ

ТЕЛМА

ТВ ПРОГРАМА - ПОНЕДЕЛНИК 09.05 Без рецепт 09.30 Дарма и Грег-сериски филм 10.00 Дневник 10 10.30 Македонски народни приказни 11.00 Ѕвон -образовна програма 12.00 Документарна програма 13.00 Вести 13.20 Образовна програма 14.00 Од наш агол

15.00 Вести 15.15 Без рецепт 15.30 Документарна програма 16.15 Бостонските адвокати – сериски филм 17.00 Дневник 1 17.40 Тротоар њуз - забавна програма 18.00 Дарма и Грег-сериски филм 18.30 Свет - информативна про-

грама 19.00 Македонски народни приказни 19.30 Дневник 2 20.15 Документарна програма 21.00 Евромагазин - информативна програма 21.30 Некст тајм - мал концерт 22.00 Бостонските адвокати – сериски филм

22.45 Дневник 3 23.15 Тротоар њуз - забавна програма 23.35 Документарна програма 00.45 Без рецепт 01.00 Нем сведок-сериски филм 02.00 Дарма и Грег-сериски филм 02.20 Бостонските адвокати – сериски филм 03.00 Дискавери

07.15 Шестиот ден 09.05 Луѓе и места-репортажа 09.30 Монк – сериски филм 10.15 Подземјето на Њујорк – сериски филм 11:00 5+ 12.00 Храна и вино - емисија за гурмани 12.30 Тоа сум јас 13.00 Роднини туѓинци – филм 14.35 Девици благороднички –

игран филм 15.30 Вести 15.45 Монк – сериски филм 16.35 Цртан филм 17.00 5+ 17.45 Храна и Вино – емисија за гурмани 18.25 Метео 18.30 Вести 19.05 Спорт 19.07 Метео

19.10 Цртан филм 19.15 Преглед на коло 20.00 Девици благороднички – сериски филм 21.00 Филмополис - филмски магазин 21.32 Следува 21.33 Метео 21.40 Вести 22.15 Спорт 22.20 Доктор Хаус-сериски филм

23.05 Културна хроника 23:15 Слободна ��она-игран филм 01.00 Подземјето на Њујорк – сериски филм 01.45 Роднини туѓинци - филм 03.20 Културна хроника 03.30 Вести 04.05 Филмополис 04.15 Храна и вино – емисија за гурмани 04.35 Преглед на колото

06.55 5 до 7-утринска програма 09.00 Вести 09.10 Вкусот на традицијата 09.25 Зајди, зајди талент 09.35 Моите џебни миленичиња – цртана серија 09.55 Ај ти замижи – емисија за деца 10.15 Супер ѕвезда – емисија за деца 10.45 Во прво лице – забавна

програма 11.15 Пресинг 11.45 Телешоп 12.00 Вести 12.15 К-15 – дневна доза 12.30 Вкусот на традицијата 12.45 Зајди, зајди талент 12.55 Зајди, зајди 14.05 Моите џебни миленичиња – цртана серија 14.30 Портик-хроника на денот

15.00 Вести 15.10 Портик-хроника на денот 16.10 Во прво лице – емисија 16.40 Вкусот на традицијата 16.55 Фактор здравје 17.15 К-15 – дневна доза 17.30 Вести 17.45 Пресинг 18.15 Овде и сега 19.00 Вести 19.45 VOA-Гласот на Америка

20.00 К-15 – дневна доза 20.10 Олимписки кругови – спортска емисија 20.35 Авто стил -автомобилизам 21.05 Преглед шпанско првенство 22.00 Вести 22.45 К-15 – дневна доза 22.55 Голи и смешни – еротска скриена камера 23.25 Повампирена - Ловец на крв - игран филм

07.00 Здраво Македонијо 09.00 Вести 09.10 Здраво Македонијо 10.00 Разделба – серија 10.55 Метео 5 11.00 Вести 11.10 Скршено крило – серија 11.45 Јунска ноќ - серија

12.30 Ловец на крокодили 13.00 Џанан – серија 13.30 Лале – серија 14.00 Скршено крило - серија 14.30 Имотот на дамата-серија 14.55 Метео 5 15.00 Вести 15.25 Имотот на дамата-серија

16.00 Величествениот - серија 17.00 Јунска ноќ - серија 17.50 Екстра Ексклузив 18.15 Метео 5 18.20 Вести 19.00 Имотот на дамата -серија 20.00 Џамбо бинго 21.00 Величествениот – серија

21.55 Метео 5 – временска прогноза 22.00 Вести 22.55 Х/О – информативна програма 00.00 Екстра Ексклузив 00.15 Италијанска работа - игран филм

06.15 Напуштен ангел - серија 07.00 Вести 07.10 Журнал-утринска програма 09.00 Вести 09.10 Под сенката на врбите - играна серија 09.40 Слушни ја мојата судбина - играна серија 10.10 Топ шоу 10.40 Бекстејџ-естраден магазин 10.50 Малечката невеста играна серија

11.15 Огнови на љубовта играна серија 12.00 Вести 12.10 Македонски стари приказни 12.40 Преживеан -реално шоу 13.40 Топ шоп 14.00 Езел - играна серија 14.50 Бурни времиња - играна серија 16.00 Вести 16.24 Временска прогноза 16.26 Љубов и казна - играна серија 17.10 Огнови на љубовта -

играна серија 18.00 Малечката невеста играна серија 18.35 Бекстејџ-естраден магазин 19.00 Дневник 19.25 Бизнис вести 19.33 Временска прогноза 19.35 Љубов и казна - играна серија 20.20 Бурни времиња - играна серија 21.05 Езел - играна серија 22.05 Преживеан - реално шоу

23.10 Дневник 23.35 Временска прогноза 23.37 Преживеан без цензура - реално шоу 00.25 Некој да ме чува играна серија 01.10 Бекстејџ-естраден магазин 01.20 Мојата ѕвезда - забавна емисија 02.10 Кој те шиша-забавна емисија 03.10 Журнал - реприза 05.00 Зора зори-забавна емисија 06.15 Програмата продолжува

21.03 19.04

Овен - Состанокот за кој се подготвувате подолг период ќе биде одложен, а кај вас ќе предизвика разочарување. Совет: не грижете се, доаѓаат подобри денови за љубов.

20.04 20.05

Бик - Секој слободен момент користете го за одмор и за релаксирање со семејството. Бидете поактивни, организирајте семејно дружење, тоа сите го очекуваат од вас. Совет: внесете витамини во исхраната.

21.05 20.06

Близнаци - Колегите ќе се обидат да ја префрлат вината на вас, останете смирени, така ќе постигнете поголем ефект. Совет: здравјето ви е стабилно, продолжете така.

21.06 22.07

Рак - Слободните денови користете ги за одмор, не размислувајте за работа. Тоа ќе ја зголеми нервозата која ја чувствувате подолг период. Совет: повеќе течности.

23.07 22.08

23.08 21.09

22.09 23.10

24.10 21.11

Лав - Заинтересирани сте за една повозрасна личност, доколку сакате да имате успех, треба да ги покажете своите емоции. Совет: користете некоја од техниките за опуштање. Девица - Подолг период се сомневате во верноста на партнерот, па ако не сте сигурни, прекинете ја врската, тоа е најдобро решение. Совет: останете смирени. Вага - Добри вести ве очекуваат уште на почеток на денот. Тоа ќе ве расположи и ќе ве поттикне да бидете поактивни. Совет: одете на вечера со партнерот. Скорпија - Состојбата во семејството секој ден станува сè полоша и понапната, вистинско време е да ги превземете работите во свои раце и отворено да разговарате за проблемите. Совет: поголема концентрација.

22.11 21.12

Стрелец - Денеска ви претстојат убави изненадувања на љубовен план. Опуштете се и уживајте, еден ден заборавете на работата. Совет: потребен ви е сон.

22.12 19.01

Јарец - Вашите стравови и норми на однесување не треба да ги наметнувате во домот. Работата е едно, а приватниот живот нешто друго. Совет: не критикувајте постојано, погледнете ги малку и своите маани.

20.01 18.02

Водолија - На сите полиња редите само успеси, продолжете така. Посветете поголема грижа за парите кои ги трошите, тоа може лошо да се одрази на вашата финансиска состојба. Совет: внимавајте со течностите.

19.02 20.03

Риби - Премногу сте расеани, тоа околината го забележува, а партнерот го толкува на погрешен начин. Обидете се да ги објасните причините за вашето однесување. Совет: ако не сте во врска, излегувајте повеќе.


Рецепт на денот

Бурек ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори 2 филџани вода 1,5 филџан зејтин малку сол 1 кафено лажиче прашок за печиво месо, сирење или урда l l l l l

“SAGITTARIUS”

EKS BRAZILSKI AVTOMOBILIST

PRAVEC VO UMETNOSTA

TOMA PRO[EV

EPOHA

OSTROV JU@NO OD KAMBOXA

ASIRSKO- IZU^UVA^I POVLEKUVAVILON- NA NAUKA- VAWE OD SKA BOTA ZA PO- PRETHODEN @ICA NA TEKLOTO NA STAV ILI QUBOVTA ZBOROVITE TVRDEWE

ARTISTKATEODOR TA KIRK- CIMERMAN LEND AJCMAN

@ITEL OD SELOTO NEPRO[TENO PROTIVOTROVI VO ORGANIZAM PAPSKO DOSTOINSTVO

BUKVA OD PISMO NA MAKEDONSKIOT JU@EN SOSED

PROEKTIRAN PAT ILI PRUGA (MN.) FRANCUSKI MANGUPI MASTILO (ANGL.)

[TAVENA OV^A KO@A

GERMANSKI FILOZOF IMANUEL

“TENISKI KLUB# [IROKO @ENSKO ZDOLNI[TE TESNEC NA MALAKA PISATELKATA NIKOLOVA

ARTISTOT KALHUN AVSTRIJA

STOG SENO (MN.)

PRISTANI[TE VO AL@IR @ENSKO IME

LITIUM ARTISTKATA VEST

STAROTO IME ZA QUBQANA ETI^AR FRANCUSKI POLITI^AR FRANSOA

BASKIEC ME\UKATOVI VID RADIONAVIGACIJA

NADZORNIK NA POSLUGA SELO KAJ RADOVI[ EZERO VO FINSKA (ENARE)

IZDADEN DEL OD KOPNO VO VODA (MN.)

BELGIJA MODEL NA “SITROEN# UNGARSKO @EN. IME NBA KO[ARKAROT TORP

@ITELI POKRAJ NIL

STAROATINSKI FILOZOF EDNAKOV

SVETNATO OD RADOST DEL OD OTPLATA (MN.) BUKVA OD GLAGOLICA

LATINSKI (SKR.) PRIVRZANIK NA CARSKA VLAST METAR

DIMITAR MILADINOV

IMAGINAREN BROJ

“ARAPSKA REPUBLIKA EGIPET# RADIUS

^LEN NA VLADA

5

HRONIKA, LETOPIS TETOVO

MERKA ZA ZEMJI[TE

9

2

4 1 5 4 2 1 3 8 9 1 4 7 3 2 8 7 8 2 1 6 2 4 8 5 7 1 5 6 6 7 5

6 3 3 8 7 9 4 6 5 4 7 2 7 3 9 8 1 6 6 2 7 4 8 5 4 3 2 1 6 1 8 7 6 3 7 6

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: ENTERIERIST, NEPRO[TENEC, RO, ANTITELA, IRA, GAMENI, TK, KOPI, RORI, KRA, EMONA, LI, ORAN, BASK, MORALIST, ENT, MEZANINI, ‘RTOVI, IWEVO, B, NILOTI, ETELKA, OZARENO, ARIST, LAT, RATI, ANAL, DM, CARIST, ARE, I, MINISTER, AR; SUDOKU: 1) 815 396 274, 632 784 915, 479 251 368; 961 548 723, 523 167 489, 748 923 156; 294 815 637, 157 639 842, 386 472 591; 2) 547 129 638, 321 867 594, 968 534 712; 739 485 126, 854 612 379, 612 973 485; 493 251 867, 185 796 243, 276 348 951

Корите се бројат и се делат на два еднакви дела. Кружното тавче се премачкува со зејтин и се става во загреана рерна неколку минути. Потоа во тавчето се става кора, која се премачкува со смесата составена од вода, зејтин, прашок за печиво и од сол. Постапката се повторува додека не се потрошат корите од првиот дел. На средина се става ме сото или сирењето. Потоа пак се редат корите од вториот дел и повторно секоја кора се премачкува со течност. Корите што висат од тавчето на крај се префрлаат внатре и се полеваат со прео станатата течност. Целото тесто се боцка со чепкалка и се става да се пече. .

EKS TURSKI POLITI^AR ISMET

UREDUVA^ NA VNATRE[EN PROSTOR

ANGLISKI ROK PEJA^ ADAM

ПРИГОТВУВАЊЕ:

31

РАЗОНОДА

Понеделник 2 април, 2012 година


ЗРНЦА НА МУДРОСТА

ТИКЕТ СЕК Ј Фортуна Д. С. Паули Севилја Мајорка Малме Гефле Блекбурн Манчестер Ј.

1 1 2

1

Коефициент 7.1

l

Гостивар

14

Куманово

13

l

Да станеш човек е поубаво отколку да станеш крал. А.Г. Матош

Пријателството е љубов без крила. Француска поговорка

Не се лоши времињата, туку човекот. Дарвин

ВИЦОТЕКА

l

Тетово

На розите им е потребно сонце, а на жените љубов. Ли Таи По

10

l

14

15

l Кочани

14

14

14

l Делчево

l Штип

14

Велес l

13

l Радовиш

14

l Кичево

l Дебар

l Неготино

14

15

l Струмица

l Кавадарци

13 l Струга

13

16 l Охрид

l Прилеп

14 l Гевгелија

Битола

16

l Ресен

l

15 -2 ВТОРНИК 23

* * * - Перица, како не ти е срам на сестра ти да à велиш дека е глупава му вели мајка му на Перица! А, Перица одговара: - Сестро, жал ми е што си толку глупава. * * * Кога Црногорците ќе изумрат?

Денеска ќе дува слаб ветар од југоисточен правец, со брзина од шест километри на час.

Крива Паланка

15

Скопје l

13

Додека другите деца си играле во песок, Чак Норис си играл во бетон! * * * Две жаби разговараат, но така што едната седи мирна, а другата постојано скока. - Креееек - вели мирната жаба. А, другата вели: - Не, екстази!

Средбата на мажот и на жената е многу слична на допир на два хемиски елемента, но доколку дојде до реакција, двете ја менуваат формата. Ц.Г.Јунг

2 СРЕДА 25

Сончево, топло и стабилно време нè очекува денеска. Студениот бран кој ја зафати целата земја е на заминување, па температурата ќе биде повисока. Во Скопје минималната температура ќе биде 1 Целзиусов степен, а максималната 14 степени. Влажноста на воздухот ќе биде 48 проценти, а видливоста до 10 километри. Биометеото е неповолно за луѓето со кардиоваскуларни болести. 4 ЧЕТВРТОК 26

Кога ќе сфатат дека сексот е физичка работа! * * * Зошто русокоса девојка отвора млеко во продавница? Затоа што на него пишува: Отвори тука!

18

Барселона

11

Букурешт

14

Будимпешта

15

Загреб

14

Софија

20

Атина

17

Приштина

13

Сараево

13

Белград


Den 02 April