Issuu on Google+

MINISTERSTVO ZA OBRAZOVANIE I NAUKA BIRO ZA RAZVOJ NA OBRAZOVANIETO SEKTOR ZA ISPITI

GRADINARSKO PROIZVODSTVO

Skopje, 2005

SREDNO STRU^NO OBRAZOVANIE

DR@AVNA MATURA I ZAVR[EN ISPIT

ISPITNA PROGRAMA


MINISTERSTVO ZA OBRAZOVANIE I NAUKA BIRO ZA RAZVOJ NA OBRAZOVANIETO SEKTOR ZA ISPITI

ISPITNA PROGRAMA

GRADINARSKO PROIZVODSTVO DR@AVNA MATURA I ZAVR[EN ISPIT

Ispitnata programa po gradinarsko proizvodstvo za dr`avna matura i za zavr{en ispit e donesena so re{enie na ministerot za obrazovanie i nauka br. 11-136/1 od 11.01.2006 godina.


1. ВОВЕД Ispitnata programa za dr`avna matura i za zavr{en ispit ovozmo`uva podgotovka na maturski i na zavr{ni ispiti koi se vo funkcija na podobruvawe na kvalitetot na obrazovanieto. Rezultatite od postigawata na u~enicite }e poslu`at kako osnova za dijagnosticirawe na nivnata uspe{nost. Ispitnata programa pretstavuva osnova za izrabotuvawe na testovi za dr`avna matura i za zavr{en ispit, so koi }e se ovozmo`i diferencijacija na u~enicite, t.e. }e se obezbedi selektivna proodnost vo visokoto obrazovanie ili vklu~uvawe na pazarot na trudot. Spored celite i sodr`inite, ispitnata programa za dr`avna matura i za zavr{en ispit po predmetot gradinarsko proizvodstvo se bazira vrz nastavnite programi za III i IV godina, a koj se izu~uva vo zemjodelskoveterinarnata struka za obrazovniot profil zemjodelski tehni~ar vo srednoto stru~no obrazovanie. Predmetot gradinarsko proizvodstvo spa|a vo interniot del od maturskiot ispit i e vo listata na nastavni predmeti za tretiot predmet od izborniot del na dr`avnata matura i listata na nastavni predmeti za polagawe na izborniot del od zavr{niot ispit vo stru~noto obrazovanie {to se realizira spored novite nastavni planovi i programi. Ispitnata programa za dr`avna matura i za zavr{en ispit po predmetot gradinarsko proizvodstvo gi sodr`i slednite komponenti: • Op{ta cel na ispitot • Sodr`ina na ispitot • Specifikacija na podra~jata i sposobnostite • Konkretizacija na celite • Specifikaciska mre`a na ispitot • Opis na ispitot • Na~in na ocenuvawe.

1


2. ОПШТА ЦЕЛ НА ИСПИТОТ Целта на матурскиот и на завршниот испит по градинарско производство е да се провери: - дали ученикот стекнал знаења за успешно да го продолжи своето (универзитетско) образование, при определувањето на неговата идна професија; - колку ученикот е способен да се вклучи на пазарот на трудот; - дали ученикот стекнал знаења за поврзаноста на градинарското производство,како предмет, со останатите апликативни науки; - колку ученикот е оспособен за самостојна примена на знаењата од градинарското производство; - колку ученикот ги познава биолошките и морфолошките особини на градинарските растенија; - колку ученикот ги применува принципите и законитостите што владеат во градинарското производство при решавање на практични и конкретни проблеми.

За успешно полагање на матурскиот и на завршниот испитот по градинарско производство, ученикот треба да владее со следните знаења: - да познава, разбира, применува терминологија и поими од градинарското растително производство при решавање на проблеми и задачи; - да познава и разбира како се врши правилен избор на место за подигање на зеленчукова градина; - да познава, разбира и умее да планира плодоред за подобрување на квалитетот на градинарското производство; - да препознава и споредува квалитетен материјал за репродукција; - да познава, разбира и применува оптимални рокови за сеидба (садење) на градинарски култури; - да познава и применува соодветни агротехнички мерки за нега на растенијата; - да познава, разбира и применува знаења за заштитени простории (елементарно и совршено заштитен простор); - да познава, разбира и применува технологија за производство во заштитени простории; - да познава, разбира и применува технологија за производство на расад од различни градинарски култури; - да разликува и определува услови за поважни градинарски култури; - да ги познава основните карактеристики на градинарските култури (морфолошки и биолошки особини); - да ги препознава разните видови и сорти на градинарски култури; - да применува соодветна манипулација со градинарските култури во берба и после берба. 2


3. СОДРЖИНА НА ИСПИТОТ 3.1. Спецификација на подрачјата (содржините) и способностите Во испитната програма се опфатени подрачјата: П1 - ОПШТО ГРАДИНАРСТВО П2 - СПЕЦИЈАЛНО ГРАДИНАРСТВО

Подолу групирано се дадени способностите кои ученикот треба да ги поседува за успешно решавање на испитните задачи: •

С1-препознавање и разбирање (идентификување, именување, наведување, заокружување, поврзување, подвлекување, регистрирање, набројување) на термините, поимите, процесите и законитостите од областа на градинарското производство;

С2-примена (разликување, поврзување, опишување, објаснување, наведување примери, дополнување, конструирање, модифицирање);

С3-решавање задачи (класифицирање, категоризирање, развивање, ревидирање, организирање, подредување, споредување, анализирање и заклучување).

3


3.2 Конкретизација на целите (знаењата и способностите) по подрачја ПОДРАЧЈЕ 1: ОПШТО ГРАДИНАРСТВО Содржина

Знаења и способности

1. Зеленчукова градина на отворен (незаштитен) простор • Избор и уредување на место за подигање на зеленчукова градина

Ученикот треба да познава и разбира: - кои се потребните услови за подигање на зеленчукова градина; - простор кој би бил погоден за подигање на зеленчукова градина; - алат и техника за мелиорирање на теренот. - зеленчукова градина.

2. Материјал за репродукција • Квалитативни својства на генеративен сеидбен материјал и нивна проверка • Што е расад, позитивни и негативни страни на расадопроизводството • Подготовка на вегетативен саден материјал

Ученикот треба да познава и разликува: - различни видови семиња; - квалитетот на семето; - генеративен и вегетативен материјал за сеидба, односно садење.

3. Претсеидбена обработка на почвата, сеидба и мерки за време на вегетацијата • Агротехника пред сеидба • Рокови на сеидба (садење и расадување) • Видови и техники на сеидба, садење и расадување • Наводнување • Ѓубрење • Сеидба на расад во топли леи • Сеидба на расад во студени леи • Грижи за расад • Пикирање на расад • Нега на посевот

Ученикот треба да познава и да препознава: - целите на агротехничките мерки кои се преземаат пред и за време на вегетацијата на градинарските култури. - оптималните рокови за сеидба (садење); - видови и техники на сеидба (садење) постојат; - како се произведува расад во студени и топли леи; - работните операции околу претсеидбените и сеидбените активности.

4


4. Сменување на посевите • Плодоред и плодосмена

Ученикот треба да познава и да разликува: - што е плодоред и кое е значењето на плодосмената; - како се изработува плодоред со изработка на шема.

5. Здружено одгледување на градинарски култури

Ученикот треба да познава и да опишува: - кои се целите на здруженото одгледување на градинарските култури; - како се изработуваат шеми за здружено одгледување; - применува шемите за здружено одгледување.

6. Заштитени простории • Топли леи и составни делови • Оранжерии и составни делови

Ученикот треба да опишува и да разликува: - што е елементарно заштитен простор а што е совршено заштитен простор; - кои се составни делови на топла леа; - кои се составни делови на една оранжерија; - како се подига топла леа; - кои се начините, техниките и роковите на сеидба во топла леа; - кои мерки се преземаат за добивање на квалитетен расад.

5


ПОДРАЧЈЕ 2: СПЕЦИЈАЛНО ГРАДИНАРСТВО Содржина 1. Плодови градинарски култури • Домат, морфолошки својства • Одгледување на домати во заштитени простории • Одгледување на домати на отворено • Пиперки, морфолошки својства • Одгледување на пиперки • Сорти и поделба

Знаења и способности Ученикот треба да препознава и заклучува: - условите за одгледување на одделни видови плодови градинарски култури; - кои се основните карактеристики на плодовите градинарски култури, како и нивните производни карактеристики; - како се произведува расад; - како се произведуваат одделни плодови градинарски култури на постојано место; - техничката зрелост на плодовите; - берба, пакување и транспорт; - сорти на одделни плодови градинарски култури.

2. Култури од семејството тикви • Краставица, морфолошки својства • Одгледување на краставици во заштитени простории • Сорти на краставици • Лубеница, морфолошки својства • Одгледување на лубеница • Диња, морфолошки својства • Одгледување на дињи • Одгледување на тикви

Ученикот треба да познава и применува: - кои се условите за одгледување на културите од семејството тикви и кои се нивните производни особини; - техники и технологии за производство на расад; - агротехника за производство на одделни култури од семејството тикви; - техничка зрелост на плодовите; - берба, класирање и пакување на плодовите; - сорти од одделни култури.

3. Градинарски култури од фамилијата пеперуткоцветни • Боранија, морфолошки својства

Ученикот треба да познава и применува: - кои се условите за одгледување на културите од семејството пеперуткоцветни;

6


• Одгледување на боранија • Грашок, морфолошки својства • Одгледување на грашок

- кои се основните карактеристики и производни особини на градинарските култури од семејството пеперуткоцветни; - соодветна агротехника за производство; - техничка зрелост на растенијата; - берба, класирање и пакување на културите.

4. Зелкови култури • Зелка, морфолошки својства • Сорти на зелка • Одгледување на зелка • Кељ, морфолошки својства • Карфиол, морфолошки својства

Ученикот треба да познава и применува: - кои се условите за одгледување на зелкови култури; - кои се основните карактеристики на зелковите култури; - примена на соодветна техника и технологија за производство на расад; - агротехника за производство на зелкови градинарски култури; - техничка зрелост; - берба, класирање и пакување.

5. Зелјести култури • Спанаќ, морфолошки својства и производство • Салата, морфолошки својства и производство

Ученикот треба да познава и одредув��: - кои се условите за одгледување на зелјестите култури; - кои се основните карактеристики и производни особини,како и да знае да применува агротехника за производство на зелјестите култури; - техничка зрелост за берба, класирање и пакување.

6. Лукови градинарски култури • Кромид, морфолошки својства • Производство на арпаџик • Производство на главица кромид • Аршлама кромид • Производство на млад кромид • Лук, морфолошки својства • Производство на лук • Праз, морфолошки својства • Производство на праз

Ученикот треба да познава и применува: - кои се условите за производство на лукови култури; - кои се основните карактеристики и производни особини на луковите култури; - соодветна техника и технологија за производство на расад; - примена на агротехника за производство на лукови култури.

7


7. Коренови градинарски култури • Морков, морфолошки својства и производство • Магдонос, морфолошки својства и производство • Цвекло, морфолошки својства и производство

Ученикот треба да познава и применува: - кои се условите за одгледување на коренови градинарски култури; - кои се основните карактеристики на кореновите култури, како и производните особини; - примена на агротехника за производство на коренови култури.

8. Кртолести култури • Компир, производство на компир

Ученикот треба да познава: - условите за производство на поважните кртолести култури; - основните карактеристики и производни особини на кртолестите култури; - агротехника за производство на компир и самостојно производство.

9. Печурки • Значење на печурките во исхраната на човекот

Ученикот треба да познава: - какво е значењето на печурките во исхраната на човекот; - условите во кои се одгледуваат печурките; - кои се поважните печурки кои се користат во исхраната на човекот; - производството на шампињони и буковка; - како се подготвува супстрат и истиот да го засејува со мицелиум; - како се берат печурките.

8


4. СПЕЦИФИКАЦИСКА МРЕЖА НА ИСПИТОТ Во следнава шема е дадена процентуалната застапеност на подрачјата и способностите во тестот по градинарско производство. Бројот на испитните задачи од секое подрачје, кои вклучуваат и одредена група способности, ќе биде соодветен на нивната процентуална застапеност во однос на вкупниот број испитни задачи кои ќе ги содржи тестот.

П1 С1 С2 С3 ZASTAPENOST (%)

ZASTAPENOST (%)

Подрачје

СПОСОБНОСТИ

П2 30-40 % 40-50 % 15-25 %

30-40 %

60-70 %

100 %

S1 - prepoznava i razbira S2 - primenuva S3 - re{ava konkretni problemi P1 - Општо градинарство P2 - Specijalno gradinarstvo

9


5. ОПИС НА ИСПИТОТ Испитот по предметот градинарско производство е писмен. Испитот се состои во решавање тест. Времетраењето на испитот е 120 минути и се спроведува без пауза. Тестот содржи околу 50 испитни задачи.

Во тестот се застапени испитни задачи од три вида: - задачи во кои ученикот треба да избере еден точен од понудените одговори; - задачи со поврзување и отворени задачи: задачи во кои треба на означеното место да запише краток одговор; - задачи во кои ученикот треба да ја покаже целата постапка на решавање (да реконструира градба на заштитен простор, редоследно да наведе развојни фази, да спореди квалитет и квантитет на приноси во различни услови на одгледување итн.). За време на испитот на ученикот не му се потребни помошни средства.

10


6. НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ Максималниот број на бодови што можат да се освојат на испитот градинарско производство е 95. Точниот одговор на задачите со повеќечлен избор во кои се бара ученикот да избере еден од одговорите што се понудени се оценува со 1 бода. Доколку точно ги реши сите задачи од овој тип, ученикот може да освои околу 20-30 бода. Точниот одговор во задачите на кои се бара директен кус одговор (со еден или неколку зборови), исто така се оценува со 1 бод. Со точно решавање на ваквите задачи ученикот може да освои околу 45-55 бода. Задачите во кои се бара да се покаже како се решава некоја проблемска ситуација, да се дискутира, образложи или вреднува некое решение или став, се оценуваат така што одделно се оценува точното решавање во секоја фаза од одговарањето на барањата на задачата. Зависно од бројот на барањата овие задачи се оценуваат со 4-5 бода. На ваквите задачи, ако точно се решат, ученикот може да освои околу 20-25 бода. Оценувањето се врши интерно од страна на училишна предметна комисија, врз основа на однапред изготвено упатство и критериуми.

11


fsdfsdfdsfds