Page 1


СОДРЖИНА Профил на општина Струмица Визија на Општина Струмица Општи податоци за туберкулозата Факти за туберкулозата Туберкулозата во Македонија Податоци за туберкулозата во Општина Струмица Причини за појава на болеста Како се пренесува туберкулозата Кои се симптомите за туберкулозата Поставување на дијагноза Лекување на туберкулозата Превенција и спречување на ширење на туберкулозата Основни информации за изработка на Локалниот акционен план Вовед Општа цел Специфична цел Очекувани резултати Методологија и принципи Фази на Локалниот акционен план Работен тим Локален акционен план за контрола на туберкулозата 2009 – 2013 год. Координативно тело за имплементација на локалниот акционен план Одговорни институции Можни извори на финансирање

2

3 4 5 5 6 6 7 7 7 8 8 8 9 9 9 9 9 10 10 10 11 12 13 13


Профил на општина Струмица Општина Струмица е најголема и носечка општина во југо-источниот регион на Македонија.Таа се наоѓа на крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш до тромеѓето на границите со Република Бугарија и и Репулика Грција, кои се единствени соседи на Република Македонија ,кои се членки на Европската Унија и НАТО. Струмица градот под Царевите Кули во пишаните извори се среќава првпат во 181 година пр.н.е. под името Астраион. Во римскиот период градот веројатно егзистирал под името Тивериопол..Во историските извори од средниот век се среќава под две имиња: едното било Тивериопол, кое се употребувало во византиската администрација и во христијанската православна црковна традиција и второто денешното име Струмица, кое го употребувале Словените. Струмичкиот крај е богат со мошне вредни, па и уникатни културно истириски споменици од времето на антиката, па се до денес. Денес Општина Струмица со своите 24 населени места има развиена училишна мрежа, со девет основни училишта, три средни училишта, основно музичко училиште и голем број на културни и спортски установи, цркви , манастири и други верски објекти. Во општина Струмица живеат 54.676 жители, од кои 92% Македонци, 6,9% Турци, 0.,34% Срби, 0,27% Роми и по 0,005% Албанци и Власи и 0,6% друго население. 27% од населението во Општината е под 20 годишна возраст, 57% е работоспособно население од 20-60 години и 14% е старо население под 60 годшна возраст. Најголем дел од населението во Општината, 38% има средно образование, 27% е со основно образование, 4% е со више, а 7% има високо образование, 19% има непотполно основно образование и 5% е воопшто без било каква школска подготовка. Старосната структура во Општина Струмица не е особено загрижувачка, во однос на другите општини во државата. Таа спаѓа во општините кои се на прагот на демографска старост, заедно со уште 7 деуги општини. Во Струмичкиот регион има 14.793 вработени лица и 3.064 се индивидуални земјоделци, односно вкупно 17.857 лица кои остваруваат доход од работа.Во Општината има 21.587 невработени, односно за 17% повеќе има невработени во одност на лицата кои остваруваат доход од работа. Стапката на невработеност во регионот е 40,5%. Од невработените лица 60% се со ниска квалификација, 18% се со средна стручна спрема, 14% од невработените се квалификувани, а само 3% се со високо образование. Корисниците на социјална помош пораснале во Струмица од 1998 до 2002 за 60% и тоа 2062 семејства на 3339 семејства, додека пак учеството на лицата со парична помош во вкупното население пораснало од 10,8% на 13,3% во истиот временски период. Вкупната земјоделска површина во Струмичкиот регион е 32.319 ха, од кои 87% се обработливи површини. Во Струмичкиот регион има 230 сончеви денови, со 2377 сончеви часови годишно. Во регионот има 5 термо-минерални извори со температура од 71 степен на главниот извор и 56 степени на останатите.

3


Визија на Општина Струмица Струмица да биде регионален центар со континуиран динамичен развој кој овозможува квалитетен живот и благосостојба и располага со квалитетна инфраструктура, технологија и човечки ресурси кои овозможуваат рурален развој и развој на индустријата, туризмот, услужните дејности и енергетиката, како и Општина со високо здравствено ниво и едуцирани граѓани за здравствените проблеми и превенција од истите.

Миси ја Едукација на населението за превентивна здравствена заштита и влијанието врз надлежните институции за подобрување на квалитетот на здравствените услови и услуги.

Принципи на работа на Општина Струмица L квалитет, L одговорност, L законитост и легитимност, L почитување на човековите права, L одржлив развој, L еднаквост, L аналитичност, L приоритетност, L контрола и мониторинг, L тимска работа, L транспарентност, L партнерство.

Цели L Висок степен на писменост и квалитетно образование; L Квалитетен регионален здравствен систем достапен до сите; L Намалување на сиромаштијата и згплемување на вработеноста; L Подобрување на квалитетот на живеење на ранливите групи; L Обезбедување на одржливост на животната средина.

Стратешки документи на Општина Струмица L Локален акционен план за животна средина; L Програма за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита; L Стратегиски план за економски развој на Струмичкиот микро регион; L Платформа за развој на Општина Струмица 2007 -2015 год. (Врз основа на Милениумски развојни цели). L Листа на информации од јавен карактер.

4


Општи податоци за туберкулозата Туберкулозата е заразно заболување од кое може да заболи кој и да е орган или кое и да е ткиво на човекот, но најчесто заболуваат белите дробови (во 80% од случаите). Причинител на туберкулозата е бактеријата Мѕцобацтериум туберцулосис или Кохов бацил, наречена по Роберт Кох, човекот кој прв ја открил во 1882 година.

Факти за туберкулозата Туберкулозата и натаму претставува глобален важен здравствен проблем на секои 20 секунди едно лице умира од туберкулоза. Годишно во светот се јавуваат околу 8,8 милиони нови случаи на зљболени од туберкулоза, а околу 2 милиона секоја година умираат од оваа заболување.Бројот драстично се зголеми овие неколку години и тоа како резултат на инфекција од ХИВ. Во европскиот регион годишни се бележат околу 445.000 заболени од туберкулоза. Се проценува дека, во наредните 20 години речиси една милијарда луѓе ќе се инфицираат, а ако не се превземат мерки се очекува нови 20 милиони болни од туберкулоза. Се очекува дека со поголемиот број на ХИВ инфицирани лица, ќе се зголеми бројот и на заболени од туберкулоза.

5


Туберкулозата во Република Македонија Во последниве 10 години бројот на заболени од туберкулоза во нашава земја се карактеризира со мали варијации и во 2006 година беа регистрирани 627 случаи или инциденција од 31,0/100.000 жители. Најчесто заболени се лица на возраст од 20 до 50 години кои се во најпродуктивната возраст. Но , фактот дека се уште се умира од оваа болест за која има превентивни мерки и ефикасни лекови говори дека се уште многу треба да се направи за да се подобри епидемиолошката состојба на болеста во Македонија. Епидемиолошки показатели за состојбата на туберкулозата во Република Македонија.

Податпоци на заболени лица од туберкулоза во општина Струмица со сите 24 населени места кои се под општина Струмица за период 2004 – 2008

6


Кратки информации за туберкулозата Што е туберкулоза ? Туберкулозата е заразна болест која епреизвикана од бактериска инфекција (Мѕцобацтериум туберцулосис) или Кохов бацил . Најчесто ги зафаќа белите дробови, но може да го зафати и друг дел од телото. (Бактерии на туберкулоза во белите дробови.)

Причини за појава на болеста Туберкулозата е типичен пример за социјално - медицинска болест. Најчести причини се сиромаштијата, нередовна исхрана, војните, миграција на населението, лошите хигиенски и станбени услови и други. За нејзиното појавување денес ХИВ – инфекцијата е една од главните причини за влошување на епидемиолоѓијата со туберкулозата во светот.

Како се пренесува туберкулозата? Туберкулозата е заразно заболување кое се пренесува преку близок и долготраен контакт со заболено лице или предмети. Најголем извор за ширење на инфекцијата се болните со т.н. отворена белодробна туберкулоза (оние кои имаат оштетување во белите дробови – каверни). Овие болни бактериите ги пренесуваат преку зборување, кашлање, кивање, смеење кои ги исфрлаат во вид на ситни капки од каде што бактериите може да бидат вдишени од други здрави луѓе и да ја предизвикаат болеста туберкулоза во белите дробови или во други ткива и органи. Ретко влезна врата за туберкулозниот бацил мозе да се мочните патишта, оштетена кожа, око и слично.

Кои се симптомите за туберкулозата? 1.Кашлица подолга од три недели 2.Искашлување крв 3.Болка во градите 4.Покачена телесна температура,потење,треска 5.Губење на апетит и тежина

7


Поставување дијагноза Дијагноза за самата болест поставува лекар, со помош на информациите што ги добива од анамнезата и клиничкиот преглед.Мошне важно е да се обрати внимание на: 1.

Симптомите и нивното времетраење, податоците за поранешните заболувања.

2.

Се врши епидемиолошка анкета – дали во блиската околина има познат извор на зараза(болен со активна туберкулоза)

3.

БК преглед на плунка-(бактериолошко испитување на искашлокот)

4.

Рентгенска слика на белите дробови-рентгенографија

5.

Туберкулинско тестирање т.н. Манту тест : станува збор за тест со кој се потврдува инфекцијата кај организмот со бацилите на туберкулоза .

6.

Дополнителни испитувања како ендоскопски прегледи, биопсии на ткива и органи, дла бински снимања (компјутерска томографија и магнетна резонанса на другите органи).

Лекување на туберкулоза Туберкулозата се лекува со лекови – антитуберкулотици. Болеста денес може да се излекува ако се открие навреме и ако се лекува соодветно. Адекватното лекување претставува комбинација од антитуберкулотици во соодветна доза непрекината терапија која трае од 6 – 8 месеци со цел да се постигне уништување на бацилите на туберкулозата и стерилизасија на заболеното место. Ако се прекине лечењето или неадекватно се зимаат лековите може да дојде до стварање на отпорност кај бацилите спшрема лековите а тоа значи развивање на резистентни форми на туберкулозата кои се голем проблем за понатамошен третман, или да дојде до нивно не уништување. Овие болни понатаму ке бидат извор на зараза за средината со вакви резистентни форми на туберкулозниот бацил.

Превенција 1.

БЦГ вакцина која во Р.Македонија има законска регулатива за задолжителна БЦГ имунизасија.таа не е апсолутна заштита од туберкулоза.Таа штити само од тешки, малигни форми на туберкулозата во детството.

2.

Испитување на лице кое имало контакт со заболено лице од туберкулоза.

3.

Хемиопревенција или хемиопрофилакса давање терапија кај лица кои биле во контакт со заболени со цел спречување на појавата на болеста.

8

4.

Радиографија селективно снимање на лица кои припаѓаат во ризичните групи

5.

Континуирана здравствена едукација особено на младите.


Основни информации за изработка на

ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА КОНТРОЛА НА ТУБЕРКОЛОЗАТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА 2009-2013 ГОДИНА Вовед Со донесување на Законот за локална самоуправа во 2002 година формираните општини во Република Македонија (според член 20) го добиваат правото на своето подрачје да вршат работи од јавен интерес од локално значење. Од аспект на надлежноста во областа на здравствената заштита (член 22, став1, точка 9), единиците на локалната самоуправа треба да управуваат со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарната здравствена заштита, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, надзор на заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и др. Досега во Република Македонија активностите насочени кон борба против туберкулозата се спроведуваа во согласност со Националната програма за контрола на туберкулозата 2000-2005 година, донесена од страна на Владата на Република Македонија. Други значајни и правно обврзувачки документи по однос на превентивните активности во областа на годишната Програма за контрола на туберкулозата на Владата на Република Македонија, базирана врз основа на Законот на здравствена заштита од 2001 година, дополнет во 2007 година. Иако незавршена како процес, трансформацијата на надлежностите треба да биде предвидена во идните планови на единиците на локалната самоуправа. Единиците на локалната самоуправа треба да го заземат соодветното место во планирањето на активности и изготвување на план/стратегија кои ќе допринесат за контрола на туберкулозата. Значаен дел во имплементацијата на активностите за борба против туберкулозата ги покрива проектот подржан од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во Република Македонија. Со цел да им се помогне на единиците на локалната самоуправа во воспоставување на контролата на туберкулозата на локално ниво, Министерството за здравство во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, започна проект поддржан од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија за поддршка и развој на стратешки оперативни планови кои ќе допринесат за одржливо зголемување на откривањето на туберкулозно заболените и стапката на излекување. Општа цел:

Придонес кон намалување на стапката на морталитет и морбидитет од тубрколозни заболувања во општина Струмица

Специфична цел:

Изработка и имплементација на локален акционен план за контрола на туберколозата во општина Струмица

Очекувани резултати: Намалување на стапката на морбидитет и морталитет од туберколозно заболување Зголемување на бројот на превентивни контроли кај насаелението Зголемена информираност и едуцираност кај населението за причините и последиците од туберколоза Подобрена и зголемена соработка помеѓу здравствените институции, невладините организации и локалната власт во борбата против туберколоза во општина Струмица

9


Методологија и принципи Во изработката на акциониот план се применуваше методологијата на програмата * Заеднички развој на заедниците *. Во нашата земја се применува континуирано од 2002 година. Заедничката база проценка е комбинација на повеќе пристапи и методи кои им овозможуваат на ранливото население да го споделат, зголемат и анализираат нивното знаење за животот и состојбите , да планираат и делуваат и да следат и проценуваат. Главно се користи од НВО, меѓутоа, принципите и многу од методите и пристапите се повеќе се користат од организации како што е Светската банка, УНДП, ИЛО и др.

Фази во изработка на локалниот акционен план Реализацијата на овој проект се одвиваше во неколку фази: а)

Подготвителна работилница – која имаше за цел назначување на локален координатор и формирање на работен тим од страна на Општинската организација на Црвен крст Струмица кои претходно беа обучени за реализација на активности по проектот Заеднички развој на заедниците.

Тимот кој учествуваше во реализацијата на овој проект беше составен од претставници на различни дејности во општината.

Работен тим

10


б)Теренско истражување Истражувањето имаше за цел да се добијат основни податоци за познавањето и информираноста на случајните испитаници и претставници на различни институции за туберкулозата и запознавање на состојбите на локално ниво . Истражувањето беше реализирано во периодот од октомври до декември 2008 година,при што беа анкетирани 30 лица по случаен избор и околу 70 лица од средните училишта. Резултатите од спроведеното теренско истражување може да се погледнат во Анекс 1. Според извршената анализа на резултатите од анкетите спроведени во училиштата и семејствата се донија следниве резултати: L Едукацијата за туберкулозата е не доволна и не се посветува доволно внимание во образовните институции.Бевме многу изненадени од незнаењето околу овој проблем посебно во медицинските паралелки во едно од средните училишта. Како резултат на анкети што дојдовме до заклучок дека туберкулозата како заболување е табу тема во нашата средина. L Голем број од испитаниците одговориле дека не познаваат некој кој бил или е заболен од туберкулоза. L Немање доволно финансиски средства за лекување на лица заболени од туберкулоза кои се социјално загрозени L Потреба од организирано спроведување на лесно достапни контролни прегледи за туберкулоза кои ке бидат бесплатни L Подобрување на здравствените услови во болниците в) Работилница во голема група – се реализираше во текот на месец декември 2008 година. Целта на работилницата беше со заеднички дијалог и консензус да се утврдат потребите и приоритетите на локалната заедница на тема туберкулоза. На работилницата присуствуваа претставници од : локалната самоуправа, претставници на локалниот тим, претставници на ПЗЗ и АТД, претставници на организацијата на жени, претставник на хуманитарното здружение “Хуманита,, претставник од НВО Порака, лице излекувано од туберкулоза итн. Учесниците беа поделени во работни групи со цел секоја од овие групи да даде свои предлози кои би придонеле за подобрување на контролата на туберкулозата на локално ниво. Главните приоритети кои произлегоа од оваа работилница: L Едукација преку медиуми L Едукација преку предавања на учениците од заразни болести L Изготвување и делење флаери и брошури L Организирање и реализирање на периодични флуорографски снимања L Бесплатни прегледи и контроли за социјално загрозени семејства L Поддршка од Локална самоуправа и Ф.З.О L Кампања превенција по населени места во форма на трибини,дебати и промотивно едукативен материјал. д) Изготвување на “Локален акционен план за контрола на туберкулозата 2009-2013 “ Веднаш по завршувањето на работилницата во голема група се пристапи кон изработка на локалниот акционен план кој ги отсликува главните приоритети за контрола на туберкулозата кои беа утврдени во текот на реализацијата на овој проект. Истиот содржи реални и одржливи активности кои би придонеле во намалување на бројот на заболени од туберкулоза и зголемено откривање на заболените.

11


Координативно тело за имплементација на Локалниот акционен план Имплементацијата на Локалниот акционен план за контрола на туберкулозата 2009-2013 ја следи Координативно тело што го формира Советот на Општина Струмица со мандат од 5 (пет) години. Координативното тело брои 6 (шест) члена - претставници на следните институции: L Претставник од Локална самоуправа L Претставник од АТД L Претставник од здравствен сектор L Образовни институции L Општинска организација на Црвен крст Струмица L Невладини организации

12

1 1 1 1 1 1


Координативното тело ги разгледува програмските и отчетните документи за имплементација на содржините опфатени со Локалниот акционен план, што одговорните институции ги изведуваат во тековниот период. По завршувањето на календарската година доставува информација до Советот на Општината Струмица за имплементацијата во претходната година. Пред почетокот на новата календарска година Координативното тело разработува детален акционен план, со временска рамка, одговорни носители за пооделни активности и индикатори предвидени со планот што ќе бидат показатели за ефикасноста на реализирањето на активностите и го доставува до Советот на Општина Струмица и го објавува во јавноста.

Одговорни институции Одговорни институции за реализација на акции во рамките на локалниот акционен план може да бидат најразлични институции или организации во општината: L Органи и тела на локалната власт L Здравствени установи L Образовни институции L Општинска организација на Црвен крст Струмица L НВО-и L Јавни претпријатија L Медиуми L Други заинтересирани страни Примерок од програмските и отчетните документи за имплементација на Локалниот акционен план 2009-2013, одговорните институции доставуваат до Координативното тело за имплементација на Локалниот акционен план.

Можни извори на финансирање Извори за финансирање на акциите за спроведување на Локалниот акционен план може да бидат: L Буџет на Општината L Буџет на Република Македонија L Локални и национални донатори L Меѓународни донаторски институции L Приватен сектор во општината

13


АНЕКС 1 АНАЛИЗА ОД АНКЕТА ЗА ТБЦ – ОПШТИНА СТРУМИЦА

14


Вкупно анкетирани 30 лица

14- 47%- мажи и 16-53% жени

Анализа од спроведената анкета во средните училишта: С.О.У “Димитар Влахов” и С.О.У “Јане Сандански” - Струмица

Понудени можни одговори: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.

а) Наследна а) Бактерија а) Кашлање, кивање, зборување а) Да а) 1 месец а) Со изолација во болнички услови а) Деца а) Да а) Да а) Да

б) Заразна б) Вирус б) Со допир

в) Не е заразна в) Преку заеднички прибор за исхрана

б) Не б) 6 месеци в) 3 месеци б) Не е потребна изолација б) Постари лица в) Богати д) Сиромаси б) Не б) Не б) Не

15


Izvestaj TBC Strumica  

Izvestaj za TB aktivnosti vo Strumica

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you