Page 1

СО С ДЕТСКО СЕЛО М А КЕ Д О Н И ЈА

НАЦИОНАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА

СОС Детското село Македонија е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарната организација “СОС Детски села Интернационал”. Ова здружение делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција, образование и детски права.. Во склоп на СОС програмата за превенција од запоставување на грижата за децата во примарни/биолошки семејства, функционира Советодавен центар за родители и деца во населбата Шуто Оризари, Скопје, каде за успешно реализирање на проектните активности потребен ни е 1 педагошки соработник со искуство во областа на непосредна поддршка на деца и семејства во ризик од областа на образование и образовно градење на капацитети. Затоа огласува 1 (едно) слободно работно место за: ПЕ Д АГ О ШК И СОР АБ О ТНИ К Опис на работата:  Ги поддржува децата кои потекнуваат од семејства кои се во состојба од социјален ризик и преку градење на капацитетите на родителите го превенира губењето на грижата за децата од страна на нивните родители, во согласност со стандардите и политиките на СОС Организацијата како и локалните закони, прописи и процедури;  Дава воспитна и образовна поддршка на децата од примарни семејства во социјален ризик;  Спроведува групно и индивидуално советување за прифаќање на образованието;  Дава поддршка на децата од примарни семејства во школски и воншколски активности;  Дава поддршка на деца и возрасни од семејства во социјален ризик во однос на нивната професионална ориентација, како и во процесот на вработување;  Дава поддршка на деца и возрасни од семејства во социјален ризик во развивање на практични животни и социјални вештини. Потребни квалификации:  Пожелна возраст над 27 години; • Високо образование од областа на општествените науки;  Најмалку 2 години работно искуство во област на педагогија и образование; • Познавање на педагошки методолошки пристапи/практики во работа со деца;  Искуство во работа со маргинализирани групи;  Искуство во работа со деца од претшколска и школска возраст;  Искуство во описменување на деца и возрасни;  Искуство и вештини во организирање и спроведување на работилници за градење на практични животни вештини и градење на социјални вештини; • Вештини за водење на работилници;  Одлични комуникациски вештини и искуство во работа со партнери;  Искуство во учество или спроведување на проекти;  Поседување на искуство и вештини за проектно планирање, следење и евалуација на проектни активности;  Познавање на законска регулатива за социјална заштита, семејство и образование; • Добро познавање на детските и човековите права; • Познавање на говорен и пишан англиски јазик;  Отворена и толерантна личност кон различни култури;  Креативност;  Вештини за тимско работење;  Организаторски способности;  Компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point и Интернет).  Возачка дозвола “Б” категорија;  Државјанин на Р. Македонија. Вашите биографии kariera@sos.org.mk

и мотивациони писма испраќајте ги до 26.07.2012 година на e-mail:

Топол дом и грижа за секое дете

Oglas SOS Detsko selo  

Oglas SOS Detsko selo za pedagoski sorabotnik

Advertisement