Page 1


20 Oktomvri 2012

2

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


20 Oktomvri 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

^uk, ~uk, i op partiski potr~ko na vrata

5

Milioni evra za kampawata „koj e polo{“

9

Jadroto na korupcijata e vo partiite

16

50 iljadi evra go urnisaa Helmut Kol Mladite da ja menuvaat politikata, a ne da aplaudiraat

97

MAGAZIN REVOLUCIJA

Za profesorot od SAD Vulf: Socijalizmot e spas za svetot

21 24 28

Pravila za patuvawe so avtobus vo Makedonija

34

Tri (kni`evni) vooblikuvawa na Kain

39

Intervju so Bisera ^adlovska - dirigent na „Evergrin“ koncertot

44

ИМПРЕСУМ OСНОВАЧ: М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: angelovfdtme@mkrevolucija.com СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ: Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска, Симона Ѓеоргиевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија ДИЗАЈН: Славе Ангелов, e-mail: angelovfdtme@gmail.com МАРКЕТИНГ: М-р Митко Јованов Е- mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 76 52 93 89

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

3


20 Oktomvri 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

„Vodno“ - Ostin Fast „Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 АДРЕСА: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 ИЗДАВАЧ: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

4

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

^uk, ~uk, i op partiski potr~ko na vrata Никој вработен повеќе не го дава својот максимум за позицијата која ја добил, туку само брка нови партиски членови, ги принудува да се „ажурираат“ и секако да донесат и нови, и сé тоа се шири како еден вид секта. Уште еден циркуски спектакл започнува. Нема крај на деновите во кои партиските мегафони, исплашените уредници ќе го трујат народот со „теориите на заговор“ и кој ќе коленичат пред мочниците од власта. Циркусот дојде, а граѓаните ниту да се смеат ниту да плачат.

Сиромаштијата се зголемува секоја нова реклама

со

како оние циркуските, најавувајќи ги промените , најавувајќи го кандидатот прв човек на градот, кој конечно ќе ñ Како што во еден град се најавува се спротивстави на сиромаштијата. Но, доаѓањето на циркусот така и кај нас како ќе ñ се спротивстави, се прашувам, започнаа да се најавуваат локалните кога буџетот на тајната полиција е избори. Започна цела една машинерија поголем од оној кој е наменет за борба која секојдневно го измачува народот, со сиромаштијата со која се соочуваат не давајќи му ни минутка да размислува, граѓаните. за кои очигледно никој воопшто, не се грижи. Како ли ќе им се спротивстават кога не знаат што е сиромаштија, кога секој Секојдневно партиските мегафони ечат миг го минуваат со оние кои можат да

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

5


Tema Na Nedelata донираат, лобираат и зборуваат за партијата, а не со оние на кои навистина им е потребна помошта?! Дека локалните избори имаат голема важност за партиите, може да се препознае по мерките што ги прават партите на власт кои инстант ги зголемуваат пензиите, долговите им се враќаат на фирмите, се доделуваат кредити за самовработување. Но, дали е добро да се задолжува државата само за собирање на партиска подршка?! Веројатно асфалтирањето на неколку улички пред изборите повеќе не е лекот за сигурна победа, плукањето на против кандидатот, воопшто, не помага. Сега се започнува игра од која повторно само граѓаните страдаат. Сега се играат игри во кои се земаат средствата на граѓаните, се троши буџетот, но и средствата на оние кои ќе дојдат, се одзема, се краде иднината на оваа држава, само за да се осигури местото на власт денеска. Секоја реклама ја плаќаат граѓаните, а тие одвај поминуваат месец до месец да се прехранат, кои не знаат од каде ќе најдат пари да ги платат сметките, но молчат и продолжуваат да веруваат на секој убав збор, на секое ветување. А и убавите зборови се вистинска реткост да се слушнат. Сé се тоа навреди, пцости, но и времеплови во кои се наведуваат да се сеќаваат на грешките од минатото, додека с е г а ш н и т е грешки ги

6

BR.97 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

загушуваат граѓаните. Ритамот на 24/7 прикажување на циркуските претстави на граѓаните продолжува во посилно темпо, како што наближуваат изборите. Нема повеќе приватност-за никој и никаде, а демократија, никако! Покрај тоа што не се почитува маката на граѓаните, што не се слушаат неговите барања, што не се решаваат неговите проблеми, во оваа бескрупулозна трка за власт не се почитува ни неговата приватност. Со маката на граѓаните се игра на секој чекор. Кога насилниците дојдоа на сцена, партиските гласови започнаа да се собираат на сила, со закани, уцени, навреди и понижувања. Голем дел од граѓаните својот глас го плаќаат со својата социјална помош, за која се уценувани дека ќе ја изгубат, како таа да зависи од вољата на властодршците, а не од силата на законите. Нема врата во државата на барем еднаш не потропал некој „партиски

REVOLUCIJA

која


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata Дури и оние младите, оние кои треба да ја носат оваа држава кон подобро утре, го даваат својот глас за замена за студентска соба.

добронамерник “, кој само сака да го информира домаќинот за гледиштата на својата партија. Но, за кои гледишта му кажува не знае ни тој самиот, бидејќи ја извршува само својата задача, делегирана од партискиот штаб, за да може да се искачи само неколку места погоре на списокот за идни вработувања. А, пак, со вработувањата и државната администрација-е сосема друга приказна. Веќе не се свикуваат работни состаноци на кои се зборува за проблемите, за начините на пристап кон работата, туку се свикуваат еден вид на партиски состаноци на кој секој говори за бројот на гласачи кој го собрал, за часовите кои ги минал седејќи молкум во блискиот партиски штаб. Никој вработен повеќе не го дава својот максимум за позицијата која ја добил, туку само брка нови партиски членови, ги принудува да се „ажурираат“ и секако да донесат и нови, и сé тоа се шири како еден вид секта. Буџетските средства одат за плати за оние кои целото свое работно време „гонат“ гласови. Сега секој вработен наместо извештај за своите дела мора

да донесе список со 20 сигурни гласачи, кои го помогнале истиот партиски ешалон да се задржи што е можно повеќе на власт. На списоците се пишуваат имиња, презимиња, телефонски броеви, па подоцна се проверува дали тие луѓе ќе гласаат за партијата. А каде е тука правото на избор, на демократија, на донесување на самостојни одлуки?! Наместо вреќа брашно, закани и уцени Дури и оние младите, оние кои треба да ја носат оваа држава кон подобро утре, го даваат својот глас за замена за студентска соба. Партиските превирања немаат разбирање за студентскиот стандард, па дури и спиењето во распадната барака мора да се плати со вечна партиска лојалност. И целата кампања, секако, им се објаснува на пензионерите, они кои се офајдија неколку илјади денари од оваа кампања. Оние кои тврдат дека се задоволни, а воопшто не размислуваат дека нивните деца, внуци немаат ниту здравствено, ниту пензиско осигурување, дека не работат или, пак, работат на црно и дека секој миг се молат за подолг живот на

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

7


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

своите родители, за да може да крпат поскапени продукти, тие не добиваат крај со крај со таа „зголемена“ пензија. ништо, туку само закани, уцени, тешки зборови и прекорни погледи. А каде се тука потребите на сиромашните?! Во минатото барем за својот глас добиваа И секако ќе го дадат својот глас, за да вреќа брашно, масло, сол, шеќер. Во им продолжи оваа мизерија во кога веќе оваа економска криза, кога токму тие се навикнале да живеат. намерници се на врвот на листите за

Гоначи на гласови

пред одржувањето на изборите за време на законската изборна кампања (20 Милионите кои се трошат за ова дена наназад од денот на одржување на вознемирување на граѓаните, за изборите). секојдневно измачување со оваа циркуска претстава не се познати, само Значителен број гласачи (околу 15е познато дека граѓаните плаќаат да 20 отсто - што не е за занемарување) бидат измачувани, а потоа ја плаќаат што имаат изградени преференции или и цената од присилниот избор кој го политички ставови, одлучуваат за кого донеле. ќе гласаат во последните 30 дена пред изборите. Тогаш зошто се трошат овие Македонските гласачи, според сегашниот пари за кампања која на граѓаните само индекс на гласање, полесно излегуваат им го уништува животот?! на гласање за парламентарни, отколку за локални избори. На партиските дразби, според истражувањата на „Брима Aвтор: Наташа Димеска Галуп“, реагираат најмногу непосредно

8

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Milioni evra za kampawata „koj e polo{“ Според пораките кои власта и опозицијата во последно време си ги праќаат преку телевизиски спотови, митинзи, билборди, се чини дека Македонија ја очекува повторно политички жежок период од кој ни не ма спас а и веќе виден филм. На неполна година до локалните избори, политичките противници ја почнаа кампањата „малку“ порано од вообичаеното.

така нé бомбардираат секој Божји ден преку своите прес-конференции, преку собраниските говорници, преку своите плакати, летоци... Како цело време да живееме во една предизборна кампања, зона на самракот од која не можеме да излеземе.

Аналитичарите се согласни дека кампањата за локалните избори е прерана. Законот јасно и гласно вели Така, денеска сме бомбардирани со дека политичката кампања се води 20 постојаното рекламирање на владините дена пред денот на изборите-но, нема активности, а од неодамна се појавија кој да го почитува законот во земјата, а серија на реклами во кои владејачката и нема кој да ги советува партиите да го ВМРО-ДПМНЕ потсетува на грешките намалат малку темпото и дека има многу кои ги правеле владите на опозициската време до следните избори. СДСМ. Ако денот по утрото се познава, ова ќе Најголемата опозициска партија во биде долга, долга година до следните земјата, пак, организира средби со избори. граѓани и митинзи низ села и градови... Така нé бомбардираат и повеќе од законските 20 дена изборна кампања,

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

9


Tema Na Nedelata Трка кој е полош

MAGAZIN REVOLUCIJA

внимание на предизборните ветувања, тие остануваат за толкување на аналитичарите, нивниот дух го „креваат“ сплетките и обвинувањата. Тие посакуваат да го кренат својот глас, да извикаат „Уааааа!!!“ и да посочат кон виновникот на нивната „неволја“. Гласаат не за некоја опција, туку против другата, која за нив е „полошиот“ избор.

Политиката во земјава е главна преокупација на народот! Преокупација, која сé повеќе се зголемува, па и ескалира. Сплетките, говорите, летоците, митинзите, малите подароци како „знак на внимание“-сето тоа е дел од тактиката за привлекување на повеќе гласачи, сето тоа е дел од „перењето мозок“ на граѓаните, од психолошката Опишувајќи ја игра врз избирачите. Негативна и неинвентивна кампања, која е насочена, главно, кон противникот, а помалку кон презентирањето на сопствената програма, е карактеристика на досегашните изборни трки во македонскиот и во албанскиот политички блок. Политичките аналитичари знаат дека нашите избори се со огромен гнев, на кои партиите ги вадат сите „валкани алишта“. Кој, каде, со кого и колку- сé се дознава во предизборието. Се мавта со кривични пријави и се обвинува и тоа јавно. И двете партии се занимаваат сами со себе.

Таквиот пристап, генерално, го симнува нивото на политичкиот дискурс, а кај нас има една ненормална ситуација во која партиите се натпреваруваат за тоа кој бил полош. Со тоа практично признаваат дека се лоши неодговорни и без резултати. Ама, велат, другите биле досегашната политичка полоши. предизборна кампања, во една своја Таа логика нé доведе до дното. За жал, колумна, Венко Андоновски ќе напише:„ колку повеќе се повторува, почнува да Кампањата е и воздржување. Таа треба има ефект кај дел од луѓето. Ситуацијата да понуди аргументи, студено да ги во која се наоѓаме е хаотична и на повторува по илјада пати ако треба.

граѓаните им треба „виновник“ по кој би Кај нас, дури и кога има аргументи, плукале, врз кој би ја исфрлиле целата придружени се со хиперсилни емоции. омраза и бес. Емоциите, пак, како што е познато, се Никој од граѓаните и не обрнува непријател на аргументите. Климакс на

10

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

емоцијата е навредата. Нема ден да не чуеме навреда до политичкиот опонент. Отровна, како од теткици раскарани во малоградска кавга. Обраќања на „ти“, како да паселе овци заедно. Па, и пасат. Овците сме ние. Граѓаните, гласачите“. Социологот Илија Ацески тврди дека

ниво, полна со навреди, уличен говор, клевети и обвинувања. „Во говор од само 5 минути се сее страв и ужас, посочувања на крадци, убијци, мафијаши, што влијае негативно на психичката свест на обичниот граѓанин со кој се манипулира, уценува и се навредува неговата интелегенција”, истакнува Ацески. Масовност како манипулација Освен од митинизите низ градовите во земјава, политичките партии атакуваат од реклами низ сите медиуми, билборди, па сé до пенкалца, маици и капчиња со нивното лого. Новитет е дека на последните избори посебни партиски тимови се фокусираа и на интернет-кампања. Голем број на лидери на политичките партии имаа профили на Фејсбук, а активни вебстраници имаа сите партии- сé да изгледа дека тие се поблиску до нас, тука за нас, тука за гласачите. Експертите велат дека што поголемата присутност на политичките партии и расфрлање на пари за маркетинг за време на предизборните кампањи, кај граѓаните одава впечаток за нивната моќ и тоа е на одреден начин манипулација и привлекување на гласачите.

реториката и естетиката на сите политички партии и за време на изборите во целост се навредливи за интелигенцијата на граѓаните.

Со големиот број на реклами, билборди, летоци... се создава впечаток дека таа толку моќна политичка опција штом има толку многу пари и организација, па најверојатно ќе победи.

„Не гледаме ништо ново. Напротив, сé е исто, дури и многу полошо. Тоа што го гледавме и слушавме на овие избори од секаков аспект е вистинска навреда за обичниот човек”, смета Ацески.

Па, во тој момент граѓаните почнуваат да калкулираат во однос на она што би претставувала победата на одредена политичка опција за нивната егзистенција. Да признаеме, секој сака да биде сојузник со посилниот, со

Реториката е на сосема непристојно

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

11


Tema Na Nedelata победникот, и тоа повеќе од свои лични прични, отколку од чистата желба да токму таа партија победи. Заради манипулација се организираат и масовни митинзи, се обезбедуваат голем број на подржувачи да го следат политичкиот караван од град до град, се изнајмуваат автобуси за превоз на симпатизерите. За да сето тоа изгледа помасовно и поподржано од поголем број на граѓани, па аналогно на тоа партијата е сигурен победник.

MAGAZIN REVOLUCIJA

на медиумите, кои како никогаш досега толку јасно не заземале страни. Дециден е дека медиумите не известуваат, туку лобираат. „Жалосно е што медиумите во принцип го отфрлаат рационалниот дел од говорите, а акцентот го ставаа на нискиот говор, некогаш и превртувајќи ја смислата и контекстот на кажаното. Тоа јасно го покажува нивото и опсегот на политичката комуникација”, истакнува Бабунски.

Сето тоа за да се создаде визуелност за масовност и огромна поддршка во очите на своите симпатизери, па и кај останатите и да се јави желбата да станат дел од победничкиот тим. Ова е уште една тактика во политичкиот свет, која до сега се покажа како мошне успешна и која ја „голтаат“ избирачите. Ако лицето постојано го гледаат, на секој чекор, тоа (сакајќи или не) се врежува во нивниот мозок. Тука особено голема улога играат медиумите, кои се декларираат како „објективни“ и „непристрасни“, а дури и на мало дете му е јасно дека тоа не е така. Комуникологот Климе Бабунски има сериозни забелешки за пристрасноста

12

BR.97 MAGAZIN

Дејството на ТВ-спотовите Политичкиот спот, покрај својата демонстрација на моќноста, од друга страна, пак, за цел има да го доближи кандидатот до избирачите. Пораката е едноставна- кандидатот ем е политички силен, ем има добра организација зад себе, ем е дел од „обичниот народ“, па мора да е најдобрата опција. Политичките најкористената

REVOLUCIJA

ТВ спотови се форма на политичко


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

рекламирање во светот. Освен што се најкористената форма, на продукција и емитување на ТВ- спотовите се одлева и најголемиот дел од буџетот на секоја изборна кампања. Политичките партии се обидуваат да направат ефективен спот кој ќе допре до емоциите, кои ги наведуваат граѓаните на гласање. Преку спотот тие се обидуваат да психолошки влијаат врз нив, да го сменат нивниот поглед и нивното мислење за кандидатот. Што промовираат овие спотови?

семејството и поврзаност со семејството е многу силен и затоа ваквите реклами функционираат. Токму во овие спотови се прикажува семејството на кандидатот или како кандидатот зборува со децата или држи нечие бебе во прегратките. Авторитети - Добро познат концепт во рекламирањето. Авторитет или позната личност ви кажува да подржите одредена опција. Ова се случи минатата година, кога коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ преку изјава во телевизиски спот ја подржаа странски политичари.

Патриотизам – Успешни се покажале спотовите кои акцентот го ставаат на патриотизмот како главна одлика на кандидатот. Спотовите ги истакнуваат љубовта и пожртвуваноста на кандидатот за татковината, затоа кај нас слоганите најчесто ги содржат зборовите „За Македонија“.

Бендвагон ефект - Во спотот се креира атмосфера дека веќе сите го подржуваат или ќе гласаат за кандидатот. Ова се најчесто спотови во кои покажува маса на луѓе, инсерти од големи митинзи, протести и слично. Овие спотови имаат за цел да ја покажат големина и силата на партијата или кандидатот. Спотот од протестниот марш на СДСМ пред Нова Семејство - Во рекламниот спот се година е класичен пример за тоа. користат визуелни асоцијации на среќни семејства или пак се креира Факти и бројки - Овој тип на имиџ на кандидатот како семеен човек. рекламирање најчесто го практикуваат Човечкиот инстинкт за љубов кон партиите на власт, но и негативните

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

13


Tema Na Nedelata спотови против опозицијата се користат со оваа техника. Партиите на власт најчесто прават спотови во кои прикажуваат преку факти, бројки и статистика како придонеле за развој на државата. Ова е нешто што ВМРО ДПМНЕ го практукува од почетокот на своето владеење. Обичен човек - Спотот има за задача да го претстави кандидатот како најобичен граѓанин и нормален човек. Целта на овој пристап е да приближи кандидатот до гласачите и може да биде многу ефективен во услови кога истражувањата покажале дека кандидатот е перцепиран како далечен или делува претенциозно. Одење на кандидатот низ народот, ракување со народот, слушање на некоја бабичка, која се жали како не ñ стига пензијата....- сето тоа е психолошка игра со граѓаните.

14

BR.97 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

„Приказни за срцето“ - Дефиниција за спот кој раскажува емотивна лична приказна на некој обичен човек во која е веројатно да се препознаат граѓаните. Поистоветувањето на сопствената судбина со туѓата може да биде многу ефективно и да стимулира одредена целна група. Класичен пример за ваков спот е кампањата за легализација на земјиштето, каде еден дедо раскажува за својата животна судбина или, пак, приказната за стечаецот, кој „се развел поради приватизацијата на Бранко Црвенковки“... Страв - За спотовите кои го потикнуваат стравот кај гласачите може многу да се напише. Важно е да се каже дека најчесто се користат во негативната кампања, односно во спотови кои треба да укажат што сé лошо може да се случи кога противникот би ја имал власта во

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

свои раце. Од една страна политички спот е нормален дел од секоја предизборна кампања, меѓутоа, кај нас овие спотови повторно и повторно се емитуваат и тоа главно еднопартиски во медиумите. Паралелно на тоа одреден медиум преку рекламите пропагира само по една партија или коалиција. Тоа е затоа што главните лица во медиумите се најчесто партиски војници, кои дирекно или индирекно ќе извлечат некоја корист од победата на одредена политичка опција.

на државата, годишно во партиските каси се влеваат околу два милиона евра народни пари.

Меѓутоа, со кампањите политичките партии ја демонстираат својата сила пред гласачите и пред другите опции. Колку поголема е кампањата, толку посилна е опцијата, барем таков впечаток се остава. Од друга, пак, попрактична страна политичките партии на овој начин ги задолжуваат своите кандидати, кои по освоениот мандат, ќе мораат да ја враќаат „услугата“ и да останат послушни на луѓето кои потрошиле Кампањата ја демонстрира силата толку многу пари за да тие седнат во Не е тајна дека предизборните кампањи „фотелјата“. чинат многу пари, но тајна е колку Зошто гласаме? изнесува точната сума. Според законот, политичките партии, за време на Ако го сумираме сето ова и се запрашаме кампањите можат да потрошат по 181 „А, зошто тогаш гласаме?“. Ќе добиеме денар или 3 евра по глас. Експерите поразителни и нелогички одговори. велат дека измените на законот Гласаме за да ја казниме „лошата“ опција, дозволуваат и пари од донации, од гласаме за да го посочиме „виновникот“ фирми или правни лица преку кои се за нашите проблеми, гласаме за да собираат големи средства. Голем дел станеме дел од „победничкиот“ тим од потрошените пари не се пријавуваат (изманипулирани со предизборната и ги нема во извештаите и кампањите тактика), а со тоа и да извлечеме некој според познавачите може да се користат ќар за себе, а ретко кој од нас гласа и за перење на пари. затоа што верува во идеологијата, во претставената програма, затоа што За билбордите, летоците, рекламите верува дека работите ќе се сменат. политичките партии трошат многу големи суми, најчесто тоа е неколку пати Автор: Елена Павловска повеќе од она што е со закон дозволено или што може да го потрошат за време на кампања за најразлични видови на промоција на партијата, на политиката на коалицијата, но кога на крај ќе се сумираат резултатите се чини дека премногу скапо чинат тие гласови. Политичката забава до идната пролет, кога треба да се одржат локалните избори, граѓаните сами ќе си ја платат, зашто според буџетот и завршните сметки

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

15


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Jadroto na korupcijata e vo partiite На крајот на минатата година сите партии вкупно, во Централниот регистар, пријавиле годишен приход од 168.947.038 денари или околу 2,7 милиони евра.

Фирмите кои победиле на Една година после парламентарните изброри финансиската дупка од 3,3 милиони евра со кои тендери воедно победничката партија ВМРО-ДПМНЕ ја финансираше се јавуваат и својата кампања сé уште не е затворена. За оваа финансиска дупка на ВМРО-ДПМНЕ постојано како донатори на потсетуваат од опозицијата. Според законот за партијата ВМРОфинансирање на политичките партии, сите долгови ДПМНЕ. мора да се покријат непосредно после изборите. Партиските доверливо

финансии-строго-

обезбедено на нивните сметки. ДУИ од донации обезбедила околу 70 илјади евра, а потрошила плус 50 илјади евра.

Финансирањето на партиите преку нелегално стекнати пари, се извор на ДПА собрала 10 илјади евра, а потрошила корупција. Неопходни се повисоки казни речиси 45 илјади евра. ПОДЕМ, пак, на и поголема надлежност на институциите сметката ималa 1.250 евра, а потрошилa кои . Митинзи, штабови, реклами, промотивен материјал и посети на градови и села... сето тоа е дел од предизборната кампања, а партиите не штедат во борбата за гласови. Но, колку навистина потрошиле во трката за место во собраниската фотелја и од каде им се парите e сé уште е тајна. Партиите на овие избори имаа обврска да поднесат финансиски извештаи за финансирањето на изборната кампања која треба да се одвива единствено преку сметки отворени за таа намена. Сепак Обединети за Македонија, СДПМ, НДУ и ПДП досега воопшто не доставиле извештај до Државната комисија за спречување на корупција, а ВМРОДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ПОДЕМ потрошиле повеќе пари отколку што имале

16

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

2.000 илјади евра, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од донации обезбедила над 500 илјади евра, а кампањата ја чинела дополнителни 400 илјади евра. Пример 1: Списоците на партиските донации покажуваат дека имињата на донаторите за изборната кампања на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, се совпаѓаат со имињата на земјоделци што лани и годинава добивале субвенции од Владата. Сомнително е што имиња кои фигурираат како донатори се воедно и фармери кои добиле од државата субвенции за растително производство, производство на житни култури, за овошни насади, поддршка за населението од ридскопланински и погранични подрачја, за семејни земјоделски стопанства во подрачја со отежнати услови на

производство, поддршка за произведено и продадено грозје... Случајно или не, дваесетина лица со исто име и презиме се донатори на партијата на власт а истовремено се на листата на фармери што добиле субвенции од државата. Пример 2: Фирмите кои победиле на тендери воедно се јавуваат и како донатори на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Пример 3: Фантом-донатори на ВМРО-ДПМНЕ. На партискиот список на донации за изборите што се одржаа пред три години стои лице кое донирало 200.000 денари, неговата мајка донирала 50.000 денари, а неговата сестра 300.000 денари. Истото тоа лице сега вели дека првпат слуша за такво нешто и е вџашен, затоа што на списокот фигурираат имињата на членови на неговото семејство, за кои тврди дека никогаш не ја финансирале кампањата на владејачката партија. Ако тој тврди дека не ги донирал парите, се поставува прашањето кој е тогаш вистинскиот фантом-донатор на 550.000 денари, односно на речиси девет илјади евра? Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, по тој повод изјави дека не е надлежен да одговара на прашања поврзани со финансирањето на кампањите и новинарите ги упатува кај повисокото раководство на партијата. „Па, зошто тогаш овие од власта не се самоуапсат, бидејќи нивната кампања е финансирана со средства кои според Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), немаат никакво покритие?! Чии се тие пари? Грчки, српски, бугарски!!!??? Или македонски? На кого сé му должи повеќе од три милиони евра –пари ВМРО – ДПМНЕ, од донации,

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

17


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

обезбедиле 31.930.000, а потрошени се 272.256.168 денари, според ДКСК, разликата меѓу приходите и расходите изнесува минус 204.402.493,00 денари), кои ВМРО ДПМНЕ наводно ги должи како потрошени, а не се платени, во кампањата во вонредните избори за пратеници?! Треба ли доверителите да побараат поведување стечајна

а кај ВМРО 3,4 милиони, сумите се изразени во евра во двата случаја.

постапка за оваа партија пред судот, која направила поголеми трошкови од дозволеното за изборната кампања и не ги платила? Доколку ги исплати тие трошоци, од кои средства тоа ќе го стори, бидејќи за изборната капања таа не успеала да ги обезбеди средствата, согласно Изборниот законик и финансирање на изборни кампањи?“ Со ваква содржина се бројните критики од опозицијата и дел од медиумите со опозициска провиненција.

Се троши повеќе од дозволеното

СДСМ ја нема прикажано во извештајот донацијата од А1 телевизија, во форма на неплатени реклами. Истиот проблем е и со донацијата на телевизите Сител и Канал 5 во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа што во извештајот ги има прикажано побарувањата. Сумата кај СДСМ е 10,

18

BR.97 MAGAZIN

Двете веројатно ќе платат казна во висина од неколку илјади евра во денари. Колку што предвидува сегашниот закон. Кој во иднина мора да се менува и за изборите да важат истите сметководствени правила како за било кој друг субјект.

Еден од главните извори за корупција и криминал во Македонија се политичките партии, таму се главните валкани работи што се одвиваат, особено периодот на одржување избори. Неофицијално кога ги следат, кога прават мониторинг на сите објави во медиумите, билборди итн., излегува дека трошат, три, четири, пет пати повеќе отколку што тоа е дозволено. Значи проблем е недоволната контрола за трошењето во време на изборните кампањи. Никогаш партиите не се однесуваат согласно законот, како тие да се државата. Според

изборниот

REVOLUCIJA

законик,

една


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

политичка партиија за време на предизборната кампања може да добие пари од чланарина, донации или, пак, од сопствени приходи. Физичките лица може да донираат до пет илјади евра, а правните пет отсто од нивната зарботка во текот на изминатата година. Поранешниот антикорупционер и адвокат, Драган Малиновски, вели дека повеќе од очигледно е дека таквата законска рамка не

кореспондира со она што се случува на терен. „Се прават на некој начин фиктивни списоци за да се прикажат по пет илјади евра, две илјади евра итн., што многу често се покажа дека не се вистинити, односно дека тоа се прави чисто за да се задоволи формата на законот.“ Казни за лидерите Антикорупциска поднесе прекршочни пријави за Обединети за Македонија, СДПМ, НДУ и ПДП, бидејќи не поднеле финансиски извештаи за сметките отворени за изборната кампања. Казните според изборниот законик се до пет илјади евра. Досега ниту една партија или организатор на кампања не биле казнети со парична или затворска

казна. Единствено лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски беше уапсен и е во затвор поради сомнение за незаконско финансирање на кампањата. „Важечките прописи во Македонија се добро уредени, меѓутоа законските санкции се, според наше мислење, премали. Мислам дека граѓаните, а пред сé и правниот поредок, добро

е да знаат кој во вистински износи ги финансирал политичките партии, се со цел утре кога политичките партии би дошле на власт да се види како се однесуваат кон своите финансиери. Според сегашните прописи на одредени партии дури и им одговара да платат одредени санкции, затоа што прават таков тип на злоупотреби кои многукратно ги надминуваат казните. Според тоа, апсолутно сме за тоа да се направи едно силно заострување на прописите, да се предвидат и затворски казни за злоупотреби, бидејќи тоа е единствениот начин за партиите, колку толку, да се доведат во ред“. Ова се дел од размислувањата и на експертите во Македонија.

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

19


Tema Na Nedelata

Криминалецот не може да се бори против криминал

MAGAZIN REVOLUCIJA

интереси кои се спротивни на државата.

Според невладините организации, Ако го истражуваме финансирањето на извештаите што ги доставија политичките партии тогаш ќе може и политичките партии покажуваат дека да отидиме во вистиснкиот парвец на тие не ја отсликуваат реалната состојба зародишот на корупција чии креатори со изворите на приходите и расходите. се политичарите. Инсититуциите Ова, според Транспарентност се немоќнибидејќи нема законска Македонија, покажува дека регулатива која ќе ја гарантира нивната финансирањето на кампањите на независност за водење истраги. Во политичките партии во голем дел се Македонија и денеска е исто како и во одвива по нерегуларни канали. времето на комунизмот, кога партијата беше државата, денеска разликата е Петковски: Кој јавен обвинител ќе во тоа што наместо една партија, имаме побара од Груевски 5.000 евра? најумалку две моќни партии кои си го дозволуваат самоволието да се сметаат Опозицијата потсетува дека Државниот ревизор дозволи ВМРО-ДПМНЕ долгот себеси за дражава. од 3,3 милиони евра, од предизборната Не се води сметка ниту за потеклото кампања, да си го префрли на редовната на парите од донаторире, дали з анивц банкарска сметка и така да го исплаќа. е платен данок. Затоа имаме состојба политички партии да дојдат на власт со Кучињата лаат, караванот си врви. финансии од непознати извори кои потоа Кучињата кои останаа и понатаму да ќе ја спроведуваат власта и притоа лаат, веќе гласот им е зарипнат. постои опасност да спроведуваат неќии Автор: Олгица Петревска

20

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

50 iljadi evra go urnisaa Helmut Kol Партиската корупција или нелегалното финансирање на партиите, желбата за моќ и нечесно заработени пари-се проблеми кои се зародиш на корупцијата во општеството. Тие станаа политичка стапица за вреднување на работата на еден политичар.

изминатите 20 години.

Меѓу нив беа Хелмут Кол, Вили Клас, Џулио Андреоти, Бетионо Кракси, Силвио Берлускони, Едит Кресон... Причините поради кои тие го правеле тоа, можеби никогаш нема да се дознаат, но она што е сигурно е дека довербата во Имено, критериуми како иновативен нив и нивната политичка партија беше капацитет, големина, кредибилитет или нарушен подолг период. реформски потенцијал на политичарите. Во меѓувреме, останува иксуството За успехот на еден лидер не е мерило од скандалите во европските држави само да успее да ја доведе до изборна дека функционирањето на државата и победа својата партија, туку и особините системот во целина, е тоа што треба да и техниките на владеење, потоа. биде свето, да бидат функционални и Сепак, Европа беше сведок на серија да го спроведуваат зкаонот без разлика финански скандали, да видиме како дали некој е премиер, претседател, европските држави се справуваат со нив министер или друга државна функција.

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

21


Tema Na Nedelata Таткото на обединета Германија заврши со корупциски скандал

MAGAZIN REVOLUCIJA

Таа беше првата држава во Европската унија која воспостави дипломатски односи со Босна и Херцеговина.

Нема сомнение дека некогашниот германски канцелар, Хелмут Кол, ќе Сепак, корупцискиот скандал ја наруши остане засекогаш запаметен по својот сликата за совршената политичка успех за обединување на Германија. кариера на Кол и придонесе тој да не биде запаметен само по своите заслуги. Оваа година се навршија 30 години од неговото именување како германски Во 1998-та година Кол доживеа пораз канцелар, кој владееше 16 години на изборите и своето место мораше во Германија и во чие време падна да му го отстапи на лидерот на Берлинскиот ѕид. социјалдемократите, Герхард Шредер. Една година по изборниот пораз, изби Денот на повторно обединување на скандалот за нерегуларности околу Германија е врвот во политичката кариера донациите на неговата партија. на германскиот канцелар Кол кој воедно беше лидер на Демохристијанската Германските христијански демократи унија. платија висока казна, а Кол кој негираше дека имал лична корист, Кол е личност на која не се припишуваат мораше да ја напушти својата функција само заслугите за обединување на во партијата. Во 2000-тата година тој Германија, туку и за чувството на поднесе оставка на местото почесен одговорност на тогашната влада на претседател на Демохристијанската обединета Германија, стабилните односи унија, поради противзаконско собирање кои беа воспоставени со Русија и другите парични донации, додека ја предводеше источно-европски соседи. германската влада. Во моментот на распад на Југославија, За време на расплетот на приказната, Германија имаше водечка улога во тој одбиваше да ги открие донаторите, признавањето на Хрватска и Словенија. а довербата на јавноста во Германските христијански демократи значително опадна. Тоа ја наруши и стабилноста со Источна Германија која веќе беше огорчена поради политичката доминација од Западна Германија. Се појавија коментари дека обединувањето во 1990-тата година било само едноставна размена на еден гнил систем во

22

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

кој владееле комунистите, со друг систем во кој владееле парите. Во 2002та година Хелмут Кол го напушти пратеничкото место во Бундестагот и официјално се повлече од политиката. Кол лесно се извлече по финансискиот скандал, избегна затворска казна за неевидентираните донации во вредност од 50 илјади германски марки. Но, она што е важно е

дека мораше да ја напушти својата функција, а корупцискиот скандал за тајните банкарски сметки и перењето пари, дефинитивно ја поткопаа неговата репутација како татко на обединета Германија. Истовремено, поддршката за неговата партија значително почна да опаѓа. Тоа не беше најтежок момент само за неговата политичка кариера, туку генерално за Германија, која ја намали доверба во политичкиот систем. Сега откако се соочи со здравствените проблеми, се чини дека никогаш нема да се дознае како размислува и дали воопшто се кае за своите корупциски афери.

Додека кај нас, во Македонија, аферите со партиското финансирање достигнува милионски суми евра, сепак на никој досега влакно не му фали. Исклучок е ЉУбе Бошкоски, сепак тоа е специфичен случај, мотивиран од политички причини него од постоење корупција. Автор: Симона Ѓеоргиевска

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

23


Mladi So Stav

MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladite da ja menuvaat politikata, a ne da aplaudiraat За политика махери, за мудростшалабајзери

овие држави младите со повлијателни.

Ова сигурно ви изгледа како една Ние Македонците сме еден посебен фантастична приказна за македонски вид на народ. Замислете само дека во услови. Речиси е невозможно да една Франција или, пак САД, голем дел пронајдете протест на млади каде во од младите немаат ни идеја кои им се позадина не стои некоја од политичките премиери, кои политички партии се во партии. Изгледа на политичарите им коалиција, а не пак да бидат дел од здодеа меѓусебната борба во Собранието, некоја партија. па понекогаш се решаваат да поработат и на терен, само што не сфаќаат дека Ќе кажеме дека тоа не е до нас туку со тоа ја расипуваат младината. Немаме до нашиот балкански дух, но прашајте ништо против некои од партиите да ги некој словенски или хрватски студент подржуваат барањата на младите, но не да наброи пет политичари, едвај ќе ви е во ред кога тие ги користат младите за каже еден- претседателот. да на тој начин го зголемат својот рејтинг Најчесто младите се тие кои први го и влијание. Пример, студентиските креваат гласот и најчесто тие се луѓето избори на државниот универзитет УКИМ, кои храбро застануваат и се борат за кои не поминуваат без да се замешаат своите идеали, без никакви посебни владејачката партија и најголемата политики и без манипулација, без да се опозициска партија. исполитизари претходно, токму затоа во Во Македонија бевме сведоци само на

24

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

еден поголем студентски протест. Ако денес прашате некој од студентите од тоа време ќе ви каже дека протестот бил политизиран. Како и сé друго во оваа држава. И, да, во право се, особено од денешна временска дистанца тоа уште повеќе се осознава. Ние се навикнавме веќе на тоа, па небаре и соживеавме во целост со улогата. Понекогаш има некои изливи на млади, чии револуционерни жили не им дозволуваат да седат со скрстени раце, но и тие згаснуваат поради тоа што немаат поддршка, кај своите приврзаници, кои повеќе се наклонети кон партиите него кон автентичните иницијативи на малдите.

промена, или пак да поведат автентични свои иницијативи и политички движења. Ставовите денес можеме само преку пишан збор да ги искажеме, она на терен ќе го оставиме за друг пат, за некое време, кога можеби ќе нема друг избор и излез од ситуацијата во која се наоѓаме и кон која се движиме се позабрзано. Експерти само „за насловна страна“ Некако сите станавме експерти за пред компјутер, слободата наречена Интернет ни даде за право да фалиме и плукаме по кој ќе стигнеме. Но, она реалното противење и борење за ставовите остана во минатото, во времето на гемиџиите.

Ќе се навратам на зборовите на Мисирков, каде вели дека „Револуцијата Младите дефинитивно треба да се е најглупото нешто што можеме да го оттргнат од партиската политика, ако не направиме“, но зарем и молчењето не е можат да влијаат врз нејзе во насока на исто толку глупо?!

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

25


Mladi So Stav Проблемот кај нас, барем од моја лична студентска страна е тоа што премногу лесно си дозволуваме некој да ни дава совети, сметајќи дека тој некој има повеќе искуство од нас. Кај нас владее едно безредие, но не такво за да не можеме да воспоставиме некаква контрола, туку безредие при кое не можеме да ги искажеме мислите, затоа што веќе сите критериуми се срушени за водење јавна дебата и дијалог.

MAGAZIN REVOLUCIJA

во заден план Политиката-нов порок кај младите Моќта на политичките партии е несомнена во македонското општество. Никој не може да се бори со еден од најновите пороци. Ако не си во обложувалница или во некоја кафеана, тогаш си застанат на некој да му аплаудираш на „мудростите што ги дробел“ цели три часа, на некој митинг. Ние младите станавме држачи на знамиња кои се обоени со бои, кои нам не ни прилегаат, кои нас нé отсликуваат, со вакви манири, тешка ќе ни биде не само сегашноста, туку иднината.

Премногу се потценуваме и дозволуваме, народски кажано, да ни се „качуваат на глава.“ Ние ќе кажеме дека нема да дозволиме, но останува само на тоа, „Живеј денес за утре“ е мудроста која ни ниту чекор понатаму. преостана и ништо друго. Тоа ние самите Иако новите генерации кои допрва го направивме верувајќи слепо на нешто доаѓаат имаат нови сфаќања и идеали, што нас и не треба да нé интересира. сепак, многумина од нив не се осмелуваат Ние треба да се бориме за правата, но да застанат самостојно, сметајќи дека и на политиката треба да и ги покажиме им е потребна поткрепа за да продолжат нашите автентични ставови кои треба со остварувања, можеби образовниот да променат сегашната политика која систем такви ги создава???! ја спроведуваат партиите, како тие на власт, истотака и тие во опозиција. Веќе не постои младина која го има тој револуционерен дух, а богами и Автор: Емилија Петреска храброст. Сé некако сме заглавени во планирањето и организирањето, така што спроведувањето на лице место ни е

26

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

20 Oktomvri 2012

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Politika

MAGAZIN REVOLUCIJA

Za profesorot od SAD Vulf: Socijalizmot e spas za svetot За разлика од повеќето влијателни експерти, кои сметаат дека со откривање и промена на некои од поединечните структурни проблеми на капиталистичкиот систем, би се вратила неговата виталност од предкризниот период, познатиот американски економист, Ричард Д. Вулф, постојано се залага за потребата од промена на системот како таков: „Не е проблем само Вол Стрит, туку капитализмот во целина“, смета професорот, кого „New York Times“ го нарече „најистакнатиот американски марксистички економист“. Ричард Д. Волф е роден на 1 април 1942 година, во Јангстаун, Охајо. Докторирал економија на Универзитетот Јеил во 1969 година и предавал на голем број престижни американски универзитети. Автор е на повеќе книги и есеи за постмодерниот марксизам и за класната проблематика на Запад. Веќе долго време се залага за економска демократија, односно, за систем во кој работниците, наместо корпорациите, би управувале со производството и каде самите работници би биле свои газди.

Според урнекот на движењето „Да го окупираме Вол Стрит“, вашата најнова книга носи наслов „Да ја окупираме економијата“. Што значи „окупација“ на економијата? „Да се окупира економијата“ значи да се замени раководството и насоката на компаниите кои произведуваат стоки

28

BR.97 MAGAZIN

и услуги од кои сите ние зависиме. Да не заборавиме дека со своите одлуки финансиската криза ја предизвикаа токму капиталистичките одбори на директори и мнозинските сопственици на акции во капиталистичките претпријатија. Решението не е во преминот на компаниите од приватна во

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

државна сопственост; тоа никогаш не функционирало, ниту, пак, во иднина ќе функционира.

Во тоа е и неговата фундаментална важност. Заради тоа, политичките авторитети, во овој контекст, обединетите демократи и републиканци, Она што, во моментов, е потребно од самиот почеток се обидуваат да ги е промена на капиталистичките во искомпромитираат. кооперативни претпријатија, во кои работниците заедно би дејствувале, Неодамна ја посетивте баскијската преку нивниот одбор на директори. корпорација „Mondragon“, една од На тој начин, работниците директно десетте најголеми во Шпанија, која е би ја контролирале производствената во сопственост на своите работници база во општеството. Вистинската (околу 100.000), со вредност која се економска демократија, во рамки на проценува на околу 40 милијарди секое претпријатие, би можела да ја евра. Ја нарековте „самосвесна претставува потребната противтежа на антикапиталистичка алтернатива“. прекумерната моќ која е концентрирана Но, дали моделот на „Mondragon“ во државата. може да функционира на глобално ниво? Новиот социјализам, социјализмот на

21-от век, мора да учи од грешките во минатото, за да создаде противтежа на капитализмот преку „окупираната“ економија. Движењето „Окупација“ е првиот чекор во создавањето на едно ново масовно движење, кое би ја имало моќта за фундаментално преиспитување на американскиот капитализам.

Апсолутно. Баскијците покажаа дека ова за што јас зборувам е можно, дека кооперативните организации можат успешно да се натпреваруваат со капиталистичките корпорации, но, исто така, и дека работничките самоуправни корпорации можат да бидат исклучително успешни.

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

29


Politika Во „Mondragon“ работниците колективно поставуваат и менуваат менаџери и извршни директори, за разлика од капиталистичките корпорации, каде практиката е обратна. Со самото тоа, нивната работа и нивниот живот се разликуваат во многу нешта од капиталистичките норми, кои доминираат во светот.

MAGAZIN REVOLUCIJA

Луѓе во неверување Колку е, во тој контекст, значаен порастот на популарноста на левичарската партија Сириза и триумфот на Оланд и социјалистите во Франција?

Политиката на штедење и резови е експлицитно отфрлена од голем број Грци, но и од мнозинството Французи. Како гледате на кризата со која се Овие резултати ќе влијаат врз сите соочува Европската Унија? политички калкулации во Европа и во Во Европа кризата е тешка колку и во светот. Големата популаризација на САД, но има една значајна разлика: во Сириза и на француските социјалисти, а Европа, работничката класа сè уште да не зборуваме за антикапиталистичките има влијателни организации, како партии кои добиваат на значење во синдикати, левичарски партии и слични остатокот на Европа, докажуваат колку движења, кои ја имаат моќта за многу е европската опозиција понапредна од побрзо мобилизирање на масите против онаа во САД. државното спасување на големите Сепак, мораме, исто така, да бидеме банки и корпорации, а особено против свесни и за тоа дека луѓето, по програмите за штедење (преку правење повеќедецениската пропаганда која резови во јавниот сектор и масовни капитализмот го претставуваше како отпуштања) и тоа токму во моментот систем кој гарантира благосостојба и кога работните места се најпотребни за економски раст, се сè уште во еден шок и државите кои се зафатени со криза. неверување заради неуспехот на истиот тој капитализам – системот кој, сега веќе очигледно, носи економски и политички проблеми насекаде и кој нема решение за сопствениот неуспех. Потребно е време за надминување на тој шок, за да се дојде до нивото на размислување околу она што е потребно да се направи за да се дојде до промени. Ноам Чомски ги нарече европските мерки, како што е правилото на Европската централна банка за стапка на инфлација од 2%, како придонес кон продолжувањето на „класните војни“, со цел ослабнување на работничкото движење и уништување на државната благосостојба. Тој, исто така, смета дека тие мерки немаат потенцијал да ја извлечат Европа од кризата.

30

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

Да, се согласувам. Во Америка, пак, класната војна се одвива со децении. Да не заборавиме дека даночната стапка за најбогатите Американци изнесувала 91% во текот на 1950-тите и 1960-тите години, а денес таа е 35%! Од друга страна, реалните плати на американските работници се помали отколку во 1978 година. Јазот помеѓу богатите и сиромашните драстично се зголеми во текот на последните 40 години.

Дали таквиот дискурс, вклучувајќи го и етикетирањето на „социјалистите“, е своевиден идеолошки рефлекс, кој служи за спречување на какво било преиспитување на капитализмот?

Последниве 50-ина години, преиспитувањето и критикувањето на капиталистичкиот систем беше своевидно табу во САД. Оние малкумина, кои се осмелиле да направат такво нешто, набргу биле стигматизирани како луди, неуки или комунистички шпиони. Тоа се сè последици на класна војна. Цели 50 години, огромно мнозинство од Нашите синдикати и левичарски партии Американците само слушаше бескрајни се уништени, што е, исто така, последица глорификации на капитализмот, без на класната војна. Меѓутоа, тие процеси каква било сериозна дискусија за не се нарекуваат „класни војни“. евентуалните алтернативи на тој систем. Доминантната идеологија инсистираше Резултатот од тоа беше капитализам на непостоењето на класи во САД, што е, лишен од критики и од какви било иронично, однесување според моделот ограничувања, систем на кој му беше на советските лидери, кои го тврдеа овозможено манифестирање на своите истото. А сепак, дури кога работничкото најмрачни антиопштествени тенденции. движење возврати на нивниот економски Тоа е само една од причините за колапсот пораз, американските корпорации и на американскиот капитализам во 2007 богатите почнаа да ги обвинуваат за година и за последователната криза која водење класна војна. глобално се рашири, а на која не ñ се Како, според Вас, официјален наѕира крајот. Вашингтон гледа на ситуацијата во Европа? Уништување на благосостојбата Претседателот Обама посакува и, всушност, има потреба од окончување Што ја предизвика сегашнава на европските мерки на штедење, и ситуација? тоа првенствено заради претстојните капиталисти биле претседателски избори во САД. Нему му Американските е потребен економски раст и се надева шокирани од прописите и даноците дека стимулираната европска економија кои им ги наметна Френклин Рузвелт, ќе поттикне раст и во Америка. Сепак, и за време на Големата депресија во покрај тоа, Обама не се осмелува јавно 1930-тите години, и тоа до степен што, да ја поддржи Сириза, па дури ни Оланд, од крајот на Втората светска војна, заради стравот дека американската тие систематски работеле на тоа да ја десница и републиканците повторно ќе поништат капиталистичката држава на благосостојба, односно, Рузвелтовиот го обвинат дека е социјалист. капитализам со човечко лице. Уште од

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

31


Politika тогаш, работничките движења биле систематски уништувани, особено по 1950 година. Една од последиците на тоа е статистиката дека во синдикалните организации денес има само 7% работници од приватниот сектор. Во текот на тој период, уништувани биле сите социјалистички и комунистички опции, кои заедно со синдикатите, работеле на воспоставувањето на споменатата држава на благосостојба.

MAGAZIN REVOLUCIJA

оние кои кризата ја предизвикаа, наметнувајќи, пак, мерки на штедење за сите останати, граѓаните полека почнаа да ги преиспитуваат можностите за алтернатива на капитализмот, што по правило, порано или подоцна, води кон Маркс и кон марксизмот.

Впрочем, Маркс и марксизмот се последица на капитализмот и на неговите неуспеси. Светот е, во моментов, капиталистички, но капитализмот претставува неуспех, што, пак, меѓу Последиците се двојни: како прво, другото, го прави Маркс и неговите неолибералниот капитализам ја теории повторно релевантни. Може да замени државата на благосостојба, се каже дека марксизмот е критичка особено по 70-тите години и второ, сенка на капитализмот. неолибералниот капитализам ја урна глобалната економија. Меѓутоа, она што овој пат недостасува е едно ефикасно работничко движење или силна лева опција, која би се борела против таквиот систем. А, таквата ситуација претставува незамислива опасност за светот. Вашата најнова книга се занимава и со феноменот на бришење на Карл Маркс и на неговото наследство од американската колективна свест. Тоа е, исто така, последица на два тренда. Како прво, бизнис лобито и богаташите истрајаа во уништувањето на Новиот договор (New Deal) преку Конгресот на индустриски организации, сотрувајќи го сојузот на социјалистичките и комунистичките партии, кои мобилизираа и организираа милиони работници во синдикатите во текот на 1930-тите години. И како второ,студеновоениот дискурс ја изедначи секоја критика на капитализмот со предавство на САД. Меѓутоа, сега кога СССР веќе не постои и кога капитализмот влегува во својата петта година на криза, продолжувајќи да ги спасува

32

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


Politika

MAGAZIN REVOLUCIJA Дали е денес договор“?

можен

нов

„Нов

Нова варијанта на Нов договор е можна само под услов доминантните политики, преку своето дејствување и одлуки, мерките на штедење да ги направат невозможни. Меѓутоа, дури и доколку дојде до Нов договор, прашање е дали тоа ќе се случи навреме... Во книгата „Да ја окупираме економијата“ ја анализирате и реториката која градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, ја користеше како изговор за преселување на протестниот камп од плоштадот Слобода. Тој, како и многу

политичари и влијателни американски медиуми, зборуваше за „нечистотијата“ како повод за „чистење“ на парковите кои демонстрантите ги зазедоа. Тоа е чиста пропаганда имплементирана со цел да се намалат големите симпатии кои движењето ги ужива меѓу граѓанството. Нивниот обид неславно пропадна, поради што веднаш преминаа на друг, а тоа беа насилните методи против демонстрантите, како што се принудните иселувања од јавните паркови кои беа окупирани. Власта едноставно нема аргументи против движењето, бидејќи поголемиот дел од граѓаните се согласува со тезата за најбогатите 1% и за останатите 99%, како клучен проблем на американскиот капитализам. Сепак, владините претставници, како и градоначалникот на Њујорк, продолжуваат да манифестираат насилство против демонстрантите, без какви било валидни аргументи. Мошне иронично беше да се види државниот секретар, Хилари Клинтон, како повикува на запирање на државното насилство, кое режимите на Блискиот Исток и во Северна Африка го практикуваат против политичките противници и критичари, во време кога нејзината влада го правеше истото во САД. Подготви: Олгица Петревска Извор: New York Times

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

33


Revolucija - Sorabotnici

MAGAZIN REVOLUCIJA

Pravila za patuvawe so avtobus vo Makedonija Ако некогаш се имате возено со меѓуградски автобус во Македонија, верувам дека можете да ја потврдите квалитетната услуга и пријатната атмосфера, збогатени со етичкото однесување и разбирање на патниците. Токму ваквата атмосфера, надополнета со присуството на 20 патници во комби за 15 лица, во оваа посебна вечер ме натера да напишам два-три „пофални“ збора за ваквите пријатни искуства. На оваа тема може да се зборува со денови, а случки - секој има, еден куп. Без разлика дали до вас седела елегантна госпоѓа, која уредно јадела пилешки копан на пладневен јунски ден или баба која ве подмитила со бонбона за подоцна да ви ја раскажува нејзината животна сторија во текот на петчасовното возење, вие секогаш ќе имате приказни за вашите внуци, во деновите кога животот нема да ви ги нуди ваквите задоволства. Ако тричасовното возење со автобус, од еден до друг крај на државава, ви започне со плеј-листа на Благица Павловска, едноставно знаете дека ова патување ќе ви го промени животот. Во корист на ова, еве неколку совети за подобро уживање во патувањето: 1. Кога ќе влезете во автобус, немојте ни случајно да помислите да седнете на вашето место. Иако дојдовте дваесет минути порано и иако бевте само втората личност која се качи во автобусот, никогаш, ама баш никогаш немојте да помислите да седнете на седиштето чиј број е испечатен на вашиот возен билет. Ова ќе придонесе за интересен пресврт на настаните, кога ќе се качи педесет и првиот патник во автобусот за педесет лица. Бројките испечатени на возните билети се тешки за наоѓање, а пак на седиштата уште потешки. Затоа, воопшто, не се двоумете кога станува збор за избирање на седиштето. Седнете на она седиште кое најмногу се спушта - по можност до самиот скут на патникот зад вас.

34

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Revolucija - Sorabotnici

2. Ако имате купено повратна карта, немојте ни да помислите на враќање да ја заверите. Ма што ви е гајле, вие сте господин облечен во бел костум, косата ви е сивкасто-бела и тоа по автоматизам ви дава право да не ги почитувате возните правила. Па, што ако младичот кој влезе последен си ја заверил картата уште утрото претходниот ден. Не личи вие да стоите додека некој помлад од вас седи, а згора на тоа и вам никој не ви рече дека повратната карта треба да се завери... што ме носи на следното правило:

3. Ако сте господин во бел костум, очекувајте на влез од автобуска да ве пречека батлер и да ви каже што сe треба да направите. Да да, токму така. Вие никогаш во живот се немате возено во автобус, па кои се шансите да знаете дека повратните карти се заверуваат, а освен тоа, зет ви ве доведе до автобуска во последен момент. Паметна идеја од ваша страна би било да му кажете на

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

35


Revolucija - Sorabotnici

MAGAZIN REVOLUCIJA

возачот, кој и онака се препотува поради незгодната ситуација, дека тој треба да отиде да ви ја завери картата, штом веќе нема батлер, се разбира. На ова додадете неколку пријатни изјави на потсмев насочени на сметка на возачот и патникот кој го очекуваат неколку часови стоење во автобус и смејте се гласно, а воедно и очекувајте другите околу вас да се смеат, затоа што иако тргнувањето на автобусот заради ситуацијата која ја предизвикавте доцни петнаесет минути, сите се пријатно развеселени од вашиот безвременски смисол за хумор.

4. Прописно обраќање

би се загледале во бројот на седиштето, затоа што сe уште имало слободни Најдобар начин за обраќање кон возачот места, а кому му е гајле кој каде седи, на автобусот е секако „мајсторе“. Со сe додека има каде да се седи? Меѓутоа, овој потег, не само што ги откривате сега сте несаканиот вишок патник, и многуте способности и компетенции веднаш покренувате истражна постапка на дотичниот, туку и му помагате во за наоѓање на крадецот на седишта. промоцијата на неговите други кариерни Овој дијалог оди вака некако: определби. Патник 51: „Видете мајсторе, еве го Автобуските компании сигурно нема мојот билет, моето седиште е со број да вработат вистински мајстор за мали три. Од тебе сакам да ми дадеш седиште поправки на нивните автобуси, па затоа со број три.“ овој човек, со најпопуларен ринг-тон во цел автобус, е и столар, бравар, и Е сега, во идеални услови, мајсторот автомеханичар. веднаш, на лице место ќе сковаше едно седиште со реден број три и ќе го 5. Само во случај кога сте педесет и збуташе помеѓу другите седишта, ама првиот патник во автобус за педесет секако, зборуваме за автобуси од рангот лица, барајте си го вашето легитимно на пионерот на македонските автобуси, и со закон пропишано седиште. „Млаз Богданци“, а кој може да очекува Таксито ви заглавило во сообраќаен такви вештини од нивните „мајстори“. метеж, а автобусот е пред тргнување. Веднаш потоа, следува познатата контра Секако неколку господа веќе се качија реплика: во автобусот и си седнаа на седишта по случаен избор, а вие, иако си ја имавте Обвинет крадец на седишта: „Ама никој заверено картата од порано, не добивте не седи по број!“ место за седење во автобусот. И сe така додека послабиот не попушти и Секако, кога би дошле на време и вие не автобусот конечно не излезе од перонот.

36

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Revolucija - Sorabotnici

Интересно, во секој случај е тоа што овие улоги се менливи и никој нема строго бетониран став во однос на истите. Денес сте вишокот патник и проповедате за тоа како секој треба да си седи на свое место, а утре сте крадец и се правдате велејќи дека никој не си седи на место... Во секој случај, виновни њсе популарните ни помалку ни повеќе „мајсторите“ кои не знаат како да воведат ред во автобусите, па ги причинуваат ваквите несогласувања. И додека никој не се сомнева во нивната несмасност и неорганизираност, секој е многу дециден во однос на нивната лична дневна определба - жртва или крадец. Секогаш виновни ќе ни бидат мајсторите и никогаш нема да насочиме обвинителски прст кон самите себе, бидејќи ние сме совршени патници во бели костуми, а нашето етичко однесување и морал се на завидно ниво. Се што на крај ни преостанува да сториме е да дремнеме во скутот на патникот зад нас, и да уживаме во милозвучната изведба на „Не можам душо, не можам.“

Автор: Славе Ангелов

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

37


20 Oktomvri 2012

38

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav Deponija na moralni vrednosti

Ликот на озогласениот, немил, отфрлен, жигосан, отуѓен братоубиец, како слика и прилика на алиенираниот, осамен пустиник, на оној кој е двојно казнет, а нашироко познат – меѓу верниците и неверниците, меѓу читателите и оние кои не читаат, меѓу образованите и помалку образованите – како Каин, благодарение на креативниот влог на книжевните автори, успеа да ја напушти својата примарна сфера на постоење меѓу страниците на „Светото писмо“ и да се насели во универзумот на книжевните дела. Овој оглед претставува кус омаж кон две книжевни трансформации и варијации на Каин – како стожер на Бајроновата „Каин“ и на Хесеовиот „Демијан“ - кои во своето јадро содржат две иницијално различни претстави од добропознатиот негов библиски пандан.

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

39


Mladi So Stav Зошто да се зборува за Каин?

MAGAZIN REVOLUCIJA

на првите луѓе создадени од Бога, поздравен при неговото доаѓање на Неомилен меѓу етички самосвесните, светот со воскликот „Придобив човек од религиозно-догматични читатели и Господа!“, определен да се занимава со толкувачи, меѓу оние кои ја занемаруваат земјоделска дејност, наспроти неговиот симболиката и параболичниот дух брат Авел кој бил пастир. на дискурсот и на интенцијата на текстовите во „Светото Писмо“ - на штета Причината за на целокупното и мноштво значења, гнев и разорни еманации и поенти на истите - Каин е еден чувства, на од оние ликови кој несреќно завршува изворот на зли, обременет од жигот на единственото н е п о ж е л н и , именување и стереотипизирање. погрешни мисли, се збиднува Тој станува имун на секој обид за кога дарот на негово ново претставување, негово првородениот трансформирање во нов контекст, е одбиен од на негово објективно, широко саканиот Бог, портретизирање надвор од канџите што ќе резултира на веќе клишеизираната стигма на со братскиот библиската приказна, што го отежнува конфликт и патот на негово „спасување“ од првично неминовната доделениот контекст. смрт на Авел. Сепак, тоа не беше пречка која не можеа Читајќи ги како да ја надминат генијалните Бајрон и амбивалентно Хесе, автори во чии дела се провлекуваат п о с т а в е н и реминисценции на овој библиски вршители на лик, чија креативна имагинација им дејности, како овозможи да го облечат ликот во едно два нееднакво ново, поинакво руво, да му доделат глас т р е т и р а н и и право со истиот да ги каже отворено припадници на своите размисли и перцепции за светот. две „работнички Мирча Тавтолошки би било да се зборува класи“, Елијаде на Авел за инспиративноста и, секако, за симболичноста на антитетичниот, двоен му го природава Каин – братот/син Каин и убиецот Каин епитетот пастир, – и зошто тој претставува стожерна кула н а с п р о т и околу која се одигруваат сите други о п о з и т н и о т ковач споредни, помалку значајни збиднувања епитет и средби, дијалози и полемики пропратно резервиран за Каин, што од културален додадени на главната, идејна нишка на и социолошки аспект ја појаснува причината за братоубиствениот чин: во двата споменати книжевни текстови. некои пасторални општества, фигурата Портретот кој за Каин го нуди „Светото на ковачот била или почитувана или писмо“ е мошне познат. Тој е син презрена, но секогаш и во речиси сите

40

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

околности била фигура која влевала страв. Ова значи - на истиот план на размислување - дека двата братски лика (екстрахирани, барем за мигов, од книжевниот контекст) можат да се читаат и како метафори за два различни народи кои се занимавале со две различни д е ј н о с т и . Разликата во дејностите и желбата да се има сопственоста на другиот ќе стане, подоцна, главен повод за конфликт меѓу овие два народи. „Првото убиство го извршил оној кој на еден начин претставува олицетворение на симболот на технологијата и на градската цивилизација“ (Елијаде 2005, 143). На убиството не се враќа со пропорционална казна – извршителот е приморан да носи белег за стореното, што ќе го прави распознатлив меѓу останатите луѓе и што ќе ја сигнализира неговата различност.

Бајроновиот наивко Бајроновиот текст „Каин“ прави обид за кршење на библиски скаменетиот прототип, претставувајќи го овој лик како когнитивна, себе-преиспитувачка фигура, како лик заробен во бесконечниот опсег на сомнежи и на прашања, на сознанија кои се поздравени или отфрлени од речиси Вергилиевски настроената, втора фигура која го придружува на животното патување – ликот на Луцифер, како замена за фигурата на отсутниот Бог во текстот на Бајрон. Ова книжевно вообликување на Каин, дадено во зенитот на себепреиспитувањето, претставува извонреден слушател и погоден ученик кој би го задоволил Сократовиот вкус. Дијалошкиот начин на општењето меѓу Луцифер и Каин, ненаметнувањето на субјективен став или патронизација од првиот врз вториот, како и отуството на разлика меѓу двата авторитети кои функционираат како конкомитантни ликови на една театарска сцена, од овие два лика создава извонредно вешто насликани фигури на учител и ученик, со што се крши првобитниот, наметнат читателски хоризонт за нивно статично сфаќање или „стереотипно жигосување“ однапред. Двата лика се флексибилни, менливи во сооднос со еволутивниот прогрес на нивната свест, кои се на необичен начин надополнувачки и зависни еден од друг, од кои Каин е „детето на свеста“, а Луцифер „веќе самосвесниот човек“. Токму разликата во статусот на свеста кај обајцата ја прави плодна нивната размена на идеи и на сознанија, на перцепции за светот и за идеите кои го движат, што ја предава нивната

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

41


Mladi So Stav комуникација во форма на сознавање и на учење. Диспропорционален од неговиот прототекстуален пандан, Бајроновиот Каин во својата наивност и пасивна малодушност дејствува како визија за современиот, веќе-протеран Каин, за Каин во зенитот на својот новостекнат статус одреден од жигот и - во духот на романтичарското раздобје – тој е лик кој се залага за илузиите за „убавата смрт“, за неверувањето во продуктивноста на оставање свое потомство на земскиот свет. А сепак, како краен исход на перипатетичките дијалози со неговиот ментор, тој ја сфаќа разликата меѓу етичките категории на доброто и на злото, сознание кое ќе го доведе до

MAGAZIN REVOLUCIJA

свеста дека токму неговиот учител е вистинскиот злотвор од кој треба да се штити.

Хибрисниот Макс Демијан „Јас мислам дека Каин бил силен човек, и само затоа што имале страв од него, му ја прикачиле оваа приказна.“ Макс Демијан кон Емил Синклер Главниот пропагатор и мисионер на идејата за суштинската улога на Каин и на симболичното значење на неговиот жиг, е Макс Демијан - харизматичниот, молчалив, кобен, а сепак привлечен, мудар, заводлив водечки лик кој функционира како Синклеров пастир низ наративните вртлози на текстот. Демијан се идентификува со концептот на побунетиот Каин, велејќи дека библиската приказна за овој лик не е ниту одблизу задоволителна или доволно концизно образложена, што ќе биде главен повод за изјавата дека: „постоел некој човек кој имал нешто на лицето што им влевало страв на другите“ (Хесе 2005, 38). Демијан всушност е заложник на идејата за Каин како лик-извор на зазорот кој го предизвикувал кај послабите од него. Љубопитен и подготвен да пропатува низ забранетите води на знаењето, Демијан неуморно ќе ги споделува своите размисли со Синклер, кој е негов верен и предан слушател, во потрага по можностите за суштинското значење на Каиновиот белег, кој, во еден миг од нивниот инспиративен и конструктивен дијалог, ќе доведе до второто, нужно сознание на менторот. Демијан ќе рече дека природата на

42

BR.97 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

знакот е да го одделува означениот од Ad infinitum? останатите, да го прави забележлив и Изложеното може да послужи алиениран, да го прави запаметен по како егземпларен, кус извештај за својата смелост да биде отфрлен. моќта, за креативниот прогон и за „Смелите и карактерни луѓе“, ќе рече потребата („правилно“) да се сфатат и Демијан, „секогаш им се непријатни интерпретираат библиските текстови, на другите луѓе“ (Хесе 2005, 8), што е особено приказната за Каин, која не е доказ за Демијановата тенденција да го лишена од извесна доза на недореченост доживува ликот на Каин како фигура на и која го поттикнува умот кој размислува бестрашна и доблесна сила, и изблик и кој има потреба од логичка целина, да на едно одамна заборавено за списите трага по можните варијанти на завршеток потомство, на кое „му бил прешиен на таа скокотлива приказна. прекар и една приказна за да му се Однапред е смислен, промислен и одмаздат (на Каин), за да се добие мал оправдан отворениот крај на приказната надоместок за целиот претрпен страв.“ за братоубиецот, бидејќи – гледана од И Демијан, како и Бајроновиот Паднат аспект на една делумно аргументирана Ангел, е дијалошки насочен кон Синклер, книжевна егзегеза – таа е оркестрирана претставувајќи со тоа фигура на токму на тој начин: да понуди цела неуморен беседник кој не го наметнува палета на „решенија за разврската“, своето видување на слушателот, туку од кои ниту едно не мора да биде му остава доволно простор за истиот да навистина легитимно, бидејќи се темели увиди што од кажаното е во сооднос со на шпекулација. логичките можности на неговото рацио. Отворениот крај значи и бескрајно За Демијан, Каин е еклатантен пример отворено поле на креативни и на за „когнитивно разбудената личност“, за рекреативни можности за допишување сознанието кое доаѓа по гризнувањето на на текстот, за давање финале од самиот фамозното јаболко понудено на Ева. На читател – крај кој ќе биде во согласност овој начин, Каин станува антиномичен со неговите очекувања и убедувања. како и самиот Демијан: од една страна Отворениот крај, исто така, значи тој е жигосан како убиец, но од друга, и отворено поле за читателски и тој е првиот навистина освестен лик, толкувачки дијалог, за споделување на чија свест е независна и себе-доволна. размислувањата за слоевите значења Демијан верува дека никогаш откриениот кои ги нудат текстовите. знак на првиот братоубиец е всушност Ова пак, од своја страна, не само што заштитен симбол на посветените – ќе го олесни херменевтичкиот пат до на оние кои се дел од езотеричните сознанието за суштината на текстовите, учења. Тој смета дека знакот е всушност туку можеби ќе доведе и до конечно „доблесна стигма“ која ќе служи како расветлување на загатката на Каин и на сигнал за дискрепанцата помеѓу новата неговиот знак. раса учени луѓе која ќе се појави, од онаа раса на неуките. Автор: Кристина Димовска

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

43


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Intervju so Bisera ^adlovska - dirigent na „Evergrin“ koncertot

Актуелни сте по манифестацијата „Евергрин на сите времиња” - предизвик пред кој цврсто застанавте. Како дојде до соработката со продукциската куќа која го организира настанот? Продукциската куќа „Грин Ентертаинмент“ која го организира овој настан, одлучи да вклучи симфониски оркестар во изведбата на песните. Тие се обратија кај раководството на Македонската Опера и Балет за да го ангажираат оркестарот. Како постојан диригент во операта, јас бев нивниот избор за диригент на овој концерт. Ми се јави директорот на продукцијата Душко Ѓошевски и постигнавме договор за соработка. Како се одвиваат и до каде се

44

BR.97 MAGAZIN

подготовките со Симфонискиот оркестар околу манифестацијата? Нормално, подготовките веќе течат во однос на организирање на термините за проби и обезбедување материјали. Пробите ќе започнат идната недела и

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

мора сé да се одвива според планот, бидејќи оркестарот во исто време работи и на тековниот оперски и балетски репертоар. Колку од песните, кои ќе бидат изведени на гала вечерта, подлежат

Вие како диригент сте во постојан контакт со класичната музика. Дали можеби забавната музика Ве исполнува на исто ниво како и класичната? Се разбира, по напорните проби во операта секогаш се наоѓа забавната музика за релаксација. Иако се тоа различни видови на музика, секогаш можат да се пронајдат елементи од едниот во другиот жанр. Да се вратиме на почетоците на Вашата кариера. Колку успеавте да го задржите нивното внимание под вашата палка? Секој почеток е тежок, посебно во една вака деликатна и специфична работа. Морав многу да се трудам прво за да го добијам вниманието на музичарите и да се наметнам како диригент.

на измени во нивните аранжмани? Нема да има измени во аранжманите, ќе се користат веќе изведувани и проверени аранжмани. Mалку неблагодарно, но дали некој Ваш фаворит или фаворити, се најдоа во интерпретација на спектакуларната вечер? Секако дека се тоа некои песни од „моето време“. Но, не би било во ред да потенцирам, бидејќи сум директен учесник во концертот.

И сé уште се трудам, разликата е само во тоа што сега имам искуство и знам во кој момент како да постапам во одредена ситуација. На почеток тоа не го знаеш и мораш сам да го научиш, сам да пронајдеш свој начин како да дојдеш до посакуваниот резултат. Не секогаш им одговара тоа на сите, но, сепак, најбитен е резултатот. Што е пресудно за Вашиот досегашен успех - харизмата која несомнено ја поседувате, трудељубивоста или авторитетот? Мислам дека желбата да се успее во работата, љубовта кон мојата работа и упорноста и трудот ме донесоа до досегашниот успех. Интервјуто го направи:

BR.97 REVOLUCIJA MAGAZIN

Тодор Стојчевски

45


Револуција Магазин бр. 97  

Магазин за политика, економија и култура

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you